36
ЦРНОБЕЛО издание бр.3 / октомври 2014

Издание бр.3

  • Upload
    -

  • View
    247

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Октомври 2014

Citation preview

Page 1: Издание бр.3

ЦРНОБЕЛО

издание бр.3 / октомври 2014

Page 2: Издание бр.3

Весникот успешно ја остварува својата цел

Целта на овој проект е да ги собереме активните на

едно место, да ги разбудиме заспаните и да повикаме

нови членови.

Првото издание на ЦБ весникот го поттикна остварувањето

на оваа цел, а второто издание речиси и ја исполни целта.

Во рок од еден месец на форумов дојдоа нови 36 членови,

10 членови повторно станаа активни и се отворија 24 нови

теми. Дел од ново создадените теми се исполнија со

десеттина страни, а старите теми се дополнија со неколку

страни плус.

Оваа активност на форумот ја немаше се додека не се

појави весникот, но исто така, како весникот ги зголемува

своите броеви на изданија, така оваа активност се

зголемува.

Blueberry - Топ! Ме инспирирате да пробам да поминувам повеќе

време на форумов.

Mjölnir

- Oткако ќе го прочитам весникот нешто "внатре" ме тера

што повеќе да одвојувам време за форумот. Има некој

шарм... <333

*Hera*

- Се вратив на форумот поради што ми кажаа за весникот,

па чиста радозналост да прочитам, а се задржав кога ги

видов игрите, реков ајде и да чкртнам по некој пост.

Page 3: Издание бр.3

Интервју со Црнобелите

Пиејќи го црнобелото кафе на две локации во земјава,

направивме интересен муабет со две Црнобелџики.

Хоуп*

1. Ај за почеток едно универзално

прашање за да го скршиме мразот. Како

Хоуп дојде на форумов? Која беше

причината што се регистрираше?

- Прво Ви благодарам на укажаната чест да

бидам дел од еден толку префинет проект

на кој нестрпливо му го чекам секој следен

број и уживам во секоја прочитана буква

За почетокот на приказната...

Хоуп во тоа време бараше квалитетно катче за да го помине

слободното време (не дека имав па и друга работа, можеш да

видиш пример во изборот за членови што ја обележаа 2013та

каде бев во тесна трка со членот кој беше избран за најактивен,

ама ај хахах) па после кратки престои на други портали и

форуми, тука се пронајде себеси и еве после скоро две години,

тука сум и не планирам некогаш да ве оставам

2. И мене ми е мило што го читаш весникот и што се согласи

на ова интервју.Рече си била една од најактивните, значи си

ги познавала скоро сите тогашни активни членови. Има ли

некој член што ти фали и што би сакала да се врати назад?

Page 4: Издание бр.3

- Не сум тука баш од почетоците на форумот, па од тоа време па

се до моето доаѓање имало многу квалитетни членови кои за

жал не успеав да ги запознаам.

Од моето регистрирање до сега, горе-долу останаа активни

членовите со кои се дружам или кои сакам да ги читам, ама ете

да ги издвојам Knife и foREVer со кои си имав убав муабет за

филмскиот свет, а за жал се се помалку активни, и некој кој

никогаш нема да го преболам-стариот добар parvati.

3.Следново прашање е за твојата омилена тема хаха.

Гледаш многу филмови и серии, тоа може да се види и по

твоите мислења но прашањето е, што би гледала повеќе?

Филм или серија?

- Тешко прашање

Можеби повеќе сакам филмови од причина што не сум

трпелива на серииве да им ги чекам новите епизоди на една

недела, па месец и повеќе дури се собере цела сезона, ама ако

ми се погоди некоја серија како The Killing или Oz или моите

Family Guy тогаш без размислување бирам-серија ( 90% крими

серии) или ситком пошто ете и ситкоми сакам да гледам.

4. Добро, ќе се навратиме пак на серииве и филмовите хаха,

сега кажи ми ова. Каква личност е Хоуп? Опиши се во

кратки црти

- Слободна, забавна и атрактивна, но сама и осамена (за повеќе,

контакт во инбокс)

Нешто што ќе ме опише во најкратки црти... Хм...

Прво и најважно-верен и посветен пријател, човек што лесно

засакува и се посветува, малце брза на јазик, но со

оооооогромно срце т.е добра на душа

Page 5: Издание бр.3

Ко што спомнав погоре, најголем дел од времето ми е

исполнето со гледање филмови и серии, премногу ме

интересира криминологија, криминалистика, парапсихологија,

мистерии, црна хроника (хахаа)

Гледам фудбал-најчесто италијански, огромен фан сум на

Милан и желба ми е некогаш и некако да се појавам во Сан

Сиро, па да ја прошетам Италија- иначе земја што многу ја

сакам... Па среќно да се омажам и да имам 3 деца

Тоа е најкратко што можев и ми текна, а е битно за мене.

5. Ти посакувам да ти се исполнат желбите . Сега пак во

врска со форумов нешто. Кој член сакаш најмногу да го

читаш?

- Outrider.

Има некој необичен, уникатен стил на пишување и без разлика

дали пишувал во религија или во играчница-секогаш има нешто

што ќе ме насмее и расположи, нешто оригинално, па макар и

била дебата или провокација-нема навреди и излитени

саркастични и иронични финти и никакви потценувања и

преценувања.. Едноставно човекот си има стил. И мене ми е лик

каков што треба да биде секој форумџија.

На страна тоа што го замислувам како некој згоден, висок и

црномањест лепотан , не сум пристрасна хахаха.

6. Еее баш се намести за следното прашање. Како треба да

изгледа некој за да ти го привлече вниманието?

- Кога веќе ме прашуваш како сакам да изгледа, еве нека биде

ист ко Alex O'Loughlin, ништо не би додала плус.

Ако продолжиш да ме прашуваш за други работи освен за

изгледот, би рекла дека ако најдеме горе долу заеднички јазик,

заеднички теми за разговор и истражувања, тогаш изгледот ми е

Page 6: Издание бр.3

најмалце битен. Битно ми е и да е разумен, зрел, со смисла за

хумор, со изградени ставови и поставени цели, самостоен и

самоуверен. Може и да има дупчиња на образите кога се смее и

доволно е

7. Ееј ме опиша хаха. Вака сега, на прашањево ако сакаш

не мора да одговараш. Форумска љубов имаш ли хаха? И

ако да ќе може ли да го кажеш?

- Форумска љубов немам ако мислиш да имам партнер за да си

праќаме љубовни гифчиња, ама гаам симпатии кон некого. Во

тек сум со додворувања, ковам планови и правам завери, па ако

бидне нешто ветувам дека прво ќе биде известен вашиот весник

8. Да смениме тема ајде. Кажи ми за најдобрите и најлошите

моменти што си ги имала на форумов?

- Се разбира најбитно, моментите што ги поминав запознавајќи

и дружејќи се со одлични луѓе и пријатели од тука. Без разлика

дали со некои од нив веќе сме се заборавиле, моментите се оние

кои вечно ќе ги паметам.

И како најдобар момент тука морам да го издвојам моментот

кога добив признание и едно десетина медали за мојата

посветеност и придонес во форумот ТВ

Лошите моменти биле моментални и минливи нервози кои не се

ни толку значајни да ги ставам во категорија на лоши моменти..

Кога ќе размислам подобро, лоши ми беа моментите дома, без

нет

9. Реков ќе се навратиме на филмовите. Колкава колекција

на филмови имаш? И кој жанр најмногу го има?

Page 7: Издание бр.3

- Филмови сакам откако паметам за себе, па од мала собирав и

ко очи чував филмови. Тогаш, мислам дека преовладуваше

хорор..

Како поминуваше време, па дојде и нетот, па торентите,

филмовите почнав да ги давам по познаници или едноставно да

ги губам натака навака.

Сегашнава колекција за жал ми се состои само од филмови во

компјутер, т.е ги чувам филмовите што ми оставиле впечаток и

сигурно се 90% крими/мистерии.

Одамна планирам да си направам колекција од истите, ама

здравје.

10. И така дојдовме до крајот . Како за крај, порака до

останатите членови?

- Не ставајте слики во темата за рецензии пошто кочиТ

страната. И пишувајте поголеми рецензии : Се зезам...

Бидете секогаш позитивни и со крената глава, гледајте кон

посветлата страна и секогаш извлекувајте го најдоброто од

животот. Борете се за она што го сакате, но никогаш не

засакувајте нешто повеќе од себе. Останете ми добри и останете

тука. Гледајте повеќе филмови и пишувајте повеќе рецензии

ЦБ тимот: Епа тоа би било се. Фала што прифати да дадеш

интервју и се надевам ќе продолжиш да го читаш нашиот

весник.

Page 8: Издание бр.3

*Hera*

1. Како дозна за форумов и во кој дел од него поминуваш

најмногу време? - За форумот... Пред околу една година,

можеби и повеќе. Ја имам лајкнато страната

ЦрноБело на фејсбук... во едно од моите

секојдневни прелистувања случајно видов

дека има и форум, се зачленив, ги листав

темите, ќе ги прочитав постовите и не ми

остануваше што да кажам, сѐ што сум сакала

да споделам веќе некој споделил, па си реков

време е да ги палам патиките и да бегам.

Пред неполн месец се вратив повторно бидејќи дознав за

весникот од другарка и повторно случајно ги видов игрите...

малку е срамота да признаам дека на форум наместо да

пишувам јас играм игри, но...тоа е мојата вистина .

2. Што е тоа што ти се допаѓа најмногу на форумов, а што

најмалку?

- Ми се допаѓа што има членови од различни возрасти. Нѐ има

нас малите, ги има и тие повозрасните но и оние највозрасните

со веќе оформено семејство кои да ти е мило да ги читаш.

Што не ми се допаѓа? Многу работи. Тоа што има премногу

препукувања и членови што стојат во заседа па треба да

внимаваш што и како ќе напишеш само за да не ја „оплескаш“ и

да треба десет дена да се расправаш што и како си кажал. Исто

така не ми се допаѓа претераната строгост од страна на

администрацијата којашто пак строгост воопшто не се

применува врз нив. Тоа би дошло како робовладетелско

општество

3. Ако би имала шанса да бидеш модератор, за кој форум би

си се одлучила?

Page 9: Издание бр.3

- Интересно прашање - но ако речам дека долго размислувам за

изборот ќе излажам Би се одлучила за „Литература и

книжевност“. А што би направила? Прво би ги прочешлала сите

теми за да се тргнат непотребните мислења, потоа би ги

означила како важни некои од темите што умреле, а сметам

дека треба да „живнат“ и лично јас би ги „живнала“ со по некое

мое мислење на темата. А да, и би поделила по 10 казнени

поени на тие чии мислења ги имам сретнато на уште 10 форуми

под различни никови(значи се крадени). - само што сфатив дека

јас би била еднакво строга како оние што претходно ги „кудев“,

ама шшшш - не признавам .

4. Со кој член си го имаш муабетот, а со кој кавгата? - Ах, поради мојата слаба активност морам да признам дека со

никого не сум стапила во подолга конверзација, така да ги

немам ни лошите, но ни добрите виртуелни пријатели тука.

5. Се надеваме дека имаш прочитано некое издание од ЦБ

весникот. Што ти се допадна? Што би додала во следните

броеви? - Го прочитав последното издание. Прекрасно. Многу ми се

допаѓа што активно работите на него и вложувате многу труд

што се забележува наголемо.

Единствена сугестија ми е бојата и шарата на страните.

А што јас би додала? Можеби нешто како „времеплов“ - во

смисла што се случило во историјата во секој ден од

претходниот месец. Не знам зошто, ама кога тоа го гледам во

некој весник или некое списание прво тука ми се залепува

окото.\

6.. Кое е твоето мислење за предлог настанот Црнобела ноќ? - М, па бидејќи ми беше во план да ви се придружам на

собиранка ова ми гледа како убава идеја, само што мислам дека

реализацијата би била многу тешко изводлива бидејќи

забележав незаинтересираност од страна на форумџиите, а да и

голема доза на иронија што ама ич не ми се допадна.

Page 10: Издание бр.3

7. Како стои *Hera* на љубовно поле? - Хера на љубовно поле? Ја мачи Зевс многу бе... по швалерај е

кинисат

- да ја оставам шалата на страна, тоа е нешто за кое што не би

сакала да коментирам.

8. Што е она што те исполнува?

- Што ме исполнува? Моето утринско кафе во комбинација со

цигарче додека си ги слушам омилените песнички; дооолгите

разговори со моите пријатели; спиењето со мојот мачор што го

сакам како мое братче; дожд + добар филм + и тоалетната до

мене, да си се исплачам со мерак и да, секако тука се и

книгите.

9. Каква музика слушаш? Која песна би ја посветила на

некој член? - Каква музика слушам? Хера нема некој цврст став кон

музиката, во смисла: ова слушам, а ова не. Најчесто се тоа

балади, некои латино звуци...

Што се однесува до посвета... Бидејќи како што претходно

кажав немам контакт со форумџиите...не би можела да посветам

на некој од тука, но ќе посветам песна на таксистот што ме

возеше сабајле и што неговиот поглед ми пробуди баш луди

фантазии ))

Etta James – I Just Want To Make Love To You

10. И како за на крај би сакале да добиеме и еден одговор од

тебе на најтешкото и најпопуларното прашање за овој

месец.

Хамбургер од Седмица или 10ка од Дестан? - Ах, сепак би останала со својот првичен одговор на темата на

форумот: Хамбургер ама од Маестро - Кичево Економично,

калорично и прекрасно Па, дојдете ми на гости за стане и ваш

прв избор(ќе им побарам хонорар за оваа реклама што им ја

правам по втор пат )

Page 11: Издание бр.3

Црнобела кујна

Заскукајте ги ракавите за традиционалното македонско јадење

за месец октомври

- подготвено од Gemini и JaMi.

Ајварот е Макдонско традиционално јадење кое се приготвува

од црвени и печени пиперки.За време на есенскиот период

започнува сезоната на приготвување на ајварот.Оригиналниот ајвар

е од исклучително црвени пиперки иако некои во смесата додаваат и

сини домати.

Начинот на

подготовка е

едностваен и

лесен.Нема некоја

филозофија околу

подготовката.

Потребно е 40

килограми благи

црвени пиперки (

може повеќе или помалку кг.) кои се печат на отворено на шпорет на

дрва.Откако ќе се испечат пиперките,се ставаат во поголеми најлони

да набобрат за да се лупат полесно.Потоа се лупат се одстранува

дршката и се чистат од семки,се стваат во мрежести вреќи да се

исцеди сокот и така преноќуваат се до следниот ден.

Во текот на ноќта се цедат пиперките за да се добие што посув

ајвар,но доколку немате време да ги оставите за утре,тогаш пожелно

е неколку саата да отстојат.Останатат вода ќе испари во текот на

пржењето. (ќе биде за нијанса потечен за разлика од оној што е

правен утредента).

Пржењето за почнува така што на добро распалено ќумбе се става

тенџерото.Во него масло,киселнина,сол и шеќер да повријат додека

шеќерот не порумени.

Page 12: Издание бр.3

Ги додаваме мелените пиперки и мешаме за да се соеднини смесата.

Пржењето трае околу 2часа,во зависност од количината на

пипрерките.

Штом при мешањето приметите дека зад лажицата останува трага,и

можете да го видите дното на тенџерето значи дека ајварот е готов.

Готовиот ајвар се собира во тегли затоплени на 50 степени и добро

се затвара.

За околу 25/30 кг пиперки потребно е :

-2л масло

-100 гр шеќер

-околу 50мл. винска киселина

-сол по вкус.

Рецепт за месец октомври - Saladin

Кинеско вариво со сос од печурки

(подготовка околу 45 минути)

Потребни состојки

За кинеското вариво

маслиново масло колку да фати малку мирис и да не се залепи на тавата

сол

по пола шоља или 100ml сецкан: морков

кромид

бамбус

црвена блага месеста пиперка

брокула

ИЛИ ако ве мрзи тро, барате смрзнат кинески микс.

Само свежо си е свежо.

За сосот од печурки Путер пола прст напречно

Печурки (шампињони најчесто) сецкани цела шоља (200ml)

Лук сецкан 3-4 чешниња (ако е ситен и 6)

Малку босилек и црн мелен бибер.

Течна павлака 60 ml.

Page 13: Издание бр.3

Процес на подготовказа кинеското вариво

Во полудлабока тава го

ставате маслото малку да

се подгрее и редоследот

на зеленчук е овој 1.

кромид додека не

зацакли, 2. бамбус,

пиперка и морков заедно.

Поклопувате со капак

малку да омекне смесата

во сопствената вода).

Кога ќе подомекне, го

тргате капакот.

Посолувате. Долевате

вода по малце во случај истата да испари. Кога бамбусовите деланки ќе

станат доволно меки го завршувате процесот.За сосот од печурки

Го ставате путерот да се стопи

Прво го ставате сецканиот лук колку да фати боја, после веднаш ги

ставате и печурките. Поклопувате неколку минути со капак колку

печурките да испуштат вода. По 5-6 минути ја ставате течната павлака

заедно во лончето со печурките и лукот. Готвите на тивок огин и

мешате. Пред самиот крај го додавате биберот и босилекот и

промешувате уште 5-6 минути. Пожелно е ако смесата згусне многу да

додадете по малку вода.

Page 14: Издание бр.3

Филмски рецензии

Во овој број ќе ви препорачаме неколку филмови кои

веруваме ќе ви се допаднат. Љубителите на комедии,

мистерии и романтични филмови изгледа најмногу ќе се

радуваат затоа што баш такви филмови ќе ви

препорачаме во овој број.

Kомедија за која Knife ни пиша добра рецензија.

The Grand Budapest Hotel

Според мене ремек дело во секој аспект:

1. од актерската екипа (Ралф Фајнс, Ејдријан Броди, Вилем Дефо, Џад

Ло, Харви Кејтел, епизодни улоги на Бил Мареј и Овен Вилсон и др.)

2. интересна приказна (од почеток до крај ме држеше неизвесност),

3. интересни саундтраци,

4. убава костимографија,

5. интересни дијалози

6. визуелна раскошност (важна за гледливоста на филмот).

Не сакам да пишувам кратка содржина, за да не му го уништам филмот

на некого. Препорака од мене.

Продолжуваме со 3 филмови кои ќе му се допаднат на секого.

Прочитајте ја рецензијата подоле и ќе ви стане јасно за кои филмови се

работи.

existence

Пред некој ден ги изгледав Millennium series ама оние шведските. Три

дела по речиси 3 часа и се` на се` одлична приказна (поделени се сите

на уште по 2 дела ама ко целини се 3).

Page 15: Издание бр.3

The girl with the dragon tattoo e првиот дел воедно и вовед во

целата приказна. Контраверзен новинар кој бил наместен со лажни

аргументи за да биде пикнат во затвор и мистериозна девојка за која

низ филмот се откриваат фрагменти од нејзиниот живот се наоѓаат

некако заедно да откријат случај стар 40 години во позната фамилија.

Сомнежи на сите страни, неповрзани траги, сите ликови имаат по некој

мотив. Решението на случајот е сосема неочекувано, нешто што не би

го ни претпоставил.

The girl who played with fire е вториот дел. Овојпат се` започнува

со приказна за трговија со луѓе и како власта маргинализирала

одредена група но новинарите кои ја донесоа таа приказна се убиени од

пиштол на кој има отстисоци од мистериозната девојка. Низа убиства и

настани во кои главен осомничен за полицијата е таа, па приморана е да

се крие колку што може повеќе и да делува неприметно. Крајот е само

вовед во третиот дел.

The girl who kicked the hornets nest, е овде е веќе сериозна

приказната. Мистериозни убиства и мистериозни мотиви. Полицијата

води своја истрага, новинарот заедно со девојката водат нивна истрага.

Овде е повеќе правничко натегање и судски процес без нешто многу

дејствија, но ако ги испуштитш и тие малку што ги има после ќе се

чудиш што зборат ликовите. Овде веќе се игра со целосно отворени

карти. Две приказни за минатото на девојката, која е точната одредува

судот. Едната приказна ја праќа во лудница, другата на слобода.

Можеби единствена маана на серијалов е што е пренатрупан со детали

и ситници кои што се подеднакво важни. Секој израз на лицето на

ликовите и секоја реченица водат некаде па ако изгубиш внимание се

губиш во приказната. Можеби и малку е претерано со разговорите, ама

сепак тоа не ја менува целосната слика за приказната. Од мене солидна

9-ка како overall, поединечно првиот 9, вториот 9,5 и третиот 8,5 само

поради тоа што не сакам многу да гледам судски натегања на филм.

За крај за оние што сакаат романтични филмови

The Fault in our Stars. Рецензија на Алексис.

Page 16: Издание бр.3

Очекував повеќе од филмот но не беше лош. Обично не гледам вакви

филмови, но после многуте препораки се решив да го пуштам.

Приказната започнува кога шестнаесет годишната Хејзел девојка болна

од рак, присуствува во група за подршка на ракот. Таму го запознава

харизматичниот Августус кој што е духовит, симпатичен,позитивен и

победник во битката меѓу него и неговата болест. Хејзел се

спријателува со Гас, а подоцна и се вљубува во него.

Повеќето кои го имаат гледано знам дека нема да се сложат со мене, но

филмов ми беше просечен. Не почувствував момент кога треба да

заплачам (нели сите плачат на филмов), немаше кулминација која ќе те

возбуди, туку само една обична тажна приказна. Не дека сум

бесчувствителна, напротив сум многу емоционална но сепак сметам

дека не беше ништо посебно. Незнам дали е до мене ама ќе ве оставам

да го погледнете па да одлучите сами за која оценка вреди.

Ми се допадна музиката. Од Birdy до Tom Odell и Ed Sheeran. Глумата

и актерите исто беа одлични.

Page 17: Издание бр.3

Мистерии

Кожниот човек

Во разговор, луѓето често

кажуваат дека животот им

се врти во круг, понекогаш

круг од кој тешко гледаат

излез. Но за еден човек кругот на

проклетството станал буквален,

начин за искупување на некој

одамна заборавен грев кој останал

во неговата душа, вечно да го

потсетува на пропаста на можноста

за среќен живот.

На североистокот на САД крај месноста Соу Мил Вудс околу 1858

година луѓето почнале да забележуваат човек облечен во груба кожна

облека која сам ја `скроил` како во редовни интервали се појавува на

одредени места.

Од почеток не обрнале многу внимание на чудниот горостас но по

некое време увиделе дека интервалот по кој тој се појавува во нивното

место е ист, т.е. 36 дена. Она што го дознале подоцна е дека Кожниот

Човек (како што го нарекле) се движел во круг од 587 км околу реките

Конектикат и Хадсон и секогаш минувал покрај нивната (и не само

нивната) населба.

СО текот на времето, молчеливиот чудак им станал симпатичен па му

давале храна и се обидувале да дознаат кој е и зошто патува на исти

места без престан, со години. Човекот освен мумлање и чудни звуци,

понекогаш кажувал нешто на француски но не можеле да го разберат.А

било очигледно дека тој не разбира англиски. Никогаш не повредил

никого, напротив бил љубезен кон луѓето и покрај својата мрачна

појава.

Page 18: Издание бр.3

Низ децениите Кожниот човек станал дел од локалниот живот,

татковците им кажувале на децата дека за толку и толку дена големиот

Кожен Човек ќе мине низ нивната населба. И секогаш човекот

навистина минувал.

Спиел во пештери и склоништа кои стратешки биле распоредени по

неговата вечна маршрута, се хранел со она што ќе најдел, уловел или ќе

прифател од добрнонамерните луѓе.

Неговиот идентитет никој не го дознал иако се плетеле многу приказни

и шпекулации. Се` до 1889 кога за последен 360. пат ја минал вечната

патека зацртана во неговата глава и бил најден умрен од студ поради

невообичаено острата зима таа година кога истрошената кожна облека

не успеала да го спаси. Во пештерата била најдена библија на

француски и некои писма и предмети, но идентитетот останал тајна.

Подоцна откако влегол во локалниот фолклор новинари и истражувачи

се обиделе да ја откријат тајната.

Најпозната шпекулација била дека наводно бил роден во Лион,

Франција под име Жил Бургле, каде работел како дрводелец. Голготата

започнала откако се вљубил во некоја Маргарет Ларон и сакал да се

ожени со неа. Бидејќи била од богато семејство, нејзиниот татко во

склад со вредностите на своето време - одбил да дозволи брак но сепак

решил да му даде шанса на Жил со тоа што би го вработил во својата

кожарска фабрика. Ако Жил успеел да направи кариера за неколку

години - ќе ја добиел и раката на Маргарет.

Почетокот ветувал, Жил добро напредувал и стекнал доверба, само

сакал да направи еден конечен потег со кој ќе го скрати времето за

чекање на свадбата а тоа е вложување во купување големо количество

кожа, очекувајќи цените да се наголемат драстично во наредниот

период. Наместо тоа, на сцената се појавила нова техника на штавење

која фабриката во која работел не ја поседувала и вредноста на

набавката наместо да се наголеми, паднала за половина.

Целата заштеда, довербата, големи пари од власникот и неговата љубов

- исчезнале како никогаш да ги немало.

Неможејќи да се соочи со новата реалност и пропаста на сите соништа -

Жил по некое време исчезнал од Лион, а наскоро и од Франција.

Page 19: Издание бр.3

Приказната не кажува како стигнал до САД, но тоа и не е важно.

Друга верзија го прави канадски француз кој избегал поради слични

причини преку границата во САД.

Жил станал Кожниот Човек, вртејќи го вечниот круг во својата совест и

во шумите на државата Њу Јорк. Доброволно осамен до крајот на

животот, изолиран од ситните и крупните животни задоволства и без

надеж дека човечко срце ќе се осмели да го засака - заминал во

вечноста и во меморијата на генерации локално население кое до денес

ја прераскажувало наводната животна сторија на сосема реалниот

Кожен Човек.

Фотографија на месецот

Мачка во ноќта – Saladin_________

Page 20: Издание бр.3

Спорт

Фудбал_________________________________

Новата фудбалска сезона е веќе долго почната во сите лиги. Ако

претходната беше една од најинтересните, оваа ќе е дупло повеќе

интересна.

Не очекуваат многу интересни натпревари, голови, неизвесност, драма

и што ли уште не. Трката за првото место е почната но таму може да е

само еден тим.

Англиската Премиер Лига оваа сезона има да ни понуди можеби

најинтересен фудбал од сите. Лани битка за титулата водеа дури 4

тима, оваа година се очекува да се вклучат уште најмалце 2. Некои се

засилија, некои изгубија супер играчи, но сите имаат шанса за повисок

пласман.

Јунајтед и Арсенал оваа година треба да се новите 2 тима кои

ќе се вклучат во борбата за шампионската титула.

Јунајтед не почна добро, имаше неочекувани порази но успеа да се

врати во горниот дел на табелата.

Арсенал е исто така горе, за да остане таму треба да ја задржи оваа

форма.

Ливерпул лани беше на половина чекор до титулата, но не успеа да ја

земе. Оваа година се без најдобриот играч, донесоа неколку

засилувања ама дали ќе бидат доволни за повторување на ланскиот

успех ќе видиме.

Челзи како и секогаш си е фаворит, сезонава сеуште немаат пораз и се

наоѓаат на првото место. Лани и Челзи беше во борба за титулата но

на крај заврши само 3 место.

Манчестер Сити фаворитот од сенка, цела сезона се околу 3-4 место и

на крај ќе ја земат титулата. Ништо чудно и оваа сезона да е таква, ќе

видиме дали ќе имаат сили.

Во другите лиги можеби нема да има толку тимови кои ќе се борат за

титулата но ќе биде интересно и таму.

Page 21: Издание бр.3

Во Шпанија главни фаворити се Реал и Барселона, Атлетико Мадрид

ќе проба да им ги расипе плановите. Лани тоа им успеа но оваа година

Реал и Барса се засилија многу а Атлетико го продаде својот најдобар

играч. Како ќе се одвиваат работите останува да видиме.

Германската Бундеслига изгледа ќе биде најдосадна за гледање. Баерн

требаше да има конкуренција но Дортмунд после лошите резултати

изгледа како да се откажува од титулата.

Во Италија како и секогаш, Милан, Јувентус, Интер и Рома се

фаворити. Јувентус како актуелен шампион има најмногу шанси за

одбрана на титулата дали ќе успее останува да видиме.

Тоа беше за фудбал а сега одиме со еден спорт кој не е толку

популарен како фудбалот но е актуелен заради Лигата на Шампиони,

тоа е ракометот.

Оваа сезона во ракометната Лига на Шампиони едно е сигурно деќа ќе

има, неизвесност и изненадувања.

Наши преставници во ова натпреварување се Вардар и Металург.

Лани и двата наши тима беа дел од осминафиналето, Вардар имаше

историска шанса да влезе во полуфиналето и секунди го делеа, но не

успеа. Затоа оваа година се оди на полуфинале.

После неколку силни засилувања Вардар оваа сезона има шанса да ги

изненади фаворитите како што беше лани. Супер почеток имаа

Вардарци оваа сезона, 2 победи од 2 одиграни натпревари. Новата

сала што ја доби Вардар треба да е дополнителна мотивација да

стигнат до таму каде што лани не успеаа.

Нашиот друг преставник Металург, има мали проблеми и лош старт на

сезоната. 2 порази од кој еден е на домашен терен. Мора брзо да се

реагира за да може да се повтори ланскиот успех.

Играчите сеуште се тука но се малце незадоволни, затоа и таквиот

старт на сезоната на Металург. Ако се решат проблемите во најбрз рок

тогаш можеме да очекуваме поголем успех, но доколку остане вака

тогаш лошо му се пишува на тимот од Автокоманда.

Page 22: Издание бр.3

Главни фаворити за титулата се Барселона, Кил и ПСЖ. Лани од овие

само Кил и Барселона играа полуфинале, ПСЖ како најскап тим оваа

година ќе се обиде да не го повтори ланскиот неуспех.

Нормално освен овие три тимови ќе има и некои кои не се за

потценување, разврската ќе биде во Келн како и секоја година, па

тогаш ќе дознаеме кој ќе биде новиот ракометен шампион.

Драги читатели тоа би било се од спортската рубрика, се надеваме

дека ќе ви се допадне.

______________________________________________________________________

Црнобела мода

Инспирирани од уличната мода, за овој месец ги одбравме

тренди скинатите фармерки во комбинација со високи

потпетици.

Page 23: Издание бр.3

Музика

Октомври е месецот кога изгубивме една од

најголемите музички ѕвезди, го изгубивме Тоше

Проески. Затоа прочитајте нешто кое ќе ви ги

разбуди сите чувства во вас. Извор: pisatelkataodlozana, Марија Лозаноска.

Ќе болиш секој 16-ти

Утро, 2007. Ден вторник. Јас

студент, прв час предавање,

сите поспани. Се сеќавам бев

среќна. Бев во еуфорија од

животот. Мојот најблизок

доживуваше успеси, конечно

пропеа пред светот. Пред два

дена пееше песна од ангелот,

од најсаканиот. Помислив,

можеби Тоше го гледал,

можеби рекол браво. Знам

дека ќе го поддржеше. Тоше

сите нè поддржуваше, сите

нè сакаше.

Тоа утро не знаев што сакам од животот. Во предавалната слушав за

светската литература, за тоа од каде авторите црпеле инспирација, во

кој правец твореле. Но, немав желба да бидам како нив, не сакав да

бидам писател затворен помеѓу четири ѕида. Не сакав во осум и триесет

наутро да слушаат како сум се мачела да пишувам. Тогаш имав многу

радост во срцето, надвор сонцето беше изникнало, Скопје беше

преубаво по маглата. Имав сè уште еуфорија од Тоше, не ми се седеше

на едно место. Пред една недела бев на Градски, бев напред, се изборив

за место!

Page 24: Издание бр.3

Секаде беше поинтересно тоа утро. Не сакав да бидам таму и денес

знам дека сакав и сите други да беа на некое друго место. Само така

денес немаше да биде вака. Сакав јас да сум дома, моите наместо мене

во Скопје, а Тоше да си останеше Крушево, кај неговите.

Така немаше да ми биде проклет овој 16-ти.

Ако сите бевме на друго место тоа утро, денес сите ќе бевме тука.

Во предавалната бевме еден куп девојки. Филолошки факултет,

Скопје. Асистентката беше задлабочена во светските писатели од

претходните животи гледајќи во белешките од тетратката. Почнаа сите

да шушкаат шепотејќи и се направи тивка бука во просторијата. Пред

мене колешката ми се сврте и само тивко рече:

-Тоше направил сообраќајна несреќа, загинал...

-Не е можно, шпекулации! Ако Тоше умре, светот ќе застане!

Само тоа го изустив. Морници ми полазаа по грбот. Погледнав

наоколу и сите беа вознемирени. Асистентката сè уште беше упорна да

си го дообјасни планираното за тој час, додека наоколу никој не ја

слушаше. Ми стигна порака од цимерката:

-На вести кажаа дека Тоше загинал во Хрватска...

Значи вистина е. Лошата вест најбрзо се шири. Девојките не

можевме да седиме тука, моравме да знаеме што се случува. Ми се јави

и мајка ми:

-Морам да ти кажам нешто. Те молам, немој да плачеш...

-Знам, мамо, нема да плачам...

-Барем го виде за последно, го испрати на концертот. Не се

ужалостувај, те молам...

-Во ред, мамо, нема да плачам...

Цел факултет плачеше или немо гледаше без да знае што се

случува. Јас не сакав да верувам, не сакав да плачам, мајка ми беше во

право. Ако пуштам една солза, по неа цели реки не ќе можев да ги

запрам. Колони на студенти одевме кон плоштад не знаејќи дали

воопшто треба, се надевавме на чудо. Тогаш плоштадот беше празен со

еден кружен тревник на средина и го полнеа само луѓето. Тоа сабајле,

за жал, беше наполнето од гужва. Девојки, жени, баби, мажи, дечиња,

стари. Мене ме печеше сонцето, кнедла ми стоеше, но не заплакав.

Луѓето не се туркаа, беа омаени од тага.

Page 25: Издание бр.3

Денот беше навидум сончев и среќен, а врз лицата врнеа солзи.

Наеднаш видов зошто дојдоа сите тие луѓе, зошто и јас сум тука.

Тревникот беше за Тоше. На тревникот се палеа свеќи за Тоше. Тогаш

видов дека него навистина го нема...

И како после тоа да не плачам?! Мамо, дозволи ми да плачам, Тоше

го нема! Извини, но ова е вистина! Дозволи ми да излезат овие реки за

него, може тие ќе го вратат!... Но, не го вратија. А, мене солзите ми се

враќаа. Не ни престанаа. Плачев и во сон, плачевме заедно со

цимерките пред телевизор за време на преносот кога го испраќаа во

Крушево. Липевме сите во себе, под ќебе и под раце за да не се видиме

колку сме скршени од болка. Многу плачевме, мамо, но таа река не

можевме да ја сопреме. Тоше навистина замина, прости ми...

Не е поинаку денес. Не беше поинаку на ниеден 16-ти. Боли како да

не се залечило. И денес ми извира таа иста река. Плачам како мало

дете, можеби повеќе од тогаш. Бидејќи денес многу повеќе недостига,

тогаш почесто го гледав. Сега ни е судено на секој октомври на

шеснаесетиот ден да се прашуваме зошто не бевме на друго место.

Зошто не ги запревме границите за да направиме уште еден концерт.

Зошто не постоеше само Крушево на овој свет тој 16-ти...

Утро, октомври. 16-ти во месецот. Секоја наредна година дождлив,

колку и да е сончев. Секогаш нецелосен, колку и да си успеал. И секоја

година го испраќаме во шест и дваесет, но никако да го пуштиме.

Секогаш ќе боли 16-ти, бидејќи некој замина тогаш.

Некој со името Тоше Проески.

Page 26: Издание бр.3

Радио ЦБ

За овој месец како топ 10 ви ги претставуваме

1. Тоше – Боже чувај ја од зло 2. Metallica – One

3. American pie - Don McLean

4. Rennata – Trust your feelings

5. Metallica – Fade To Black

6. Nicki Minaj – Anaconda

7. Severina feat. Ministarke – Uno Momento 8. Maroon 5 – Animals

9. Влатко Лозаноски – Мандарина 10. Каролина – Две лири

Евровизија 2015

Евровизија е најголемиот музички настан во Европа. Победата

за 2014 година ја освои Кончита Вурст, претставник од

Австрија. Евровизија 2015 ќе се одржи во Виена, Австрија,

каде ќе се претстават 37 земји меѓу кои и Македонија.

Овогодинешниот претставник од Македонија ќе биде

победникот на Скопски фестивал.

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи на 12 ноември во

Метрополис Арена, а преносот ќе биде на Македонската Радио

Телевизија (МРТ).

Едни од натпреварувачите ќе бидат Тамара Тодевска,

Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Даниел Кајмакоски,

Димитар Андоновски, како и голем број други пејачи од

Македонија.

Page 27: Издание бр.3

Поезија

Прекрасно опишување на поезијата,текст напишан од еден

познат македонски поет Дончо Мишовски.

,,Како да се објасни

поезијата? Дали е

доволно да се каже

дека поезијата е еден

вид на литература

напишана во стих

или проза, во која е

посветено внимание

на формата и значењето на лирските фрази или ќе кажеме дека

поезијата е еден вид на уметност, во која се користат сите можни

средства на душевно изразување.

Изразување каде со моќта на пишаниот збор поетот може да си ги

искаже своите чувства, оние кои се длабоко втиснати во него. Впрочем

тоа е главната цел, да се изразат сопствените чувства, сето она што

лежи во неговата душа (љубов,револт). Поезијата не треба да има

определени правила, па да се пишува стриктно по некаков си шаблон,

таа треба да е продолжена рака од душевното врело на авторот (поетот)

каде може да ги прикаже своите чувства на посебен начин и да ги

сподели до читателот или слушателот.

Колку секој автор е вистински поет?

Поет е секој оној кој твори и ги презентира сопствените чувства, тој ги

презентира внатрешните дејства, баш оние кои го навјасуваат самиот

автор и кои произлегуваат од неговото опстојување. Тој не може да

биде Прешерн или Есенин... бидејќи нивните чувства се само нивни и

својствени се само за нив и во нивното време. Секој живот е сам по

себе посебен, секоја емоција е засебна за секоја индивидуа и секоја

љубов, болка или тага треба да биде презентирана онака како што ја

чувствува авторот на само негов и само негов својствен начин.

Во колку авторот се труди да имитира некој поет за да биде подопадлив

до читателскиот аудиториум, тој во самиот старт скршнал од основата

Page 28: Издание бр.3

за творење поезија, тука нема поезија ниту пак чувства, туку само

копија на нечиј стил, нечиј живот и начин на изразување чувства кои се

одвивале во некое време. Чувствата се лични, тие не се земаат од други,

тие се производ на нашето битие. Верувајте секогаш ќе се најдат

критичари поставени на пиедесталот создаден од карти за да го оспорат

она што го пишувате, базирајќи се на веќе видено или прочитано, тие

секогаш себе си се сметаат за супериорни и самонаречени експерти и

секогаш ќе си земаат за право да ве окарактеризираат и да ве наречат

дека дека не сте поет. Но сето тоа е така бидејќи нечија туѓа рака ги

тапка по грб.

Кој им го дава тоа право и кои се тие нормативи ? Верувајте ! Тие немаат право на глорификација и на уникатност заради

веќе создадената публикација на нивните дела- публикацијата не носи

квалитет. Поезијата не е константа, таа е променлива и во текот на сите

овие години еволуира, како што еволуира и науката и технологиојата па

и јазикот. Впрочем како и се што еволуира околу нас. Значи нема

пишани правила како треба да се твори поезијата - таа е жива материја.

Замислете ги поранешните добитници на Нобелови награди! Тие денес

би биле маргинализирани или подзаборавени ако сме се владееле само

според нив и не сме се развивале или пак тежнееле нивното знаење да

го усовршиме - што значи дека се е менливо и дека се се усовршува.

Зошто не и во поезијата? Зошто поезијата мора да е по терк од

минатото? Според мене поезијата треба да менлива, да трпи промени и да

еволуира. Сигурно дека и во иднина на некои нови автори денешново

ќе им биде банално и ќе се стремат кон нови височини. На крај,

поезијата не би била вистинска поезија ако на неа се гледа од

материјален аспект, таа треба секогаш да го носи приматот душевен

извор, да извира во стомакот, таму да се крчка, да се создава од

секојдневието на секојдневните луѓе.

Затоа - творете, пишувајте, објавувајте, не се обесхрабрувајте зошто

чувствата се само ваши и тие се неповторливи, тие се уникатни -

ВАШИ...

Најголема сатисфакција на секој автор е неговата

читаност – читателот."

Page 29: Издание бр.3

Црнобела поезија

maja – maja Целата невидлива тежина

ја товариш ,

зачадена со темјан и боровина,

ти-моја светлина ,

во денот и ноќта,

сончевина.

Лечебен на сите рани лути,

сите сеништа ги извади од длабочина,

и немирите ги смири,

бурите ги закопа,

и со солзи ја изми душава што боли.

Колку зборови толку солзи,

колку тагувања,толку насмевки

на лицето нацрта,

и сонот го врати со волшебство на божество.

melaphomena Се борам со капките бисери.

Како зрнца песок слободно ме испушти од твоите раце.

Од прв ден го имав чуството како се тркалам надолу.

Како ронка прашина безмилосно се држев на секоја станица при падот.

Ооо височино,никогаш не те видов одблизу.

Сакав за миг бар да зирнам во длабочините на твојата душа.

Колку само вешто беше ја затворил.

Зарем мислеше дека не ја насетувам твојата празнина?

Замислена статуа неможе да ги придвижува нештата.

Замислена статуа со туг веке однапред замислен лик.

Замислена статуа од која се бараше само нејзиното присуство.

Замислена статуа која претставуваше само нечие продолжение.

Статуа направена од прашина на ветрот.

Page 30: Издание бр.3

Сара.13 Допри до мене квечерино мила,

покажи ми го патот обвиен во ноќната месечева свила,

Допри до моето тело, свиј ме во себе и гали,

гали ме со својата звездена рака,

растрпери ја секоја клетка во мене и продолжи така..

Така..Биди ми сојузник и сопатник во ноќва тивка,

потони ме во длабок сон,

нека за мене целата галаксија создаде звезден дом.

Инкогнито Посакувам да исчезнам,

најсилно да го прегрнам,

да заспијам врз гробот на поетот,

земјата да не наслика во вечните височини,

фотографијата да заталка во непознатото,

космосот да не бакне,

со здивот на кометите да не оддува кон звездите,

тивко да изгориме,

вечно да засветиме,

сведоци на животот да станеме!

Lena Стиховите на поетот

Екстаза створена од стихови бесценети.

Игра на туѓи чувства претворени во збор,

точка и празнина,

уметност стопена во танц на немирни мисли.

Секој збор нежен допир кој плени,маѓепсува и води

до битието на непознатиот поет.

Одамна не постои,

засекогаш вечен.

Page 31: Издание бр.3

Хуманост

Поговорката вели ,,Сите сме луѓе, но ретко кој е човек”.

Сите сме се нашле во тешка ситуација, исполнета со тага,

страв и осаменост, но единствената светла точка во тие

моменти била раката подадена за помош.

ЦБ тимот е сигурен дека хуманоста постои и меѓу Црнобелите,

затоа во овој број од весникот ќе ве посочиме каде можете да

помогнете.

Животните се оние невини суштества чиј живот е загрозен во

човековото општество. Дел од нив се згрижени и се дел од

човековиот дом, но останатиот дел од нив се препуштени на

лицето на улицата и лицето на опасноста. Бездомните кучиња и

мачки немаат идеална судбина. Дел од нив умираат од глад и жед,

дел од нив умираат од студот, дел од нив се отруени од човековата

рака, дел од нив се удрени од кола, дел од нив боледуваат од

болест, но најлошото е што дел од нив се убиени.

Стационарот Вардариште е најлошото место на кое би можело

да се наоѓа едно куче или една мачка. Место каде лежиш на

студениот и влажниот бетон, ограден со метални решетки. Место

каде знаеш дека за тебе нема надеж, нема љубов, нема храна и

топол дом. Место каде си ги броиш деновите до твојата смрт.

Во јавноста се вели дека стационарот Вардариште е место за

бездомни животни, но всушност стационарот Вардариште е

бесилката за тие бездомни животни. Во јавноста сето тоа е добро

цензурирано, со тоа што дел од кучињата се вакцинираат и

повторно се враќаат на улица.

Но која е вистината. Вистината е следниот пример. Од 50

собрани кучиња, 10 се вакцинираат и се враќаат во јавноста,

Page 32: Издание бр.3

на улица, а останатите 40 или се успиваат со помош на хемиска

супстанца или живи се палат.

Затоа мислам дека дојде време да ставиме СТОП ЗА

ВАРДАРИШТЕ!!!

Спасот за животните на улица и за животните во стационарот

Вардариште е нивното вдомување. Сите оние кои веќе вдомиле

куче не се покајале, туку напротив рекле дека се чувствуваат како

човек во вистинска смисла на зборот.

Па затоа, доколку сте во можност да вдомите куче или мачка,

направете го тоа веднаш. Се што треба да направите е да посетите

некоја од следниве Facebook страни, да го изберете она куче или

маче кои ви се допаѓа и да го земете од местото каде тоа

моментално се наоѓа. Кучињата и мачињата кои ги вдомувате ги

добивате бесплатно.

Ги добивате избањати, прочистени од паразите, а некои од нив и

веќе вакцинирани.

Facebook страни за вдомување на животни:

- Anima Mundi

- Спас за животните

- Вдоми ме.

БИДИ ЧОВЕК! БИДИ ХУМАН!

Page 33: Издание бр.3

Црнобел хумор

Тема: Државен испит за студенти

Член: Outrider

- Можеби сега студентите на крилата на револтот ќе се дигнат на

протести? Мислам дека протестите треба да се одржат синхронизирано

со стапувањето на Џена Џејмисон во манастир. Бидејќи шансите за

двата настани се еднакво големи...

Тема: Трето око

Член: Makedonec

- Треба човек да е ненормален за да си ја буши главата.

Тема: Македонските (онлајн) медиуми – дното на

новинарството?

Член: Electra

- Сношти и денеска, мислам дека дури и компјутеров ми стана

патриотски свесен од што на секој можен вебсајт, па дури и по Скајп,

се збори за инциденти, политика и патриотизам. Македонското

новинарче тоа го искористува да направи сензација за своето порталче

и да добие кликови.

Дел од импресивните наслови:

Дали Србите се почувствуваа како Македонците кога им вееја грчко

знаме? (бонус: очајна структура на реченицата)

Што имаше на знамето што го „запали“ цел регион? Па и фото!!!

И водителот Иван Ивановиќ удри по Албанците - погледнете што

напиша

Џабе се фалите, Орфи Рама е снимен додека го лета дронот

Ој, куку, го летил дронот.

Page 34: Издание бр.3

Вицотека

HAZARDER Разговарале две кокошки, а едната ја прашала другата:

- Ти какви јајца несеш?

- Од 5 денари! А ти?

- Е, јас од 7 денари.

- Леле алчна, за два денари ќе си го скинеш задникот!

violetmoon Отишол Трпе со Трпана на одмор во Тексас. Трпе отсекогаш сакал

автентични каубојски шпицасти чизми, па веднаш купил еден пар на

распродажба, ги облекол и се вратил горд во мотелот.

Влегол во собата па и рекол на Трпана:

- Приметуваш ли нешто поразлично на мене?

Трпана го погледнала па му рекла:

- Не.

Фрустриран, Трпе оди во купатило, се соблекол гол и ги оставил само

чизмите на нозете.

Повторно прашува, овој пат малку погласно:

- А, СЕГА, приметуваш ли нешто поразлично?

Трпана го крева погледот и му вели:

- Трпе, што е поразлично? Виси денес, висеше вчера и утре пак ќе виси!

Бесен, Трпе почнал да се дере:

- А, знаеш ли ти воопшто зошто виси?!

- НЕ! – одговорила Трпана.

- Виси затоа што ги гледа моите нови чизми!!! – викнал Трпе.

Трпана на тоа му одговорила:

- Требаше да купиш шешир, Трпе, требаше да купиш шешир...

diva orhideja

Љубовта не познава граници-рече педофилот и влезе во

градинка.

Page 35: Издание бр.3

smeker

Мајката го прашува синот:

- Сине, зошто во последно време не се дружиш со Стојан?

- Па мамо, дали ти би се дружела со некој кој пие, пуши и се

дрогира?

- Секако дека нема!

- Епа ете, гледаш, не сака ни он!

Badgirl Му вели Џ на Ц:

Те урочиле мочаш на криво...

МиГ 21 Заљубена девојка праќа СМС со многу љубов на мобилниот

телефон на својот сакан:

Љубов моја,

Ако спиеш, прати ми го твојот сон,

Ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,

Ако пак плачеш, прати ми ги твојте солзи.

…Те Сакам!

Дечкото одговара:

Љубов моја,

Серам…. Што да ти пратам??

WomanInRed

Збунета и загрижена плавуша и кажува на пријателката: ‘Ахх

треба да се најдам со дечко ми, ама не се сеќавам дали беше во

8:30 или во 3:80

Page 36: Издание бр.3

За весникот се погрижија

Makedonec

Soldner

JaMi

Lena

Outrider

Sarah (онлајн верзија)

Се надеваме дека ќе ви се допадне

октомври 2014

За можни печатни грешки ЦБ тимот ви се извинува

однапред