20
СМУГС Д-р Панче Караѓозов Анализатор за вид

Анализатор за вид 1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Анализатор за вид 1

СМУГС Д-р Панче Караѓозов

Анализатор за вид

Изработиле Ментор Ема Јовановска Нада ТерзиевскаМагдалена КрстевскаБилјана СтојковаЕмилија ЈакимовскаСара СтојановскаСара БанчотовскаГабриела БлажевскаХристинаТројановскаКатерина ТрајчевскаЈована Петковска

Page 2: Анализатор за вид 1

Анатомска градба на око

Окото е кружна кесичка со бистра жeлатинозна течност која се вика стаклесто тело, а е обвиткана со цврста надворешна обвивка која се вика белка на окото (sclera). Секое очно јаболко има пречник од околу 2,5 cm.

Делови на окото: Во состав на окото влегуваат

- очно јаболко - оптички нерв - помошни органи на окото

- Зеница: Таа се наоѓа на средина на шареницата и претставува отвор низ кој светлосните зраци влегуваат во окото. Кога светлината е слаба, зеницата се шири, а кога е силна се собира.

- Рожница: ја прекршува светлината која доаѓа во внатрешноста на окото.Taa e провидна ипупчена и нема крвни садови.

- Шареница: мускулно тело со кружна форма, ја контролира големината на зеницата со помош на два мускула кои влегуваа во нејзиноит состав.Може да биде во различни бои.

- Пигменти на шареница: ја одредуваат бојата на очите.

- Садовница: Или белка го гради поголемиот дел и е цврста нерастеглива и непроѕирна. Ги содржи крвните садови кои го хранат окото,на нејзината надворешна површина се наоѓаат мускулите кои го движат окото

- Спојница: тенка, кожена мембрана, ја одржува влажноста на окото.

Page 3: Анализатор за вид 1

- Очна водичка: воденаста бистра безбојна течност ја исполнува очната комора која се наоѓа зад рожницата. - Леќа: Е провидна и има форма на биконвенска леќа ја фокусира и прекршува светлината светлината.

- Стаклесто тело: Го исполнува најголемиот дел од очната празнина, изградено е од

желатинозна и пифтиеста материја обиткана со обвивка која ја пропушта светлината до мрежницата и ја храни ретината.

- Мрежница/ретина: Таа ја забележува светлината со помош на стапчињата и чепчињата.Во мрежницата се наога дискот на оптичкиот нерв низ кој поминува очнот нерв и жолтата дамка- точка на јасен вид каде што се создава јасна обратна слика на она што го гледаме.

- Цијалично тело: Се наоѓа помеѓу шареницата и садовницата и има форма на тристрано призматично тело.Тоа содржи цијаларни израстоци кои ја создаваат очната водичка.

- Крвни садови на мрежницата. - Очен нерв: Влегува во составот на оптичкиот пат и ги пренесува светлосните дразби до оптичката расрсница.

- Слепа дамкаМалечко, овално место на мрежницата каде очниот нерв излегува од окото. Тука нема стапчиња и чепчиња, па со овој дел од мрежницата не може да се гледа.

Помошни органи на окото - солзен апарат - очни капаци- фасција на очното очното јаболко- масно тело на очното јаболко

Мускули на окотоСекое око има по шест мускули кои го придвижуваат очното јаболко. Движењата на двете очи се ускладени, па затоа е невозможно да се гледа во два различни правца.Мускули:1). Горен прав: кон горе, кон внатре, во правец на стрелките на часовникот.2). Горен валчест: кон доле, кон надвор, во правец на стрелките на часовникот.3). Медијален прав: кон внатре.4). Бочен прав: кон надвор.5). Долен прав: кон долу, кон внатре, во правец спротивен на стрелките на часовникот.6). Долен валчест: кон горе, кон надвор, во правец обратен од стрелките на часовникот.

Page 4: Анализатор за вид 1

Физиологија на окото

Акт на гледање

Светлечките бранови од некој објект (како на пример дрво) навлегуваат прво низ рожницата (cornea) која се наоѓа на предната страна од окото. Потоа бранот продолжува низ зеницата (pupil), која го претставува кружниот отвор во центарот на обоената шареница (iris).

Големината на светлосниот бран ја менува големината на зеницата. Ако светлосниот бран е посилен, зеницата се смалува, а ако е помал се шири.На почетокот, светлосниите бранови се примаат право во рожницата, а потоа удираат во кристалната леќа, која се наоѓа позади површината на леќата. Во овој момент сликата станува обратна и превртена.

Светлината продолжува низ стаклестиот гел кој претставува околу 80% од волуменот на окото а потоа паѓа на фокусот на мрежницата (retina).Меѓу слоевите на мрежницата светлосните бранови се претвораат во електрични импулси а потоа се праќаат низ оптичкиот нерв до тилната кора на задниот дел од мозокот. Овде електричните импулси мозокот ги шретвора во визуелна слика.Ова всушност значи дека ние не гледаме буквално со очите туку со мозокот. Очите само го претставуваат почетокот на визуелниот процес.

Page 5: Анализатор за вид 1

Aкомодација на окотоНормалното око секој предмет јасно ќе го гледа доколку зраците што тргнуваат од набљудуваниот предмет ќе паднат во точка на јасното гледање на ретината Нормалното око Подеднакво ги гледа како блиските така и оддалените предмети. Приспособувањето на окото јасно да ги гледа предметите на различна оддалеченост од окото окото се нарекува акомодација.Акомодација се остварува со менување на полупречниците на закривеноста на очната леќа со што се менува и нејзината прекршувачка сила.Зраците од далечните предмети влегуваат во окото како паралелни зраци. Со испапчувањето полупречниците на закривеноста на очната леќа се намалуваат, а со тоа се зголемува прекршувачката сил, па така и овој пат зраците ќе се фокусираат на ретината.Механизмот на акомодацијата на окото зависи од контракцијата на цилијарниот мускул со што се менува закривеноста на сверните површини на леќата.Леќата се наоѓа во капсла која преку специјални влакна се прикрепува за цилијарното тело. Кога окото гледа одалечени предмети, влакната се затегнати а леќата е максимално сплоштена . При контракција на цилијарниот мускул влакната се олабавуваат леќата се ослободува од влијаењето на силите на истегнување и благодарение на еластичноста си ја зголемува сферичноста , а со тоа и прекршувачката сила.

Најблиска и најоддалечена точка на јасно гледање и широчина на акомодација.Најодалечената точка на јасно гледање представува најголемо растојание од кое окото јасно ги гледа предметите без да акомодира.За нормалното око се наоѓа растојание од 6 м до бесконечноста. Најблиска точка на јасно гледање е најблиско растојание. Punctum proximum зависи од прекршувачката сила и еластичноста на леќата. Широчината на акомодацијата претставува раздалеченост меѓу најблиската и најодалечената точка на јасно гледање. На 70-75 годишна возраст леќата ја губи својата еластичност а со тоа се губи и

Page 6: Анализатор за вид 1

способноста на окото да акомодира. Со намалувањето на акомодационите можности на окото, најблиската точка на јасното гледање се одалечува od окото. Взаемната поврзаност меѓу возраста и најблиската точка на јасно гледање, е изразена во сантиметри.

Адаптација на светло и темно

Прилагодување на окото да гледа при различна осветленост се нареркува адапта ција.Ако излезема од темна просторија надвор, на силна светлина во почетокот пот полно сме заслепени, се чуствува дури и непријатна болка во очите, меѓутоа, сето тоа брзо поминува, очите се адаптираат на силна светлина и ние можеме повторно да гледаме.Адаптацијата на светлото трае 2-3 минути.Заслепеноста што се јавува во првата фаза се должи на прекумернотро и брзото распаѓање на видниот пурпур родоспин. При преминувањето од светла во темна средина човекот во почетокот ништо не гледа , но по извесно време можат да се зсабележат контури на околни предмети . Полната адпција на темно трае повеќе од 45 мин. . Кога е окото адаптирано на темно чувствителноста на стапчињата е зголемена за 200-400 пати. Адаптацијата на окото на светло и темно се опредекува со специјани апарати – адаптомери.

Фотохемиски процеси

Во рецепторните клетки на окото постојат хемиски материи кои под влијание на светлосната енергија се разградуваат и при тоа сездаваат нервен импулс што по нервен пат се носи во централниот дел на анализаторот за гледање во кората на големиот мозок. Во стапчињата е присутен пигментот родопсин а во чунчињата е јодопсин.Во составот на двата пигмента влегува коротиноиден пигмент ретинет (алдехидна форма на витаминот А). Родопсинот се состои од ретинет и скотопсин, а јодопоинот од ретинет и опсин.На светло подвлијание на светлосните зраци од родопсинот се разлага на ретинет и скотопсин, а во темнита тој се

Page 7: Анализатор за вид 1

ресинтетизира од скотопсинот и ретинетот. Ретинетот се добива од витаминот А, по пат на ензиматско дејствување. Доколку во организмот недостасува витаминот А, тогаш ресинтезатана родопсинот се нарушува,што доведува до појава позната како кокошкино слепило.Кај ваквите луѓе гледањето во приквечерина е силно намалено.Родопсинот исто така се разрушува под влијание на светоста и повторно се синтетизира во текот на ноќта . Распаѓањето на јодпсинот во споредба со родопсинот е 4 пати побавно.За пренсување на импулсите во ретината одговорни се следниве клетки : билополарни,хоризонтални,амакрини и ганглиски.

Колорно гледање.

Човекот е во можност да разликува голем број на бои.Денес се смета дека вво нашето око постојат три типа фотосензабилни чунчиња коипримаат при основни бои црвено,зелено,сино-виолетово.На електромагнетните бранови со бранова должина од 430nm , реагираат чунчиња одговорни за создавање на чувство за сина боја.Зелената боја се чувствува кога дејствуваат бранови со бранова должина од 535 nm, а црвената се чувствува при бранова должина од 575 nm.При еднакво и едновремено дразнење на чунчињата за сина,зелена и црвена боја се гледа.Поради ова својство, за потрачјето на папилата на оптичкиот нерв се употребува терминот слепа дамка (macula coeca) . Во жолтата дамка ( macua lutea)има само чунчиња. Централниот дел од жолтата дамка е fovea centralis. Ликот формиран во неа се гледа јасно.

Патологија на анализаторот за вид

Рефракциони аномалии/еметропии : миопија, хиперметропија и асигматизам за кои е заедничко тоа што прекршените зраци се сечат во една точка(фокус).

Миопија/кратковидост Кај миопното око очното јаболко е подолго од нормалното.Светлосните зраци одкако ќе се прекршат се сечат во фокусот пред ретината.Јасниот лик се формира во стаклестото тело пред ретината.На ретината неговиот лик ќе биде нејасен.Оваа рефракциона аномалија на окото се корегира со употреба на растурни леќи.

Хиперметропија/далековидостКај хиперметропното око очниот булбус е покус во споредба со нормалното.Ликот од предметот се формира зад ретината.Аномалијата се корегира со носење очила со конвексни леќи.

Page 8: Анализатор за вид 1

МИОПИЈА ХИПЕРМЕТЕРОПИЈА

АсигматизамВо случај на астигматизам, една или повеќе површини на рожницата или леќите (делови од окото кои ја фокусираат светлината) немаат сферичен облик туку се цилиндрични. Како резултат на оваа промена не постои определена точка на фокусирање во внатрешноста на очното јаболко туку има раширен фокус. Астигматизмот е најчестата промена во очите.

Презбиопија

Пресбиопија - вид „после 40“ (presbyopiа)

На возраст од над 40 години, и најизразено после 45 години, човечкото око е подложно на појавата на пресбиопија. Оваа природна појава резултира со потешкотија при фокусирањето на блиско растојание иако окото гледа јасно на поголеми далечини.Пресбиопијата е предизвикана од смалувањето на флексибилноста на кристалните леќи, а воедно и од слабеењето на мускулите кои го контролираат фокусот на леќите. Двете причини се природна појава со текот на стареењето

Аномали за боја

- Протанопија- Кога во ретината недостасуваат чунчиња за црвена боја настанува протанопија а за човекот велиме дека е протаноп

- Деутеранопија- Кога во ретината недостасуваат чунчиња за зелена боја

Page 9: Анализатор за вид 1

- Тританопија- Кога во ретината недостасуваат чунчиња за виолетово-сина боја

Трахома

Хроничен конјуктивит причинет од инфекција Chlamydia trachomatis, која се пренесува преку допир или муви. Во раната фаза има типични симптоми на конјуктивит кој доведува до создавање на лузни на внатрешноста на очниот капак. При понатамошното напредување на лузните дава дисторзија на очниот капак (свртување на трепките навнатре) кои почнуваат да ја гребат корнеата (рожницата). Сето ова доведува до појавата на „суво око“ кое на крајот доведува до слепило.

ТРАХОМА

Page 10: Анализатор за вид 1

Конјуктивитис: воспаление на спојницата. Предизвикува црвенило, иритација и секрет.

КОЊЈУКТИВИТИС

Катаракта

Катаракта представува заматување на леќата на окото што доведува до слабеење на видот Називот потекнува од грчкиотзбор Katarasso што значи водопад бидејќи предниот дел од зеницата е бел како водопад.

Постојат многу причини за настанување на катаракта.Кај децата може да се појави како развојна аномалија или како последица од некоја инфекција кај мајката во бременоста. Тоа е вродена катаракта.Повредата на окото дијабетес зрачење или долго земање на некои лекови можат да доведат до појава на секундарна катаракта Најчесто настанува кај старите луѓе како последица од стареењето и се вика старечка катаракта Таа претставува 90% од сит катаракти. Обично настанува после 60 година а причината за појавувањето се уште е непозната. Проблемот е најверојатно во метанолизмот на леќата.Фази на болеста се: почетна, незрела, зрела и презрела. Кога катарактата станува целосно бела се вика зрела катарактаТогаш причинува целосно губење на видот и болки во окото Најважен симптом на катарактата е смалена оштрина на видот. Почетна катаракта доведува до мао оштетување на видот. Интензивната катаракта доведува до заматен вид а зрелата до слепило.Други симптоми на катаракта можат да бидат жолтеникава пребоеност и благо светкање(како да се гледа преку жплт филтер) и дупла слика. Некогаш болните во поцетната фаза катаракте, приметуваат дека видот од близу е подобар зошто со катарактата се зголемува

Page 11: Анализатор за вид 1

прекршувачката моќ на леќата.Сите симптоми можат да бидат почеток и на некоја друга болест поради што мора да се посети лекар. Докажано е дека шансите за разбој на катаракта се помали ако се јаде добро избалансирана храна ако се лечи дијабетесот и не се изложува на ултравиолетово зрачењеЛечењеБидејќи не се знае точниот причнител за катаракта може да се рече дека нема лек кој сигурно ке ја спречи појавата или ќе ја разбистри леќата. Кога е во почетна фаза носењето очила односно промена на диоптријата може да помогне. Во некои случаи може да помогне проширување на зениците со капкиКога ни промена на диоптријата на очилата и капките не помагаат мора да се изврши операција.Оперативното лечење подразбира вадење на катарактата од окото Во повеќето случаеви истовремено се врши и вградување на вештачка леќа во окото.Вештачките леќи ги има во сите диоптрии. Пред операцијата лекарот мора да направи испитувања за да се утврди точната диоптрија. Вечтачката леќа не се чувствува ниту се гледа и со вградувањето станува траен дел од окото. Меѓуоа кај некои пациенти не може да се вграду леќа во текот на операцијата и затоа тие мораат да носат котактни леќи или очила.

Глауком

Глауком е заболување на очниот нерв, кое се јавува поради покачен очен притисок и слаб доток на крв во окото, со карактеристични промени во видното поле.

Примарен хроничен глауком со отворен агол е најчестиот тип глауком. Тој е опасен бидејќи не дава индикации дека нешто се случува, се додека не доведе до комплетно губење на видот. Навременото откривање на заболувањето е многу важно за да се спречи губењето на видот. Покачувањето на очниот притисок обично е бавно, окото делумно се навикнува на него и можно е пациентот да не забележи ништо, а очниот нерв постепено да се оштетува.Акутен глауком е подраматичен и поредок тип глауком. Некои очи имаат поплитка очна комора, што го отежнува истекувањето на очната течност, тврдото око станува болно и црвено, со проширени крвни садови. Видот поради тоа се влошува, и пациентот гледа бои на виножито околу светилките. Видот може да се изгуби заради прекин на циркулацијата на нервот. Ако со лекување се намали очниот притисок, во почетокот на заболувањето видот може да се поврати, а, во спротивно, може да дојде до комплетно губење на видот. Ако има почесто појава на непријатности во очите со главоболка, ослабување на видот најчесто навечер, појава на кругови околу светлото, потребно е да се направи очен преглед. Симптомите обично исчезнуваат со спиење, но може и да се повторат и да завршат со акутен напад и болка.

Page 12: Анализатор за вид 1

Хроничниот глауком се јавува најчесто кај постари мажи, а акутниот кај жени во средна возраст. Ако постои фамилијарна наследност, може да се јави и порано.Зошто пациентите со глауком не ги забележуваат дефектите во видното поле? - Постојат две причини за ова: или бидејќи едното око го дополнува другото или бидејќи дефектите не се во центарот на видното поле. Најчесто и напреднат стадиум на болеста останува незабележан поради помош од здравото око. Што се случува ако хроничниот глауком не се третира? - Пациентот гледа со стеснето видно поле и на крај го губи видот комплетно. Може ли да се ослепе од глауком? - Ако се открие на време и третира редовно, постои помал ризик за тоа. Но напреднати случаи и покрај терапијата може да го изгубат видот. Како се лекува? Акутен глауком - Целта на лекувањето е со капки, таблети и инјекции да се намали водичката во окото, со цел да се намали притисокот на нервот. Потоа е потребно да се направи мал отвор со ласер што го отвора аголот на предната комора. Хроничен глауком - Лекувањето на глаукомот се врши со капки и со таблети за долготрајно лекување. Ласерски третман се прави кога третманот со капки не е доволен. Третманот е безболен и трае само неколку минути и пациентот веднаш си оди дома. Ако ласерот не е доволен за контрола на притисокот, потребно е да се направи операција. Со операцијата (која се врши на белката под горниот капак) се прави процеп за истекување на очната водичка. Може ли де се поврати изгубениот вид? - Нагло губење на видот кај акутен глауком бара итно болничко лекување и видот се враќа, а, во спротивно, може да доведе до дефинитивно губење на видот. Кај хроничниот глауком, кој е побавен, терапијата спречува понатамошно пропаѓање на видот, а тоа што е оштетено веќе не се обновува. Затоа е многу важно РАНО ДА СЕ ОТКРИЕ болеста и да се почне со нејзино лекување. Колку е опасна операцијата на глауком? - Погрешно е верувањето кај пациентите дека со операцијата се губи видот. Напротив. Со тоа се обезбедува сочувување на видот.

Корекција на видотЛеќиЛеќите можат да бидат оптички вградени во очила или да се носат дирекно на окото како контактни леќи.

Корективните леќи се конструирани за корекција на видот. Кај многу луѓе постои несовпаѓање на рефтракционата способност и длабочината на окото. Леќата ги неутрализитра таквите несовпаѓања и овозможува светло во фокусот на ретината. Болести кои се корегираат со употреба на леќи се миопија хиперметеропија асигматизам и

Page 13: Анализатор за вид 1

презбиопија.Контактните леќи обично мора да се отстранат од окото секоја ноќ или на неколку дена во зависност од нивниот вид.Во последно време расте интересот за ортокератологија ноќна корекција на миопијата без да се носат леќи преку ден.

Корисниците на контактните леќи може да се поделат во две групи, едните се оние со мака - намален вид, а другите се незадоволните.Правилото е еднакво за сите: Не смеете да дозволите да купувате леќи без консултација со доктор.

Најчесто девојките незадоволни од бојата на своите очи, акцијата за промена ја започнуваат сами без консултација со офталмолог. Истото се случува и со оние девојки што не можат да поднесат да носат очила бидејќи се срамат, стаклото на очилата е премногу дебело, имаат убави очи, а очилата им ги покриваат...причините може да бидат најразлични.

КОЈ МОЖЕ ДА НОСИ КОНКТАКТНИ ЛЕЌИ?Скоро секој! До пред извесно време постоеше категорија на пациенти контраиндицирани за носење контактни леќи. Но самата еволуција на леќите ги направи достапни скоро за сите, а најмногу на тоа се израдуваа спортистите кај кои слабиот вид често беше причина да не се занимаваат со омилената професија.

Развојот на леќите е дотаму стасан, што денес пациентите слободно може и да заспијат со леќите на себе. Сето тоа благодарение на зголемениот индекс на пропустливост на кислород. Токму тој индекс ја диктира цената на леќата и времето дозволено за пациентот да ги носи без одмор. (денес има леќи со кои можете да преспиете една ноќ, но има и такви што се носат во континуитет од 30 дена

СТАРОСНА ГРАНИЦА...Старосна граница за носење контактни леќи не постои . Леќи може да носат и децата, се додека се свесни и одговорни во врска со нивното чување, а тоа подразбира вадење на леќите пред спиење, чување во специјална кутија со течност, редовно менување на течноста... и задолжителна годишна проверка на видот.

НЕГА НА КОНТАКТНИТЕ ЛЕЌИ...

Доколку ги следите упатствата за чување на вашиот тип на контактни леќи, нема зошто да се плашите од инфекција.

Page 14: Анализатор за вид 1

Чисти раце... пред нанесување на леќите, мијте ги рацете бидејќи тие се наголемите пренесувачи на бактерии што може да предизвикаат иритација или инфекција.Стерилизирање на кутијата... барем еднаш во неделата, стерилизирајте ја кутијата во која ги чувате леќите.Чистете ги леќите... со специјалните капки, секогаш кога ги видите и пред да ги ставите и задолжително чувајте ги во кутијата.

За пациенти кои патат од дефциенцја на боите е направена посебна леќа X-Chrom. Овој тип на леќи бомага но неможе целосно да го врати видот за бои. Меките леќи често се користат во лечење на не-рефракторни пореметувања на окчите.

Занимивости

* Повеќето луѓе трепнуваат околу 15 пати во минута.* Приближно едно од 30 лица е слепо за бои. Оваа болест е почеста кај мажите отколку кај жените.* Најдобриот фотографски апарат е барем 1000 пати помалку чуствтелен отколку човечкото око.* Очите на мажите се околу 0,5 mm. поголеми од очите на жените.* Морковот ни помага да гледаме во темница - содржи витамин А, од кој се состои хемиската материја чувствителна на светлина која се наоѓа во стапчињата.* Човечкото око е толку чувствително, што може во темница да види запалена свеќа на оддалеченост од 1,6 километри.* Телото создава вишок на солзи во силни емоционални ситуации. Никој не знае зошто всушност луѓето плачат.

Витамни за подобар вид

Витамин А

Page 15: Анализатор за вид 1

Морковите се богати со витаминот А, кој е од суштинско значење во превенцијата на многу болести поврзани со очите и видот. Недостатокот на овој витамин доведува до чувство на суви очи, потечени очни капаци, воспаление и други болести, а може да доведе и до слепило. Затоа јадете зеленчук и овошје кои имаат црвена, портокалова и жолта боја бидејќи тоа содржи бетакаротен, кој телото подоцна го претвора во витамин А.

Витамин ЦВитаминот Ц помага при спречување на очни болести како на пример сивата катаракта. Тој се содржи во шумското овошје и спанаќот. Пушењето, загадениот воздух и слично може да влијаат на апсорпцијата на витамин Ц. Преработената, конзервирана храна го уништува витаминот делумно, па затоа важно е заленчукот и овошјето да се консумираат свежи.

Витамин ЕОвој витамин помага во спречување на дегенерација и катаракта. Витаминот Е се наоѓа во оревите, сончогледот и друго. Уживајте во хранливи продукти богати со витаминот Е, и не заборавајте дека за здрави очи потребна е редовна доза на антиоксиданси.

Извори:- ФАКТОПЕДИЈА - илустрирана енциклопедија- Клиничка Медицина - Чарлс Д. Форбс & Вилијам Ф. Џексон- www.tedmontgomery.com/the_eye/- www.notformen.mk