30
Член 10 од Европската Конвенција за човекови права Слободата на изразување и нејзините граници

Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

  • Upload
    tab

  • View
    84

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Член 10 од Европската Конвенција за човекови права. Слободата на изразување и нејзините граници. Слободата на изразување како темелна вредност на едно демократско општество. Членот 10 Д вигател на демократскиот политички процес, основен столб на демократското општество - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Слободата на изразување и нејзините граници

Page 2: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Слободата на изразување како темелна вредност на едно демократско општество

• Членот 10- Двигател на демократскиот политички процес,

основен столб на демократското општество- Еден од најзначајните предуслови за прогрес на

целото општество, но и за развојот на секој поединец во него

- Рестриктивно толкување на ограничувањата, потреба од цврсти аргументи на државите за да го оправдаат ограничувањето пред ЕСЧП

Page 3: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Што заштитува членот 10?

- Ги става под заштита не само информациите и идеите кои се ненавредливи или непровокативни, туку и оние кои навредуваат, шокираат или делуваат вознемирувачки за општеството или поединците

- Токму затоа секое ограничување на слободата на изразување мора да биде пропорционално со целта која се сака да се постигне

- Се дава заштита и на правото на молчење (негативен аспект)

Page 4: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Што не заштитува членот 10

• Правото на пристап до информации• Пропагирање и ширење на идеи кои се во целост

спротивни со постулатите вградени во Конвенцијата (нацизам, расна дискриминација, диктатура и сл.)

• Ревизиски говор- идеи или мислења со кои се одрекуваат историски утврдени факти како Холокаустот, Катинска гора, ерменскиот масакар и други слични злосторства против човештвото од минатото

Garaudy v. France- во книга се оспорувало постоењето на егзодусот на Евреите- Судот оценил дека забраната на книгата не претставувала повреда на членот 10

Page 5: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Структура на членот 10

• Составен е од два дела/параграфи• Првиот дел/параграф- ја опфаќа и заштитува

слободата на оформување на мислење, слободата да се добие информација и да се даде информација или идеја, без мешање на јавните власти и без оглед колку тие информации и идеи делуваат шокирачки или вознемирувачки. Исто така се заштитува и слободата во изборот на формата и начинот како да се пренесе информацијата

Page 6: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Структура на членот 10

• Вториот дел/параграф- дефинира кога ограничувањето на слободата на изразување (преку вмешување) од страна на државата (јавните власти) може да се смета за дозволено и оправдано, бидејќи слободата на изразување не е апсолутно право туку со себе носи и определени обврски и одговорности

• Издавањето на посебни лиценци за работа на медиумите претставува дозволена форма на ограничување на членот 10, но условите под кои се издаваат истите може да потпадне под контрола на Судот (доколку се во голема мера рестрективни)

Page 7: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Структура на членот 10

• Покрај негативната обврска за државата- да не се меша во слободата на изразување, членот 10 наметнува и позитивна обврска за државата да овозможи заштита од приватни лица и нивното незаконско ограничување на слободата на други приватни лица

Fuentes Bobo v. Spain- отказ на вработен поради критика на менаџментот

Ozgur Gundem v. Turkey- прокурдски медиум кој бил под постојани закани од приватни лица поради содржините на своите текстови

Page 8: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Примена на членот 10

• Судска пракса на ЕСЧП Прво- Судот разгледува/утврдува дали имало

вмешување (ограничување) од страна на државата на слободата загарантирана со членот 10 (преку судска одлука, закон, под законски акт, пропис и сл)

Второ- Судот разгледува/утврдува дали таквото ограничување може да се оправда преку исклучоците наведени во параграф 2 од член 10, а доразработени преку судската пракса

Page 9: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Параграф 2- дозволени ограничувања

• При испитување на секој поединечен случај, Судот секогаш применува трослоен тест за да утврди дали ограничувањето е во спротивност или не со членот 10

А) Дали мерката е пропишана со закон (правна норма) односно има законски основ

Б) Дали мерката води кон заштита на определена легитимна цел

В) Дали мерката е неопходна во едно демократско општество (причина за најголем број на повреди пред Судот)

Page 10: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Пропишана со закон

• Мерките преку кои државата може да се вмеша и да ја ограничи слободата на изразување можат да бидат различни- општи акти (закони, подзаконски акти, акти на администартивни или професионални тела) како и поединечни акти (пресуди, одлуки)

• Одредбите треба да се предвидливи (јасни) и достапни

• Во најголем број случаи државите го поминуваат овој филтер

Page 11: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Заштита на определена легитимна цел

• Во параграф 2 од член 10 се содржани девет легитимни цели чија заштита може да ја ограничи слободата на изразување и тоа

1. Заштита на државната безбедност2. Заштита на територијалниот интегритет3. Заштита на јавната безбедност4. Спречување на нереди и злосторства5. Заштита на здравјето на луѓето6. Заштита на моралот7. Заштита на угледот и правата на другите (клевета, навреда)8. Спречување на ширење на доверливи информации9. Заштита на авторитетот и непристрасноста на судството

(вклучително и на обвинителството)

Page 12: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Неопходна во едно демократско општество

• Најчесто државите немаат поголеми проблеми да го оправдаат ограничувањето на слободата во смисла на тоа дека мерката водела кон заштита на легитимна цел

• Од тука најголем проблем и истовремено најтежок тест за државите е третиот филтер- мерката да е неопходна во едно демократско општество

• Дали една мерка може да се смета за неопходна, Судот разгледува низ призмата на тоа:

Page 13: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Неопходна во едно демократско општество

• А) Дали постои неопходен баланс помеѓу легитимната цел која се заштитува од една страна и ограничувањето на слободата на изразување од друга страна (имајќи ги во предвид специфичните околности на секој поединечен случај)

• Б) Дали постои неодложна општествена потреба од примена на таа мерка• В) Дали мерката е пропорционална во остварување на легитимната цел,

односно дали постои друга поблага мерка која би дала ист или сличен резултат

• Г) Дали мерката има заплашувачки ефект- висока казна (дури и кога не е изречена)

• Д) Дали причините дадени од домашните органи за примена на конкретна мерка се релевнатни и доволни да го оправдаат нејзиното постоење (примена на трослоен тест- домашен проблем)

• Ѓ) Висината на изречената санкција и/или парична оштета

Page 14: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели

• Заштита на националната безбедност- најчест основ за ограничување- рестриктивно толкување од страна на Судот

Товарот паѓа на државата да ја докаже нејзината неопходност

Observer and Guardian v. UK- Поранешен детектив на МИ6 објавил мемоари, забранета продажба- повреда- книгата веќе била објавена во други земји и достапна на публиката

Page 15: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели

• Спречување на нереди и злосторства Најчест основ за оправдување на мерките превземени

со цел да се заштити државата од тероризам- целта е да се спречи пристап на терористички и други организации до медиумите како би се спречило охрабрување или потикнување на насилство

Purccel v. UK- Забрана од страна на министерот во Англија упатена до новинарите да пренесуваат интервјуа или пресови на Шин Фен организацијата која се сметала за терористичка бидејќи на тој начин можеби се пренесувале кодирани пораки

Page 16: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели

• Заштита на моралот Легитимна цел чија примена создава проблеми во

праксата на Судот поради различноста во концептот на морални вредности во секоја од државите во Европа

Најчесто се состои во забрана за ширење на непристоен материјал во книги, видео касети или јавно прикажување на изложби

Muller v. Austria- забранета изложба на дела кои прикажувале содомија

Scherer v. Switzerland- прикажување на хомосексуални видеа во секси шоп

Page 17: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели

• Заштита на угледот и правата на другите (најчесто се испреплетува со членот 8 од Конвенцијата)- клевета и навреда, заштита на приватноста

• Приватни лица – Јавни личности• Просторот за критика кај приватните лица е потесен

отколку кога станува збор за јавни личности за кои се претпоставува дека со самиот факт што се нафатиле да бидат дел од јавниот живот, свесно се подложиле на пожестоки критики, односно нивната критика е секогаш поврзана и во функција на јавниот интерес. Треба да бидат потолерантни кон критиките.

• Под јавни личности се подразбираат и новинарите

Page 18: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели

• Новинарот, кога станува збор за критика упатена кон јавна личност, треба да докаже дека за темата постои јавен интерес од една страна, како и дека критиката не е злонамерна (малициозна), одредена фактичка заснованост на критиката

Keller v. Hungary- изјава на член на Парламентот во врска членувањето на таткото на Министерот во поранешна нацистичка група

• Истото важи и за секоја јавна личност кога критикува друга јавна личност

Page 19: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели• Спречување на ширење на доверливи информации Спречување на објавување на доверливи информации од

страна на лице кое ја добило со обврска да не ја пронесува, како и од страна на трето лице или новинар кој се здобил со таа информација без таква обврска- се до оној момент додека информацијата не стане јавна на друг начин

Neil v. UK- таен агент-објавил книга која содржела доверливи информации, бил задолжен да ја врати заработката

Z v. Switzerland- акредитиран новинар во Парламентот кој објавил доверливи информации

Stoll v. Switzerland- објава на доверливи информации произлезени од дипломатска пошта од страна на новинар

Page 20: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Легитимни цели• Заштита на авторитетот и независноста на судството• Судовите имаат право да ја исклучат јавноста од одредени

постапки и без притоа да дадат јавно образложение на причините со цел да се заштити правораздавањето

• Судиите уживаат највисока заштита на нивниот авторитет како резултат на довербата која мора да ја уживаат пред страните и пред јавноста- дополнително не се во состојба да одговорат на критиките

Shopfer v. Switzerland- јавни критики од страна на адвокатот на прес пред да вложи жалба- мора довербата во судството да биде примарна

Obsershlick v. Austria- новинар дисциплински казнет поради изјави против судијата (арогантен, обвинети-осудени) во медиум

Kyprianou v. Cyprus- адвокат-затворска казна- несразмерно Worm v. Austria- натписот можел да влијае врз судиите поротници

Page 21: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Форми на изразување

• Политички говор и политичка дебата- ужива најголема заштита на слободата

Политичарите- државни/локални власти мораат да бидат најмалку чувствителни на критика од политичките опоненти (плурализам во општетството), новинари (придонес кон јавна дебата) или јавноста

Затоа Судот ја прифаќа доктрината на имунитети кои им се даваат на претставниците во Парламентот за изговорените работи

Page 22: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Форми на изразување• Општествено (граѓанско) изразување (информирање) Кога има јавен интерес по определено социјално, економско,

културно или религиозно прашање- исто така подлежи под посебна заштита на слободата

• Уметничко изразување Ужива високо ниво на заштита бидејќи придонесува кон размена

на идеи и мислења- основа за едно демократско општество Државите најчесто го ограничуваат по основ на заштита на

моралот на општеството или правата на друг, додека најчесто не успеваат да ја оправдаат мерката доколку се повикуваат на заштита на националната безбедност или спречување на нереди

Page 23: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Форми на изразување

• Комерцијалното (пропагандно) информирање Основна цел е промоција на економската активност,

заради тоа подлежи на најмала заштита на слободата Државите најчесто прибегнуваат кон дозволени

ограничувања на слободата кои имаат за цел: заштитата на конкуренцијата на пазарот или заштита од невистинити реклами

Casado Coca v. Spain- рекламирање на адвокати- дисциплински мерки- нема повреда-домашните органи се во подобра позиција да ги одредат условите за правораздавањето

Page 24: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Форми на изразување

• Доколку комерцијалното изразување содржи во голема мера и јавен интерес по одредено прашање, тогаш заштитата се зголемува

Barthold v. Germany- ветеринар кој упатил критики до јавните власти заради непостоење на ноќна служба во градот

Page 25: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Средства за пренесување на информациите и идеите

• Членот 10 не ја штити само содржината на информациите и идеите туку и средствата за нивно пренесување

Медиумите уживаат најголема заштита- основен фактор за функционирање на здрава демократија. Тие го олеснуваат учеството на граѓаните во процесот на одлучување и истовремено стимулираат дебата од општ интерес

• Можат да претеруваат и да провоцираат• Уживаат заштита на изворот на инфо• Во принцип затворската казна може да се оправда само во случај на

говор на омраза или поикнување на насилство• Во сите други случаи секоја кривична постапка може да има

заплашувачки ефект- повреда на член 10• Новинарите уживаат посебна заштита на нивниот дом или работно

место во случај на налози за претрес

Page 26: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Право на државата да го регулира медиумскиот пазар

• Државата има право да воведе лиценци и други програмски обврски за медиумите

• Да формира регулаторно тело кое ќе биде овластено за давање и одземање на лиценците

• Одредбите или актите со кои се регулира пазарот може да бидат под супервизија на Судот согласно член 10 параграф 2

Page 27: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Обврски и одговорности при ползување на правата заштитени со членот 10

• Судската пракса укажува на тоа дека лицата кои го ползуваат правото на слобода на изразување, сносат и обврски и одговорности

• Новинарите- во добра верба треба да обезбедат точна и поверлива информација во согласност со етичките стандарди на новинарската професија (што во голем број случаи подразбира обврска за проверка на информацијата дури и кога се цитира друг извор, а изјавите се однесуваат на фактички прашања кои можат да се проверат)

Page 28: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Клевета и навреда и прифатлив критицизам

• Основно е да се согледа дали има јавен интерес за прашањето врзано за изјавите

• Дали е против јавна личност- најмала заштита, најголема толерантност кон критики (освен лични навреди-злонамера)

• Дали е од страна на новинар (можат да претеруваат или провоцираат до одреден степен)

• Кој е предметот на изјавата• Какво е образложението на домашните судови• Висината на казната- заплашувачки ефект• Медиумот преку кој е пренесена- гледаност/ читаност• Времето кога е дадена (политичка дебата, избори)• Дали е дадена писмено/усно/ телевизија• Јавноста на изјавата- дали била веќе јавно достапна• Доколку се работи за фактичка изјава треба да се согледа дали има

вистинитост во фактите кои се изнесуваат

Page 29: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Клевета и навреда и прифатлив критицизам

• Личните навреди кои имаат за единствена цел да се омаловажи личноста во принцип не уживаат заштита

• Вредносните судови кои не претставуваат фактички изјави во принцип не треба да се докажуваат. Вредносните судови искажани према политичари (доколку не се малициозни) не треба да се докажуваат

• Фактичките изјави бараат утврдување на фактите, но доколку се работи за новинари во тој случај доволно е постоењето на добра верба дека има вистина во презентираните факти (немора да се вистинити)

Page 30: Член 10 од Европската Конвенција за човекови права

Судска пракса на ЕСЧП

1. Jersild v. Denmark App 15890/892. Bladet Tromso and Stensaas v. Norway App

21980/933. Guja v. Moldova App. 14277/044. Stoll v. Switzerland App 69698/01