13

ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

  • Upload
    others

  • View
    10

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен
Page 2: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

ПРЕДЛОГ

ФИНАНСИСКИ ПЛАН ЗА 2010 ГОДИНА

НА

РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Скопје, септември 2009

Page 3: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија е изготвен согласно член 34 став 2 од Законот за енергетика („Сл. Весник на РМ“ бр. 63/06, 36/07 и 106/08) според кој Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 1 октомври од тековната година, до Собранието на Република Македонија го поднесува за усвојување предлогот на Финансискиот план за наредната година, во кој се содржани сите приходи и трошоци на Регулаторната комисија, вклучувајќи ги и платите на членовите на Регулаторната комисија и на вработените, како и надомест за членовите на Комисијата за жалби и нивните заменици. Според ставот 1 од истиот член работењето на Регулаторната комисија се финансира од сопствени извори на средства обезбедени преку наплата на надомест од вкупниот приход на друштвата што вршат енергетска дејност остварен на домашниот пазар и од наплата за издадените лиценци.

Во предложениот финансиски план детално се презентирани планираните приходи и расходи на Регулаторната комисија за енергетика, врз основа на предвидените активности за 2010 година. Притоа, се предлага планираниот приход на Регулаторната комисија за енергетика за 2010 година да се оствари со наплата на надомест во висина од 0,046% од вкупниот приход на друштвата што вршат енергетска дејност остварен на домашниот пазар. Оваа стапка на зафаќање е пониска за 13,21% во однос на одобрената за 2009 година која што изнесуваше 0,053% и е пониска од 0,1% од вкупниот приход на друштвата утврдена со член 34 став 3 од Законот за енергетика.

2

Page 4: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

А. Законска основа Предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2010 година е заснован на член 34 став 2 од Законот за енергетика („Сл. Весник на РМ“ бр. 63/06, 36/07 и 106/08), со кој е утврдено дека Регулаторната комисија за енергетика најдоцна до 1 - ви октомври од тековната година, до Собранието на Република Македонија поднесува предлог на финансиски план за наредната година за усвојување, во кој се содржани сите приходи и трошоци на Регулаторната комисија, вклучувајќи ги и платите на членовите на Регулаторната комисија и на вработените, како и надоместок за членовите на Комисијата за жалби и нивните заменици. Во ставот 3 од истиот член е утврдено дека во рамките на предлогот на финансискиот план од став 2 на овој член, а врз основа на планираните приходи за тековната година на друштвата кои вршат енергетска дејност, Регулаторната комисија го утврдува надоместокот од став 1 на овој член за наредната година преку определување на понизок процент на зафаќање од остварениот вкупен приход на друштвата, на кој дава согласност Собранието на Република Македонија и кој не може да изнесува повеќе од 0,1 % од вкупниот приход на друштвата. Б. Планирани трошоци

При планирањето на трошоците за работење на Регулаторната комисија за 2010 година, се имаше во предвид потребата од квалитетно, ефикасно и континуирано извршување на задачите кои се во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, со рационално трошење на средствата кои и се на располагање, а врз основа на остварените трошоци во претходниот период, сообразени со обемот на предвидените неопходни активности и потреби за 2010 година.

Планираните финансиски средства за 2010 година се предвидува да бидат искористени за следните потреби, односно намени:

1. Со предложениот финансиски план во групата плати, наемнини и

надоместоци предвидени се средства за платите на вкупно 23 вработени, од кои четири ново вработени во октомври 2009 година, планирани две нови вработувања во 2010 година, како и петте именувани членови на Регулаторната комисија за енергетика. Со Законот за енергетика („Сл. Весник на РМ“ бр. 63/06, 36/07 и 106/08), како и со обврските на Република Македонија кои што произлегуваат од Договорот за енергетската заедница, надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика се зголемени и усложнети во однос на оние кои што беа утврдени со претходната законска рамка, со проширување на регулаторната и контролната улога на комисијата. Од овие причини произлезе потреба од доекипирање со стручен кадар со уште две лица со високо стручно образование, со потребно работно искуство, упатени во проблематиката и обучени за извршување на задачите од нивниот делокруг. Исто така, со овој финансиски план е предвиден и месечниот надомест на трите члена на Комисијата за решавање на жалби во областа на енергетиката и на нивните заменици, кој согласно член 33,

3

Page 5: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

став 9 од Законот за енергетика се исплаќа од вкупниот приход на Регулаторната комисија за енергетика, во износ утврден согласно со Одлуката на Собранието на Република Македонија. Во групата на трошоци за плати, наемнини и надоместоци, под ставката останати надоместоци во согласност со закон, предвидени се трошоци за надоместокот кој што согласно член 30 став 4 од Законот за енергетика во период од една година им се исплаќа на членовите на Регулаторната комисија за енергетика на кои што им престанал мандатот.

2. Во групата на расходи - придонеси од плати и персонален данок на

доход предвиденото зголемување од 23% во однос на одобреното во 2009 година е резултат на реализираните вработувања согласно одобрениот финансиски план за 2009 година и препораките на Европската комисија (четири вработувања од октомври 2009 година и две вработувања во 2010 година).

3. Во групата патни трошоци и репрезентација предвидено е

зголемување од 50% како резултат на зголемувањето на трошоците за дневници за службени патувања и патни трошоци во странство од 63% и трошоците за репрезентација од 24%. Ова е резултат на:

- учеството во работата на Регионалната асоцијација на

енергетските регулатори (ERRA) со седиште во Будимпешта, каде што Регулаторната комисија за енергетика е полноправна членка. Во оваа смисла Регулаторната комисија за енергетика редовно учествува во работењето на трите постојани комитети на ERRA и тоа Комитетот за цени и тарифи, Комитетот за лиценцирање и конкуренција и Правниот комитет.

- учеството во работата на Енергетската заедница во рамки на

одборот на регулатори (ECRB), во работните групи за електрична енергија, природен гас, заштита на потрошувачи и имплементациона група за канцаларија за координирани аукции за Југоисточна Европа

- зголемениот број на ново вработени за кои се предвидени

семинари и обуки во Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (ERRA) и во работните групи на ECRB.

- зголемени трошоци за репрезентација како учество во реализацијата на проектот за „Институционално зајакнување на Регулаторната комисија за енергетика“ кој се состои од Твининг проект во соработка со австрискиот регулатор и Техничка помош во соработка со консултантската куќа КЕМА од Холандија.

4. Во групата на потрошена енергија и комунални услуги предвидено е

зголемување на трошоците за електрична енергија и централно греење поради зголемена закупена површина на работен простор. Закупениот поголем работен простор е потребен за зголемениот број на вработени во Рагулаторната комисија за енергетика, како и потребата од обезбедување на работен простор за работа на ангажираните

4

Page 6: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

консултанти за реализација на проектот: „Институционално зајакнување на Регулаторната комисија за енергетика“ кој се состои од Твининг проект во соработка со австрискиот регулатор и Техничка помош во соработка со консултантската куќа КЕМА од Холандија. Финансиските средства за ангажираните консултанти за реализација на овие проекти се обезбедени преку „IPA”–фондовите од страна на Европската комисија а Регулаторната комисија за енергетика учествува со финансиски средства за обезбедување на работен простор, канцелариски мебел, опрема и материјали, потрошена енергија и комунални услуги.

5. Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен трошок претставува позицијата претплата на списанието Platt’s Crude Oil Market и претплата на списанието „F.O.L.ICHTS”- World Biodiesel Price Report.

6. Значителен дел од вкупната сума на средства предвидена со овој

финансиски план во групата договорни и други услуги е наменета за подмирување на трошоците за закупнина на канцелариски простор од 610 м². Вкупниот износ за закупнина за користење на канцелариски простор изнесува 7.100.000 денари, што претставува околу 59% од трошоците предвидени за договори и други услуги. Во оваа група на трошоци вклучени се и трошоците за консултантски услуги од независни експерти, анализи на финансиското работење на носителите на лиценци за вршење енергетски дејности, авторски хонорари, договори за дело, потребата од превод на сите подзаконски акти донесени од страна на Регулаторната комисија за енергетика, зголемени трошоци за банкарски провизии за купување на државни записи од Министерството за финансии и зголемени трошоци за наемнини од граѓани за станбен простор.

7. Со финансискиот план за 2010 година во групата набавка на основни средства предвидено е набавка на канцелариски мебел и канцелариска опрема за нововработените лица во износ од 490.000 денари, набавка на информатичка опрема во износ од 620.000 денари, како и набавка на патничко моторно возило.

8. Во текот на работата во изминатите години Регулаторната комисија за

енергетика оствари дополнителни средства, со висок процент на наплата на заостанат ненавремено платен надоместокот со судски постапки кои траеја повеќе години, од компаниите кои вршат енергетска дејност. Овие дополнителни средства беа користени за купување на државни записи од Министерството за финансии за подршка во остварувањето на планиранираните годишни буџети на Република Македонија. Регулаторната комисија за енергетика во месец октомври 2009 година овие средства, во износ од околу 80 милиони денари, ги вложи во купување на шест месечни државни записи со девизна клаузула а после датумот на достасување во месец април 2010 година

5

Page 7: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

планира да ги вложи во купување на деловен простор, работни простории за вработените во Регулаторната комисија за енергетика.

Дел од средствата предвидени со предложениот финансиски план се планирани да бидат ангажирани за остварување на функциите на Регулаторната комисија за енергетика кои произлегуваат од обврските кон меѓународните организации и институции, како и останатите обврски преземени на меѓународно ниво, како што се:

- Договорот за енергетската заедница на Југоисточна Европа, потпишан

кон крајот на октомври 2005 година, а ратификуван во мај 2006 година. Во рамките на овој Договор, Регулаторната комисија за енергетика учествува во работењето на Регионалниот Борд на Регулаторите и во постојаните и повремените работни групи. Исто така во рамките на активностите на енергетската заедница, во план е Регулаторната комисија за енергетика во текот на 2010 година да организира и биде домаќин на состанок на една од постојаните групи;

- Учеството во работата на Регионалната асоцијација на енергетските

регулатори (ERRA) со седиште во Будимпешта, каде што Регулаторната комисија за енергетика е полноправна членка. Во оваа смисла Регулаторната комисија за енергетика редовно учествува во работењето на трите постојани комитети ERRA и тоа Комитетот за цени и тарифи, Комитетот за лиценцирање и конкуренција и Правниот комитет;

- Соработката со регулаторните тела од земјите од регионот, со цел за

размена на искуства и здобивање на сознанија од нивната регулаторна пракса, како и за координиран пристап во реализацијата на обврските кои што произлегуваат од Договорот за енергетската заедница. Ваква соработка е остварена со Регулаторното тело на Република Хрватска и Република Албанија. Покрај продолжувањето на соработката со овие регулаторни тела, се планира во текот на 2010 година соработката да се прошири и со други Регулаторни тела во регионот и пошироко.

Имајќи ги во предвид потребите од исполнување на горе наведените предуслови, со финансискиот план за 2010 година се предвидени вкупно потребни средства во износ од 54.572.475 денари.

Како прилог кон овој Предлог финансиски план дадени се следните

табели:

- табела 1 - финансиски план за 2010 година - табела 2 - аналитички преглед на приходите и расходите во 2010 година, споредени со истите во 2009 година - табела 3 - преглед на расходите по видови.

6

Page 8: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

В. Планирани приходи

Согласно член 34 став 1 од Законот за енергетика, средствата за покривање на планираните трошоци на Регулаторната комисија за 2010 година треба да се обезбедат преку наплата на надомест од вкупниот планиран приход во 2009 година на друштвата кои вршат енергетска дејност во Република Македонија остварен на домашниот пазар, како и од средствата обезбедени преку наплата за издадени лиценци.

Основица за плаќање на надоместокот за 2010 година претставува остварениот приход на друштвата во 2009 година, кој што е пресметан како резултат на остварениот приход на друштвата за 2008 година во износ од 101,1 милијарди денари, според податоците добиени од Централниот регистар на Република Македонија.

За покривање на планираните трошоци за работење на Регулаторната комисија за енергетика за 2010 година во износ од 54.572.475 денари намалени за пренесените приходи од претходната година во износ од 8.051.870 денари, потребно е процентот на надоместокот од остварениот вкупен приход на друштвата што вршат енергетска дејност на основицата од 2009 година во износ од 101,1 милијарди денари, да изнесува 0,046%.

Поаѓајќи од напред наведените елементи, се предлага процентот на

надоместокот од остварениот вкупен приход на друштвата што вршат енергетска дејност со кои ќе се финансира работењето на Регулаторната комисија за 2010 година, да изнесува 0,046% од остварениот вкупен приход на овие друштва во 2009 година, што е под законски предвидениот максимум од 0,1%.

7

Page 9: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

ТАБЕЛА 2

Освтварено до

30.09.2009

Проценка од 01.10 до 31.12 2009

Вкупно 2009

План 2010 /

одобрено 2009

План 2010 /

проценка 2009

1 2 3 4 5 6=4+5 7 8=7/3 9=7/6A ПЛАНИРАНИ ПРИХОДИ 43,013,835 46,670,888 1,450,332 48,121,220 54,572,475 1.27 1.13

1 Планирани приходи од надоместок на друштвата кои вршат енергетка дејност 43,013,835 46,670,888 1,450,332 48,121,220 46,520,605 1.08 0.97

2 Пренесен приход во наредна година 8,051,870Б ПЛАНИРАНИ РАСХОДИ 43,066,170 28,927,250 11,142,100 40,069,350 54,572,475 1.27 1.361 Плати, наемнини и надоместоци 17,488,200 10,890,900 3,509,800 14,400,700 18,946,750 1.08 1.32

1.1 Плати за вработени 14,089,200 9,848,100 2,979,900 12,828,000 15,582,850 1.11 1.211.2 Надоместок за превоз до и од работното место 0 0 0 0 0 0.00 0.001.3 Надоместок за храна 0 0 0 0 0 0.00 0.001.4 Надомест за работа на Второстепена комисија 495,000 370,000 123,400 493,400 493,400 1.00 1.001.5 Надоместок за годишен одмор 240,000 204,300 0 204,300 310,500 1.29 1.521.6 Останати надоместоци во согласност со закон (апанажа) 2,664,000 468,500 406,500 875,000 2,560,000 0.96 2.932 Придонеси од плати и персонален данок 6,758,770 4,851,900 1,456,100 6,308,000 8,299,400 1.23 1.32

2.1 Задолжителен придонес за ПИО 3,589,500 2,584,500 780,000 3,364,500 4,537,600 1.26 1.352.2 Задолжителен придонес за здравство 1,424,300 1,044,000 306,700 1,350,700 1,791,200 1.26 1.332.3 Придонес за вработување во случај на невработеност 264,800 193,300 57,300 250,600 334,400 1.26 1.332.4 Професионален дополнителен придонес за здравствено осигурување 94,020 61,300 20,500 81,800 119,400 1.27 1.462.5 Придонес за водостопанство 37,670 0 0 0 0 0.00 0.002.6 Персонален данок од плата 1,348,480 968,800 291,600 1,260,400 1,516,800 1.12 1.203 Патни трошоци и репрезентација 2,200,000 1,799,700 779,300 2,579,000 3,307,625 1.50 1.28

3.1 Дневници за службени патувања и патни трошоци во земјата 150,000 86,700 63,300 150,000 150,000 1.00 1.003.2 Дневници за службени патувања и патни трошоци во странство 1,600,000 1,593,000 386,000 1,979,000 2,600,000 1.63 1.313.3 Трошоци за репрезентација 450,000 120,000 330,000 450,000 557,625 1.24 1.244 Потрошена енергија и комунални услуги 1,217,200 598,170 466,300 1,064,470 1,403,200 1.15 1.32

4.1 Електрична енергија 460,000 197,000 135,000 332,000 460,000 1.00 1.394.2 Водовод и канализација 114,000 91,800 22,200 114,000 150,000 1.32 1.324.3 Комунална хигиена 13,200 9,200 3,100 12,300 13,200 1.00 1.074.4 Централно греење 630,000 300,170 306,000 606,170 780,000 1.24 1.295 Транспортни услуги 2,395,000 1,476,800 612,300 2,089,100 2,845,000 1.19 1.36

5.1 ПТТ услуги 1,200,000 743,000 457,000 1,200,000 1,500,000 1.25 1.255.2 Поштарина 45,000 11,800 33,200 45,000 45,000 1.00 1.005.3 Горива и масла 360,000 115,000 63,000 178,000 360,000 1.00 2.02

АНАЛИТИЧКИ ПРЕГЛЕД НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ

Р.бр. ОПИС ОДОБРЕНО 2009

ПРОЦЕНКА ЗА 2009

ПЛАН 2010

ИНДЕКС

Page 10: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

Освтварено до

30.09.2009

Проценка од 01.10 до 31.12 2009

Вкупно 2009

План 2010 /

одобрено 2009

План 2010 /

проценка 2009

Р.бр. ОПИС ОДОБРЕНО 2009

ПРОЦЕНКА ЗА 2009

ПЛАН 2010

ИНДЕКС

5.4 Регистрација на моторни возила 70,000 66,100 0 66,100 70,000 1.00 1.065.5 Гуми и резервни делови 120,000 0 0 120,000 120,000 1.00 0.005.6 Други услуги (печатење, патарини, паркинг итн.) 600,000 540,900 59,100 600,000 750,000 1.25 1.256 Материјални трошоци и амортизација 3,530,000 2,245,130 1,195,150 3,440,280 4,830,000 1.37 1.40

6.1 Потрошен материјал 800,000 186,700 613,300 800,000 600,000 0.75 0.756.2 Отпис на ситен инвентар 20,000 11,300 8,700 20,000 20,000 1.00 1.006.3 Списанија и весници 80,000 36,580 23,000 59,580 80,000 1.00 1.346.4 Стручна литература 150,000 118,500 31,500 150,000 150,000 1.00 1.006.5 Претплата на списанија Plats +„F.O.L.ICHTS”- World Biodiesel Price Report 1,100,000 1,210,300 0 1,210,300 2,400,000 2.18 1.986.6 Средства за одржување на хигиена 30,000 7,400 15,000 22,400 30,000 1.00 1.346.7 Услуги за одржување 250,000 144,350 105,650 250,000 250,000 1.00 1.006.8 Амортизација 1,100,000 530,000 398,000 928,000 1,300,000 1.18 1.407 Договорни и други услуги 8,357,000 6,430,450 2,746,150 9,176,600 12,514,500 1.50 1.36

7.1 Закупнина за канцелариски простор 5,400,000 4,007,800 1,840,000 5,847,800 7,100,000 1.31 1.217.2 Наемнини од граѓани 204,000 198,700 99,200 297,900 398,500 1.95 1.347.3 Банкарска прозивија 60,000 121,300 51,000 172,300 120,000 2.00 0.707.4 Осигурување на моторни возила 62,000 53,200 0 53,200 62,000 1.00 1.177.5 Осигурување на опрема 14,000 12,000 0 12,000 16,000 1.14 1.337.6 Адвокатски и други правни услуги 150,000 90,200 59,800 150,000 150,000 1.00 1.007.7 Судски вештачења 97,000 0 0 0 97,000 1.00 0.007.8 Членарини во меѓународни и домашни организации 200,000 214,000 0 214,000 300,000 1.50 1.407.9 Трошоци за соработка со регионални регулаторни тела 0 0 0 0 380,000 0.00 0.007.10 Семинари и конференции 180,000 296,200 148,100 444,300 601,000 3.34 1.357.11 Преведувачки услуги 80,000 160,100 0 160,100 300,000 3.75 1.877.12 Стручно образование и научно усовршување 120,000 0 35,000 35,000 240,000 2.00 6.86

7.13Консултантски услуги од независни експерти, анализа на финансиски работење, авторски хонорари, договор за дело и повремени и привремени услуги 1,640,000 1,162,400 477,600 1,640,000 2,600,000 1.59 1.59

7.14 Останати расходи (курсни разлики, интелектуални услиги итн.) 150,000 114,550 35,450 150,000 150,000 1.00 1.008 Промотивно-информативни активности 100,000 0 0 0 100,000 1.00 0.00

8.1 Промотивно-информативни активности 100,000 0 0 0 100,000 1.00 0.009 Набавка на основни средства 1,020,000 634,200 377,000 1,011,200 2,326,000 2.28 2.30

9.1 Канцелариски мебел 200,000 0 200,000 200,000 490,000 2.45 0.009.2 Информатичка опрема 620,000 617,800 150,000 767,800 620,000 1.00 0.819.3 ПТТ и друга останата опрема 200,000 16,400 27,000 43,400 100,000 0.50 2.309.4 Моторно возило 1,116,00010 Вкупно планирани расходи 43,066,170 28,927,250 11,142,100 40,069,350 54,572,475 1.27 1.36

Page 11: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

ТАБЕЛА 3

Ред.бр. ВИД НА РАСХОД Одобрено за

2009Планирано за

2010Индекс

2010/2009

A Материјални трошоци и амортизација 12,746,200 14,873,700 1.171 Потрошен материјал 950,000 750,000 0.792 Потрошена енергија 1,564,000 1,750,000 1.123 Отпис на ситен инвентар 20,000 20,000 1.004 Транспортни услуги 1,245,000 1,545,000 1.245 Услуги за одржување 250,000 250,000 1.006 Закупнина на деловен простор 5,604,000 7,498,500 1.347 Други услуги 2,013,200 1,760,200 0.878 Амортизација 1,100,000 1,300,000 1.18

Б Нематеријални трошоци 8,142,200 10,930,525 1.341 Авторски хонорар, догор за дело, комисија за жалби итн. 2,562,000 3,093,400 1.212 Надомест за трошоци на вработени 2,878,000 2,750,000 0.963 Репрезентација 450,000 557,625 1.244 Премии за осигурување 76,000 78,000 1.035 Други лични примања 360,000 550,500 1.537 Банкарски услуги и членарини во здруженија 260,000 420,000 1.628 Семинари и конференции 180,000 601,000 3.349 Претплата на списанија 1,100,000 2,630,000 2.3910 Останати расходи 150,000 250,000 1.6711 Даноци и придонеси кои не зависат од резултатот 126,200 0 0.00

В Бруто плати 21,468,800 26,442,250 1.23

Г Набавка на основни средства 1,020,000 2,326,000 2.28

ВКУПНО РАСХОДИ 42,277,200 54,572,475 1.29

ПРЕГЛЕД НА РАСХОДИ ПО ВИДОВИ

Page 12: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен

Ред.бр. ОПИС Планирано за

2010 %

A ПЛАНИРАНИ ПРИХОДИ 54,572,475 100.00

1 Планирани приходи од надомест од друштвата кои вршат енергетска дејност 46,520,605 85.25

2 Пренесени приходи во наредна година 8,051,870 14.75

Б ПЛАНИРАНИ ТРОШОЦИ 52,246,475 95.74

1 Материјални трошоци 13,573,700 24.87

2 Нематеријални трошоци 10,930,525 20.03

3 Трошоци за вработени 26,442,250 48.45

4 Амортизација 1,300,000 2.38

В НАБАВКА НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА 2,326,000 4.26

Г ВКУПНО РАСХОДИ (Б+В) 54,572,475 100.00

Д ПРИХОДИ-РАСХОДИ ( А-Г) 0 0.00

ФИНАНСИСКИ ПЛАН ЗА 2010 ГОДИНАТАБЕЛА 1

Page 13: ПРЕДЛОГ - ФИНАНСИСКИ ПЛАН · 2009-10-02 · Во групата материјални трошоци и амортизација како значителен