17
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 104 од 05.07.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот www.mchamber.mk СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA Osnovana 1922 Founded 1922 Ричард Парат, генерален директор на „Империал Тобако ТКС“ за Јужен Балкан ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ВКУСОТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СОЗДАВА УСПЕШЕН БРЕНД Интервју СУГЕСТИИТЕ ОД КОМПАНИИТЕ НАСКОРО НА МАСА НА ВЛАДАТА „ЗАЕДНИЧКИ ДА ПРОИЗВЕДУВАМЕ И ДА ЗАРАБОТИМЕ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ“ РЕАЛИЗАЦИЈА СОГЛАСНО ДОГОВОРЕНИТЕ РОКОВИ Продолжија посетите на терен на Стопанската комора на Македонија Во Охрид се одржа Македонско-турски бизнис-формум со компании од Менемен, Република Турција Поздравено најавеното вклучување на земјава во гасоводниот систем „Јужен поток“

БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

Citation preview

Page 1: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 5 јули 2012, Бр. 104СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 104 од 05.07.2012 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

БИЗНИС ИНФОВаш деловен соработник во светот на бизнисот

www.mchamber.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈАECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Osnovana 1922

Founded 1922

Ричард Парат, генерален директор на „Империал Тобако ТКС“ за Јужен Балкан

ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ВКУСОТ НА

ПОТРОШУВАЧИТЕ СОЗДАВА УСПЕШЕН

БРЕНД

Интервју

СУГЕСТИИТЕ ОД КОМПАНИИТЕ НАСКОРО НА МАСА НА ВЛАДАТА

„ЗАЕДНИЧКИ ДА ПРОИЗВЕДУВАМЕ И ДА

ЗАРАБОТИМЕНА ТРЕТИ ПАЗАРИ“

РЕАЛИЗАЦИЈА СОГЛАСНО ДОГОВОРЕНИТЕ РОКОВИ

Продолжија посетите на терен на Стопанската комора на Македонија Во Охрид се одржа Македонско-турски бизнис-формум со

компании од Менемен, Република ТурцијаПоздравено најавеното вклучување на земјава во гасоводниот систем „Јужен поток“

Page 2: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерна

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО ПОМАЛА

РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ЛАНИ

Нашето производство се пласира, пред сè, на европскиот пазар и во земјите на ЦЕФТА, така што ние сме 100% зависни од економските услови во Европската унија и ЦЕФТА. Земајќи ги предвид проблемите со кои се соочува ЕУ, нашите предвидувања се дека до крајот на оваа година ќе биде многу тешко да се реализираат планираните количини. Нашите очекувања се дека 2012 година ќе ја завршиме со 10%-20% помала реализација во однос на минатата година.

Нема инвестиции, нема јавна потрошувачка, сите држави одат со мерки за штедење. А еве, сега доаѓа летото, сезона на одмори во ЕУ и во САД, Рамадан во муслиманските земји, што значи многу фирми во тој период одат на колективен одмор и не работат. Тука да споменеме дека ослабувањето на еврото во однос на доларот дополнително ја влошува ситуацијата. Понатаму, извозните цени сè повеќе се намалуваат, не поради преголемата понуда, туку поради премногу згаснатата побарувачка во странство. Всушност, залихите во големите трговски фирми се намалуваат, но побарувачката е постојано слаба. Цените на матријалите

и понатаму ќе се намалуваат, а за да ги намалат трошоците, сите производители најавуваат намалување на производството или ремонт на производните линии. Исто така, има континуирано намалување на кинеските цени во регионот, како и на турските. Сето тоа ни предизвикува дополнителни проблеми во работењето со кои се соочуваме.

(Илија Гечев, генерален директор на ИГМ трејд од Кавадарци)

СТИМУЛАЦИИ ЗА ИЗВОЗНИЦИТЕ

Потребно е да се подобри банкарската политика, со овие каматни стапки тешко е да се напредува. Високата цена на енергијата, нафтата и на нафтените деривати уште повеќе го отежнува профитабилното работење на компаниите, а тука мислам дека Владата може да интервенира преку намалување на акцизите.

Извозно ориентираните фирми треба да користат стимулации кои дополнително ќе ги мотивираат да извезуваат, а со тоа ќе се зголеми приливот на девизи во државата. Меѓутоа, исто така е важно да се намалат давачките кон државата, дури и стапката на ДДВ, за да има поголем обрт на пари, со што ќе се олесни работењето во сите сегменти.

(Шефки Идризи, сопственик на компанијата „Ренова“ од Тетово)

ДАЛИ ЌЕ ИМА КРЕДИТИ?

Домашната економија минува низ кризен период, банките што имаат вишок ликвидност перципираат висок кредитен ризик и веројатно, поради тоа, наместо во кредити, парите ги пласираат во државни или во благајнички записи. Тоа е конзевартивна политика на кредитирање со која се одликува нашиот банкарски сектор, бидејќи се внимава процентот на лоши кредити да не се зголемува.

Сега вистинското прашање не е колкави ќе бидат каматите, туку дали ќе има кредити. Според мене, подобро е банките да даваат повеќе кредити по какви било камати, отколку да замре кредитната активност.

(Јованка Јолеска-Поповска. генерален директор на Прокредит банка)

ПЛАТИТЕ МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ

Зголемувањето на платите во администрацијата директно влијае на нас затоа што се зголемува минималната плата. Приватниот сектор се труди оној што вреди да го плати повеќе, а тој што работи помалку, да добие помала плата, односно секој да добие колку што заслужува. Но, потрошувачката кошничка е иста

за сите, па работниците што не се многу платени не можат да трошат и тогаш бараат работа за поголема плата во јавна администрација или во друга компанија. Во јавната администрација ни се одлева многу кадар. Затоа ова е меч со две острици.

(Аце Антевски, генерален директор на фабриката „Раде Кончар - Сервис“)

ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА УЧЕЊЕ

Ако зборуваме за одговорност на државата, мислам дека е многу важно да се вложува во развој на образованието на младите кадри. Иако тука некој ќе каже дека веќе многу е вложено, во смисла дека се отворени многу факултети, значајно е да стави акцент на квалитетот на понуденото образование. Мислам дека треба да се посвети внимание и да се види дали децата на тестови пишуваат нешто или само заокружуваат од понудени одговори, затоа што тоа е фактичка ситуација која е многу влошена во последните четири-пет години. Не може македонското образование да се базира на тоа само да се слуша професорот, мора да се пишува, да се истражува, да се прават проекти... Има премногу информации денеска, како ќе се снајдат студентите во сите нив е техника на работење. Она што е важно не е отворање нови факултети, туку промена на начинот на учење, затоа што во

многу случаи не се важни добрите оценки на студентите, туку нивната подготвеност да влезат во реалниот процес на работа. Тоа е еден концепт кој се трудам да го наметнам и на моите вработени. Дека не е важно колку знаеш, важно е да прифатиш колку не знаеш и да изразиш подготвеност да го решиш проблемот истражувајќи разни солуции. Исто така, многу треба да се посвети внимание на стручните школи, што значително би помогнало и во намалувањето на невработеноста, затоа што со две години практична работа во одредена област, еве на пример, во програмирање, ќе им се даде шанса на многу млади кадри кои во моментов немаат работа. Во Македонија сè уште постои јаз меѓу средното и високото образование, иако имаме

голема потреба од работници во производство, мајстори и сл. на кои им е потребна стручна подготвеност. Тој јаз се потврди и со доаѓањето на странските инвеститори во земјава, кои изразија потреба од 500-1.000 работници на одредени машини, а кои, реално, немаме да им ги понудиме. Затоа, мислам дека отворањето стручни школи за сите кои не планираат да продолжат со факултетско образование е одлично решение.

(Самоил Самак, генерален директор на Микросам, Прилеп)

Page 3: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

ОБРАЌАЊА

Бизнис-заедницата на Република Македонија одамна ја постави тезата дека Владата на Република Хрватска е најумешна од сите влади на земјите-членки на ЦЕФТА, во поставувањето на нетарифните бариери, во функција на заштита на домашните производители, - пишува Бранко Азески во обраќањето до Надан Видошевиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска.

Согласно обврската за почитување на одредбите на ЦЕФТА-договорот и заедничкиот интерес за интегрирање на пазарите на земјите-потписнички, како предворје за функционално вклучување кон ЕУ, целосно ја оспорував истата, посебно при реакциите на членките за несоодветно делените квоти на кондиторските производи во периодот кога постоеја, реакциите за отежнатиот извоз на цигари преку барања на дополнителни податоци за составот на вградените материјали во истите, потоа за отежнатиот увоз на винско грозје за пареработка, итн, споменува првиот човек на најстарата и најбројната стопанска асоцијација во земјава во своето писмо.

-Но, воведувањето на дополнителната давачка при увозот на македонскиот производ „ЦЕВИТАНА“, спротивно на ЦЕФТА-одредбите, ја оспорува доследноста на потпишаниот меморандум од министрите за економија на земјите-членки на ЦЕФТА 2006, за невоведување дополнителни бариери, од хрватска страна. – реагира Азески.

- Имено, на почетокот од годинава, со Одлука на Царинската управа на РХ, воведена е дополнителна давачка, таканаречена

„трошарина“ од околу 0,7 евра/кг, на македонскиот производ „Цевитана“, со што стана понеконкурентна на хрватскиот пазар од вашата „ЦЕДЕВИТА“.

Револтирани од ваквиот потег, којшто се случува во период кога наведениот производ има најголема потрошувачка во текот на годината,

укинувањето на истата по завршувањето на летниот период, производителот на истата го смета како дел од сценариото на наведената бариера. – подвлекува претседателот на Стопанската комора на Македонија.

-Согласно наведеното, опстојувајќи на доследното почитување на одредбите на ЦЕФТА-договорот, за што се залагате и Вие, се надевам дека соодветно ќе реагирате пред надлежните органи во Хрватска, за итно укинување на наведената давачка, - бара Бранко Азески од првиот човек на хрватската деловна асоцијација.

Очекувајќи позитивни соопштенија на тој план, останувам со желба за успешна соработка, што е од интерес на бизнис-заедниците од двете страни.- вели на крајот од своето обраќање Бранко Азески.

Писмо на Бранко Азески до Надан Видошевиќ , претседател на Стопанската комора на Хрватска по повод воспоставување на нова нетарифна бариера

„РЕАГИРАЈТЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ОДРЕДБИТЕ НА ЦЕФТА ДОГОВОРОТ“

Бр. 10-1849/1 5.7.2012 година Скопје

Господин Надан Видошевиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска

З а г р е б

ПРЕДМЕТ: Почитување на одредбите на ЦЕФТА-договорот

Почитуван господине Видошевиќ, Бизнис-заедницата на Република Македонија одамна ја постави тезата дека Владата на Република Хрватска е најумешна од сите влади на земјите-членки на ЦЕФТА, во поставувањето на нетарифните бариери, во функција на заштита на домашните производители. Согласно обврската за почитување на одредбите на ЦЕФТА-договорот и заедничкиот интерес за интегрирање на пазарите на земјите - потписнички, како предворје за функционално вклучување кон ЕУ, целосно ја оспорував истата, посебно при реакциите на членките за несоодветно делените квоти на кондиторските производи во периодот кога постоеја, реакциите за отежнатиот извоз на цигари преку барања на дополнителни податоци за составот на вградените материјали во истите, потоа за отежнатиот увоз на винско грозје за пареработка, итн. Но, воведувањето на дополнителната давачка при увозот на македонскиот производ „ЦЕВИТАНА“, спротивно на ЦЕФТА-одредбите, ја оспорува доследноста на потпишаниот меморандум од министрите за економија на земјите-членки на ЦЕФТА 2006, за невоведување дополнителни бариери, од хрватска страна. Имено, на почетокот од годинава, со Одлука на Царинската управа на РХ, воведена е дополнителна давачка, таканаречена „трошарина“ од околу 0,7 евра/кг, на македонскиот производ „Цевитана“, со што стана понеконкурентна на хрватскиот пазар од вашата „ЦЕДЕВИТА“. Револтирани од ваквиот потег, којшто се случува во период кога наведениот производ има најголема потрошувачка во текот на годината, укинувањето на истата по завршувањето на летниот период, производителот на истата го смета како дел од сценариото на наведената бариера. Согласно наведеното, опстојувајќи на доследното почитување на одредбите на ЦЕФТА-договорот, за што се залагате и Вие, се надевам дека соодветно ќе реагирате пред надлежните органи во Хрватска, за итно укинување на наведената давачка. Очекувајќи позитивни соопштенија на тој план, останувам со желба за успешна соработка, што е од интерес на бизнис-заедниците од двете страни.

Со изрази на особено почитување,

Претседател, Бранко Азески

International Chamber of Commerce

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Димитрие Чуповски 13 , 1000 Скопје , Република Македонија * П.Фах 324 * Телефон: (02) 3244000 * Факс: (02) 3244088 Dimitrie Cupovski 13, 1000 Skopje, Republic of Macedonia * P.O.Box 324 * Phone: + 389 2 3244000 * Fax: + 389 2 3244088

E-mai l : i c@mchamber .mk * h t tp : / /www.mchamber .mk

Association of Balkan Chambers

Balkan Center for Trade Promotion

Page 4: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

-За прв пат ќе побараме вертикални мерки, во случај на нагло зголемување на проблемите во економската активност, првенствено за металургија, за која проценуваме дека е засега во најлоша позиција. Ако има влошувања и во другите сектори и за нив ќе биде потребно да се реагира, особено за оние дејности кои се столб на македонската економија. Ова го истакна Бранко Азески, во изјавата за медиумите при посетата на реномираната велешка компанија „Брако“, заедно со претседавачот на Собранието, Антони Пешев и извршниопт директор, м-р Јелисавета Георгиева, со што беше продолжена интензивната посета на македонските компании и „скенирање“ на состојбата во стопанството (28.7.2012 година).

-Мерките се конципираат во два сегменти: подобрување на ликвидноста на стопанството и заштита на конкурентноста на компаниите кои се изложени на негативните надворешни влијанија. Посебно е значајно да се реагира кај металургијата, бидејки таа гранка учествува со 35 отсто во вкупниот извоз во земјава, 17 отсто во вработеноста во индустријата, 11 отсто во создавањето на новосоздадената вредност и 8 отсто во создавањето на БДП. Во прашање е најрепрезантивната гранка во земјава во која со било какво пореметување ќе остави последици на сите останати економски параметри на земјава. – додаде Азески.

Во реномираната компанија „Брако“ во Велес домаќинот на коморската делегација, д-р Кочо Анѓушев, претседател на Бордот на директори, ги запозна гостите со фактот дека во моментов се извезува 93 отсто од производството во 19 земји во светот.Тоа е целосна ориентација на компанијата, која и покрај економската криза бележи раст на физичкиот обем на производството. -Сигурно и ние ги чуствуваме последиците од светската криза со намалени нарачки, но засега ги амортизираме последиците со прифаќање на нови производи. Почнаве со изработување на компоненти за камиони и за градежни машини.Инвестиравме и во реконструкција на капацитет за пониклувана жица во Панчево во соседна Србија.Бидејќи и ние инвестираме во странство, немаме ништо против странските инвеститори, но државата мора да обрне внимание и на домашните, бидејќи профитот и трошењето на тие пари секогаш е во домицилната земја на инвеститорот. – истакна д-р Кочо Анѓушев, кој посебно побара позначајно ангажирање на Македонската банка за подршка на развојот.

ПОСЕТИ

Делегација на Стопанската комора на Македонија во „Кожувчанка“ во Кавадарци и „Брако“ во Велес

ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ БИДАТ ПОБАРАНИ ВЕРТИКАЛНИ МЕРКИ,ПРВЕНСТВЕНО ЗА МЕТАЛУРГИЈАТА

Page 5: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

Претходно, при посетата на „Кожувчанка“ во Кавадарци, претставниците на Комората беа информирани дека компанијата го започна извозот на вода за Израел со испраќање на првите четри контејнери.За влез на пробирливиот пазар беа обезбедени сите сертификати и стандарди и компанијата сега очекува пласманот на вода во оваа земја да расте. -Капацитетот го користиме со нешто над 50 отсто и неопходно е да обезбедиме нови пазари заради зголемување на овие проценти.„Кожувчанка“ во земјава држи 20 отсто од пазарот на минерална вода и 6 до 7 отсто од пазарот на негазирана вода.Пласманот би можеле значајно да го зголемиме, но пред нас се исправа проблемот со тешката наплата на побарувањата на домашниот пазар.Веќе „собирањето“ на парите од трговците за нашите производи се зголеми на 65 дена и тоа претставува сериозен проблем - истакна Митко Јанчев, генерален менаџер и сопственик на компанијата. Во разговорот во компанијата, која на македонскиот пазар го пласира и брендот „Синалко“ , беа издвоени и неколку проблеми со кои се судира бизнисот во регионот. -Првенствено би ја издвоил инфраструктурата.Во околното кавадаречко село Мрежичко ни е погонот за полнење вода, тука се и капацитетите на уште неколку компании, но пристапните патишта се лоши.Во такви зафати државата мора да инвестира. – додава Јанчев, а за полесно решавање на проблемите на бизнис - секторот од овој дел на земјата со челните луѓе на најстарата и најголемата бизнис асоцијацијна е договорено во најкус рок отварање на регионална комора со седиште во Кавадарци.

Саво Пејчиновски

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, во посета на компании во регионот на Битола

ДОМАШНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ „РАМO ДО РАМO“ СО СТРАНСКИТЕ Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на 29 jуни 2012 година, остварни работни средби и беше во посета на неколку фирми од битолскиот регион. Посетата е како продолжение на претходните состаноци со бизнис-секторот во државата, a беа посетени фирмите: „Родон“; „Млин Стојчев„; „ЗК Пелагонија“ и ГП „Пелистер“ во Битола. На состанокот со еден од најголемите текстилни комбинати во регионот, „Родон“ - Битола, кој исто така е и странска инвестиција со капитал од Република Грција, беше разговарано за проблемите со кои се соочува текстилната индустрија во моментот на економската криза во Европа. Освртот беше првенствено кон намаленото производство и нарачките од европскиот пазар, но и кон самиот вид на производство. Иако до пред две години фабриката имаше вработено околу 680 работници и 100% производство за сопствениот бренд „Хепенинг“, тоа во овие услови на криза се намали на само 40% од бренд-производството, а останатите 60% се

ПОСЕТИ

Page 6: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

пренасочија кон „ЛОН“-системот на доработка. Моментално во фабриката се вработени околу 550 работници. Акцент во разговорот беше даден и на потребата за поприфатливо финансирање за обртни средства за стопанските субјекти или изнаоѓање на некаков вид на механизам за субвенционирање на каматите на кредитите за стопанските субјекти од страна на Владата на Република Македонија. Сето тоа е со цел да се изнајде начин со кој фирмите би можеле да го поминат овој кризен период што побезболно, - истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Како дел од посетата беше и компанијата „Млин Стојчев„ од Битола, каде се зборуваше првенствено за тешкотиите при реализација на новите инвестиции на овој комбинат, но беа споменати и потребните финансиски средства за натамошен развој на производството. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Благој Стојчев, се осврна на целокупната инвестиција на фабриката за масло, а посебно на важноста на ваквите домашни инвестиции, кои се многу битни за развојот на стопанството во регионот. Во низата средби беше посетен и ЗК „Пелагонија“, при што претседателот Бранко Азески беше запознат со работењето и капацитетите на овој најголем земјоделски комбинат во Република Македонија. Тој располага со 8.000 хектари посеани со пченица, 2.200 хектари со јачмен, 2.100 хектари со маслодајна репа, 2.500 хектари со сончоглед. Комбинатот произведува пченка, соја и пченка за силажа од околу 17.000 тони, како и семенски материјали за Институтот од Нови Сад. Во рамките на комбинатот има и голем број фарми за млеко, околу 3.200 грла крави, 3.500 овци и рибници. Нагласена беше инвестицијата што овој комбинат ја презема во механизацијата за производствениот циклус, во којашто

досега се вложени повеќе од 1,6 милиони евра од сопствени извори, без задолжување во комерцијалните банки. До крајот на годината таа инвестиција се планира да надмине 2 милиона евра. Како завршеток на работната посета во Битола, беше и средбата во градежната компанија ГП „Пелистер“ во Битола. Притоа, беше извршена презентација на можностите на овој градежен гигант, кој во моментот вработува околу 650 луѓе. Во разговорот повторно беше нагласена потребата од иницирање на домашните инвестиции. Неопходни се пониски каматни стапки, како и нови ивестиции во инфраструктурата, посебно

нагласи Бранко Азески, како еден од примарните фактори за развој во државата, а и како основа за развојот на стопанството во Македонија, за што се залага Стопанската комора на Македонија.

М-р Никола Димковски

ПОСЕТИ

Page 7: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, во посета на „Кнауф Радика“ во Дебар, „Вардар Доломит“ во Гостивар и „Ренова“ во Тетово.НЕОПХОДНА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНОТО ПРОИЗВОДСТВО Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, ги продолжи директните средби со менаџерските тимови на своите членки, а на 2.7.2012 година ги посети компаниите од западниот дел на Македонија - „Кнауф Радика“ во Дебар, „Вардар Доломит“ во Гостивар и „Ренова“ во Тетово. Во Дебар беше разгледан капацитетот на компанијата „Кнауф Радика” која постои од 1954 години и се занимава со експлоатација и преработка на гипс и гипсани производи. Се работи за компанија која во 1997 година станува дел од „Кнауф“ од Австрија, кој е гигант во индустријата за гипс во Европа. Тогаш го добива името „Кнауф Радика“ – Дебар, во кој период настануваат големи промени како во производната програма, така и во технолошкиот процес. -Инвестирани се преку 27 милиони евра, при што се постигнува капцитет на производство на 13 милиони квадратни метри гипс-картонски плочи и 200.000 тони гипсени прашкасти производи и малтери, - истакна директорот на компанијата Исак Шеху, во разговор со претседателот на Комората. - Производството во најголем дел се извезува и тоа преку 85 отсто. Најголемите купувачи се од Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Косово, а околу 15 отсто од производството се пласира во Македонија. Во Гостивар беше посетена компанијата „Вардар Доломит“ која е успешно извозно ориентирана компанија. Во разговорот со Бранко Азески побарано

е државата да покаже поголем слух токму за поддршка на производството кое е извозно ориентирано. -Компанијата се занимава со производство на огноотпорни материјали, наменети за печките на: челичаните и ливниците, во индустријата за стакло, капацитетите за производство на градежни материјали (тунелски и кружни). Гостиварската компанија е способна да конкурира на светските производители на доломитни огноотпорни материјали, односно синтер доломит, доломитни опеки и маси, кои се наменети за работни облоги на металуршки агрегати во црната и обоената металургија, - истакна директорот Ремзи Абдулаи. Во изминатите години производството се движеше:- 2009 година - 13.000 тони;

- 2010 година – 15.600 тони; - 2011 година - 20.000 тони, а за оваа година во првите 6 месеци имаат минимален раст од 2,5 отсто.

Производството најчесто се пласира во Турција (и до 90%), потоа Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и други. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески истакна дека во наредниот период сугестиите од фирмите ќе бидат доставени на разгледување до Владата. Притоа, тој истакна дека ќе се побараат мерки кои ќе бидат насочени кон подобрување на ликвидноста на македонската економија, за заштита и поттикнување на македонското производство и извоз, кои се услов и основа за развој на македонската економија. Една од водечките компании по инвестиции и опрема од овој регион од Македонија, е компанијата „Ренова” од Тетово, која е синоним на иновацијата, технологијата, на успехот и на вредноста и истата се занимава со широка палета на малтери за ѕидање и екстрих, гипсановарови малтери, малтери за израмнување и лепење и др. Во рамките на групацијата „Ренова“, исто така, работат и фабрики во Косово и Албанија, што само ја потврдува успешноста на оваа компанија, чии производи денес може да се најдат на целиот Балкан.

ПОСЕТИ

Page 8: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

ИНТЕРВЈУ

* Во 2012 година „Империал Тобако ТКС“ слави јубилеј - 10 години работа во рамките на Групацијата „Империал Тобако“. Што претставува ITG во светот?

- „Империал Тобако“ е четврта најголема тутунска компанија за производство на цигари во светот, со продажба на целиот асортиман на тутунски производи во над 160 земји. „Империал Тобако“ е број 1 компанија во светот во производство на пури, ситно сечкан тутун, хартии и туби за цигари. Од 1997 година, „Империал Тобако“ растеше многу брзо како резултат на аквизициите и органскиот раст во компанијата, што придонесе да стане една од најголемите тутунски компании во светот со над 38.000 вработени.

* Како генерален менаџер на „Империал Тобако ТКС“ за Јужен Балкан, како ја оценувате позицијата на компанијата на регионалниот пазар и каде ги извезувате Вашите брендови во рамките на поширокиот регион?

- „Империал Тобако“ има силни позиции на некои балкански пазари, а се развива на други. На пазарите каде што „Империал Тобако“ е силен, постојано тежнееме кон извонредност во нашите операции, осигурувајќи дека постојано обезбедуваме производи со висок квалитет кои се во согласност со очекувањата на потрошувачите. Од нашиот производствен центар за Балканот, тука во Скопје, извезуваме брендови во 7 земји во регионот: Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска.

* Во Македонија „Империал Тобако ТКС“ има своја фабрика за производство на цигари, во која веќе 10 години континуирано инвестирате, а оваа година ја најавивте најголемата инвестиција. За што конкретно станува збор?

- Во 2012 година „Империал Тобако“ прави значајни инвестиции во нашиот комплекс за производство овде во Скопје. Една од нашите инвестиции што е веќе заокружена, е инсталирањето и имплементацијата на опремата за следливост на нашите производи низ рутата до пазарот, и тоа е во согласност со барањата на Европската унија. Дополнително ќе бидат инсталирани две нови машини за цигари, со што ќе се зголеми нашиот капацитет за производство овде во Македонија и ќе ја дополни нашата флексибилност за да ги исполниме потребите на нашите потрошувачи, кои се менуваат постојано. Во изминативе години, „Империал Тобако“ значително инвестираше во внатрешноста на фабриката, но во 2012 година ќе се изврши целосно надградување и на надворешниот дел на зградите на фабриката. Тоа, исто така, го вклучува зголемувањето на нашиот внатрешен капацитет за

складирање поради зголемениот извоз.

* Вашите брендови се лидери на македонскиот пазар, а „Империал Тобако ТКС“ е една од најуспешните компании во Македонија. Дали сметате дека има дефиниција или стратегија која го гарантира успехот на компанијата?

- За да имате успешни брендови, мора да ги исполните потребите на потрошувачите. Доколку се согласуваме дека секој потрошувач има избор, а од компаниите за производи за широка потрошувачка се бара да го испорачаат претпочитаниот избор на потрошувачот, тогаш ова е тоа што треба да го води пристапот кон брендовите. Откако ќе имате понуда која го испорачува изборот на потрошувачот, тогаш оперативниот модел на внатрешниот пазар треба да делува ефикасно за да го пренесе производот од магацинот до продавницата, од продавницата до полицата за продажба и потоа до купувачот. Еден од нашите најголеми непријатели е комфорот, кој доаѓа откако ќе постигнеме нешто добро со бренд или рута до подобрување на пазарот. Постои навика на размислување дека работата тогаш е завршена. Но поентата е дека треба да правиме постојано повеќе и повеќе и да започнеме да работиме веднаш на следното подобрување, како светот да се менува секој ден.

* Што ја прави компанијата „Империал Тобако ТКС“ една од најдобрите работодавачи во Македонија, за што во 2010 година добивте и признание?

- „Империал Тобако“ можеби не е најголемиот работодавач во Република Македонија, но ние се трудиме да обезбедиме грижа за нашите вработени. Ова започнува од врвот кој има обврска да осигура безбедна работна средина за нашите вработени. Неодамна, нашата фабрика во Скопје беше сертифицирана за достигнување на највисокиот

стандард за здравје и безбедност при работа со сертификат 18001 од SGS во Женева. Покрај тоа што имаме безбедна работна средина, јас силно верувам дека во модерниот бизнис мора да се почитуваат сите вработени. Почитта е важен дел кој често недостасува во бизнисот. Во денешно време, идеите за подобрување на нашиот модел на бизнис може да дојдат од кој било извор, па затоа од суштинско значење е да ги слушаме нашите вработени и да ги почитуваме нивните мислења и придонеси на работното место. Повторно, почитта започнува од врвот во организацијата и мое мислење е дека ако Вие дадете пример, другите ќе го следат.Во 2012 година, модерните компании работат напорно за да обезбедат активно вклучување на вработените во нивната организација бидејќи тоа придонесува не само кон подобрување на работната средина, туку и кон инклузивност и придобивки за самите вработени.

* Глобалните трендови во многу индустрии континуирано се менуваат. Каде Вие ја гледате тутунската индустрија во светот во следните 10 години?

- Како и во сите индустрии, чекорот на промените се забрзува така како што се забрзува и начинот на нашиот живот. Не може да се дозволи ниту еден производ да остане ист затоа што потрошувачите стануваат сè попребирливи во однос на нивниот избор на бренд, и според тоа, од суштинско значење е да се испорачува постојан квалитет и да се водат брендовите на производите за широка потрошувачка според двигателите на изборот на потрошувачите. Покрај тоа, верувам дека моделите на работа кои компаниите ги практикуваат ќе станат значително поважни, особено во однос на производите за широка потрошувачка, со цел да се обезбеди дека потрошувачите секогаш ќе имаат избор кога тие тоа го сакаат. Kога потрошувачите се на прво место, се зголемуваат барањата во синџирот на набавка.

Ричард Парат, генерален директор на „Империал Тобако ТКС“ за Јужен Балкан

ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ВКУСОТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СОЗДАВА УСПЕШЕН БРЕНД

Page 9: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

СТАВОВИ НА КОМОРАТА

По изјавата на министерот за економија Ваљон Сарачини дека регионот треба да размислува за регионално економско поврзување по примерот на земјите од БЕНЕЛУКС

ЦЕФТА Е „БЕНЕЛУКС“ ЗА РЕГИОНОТ Бенелукс (Белгија, Луксембург, Холандија), е пример за соседска соработка претворена во царинската унија во 1946 година. Суштината на Бенелукс е манифестирање на соработка без граници, подобрување на напредокот, мобилност, безбедност и оджлив развој за секого. Тоа беше претходница на денешната ЕУ. Со оглед дека стопанството не е консултирано и не е информирано за некоја нова стратегија во однос на Албанија, Црна Гора и Косово и што значи Бенелукс на овие простори, останува целосно да ги исполнуваме обврските од ЦЕФТА и процесот на стабилизација и асоцијација, а што неминовно доведува до општ просперитет. Исто така, внимателно треба да се следи Стратегијата ЕУ 2020, бидејќи таа се потпира на техничко-технолошкото унапредување, зголемување на пристапните и транзициските капацитети на единствениот пазар преку инфраструктурното (транспортно, енергетско и ИТК) доближување - вклучување на соседите во економскиот развој на ЕУ. Во 2009 година претседателите на стопанските комори на Македонија, Албанија, Црна Гора и на Косово потпишаа Меморандум за разбирање, за заедничко аплицирање на проекти, иницијативи пред владите за унапредување на патната инфраструкртура со цел подобра комуникација, заеднички настап на саемски манифестации, заеднички туристички пакети, заедничка едукација. Коморите на Македонија, Албанија и Црна Гора, уште на крајот од деведесеттите години заеднички се обраќале кон своите влади, меѓународните институции, подоцна до Пактот за стабилност, со молбата да се ревитализира мостот на реката Бојана кај Скадар, како дел од клучката кон пристаништето Бар, за да можат стоките да се движат непречено. Приватниот сектор го поддржа олеснувањето на прекуграничното преминување без пасоши со Албанија, Црна Гора, Косово и Србија. Република Македонија со Република Албанија има склучено договор за взаемна помош во процесот на стабилизација и асоцијација, вклучувајќи ја и економијата. Надворешно-трговската размена на Република Македонија со Албанија, Косово и Црна Гора се одвива согласно ЦЕФТА-договорот за слободна трговија – без царини. Со овие три трговски партнери, во првите четири месеци, е остварена вкупна трговска размена од 181 мил. САД $, што претставува 35 % од вкупната трговска размена со ЦЕФТА-земјите (517 мил. САД $). Нашиот извоз во овие земји изнесува 168 мил. САД $ или 32% од вкупниот извоз во ЦЕФТА-земјите. Со Косово, трговската размена изнесува 146 мил. САД $, од кои 139 е нашиот извоз во овој сосед. Од овој извоз, 71 мил. САД $ се однесуваат на извозот на нафта, а останатото на други стоки, како што се прехрана и пијалаци (10 мил. САД $), црна и обоена металургија (10 САД $), лекови (3 мил. САД $), цемент (4 МИЛ. САД $), производи од електроиндустрија (4 мил. САД $), итн. Македонија, Албанија и Црна Гора имаат договори за стабилизација и асоцијација, а во однос на Косово ЕУ применува специјални трговски мерки (како и во однос на другите земји од Западен Балкан) – што значи дека стоките со потекло од Косово се увезуваат во ЕУ без царина. ЦЕФТА е современ договор кој ги обврзува земјите-

потписнички на либерализација на економската соработка многу повеќе од трговската. Таа ги обврзува земјите-потписнички, освен трговијата, и на либерализација на услугите, јавните набавки, заедничко регулирање на монополи, заштита на интелектуалната сопственост, усогласени царински прекугранични процедури...

Поздравено најавеното вклучување на земјава во гасоводниот систем „Јужен поток“

РЕАЛИЗАЦИЈА СОГЛАСНО ДОГОВОРЕНИТЕ РОКОВИ

Владата најави дека почнува реализација на Проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра. Руската компанија „Стројтранс гас“ и Македонските енергетски ресурси, во рамките на Меѓувладината македонско-руска комисија потпишаа Меморандум за соработка, кој е основа за почеток на реализација на изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Од Владата информираа дека договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен. Стопанската комора на Македонија години наназад укажуваше на потребата за интензивирање на активностите за гасификација на земјата. Од тој аспект, го поздравуваме потпишувањето на Меморандумот за соработка и се надеваме на негова реализација согласно договорените рокови. Република Македонија е земја која троши исклучително мали количини природен гас и има највисока цена по Nm3 дури 70% повисока цена од гасот во Западна Европа. Малите количини, односно слабото користење на овој најевтин енергенс во однос на другите енергенси, e резултат на недоволната гасификација, односно немањето можност поголем број субјекти да се приклучат на гасоводниот систем. Потрошувачката на природен гас во Р. Македонија на годишно ниво изнесува 135,42 милиони Nм3. Актуелната цена на природниот гас во РМ од 490 евра за 1000 Nм3, што претставува пораст од 44 % во однос на јануари 2011 година, во најголем дел се должи на ниската потрошувачка, односно на малите количини кои увозникот ги договара со странскиот снабдувач, поради недоволната гасификација, односно немањето можност поголем број субјекти да се приклучат на гасоводниот систем. Степенот на искористеност сега е 15% од неговиот капацитет и како таков е присутен подолг период наназад, a засега гасот го користат неколку поголеми, квалификувани потрошувачи и мал број исклучиво индустриски потрошувачи (34 тарифни потрошувачи). Споредено со цените во регионот, гасот во РМ чини 490 евра по 1000 м3, додека во Србија цената е 360, во Бугарија 390, Хрватска 304 евра за 1000 м3 природен гас. Инаку, „Јужен поток“ кој има два крака од Русија низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австрија и вториот преку Грција и Албанија до Италија, според планот треба да биде целосно изграден до 2015 година. За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е утврдено дали ќе доаѓа од Грција или од Србија. Ова ја отвора можноста и за донесување одлука за изградба на нови производствени блокови во ТЕЦ „Неготино“ и ПГС - Скопје.

Page 10: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

ПОРАКИ

Македонската банка за поддршка на развојот на прес-конференција во Комората ги претстави извозниот факторинг и извозното кредитно осигурување

ПОДДРШКАТА НА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИТЕ ДОМАШНИ КОМПАНИИ

ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ШТО ПОВЕЌЕ Со цел поддршка и помош на домашните компании кои се извозно ориентирани, а во услови на глобална криза, влошена неликвидност и неизвесен пласман, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) применува финансиски инструменти кои треба да го олеснат и уште повеќе да го стимулираат извозот. Од пред 10 години како инструмент за поддршка на извозно ориентираните компании постои извозното кредитно осигурување, но неговата сериозна примена и интересот на компаниите за овој инструмент стануваат атрактивни изминатите неколку години. На овој начин МБПР ја обезбедува

наплатата, со што трговските друштва кои продаваат на отворено ги осигуруваат своите побарувања од краткорочни комерцијални ризици, информираше Дарко Стефановски директор за кредитно осигурување во МБПР, на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (2.7.2012 година). Од почетокот на годинава е воведен и факторингот како уште еден значаен финансиски инструмент за поддршка на извозните компании, со кој Банката во име на извозникот го откупува побарувањето на домашната компанија за одреден надомест. Така, фирмите го намалуваат ризикот од евентуална неможност да се реализира бизнис-зделката со странскиот партнер или, пак, истата да не се наплати. Само лани 450 купувачи се поддржани за извозно осигурување во 25 земји. Во првите 6 месеци годинава 15 фирми имаат склучено договори за факторинг од автомобилската индустрија, винската, хемиската индустрија... Се поддржуваат фирми кои извезуваат во Романија, Полска, Хрватска, Германија, Русија, Турција. Предностите на користење на вакви видови финансиски инструменти го намалуваат ризикот на фирмите од намалената неликвидност на меѓународните пазари, овозможуваат полесен пристап до нови купувачи, бизнис-партнери, за кои однапред не се знаат многу информации. Факторингот и осигурувањето на извозот како финансиски инструменти успешно ги користи и фирмата „Руен“ од Кочани. Љупчо Иванов, финансов директор во „Руен Интернешенл Технолоџис“, изјави дека компанијата која од 2004 година е во приватна сопственост со 95% странски капитал и производство на делови за автомобилската индустрија, со помош на финансиските инструменти на МБПР успева во услови на светска криза и влошена неликвидност да обезбеди пласман за своето производство. „Руен“ од Кочани веќе 4 години успешно го користи осигурувањето на извозот, а има склучено и договор за финансиски факторинг со МБПР, со што банката според Иванов е активен учесник во ширењето на нови пазари. Господинот Стефановски од Македонската банка за поддршка на развојот најави дека во подготовка се и други финансиски инструменти кои

треба да го поддржат и да го олеснат македонскиот извоз. Прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија на тема „Финансиските производи на МБПР за поттикнување на извозот и извозниот факторинг“, е организирана во рамките на Проектот 3И - Извоз, Инфраструктура и Инвестиции, како долгорочна стратегија на Стопанската комора на Македонија, без која е речиси невозможно да се реализира квалитетен економски раст на домашната економија, како и да се обезбеди конкурентност на домашните производи.

Даниела Михајловска Василевска

ПРЕЗЕНТАЦИИ Информативна средба за арбитражата ПОЕФИКАСНИОТ И ПОБРЗИОТ НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИИТЕ ПРЕЗЕНТИРАН ПРЕД АДВОКАТИТЕ

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, на 27 јуни 2012 година, организираше информативна средба на тема: „Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите. На работната средба, на која присуствуваа над 50 адвокати, беа презентирани можностите за решавање на споровите пред Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, како и со предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови. Предавачите д-р Арсен Јаневски, претседател на Арбитражата при Комората, д-р Тони Дескоски, потпретседател и д-р Татјана Зороска Камиловска, член на претседателството на Арбитражата, во своите презентации посветија посебно внимание на најзначајните прашања поврзани со арбитражната постапка, меѓу кои и содржината и полноважноста на арбитражната

клаузула, арбитрабилноста на споровите, организацијата на Арбитражата, како и прашањата поврзани со поништување на арбитражни одлуки, како и признавање и извршување на странски арбитражни одлуки. Во дискусиите на оваа тема, адвокатите беа посебно заинтересирани за прашањата поврзани со основите за можно поништување на арбитражните одлуки и правните последици од тоа, како и за прашањата поврзани со арбитрабилноста на споровите и практичните проблеми во праксата во врска со договарањето на т.н. “патолошки арбитражни клаузули” и постапката по приговорите за ненадлежност во таквите случаи и во случаите кога е предвидена арбитража, а постапката била поведена пред суд. Имајќи го предвид големиот интерес на адвокатите за прашањата поврзани со договарањето надлежност на арбитражата и начинот на одвивање на арбитражната постапка, Постојаниот избран суд- Арбитража при Стопанската комора на Македонија ќе продолжи со промоции и советувања на оваа тема за адвокатите и другите заинтерсирани субјекти, што ќе бидат организирани и надвор од Скопје.

Page 11: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Претставниците на Генералниот директорат за царини и даноци

на ЕУ (DG TAXUD) во Стопанската комора на Македонија ги

презентираа придобивките од заедничките транзитни постапки

СТОКИТЕ БЕЗ ЗАСТОЈ ЌЕ

ПАТУВААТ ОД ПРВИОТ ДЕН НА

2014 ГОДИНА Со поддршка на Царинската управа на Република Македонија, во Стопанската комора на Македонија (4.7.2012 година) пред компаниите, претставници на Генералниот директорат за царини и даноци на ЕУ (DG TAX-UD) ги презентираа придобивките од заеднички транзитни постапки. Пристапувањето кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки овозможува олеснување на движењето на стоките низ територијата на ЕУ, стоките одат од испраќачот до примачот без царински контроли и задржувања, од „врата до врата” за разлика од ТИР-постапката. Размена на однапред најавени испораки со безбедносни информации, меѓу царинската испостава на земјата на испраќачот и земјата на примачот или овластениот економски оператор на примачот, спроведена во процедурата пропишана со Конвенцијата со помош на ИТК за транзитна мрежа (нов компјутерски транзитен систем – NCTS), ќе обезбеди движење на стоките без застој. Овие процедури бараат воспоставување на систем на гаранции и комуникација меѓу царинските органи и економските оператори и царинските органи. Конвенцијата за заеднички транзитни постапки во ЕУ функционира од 1987 година и кон неа можат да пристапат и земјите кои не се членки на ЕУ, под услов да имаат извршено апроксимација на регулативата, да имаат обезбедено соодветно менаџирање со процесите и технички услови за пристап кон NCTS. Исто така, неопходна е подготовка на економските оператори за примена на Конвенцијата од аспект на информираност, едукација и техничка опременост, за да можат по електронски пат да учествуваат во системот. Се разбира, довербата и одговорноста се клучни за користење на олеснувањата што ги обезбедува Конвенцијата. Пристапувањето кон меѓународните заеднички транзитни постапки е дел од процесот на апроксимација на националното законодавство со законодавството на ЕУ во областа на царинското работење или целосна имплементација на acquis – норма, институција, менаџирање, следење. За Република Македонија, од особена важност е и другите земји-членки на ЦЕФТА да пристапат кон Конвенцијата за да се забрза протокот на стоки. Република Хрватска пристапи кон Конвенцијата оваа година. Претставниците на Генералниот директорат за царини и даноци на ЕУ (DG TAXUD) Жан Мишел Граве, раководител на Одделот за царинско законодавство и Мајкл Ратје, заменик-раководител на Секторот за царински статус и транзит, информираа дека DG AXUD целосно ќе ја поддржи Република Македонија во процесот на имплементација на ЕУ-стандардите на царинските транзитни контроли.

Page 12: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Јавна расправа за Националниот план за заштита на амбиентниот воздух за Република Македонија

ИНТЕГРИРАН ПРИСТАП НА ЗАШТИТАТА ВО НАРЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ Во организација на Стопанската комора на Македонија и на Министерството за животна средина и просторно планирање, на 3 јули 2012 година се одржа јавна расправа по Предлог-верзијата на Националниот план за заштита на амбиентниот воздух за Република Македонија. Планскиот документ е подготвен согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и има за цел да се постигне интегриран приод за заштита на квалитетот на амбиентниот воздух, заштита на здравјето на луѓето и животната средина и избегнување на негативните ефекти врз животната средина во соседни или други држави. Во воведното обраќање и презентациите беше истакнато дека Планот се донесува за период од најмалку пет години и содржи прикази на законски и подзаконски акти поврзани со проблематиката од заштита на воздухот, конвенции од областа на воздухот, оценка на квалитетот на амбиентниот воздух, зони и агломерација согласно оценката, состојбата со емисиите на загадувачки супстанци во воздухот, како и дефинирани мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на целата територија на Република Македонија. Во Националниот план е дадена анализа на сектори и загадувачки супстанци, при што како најважни сектори кои најмногу придонесуваат кон емисии на загадувачки супстанци се посочени секторите енергија, индустрија и транспорт, а анализирани се и секторите земјоделие и отпад, како и анализа по загадувачки супстанци. Планот ги лоцира и сите релевантни институции одговорни за имплементација на мерките со цел подобрување на квалитетот на воздухот на локално и глобално ниво како и финансиските средства за модернизација на енергетските и индустриски производни процеси, воведување на мерки за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори, воведување на најдобро достапни техники, подобрување на квалитетот на горивата, спроведување на кампањи за подигнување на јавната свест за квалитетот на воздухот итн. Националниот план за заштита на амбиентниот воздух дава генерална проценка на потребните финансиски средства за спроведување на мерки за редукција на SO2 , NOx, NH3 и лесно испраливи органски соединенија. Беше презентирана и оценката на квалитетот на воздухот во 2010 година, при што беше истакнато дека не е надминат бројот на дозволени надминувања на часовните гранични вредности од аспект на здравствената заштита, како и прагот на алармирање на ниту една од мерните станици. Но, тоа не значи дека не треба да се стремиме кон натамошно намалување на штетни емисии, беше посочено од страна на Институтот за јавно здравје. Во таа насока, потребно е да се предвидат и финансиски импликации за непочитување на меките содржани во националниот план. На јавната расправа беше дадена оценка дека и покрај отежнатите услови за стопанисување, задоволително е нивото на имплементирање на обврските по основ на животна средина од страна на индустријата.

Зорица Мешкова

СОРАБОТКА - Успешно реализирана студентска настава во Стопанската комора на Македонија на група студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Скопје

ПРАКТИЧНО ЗАПОЗНАВАЊЕ СОФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА КОМОРСКИОТ

СИСТЕМ Како резултат на долгата традиција на соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” - Скопје, и потпишаниот Меморандум за соработка меѓу овие две институции, во периодот од 4 јуни до 4 јули 2012 година, 30 студенти од повеќе насоки реализираа студентска настава во Стопанската комора на Македонија. Со овој вид на соработка на студентите им се овозможи своето теоретското знаење да го поткрепат со практично искуство. Студентите ја реализираа праксата во: Дирекцијата за застапување на интересите на членките, Дирекцијата за деловни и општи услуги и Дирекцијата за меѓународна

соработка. Студентите се запознаа со функционирањето на дирекциите, здруженијата и групациите, Центарот за едукација и Ваша бизнис канцеларија. Тие во изминатите недели имаа можност да присуствуваат на повеќе настани кои се организираат во Комората, како што се седници на здруженија, билатерални настани, семинари и дебати. Тие се вклучија во активностите кои се реализираа во моментот на реализирање на студентската настава и истовремено помогнаа во извршување на тековните активности во дирекциите. -Ова беше одлична можност за нас, одблизу се запознаеме со активностите на Комората, учествувавме на многу значајни бизнис-настани и обуки, - истакнаа студентите. На пригодна свеченост на сите студенти им беше доделен Сертификат за извршена практична настава.

Page 13: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

СРЕДБИ

Во Охрид се одржа Македонско-турски бизнис-формум со компании од Менемен, Република Турција

„ЗАЕДНИЧКИ ДА ПРОИЗВЕДУВАМЕ И ДА ЗАРАБОТИМЕ НА ТРЕТИ ПАЗАРИ“

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Охрид, на 30.6.2012 година, во Охрид, се одржа Mакедонско-турски бизнис-форум. На Форумот беше остварена средба меѓу десетина компании од регионот на Стопанската комора на Менемен во Измир, Република Турција и повеќе од 20 македонски компании од регионот на Охрид, Струга и Скопје. Стопанската делегација од Турција беше предводена од претседателот на Комората на Менеме, Јилмаз Гурал. Целта на посетата беше да се зацврсти економската соработка меѓу Македонија и Турција, посебно меѓу Охрид и Менемен, потоа проширување на бизнис-мрежата, како и размена на меѓусебни искуства и сондирање на можностите за бизнис меѓу компаниите од двете земји.Ружди Муфти, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Охрид, во обраќањето пред учесниците на Форумот истакна дека долгата и традиционална соработка, меѓусебното познавање, како и веќе присутните производи од двете страни, се добар предуслов за натамошно унапредување на економската соработка и билатералната трговска размена.

Претседателот на Комората на Менемен, Јилмаз Гурал, истакна дека конкретно бизнисмените од тој регион на Турција најмногу се заинтересирани за соработка во областа на туризмот, потоа за македонското вино, маслиново масло, млеко и млечни производи, како и за дрвната индустрија. -Ние не сме тука дојдени само за да продаваме турски производи, тука сме и да ги разгледаме можностите за увоз, зеднички да работиме, произведуваме, и да заработиме на трети пазари, - истакна Гурал. Во оваа насока македонската компанија „Кенди“ ДООЕЛ од Скопје , позната по производство на лековитиот „Мед Тартуф“ остави голем впечаток и заинтересираност за извоз на турскиот пазар. Инаку, вкупната надворешно-трговска размена на Македонија и Турција минатата година достигна вредност од 417,2 милиони САД долари, што претставува раст од 34,1 отсто во споредба со една година претходно. Притоа е остварен извоз во вредност од 73,3 милиони САД долари, што е за 43,1 отсто повеќе отколку во 2010 година, додека увозното салдо изнесува 343,8 милиони САД долари, што е зголемување за 32,3 отсто во однос на 2010 година. Во меѓусебната размена на стоки и услуги евидентиран е негативен биланс на македонска страна од 270,6 милиони американски долари. Во размената најмногу во извозот се застапени текстилните материјали, мермерот и огноотпорна керамика, ферсицилиум, производи од железо и челик, сурови кожи и прехранбени производи, додека од Турција најмногу се увезуваат прехранбени производи, руди од никел, текстилни предива, ткаенини, облека, електрична опрема и во последно време бела техника. Затоа, во функција на унапредување на постојната соработка, коморите институционално, како мост меѓу двете бизнис-заедници, даваат

значаен придонес на тој план. Во таа насока, на Бизнис-форумот беше потпишана и Спогодба за соработка меѓу Стопанската комора на Менемен и Регионалната комора со седиште во Охрид. Венера Андриевска Борис Тримчев

ЗАФАТИ

Почеток на изградбата на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Индустриската зона „Жабени“ во Битола

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 20 МИЛИОНИ ЕВРА Делегација од Регионалната комора со седиште во Битола, предводена од претседателот Благој Стојчев, на 2 јули 2012 година присуствуваше на започнувањето на изградбата на најновата странска инвестиција во регионот, фабриката за производство на кабли за автоиндустријата, на германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Почетокот на изградбата го означи претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски. Присуството на Регионалната комора беше на покана на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, кој јавно им се заблагодари за поддршката на Владата на Република Македонија, но и на сите тие кои што помогнаа да се оствари идејата за Индустриската зона „Жабени“, меѓу кои се и претставниците од бизнис-секторот во регионот. Градоначалникот истакна дека покрај оваа странска инвестиција на „Кромберг и Шуберт“, во зоната досега успешно се реализира продажба на 60 % од парцелите. Досега се продадени 45 парцели на 26 инвеститори, односно 34 хектари од вкупното градежно земјиште. Битно е да се истакне дека инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“ која зафаќа 7 хектари земјиште, од кое над 22.000 квадратни метри ќе биде производствен комплекс, ќе изнесува 20 милиони евра. Меѓу останатите инвеститори се наоѓаат и локални компании од кои некои со вредност на инвестицијата од 1 милион евра. Министерот за странски инвестиции, Веле Самак, истакна дека оваа инвестиција, освен нови вработувања ќе овозможи и околу 100 милиони евра годишен извоз. Притоа, тој додаде дека процесот да се донесе „Кромберг и Шуберт“ во Македонија бил макотрпен и тој отпочнал уште во 2007 година. На присутните им се заблагодари и членот на управниот одбор на „Кромберг и Шуберт“, Мартин Пасерн, кој истакна дека причината за која Битола

е токму таа којашто е одбрана за оваа инвестиција е што има инфраструктура, квалификувани кадри и поддршка од општината. Премиерот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во својот поздравен говор ја истакна важноста на странските инвестиции во Македонија. Оваа нова инвестиција од 20 милиони евра и планираното вработување на околу 2.500 лица се битен фактор за индустријата во Битола, Прилеп, Ресен, но и за сите околни општини во Пелагонискиот регион, посебно за лицата со завршено средно образование, напомена премиерот Груевски. На свеченоста присуствуваа и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов. Меѓу присутните беа градоначалници и стопанственици од повеќето општини во регионот. М-р Никола Димковски

Page 14: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

Во Целје, Република Словенија

МЕЃУНАРОДЕН ТРГОВСКИ САЕМ

Европскиот информативен и иновативен центар во Стопанската комора на Македонија ве информира дека во рамките на Меѓународниот трговски саем во Целје, Словенија, на 13.9.2012 година, ќе се одржи Меѓународниот посреднички настан – „Словенија 2012“. Главни области на настанот што го организира Комората на занаетчиството и малиот бизнис, во соработка со Enterprise Europe Network се: обновливи извори на енергија, метална индустрија, пластика, дрвна индустрија, градежништво и електроиндустрија. Посредничкиот настан има за цел да ги иницира економската и технолошката соработка, како прадажбата и дистрибуцијата, лиценцни договори, заеднички вложувања, комерцијални договори со техничка поддршка - или економски истражувачки проекти со понуда за пред-договорни билатерални средби на компаниите. Доколку учествувате на настанот, ќе можете да сретнете бројни потенцијални партнери за соработка во еден ден – штедите време и пари наоѓајќи го правиот партнер; ќе можете сами да ги поставите темите на состанокот, со идејата која однапред ќе ја прикажете при барањето партнер и ќе можете истовремено да го посетите 45. Меѓународен трговски саем во Целје. Учеството на Посредничкиот настан е бесплатно. За регистрација на Б2Б посредничкиот настан или за дополнителни информации, посетете ја интернет-страната:

http://www.b2match.eu/slovenia2012 Контакт лице: Лазо Ангелевски, Тел: (02) 3244090, Факс: (02) 3244088, [email protected]

Oд 24 до 29 септември 2012 година, во Република Бугарија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА ВО ПЛОВДИВ Стопанската комора на Македонија ве поканува да учествувате на 68. Меѓународен саем за техника, што ќе се одржи од 24 до 29 септември 2012 година во саемските простории на Меѓународниот саем на Пловдив, Р. Бугарија. Меѓународниот саем за техника е еден од најголемите саемски настани во Југоисточна Европа и еден од најголемите индустриско-трговски форуми во Бугарија. Во специјално аранжиран павилјон по повод прославата на 120 годишнината од Првата бугарска земјоделска и индустриска изложба во 1892 година, која ги има поставено темелите на индустриските саеми во Бугарија, ќе има огромна медиумска покриеност и можност компаниите да се промовираат пошироко. На 68. Меѓународен саем за техника ќе учествуваат

водечки компании од следните дејности: машиноградба, автомобилска индустрија, транспорт, ИТ, софтвер производи, електроника и електротехника, градежништво, хемиска индустрија, енергетика и екологија. Учесниците ќе ги презентираат најновите иновации и движења во технологијата во рамките на следните меѓународни изложби: • AQUATECH – водостопанство и технологии; • AUTOTECH – транспорт и опрема за сервисирање на автомобили; • ELTECH – електроника и електротехника; • ENECO – енергетика и екологија; • INFOTECH – информативни технологии; • INTERMIN EXPO – рударска индустрија; • MACHINE BUILDING – машиноградба; • STROYTECH – градежни материјали, машини и технологии; • CHEMICAL INDUSTRY - хемиска индустрија; • MOTOR SHOW PLOVDIV – салон на автомобили.

Меѓународниот саем во Пловдив е одлична платформа за корисни бизнис-контакти, како за новоформирани, така и за познати компании.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 15: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

Предностите што се нудат на Меѓународниот саем за техника се: • учество од над 900 компании од 25 земји; • 47,165 посетители од 51 земја, вклучувајќи 89% бугарски и 11% странски посетители (во 2011 год.); • претприемачи и партнери сочинуваат 29% од трговските посетители, генерални директори - 11%; директори на оддели - 13%. Официјално учество е регистрирано од Австрија, Чешка Република, Словачка, Тајван, Грција, Турција, Јужна Африка и Ирак. Компании од Полска, Србија, Германија, Кина и Русија ќе учествуваат на заеднички штандови. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество како излагачи и посетители на саемската манифестација најдоцна до 10 септември 2012 година.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Огнен ГаревскиТел:++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Од 26 до 30 септември 2012 година во Црна Гора

MЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ВО БУДВА Во периодот од 26 до 30 септември 2012 година во Будва, Црна Гора, ќе се одржи еден од водечките саеми за градежништво. Традиционално учесници на оваа меѓународна саемска манифестација се производители и дистрибутери на градежни материјали, градежна столарија и галантерија, системи за вентилација, електро и енергедски уреди и др.. Понудата на Саемот опфаќа производи, проекти, инвестиции и нови решенија во областа на искористување на обновливи извори на енергија. Значаен сегмент на оваа манифестација го прават компаниите кои се занимаваат со производство и дистрибуција на мерни инструменти, регулациона и геодетска опрема, градежна механизација, како и производители на врати, прозорци, браварија и столарија, компании кои се занимаваат со проектирање и софтверски инженеринг, издавачи и продавачи на стручна литература. Работната платформа на учесниците на манифестацијата им овозможува да ги презентираат своите производи, зајакнување на соработката со клиентите, позиционирање на пазарот, унапредување на бизнисот, продажба на производи и услуги, анализа на конкуренцијата. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 16 септември 2012 година.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Огнен ГаревскиТел:++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Од 28 август до 1 септември 2012 година, во Република Бугарија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО ДОБРИЧ Еден од водечките меѓународни саеми за земјоделство ќе се одржи од 28 август до 1 септември 2012 година во Добрич, Бугарија. На површина од околу 12.000 метри квадратни, компаниите ќе имаат можност на исто место и во исто време да се сретнат со над 350 излагачи од Европа и пошироко и да остварат контакт со над 20.000 посетители од целиот свет. Ова претставува одлична можност за учесниците и самите посетители да се запознаат со најновите технолошки

достигнувања во светот. На Меѓународниот саем за земјоделие поканети се да земат учество сите оние кои се занимаваат со: • производство на големи и мали машини за земјоделството;• машини и опрема за прехранбената индустрија;• механизација и опрема за индустијата за преработка на храна. Присутните ќе имаат одлична можност да се запознаат со најновите производи, како лабораториски препарати и опрема за заштита на растенијата и семенските култури. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 17 август 2012 година.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Огнен ГаревскиТел:++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 16: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

Од 17 до 20 октомври 2012 година во Романија

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТЕХНИКА (ТИБ) ВО БУКУРЕШТ, РОМАНИЈА Во периодот од 17 до 20 октомври 2012 година, ROMEXPO ќе биде домаќин на 38. Меѓународен саем за техника (ТИБ) во Букурешт, Романија. Меѓународниот саем за техника во центарот ROMEXPO ќе се претстави заедно со Меѓународниот салон на пронајдоци (ИНВЕТИКА) и Меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, конвенционална енергија, опрема и технологии за нафта и природен гас (ЕЕЕ). 38. Меѓународен саем за техника е посветен на следните дејности: • металопреработувачки машини; • индустриски роботи и алатки; • пумпи, компресори, хидраулични машини и алати; • металургија и заварување; • електротехника, електроника и автоматика; • мерење и контрола на уреди и индустриски ИТ-софтвер; • комуникации; машини и опрема за обработка на пластика; • автомобилски инженеринг, транспорт и складирање. Минатата година ТИБ беше домаќин на над 10.000 посетители, со над 300 компании од 17 земји на 20.000 квадратни метри изложбен простор на којшто се презентираа компании со најнови технологии и машини. Оваа година ТИБ планира да обезбеди платформа за претставување на најновите технологии и техники за зголемување на квалитетот на производите и услугите по сектори и ефикасноста на специјализирани инвестиции во технологија и опрема. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество на Саемот најдоцна до 1 октомври 2012 година.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Огнен ГаревскиТел:++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Од 15 до 17.12.2012 година, во Република Турција

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТРГОВИЈА СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО АНТАЛИЈА Во периодот од 15 до 17 декември 2012 година, во Анталија, Република Турција, ќе се одржи 6. Меѓународен саем за трговија со овошје и зеленчук. Ова е единствениот меѓународен саем поддржан од сите турски увозни унии и провинциски дирекции за земјоделски култури, земјоделски комори и слични земјоделски асоцијации. На овој саем ќе се сретнат производители и трговци од целиот свет, кои ќе имаат можност за реализирање нови партнерства и да ги споделат последните технолошки достигнувања. Главни области на кои ќе се базира овој саем ќе бидат целосниот спектар на продукти и технологии поврзани со производство и трговија на земјоделски култури. Неколку причини зошто треба да се посети овој саем: • единствен саем во Турција специјализиран за трговија со овошје и зеленчук; • универзална B2B платформа – можност лично да остварите контакт со сопственици и менаџери на ресторани, хотели, дистрибутери и потрошувачи; • место каде што се разгледуваат и се решаваат актуелните индустриски проблеми; • место каде што се разгледуваат најновите технолошки достигнувања; • Anfaş Fesh не обезбедува само штанд, туку и можност за евалуација и истражување на земјоделските култури; • илјадници производи кои ги покриваат сите потреби на индустријата; • професионална национална и интернационална промоција на активностите;• средба со различни групи на купувачи (сопственици на супермаркети, хотели, асоцијации и други).

Ова се само дел од фактите зошто не треба да ја пропуштите можноста да бидете дел од овој саем!Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за учество на саемската манифестација најдоцна до 5 декември 2012 година.

Контакт: Ирена МојсовскаТел:++ 389 2 3244009

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

Контакт: Огнен ГаревскиТел:++ 389 2 3244040

Факс:++ 389 2 3244088E-адреса:[email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 17: БИЗНИС ИНФО бр.104 од 05.07.2012

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 5 јули 2012, Бр. 104

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија на прехранбени производи и бара да

увезува овошје и зеленчук.Валидност до: 21.10.2012 година

Компанија од Србија бара да откупува феферони, доматно пире и краставички од Република

Македонија во количина од 2 шлеперa.Валидност до: 22.10.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да пласира машини за ферментација на ѓубриво во Република

Македонија.Валидност до: 22.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара да увезува грав во суво зрно (шарен,бел и зелен) и свеж лук во пакување од

Република Македонија.Валидност до: 22.12.2012 година

Хотелот „Москва“ сместен во центарот на Белград во близина на плоштадот „Република“ има 124

комфорни соби и 6 луксузни апартмани опремени со стилски мебел, мини бар, кабловска ТВ и бесплатен

безжичен интернет. На приземјето има кафе - слаткарница и ресторан, ноќен клуб, банкет сали, гаража и паркинг, конференциски сали за бизнис-

состаноци и презентации. Опремени се со системи за аудио и дигитална видео-проекција, како и безжичен

Wi Fi интернет на 10Mbps брзина.Стручниот тим на готвачи на хотелот е подготвен да

помогне во подготовка на бизнис-ручеците.Контактирајте ги на :www.hotelmoskva.rs

Hotel „Moskva“, Belgrade, Terazije 20Tel: +381 11 2686 255Fax: +381 11 2688 389

Reservations: +381 11 3642 069E-mail: [email protected]

лице за контакт:Нада РодоичиќВалидност до: 22.12.2012 година

Компанија од Унгарија бара да откупува вишни и чоколадирани производи со вишни од Република

Македонија.Валидност до: 25.12.2012 година

Германска компанија бара соработка со производители на обувки во Република Македонија за пласман на сучен конец и други видови конци со

различна јачина, боја и дизајн.Валидност до: 25.12.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски

машини, кипери со една или 2 оски, булдужери „гигант„ садови за течни ѓубрива, автомати за биогас,

мешалки за бетон, миксери за цемент.Валидност до: 25.12.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со македонски производители на

земјоделски производи кои вршат продажба на територијата на Хрватска, а сакаат да ги складираат

во магацински простор.Валидност до: 25.12.2012 година

Британска компанија со седиште во Загреб заинтересирана е да инвестира во Охрид и во новиот

зимски туристички центар на Кожув.Валидност до: 25.12.2012 година

Чешка компанија е заинтересирана да пласира во Република Македонија уреди за локализација и

систем за следење и откривање каде што живеат лица во урбана средина.

Валидност до: 26.10.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со производители на зеленчук и овошје во Република

Македонија за извоз во Србија.Валидност до: 26.12.2012 година

Турска компанија бара соработка со македонски млекарници за плaсаман на најсовремени машини

за молзење.Валидност до: 26.10.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема и машини за

пекарници.Валидност до: 26.10.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со македонски компании во областа

на фотоволтаични системи, соларен термален инженеринг, силата на ветерот, биомаса, моќ на

водата, еколошка технологија и услуги.Валидност до: 26.12.2012 година

Компанија од Република Македонија заинтересирана е да пласира во земјите на Европската унија

гроздов мед - маџун кој е 100% природен производ добиен по традиционален домашен рецепт од најквалитетните видови грозје од Тиквешкиот

регион, без додаток на адитиви, конзерванси, шеќер, бои. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при нарушена функција на црниот дроб (жолтица, алкохолизам), инфекции на дишните

патишта, подобрување на крвната слика, психички нарушувања, подобрување на имунитетот. Содржи

гроздов и овошен шеќер, витамини (A, B1, B2, B3, B6, C, E, K), минерали (K, Na, Ka, P, Fe).

Валидност до: 27.6.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди стаклена амбалажа тегли и шишиња за прехранбената

индустрија.Валидност до: 27.6.2013 година

Компанија од Република Македонија бара соработка со компании во Европа кои би сакале да пласиираат

филц за изработка на медицински маски.Валидност до: 2.7.2013 година

Компанија од Италија заинтересирана е да најде партнер за соработка во заедничка изградба на

фабрика за стаклена волна и стакло во Република Македонија

Валидност до: 12.10.2012 година

Компанија од Шпанија бара соработка со фирми во Република Македонија во областа на металната

индустрија кои се занимават со механичка обработка, монтажа и заварување на наменски машини и делови . Изработката на опремата и

деловите ќе се работат по претходно направени скици и документи.

Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се занимаваат со продажба на

домашен текстил за пласман на хрватскиот пазар. Фирмата има свое царинско складиште што

овозможува директен реекспорт и пласман во нивните 50 малопродажни салони препознатливи

под нaзивот Family.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Црна Гора бара ангажман на градежни компании од Република Македонија за градење на

болница и туристичко село во Ирак со одобрен буџет од 500 милиони САД долари.

Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со текстилни фабрики кои произведуваат кошули во Република

Македонија.Валидност до: 13.12.2012 година

Компанија од Србија нуди современи типови на мешалки за бетон и уреди за рециклажа на бетон и друга опрема за подготовка на бетон и е заинтересирана да ги пласира во Република

Македонија.Валидност до: 13.9.2012 година.

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт: Мирјана КоцеваЕ-адреса: [email protected]

Тел:3244-035; Факс: 3244-088

PonudaPobaruva~ka