32
План за час по англиски јазик Одделение петто одделение Наставна тема Тема бр.4- Основни математички операции! Наставна единица 1. Потсетување на броевите до 100 Датум 24.01.2012 Цели на часот Ученикот да може: да се потсети на броевите до 100 да усвои нови зборови кои се среќаваат во оваа тема Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците како го поминаа зимскиот распуст и дали уживаа во игрите на снегот. Потоа, го запишува денешниот датум на табла и од учениците бара да му ги именуваат броевите кои ги гледаат на таблата. Со употреба на постер наставникот ги потсетува учениците на броевите до 20, а тие ги именуваат истите. Главен дел (20 мин) Наставникот пушта видеозапис со целите десетки до 100 (http://www.youtube.com/watch?v=TAkLAXthHZ0 ) за учениците да се потсетат, а потоа заедно да бројат до 100. Наставникот пушта видеозапис и со броевите од 1 до 100 (http://www.youtube.com/watch?v=fAJm-s18XO8 ) за учениците да се потсетат и да бројат до 100. Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови, а учениците ги повторуваат зборовите повеќе пати. Наставникот ги запишува истите на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки. Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со математичката операција собирање. Учениците ги решаваат задачите, а потоа ги читаат за останатите од одделението. Наставникот дава инструкции за домашната работа Наставник: Билјана Влахова Карадачки

дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 1. Потсетување на броевите до 100Датум 24.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на броевите до 100 да усвои нови зборови кои се среќаваат во оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ги прашува учениците како го поминаа зимскиот

распуст и дали уживаа во игрите на снегот.Потоа, го запишува денешниот датум на табла и од учениците бара да му ги именуваат броевите кои ги гледаат на таблата.Со употреба на постер наставникот ги потсетува учениците на броевите до 20, а тие ги именуваат истите.

Главен дел (20 мин) Наставникот пушта видеозапис со целите десетки до 100 (http://www.youtube.com/watch?v=TAkLAXthHZ0 ) за учениците да се потсетат, а потоа заедно да бројат до 100. Наставникот пушта видеозапис и со броевите од 1 до 100 (http://www.youtube.com/watch?v=fAJm-s18XO8 ) за учениците да се потсетат и да бројат до 100.Со употреба на флеш карти наставникот ги поучува новите зборови, а учениците ги повторуваат зборовите повеќе пати. Наставникот ги запишува истите на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со математичката операција собирање. Учениците ги решаваат задачите, а потоа ги читаат за останатите од одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебник, училишен прибор, табла, креда, компјутер, проектор, Интернет, екран, CD, CD плеер, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на практична работа, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (броеви до 100, операција- собирање)

Додатна активност Наставникот пушта песничка со броевите до 100. Учениците ја слушаат, а потоа бројат до 100 преку песничката.(http://www.youtube.com/watch?v=e0dJWfQHF8Y&feature=fvwp&NR=1 )

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (меморирање на вокабуларот, вежби, пеење песничка), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 2: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Очекуван исход Учениците се потсетија на броевите до 100 и усвоија нови зборови.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го збогатија вокабуларот со нови зборови и се потсетија на броевите до 100. Мал дел од послабите ученици се двоумеа при именување на броевите со измешан редослед, но можеа да бројат поседователно до 100. Најинтересна им беше активноста –броење преку песничка и решавањето на наставното ливче за колку што можат пократко време кое го поттикна натпреварувачкиот дух кај учениците. Кога би го одржала истиот час уште еднаш не би променила ништо.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 3: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 2. Слушање и читање со разбирање на краток текстДатум 24.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на зборовите кои беа поучувани во текот на претходниот час

да ги развива вештините читање и слушање со разбирање

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот бара учениците да се наредат во круг, а потоа да бројат до 100 почнувајќи од првиот ученик кој ќе брои до 10, вториот до 20, третиот до 30, итн. Наставникот пушта кратка презентација со броевите до 100.

Главен дел (20 мин) Наставникот го пушта аудиозаписот од вежба бр.2/стр.24 и од учениците бара да ги затворат нивните учебници. Учениците го слушаат текстот и одговараат на прашањата од наставникот поврзани со истиот. Потоа, ги отвараат нивните учебници и ги поврзуваат деловите од речениците во вежба бр.2.Наставникот го пушта текстот повтормо за учениците да го слушнат, прочитаат и да го повторат. Поделени во мали групи, учениците го читаат текстот поделени по улоги, а потоа одбираат која група најдобро го прочитала текстот.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со математичката операција “помало-поголемо”. Учениците ги решаваат задачите, а потоа ги читаат за останатите од одделението. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебник, училишен прибор, табла, креда, компјутер, проектор, екран, CD, CD плеер, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (броеви до 100, операција- “поголемо-помало”)

Додатна активност Наставникот дистрибуира ливче со основната математичка операција-собирање и бара од учениците да ги решат задачите колку што можат побрзо. Победник е оној кој прв ќе ги реши задачите и кои ќе бидат со точен резултат.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 4: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (броеви до 100, вежби, читање, превод), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците се потсетија на зборовите од претходниот час и го увежбаа читањето на текстот со познати зборови.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на броевите до 100 и ја увежбаа математичката операција “поголемо-помало”. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересн активност им беше решавањето на задачите од наставното ливче за најкратко можно време кое го поттикна натпреварувачкиот дух кај нив. Доколку повторно би го одржала истиот час би применила и некоја игра во текот на часот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 5: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 3. Употреба на показните заменки this, that, these, thoseДатум 26.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на показните заменки this, that, these, those и на нивната употреба

да соработува со соучениците при заеднички активности

Фази на часот АктивностиВоведен дел (7 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот го чита примерот од вежба бр.4/стр.25 за сликите бр.1 и 2, а потоа бара од учениците според дадениот пример да состават реченици за останатите слики. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Главен дел (25 мин) Наставникот ги поучува показните заменки this, that, these, those и нивната употреба. Вежба бр.5. Во согласност со оддалеченоста на предметите од лицето кое зборува, учениците ги дополнуваат речениците со соодветните показни заменки. Ученици-доброволци ги запишуваат речениците на таблата. Потоа во табелата од вежба бр.6, учениците ги заокружуваат соодветните броеви напишани со букви.Во парови, учениците прашуваат и одговараат за возраста на членовите од семејството на Масид (вежба бр.7).Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да го повторат слушнатото. Потоа, според примерот, тие составуваат дијалози за останатите предлози од вежбата бр.8.

Завршен дел (8мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со показните заменки this, that, these, those и учениците следејќи ги упатствата од ливчето ги вметнуваат истите во речениците кои се дадени.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебник, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (броеви до 100)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ги вклучат нивните компјутери и да го отворат следниот линк

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 6: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

http://www.carmenlu.com/first/grammar/thist_that1_1.htm . Потоа, бара од учениците да ја решат вежбата.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, учество во дијалози), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ја увежбаа употребата на показните заменки this, that, these, those.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ја увежбаа употребата на показните заменки this, that, these, those. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, но кај мал дел од учениците беа забележани потешкотии и несигурност при решавање на вежбите. Најинтересна активност им беше решавањето на вежбата на компјутер. Кога би го повторила истиот час, би применила и некоја online игра.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 7: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 4. Увежбување на основните математички операцииДатум 31.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба основните математички операции да усвои нови зборови поврзани со искажувањето на

математичките операции

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот покажува кон неколку предмети во училницата и бара од учениците да ја определат показната заменка која би требало да биде употребена во реченицата. На пр. _______is Nikola’s book. _________ are my books.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува зборовите поврзани со математичките операции –множење и делење (multiplication & division, multiply, divide), а учениците ги повторуваат истите повеќе пати. Наставникот запишува примери на таблата, а учениците ги копираат во нивните тетратки.Наставникот дистрибуира картички на кои е дадена математичката операција- множење. Наставникот дава инструкции за начинот на играње на играта. (Еден ученик вели: “I have 35. Who has 4x4?”, ученикот кој има 16 е следниот кој вели: “I have 16. Who has 10x3?”. Играта продолжува се додека не завршат картичките кои ги распределил наставникот. За да биде поинтересна играта, наставникот одредува време за кое таа треба да заврши, на пр. 5 минути).Наставникот дистрибуира наставно ливче на кое се дадени броеви кои треба да се помножат, а потоа бара од учениците да ги прочитаат добиените резултати.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со математичката операција делење и бара од учениците да ги решат задачите колкуу што можат побрзо. Оној кој прв ќе ги реши задачите точно е победник.

Наставни средства и помагала

Учебник, училишен прибор, табла, креда, наставни ливчиња, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 8: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (множење и делење)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ја обојат сликата која ја има на наставното ливче со операцијата делење. Сликата треба да биде обоена според дадените инструкции.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците ги увежбаа математичките операции множење и делење и можат да прочитаат дадена задача.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа математичките операции множење и делење и ги читаа поставените задачи кои не претставуваа потешкотија за нив. На мал дел од учениците им беше потребна мала помош при читање на поставените задачи. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше играта со математичката операција множење. Кога повторно би го одржала истиот час не би менувала ништо, бидејќи сметам дека целите беа постигнати, а часот беше исполнет и интересен за учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 9: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 5. Усвојување на редни броевиДатум 31.01.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои редните броеви до 31 да го усвои начинот на искажување датуми

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот бара од учениците да се наредат во круг и да бројат до

100, така што секој ученик ќе кажува по еден број поседователно. На пример, првиот ученик го кажува бројот 1, вториот бројот 2, третиот бројот 3, итн се до 100.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува редните броеви до 31. Учениците ги повторуваат броевите повеќе пати. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат броевите и да ги повторат уште еднаш. Потоа, наставникот ги запишува броевите на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.Наставникот ги потсетува учениците на месеците во годината и го поучува начинот на искажување на датуми. Тој запишува неколку примери на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку датуми со цифри, а од учениците бара да ги прочитаат истите и да ги запишат со зборови. (На пр. 21.08.-twenty first of August). Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебник, училишен прибор, табла, креда, наставни ливчиња, боички и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (редни броеви)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ги запишат со зборови датумите на кои се прославуваат нивните родендени. Потоа, истите да ги закачат на постер.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (искажување на редни броеви и на датуми), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 10: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Очекуван исход Учениците ги усвоија редните броеви до 31 и искажуваат датуми.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија редните броеви и го увежбаа искажувањето на датуми. Дел од учениците ги имаа заборавено месеците во годината и поради тоа им беше потребна помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час. Сите активности им беа подеднакво интересни, а кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам некоја игра или квиз поврзан со редните броеви.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 11: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 6. Читање со разбирање на краток текстДатум 02.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на редните броеви до 31 преку искажување на датуми

да го увежба читањето на текстот со познати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот покажувајќи кон постер ги потсетува учениците на месеците во годината. Учениците ги именуваат истите. Потоа, наставникот запишува неколку датуми со цифри, а од учениците бара да ги прочитаат истите и да ги запишат со зборови.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и внимателно да го слушнат аудиозаписот. Откако ќе го слушнат дијалогот, наставникот поставува прашања поврзани со истиот, а учениците со кревање рака одговараат на прашањата.Наставникот бара од учениците да ги отворат нивните учебници и повторно да го слушнат дијалогот, да го прочитаат и да го повторат слушнатиот дијалог реченица по реченица.Потоа, учениците ги дополнуваат редните броеви во речениците од вежба бр.3/стр.26.

Завршен дел (10мин) Во мали групи, учениците го читаат дијалогот поделени по улоги. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Потоа, учениците одбираат група која најдобро го прочитала дијалогот.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебник, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (редни броеви)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 12: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Додатна активност Наставникот пушта видеозапис со редните броеви. Учениците го гледаат видеозаписот и ги повторуваат редните броеви. (http://www.youtube.com/watch?v=6EwjUUc6lG4 )

(http://www.youtube.com/watch?v=PIUyGMJihd0&feature=related )

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (искажување на редни броеви и на датуми, читање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги именуваат редните броеви и го читаат дијалогот со познати зборови.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги именуваат редните броеви и го читаат дијалогот поделен по улоги. На неколку ученици им беше потребна помош при читањето на речениците од дијалогот. Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии и сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најинтересна активност им беше гледањето на краткото видео со редните зборови, а кога би го одржала истиот час уште еднаш би можела да применам некоја игра или квиз.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 13: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 7. Вежби- редни броеви и “wh-“ прашањаДатум 07.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на редните броеви до 31 преку искажување на датуми

да ги увежба “wh-“ прашањата и соодветните одговори на истите

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку броеви на таблата, а од учениците бара да му ги напишат соодветните редни броеви. Потоа, со употреба на постер, учениците ги именуваат месеците во годината.

Главен дел (20 мин) Наставникот го поучува искажувањето датуми со употреба на редните броеви (на пр. 28.02-the 28th of February). Потоа, во парови учениците ја решаваат вежба бр.4/стр.27. Тие прашуваат и одговараат за датумите следејќи го дадениот пример.Наставникот ги потсетува учениците на “wh-“ прашањата и на соодветниот начин на одговарање на истите. Потоа, учениците го слушаат аудиозаписот и ги заокружуваат соодветните “wh-“ прашални зборчиња (вежба бр.5).Вежба бр.6. Учениците ги поврзуваат деловите од речениците со соодветните датуми и речениците ги запишуваат во нивните тетратки. Потоа, на компјутер решаваат интерактивни вежби (http://eolf.univ-fcomte.fr/uploads/ressources/grammar/10_numbers%20-dates/05g_dates/01.htm ) и (http://www.adelescorner.org/vocab/the_date/date2.html )

Завршен дел (10мин) Вежби бр.7 и 8. Учениците го слушаат и повторуваат дијалогот даден како пример. Потоа, во парови прашуваат и одговараат за нивните родендени.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер,постер со месеците во годината, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 14: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (редни броеви)

Додатна активност Учениците решаваат квиз (http://esl.fis.edu/vocab/q12m/math3.htm) каде треба да ги поврзат датумите искажани со зборови со датумите искажани со броеви за колку што можат помалку време.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (искажување на редни броеви и на датуми, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги именуваат редните броеви и искажуваат датуми.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на редните броеви и на месеците во годината. Потоа, преку вежби го увежбаа искажувањето на редните броеви и на датуми. Сите ученици учествуваа во предвидените активности. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Најинтересни активности им беа вежбите од Интернет, а кога би го одржала повторно истиот час не би променила ништо бидејќи мислам дека часот беше исполнет и интересен за учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 15: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 8. Вежби- слушање со разбирање на краток текстДатум 07.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги развива вештините- слушање и читање со разбирање да напише роденденска честитка до некое другарче

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот поставува неколку прашања кои започнуваат со “wh-“

прашални зборови, а учениците со кревање рака одговараат на поставените прашања.Наставникот запишува неколку датуми со броеви, а учениците ги запишуваат истите со букви. На тој начин се потсетуваат на редните броеви.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1/стр.28. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги заокружат соодветните броеви. Потоа, наставникот поставува прашања кои се поврзани со слушнатиот аудиозапис.Ученици- доброволци го читаат текстот, а други ученици го преведуваат.Вежба бр.2. Учениците во парови прашуваат и одговараат на прашањата од оваа вежба. Потоа, го слушаат аудиозаписот и ја пополнуваат табелата од вежба бр.3. Наставникот се движи низ училницата и ги проверува нивните одговори.Вежба бр.4. Во парови, учениците прашуваат и одговараат на дадените прашања од оваа вежба, давајќи одговори кои се поврзани со нив самите.

Завршен дел (10мин) Вежби бр.5. Следејќи го примерот од вежба бр.1 На лист хартија, учениците креираат роденденска покана до некое нивно другарче.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер, хартија, боички, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, тивка активност (silent way), целосен физички одговор (TPR), работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (редни броеви)со ликовно образование (цртање и обојување)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 16: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Додатна активност Учениците ги читаат поканите за роденденска забава кои ги напишаа за нивните другарчиња.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, слушање со разбирање, читање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците разбираат слушнат исказ и соодветно реагираат на слушнатото.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го разбраа слушнатиот исказ и соодветно одговорија на поставените прашања поврзани со истиот. Тие ги решаваа вежбите предвидени за овој час и не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Сите учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше вежба бр.4 и изработката на роденденската покана. Кога би го повторила истиот час би можела да применам наставно ливче со искажување датуми.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 17: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 9. Прославување на Св. Валентин во светотДатум 14.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови кои се поврзани со прославувањето на Св. Валентин

да се стекне со информации за други култури

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците.

Наставникот ги прашува учениците по што е познат Св. Валентин како празник и дали знаат кои се обележјата на овој празник. Потоа, ги прашува кој празник (Св. Трифун) ние го прославуваме на овој ден и зошто го славиме овој празник.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува новите зборови, а потоа го пушта дијалогот од вежба бр.3/стр.98 за учениците да го слушнат, а потоа и да го прочитаат и да го повторат слушнатото.Во мали групи учениците го читаат дијалогот поделени по улоги. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.Учениците слушаат песна насловена како “True rap sonд”, а потоа одговараат на прашања поврзани со песничката.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставни ливчиња на кои се дадени кратки стихови поврзани со прославувањето на Св. Валентин. Наставникот проверува дали учениците имаат некои непознати зборови и го објаснува нивното значење. Учениците го читаат текстот и одговараат на дадените прашања.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер, наставно ливче, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Додатна активност Вежба бр.5/стр.98. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги запишат имињата.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 18: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабулар, слушање со разбирање, читање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците располагаат со информации за прославувањето на Св. Валентин во земјите низ светот.

Рефлексија на часот Учениците усвоија неколку нови зборови и се стекнаа со информации за прославувањето на Св. Валентин во земјите од светот. Не беа забележани потешкотии при усвојувањето на зборовите, но кај тројца ученици можеше да се забележи потреба од помош при читањето на дијалогот и при читањето на текстот од наставното ливче. Сите активности им беа подеднакво интересни на учениците, а кога повторно би го одржала истиот час би можела да побарам учениците да пронајдат кратки стихови или поеми на Интернет и да ги прочитаат за останатите од одделението.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 19: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 10. Проектна активност : Прославување на Св. Валентин во светотДатум 14.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ја презентира својата изработка (постер) поврзана со прославувањето на Св. Валентин

да се стекне со информации за други култури

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата од вежба бр.5 и од

учениците бара да ги слушнат исказите и да ги запишат имињата. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Главен дел (20 мин) Учениците имаа за задача да истражуваат и да пронајдат информации за прославувањето на овој празник, односно зошто се празнува, како се прославува, кои се симболи на празникот и сл. Тие имаа за задача добиените информации да ги искористат за изработка на постер, а во текот на овој час ги презентираат нивните изработки.Наставникот им ги објаснува критериумите според кои ќе се оценуваат нивните изработки и самата презентација. Учениците ги презентираат нивните изработки, а потоа заедно со наставникот ги оценуваат истите според дадените критериуми.Во парови, учениците прашуваат и одговараат на прашањата од вежба бр. 6.

Завршен дел (10мин) Наставникот ја пушта песничката “Oh, my darlinд!” за учениците да ја слушнат, а потоа и за да се обидат да ја пеат. Наставникот дава онструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер, однапред изработени постери од страна на учениците, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на презентација, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, метод на песна, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите)

Додатна активност Учениците изработуваат картички за Св. Валентин.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабулар, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, листа со критериуми за оценување на проектна активност и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 20: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Очекуван исход Учениците ги презентираа нивните изработки (постери) поврзани со празнувањето на Св. Валентин.

Рефлексија на часот Учениците имаа изработено постери со бараните информации кои се однесуваа на прославувањето на празникот Св. Валентин, но нивната креативност не беше доволно изразена. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а за презентирање на нивните изработки учениците одбраа по еден претставник во групата. Најинтересна активност на учениците им беше самото презентирање на нивните изработки.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 21: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 11. Игра и песничка “Your very special day!”Датум 16.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба редните броеви и “wh-“ прашањата преку игра да се потсети на содржините од оваа тема преку песничка

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот поставува неколку “wh-“ прашања кои се однесуваат на учениците, а тие одговараат на истите (на пр. What date is today? When is your birthday? How old are you?Where is your friend from?). Доколку има потреба наставникот им помага.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежба бр.7/стр.29. Со еден ученик-доброволец го чита дадениот пример, а останатите од одделението го повторуваат. Потоа, поделени во групи учениците ја играат играта. За секое точно одговорено прашање, групата добива поени. Победник е групата со најмногу поени.Наставникот ја пушта песничката повеќе пати за учениците да ја слушнат и да се обидат да ја пеат.

Завршен дел (10мин) Во мали групи, учениците се обидуваат да ја отпеат песничката најдобро што можат. Потоа, одбираат група која најдобро ја отпеала песничката.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на игра, метод на песна, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (редни броеви)со музичко образование (песничка)

Додатна активност Наставникот запишува неколку датуми со цифри, а учениците во нивните тетратки ги запишуваат истите со зборови.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во игра, учество во изведба на песничка), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во групи и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 22: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

Очекуван исход Учениците преку учество во игра и пеење на песна искажуваа редни броеви и одговараа на “wh-“ прашања.

Рефлексија на часот Учениците учествуваа во предвидените активности за овој час, односно во играњето на играта и во изведбата на песничката. Не беа забележани некои потешкотии, освен кај двајца ученици на кои им беше потребна помош при учеството во играта. Најинтересна активност им беше самата игра и сооценувањето на нивната изведба на песничката. Кога би го повторила овој час, би можела да применам и некоја интерактивна игра од Интернет, иако часот беше доста исполнет.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 23: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 12. Потсетување на содржините од тема бр.4Датум 21.02.2012Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на вокабуларот и на граматичките структури кои се среќаваат во оваа тема

да го утврди своето познавање на содржините од оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Со употреба на флеш карти наставникот ги потсетува учениците на

веќе познатите поими од оваа тема. Потоа, со покажување кон блиски и оддалечени предмети во училницата ги потсетува учениците на показните заменки. Со поставување на неколку прашања ги потсетува и на “wh-“ прашалните зборчиња и нивната употреба.

Главен дел (30 мин) Наставникот дистрибуира тестови и дава инструкции за решавање на секоја од вежбите во тестот. Тој ги објаснува и критериумите за оценување на тестот. Доколку има некои прашања поврзани со вежбите од тестот, наставникот одговара на истите. Учениците самостојно ги решаваат вежбите од тестот.

Завршен дел (5мин) Откако ќе ги решат вежбите од тестот, учениците ги враќаат истите кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, флеш карти, тест и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, комуникативен метод, работа во заедница, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)со математика (редни броеви)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

усни одговори на прашања од наставникот, тест, бодовна скала, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги решаваат вежбите од тестот.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите од тестот. Од направената анализа Наставник: Билјана Влахова Карадачки

Page 24: дневни подготовки-5то одд.-тема 4

на тестот може да се заклучи дека средниот успех е добар (средна оцена е 3,06). Најусвоени содржини од оваа целина се “wh-“ прашањата и редните броеви, а додека најтешко за учениците е искажувањето на математичките операции со зборови.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки