36
Весник на локалната самоуправа октомври 2012 бр. 21 година 4 ЗАДОВОЛСТВО ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН ИЛИЈА НАЈДОСКИ КАРПОШ Е МОЕ

КАРПОШ УРБАН БР.21

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Месечен весник на локалната самоуправа

Citation preview

Page 1: КАРПОШ УРБАН БР.21

Весник на локалната самоуправаоктомври 2012 • бр. 21 • година 4

ЗАДОВОЛСТВО

ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН

ИЛИЈА НАЈДОСКИ

КАРПОШ Е МОЕ

Page 2: КАРПОШ УРБАН БР.21

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: КАРПОШ УРБАН БР.21

3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

окус ПОСТИГНУВАЊАЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Ваква самопрегорна, одговорна, дисциплинирана и стручна ад министрација, но пред се граѓаните на Карпош, заслужуваат и но ва современа зграда според европски терк Во пресрет на големиот празник 11­ти Октомври, Денот на во­

станието на македонскиот народ во свечена и празнична атмосфе­ра, на местото на старата општина, беше ставен камен темелникот на новата административна зграда на Општина Карпош. На овој све чен чин присуствуваа граѓани и претставници од општин ската администрација на чело со градоначалникот Стевчо Јакимов ски, поранешни градоначалници, советниците, како и поранешни от прет­ седател на Р. Македонија Бранко Црвенковски и поранешни от прет­ седател на Собранието Стојан Андов.

Во пригодниот говор по овој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски им се заблагодари на оние кои пред 36 години, на ова ме сто, ги поставија сега веќе легендарните дрвени бараки, во кои се смести првата администрација на Општина Карпош. Тој, притоа, се осврна на сегашниот миг во Општината и истакна: „Гра ѓаните на Карпош возат по нови улици, пешачат по нови патеки и тро тоа­ри. Во Карпош нема зонско паркирање, но има место за сите во зи­ла, зашто секоја година градиме по 1.000 нови паркинзи. Во оваа општина речиси сите светилки се нови, нема куќа која нема фе кал­на канализација, и општината е целосно покриена со мрежа на ат­мосферска канализација. Откако ги реновиравме сите 10 ос новни училишта и создадовме европски услови за образование на на шите ученици, ние одиме напред. Во тек е реконструкција на че ти ри гра­динки. Изградивме и нова градинка со која управува при ватен опе­ ратор. Овде странските инвестиции се бројат во милиони евра.

Ваква самопрегорна, одговорна, дисциплинирана и стручна ад­министрација, но пред се граѓаните на Карпош заслужуваат и но ва современа зграда според европски терк. Оваа зграда ќе биде готова за 8 месеци, ќе чини помалку од 3 милиони евра, и убеден сум дека вработените во локалната самоуправа ќе имаат уште поголем пот­тик да би дат секојдневен високо квалитативен сервис на граѓани­те“­ за клучи Јакимовски.

ФАКТИ Новата општинска зграда ќе биде на пет нивоа (приземје, 3

ката и поткровје). Ќе има околу 1000м2 паркинг, рабо тен простор за 200 вработени и вкупна површина од 4500м2 . Објектот ќе би­де целосно енергетски ефикасен. Фасадните ѕидови во при зем је ќе бидат од контактна фасада со дебелина од 10см, од екс пан­диран полистирен. Ќе има стаклена фасада­термопан ста кла ис­полнета со аргон. Објектот ќе биде термички изолиран во по до­вите, ѕидовите и таваницата. Предвидени се два лифта на хи­драу личен погон. Објектот е функционално организиран преку по себни сектори распоредени по катовите според програмските ба ра ња, додека приземјето е проектирано за прием на странки и архива.

Page 4: КАРПОШ УРБАН БР.21

Издава Општина Карпош

ул. „Демир Трајко“ бр.43

1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: 02 / 30-61-353

факс: 02 / 30-71-040

[email protected]

www.karpos.gov.mk

Издавачки совет

Стевчо Јакимовски

Даница Мартиновска

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредник

Виолета Цветковска

Уредник

Миле Раденковиќ

Редакција

Живко Трајановски

Елена Кузмановска

Ива Манова

Технички уредник

Зоран М. Гулевски

Лектура

Живко Трајановски

Ангелина Николовска

Фотографија

Ива Манова

М. Раденковиќ

4

ВЕТЕНО СТОРЕНОНЕИМАРИТЕ НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, ПАТЕКИ

СТИПЕНДИИСТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА 2012/2013 ГОДИНА

ИНТЕРВЈУСтевчо Јакимовски градоначалник на Општина КарпошКАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО

6

Весник на локалната самоуправаоктомври 2012 • бр. 21 • година 4

ЗАДОВОЛСТВО

ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН

ИЛИЈА НАЈДОВСКИ

КАРПОШ Е МОЕ

.......................................................

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИЕлизабета Чолаковска Шпољариќ

СО ИНАЕТ И КУГЛА ДО СВЕТСКИОТ ТРОН ..................................................... 28

....................................................... 8

...................................................... 32

ВО ОВОЈ БРОЈ

НАШ ГОСТИН

Хуб Леливелд претседателот на EHEDG International

КАРПОШ НАПРАВИ ИСЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА..................................................... 13

Page 5: КАРПОШ УРБАН БР.21

5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КОЛУМНА

Карпош постојано оди напред! Ова можеби е најкратката, но и најважната по­ рака што може да се соопшти и денес, на одбележувањето на 36­тиот по ред неј ­ зин роденден.

Во Општина Карпош, од самите нејзини почетоци во 1976­тата година па до денес, поминаа бројни генерации. Сите тие, на еден или на друг начин, оста­вија неизбришливи траги во нејзинот развој и просперитет. Токму затоа, на си­те нив и во оваа пригода, треба да им се искаже особена почит и благодарност.

Тој континуиран развој, на што сме особено горди, со несмален интензитет, про должува и денес. Со сето она што тука се прави, Карпош, со право, се вбро­јува меѓу најдобрите општини во нашата држава. Во последните неколку годи­ни, со сите зафати и реализирани проекти во сите сфери, Општина Карпош ре­чи си од корен го промени својот лик. Тоа е и основната причина што Кар­пош е и најпосакуваното место за живеење.

Во годината што изминува, на наше огромно задоволство, за нашите ус­ песи со нескриен пиетет се говореше и надвор од нашите граници.

Како резултат на тоа, во месец јули, во Сараево, нашиот градоначалник го доби високото признание – Најградоначалник на Југоисточна и Цен­трална Европа за 2012 година.

Поубава потврда, за сето она што Стевчо го прави за својата општина и своите граѓани, ќе се сложите, и неможеше да има.

Наградата, убеден сум, дојде во вистинско време и во вистински раце.Во нашиот градоначалник луѓето препознаа човек, максимално посве­

тен на својата работа, на својата општина, на граѓаните, неуморен човек полн со визии и со планови, човек кој цврсто чекори напред и што во секој мо­мент е подготвен да истрае пред тешкотиите.

Ова големо признание, што со гордост го дочекавме и ние, но и граѓани­те на Општина Карпош, ќе претставува уште поголем мотив, но и обврска и одговорност да се истрае на патот по кој чекори Општина Карпош.

Знам, Стевчо е подготвен на тоа. Тој никогаш не се задоволува со пости­гнатото. И во иднина ќе го потврди тоа. Ќе се уверите.

Пред Градоначалникот, Советот и администрацијата на Општина Кар­пош претстојат многу задачи. До крајот на годината треба да завршиме уште неколку важни проекти. Целата енергија е насочена таму. Есенските дождо­ ви не дозволуваат некоја поголема комоција и опуштање. Но, ние сме веќе навикнати на тоа. По цена на се, планираното мора да биде реализирано. Ветеното мора да биде сторено. Впрочем, по тоа е и познат Карпош, по тоа се одликува и се препознава. За многу скоро време, така како што секогаш правиме и работиме овде, на граѓаните на Карпош и на пошироката јавност ќе им ги презентираме и наши­ те програми и планови за наредната година. Во нив, и овојпат, ќе бидат содржани бројни проекти што ќе значат само уште една потврда на визиите на актуелното водство на Општина Карпош. Свој активен при­донес во сето тоа, се разбира, имаат и граѓаните на Општина Карпош. И нивните предлози, сугестии и ви­дувања ќе бидат составен дел на идните проекти. Тоа, пак, само уште еднаш, ја зацврстува нераскинливата врска со граѓаните, којашто за нас, овде во Карпош, е најважна од се. Впрочем, без тоа и не ќе можеше Кар­пош да се вбројува меѓу најдобрите општини кај нас. Така ќе биде и во периодот кој е пред нас. Наша об­врска и должност е постојано да ја оправдуваме безрезервната поддршка на граѓаните со нови дела. Затоа, Ви ветуваме и во иднина нови капитални објекти, уште многу нови улици, булевари, плоштади, пешачки патеки, детски игралишта, реновирани детски градинки и училишта, цветни алеи....

Нека е честит роденденот!

СО УШТЕ ПОСИЛЕН ЧЕКОР

Стотиците реализирани проекти, кои со

задоволство се прифатени и високо оценети и од граѓаните на Општина

Карпош, но и од пошироката јавност, онаа

домашната и од странство, на најдобар

можен начин го потврдуваат

незапирливиот ôд на Карпош. Доволна причина

за огромно задоволство, но и обврска повеќе да се

истрае на патот по кој чекори Општина Карпош

Пишува: Владо Поповски

Page 6: КАРПОШ УРБАН БР.21

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ИНТЕРВЈУ

Колку и да е чудно, вистина е дека овој разговор со градоначалникот Јакимовски е направен, речиси во ôд. За нас, неговите соработници тоа е и разбир­ливо, бидејќи динамиката на неговата ангажираност во Општината Карпош не е омеѓена со формал­ности, својствени на повеќето општински челници во државата. Сепак, „го начекавме“ помеѓу многуте настани кои не можат да се замислат или да поми­нат без неговото присуство, и му поставивме некол­ку прашања, примерени на поводот ­ Денот на Оп­штината. Општа е оценката дека ова е најуспешна го-

дина од Вашиот мандат на местото прв човек на Општина Карпош. Дали го делите тоа мислење и зошто?

­ Мислам дека секоја година работиме со исто темпо и успешно, а впечатокот дека оваа година е нај­ успешна во мојот седумгодишен градоначалнички мандат се должи на навистина голем број успешно реализирани проекти. Се разибира, со тек на годи­ните имаме поголемо искуство што позитивно се од­ разува врз работата на локалната самоуправа во це­лина и на јавниот одглас.

Веќе е познато дека сте еден од кандидатите за истата функција и на наредните локални избо-ри, и доколку бидете избран, на што ќе се фокуси-рате во новиот мандат?

­ Главната причина зошто побарав и натаму да ос танам во Општина Карпош е мојата цврста реше­ност да ги заокружиме започнатите и сите други планирани проекти. Мислам дека, горе долу, сите ин фраструктурни проекти ни се завршени, а сега ни преостанува разубавувањето на Карпош. Одговор­но тврдам дека улиците „Теодосија Гологанов“ и „Илин­ денска“ ќе бидат како што е сега „Партизанска“. Тие ќе бидат вистинска цветна градина, украс на Општи ­ ната каков што е сега булеварот Партизански одре­ди. След на, многу битна работа, секако е реконстру­кцијата на фасадите долж улиците „Теодосија Голо­га нов“, „Партизанска“, „Илинденска“, руските згра­ди. Со еден збор, Карпош ќе добие ново руво. Се ра збира, ќе се посветиме на најзначајниот проект­ га си фикацијата на Општината, а следната година продолжуваме и со реконструкцијата на градинки­те, изградбата на базените во училиштата, ќе гради­ме културен дом. Сакам да нагласам дека и наредна­

Стевчо Јакимовски: градоначалник на Општина Карпош

КАРПОШ Е МОЕ ЗАДОВОЛСТВО

Page 7: КАРПОШ УРБАН БР.21

7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

та година уште повеќе ќе им се посветиме на обра­зованието, култу рата и спортот... Јавноста очекуваше дека ќе бидете кандидат

за градоначалник на Скопје, а вие сепак се опреде-ливте за уште еден мандат во Општина Карпош. Страв ли е во прашање или нешто друго?

­ Не, страв, скраја да е. Карпош е мое задовол­ство. А тоа задоволство, го гледам од средбите со нив во изминатите триипол години, се чувствува и кај граѓаните и мислам дека целиот сјај ќе го пости­гнеме во следните четири години. Потребни ни се уште четири години да го сработиме започнатото и да ги реализираме плановите, за Карпош да биде уште поубава и помодерна општина.

А што се однесува до стравот, јас мислам дека најмногу страв имаше градоначалникот Коце Траја­новски. Тој се исплаши од тоа ако јас му бидам про­тивкандидат, доколку биде повторно кандиди ран од својата партија. Лично мислам дака госпо динот Јани Макрадули е одличен избор, дека е из граден политичар и дека неговите способности ќе дојдат до полн израз во раководењето со градот Скопје. Дали, со оглед на очигледното зголемување

на обврските на локалната самоуправа, во наредни- от период треба да очекуваме кадровско „освежу-вање“ во Вашиот кабинет?

­ Мојот кабинет е и досега доволно стручен. Оп­штина Карпош има најдобро организирана и нај­компетентна администрација во цела Република Ма­ кедонија. Она што сметам е дека треба да го допол­ниме креативниот тим, за подготовката на новите проекти. Повеќе во Карпош нема да започнеме ни една работа без консултација на стручњаци од кон­кретната област. Годинава бевте избран за најуспешен градо-

началник во земјите од Југоисточна и Средна Ев-ропа. Какви се личните и општествените полез-ности од таа го лема почест?

­ Лична полза немам, освен душевна сатисфакци­ ја дека сум работел, односно сме работеле исправно и сме биле на вистинскиот пат. Задоволство ми е што мојата работа, освен во Општината, градот Скопје и Репу бликата, доби верификација и надвор од земја­та, во меѓународни рамки. Да бидам искрен, веста дека тоа признание ми е доделено, за мене беше „гром од ведро небо“. Но исто така, можам да кажам дека признанието Најуспешен градоначалник во Југоис­точна и Средна Европа е најубавото нешто што ми се случило во оваа 2012 година. Познато е дека сте градоначалник без работно

време, човек кој стасува секаде и присуствува и на настаните кои немаат епитет- „првостепен“. Како ја обновувате работната енергија?

­ За жал, малку време имам за обнова на работна­ та енергија, но навикнат сум на такво темпо бидеј­ќи, во животот секогаш сум работел по дватри на­

есет часа дневно. Чувството на задоволството од сра­ ботеното, кое го делат и граѓаните, ми дава пот тик за уште поголемо ангажирање. Позитивните реак­ции на граѓаните и на јавноста се сатисфакција и дополнителен извор на мојата работна енергија. Како го пречекуваме празникот-Денот на на-

шата Општина?­ Празникот го пречекуваме работно и со многу

ангажмани и активности: со изградба на инфрастру­ ктурни објекти, со многу хумани акции, Денови на енергетската ефикасност, промоција на Катастарот на загадувачи, промоција на книги, доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, со средношколски спортски манифестации.

Навистина, станува збор за двонеделни интези­вни актвности низ кои ги промовираме и ги заокру­жуваме успешно сработените проекти. Во моментот кога го правиме овој разговор, во Кинотеката на Ма­ кедонија започна тридневната манифестација Де­нови на енергетска ефикасност. Еминентни стру ч­њаци од земјава и од странство беа импресионирани од она што денес претпладне, за постиг натото во

енергетската ефикасност во Општината, им го пре­зентираше нашиот стручен тим. Задоволството е уште по големо, а сознанието дека во таа област сме лиде­ри во Република Македонија, сосема е при ме рено на нашето празнување. Кој настан во изминатава година со задовол-

ство го прераскажувате, а кој би сакале трајно да го забо равите?

­ Немало настан кој би сакал да го заборавам. Ако алудирате на „сопките“ што ни ги правеше цен ­ тралната власт, јас тие ги сметам за нешто што не тре­ ба да се заборави. Напротив, совладувањето на тие пречки не прави горди и на тоа треба да се сеќаваме. А она што беше убаво и што е за паметење, да повто­ рам, е признанието Најуспешен градоначалник во Ју­ гоисточна и Средна Европа.

В. ЦветковскаМ. Раденковиќ

Главната причина зошто

побарав и натаму да ос танам

во општина Карпош е мојата

цврста реше ност да ги

заокружиме започнатите и

сите други планирани проекти

Page 8: КАРПОШ УРБАН БР.21

8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

Ги трошиме последните месеци од градежната сезона. Токму затоа работиме со засилено темпо, со цел што побрзо да го разубавиме Карпош, и што по малку да оставиме за следната сезона, за напро­лет. Само во изминатиот месец работевме на 23 ин­фраструктурни проекти, во кои асфалтиравме де­сет улици, Бриселска, Гаврил Лесновски,улица 8, 10 и 18 во Бардовци и Ванчо Мицков во Нерези...

Не заборавивме ниту на пешаците и на прија­тните есенски прошетки. За нив ги изградивме тро­тоа рите долж улицата Скупи 3, 4, 20, 22 во Злокуќа­ни, а нови тротоари добија и жителите од улиците Пре сека, Кленоец, Владимир Каваев и Извор.

Паркиралиштата во Карпош се најмала главобол­ ка за жителите на оваа општина. Освен што се бес­плат ни, ги има секој ден се повеќе и повеќе. Само во овој месец ги реконструиравме паркин просто­рите на улицата Разловечко востание, потоа на ули­цата Огражден и пред повеќе станбени објекти на ули цата Миле Поп Јорданов. На улицата 1010 во на­селбата Козле направивме и потпорен ѕид, а во Бар­довци, долж улицата 2, изградивме и фекална кана­ли за ција. Продолжувaме со изградба на инфрастру­ктурата со несмалено темпо, под командната палка на нашите неимари од Секторот за уредување на гра­ дежно земјиште и комунални работи..

НЕИМАРИТЕ НА НАШИТЕ УЛИЦИ, ПАРКИРАЛИШТА, ПАТЕКИ...

Реконструкција - асфалтирање на ул. Гаврил Лесновски

Реконструкција - асфалтирање на ул. Бриселска“со крациРеконструкција - асфалтирање на ул. Осло

Page 9: КАРПОШ УРБАН БР.21

9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција - асфалтирање на ул. ПијанецРеконструкција - асфалтирање на ул. Ванчо Мицков

Реконструкција - асфалтирање на ул. КрчинРеконструкција - асфалтирање на ул. Ловќенска 9

Реконструкција - асфалтирање на ул. Стрезово

Page 10: КАРПОШ УРБАН БР.21

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција - асфалтирање на ул. Огражден со краци

Изградба на потпорен ѕид од АБ колови за санација на локално свлечилиштеод ул. 1010 (Л=35м) населба Козле, Општина Карпош

Реконструкција на тротоарина ул. Владимир Каваев

Изградба на потпорен ѕид од АБ колови за санација на локално свлечилиште

Реконструкција на атмосферска кај Германска амбасада

Реконструкција - асфалтирање на ул. 8 и крак од ул. 18 во с. Бардовци

Page 11: КАРПОШ УРБАН БР.21

11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Реконструкција на паркинг - 1 на ул. ЊегошеваРеконструкција на тротоари на ул. Бабуна

Изведба на 3 краци на ул. Скупи 20 према болница Бардовци

Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци пред асфалтирање

Изведба на тротари на ул „Извор“

Page 12: КАРПОШ УРБАН БР.21

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НОВ ПЛОШТАДВо рамките на проектот за реконструкција на но­

ви плоштади, заврши реконструкцијата на платото кај Педагошката академија. Про ектот опфати осве­жу вање на бетонското плато со нова колоритна по­длога во три нијанси на површина од 1300 м2 , заме­на на реквизи тите во детското игралиште со нови, збо­ гатување на просторот со нови клупи меѓу кои и две релаксирачки, корпи за отпадоци, локери за ве­лосипеди. Извршена е комплетна санација на оште­тените скал ила на четирите пристапи на платото со гранитни плочки и из градба на четири пристап ни рампи, санација и молерисување на па рапетни ѕидови со еколошка боја и декоративен мермерен

акри лен малтер исто така отпорни на атмосферски влијанија, 155 м2 зелена тревна површина со систем за наводнување капка по капка, 2000 цветни садни ци и обновени жардињери, 200 м2 платформа со по­кривна тен да која ќе создаде пријатна сенка во ле­тните денови.

Инвестицијата за реконструкција на платото изне­сува околу 5 000 000 денари. Градежните работи ги из ведуваше „СМ Компани“, а урбаната опрема ја по стави „Лапласт – М“ дооел, а на неговата непре­чена изградба „бдееја“ општинските инспектори. Проектот за рекон струкција на платото го изготви Креативниот тим на Општина Карпош.

УШТЕ ШТО СРАБОТИВМЕ ВО ОКТОМВРИ:

Kај Педагошка Академија-

Изградба на фекална канализација по ул. „2“ во с. Бардовци Реконструкција на паркинг на ул. „Разловечко востание“ бр. 2а Реконструкција на паркинг на ул. „Огражден“ Реконструкција на дел од паркинг на ул. „Миле Поп Јорданов“ кај кула бр. 40 Реконструкција ­ асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 и пред станбени објекти бр. 3, 5 и 7 на ул. „Миле Поп Јорданов“ Реконструкција на тротоари на ул. „Скупи 3“ Реконструкција на патека на ул. „Скупи 4“ Реконструкција на ул. „14“, с. Бардовци

Реконструкција на дел од паркинг на ул. „Миле Поп Јорданов“ кај кула бр. 40

БЛИКНА ФОНТАНА ВО КАРПОШ 3

На барање на граѓаните, Општина Карпош за­врши реконструкцијата на постојниот парк – пло­штад во УЗ Карпош 3, со цел збогатување на ур­баните простори во општината и враќање на вре­дно стите на урбаното живеење. Притоа, замислата ни беше да се создаде, пријатен простор за дружење и релаксација на сите грaѓани, како постарите жи­тели, така и децата и нивните родители.

Постојната урбана опрема е заменета со нови и по богати содржини, поставени се повеќе клупи, кор пи за отпадоци како и локери за велосипеди. Во со став на плоштадот поставено е и ново детско игра­ лиште со модерни реквизити покриено со покривна хиперболична платнена тенда која ќе овозможи при­ јатна сенка на која најмладите ќе може да играат и во потоплите, но и во дождливите денови.

Инвестицијата за реконструкција на платото из­несува 8.398.640 милиони денари. Градежните рабо­ти ги изведуваше „Сандра Инженеринг“, урбаната опрема ја постави „Лапласт – М“, а хортикултурното уредување го изведуваше „Флора стат“.

Проектот за реконструкција на платото го из­готви Креативниот тим на Општина Карпош.

Page 13: КАРПОШ УРБАН БР.21

13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Хуб Леливелд претседателот на EHEDG International

Во средината на минатиот месец, во просториите на АД „Реплек“ во Карпош, прва општина во светот која стана членка на EHEDG International, европ­ската асоцијација на хигиенско инженерство и ди­зајн беше одржана конференција. Го искористив ме настанот и разговаравме со г. Хуб Леливелд пре­тседателот на оваа организација. Господин Лилевелд,  добродојдовте во Ма-

кедонија, во Карпош и кои се вашите очекувања од првата посета кај нас?

­   Ви благодарам, јас не сум прв пат во Македо­нија, сум бил неколку пати и секогаш ми е пријатно тука. Целта на моето присуство е да ги зголемиме или да ги подобриме нивоата на хигиенското инже­нер ство и дизајн. Среќен сум што денес има многу луѓе коишто се заинтересирани за нашата активно­ст, но не знам на кое ниво се во хигиенскиот инже­неринг и дизајн во Македонија, но се надевам дека ќе по сти гне ме некој напредок. Вие сте претседател на една светска орга-

низација. Како дојде до формирањето на една ва-ква групација?

­ Се плашам дека ова прашање не можам да ви го одговорам многу кратко, меѓутоа можам да ви кажам дека во 80­те години во индустријата не постоеше поимот хигиенски инженеринг и дизајн. Во тоа време машините беа произведувани да му служат на производителот, да ја завршат онаа рабо­та која што му е потребна без притоа да се земе предвид хигиенскиот аспект. Во тие години прехра­нбената индустрија своите производи ги одржува­ше со стерилизација, пастеризација или со користе­ње на различни хемиски елементи. Од тогаш започ­на да се размислува во овој правец, да се конструи­раат машини коишто ќе бидат лесни за чистење, хи­гиенски дизајнирани. Колкаво е влијанието на вашата организа-

ција врз европската легислатива во оваа област?

­  Ние сме многу вклучени и имаме големо вли­јание врз европската легислатива затоа што всуш­ност ние сме тие кои ги правиме стандардите кои се применуваат во ЕУ. Значи, законодавците пропишу­ваат што треба да се примени но не кажуваат како. Ние ги правиме тие прирачници со коишто  на производителите на храна им укажуваме на кој на­чин треба да ги применат директивите кои важат во ЕУ. Нашата општина е членка во ова глобално

семејство. Кои ќе бидат придобивките од тоа?­ Многу ми е мило што го слушам ова и сега на­

шата цел е всушност да ја пренесеме пораката, која вие ќе ја проследите до производителите на храна да не прават грешки, затоа што воопшто не знаат за постоењето на регулативи, правилници и слично. На градоначалникот Јакимовски му ја вра-

чив те плакетата за членство. Каков прием имавте во Општина Карпош?

­ Мислам дека најголемата придобивка од наша­та средба со градоначалникот е публицитетот кој ќе има адекватно влијание на разгорувањето на свеста на луѓето за постоењето  на Oрганизацијата.

Ви благодарам уште еднаш, јас се чувствувам од лично, тука луѓето се многу пријателски настрое­ни, се надевам дека наредниот пат кога ќе дојдам во Македонија ќе забележам некој поголем напредок во однос на хигиенското инженерство и дизајн, ре­че на крајот господинот Лилевелд.

Виолета Цветковска

НАШ ГОСТИН

КАРПОШ НАПРАВИ ИСЧЕКОР КОН ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Page 14: КАРПОШ УРБАН БР.21

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ДЕНОВИ НА ОПШТИНАТА

Во друштво на многу пријатели, гости и вработе-ни, во Хотелот „Александар Палас“ во неделата ве-чер се одржа централната славеничка прослава на Оп штина Карпош по повод Денот на општината 3-ти Ноември. Со свечена академија, промоција на спотот за Карпош од учениците од основните учи-лиш та, прогласувањето на заслужен граѓанин на Кар- пош за 2012 година и пригодна програма, први от човек на Општината, градоначалникот Јакимовски се обрати со говор посветен на четирите години на растеж на Карпош при што рече: „Секоја година се издигавме повисоко и повисоко. станавме општина за пример и по терк на најстрогите критичари и оние со најистенчен вкус. Кога ја зедовме управувачката палка диригирана од доверениот мандат на нашите жители, појдовме од еден слоган: „Проблемите ги знаеме, решенија имаме“! Во овие неполни четири години изградивме над 40 километри нови улици, 60 километри тротоари и 25 километри нови пеша-чки патеки. Успеавме да изградиме над 15 километ-ри атмосферска и фекална канализација и над 2.600 нови паркинг простори. Бесплатни, се разбира. Иа-ко не беше наша обврска, за доброто на граѓаните изградивме близу три километри нова водоводна

мре жа, над еден километар топловод до домовите. Повеќе од 85% од општината е покриена со оптички ка бли и подземни интернет врски. Кај нас иноваци-јата и современата технологија влегува на голема вра- та. Но, ние не сакаме да живееме само со ловориките од минатото. нашиот поглед е визионерски, ние гле- даме напред. Булеварите Илинденска и Теодосиј Го-логанов ќе бидат цветни градини како Партизанска. Нашата општина ќе стане лулка на културата и обра- зованието, дом на демократијата, толернацијата и високите човечки вредности. Ние нив ги негуваме и ги величаме, а не говорот на омраза и поделбите. Во секое време имаме слух и разбирање за човеко-вите права и слободи. Слобода е да се има право на сопствена верска и конфесионална опредлеба, за таа цел ќе помогнеме во изградбата на нови верски објек- ти. Карпош, има иднина, заклучи на крајот, Јакимов- ски, а иднината е во сите нас, зашто ние имаме хра-брост, решителност и визија. Имаме и добра волја и чесни намери, нескриен ентузијазам и решеност да се истрае на еден пат кој сите ќе не однесе во еден по- убав живот, кој најискрено-го заслужуваме!

В. Ц.

ТРИЕСЕТ И ШЕСТ ГОДИНИ КАРПОШ

Свечена академина

Page 15: КАРПОШ УРБАН БР.21

15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

При крајот на изминатиот месец, пред 14 поголе­ми маркети во Општина Карпош беше реализирана седмата по ред, хуманитарна акција под мото „Да би деме хумани за нашите соседи“. Оваа акција е дел од ак тивностите по повод Денот на Општината ­3 ноември, и за цел имаше поттикнување на нашите со граѓани на хуманост која никогаш не недостасува, па и во Општината Карпош. Како досега и овојпат, при пазарувањето за време на викендот, нашите својата хуманост ја покажаа на дело така што купувајќи за себе, по еден или повеќе прехранбени и хигиенски про­ дукти одвоија за семејствата кои се социјално за гро­зени.

Акцијата беше мошне успешна а во неа, како и секогаш досега, својот придонес даде и градоначалникот Стев чо Јакимовски. Првиот човек на локалната самоуправа на нашата Општина, пазаруваше во супермар­кетот на „Веро“ во Тафталиџе и по донирањето на голем број прехранбени и други продукти, на новинарите им изјави: ­ Се надевам дека ќе се соберат доволен број продукти за нашите „хуманитарни пакети“ и за за­доволување на двомесечните потреби на 150­те материјално загрозени семејства. Како и претходните го­дини, за Божиќните празници ќе следи нова хуманитарна акција, рече Јакимовски.

В. Ц.

СОСЕДСКА ХУМАНОСТ

ДРЖАВНИ РЕКОРДЕРИ ВО ДАРУВАЊЕ КРВ

Неодамна, во зградата на Општина Кар пош, ка­ко плод на традиционална соработка на Цр вениот крст на Македонија и Општинската органи зација на Црвениот крст беше организирана акција на дарување крв на вработените во општинската адми­ нистрација. Како и секогаш досега, одзивот бе ше над очекувањата, а меѓу доброволните дарите ли на крв бе ше и првиот човек на Општината, г. Стев чо Јаки­мовски.

­Ова ми е 12­то дарување крв, и навистина сум сре ќен што сум дел од ваквите хуманитарни акции. Ја користам оваа прилика и ги повикувам сите гра­ѓа ни од Карпош, од Скопје и пошироко, доколку се здрави да се вклучат во крводарителската акција би деј ќи со тоа навистина можат да спасат нечиј жи вот. Ова посебно се однесува за оние кои се но­

си те ли на поретките крвни групи, кои се и најбара­ни и нај потребни. Верувајте дека по дарувањето, ни ­ ко гаш не ми се влошила здраствената состојба, на­про тив, изјави Јакимовски.

Инаку, по повод континуираната соработка со Цр вениот крст и традиционалното организирање на крводарителни акции во Карпош, на градоначални­кот Јакимовски како и на мотиваторот и организа­торот на крводарителските акции во нашата Оп ш­ти на, Евантија Стојановска, им беа врачени плаке­ти. Во име на општинскиот Црвен крст плакетите ги врачи претседателот Душко Стојановски, кој притоа нагласи дека Карпош со 700 крвни единици дарувани во текот на годината, веќе подолго време го држи ре­ кор дот во крвадарувањето во Република Македонија.

E. K.

Page 16: КАРПОШ УРБАН БР.21

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во рамките на активностите по повод Денот на Општина Карпош ­ 3. Ноември, во ресторанот „Кри­ стијан“ се одржа манифестацијата „Вешта рака“. Ста­ нува збор за собир на изработувачи на уникатни рачни творби кој Општина Карпош го организира по третпат, а на кој, годинава, учествуваа 25 наши со­граѓани. Како и досега, манифетацијата беше ма­совно посетена, при што, граѓаните имаа можност да купат некоја од изложените ракотворби.

„ВЕШТА РАКА“ - ПО ТРЕТ ПАТ

ЈУБИЛЕЈ НА „ЕМ УМЕАМ, ЕМ МОЖАМ“

На паркингот пред „Лептокарија“ се одржа десе­ттата, јубилејна, традиционално – продажна мани­фестација во организација на Општина Карпош „Ем умеам ем можам“. Оваа манифестација е од големо значење како за жителите на општината така и за си те промотори на бизнис секторот кои сакаат да ја ис­ такнат важноста на македонските брендови и во­општо на условите за производство во нашата оп­штина. Во чест на роденденот на Општината оваа го­ ди на на „Ем умеам, ем можам“ учествуваа македон­ски производители од прехранбената, текстилната ин­ ду стрија, туризмот, здравстрвото, занаетчиството и земјоделството.

И покрај врнежливото време, манифестацијата предизвика огромен интерес кај карпошани кои ос­вен посетата на продажните штандови, ја следеа и богатата културно ументичка програма. Сепак, ѕве­зда та на вечерта беше познатиот хрватски поп пејач Бо рис Новковиќ, чии „Тамара“, „Вукови умиру са­ми“ и многу нови хитови, им ги згреаја срцата на посе тителите на овој убав настан.

В. Ц.

Page 17: КАРПОШ УРБАН БР.21

17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Општина Карпош е првата општина во државата која изработи Катастар на загадувачи на својата те­риторија. Катастарот на загадувачи содржи инфор­мации за вкупно 242 деловни субјекти кои се наоѓа­ат на територија на Карпош, групирани во пет кате­гории: индустриски ка пацитети, бензиски стани ци, автоперални, угости тел ски објекти и здравствени установи. Тој во иднина ќе биде алатка за планирања во областа на живо тната средина при анализи на ква­ литетот на медиу мите: вода, воздух и селектирање на отпадот, но и дру ги кои дополнително ќе се вме­тнат, при урбани стичкото планирање, контролата и инспекцискиот надзор. Тој ќе биде поставен и на веб страницата на Општина Карпош, со мапирани субјекти, а граѓани те ќе може да дојавуваат за сите потенцијални зага дувачи. Катастарот на загадувачи

на Општина Карпош го изработи заедно со Дру­штвото за технички и консултантски услуги „ЕкоМо­ заик“ дооел Скопје.

В.Ц.

Ова е најчестата оценка што за оваа наша мани­ фестација ја добивме од луѓето што ја следеа со ин­терес панелната дебата и темите од оваа област.

Презентираните 23 теми од областа на проекти­рањето, изолациските материјали, софтверските алат­ ки и обновливите извори на енергии од еминентни излагачи, професори и експерти од земјата и Републи­ ка Србија, со право можат да се споредат со нивото на многу вакви европски конгресни форуми.

Во изложбената поставка беа претставени 10 фирми со опрема за енергетски аудити, билдинг ме­наџмент системи за управување на енергетската по­трошувачка, изолациски материјали и соларни систе­ ми за санитарна топла вода.

Единствената наша грешка е што сакавме со по­каната предност да имаат оние што предлагаат и одлу­ чуваат за општинските буџети: советниците од Гра­дот и општините во Градот Скопје за сметка на инте­ ресот кај стручната јавност и проектантите. Тие за жал, не дојдоа, а во салата останаа непо пол нети ме­стата на оние кои очекуваа дека ќе ги поканиме.

Сите презентации за оние кои немаа можност да ги видат, ќе бидат поставени на web страната на Општина Карпош, а наредната година на Неделата за енергетска ефикасност ќе се видиме во просторот на „Технолошкиот парк“ кој ќе го из градиме во 2013 година.

Љупчо Димов

ЕВРОПСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈАДеновите за енергетска ефикасност на Општина Карпош

ПРВА ОПШТИНА СО КАТАСТАР НА ЗАГАДУВАЧИКарпош

Page 18: КАРПОШ УРБАН БР.21

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во рамките на манифестацијата „Денови на Оп­штина Карпош“, во населбата Карпош 2, неодамна свечено беше пуштена во употреба гра дин ката „Орце Николов“, целосно енергетски ефи касна. Тој настан по многу нешта беше олицетворние на генералната заложба на локалната самоуправа во достигањето европски стандарди во сферата на об­разованието, пред се децата да учат во модерни, енер ­ гетски и еколошки ефикасни објекти.

По групното сечење на лентата, во кое учес­твуваа главните актери во реализацијата на овој про ект: градоначалникот на Општината, Стевчо Ја­кимовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, дире­кторот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Алесандро Фрака­се ти и госпоѓата Родна Кондова, директор на Гра­динката, во просториите на истата беше одржана пригодна свеченост.

Обраќајќи им се на присутните, домаќинката, госпоѓа Кондова со бирани зборови им се заблаго­дари на погоре спомнатите гости, а потоа потсети на малку познати факти. Најпрвин, дека градинката „Орце Николов“ е најстарата установа за грижа и воспитување на децата во Република Македонија и дека е дело на група германски ентузијасти, пред­водени од г. Гинтер Кубе, долгогодишниот сцено­граф на Македонскиот народен театар.

Овој убав ден е прекрасна симболика на значе­ње то на овој свечн миг и ние, дечињата за кои се гри­ жиме и целиот персонал, сме среќни и горди што се га имаме енергетски ефикасна градинка и што жи вееме во најубавата општина во Републиката, за­клучи директорката Кондова.

На присутните гости, родители, раководители на другите воспитно образовните установи во Кар­пош и претставниците на локалната самоуправа, со пригодни зборови им се обратија и господата: Те­мел ковски, Гечевски, Фракасети и градоначалникот Ја кимовски. Освен што го нагласија значењето на гра­ дење енергетски ефикасни објекти, тие, во името на своите институции ветија дека и во иднина сестра­но ќе ги поддржат сите вакви проекти во Општината Карпош.

Градоначалникот Јакимовски присутините ги по т­ сети дека реконструкцијата на градинката чинела 70 илјади евра и дека една половина од тие средства се издвоени од буџетот на Општината, а другата по­ловина е од фондовите на Програмата за развој на Обе динетите нации (УНДП). Токму на претставни­ците на овие две институции, на градоначалникот Јакимовски и г. Фракасети, директорката Кондова им врачи благодарници.

Круна на оваа впечатлива свеченост беше пре­красната приредба што на присутните им ја по да­рија дечињата и воспитувачките од градинката „Орце Николов“.

М.Р.

Свеченост во градинката „Орце Николов“

ЕКОЛОШКИ ДОМ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

Page 19: КАРПОШ УРБАН БР.21

19КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИЏЕЗ НИЗ ФОТОГРАФИИ

Деновиве во просториите на Кинотека на Маке­донија во рамките на Програмата за култура на Оп­штина Карпош за поддршка и организирање на ли­ковни изложби, се одржа изложбата „JAZZ“, ин­спирирана од светските великани на џезот. При­сутните ги поздрави советникот за култура во Оп­штина Карпош, Горан Михајлов, истакнувајќи дека Оп штина Карпош секогаш ги подржува ликовните умет ници и им дава простор тие да го изразат сво­јот талент.

Автори на цртежите се Гоце и Владимир Илиев­ски, млади и надежни таленти кои учествувале на ли ковните хепенинзи во рамките на Карпошово кул турно лето. Беа изложени 40 дела во техника ма сло на платно на кои се претставени портрети од џез легендите. Изложбата беше збогатена со настап на Симон Киселички.

И.М.

Во организација на Општина Карпош и Здру­жението на пензионери „Тафталиџе ДДД“, деновиве, во салата на Општина Карпош беше отворена из­ложба на ракотворби од Секцијата за култура и уме ­ тност на ова здружение. Овој културен настан имаше цел да ја промовира етно културата и традицијата на нашиот народ. Тоа е уметност која се пренесува од рака на рака, од колено на колено, од постари на по млади. Изложбата за отворена ја прогласи секре­та рот на Општина Карпош, Владо Поповски, кој меѓу другото, нагласи дека Општина Карпош во континуи­ тет ги под држува сите активности на здруженијата и таа со работка ќе продолжи и понатаму.

Покрај секретарот на Општината, на овој настан го вореа и Убавка Николиќ, претседател на Секција­та за култура и уметност при здружението и Дими­трије Димовски, претседател на Здружението на пен­ зионери „Тафталиџе ДДД“.

В.Ц.

ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ

Хуманитарната собирна акција под симпатично мото „Ајварче за мене, ајварче за тебе “, како симбол за зимницата во македонските домови, ја организи­раа учениците, членови на организацијата на под­младо кот на црвениот крст при ОУ „Јан Амос Ко­мен ски“ под раководство на наставничките Алексан­ дра Блажевска и Сузана Цветанова.

Акцијата имаше за цел, ајварот даруван од уче­ници и родители, да им се подари на посиромашните ученици и граѓани на Општината Карпош.На задо­волство на организаторите на оваа хумана акција, собрани се преку 300 тегли од разновидна зимница. Од нив, 150 тегли зимница се по дарени на Општи­ната која истите ќе ги подари на социјално загрозе­ните семејства по повод Денот на општината, а ос­татокот на ученици кои потекнуваат од социјално загрoзени семејства.

„АЈВАРЧЕ ЗА МЕНЕ, АЈВАРЧЕ ЗА ТЕБЕ“

Page 20: КАРПОШ УРБАН БР.21

ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21• ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ГРАНИТЕН ФУДБАЛСКИ СТОПЕР И ЧОВЕК

Илија Најдоски, фудбалер

Во сјајното соѕвездие на заслужни граѓани на Општината Карпош, деновиве е придодадена уште една ѕвезда или посоодветно кажано, спортската, фудбалска легенда, Илија Најдовски. Највпечатли­вото, веројатно и најточното образложение за таа по­ чест што му е укажана на уште еден од плејадата го­леми Карпошовци, содржана е во една изјава на про­ славениот фудбалски маг Драган Џајиќ. Имено, во една пригода, упатувајќи им поздрави на Дарко Пан ­ чев и на Илија Најдоски, легендарниот Џаја рече: „Навистина ви велам, во редовите на ФК „Црвена звезда“ поминале спортски и човечки величини, но така скромен, чесен и ненаметлив ас како Најдоски, немало„. Во истата пригода, прочуениот одбранбен играч и тогашен селектор на младинската репрезен­тација на СР Југославија, Милован Ѓориќ и спорт­скиот коментатор Милојко Пантиќ, се натпревару­ваа во делењето комплименти на „гранитниот бе­дем во шампионската одбрана на Звезда“. Не е ни­какво претерување ако Ико (Најдовски) го спореди­ме со бескомпромисниот господин Бранко Станко­виќ“, заклучи тогаш Милојко Пантиќ.

Со задоцнување од две децении, му го пренесу­вам поздравот на големиот стопер на „Црвена зве­зда“, некогашниот европски и светски шампион во

фудбал, а тој, како да се срамува од пофал би те на Џаја, Ѓора и Милојко, возвраќа: Во таа генерација на шампионска Звезда играв со вистински фудбал­ски и човечки величини. Еве и сега, од оваа дистанца, се повеќе сум уверен дека шампионскиот тим на Зве­зда е плод на некоја виша сила. Таква екипа нико­гаш повеќе нема да се појави, не само на овие про­стори туку и во Европа.

Правејќи бегла ретроспектива на спортската и на животната биографија на носителот на признание­то заслужен граѓанин на Карпош, зборт почест и при­ знание искрснува како природен украс на ликот и делото на Илија Најдоски. Впрочем, да се биде капи ­ тен на тимот составен од фудбалските величини: Са ­ виќевиќ. Просинечки, Панчев, Југовиќ, Белодедиќ... и во тоа својство да се крене пехарот на светски клуп ­ ски шампион во фудбал, е нешто повеќе од почест.

­ Патот до таму навистина беше трнлив. Јас од ро­ дното Крушево излегов со четиринаесет години и одејќи, фигуративно кажано, до Бари и Токио, морав да поминам низ милион непознаници, но горд сум на себе што, никогаш, навистина никогаш, пред ни­ко го не се умилкував и не ја наведнував главата. Во родниот дом ме учеа дека секого треба да почиту­вам и за место под сонцето чесно да се изборам.

Никогаш нема да ги заборавам миговите кога стоилјадната публика го скандираше моето име, кога со мене на теренот беа Пикси, Дејо, Даре, Просинечки...

Page 21: КАРПОШ УРБАН БР.21

21 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Фудбалот почнав да го играм во родното Кру­шево во ФК „Питу Гули“, а со 16 години веќе бев првотимец на прилепска „Победа“. Повикот од Ско­пје, од управата на ФК „Вардар“ за мене беше најва­жното скалило во мојата кариера, бидејки до таму се стасуваше по просејување низ густо сито. Во тоа време во „Вардар“ играа најдобрите од македонско­то поднебје и веројатно најдобрите единаесетмина во неговата фудбалска историја.

Поканата од легендарниот Џаја беше остварува­ње на моите, би рекол нереални фудбалски соништа, но кога, заедно со Дарко Панчев, заиграв на преуба­вата „Маракана“, сфатив дека оние реки пот не беа залудни. Се потоа е след на логични нешта, разбир­ливи за оној што цврсто стои на земја.

Во тој „след на логични нешта„ е настапот за фудбалската реперезентација на онаа убава земја Југославија, и повторно со неповторливите фудбал­ски асови, подоцнежните перјаници на фудбалски­те гиганти: Милан, Интер, Реал, Барцелона, Бајерн...

­ Јас заминав во шпанскиот „Ваљадолид“ бидеј­ќи понудата беше мошне примамлива, а и искрено, сакав да играм во Шпанија и не згрешв. Тоа е убава зем ја и од двегодишниот престој таму носам убави спомени. Впрочем и таму бев избран за најдобар стран­ ски играч и стекнав многу пријатели.

Во потрага по убави земји и градови, нашиот ла­уреат заминува во Турција, во „Дезинлиспорт“, а оттаму во швајцарскиот „Сион“. Токму во Швајца­

рија му става точка на одлагањето на хируршкиот за­ фат, а потоа и точка на својата фудбалска кариера.

Човекот треба да си ја знае сопствената мерка, до каде и до кога може. Кога почувствував дека на теренот не сум оној што треба да бидам, се збогував со фудбалот. Токму на време, целосно да му се по­све там на семејството. Знаете, семејството за мене е светост и тоа е една од причините што целосно се повлеков од фудбалот, вели Најдовски и онака за себе додава: мене инаку и никогаш не ме бидувало за никакви играрии, а тие се сега нашата фудбалска стварност.

Почесниот граѓанин на Карпош потоа, со видли­ва гордост, зборува за своето семејство, за сопруга­та Калина, ќерката Фани и синот Дино, кој тргнал по стапките на својот татко. „Човекот може да биде бо­гат и славен но ништо не направил во животот ако нема вистинско семејство. Фала му на Господ, јас тоа го имам и навистина сум горд .

На крајот од, навистина пријатниот разговор, зачинет со боза и кафе, големиот фудбалски стопер го прашувам; што, од толку убавите нешта што му се случувале во брилијантната фудбалска кариера, ќе го памети вечно.

­ Никогаш нема да ги заборавам миговите кога стоилјадната публика го скандираше моето име, ко­га со мене на теренот беа Пикси, Дејо, Даре, Проси­нечки...

Миле Раденковиќ

Page 22: КАРПОШ УРБАН БР.21

22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ22

ОБРАЗОВАНИЕ

Го отворате првиот клон на „Бреинобреин“ во Општина Карпош. Што, всушност, претставува Вашата академија?

– „Бреинобреин“ е една од детските лидерски институции која веќе 10 години успешно ги транс­формира животите на повеќе од 100.000 деца низ це лиот свет. Постојат 600 успешни франшизни цен­три во повеќе од 15 држави во светот: Индија, Ан­глија, Америка, Австралија, Кувајт, Полска... Во све­тот Бреинобреин­програмата (БОБ­програмата) ја имаат завршено над 20.000 деца, кои денес се вклу­чени во разни сфери од општествениот живот и се наоѓаат на значајни позиции.

Во Македонија веќе три години функционира ма стер франшизниот центар „Бреинобреин интер­нешенел“, постојано отворајќи нови франшизни цен­ три низ Република Македонија.

„Бреинобреин јуниорс“ е франшизен центар кој се отвори на 10.9.2012 година во Општина Карпош,

со цел да станеме подостапни за децата и родители­те од овој дел на градот и веќе голем број деца од на шата општина се приклучија во нашето големо Бреинобреин­семеjство. Вие имате 10-годишно искуство во работа-

та. Каков е приемот кај родителите, децата. Всуш-ност која е Вашата целна група?

Бреинобреин­програмата е Абакус едукација ко ­ ја е позната како ментална аритметика. Таа се ба зи­ра на активност која во исто време ги активира ле­вата и десната хемисфера на мозокот, поттикнувајќи целосен мозочен развој и животни способности кај децата.

Методологијата се базира на:– Абакус едукација, т.е. менталната аритметика

која е најголема вежба за ментален развој, поврзана со ВАК­теоријата на учење (визуелниот, аудитивен и кинестетички момент) и

– НЛП – невролингвистичко програмирање.

ГЕНИЈАЛЦИТЕ НЕ СЕ РАЃААТ- СЕ СОЗДАВААТ!

Во Карпош се отвора школата „Бреинобреин јуниорс“

Page 23: КАРПОШ УРБАН БР.21

23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Кои се придобивките за посетителите на Ва- шата академија и со кои методи го постигнувате? Дали во основа е математиката?

– Искуството покажува дека голем број родите­ли со огромно задоволство ја прифаќаат програма­та, поради широкиот спектар на придобивки:

– зголемување на концентрацијата, фото графска­ та меморија, визуализацијата, брзината на пресме­тување и читање и имагинацијата;

– развивање на креативноста, нумеричките и вер­ балните способности и способностите за учење и

– подигнување на самодовербата на децата, ли­дерските способности и тимското работење.

Најкратко речено, се постигнува целосен развој на личноста кај едно дете. Способноста и вештини­те што се постигнуваат со БОБ­програмата, кога ед­наш ќе се совладаат, кај децата остануваат засеко­гаш.

На одреден начин БОБ­програмата е поврзана со математиката, но ние не ги учиме децата математи­ка. Во нашата програма само го искористуваме аба­кусот поврзан со математика, како алатка за поди­гнување на менталниот развој, а не за калкулирање во практичниот живот. Дали може да кажеме дека генијалците не се

раѓаат туку се создаваат?– Целна група на БОБ­програмата се сите мен­

тално и физички здрави деца на возраст од пет до 14 години, како круцијален период на возраст во кој се формира менталниот развој на детето.

Програмата трае 10 нивоа, едно ниво трае 3­4 месеци.

Децата го посетуваат нашиот центар еднаш во не ­ делата по два часа, а имаат обврска дома да вежбаат секој ден максимум 15 минути.

БОБ­програмата не е поврзана со почетокот и кра­ јот на училишната година, кај нас постојано се фор­мираат групи. Родителите аплицираат во нашиот центар и со формирање на групите според одредена возраст, децата почнуваат со програмата.

На крајот од секое завршено ниво децата доби­ваат интернационални сертификати кои можат да им послужат при упис во светски признати учи­лиш та, како на пример „Оксфорд“ или при конку­рирање во познати фирми и агенции. Една од таков тип каде што се бара сертификатот е на пример НАСА.

Слободно може да кажеме дека Бреинобреин­програмата во изминатите 10 години создаде многу генијалци.

БОБ­програмата придонесува од секое просечно дете да се извлече максимумот од менталниот равој, со што од малите дечиња создава ГОЛЕМИ ЛИ­ЧНОСТИ.

Виолета Цветковска

Деновиве во Редакци­ јата на „Урбан“ имавме еден необичен гостин, петипол годишниот Тео­ дор Илиевски, иден ма­тематички гениј. Такви се прогнозите на негова­та учителка Анета Лен­чиовска од Едукативни­ от центар „Светилник“. Впрочем, на првиот тест на таканаречениот Аба­кус концепт, Теодор по­кажал дека во светот на математиката влегува низ ши роки порти.

Придружуван од мајка му, „натоварен“ со абакус (сметалка,) првоосво ениот пехар и диплома, Тео ни демонстрираше како со помош на абакусот нај ле­сно се пресметуваат ос новните математички опе ра­ции. Сепак, главниот штос ни го приреди со пра зно картонче на кое пре сметуваше без да пишу ва­ви­зуелно.

Теодор е едно од талентираните деца кои ја по­сетуваат наставата во Едукативниот центар „Све­тилник“ невладина организација која, покрај оста­натото, се занимава со психичкиот развој и креати­вниот потенцијал на децата. Мајката на Тео ни обја­сни дека станува збор програмата BRAINOBRAIN со здадена врз база на децениски истражувањa од врвни академици со интернационално искуство во детското образование и тренинг.

Во таквата едукација Абакус концептот има ва­жна улога бидејќи овозможува голем тренинг на мо зокот кај децата. Со кинеската сметачка алатка ­ Абакус симултано се комбинирани три начини на учење: визуелно, аудитивно и кинестетички. По три месеци децата одлично можат да калкулираат брое­ви со абакусот, а подоцна абакусот се заменува со ментална слика (визуелен абакус) и калкулираат со дви жење на прстите на замислените топчиња од ви­зуелниот абакус.

Малиот Теодор потоа ни демонстрираше и една друга вештина, правење бродчиња и авиончиња од хартија, така што средбата заврши како што и тре­ба, со детска игра, која е суштина на секое одрасту­вање.

На заминување, нашите гости ни препорачаа да ја нагостиме и другарката на Тео, Ања Дуковска, ко­ја во истото училиште го освоила златениот медал, а живее во Карпош.

М.Р.

Теодор Илиевски

АБАКУС И БРОДЧИЊАTA НА ТЕО

Page 24: КАРПОШ УРБАН БР.21

24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во присуство на 200 деца од основните училиш­та во Карпош, во Кинотеката на Македонија дено­виве се одржа манифестацијатаа „Карпош има та­лент“. Стручна комисија составена од експерти во сфе­ рата на актерството, музиката и танцот, меѓу фина­листите ги избра и ги награди најдобрите. Првото место му припадна на Ма­ рко Србиновски од ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ за интерпрета­ција на песната „Имеџн“ од Џон Ленон. Второто место рамноправно го поделија Стефан Алексов­ ски од ОУ “Владо Тасев­ски“ и Матеј Божиновски од ОУ “Војдан Чернодрин­ ски“ за клавирска извед­ба, а третото им припад­на на Ања Давитковска и Матеј Лозановски од ОУ„ Јан Амос Коменски“ за прекрасната изведба на латино танци.

На оваа манифестација беа избрани и лого и слоган со кои во иднина ќе се брендира образова­нието во Општина Карпош. За најдобро лого беше из бран предлогот на Дамјан Велков од ОУ „Јан Амос Коменски“, второто место и припадна на Галина Лукин од ОУ„ Петар Поп Арсов“, а третото место на

Сара Петрушевска од ОУ„ Војдан Чер ­ нодрински“. За нај­ добар слоган беше про гласен предло­гот на Ива Мирчев ­ ска Стојми лова од ОУ „Пе тар Поп Ар­ сов“, втор најдобар слоган бе ше на Са­ ра Поповска од ОУ „Петар Поп Ар­сов“, додека тре­тото место го освои предлогот на Сте­фан Стојковиќ од ОУ „Братство“.

Наградите на победниците им ги

врачи градоначалникот на Општина Карпош Стев­чо Јакимовски.

В.Ц.

НАША ИДНИНА

Без сестрите Екатерина и Белисима Лукарови не може да се замисли ниту една свеченост или при­редба, не само во нивното матично училиште „Лазо Трповски“ туку и во Општината Карпош. Нивниот последен настап, при доделувањето на дипломите по повод еден меѓународен литературен конкурс, бе ше проследен со воодушевување. Екатерина­Ена свиреше на флејта, а Белисима на пијанино, и тоа беше повод за нивното претставување и во нашиот весник.

Екатерина е ученичка во шесто, а Белисима во че­ тврто одделение. И двете се одлични и омиле ни дру­гарки, а како и не би биле кога знакот на нивното пре­познавање се песната и играта.

Ена ни раскажува дека музикалноста ја наследи­ле од таткото Кристијан, академски музичар, хорист и композитор, а од мајката Оле, дарбата за уметни­чко играње. ­И сестра ми и јас сме ученички во МБУЦ „ Или ја Николовски Луј“, учиме балет и сви­ рење флејта и пијано. Токму заради тоа, често на­стапува ат во тандем и кога се свири и кога се игра.

Помалата од сестрите Лукарови, Белисима, по­следните две години редовно учествува на натпре­вари те за млади музичари, каде има освојувано на­гра ди и дипломи. Таа на Вториот меѓународен нат­пре вар на млади пијанисти, одржан во Врање (Р. Ср­ би ја), освои второ место.

Екатерина ни се пофали за настапот на детскиот фе стивал „Супер sвезда“, каде, по повод десетгоди­шнината од постоењето со сестра и на стапиле со песната „Журка“, кога добиле најсилен ап лауз. И таа и другите песни, со кои настапуваат на разните приредби и натпревари, им ги компонира таткото Кристијан така што играјќи се дома вежба ат за јавни настапи.

М.Р.

ТАНДЕМ ЗА СПЕКТАКУЛАРНИ НАСТАПИ

Сестрите Екатерина и Белисима Лукарови

ГРСТ НАГРАДИ„Карпош има талент“

Page 25: КАРПОШ УРБАН БР.21

25КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НАГРАДИ

На 5. Меѓународен училиштен литературен на­тпревар на тема „Кога би бил крал...“ што го органи­зира германското здружение „Мерхенланд“ од Бер­лин, Германија,15 ученици од ОУ „Лазо Трповски“ се наградени со пофалници. Тие се пласираа меѓу 150 најдобри во конкуренција на лични творби и по меѓу 100 најдобри во конкуренција на илустра­ции.

Учесниците на натпреварот во својата стихувана лична творба мораа да употребат најмалку десет од да дените клучни зборови од страна на организато­рот, а на секое одделение му беше дозволено да уче­ствува најмногу со три лични творби и една илу­страција.

Натпреварот годинава се одржа во Берлин во рамките на манифестацијата „23. Берлински денови на сказните“, а по повод 200 години од излегувањето од печат на книгата „Детски и куќни сказни“ од браќата Грим.

Со свои лични творби и илустрации годинава уче ствуваа околу 2 500 ученици од 12 земји од све­тот.

Со вкупно 11 стихувани лични творби напиша­ни во форма на сказновидни балади, пофалени се уче ниците: Кирил Соколов, Илина Милошеска,

Бисера Атанасова, Емилија Митовска, Алексан-дра Петковска-Банак, Елена Ордевска, Мартина Та сева, Огнен Бошњаковски, Тимотеј Бојаровски, Ма теа Крстаноска, Јана Климоска, Сара Петру-шевска, Ања Тодоровска, Ева Лазовска, Оља То-доровска и Марија Павловска.

Со соодветни пофалници за пласманот во фи­налето, стручното жири во категорија на илустра­ции награди и четири ученички од ОУ „Лазо Трпов­ски“: Мартина Караскаковска, Огнена До девска, Бојана Маројевиќ и Јована Маројевиќ.

Во своето обраќање до финалистите координа­торката на проектот, Биргит Маршал, во име на ор­ ганизаторот на натпреварот, меѓу другото, истакна: „Ви благодариме за испратените лични творби и илустрации полни со прекрасни креативни идеи и се надеваме дека имавте можност да уживате додека ги пишувавте и ги чи тавте стихуваните лични твор ­ би и ги цртавте илустрациите.

Наставници ­ ментори на овој проект се: Розита Костова, Дијана Петроска, Дивна Наумовска и Сте- фан Симовски.

Стефан Симовски, координатор на проектот

ПОФАЛНИЦИ ЗА НАШИ ЛИТЕРАТИ И ИЛУСТРАТОРИ

Учениците од ОУ „Лазо Трповски“ наградени во Берлин

Page 26: КАРПОШ УРБАН БР.21

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НАШИ АСОВИ

ДЕСЕТ ГОДИНИ НА ДРЖАВНИОТ ТРОНПоентата на бестселерот „Алхемичарот„ на Пао­

ло Куељо е дека камчето на среќата треба да се ба ра под куќниот праг, а не преку девет планини и мо­риња, прилега на приказната за ликот и делото на мо јот соговорник Стојан Поповски. Имено, тука, на че кор од нас, скромен, симпатичен и елоквентен, живее десеткратниот шампион во триатлон, неко­гашниот репрезентативец и рекордер во пливање на дол ги патеки, професорот по германски јазик и магистер по спортски туризам. Деновиве, Попов­ски зами на на светското првенство во Окланд (Нов Зеланд), потврдувајќи ми ја вистината за нашето старо проклетство ­ не само дека не водиме грижа за та лентите туку дека не си ги познаваме и оние со ме ѓународно реноме.

За среќа, како што вели самиот Поповски, Опш­тината Карпош, таквите „камчиња“ ги пронаоѓа и материјално им помага во нивниот спортски стре­меж, во случајов натпреварување со светски триат­лонци. Се разбира, нужно е да спомнеме дека три­атлонот е спорт, синтеза на три дисциплини: пли­вање, велосипедизам и трчање. Освен што е спорт на одбраните, скап е и кај нас, речиси анонимен ка­ко што се и оние кои се занимаваат со него.

... Како го открив триатлонот? Бев многу мале­чок кога прв пат, на телевизија гледав еден натпре­вар, но пред да се впуштам во триатлонските води, активно се занимавав со пливање, каде бев држа­вен младински првак. Со оглед дека еден дел од тој спорт е пливањето, дека е во него вклучен и вело­сипедизмот, решив и таму да се пробам. Навистина, тогаш и не помислував дека тој спорт ќе ми стане пасија... На првиот официјален натпревар, далечна­та 2003 година, бев трет, а од тогаш, десет пати по ред сум др жавен првак во триатлон...

Не потценувајќи ја домашната конкуренција, триа тлонот сериозно го сфатив по настапите во ме­ѓународната конкуренција. Поточно, сфатив дека без одрекување и пеколни тренинзи нема успех. Во, овој спорт успех е да бидеш меѓу првите пет во бал­кански рамки и, да речеме во друштво на првите триесет, во светски рамки...

Токму на меѓународните натпревари се запознав со селекторот на бугарската триатлон репрезента­ција, Емил Стојанов, со репрезентативците на Ср­бија и добив можност со нив да тренирам и да уче­ствувам на четири европски и светски првенства... Кога сме кај меѓународните натпревари, сакам да ви кажам дека има недоразбирање кај нашата публика. Ако на некој од тие натпревари освоиш трето ме­

сто, велат, „а, сигурно е некое „шљ“ натпреварува­ње“. Кога на светското првенство се пласирам на 31 ме ­ сто, меѓу 107 натпреварувачи, велат, „подобро и да не се натпреварувал“. На таквите не им е познато, а ни важно дека зад себе сте ги оставиле натпревару­вачите од земјите кои се велесили во триатлонот.

Триатлонот е скап спорт. Најнеопходната и скром­ на опрема чини околу 15 илјади евра, велосипедот 6000 евра, а неговото сервисирање чини 500 евра. Да не беа одрекнувањата на моите родители, јас не­маше да бидам тоа што сум денес, десеткратен др­жавен првак и учесник на пет светски првенства... Са кам да кажам дека, кај нас, за таканаречените ма­ли спортови (и не само за нив), никогаш немало до­волно пари. Ние имаме Триатлонска федерација чиј годишен буџет изнесува 3000 евра, па сега вие виде­те колку таа може да ни помогне на нас што сериоз­но се занимаваме со овој спорт.

Благодарејќи и на стипендијата од МОК, јас до­бив можност два месеци да престојувам во Колора­до Спрингс, во олимписката база на американските

Стојан Поповски, триатлонец

Page 27: КАРПОШ УРБАН БР.21

27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

триатлонци каде ме тренираше Карл Трикен. Се­пак, не ми се оствари желбата да учествувам на две­те последни олимпијади иако бев сериозен канди­дат. До Олимпијадата не стасав бидејќи немав дово­лен број настапи на меѓународни натпревари каде се добива виза за најголемиот светски спортски на­стан. Едноставно, немаше средства дури ни за пат до местата каде се одржуваа тие натпревари....

Еве, и сега, неколку денови пред заминување за Нов Зеланд, јас се соочувам со недостиг на пари за основните потреби, а да не ви зборувам за тоа дека таму патувам сам, без придружба и веројатно дека, како и досега, ќе бидам, единствениот соло натпре­варувач. Сепак, тоа ме прави посилен бидејќи се потпирам самиот на себе и очекувам добар пла­сман, кој тогаш е посладок и повреден.

Како и да е, благодарејќи му на Поповски, маке­донското знаме се веело на четири светски и на пет европски првенства во триатлон и на уште педесе­тина големи меѓународни натпревари. Токму со по­стигнатите резултати на тие натпревари, Поповски е влезен во топ­ 10 во балкански рамки.

­ Сега сум во најубави години, значи и психички и физички подготвен во триатлонот да го дадам ма­

ксимумот, и без оглед на финансиските тешкотии, ќе настапувам на сите натпревари дома, а и надвор со намера да влезам во првите пет. Се разбира, така ќе се подготвам за наредната Олимпијада, бидејќи верувам дека ќе ја исполнам потребната норма и де­финитивно ќе учествувам на најголемиот светски собир на спортисти.

М. Раденковиќ

На платото пред бистрото „Пиколо“, (ТЦ.Кар­пош 3­т.н. Лептокарија), свечено беше промовиран стартот на единствениот интернет портал во Маке­ донија „СеЗаРоденден.Мк“ преку кој,на едно место, ќе може со само еден „клик“, да се купат за подарок производи од неколку десетици домашни и стран­

ски брендови„Ла Коста“, „Би­ воч“, „Калце дониа“, „Ин­ тимисими“, „Или“, „Бистро Пиколо“, ка фе­ книжар­ница „Три“.... На отворањето присуству ваа многу прет­ ставници од бизнис секторот, македонски естрадни ѕвезди, стилисти, модни критичари и многу нови­нари, кои уживаа во прекрасната роден денска тор­та подготвена специјално за овој настан од „Кане­ла“, вкусните вина на „Тиквеш“, музиката на DJ ONE, а тоа задоволство беше проследено од будно­то „око“ на нашите фоторепортери.

­Бројните анкети кои ги направивме посочија дека луѓето во Скопје имаат се помалку време за да го одберат вистинскиот роденденски подарок за ни вните најблиски. Луѓето ретко добиваат подаро­ци кои навистина ги израдувале, иако биле потро­ше ни многу пари тие да бидат купени. Поттикната од ова, одлучив да основам компанија која ќе пону­ди буквално сé за најзначајниот ден во годината на секој човек. Едноставно сé за роденден! ­вели соп­ственичката на „СеЗаРоденден.Мк“, Ивана Колева.

„СеЗаРоденден.Мк“ е местото каде освен вооби­чаени подароци, луѓето ќе можат да пронајдат и мал ку поуникатни роденденски подароци, како ја­вање коњи, масажи, тренинзи по зумба, аеробик, фитнес и многу други.

(И.M.)

КАРПОШ ДОБИ WWW.SEZARODENDEN.MK

Page 28: КАРПОШ УРБАН БР.21

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Општина Карпош е постојано живеалиште на заслужни граѓани, писатели, уметници, спортисти.. Меѓу нив ги има и оние кои од медиумски аспект се то­тал ни анономци, пред се поради својата вродена скромност. Дали на пример некогаш сте слушнале за Елизабета Чолаковска Шпољариќ. Претпоставу­вам не, а убеден сум дека не можете ни да претпо ста­вите зошто таа заслужува и внимание и почит.

­ Ја сум заслужен спортист на Република Маке­донија и уживател на Националната пензија што се доделува на спортистите кои во текот на кариерата оствариле врвни, односно светски резултати. Треба да ви кажам уште дека мојот спорт е куглање, а вр­вот на кариерата ми е титулата на светска шампи­онка во куглање. .. Така ја започнува својата спортс­ка биографија нашата соговорничка, денес единст­вена жена тренер и судија во кугларскиот спорт во Македонија.

Ги бележам поважните датуми, клубови, држав­ни, евроски и светски првенства, меѓународни тур­нири, на кои учествувла мојата соговорничка. Уче­ствувала и ги освојувала најсјајните признанија. Кога почнав да го срочувам текстов, сфатив дека и 36 страници на „Урбан“ би биле малку за да ги на­редиме спортските резултати и постигања на ова симпатична и елоквентна спортистка, тренер и пе­дагог, во спортот во кој Македонија, со години на­назад, високо котира во светските рамки.

­ Знаете, куглањето е спорт со најмалку публи­цитет и јас со тоа се помирив уште на своите поче­то ци, 1974 година. Тогаш за прв пат се сретнав со ку глана и куглање и ме привлече бидејќи видов де­ка таму само од натпреварувачот зависи какви ре­зултати ќе постигне. А со тој мој почеток сврзана е вистината анегдота. Имено, тогашниот тренер на кугларскиот клуб, „22 Декември“, Драган Коваче­

СПОРТСКИ ЛЕГЕНДИЕлизабета Чолаковска Шпољариќ

СО ИНАЕТ И КУГЛА ДО СВЕТСКИОТ ТРОН

Имам и сила и желба да помогнам во Карпош да се формира кугларски клуб, пред се бидејќи има талентирани девојчиња способни да му го вратат некогашниот сјај на македонското женско куглање, вели нашата соговорничка, заслужен спортист на Македонија

Page 29: КАРПОШ УРБАН БР.21

29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

виќ, кога ме виде ме праша што бараш тука. Кога му кажав дека сакам да тренирам, се насмеа и рече: Де­војче, барај си некој друг спорт, ти си слабичка за куглање“. Јас тогаш се заинатив и си реков, ќе ги ба­талам шахот, пинпонгот, стрелаштвото и кошарка­та и ќе тренирам куглање. Човекот виде не виде, ме запиша во клубот и подоцна, кога станав светска првенка, си ја раскажувавме нашата прва средба, а тој признаваше дека е добро да се биде упорен без оглед за која работа станува збор.

­ Веќе наредната, 1975 година, на првенство во Нови Сад, јас станав државен првак и веднаш ста­нав и државна репрезентативка, и во наредните де­сет години настапував на сите поважни домашни и меѓународни натпревари.

Во домот на нашата заслужна спортистка, едно ќоше во дневната соба е украсено со дел од пехари­те и признанијата што Бети ги освојувала во својата богата спортска кариера. Повеќето од нив се „спа­стрени“ во картонски кутии, а дипломите, фотогра­фиите и исечоците од весниците хронолошки се под­ редени во големи албуми. Во разговорот се фокуси­равме на датуми и натпревари во кои е исткаена една блескава и неповторлива кариера. Првото искуство е сврзано за државното првенство во Крањ, 1974 година, каде Чолаковска­Шпољариќ одлучува на ку глањето целосно да му се посвети. Веќе наредна­та година, на првенството во Нови Сад станува др­жа вен првак и нова, најмлада репрезентативка на Југославија. Истата, 1975 година, на Светското пр­

венство во Будимпешта станува светска првенка во поединечна конкуренција и вицешампионка во двој ­ ки. Во наред ни те шест години Бети е републички шампион, стандардна репрезентативка, и освојувач на златни и сребрени медали на сите меѓународни натпревари на кои учествувала. Сепак, круна на блескавите резултати на „малечката од Македони­ја“ е златниот медал на Светското првенство во Брно, 1982 година. Истата година, во Македонија е прогла­ сена за спортист на година во женска конкуренција, веднаш зад борачот Трстена кој беше апсолутен спор­ тист на годината.

Во следните десет години, Чолаковска –Шпоља­риќ е преокупирана со формирањето на кугларски­от клуб „Работнички“, со кој постигнува врвни ре­зултати, а потоа, истото го повторува во КК „Вар­дар“ каде станува тренер и селектор на македонската женска репрезентација. Приказната за настаните во последнава деценија не е „светла“ и мојата соговор­ни чка не го крие разочарувањето од „ политички ама­ тери во спортот“, од немање услови за тренирање на своите ученички и наследнички...

На крајот од разговорот рече дека има и сила и желба, во Општината Карпош да формира кулглар­ски клуб, бидејќи, како што вели, има талентирани девојки, способни да го повратат сјајот на македон ­ ското женско куглање од времињата кога девојките од Скопје на чело со неа, Живиќ и Маџаровска, беа перјаниците на југословенското женско куглање.

М. Раденковиќ

ОПШТИНА КАРПОШ ДОНИРАШЕ СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА СИТЕ ДЕСЕТ УЧИЛИШТА

Минатата недела, во ООУ „Владо Тасевски“ Гра­доначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јаки­мовски, донираше спортска опрема за сите десет учи лишта кои егзистираат на територијата на оп­штината. Станува збор за донација од 10 маси за пинг­понг, илјада пинг­понг топчиња и 40 рекети, како и по 100 топки за кошарка, ракомет и одбојка.

„Ние, изјави градоначалникот Јакимовски, при­вршуваме со реконструкција на вашето училиште.Тоа е само едно од десетте целосно реконструирани ос новни училишта на наша територија и сега е на ред да ги обновиме училишните помагала. Во обла­ста на спортот тоа се овие реквизити кои рамномер­но ќе бидат распределени во сите училишта, со што сакаме да го поттикнеме спортскиот дух кај децата

и љубовта кон спортските вештини, рече Градона­чалникот, обраќајќи им се на учениците и на персо­налот на училиштето.

Првиот човек на Карпош уште рече: Ќе приста­пиме кон обнова и опремување на кабинетите по фи зика, хемија, информатика и се надевам дека од овие училишта ќе излезат идни академци и успешни граѓани на општина Карпош“.

(В.Ц.)

Page 30: КАРПОШ УРБАН БР.21

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 31: КАРПОШ УРБАН БР.21

31КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ДРУГИТЕ ЗА НАС

Во рамките на одбележувањето на Денот на на­шата Општина, на гости ни беа и драгите пријатели, делегацијата на збратимената општина Врњачка Ба­ња, од Република Србија. Тоа беше повод за кратки­от разговор со г. Андрија Бочанин, вториот човек на локалната самоуправа во Врњачка Бања. Господин Гочанин, свечерскиот дел од ваша-

та посета се подразбира но дали, при средбата со нашиот Градоначалник и неговите соработници, стана збор за конкретни проекти?

- Се согласувам со вас, во Карпош сме пречекани како вистински пријатели и убаво си поминавме. Со оглед дека нашата соработка е воспоставена ре­лативно скоро, во октомври минатата година, немав­ ме време за некои конкретни активности, но овој пре­ стој го искористивме токму, разговарајќи за актив­ностите кои ќе ги реализираме во иднина и во нај­скоро време. За почеток, ние на нашите домаќини им понудивме два проекта, едниот се однесува на изградбата на мовче на реката во Врњачка Бања, ре­плика на некој од мостовите на Вардар. Симболика­та се подразбира.

Исто така, со оглед дека на десетина километри од Бањата се наоѓа планината Гоч, убав зимско ­ ре­креативен туристички центар, ние дојдовме на идеја на нашите пријатели од збратимените градо­ви да им подариме плацеви на кои тие ке можат да си изградат објект со претпознатлива национална архитектура. Со други зборови, Општина Карпош да има една мала своја територија во Србија на која ќе може да изгради типска куќа, пригоден угости­телски објект, музеј за презентација на сопствената кул тура.

Имаме во план, наскоро да организираме еден вид берза со учество на стопанственици од нашите збратимени општини. Верувам, ќе се согласите со ме­ не дека секоја соработка на збратимените градови има смисла ако во себе содржи соработка на стопански план. Таквото мислење го делат сите наши колеги од збратимените градови. Какви се Вашите впечатоци од овој краток

престој во Карпош?­ Импресионирани сме од она што го видовме

овде. Карпош е навистина модерна, Општина со ши­ роки и цветни булевари, со многу зеленило и нови градби кои се во убав склад со објектите кои се гра­дени порано. Јас, лично сум воодушевен од вашиот

градоначалник, од неговиот елан, харизматичност и присноста при средбата со граѓаните. А да не збо­рувам за неговите соработници кои беа во нашата придружба, и својски се потрудија да ни угодат и да не нагостат, така што си заминуваме навистина пре­ задоволни. ..

Како што е и редот, ние, г. Јакимовски и нашите нови пријатели ги поканивме во најскоро време да ни бидат гости, но се сомневам дека можеме да ги над­ минеме во гостопримството што ни го го приредија овде, без оглед на фактот што Врњачка Бања веќе 145 години практикува туризам.

М.Р.

„МАКЕДОНСКА КУЌА“ НА ГОЧ

Андреја Бочанин, заменик претседател на Врњачка Бања

Page 32: КАРПОШ УРБАН БР.21

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ32

Список на талентирани ученици од општински те основни училишта на територија на Општина Кар пош за учебната 2012/2013 година

I категоријаМилан Самарџиски – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддЛеон Шулајковски – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 оддКристијан Мирковски – ОУ „Ј. А. Коменски“ ­ 7 оддКатерина Бујароска – ОУ „П. П. Арсов“ – 8 оддДаниел Србиноски – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддСтефан Алексовски – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддАндреј Весиќ – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 7 оддИвана Чивлачки­ ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддНаталија Калајџиеска – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддГабриела Ивановиќ – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 7 одд Мила Гавриловска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 7 оддТијана Абазовска – ОУ „Братство“ – 8 оддТијана Додов – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддАндреј Божиновски – ОУ „Аврам Писевски“Стефан Божиновски – ОУ „Аврам Писевски“

II КатегоријаЃорѓи Јовановски – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддДавид Христов – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддАнгела Стојчевска – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддТиана Лазаревска – ОУ „Аврам Писевски“ – 8 оддЛеонид Танасковиќ – ОУ „Братство“ – 8 оддИгор Трајков – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 оддДарко Тушев – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддАлександар Чавлески – ОУ „Братство“ – 7 одд.Михаил Кржаловски – ОУ „Х. Т. Карпош“ – 7 одд Сара Грезу – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 7 одд

Јоаким Јаковлески – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддЛеонита Поповска – ОУ „Владо Тасевски“ – 8 оддБерта Милевска – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 оддКонстантин Георгиевски – ОУ „П. П. Арсов“ – 8 оддАнгела Мојсовска – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 оддКирил Ѓеоргиевски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 оддВладимир Тасевски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 оддНора Николоска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 8 оддМарко Зајков – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 7 оддСтефан Димковски – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд.Дамјан Димовски – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддОлга Дамовска – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 8 оддМартина Петровска – ОУ „Д. Х. Димов“ – 8 одд

СТИПЕНДИСТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ ЗА 2012/2013 ГОДИНА

Веќе петта година по ред, а на иницијатива на градоначалникот Јакимовски, локал­ната самоуправа на Општината Карпош, на талентираните ученици и спортисти им до ­ дели стипендии. Со цел паричната помош да стаса во рацете на навистина талентира­ни спортисти, Одделенијата за образование и спорт при Општината Карпош, утврдија критериуми и распишаа јавен конкурс. На конкурсот за талентирани ученици година­ва се пријавија 52 кандидати, а на конкурсот за надежни спортисти, 108 кандидати. Двете Комисии внимателно ги разгледаа сите пријави и направија ранг листи со по че­тири категории. Според истите, во учебната 2012/2013 година (10 месеци), паричен надо­мест во износ од 1.500, 2.500 и 3.500 денари ќе добиваат 52 талентирани ученици и 54 млади спортисти. Наградата за вториве (во зависност од категоријата), ќе изнесува: 2000, 2.500, 3.000 и 4.000 денари. Нашиот весник со посебно задоволство ги објавува списоците на талентираните уче­ ници и млади спортисти, стипендисти на Општината Карпош за учебната 1012­ 1013 година.

СТИПЕНДИИ

Page 33: КАРПОШ УРБАН БР.21

III категоријаАлен Бајро – ОУ „Јан Амос Коменски“ – 7 оддИна Кроневска – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддТамара Тодорова – ОУ „Д. Х. Димов“ – 7 оддСара Поповска – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 оддБорјан Темелкоски – ОУ „П. П. Арсов“ – 7 оддАнѓела Стојковска – ОУ „Ј. А. Коменски“ – 8 одд.Лео Кралевски – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 оддМони Михајловски – ОУ „В. Ц. Трена“ – 7 одд.Теа Тодорова – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддАна Мазнева – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 оддЃорѓи Станојески – ОУ „Владо Тасевски“ – 7 оддРосица Турмакоска – ОУ „Лазо Трповски“ – 8 оддДана Ќосева – ОУ „Димо Хаџи Димов“ – 8 оддКирил Петков – ОУ „Петар Поп Арсов“ – 8 одд

Материјална помош за надежни спортисти

I категоријаДино Вучидолов, Амра Фејзула, Магдалена Таш­

ковска, Симона За борска, Стојан Поповски, Дарко Ан гелковски, Тамара Илиќ, Ивона Пејковска, Дамјан Петровски, Петар Огњеновиќ, Никола Стојков, Алек­ сан дар Стојковски, Сара Радичевска, Ан гела Ни­ниќ, Сандра Иванова, Давид Пе цалевски, Ирина Јанкуловска, Антонио Зврцинов, Давид Мицевски, Ан тонио Ри стевски, Ду шица Јанковиќ, Xристијан Тодороски, Васил Пујовски, Илија Циривири, Ми­лан Ристовски, Бисера Ристовска, Моника Стефа­новска, Горазд Анастасов.

II категоријаЃорги Поповски, Констан тин Битраков, Андреј Со­

коловски, Никола Димитријевиќ, Александар Сто­ја нов ски, Марко Секулов ски, Јаков Јованов.

III категоријаСадик Касамовски, Драгана Волкановска, Бојана

Бејатовиќ, Иван Михајловски, Стефан Стојановски, Емануел Ристевски, Ведран Здравковски, Деа Здрав­ ковска, Кри стина Крстевска.

IV категоријаВиктор Аспров ски, Сара Гичевска, Давид Илиев­

ски, Калина Трајаноска, Стефан Стоја нов ски, Ма­рија Стојчевска, Кристијан Андреев, Марко Накиќ, Иван Манасов, Никола Максимовски.

Материјална помош за спортски клубови

Епитетот на најспортска општина во Република Ма кедонија, нашата Општина постојано го потврду­ ва и со материјално помагање на спортските друштва и клубовите кои егзистираат на нејзината територи­ја. Како и во изминатите години, и во оваа, Локалната самоуправа за таа намена од општинскиот буџет из­ двои 1.745.000 денари. Се разбира, паричните сред­ства се даваат по пат на јавен оглас и според пости­гнатите резултати. Годинава, на конкур сот се јавија 23 спортски друштва и клубови, а Ко мисијата при Одделението за спорт донесе одлука материјално да помогне 18 спортски колектив, во десет катего рии и тоа: ОК „Вардар“, КК Карпош со коли 2000.“, ПК „Кар­пош“, ФК „Лепенец­ Гост“, КК „Водњански ли сици“, Џудо клубот „Ипон“, КФЦ, ФК „Алумина“, Шахов­ски клуб „Карпош“, Пинг понг клубот „Спи­Сти га“, Пливачки клуб „Акватик“,ШК „Гамбит“, Спорт клуб „Херкулес“, ОК „Фит фан волеј“, Поли циски боречки клуб „7. мај­Тигар“, РК „Велко ва 5“, БК „Универ­залци“ и Мото клуб „СК­ Мото“.

Во рамките на програмата за одбележување на Денот на Општина Карпош – 3 Ноември, дено виве, во спортската сала на ОУ „Владо Тасевски“ се одржа кошаркарски турнир за учениците од средните учи­ лишта од територијата на Општина Карпош. Ста­нува збор за првото коло од Кошаркарската лига за учениците од на шата Општина.

На стартот од натпреварувањето се одиграа два натпревари. Во првиот, кошаркарите на „Георги Ди митров“ ги победија врсниците од „Орце Нико­лов“ (54:40), во вториот натпревар, момчињата од ги м назијата „Кочо Рацин“ беа подобри од кошар­ка ри те на „Нова“ (67:64)

Вкупниот награден фонд за годинешната Ко­ шаркарска лига на средношколци изнесува осум­стотини илјади денари.

СЈАЕН СТАРТ НА КОШАРКАРСКАТА ЛИГА

33КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 34: КАРПОШ УРБАН БР.21

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 21 • ОКТОМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА

Деновиве, во просториите на ООУ „Лазо Трпов­ски“ се одржа петтата, претпоследна форумска сеси ­ ја од проектот „Форум на заедницата“. Со десет до­бие ни петки за проектот ­ Подобрување на условите за реализација на воспитно образовната работа и на малување на оперативните трошоци, преку зго­лемување на енергетската ефикасност на објектот, победи проектот на ЈУОДГ „Пролет“ – Карпош.

Имено, Општина Карпош, во периодот од јуни до октомври годинава, во серија од пет сесии го реа лизираше проектот „Форум на заедницата“. Про ектот има за цел да го зајакне граѓанското уче­ство во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните су­бјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за про блемите од интерес на целата заедница.

Да потсетиме, проектот е поддржан од Швајцар­ската агенција за соработка и развој со 2.400.000 де­

нари и 2.400.000 денари од локалната самоуправа, а е имплементиран од фондацијата Отворено опште­ство – Македонија. На сесијата учествуваа градона­чалникот Стевчо Јакимовски и секретарот на Оп­шти на Карпош, Владо Поповски, и зборуваа за тоа што до сега е преземено и што се планира во иднина за целосна реализација на избраниот проект.

Градоначалникот Јакимовски им се заблагодари на присутните за нивното учество во форумите и го­ лемиот ин терес за ваквиот вид на распределување на сред ства та, и при тоа нагласи: ­Овие форуми не поттик наа и од следната година, при правење на бу­џетот ќе определиме средства за секоја урбана заед­ница, а са мите граѓани ќе одлучат за што ќе бидат наменети тие средствата “. 

E. K.

ГРАЃАНИТЕ ИЗБРАА: ОБНОВА НА ГРАДИНКАТА „ПРОЛЕТ“

Page 35: КАРПОШ УРБАН БР.21

АКЦЕЛЕРАТОР УСЛУГА - ПСМ СТАРТАП ПРЕДИЗВИК

ПСМ Фондација (www.yes.org.mk) и Општи-на Кар пош ви го најавуваат почетокот на про-ектот “Акцеле ратор услуга-ПСМ стартап предизвик”. Проектот вклучува селекција на 20 млади луѓе од Општина Кар пош (преку отворен конкурс), кои ќе поминат 3 ме сеци во ПСМ Акцелераторот каде ќе добијат бес-пла тен простор за работа, совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални ин-веститори и средби со ус пешни претприе ма-чи кои ќе им помогнат да се соо чат со пре диз-ви ците во текот на престојот. Понатаму, по изминување на периодот од 3 месеци, врз ос-нова на различни параметри за развој (ге не-рирани прихо ди, склучени договори, ква ли-тет на понудените услуги итн.), тројца та нај-

успешни учесници ќе бидат на гра дени со на-граден фонд во износ од 120 000 денари.

Проектот има за цел да овозможи соодвет-ни ресур си на младите кои веќе работат одре-дена форма на ус лужен бизнис, но сеуште не-маат регистрирано своја компанија. Со ова би се создала нова генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни места во заедницата.

Сите заинтересирани за учество треба да се прија ват на [email protected] со пополне-та апликација најдоцна до 20 декември 2012 година.

*Апликацијата можете да ја најдете на веб страната на ПСМ Фондација www.yes.org.mk

Page 36: КАРПОШ УРБАН БР.21

ИЛЈАДА „ЦВЕТЧИЊА“ ЗА СРЕЌЕН РОДЕНДЕН