Testovi na znaenje od obukata za sumativo ocenuvanje

Preview:

Citation preview

1

Тестови на знаење

Тема 4:

2Дискусија со сите

• Што за вас е ТЕСТ(наведете 1-2 збора во врска со карактеристиките, предностите, недостатоците...)

• Наведете пример на прашање од ТЕСТ.

• Дали кога зборувавте за ТЕСТ на ум имавте објетивен тест, есејски тест или и двата?

• полесно• потешко составување на прашањата

• помалку структурирани, можно блефирање

• високо структурирани, можно погодување

структурата на задачата

• покриваат помалку (помалку прашања за дадено време)

• покриваат повеќе (повеќе прашања за дадено време)

наставните содржини

• сите когнитивни цели – кон вештини за креативно и критичко мислење

• повеќето когнитивни цели – кон пошироки знаења

мерење на наставните

цели

• пишување од една реченица до цел состав

• пишување кус одговор или избор од понудени

начин на одговарање

есејскиобјективни

• подолго, можна субјективност

• брзо, лесно, објективно

оценување на одговорите

ОБЈ

ЕКТИ

ВНИ Т

ЕСТО

ВИ Видови објективни прашања

1. кратки одговори

2. двочлен избор

3. повеќечлен избор

4. поврзување

сликовни

Прашања со кратки одговори

• Заповедформулацијата е во заповеден начин

• Прашање формулацијата е во e прашална форма

• Дополнувањеформулацијата е некомплетна реченица

• Наведи го главниот град на Македонија _________• Кој е главен град на Македонија? _________• Главен град на Македонија e _________.

• Наведи го главниот град на Македонија _________• Кој е главен град на Македонија? _________• Главен град на Македонија e _________.

Прашања со кратки одговори

• Идентификувањенаведување повеќе елементи што се однесуваат на цела низа податоци како составен дел на едно исто прашање

• Наведи ги главните градови на следните држави:

- Македонија ______________

- Албанија ______________

- Бугарија ______________

• Наведи ги главните градови на следните држави:

- Македонија ______________

- Албанија ______________

- Бугарија ______________

Главен град на Македонија е Битола.

Точно Неточно

Дали е Битола главен град на Македонија?

ДА НЕ

Главен град на Македонија е Битола.

Точно Неточно

Дали е Битола главен град на Македонија?

ДА НЕ

Прашања со двочлен избор

• Точно-неточноформулирано како тврдење

• Да-неформулирано како прашање

Кој е главен град на Македонија?

a) Битола б) Скопје в) Тетово

Кој е главен град на Македонија?

a) Битола б) Скопје в) Тетово

Со кои земји се граничи Македонија?

a) Грција б) Турција в) Бугарија г) Албанија д) Црна Гора

Со кои земји се граничи Македонија?

a) Грција б) Турција в) Бугарија г) Албанија д) Црна Гора

Најпрецизно кажано, Македонија се наоѓа

a) во Европа б) на Балканот в) на Земјата

Најпрецизно кажано, Македонија се наоѓа

a) во Европа б) на Балканот в) на Земјата

Прашања со повеќечлен избор

• со еден точен одговор• со повеќе точни одговори• со најдобар одговор

На линијата по наведената држава, напиши ја буквата што се наоѓа пред нејзиниот главен град

На линијата по наведената држава, напиши ја буквата што се наоѓа пред нејзиниот главен град

А. Скопје Грција _______

Б. Софија Албанија _______

В. Тирана Македонија _______

Г. Атина Бугарија _______

Д. Приштина

Прашања со поврзување

• со едноставно поврзување

На линијата пред секој град, напиши ја буквата што ја означува државата во која се наоѓа градот

A – Македонија Б – Албанија В – Бугарија

На линијата пред секој град, напиши ја буквата што ја означува државата во која се наоѓа градот

A – Македонија Б – Албанија В – Бугарија

___ Битола ___ Скадар ___ Пловдив

___ Тетово ___ Варна ___ Гевгелија

Прашања со поврзување

• со класификација

• Прашања што користат слики, цртежи, графици, табели и сл.

• Може да биде секој вид прашање, доколку користи сликовен материјал како средство- за поставување на прашањето и/или - за одговарање на прашањето

Сликовни прашања

Сликовни прашања

Колку црвени и сини фигури има на сликата? a) 12-5 б) 11-2 в) 4+2 г) 3+3

ИЛИ

Колку црвени и сини фигури има на сликата? ____ + ____ = ____

Колку црвени и сини фигури има на сликата? a) 12-5 б) 11-2 в) 4+2 г) 3+3

ИЛИ

Колку црвени и сини фигури има на сликата? ____ + ____ = ____

На дадената мапа на РМзаокружи го името на општините штосе наоѓаат потечението на рекатаВардар.

На дадената мапа на РМзаокружи го името на општините штосе наоѓаат потечението на рекатаВардар.

Сликовни прашања

Се однесуваат на конкретна наставна цел – ја мерат најдиректно можно

Се однесуваат на важен аспект од наставната содржина, а не на некој неважен детал

УПАТСТВА за составување објективни прашања (1)

• Во 2007 година, во Македонија се произвеле 25.300 тони грозје. Т Н

УПАТСТВА за составување објективни прашања (2)

• Кога започнало Илинденското востание? ________________________

Јасни се и недвосмислени – точно се знае што се прашува и каков одговор се бара

Имаат јасно определен точен одговор

• Александар Македонски е најголемиот воин во историјата. Т Н

Не содржат ирелевантни показатели кои укажуваат на точниот одговор

УПАТСТВА за составување објективни прашања (3)

• Кој е автор на сликата „Мона Лиза“? ___________ ____ ________

• Која геометриска фигура има прави агли? А квадар Б ромб В пирамида Г правоаголник

Не содржат реченици земени директно од учебниците

Поттикнуваат на размислување, но не претставуваат трик-прашања

УПАТСТВА за составување објективни прашања (4)

• Алберт Ајнштајн е добитник на Нобелова награда за математика заради своите заслуги на полето на Теоријата на релативитетот. Точно Неточно

Независни се едно од друго – одговорот на следното прашање не зависи од одговорот на претходното

УПАТСТВА за составување објективни прашања (5)

• Од сите џамлии што ги имал, Марко му дал 12 на другар му Бесник. Како може да се пресмета колку џамлии му останале на Марко? А х+12 Б х-12* В 12-х Г 12+х • Ако Бесник утредента му вратил 3 џамлии, колку

џамлии имал Марко? А х+12+3 Б х-12+3 В 12-х+3 Г 12+х+3

ЕСЕЈ

СКИ Т

ЕСТО

ВИ

Видови есејскипрашања

1. со ограничен одговор

2. со опширен одговор

Есејски прашања со опширен одговор

Ученикот има потполна слобода во продуцирање на својот одговор• самиот ги избира фактите што ги смета за битни• самиот одлучува на кој начин ќе ги организира• пишува онолку колку што мисли дека е

неопходно за да одговори на прашањето

Објасни ја Дарвиновата теорија, користејќи ги водоземците и влечугите како пример.

Состави и реши две задачи во кои ќе се користи прикажаната слика. Едната задача треба да бара да се примени собирање, а другата да се примени одземање.

Есејски прашања со ограничен одговор

Природата, должината и организацијата на одговорот се определени со самото прашање• со прашањето се определува опсегот на

содржината што треба да се опфати• се укажува во кои рамки треба да се движи

бараниот одговор

Спoреди ги водоземците и влечугите, наведувајќи ги и накратко објаснувајќи ги сличностите и разликите меѓу нив во поглед на анатомската градба.

Иван има 50 денари и сака да си купи нов молив и нова гума. Моливот што му се допаѓа чини 22 денари, а гумата 17 денари. Колку пари ќе му останат ако ги купи и двете? Постави ја задачата и пресметај.

За да се подобри објективноста, треба:

однапред да се определат критериумите за оценување и бодување на одговорите

однапред да се определи како ќе се третираат ирелевантните одговори

одговорените тестови да се мешаат од време на време (во текот на оценувањето)

да се оценат одговорите на сите ученици дадени на едно прашање (без прекин), пред да се помине на следното прашање

одговорите да се оценуваат анонимно

Методи на оценување на одговорите на есејските прашања

• аналитички - одговорот се разложува на компоненти и за секоја компонента се доделуваат посебни поени (се прави бодовна шема)

• холистички - одговорот се оценува како целина, при што се има предвид учеството на одделните компоненти во целината

Секое објективно прашање носи по еден поен, а секое есејско по повеќе поени

Холистичко бодување: Оценување на вештините за пишување

0 поени

текстот нема структура и има изобилство од правописни грешки, речникот е крајно сиромашен

1 поени

текстот нема јасна структура и има повеќе правописни грешки, а речникот е сиромашен

2 поени

во текстот недостасува еден од структурните елементи, речникот е скромен и има повеќе правописни грешки

3поени

текстот има вовед, носечки текст и заклучок што не се јасно разграничени, речникот е разновиден и има малку правописни грешки

4поени

текстот е добро структуриран, со богат речник и со малку правописни грешки

5поени

текстот е добро структуриран, со исклучително богат речник и без правописни грешки

Објасни зошто во лето луѓето чувствуваат поголема горештина кога релативната влажност на воздухот е повисока

модел-одговор

1. Кога им е топло, луѓето се потат.2. Топлината предизвикува претворање на водата, вклучувајќи ја и

потта, во водена пареа.3. За испарување на водата се троши телесна топлина и на тој начин

организмот се лади.4. Кога релативната влажност на воздухот е висока, воздухот е

заситен со водена пареа и не може да ја апсорбира влагата.5. Во услови на висока релативна влажност на воздухот, потта не

може да испарува и телесната топлина не се намалува.

бодовна

шема

Вкупно: максимум 10 поени • по 1 поен за наведување на секој елемент (подвлечен збор во

модел-одговорот) – макс. 5 поени• по 1 поен за секое поврзување на елементите (како во речениците

на модел-одговорот) – макс. 5 поени• не се одземаат поени за правописни или граматички грешки• се игнорираат сите дополнителни информации

Аналитичко бодување: Оценување на содржината од предметот

26

Тема 4: Тестови на знаење

Цели:• Да се направи разлика меѓу различните

видови објективни прашања• Да се согледаат вообичаените грешките

што се прават при составување на објективни прашања

• Да се направи разлика меѓу објективните и есејските тестови