16
ФОКУС 6.11.1970 БР.19ЦЕНА0.50дин

Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ФОКУС 6.11.1970 БР.19ЦЕНА0.50дин

Page 2: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Bo »фокусот« HА НАСТАНИТЕ

МНОГУ ВРЕВА... ДАЛИ ЗА НИШТО

неделник за млади Издавач Градската конференција на CM на Скопје Весникот го уредуваат: Владимир Шопов, Љу-бомир Вељковиќ, Александар Чомовски и Ајлоша Руси (главен и одговорен уредник) Лектор: Јасмина Јанева Редакција и администрација — Градска бара-ка број 2, телефони 32-170 и 32-010 Годишна претплата 20 динари, полугодишна 10 динари Печатница „Нова Македонија" — Скопје

Дискусите околу „амандманот 15" достигнаа на Синдикатот, на дневниот ред во Соборите на Сојузната скупштина. Овој амандман, неоспорно донесен за да конкретизира некои работи во пот-полната реализација на самоуправувањето, и по-крај најдобрата желба, поради општата форму-лација предизвика извесни деформации во спро-ведувањето. Во некои работни организации, овој амандман го разбраа како параван, за концент-рирање на власта во рацете на што помал број луѓе, и со тоа во суштина се обидоа да го изиг-раат самоуправувањето.

Се разбира не постојат идеални закони и амандмани кои во праксата нема да предизвика-ат никакви спротивни ефекти, од овие на кои се мислело при донесувањето ва законот или аман мандманот. Но процентот на грешките го одра-зува и „квалитетот" на законот. Затоа и сушти-ната иа барањето на Синдикатот, за поставување на амандманот 15 на дискусија, е несомнено доб-ра. Изненадува, што дел од пратениците на ова барање реагираа како на некоја недоверба во нивната работа и способност. Тука вреди да се спомне дека првите сомневања дека нешто не е во ред со спроведувањето на амандманот 15, по-текнаа токму од Сојузната скупштина. И тоа од средината која за овој амандман, најмногу и се залагаше. Тоа иако е многу парадоксално, во крајна линија не е и лошо — бидејќи токму тие исти луѓе треба да бидат и коректори на при-мената на амандманот во живот. Тоа и го дока-жа скупштинската дебата, со својот реален и коструктивев став, што му оди во корист на амандманот 15.

Горчината во случајот на амандманот 15 ја чинат две работи. Прво, се чини дека инцидент-ни беа напорите тој да се објасни посуштински и да се зацртаат неговите одлики. Затоа и сле-деа многубројни толкувања, па така излезе и шегата дека амандманот се вика 15-зато што може да се протолкува на 15 начина. Поради тоа и извесните злоупотреби на амандманот можеа да пројдат незабележливо покрај оние на кој тој им е наменет - работниците. Второ, вие чес-то настојуваме и успеваме одлуките и иниција-тивите да потекнуваат од долу. Во случајот на амандмавот 15, ни се чини дека токму тие реа-гирања и корекции од долу како да изостанаа. Можеби поради првата причина, во можеби и | поради една пасиввост, ва најшироките слоеви, кои мораат да бидат најкативни кога се рабо-ти за нивната судбина. Вака излезе дека истите оние кои го донесоа амандманот 15, се „уплаши-ја" од последиците ва неговото спроведување во праксата.

Било како да било, амандманот 15, сега ве-ројатно ќе доживее и на него да му се стави амандман, a со тоа да се поконкретизира него-вата содржина. Но тоа не е се — овој аманд-ман, бара наповеќе будност и свест во базата и борба за неговото правилно толкување и спро-ведувзње. Во оваа борба, најголема улога сека-ко дека ќе треба да ја одиграат членовите на СК, и така ја потврдат уште еднаш авангарднос-та на својата партија.

А. Руси

Page 3: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Својата прва прошетка низ градот, од месните заедници преку партиските организа-ции се до градските фактори на Социјалистичкиот сојуз и Синдикатот, ја направи на-црт-Резолуцијата за опште-ствено-економскиот развој на Скопје. За 1970 година. He би било ништо невооби-чаено, ако низ градската оби колка Резолуцијата не ги одмина непосредните произ-водители. Co игра на случа-јот и немарноста, заради мрз ливоста на градскиот завод за општествено планирање или заради затвореноста и неактивноста на синдикал-виот совет од градот, работ-ниците не се проискажаа за својата „планирана" судбина. Познато е, невозможно е да се планира, ако при тоа не учествува оној што тој план треба да го реализира. Греш ка е до Синдикатот што се најде „најпаметен" да диску тира и дели пофалби за Ре-золуцијата, а своето истапу-вање да не го прави во име-то на овие за кои фактички постои. Може да се случи (вишто чудно) работниците од иидустријата да кажат: „Па, другари ние не сме во состојба да ја превземеме одговорноста за остварување пораст ва нашата стопанска гранка од 26,6% (како при-мер). Другари синдикалисти, На страна дваесета од Резо-луцијата пишува: „Одтаму и потребата работ-ните организации благовре-мено да ги согледат сите из-мени во однос на општите услови ва работење, со цел за поефикасно адапторање кон истите." На што да се „адаптираат" и во какви „услови" кога не знаат во што е интенцијата на Резолуцијата? Другари синдикалисти, Колку и да нацрт Резолуци-јата за општествениот и еко

номскиот развој на Скопје го носи епитетот „подобра" од Републичка резолуција (во смисла ва конкретност, јавност), сепак мора да знае те дека: и л ј а д а главни можат да м и с л а т подобро отколку п е д е с е т т и н а .

* * *

Бидејќи од стопанството се почнува и се завршува, уш-те на почетокот морам да речам дека се предвидува пораст на општественото сто-панство за 17—18%. Тоа на-таму значи зголемување на продуктивноста на трудот за 10%, животниот стандард за околу 13%, општиот за 7-8%. Следејќи ги овие пока затели ќе дојдеме и до про-цент што укажува на зголе-мувањето на личните дохо-ди. Се настојува просечните лични доходи да ја достиг-нат вредноста од сто и пет илјади стари динари. Вака високиот процес на личен доход не смее да создаде ед-на крива слика за вистин-ската состојба на работите. Сеуште има работни органи-зации, (а со тоа и работни луѓе) во кои и на кои им исплатуваат минимални лич-ни доходи. Информирањето за развојот на Скопје во 1970 год. не се состои само.во „голите" број-ки и проценти. Тоа се инди-катори кои можат и да имплицираат извесни состој-би, напори, тежненија. Оваа годива е од ОСО значе-ње за развојот ва нашиот град. Се ф и н а н с и р а извр-шувањето на програмата за општествениот развој на Ско пје во период од 1966—70 г. Следува наредниот средно-рочен план за развој, во кој влегуваме без фонд за обно-ва и развој на Скопје. Тоа звачи дека сите работи кои беа димензионирани заради

земјотресните прилики, ќе мо-ра да бидат сведени во рам-ките на реалноста. Тука во прв ред мислам на стамбена-та изградба. Тоа што во оваа годива почнува или се завр-шува изградбата на две ил-јади станови, во прв ред значи здружување на еден реален континуитет во раз-вој и на Скопје. Ако сакаме во новиот пето-годишен план да влеземе без „трески", ќе мора загубите во стопанството да бидат елиминирани, а ликвиднос-та на работните организации и негативното финансиско работење да станат непри-јатна историја. Ако од стопанството се поч-нува и се завршува, на ма-теријалната база се надгра-дува општествена свест, во 1970 годива „не треба да се создаваат нови обврски на стопанството, буџетската и општата потрошувачка не смее да расте побрзо од на-ционалниот доход", па во спро тивно стопанството ќе трпи.

* * * Тешко е сепаратистички, во однос на сеопфатниот раз вој ва нашиот град, да се разгледува што младите лу-ѓе од Скопје ќе добијат во оваа година. Кога велам дека е невозмо-жно издвоено да се сумира што младите луѓе ќе ползу ваат од овогодишниот опште ствено-економскиот развој на Скопје, мислам на след-ниот аргумент, кој впрочем е и почеток од неколкуте ра боти што треба да се потен-цираат како особено важни за младата генерација на овој град; Прашањето на безработица-та е тема на денот, акутелен проблем кој е особено важен во оваа „заемска" година. Бидејки младите се највеќе

и засегнати и преокупирани со овој проблем, ве инфор-мираме дека се предвидува околу 6.000 нови работни места. И покрај високата стопа на пораст на запосле-носта, сепак и понатаму ќе биде присутен проблемот на безработицата, од проста причина што горниот број одговара само на механич-киот прираст на население-то во Скопје. Сето ова ука-жува дека за населението што допрва ќе стане работо способно, ќе се активира (многу поголем е процентот на активираното население одошто на пензионерите кои ги „ослободуваат" своите ра ботни места) сеуште не му е најдено местото во стопанс-ките или нестопанските деј ности. Да го оставиме за момент прашањето на безработицата (на него ќе се навраќаме пове ќепати на „Фокусовите" стра-ници и да евидентираме некои други желби во областа на об разованиот, физичката култу-ра и другите области каде се посветува внимавие на млада та генерација. Очебијни се настојувањата за подобрување на материјалната основа на образовно-воспитни те установи. Ќe се продолжи со (до) изградување на виза училшта и создавање услови за премин кон петодневна ра ботна недела. Освен тоа што оваа година ќе отпочне изградбата на Домот на спортовите, во мај месец се предвидува да се постават темелите ва Домот за техни-чки култури. По повод Денот на младоста ќе се организира Републички слет на физичка-та култура. Тоа со желбите, настојувања-та, интенциите, тоа пишува во Резулуцијата. Времето ќе по-каже што ќе биде резлизира но. Добро дојде Резолуцијо!

Page 4: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Добар ветер Сегашниот политички трен покажува една тенденција во чија основа се манифести ра вниманието што на млади те од Републиката им го по-светуваат СКМ и Собранието на Македонија.

На вакво размислување ве упатува, најпрво, не така одамна одржаниот состанок меѓу младинското и студент-ското раководство и прет-седателот на републичкото Собрание Никола Минчев, a потоа и присуството ва Киро Поповски и Борче Брсјаков ски на седницата ва Секре-таријатот ва ЦК СКМ. И на оној што најмалку ги следи собитијата околу младинска та организација, ќе му биде јасно дека се работи за от-ворени и прецизни разговори околу општествено - економска-та положба на младината во Републиката. За оваа конста тација евидентно зборуваат настаните што по некој пред виден хронолошки ред се случуваа во краток времен-ски интервал.

Веќе во почетокот на декем-ври минатата година следу-ваа неколку акции низ кои помалку или повеќе беа ек-сплицитно дефинирани по-зициите на младината во се-гашната општествена консте лација на односи. Имено, во првата половина на декем-ври се одржа првиот собир кој го организираше Репуб-личката конференција на СММ а на која се распра-ваше за самоуправувањето во средните училишта. Само неколку дена потоа следува-ше првата тематска Конфе-ренција на СММ каде се дис кутираше за општествено-економската положба на мла дината. Натаму, во првата половина на јануар месец

оваа година, уследија консул тациите во претседателство-то на СММ со Донка Дими-трова, член ва Секретарија-тот на СКМ. Поради тоа ста нува очебијно интересирање то што СК го покажува за состојбата во редовите на младата генерација. Како епилог на ова интересирање и по политичкиот „напад" на младинската организаци-ја, најверојатно уште во те-кот на овој месец ќе следува седница на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија. Тоа не е се. Живата политич ка акција на младината и сту дентите тука не престанува. Во подготовка е и редовното годишно Собравие на сту-

дентите од нашата републи-ка, ва кое во секој случај меѓу другото ке се проана-лизира и општествево-еко-вомската положба на студен тите.

И тука не заставуваат рабо-тите. Во општиот налет со своите проблеми и својата судбина, младите инсистира-ат на поширока општествено -политичка акција. При тоа наидуваат не само на повол-на политичка клима туку и на очигледно разбирање кај највисокото републичко пред ставничко тело — Собрание-то на Македонија. Се работи всушност за желба на мла-дата генерација да и се по-свети една од наредните соб раниски свикувања. Просто ва просто младите се во центарот на внимавието, Колку затоа имаат заслуга младинското и студентското раководство, толку повеќе и политичкото раководство со својот реален и отворен при стап кон проблемите на мла-дите. Ние ја симнуваме шап-ката во знак на признание за сторените напори.

„Шунд литература, (на гер-мански Ѕсhund е лоша стока). книги без уметиичка вред-ност, авантуристички, кримина листички, со порногравска или слична содржина; се издава од комерцијални побуди."

ЗА ЖОЛТИОТ ПЕЧАТ

Што ставува со печатот во нашата земја, што станува со литературата? Тоа е прашање кое денес се поставува многу често, прашање кое го разгле-дуваат разни форуми од раз-лични степени, прашање кое предизвикува најразлични дис кусии;

I. Може да се констатира дека кај нас еден одреден вид на печат достигнува фантас-тични тиражи (барем што се однесува до нашата земја). Се работи за поедини неделници. ревии што излегуваат петна-есетдневно, десетици видови стрипови со различни содржи-неи, фото стрипови и сл. Ед-ноставно кажано многумина сета оваа литература, овој вид на печат го наречуваат ШУНД ЛИТЕРАТУРА. Меѓутоа праша ње е дали одредени написи, репортажи, фотографии, те-мите што лично го тангираат човекот, неговата психа, спа-ѓаат во ШУНДОТ и ако спа-ѓаат дали тие можат да го окарактеризираат списанието како ШУНД? ? ?

II. Од друга страна литера-турата, односно, печатењето на книги и нивната продажба, наидува на многу тешкотии, а да не спомнувам дека и ти-ражите се обично мали. Глав ните консуматори се, воглав-но, библиотеките. Во овој втор дел кој се наоѓа во еден вид на криза, не го исклучувам и таканаречениот сериозен пе-чат, кој, исто така, има мал тираж или тираж во опаѓање. Секако, тука има одредени не-гативности и причини како слаб квалитет на написи, не-присутност, немање на иници-јатива во одредени важни проблеми, потоа постоењето и масовноста на ТВ.

Но, зборот беше за ШУН-ДОТ, Во секој случај на спи-

сокот на шунд списанијата пр вото место му припаѓа ва многучитакиот и популарниот „ЧИК". Во последво време до-би и свој конкурент чие изле-гување беше доста спорено. Тоа е детективскиот магазин „ШОК" сега „ДБМ" (ставен во списокот на „жолтиот пе-чат" во „ФОКУС" број. 13.) Потоа следат: „Магазин за мажи", „Старт", „Ева м адам" и сл. Меѓутоа, каква е содр-жината на ваквите списанија и весници и што во нив прет ставува шунд?

Тие се составени претежно од репортажи, секојдневни и несекојдневни случни на лу-ѓето, трагични судбини и др. Меѓутоа, такви и слични на-писи можат да се прочитаат редовно во „Илустровава по-литика", , З У С , Политика", „Плави вјесник". Дали сега тие репортажи се ШУНД?

Станува збор за пишување-го околу сексот на страници-те на овој печат. Тема која младината необично ја инте-ресира, а добар дел и од „ста рите". Конкретно во „ЧИК", неколку страници се посвете-ни на оваа тема. На неа досе-га работеле исклучиво спе-цијалисти во таа област (др. А. Костиќ, др. Л. Лазич и др. Овој неделник ва младите (што го читаат, разгледуваат и купуваат и „старите") за прв пат беше иницијатор за во-ведување на сексуалното вос-питување во програмите на средните училишта и тоа во соработка со Републичката конференција на Сојузот на младината ва Србија. Впрочем, за сексот и неговите тајни може да се прочита скоро во сите Југословенски весници. Дали сега во печатот кај вас владее епидемија на ШУНД?

Што се однесува до фото-графиите на кои секогаш се наоѓа најубавото живо суш-тество ва Зе.мјата, може да се каже само малку. „Секси" — фотографии можат редовно да се најдат и на страниците на сериозниот печат, фотографи кои шокираат и возбудуваат, а кои сите сакаат да ги гледа-ат, а потоа да го критикуваат нивното објавување. Меѓутоа, дискусијата за нив станува бескорисна и непотребна кога

Продолжува на следната страна

Page 5: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ке се спомне прикажувањето на поедини филмови кај нас и продавањето на страни ча-сописи (Плејбој)

И сега, што претставува шунд литература, а што не? Дали шундот е во поедини весници списанија и неделни-ци или е насекаде. Дали тука е потребно „лечење, долго-трајно, макотрпно, но и ефи-касно"? Дали се потребни пре вентивни и истребувачки сред-ства и какви? Дали во денеш-ни услови можеме да кажеме „бидејќи целта ни е важна, дозволени се сите средства",

Секако дека нешто мора да се направи во смисла на содр-жината на печатот кој најпо-веќе се купува од младите, нешто ќе мора да се исфрли, нешто да се дополни и про-шири. Ќе мора да се додаде и нешто ново.

За забранување и примену-вање разни административни мерки не би требало воопшто да стане збор, затоа што поз-нато е каков ефект има за-бранетото.

Љупчо Арсовски

БОГ ДА ТЕ ЧУВА ОД БЕТЕР — Да бидеш сам е исто што и мртов — В. Иго пред да го напише романот „Клетници". — Да бидеш пак самец од самечкиот дом .,Пе-лагонија", значи да си веќе одамна мртов или, подобро да си таков; можеби живееш само што повеќе да го носиш господовото про клетство на протерувањето од рајот, или про-сто — напросто, немаш пари да купиш сред-ство за скратување на животот. (Ако така може да се нарече оноа за што таму отидовме да пишуваме). He упатија кон зграда што восхитува и вчудоневидува. Откако вле-

говме внатре, остана само вчудоневиденоста. Причина за ова беше погледот на парталите во кои луѓето преморени вечерва. Помислив дека сме згрешиле. па сме залутале во некое сиропиталиште. За поткрепа на пренесениве впечатоци ми слу-жеа вистините за животот и условите што ги чув: Б. Рамадан е овдека веќе неколку години. Се-мејството и роднините му се в село. Овде ра-боти како квалификуван градежен работник за плата од 55 илјади стари динари. За домот плаќа 15 илјади; а компензација му е еден од креветите на спрат во една од многуте осум-креветни соби, добива три оброка како би можел едвам да опстане, затоа пак по дожд. кал, студ и мраз работи осум часа дневно на скела. Co парите што му остануваат. негде околу 40 илјади издржува седумчлено семеј ство. A. А. „старец" на околу 19 години, работи веќе четири години како општ работник. Прима-њата му се 47 илјади од кој плаќа 15 илјади во домот, останатите триесет ги испраќа в село каде шесчлена фамилија чека од него. Co останатите две илјади купува леб за да си ја подобри храната. Иднината му е! осум часа мешање и носење малтер по студ или жега, сеедно. He чул за младинска или друга организација, нити во некоја верува. Стравот од животот го натерал да се плаши и од луѓето. Полно име несака-ше да каже за да не ја изгуби работичката и платата, ако има што да се изгуби.

М. Тука е седум години во домот. Работи како чувар. Примањата му се некаде околу педесетина илјади, ако работи во ноќна смена. Повеќечлено семејство на село чека само од него. Како и останатите, плаќа 15 илјади до-марина и неприма одвоен живот. Задоволен е од она што го има и не би сакал да го изгу-би, затоа не сака да каже ништо лошо. До-волно му беше расипаното купатило и телеви-зор што непаметат кога последен пат работел. Од некого чул дека „Пелагонија" има изгра дено одмаралишта за работници. само незнае-ше каде. А. Јусуф прима 47 илјади плата. Плака 15 ил јади за домот, а има поголем стандард од дру-гите — пуши. Во семејството на село непри-вредува сам, затоа си дозволува да пуши фаб-рички цигари. Слушајќи ги, заборавив дека живеам дури заборавив на излегување да им речам Дови-дување". Можеби затоа што несакав веќе никојпат ни да поминам од овде или затоа што зборовите „Останете со среќа" ми застанаа во грло.

Венјамин Хаџи-Наумов

Page 6: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ЗА ОБРАЗОВА НИЕТО ЌЕ ПЛАЧАМ УТРЕ

Ако размислиме што во последните месе-ци од годината 1969-та се наоѓаше во центарот на дискусиите кога за тема беше образовно-воспитниот систем, ќе се суочиме со фактот дека еден проблем според местото кое му е дадено во дискусиите ги надминува останати-те. Проблемите околу финансирањето на об-разованието и неговата општествена валори-зација најмногу беа присутни во разговорите и дискусиите за образовно-воспитниот систем кај нас, особено на собирите каде поголем дел од присутните беа работни луѓе од обра-зовните институции. Нивните реагирања во основа конвертираат кон тезата: општествено-економските услови за функционирање и ра-звој на образованието незадоволуваат.

Аргументацијата за ваквата теза оди по линија на логицирање: не се фаќа значењето и улогата на образованието во општествениот и економскиот развој; не се одвојува доволно средства за развој на оваа област; незадово-лителна е опременоста на образовните инсти-туции; не постои системно планирање на кад-ри и оттука не се знаат прецизно барањата на општествените дејности; ниски се личните до-ходи на просветните работници што дестиму-лативно влијае врз квалитетот на работата и квалификационата структура на просветните работници и.т.н.

Сфаќањата во работните организации и нивните асоцијации во основа не ја негираат поставената теза иако имаат сопствена аргу-ментација. Образованието не ги следи потре-бите на стопанството; наставните планови и програми не се сообразени со поделбата на трудот и одредената организација на произ-водните процеси; не се води доволно сметка за специфичните барања на работните организа-ции што се заинтересирани за школувани кад-ри; образованието е скапо, бидејќи многу се пролонгира времето на школувањето; квали-тетот на завршените ученици - и студенти и профилите на кадрите незадоволуваат; сто-панството одвојува средства колку што може и тн.

Образованието како општествена дејност честопати е ставено пред свршен чин; матери-јалното производство дава толку колку што сега му е дадено на образованието, па според тоа, бидејќи материјалното производство не дава повеќе, образованието мора да се задо-воли со таквата состојба, Ваквиот приод кон проблемот на финансирањето на образование-то создава неправилни состојби, придружу-вани со манифестации на протести, барања, негодувања и сл. Наоѓајќи се во ваква полож-ба, младите луѓе, како уште една засегната страна, поставуваат многу поинакви праша-ња и на реформата на школството не гледаат само низ призмата на школскиот динар, ниту мислата дека реформата на школството ќе стане стварност кога ќе се реши проблемот

на финансирањето на образованието, посебно наградувањето на просветните работници. Со право младите директно вклучени во образо-ванието, се прашуваат до кога ќе добиваат нецелосни познавања, до кога ќе чекаат ча-сот да стане во вистинската смисла на зборот работен, час кога ќе се твори, а не се слуша безживотно предавање надвор од секојднев-ната пракса; или пак, докога како одговор на прашањето на вончасовна активност која би ги стимулирала афинитетите на учениците ќе се добива одговор дека просветните работ-ници не се платени за тоа.

Ако гледаме сега од овој агол, можеме да се запрашаме како со ваквиот приод прос-ветните работници делуваат воспитно, зошто ние никако не смееме да заборавиме за вос-питната улога на образованието и дека обра-зовно-воспитните установи подеднакво треба да бидат образовни и воспитни.

Секако дека проблемот на финансирањето на образованието, особено личните доходи на просветните работници, не е единствениот, проблеми има многу, но со местото во диску-сиите се чини дека тој е единствен и најго-лем. Дали треба да чекаме овој проблем да се реши, па да добиеме кадар каков што ни е потребен, а за тоа време да му нудиме на сто-панството кадри со недооформен лик, кадри на кои им треба извесен период пракса и уче-ње за да се вклучат во производството, иако тие поминале навистина многу долг период на учење по нашите образовни институции. Образованието мора и треба да му нуди она што му е потребно на стопанство. Се додека односот помеѓу образованието и стопанството го гледаме само низ начинот на финансирање-то ќе има нерешени проблеми што од своја страна предизвикува негативни последици и за образованието и за стопанство.

Потребно е да се истакне дека вложува-њата во образованието имаат иста вредност како и инвестициите вложени во изградбата на објект. Идејата дека образованието прос-ветните работници како интелектуалци се во некоја априорна противречност со непосред, ните производители може да се објасни или како последица на мислењето дека образова-нието е само потрошувачка или во најдобар случај некоја придужна служба на производ-ството, а не еден од примарните фактори на општествениот развиток. Расправајќи го овој проблем честопати се наоѓаме во ситуација на префрлување на вината на спротивната стра-на што е спротивно од творечкиот приод. Вак-вата позиција се карактеризира со настојува-ње да се прикажат евидентните ефекти, како елементи на конкретната состојба и спуштај-

ќи ја од предвид комплексноста на односите и занемарувајќи ја основната компонента на се-кое творечко конфронтирање, изнаоѓање на излезни можности и решенија.

Блогородна МИНГОВА

Page 7: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ИМПРОВИ ЗАЦИИ НА ТЕМА ЗАБАВАТА НА МЛАДИТЕ

Некој сигурно се грижи за забавата и ра-зонодата на младите од Скопје. Во градот неодамна се отворени неколку младински клубови. Нивниот број не е импозантен, нив-ните членови имаат скромни можности за ра-зонода, програмите за работа на клубовите сеуште се подготвуваат. Значи, скромен поче-ток, со тешкотии и надежи за подобра иднина.

Навистина, нема да речам ништо ново со зборовите: секој почеток е тежок. Но овој пат, не е тежок само почетокот. Поминаа неколку месеци од формирањето на клубовите на мла-дите во Црниче Ѓорче Петров, Сингелич и Шуто Оризари и не сум убеден дека перспек-тивите на овие младински свртилишта се такви за да може мирно да се очекуваат де-новите што доаѓаат.

Не станува збор само за впечатоци. Посто-јат низа аргументи кои ме прават песимист, постојат повеке причини да изразам незадо-волство од досегашната активност н а клубови те на младите. Отворено, без воздржување и куртоазија.

Јас не очекувам од младинските клубови премногу: не очекувам тие да бидат посебно специјализирани за одредена активност на младите, не мислам дека во клубовите - на младите е неопходно секоја вечер да госту-ваат познати уметници или јавни и опште-ствени работници. Клубовите на младите немаат средства да организираат ексклузивни приредби со афирмирани естрадисти, да ги купуваат најновите изданија на музичките куќи, ниту да ги имаат сите новоиздадени книги кај нас. Ниту јас, ниту младите бараат клубовите да бидат единствени носители на животот за разонода и забава на младите. Клубовите не се Младински универзитети или општествени трибини.

Меѓутоа, клубовите не се ни тоа што треба да бидат. Тоа звучи премногу строго и, може-би, прејудицирано, но, ве уверувам, тоа го кон статирав после посетата на еден од клубовите и на едно советување (или тоа требаше да биде) на Управите на спомнатите младински клубови.

Еден клуб практично нема никаква актив-ност заради тоа што просторите на клубот имаат повеке сопственици. Изгледа дека мла-динците од "Црниче се гости во споменатите простории, на-неканети гости, или барем, гос-ти кон кои домакините не покажуваат особено внимание.

Игранки, се одржуваат, дури три пати не-делно, но друго-ништо. Младинците раководи тели на клубот, очекуваат да добијат поскоро шаховски табли-тоа им го вети Конференција та на младината на Скопје, која и ги формира клубовите. Каде ќе ги стават тие табли за разонода?

Во клубот има библиоттека со стотина книги, но импровизациите и овде се очиглед-ни. Заправо, младите се снаоѓаат.

Во Сингелич има клуб во кој главната ак-тивност се сведува на организирање игранки. Гостуваат некои музички групи, за кои не може да се зборува многу. Но, музичка заба-ва, главно, има-велат од клубот. .

За програмата на овој младински клуб-не слушнав ништо друго, иако се обидував да дознаам нешто што ќе ме направи оптимист. нешто што Ќе зборува во прилог на очекува-њата клубот да им пружи на младите граѓани поразновидна разонода. Значи-импровизации,

Во Шуто Оризари немаат средства за по-кривање на режиските трошоци а да не збо-рувам за некаква оргализирана активност, Слушиав дека три пати неделно младите ги

забавува некој ансамбл со неколку гитари. Посетите на уметници или општествени рабо! ници, се разбира, нема. Зошто? Веројатно за-тоа што никој не ги поканил. Или, можеби тоа не е програмирано. Или младите сакаат да играат само шах. И л и . . .

Во Ѓорче Петров можев непосредно да ви-дам како се забавуваат младите од ова „град-че". Имаат една поголема просторија, која секако, не е само нивна, или на некои опште-ствени организации, па така уредувањето на просторијата не може да биде планирано само од младите. Сепак, во просторијата има теле визор (околу кој навечер младите се собираат за да гледаат: сериски филмови како „Дес-три", квиз-емисии и други забавни емисии. Има и грамофон, има плочи-значи-забава со музика. Можете да играте „Не лути се . . . " , шах или домино. Или, истовремено да гледате телевизија и да слушате музика од плочите.

Не станува ни збор за едукативни предава-ња од различни области на животот. Затоа, некоја вокално-инструментална група „Свет-ци" ги забавува младите во недела. На млади те тоа им е доста. Библиотеката се користи, исто така. Не е голема, но доволна, според интересирањето на младите од Ѓорѓе Петров.

Наскоро ќе се формира заедница на клубо-вите од градот која треба да ја координира работата на клубовите од градот. Ќе има За-едничка програма, но јас се прашувам: дали е програма она што им недостига на клубови-те или е потребно програмата да има можност да се реализира. Просторот, материјалните сред-ства и повеќе иницијатива-заправо самоинци-јатива-тоа е секако, повеќе акутно. Од мла-дите зависи, пак каква ќе биде програмата, спрема нивните желби и интересирања. Не-прифатливо е програмата да ја подготвуваат група младинци-раководители на клубовите, без за неа да се искажат младите граѓани.

А, тие, веројатно ќе бидат скромни, запра-во, свесни за можностите на организацијата која ги формира и координира со невната активност.

На крајот, чуствувам извесна должност да го споменам и инкриминираниот Клуб на дис-кофили при Центарот за култура и инфор-мации. Изгледа дека овој клуб станува се попопуларен меѓу младите од градот. Јас ве уверувам дека написот за овој Клуб во ново-годишниот број на „Фокус" постигна поинаков ефект од оној што некои очекуваа. Не можам да речам дека овој клуб стана привлечен токму заради забавата за која пишував, но, да бидам искрен, засега е најпривлечен за младите од градот.

Интимно, би сакал исто да се случи и со спомнатите клубови во населбите и градот.

Спасе ЈОВКОВСКИ

Page 8: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ОКОЛУ УНИВЕРЗИТЕТОТ Нашите учители

ПИШУВА: Љубомир Вељкович

Во последно време ние, младите, сме во не-колку ваврати лредмет на една критика со која не обвинуваат за: неконкретност, посочување и критикување на проблеми, а, не нудење на адек-ватни решенија, настапуваме критизерски итн... итн.. . Наводите на оптужницата постојат, но на нашето критизерство се гледа само како на гол факт, се одзема причинската врска, односно, ос-новата од која тоа наше критизерство потекна-ло,

ИМАМЕ ДОБРИ „ШКОЛИ", А УШТЕ ПО-ДОБРИ „УЧИТЕЛИ"

Како пример би го навеле: Д-р Драгиша И-вановиќ, ректор на БУ, инаку првоборец и на-роден херој.

Во „Политика" од 20 јануари беше објавена информација од седницата на советот на БУ на тема „Каков Универзитет сакаме." Меѓу остана-гите дискусии наведуваме некои исечоци од конструктивната дискусија" на Д-р Ивановиќ:

Цитираме: „Меѓутоа, — рече Д-р Ивановиќ — јас при констатацијата дека на филозовски факултет има луѓе кои застапуваат погрешни ста вови за поедини крупни прашања..." Не знам како таквите луѓе би се оквалификувале може-

би некој од страна ќе ни каже како да ги ок-валификуваме Професоре), но вон од секое сомнение дека тие имаат погрешни ставови. (Ако не разбравте за кои ставови се работи, прочи-тајте го уште едваш текстот, белќим ќе ви се разјасни).

Понатаму следи: „Д-р Ивановиќ рече, дека деканот и Советот на Филозофскиот факултет мораат да се позабаваат со фактот дека од та-му „се појавуваа некои тенденции против наше то самоуправно општество" (Професоре! да не е незгодно на толку години да се играме мижен ка-криенка?! Навод број два, место НИН, тема, „До каде стасавме?" интервју со Д-р Драгиша Ивановиќ, значи пак во главна улога.

Меѓу останатото, во црвото прашање се содр-жи следната констатација: „Реформата на Уни-верзитетот е тема за која безмалу се зборува дека Универзитетот треба да се реформира) е па за десет години, богами, тоа е голема работа, за следните десет веројатно ке се најде заеднич-ко решение: КАКО да се реформира). Д-р Ива-новиќ. После принципиелни, генерални, теори-ски дискусии. веќе стигнавме до нудење и изби-

рање варијанти на решенија на поедини проб-леми (Слично како преферанс!)

Понатаму следи: „Оваа година ни преостану-ва ,во пракса да го решиме прашањето: ШТО Е УНИВЕРЗИТЕТ! Ајде, де, зар до таму стасавме, Е, па тогаш, петка работа!

„Интеграцијата на факултетските и универзи-тетските луѓе е позитивна тенденција кон која тежи огромното мнозинство (Другари!! Колум-бо е меѓу нас!)

„Стигнавме и до поконкретно реформирање на наставата. Тука предстојат Големи дискусии, разидувања, па и борба, затоа што поединци мо-раат да бидат погодени." (а, оражјето за борба некому што му рѓосало што ке се прави со не-го, Професоре?)

„Кадровските прашања, иако многу чувстви-гелни, исто така се на ред за конкретни решава-ња во духот на реформата (Фино! се исплашив дека не ќе имаме што да правиме следниве де-сетина години.)

Е! па млади мои другари видовте како кон-кретно се зборува. Немој многу да се павтате, вие, едни некоикретни. едни непринцилиелни, едни критизери, едни. . . едни,,. студенти низа-едни-

Page 9: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

НИ ЦРНО НИ БЕАО Објективни OKOЛHOCTИ

Според нацртот на правилата за начинот на организирање на ССЈ за Македонија член 9, став четврти, стои „Секоја годива се одр-жува Годишно собрание ва ССЈ за Македо-нија во првата половива ва месец ноември." Сега сме месец јануари идната година, a Со-бравието не е одржано. Во Извршниот одбор ни соопштија дека е предвидено за 28 февру-ари (најарно можеби ке биде на 29-ти).

Причините за ваквото одолговлечување се, се разбира, „објективвите околности". Голе-миот број на проблемски собранија го попречи навременото припремање. Ситуацијата околу „Студентски збор" во извесна мера допринесе работата да се одолговлече. Но, како што ни е познато, проблемот на студентското гласило беше поставено во летните месеци. Мораше да дојде зимата, па да се постави за решавање. А како што ви е познато зимата е одредена за зимскиот сон кој ни студентската организа-ција не ја одмина.

Материјалите за Собранието се во припре-мна фаза. Меѓу другото, се одложувањето би се постигнало поквалитетно припремање на Собранието. Ако е квалитетот по ЈУС, мо-жеме да очекуваме да дојде под заштита на државата.

Во текот на годината во Извршниот одбор работата се сведувала само на неколку луѓе, воглавно ва председателот кој за тоа доби-вал награда. Како резултат на тоа не особено ревносно ангажирање е секако и задоцнува-њето на Годишното Собрание.

Значи една не многу успешна гарнитура го продолжува мандатот. Студентите како да не се многу заинтересирани кој ги води и ка-ко ги води.

Кога ќе се дојде до некој скоро-нерешив проблем тогаш се реагира, понекогаш не баш на адекватен начин. He постои свест дека со пасивното однесување само им се кумува на проблемите. А студентите имаат вајмалку право и причини на таков пасивен став кон се она што се случува околу нив. Затоа потребно е добро да се отворат очите кога ги бираме оние кои ќе не претставуваат.

Една цака во Економскиот факултет

На многу оригинален начин се изведуваат предавањата по предметот Стопанска матема-тика, во Универзалвата сала. Професорот со микрофон в рака, диктира бројки кои ги пи-шува на минијатурната табла.

Се случува, често, професорот да се шета по бината во стилот на Арсев, Тереза и дру-ги. За таа цел имам еден конструктивен пред-лог; професорите на Економскиот и Прав-ниот факултет, кои предаваат во Универзал-на, почесто да ги посетуваат приредбите и настапите на нашите познати естрадни умет-ници. Ако е потребно, односно, ако се покаже за потребно, професорите да земаат часови по сценски движења.

Тоа може да биде револуција во совреме-ната настава и во знатна мерка к е го при-ближи предметот до „широките" студентски маси.

Конспирација — А, бре! работи ли Академијата? — Која Академија? — Високата школа за глумци, де! — Пшш. . . за тоа не се зборува. — Што? Да ве се премивало во ковспиратив-вост? — Табу тема! Честта може да дојде во пра-шање. — Се извинувам, вавистива немав вамера да ја обесшчестам.

Пауза. Гледајте ЕПП! — Звачи, ве работи Академијата? — Која Академија??

потписот е GO невидливо МОСТИЛО

СТИМУЛ Девовиве на Увиверзитетот се обележави

во знакот ва колоквиумите и собирањето пот-писи, заверување семестри итв.

Во едев неврзан разговор со неколку сту-денти од Економскиот факултет, случајво до-звавме за едва новина која се спрема и прак-тичво да се примеви. Се работи за полагањето на колоквиуми. При покажан висок успех ва колоквиумите, кои се полагаат н во зимскиот и во летниот семестар, студентот се ослободува од евевтуално полагање ва дотичниот испит.

Без дискусија е секако дека оваа звачајна новина која ќе има голем удел во поадекват-ното вреднување ва студентскиот труд.

Од друга страна тоа ке бкде еден голем стимул за оние студенти кои вавистина сака-ат да студираат. Квалитетот на испитите ќе достигне вавистива академско ниво. Ангажма-нот на студевтите ке биде постојан, преку целата година, со што се разбира во голема мера ќе се оствари целта на студиите.

На крајот да нагласиме дека ваквиот сис-тем на оценување треба да ставе преокупа-ција на целиот Увиверзитет.

Page 10: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Писмо До мојот пријател Фран-сис Бекон откоко ги про-читав неговите есеи, а особено оној за »Виети-ната« Долго се приготвувам да ти одговорам, некол-ку пати започвувам да пишувам, ама никако ве успевам да најдам време за да го завршам писмото. Токму затоа и доцнам толку. Можам да ти кажам дека од твоето последво писмо, кога божем отиде за малку, многу вешта се изменија, a јас сум се позафатев, па така не успевам да ти одговорам. Се разбира тука е и море проблеми ва работа, во личниот живот, секаде. Кога би знаел само како ми е!

Мислам дека добро почнав. Ти одговарам на писмото за вистината, а почетокот е лага. Сосема обична, секојдневна.

Драги мој, ми се допаѓа што зборувајки за вистината,

мораш многу повеке да говориш за лагата. Замислуваш ли како тешко им било на луѓе-то додека не била изнајдева лагата? Секаде само вистина која заморува, која ставува до-садна. Колку е тешко да се живее со висти-ната која треба да се соопшти, ама ништо, се е пополнето, зафатено. Вистините се насекаде пропишани, полн е светот со нив.

А можеби лагата веќе била готова, пронај-дена, составена, само тајно притаена во нечи-ја збунета совест; до зора е најтешко да се издржи, чувствувајки ја новоста, немокен да го спречиш изгревот.

Зошто тогаш луѓето ја сакаат повеќе лага-та? Велиш: „Не се тоа само тешкотиите и тру-дот кои луѓето ги поднесуваат трагајки за вистината, нити пак тоа што пронајдената вистина ја ограничува човечката мисла, туку тоа е природна, иако, расипана, љубов кон са-мата лага".

Токму така пишуваше „љубов кон самата лага". Љубовта е друг збор, непогоден овде. Зошто лагата е повеќе бекство во привидниот мир на сигурноста. Често експеримент на храброста е токму лагата. Често е задоволство ва надмокта, зошто не е лесно, треба да се прелаже исковската вистина и сите други во близината.

Лагата е се поитра. Денес е скоро невозмо-жно или многу тешко да се каже која висти-на е права, зошто не ретко се случува вис-тината да ја наречат- лага.

Дојдено е чудно време. Јазиците се се по-различни, луѓето не се разбираат, народите ис то така. Се менува значењето на зборовите во разни земји, па веќе не се знае чија вистина е права, повистинита. Некаде е дури дојдено до целосна замена на нејзиното значење, што потаму ја развива збрката. Библиотекарите се збунети. Вистината се менува со секој месе-чеа план. Во речниците се изоставуваат сите зборови под и. Производните раководители се натпреваруваат во тоа кој повеќе вистини ќе „исфрли". Вистината се произведува во сите димензии, количини. Квалитетот е се поувер-лив. А да не зборуваме за вистините кои се произведуваат од невозможни материјали,

што се дава извонредна еластичност, растег-ливост и можност да се носат од опачината. Во земјите каде и покрај трите смени во фа-бриките на вистина, не можат да се задоволат огромните потреби, државата ги пропишува вистините и тие се обесуваат во главата на секој поединец. Истражувањето на вистината ѓо губи целото задоволство кое некогаш го имал пронаоѓачот.

Луѓето напразно се трудеа да ја откријат суштината на вистината, да дојдат до светски, општи вистини. Денес веќе не. Зошто? Дали затоа што индивидуалната вистина нема мож-ност да дојде до израз?

Вистината се знае денес поарно од било ко-га. Ги отвораш средствата за информации и веднаш ги наоѓаш сите вистини за минатите и идните дни. Појасни ти се и многу работи за тебе лично. Никој не донесува заклучоци, или не смее да ги донесе, додека не ја дознае ви-стината. Присутните сведоци се известуваат уште во ноќното издание. Прегазениот деман-тира во пладневното. Се носат прирачници со кодекс на вистината. Се е поголема грижата за човекот. . .

Ми се допаѓа како велиш: „Лагата која тво-ри зло не е онаа која тукушто минала низ разумот, туку тоа е онаа која тоне во него и

останува таму . . . " Секојдневните лаги го пра-ват денот поинтересен, донесуваат мали задо-волства. Големите лаги се опасни. По улици-те шетаат бригади на вистината кои ја кон-тролираат состојбата. во главата на секој по-единец.

Продавниците се полни со додатоци за гла-ва кои вршат селекција на мислите и висти-ните. Се разбира, кога производството на тоа поле се усоврши, дојде и до скромно производ-ство на средства за лажење. Ги има две-три врсти, ама така невешто работат, така што дури и оптеретеиите луѓе. не можат да ги при фатат.

Зборуваш за поетите од поарното учили-ште. Поезијата е мртва, денес секој поет е со кодексот на вистините в раце.

Не знам како ти се чини сето ова, мој Бе-коне, ама таква е работава. И уште ми пишу-ваш: „Нема порок која човекот го покрива со срам во толкава мера како кога ќе го фатат дека е лажлив и подмолен." Ти ме знаеш до-бро, ама да ти кажам сепак — не се осмелу-вам да излажам, зошто никој нема сериозно да ме разбере, нити пак можеби ќе и нашко-дам на големата Вистина. Секогаш говорам ви стина, па токму затоа и морам често да мол-чам. Се обидувам да бидам протестен пеач на вистината, женско друштво за борбата на ви-стината, генерал Григоренко на вистината, сојуз на противпожарните друштва за борба против лагата, меѓународна црвена вистина, вистина на вистината, највистинита вистина. Твојот поет пишувалг „Уживање е да стоиш на брегот и да гледаш како бурата ги фрла бродовите по море, уживање е да стоиш крај прозорците на градот и да гледаш долу бит-ки и мегдани, ама ниедно уживање не може да се спореди со стоењето на издигнатиот брег на Вистината (брег еден ненадвишен, каде што е воздухот секогаш чист и мирен) и гле-дањето на грешките и лутањата, и невремето долу во долината, ама под услов овој призор да не исполнува со сомилост, а не да не прави надуени и горди."

Зошто е веќе потребно да се стои на бре-гот на вистината? Зарем не е многу поголемо задоволство (погоден ли е овој збор тука), да се пронајде тој брег во многу слични, да се качи на него, да се погледа и да се појде потаму или назад!? Зарем не е многу поубаво да се успее во неговото освојување, да се от-крие патот до врвот и правилно да се обеле-жи, па така да се наметне на сите оние кои ќе се качуваат подоцна, ако сеуште, во ова непо-стојано време вистината биде иста.

Не успеав да ти кажам се што сакав, ама ти ми рече дека кога Христос одново ќе дојде, ќе биде несреќен, зошто не ќе најде вера ме-ѓу луѓето. Денот не е далеку, многу темелни лаги сеуште Ќе постојат. Ако про'ртат млади-те гранчиња боцнати в земја пролетва, може-би твојот Христос ке најде, ако не поколеба-ност во прогласените вистини, тогаш барем верба дека тоа може да стори.

Ете толку. А ти продолжи со преведување-то на твоите дела на латински во надеж дека така ќе ги сочуваш за други и мене.

Твој, како обично, секој вторник од 3 до 8.

Слободан УНКОВСКИ

Page 11: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Б И Т К А Н А

Н Е Р Е Т В А

Веднаш на почетокот, пред секој осврт за еден филм — спектакл, оној што има намера да го рецензира мора да чувствува соодветна инфериорност. Тоа не е некое правило или императив туку еден разумен пристап со рес-пект према грандиозноста на самиот потфат. Ова дотолку е важно особено за оние крити-чари чија суета оди до таму да завлегуваат (со неколку зборови) во критика на соодветни и онака деликатни содржински и режиски по-стапки. Наивно би било секој критичар апри-ори, понесен од спектакуларноста на еден та-ков филм, да очекува совршена прецизност и математичка минуциозност. Спектаклот е ра-бота на огромна екипа за која се потребни не-вообичаени средства и време. Во светското производство на спектакли познато е дека за нивното реализирање се потребни најчесто повеќе од четири години па во некои случаи дури и до десет години. Тоа се потфати кои честопати одат на сигурен успех, а евентуал-ниот крах е истовремено банкрот за продуцен-тите. Честопати зборот спектакл се употре-бува и за филмови кои не се тоа но во кои постојат една до две спектакуларни секвенци. Филм-спектакл е пред се со надстандардно. време траење, каде спектакуларните сцени се редат во текот на филмот и ја исполнуваат неговата содржина. Најчесто спектаклот пре-дизвикува колосално чувство и снажна им-пресија. Досегашните светски спектакли, со исклучок на еден до два, постигнале големи успеси. Тие секогаш се пресметани на одна-пред предвидениот успех а за тоа разумно се одбира темата која подлежи на разработки и верзии, потоа градење на соодветни објекти, статисти итн. Затоа имајќи ја предвид прет-пазливоста со која спектаклите се работат тие даваат оправдување за споменатата потребна доза на инфериорност на секој критичар, во поглед на неговата острина и критичка сме-лост. Критичарот е најчесто ставен во нез-годна ситуација кога треба да зборува за спектакл, затоа што секој обид за критички забелешки на некои слабости е така мал и претенциозен пред самата комплексност и то-талитетот на филмскиот спектакл. Затоа оние критичари, за кои би се рекло дека патот од професионална деформација, да се обидуваат дури и да го обезвредат спектаклот, најчесто делуваат наивно и помалку магаломански ам-бициозни со желба пошто зошто да му прко-сат на едно огромно дело.

Ако сакаме да го најдеме местото на нашиот спектакл „Неретва", тоташ треба да ги видиме досега најташичните филмски спектакли. Почето-кот на спектаклот е веќе споменатиот „Нетрпе-ливост". потоа „Однесено со виорот", „Десетте заповести", „Содома и гомора", „Двете верзии

на филмот „Бен Хур" (1927 и 1959), „Најдол-гиот ден" (62 г) „Клеопатра", „Лоренс од Ара-бија", „Мостот на реката КвеЈ". полскиот спектакл на Манкиевик „Фараон" (прв и втор дел), минатогодишниот оскаровец на Бондар-чук „Војна и мир" и најновиот, нашата „Не-ретва" која веќе е продадена на пет континен-ти со огромен добит и интересираше. Спектак-лите и понатаму ќе се снимаат а веќе е поч-нат „Ватерло" и во подготовка е нашиот втор спектакл „Сутјеска".

Од овој преглед на светските спектакли со сиот респект кон нив, сепак има нешто спе-цифично што ја издвојува нашата „Неретва". Тоа е најискрен и најсвојствен" спектакл. До-дека другите веле-кинематографии избираа антички и друѓи историски теми, кои најчесто не се во врска со националната историја, на-шиот спектакл е полн со душа од нашето со-времено револуционерно минато од нашата НОБ. Тоа е типичен југословенски спектакл, за југословенските партизани и луѓе. Со тоа тој е единствен во историјата со својата цел за оддолжување кон едно херојско минато, блиско до денешната стварност. Нема посилно чувство од тоа кога на една генерација чии припадници денес сеуште живеат и творат и е дадена благодарност и можност да го дожи-вее своето херојско минато. Спектаклот „Не-ретва" не е комерцијален потфат туку пред се продукт на народниот дух, општојугосло-венски подарок на револуцијата. Фактот де-ка на неговото создавање учествуваше Феде-рацијата, народната армија како и безброј ју-гословенски претпријатија е преседан во про-дукцијата на филмски спектакли. Тој е толку специфичен и југословенски колку што е спе-цифична и судбината на нашите борци и на-роди. И уште еден многу значаен момент. Филмот „Неретва" е создаден од една мала кинематографија која во никој случај не може да се мери со супериорната американска ки-нематографија. Да сепак тоа е доследен спек-такл, спектакл со светски стандарди кој би и служел на чест кога би бил и произведен од американската продукција. „Неретва" едно-ставно го положи испитот. Да додадам и тоа дека еден „Најдолг ден", „Клеопатра", „Ло-ренс Арапски" и други, се создадени од ки-нематографија каде што обичен филм одвај се снима за 2.000.000 долари (а за спектаклите би се сметало педесет пати повеќе).

Прочуената офанзива на „Неретва" и осо-бено борбата за спасување на ранетите бор-ци, се основниот момент со кој кулминира херојската борба а не кој почива спектаклот „Битката на Неретва". Респектирајќи ја ин-тенција на авторите на филмот да дадат до-кументаристички приказ на борбата, гледачот по гледањето на филмот останува со благо-дарност за дадената можност да биде очеви-дец а што е најважно за продуховеноста со која е исполнет по гледањето. „Неретва" е филм кој е поснажен во доживувањето дури со повторно гледање. Тоа зборува дека него-вата драмска и визуелна содржина е неисцрп-на и со секое ново гледање се откриваат него-вите вистински вредности. Самиот историски настан е доволна гаранција за динамиката и возбудувањето што ги поседува филмот. Ак-цијата не е цел туку таа во својот историеки

контекст е суштинеки присутна и трае пер-манентно со еднаков интензитет. „Неретва" не е филм предвиден на гола спектакуларност и акционост, во класичен смисол, туку пред се импонира со својата автентична драма, со сво-јата искреност за партизанските борби, коло-ните на ранетите, напатениот народ, драмата на гладните, премрзнатите, страдањата на ти-фусарите и над се единствената надчовечка храброст да се истрае до крај. Тоа се врли-ните на овој спектакл. Не била мала задачата, при создавањето на сценариото, да се опфати се што е типично за нашата борба и да се прикаже со една одмереност и компактност. Самиот факт дека режисерот Булаиќ морал да селектира огромен снимен материјал, зборува за моменти на една дилема — што да се од-бере, а што да се отфрли? — Кои се најчести во случајот на спектаклите. Во таа исцелу-вачка работа на нерви мора да се признае ко-нечната визија и да му се верува на режи-серот кој сигурно најкомпетентно го направил најдоброто. Концепцијата на драмата во „Не-ретва исто така е градена и на еден фер трет-ман на поедини индивидуални личности на непријателот, со психичка анализа на нивната состојба (италијанскиот и германскиот офи-цер). Тоа е обид со еден специфичен психо-лошки потход да се назрат вистинските чув-ства на непријателските војници во чии ис-клучоци се согледувала личната и општата апсурдност на фашистичката борба, во согле-дувањето на апсурдноста со која се експлоа-тирала нивната човечка судбина, од некои повисоки мрачни кругови. На тој план „Не-ретва" добива еден плус кој зборува за една намера, трагедијата на војната да добие опш-точовечки размери — против војната. .цтвтв'гоооениостљ..теиј а еиј еија еијатлл ле

Тврдењето дека „Неретва" нема душа е неосновано. Тоа го велат оние кои или немаат чувство за трагичност, или пак на кои првото гледање им е недоволно. „Неретва" има душа уште како. Тоа е филм полн со сцени кои из-нудуваат солзи и трогателност. Непотребно е набројувањето на тие места, бидејќи тие се во текот на целата проекција и преставуваат не-гово тело и душа. Големата глумечка гарни-тура на домашни и странски ѕвезди, маестрал-но го поднесе целиот товар на филмот, кој всушност беше примарен. Се разбира имаше посилни и посредни остварувања но впечато-кот е единствено снажен. Од глумците кои би се издвоиле на преден план секако би дошле: Самарџик, Кошчина, Неро, а особено улогата на Кригер кој се на се во триесет и два кадра оствари несекојдневно сугестивна креација. Професионалната зрелост на Бондурчук и Бринер, особено Бринер кој успеа од ништо да направи нешто. Тука се исто така допадли-вите улоги на Живоиновик, Дравиќ, Видов, Шоваговиќ, Аранѓеловиќ, Ангеловски, како и посебно возбудливата улога на Дворник. Ор-сон Велс, со своите 18 кадрови и Јиргенс со околу 25, се такви глумечки големини чие ед-ноставно појавување го окупираат нашето вни-мание и со минимум кадрови. Камерата и фо-тографијата на нашиот прв снимател — Пин-гер во некои секвенци постигнуваа извонред-ни квалитети и потфати.

Благоја Куновски — Доре

Page 12: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

Универзитет на слободниот ум (4)

На вас ви ги заветувам плодовите на мојата голема душа

„И одненадеж — од задните редови се разлева дрско, гласно, како во отворен про-зорец од улицата да е викнато. Одличен млад бас изговори: — Константин Димитриевич (рускиот поет Баљмоит) дозволете да Ве поз-дравам во името на вашите непријатели. — Таму стоеше темнокосо, не многу мазно зачеш-лано момче во блуза на уметник, со светол елек. Се осмевна и рече:

— Потихо, тихо, Соблечете ја облеката на древните идоли, Премногу долго сте се молеле Премногу долго сон сонувавте...

, . . Така некогаш сте пишувале Константин Димитриевич. Денес се тие стихови во пот-полност применливи за својот автор. Вие са-мите денес сте застарен идол. — Младичот зборуваше за тоа како Баљмонт го превидува изменетиот, околу него, руски живот. И пак го цитираше. Заврши објавувајќи му војна на Баљмонт и на правецот на поезијата на кој тој му припаѓа. Заврши и седна. Долго мол-чење. Баљмонт се осмевнуваше некако криво и беспомошно. Беше за жалење. По редовите шушкање и жагори: — Кој е тоа? — Кој е тој? Не знаете? — Ѓавол го знае! Некој фу-турист Мајаковски... Училиште за цртање...

Така совремеииците го опишуваат Маја-ковеки. Тоа е 1913 година. Мајаковски има 20 години. Тоа е предреволуционерниот Маја-ковски. Тој веќе одамна е член на руската Социјал-Демократска работничка партија. Ра-боти илегално. Затворен е. Заедно со Хљебни-ков, Бурљук, Кручоних и други, осниваат футуристичка група. Бараат нов уметнички израз; кршење на сите вообичаени форми. Огорчени претести против сите авторитети на буржоаската и малограѓанска култура. Футу-риетите вака велеле: „Кој не ја заборава сво јата прва љубов — нема ни да ја познае по-следната". Мајаковски се сеќава: „Помалати говори — мои и на Давид (Бурљук). Весници-те почнуваат да се полнат со футуризам. То-нот не беше сосема човечен. Така на пример мене едноставно ме нарекуваа „кучкин син’’... Никогаш немав пари. Немав облека. Земав од сестритс парче жолта лента, Ја заврзувам

околу врат. Уунебес. Значи вратовреката е највпечатливо и најубаво нешто кај . чове-к о т . . . "

Во тоа време ја носи својата прочуена „жолта блуза", која му ја сошила мајка му. Со неа се појавува на своите приредби и пре-дизвикува многу коментари. Напишал и пес-ничка „Кицошка блуза" во која се однесува пред извикувачки:

Јас ќе си сошијам црни пантолони Од сомотот на гласот мој. Жолта блуза од три аршина зајдисонце... Тие години Мајаковски пснекогаш трпи

крајна беда. Тежнејки да го занознае живо-тот на долните слоеви, тој оди по крчмите, ноќева по пајтонциеки конаци и лута по бу-леварите. Своите киижевии другари ги изне-надува со своето познавање на тој живот. Слично како Максим Горки ги проучува лу-ѓето од „дното". Тоа го изменува. Сосема го напушта сликарското и скулптурското учи-лиште. Неговите песни стануваат социјален протест против ошптеството на експлоатаци-ја-општество на контрасти од богатство и си-ромаштија. Најубавото дело на дореволуцио-нерното творештво на Мајаковски е поемата „Облак во пантолоии". Четирите дела на по-емата се четири извика упатени до буржоа-зијата: Долу вашата љубов!", „Долу вашата уметност!", „Долу вашата религија!" И „Долу вашето уредување!" Политичкиот смисол на поемата се покажал наполно јасно во прочу-ените редови кои го наговестуваат скорото доаѓање на револуцијата:

Јас исмеан од денешното племе како долга

непристојна анегдота, го гледам доаѓањето низ гори од време

на оној кого никој не го гледа. Таму кај што слабиот човечки вид не донира на чело на гладни орди

под трнлив венец на револуција шеснаеета година оди.

Во оваа поема Мајаковоки се пресметува и со религиозните предрасуди на буржоаско-то општество и со оној кој е одреден да го дели злото и среката во обичниот живот — „семоќниот бог": Мислев-ти си сесилно божество, а ти си недоучено боженце,; Гледаш, јас се наведнав

и од појасот вадам мало ноженце.

Крилеста ништаријо! Збиј се во рајот!

Со накострешени пердуви во страотна треска! Јас тебе, што мирисаш на темјан, ќе те

распорам од тука до Алјаска!

Затоа кај Мајаковски не постои дилема: дали е со револуцијата или не е, пред која дилема инаку се најдуваат многумина од руската интелигенција. Мајаковски пишува: „Револуцијата е моја". Живее сврзано со ре-волуционерните маси. Се раѓаат нови песни и поеми: „Човек", „Лев марш" „Мистерија — буф". Во поемата „150 милиони" (од 1920 год.) прв пат се јавува лик на рускиот народ, сим-болично представен во јунакот од народни песни — Иван;

„ВАМ кои низ дим и чад додека животот, едвај во носот се држеше.

шкрипејќи со рѓосани железа и запчаници сепак ете работеле —

сепак сте изработале. Вам, бесмртните зборови на славата кои со години расцветуваат, и довек не венат: За нас кои сте Страдале — слава ви

Милиони живи, слични

и останати Ивани.

Мајаковски напишал уште многу многу убави песни, песнички, поеми, театарски дела, сатири, реклами и слично. Нема да биде фер ако овде се споменат само некои од нив. Од неговата поезија се согледуваат различни ли-кови на авторот. Некогаш е цврст борец кој „како машина за месо лее оловни зборови по-дарени на револуцијата за роденден". Во друт случај, согледуваме лик на нежен заљубен и лирски расположен поет. („мамо, вашиот син нешто прекраено го боли"). Многу почесто Мајаковоки се јавува како практичар, раци-онален, строго ангажиран поет, спремен на секоја тема да напише успешна песна. За своите стихови Мајаковски зборувал дека се спремни и на смрт и на бесмртва слава, но себе си никогаш не се ставал во прв- план, туку она заради што се тие стихови и ство-рени: „Нека нашиот заеднички споменик би-де во борба изградениот социјализам". Посеб-но треба да се истакне уделот на Мајаковски во развитокот на поетскиот јазик. Воведува нов ритам, јазик, и сликовитост. Тоа се пред се смелите воведувања на разговорниот говор во стихот, потоа, користи многубројни стил-ски пресврти, директен говор, ораторски по-вици, динамични мисли и слично.

Мајаковски чувствуваше дека силата на неговите „пламени зборови" нема брзо да згасне . . .

. . . Мојот стих со труд грамади лета ќе пробие

и ке се јави предорно, грубо, видливо,

како што во наши дни влегол водоводот

сограден уште од римските робови.

(од поемата „ОД СИОТ ГЛАС")

Така и станува. „Продорен, груб, видлив" стих на поетот — борец одекнува и денес во душите на „потомците" не само во Советски-от Сојуз, туку и по сиот културен овет. Тој живееше и умре (самоубиство во 1930 год.) наполно свесен дека навистина ја исполнил својата должност кон своите современици и кон идните поколенија. Мајаковски беше све-сен дека „блескавата" иднина веќе се изгра-дува, дека човекот на иднината ке биде — слободен, прекраеен, силен; целосен човек „сјајот на свемирот".

Обрнувајќи се кон „идните луѓе" поетот вели:

„Вам ви ги заветувам плодовите од мојата голема душа."

Зоран Јоргакиески

Page 13: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ПРЕПИСКА

Пријатели, ах, пријатели Драги Никола, Мислев дека изминатите денови на зимскиот одмор ќе можам да одговорам на сите обврски што ми ги подари модерниот живот. Студира-њето, мислам доволно ме замори за да можам ца заборавам на него со мирна совест. Сите книги што имаат барем малку медицинска содржина (дури и оние во кои за модерната медицина пишуваат различни публицисти и новинари) ги оддалечив од мојата соба, иако и до сега не ги употребував премногу. Сепак, се чувствувам заморен, заситен од медицината и спремен подолго време да не го посетам фа-култетот.

До мојот кревет неколку недели ги гледам носледните броеви на „Сусрет" и „Поп-екс прес", но мислам дека уште долго нема да имам време да ги прочитам. Една пријателка одамна ми зборува дека би можел да го завр-шам препишувањето на „Оделот за рак" од Солжењицин и конечно да и ја вратам книга-та. Јас ја уверувам дека сеуште ја читам таа книга, но мислам дека таа изгубила секаква надеж дека наскоро ќе ја има пак кај себе.

Грамафонот не работи. Во новогодишната ноќ беше толку „зафатен", што јас не верувам дека наскоро ќе се опорави. Всушност, и така моите плочи се во посета кај еден пријател цел месец, па ми е сеедно дали тој ќе се сми-лува да ми ги врати. По некоја девојка пора-чал — ако плочите ми требаат, можам да си ги земам самиот. Се разбира, и н е очекував да ги имам повторно сите плочи, но верувам дека барем неколку не станале жртви иа не-кои клептомани кои совесно ја вршат својата работа.

Гледаш, јас сум хендикепиран. Без музика не можам — ти знаеш — ни да спијам, па ми-слам, дека сум среќен што целиот ден довол-но лутам и се заморувам па можам да заспи-јам и без музика. Покрај се, Советот на моите баби, стрини, тетки и другите активни озбору-вачки, заседава цела недела, а расправа за мојата инкриминирана брада. Јас не бев во можност да присуствувам на заседанието, но ги замолив да ги приложат моите забелешки во мојот кабинет и дека јас до почетокот на летото ќе ги разгледам.

Моите пријатели и особено пријателките ми помагаат да се чувствувам како да сум се вратил од некое маратонско авто-стоп патува-ње. Јас мислам дека никој нема на светот та-ка љубезни пријатели како што се моите. По неколку дена дојде една симпатична девојка и ме изненади: јас сум бил заљубен во неа неколку години, а таа за тоа не знаела.

Господи! Јас сум бил вљубен во Ана! Мислев дека се шегува, но таа очигледно, ве-рува во тоа. Како само помислила дека може да се вљубам во неа? Веројатно и помогнала некоја заедничка пријателка, некоја што има фантазија.

Ана сигурно некогаш ќе се увери дека ни-когаш не сум бил вљубен во некоја девојка, а најмалку во неа, но таа не е единствената што има сомнителни мисли. Ивана ми вели дека сакам да ја направам љубоморен-затоа со себе завлекувам малолетнички — и дека тоа е толку прозирно што таа не сака да размислу-ва за тоа. А тоа ми го споменува за да знам дека таа не е наивна, иако изгледа така. Ете, сега изигрувам заводиник.. .

Драган ми бара постојано, кога ќе ме види, цигари-иако знае дека не пушам-или, кога веќе немам цигари, би можел да му позајмам иљада динари. Дали ќе ми ги врати? Па, ве-ројатно, штом на први добие нешто повеќе од родителите. Драги мој Никола, ти личам ли јас тебе на близок роднина на Гинтер Сакс? Е, така мисли Драган, што неколку пати во денот ми бара иљада динари. А, Владо-тој постојано вели дека му должам пари, дека не е фер да му ветувам дека ќе му ги вратам, а немам таква намера.

Мислам дека ја знаеш Кристина. За неа велат дека е претерано самоуверена девојка, дека „со машки прави што сака", дека никој не може да предвиди што ќе рече во следниот момент, кому ќе му се насмевне или заведе.

А, таа Кристина, заправо „лови" таму каде што е матно, па многу често и уловува. Но, се случува да погреши при определувањето на местото каде што е матно, и тогаш е нависти-на интересно да се биде со неа, Како само се

извлекува. О, таа и не помислува некого да заведе, само и било интересно да се забавува со чувствата на некој гимназијалец...

Можеш ли да замислиш. Никола. како се живее со моите пријатели? Би можел ли ти на неколку пријателки истовремено да им велиш дека се најсимпатични во градот и се-која од нив да уверуваш дека си најискрен кон неа? Не, се разбира, не можам ни јас. Па, сепак, Јулија вели дека јас токму така се од-несувам. Сосем неодговорно, препотентно... Да, да, претерува Јулија, но таа сепак не е единствената девојка што има впечаток дека играм некаква улога од некој италјански филм во кој половината од мажите се заво-дници, но по правило инпотентни.

Комплименти, ти велам, само комплименти слушам од моите пријатели! Само да се оби-дам да му речам на некој пријател дека поп-ладнето нема да ме најде дома, ќе рече: знам каде ќе одиш, знам со кого Ќе одиш, знам зо-што одиш.. . Добро, откаде знаат моите при-јателки каде и со кого одам попладне, уморен од претпладневните разговори, се разбира со пријателките и пријателите, кога ни мојата мајка не знае каде се наоѓам преку це-лиот ден?

Како можам да се одморам? Како можам да одговорам на сите обврски на животот, ка-ко да ја прочитам „Оделот за рак„, кога да ги побарам моите сопствени плочи од „забораве-ниот" пријател, кога морам да докажувам де-ка не го имитирам Марчело Мастројани, дека сите пријателки се симпатични девојки, дека никому не должам пари, не пушам.. .

Заљубен во Ана, ме заведува Кристина, ни-когаш во фамилијата никој не се осудил да носи брада (поготово не како мојата) — освен некој пра-пра дедо кој брада не носел од мода, ами зашто живеел во време кога немало елек-трични апарати за бричење.

И, што мислам јас, заправо да правам со мојата медицина? А тоа ги интересира моите родители повеќе од мене (за жал. . . ) .

За моите обврски Ќе ти п и ш у в а м друг пат, Никола, а сега само сакав да ти објаснам зошто закаснува еден месец мојот одговор на твоето писмо. Сега, се надевам ќе сфатиш и нема да ми се љутиш, онака како што ти само знаеш, Зашто, и ти си мој пријател...

Ти велам, без пријатели е тешко да се жи-вее, но со нив е уште потешко.

Најубави желби, Оливер

Page 14: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ПРОФЕСИО НАЛЦИ ИЛИ АМАТЕРИ или ни ваму ни таму?

Во минатиот број, зборувајки за состојбата во која се наоѓа нашата македонска забавна му-зика, намерно малку се осврнав на еден од нај-важните фактори за нашиот застој на полето на забавната музика. Тоа е односот кон музи-ката, најширока речено.

Најнапред неколку објаснувања. Најлогично е, а и праксата тоа го потврдува, дека во светот на забавната музика најдобро поминуваат про-фесионалците. Тие се свесни дека само така мо-жат да го „вадат лебот" и ПОСТОЈАНО И НЕ-УМОРНО РАБОТАТ. Многу често тука талентот одигрува сосема мала улога. За тоа сведочат и многуте примери во светот и кај нас. Се разби-ра, тоа треба секако да го имаме на ум, под професионален однос треба ги подразбираме и „додатоците" (способен менаџер, добра рекла-ма). Значи, ако некој се решил да ја земе музи-ката како хоби, може да биде само добар слу-шател или таа да му биде за лично задовол-ство, одмор итн, во во никој случај таа нема да му биде животно занимање, извор на срет-ствата за егзистениија,

Кај нас, во Македонија нашите „републички звезди" седат на два стола. Имено, тие сакаат да блеснат на југословенското небо, дури и по-веќе од тоа, а од друга страна никој не сака да се р е ш и целосно да и се посвети на музи-ката, па затоа се држат и за факултетите. Ве-рувајте, вака борејки се на два фронта, губат и на двата. Не успеваат ни како студенти, ни како музичари. Да се задржкме само на пеачи-ге и групите. Ќе се сложите со мене дека горе-реченото потполно важи за нив. Секоја чест на исклучоците (кои се? ке прашате. Тоа се само Зафир, Љупка и некои „печалбари" како секс-тетот „Македонија") ЗНАЧИ: АКО ВАКА ПРО-ДОЛЖАТ ДА СЕДАТ НА ДВА СТОЛА. ТИЕ НИ-КОГАШ Н Е М А ДА У С П Е А Т ! Ако се ре-шени да успеат, тогаш треба да станат профе-сноналци. Тоа како прво. Потоа треба да се ра-боти. Најнапред да се најде способен менаџер (Кој ке биде само менаџер, а не покрај друго-го и менаџер!) Тој ќе треба барем на почето-кот да реши многу проблеми, Ке треба да најде кредитор, т.е. средства со кои ќе ја комплетира спремата (за групата) и да направи реклама. не е важно каква, со други зборови, да обрне внимание на своите „пулени". Потоа, да најде постојано место за настап и п о т о а да почне да ја врши својата менаџерска работа! Сите овие совети се разбира важат за оние кои поседу-ваат барем малку способности.

Професионалниот однос кон музицирањето секако ќе даде резултати. Да го илустрираме тоа пак со еден пример: Квалитетот на музици-рање на една скопска група, „Бис - Без" на при-мер и една загребска,, „Ми’’ на пример,Бис-Без настапува два-три пати годишно, а вежба нај-веројатно два пати повеќе. „Ми„ настапуваат нај-малку два пати неделно, а вежбаат секој ден! Кој потоа подобро ќе музицира „Бис - Без" или „Ми"? Прашањето е непотребно, нели? Ќе ре-чете каде да се настапува во Скопје? Постојат? сали, но со помал капацитет, што од своја стра на не значи дека некој ке го „загуби името’’

ако настапува два пати неделно пред двеста луѓе.

Да резимирам: За да се стано популарен и ценет во полето на забавната музика, треба да се односува кон неа само како кон професија. Но, тоа не е се! Не е лесно да се биде профе-сионалец. Треба да се решат многу проблеми. Со талент, добар менаџер и пари пред се ке се реши. Тоа не е лесно! Но денес ни лесно зара-ботен леб, зар не?

А сега да фрлиме и Еден поглед на ТОП-ЛИСТИТЕ Отсекогаш на топ-листите имало се и сешто,

а вистинскиот квалитет бил вистинска реткост. Комерцијалните сурогати секогаш царувале. Хи-гозите од типот „гума на џвакање" („Шугер, шугер", „На на-на, хеј хеј, кисми гудбај", „Плеј гуд олд рохен -ро потоа многуте регеј" хитови денес и порано хитовите на состав како „Ман-кис") по една недела слушање, ви одат на вер-ви, па ги менувате со други од ист тип. Исто како гумата за џвакање. По употребата, да се фрли! Ќе речете, на и тоа се бара — забава! За мене еден хит треба повеке да даде, пред се уживање! На тол листите ваквите хитови се де-пикатес, за жал, редок. Највеке два пати годиш-но „Битлсите", „Стоунси", Дасти Спригфилд, Сила Блек, а некои само еднаш во кариерата, ке дадат нешто што ке ве задоволи и ќе успее на топ листите. Многу почесто правите квали-гети ги нема на тов-листите. Можеби затоа што првиот квалитет е најчесто некомерционален. Квалитетвите и пред се прогресивните правци, за жал се некомерцнонални. Ова од своја стра-на зборува дека публиката сеуште не е зрела (читај: нема способен да разликува кич рд пра-за вредност) да го прифати она што е квали-тетно и прогресивно. Затоа и составите како „Иквалс", „Арчиз" („Куф линкс"), потоа „регеј" — ѕвездите како Џими Клиф, Дезмовд Декер, „Апсетрс", пота групите пгго дека еден хит се-когаш биле и се популарни од еден Џов Меил или составите како „Џетро тал", „Блед свит енд гиарс", „Флидвуд мек", „Лед зепелин", „Кинг кримсон" или малку подалеку, личностите како Отис Рединг, Нина Симеов, Би Би Кинг, потоа да купат плоча со квалитетна и прогресивна „Моли блуз" и ред други. Оние што се решени музика се принудени да бараат податоци во стручните часописи и да ги слушаат навистина ретките радио емисии каде квалитетот е един-ствен услов за „зелено светло". Од друга страна, прогресивното и квалитетното е скап хоби. Нај-често се работи за ЛП плочи и тоа барем де-сетина годишно и тоа тешко достатпни што значи за недостижни просечен џеб. Овде мо-жеби лежат и причините за некомерционалнос та на квалитетната музика. Да заклучиме, т. е. да ја потврдиме старата вистина дека топ лис-тите не се мерило за квалитетот.

На крајот да ви откријам и што ме наведе сето ова за топ-листит? да го напишам. Тоа е „регеј" - стилот што веќе три месеци.

Се поставува прашањето до кога квалите-тот ке биде запазен на топ-листата?

И. Руси

Page 15: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

инвенци ЈАТА НА „МАЈКИТЕ НА ИНВЕНЦИ ЈАТА" Ја прикажува нивниот шеф френк запа

„Ако сакате во музиката да се јавите со нов оригинален'' тренд и самите мора да бидете оригинални, Музиката мора да биде компони-рана и изведена од истите луѓе. Треба да има те смелост и да се борите со издавачките куќи за издавањето на своите плочи. Треба да бидете креативни, а не како разноразните Џимови и Џекови кои се занесуваат дека знаат што сакаат".

„Сметам дека во Америка до денес нај ви-тална и нај жива музика останува рокот иако тој од време на време не знае што сака. Не сум во најдобри односи со сите групи, но за оние со кои одржувам контакти сум сигурен дека се конвенционални. Тие немаат естетско разбирање за она што го творат. Нивната идиотска логика е „НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СВОИТЕ РАБОТИ". Тие немаат основа за да го надградуваат естетското. Со мене е сосем друг случај. Слушам најразлични видови му-зика и тоа ми помага да го свртам внимание-то на луѓето кон битното во музиката, кон она што тие така често го занемаруваат".

„Рокот" го измени увото на слушачите и ги одвикна од слушање на покомпликована музика како на пример Бах. Ние направивме прогрес. После слушањето на нашите плочи луѓето можат да слушаат без напрегање кла-сични концерти. Тој наш конгрес се должи на моето ново сваќање за композицијата. За мене уметноста на компонирањето е уметност на вешто вметвување. Затоа во моите композиции можете да чуете тонови и звуци на такви места каде што воопшто не ги очекувате. Од една таква мешавина на тонови, завалени во своите домови, лесно можете да се здобиете со рево-луционерни идеи".

„Голема улога во музичкото обликување игра аранжманот. Апсолутно се разликува она што вие го свирите и она што луѓето го слушаат. Од некој кретенски звук со добра изведба можете да извадите добра мелодија и обратно од добра мелодија со слаба изведба мо-жете да добиете масакр на тонови. Од овие причини сите песни што до сега сум ги напи-шал се одсвирени погрешно"

ПЛАСТИЧНИ ЛУЃЕ

Дами и господо претседателот на Соединетите Држави. „Здраво Американци". Тој е болен, но јас сепак се надевам дека жена му ќе ни

донесе малку пилешко. Пластични луѓе о драга, тиси така гадна. Знам дека е тешко човек да се заштити од една така непопуларна

полиција. Пластични луѓе о драга ти си така гадна. ЦИА се метка на местото околу Лаурел Канјонот каде што мојата малечка ме чека таа е алсолутно пластича

со лицето измачкано пластично плаво и косата полиена со пластичен шампон. Не знам, но понекогаш сум уморен од тебе

драга Пластични луѓе. Слушам звук на пети кои маршираат долу кај Сансел булеварет и Висините на Крескент. Насекаде сме окружени со пластични луѓе од најдобар квалитет. Прошетај се и посматрај ги нацистите што го иредупредуваат градот тогаш вратисе се дома и закључи се слушајќи не нас. Пластичните луѓе. Гледам по денот по месечината и ги бараме годините на заборавените љубови.

„Во денепшата публика постојат две струи. Првата, на луѓе заинтересирани за музиката и втората, на луѓе заинтересирани за нејзина-та формална изведба. Мнозина се обидуваат да најдат сатира во она што го правиме. Тив не слушаат, туку судат за театарекиот начин со кој и пристапуваме на музиката. Затоа нашите појави се наизглед чудни. Нашиот „хепенинг" тежнее кон визуелното задоволу-вање, покрај музичкото. Затоа не ќе згрешите ако не наречете музички комичари"

ФРЕНК ЗАПА

Ако немате што да правите со парите, а се интересирате за музиката (или наречете ја како саката) на „МАЈКИТЕ НА ИНВЕНЦИ-ЈАТА" подолу ви давам преглед на нивните досега издадени плочи. Евентуални реклама-ции не се примаат.

„УЖАСНО" СВЛП 9154

„АПСОЛУТНО СЛОБОДНО" СВЛП 9174

„ОВДЕ СМЕ САМО ЗАРАДИ

ПАРИ" СВЛП 9199

„ГРУТЧЕСТА КАША" СВЛП 9223

„РУБЕН И ЏЕТСИТЕ" СВЛП 9237

„МАЈКОМАНИЈА" СВЛП 9239

„ВУЈКОТО МЕСО" дупли албум СВЛП/ТРА 197

Сите плочи се снимени за компанијата „ВЕРП". Лично ви ја препорачуваме плочата „ОВДЕ СМЕ САМО ЗАРАДИ ПАРИ" заради квалитетот на корицата. Во квалитетот на ос-таналото не навлегуваме.

вашиот инвенциозен

СТЕФАНОВСКИ ГОРАН

Page 16: Фокус бр. 19 / Focus No 19 br. 19

ТУКА НЕКАДЕ П0КРАЈ

НАС ИЛИ ПОЕЗИЈА НА

СВЕТСКИ ГРАГАНИН

Да се пишува за поезијата на Огден Неш на-вистина е штета.

Мислам, многу подобро е ако наскоро збирка-та „Стихови" се најде во вашите раце. А потоа, сигурно ќе се сложите со мене дека непосредната врска со животот е главна од-лика на Огден Неш, и воошпто, животот е неговата главна иета. Затоа што и г. Фор, и г. Швеленбах, професорет Приморзо и ос-танатите јунаци од неговите стихови се лу-ѓе што можете да ги сретнете на секое кат-че од овој огремен свет, а не само од онаа страна на Атлантикот.

Сакам да кажам дека протагонисти на негова-та поезија сме самите ние, односно јас и вие.

Што се одвесува до личниот живот на Огден Неш, тука нема многу што да се пишува.

Роден е во државата Њујорк н градот Рај 1902-та.

Во главно-оттогаш е со луѓето. Ги познава нивните мани, слабости, склоности, пасии, размислувања, расудувања, желби, пробле-ми... го познава и брачниот пекол, првото дете, вторето дете и т. н.

Пишува за нешто што е толку секојдневно, — а сепак интересно, за нешто едноставно, — а сепак сложено. Тој никогаш не лута по метафизичките престори на мислата, туку секогаш е автентичен и жив и заради тоа секогаш актуелен.

Мислам дека сум должен да му се извинам на Драгослав Андриќ, преведувач каков не-ма, затоа што морав некаде да го изменам неговиот блескав превод во интерес на ма-кедонскнот јазик.

Мисли што се стиснаа да смислат Ако сте жедни да слушнете кој рекол „Ми-

слам, значн постојам", со вода ќе ја згас-нам вашата жед:

Тоа беше Рене Декарт, но тој всупшост рече „Је реnѕе, dоnс је ѕuis’’, зошто беше од францускиот род.

Истото тоа го рече и на латински, „Соgitо, еrgoо ѕum".

Едноставно да покаже дека е културен човек, а не тениски скитник или некој од оние со правило — што на ум тоа на друм.

Декарт е еден од малиот број луѓе кои мислат, значи постојат,

Бидејки оние кои не мислат, а постојат, далеку повеќе бројат.

На работ сме од хаос, зарем не, Затоа што многу мидлат за да мислат, и тоа е

се. Всупшост, мислењето е она што ги сече, Зошто мислата бара време и напор да се ми-

сли, размислува, предмислува, резонира, расудува и да се испече, па да се рече.

Нивниот дух е изложен на настаните и идеи-те, но тоа не предизвикува кај нив никак-ви рефлекси и рефлексии.

Како што ни платната во кината не мудрува-ат за тоа што значат тие проекции. Затоа од општа збрка сме понесени, Која е резултат на непромислени заклучоци

на брзина донесени. Луѓето кои мислат само за да мислат, кришум

мислат дека размислувањето е нешто нај-досадно подобро од него раце дигни! —

И затоа се покриваат со натписи МИЦЛИ (или како што би рекол Декарт ПАНСИ-РАЈ) односно МИСЛИ ИЛИ МИГНИ

Бидејќи ниввите постапки не се придвижени од мисли туку од импулси и од нивно на-мигнување и мрдање.

А тоа му доаѓа повеќе како ж и ж и ц и или жи-гање.

Можеби и затоа што им препуштивме на ру-сите така досадна работа како што е ми-слењето таа црвена звезда толку сјае во овој час.

Така мислам и јас.

Мазги Во светот на мазги нем Не постои никаков систем.

Размислувања за тоа како се поминува, за времето, и за тоа како е сето тоа

неминовно Во времиња што веќе ги нема Девојките ги мачеше дилема.

Чудна случка на претпазливиот возач Сте ја прочитале ли биографијата на г. Шве-

ленбах? Ако не сте, не е мака. Г. Швеленбах немаше многу причини да жи-

вее, но сепак не сакаше да умре туку така. Статистиките за сообраќајните несреќни ни-

когаш не ги симнуваше од ум, Возеше највеќе 25 милји на час, и жал ми е

што морам да речам-тој никогаш никого не престигнал дури и ако овој застанаше среде друм.

Кога Ќе го сопреше автомобилот заради црве-ното светло иа семафорот, секогаш ќе го изгаснеше моторет, ќе ја повлечеше рачна-та кочница, Ќе ги заклучеше сите врати, ќе провереше дали ги зел со себе возачката дозвола и документите за регистрација на возилото, ќе ги прегледаше сите прегради за ракавици, да погледне не ли се некои глувци таму скриени,

А кога зелениот сигнал ќе се запалеше, сите зад него мораа да чекаат да го дератизира автомобилот, да се увери во своето право на возење, да ги отклучи сите врати, да ја откочи рачната кочница, да притисне по-грешно копче и да го вклучи Френк Сина-тра наместо моторот, додека за тоа време три пати се премениле сигналите, црвени и зелени.

Секоја есен-штом првите капки дожд паднат како самци Г. Швеленбах купуваше два па-ра, ако не и повеќе, нови ланци

Водеше евиденција за секое смртоносно пука-ње на гума во западната хемисфера од 1923-та

И ставаше нови гуми на секои 750 милји би-дејќи не сакаше на среќата да биде мета.

И ете, возеше тој така со, „чички" нови гуми 25 милји на час и подалеку од срединта на друмот, уште лани,

Кога на автомобилот на некој зеленаш што доаѓаше од спротива му пукна гума, бидеј-Ќи беше стара, и тој автомобил скршна пре-ку онаа линија на средина од патот и го испрати во пеколот нашиот г. Швеленбах, тој возач без мани.

подготвил