34
МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА 46 МАЈ 2016 ГОДИНА ISSN: 1857-8314

Македонска Ризница 46

  • Upload
    -

  • View
    231

  • Download
    3

Embed Size (px)

DESCRIPTION

 

Citation preview

Page 1: Македонска Ризница 46

1

Македонска Ризница , бр. 46

МАК

ЕДО

НСК

АРИ

ЗНИ

ЦА

46

М

АЈ 2

016

ГОД

ИН

А

ISS

N: 1

857-

8314

Page 2: Македонска Ризница 46

2 3

Во последно време кога се зборува за нашиот, македонски идентитет, често се навраќаме на Александар Македонски и на големата античка Македонска Империја. Тоа го среќаваме на многу разни медиуми, радио, телевизија, интернет... И некако во целиот тој занес како да заборавивме дека на територијата Македонија живееле луѓе уште во неолитот и палеолитот кои твореле и се изразувале, дека сме постоеле и во римското време и имаме римски градови, дека тука бил и Самоил и Византиската Империја и дека пет векови сме поминале низ „мелницата на култури“ на Отоманската Империја.

Меѓутоа Македонија не е само историја и борба за идентитет. Во Македонија се создава, се пее и игра, се ужива и се љуби, се слика, поезијата ја допира душата, приказните се искрени, а уметноста е возвишена. Ние сме борбени, со неизмерен спортски дух и желба за успех. Македонија е ризница на прекрасни и безбројни нешта...

Електронското списание „Македонска Ризница“ ја претставува Македонија во вистинското светло, како земја со тешко минато, полна со уметнички души и борбени спортисти. Затоа секој број од ова списание за мене е уникатен и различен од било кое друго.

Овој, 46-ти број на „Македонска Ризница“, иако нема да не информира и запознае со делови од нашата историја, сепак ќе нѐ поведе на едно прекрасно патување кое започнува со поезијата на Стаменка Менче Трповска чии стихови ќе ве затворат во некое непознато темно место, за потоа да ви кажат дека сепак постои светлина доколку ја побарате. Од хумористичниот свет на „Речиси среќниот чорап“ ќе нѐ одведе во реализмот на сликите на Даница Дана Крстеска, чија изложба е промовирана, за потоа да нѐ изненади со петте волшебни светови на Васко Ташковски претставени во галеријата на неговите слики. А на крајот, овој број, ќе нѐ однесе до Јапонија и духот на каратето, претставени преку праксата на оваа вештина од страна на Глигор Глигороски.

Опуштете се, и уживајте во патувањето.

ЈОРДАН КОЦЕВСКИ

Македонска Ризница број 46

маj 2016 година

Уредник:Благојче Андонов

Редакција: Гоце Панговски

Лого: Сашо Гачев

Соработници: Стаменка Менче ТрповскаВладо ЈаневскиДаница Дана КрстескаДејан КрстескиВаско ТашковскиЈордан КоцевскиГлигор Глигороски Издавач и дизајн: Александар Стеванов

Page 3: Македонска Ризница 46

3

Македонска Ризница , бр. 46

Во овој број ќе читате:

ПОЕЗИЈА: СТАМЕНКА МЕНЧЕ ТРПОВСКА Благојче Андонов .................................................................................................................................................. 04

РЕЧИСИ СРЕЌНИОТ ЧОРАП - СТРИП Владо Јаневски ....................................................................................................................................................... 15

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА: „20 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО“ НА ДАНИЦА ДАНА КРСТЕСКА Редакција .............................................................................................................................................................. 16

ГАЛЕРИЈА: ПЕТ СЛИКИ НА ВАСКО ТАШКОВСКИ Благојче Андонов ................................................................................................................................................... 18

ИНТЕРВЈУ СО КАРАТЕ-МАЈСТОРОТ ГЛИГОР ГЛИГОРОСКИ Јордан Коцевски .................................................................................................................................................. 24

Page 4: Македонска Ризница 46

4 5

ПОЕЗИЈА:

СТАМЕНКАМЕНЧЕ

ТРПОВСКАПодготвил:

БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ

Page 5: Македонска Ризница 46

5

Македонска Ризница , бр. 46

Кога сѐ друго зборува

Зошто толку ме импресионира тишината?

Зошто тој момент на молк е толку моќен?

Прашања кои сѐ уште не ми се одговорени

Но не ни барам одговор, туку уживам во истиот

Во моментите на тишина

Кога и душата си ја слушам

Понекогаш и плачот на моето срце

Болките кои треперат пред Создателот

Раните сѐ уште не излечени

И оние дупки и празнини кои не се пополнети

Но и мирот кој ми се мота низ ќелиите на мозокот

Среќата која ми тече низ вените

Си го слушам и своето постоење

Понекогаш и своето заминување

Но таква е тишината, тој момент на молк

Кога се друго зборува, а јас молчам.

март, 2016

Page 6: Македонска Ризница 46

6 7

Велат...

Велат времето лечи сѐ,

но јас велам не.

Велат сѐ ќе помина,

но не на овој свет.

Велат ќе биде подобро утре,

но зошто тоа да не биде денес.

Сите нешто велат,

но ни самите не веруваат.

Но љубовта е таа која помага

и лечи секаква рана.

Љубовта е таа која простува сѐ

и прегрнува кога најтешко е.

Која нѐ прави подобри луѓе

И нѐ учи да сакаме.

Ни дава шанса да се поправиме

и кога секојдневно грешиме.

Не прави среќни кога љубиме

И нѐ теши кога губиме.

Љубовта е сѐ што ни е потребно

Ама баш сѐ на овој свет.

март, 2016

Page 7: Македонска Ризница 46

7

Македонска Ризница , бр. 46

Распни ме

Распни ме за моите гревови

Распни ме, ги имам многу

Заковај ме на крстот твој

Оној крст кој ти го направи

Од сопствените гревови

На тој крст распни ме

Заковај ги клинците

Во моиве две раце

Крени го крстот, нека боли

Овој свет е полн со болка

И еве ти се давам, распни ме

Ништо нема да ти речам

Но, само едно не заборавај

За мојот и твојот грев

Веќе некој плати

Пред многу години

Никогаш не заборавај!

јануари, 2016

Page 8: Македонска Ризница 46

8 9

Не постоиш

Сакам да те видам

пред да заминам

од местото каде живеам

творам и постојам.

Сакам да те видам

пред да си заминам

од овој свет никаков

празен и без љубов.

Сакам да те видам

лице да ти допрам,

да те гушнам

и да заспијам.

Сакам да те видам,

запознаам и

почувствувам

во себе.

декември, 2015

Page 9: Македонска Ризница 46

9

Македонска Ризница , бр. 46

На Водно

Шума и насекаде дрвја

Воздух тежок за дишење

Калта се лепи на патиките

А птиците шушкаат во лисјата

Кои го исчекуваат своето паѓање

И прелетуваат од едно на друго дрво

Создаваат симфонија од звуци

Кои ја нарушуваат тишината

Која владее во шумата.

Недостасуваше уште волкот

Со своето виење да го обележи

Својот терен на живеење.

А јас бев среќна

И се радував

На птичките кои летаа

И си ја покажуваат љубовта

Која ја имаат во тие мали тела.

декември, 2015

Page 10: Македонска Ризница 46

10 11

Често помислувам

Често помислувамДека нема да можам

Да издржам болкаДа сакам бескрајно

Да одам некаде далекуДа оставам луѓе блиски

Да простам и кога не треба

Да гушнам просјак

Да кажам не сакамДа чекорам по мраз

Да одам по вода

Да напишам песна

Да кажам ве сакам

Да мислам на ситеА да сакам само еден.

Често помислувам Дека нема да можам

Но се трудам да успеамВо сето тоа што го сакам.

декември, 2015

Page 11: Македонска Ризница 46

11

Македонска Ризница , бр. 46

Да можев

Камо да можев нешто да направам

Тагата од нивните срца да ја откорнам

Да не почувствуваат повеќе болка

Да не почувствуваат повеќе солза.

Камо да можев, макар на кратко

Душава да ја дадев за нивната среќа

Да се смеат често, да се радуваат

Да чекорат во љубов и кога не можат.

Камо да можев да напишам

Симфонија која насмевка се вика

И да ја отсвирам на виолина

За нивната среќа.

Камо да можев да се качам

Високо на некоја планина

Да ги напишам нивните имиња

И ничкум да паднам и за нив да молам.

Камо да можев и животот

Да го дадам за да вратам

Некого од таму горе

За овде среќата да ја искуси.

Камо да можев, само да можев

Сето тоа би го сторила

И доброволно себе си би се лишила

Од овој живот на земјава.

декември, 2015

Page 12: Македонска Ризница 46

12 13

Успеав ...

Што и да ми кажеш

Колку и да ми докажеш

Не можеш да ми покажеш

Дека љубовта не боли

Дека љубовта не бара жртва

Товар на грб да носиш

И да издржиш јуначки

Храбро да чекориш

По овој свет никаков

И да не речеш боли

И да не потклекнеш

И да не се откажеш

Кога си дошол до крајот

Па да речеш успеав

Да прегрнеш ближен

Да изустиш те сакам

И големо благодарам

На оној кој секојдневно

Ти помагал од горе.

октомври, 2015

Page 13: Македонска Ризница 46

13

Македонска Ризница , бр. 46

Не сакав

Не сакав да се вратам

Од тој град, од таа земја

Каде што бев своја

И никогаш посреќна.

Не сакав горкиот вкус

На црнилата и злобата

Од многуте души празни

Да го почувствуам пак.

Ни тагата што овој град

Секојдневно ја носи

Не сакав моето срце

Да ја почувствува одново.

Ни лошиот збор

Кој ме убива полека

Кој прави да се чувствувам

Лошо и грозно.

Навистина не сакав

Да се вратам повторно

На местото каде што

Одамна знам дека не припаѓам.

јануари, 2016

Page 14: Македонска Ризница 46

14 15

Има ли ред во овој неред?

Кога бев мала мислев декаНекои работи не умираат

Предмети, луѓе и животниМислев дека луѓето живеат бесмртно

Дека не умираат во очите на луѓетоПораснав, и чинам истото го мислам

Се надевам дека не умираат.Па зар сме родени да умреме?

Живееме ли да умреме? Страдаме ли за да умреме?

А зар радоста не ли е убава?Среќата во срцето кога трепери,

нели е тоа убаво?

Но зар и тогаш умираме?

Некој на млади години

Некој на стари годиниНо сите еден ден умираме

Има ли некаков ред?На пример како што реката тече

Во еден правец и не се менува

Има ли таков тек смртта?Како да гледам како една душа страда по друга?

Како да гледам како мајка страда по дете?Како дете страда по мајка или татко?

Има ли ред во овој неред?Зашто смртта е толку скапа

И мора да се плати со толкава болка?

Не ми е гајле за менеЈас ќе бидем најсреќна кога земјата ќе ме

проголтаНо гајле ми е за луѓето околу мене

Кои душата им е распарченаКако стакло скршено на парчиња

И тагуваат по своето изгубено.Смртта е убава кога лично ја доживуваме, да,

Но проклета кога ќе дојде прерано!

февруари, 2016

Page 15: Македонска Ризница 46

15

Македонска Ризница , бр. 46

Автор:

ВЛАДО ЈАНЕВСКИ

Page 16: Македонска Ризница 46

16 17

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА:

„20 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО“

НА ДАНИЦА

ДАНА КРСТЕСКААвтор:

РЕДАКЦИЈА

Page 17: Македонска Ризница 46

17

Македонска Ризница , бр. 46

На 3 јуни, со почеток во 20 часот, во галерискиот простор на Центарот за култура – АСНОМ во Гостивар, отворена е изложбата на ликовни дела со наслов „20 години творештво“ на авторката Даница Дана Крстеска. Публиката во Гостивар имаше прилика да ужива во уметноста на Дана, преку големиот број на дела претставени на самата изложба.

Во нејзините слики човечката фигура и мртвата природа заземаат видно место без строго определените академски норми. Поседува сликарски талент кој е вроден, сигурни потези на платното и сензибилитет кој се простира од бруталната рационалност до лирска експресија. Работи лазурно, реализам, поретко апстракција. Ја преферира техниката масло на платно. Нејзините дела како ликовен израз предизвикуваат комбинација од меланхолија, тага, но и надаж, претставени со доза на личен идентитет. Преку своите слики таа создава една поинаква реалност која е одраз на нејзината индивидуалност.

Даница Дана Крстеска е родена на 28 август 1963 година во Гостивар. Со сликарство активно се бави повеќе од дваесет години. Има учествувано на бројни групни изложби и културни манифестации. Нејзините дела може да се најдат во многу галерии и приватни збирки, сопственост на колекционери и љубители на уметноста во нашата земја и во странство. Живее и работи како самостоен уметник во Гостивар.

Изложбата е поддржана од Министерството за Култура на Р. Македонија.

Page 18: Македонска Ризница 46

18 19

ГАЛЕРИЈА:ПЕТ СЛИКИ

НА ВАСКОТАШКОВСКИ

Подготвил:

БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ

1. Вертикално растење- 2011 платно 145х115см

2. Медитеран-2015 платно 80х100см

3.Техничко-биолошки пејзаж 2003 платно 100х125см

4. Морско пристаниште 2009 платно 150х200см

5. Брод 2004 платно 100х125см

Page 19: Македонска Ризница 46

19

Македонска Ризница , бр. 46

Page 20: Македонска Ризница 46

20 21

Page 21: Македонска Ризница 46

21

Македонска Ризница , бр. 46

Page 22: Македонска Ризница 46

22 23

Page 23: Македонска Ризница 46

23

Македонска Ризница , бр. 46

Page 24: Македонска Ризница 46

24 25

Глигор Глигороски е роден на 14 април, 1980 година, во Охрид, Република Македонија. Иако го завршува Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, неговата вистинска страст и професија е каратето. За прв пат со оваа боречка вештина се сретнува кога имал 13 години, а неговата целосна посветеност кон каратето на 20-годишна возраст го доведува до титулата сенсеи на неговото доџо,

карате- до клуб „Шидокан“.

Воден од големата желба оваа вештина да ја учи од самиот извор, од самото основање на клубот па сè до денес, го следи врвниот мајстор Седашиге Като 9-ти дан – шеф инструктор на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација (ИЈКА), кого за прв пат го запознал 1995 година. По негова препорака

ИНТЕРВЈУ СО

КАРАТЕ-

МАЈСТОРОТ

ГЛИГОР

ГЛИГОРОСКИПриредил:

ЈОРДАН КОЦЕВСКИ

Page 25: Македонска Ризница 46

25

Македонска Ризница , бр. 46

Глигор заминува на едногодишна специјализација во Кумамото, Јапонија каде положува за 4-ти дан.Глигор во своето 23-годишно непрекинато тренирање посетува преку 40 интернационални семинари кои го подигнуваат нивото на неговото мајсторство на ниво на интернационален инструктор, која титула ја стекнува во јули, 2013 година во Бургас, Република Бугарија со успешното полагање за 5-ти дан.

Кога не тренира или подучува карате, Глигор е целосно посветен на своето семејство.

1. Колкава е твојата посветеност на каратето и колку „жртвуваше“ за да дојдеш до титулата сенсеи (учител)?

Мојата посветеност на каратето е целосна. Тренирам без прекин веќе 23 години, со сѐ поголем ентузијазам и љубов секоја година. Исклучиво и професионално се занимавам со карате тренингот, како и со предавање на карате вештината на моите следбеници. Уште рано открив дека ме исполнува и ми носи радост кога своето знаење ќе го пренесам на другите, а победите на моите ученици често ме радувале дури повеќе и од своите победи. Така што, титулите сенсеи (учител) и шихан (главен инструктор) беа мои уште пред да ги добијам.

2. Какво беше чувството да се живее во духот на каратето во Јапонија цела година и токму таму да се добие 4-ти дан?

Јапонија е прекрасна земја со прекрасен народ, кој го чувствувам како свој. Едногодишниот престој таму ми беше остварување на сонот и бесценето животно искуство. По препорака на сенсеи Садашиге Като и на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација бев испратен на карате специјализација во Кумамото, Јапонија.

Page 26: Македонска Ризница 46

26 27

Page 27: Македонска Ризница 46

27

Македонска Ризница , бр. 46

Page 28: Македонска Ризница 46

28 29

Page 29: Македонска Ризница 46

29

Македонска Ризница , бр. 46

Page 30: Македонска Ризница 46

30 31

Една година вежбав карате заедно со мои врсници Јапонци во Кумамото Будокан , држев тренинзи на група помали деца во карате клубот „Решикан“, а му бев и асистент на мојот ментор и сенсеи Шуитсу Оказаки при обучувањето на карате тимот од средното школо „Токаи“ во Кумамото. Специјализацијата успешно ја завршив положувајќи за 4-ти дан пред 6-члена комисија на Јапонската Карате Федерација. Кога се вратив ИЈКА ми го верификува и потврди 4-от дан. Инаку сите данови (мајсторски степени) од 1-ви до 5-ти дан и мене и на мојот брат Данко ни се од сенсеи Садашиге Като, нашиот учител.

3. Дали беше лесно да се донесе одлука да се бавиш исклучиво со карате и со кои предизвици се соочуваше при тоа?

На 31 мај 2000 година заедно со мојот брат Данко Глигороски го отвориме Карате-до клубот „Шидокан“ кој е член на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација (ИЈКА) и главен претставник на истата за Македонија. Одлуката да се занимавам исклучиво со карате дојде лесно и спонтано. Уште од првиот тренинг го засакав каратето и уште тогаш знаев дека тоа е мојот животен пат. Инаку предизвиците и тешкотиите секогаш биле од финансиски карактер, тоа се проблеми со кои мислам дека се соочуваат сите спортисти, сите кои тренираат некоја боречка вештина. Потребна е силна волја и истрајност за да се опстои.

4. Знам дека вашиот клуб има многу достигнувања и медали, па би те замолил да ги издвоиш најголемите ваши успеси.

Поголем и повреден успех од самите медали ми се изградените ученици, кои од почетници прераснаа во врвни каратисти. Меѓу најистакнатите се: Наум

Калачоски 2-ри дан, Наум Мишески 2-ри дан, Александар Димоски 2-ри дан, Јована Стојаноска 2-ри дан, Маја Ќипровска 2-ри дан, Кристијан Ангелоски 1-ви дан, Наум Стенкоски 1-ви дан, Надица Глигороска 1-ви дан, Крсте Ѓорчески 1-ви дан, Климент Калачоски 1-ви дан. Инаку клубот во своето постоење има земено учество на три светски првенства на ИЈКА, две европски првенства и шест интернационални турнири. Имаме освоено вкупно 71 медал од кои 18 златни, 17 сребрени и 36 бронзени медала, меѓу кои 3 титули, 2 светски јуниорски шампиони во кати и еден европски шампион во сениори ката.

5. Вашиот клуб учествувал на повеќе меѓународни семинари, а бил и организатор на неколку. Може ли на кратко да ни кажеш за некои од нив?

Учеството на меѓународните семинари е од најголема важност за нашиот клуб. Од семинарите се постигнува потребното искуство и квалитет на каратето, како и постојаната надоградба и усовршување. Сме учествувале на над 40 меѓународни семинари со Като сенсеи како главен инструктор, а сме биле организатори на 4 меѓународни семинари. Би го издвоил како особено значаен семинарот во Охрид во 2009 година кој го водеше Като сенсеи и на кој семинар каратистите од нашиот клуб вежбаа на високо ниво, за што беа пофалени после успешното полагање за црни појаси (според мене и ден денес едно од најдобрите полагања за црн појас што ги имам видено).

6. Овој август вашиот клуб ќе биде организатор на уште еден меѓународен семинар. Кои се вашите очекувања?

На 27 и 28 август, 2016 година, организираме семинар во Охрид со шеф инструкторот на ИЈКА

Page 31: Македонска Ризница 46

31

Македонска Ризница , бр. 46

Шихан Садашиге Като 9-ти дан. Целта на семинарот е да го надоградиме квалитетот на каратето на сите учесници на семинарот. Во два дена планирани се четири тренинзи, секој тренинг ќе биде по 2 часа. Каратистите кои не го виделе Като сенсеи ќе имаат можност да го видат за прв пат, а останатите повторно да се сретнат со него и да уживаат во карате мајсторството кое го поседува. Семинарот е од отворен карактер, добредојдени се сите љубители на каратето без разлика од која асоцијација се. Засега најавени се учесници од Босна и Херцеговина, Бугарија и Италија. Се надеваме да ни се приклучат и други клубови од земјава и од странство.

Page 32: Македонска Ризница 46

32 33

Page 33: Македонска Ризница 46

33

Македонска Ризница , бр. 46

Мoжете:

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Под следните услови:

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.

Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта:[email protected]

Sadashige Kato Shihan 9th Dan

Kato Shihan was born on July 22nd 1943 in

Kochi, Japan. He attended the world famous

Takushoku University in Tokyo and trained

under Sensei Tsuyama, Kanazawa and Urui.

Sensei Kanazawa’s influence was very strong

and he won a place on the JKA Instructors

Course. Upon completion of the Instructors

Course, Kato Shihan went to teach in Germany

and in 1966 he was sent by the JKA to the UK.

Kato Shihan (Master) has now been resident

in England and teaching karate throughout

the world for more than 40 years during which

time his loyalty was to the late World Chief

Instructor for IJKA, Tetsuhiko Asai Shihan 9th

Dan, until his sad passing in 2006.

Kato Shihan is the only person to have passed

an 8th Dan grading under Asai Shihan, a

testament to the technical complexity of Asai’s

examinations and Kato Shihan’s awesome

abilities as a true karate master.

At the 2007 IJKA congress meeting held in

Budapest, Hungary, following one year of

respect for Asai Shihan 9th Dan, Kato Shihan

was asked to take over the mantel of IJKA

World Chief Instructor.

Whilst it was Asai Shihan’s unbelievable ability

to demonstrate his style, it was and is Kato

Shihan’s ability to interpret and teach, that has

seen the organisation grow and gain popularity

with the karate instructors who are still hungry

for knowledge. His unique style of teaching and,

attention to the historical detail of Shotokan

karate make his coaching seminars a must for

every serious Shotokan karateka.

Page 34: Македонска Ризница 46

34 PB