Њутнови закони

Preview:

DESCRIPTION

Законите за движење на Њутн

Citation preview

Исак Њутн

(англиски:

Sir Isaac Newton, 25 декември 1642 -

20 март 1727 во

Вулсторп крај

Колстерворт) —

англиски физичар,

математичар,

астроном, филозоф

и алхемичар.ЊУТНОВИ ЗАКОНИ

ИНЕРЦИЈА

Првиот Њутнов закон (закон за

инерција) е всушност Галилеевиот

закон за инерција.

Првиот Њутнов закон гласи: Телото останува во состојба на мирување

или рамномерно праволиниско движење се додека на него не му

дејствува некое друго тело со сила и го натера таа своја состојба да ја

промени.

Секое тело во

природата има својство

да ја зачува состобата

на мирување или

рамномерно

праволиниско

движење, кое се вика

инертност на телото.

Мерка за инертност на

тело е масата на телото.

Телото кое има поголема маса повеќе се

спротивставува на промената на состојбата во која се

наоѓа, а тоа значи дека од масата на телото зависи и

големината на забрзувањето кое ќе го добие телото

под дејство на некоја сила.

Вториот Њутнов закон (закон за силата) гласи: Силата

која дејствува на телото е еднаква на производот од

масата на телото и забрзувањето што му го соопштува

таа сила.

Третиот Њутнов закон ( Закон за акција и реакција)

гласи: Ако едно тело дејствува на друго тело со сила Fа

тоа му возвраќа со сила Fr која има иста големина и

правец, но спротивна насока ( или За секоја акција,

постои реакција иста по големина и правец, но со

спротивна насока.) Fa = -Fr

ООУ “Димитар Миладинов”

Општина Центар - Скопје

Аида Петровска

Recommended