13

Магазин број2

  • Upload
    -

  • View
    228

  • Download
    2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Онлајн магазин на ЈувентусМК

Citation preview

Page 1: Магазин број2

2

Page 2: Магазин број2

На денешенен ден, 01. ноември во 1897 започна приказната за еден од најголемите клубови во фудбалската игра и приказната за една голема љубов - Storia d'un grande Amore.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЈУВЕНТУС!

Page 3: Магазин број2

Роден на 19ти Јануари 1986 година во малото место Чиери во непосредна близина на Торино во фамилија со долгогодишна историја на Јуве фанови. Неговата фамилија редовно била сопственик на сезонски билети за сите натпревари на нивниот омилен клуб, а младиот Клаудио од мали нозе бил запознаен со стадионот Деле Алпи бидејќи бил меѓу децата што ги носат топките на самите натпревари.За време на За време на аудициски ревијален натпревар младиот талент бил побаран од ловците на таленти во школата за таленти Сиспорт спонзорирано од Фиат групацијата. Веднаш потоа како голем талент е превземен од школата на својот омилен клуб и на 7 годишна возраст му се исполнува животниот сон.

За време на неговиот престој во младинскиот состав игра на позицијата на втор напаѓач или познато како trequartista, огледувајќи се во својот херој од детството Александро Дел Пиеро со кој до денес има можност да го дели своето место во нивниот омилен тим.Во 2006та година за прв пат е вклучен во сениорскиот прв состав на Бјанконерите од страна на Фабио Капело и од тогаш до ден денес со право го задржува местото меѓу најдобриот состав на тимот од Торино. Неговата редовност во составот се појавува за времето на престојот на јувентус во Серија Б, поради големиот број играчи кои ќе го напуштат па потребата од квквалитетни играчи за составот е огромна.

Принцот

од

Торино

-

Клаудио

Маркизио

Page 4: Магазин број2

Во септември 2006 година е за прв пат капитен на тимот во Примавера на кој составот од Торино го прегазува ривалот Интернационале со 5-1. Неговиот прв гол е по асистенција токму на неговиот херој Дел Пиеро во натпреварот против тимот на Арецо во 2007 година.Неговата позиција како централен играч во средината води кон честата споредба на младиот Клаудио со легендата на Јувентус и на ииталијанскиот фудбал Марко Тардели за сличниот стил на игра и способност за брзо читање на играта. Иако претпочите игра со десната нога, Маркизио е препознатлив по силниот шут кој може да го испрати со двете нозе, па затоа често е и на позиција да игра високо и во длабочина во зоната за шут на противниците. 23 одиграни средби, 3 голови, 2 асистенции, 7 жолти картони ја одбележуваат сезоната 2008/2009 која ќе му остане во сеќавање во текот на целиот живот.

ККариерата му ја одбележуваат 144 настапи за Старата Дама, на кои има постигнато 14 голови и огромен број асистенции. Но неговиот талент, како што изјавуваат тренерите во Италија се огледува во неговата сестраност во средината на теренот, она што го прикажува и оваа сезона во бело-црниот дрес. Во јуни 2008 година се жени,а во август 2009 го добива својот прв син, за време кога тој е отсутен со обврски за квалификациите на репрезентацијата. Својот гол првенец во репрезентативниот дрес го попостигнува против Србија во овогодинешните квалификации за европското првенство наредната година.

Page 5: Магазин број2

Неговата пазарна вредност се проценува на некои 18 милиони фунти. Но гледајќи ја неговата претстава оваа сезона очекувам голем пораст во оваа бројка. Многу често е критикуван дека „го нема никаде на теренот“, но се покажа спротивното. Маркизио се покажа како одличен егзекутор на големите ривали, особено за миланските тимови. Иако претходните сезони постигнувал приближно 4 голови, оваа сезона тој веќе ги има постигнато своите 4 на само 9 натпревари. сакаше да го оцрни овој млад талент со, ако се сеќавате статијата на Goal.com за „падот на митот за Маркизио“. Но вистинските фанови на Јувентус знаат што значи лојалноста кон овој клуб. Враќајќи се наназад кон претходните капитени до Карло Бигато, Џиампиеро Бонипетри, Џанлука Вијали, Антониот Конте, Александро Дел Пиеро, на повидок е новиот капитен на Старата Дама. Во годините што престојат, легендарната осмица поповторно го добива значајното место во составот на Бјанконерите. Како и неговиот сегашен менаџер, кој осмицата ја носеше гордо во својата капитенска улога, повторно се дава можност на легендарната бројка, заедно со талентот на младиот Клаудио повторно да ја пишува историјата на клубот за идните генерации. Торино го добива својот принц, кој еден ден ќе стане крал. Идните Бјанконерите ќе говорат за легендарниот „млад принц“ како што денес ние говориме за легендите во кои тој самиот ссе огледувал. Секоја генерација ќе има свој херој. Принцот Маркизио е на вистинскиот пат кон запишување на своето име во вечните легенди на тимот од Деле Алпи

Page 6: Магазин број2

Интер - Јуве | Бидејќи 2006-та е повеќе од само обичен трофеј

Гордост, правда, борба, ривалство и секако редовно „мачкање“ се поимите кои први доаѓаат на памет кога ќе се спојат имињата на овие два рив овие два ривали. Честитки до сите Бјанконери за големата победа. Џузепе Меаца на колена. Ова коло беше во знакот на бело-црното.

Во потрага по правда и гордост, момците го издржаа притисокот на гостинскиот терен и тежината на задачата што им беше доделена и во одлична претстава ни го дадоа она што најмногу го посакувавме - три бода во Милано. Одлична игра, перфектна поставеност, херојска борбеност е тоа што момците на Конте покажаа на овој натпревар. Иако и домаќините имаа неколку изгледни шанси, дури и гол, сепак, црно-бцрно-белата одбрана првокласно си го бранеше својот гол и неговиот чувар и ги запреа обидите на нероазурите да направат нешто посериозно.На крајот на натпреварот дури успеаа да му ја сокријат топката на противникот и да си поигруваат со него, иако топката и постојано се наоѓаше во нозете на гостите. Одличните контра напади вродија со голем плод. Иако Матри не се впиша во листата на стрелците во двата наврати беше креатор на самата завршница. Вучиниќ кој за сите беше дисдискутабилен избор покажа е вистински избор за големите натпревари. И миленикот на фановите Маркизио покажа дека знае да го направи потребно во вистинскиот момент. Највисоки оценки за сите момци за нивната борбеност и одличната претстава, посебно до Лихтштајнер, Маркизио, Буфон, Пепе и не смееме да го заборавиме капитенот, што за оние кои беа присутни на заедничкото следење на натпреварот знаат како беше поздравен од македонските фанови.

Page 7: Магазин број2

Што всушност е „Јувентинитет“

Неколку пати во нашите текстови го користевме терминот „Јувентинитет“ (ита: Juventinità), но што всушност значи овој збор?

- Желбата за победа.

- Свесноста дека Јуве е најсилниот тим во Италија.

- Пекол за секој противник.

- Чувството на припадност кон идеја, историја...

- Борбени- Борбениот поглед со кој истрчуваат играчите на Јуве на теренот.

- 29 Скудета.

- Комплексот на другите наречен „Јувентус“.

- Дел Пиеро, Зидан, Недвед, Буфон, Конте, Платини, Вијали, Ширеа...

- Џани Ањели.

Page 8: Магазин број2

Како желбите на Марота ќе влијаат на Јувентус

Од самиот почеток на преодниот рок по завршувањето на претходната сезона, во голема „расправија“ се поставија фановите на едната страна и управата на друга. Голем дел од потезите на пазарот на играчи од страна на Марота беа пречекани со огромни овациии негации од страна на симпатизерите на клубот. Неможноста или неспособноста, како сакате, на управата и челниците одговорни за доведувањето засилувања за големиот Јувентус, беа беа одразени во огромни разочарувања на фановите. Како да не ја сфатија таа улога сериозно. Неуспехот во доведување на Роси, Агуеро и други големи имиња, вредни да го носат црно-белио дрес го постави Марота на пијадестал за критики и омаловажувања.Чекорите за повикување на играчи од калибарот на Пациенца, Џакерини, Вучиниќ, Естигарибија и одлуката за задржување на Јакина Јакинта, Амаури, Гросо и останати беа пречекани со негирање од страна на симпатизерите.

Page 9: Магазин број2

Но и покрај овие одлуки управата ја остави довербата за таа позиција на човекот кој не успеа правилно да го засили тимот од Торино. Она што го карактеризираше претходниот преоден рок беа огромни шпекулации, преувеличување, големи желби но сепак не видовме ни дел од нив. На спас на Марота доаѓаат одличните игри на дел од играчите кои оваа сезона дојдоа во Торино. Лихштајнер, Пирло и Видал, се чини се еединствените играчи кои си го оправдаа именувањето – „засилување“. Дискутабилна е секако потребата да се трошат и големи пари на играчи, поради позицијата во која се наоѓа клубот. Не натпреварувањето во европските натпреварувања го оправдуваат однесувањето на Марота и издвојувањето мал дел од средствата за трансфери. Меѓутоа, да се запрашаме, дали догодина кога Јувентус ќе се врати во круот на европски тимови, дали повторно ќе купуваме играчи, повторно ќе го ререконструираме тимот и повторно ќе губиме време на воигрување на новите играчи. Секој држи свој став.Еве повторно гледаме нови шпекулации кои го преплавуваат интернетот. Големата историска победа над ривалот Милан, не смееше да се земе како поттик за „летање во облаци“ и нови прувеличувања. Како што изјави чуварот на мрежата, Буфон, токму по ваков подвиг треба да останеме на земја и мирно, чекор по чекор да се движиме кон новото Скудето.

Page 10: Магазин број2

Но какви ќе бидат овие чекори. Коларов, Тевез, Родолфо и многу други се повторно на листата на играчи кои ќе треба да дојдат во Торино во зимскиот преоден рок. Направете осврт на составот. Јувентус има дури 7 класични напаѓачи. Дали ангажманот на уште еден напаѓач ќе ја подобри ситуацијата? Видете ја состојбата на Кваљарела, кој едвај влезе на теренот. Ќе се уништи атмосферата за игра и чувството за позиција што владее меѓу играчите. ННајпрво, мислам, потребно е да се ослободи клубот од непотребните играчи, да направи место за нови засилувања. Бидејќи гледате, поради таквата ситација веднаш излегоа шпекулации за напуштање на клубот од страна на Кваљарела и Красиќ, биле вистина или не. Секако секое засилување е добредојдено, но не смееме да летаме дека ќе ги земеме сите ѕвезди во Европа, туку треба, како што бара и тренерот да го оставиме и да не се мешаме, тој да си го креира составот, да го формира клубот кој ќе биде доследен за нови предизвици.Потребно е внимателно да се планираат наредните чекори, бидејќи не станува збор само за мислењата на Марота и фановите, станува збор за достоинството и имиџот на еден фудбалски гигнат кој е на пат кон своето право место. И поради тие причини сите треба да се стремиме кон „поголемото добро“ за клубот, сите заедно под мотото:

…For JUVENTUS winning is not important. It's the only thing that matters…

Page 11: Магазин број2

Јуве заслужува да биде прв!

Јувентус годинава е дефинитивно еден од главните претенденти за Скудетото, сакале нашите херои да си признаат или не.Јувентус има најубедлив старт на сезоната, поткрепен со одлична

организација на играта, солидна одбрана и огромен мотив за докажување.Покрај техничко/менталните предности на Старата Дама, не смее да се испушти и фактот што Јувентус во однос на другите претенденти за титулата не игра во Европа, односно има дупло повеќе време за подготовка на натпреварите од домашното првенство, можеби и клучен фа фактор за борбата за титулата. Кон оваа констатација се приклучуваат и двајца фудбалски генијалци како Капело и Липи, кои имаат само пофални зборови за Јувентус, а посебно за Капетанот Конте.

Липи: Може слободно да се споредува овој Јувентус со мојот, постои ентузијазам и голема желба за победа. Карактеристики кои беа во „мојот“ Јуве и сега се во овој. Конте беше лидер и на теренот, а сега одлично успева да го пренесе својот дух на целата група играчи. Но овој Јувентус не е не е само „мотивација“, има и организација на играта и големи технички вредности. Без овие елементи, мотивираноста само по себе не е доволна“

Кон пофалбите упатени на адресата на Јуве се приклучува и Дон Фабио Капело:

Капело:

Јувентус го заслужува првото место. Тие се вистински претендент за врвот. На натпреварот против Милан можевме да видиме видиме колку е важен новиот стадион за клубот. Нашето првенство се игра на стари стадиони, па затоа треба да се следи примерот на Јуве“.

Page 12: Магазин број2

Моџи: Голема победа за Јувентус и покрај Рицоли и полниот стадион

Како и секоја недела, на крајот од колото, нашиот миленик Моџи дава свој коментар за случувањата. Пресреќен од победата против својот најголем непријател, не застанува ни во обвинувањата против Интер дека и понатаму се служат со недозволени средства надвор од фудбалските терени вршејќи притисоци врз судиите.

„Натпреварот во саботата навечер беше под големо влијание на жжалбите кои Интер цела недела претходно ги искажуваа кон судиите, со што вршеа притисок и сакаа да креираат тензија и забуни, искажувајќи исти работи како оние кои водеа кон лажниот скандал Калчополи.

Page 13: Магазин број2

Рицоли не досуди чист пенал за Јувентус, скандалозно помилувајќи го Кастелаци (пенал ќе значеше и црвен картон) исто како Родомонти кога не го исклучи Толдо, кога Интер вршеше притисок врз судијата пред натпреварот, како што обелоденија телефонските разговори кои моите асистенти ги прикажаа.Вистината е дека Интер не смеат да си дозволат да губат.ЈЈувентус добро реагираа да не одговорат на притисоците, да не креваат високи тонови, за да не се ескалира ривалството и на трибините.Тимот на Јувентус воден од Конте брилијантно вршеше пресинг и трчаа 100 км на час, заслужувајќи ја победата, која без грешката на Рицоли ќе беше уште поубедлива.

Јувентус во иднина ќе биде поефективен пред противничкиот гол, но само доколку го играат овој натпреварувачки дух како досега ќе м можат да го поминат и Милан.Раниери е задоволен од неговиот тим? Се радувам за него.

Морати е лут и се чуди? Тоа му е навика, без друг Калчополи неговиот тим е на крајот од циклусот.“

www.JuventusMK.com