16
Каталог Темплум 2014

Каталог за саем 2014

  • Upload
    templum

  • View
    231

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Каталог за саем 2014

КаталогТемплум

2014

Page 2: Каталог за саем 2014

Славко Јаневски

„Како така? Зошто така?“

Сè да знае светот сакал! (Песните за деца)

Блаже Конески

Птици врз кои ноќта и денот се делат (Стоте песни)

Славко Јаневски

Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми (Избор од поезијата)

Комплет трите книги:

600денари!

ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ

Нова едиција:

Page 3: Каталог за саем 2014

Идејата на едицијата е едноставна: да ги прикажеме клучните ликови на македонскиот модернизам, на културно-историското станување „модерен“. Сакаме дополнително да го индивидуализираме, да го олицетвориме македонското влегување во модернитетот.

Најважната причина што ја покренуваме едицијава е што модерното македонско наследство денес се наоѓа под жесток удар на власта. На режимот не му се доволни десетиците лажливи згради-фасади, стотиците „класични“ скулптури и споменици, тоталната узурпација на симболички мошне важното централно подрачје на Скопје, не му е доволен неверојатниот потфат на менување на идентитетот на цел еден народ – туку тргнаа во уништување на главните симболи – луѓе, артефакти, објекти – на македонскиот модернизам. Тие симболи денес во Република Македонија се уништуваат и директно, физички, преку варварско сквернавење и рушење, но и со еден широк културно-историски ревизионизам базиран на измислици и фалсификати.

За разлика од актуелната власт, ние сметаме дека модернизмот е темелот на македонската државност и култура. И затоа ќе се бориме тој темел да го чуваме, но и ризомски да го шириме, како разгранат корен. Затоа треба да послужат книгиве од новата едиција.

Page 4: Каталог за саем 2014

Се разбира дека Блаже Конески е првиот лик на модерна Македонија, не само во нашава едиција, туку и во целокупниот 20 век. Од неговата разграната и мошне значајна работа во разни области (кодификатор на јазикот, главен уредник на речникот на македонскиот јазик, лингвист, теоретичар, професор, втемелувач и претседател на МАНУ, културен работник...), ние сепак ја издвоивме поезијата. Сметаме дека токму во песните се наоѓа најкомплексниот, највистиниот, најдлабокиот и НАЈЖИВИОТ Конески.

саемска цена:

200денари!

БЛАЖЕ КОНЕСКИПТИЦИ ВРЗ КОИ НОЌТА И ДЕНОТ СЕ ДЕЛАТ (СТОТЕ ПЕСНИ)

Page 5: Каталог за саем 2014

Тој е поет на изненадувањето, на авантурата, на чудесата и чудесиите, на овоземните миракли. Тој е поет на нескротлива, еруптивна поетска имагинација, кој не наоѓа дефинитивен поетски пристан, ниту едно дефинитивно и завршено поетско устројство на својата поезија. Јаневски е поет на шокантни, на ирационални сновиденија, на фасцинацијата, на бизарни хумористички проблесоци, на фантазмите и фантазмагориите, на еден поетски ум кој го отфрла секој можен ред и поредок и секој можен конвенционален, било рационален, било етички систем во човековата егзистенција, секоја можна нејзина непротивречност, прифаќајќи го и апсолутизирајќи го кошмарниот, ноќниот поредок на постоењето, кога сонот работи а умот спие, прифаќајќи го космокопот како поетско начело на поезијата.Георги Старделов

саемска цена:

200денари!

СЛАВКО ЈАНЕВСКИКОРЕНОТ НА СТЕБЛОТО ЈА НАДМИНУВА МЕРАТА НА НИВНИТЕ РАЗУМИ (ИЗБОР ОД ПОЕЗИЈАТА)

Page 6: Каталог за саем 2014

Славко Јаневски (1920-2000) е најважниот македонски писател за деца, а можеби и за возрасни. Од петнаесетината негови детски книги напишани во периодот 1945-1996 овде ги издвоивме, според нас, неговите педесетина најдобри поетски творби. Песните ги поделивме во осум циклуси: Глас до глас сме, Пошла прва камила..., Алала Алилија, Ти си само плашлив зајак!, Ако не е вистина голема лага е, Песни по ликовно, Песни по музичко и Во љубовен вител ќе сите, сите!

саемска цена:

250денари!

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ„КАКО ТАКА? ЗОШТО ТАКА?“СÈ ДА ЗНАЕ СВЕТОТ САКАЛ!(ПЕСНИТЕ ЗА ДЕЦА)

ЗА ДЕЦА И

ВОЗРАСНИ

Page 7: Каталог за саем 2014

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ„КАКО ТАКА? ЗОШТО ТАКА?“СÈ ДА ЗНАЕ СВЕТОТ САКАЛ!(ПЕСНИТЕ ЗА ДЕЦА) Ова е првиот роман на Музил, објавен 1906 година. Во него се

опишани доживувањата на младиот Терлес, кој е испратен на школување во интернат. Една од важните теми во романов е темата на сексуалното осознавање или себеосознавањето преку сексуалноста. Тие елементи во романот предизвикале шок и скандализираност кај некои читатели во времето кога книгата се појавила. Хомосексуалните мотиви се главната причина поради која романот се нашол на црната листа на нацистичката власт.

Денес, повеќе од сто години по објавувањето, романот сѐ уште е провокативен и привлечен. Се разбира, не во смисла на првичната „шокантност“, туку пред сѐ поради стилската брилијантност и идејната комплексност.

РОБЕРТ МУЗИЛ„ПОМАТУВАЊАТА НА ВОСПИТАНИКОТ ТЕРЛЕС“

саемска цена:

200денари!

5

Page 8: Каталог за саем 2014

цена:

250денари!

цена:

150денари!

ЗБОГУМ, БЕРЛИН | Кристофер Ишервуд

Романот првпат објавен во 1939 година, е збирка на полуавтобиографски записи водени во почетокот на триесеттите години во велеградот на Вајмарската република. Џорџ Орвел напишал за овој роман: „Брилијантна скица на општество во распаѓање“. Според дел од романов е снимен и славниот филм Кабаре (1972) со Лајза Минели.

РЕД ЗА РУЧЕК | Уршка Стерле

Ред за ручек нуди дваесет и еден ангажиран расказ, пишувани во период од повеќе години. Во расказите испреплетени со лезбејска тематика се гледа празнотијата на современото урбано живеење. Без влакна на јазикот, авторката раскажува за досадните семејни собири или за пасивната неплодност на современите уметници. Во своите раскази, таа искрено и директно ги претставува истополовите љубовни врски.

1

2

Page 9: Каталог за саем 2014

цена:

250денари!

цена:

150денари!

МОРИС | Едгар Морган Форстер

Морис е приказна за млад човек од средната класа во потрага по сопствениот идентитет во рамки на општество во коешто нема место за остварувањето на неговата љубов кон маж. Морис се бори со себе, а истовремено и со сопственото опкружување, за да изнајде простор каде што би можел да биде тоа што чувствува дека е, и како таков да биде прифатен. Плашејќи се јавно да истапи со својот геј идентитет, Форстер сметал дека романот треба да остане необјавен „сè до неговата смрт или до смртта на Англија“.

ВО СВОЈОТ ДВОР | Сузана Тратник

Во својот двор е збирка од четириесетина кратки раскази, впечатоци, реминисценции и воедно асоцијации на настани од привидно раздвоените периоди на детството и зрелоста. Домот и сигурноста се мотиви кои се истакнуваат во збирката, но често се проблематизирани. Тратник вели: „Во својот двор за мене значи некое место на кое можеш да се чувствуваш дома и сигурно. А мојот двор не е самото место, тоа е концепт, мојот двор може да биде каде било на светот, може да биде и (ЛГБТ) заедница, идеја, пријателство...“

3

4

Page 10: Каталог за саем 2014

Во својата втора поетска книга „Поврзи ги точките“, Николина Андова Шопова објавува четириесетина песни во кои успева голем дел од своите поетски опсесии да ги претвори во еден вид минијатурни есеи за љубовта, другоста, флуидноста на телото... Умешно комбинирајќи го метафоричното со рефлексивното, баналното со поетското, таа од секојдневните слики создава метафорични перцепции на светот што ја опкружува, уште еднаш потврдувајќи дека поезијата и кога се навраќа на познатите феномени успева да ги измести од нивната зададеност и на тој начин ги прави неповторливо нови.

НИКОЛИНА АНДОВА ШОПОВА

ПОВРЗИ ГИ ТОЧКИТЕ

саемска цена:

100денари!

Page 11: Каталог за саем 2014

НИКОЛИНА АНДОВА ШОПОВА

ПОВРЗИ ГИ ТОЧКИТЕКокетирајќи и истовремено иронизирајќи со научниот дискурс, Горан Петревски во своите прози кои „не се раскази“ го прави токму она што еден добар писател (и научник) треба да го прави: подотвора врати од темни простории во кои многумина не се осмелуваат да влезат, ниту пак да ѕирнат. Со студен тон и структура на научно дело, „трудовите“ на Петревски го соочуваат читателот со непријатни прашања и исто толку непријатни одговори во врска со „вечните и големи теми”. Препорачливо е книгата да се чита со мала пауза и длабока воздишка помеѓу текстовите!

ГОРАН ПЕТРЕВСКИ

ОДБРАНИ ТРУДОВИ

саемска цена:

100денари!

112

Page 12: Каталог за саем 2014

Книгата на Жабева Папазова е своевидно сублимирање на најважните музиколошки, но и интердисциплинарни истражувања за популарната музика.

Содржината е поделена на два дела: теориски и историски, кои паралелно го откриваат развојот на популарната музичка култура.

Книгава, во која преовладува јасната научна мисла, може да служи како прирачник во стручните музички образовни институции за одделите поврзани со изучување на популарната музика. Истовремено таа е наменета и за сите заинтересирани љубители на блузот, џезот, рокенролот, рок музиката, панкот... славејќи ја возбудливата разноликост на една од најинтересните културни појави во XX век - популарната музика.

ЈУЛИЈАНА ЖАБЕВА ПАПАЗОВА

ПОПУЛАРНА МУЗИКА – ТЕОРИЈА И ИСТОРИЈА

саемска цена:

200денари!

34

Page 13: Каталог за саем 2014

ЈУЛИЈАНА ЖАБЕВА ПАПАЗОВА

ПОПУЛАРНА МУЗИКА – ТЕОРИЈА И ИСТОРИЈА

Уште по првите прочитани страници се забележува дека посебниот хумор (честопати црн, но не и мрачен) е една од главните алатки со кои авторот го гради својот специфичен, испревртен, апсурден свет. За јунаците од расказите во „Метаморфузија“, речиси без исклучок можеме да кажеме дека се наоѓаат во едно слатко недоразбирање со себеси и светот. Меѓутоа, таквите разминувања, благодарение токму на хумористичната перспектива, никогаш не се поимаат како нешто трагично. Низата ликови, кои се еден вид симпатични наивни „лузери“, секогаш успеваат да се насмеат на својата несреќа, а со тоа да предизвикаат и насмевка кај читателот.

Драган Георгиевски е автор кој несомнено е во војна со она што се нарекува реален свет, кој очигледно најчесто заслужува да биде главечки превртен и первертиран во расказите. За него нема лекции кои можат да бидат пренесени од некој мудрец, туку исклучиво лекции при блиската средба на главата со асфалтот. И тоа, претставено низ исчашената визура на авторот, е смешно, дури и убаво и пожелно.

ДРАГАН ГЕОРГИЕВСКИ

МЕТАМОРФУЗИЈА

саемска цена:

150денари!

Добитник

на наградата

„Новите!“

за 2013

Page 14: Каталог за саем 2014

Дали Русија цивилизациски и културно е европска или азиска? До кога таа ќе се смета за најекстремен европски Исток? Колку Петербург е руско културно средиште, а колку е централноазиски град? Зошто Москва го повампири сталинизмот во огромната земја и зошто се инсталира милитаристички режим во Чеченија? Кој бил македонскиот елемент во организацијата на црвениот терор на Сталин? Кои се владетелите на Русија и на нејзините неисцрпни природни богатства? Камчев во книгава се обидува да разгатне некои од тајните на Русија.

БОРИС КАМЧЕВРУСИЈА НА ПУТИН: ЗАПИСИ ОД ОПАЧИНАТА НА СВЕТОТ

саемска цена:

200денари!

Page 15: Каталог за саем 2014

БОРИС КАМЧЕВРУСИЈА НА ПУТИН: ЗАПИСИ ОД ОПАЧИНАТА НА СВЕТОТ

ТЕМПЛУМ, НАЈНОВИ ИЗДАНИЈА

Цртежи во каталогов: Владимир Лукаш

Уредници на Темплум: Никола Гелевски и Иван Шопов

Блаже Конески Птици врз кои ноќта и денот се делат (стоте песни)

Славко Јаневски „Како така? Зошто така?“ Сѐ да знае светот сакал: песните за деца

Славко Јаневски Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми (избор од поезијата)

Роберт Музил Поматувањата на воспитаникот Терлес

Николина Андова Шопова Поврзи ги точките

Горан Петревски Одбрани трудови

Јулијана Жабева Папазова Популарна музика: теорија и историја

Борис Камчев Русија на Путин: записи од опачината на светот

Драган Георгиевски Метаморфузија

123456789

Page 16: Каталог за саем 2014