20
ЦРНОБЕЛО форумски весник издание бр.1 / август 2014

Издание бр.1

  • Upload
    -

  • View
    247

  • Download
    9

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Август 2014

Citation preview

ЦРНОБЕЛО форумски весник

издание бр.1 / август 2014

КАКО ЗАПОЧНА СЕ

Се започна на 7 мај 2012 година кога Frank и Sarah

дојдоа до идеја да се создаде форумски весник.

Весник во чие создавање ќе учествуваат форумџиите

од ЦБ форумот.

Овој предлог предизвика голем интерес кај

ЦрноБелите. Голем број членови се пријавуваа,

даваа предлози, дури и имаше и такви кои се караа

за тоа кој за што да биде.

Sarah збунета дури почна да ги расподелува кој за

што да биде, а по нивно барање дури и состави

форумски алманах.

Големо значење имаа и предлозите на членот

ShakaZulu, кој даде предлог за тоа како да изгледа

дизајнот на весникот, по примерот на деветте броја на

друг познат магазин.

Но ЦрноБелите недоволно технички подковани

содржината на весникот ја истурија во посебна тема,

тема која значеше крај на весникот. Ова беше и еден

тажен период, период кога некои од ЦрноБелите заспаа.

Но убаво рекле, надежта последна умира.

На 26 јули 2014 година Makedonec даде предлог

весникот повторно да се врати во живот.

Поголемиот број членови беа ЗА, но имаше и такви кои

беа ПРОТИВ.

Се состави и тим кој се реши со сите сили да го врати

весникот. Makedonec, Outrider, Lena и Soldener со

сите сили напорно работеа да го вратат весникот во

живот, но целта не им беше само да создадат весник.

Целта им беше да ги разбудат заспаните, да ги соберат

активните на едно место и да ги повикаат останатите да

му се придружат на овој форум!

ИНТЕРВЈУ СО ЧЛЕНОВИТЕ Конечно место каде што секој форумџија може да го

запознаеме одблиску, па затоа за првиот број на ЦБ

весникот направивме интервју со неколку Црнобели.

Пиејќи го црнобелото кафе ние им поставивме неколку

прашања, а тие одговорија на нив...

Kisserboy 1. Како дозна за форумов и што те поттикна за да се

регистрираш на истиот? - Случајно ми текна да се регистрирам на

еден од форумите од Македонија и решив

тоа да биде ЦБ..сите беа на кајгана ама јас

секогаш сум посебен и свој и решив на овој

онака ми текна немаше некоја посебна

причина. Исто и овој ми беше прв профил

на еден форум.

2. Во кој подфорум Kisserboy

поминува највеќе време и зошто? - Па, нормално Црнобело-форумот затоа што е најзабавно и овде

луѓето се најблиски и најдружољубиви и кога имаш проблеми знаат

да те советуваат, ако не поќе барем во ПП

3. Вие опишани низ 5 збора. - Лично - голем љубовник, дружољубив, забавен, реален и

интуитивен

- Пријателите - љубовџија , дружољубив, агресивен, инаетчија и

згоден(вака ме гледа женската популација ) hehe

4. Дали Kisserboy е иста личност како на форумов така и во

приватноста? - Па да, не потполно, но скоро иста личност.

5. Со кои членови на форумов си го имаш муабетот, а со кои

кавгата? - Хаха, муабетот најпоќе си го имам со Гемини(љубов е причината),

МалиСашко (дечко кој шо мие пријател и имаме исто мислење за

работите) и со Солднер имаме исто мислење за некој работи.

- Кавга имам со existence и |o$y(|-|0$0(|@l едноставно шо и да

напишиш не чини и се големи критичари и ми газат на нерви.

6. Дали се имаш запознаено со некои членови не само на

форумов, туку и во реалноста? - Не но ќе биди наскоро бидејќи немав прилика

7. Случка на форумов која никогаш нема да ја заборавиш?

- Пуштењето на љубовни гифови со Гемини и Бедгрл

8. Кое било твоето најдобро, а кое најлошо искуство на

форумов? - Па добро беше тоа што научив некој нови работи, бев секогаш

уверен дека сум секогаш во право (затоа и пријателите мислат дека

сум инаетчија) ама овде се уверив дека навистина не сум во право за

некои работи и мислам дека тоа треба да е добро искуство за мене,

ЛОШО - караниците со |o$y(|-|0$0(|@l хаха затоа добив казнени.

Сите се од него

9. Ако би бил бар еден ден адиминистратор на форумов што

би направил? - Сите шо ме нервирале би ги отстранил од форумот ахаха ете тоа би

го направил. Секако дека би додал повеќе забава да има некој

подфоруми за подобро запознавање на членовите и сл. Пи поправил

само едно да не се даваат за џабе казнени поени и скринот би го

направил по темен оти ова белото искрено ми ги вади очиве

ххаха..

10. Вашата порака до останатите членови. - БИДИ СВОЈ/А

Mameha

1. Како дозна за форумов и што те поттикна за да се

регистрираш на истиот? - Дознав случајно, чепкав на црнобело читав и

го видов, а се регистрирав од чиста досада,

занимација.

2. Во кој подфорум Mameha поминува

највеќе време и зошто? - Сега послабо седам на форумов, така да не

знам кој да го издвојам.

3. Вие опишани низ 5 збора. - инает, тврдогава, ледена, темпераментна, емотивна

4. Дали Mameha е иста личност како на форумов така и во

приватноста? - да истата

5. Со кои членови на форумов си го имаш муабетот, а со кои

кавгата? - со оние со кои се имам лично запонаено, и со други кои не се

активни сега на форумот, а кавга со никој

6. Дали се имаш запознаено со некои членови не само на

форумов, туку и во реалноста? - се имам со Aleksis, Frank, Zmajce, Womaninred

7. Случка на форумов која никогаш нема да ја заборавиш? - нема некоја посебна, на почетокот ко се зачленив во форумот

наидив на судир со член од друга верска припадност заради моето

мислење за нив, не тоа, колку и непотребните казнени поени кои беа

без причина а требаше другиот член да ги добие

8. Кое било твоето најдобро, а кое најлошо искуство на

форумов? - напишав погоре, јас го напишав моето мислење, како и ситуацијата

која е таква која сите ја знат, а тој друг член почна со навреди, а

администраторт мене ме казни "правда "

9. Ако би билa бар еден ден адиминистратор на форумов

што би направил? - само би постапувала правилно, би давала казнени поени на тој шо

треба, а не без потреба да казнувам некого, едноставно би била

праведна

10. Вашата порака до останатите членови. - моја порака до останатите членови дека "Без разлика што се

случило денес, утре е нов ден."

Soldner

1. Како дозна за форумов и што те поттикна за да се

регистрираш на истиот? -За форумов дознав додека читав секакви работи на црнобело.

Бидејќи не сум бил член на друг форум затоа прво го читав форумов

како гостин и по некое време решив да се

регистрирам, ми се виде интересно и ете ме.

2. Во кој подфорум Soldner поминува

највеќе време и зошто? - Спорт и Филм дефинитивно. Спорт сакам

премногу а и скоро сите спортови ги пратам, па

пола од мислењата ми се во тој подфорум .

Штета што не е многу активен ама супер си е. За

филм исто така, не гледам секој ден филмови ама

сакам да го читам подфорумот.

3. Вие опишани низ 5 збора.

- Срамежлив и инает хаха , само тоа ќе кажам . Можеби вака на

нет не се приметува но во живо ќе се примети.

4. Дали Soldner е иста личност како на форумов така и во

приватноста? - Секако дека да. Нема потреба од глумење, ме нервираат луѓе кои

глумат.

5. Со кои членови на форумов си го имаш муабетот, а со кои

кавгата? - Па со сите што коментираат во спорт, ми изгледаат како паметни

дечки . Би ја спомнал и Хоуп ама она послабо е на форумов.

Не сум се карал со никого до сега, така да немам некој со кого сум

во лош однос.

6. Дали се имаш запознаено со некои членови не само на

форумов, туку и во реалноста? - Не се имам запознаено со никој од форумов. Причината е

одговорот на третото прашање хаха.

7. Случка на форумов која никогаш нема да ја заборавиш? - Хм па нема нешто што би издвоил сега почнав да бидам поактивен

на форумов, порано послабо пишував, така да нема нешто што ми

останало во сеќавање.

8. Кое било твоето најдобро, а кое најлошо искуство на

форумов? - Има многу работи што сум ги научил од разни подфоруми, не

можам да ги пишам кои се, ќе ми треба цел ден хаха .

Јас добивам казнени заради глупи членови, ме нервира кога некој ќе

отвара глупи теми или нема да знае да пишува, ама нема врска јас си

ги сакам казнените поени .

9. Ако би бил бар еден ден адиминистратор на форумов што

би направил? - Би го банирал вистинскиот админ и така би останал само јас хахах

.

Би направил подфорум во Спорт во кој ќе ги ставам Фан клуб

темите. Друго не ми текнува, изгледа само тоа би било.

10. Вашата порака до останатите членови. - Бидете поактивни, пишувајте кирилица и не отварајте глупи теми

хаха.

ФИЛМСКИ РЕЦЕНЗИИ За овој месец Црнобелите изгледаат повеќе филмови

одколку што го посетија форумов. Но позитивната

страна на сето тоа е тоа што тие пишуваа рецензија за

нивниот последно гледан филм. Како најдобра рецензија

за овој месец, тимот на ЦБ весникот ја избра

рецензијата на Viktor K.

Transporter 1 , 2 & 3

Решив да ги изгледам сите три за да видам што како е

Добар онака филмски и за тепање време инаку не

ми фати око баш поради она филмското во него

коли без гребаници , а рушиш ѕидови.... Френк е

транспортер кој врши испораки на пакети според

време , тежина и без прашања , имиња и никогаш

не го отвара пакетот...

Онака 6/10. War Карфур и Роџи се партнери во ФБИ при една акција

бркајќи еден криминалец Роџи ќе му го спаси животот. Партнерот на

Џек неколку дена потоа ќе биде убиен , а се укажува на тоа дека тоа

го сторил истиот што го убија. Дејството продолжува 3 години

подоцна кога криминалецот пак дејствува , а Џек бара одмазда...

Солидно филмче 7/10.

Celular Џесика Мартин ќе биде киднапирана , по случаен избор на броеви ќе

му се јави на Рајан кој е еднствениот спас од нејзините киднапери

кои се полицајци. Добар филм за тепање време 7/10.

Gone in Sixty Seconds Мислам дека ретки се филмови со Николас кои може да кажеш дека

се лоши Мелфис е најдобриот крадец на автомобили кои се

повлекол и живее мирен живот се додека неговиот брат Кип не

западне во неволја , па тој ќе мора да украде 50 автомобили во рок

од 3 дена. Јако филмче 8/10.

КАТЧЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ

Место каде што секој месец ќе бидат прогласувани: топ 5

Црнобелџии, топ 3 теми и топ 5 мислења. Место создадено

со цел да се подобри квалитетот на дискусиите на форумот.

Секој член посакува да се најде на ова место или пак на ова

место да се најде неговото дело, но тука нема да биде

сместен било кој, туку само најдобрите. За да си најдобар не

треба да имаш најмногу допаѓања или мислења, туку треба

она што ти ќе го понудиш да допринесува за форумов т.е. да

има свој квалитет.

ИЛИНДЕН Илинден или денот на Св. Илија е голем Македонски

национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август

Илинден има посебно значење за историјата на Македонскиот народ

заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во

1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на

АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со

патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден

еден од најбитните празници во Македонија. Илинденското востание е востание против Отоманската

империјаорганизирано од страна на ТМОРО и претставува еденод

најголемите и најзначајните настани одМакедонската историја. По

подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август

1903 година на православниот верски празник Св. Илија - Илинден

започнало Востанието. Ова востание е познато како Илинденско,

според денот на започнување. На почетокот најануари 1903 година,

Централниот комитет на ВМРОдонел решение да се крене востание

летото истата година, иако за тоа немало поволна внатрешна и

надворешна ситуација во Македонија, особено што на решението се

спротивставиле неколку угледни револуционери, меѓу кои најпознат

бил Гоце Делчев. Најжестоки борби се воделе кај селото Езерец

меѓу 300 востаници и 2.000 османлиски аскер. Востаниците

постигнале значителен успех и во Охридскиот револуционерен реон.

Таму најжестоки востанички акции се воделе во Малесија, во Горна

и во Долна Дебарца и на други места. Исто така, во Преспа имало

жестоки борби со османлискиот аскер. Востаниците постигнале

успех во Демирхисарско и во Кичевско, каде што биле ослободени

повеќе села.

ЛЕТЕН ОДМОР Дојдоа летните одмори, дојде жешкото, дојде времето кога

треба да се одмориме. Како секој човек така и Црнобелите

ова лето размислувале каде да одат на одмор, со кој, дали да

ги варосуваат ѕидовите, кога да го земат годишниот одмор...

Па затоа ние се решивме да ги дознаеме нивните планови,

па им го поставивме прашањето ,,Каде летово на одмор

и со кого?”

|o$y(|-|0$0(|@|

- Со девојка ми .. на некое местенце на мир и тишина

BlackTulip

- На одмор бев во Охрид , добро поминат викенд , го

поминав со саканата личност

Swatkata - Лептокарија

Coci8

- Бев во Одеса во Украина,си поминав прекрасно

Mjolnir - Летово нема да одам никаде на одмор како и секоја

година (?!) затоа што задоволството многу брзо ми

поминува, доволно ми е еден ден... и толку.

Онака можеби на крајот ќе претрчам до Охрид/Претор и то

е то за летово.

ПИВО ФЕСТ ПРИЛЕП 2014

Годинава на 17, 18, 19 и 20 јули се одржа дванаесеттото

издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

или уште познат под името Пиво Фест. Дел од

програмата беа Даниел Кајмакоски, Тијана и Тамара,

Joke, Тони Цетински, Јелено Розга и многу други

познати музички имиња. Но дали може да помине еден

настан без присуството на Црнобелите ----- НЕМОЖЕ----

-, затоа тие што беа ни кажаа како помина

овогодинешниот Пиво Фест во Прилеп.

МалиСашко - Годинава „фестивалот“ беше ко селски панаѓур...

Не замерувам ништо за музиката, секој со свој стил така да нема што

да судам тука....

Едно што ќе зкажам - беше премногу еднородна... треба и за

мангупи, и за деца и за сељаци да има...

Лош момент ми беа оскудните тезги. Лоша понуда на храна,

недоволно капацитет за да се пречека народот, нехигиенски услови

потполно.

Сето беа некои месни индустрии и ситни ресторанчиња, немиени

препотени касапи кои продаваа полупечени кебапчиња. Храна што

не стрви!

На одредени штандови имаше и упорни певаљки иако музиката од

бината пола ги препокриваше.

Првите неколку пати иако беше полоша програмата имаше многу

подобра понуда на храна за мераклии. Лесковачка скара, кебапчиња

во лепиња... ги вади топли од скара, зачинети, мрсни.... кромитче во

киселинка... абе мерак да ти е на душата! Секое дуќанче имаше тезга

со скара пред него... А сега?

Секое ќоше - паркинг платен!

Паркинг - 100 денари... Аман бре луѓе, крстени сте вие? На

среде улица ја оставам и плаќам дупло од катна гаража...

Болничарите пред тоа пунктовите напиени - резил за работата што

треба да ја работат...

Тупо...

Mameha - Добро до кога ќе плукате на нешто шо го имаме во

државава. Музика секогаш има различна за сите по малку, сега

ти ако си бил во една вечер то е друго.

Јадењето за пиво фест, како и за други такви манеифестаци, се

знае какво е, какво месо може да биди, и дека тоа месо не е баш

препорачливо за јадење, јас никогаш не јадам, поубавао некој

друг ден ќе јадам скара, иако не сум голем љубител.

А паркингот секоја година е 100ден. ако не си запознаен. Во

секој град се плаќа секаде паркинг за без врска, не пак

тогаш...еден другар ни една вечер не плати, си најде убо место,

порано појде, то е секој со среќата

Инаку јас не стасав до болница за да видам какви се

болничарите

Мене многу убаво ми беше, не сум јас љубител на онакви

музики, јас би сакала да го донесат Бон Џови, наместо сите оние

Тони Цетински го обожавам, а жељко растур направи, браво за

чоекот не го очекував она од него. Како и да е мене овај пиво

фест ми беше многу убав, од се по малку

LittleButterfly - Па не знам баш дали е прескапо да купиш 6 кригли од 0,4л

за 200 денари?! Тоа скапо е?!

Е добро де имаше болничари на секои 100 метри и тоа за

критикување е ? Подобро е да ги има или да ги нема?

Пооскуден е зашто немаше најавено “ѕвезда“ од типот на Цеца

или Чолиќ, па оваа година беше пораат...

Не знам што на Сашко му беше поразлично годинаа од

изминатите години...Мене ми беше апсолутно се’ исто...

Ама тоа секој си има различна перцепција на нештата....

Мистерии

Човекот е едно чудно суштество. Мисли дека се знае, а

постојано се плаши од непознатото, од она каде неможе

да допре, од мистеријата. И Црнобелите се луѓе и тие се

плашат од непознатото, но за разлика од останатите, тие

обожаваат да ги раскажуваат. Затоа како дел од

весникот се најде една мистерија раскажана од членот

Outrider.

Мистериозниот брод Од многуте мистерии на морските длабочини, мистеријата за

бродот кој се појавува и исчезнува околу `ртот на Добра надеж

(Ј.Африка) е еден од најдолготрајните.

Холандската фрегата Де Флигенде Холандер на средината на

17.век се упатила за Источна Индија под водство на капетанот

Хендрик Ван Дер Декер. Стигнувајќи до `ртот кој не е познат

како премногу едноставен за пловење, посебно во тоа време кога

на многу морнари им станал гроб, Хендрик решил да го

преплови по секоја цена, што побрзо и покрај бурното време и

струите кои му сметале на `Летечкиот холанѓанец`. Откако не

успеал во првиот обид, упорен човек каков што бил се обидел

повторно...и повторно...и повторно...залудно. Упорноста не

секогаш се исплати и морнарите биле исцрпени и гневни а таа

комбинација во тоа време често резултирала со побуна и висење

на капетанот на ветренцето кое го ниша јажето на јарболот.

Капетанот свесен за тоа, решил да посегне по помош на

малку....неортодоксен начин - повикувајќи го Ѓаволот лично да

му асистира, откако Бог не направил премногу за да ги услиши

молитвите.

Ѓаволот како ѓавол - помогнал ама барал потпис, со крв. Некои

морнари, разочарани од про-сатанскиот договор на капетанот,

во склад со своето време - го проколнале капетанот никогаш да

не пристигне во ниедно пристаниште се` до крајот на светот и

крајот на времето. Не им текнало дека со тоа и самите нема да

стапнат на копно до судниот ден, веројатно и не биле

најбистри...

Како и да е, откако го поминале `ртот, бродот, капетанот и

екипажот - исчезнале. Нивната субдина останала непозната

иако низ вековите се` до денес - глетката на Летечкиот

холанѓанец е честа појава, за посуеверните морнари знак за

претстоечки проблеми или соочување со тонење и смрт.

Многу познати личности го виделе бродот-фантом како

лута заробен во регионот околу `ртот - а понекогаш и нешто

понатаму, меѓу кои и британскиот крал Џорџ V кој за време

на едно пловење на крстосувач на британската морнарица

јасно заедно со екипажот го забележал Холанѓанецот како

плови пред нивниот брод на мало растојание, језива појава

со искината едра и црвени светла на палубата.

Опседнати со оваа мистерија биле многу писатели и поети, а

најпознат е композиторот Рихард Вагнер кој го овековечил

бродот со својата опера - `Летечкиот холанѓанец`.

Постои и приказна за најбаксузниот морнар ever кој

пловејќи со векови на Холанѓанецот - после многу

перипетии некако успеал да избега од проколнатиот брод, да

скокне во вода и да се надева на спас. А спасот дошол после

неколку часа кога еден друг едреник го забележал морнарот

и го избавил од водата. Наоѓајќи се безбедно на палубата и

благодарејќи на морнарите кои го забележале и спасиле,

морнарот прашал за името на бродот кој го пронашол.

Одговорот бил - Марија Селеста...

СПОРТ . . .

17то светско првенство во кошарка –

Шпанија 2014

Од 30ти август до 14ти септември 24 репрезентации ќе се

борат за златниот медал. Победникот автоматски ќе се

квалификува на летните олимписки игри во 2016. Ако

победи Бразил (што нема шанси да се случи) тогаш втората

најдобра репрезентација ќе оди директно на олимпијада,

затоа што Бразил како домаќин е веќе квалификуван.

Натпреварите ќе се играат во 6 градови низ Шпанија а

финалето ќе се игра во Мадрид. Во трка за домаќини на ова

светско биле 9 држави од кои останале само Кина, Италија и

Шпанија. Кина имала најмалку гласови а Италија за 4

гласа не успеа да ги добие правата за организација.

Еве ги и групите

Група А: Шпанија, Србија, Франција, Египет, Иран и Бразил

Група Б: Филипини, Сенегал, Грција, Аргентина, Хрватска и

Порторико

Група Ц: Доминиканска Република, Турција, Финска, Украина,

САД и Нов Зеланд

Група Д: Литванија, Јужна Кореја, Ангола, Словенија, Мексико и

Австралија

Па да видиме како навиваат и предвидуваат

Црнобелите

. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .

Kisserboy

- Шпанија се разбира

Најлесна група добиле С.А.Д. по мое видување, а и Литванците

имаат лесна група, додека Шпанија доби силни противници како

Франција и северните соседи

Групата Б е некако слаба група од таму очекувам првото место да

го освои нашиот Јужен сосед или Хрватска, ама многу е веројатно

дека ќе бидат тие првите.

и според мене патниците понатака ќе бидат вака

гр.А 1 ШПАНИЈА 2 ФРАНЦИЈА 3 србија 4 ЕГИПЕТ 5 БРАЗИЛ 6

ИРАН

гр.Б 1 Јужен сосед 2 Хрватска 3 Филипини 4 Порторико 5 Сенегал

6 Аргентина

гр.Ц 1 САД 2 Турција 3 Украина 4 Доминиканската Република 5

Финска 6 Нов Зеланд

гр.Д 1 Литванија 2 Словенија 3 Јужна Кореа 4 Ангола 5 Австралија

6 Мексико.

existence

- Немам многу надежи за французите, ама ипак ќе навивам за

нив. Мислам дека шпанците имаат играчи кои се веќе стари и

треба да ги исфрлаат полека за да не направат нагла смена на

генерација како што е случај кај нас. Од друга страна америте

имаат просек 25 години и мислам дека таа возраст е најдобрата

форма и не ме чуди да победат убедливо.

Soldner - Дурант се откажал од светсково, поради напорната сезона

немало да може да игра добро. Глуп потег според мене, ама изгледа

не сака да се замара.

Претходно Лав и Олдриџ се откажаа. Фаворити ќе бидат уште

американциве, ама послаби ќе се многу.

Среќа од кај Шпанија никој не откажал.

Makedonec - Јас мислам дека САД ќе бидат шампион годинава

инаку навивам за Шпанија =)

ХУМОР НА МЕСЕЦОТ

mspasenoski Договарале се три комшике како да се решив од свои мужи. Прва

живела на 7-ми спрат у зграду, гурнала га мужа од терасу и се

слушнало:

- Маме ќе ти ееее... ТУП!

Втора живела на 5-ти спрат, исто га гурнала мужа од терасу и се

слушнало:

- Маме ќе тии.... ТУП!

Треќа живела на прв спрат и решија и она да га гурне мужа од

терасу и се слуша:

- ТУП! Е с’к ќе ти га е** маме!

Kitty

Нада и вика на Мара:

-Слушај Маре, денска го виду Блажо на плааж'та, со една плава со

големи цицки....

-Ти како очекуеше да го видиш, со кофичка, лопатка и ж'то багерче

ли....

parvati Циган влече радијатор по улицу и глеа га некој човек и му вика

- Абе тури га на рамо бе !

- Да га туру ја на мајку ти, мене Рамо ми е брат : )

Mameha Добар ден, апчиња против инаeт?

- Немаме.

Епа не излегувам додека не ми најдете.!

kizzo Се среќаваат Мујо и Хасо и Хасо расположено му вели на Мујо:

- Лелеееее каков виц ми кажа твоја Фата пред некој ден, уште се

смеам... многу е добар!

Мујо почнува да се мурти, пa го прашува:

- А кога си ја видел Фата? Таа мене ништо не ми кажа.

Хасо продолжува да се смее и вели:

- Ма, во автобус се сретнавме пред некој ден.... ама кога ми го кажа

вицот паднав од кревет од смеење!

ТИМОТ КОЈ СЕ ПОГРИЖИ ЗА

ВЕСНИКОТ

Makedonec

Lena

Outrider

Soldner

Се надеваме дека ќе ви се допадне...

Издание бр.1 / август 2014