4
ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ Епилог од првите преговори со МОН и Владата Прочитај и сподели! Број 2/ 2.3.2015 За прв пат во историјата на Македонија и регионот, студентите и професорите добија легитимно и директно учество во креирањето и пишувањето на новиот закон за високо образование. Бојкотот на формалната настава на факултетите завршува. Автономната зона продолжува... ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Гласот на студентите број 2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Гласот на студентите број 2

ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Епилог одпрвите преговорисо МОН и Владата

Прочитај и сподели!

Број 2/ 2.3.2015

За прв пат во историјата на Македонија и регионот, студентите и професорите добија легитимно и директно учество во креирањето и пишувањето на новиот закон за високо образование. Бојкотот на формалната настава на факултетите завршува. Автономната зона продолжува...

ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Page 2: Гласот на студентите број 2

НАЈАВА НА ПАКЕТ НОВИ ЗАКОНИ

ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ

СТУДЕНТСКИ МАРШ

ОБЈАВУВАВЊЕ НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНИТЕ

СТУДЕНТСКИ МАРШ

11 февруари

17 ноември

СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТ

15 декември

26 декември

ИЗГЛАСУВАЊЕ НА ПАКЕТОТ ЗАКОНИ

10 јануари

АВТОНОМНА ЗОНА+ БОЈКОТ НА

ФОРМАЛНА НАСТАВА

19 февруариПРВ СОСТАНОК

10 декември

24 февруариВТОР СОСТАНОК

ПРЕКИН НА БОЈКОТНА ФОРМАЛНА НАСТАВА

РАБОТНИ ГРУПИ ИЗРАБОТКА НА

НОВ ЗАКОН

РЕТРОСПЕКТИВА НА НАСТАНИТЕ

Page 3: Гласот на студентите број 2

АКТУЕЛНИ НАСТАНИ

Неопходноста за одржување на втора средба проникна од неразрешените прашања и барања од првобитната средба, на која, преку дијалог беше одлучено да се изнајдат заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот на високото образование. Односно, поништување на веќе постоечкиот нефункционален и неприфатлив закон, и донесување на нов закон за високо образование. Студентскиот пленум настапи со конкретни барања, поврзани со начинот на изведување на наставата и со барање за учество при пишувањето на новиот закон.

На втората средба меѓу претставниците на Студентскиот и Професорскиот пленум, МОН, Владата и Универзитетскиот Сенат во Ректоратот на УКИМ, преку политичко ветување, се дојде до споразум околу прифаќањето на сите барања воспоставени од Студентскиот пленум, како и согледување на неопходноста за пишување на нов закон.

Битката е добиена, војната продолжува! Сите НИЕ ќе се бориме за студентските права

и понатаму!

Листата барања на Студентскиот пленум успешно беше прифатена поради два клучни моменти: - Првично, веќе постоечкиот закон претрпи 16 промени, од 2008 заклучно со 2015 година, со што ја изгуби својата комплементарност, суштинска и практична вредност, и истиот создаде револт и нарушување на автомијата на Универзитетот кој е загарантиран со Уставот на Р.М.; - Неопходност за зголемување на квалитетот на високото образование и подигнување на нивото на знаењето на студентите

Во таа насока, предвидено е формирање на работни групи од засегнатите страни, кои во временски период од триесет до четириесет дена треба да изготват анализи на состојбата. Врз основа на тие анализи треба да се дефинира концептот за изработка на новиот закон за високото образование.

Во согласност со ветувањето од одржаната втора средба се стави крај на бојкотот, а со тоа продолжи формалната настава на факултетите. Автономната зона и понатаму остана воспоставена, а како симбол на истата, продолжи изведбата на алтернативни предавања.

Page 4: Гласот на студентите број 2

Повеќе за нас на:

www.studentskiplenum.org

#ПоздравПленумци

И покрај тоа што ја добивме првата битка, ние во ниеден момент нема да дозволиме да изгледа дека барањата ни се исполнети, без тоа навистина да е така. Активностите на Студентскиот пленум нема да престанат, напротив, автономната зона продолжува да биде дел од нашите студентски случувања. Продолжуваат и алтернативните предавања, но во разретчено својство.

Нашата борба ја почнавме свесно и одлучно. Бевме решени да одиме до крај за да ги одбраниме нашите интереси и да се избориме за подобра иднина. Јасно излеговме со ставот дека покрај сите случувања не ги забораваме другите проблеми во образованието. Стремиме кон тоа да се акумулираат сите идеи и желби за подобро образование и иднина.

Од сето ова, ние излегуваме како подобри личности. Личности кои научиле кое е значењето на соживот, кои за прв пат во животот ги ставаат барањата на колективот пред оние личните, личности кои се чувстувуваат гордо и исполенето, борејќи се за една поголема цел.

Ние го користиме Студентскиот Глас за да им дадеме до знаење на сите граѓани дека во ниеден момент не заборавивме на нивната несебична поддршка и донации, и сакаме да кажеме БЛАГОДАРИМЕ!

Упатуваме јавна благодарност до сите медиуми кои ни помогнаа со објективно известување за нашите цели, идеи и активности, како и благодарност за поддршката на целата интернет заедница.

Не ги забораваме Дубиоза Колектив, Ману Чао, Милчо Манчевски, Фолтин, ниту сите други јавни личности кои ја искористија својата моќ за да нè поддржат во борбата за студентските права и автономијата на универзитетите.

Студентскиот дух го пренасочуваме на нашите колеги од Шпанија кои во моментов исто така се борат против реформите во високото образование.

ИДНИ ДЕЈСТВИЈА

ПОДДРШКА