44
Затоа што гледавме како луѓето околу нас умираат поради недостаток од едноставни и евтини работи, кои можеа да се сторат, како на пример, размена на игли. Не беше научна фантастика, туку нешто едноставно што можевме да го сториме за овие луѓе да останат здрави и да се спречи пренесувањето на ХИВ.“ drogi - politiki i praktiki Година III, Број 3, февруари 2015 година, ISSN 1857- 8926, Бесплатно издание Тема на бројот: Политики за намалување на штети Интервју: Шели Ступс и Тим Килан, „Модел Мерсисајд“, Велика Британија www.hops.org.mk „Затоа што гледавме како луѓето околу нас умираат поради недостаток од едноставни и евтини работи, кои можеа да се сторат, како на пример, размена на игли. Не беше научна фантастика, туку нешто едноставно што можевме да го сториме за овие луѓе да останат здрави и да се спречи пренесувањето на ХИВ.“

Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

  • Upload
    d-pp

  • View
    245

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Иако политиките за намалување на штети речиси дваесет години се развиваат во Македонија ова е прв пат на оваа тема да ѝ се посветува централно место во едно списание. Почнувајќи од средината на 90-тите години на ХХ век прво во Скопје, а подоцна и во Струмица, Битола, Куманово, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Тетово, Прилеп, Велес и Кичево се отворија повеќе програми за намалување на штети. Денес Македонија може да се пофали со прилично сеопфатен пристап во развивањето на програмите за намалување на штети, но претстојат уште многу предизвици за об

Citation preview

Page 1: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

„Затоа што гледавме како луѓето околу нас умираат поради недостаток од едноставни и евтини работи, кои можеа да се сторат, како на пример, размена на игли. Не беше научна фантастика, туку нешто едноставно што можевме да го сториме за овие луѓе да останат здрави и да се спречи пренесувањето на ХИВ.“

drogi - politiki i praktikiГодина III, Број 3, февруари 2015 година, ISSN 1857- 8926, Бесплатно издание

Тема на бројот:

Политики за намалување на штети

Интервју: Шели Ступс и Тим Килан, „Модел Мерсисајд“,

Велика Британија

www.hops.org.mk

„Затоа што гледавме како луѓето околу нас умираат поради недостаток од едноставни и евтини работи, кои можеа да се сторат, како на пример, размена на игли. Не беше научна фантастика, туку нешто едноставно што можевме да го сториме за овие луѓе да останат здрави и да се спречи пренесувањето на ХИВ.“

Page 2: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Импресум

drogi - politiki i praktikiГодина IIIБрој 3февруари 2015

ISSN 1857- 8926

Бесплатно издание

Издава

Здружение ХОПС – Опции за здрав живот СкопјеАдреса: Христо Смирненски 48/1-6, 1000 СкопјеТелефон: +389 2 324-6205Телефакс: +389 2 324-6310Е-адреса: [email protected]

www.hops.org.mk

drogi - politiki i praktiki е издание на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Списанието е бесплатно и слободно за споделување.

Уредништво

Главен и одговорен уредникВања Димитриевски

Уреднички одборВања ДимитриевскиВлатко ДековИрена ЦветковиќЖарир Симрин

ЛектураВесна Костоска

ФотографијаСоцијален маркетинг - ХОПС

Графички дизајнСоцијален маркетинг - ХОПС

Печатиџџџџџџџџџ

drogi - politiki i praktiki е отворен за соработка со сите заинтересирани за споделување ставови со кои се промовира хуман третман на лицата што употребуваат дроги. Доколку сакате да поднесете статија за објавување или на друг начин да го помогнете списанието, ве молиме, пишете на следната е-адреса:

[email protected]

2

Содржина

Воведен збор 3

Од Мерсисајд до Скопје – приказната за намалувањето на штети од употреба на дроги

4

Интервју: Искуствата на Мерсисајд пренесени во Македонија 11

Казнување на прекршителите за дрога, законодавната политика и судската пракса 16

Репортажа: Успешен пример за намалување на штети од употреба на дроги во Словенија 19

Прва Национална конференција за политики за дроги „Од закони до јавно здравје 22

Локална стратегија за дроги на Град Скопје – одговор на граѓанска иницијатива 26

Конопот е лек 30

Записи од мојот дневник 34

Од мој агол... 36

Кратки вести 38

Препорачуваме

Книга: Мокша: Записи за психоделични и визионерски искуства, Олдос Хаксли

Филм:Прохибиција на дроги: на крајот на патот

40

Публикации на ХОПС за дроги 42

Најнови публикации за дроги 43

Ставовите изнесени во drogi - politiki i praktiki не нужно ги одразуваат или се во согласност со ставовите на издавачот Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Page 3: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Како концепт, она што денес го нарекуваме намалување на штети од употреба на дроги, почнува да се развива во

првата половина на ХХ век во Северна Америка и во Западна Европа. Сепак, како што е наведено во текстот „Од Мерсисајд до Скопје“ кој е дел од ова издание, првиот организиран облик за воведување програми за намалување на штети од употреба на дроги се забележува на почетокот на 80-тите години на ХХ век во Ливерпул, Велика Британија. Оттогаш почнува забрзано да се прифаќа и да се применува низ цела Европа и светот. Ние имавме среќа речиси истовремено со прогласувањето на хероинската епидемија во Македонија во првата половина на 90-тите години на ХХ век да се истакнат поединци и организации кои презедоа одговорност за спроведување на програмите за намалување на штетите прво во Скопје, а подоцна и во: Струмица, Битола, Куманово, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Тетово, Прилеп, Велес и Кичево.

Ова не е првпат во Македонија за политиките за намалување на штети да се пишува во новински изданија, но е првпат на оваа тема да ѝ се посвети централно место во едно списание. Главната тема „Од Мерсисајд до Скопје“ прави опширен осврт на историскиот развој на политиките и практиките за намалување на штети во Европа, со посебен осврт за Македонија. На овој текст се надоврзува интервјуто со претставници на „Моделот Мерсисајд“, во кое се зборува за почетоците на намалувањето на штети во Ливерпул, но и за улогата на Полицијата во спречувањето на насилството врз сексуалните работници/-чки.

Во репортажата на Јулијана Настоска се прикажуваат активностите за намалување на штети што здружението „Стигма“ ги спроведува во Љубљана, Словенија, земја која сè уште по многу нешта е блиска со Македонија.

Во текстот на Елеонора Панчевска Николовска се прикажуваат политиките за дроги на Град Скопје, со кои е опфатена и политиката за намалување на штети.

Останатите текстови во ова издание од повеќе различни перспективи ги објаснуваат предностите и придобивките на програмите за намалување на штети или ја поддржуваат потребата за поширока институциска поддршка на овие политики во Македонија.

Свесни сме дека ова е само мал дел од опфатот на политиките за намалување на штети и значењето што тие го имаат за подобрување на квалитетот на пошироката заедница, но се надеваме дека читателките и читателите ќе најдат полезни информации во ова четиво, а во некој од следните броеви ние повторно ќе направиме осврт на оваа тема.

Од Уредништвото

drogi - politiki i praktiki

Воведен збор

Page 4: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Зошто намалување на штети од употреба на дроги?

• Ние никогаш, како и другите, нема да имаме општество без дроги;• Апстиненцијата е неприфатлива за многу корисници на дроги; • Како и примарната превенција, исто така и спроведувањето на законите има свои ограничувања;• Луѓето ќе продолжат да употребуваат дроги, да се разболуваат и да умираат;• Она што ние навистина можеме е да ги намалиме болестите, страдањата, смртните случаи и другите штети со кои луѓето се соочуваат.

Што е намалување на штети?

Употребата на дроги во современото општество може да се разгледува како културолошки, но и како здравствен, социјален и економски феномен што бара интервенции на повеќе нивоа, и тоа: креирање сервиси, програми и политики што ќе ги вклучат сите аспекти поврзани со употребата на дроги, превенција, лекување,

намалување на штети, рехабилитација и ресоцијализација.

Намалувањето на штети се однесува на збир од политики, од програми и од практики што имаат основна цел да ги намалат здравствените, социјалните и економските ризици и последици од употребата на легални и на илегални психоактивни супстанции, а не употребата сама по себе. Бенефитот од овие политики го имаат луѓето кои употребуваат дроги, семејствата и општествата.

Овие политики прифаќаат дека луѓето отсекогаш користеле и ќе користат дроги. На овие политики гледаме низ призмата на јавното здравје и на човековите права. Не се промовира употребата на дроги и не се осудува самата употреба како добра или лоша.

Мерсисајд, првата конференција за намалување на штети и историјата на намалување на штети

Како европски модел, на почетокот на 80-тите години на ХХ век, Ливерпул имплементира пионерски пристап за справување со последиците што се

Авторот е доктор по стоматологија и магистрант на школата за јавно здравство при Медицинскиот факултет во Скопје. Неговото искуство е фокусирано на превенција од ХИВ/СИДА повеќе од 15 години, политиката на дроги повеќе од 14 години и контрола на туберкулозата во РМ 8 години. Како Извршен директор на ХОПС работи на развој и одржување на сервисите на организацијата и активно застапува за здравствените, социјалните и човековите права на маргинализираните заедници во локалните, националните и меѓународните организации како член на Националните комисиии за ХИВ/СИДА и туберкулоза на РМ, како и преку делегацијата на граѓански организации од земјите во развој при Бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

4

Синтагмата намалување на штети, или во меѓународната литература позната како „harm reduction“, се среќава многу одамна. Таа опфаќа пораки, активности и предупредувања како да се намалат штетите од нашето, човековото дејствување. Знаците за ограничување на брзината на возење, предупредувањата за мали предмети во играчките за децата, користењето на лековите, користење на заштитната облека во многу професии итн. се во насока на намалување на можна штета.Размислувањата и практиките за намалување на штетите од употреба на дроги во светот од минатото, па досега имаа различен развој, но денес сите се базираат на политиките на прагматичност и намалување на штетите не само на намалување на употребата на дрога, туку се фокусираат на намалување на штетите на индивидуално, семејно и на ниво на заедница и на општеството во целина. Овие политики започнуваат да имаат голема примена и да бидат дискутирани од почетокот на заканите за ширење на ХИВ инфекцијата меѓу лицата кои инјектираат дроги.

www.hops.org.mk

Од Мерсисајд до Скопјеприказната за намалувањето на штети од употреба на дроги

Христијан Јанкулоски

Page 5: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

предизвикани од употребата на дроги. Мерсисајд моделот се фокусира на намалувањето на штетите од употреба на дроги, што претходно не било случај, каде што фокусот е насочен кон самата употреба. На оваа политика ѝ е дадена голема важност со оглед на итноста за справување со ХИВ/СИДА што преку контаминиран прибор за инјектирање се шири меѓу корисниците на дроги. Севкупниот фокус е насочен кон намалувањето на ризиците со дејствување на ризичното однесување и дистрибуција на стерилна опрема за инјектирање, пропишување на метадонот како супституциска терапија (а во мал број на случаи и хероин) и теренска работа во заедницата со корисниците на дроги за нивна помош и привлекување во сервиси наменети за нив. Полицијата одиграла клучна улога во развојот на програмите за намалување на штети. Сервисите брзо се развиле и вклучиле голем број на корисници со кои претходно не се контактирало на ниеден начин. ХИВ епидемијата меѓу корисниците на дроги во Мерсисајд е избегната.

Првата меѓународна конференција за намалување на штети од употреба на дроги во Европа се случува во 1990 година во Ливерпул како одговор на интересот за оваа проблематика и Меѓународната асоцијација за намалување на штети е родена токму на оваа конференција.

Краток историски преглед за движењето на програмите за намалување на штети

1920 година – започнато е пропишување на лекови за лекување зависности во Велика Британија;

1960 година – воспоставен е третман со метадонска терапија;

1970 година – започнати се програми за намалување на штети од употреба на алкохол;

1980 година – во Холандија, во Велика Британија, во Австралија и во Канада започнуваат програмите за размена на стерилен прибор за инјектирање;

1990 година – следува развој на едукацијата за програмите за намалување на штети од употреба на дроги;

1996 година – официјално започнува со работа Меѓународната асоцијација за намалување на штети (International Harm Reduction Association). Истата година се развиваат и започнуваат со работа неколку регионални мрежи за намалување на штети од употреба на дроги во: Источна Европа и Централна Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Северна Африка.

Ширењето на програмите за намалување на штети во Европа

Кога во 1985 година беа откриени антителата на ХИВ вирусот се забележува висок процент на инфекција

со ХИВ кај лицата кои инјектираат дроги, и тоа: Единбург (51%), Милано (60%), Бари (76%), Билбао (50%), Париз (64%), Тулуз (64%), Женева (52%) и Инсбург (44%). Овие локализирани епидемии меѓу лицата кои инјектираат дроги настануваат како резултат на споделувањето на употребените игли и шприцеви меѓу лицата кои инјектираат дроги. Станува евидентно дека голем дел од Европа се соочува со итен јавно здравствен проблем. Во 1984 година, организација на корисници на дроги од Холандија позната како „ЏанкесБондс“ започнува размена на стерилен прибор за инјектирање за намалување на трансмисијата на хепатит Б. Ова широко е познато како Прва формална програма за размена на стерилен прибор за инјектирање што добива огромна поддршка од сервисите за јавно здравство на Холандија. По овие зачетоци, програмите започнуваат широка експанзија и во Велика Британија се воведени во 1986 година, во 1987 година во: Данска, Малта, Шпанија и Шведска. До 1990 година овие програми се веќе распространети во 14 европски земји, а во 12 од нив се и финансирани од јавниот буџет. Само

Тема на бројот

5drogi - politiki i praktiki

Page 6: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

за илустрација, во 2003 година 22 земји на ЕУ имале 1.762 програми за размена на стерилен прибор за инјектирање без вклученост на аптеките. Само во Франција до 2003 година 18.000 аптеки функционираат како програми за размена на прибор за инјектирање. Сега, во 2014 година, програми за размена на стерилен прибор за инјектирање има во 28 земји-членки на Европската

унија и се финансираат од јавниот буџет. Ваквите програми и официјално се поддржани со препораките на СЗО од состанокот во Стокхолм од 1986 година, формирањето на УНАИДС од 1996 година, Генералното собрание на ООН од 2001 година, Советот на ЕУ од 18 јуни 2003 година и сите овие години сите засегнати страни ја истакнуваат важноста на овие програми во своите

стратешки планови и резолуции. До 2009 година, 77 земји и територии од светот имаат најмалку една оперативна програма за размена на прибор за инјектирање, а од нив 31 земја се европски. Во прилог е даден табеларен приказ на распространетоста на програмите за намалување на штети во Европа:

(Извор: Catherine Cook, Jamie Bridge and Gerry V. Stimson, The diffusion of harm reduction in Europe and beyond, In: Harm reduction: evidence, impacts and challenges, Luxembourg: Publications Office of the European Union, 2010)

ЗемјаПрограми за

размена на игли и шприцеви

Супституциска терапија

Соби за користење на

дроги

Програми за размена на игли и шприцеви во

затвори

Супституциска терапија во

затвори

Австрија + + +

Белгија + + +

Бугарија + +

Хрватска + + +

Кипар + +

Чешка + + +

Данска + + + +

Естонија + +

Финска + + +

Франција + + +

Германија + + + + +

Грција + +

Унгарија + +

Исланд

Ирска + + +

Италија + + +

Латвија + +

Литванија + +

Луксембург + + + + +

Македонија + + +

Малта + + +

Холандија + + + +

Норвешка + + + +

Полска + + +

Португалија + + + + +

Романија + + + +

Словачка + +

Словенија + + +

Шпанија + + + + +

Шведска + + +

Швајцарија + + + + +

Турција

Велика Британија + + +

Page 7: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

и бесплатна размена на стерилен прибор за инјектирање. Останатите услуги како: социјални, медицински, правни и психосоцијални се развиваат и вклучуваат во Програмата низ годините, па сѐ до денес како резултат на потребите и проблемите со кои се соочуваат корисниците на дроги.

Во периодот 2000–2002 година, од страна на граѓанските организации Избор и Виа Вита, а со поддршка на ХОПС, се отвораат и започнуваат да функционираат уште две програми за намалување на штети во Струмица и во Битола.

Во текот на 2003 година за првпат започнува да се развива првата Национална стратегија за ХИВ/СИДА на Република Македонија, во која се вклучени и програмите за размена на стерилен прибор за инјектирање како клучни интервенции за превенција на ХИВ/СИДА меѓу луѓето кои инјектираат дроги. ХОПС е вклучен како организација што ги развива стратешките области за

одговор на потребите и предизвиците/проблемите, на крајот на 1996 година се формира организацијата „М.А.С.К.А.“, чија Програма за намалување на штети од 1997 година продолжува да ја спроведува новоформираното Здружение на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, кое официјалната регистрација ја добива во април 1999 година. Како и во многу други градови во Европа, така и во Македонија, со поддршка на „Институтот Отворено општество – Македонија“ на крајот на 1996 година се отвора Првата програма за размена на стерилен прибор за инјектирање во Скопје како основа на политиките за намалување на штети со цел превенција на ХИВ/СИДА и други преносливи инфекции по крвен и по сексуален пат.

Во првите три години од функционирањето на Програмата во која, покрај корисници на услуги од Скопје, доаѓаат и од околните градови и е овозможена анонимна

Македонија и програмите за намалување на штети од употреба на дроги

Во почетокот на 90-тите години од 20 век, во нашето опкружување се случуваат огромни општествени, политички, економски, социјални и културолошки промени. Сите тие влијаат на понудата и на побарувачката на дроги и на психоактивни супстанции во Македонија и во регионов.

Во периодот на 1994/95 година спроведено е истражување за состојбата со употреба на дроги во Република Македонија од страна на двајца видни експерти од оваа област, Жан-Пол Грунд и Душан Нолимал. Во Извештајот клучен наод е дека има зголемување на трендот на употреба на дроги, посебно со инјектирање на хероин. Самиот Извештај го добива и името „Хероинска епидемија во Македонија”. Во согласност со препораките од Извештајот и како

7drogi - politiki i praktiki

Жан-Пол Грунд (Jean-Paul Grund), Холандија

Антрополог и иницијатор на политиките за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Целата идеја за намалување на штети мислам дека сè уште немаше допрено до целиот регион на Југоисточна Европа. Се појави прашањето за основање во Македонија во насока – имаме проблем со дроги, не знаеме точно за што се работи, а сигурно не знаеме како да се справиме со него.

На крај, мислам дека напишавме 4 предлози, заедно со некои засегнати страни од Скопје, за кои никако не ми текнува како се викаа. Јасно е која беше најдобрата, секако ХОПС, зашто ете, сè уште работи, и колку што можам да разберам, и тоа со со полна пареа. Но, во тоа време изготвивме предлог заедно со еден од психијатрите во Центарот за третман на дроги за воведување

метадон во земјата. Всушност, мислам дека веќе имаше метадон во центрите, но во помала мера, не беше ништо повеќе од симболична достапност и, секако, прашањето беше како да се прерасне во нешто повеќе со оглед на фактот дека немаше достапни ресурси. Не сакавме да градиме паралелен здравствен систем, па затоа предложив да се вклучат центрите за примарна здравствена заштита. Ако добро се сеќавам, тоа беше една од работите за кои бивша Југославија беше особено горда и ги истакнуваше за време на состаноците на СЗО – функционалниот систем за примарна здравствена грижа. Знам дека во голем удел центрите беа сè уште оперативни.

Тема на бројот

Page 8: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

8www.hops.org.mk

корисниците на дроги и за сексуалните работници.

Истата година се формира и Националниот координативен механизам со претставници од граѓански организации, министерства, верски заедници и претставници од заедниците како дел од подготовката за барање на проектна поддршка за финансирање на Националната стратегија за ХИВ/СИДА на Република Македонија (2003-2006) во Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. Истата поддршка е добиена за тригодишна имплементација на Стратегијата со почеток на имплементацијата од 1 ноември 2004 година.

Во периодот 2004–2007 година, повторно со поддршка на Глобалниот фонд, ХОПС отвора уште 5 програми за намалување на штети, програми што сега ги предводат организациите Пулс-Куманово, Младински клуб-Штип, Зона-Кавадарци, Опција-Охрид и Хелп-Гостивар. Во сите овие програми се вклучени активности за размена на стерилен прибор за инјектирање во самите центри и преку теренска работа, медицински и социјални услуги во чие спроведување се вклучени и самите корисници на дроги и соодветно едуциран персонал.

Програма за лекување на зависности од дроги со супститут до 2005 година имаше само во градот Скопје. Во периодот 2005–2006 година се отвораат и центрите за лекување на зависности со супститут (метадон)

во 10 градови низ Македонија и во две казнено-поправни установи во Скопје, додека во другите градови терапија за зависности од дроги за затворите се обезбедува од локалните центри за лекување на зависности според потребите на осудените лица.

Македонија за овие програми добива поддршка од Глобалниот фонд и за периодот 2007–2011 година за имплементација на следната стратегија. Тогаш програми за намалување на штети ХОПС отвора во Тетово, што сега ја предводи организацијата „Центар за развој и унапредување на јавниот живот“, а Избор од Струмица отвора своја програма во Гевгелија.

Програма за лекување на зависности со супститут (бупренорфин) започнува да се спроведува на Клиниката за токсикологија од 2011 година за 110 клиенти, а во последниве 2 години за 220 на годишно ниво. Последните две програми за лекување на зависности се отвораат во Скопје во 2010 година во Клиничкиот центар и во април 2012 година во Градската општа болница „8 Септември“.

Сите овие програми покриваат повеќе од 3.000 лица во програмите за намалување на штети од употреба на дроги преку активностите за размена на стерилен прибор за инјектирање и повеќе од 1.500 лица на лекување со супститут, вклучувајќи ги и оние кои се лекуваат во четирите приватни здравствени организации за лекување на зависности што ги има само во

градот Скопје.Моментално во Македонија има 15

центри за намалување на штети од употреба на дроги во 13 градови, што се спроведувани од страна на граѓанските организации, 14 државни програми за лекување со супститут (метадон), од кои 2 се во казнено-поправни установи во Скопје, една државна Програма за лекување со супститут (бупренорфин) и 4 приватни установи за лекување со супститут (метадон и бупренорфин). Сите активности на овие програми се предвидени и во Националната стратегија за ХИВ/СИДА на Република Македонија за периодот 2012–2016 година, чија имплементација сè уште финансиски ја поддржува Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, пред сè, за активностите што ги реализираат граѓанските организации. Активностите за намалување на штети се опфатени и со Националната стратегија за дроги 2006–2012 година. Бидејќи Македонија е земја со средно висок економски раст и со ниска стапка на ХИВ, нема да биде повеќе во можност да поднесува барања до Глобалниот фонд за финансирање на овие програми.

Горан Путица Еден од основачите на здружението МАСКА и основоположник на програмите за

намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Мој мотив за воведување на програмите за намалување на штети беа стопостотното несогласување со политиката „War on Drugs“, со третманот на зависниците од дроги од страна на државните институции, вклучувајќи ја полицијата. Апсурдноста од држењето на марихуаната на листата на илегални дроги. Ова во радиото (Канал 103, н.з.) го „пропагиравме“ уште пред воопшто и да чуеме за „Drug related harm reduction“ политиката, што кон средината на 90-тите стигна кај нас преку Центарот Линдесмит од Њујорк (денес „Drug Policy Alliance“). Пресуден момент за конкретно дејствување и формирање на МАСКА

(Македонска асоцијација за културна и социјална акција), претходничка на ХОПС, беа моите средби со некои од идеолозите на HRP, т.е. со Жан-Пол Грунд и Итан Неделман во Скопје и во Фиренца. Тоа беа трудни денови, Скопје го доживуваше климаксот на хероинска епидемија... Останатото е историја.

Page 9: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Зошто беше важно да се отворат овие програми и зошто треба да ја добијат поддршката за нивното опстојување во Република Македонија!?

Првиот случај на ХИВ инфекција во Македонија е регистриран во

1987 година. Од година во година бројот на случаи расте, но најчест начин на пренос на инфекцијата е по хетеросексуален пат. Од 1987 година, па до септември 2014 година се регистрирани вкупно 232 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив, само 12 се лица кои инјектирале дроги. Во последниве

неколку години, по отворањето на најголемиот број на програми за намалување на штети, случаи на добивање на ХИВ преку инјектирање на дроги не се регистрирани.

Со ова се потенцира и фактот дека основата за воспоставување на овие програми во Европа и кај нас е

Тема на бројот

9drogi - politiki i praktiki

• 15 центри за размена на прибор за инјектирање во 13 градови (Скопје-3, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Штип, Велес, Куманово) спроведувани од граѓански организации.

• 12 државни програми за лекување со супститут (метадон) во заедницата (Скопје-3,Тетово, Охрид, Битола, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Велес, Куманово) спроведувани од јавно-здравствените институции.

• 1 програма за лекување со супститут (бупренорфин) во заедницата (Клиника за токсикологија и ургентна медицина-Скопје)

• 4 приватни програми за лекување со супститут (метадон и бупренорфин) во заедницата (Скопје)

• 2 програми за лекување со супститут (метадон) во затвори (КПУ Идризово и ИЗ-Скопје)

Page 10: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

10www.hops.org.mk

превенцијата на ХИВ кај лицата кои инјектираат дроги. Но, овие програми во својата суштина и прагматичност имаат задача да го подобрат здравствениот, психосоцијалниот и економскиот статус на корисниците на дроги во општеството во целина, да ги промовираат човековите права и да придонесат во намалување на стигмата кон овие граѓани и кон членовите на нивните семејства. Резултатите од превенцијата на ХИВ во Македонија се огромен доказ за ефикасноста на програмите за намалување на штети. Оправданоста на програмите за намалување на штети се потврдува и си извештајот на СЗО, „Effectiveness of sterile needle and syringe programming in reducing HIV/AIDS among injecting drug users“, од 2004 година. Врз основа на истражувањето спроведено во 103 големи се потврдува дека во 36 градови во кои имало програми за размена на стерилен прибор за инјектирање стапката на ХИВ се намалила за 18,6%, а другите 67 опфатени градови во оние во кои немало вакви програми стапката на ХИВ пораснала за 8,1%.

Влатко Деков

Член на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, развивач на политиките и на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Ако средината на 90-тите беа почетокот на програмите за намалување на штети, средината на првата декада од 2000-тата беше

период на развој и ширење на овие програми низ Македонија. Така, во период од 5 години, се отворија вкупно 16 програми во 13 градови. Нашата идеја беше да развиеме програми што ќе понудат комплементарни услуги, од размена на прибор за инјектирање, па сѐ до социјални, медицински, правни услуги како во дроп ин центри, така и на терен. И токму таа комплементарност е главна карактеристика на сите програми во Македонија. ПНШ се вклучија во нациoналните и во локалните стратегии за ХИВ, и во стратегиите за дроги и, конечно, некои државни авторитети почнаа да одделуваат финансиски средства за спроведување на овие програми, како Градот Скопје на пример. Во истиот период се формираше и организација на корисници на дроги. Многу интензивен и напорен период во кој успеавме да ја промовираме Македонија како земја што е добар пример за намалување на штети од употреба на дроги. Сега следува да се реши прашањето за долгорочна одржливост на овие програми.

Христијан Јанкулоски

Член на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, развивач на политиките и на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија

Непобитен факт е дека здруженијата на граѓани се клучни во реализација на програмите за намалување на штети од употреба на дроги. Услугите што тие ги даваат кон ранливите групи треба да бидат финансиски поддржани од локалните самоуправи и од соодветните министерства. Убеден сум дека со добра координација и со партнерство меѓу сите засегнати страни на локално и на национално ниво можат да се изнајдат начини и средства за поддршка на овие програми.

Page 11: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Воскре: Моделот Мерсисајд за намалување на штети беше пионерски проект во областа на намалување на штети.

Шели: Па добро, „Центарот Мериленд“ беше еден од првите програми за размена на прибор за инјектирање во Велика Британија. Мерсисајд има традиција во пионерство во многу области, па така е и со намалувањето на штети. Центарот Мериленд е уште еден пример за тоа како добрите практики се применуваат на национално и на меѓународно ниво и многу сум горда што некои од колегите со кои работам денес се всушност поранешни пациенти од Центарот Мериленд, и нашите сегашни напори се заеднички насочени кон истата цел – намалување на штети

и, во крајна линија, одржување на одредени луѓе во живот.

Воскре: Како започна идејата за намалување на штети?

Шели: Затоа што гледавме како луѓето околу нас умираат поради недостаток од едноставни и евтини работи, кои можеа да се сторат како, на пример, размена на игли. Не беше научна фантастика, туку нешто едноставно што можевме да го сториме за овие луѓе да останат здрави и да се спречи пренесувањето на ХИВ. Програмата всушност претставуваше спроведување на моделот на заштеда – трошевме малку за да заштедиме многу и од економски аспект, но и од аспект на човечки животи и квалитет на живот. Со Програмата ги

11

Мерсисајд (Merseyside) е една од шесте административни метрополитенски области во Англија, што се наоѓа во северозападна Англија и е организирана во пет општини: Ноузли, Сент Хеленс, Сефтон, Вирал и градот Ливерпул. Една од знаменитостите на Мерсисајд е дербито меѓу локалните фудбалски клубови Ливерпул и Евертон, но она што нам повеќе ни значи е што Мерсисајд е зачетник на новите политики за справување со последиците што се предизвикани од употребата на дроги во Европа. Практично, во 80-тите години на ХХ век, во Мерсисајд е создаден првиот модел на политиките за намалување на штетите од употребата на дроги што потоа почнуваат да се развиваат низ Европа и пошироко.Во септември 2014 година, Шели Ступс (Shelly Stoops) и Тим Килан (Tim Keelan), едни од основоположниците на „Моделот Мерсисајд“, ја посетија Македонија за да ѝ ги пренесат своите знаења и искуства на македонската Полиција за заштита на сексуалните работници/работнички од насилство. Шели Ступс е оперативен менаџер на „Мерсисајд – безбедно место“ (Safe Place Merseyside), кое е дел од Ливерпулскиот систем на јавно здравство (Liverpool Community Health), и е независен советник за сексуално насилство (НССН) врз сексуални работници. Тим Килан е инспектор во Полицијата на Мерсисајд, во Обединетото Кралство, и е одговорен за прашања поврзани со јавна заштита во рамки на Полицијата во Мерсисајд, во Обединетото Кралство. Нивното гостување во Македонија го искористивме за да позборуваме со нив за пионерските почетоци на програмите за намалување на штети во Обединетото Кралство, за поврзаноста на дрогите и сексуалната работа, но најмногу за улогата на институциите, особено на Полицијата, за поддршката на ранливите заедници, во случајов за поддршката на луѓето кои употребуваат дроги и на сексуалните работници.

www.hops.org.mk

Искуствата на Мерсисајд пренесени во МакедонијаШели Ступс (Shelly Stoops) и Тим Килан (Tim Keelan)

Разговорот го водеше: Воскре Наумоска Илиева

Page 12: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

за да го прехранат семејството. Кога првпат се појави хероинот во градот, се смени и ова. Па така, нашите услуги ги изнесовме на улица за да им помогнеме и на овие жени. И со ова бевме една од првите организации во Обединетото Кралство.

Воскре: Тим, можете ли да ни ја опишете постапката „Грди ликови“?

Тим: Да, Националната постапка „Грди ликови“ (Ugly Mugs) првично била развиена во Австралија, а дури потоа беше воведена во Обединетото Кралство. Во областа Мерсисајд првпат беше воведена најверојатно околу 2006 година, а во 2007 година, поточно на крајот од 2007 година и почетокот на 2008 година, се појави голем интерес за издигнување на проектот на национално ниво. Со други зборови, постојат повеќе од 80 теренски проекти во Обединетото Кралство и сметавме дека би било подобро ако постои размена на информации меѓу овие проекти затоа што нивните клиенти патуваат низ земјата, а и сексуалните

одржувавме луѓето во живот и им го подобрувавме квалитетот на живеење. Повеќе немаше потреба од ампутација на екстремитети кај дваесетгодишни луѓе или сечење нозе поради тромбози или воспаленија и сл. ХИВ и хепатитис повеќе не се ширеа затоа што луѓето имаа пристап до бесплатен стерилен прибор за инјектирање, а нема начин да се процени вредноста на тоа.

Воскре: Како се развиваше моделот за намалување на штети?

Шели: Една група луѓе, како што често се случува, сакаше да постапи правилно. Тоа беше група луѓе посветена на спасување на своите клиенти, која реши заеднички да се посвети на проблемот и да утврди што треба да се стори, а потоа да ги предизвика властите и да им укаже што треба да сторат следно. Оваа група беше доволно упорна и успеа да го оствари тоа, постигна многу и продолжи да постигнува со иста мерка во оваа област и до ден-денес.

Воскре: Каква беше реакцијата од јавните институции?

Шели: Најпрво им беше тешко зашто се работеше за нешто ново, а сѐ што е ново е отпрвин тешко да се прифати. Затоа не им беше воопшто лесно, но кога дојдоа првите резултати немаше враќање зашто стана повеќе од јасно дека се работи за еден ефикасен метод со кој се спасуваат животи. Во исто време, паралелно со системот за намалување на штети и размена на игли, дојде и првата теренска активност со сексуалните работнички, конкретно жените кои работеа на улица. Во доцните 80-ти од XX век, сè повеќе жени работеа на улица за да можат да купат хероин. Претходно уличните сексуални работници работеа само

работници исто така, и би било добро кога луѓето од едниот крај на земјата кои патуваат на другиот крај би биле свесни за ризиците од опасни луѓе таму. Затоа сметавме дека една ваква Национална програма би била општокорисна не само за сексуалните работници туку и за Полицијата зашто така би добивале информации. Како резултат на поддршката од централните влади и постарите полицајци, и очигледно теренските работници и сексуалните работници, можевме да развиеме национален проект што дејствува од

12www.hops.org.mk

Шели Ступс (Shelly Stoops)

Page 13: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

2008 година.Тоа е можност за луѓето кои се вклучени во сексуалната работа и кои можеби претходно не се чувствувале спремни да истапат со информација до Полицијата, да дадат информации, пред сè на теренските работници, во врска со лица кои тие сметаат дека претставуват ризик по нив. Конкретно ризикот за сексуалните работници може да значи грабеж, физички напад или, пак, сексуален напад.„Грди ликови“ е, всушност, формулар што содржи многу прашања преку кои сексуалните работници/работнички опишуваат како изгледал напаѓачот, дали имал автомобил, како бил облечен, дали го знаеле од претходно и уште многу други информации со цел да можеме да идентификуваме некој кој би бил ризик и тоа не само за сексуалниот/-ата работник/-чка кој/-а го поднел/-а извештајот, туку и за сите останати сексуални работници со кои тоа лице може да дојде во контакт.Целта е мрежата на проекти за поддршка на сексуалните работници во Обединетото Кралство, што управува со оваа постапка, да ги искористи информациите дадени во извештајот за помош на Полицијата. Така тие ги предаваат во Полицијата некогаш во оригинална форма, без никакво уредување, а некогаш и уредувани за да не содржат детали за сексуалниот работник кој ги дал податоците со цел Полицијата да не биде во состојба да го/ја идентификува. Значи постојат многу заштитни мерки со кои се гарантира дека дадената информација е токму она што сексуалниот работник сакал да стаса до Полицијата. Но, во Обединетото Кралство, а особено во Ливерпул, се случува сè почесто сексуалните работници да се чувствуваат безбедно во контакт со Полицијата поради партнерскиот начин на кој работиме со

теренската служба, Армистед. Така сè повеќе сексуални работници истапуваат со сите свои детали, лични податоци и место на живеење. Дотолку повеќе што во последно време во Мерсисајд партнерството се развива толку добро што извештаите за „Грди ликови“ стануваат сè поретки затоа што жените (сексуалните работници во Ливерпул се најчесто жени) доаѓаат директно во Полицијата наместо во теренската служба. Ова укажува на развиена доверба дека Полицијата сериозно ќе реагира на пријавата. Исто така нашите успешни приказни ги промовираме преку медиумите. На пример, ако имаме некоја силувана жена која ќе пријави во Полицијата и сме во состојба да го доведеме случајот до судска разврска и осуда на силувачот со затвор, одиме во медиумите со приказната и на тој начин им покажуваме на лицата кои инаку би претставувале ризик за сексуалните работници дека постои ризик доколку прават нешто слично, дека полицијата сериозно ќе ги гони и дека можат да завршат во затвор доколку повредат

некого.

Воскре: Како реализацијата на моделот за намалување на штети и моделот за поддршка на сексуални работници во Мерсисајд влијаеше врз редефинирање на улогата на Полицијата во општеството?

Шели: Да, мислам дека и двата модела влијаеја врз промена на ставовите на Полицијата и дека сега размислуваат и за корисниците на дрога и за сексуалните работници поинаку, односно повеќе како за жртви. Сега корисниците на дроги не ги гледаат само како корисници, туку се трудат да разберат која е причината за нивното однесување затоа што не се случува човек да се разбуди наутро и да си каже: „од денес ќе почнам да користам хероин зашто тој животен стил изгледа многу привлечно!“ Понекогаш се случуваат работи во животот, проблеми кои ги довеле луѓето до користење на хероин, а тоа е скриената причина што треба да ја откриеме и да им помогнеме

Интервју

13drogi - politiki i praktiki

Тим Килан (Tim Keelan)

Page 14: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

но сметам дека од сите наши заеднички напори, со Армистад, сега полицајците кои доаѓаат во директен контакт со сексуалните работнички имаат многу поголемо разбирање и го гледаат овој модел од аспект на јавна безбедност. За нас е најважно населението да биде безбедно и да не дозволуваме да се случуваат убиства или сериозни повреди.

Воскре: Дали Полицијата на Мерсисајд има поголем успех во справувањето со насилство против сексуалните работници во споредба со други градови од Обединетото Кралство?

Тим: Сметам дека имаме многу добар успех, со околу 65–70% осудени од сите обвинети прекршители со дела против сексуални работници, особено кога ќе се земе предвид колку е тешко, историски гледано, а и од мое лично искуство, за еден сексуален работник да учествува во процесот и да дава докази на суд, најмногу поради стигмата со која се соочувала и сѐ уште се соочува оваа група граѓани на некои места. За нив е особено тешко да истапат, но им даваме многу поддршка – имаме независни советници за сексуално насилство

на луѓето со таков проблем. Ако им помогнете на луѓето да го решат тој проблем, употребата на дрога речиси секогаш се решава сама од себе. Значи на Полицијата сега ѝ е јасно дека постои начин за ефикасна работа со корисниците на дроги – справување со вистинскиот проблем и причинител, и третирање на употребата на дроги како секундарен проблем. Тоа значи дека веќе не ги третираат како криминалци, како наркомани, и сите други општоприсутни стереотипни ставови. Очигледно и кај сексуалната работа не е многу поразлично. Не се случува да се разбудиш наутро и да си кажеш „ете тоа изгледа како навистина суперживот! Ајде да одам и да се продадам за 10 евра“. Никој не излегува со таков став на улица. Постои некаков проблем што ги донел таму, најчесто зависноста. Затоа и овие две состојби честопати одат заедно – уличното користење дрога е тесно поврзано со сексуалната работа и затоа мораме да ги гледаме овие две работи како едно.

Тим: Па, требаше одредено време затоа што сметам дека ставовите на Полицијата кон сексуалните работници донекаде се традиционално негативни. И, всушност, мислам дека требаше да помине некое време за да се објаснат поволностите од постапката „Грди ликови“ и од работата во партнерство со Армистад, и со другите теренски служби. Конечно сѐ се сведува на тоа колку е полезно за поедините сексуални работници затоа што поради типот на работата тие се најмногу изложени на ризици. Успеавме да ја надминеме резервираноста на полицајците, особено униформираните полицајци, кои се најчесто во контакт со сексуалните работници. Им го објаснивме ризикот кој одредени лица го претставуваат за сексуалните работници, како поединци,

кои ги поддржуваат во рамките на заедничкиот тим, а во рамките на нашиот тим за истражување силувања имаме т.н. службеници за контакт при сексуални прекршоци (СКСП), (sexual offence liaison officers (SOLO)), кои им даваат голема поддршка на сите жртви на силување, па и на сексуалните работници, и постои одлична соработка меѓу НССН и СКСП за помош на сексуалните работници со цел да издржат во текот на целиот судски процес. Најважно е сите оштетени да добијат правда затоа што, во крајна линија, тие судски победи не се само за нив, туку за сите. Прекршителите кои ги повредуваат сексуалните работници прават престапи и кон други луѓе, а силувањето не е само поврзано со сексот, туку е поврзано и со моќта и со потчинувањето, и сметам дека е навистина важно што преку поддршката и безбедноста која им ја овозможуваме на сексуалните работници, безбедни се и другите луѓе. Со осудувањето на лица кои претставуваат опасност по сексуалните работници, ја намалуваме опасноста и за другите граѓани на општеството.

Воскре: Ова изгледа како многу успешна практика.

Тим: Зависи од тоа што сметате дека е успех. Сметам дека успехот се неколку работи. Успех е апсење на извршителите на кривични дела против сексуални работници и ако сме во состојба да го завршиме целиот процес и да ги ставиме во затвор, тогаш тоа е позитивен резултат. Но, сметам дека во позитивните резултати треба да ги вклучиме и успешните партнерства и степенот на доверба на сексуалните работници во Полицијата на Мерсисајд затоа што тоа за мене покажува дека сме во добра насока.

14www.hops.org.mk

Page 15: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Воскре: Дојдовте во Македонија да го претставите моделот пред македонските полицајци. Можете ли да ги споделите вашите впечатоци од обуката? Дали гледате можност овој модел да се прифати и овде?

Шели: Апсолутно сум уверена во тоа според она што го видов деновиве во Македонија. Отпрво очекував дека ќе бидеме лошо пречекани и дека сите ќе се затворат и нема да соработуваат, но едноставно сум инспирирана и уверена од она што се случи изминативе два дена, и од начинот на кој луѓето на семинарот се отворија, дека ќе произлезат одлични работи од оваа активност. Присутните на семинарот

беа спремни да одат напред и да ги изградат потребните односи со ХОПС и со заедницата сексуални работници. Сметам дека само добро може да се роди од ова во иднина. Навистина е возбудливо да бидеме дел од почетокот на вашето патување и се радуваме на сè што следува во иднина од овој проект.

Тим: Да, изминативе два дена беа интересни. Досега не сум бил во Македонија, па не знаев што да очекувам, но забележав голема посветеност кај присутните полицајци, кај некои повеќе, кај некои помалку. Сметам дека има голем потенцијал за остварување успешни партнерства, покрај постојните. Исто така сметам дека можат да увидат, а и од денешната

завршна сесија беше очигледно, дека им се јасни бенефициите од постапката „Грди ликови“ затоа што преку неа Полицијата добива дополнителни информации за ризиците на кои се изложени некои лица, без притоа тоа да чини многу. Јасно ми е дека ресурсите речиси секогаш се проблем, но оваа иницијатива, постапката „Грди ликови“, ѝ овозможува на Полицијата да дознае за ризиците на кои одредени лица ги изложуваат сексуалните работници и останатото население. По разговорите со присутните за време на кафе-паузата ми стана јасно дека постои голем ентузијазам за иницијативата и се надевам дека ќе се развива понатаму.

Интервју

15drogi - politiki i praktiki

Од конференцијата на Друштвото Здравје во заедницата (2013) http://www.liverpoolcommunityhealth.nhs.uk

Page 16: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Рамката во која државата ја реализира политиката за дроги ја сочинуваат закони, стратегии и акциски планови за спроведување на стратегиите, а што се однесуваат на контролата на дрогите или на лицата кои употребуваат дрога. Република Македонија е договорна страна и на трите конвенции на Организацијата на Обединетите нации (ООН) специјализирани за дроги. Конвенциите ги одредуваат казнивите дела како што се: поседувањето, стекнувањето, дистрибуирањето или нудењето за продажба, но не ја одредуваат едноставната употреба на дрога како казниво дело. Според коментарите на Конвенцијата, владите имаат право да не наметнуваат затворски казни за поседувањето за лична употреба, за разлика од поседувањето заради дистрибуција кое мора да биде подложено со санкција „лишување од слобода“. Во однос на користењето на дрога, не постои конкретно барање за криминализација во рамките на конвенциите и има значителна флексибилност за помалите прекршоци поврзани со лична употреба. Нивото на депенализација и/или декриминализација е возможно во рамките на конвенциите за дроги на ООН за прекршоци поврзани со лична употреба како, на пример, поседување или одгледување за лична употреба. Текстот на конвенциите е дел од правната рамка во државата, сепак, правната практика покажува дека судовите речиси и воопшто не се повикуваат на конвенциите при изрекувањето на пресудите. Од

друга страна, Кривичниот законик на Република Македонија определува три кривични дела поврзани со дроги со кои се санкционира неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори (член 215); овозможување на употреба на дроги (член 216) и предизвикување на тешка телесна повреда или нарушување на здравјето со сторување на претходните две кривични дела (член 217). Најголем дел од постапките поврзани со дрога што се водат пред судовите се по член 215 „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“. Од донесувањето на Кривичниот законик во 1996 година до денес, оваа одредба е единствено променета во септември 2009 година кога се додаде нов став со кој се предвидува поблага казна доколку делото е сторено со помала количина на дрога. Во Кривичниот законик не се наведени количините, и затоа Јавното обвинителство усвои внатрешно упатство според кое одредува која количина за различен вид дрога ќе се смета за мало количество. Така, според Обвинителството, за помало количество ќе се смета 5 г марихуана, 2 г хероин и 2 г кокаин.

Описот на кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори, како и толкувањето на обележјето на делото од страна на научници и на експерти, не го опфаќа поседувањето на дрога за лична употреба што, всушност,

Наташа Бошкова е дипломирана правничка на Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистерка по родови студии на Универзитетот во Сараево. Од 2008 година активно работи на унапредување на човековите права на лицата кои употребуваат дроги и други маргинализирани заедници.

16

Нивото на депенализација и/или декриминализација е возможно во рамките на конвенциите за дроги на ООН за прекршоци поврзани со лична употреба како, на пример, поседување или одгледување за лична употреба.

www.hops.org.mk

КАЗНУВАЊЕ НА ПРЕКРШИТЕЛИТЕ ЗА ДРОГА, ЗАКОНОДАВНАТА ПОЛИТИКА И СУДСКАТА ПРАКСА

Наташа Бошкова

Page 17: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

е во согласност и со интерпретацијата на погореспоменатите конвенции. Во пракса тоа би значело дека судот, независно од количината на дрогата, треба примарно да оцени дали постоела намера за продажба од страна на обвинетиот или дрогата ја поседува за лична употреба. Анализата на состојбите укажува на поинаква пракса. Имено, бројот на полнолетни лица, осудени за кривични дела поврзани со дрога, во перидот 2009–2013 година е околу 4% од вкупната бројка на осудени лица во Македонија. Во истиот период, бројот на затворски казни за дрога во просек изнесува околу 9% од вкупно изречените казни затвор на територијата на Република Македонија.

Иако не постои воедначена судска пракса, сепак анализата на судската пракса на еден од судовите во Република Македонија може делумно да даде индикација за политиката на судовите кога одлучуваат за случаи поврзани со дроги. Имено, од анализата на политиката за дроги на национално ниво и на ниво на основен

суд, спроведена во 2014 година, беше анализирана судската пракса во Основниот суд во Струмица. На ниво на Основен суд Струмица, во периодот од октомври 2009 година (откако влезе во сила измената на Кривичниот законик) до декември 2013 година, правосилно завршени се 87 постапки за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори, од кои 29 пресуди се однесуваат на помало количество на дрога. Казната за основното кривично дело може да се движи од три до десет години затвор, а за помало количество од шест месеци до три години. Во ниеден случај не е изречен законски максимум предвиден за ова кривично дело, додека 1/3 од изречените затворските казни се под законскиот минимум. Во 1/3 од казните, Судот нашол дека целта на казнувањето ќе се исполни и со алтернативна мерка, казна затвор која нема да се изврши доколку во пробен период од година или две, зависно од случајот, обвинетиот не стори ново

кривично дело. При одмерувањето на санкцијата, Судот речиси во сите случаи како отежнувачка околност ја смета зголемената употреба на дроги, особено меѓу младата популација и социоекономските последици од употребата на дроги. Како олеснителни околности Судот, покрај другите, ги смета помалата количина, а во еден случај навел дека станува збор за марихуана, помалку штетна дрога. Во прилог на ваквото резонирање од страна на Судот се два случаја во кои и двајцата обвинети се сторители по првпат, но висината на казната се разликува така што лицето кое поседувало 9,6 г кокаин добило 3 години затвор, а на лицето кое поседувало 78,7 г марихуана изречена му е една година и шест месеци затвор. Имено, Судот преку својата пракса ги разграничува супстанциите на штетни и помалку штетни, критериум кој не постои во Законот, а сепак влијае на висината на казната. При анализата на околностите што влијаат на висината на казната, карактеристично е што Судот во неколку пресуди како олеснителна околност го зема фактот што обвинетиот не ја продавал дрогата, туку ја поседувал за лична употреба.

Истражувања

17drogi - politiki i praktiki

Иако не постои воедначена судска пракса, сепак анализата на судската пракса на еден од судовите во Република Македонија може делумно да даде индикација за политиката на судовите кога одлучуваат за случаи поврзани со дроги.

Page 18: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

не постои ограничување што ќе се смета за помала количина, па со стриктното врзување за квалификацијата на Обвинителството, во согласност со нивното интерно упатство, се потценува правната сила на Кривичниот законик и се поткопува слободата на Судот во одделни случаи самиот да прави процена за количината и индивуално да го оцени секој случај дали го исполнува обележјето на кривичното дело.

Анализата на правната рамка во однос на правната пракса во имплементацијата на кривичните дела поврзани со дроги отвораат прашања што треба да се преиспитаат со цел да се обезбеди правилна примена на постоечките одредби и заштита на принципот на владеење на правото. Судот го занемарува описот на кривичното дело во Кривичниот

Ваквата констатација е спротивна на обележјето на кривичното дело и веќе донесената пресуда на Врховниот суд дека поседување на дрога која е за лична употреба не претставува исполнување на обележјето на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.

Во сите кривичните постапки за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“, Судот како олеснителна околност ја зема малата количина на дрога. Од друга страна, при водењето на постапката Судот се држи до правната квалификација на Обвинителството во согласност со количината утврдена во внатрешното упатство на Јавното обвинителство. Во Кривичниот законик

законик и пресудата на Врховниот суд дека поседувањето на дрога за лична употреба не претставува кривично дело. Оттука произлегува потребата од реафиримирање на оваа пракса и правилно толкување и имплементација на одредбата каде што јасно стои дека ќе се казни намера за продажба. Понатаму е очигледна тенденцијата на Судот да дава пониски казни кога кај обвинетиот е пронајдена марихуана, за разлика од хероин или кокаин, со што се наметнува потреба од поделба на супстанциите по штетност. Ваквата правна пракса може да биде добра основа за издвојување на поблаги критериуми за казнување во случаи кога станува збор за марихуана во однос на другите психотропни супстанции, секако, доколку не станува збор за лична употреба.

18www.hops.org.mk

Во Кривичниот законик не постои ограничување што ќе се смета за помала количина, па со стриктното врзување за квалификацијата на Обвинителството, во согласност со нивното интерно упатство, се потценува правната сила на Кривичниот законик и се поткопува слободата на Судот во одделни случаи самиот да прави процена за количината и индивуално да го оцени секој случај дали го исполнува обележјето на кривичното дело.

Page 19: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Градот Љубљана како дестинација долго време беше на мојата листа на градови што сакам да ги посетам. Конечно, во август 2014 година, добив можност за посета на овој прекрасен град сместен во централна Словенија, помеѓу Алпите и Средоземно Море. Духот на Љубљана привлекува многубројни патувачки улични уметници, туристи, вљубени парови и млади луѓе. Љубљана е дом и на многу Македонци кои надевајќи се на подобар живот дошле да работат тука. Прекрасните ресторани и кафетерии на самата река Љубљанчица се секогаш подготвени да ве примат како туристи на вкусно кафе и традиционална храна, а доколку сакате да се восхитувате на прекрасниот поглед на Љубљана и Алпите тогаш неизбежно треба да ја посетите средновековната тврдина.

И покрај сите убавини што ги нуди самиот град, како и во поголемиот дел на светот, и во Љубљана не е сè совршено. И таму постојат луѓе кои покажуваат дека општеството нема изградено механизми за прифаќање на сите поединци. Во централните делови на градот, како и на самиот Прешернов плоштад, може да се забележат луѓе кои живеат на маргините на општеството. Меѓу другото, Словенија, како и останатите држави што настанаа по распаѓањето на Југославија, во 90-тите години на XX век се соочи со пораст на употребата на дроги и со потреба од воведување програми за намалување на штети. Токму ова беше причината за мојата студиска посета. Како активистка на здружението „Опција“ од Охрид имав привилегија да бидам

гостин на здружението на граѓани „Стигма“ што спроведува програми за намалување на штети од употреба на дрога во Љубљана и во други околни градови.

„Стигма“ е основана е во 1991 година. Во текот на сите овие години како организација доживеала доста турбулентни и критични периоди, но сепак никогаш не престанала со работа. Од вкупниот број регистрирани клиенти кои употребуваат дроги, 75% се машки, а 25% се женски, со просечна возраст 35-50 години. Здружението работи и со семејства, партнери и роднини на своите клиенти, но само ако самите изразат желба да бидат информирани и советувани за какви било прашања поврзани со употреба на дроги. Како тим се добро екипирани. Сите членови се вработени и со платени придонеси за здравствено и за пензиско осигурување. Тимот е составен од вкупно 16 луѓе од кои дел се социјални работници, а дел се теренски работници кои потекнуваат од целната заедница. Во „Стигма“ се ангажираат и секундарни теренски работници – волонтери на кои им се платени само превоз и храна.

Како во држава со попрагматичен пристап во решавањето на социјалните прашања, активностите на „Стигма“ се финансираат од: Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Локалната самоуправа на град Љубљана и локалните самоуправи на други градови. Членовите на „Стигма“ се задоволни од соработката со сите државни институции што покажуваат отвореност за нивните барања и

19

„Стигма“ е здружение на граѓани што подолго од дваесет години успешно спроведува програми за намалување на штети од употреба на дрога во Љубљана и во уште седум други градови во Словенија.

Успешен пример за намалување на штети од употреба на дроги во Словенија

Јулијана Настоска

Авторката е активна како социјален работник во здружение на граѓани Опција-Охрид (Програми за намалување на штети од употреба на дрога и Програми за поддршка на сексуални работници); локален координатор на теренско тестирање и советување за ХИВ/СИДА и мобилна гинеколошка амбуланта во Охрид и Струга; едукатор за туберкулоза; секретар во Локален совет на млади - Општина Охрид; член на Советодовна група на граѓани - Оддел за превенција СВР - Охрид.

drogi - politiki i praktiki

Малолетните зависници прво се советуваат со психијатар, а потоа се препраќаат во Центар за детоксикација. Социјалната служба е доста професионално организирана и искоординирана со другите служби кога се работи за малолетни лица.

Page 20: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

дел за освежување (кафе и сок). Повремено се организираат и креативни работилници: сликање, фотографии и слично. Овој дневен центар е доста фреквентен. Во текот на денот, услугите ги користат повеќе од 50 различни клиенти затоа што локацијата е погодна и за луѓето кои доаѓаат од други градови на Словенија. Другиот дневен центар, што е доста поголем и лоциран попериферно, има дел за административни канцеларии и ја има истата улога како и претходниот. Социјалниот работник најчесто работи советодавна терапија, информации за документи за здравствено и за социјално осигурување и документи за лична идентификација, редовно оди и на терен во други градови. Едукациите се на теми за кои се заинтересирани самите клиенти. Советодавната терапија што се добива во самиот ДЦ може да се добие и на бесплатниот телефонски број и преку е-пошта. Постои и група на корисници кои редовно одржуваат состаноци и разговараат за најразлични теми – како групи за самопомош.

„Стигма“ располага и со возило за теренска работа. Возилото се користи за посета на клиенти во други седум блиски градови, а услугите се исти како и во дневните центри. Се разменуваат: опрема за инјектирање, кондоми, алкохолни марамчиња, стерилни гази и се разговара, т.е. советува.

препораки. Во однос на Полицијата немаат никакви проблеми и во текот на годината одржуваат 2-3 средби со цел да разменат информации, искуства и да се искординираат за појава на нови дроп-ин места и евентуално нова дрога што се појавила во Словенија. Довербата и заштитата на идентитетот е клучна работа во „Стигма“.

Прв ден

Првиот ден од посетата заедно со Борут, претседател на здружението, го посетивме дневениот центар на „Стигма“ што се наоѓа во строгиот центар на градот, покрај самата река Љубљанчица, и чии простории се сопственост на општината, што по многу прифатлива цена му ги изнајмува на здружението. Таму имав можност да се запознам со теренскиот работник Божо и со неколку нивни клиенти кои во тој момент беа присутни. Тоа е дневен центар каде што се разменува стерилна опрема за инјектирање (игли и шприцеви), кондоми, едукативен материјал, советодавна терапија од страна на социјален работник, информации за проблеми со зависност, ХИВ/СИДА, хепатитис, безбедно инјектирање, слободно користење на компјутери и неформално дружење,

Втор ден

Вториот ден заедно со Бојана и Божо заминавме на терен во една област позната како „Зад ѕидините“. Тоа се простории што се напуштени, со високи ѕидови, а порано ги користела Армијата на Словенија. Општината дала дозвола да се користи како „free зона“. „Зад ѕидините“ е поделена на два дела, во едниот дел се организираат забави и журки на млади лица, а другиот дел е собиралиште на: корисници на дрога, алкохоличари, дилери на дрога, сексуални работници и бездомници. Во тој дел Полицијата не прави никакви контроли. Во моментот кога ние го посетивме, во „Зад зидините“ имаше околу 40 зависници на дрога. Со дел од нив разговаравме. Ги споделуваа нивните искуства и проблеми, се интересираа како кај нас се третира оваа тема. По иницијатива на нашите домаќини го посетивме и Метадонскиот центар што е во склоп на Здравствениот дом – Љубљана. Освен метадонот се даваат и бупренофин, субоксон и супститол. Само доктор и невропсихијатар можат да одлучат кој зависник кој супститут може да го користи затоа што некои од нив имаат тешки нуспојави (пр. супститол). Нема листа на чекање, старосната граница е над 35 години. Малолетните зависници прво се советуваат со психијатар, а потоа се препраќаат во Центар за детоксикација. Социјалната служба е доста професионално организирана и искоординирана со другите служби кога се работи за малолетни лица. Истиот ден го посетивме и Шелтер-центарот за жени – жртви на насилство кои во исто време се корисници на дрога, стабилизирани на некој супституциски третман, и сексуални работнички. Шелтер-центарот е основан во 2010 година и единствен од таков вид

20www.hops.org.mk

И„Зад ѕидините“ е поделена на два дела, во едниот дел се организираат забави и журки на млади лица, а другиот дел е собиралиште на: корисници на дрога, алкохоличари, дилери на дрога, сексуални работници и бездомници. Во тој дел Полицијата не прави никакви контроли.

Page 21: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

во градот. Составен е од социјални работници и имаат само еден член од машки пол кој претставува позитивен пример за комуникација со жените, за разговори и за совети. Клиентките во центарот можат да живеат најмногу една година. Таму имаат можност сами да готват, да вежбаат физички активности, да посетуваат индивидуална и групна советодавна терапија, да научат да развиваат социјални вештини, да го подобрат сопствениот квалитет на живеење, да се препознаат и да се справат со насилство, можат да читаат книги, да изработуваат накит и други ракотворби, а имаат и своја градина каде што самите произведуваат овошје и зеленчук. Активностите се финансираат од Министерството за труд и социјална политика и Локалната самоуправа на Љубљана. Добиваат донации од други организации и граѓани, а клиентките кои земаат социјална помош 30% од тие финансии ги донираат во шелтер-центарот. Центарот соработува со Женскиот затвор во Љубљана каде што се дистрибуираат кондоми, се извршуваат консултативни разговори и советувања од најразлични области. Во периодот на мојата посета, во центарот беа згрижени девет жени – жртви на долгогодишно насилство. Преку

студиската посета во „Стигма“ имав можност одблиску да се запознаам со нивната работа и со начинот на кои тие одговараат на потребите на заедницата. Во ниеден нивен дневен центар не се врши размена на опрема за инјектирање, нема ни услуги од медицинска сестра, од психолог или од правник. Овие услуги се користат од други организации што соработуваат со „Стигма“. Исто така нема редовни тестирања за ХИВ и ХЦВ, туку тоа се прави еднаш во годината во договор со нивниот здравствен дом бесплатно, анонимно.

Несовршенството во политиките за дроги на Словенија

Сепак, и покрај добрата соработка со државните институции, искуствата покажуваат дека и во Словенија не е едноставно да се спроведуваат политики за намалување на штети. На почеток, како организација, спроведувале и чести посети во Затворот за мажи во Љубљана, но по извесно време тие средби се намалувале затоа што Управата сметала дека тие како организација имаат идеја да направат некои драстични промени што не

одговарале на условите во затворот. Затоа тие посети се сведени на 1-2 годишно, и тоа најчесто поради групни и индивидуални едукации, во зависност од потребите на самите корисници на дроги.

И во Словенија, како и во Македонија, постои реална потреба за работа со малолетни деца кои употребуваат дроги, но недостасуваат специфични програми за третирање на оваа група. Едноставно државата замолчува пред тој проблем. Малолетниците најчесто се упатуваат во Центарот за социјална работа.

Иако на прв поглед доста слични како организации кои работат на полето на намалување на штети од употреба на дрога, „Опција“ и „Стигма“, во секој случај оваа студиска посета беше големо искуство за мене како социјален работник. Се запознав со начинот на работа и тимот на професионалци кои го пробивале патот на овие програми во една држава како Словенија, што функционира според сите законски правила и прописи, организација која има долгогодишно искуство и реноме во својата држава и меѓу своите клиенти.

Репортажа

21drogi - politiki i praktiki

Како во држава со попрагматичен пристап во решавањето на социјалните прашања, активностите на „Стигма“ се финансираат од: Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Локалната самоуправа на град Љубљана и локалните самоуправи на други градови.

Page 22: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

На 30.9.2014 година, во Скопје, се одржа Првата Национална конференција за политики за дроги „Од закони до јавно здравје“ во организација на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Во предлог-агендата беше предвидено Конференцијата да ја отвори министерот за здравство Никола Тодоров заедно со извршниот директор на ХОПС Христијан Јанкулоски. Бидејќи Никола Тодоров не дојде на Конференцијата, ниту пак други претставници од Министерството за здравство, остана да замислуваме какви би биле ставовите и активностите на една од клучните институции кога се работи за политиките за дроги во Македонија. Така остана неразјаснето што се случува со Националната стратегија за дроги, што била усвоена во јуни 2014 година, во чие изготвување учествувале и членови од граѓанскиот сектор, вклучително и членови од ХОПС во работната група, но никој од нив не го видел финалниот документ што е веќе усвоен. Истовремено остана неразјаснето што се случува со позицијата национален координатор за дроги на Република Македонија, која е нефункционална повеќе од една година бидејќи нема назначено лице како координатор. Затоа, пак, на Конференцијата беше присутен Јинджрих Воборжил, кој е национален координатор за дроги на Република Чешка, инаку член на конзервативна партија, кој сепак останал на оваа функција 4 години и покрај промената на власта во Чешка. Овој податок сам по себе е „егзотичен“ кога ќе се спореди

со македонската приказна имајќи ги предвид вредностите што ревносно ги промовира македонската конзервативна Влада, а во чии рамки не влегуваат корисниците на дроги или, пак, другите маргинализирани заедници. Секако дека оваа констатација може да се должи на моите предрасуди, но отсуството на министерот или на претставници од Министерството за здравство не придонесува во коригирањето на ваквите „предрасуди“. Затоа Христијан Јанкуловски, извршниот директор на ХОПС, со право не ги извини претставниците од Министерството за здравство бидејќи секцијата насловена како „Национални политики за дроги, искуства од Европа и Македонија“ остана ограничена на некои официјални претставници од Европа. Искуствата од Македонија беа презентирани од перспективата на граѓанските организации, главно на ХОПС, најпрво преку исклучително информативното излагање на Наташа Бошкова, адвокатка во ХОПС. Наспроти потребата од хуманизирање на политиката за дроги во Македонија, декриминализирање и социјална и здравствена поддршка (бидејќи освен што се хумани, тие се и економски поефикасни стратегии според искуствата на Чешка), Македонија избира сузбивање, казнена политика, криминализирање на употребата на дрога. Ова повторно ги полни „предрасудите“ од погоре поради актуелната пракса Законот да се толкува на построг начин од она што е пропишано, во случајов кога станува

Ана Ашталковска Гајтаноска е доцент на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ, Скопје. Во последно време работи на теми поврзани со методолошките аспекти на хуманистичките истражувања.

22

Според ваквата строга казнена политика, важи констатацијата на Христијан Јанкулоски дека за хуманата и ефективна политика за дроги многу повеќе придонесуваат меѓународните организации отколку националните институции.

www.hops.org.mk

Прва Национална конференција за политики за дроги „Од закони до јавно здравје“, Скопје, 30.9.2014 година

Ана Ашталковска Гајтаноска

Page 23: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

збор за корисниците на дроги. Во тој контекст оди и овој илустративен пример: и покрај фактот дека држење и пренесување дрога за лична употреба не е санкционирано според Кривичниот законик, сепак од октомври 2012 до декември 2013 година 600 поединци се кривично гонети наспроти само деветмина кои се гонети прекршочно, што посочува на една чудна логика според која во Македонија има повеќе дилери отколку корисници на дрога. Иронично утешително во смисла „секогаш има и пострашни ситуации од нашата“ беше излагањето на Иван Варенцов од Фондацијата Андреј Рилков од Русија. Според ваквата строга казнена политика важи констатацијата на Христијан Јанкулоски дека за хуманата и ефективна политика за дроги многу повеќе придонесуваат меѓународните организации отколку националните институции. Според Влатко Деков оваа политика на изолација, на дискриминација, на казнување, што треба да подразбира превоспитување, придонесува кон

дополнително стигматизирање на корисниците на дрога.

Во втората секција насловена „Човекови права на корисниците на дроги“ говореа Јака Битенц од Социјалниот клуб за канабис од Словенија, Жарко Трајаноски од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Вања Димитриевски, програмски асистент во ХОПС. Одредени излагања, како на пример она на Наташа Бошкова и на Жарко Трајаноски, предизвикаа реакции од некои претставници на јавните институции кои се соочуваат со корисниците на дроги, судството и Полицијата. Во овие дебати „спротивставени страни“ беа претставниците на граѓанскиот сектор, кои се во секојдневен контакт со корисниците на дроги и поради оваа нивна целна група зборуваа за нивните проблеми, и од другата страна – претставниците на јавните институции кои исто така се соочуваат со корисниците на дроги, но токму оваа група која всушност беше предмет

на дискусија кај нив беше заменета со трговците со дрога. Поради тоа останува нерешена дилемата дали ова поистоветување на корисниците на дроги со трговците со дроги е последица на недоразбирање или пак е последица на стереотипното поистоветување на сите оние кои имаат некаква врска со дрогата и нивното сместување под категоријата – криминалци. Така се добива впечаток дека постои сериозен недостаток на капацитет за соодветно третирање на маргинализираните заедници од страна на јавните институции и тоа најчесто се должи на лаичкиот пристап кон корисниците на дроги. Повторно овој лаички пристап веројатно се должи на сериозниот недостаток на капацитет за разбирање и за толерирање на разликите, односно неподготвеноста да се преиспитаат сопствените стеротипи евентуално преку едукација, што се покажа како многу типично за одредени професионалци од јавните институции на оваа Конференција. Оваа претпоставка најочигледно

Настани

23drogi - politiki i praktiki

Page 24: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

им пресудуваат на корисниците на дроги, а според наведениот податок погоре дури 600 наспроти 9 биле прилично строго осудени, можеби им е потребно да внесат малку „поетичност“ во сопствената пракса. Материјата на оваа „егзактна“ наука секако дека е подложна на различни интерпретации. Најпосле пресудите секако дека зависат, покрај егзактните методи, и од субјективните аспекти, односно од субјектот ставен во позиција на судија. Тука мислам на неговиот карактер, на неговите лични ставови, емоции, искуства, предзнаења, образование или едукација за конкретниот проблем, личните предрасуди... (листата е речиси неисцрпна), односно од сето она што го сочинува неговиот референтен систем. Колку и да звучат банално наведениве елементи на субјективниот референтен систем, тие неизбежно се мешаат и секако ја комплицираат строгата егзактност на науката (и тоа е така и кај физичарите, математичарите и

другите „природњаци“ како најегзактни меѓу егзактните), а особено кога луѓе се ставени во позиција да пресудуваат за други луѓе. Бранењето на сопствената фела (судството и Полицијата) во стилот „...во Скопје такви ситуации немало, ниту пак ќе има“ во овој контекст изгледа малку наивно.

Во последната секција насловена како „Модели за регулирање на дрогите. Кој модел е најсоодветен за Македонија?“ свои искуства презентираа Влатко Деков, програмски менаџер во ХОПС, Никола Тупанчевски, Правен факултет и Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, Институт за брак и семејство. Заклучоците одат во правец на неопходно хуманизирање на политиката за дроги во Македонија, но за имплементирање на хуманата пракса се чини дека сè уште нема расположение ниту капацитет од соодветните институции.

се наметна поради употребената терминологија во дискусиите каде што речиси задолжително отсуствуваше терминот корисници на дроги кај претставниците од јавните институции. Нивните анализи главно се однесуваа на трговците со дрога (според изјавите дека на таквите луѓе местото им е во затвор или дека општеството треба да се заштити од поттикнувачи) или, пак, кога требаше некако да се именуваат, а тоа да не биде некој навредлив популарен термин заради политичка коректност, изнаоѓањето на соодветен термин никако не им одеше од рака: „ваши... како да ги наречам... интервју што сте вршеле“ ... „одредени изјави на овие...“ ... „некои од тие...“. Иако звучи романтичарски да се зборува за капацитет за разбирање и за толерирање на разликите или за преиспитување на сопствените стеротипи за некој професионалец кој се занимава со една „егзактна“ материја како што е правото, сепак токму на судиите кои

24www.hops.org.mk

* Истиов текст е предаден и ќе биде објавен во списанието ЕтноАнтропоЗум бр. 11 во издание на Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ. http://iea.pmf.ukim.edu.mk/MKD/EtnoAntropoZum.html

Page 25: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Прва Национална конференција за политики за дроги „Од закони до јавно здравје“

На 30 септември 2014 година во Скопје, во организација на ХОПС, се одржа првата Национална конференција за политики за дроги. На Конференцијата околу 50 учесници од земјава и од странство, меѓу кои и националниот координатор за дроги на Република Чешка Јинджрих Воборжил, дискутираа за тоа дали репресивните политики за дроги даваат резултати, дали декриминализацијата на дрогите е поефикасна политика и какви се искуствата на Македонија, на Чешка, на Русија и на Словенија. Клучен заклучок на Конференцијата беше дека репресивните политики се нехумани, не ја намалуваат употребата на дроги и не даваат резултати. На Конференцијата беа донесени следниве заклучоци.

Заклучоци од првата Национална конференција за политики за дроги „Од закони до јавно здравје“

1. Репресивните политики кон прашањето на употреба на дроги не даваат резултати. Пример е Русија која води ваква политика и се соочува со значителен број на проблеми во насока на висока инциденца и преваленца на ХИВ, посебно кај лицата кои инјектираат дроги, мал број на лица на третман за зависност од дроги, сериозни повреди на човекови права, големи финансиски трошоци, пред сѐ, во здравствениот, во социјалниот и во правниот систем итн.

2. Националната стратегија за дроги на Република Македонија и акциските планови мора да бидат усвоени со соодветни буџети за нивна реализација. Пред нивното усвојување, документите треба да поминат широка јавна расправа.

3. Постои неусогласеност во описот на обележјата на кривичните дела 215 и 216 од Кривичниот законик и случаите во кои тие се применуваат од страна на судиите при изрекување на пресудите поврзани со овие членови.

4. Потребно е законско разграничување која употреба на дроги ќе се смета за прекршок, а која ќе го опфати кривичното дело овозможување на употреба на дроги.

5. Да се допрецизираат членовите 215, 216 и 217 од Поглавјето 21 од Кривичниот законик во насока на утврдување на малата количина на дроги и правење на сериозна дистинкција меѓу прекршочните и кривичните дела. Прецизираната одредба јасно да ги разликува лицата кои поседуваат и произведуваат дроги за продажба од оние кои поседуваат и произведуваат за лична употреба. Описот на овие членови треба да биде поедноставен и одделен во посебни ставови.

6. Да се измени речникот на законите што содржат членови поврзани со регулирање на дрогите во согласност со меѓународно прифатената употреба на термините.

7. Алтернативните законски казни за дела поврзани со дрога да се употребуваат во поголема мерка како замена на затворските казни.

8. Да се воведе систем на анализа и евалуација на законската регулатива и нејзината примена.

9. Во некои градови постои подобрување на полициската пракса и односот на Полицијата кон лицата кои употребуваат дроги, сепак, на национално ниво не е задоволителна и е потребна нејзина промена.

10. Националната политика за дроги треба да се базира на прагматизам и на почитување на човековите права. Во таа насока е потребен консензус меѓу сите чинители на политиката зашто прашањата поврзани со употребата на дроги се, пред сѐ, прашања на јавното здравство и на социјалната политика.

11. Сите организации и институции од областа активно да работат против стигмата и дискриминацијата кон лицата кои употребуваат дроги. Ваквите промени треба да нè водат во прагматични политики што ќе го зачуваат јавното здравје.

В.Д.

Настани

25drogi - politiki i praktiki

Page 26: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Македонската мрежа за намалување на штети – ММНШ и Град Скопје во 2007 година го реализираа проектот „Мрежа на градови за политика на дроги“.

Иницијативата промовираше демократски одговори за проблемот со употреба на дрога врз база на принципот на учество со цел да се развие координиран одѕив за успешно справување со проблемите со дрогата на локално и на национално ниво.

За таа цел, Град Скопје презеде активности во насока на остварување на иницијатива за формирање Координативно тело за дроги на ниво на Град Скопје и предлагање градска политика за дроги. Координативното тело за дроги на Град Скопје брои 25 члена и е составено од:

Експертско советодавно тело (негови членови се: експерти, претставници од следниве организации / институции: Агенција за млади и спорт, Црвен крст на Град Скопје, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Меѓуопштински центар за социјална работа, ЈЗО Психијатриска болница, СВР - Скопје, Здравствен дом - Скопје, психолошко-педагошките служби на основните училишта, психолошко-педагошките служби на средните училишта, Македонската православна црква и претставници од граѓански здруженија: Инфо/Дрога/Сида, Предизвик за млади на Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Здружение на граѓани – ДОВЕРБА.

Тело на локални координатори од општините во Град Скопје (негови членови се назначените лица од општините во Град Скопје).

Во рамките на Координативното тело за дроги формирани се 5 работни групи кои работеа на стратешки области со приоритни цели и активности:

Примарна превенција – Намалување на бројот на лица кои започнуваат со земање дрога;

Градска безбедност – Зајакнување на капацитетите на Полицијата за ефикасно справување со проблемот на употреба на дроги;

Лекување – Вклучување на поголем број лица кои употребуваат дроги во лекувањето и овозможување различни третмански опции и програми;

Рехабилитација и ресоцијализација – Намалување на социјалните ризици и штетите поврзани со користењето на дрога преку унапредување на рехабилитацијата и социјалното вклучување на ЛКД;

Намалување на штети – Превенција на ХИВ/СИДА и други КСПИ меѓу лицата кои употребуваат дроги, нивните партнери и семејства;

Координација и соработка – Подобрување на координацијата и на соработката меѓу организациите и институциите во Град Скопје што работат на справување со проблемот на употреба на дроги.

Авторката е раководител на Одделение за социјална детска и здравствена заштита, Сектор за јавни дејности на Град Скопје, координатор на Координативно тело за дроги на Град Скопје, координатор за еднакви можности на мажите и жените.

26

Целта на Локалната стратегија е преку координиран и синхронизиран пристап во локалната заедница да се обезбеди намалување на достапноста на дроги, намалување на бројот на лица кои започнуваат да користат дрога, развивање на здравствени и на социјални сервиси што ќе обезбедат достапен и ефикасен третман и грижа за лицата кои користат дроги, како и намалување на штетите од користењето на дроги.

www.hops.org.mk

Локална стратегија за дроги на Град Скопје – одговор на граѓанска иницијатива

Елеонора Панчевска Николовска

Page 27: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

По направената проценка за потребите на жителите на Скопје, Градот Скопје преку Координативното тело за дроги на Град Скопје во периодот септември 2007 година – април 2008 година активно работеше на изготвување на Локална стратегија за дроги на Град Скопје и Акциски план за дроги. Во изработката на овие важни документи беа организирани неколку обуки за градење на капацитетите на локалната власт и на институциите за изготвување стратешки документи, како и обуки од областа на превенцијата на употребата на дроги и лекување на зависност од дроги, предавања за позитивните практики во нудење социјални услуги на други европски градови. Во целиот процес беа ангажирани домашни и меѓународни експерти, а од особено значење беше поддршката на повеќе градски институции, како и од Советот

на Град Скопје.Целта на Локалната стратегија е

преку координиран и синхронизиран пристап во локалната заедница да се обезбеди намалување на достапноста на дроги, намалување на бројот на лица кои започнуваат да користат дрога, развивање на здравствени и на социјални сервиси што ќе обезбедат достапен и ефикасен третман и грижа за лицата кои користат дроги, како и намалување на штетите од користењето на дроги.

За спроведување на Локалната стратегија и Акцискиот план, Градот Скопје неколку години по ред учествува со финансиска поддршка на дел од активностите во сите наведени области од Локалната стратегија за дроги:

• Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација во град Скопје;

• Дневен центар за рехабилитација и ресоцијализација на корисниците на дрога и нивните семејства;

• Поддршка на дневните центри за намалување на штети;

• СОС линија за помош од употреба на дроги и превенција од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи болести;

• Инфо-линија и советувалиште за проблеми поврзани со употреба на дроги и употреба на алкохол на подрачјето на градот Скопје.

Во сите поддржани проекти програмите се базираат на промоција на здравјето, односно истакнување на здравјето и на здравите избори како најголема вредност.

Градот Скопје преку работата на Координативното тело за дроги на Град Скопје, а во имплементацијата на новата Локалната стратегија за дроги 2015–2020 година, е подготвен

Политики за дроги

27drogi - politiki i praktiki

Кампања за намалување на стигма и дискриминација кон лица кои употребуваат дроги. Во 2010 година, Град Скопје спроведе кампања за подигање на свеста и информирање на граѓаните за проблемите со кои се соочуваат корисниците на дроги во Скопје и за штетните последици од продлабочувањето на дискриминацијата и игнорирањето на потребите на луѓето на кои им е потребна помош, како и повик за соработка и за заедничко инвестирање во толеранцијата. Активностите и пораките употребени во кампањата произлегоа од посочените проблемите со кои се соочуваат лицата кои употребуваат дроги.

Page 28: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

да понуди соодветен одговор на потребите на младите и на целната група преку проширување на мрежата на служби и воведувањето на нови модели за превенција, лекување и ресоцијализација на корисниците на дрога. Третманот на деца кои употребуваат дроги, обезбедувањето на одржливост на програмите за намалување на штети, намалувањето на стигмата и дискриминацијата на лицата на кои им е потребна помош се само дел од горливите прашања и предизвиците со кои се соочува главниот град. Останува предизвикот да се постигне одржливост на потребните сервиси за граѓаните и споделена одговорност на сите засегнати и одговорни институции и организации што подразбира заедничко иницирање, воспоставување, спроведување, но и заедничко финансирање на активностите.

Иако проблематиката е многу сензитивна, посебно е искуството да се работи според принципите на почитување на човекови права, демократичност, партиципативност, транспарентност. Координативното тело за дроги на Град Скопје е отворено да го сподели своето искуство во градењето на стратешки документи на други институции и организации.

28www.hops.org.mk

Во рамки на Проектот DECIDE (Европски проект финансиран од Европската комисија „Европа за граѓаните“), граѓаните на јавна анкета од шест понудени проекти Локалната стратегија за дроги на Град Скопје ја одбраа во трите најдобри проекти.

Page 29: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

29

Политики за дроги

Page 30: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

На големо изненадување на македонската јавност, на 20 септември 2014 година во Скопје се одржа семинар за „Демистификација на канабисот за медицинска употреба“. Многу луѓе очекуваа дека најавениот семинар ќе биде забранет поради тоа што се однесува на билка која е целосно забранета за производство и за употреба во Македонија. Сепак, на големо задоволство на организаторите „Зелена алтернатива“ од Македонија и „ОНЕЈ – Друштво за прекумурска иницијатива“ од Словенија, семинарот се одржа без никакви пречки од страна на Полицијата.

Докажано е дека канабисот (народно име: коноп) има широка примена во индустријата, односно може да се користи за производство на храна, на облека, на гориво, на пластика и на повеќе од 50.000 други производи. Но, она што е исклучително важно е што сѐ повеќе луѓе во светот, па и во Македонија, почнуваат да користат канабис за лекување на хронични болести како: рак, леукемија, дијабетис, псоријаза, аутизам. Токму поради потребата да им се помогне на луѓето кои бараат природен и евтин начин за да си го продолжат животот сметавме дека е време за демистификација на оваа билка што се третира како „дрога“. Време е да се покаже дека канабисот, односно конопот, може да им помогне на луѓето и да го подобри нивното здравје, како и општата благосостојба.

Голема поткрепа и провокација за дискусија со публиката беа говорниците

Рик Симпсон (Rick Simpson), д-р Лумир Онджеј Хануш (Dr. Lumír Ondřej Hanuš), д-р Пол Хорнби (Dr. Paul Hornby) и д-р Роберт Џ. Меламед (Dr. Robert J. Mela-mede). Овие реномирани експерти со долгогодишни искуства ги изложија своите откритија на тоа поле, како и светските искуства и пристапи во лекување со коноп. Нивното гостување во Македонија иницираше лавина од реакции и дискусии за примената на канабисот за лекување во деновите што следуваа и се покажа дека во Македонија навистина постои потреба за повеќе информации за ова растение.

Неоспорен факт е дека иако постојат преку 20.000 релевантни студии што го докажуваат позитивното дејство и лековитоста на канабисот, сè уште се тапка во место. Сè уште не се може – или не се сака – да се најде модел за да се направи подостапен за широка примена и употреба. Поради тоа што во поголемиот дел од светот канабисот сè уште се третира како дрога, во различни земји се бараат/изнаоѓаат различни начини за законско регулирање на неговото производство, продажба и употреба.

Во некои земји се инсистира на модел за легализација, што подразбира државна контрола на производството, на продажбата и на употребата. Во други земји се инсистира на модел за декриминализација, што подразбира отсуство на државна контрола на производството, на продажбата и на употребата на канабисот. Но, мора да се додаде и тоа дека овие поими сè уште не се целосно разјаснети и дека

Авторот е член на здружението Зелена Алтернатива.

30

Сепак, во целиот свет, без разлика на законските регулативи и таму каде што е легално и таму кај што не е, болните на кои денешната медицина не може да им помогне го бараат спасот во конопот, поточно во смолата што се произведува од цветовите.

www.hops.org.mk

Конопот е лекФилип Достовски

...луѓето ризикуваат да бидат уапсени и осудени само поради тоа што сакаат да се излекуваат.

Page 31: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

постојат многу поединечни толкувања и затоа различни земји спроведуваат различни политики. Така, на пример, во Уругвај целосно се легализирани производството и употребата на канабисот за лична употреба, додека во Израел канабисот е наменет за строго контролирана медицинска употреба. Во последниве десет години канабисот е легализиран или декриминализиран во преку дваесет и пет сојузни држави во САД, од кои државите Колорадо и Вашингтон отидоа до таму што дозволија и рекреативна употреба. Во Европа, во Португалија, во Шпанија, во Италија, во Холандија, во Швајцарија, во Чешка и во Романија веќе постојат олеснувања кога се работи за медицинска и/или рекреативна употреба на канабис.

Од поранешните југословенски републики, во Словенија, во Хрватска и во Србија веќе постои можност за производство на производи од индустриски коноп наменети за исхрана (семки, брашно, чај, масло за готвење), козметика, текстил, градежни материјали, а се бара и модел за регулирање на медицинската употреба.

Во Македонија производството, продажбата и употребата на канабисот се нелегални, иако до пред една година во некои продавници за здрава храна можеа да се купат семки, брашно, протеини, масло и чај. Сега веќе и тоа е забрането.

Сепак, во целиот свет, без разлика на законските регулативи и таму каде што е легално и таму кај што не е,

болните на кои денешната медицина не може да им помогне го бараат спасот во конопот, поточно во смолата што се произведува од цветовите.

Во последниве неколку години и во Македонија сѐ повеќе се зголемува бројот на луѓе кои почнуваат да користат смола од коноп за лекување. Овие луѓе се нарекуваат „илегално излекувани“ затоа што меѓу нив има луѓе кои целосно се излекувани, но и луѓе кои со помош на смолата ја држат под контрола својата здравствена состојба. Сето ова зависи и од видот на болеста и од конкретната дијагноза. Но, она што е карактеристично е што сѐ повеќе луѓе во Македонија имаат одлични резултати во лекувањето на хронични заболувања, а неретко може

Иницијативи

31drogi - politiki i praktiki

Овие луѓе се нарекуваат „илегално излекувани“ затоа што меѓу нив има луѓе кои целосно се излекувани, но и луѓе кои со помош на смолата ја држат под контрола својата здравствена состојба.

Page 32: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

финансиско оптоварување. Затоа, поради проблемите со набавката, многу луѓе решаваат самостојно да одгледуваат коноп за произведство на смолата со која се лекуваат.

И овде е прилично очигледна контрадикторноста на законите. Според членот 215 од Кривичниот законик на Република Македонија „тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до десет години“. Врз основа на ова, луѓето ризикуваат да бидат уапсени и осудени само поради тоа што сакаат да се излекуваат. И иако според членот 39 од Уставот на Република Македонија на секој граѓанин не само што му се признава правото на здравје туку и се смета дека има должност да го унапредува сопственото

здравје, оваа група граѓани е лишена од ова право. Тие во Македонија се борат на повеќе фронтови – прво со болеста, а потоа и со Полицијата и со законодавците.

Ограничувањата на можностите за лекување беше причина да се основа „Зелена алтернатива“. „Зелена алтернатива“ е здружение на граѓани што ќе настојува да го сврти вниманието на стручната јавност во Македонија и да се отвори дебата за лековитите својства на конопот. На тој начин она што сега е јавна тајна треба да се преточи во практика. „Зелена алтернатива“ ќе се залага за изнаоѓање модел за регулирање на употребата на конопот не само како лек, туку и како средство за превенција на многу болести. Јавноста треба да знае дека конопот е природна билка со лековити својства што може да замени многу хемиски лекови што предизвикуваат зависност, а се достапни во слободна продажба.

да се зборува и за „чуда“ во лекување на луѓе од кои класичната медицина „дигнала раце“.

Благодарение на Рик Симпсон кој рецептот за изработка на смолата го објави на интернет, луѓето со сериозни здравствени проблеми во Македонија можат да научат како сами да го произведуваа лекот. Но, овде има еден голем проблем. Поради законските регулативи во Македонија, тие се третираат како криминалци.

Конопот во Македонија се третира како дрога и може да се набави само на црниот пазар. Но, на црниот пазар нема секогаш доволни количини коноп или нема квалитетен коноп, или сортата на конопот што се продава ги нема соодветните својства. Како што истакна Рик Симпсон во своето предавање, во Европа преовладуваат сортите коноп од видот канабис сатива (cannabis sativa), додека за лекување се препорачуваат сортите од видот канабис индика (can-nabis indica). За некои луѓе и самата набавка на коноп претставува големо

32www.hops.org.mk

Но, она што е исклучително важно е што сѐ повеќе луѓе во светот, па и во Македонија, почнуваат да користат канабис за лекување на хронични болести како: рак, леукемија, дијабетис, псоријаза, аутизам.

Page 33: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Иницијативи

33drogi - politiki i praktiki

Page 34: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Многу размислував и во повеќе наврати ми доаѓаше да ја споделам мојата животна приказна која како тежок камен ја носев врз себе. Долго се двоумев. Веројатно не бев подготвена повторно да се соочам со сето тоа што и од себе го криев. Тајната остана тајна сѐ додека да го прифатам минатото како дел од себе, па се посветив на иднината со сета снага и верба во самата себе. Конечно, кога минатото созреа во мене, одлучив да се отворам и да споделам дел од мене и мојот живот. Токму поради тоа, исполнета со сигурност и стабилност, го отворив својот стар дневник во кој е запишано...

Понеделник, 17 мај 2004 година

Рано утро. Надвор сè уште беше темница. Ме разбуди чувството на болка во целото тело. Се тресев. Бев препотена. Ми беше ладно. Нервите „ми играа“. Ме фаќаше криза. Уффф, колку беше силна... Ужасно се чувствував. А што сега? Прашање. Што правам од самата себе?

Во тој миг ми се случи – КЛИК. Се згрозив од помислата дека на една хероинска прашина ѝ дозволувам да владее со мене. Се прашав себеси: – Зарем единствената цел во животот треба да ми е земањето на дрога? Секојдневно да трчам по пари за да набавам нова доза хероин? Тоа да ми

биде единствената преокупација во животот? За ништо да не размислувам? Себична сум. Јас и никој друг. Моите потреби, потребите кои ме носат во пропаст, кои ме прават мрзлива, неодговорна, агресивна, кои ме тераат да страдам. Преплашена сум. Ако претходно станував и прво одев во тоалет, сега мора прво да земам, па потоа ќе можам да функционирам. Па каков е овој живот? Уффф, бизарен живот. Живот во агонија. Исполнет со болка, патење, страв...

Се плашам.

Се уништувам.

Се згрозувам од самата себе – која сум и каква сум.

Ова е време да решам.

Јас решавам.

34

Многу размислував и во повеќе наврати ми доаѓаше да ја споделам мојата животна приказна која како тежок камен ја носев врз себе. Долго се двоумев. Веројатно не бев подготвена повторно да се соочам со сето тоа што и од себе го криев. Тајната остана тајна сѐ додека да го прифатам минатото како дел од себе, па се посветив на иднината со сета снага и верба во самата себе. Конечно, кога минатото созреа во мене, одлучив да се отворам и да споделам дел од мене и мојот живот. Токму поради тоа, исполнета со сигурност и стабилност, го отворив својот стар дневник во кој е запишано...

www.hops.org.mk

ЗАПИСИ ОД МОЈОТ ДНЕВНИКDreams

Page 35: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Среда, 5 септември 2007 година

Денес завршив со метадон. Ова беше мојата последна терапија. Доста беше. Веројатно сум една од ретките што го искористив метадонот како лек. Излегов од мојата агонија. Верувам во себе и започнувам нов живот. Стариот живот го оставам засекогаш зад мене. Го отфрлам како извалкана, искината и непотребна облека. Излегувам од неа. Оставив дрога, но тоа не било најтешкото. Тешко ми е сега да живеам без неа. Не можам да го пополнам времето. Не знам што да правам. Сè што претходно правев, сега повеќе нема смисла. Со сите пријатели и секое излегување, секој разговор е за дрога. Како да не мислам на неа, а сè ме потсетува на тоа? Тешко ми е, ништо не правам. Се чувствувам бескорисна и само знам што си посакувам себеси за во иднина. Но, како да стигнам до тоа?

Да отворам нов прозорец, а со тоа да отворам и еден нов свет што одамна не сум го почувствувала. Како ли се прави тоа?

Петок, 7 септември 2007 година

Денес почнав да правам структура за секој ден.

Станувам рано и си варам кафе. Чувствувам дека нешто ми недостасува и со сета снага ги влечкам мислите на друга страна. Го носам детето во училиште и на враќање одам во продавница. Се забележувам себеси како се радувам на секоја ситница што ќе ја купам.

За да го исполнам празното време, почнувам да готвам.

Кога ми станува здодевно погледнувам на ѕид каде што е листот со наброени работи кои би можела даги правам.

Читам книги. Излегувам со пријателки и за сè што разговараме станувам љубопитна и почнувам да ги истражувам нештата.

Го истражувам животот. Чувствувам како се менувам. Повесела сум, поодговорна и попозитивна. Не ми е доволно ова што го постигнав. Барам работа. Поддршката спонтано ми доаѓа од сите страни, но најмногу ми значи таа од најблиските. Новите пријателства и можноста да работам беа бесценети. Кога другите видоа дека јас почнав да се сакам самата себе, почнаа да ме сакаат и тие мене.

Понеделник, 25 август 2014 година

Десет години! Повеќе од десет години поминаа откако ја донесов ГОЛЕМАТА одлука. Мојот живот сега е многу поинаков.

Наутро кога ќе ги отворам очите сум весела, среќна и задоволна од самата себе. Го имам семејството, ја имам работата, ги имам пријателите. Почнав со потрагата по место за себе во новиот живот, по нови можности и успеси. Си ја вратив самодовербата. Ја презедов одговорноста за МОЈОТ ЖИВОТ во сопствени раце, но и за животот на моето дете кое целосно зависеше од мене. Помислата на оваа одлука ме прави горда, весела и исполнета.

Животот денес ми е многу различен. Радосна сум. Се гордеам на мојата борбеност, успешност и на можноста да доживувам спокој и мир во душата. Способна сум да бидам мајка и да го воспитувам моето дете. Сега со овие очи животот го гледам поинаку. Се радувам на малите нешта. Се радувам на секој постигнат успех, на секоја нова идеја која се раѓа во мене, се радувам на денот и се чуствувам жива.

Си помислувам колку сум среќна што воопшто можам да го живеам животот со секоја негова убавина, а притоа да сум „чиста“.

Ах, да имам моќ и да направам ова чувство барем за миг да го доживеат оние кои сè уште имаат мака со дрогата.

Денес светот е мој. Исполнета сум со среќа, а нереалните доживувања кои претходно ме правеле среќна сега се заменети со реални кои – верувале или не – се побројни, помоќни и поразнолики. Се разбира дека не е совршено, но не може ни да биде. Секој човек, па така и јас, чувствувам тага, имам нервози и тековни проблеми. Разликата е што сега цврсто им погледнувам во очи и ги надминувам со сета моја свесност. Не се залажувам со грандиозни мисли за идеалност и ја живеам реалноста со сите нејзини доблести и мани. Во секој случај е многу подобро за моето семејство, за сите околу мене, но најбитно од сè, подобро е за мене.

Искуства

35drogi - politiki i praktiki

Page 36: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Секој има своја животна приказна, но некако во поголем дел од овие приказни постои приказна која барем во еден свој дел имала допир со дрогите...

Вистината не смее да се игнорира и, навистина, јас не сакам да останам рамнодушна и да не го споделам она што во мене се бори и бара одговори, бара промена, бара решение...

Ме прашаа: – Што доколку твоето дете посегне по дрога, сепак ќе останеш на страната на програмите за намалување на штети и ќе бараш центри за ресоцијализација? Или што доколку твоето дете има проблем со дрогите, нема да го казниш, зарем ќе го поддржиш? Одговорот и на двете прашања е СЕКАКО! Зарем не сме сите луѓе и имаме право да одлучуваме за својот живот? Каде е во денешново време правото на избор?! Свесна сум дека секоја единка барем еднаш во животот имала ситуација кога била во допир со дрогите. И можноста да стапи во контакт е голема. Тоа е, секако, реалност, а ние како родители можеме, како и за другите нешта, да си велиме дека моето дете нема шанси да го направи тоа, нема да проба дрога... и, секако, не сме реални... љубопитството кај своите деца не смееме за ништо да го уништуваме, но можеме да влијаеме да се направат вистинските избори. Исправниот начин да се тргне по вистинскиот пат и да се направат вистинските избори е кога имаме вистинско образование, многу комуникација меѓу нас, разбирање и љубов.

Доколку тргнеме од идејата дека секое човечко битие има право на

избор, тогаш имаме и право да речеме дека има право и да користи дроги. Но, прашањето кое се надоврзува е дали единката знае што се дрогите и како се користат. Што предизвикуваат? Каков е исходот? На прво место е едукацијата и запознавањето со последиците.

Навистина нема да бидам искрена ако кажам дека е во ред и дека не е страшно ако моето дете користи дроги. Можеби не е страшно доколку проба, но хроничното земање е очигледен бунт, револт, демонстрација, проблем, неможност да се контролира љубопитството. Тогаш родителот треба да ги препознае промените и да ги познава последиците, а секако свесно да бара помош. Но, каде е помошта?! И дилемата за неа секогаш е – дали е вистинската.

Зошто програмите за намалување на штети? Поради можноста да не се загрози изборот, а да се спречат последиците од голем ризик. И можност, секако, да се воведат програми што водат кон едукација за здравствениот ризик, мотивирање за третман и насочување кон постепено одвикнување од зависноста.

Од секогаш сум била на страната на

Авторката е доктор на медицина, ангажирана во единицата на Министерството за здравство за управување со средствата од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

36

„...а ние како родители можеме, како и за другите нешта, да си велиме дека моето дете нема шанси да го направи тоа, нема да проба дрога... и, секако, не сме реални...“

www.hops.org.mk

Од мој агол...Наташа Николовска Станковиќ

Page 37: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

превенцијата, а не на прохибицијата. А начинот да се превенира употребата на дроги, да се најде решение за животните проблеми е најпрво да се има волност да се соочиме со тоа што е пред нас, да бидеме будни и свесни за она која е причината и, лоцирајќи ја, да најдеме начини да се пренасочи енергијата во друга насока, да се најде мотивот за да се биде волен за победа, да се биде среќен, но не на сметка на туѓата несреќа и, најпосле, да се најдат соодветни институции што ќе влијаат на решавање на проблемот од која било природа без разлика дали е психолошки, економски, социјален... a, секако, мојата визија за превенцијата е насочување уште од мали нозе кон спортот и здравиот начин на живот. Ова го зборувам од искуство како бивш професионален спортист и доктор кој работи во полето на превенцијата.

Страдањето е големо во ситуациите кога во домот има зависник кој активно бара дрога и приоритетот во животот му е тоа. Не би сакала низ тоа никој да минува, па ни јас како родител... но, изборот за другите не е секогаш само наш... стравот, непреспиените ноќи, бдеењето, грижата и мислите што се нижат за престојната иднина, за исходот и за границата меѓу тоа дали се работи за живот или смрт, чувството на вина и мислите каде да се најде сопствената грешка, болката кога се гледа страдањето на една мајка чие дете ужива во дрогите е голема агонија и страв... Но, стравот не решава ништо. Мижењето пред проблемите и префрлањето на вината кон себеси или другите не го решава проблемот. Игнорирањето и криењето на проблемот го прави заспан, но присутен. Малодушноста нè води кон пропаст. Дали јас ќе употребувам дроги е, пред сè, моја одлука и затоа јас треба да донесам одлука да престанам да

користам дрога. На крајот на краиштата, ние сме тие што одлучуваме за нашите животи, ние сме тие кои креираме сè околу нас. А најблиските секако треба да придонесат во креирањето на услови што ќе ми помогнат да ја донесам одлуката. И не знам колку ли долго на овој свет ќе му е потребно време да сфати дека казнувањето никогаш нема да го реши проблемот, дека Полицијата и законодавниот систем својата улога треба да ја сменат и да бидат поддршка, водилка и помош. Што доколку човек кој бил фатен со одредена количина канабис за лична употреба биде казнет како дилер и остане во затвор повеќе од 2 години? Најпрво прашањето е дали тој човек треба да биде казнет поради количината која ја поседувал или поради намерата за која го имал канабисот, и дали тоа е докажано. И кој ќе ја плати цената за погрешната пресуда? Кој ќе го плати страдањето и истрауматизираните животи на единката или, можеби, на децата кои ги има? Зарем секогаш системот мора да биде дел од нашите животи, а ние жртви на системот? Секако дека треба системот да има заштитна улога, да превенира за доброто на другите луѓе, но и да верува во единката и да има институции што не се затвор. Институции за лоцирање на вистинската причина, каде што единката ќе најде поддршка и помош. Тоа навистина не е затворот... тој на овие битија не им го дава вистинскиот пат зашто не постојат вистинските моменти на воспитание и ресоцијализација. Постојат казни, трауми, лоши услови, деградирање на битието. Постои нехумана средина што од овие единки не прави ништо друго освен тие да се чувствуваат отфрлено, мизерно, некорисно и каде што годините поминале, а тие не поминале низ процесот на ресоцијализација и, што е уште полошо, ќе мислат дека

тие се такви родени, дека за друго и не знаат и така ќе продолжат по истиот пат. Повторно ќе кажам, мора да се најде систем – за што се казнува – а не само статистички да се казнува. Причината и намерата се важни, а не количината.

Ако се вратиме на родителската улога, компарирајќи го затворот, ќе дојдеме до истото. Не сакам моето дете да заврши во затвор поради личниот избор со кој не наштетува никому, иако, за жал, доколку користи дроги си наштетува себеси. Затоа сметам дека казните нема да го решат проблемот. Разбирањето, едукацијата, соочувањето, комуникацијата се тие што ќе го решат. Вистинската желба да се помогне е волноста да се разбере ЗОШТО и КАКО.

Став

37drogi - politiki i praktiki

Page 38: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

КРАТКИ ВЕСТИ

Лекување зависност од дроги со медицински хероин.

Во Ванкувер, Канада е отворена Програма за лекување на зависности од дроги со примена на хероин. Ова е прва Програма од ваков вид во Северна Америка, а Ванкувер повторно покажува најголема подготвеност за предизвици. Сепак, како што најавуваат надлежните, со овој третман ќе бидат опфатени само луѓето кај кои постоечките програми за лекување со метадон не даваат резултати. Поради ограничена достапност на лекот, на почетокот во оваа Програма можност за лекување со хероин ќе добијат само 26 зависници од опијати. Лекување на зависности од дроги со хероин во Европа е достапно во: Швајцарија, Германија, Холандија, Данска и Велика Британија. (Извор: RT.)

Европска конференција за хепатит Ц и инјектирање дроги.

На крајот на октомври 2014 година во Берлин, Германија, се одржа првата Европска конференција за хепатит Ц и инјектирање дроги. Една од главните заложби на Конференцијата е да се подобри пристапноста до третмани за лекување хепатит Ц и до третмани за суспституциска терапија за зависности од дроги. Поради тоа треба да се интензивира застапувањето за прашањата што се однесуваат на хепатит Ц и инјектирањето на дроги. (Извор: International Doctors for Healthier Drug Policies.)

Орегон го легализираше канабисот.

Од 1 јуни 2015 година во Орегон, САД, нема да се казнува поседувањето и одгледувањето на канабис наменет за лична употреба. На референдум одржан на почетокот на ноември 2014 година, мнозинството гласачи ја поддржале Мерката 91 со која се легализира употребата на канабис и се оданочуваат средствата од легалната продажба. (Извор: Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.)

38www.hops.org.mk

Page 39: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Отфрлено временското ограничување за метадонската терапија.

Обединето Кралство, 6 ноември 2014 година. Советодавниот одбор за злоупотреба на дроги (Advisory Council on the Misuse of Drugs) го отфрлил предлогот за временско ограничување на лекувањето на зависностите од дроги со метадон. Во објаснувањето се вели дека со временско ограничување на метадонската терапија се зголемува веројатноста за рецидив кај луѓето кај кои принудно е прекинато лекувањето. Конзервативците кои лобирале за ограничувања на лекувањето, под изговор за намалување на трошоците од државниот буџет, добиле одговор дека „човек зависен од дроги кој добива помош при справувањето со своите лични, социјални и економски проблеми има поголеми можности за позитивна разрешница“. (Извор: The Guardian.)

Одржана отворена дебата за дрогите.

На 30 септември 2014 година, во Автономниот културно-социјален центар во Скопје, беше одржана дебата на тема „Законска регулација на дрогите“. Говорници на дебатата беа: Мариглен Демири (Солидарност), Влатко Деков (Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје), Филип Достовски (Зелена алтернатива) иЈака Битенц (Словенечки социјален клуб за канабис), а модератор беше Ирена Цветковиќ (Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“). Во преполната просторија на АКСЦ, од повеќе различни перспективи, од страна на говорниците и на публиката беа изложени критички мислења за постоечките политики за дроги во Македонија и беше нагласена потребата за подобрување на информираноста за дрогите кај пошироката јавност за да се изгради критична маса која ќе поттикне и поддржи воведување хумани политики за дроги. Во рамките на дебатата јавно беше промовиран вториот број на списанието „Дроги – Политики и практики“. Организатори на дебата беа Здружението ХОПС – Опции за здрав живот и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Семинар „Употреба на канабисот во медицината“.

На 20 септември 2014 година, во Скопје, се одржа семинар „Употреба на канабисот во медицината“. Во своите излагања и последователната дискусија, предавачите Рик Симпсон (Rick Simpson), д-р Лумир Онджеј Хануш (Dr. Lumír Ondřej Hanuš), д-р Пол Хорнби (Dr. Paul Hornby) и д-р Роберт Џ. Меламед (Dr. Robert J. Melamede) зборуваа за лековитите својства и за употребната вредност на канабисот со што ги предизвикаа постоечките политики кои оваа билка ја третираат како нелегална дрога и ја оневозможуваат достапноста до луѓето со здравствени проблеми. Публиката изрази благодарност за гостувањето на предавачите, а во дискусијата беа споделувани лични искуства и се бараа повеќе информации за практична примена на канабисот при лекување на тешки хронични болести. Семинарот го организираше здружението „Зелена алтернатива“ од Скопје во соработка со „ОНЕЈ – Друштво за прекумурска иницијатива“.

Кратки вести

39drogi - politiki i praktiki

Page 40: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Нова стратегија за дроги на Република Македонија.

Во јуни 2014 година, Владата на Република Македонија ја усвои новата Национална стратегија за дрога на Република Македонија 2014 – 2020, како и Планот за активности за периодот 2014–2017. Иако во Стратегијата се наведени програмите за намалување на штети од употреба на дроги, како и програмите за ресоцијализација и за рехабилитација, во Планот на активности не се предвидени ниту активности ниту соодветни индикатори за овие две области од Стратегијата. Нам ни останува само да прашаме како можат да се постигнат целите на Стратегијата без активности од овие области.

СЗО за декриминализација на личната употреба на дроги.

Во јули 2014 година Светската здравствена организација објави извештај преку кој препорачува да се декриминализира поседувањето дроги за лична употреба. Ставот на СЗО е поткрепен со сознанијата и искуствата за ефикасна превенција и дијагноза на ХИВ/СИДА кај клучните заедници, како и лекување и нега на луѓето од овие заедници кои живеат со ХИВ/СИДА. Во овој извештај се посочува дека кривичниот прогон на луѓето кои употребуваат дроги ја поттикнува нивната недоверба и одбивност кон институциите, а со тоа се намалуваат можностите за поширок опфат и ефикасна превенција и третман на ХИВ/СИДА. (Извор: ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.)

Повик против казнувањето на поседувањето и употребата на дроги.

На 9 септември 2014 година, во Њујорк, Глобалната комисија за политики за дроги го промовираше новиот Извештај „Преземање контрола: Патишта кон функционални политики за дроги“. Членовите на Глобалната комисија за политики за дроги преку Извештајот повикуваат на прекратување на политиките за прекршочен и кривичен прогон на луѓето кои употребуваат дроги, односно кои поседуваат дроги за лична употреба и ги повторуваат барањата за декриминализација на дрогите, препораките за алтернативите на затворските казни, притоа нагласувајќи го значењето на јавното здравје. Глобалната комисија за политики за дроги се повикува на неуспешноста на постоечките политики за дроги и ја истакнува потребата од воведување политики за дроги засновани на докази наместо на идеологии. Од членовите на Глобалната комисија за дроги на македонската јавност попознати ѝ се: Кофи Анан, поранешен генерален секретар на Обединетите нации, Хавиер Солана, поранешен висок претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Јоргос Папандреу, поранешен претседател на Владата на Грција и Александар Квашњевски, поранешен претседател на Полска. (Извор: The Global Commission on Drug Policy.)

40www.hops.org.mk

Кратки вести

Page 41: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

„Во многу општества, на многу различни цивилизациски нивоа, се правеле обиди опиеноста од дроги да се поистовети со божествена опиеност“. Ова е една од многуте изјави на Олдос Хаксли, омилени за цитирање, со која тој ги опишува сопствените научни сознанија до кои дошол експериментирајќи со халуциногени супстанции. А „Мокша: Записи за психоделични и визионерски искуства“ е токму тоа, збирка од неговите раскази, есеи и писма во кои тој прави осврт на интеракцијата меѓу дрогите и демократијата. Симболиката е содржана во самиот наслов. Мокша е санскритски збор со кој се означува ослободување од самсара, кармички циклус што го спречува напредокот на битието. Во ова дело тој ги изложува своите гледишта за моќта на супстанциите во ослободувањето на свеста на човекот од индустриското општество и неговата потреба за трансцеденција кон универзалното.

„Свет без дроги никогаш не постоел. Никогаш. Сѐ додека водечката светска суперсила не решила да ги искорени дрогите. Во јуни 1971 година, претседателот на САД Никсон објавил масовна војна против дрогите.“ Документарниот филм „Прохибиција на дроги: на крајот на патот“ ја покажува бесмисленоста на војната против дрогите што ја објавил Никсон и што САД сè уште ја водат, вршејќи притисок и врз останатите независни држави. Филмот е во продукција на Радио-телевизија Швајцарија и може да се изгледа на нивната интернет-страница: http://www.rts.ch

Книга:

Олдос ХакслиМокша: Записи за психоделични и визионерски искуства

Aldous HuxleyMoksha: Writings on Psychedelics and the

Visionary Experience

Филм:

Прохибиција на дроги: на крајот на патот

Drug prohibition: the end of the road

Препорачуваме

drogi - politiki i praktiki 41

Page 42: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

42

Публикации на ХОПС за дроги:

Page 43: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

Пријатели:

Студентска организација

43

drogi - politiki i praktiki

БилтенХОПС - Опции за здрав живот Скопје

Конференција – Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дрога во РМ – добри практики и предизвици (14 – 16 март 2014 година, Охрид)

15години ХОПС

Вовед

Третманот на хепатит Ц инфекцијата е јавно здравствен проблем. Третманот на хепатит Ц инфекцијата е и човеково право.

Република Македонија повеќе години има искуство во третманот на оваа инфекција со моно, а сега и со двојна терапија. Иако таа е возможна, сепак, сè уште е ограничен пристапот за сите оние на кои им е потребна.

До 2012 година, само Фондот за здравствено осигурување преку Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Клиниката за гастроентерохепатологија и некои инфективни одделенија при општите болници обезбедува средства за третманот за хепатит Ц.

Од 2012 година, па до крајот на 2016 година, трошоците за лекување на оваа инфекција кај 47 корисници на дроги ги поддржува и Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

Дали е ова доволно?

ХОПС организираше конференција со присуство на засегнати страни на тема „Достапност на третманот за хепатит Ц за корисници на дрога во РМ – добри практики и предизвици “ со цел подигнување на свесноста за потребата од широко достапен третман на оние на кои им е потребен и придобивките од инвестирањето во овој третман.

www.hops.org.mk

Идеја и концепт

Методологијата за мониторинг и за застапување од/во заедницата, во највоопштено значење, подразбира активна вклученост на одделна заедница во надзор на работата на јавните служби или на одделни јавни услуги од кои е засегната таа заедница. Истовремено се очекува податоците добиени преку мониторингот да поттикнат процес на социјални промени кај мониторираните служби и/или услуги што се од интерес на засегнатата заедница. Притоа мониторингот од/во заедницата е многу повеќе од само прибирање истражувачки податоци. Неговата примарна намена е да послужи при застапувањето за социјални промени, како клучна стратегија за зајакнување на демократијата, аргументирајќи ги барањата на граѓаните при истапување за своите права пред државната бирократија.

Целта на мониторингот и застапувањето беше подобрување на квалитетот на лекувањето во програмите за зависности од дроги во Скопје што се финансирани од државниот Буџет. Активностите за мониторинг и застапување од/во заедницата започаа во декември 2011 година и завршија во јуни 2014 година.

Општествено-политички контекст

Јавната идеолошко-морална перцепција за дрогите и за практиките за употреба на дроги е во заемна зависност со политичкиот и со институционалниот контекст и крајно ограничувачки влијае на политичката самосвесност на луѓето кои се лекуваат од зависности од дроги, како и на луѓето кои користат/-ле дроги во целина. Изложеноста на постојана стигматизација, на дискриминација и на полициски прогон поради навиките за употреба на дроги предизвикува чувство на срам кај луѓето кои користат/-ле дроги и ги принудува да го прифаќаат маргиналниот статус наметнат од општеството и од законите.

Општествено-политичкиот контекст во кој се спроведуваа мониторингот и застапувањето од/во заедницата неповолно влијаеше на успеешноста на активностите. Последиците од транзицијата направија од Македонија етнички и партиски поларизирана држава. Оваа поларизација се пресликува во речиси сите општествени односи, вклучувајќи ги јавните институции, кои се подложни на корупција, непотизам и кронизам. Судството е под контрола на Владата на РМ, а слободата на медиумите е крајно ограничена. Слична поларизација се препознава и во граѓанскиот сектор. Политичките партии во нивната борба за власт го уништија речиси секој модел на граѓански активизам. Масовните електронски медиуми преплавени со комерцијални содржини го релативизираат значењето на политичкиот активизам и ја преплавуваат јавната сфера со „заразен“ конформизам.

Во недостаток на поддржувачка околина, луѓето кои се лекуваат од зависности избегнуваат јавно да настапуваат и поради тоа трпат дискриминација.

Извршно резиме

ХОПС - Опции за здрав живот Скопје

Мониторинг и застапување од/во заедницата

15години ХОПС

drogi - politiki i praktikiГодина II, Број 2, јуни 2014 година, ISSN 1857- 8926, Бесплатно издание

Тема на бројот:

Дроги и законодавство

Интервју: Јака Битенц, Словенечки социјален клуб за канабис (ССКК)

„Јавното мислење многу се смени од 2010 година наваму. Медиумите почнаа да пишуваат за поволностите на канабисот. Се случи за првпат во Словенија една граѓанска кампања да собере 28.000 потписи за три нацрт-закони, а тоа го постигнавме заедно!“

www.hops.org.mk

Вања Димитриевски Ирена Цветковиќ Влатко Деков

ХОПС – Опции за здрав живот СкопјеКоалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

Скопје, 2014

ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ПЛАКАРОТ?Оцена и процена на застапувањето за подобрување на квалитетот на програмите за лекување зависности од дроги во Скопје

Најнови публикации за дроги:

www.hops.org.mk

Page 44: Дроги - Политики и практики, бр. 3, април 2015 година

СЗПМЗ Коалиција „Сексуални

и Здравствени права на маргинализирани заедници“

ХОПСОпции за здрав живот

Скопје

www.hops.org.mk

Поддржано од:

и Фондации Отворено општество (Open Society Foundations)

http://supportdontpunish.org