49
Св. Серафим Роуз се родил на 12 август 1934 г. во обично протестантско семејство и во ништо помалку обичното гратче – одмаралиште Сан Диего во Калифорнија и го добил името Јуџин, што значи – благороден.. Јуџин Роуз, во иднина отец Серафим, бил вонредно надарено дете. Посетувал протестантски библиски клас и често ги зачудувал родителите, цитирајќи го наизуст Светото Писмо. Кога наполнил четиринаесет години, се крстил во методистичка црква. Во 1952 г. се запишал на еден од најстарите универзитети во Калифиорнија – Помола Колеџ. Во тоа време престанала да го интересира таа варијнта на христијанство, што ја предлагал протестантизмот. Тој имал одвратност кон самозадоволниот свет во кој израснал и потсвесно чувствувал дека учењето на овој свет за Бога е премногу јалово и затоа – невистинито. Излегувало дека христијанството било повикано да ги утешува луѓето кои живеат телесен живот и не се грижат за здобивање на Царството Небесно во нивните животни неуспеси. На колеџот се запознал со девојка по име Елисон. Само нејзе ѝ ги откривал своите мисли. Елисон, која припаѓала на англиканската црква, го убедувала Јуџин во вистинитоста на христијанската вера, покажувајќи му ја неодржливоста на ѕенот. По присилување Јуџин ја прочитал Браќа Карамазови од Достоевски. Таа книга прво му го подотвори светот на Православието. Уште поголема полза Јуџин имал од музиката на Јохан Себастијан Бах. Неговата чувствителна душа длабоко ја трогнувале зборовите од Светото Писмо поставени во музика на оргули. Јуџин решил да учи старокинески. Завршувајќи го колеџот во 1956 г., Јуџин продолжил на Академијата по изучување на Азија во Сан Франциско. Курсот по компаративна религија при академијата им давал можност на младите интелектуалци да се испробаат на различни духовни попришта: индуизам, будизам, јудаизам, суфизам и др. Јуџин ги изучил сите, барајќи ја – како што кажа самиот – „пред сè вистината”. Еден од неговите академски пријатели специјализирал на источното христијанство. Тој и го запознал со Добротољубието и Расказите од еден поклоник на својот духовен отец.

Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Св. Серафим Роуз се родил на 12 август 1934 г. во обично протестантско семејство и во ништо помалку обичното гратче – одмаралиште Сан Диего во Калифорнија и го добил името Јуџин, што значи – благороден..

Јуџин Роуз, во иднина отец Серафим, бил вонредно надарено дете. Посетувал протестантски библиски клас и често ги зачудувал родителите, цитирајќи го наизуст Светото Писмо. Кога наполнил четиринаесет години, се крстил во методистичка црква.

Во 1952 г. се запишал на еден од најстарите универзитети во Калифиорнија – Помола Колеџ. Во тоа време престанала да го интересира таа варијнта на христијанство, што ја предлагал протестантизмот. Тој имал одвратност кон самозадоволниот свет во кој израснал и потсвесно чувствувал дека учењето на овој свет за Бога е премногу јалово и затоа – невистинито. Излегувало дека христијанството било повикано да ги утешува луѓето кои живеат телесен живот и не се грижат за здобивање на Царството Небесно во нивните животни неуспеси.

На колеџот се запознал со девојка по име Елисон. Само нејзе ѝ ги откривал своите мисли. Елисон, која припаѓала на англиканската црква, го убедувала Јуџин во вистинитоста на христијанската вера, покажувајќи му ја неодржливоста на ѕенот. По присилување Јуџин ја прочитал Браќа Карамазови од Достоевски. Таа книга прво му го подотвори светот на Православието. Уште поголема полза Јуџин имал од музиката на Јохан Себастијан Бах. Неговата чувствителна душа длабоко ја трогнувале зборовите од Светото Писмо поставени во музика на оргули.

Јуџин решил да учи старокинески. Завршувајќи го колеџот во 1956 г., Јуџин продолжил на Академијата по изучување на Азија во Сан Франциско. Курсот по компаративна религија при академијата им давал можност на младите интелектуалци да се испробаат на различни духовни попришта: индуизам, будизам, јудаизам, суфизам и др. Јуџин ги изучил сите, барајќи ја – како што кажа самиот – „пред сè вистината”. Еден од неговите академски пријатели специјализирал на источното христијанство. Тој и го запознал со Добротољубието и Расказите од еден поклоник на својот духовен отец.

Јуџин првпат посетил православна богослужба на Велики Петок од Страстната седмица во православниот Собор Сан Франциско.

После половина година помината во академијата, тој се запишал на Калифорнискиот универзитет во Беркли, за да ја добие титулата магистер по источни јазици. Тој решил самостојно да го научи рускиот јазик.

Во 1961 г. Јуџин сериозно се разболел. Лекарите неговата болест ја сметале за неизлечива и му претскажувале блиска смрт. По молитвите на Богородица, оздравел.

По некое време кај него дошол неочекуван посетител. Тоа бил рускиот студент по име Глеб, млад човек со слични идеали како Јуџин. Тој му покажал на Јуџин слајдови од светите места на руската Америка, каде што бил на поклонение: Новиот Валаам на Герман Аљаскински, осамените руски скитови во Канадската пустина, манастирот Света Троица, женскиот манастир

Page 2: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Ново Дивеево во Њу Јорк и други. Јуџин вџашено го гледал сето тоа. Глеб бил духовно чедо на прозорливиот отец Адријан од Новодивеевскиот манастир, на чии раце умрел последниот оптински старец Нектариј.

Со помош на Глеб и неговите руски другари, Јуџин станал православен. На 15/25 февруари 1962 г. во денот на споменот на св. Евгениј Александриски, тој бил примен во прегратките на Црквата. Таа недела се читало Евангелието за блудниот син, и Јуџин се почувствувал цврсто прегрнат во прегратките на Отецот. По стапувањето во црковното собрание, Јуџин во текот на седмицата, чувствувал во устата многу пријатен вкус. Нему дури не му се јадело. Во својата простота, тој мислел дека сите новокрстени христијани чувствуваат нешто слично.

Во 1962 г. во Сан Франциско пристигнал блажениот архиепископ Јован (Максимович). По некое време владиката Јован почнал да го забележува младиот човек кој не пропуштал ниедна богослужба, внимателно стоејќи назад во храмот и сосредоточено молејќи се. Тој му предложил да чита на певницата.

На 28 август/10 септември 1963 г. архиепископот Јован го благословил Братството на св. Герман Алјаскин кое го оформила Јуџин и неговиот пријател Глеб, извршувајќи Молебен пред иконата на отец Герман Аљаскински, насликана од Глеб. Браќата добиле благослов и духовна поддршка и од архимандритот Герасим, почитуваниот старец – отшелник на Аљаскинскиот Нововалаамски манастир.По неколку месеци Јуџин зел под наем просторија, близу до храмот во изградба, каде што набргу се отворила книжарница за православни книги и икони. Во февруари 1965 г. се појавило и списанието Orthodox Word.

Во 1967 год. нашле парче земја, погодно за монашки живот на шумовит рид, наречен Нобл Риџ, оддалечен неколку милји од гратчето Платина во Северна Калифорнија. Во 1969 г. на празникот Успение, браќата се преселиле во својата пустина.

Во 1970 г. браќата зеле учество во канонизацијата на нивниот покровител – Герман Аљаскински. Неколку дена потоа, во ден на споменот на св. Азарија Валаамски, тие биле пострижени во монаштвото; Јуџин – со името на Серафим Саровски, а Глеб – со името на новопрославениот св. Герман. Нивни раководители во монашкиот живот станале епископот Нектариј (Концевич) – ученик на последниот оптински старец Нектариј, и архимандритот Спиридон (Ефимов), близок другар на владиката Јован. Отец Серафим самиот си изградил келија на падината од гората и ја нарекол Оптина.

Во 1977 г. отците Серафим и Герман биле ракоположени за свештеници.

Во 1977 г. отците основале Летна школа за поклоници, наречена св. Герман, во чија програма влегувале служби, лекции и крстни литии. За тие што сакале да се развиваат понатаму била основана Нововалаамска богословска академија. Во следните пет години, тие (доведени до Бога од отците Серафим и Герман), крстиле повеќе стотини луѓе.

Наскоро се појави и потреба од женски манастир. името Јуџин, што значи – благороден. Во

Page 3: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

1980 г., кога браќата купија парче земја, оддалечено 12 милји од манастирот, манастирот беше наречен со името на Ксенија Петерсбургска.

Еднаш за време на читање на неделниот канон, еден од олтарниците го видел отец Серафим како сјаје со небесна светлина.

Во 1982 г. спроти празникот Преображение, отец Серафим со браќата изврши крстна литија на врвот на ридот, каде што над бездната се извишувал голем крст. Таму процесијата се сретна со сестрите од скитот Блажена Ксенија.

После неколку дена доби силни болки во стомакот. Тој не пушти ни глас, за да не го привлекува вниманието кон себе со својата болест, само се затвори во својата келија и долго се молел. Сепак наскоро, кога се дозна за неговата болест, браќата настојуваа тој да биде пренесен во болница. После операцијата лекарите предупредија за можноста од внатрешно крварење. Дојде свештеник со Светите Дарови. По читањето на Евангелието, свештеникот со него го благослови легнатото тело на отец Серафим. На 20 август/2 септември отец Серафим замина при Господа. Имаше 48 години. Телото на отец Серафим го однесоа во манастирот, за да го предадат на земјата на свето место. На неговата студена уста некако природно се обликува таква спокојна, блажена насмевка, така што изгледаше дека неговото лице сјае со светлина. Децата не можеа да ги тргнат од ковчегот. За време на изнесувањето на ковчегот, една жена по име Елена, била удостоена со видение. Таа го видела отец Серафим осјаен од небесна светлина, над ковчегот, како кади кон олтарот.

По 40 дена во манастирот пристигна епископот Нектариј, кој после Литургијата испеа величание: „Величаем тја, преподобне отче наш Серафиме, и чтим свјатују памјат твоју, наставниче монахов и собеседниче ангелов.” Во проповедта тој отец Серафим го нарече свет праведник. По молитвите на отец Серафим почнаа да се случуваат чуда.

Argireta Ateva:

монах Дамаскин (Кристенсен), манастир Св. Герман Аљаскински, Калифорнија, 1990 г

КРАТОТ ЖИВОПИС НА ЈЕРОМОНАХ СЕРАФИМ РОУЗ

Во отец Серафим (Роуз) луѓето, пред сè, гледаат огнена љубов кон Вистината, заради која тој умре за светот и претрпе многу беди. Русија некогаш, со текот на околностите го посеала во Америка зрното на вистинското Православно учење. Американската земја го израсна својот плод во лицето на отец Серафим и со благодарност го враќа на

Page 4: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

мајката Руска Црква. Отец Серафим многу љубеше; тој живееше, работеше и умре за тоа – неговите современици макар делумно да се просветат со светлината на Православието. Сега од сите краишта на земјата луѓето за него вознесуваат огнени молитви. Него го почитуваат во Америка, Австралија, Западна Европа, но најмногу во Русија.

Самиот живот на отец Серафим е чудо. Ништо од неговата средина не можело да вдахнови толку интензивен духовен раст. Човекот што нè приближи до древните подвижници на верата се родил во обично протестантско семејство и во ништо помалку обичното гратче – одмаралиште Сан Диего во Калифорнија. Родителите на неговата мајка Естер биле имигранти од Норвешка, а татко му бил половина – французин, половина – данец. Тој бил прост човек што заработувал за живот како чувар на игралиште за безбол. Повеќе од животот не барал. Но сепак, кога на 12 август 1934 г. му се родил третиот и последен син, тој му го дал името Јуџин, што значи – благороден.

Јуџин Роуз, во иднина отец Серафим, бил вонредно надарено дете. Еден од неговите учители признавал, дека присуството на Јуџин во класот го терало да се концентрира и внимателно да го води часот – „за напразно да не му го троши времето”. Еднаш неговата мајка му рекла: „Ако продолжиш да учиш со такво темпо, далеку ќе стигнеш.” Јуџин одговорил: „Сакам нешто друго. Сакам да станам мудар.”

Page 5: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Јуџин посетувал протестантски библиски клас и често ги зачудувал родителите, цитирајќи го наизуст Светото Писмо. Кога наполнил четиринаесет години, изразил желба да се крсти, што и го направил во методистичка црква.

Во повисоките класови на училиштето, кои ги завршил одлично, момчето се интересирало за математика и особено за морска биологија.

Инстиктивно не ги примал идеалите на младината околу него. Додека неговите врсници се собирале на журки и во дискотеки, во спортски сали, тој сам шетал по шумовитиот кањон недалеку од дома, мачејќи се со извесните проблеми: Што е животот и каде е неговото место во него? Како можело да постои живот надвор од времето и просторот? На него имало некаков необјаснив печат на величественост. Бил надарен до генијалност. Блиските кои го познавале, го жалеле што не се родил во некое друго време и на друго место. Чувствувањето на својата неадекватност со светот му причинувало жестоки страдања. Отец Павел некогаш напишал, дека тажната судба на генијалецот се состои во тоа што тој страда од две страни; однатре и однадвор.

Бунт

Во 1952 г. Јуџин се запишал на еден од најстарите универзитети во Калифиорнија – Помола Колеџ. Тоа бил симпатичен млад човек со големи замислени очи, кревок на изглед и повлечен при општењето. Но, внатре во него пламтела страста кон спознавање на нештата, неговата душа се стремела да ја разбере смислата на сè што постои.

Во тоа време Јуџин престанала да го интересира таа варијнта на христијанство, што ја предлагал протестантизмот. Тој имал одвратност кон самозадоволниот свет во кој израснал и потсвесно чувствувал дека учењето на овој свет за Бога е премногу јалово и затоа – невистинито. Излегувало дека христијанството било повикано да ги утешува луѓето кои живеат телесен живот и не се грижат за здобивање на Царството Небесно во нивните животни неуспеси. Бидејќи не е од овој свет, Јуџин востанал против општоприфатените норми. Тоа било своевидно бегство од светот, кога нема кај да се бега.

Секако, нема ништо чудно во тоа што, таков огнен правдобарател, каков што бил Јуџин, не можел да не ги заслуша пророчките сентенци на Фридрих Ниче. Не наоѓајќи во лутеранската црква вистински подвижници на верата, каков што бил на пример Антониј Велики, Ниче го исмејувал христијанството како религија на слабите, намерно испуштајќи го од предвид елементот на аскетскиот подвиг. Слично на паганскиот ураган на Вагнер, тој полуден пророк подигна невидена лага против верата, црпејќи творечко вдахновение од новата религија на натчовекот – Антихристот. Со тоа ништо помалку, без оглед на очигледното безумство на Ниче, тој му се допаѓал на младиот и огнен Јуџин повеќе од, како што сметал тој – без’рбетното христијанството, што му го предлагале.

Во потрага по Бога

Но, тоа било малку за метежната душа на Јуџин. Како што самиот пишуваше подоцна, тој сакал да го пронајде неминливиот свет, кој лежи подлабоко од секојдневните грижи, кои на душата не ѝ даваат траен мир и после себе оставаат само траги од

Page 6: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

гниење и распаѓање. Западната философија се покажала како мрачен ќорсокак. Тогаш тој се свртел кон Исток. Се зафатил со ѕен-будизмот.

На колеџот се запознал со девојка по име Елисон. Само нејзе Јуџин ѝ ги откривал своите мисли. Тие ноќе заедно шетале по океанскиот брег, восхитувајќи му се на ѕвезденото небо. Елисон, која припаѓала на англиканската црква, го убедувала Јуџин во вистинитоста на христијанската вера, покажувајќи му ја неодржливоста на ѕенот. Без оглед на подбивањата од негова страна, таа му ја објаснила разликата меѓу протестантизмот и католицизмот. По присилување Јуџин ја прочитал Браќа Карамазови од Достоевски. Таа книга прво му го подотвори светот на Православието. Достоевски му се допаднал. Рускиот писател ги покренувал истите прашања како Ниче, и ги решавал не помалку убедително, само од позиција на православното христијанство.

Уште поголема полза Јуџин имал од музиката на Јохан Себастијан Бах. Неговата чувствителна душа длабоко ја трогнувале зборовите од Светото Писмо поставени во музика на оргули. Особено се восхитувал на кантатата Ицх Хабе Генуг, која ја изразувала тагата на минливото по вечното и радоста на душата што се разделува од телото и влегува низ Рајските двери.

Тоа бил тежок период во животот на Јуџин. Во длабоко униние (очајание) тој размислувал за смртта. Ништо не можело да ја угасне неговата духовна жед – ни достигнувањата на науката, ни Ничевиот натчовек, ни безличното „јас” на ѕен-будизмот. Христос веќе се беше допрел до неговото срце и само во Него можеше да најде спокој. Другостраниот свет на Бах за него останувал недостижен. Постои ли тој навистина, и ако постои, зошто е толку недостапен? Некое време тој во изнемоштеност, стенкајќи паѓал на под. Поминувал часови во длабоко размислување, слушајќи го Бах повторно и повторно. Само Елисон знаела каква напрегната борба се случувала внатре во него.

Принципот на старина

Разбирајќи дека е далеку од повисоко метафизичко знаење, Јуџин се зафатил со читање. Во своето истражување се раководел од делата на францускиот мислител Рене Генон (+1951). Сепак, пристапот на Генон кон религијата бил исклучиво интелектуален, тој не можел на Јуџин да му ја даде полнотата на вистината, која што ја барал. Сепак, Генон бил првиот човек, кој конечно го утврдил во христијанството.

Порано, чувствувајќи се несоодветен за овој свет Јуџин мислел дека целата работа е само до него. Од Генон дознал дека работата никако не била до него, туку до изопаченоста и порочноста на современиот свет. За разлика од сите понови философи, гледајќи на нештата од аспект на историскиот прогрес, Генон ја основал својата философија на принципот на историскиот регрес. Така, соодветно на општоприфатената концепција; нештото колку е поново, толку е подобро. Според Генон сè е спротивно; нешто толку подобро е, колку што е постаро.

Философијата на Генон му помогнала на Јуџин да го реши проблемот со својата специјализација на колеџот. Тој решил да учи старокинески, за на Западот да му ја претстави кинеската традиција не од западни, туку од источни позиции – задача која досега не е исполнета од ниеден лингвист.

Page 7: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Антихрист

Завршувајќи го колеџот во 1956 г., Јуџин продолжил на Академијата по изучување на Азија во Сан Франциско. Курсот по компаративна религија при академијата им давал можност на младите интелектуалци да се испробаат на различни духовни попришта: индуизам, будизам, јудаизам, суфизам и др. Јуџин ги изучил сите, барајќи ја – како што кажа самиот – „пред сè вистината”. Еден од неговите академски пријатели специјализирал на источното христијанство. Тој и го запознал со Добротољубието и Расказите од еден поклоник на својот духовен отец.

Во 1957 г. Јуџин напишал дело што означувало важен пресврт во неговиот живот. Тоа се нарекувало Псевдорелигијата и нашето време и ја истражувало новата религиозна свест, претходница на екуменското движење Нова ера. Согласувајќи се со мислата на Генон, Јуџин напишал, дека таквите текови го поставуваат духовниот фундамент за идното царство на Антихристот.

По зборовите на Елисон; „Јуџин го спознал постоењето на злото и гревот дотолку, колку што го спознал постоењето на добродетелта и вистината.” Од Ниче тој ја знаел адската сила на Антихристот. Од Генон тој се научил да го гледа дејството на таа сила во современиот свет, како го намамува човекот во стапицата на материјализмот на душевноста и отфрлајќи ја од него вистинската духовност. Тој го видел современиот човек во стегите на политичките страсти, опфатен од духовна глад, во очекување на избавител, но не Спасителот, туку имено, избавител кој ќе го избави од проблемите. За Јуџин, Антихристот беше реалност. Од тоа неизбежно следел заклучокот: Ако постои Антихрист, значи мора да постои и Христос.

Доаѓајќи до интелектуално примање на верата, тој сеуште бил далеку од неа. Недостигало искуственото познание на Христа и тоа искуство не задоцнило со појавувањето.

Враќање дома

Благодарејќи на грижата на човекот кој го запознал со Добротољубието, Јуџин првпат посетил православна богослужба. Тоа се случило на Велики Петок од Страстната седмица во православниот Собор Сан Франциско. Можел ли тој тогаш да претпостави, како ќе повлијае тој настан на неговиот живот? После многу години, тој си спомнуваше:

„Кога првпат го престапив прагот на православниот храм, јас почуствував нешто што немав почувствувано во ниеден будистички или западен храм. Моето срце како да ми кажуваше, дека тоа е мојот дом и дека барањата се завршени. Бев во недоумица и не знаев на што да го припишам тоа. Службата се вршеше на за мене непознат јазик. Но, јас не можев да го заборавам тоа прво чувство и почнав да го посетувам православното богослужение, паралелно учејќи го јазикот и читајќи книги за Православието. Ме осени мисла, дека вистината не може да биде апстрактна идеја за умот, истината мора да биде нешто личностно – дури Личност – и признавањето на неа произлегува не од умот, туку од срцето. Така стигнав до Христа.”

На страдалната душа на Јуџин ѝ било приготвено откровение од Бога. Тој раскажуваше: „Кога човек навистина ќе се сврти кон Вистината, тој добива од Бога

Page 8: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

откровение. Вие страдате и се мачите во барањето на излезот, кога одеднаш ви се открива друг свет. И колку повеќе страдате, колку повеќе го повикувате името Божјо, толку поголема утеха добивате од Бога, кој ви се открива себеси и својата волја.”

Што го доведе Јуџин на прагот на Вистината? Бах со неговата возвишена музика? Генон со неговата приврзаност кон традицијата и критика на современоста? Можно е. Но, само Православието му дало можност да ја види сета полнота на Вистината: неизопачениот лик на Христа. Набргу по неговото обраќање, тој ѝ напишал на Елисон: „Православието е подобро од Бах.”

Јуџин сè повеќе се оддалечувал од христијанската традиција во која израснал. Нему не му се допаднало она христијанство кое што удобно сместено во овој живот, сакало да ги поучува другите. Неговата Црква сета своја надеж ја положувала на едниот Бог и на „животот на идниот век”, кој се надеваше дека ќе го добие, откако ќе ги отфрли задоволствата и ќе ја распне својата плот „со страстите и похотите” следејќи го својот Бог, давајќи им на своите ученици пример на „крстна смрт.” Само таквиот Бог е достоен за поклонување со сето битие и со сите душевни сили.

Еднаш навечер, шетајќи по улиците на Сан Франциско, новообратениот Јуџин обратил внимание на сонцето што полека заоѓало зад хоризонтот. Одненадеж го опфатило чувствување на крајот на времето. Неподносливо тешка била за него мислата, дека тој своевремено го отфрлил Христа и продолжил да го распнува со своите гревови во текот на многу години. Чудо е што Господ се смилостивил и му се открил себе си на таков грешник! Во благодарност трогнат, полн покајание, Јуџин паднал на колена и ја целивал земјата.

Питер Будберг

После половина година помината во академијата, тој се запишал на Калифорнискиот универзитет во Беркли, за да ја добие титулата магистер по источни јазици. Овде, покрај своите главни обврски, тој самиот предавал јазици на студентите. Негов ментор бил истакнатиот лингвист – кинаист, професорот Питер А. Будберг, кому му се восхитувал и го почитувал целиот универзитет.

Како што Будберг и Јуџин поблиску се запознавале, тие почнале да разменуваат мислења кои не се однесувале непосредно на нивната академска дејност. Слично на Јуџин и професорот Будберг се покажал како поклоник на вистината. И тој во младоста сакал да шета ноќе крај море, во размисла за судбините на светот. Но, потоа секојдневната суета и семејните грижи го сториле своето.

Будберг бил американец со руско потекло. Неговиот татко служел во царската армија и синот го воспитал во православната традиција. Но, кога тие се запознале, Будберг не одел во црква.

Тие станале блиски. Изгледа Јуџин го потсетувал Будберг на себе во младоста. Сепак, еден случај ја покажал нивната разлика во идеалите. Некако тие започнале полемика, околу тоа, кој е поголем: Толстој или Достоевски? Будберг бил на страната на Толстој, Јуџин го бранел Достоевски. Будберг толку упорно спорел, што Јуџин почнал да се сомнева, не пропуштил ли нешто кај Толстој? „Која книга најдобро ја покажува длабочината на Толстој?” – го прашал својот ментор. „Војна и мир” – му одговорил.

Page 9: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Кога стигнал дома, Јуџин почнал со читање на книгата. По неколку дена некој затропал на вратата на Будберг. Тоа бил Јуџин. „Вие грешете – рекол тој – Достоевски е каде-каде подлабок.”

Црковен материјализам

Јуџин многу бргу стигнал до почитување на Божјата Мајка. Тој почнал да ја чита молитвата кон Богородица (Пресвета Богородице, спаси нè), дури порано од Исусовата молитва (Господи Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот).

Тој решил самостојно да го научи рускиот јазик. Најверојатно тоа не му била најтешката работа во животот, имајќи го предвид неговото лингвистичко образование и способности. Затоа сега му станало потешко да ги посетува службите во Соборот. Сега Јуџин разбирал што е вистинската Христова Црква: Царството Божјо на земјата. Тој бил во недоумица, плашејќи се да не привикне на благодатната сила што престојувала во храмот. Тој се плашел да не престане да го чувствува душевниот трепет од светињата, да не ја обрати верата во обредност или во зборови, како што му сличило на професорот Будберг. Тој сакал веднаш да ја прими мистичката, аскетската суштина на Православното учење, оставајќи му ја суетата на светот. Но, некој требало да му помогне.

Блажени се оние што ја бараат правдата

Обраќањето на Јуџин било сè поблабоко, сè помалку место во него заземала празнината. И набргу, кога како сад се наполнил да врв, тој се судрил со внатрешната неопходност да им даде излез на чувствата што го преполнувале. Почнал да пишува. Учејќи и поучувајќи во универзитетот, тој почнал да ги запишува духовните впечатоци од нештата што го окружувале. Во тие записи на христијанин, кои можело да се наречат благодарствени песни кон Бога, тој често искажувал неподредени мисли и длабоки чувства.

Но, од избраната форма на есеј не бил задоволен. Јуџин решил да напише книга, која би ја истражувала духовната состојба на современиот човек. Од сопственото искуство тој знаел, дека за човекот не е можно да дојде до Бога, ако не го осознае богоотстапништвото на своето време. Тој сакал луѓето да видат, дека не е доволно да се биде како сите, или пак, дури и подобар од другите, за да разберат дека – без Христа не ќе се спаси никој.

Тој намерно избрал за книгата наслов кој звучи толку контрастно: Царството на човекот и Царството на Бога. Замисленото дело ги барало сите негови душевни сили и енергии. Јуџин започнал со пишувањето.

Нему му претскажувале блескава кариера на кинаист. Професорот Будберг сакал Јуџин да биде под негово покровителство. Но, Јуџин таквата перспектива воопшто не го привлекувала. Тој бил разочаран од академскиот свет, во кој барањата на вистината се заменувале со истражувања на тема, што гарантирало добра плата.

Во 1961 г. завршувајќи ја подготовката на дисертацијата за титулата магистер, тој решил учењето да го остави привремено, заради пишувањето на книгата. Професорот Будберг покажал разбирање и не се обидувал да го запира. Но, мајката на Јуџин се

Page 10: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

разочарала. Таа толку се надевала на академската кариеара на својот син! Можела ли таа тогаш да претпостави каква служба била подготвена за нејзиниот син?

Нихилизам

Слободен од универзитетските обврски, Јуџин целосно се посветил на пишувањето. Грижливо собирал информации за причините на сегашната сосотојба и за последиците од богоотстапништвото на човекот. Тој исчитувал неверојатно количство книги и списанија. Секојпат се враќал од библиотека натоварен со книги, а исечоците од весници зафаќале цели томови.

Работата на книгата го довела до заклучокот дека, основа на сета филозофска мисла на XX век е нихилизмот. Тој напишал: „Таа философија најјасно беше изразена од Ниче и од една од личностите на Достоевски: Бог умре, сега секој е Бог и сè е дозволено. Определете ја суштината на оваа философија и сè ќе си дојде на свое место. Ќе видете дека претставници на оваа идеја се, повеќе или помалку, речиси сите современи философи, писатели, уметници.”

Изучувајќи ги тие мислители, кои се осмелиле да го доведат нихилизмот до својот логички крај, Јуџин дошол до заклучок, дека нихилизмот е своевидна религија спротивна на христијанството со неговото откажување од земната среќа во име на Царството Небесно. Тоа е религијата на хуманизмот. Таа е прародителка на сите философски или социјални текови, кои се повикани на засновување на замното Царство на Човекот. Некои во своето негирање отишле толку далеку како Ниче, но ужасното лице на нихилизмот ѕирка од зад превезот на надворешно благовидните форми, кои често се прикриваат со името Христово.

Жртва (подвиг)

Јуџин решил да не ја искористи својата положба во универзитетот за заработка. Тој намерно избирал најтешки, некфалифицирани работи, собирајќи садови во ресторанти, работејќи како градинар. Со својата слаба телесна градба, многу се заморувал. Но сепак, тој претпочитал било каква физичка работа пред умствена, за да нема пречки во текот на своите мисли. Тој работел на некое место додека да собере некоја сума пари со кои можел да живее, а потоа се задлабочувал во својата работа.

Немало никакви шанси дека ќе биде објавена неговата книга, која удирала по основите на современата свест. Јуџин решил тоа да биде негова жртва на Правдата (Вистината), која тој толку долго ја барал. Во својот дневник тој запишал: „Од огромниот број вистинобаратели треба веднаш да ги одделиме оние што се раководат од нешто друго, освен од разјадувачката внатрешна жед за Правдата (Вистината). Ако ние не ја сакаме Неа затоа што Таа постои, ако во нас живее желба Неа да ја искористиме за умножување на нашите земни богатства, никогаш не ќе ја најдеме и таа не ќе нè направи слободни.”

Болест

Во 1961 г. Јуџин сериозно се разболел. Лекарите неговата болест ја сметале за неизлечива и му претскажувале блиска смрт. Најлошо беше тоа што, колку повеќе се

Page 11: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

засилуваше болката во стомакот, уште понеподнослива станувала мислата за тоа, дека не успеал да го оправда своето постоење.

Скитајќи во таква состојба по улиците на Сан Франциско, тој случајно наишол на продавница за уметнички дела, каде што разгледувајќи разгледници на излогот, одеднаш здогледал фотографија на Богородичната икона Српска. Молитвата потекла самата од себе. Таа ја собрала во себе сета тага и забуна на душата на Јуџин: „О, Богородице Дево, која го роди мојот Создател, кој слезе од небото на земјата, за да ни даде можност да станеме причетници на вечниот живот; направи од мене плод достоен за покајанието. Не давај моите таленти да останат неупотребени, туку приведи ме под твојот спасителен покров во Црквата на твојот Син и удостој ме да Му послужам!”

Откритие

По молитвите на Богородица, Јуџин оздравел. По некое време кај него дошол неочекуван посетител. Тоа бил рускиот студент по име Глеб, млад човек со слични идеали како Јуџин. И тој сакал да му послужи на Бога и тој исто, не знаел како. Тој му покажал на Јуџин слајдови од светите места на руската Америка, каде што бил на поклонение: Новиот Валаам на Герман Аљаскински, осамените руски скитови во Канадската пустина, манастирот Света Троица, женскиот манастир Ново Дивеево во Њу Јорк и други.

Јуџин вџашено го гледал сето тоа. Тој не ни можел да претпостави дека, близу крај него постоела таква богата аскетска традиција, пренесена од православните христијани од Русија. Глеб бил духовно чедо на прозорливиот отец Адријан од Новодивеевскиот манастир, на чии раце умрел последниот оптински старец Нектариј.

Глеб му раскажал на Јуџин за руските новомаченици, за тоа, како татко му го однеле во логор. И ништо повеќе тој за него не слушнал. Тоа на Глеб му причинувало многугодишни остри измачувања и потраги, додека на крај, по молитвите на својот татко маченик, тој не се обратил кон Бога. И еве, сега по Божја волја се нашол кај Јуџин.

Кога слајдовите завршиле, Јуџин само можел да воздивне: Какво откритие!

Глеб отишол кај иконите. Сега било ред тој да се зачуди. До иконата на Спасителот висела фотографија на царот Николај Втори. Тоа било 1961 г. и повеќето познаници на Глеб се срамеле во тоа време да зборуваат за царот – маченик. А, американски млад човек неговата икона ја поставил веднаш до иконата на Спасителот.

– Православен ли си?

– Не, но би сакал да бидам.

Воцрковување

Со помош на Глеб и неговите руски другари, Јуџин станал православен. На 15/25 февруари 1962 г. во денот на споменот на св. Евгениј Александриски, тој бил примен во прегратките на Црквата. Таа недела се читало Евангелието за блудниот син, и Јуџин се почувствувал цврсто прегрнат во прегратките на Отецот.

Page 12: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

По стапувањето во црковното собрание, Јуџин во текот на седмицата, чувствувал во устата многу пријатен вкус. Нему дури не му се јадело. Во својата простота, тој мислел дека сите новокрстени христијани чувствуваат нешто слично. Многу подоцна тој разбрал дека тоа било знак дека му е угоден на Бога.

Тој ѝ пишувал на Елисон: Повторно се родив во Христа. Јас сум негов слуга и поголема радост немам доживеано во животот.

Блажениот Јован

Во 1962 г. во Сан Франциско пристигнал блажениот архиепископ Јован (Максимович) – последната сврзна алка со Света Русија. Со неговото доаѓање изгледало дека православната општина нашла второ дишење. Ентузиастички било обновено градителството на нов храм, се создавале нови комитети и братства. Во тоа време Јуџин многу време минувал во храмот, посетувајќи ги сите утрински и вечерни богослужби. Сега во црквата тој гледал со какво благочестие служи владиката Јован, често вклучувајќи во службата акатисти и канони на некои малку познати западноевропски светители, кои живееле во Холандија, Белгија, Италија, Англија, Ирска и Франција. Имало нешто неземно во тој кревок, подгрбавен старец. На Јуџин му било познато каков аскетски живот живее владиката Јован и дека има дар на чудотворење.

По некое време владиката Јован почнал да го забележува младиот човек кој не пропуштал ниедна богослужба, внимателно стоејќи назад во храмот и сосредоточено молејќи се. Тој му предложил да чита на певницата. Надминувајќи ја својата природна срамежливост, Јуџин набргу се справил со сложените црковнословенски текстови. Без оглед на забележителниот американски акцент, парохјаните многу топло го примиле неговото назначување, и за некое време Јуџин читал како цел живот да го правел тоа.

Секогаш обрнувајќи големо внимание на мисионерската активност, владиката Јован го свикал клирот возглавен од епископот Нектариј, со цел да се уреди теолошка школа во Сан Франциско. Имало часови неколку пати неделно, а заинтересираните не биле малку. Јуџин учел три години и курсот го завршил со одличен успех, иако лекциите се предавале на руски јазик. Потоа школата некако престанала да работи. Се создава впечаток дека сè било организирано специјално за Јуџин, како владиката да предвидел што ќе излезе од него.

Архиепископот Јован му благословил на Јуџин да пишува статии на англиски во местниот православен билтен Православен весник. Тој не дозволувал ниеден број да излезе без статија на неговиот штитеник, телефонирајќи доцна навечер или рано наутро во редакцијата, за да провери дали подгототвиле за печатење негова статија или не.

Светиот на суд

Во 1963 г. Јуџин станал сведок на еден драматичен настан. Владиката Јован бил повикан на суд како обвинет за растурање на црковните фондови. Набргу на Јуџин и на Глеб им станало јасно дека дел од епископатот, не само што не се труди да го запре беззаконието, туку и активно го поддржува. Руската општина во Сан Франциско ѕуела како рој пчели. Судењето траело три дена и секој ден судската сала била преполна.

Page 13: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Јуџин бил на сите сослушувања заедно со паствата на владиката Јован и со делот од епископатот кој го штител: јерарсите Савва, Лентиј и Нектариј. На крајот, владиката бил ослободен како невин, а сите сведоштва против него биле лажни или недоволни. Сепак, луѓето блиски на владиката виделе како тоа му се одразило на здравјето.

За време на судските рочишта во свеста на Јуџин се формирало видение: Тој го видел владиката Јован како го следи Христа кон Голгота. Како и Господ, владиката бил предаден на суд од црковните архијереи на нивните послушни чеда. Како и Господ: тој на сите им го простил гревот, не обидувајќи се да се оправдува. Таа слика Јуџин ја запаметил до крајот на своите денови.

„Јас ти верувам”

Глеб бил многу загрижен за својот пријател. Тој сакал сè да среди така, што Јуџин да може да се развива самостојно. Тој добро разбирал каков талент имал Јуџин, но истовремено одлично согледувал дека, тој сеуште не е цврст во верата. Јуџин морал да го оствари својот потенцијал на христијански философ. За тоа требало да се создадат некои услови. На пустинската Калифорниска плажа во јасна летна ноќ, Глеб се молел за Јуџин. Тој го молел Бога да му открие што да прави. Одговорот му дошол во вид на еден збор; печатница. Глеб веднаш разбрал што значи тоа. Православна печатница би му овозможила на Јуџин да не се грижи за прехранување, а сецело би се посветил на писателска и издавачка дејност, дури и ако мора да се заобиколи обична машина за печатење.

Утредента Глеб отишол кај пријателот и му го раскажал нему и на еден познаник на Јуџин својот план: Да се организира братство кое ќе го продолжи делото на православната мисија во Америка, почнато уште од монахот на Валаамскиот манастир Герман Аљаскински, и братството да се именува во негова чест. Работата ќе започне со отворање на печатница. Тоа била одлична идеја. Во тоа време во Америка немало книжарници за продавање православна литература.

Познаникот на Јуџин почнал остро да се спротивставува: „Верата и парите – тие работи не одат заедно! – извикал тој. – Јас не учествувам во тоа!”

Некое време Јуџин молчел. Потоа го погледнал Глеб и тивко му рекол: „Јас ти верувам.”

Така било основано братството Герман Аљаскински, на кое му претстоело да помине низ многу и сурови искушенија. И секако, ако тоа не би било Божјо дело, сигурно би се распаднало, како што се случува со секое самоволно човечко почнување.

Мисијата на печатениот збор

На 28 август/10 септември 1963 г. архиепископот Јован го благословил Братството, извршувајќи Молебен пред иконата на отец Герман Аљаскински, насликана од Глеб. Браќата добиле благослов и духовна поддршка и од архимандритот Герасим, почитуваниот старец – отшелник на Аљаскинскиот Нововалаамски манастир.

По неколку месеци Јуџин зел под наем просторија, близу до храмот во изградба, каде што набргу се отворила книжарница за православни книги и икони. Браќата решиле да

Page 14: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

не бараат никакви приходи, а да опстојуваат од сопствените заработки. Книжарницата набргу станала вистински центар на Православието во Америка. Преку Братството многу Американци дошле до верата. Домаќините со љубов ги пречекувале сите посетители. Тие си зеле за правило мислено да го благословат секого на влегување и да го прекрстат со крстно знамение секого на излегување.

Во февруари 1965 г. се појавило и списанието Orthodox Word, во кое браќата се подготвувале да објавуваат преводи на православни книги на англиски јазик и смело да го разобличуваат богоотстапништвото на современоста, кое што го попречувало развивањето на полнокрвниот христијански живот. Името на списанието го дал владиката Јован.

Првите броеви излегувале на мала печатарска машина со рачно уредување. Цел ден се трошел за да се намести една страница текст. Тоа било сè што браќата можеле да си дозволат во тоа време. Луѓето им се смееле. Не можеле да разберат, зошто дваjцa паметни, млади, со универзитетско образование и теолошки титули, кои живеат во развиената Америка, користат средновековна печатарска машина. Но, на Јуџин му било сеедно. Тој му зборувал на Глеб: „Душата бара подвиг. Само подвигот нè оправдува нас и нашата работа.”

Откако се зафатил со издавањето на списанието, заради недостаток на време Јуџин го оставил својот обемен труд Царството на човекот и Царството на Бога. Затоа пак, имајќи сега в раце такво средство како списанието, Јуџин можел бргу да реагира и да дава православна оценка на појавите што го интересирале современиот човек. На Царството на човекот и Царството на Бога не му било судено да остане незавршен философски трактат. Малку пред смртта отец Серафим ја заврши работата над оваа книга, која стана еден од најполните конспекти на светоотечка литература. Таа беше издадена во тираж од 100 примероци.

Владиката Јован им дал на браќата полна слобода за дејствување. Тој сакал тие да чувствуваат одговорност за секој отпечатен ред. Владиката Јован велеше, дека се дојдени такви времиња, кога секој христијанин мора сам цврсто да стои на нозе.

Одразот на Валаам

Во 1965 г. владиката Јован во храмот отслужил панихида за отец Герман Аљаскински. Во проповедта владиката рекол, дека без оглед на тоа што отец Герман сеуште не е канонизиран, тој е светител, зашто твори чуда. „Ако сакате да видете живо чудо направено од него, наминете во малата книжарница покрај храмот. Таму ќе го видите одразот на Валаам – грижлива работа на нивата Христова.”

Јуџин и Глеб се збуниле од тоа, што владиката нивната скромна работа ја споредил со поклоничкиот центар на цела Русија. Истовремено, тие разбрале дека владиката зборува за иднината. Значи, печатницата е само степен, а што е понатаму?

Малку пред својата смрт, архиепископот Јован свратил во Братството. На заминување, внимателно го погледнал Јуџин и рекол: „Ми изгледа дека во Калифорнија ќе има мисионерски православен манастир.”

Page 15: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

На 20 јуни/2 јули 1966 г. владиката Јован се упокоил во Господа, по отслужувањето на Литургија во Сиетл (Вашингтон). Погребот бил во Сан Франциско. Јуџин и Глеб читале псалми. Сите присутни ја чувствувале важноста и големината на настанот. Во својот дневник Јуџин заипшал: „Изгледаше дека присуствуваме не на погреб на упокоен јерарх, туку на откривање на мошти на новојавен светител.” Преку застапништвото на владиката Јован, на оние што му се обраќале за помош се случувале многубројни чуда. Тие не престануваат и до денешен ден. На Јуџин и на Глеб им било наложено испитувањето и публикувањето на тие чуда. Таа работа им носела особена радост, зашто придонесувале за почитувањето на нивниот возљубен архипастир во целиот свет.

Земја за монашко братство

Мислата за монаштво сè почесто им доаѓала на младите луѓе. Тие многу зборувале за тоа. Најмногу ги привлекувал подвигот на пустиножителството, кој го практикувале многу светители во северна Русија и достигнале вистински ангелски живот на земјата, откако ја отфрлиле секоја световна суета и грижа и се соединиле со едниот Бог среде дивата природа. Браќата сакале барем делумно да го пробаат таквиот живот, исполнет со тишина и молитва непрекинувана од метежниот шум на светот.

Во јули 1967, една година по смртта на владиката Јован, браќата се причестиле со Светите Дарови во храмот крај гробиштата, недалеку од неговиот гроб. А набргу нашле парче земја, погодно за монашки живот. Тоа се наоѓало на шумовит рид, наречен Нобл Риџ, оддалечен неколку милји од гратчето Платина во Северна Калифорнија. Стоејќи на врвот на ридот, браќата ѝ се восхитувале на девствената природа. Глеб забележал дека Јуџин се наоѓа во невообичаена состојба. Тоа го покажувале необичниот израз на лицето и вкочанетиот поглед. Глеб одеднаш се сетил. Тоа било местото, каде што Јуџин посакал да умре.

За земјата побарале повеќе, отколку што браќата можеле да дадат. Следниот ден се случило мало чудо; на Јуџин му понудиле место на чтец, со плата од 100 долари месечно – точно толку, колку што барале за земјата. Во тој момент Јуџин штотуку бил заминат на гробот на својот учител. Браќата разбрале, дека владиката и од оној свет не ги остава со своите молитви. Многу години потоа, тие дознале дека при своето последно патување во Сиетл, тој застанал во Северна Калифорнија и долго стоел, прекрстувајќи во воздух кон западен правец и благословувајќи ја околината. Се покажало дека тоа место е недалеку од манастирот, кој бил подигнат од браќата.

Во 1969 г. на празникот Успение, браќата се преселиле во својата пустина, каде што, продолжувајќи со издавање на Orthodox Word и други изданија, живееле строг монашки живот, исполнувајќи ги сите служби и црпејќи вдахвновение од читањето на светите отци на руски јазик.

Животот в шума бил лишен од сите современи удобности. На пример; за вода оделе две милји. Во кратката историја на братството, Јуџин запишал: „Сите видливи неудобности и недостигот од место – кое што милостиво им беше дадено на браќата со застапништвото на владиката – се покажаа како предност што придонесува за трезвен духовен живот. Немањето струја и телефон ја обезбедуваше максималната изолираност од светот, недостатокот на вода и други погодности – на животот му придаваа аскетска нијанса, што не може да се замисли во вештачките услови во кои живее мнозинството

Page 16: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

современи луѓе. Животот во природа, особено зимно време, вдахновува вера и учи на трпение, обилното веење снег, што овде често се случува, поучува да не се надеваме премногу на сопствените сили. Воопшто добивате, навистина многу далечна претстава за тоа, во какви услови живееле првите христијански подвижници.”

Постриг

Во 1970 г. браќата зеле учество во канонизацијата на нивниот покровител – Герман Аљаскински. Тие помагале во составување на службата на новиот светител. Неколку дена потоа, во ден на споменот на св. Азарија Валаамски, тие биле пострижени во монаштвото; Јуџин – со името на Серафим Саровски, а Глеб – со името на новопрославениот св. Герман. Нивни раководители во монашкиот живот станале епископот Нектариј (Концевич) – ученик на последниот оптински старец Нектариј, и архимандритот Спиридон (Ефимов), близок другар на владиката Јован.

„Колку сум радосен да умрам за светот” – му рекол тој ден отец Серафим на својот другар. Сега им станало јасно, зошто владиката нивното братство го нарекол одраз на Валаам. Двајцата отци чувствувале колку силно се изменил нивниот живот, како в срцето уште повеќе се разгорел пламенот на Божествената љубов.

Но, со монашкото утешување не задоцниле да дојдат и монашките таги. Новиот архиепископ Сан Франциски Антониј бил повеќе политичар отколку духовен учител, каков што беше архиепископот Јован. Тој сакал да завладее со скитот, откако ќе ги испрати монасите да служат како парохиски свештеници. Исто така, правел обиди да го смени името на Братството, кое што го благословил владиката Јован, да го контролира издавањето на Orthodox Word, и да го преведе манастирското земијиште во своја сопственост. Отец Серафим трпеливо ги одбивал сите негови интриги. Со благослов на епископот Нектариј и архимандритот Спиридон, тој решил да се придржува до принципот на монашката независност. „Пред сè – им зборувал епископот Нектариј – чувајте го сето она што ви го благослови владиката Јован. Тоа е ваша прва обврска.”

Благодарение на влијанието на епископот Нектариј, архиепископот Антониј отстапил од браќата, но отец Серафим преживеал силен душевен потрес, гледајќи колку близу до распад било братството, создавано со толку тешкотии. Најлошо од сè било тоа, што гонењата потекнувале од страна на православен архиереј, непосреден наследник на апостолското служење. Во својот дневник, тој запишал: „Ме опфати најголемо разочарување.”

Земен рај

Отец Серафим му се радуваше на секој ден поминат во својата шумска келија. Неговото срце беше преполно со благодарност кон Бога, тој често застануваше да ги целива или да ги благослови дрвјата: „Природата е тајна. Бог ја создал за нас и во неа се отсликала вечноста.” Тој живееше како во идниот век. Самата идеја за таков однос кон природата ни е дојдена од Рајот, па и таму растеле дрвја кои ни старееле, ни гниеле. Минувајќи го тесниот пат на покајанието и невидливата борба, отец Серафим се надевал дека ќе го достигне Царството Божјо, од почетокот поставено како наследство на човекот. Колку што внатрешно се очистувал од гревот, тоа толку повеќе процветувало во неговото срце со благомирисните цветови на духовноста.

Page 17: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Отец Серафим самиот си изградил келија на падината од гората и ја нарекол Оптина. Тој беше премногу прост во однесувањето. Одејќи по патеката на внатрешносто дејствување, тој не губеше време на празни разговори и ретко го изразуваше своето мислење по било какво прашање. Отфрлајќи ја од себе секоја суета, тој се трудеше да ја одржува мислата во горните сфери и од сè срце се трудеше за достигнувањето на својата вистинска татковина.

Освен исполнувањето на сите служби, отец Серафим секојдневно ги читаше светите отци. Како предан син, тој се трудеше да ги исполнува нивните завети и да ја следи нивната боговдахновена мудрост. Ако имал недоумици, тој за разјаснување се јавувал на своите духовни наставници, меѓу кои биле отец Михаил Помазански, последниот жив дипломец на Киевската духовна академија, Елена Концевич, братучеда на Сергеј Нилус и духовно чедо на Теофан Полтавски, и архиепископот Аверкиј Џорданвилски, кој му беше препорачан од владиката Јован за сите теолошки прашања.

Отец Серафим – Писател

Подражавајќи ги светите отци со начинот на живот, тој се грижеше да им подражава и во верата. Живеејќи со нивните мисли и чувства, тој смело им се уподоби (стана сличен со нив), станувајќи пророк на современиот свет и прв американски подвижник на Православната вера. Тој го достигна тоа соединувајќи го својот ум и чувства во единствен стремеж кон Бога, смекнувајќи ја својата душа со подвигот на покајанието со солзи. Работејќи во својата проста келија, често и на свеќи, отец Серафим создаде цел сериал на христијанска апологетска литература, без пандан во светот. Во работата, чија цел била да им ја принесе на луѓето светлината на вистинското христијанство, тој беше беспоштеден кон себе. Тој велеше дека со радост би го дал животот за тоа. И предупредуваше: „Побрзајте да работете за Господа, веќе е подоцна отколку што мислете.”

Со избор на статии од Orthodox Word била составена и издадена нова книга. Меѓу книгите кои беа издадени од Братството св. Герман, имало и книги за светителите од рускиот Север, светители од стара Франција и за св. Пајсиј Величковски. Сите тие станаа духовна класика на XX век. Но, уште поголемо влијание врз развојот на Православието имале книгите напишани од отец Серафим. Кога ги читаш, пред сè те поразува јасноста на мислата не засенета од плотско мудрување. Секогаш внимателен кон големата наука за трезвеноста, отец Серафим ја разбираше сета опасност од неедносмислено изразување, на кое толку лесно се фаќа човекот кој стана непослушен на својот Творец, и затоа го избегнуваше. Отфрлајќи ги моралните догми на светот, тој го отфли интелектуалното ропство на идеалите на светот. Тој зборуваше како човек без никакво лукавство, како некој што има смелост да зборува со ангелите. Неговиот глас беше глас на пророк од минатото, во својата навистина евангелска простота достапен за секого: за млад и стар, за образован и необразован.

Проникнувањето на отец Серафим во иднината на неговите дела им придаваше апокалиптички карактер. Во два свои главни труда, тој говори за знаменијата пред крајот на светот, и за она, што го чека човекот во задгробниот живот.

Книгата „Православието и религијата на иднината” го разгледува феноменот на тнр. Нова религиозна свест, која што го подготвува теренот за појавување на екуменската религија на Антихристот. Таа тема тој ја разработуваше и порано, во книгата

Page 18: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Царството на човекот и Цраството на Бога, но сега неговиот пристап стана помалку апстрактен и попрактичен. За тоа време тој насобра масивен материјал за екуменските текови во светот, па и односот на отец Серафим стана појасен, засновувајќи се на стабилниот темел на определбата на духовноста на светите отци. Тој по ред ги собра сите модерни движења, особено оние меѓу младите, како: јогата, ѕен-будизмот, тантрата, трансцеденталната медитација, харе кришна, НЛО и харизматското движење. Откако ќе го запознае читателот со сведоштвото од светите отци за слични појави што се случиле во различни епохи, тој ја отфрла од нив маската на новоста и привлечноста и за нив изнесува непристрастна оценка. Паралелите што тој ги спроведе помеѓу современата духовност и духовното искуство на светите отци изгледаа уверливи дури и за неговите противници. Особено успешно беше споредувањето на контактите со НЛО со општењето со паднатите духови во минатото.

Напишана уште во 1975 г., таа книга се покажа како пророчка, како што за неа и претскажал отец Серафим. Денес ние сме сведоци на сесветски развој на екуменизмот.

Во друга книга – „Душата после смртта”, одговарајќи на растечкиот интерес за задгробниот живот, отец Серафим на основа на лекарски летаргички и претсмртни состојби, го изложил двеилјадното христијанско учење за разделувањето на душата од телото во реалиите на духовниот свет. Кога во 1980 г. книгата излезе од печат, многумина беа искрено восхитени, дознавајќи што навистина Црквата подразбира под зборовите; задгробен живот, ангели, зли духови, рај, ад. Тој напиша за разликата на вистинското духовно знаење од состојбите преживувани од окултистите, за духовите со кои многу совремни луѓе стапуваат во контакт не сомневајќи се во тоа. Како св. Игнатиј Брјанчанинов, кој го осудуваше спиритизмот, отец Серафим ја разобличи современата парапсихологија.

Сите што внимателно ја читаа оваа и другите книги на отец Серафим, полека почнаа посериозно да го сфаќаат духовниот живот. Многумина ги изменуваше упорната мисла за духовната битка што се одвива на земјата во душата на секој човек, каде што влогот е – неговиот вечен живот, а единствен пат на спасение – исполнувањето на заповедите во страв Божји.

Некои дела на отец Серафим, како: Божественото откровение на човековото срце, Царството Божјо и местото на блажени Августин во Православната Црква, се издадени дури по неговата смрт. Многу трудови до денес се во ракопис, одделни статии и магнетофонски записи. Такви се: Современи подвижници, Православно толкување на книгата Битие, Толкување на книгата на пророкот Даниил, Типик, Светите отци и православната духовност, Богоотстапништвото и Нихилизмот.

Литература за Русија

Во своето мисионерско служење отец Серафим не заборавал на Русија. Освен печатената продукција на англиски јазик, Братството св. Герман Аљаскински издало околу 20 книги на руски, меѓу кои се: Сергеј Нилус, На бреговите на Божјата река,том втори, Знаење за Бога, Дивеевска хроника, Схимонах Зосима, двотомник на Хроника за прославувањето на блажени Јован, и Животот на оптинските старци, во осум тома. За жал, оскудните средства со кои располагало Братството, ги ограничувале тиражите. Секоја руска книга излегувала во просек од сто примероци.

Page 19: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Отец Серафим минувал денови и ноќи во грижливо подготвување на рускиот текст. Еднаш отец Герман го опфатило длабоко умиление, гледајќи како отец Серафим внимателно ги мести буквите за книгата за владика Јован. Одеднаш го поразила мислата за тоа, колкава љубов е потребна да го тера човека да врши таква огромна работа, за верните во СССР да можат да прочитаат за својот подвижник на својот јазик. „Русија ни даде многу – рече отец Серафим. – Русија ни даде духовно лозје. Сега ние ѝ ги враќаме плодовите, израстени во тоа лозје.”

Како никоја друга земја Русија го оцени талентот на отец Серафим. Со не помало трпение, во голема сиромаштија, русите ги преведуваа и умножуваа неговите книги со машина за пишување. Името на Серафим (Роуз) им стана познато на верните од П’сков до Иркутск. За време на животот на отец Серафим, никој не можеше ни да претпостави колку духовно изгладнела Русија. Во современата Америка тешко дека ќе најдете такво трпение.

Посветување

Во 1977 г. отците Серафим и Герман биле ракоположени за свештеници. Зе време на обредот не можело да не се забележи неверојатната напрегнатост, изразена на лицето на владиката Нектариј, кој го извршувал ракопологањето. Тој целиот поцрвенел. По лицето му течеле капки пот. Отец Герман со восхит гледал како владиката положил раце на главата на отец Серафим. Само да можам да предадам… да предадам – и да умрам! – прошепотил епископот. Тој усрдно се молел Бог да го вдахнови новиот свештеник да го продолжи апостолското служење, кое што некогаш и самиот го примил. Тој го помнел претскажувањето на оптинскиот старец Нектариј, кое што го слушнал за време на посета на манастирот во младоста, за духовната глад што доаѓа на земјата. Сега сите свои надежи тој ги положуваше на кревкиот млад човек, што беше клекнат пред него во олтарот. Во беседата владиката Нектариј им рекол на отците: „Не е важно колку сте – десет или само двајца. Радувајте се, зашто вие му служите на Господа Бога. Вие сте на правилниот пат.”

Пастирство

Истовремено со примањето на свештенството се појавиле и нови обврски – духовно да се хранат поклониците што доаѓале кај Братството и да се поучуваат во вистинската вера. Во 1977 г. отците основале Летна школа за поклоници, наречена св. Герман, во чија програма влегувале служби, лекции и крстни литии. За тие што сакале да се развиваат понатаму била основана Нововалаамска богословска академија, интензивен неделен курс, кој што на верните им ги предава основните ставови на православниот светоглед. Многумина од тие што го завршиле овој курс ги пополниле редовите на духовништвото без друго, дополнително богословско образование.

Во следните пет години, тие (доведени до Бога од отците Серафим и Герман), крстиле повеќе стотини луѓе. Наскоро пред нив се поставила задачата за организирање на малите парохии во Северна Калифорнија и Орегон. Отец Серафим требаше често да патува таму од пастирски потреби. Тие патувања не му беа лесни на отец Серафим, но тој беспоговорно поднесуваше сè, без оглед на тоа што тој единствено сакаше насамо да се моли. Тој велеше: „Сè што ни дава Господ треба со благодарност да примиме и да се трудиме да се справиме со задачите според нашите сили. Секој ден да се поднесува

Page 20: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

нова борба и истовремено, нова можност да му се послужи на Бога и да се вознесе нашата молитва.”

Еден новокрстен христијанин од паствата на отец Серафим си спомнуваше, како тој служел Литургија во кршна парохиска црквичка: „Не паметам зошто, но Литургијата ја служеа ноќе. Кога отец Серафим се сврте кон нас од олтарот со свеќа и Евангелие в раце, помислив; еве вака тоа било и во катакомбните цркви на првите христијани, исто така се моли и гонетата катакомбна црква во Русија. Отец Серафим со проповедите нè поучуваше да се принудуваме, да го носиме секој својот крст. Тој ни велеше: „Не мислете високо за себе, не оправдувајте ги своите слабости и пороци. Грижете се да се видите такви, какви што навистина сте. Најнапред љубете се еден друг.” Отец Серафим ни го пројавуваше Христа со збор и со дело.

Многу сили одземале грижите за послушниците што доаѓале во манастир. Отец Герман го презел настојателството, а отец Серафим беше духовник на браќата. Според типикот, исповед имаше секојдневно. После Вечерната браќата еден по друг му ги откриваа своите помисли на отец Серафим, добивајќи од него збор прост и полн со љубов што надградува. Доцно во ноќта, кога сите веќе спиеја, отец Серафим ги преклонуваше колената во олтарот во молитва со солзи за своите духовни чеда.

Понекогаш во манастирот за утеха и поука доаѓаа и жени. Наскоро се појави и потреба од женски манастир. Решението беше донесено во 1980 г., кога браќата купија парче земја, оддалечено 12 милји од манастирот. Идниот манастир беше наречен со името на Ксенија Петерсбургска. Жените се покажаа поприспособени на пустинскиот живот, отколку мажите. По некое време новата обител не можеше да се познае, толку пријатно и убаво беше таму. Сетстрите ги исповедаше отец Серафим. Пред сè, тој ги поучуваше да живеат во мир и меѓусебна согласност.

Во својата мисионерска служба отец Серафим не положуваше надежи ни на луѓе, ни на проекти, ниту пак на црковните власти. Тој велеше: „Сè надворешно може да се покаже фалшливо.” Малку пред смртта тој зборуваше: „На крајот на краиштата сите официјални институции ќе му се поклонат на Антихристот.” Тој се надеваше само на едниот Бог, Кој на чудесен начин ги спасува своите созданија и од животните бури и безизлезните состојби ги приведува во цврста вера. Отец Серафим умре во тивка радост за тоа, дека делото на спасението на луѓето се наоѓа во Божјата десница.

Христијанство на срцето

Колку што отец Серафим стануваше духовно поискусен, тој сè повеќе разбираше што му пречи на современиот човек во делото на здобивање со Светиот Дух. Во своите обраќања до американците што примиле православие, тој ги советуваше да не паѓаат на соблазните на „убавиот” свет со телевизија, рок – музика, ги осудуваше современите удобности и забави, и воопшто целиот американски начин на живот, кој води во заборавање на Бога и го попречува сосредоточувањето кон сериозните духовни прашања. Тој велеше, дека Дизниленд е – своевиден духовен американски ГУЛАГ.

Тој забележуваше дека луѓето од православни семејства имаат трпение, но им недостасува борба. Новообратените последнава ја имаат изобилно, но немаат трпение. Христијанинот во себе треба да ги има и обете. Клуч за стекнување на борбата е постојаноста во молитвата, која што „ни помага против материјализмот што напаѓа од

Page 21: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

сите страни.” Следејќи го советот на отец Адријан, отец Серафим им благословуваше на лаиците да градат мали домашни цркви и да се молат во определените часови, ако не можат да отидат во црква.

Во последните години отец Серафим активно го проповедаше христијанството на срцето. „Ние не можеме да бидеме христијани и истовремено тврди, студени и правилни. Православието учи на нешто друго”, – велеше тој. Во Orthodox Word тој често се искажуваше против екуменизмот, модернизирањето, сергијанството и воопшто сите компромиси во верата. Од друга страна, тој со горчина го признаваше постоењето и на другото лице на крајноста, подготвена да се гордее со тоа, дека таа владее со вистината и да ги обвинува своите православни браќа за ерес и безблагодатност. Отец Серафим како лекар ја постави дијагнозата на тоа заболување – ултраправилноста, која што Апостолот ја нарече: „ревност не според разумот”. Еден таков ултраправилен свештеник му напишал писмо на отец Серафим, дека не треба да им се испраќаат продукти и облека на православните во Африка. Имено, затоа што тие го применувале новиот календар.

Следејќи го учењето на св. Јован Кассијски, отец Серафим сметаше дека православните треба да одат по царскиот пат, без скршување, ни кон компромис, ни кон ултраправилност. Тоа не им се допаѓаше на сите. Екуменистите воопшто го сметаа за опасен фанатик, а ултраправилните го обвинуваа за предавство на Православието. Многу злословење претрпе отец Серафим. Го оцрнуваа печатно и усно, в лице и зад грб.

Тој сметаше дека на разгалениот западен малограѓанин силно дејство може да има расказот за руските новомаченици. Заедно со отец Герман грижливо собираа податоци за нив, наоѓајќи и допишувајќи се со живи сведоци на настаните. Како резултат на завршената работа излезе обемна книга (650 страници) со наслов Светители на руските катакомби. Од сите книги напишани на таа тема, тоа беше најпотполната и најподробната. Отците Серафим и Герман исто така земаа учество во пишувањето на службите на руските новомаченици, чија канонизација и прославување се изврши во 1981 г.

Отец Серафим се радуваше на секоја вест од Русија за преродбата на духовноста таму. Тој веруваше дека тоа ќе се случи, и сметаше дека тоа ќе биде главниот настан во втората половина на XX век Во последните години од животот тој беше задлабочен во мислата за иднината на Русија, која што ја разбираше во светлината на пророштвата од руските светители. Како резултат на тоа излезе статијата Иднината на Русија и крајот на светот, (РусскиŸ Паломник, бр. 2, 1990).

Тој исто така многу пишуваше за современите исповедници на верата, како старец Таврион – глински отшелник, отец Димитриј Дудко, и секогаш ги заштитуваше од нападите на ултра-правилните луѓе.

Општење со духовниот свет

Многупати отец Серафим добиваше небесно застапништво и утешување од својот упокоен духовен отец – владиката Јован. Еднаш по отслужување на Литургијата, тој му дал голема сума пари на еден послушник – брат Григориј, кој требаше да оди во продавница. Откако ја наполнил корпата со продукти, тој ужаснат открил, дека парите

Page 22: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

исчезнале. Му се јавил по телефон на отец Серафим и од него добил благослов да се врати во храмот. Таму го сретнал отец Серафим, кој му се приближил, покажал кон неговиот внатрешен џеб и му рекол: „Тие се таму. Така кажа владиката Јован. А, ти заборави да му се помолиш?” Парите навистина биле таму. Отец Серафим го утешил братот и му раскажал, дека после телефонскиот разговор тој клекнал пред портретот на блажени Јован, молејќи ја неговата помош за да бидат пронајдени парите. „Така значи – заклучил брат Григориј – искушението може да послужи да се покажат светоста и благодатта.”

Отец Серафим го мразеше гревот на духовната гордост. Тој не сакаше да се нарекува старец и не му беше мило кога кон него покажуваа прекумерна почит. Такво беше неговото смирение и неговата трезвеност, што е основа да се мисли дека отец Серафим уште во овој живот го вкусил рајското блаженство.

Еднаш за време на читање на неделниот канон, еден од олтарниците го видел отец Серафим како сјаје со небесна светлина. Тој тогаш не разбрал ништо. Дури кога прочитал за сличен случај со св. Серафим Саровски, разбрал на какво чудо станал сведок.

Упокоение

Во 1982 г. спроти празникот Преображение, отец Серафим со браќата изврши крстна литија на врвот на ридот, каде што над бездната се извишувал голем крст. Таму процесијата се сретна со сестрите од скитот Блажена Ксенија. Ноќното небо беше опсипано со ѕвезди. Отец Серафим во бели одежди отиде до Крстот, и на сите им даде знак да ги изгаснат свеќите. Минута молчеше, гледајќи ту во темната бездна, ту во ѕвезденото небо, а потоа почна: „Славата на Царството Божјо им се открива на оние што ја бараат, но не одеднаш, туку постепено и некако нејасно, како низ магла. Целосно да ја достигнеме нашата цел ќе можеме само на небото во идниот живот. Но, за тоа треба од сето срце и помисла да го засакаме него во овој живот, да ја отрлиме секоја суета и страст, кои пречат да ја осознаеме целта на нашиот живот и што нè влече кон долниот и паднат свет. Секогаш да се стремиме да ја достигнеме нашата небесна татковина. Да се стремиме кон ѕвездите, како што велеше свети Герман.”

Тогаш никој не помислуваше дека тоа е неговата последна проповед. После неколку дена доби силни болки во стомакот. Тој не пушти ни глас, за да не го привлекува вниманието кон себе со својата болест, само се затвори во својата келија и долго се молел. Сепак наскоро, кога се дозна за неговата болест, браќата настојуваа тој да биде пренесен во болница. После операцијата лекарите предупредија за можноста од внатрешно крварење. За тоа дознаа многубројните духовни чеда на отец Серафим, кои почнаа да се собираат од сите краишта на државата во неговата болница. Деноноќно траеше духовното пеење крај неговата постела. Колку плач и огнени молитви имаше! Духовните чеда на отец Серафим го претчувствуваа скорешното осиротување. Но, тагата беше помешана со радост. Никој не се сомневаше што го чека отец Серафим зад прагот на смртта. Како да се отвори таванот на болницата и да се откри видение на вечноста.

Овде, во последните денови од животот, духовното злато на отец Серафим го помина последното очистување со страдање. Тој беше прикован за постелата како на крст. Неговите органи трепереа од болка. Тој сакаже да му раскаже на отец Герман

Page 23: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

откровение, добиено од владиката Јован, но не успеа. Попречија слабоста и кислородните цевки во устата. Му остануваше уште молитвата, последната молитва, творена во неговата земна обвивка. Отец Герман беше уверен, дека за своите претсмртни страдања отец Серафим ќе добие маченички венец.

Дојде свештеник со Светите Дарови. По читањето на Евангелието, свештеникот со него го благослови легнатото тело на отец Серафим. Отец Серафим неочекувано, собирајќи ги сите сили што го напуштаа, се поткрена да ја целива светата книга која му ја откри Божествената премудрост. Сите плачеа. Еден огласен што беше присутен таму, подоцна призна дека од настанот имал толку силен впечаток, што ги отфлил сите сомнежи околу своето крштевање.

На 20 август/2 септември отец Серафим замина при Господа. Имаше 48 години. Како што е напишано во книгата Премудрост Соломонова: „Кога го достигна совршенството за кратко време, тој исполни долги години, зашто душата негова му беше угодна на Господа, затоа и побрза од средината на безбожноста.” (Прем. Сол. 4, 13)

Телото на отец Серафим го однесоа во манастирот, за да го предадат на земјата на свето место. Три дена, додека ковчегот беше во црквата, реката од посетители не намалуваше. На неговата студена уста некако природно се обликува таква спокојна, блажена насмевка, така што изгледаше дека неговото лице сјае со светлина. Наспроти монашкото правило, него го оставија да лежи откриен. И во ковчегот изгледаше жив, само помлад, и од тоа толку беа трогнати присутните, што сакаа колку што може повеќе време да поминат во црквата. Децата не можеа да ги тргнат од ковчегот.

За време на погребот, црквата едвај ги собираше сите дојдени. Сите сакаа последен пат да ги целиваат благословените раце, кои напишаа толку душеспасителни книги, статии и црковни служби. За време на изнесувањето на ковчегот, една жена по име Елена, била удостоена со видение. Таа го видела отец Серафим осјаен од небесна светлина, над ковчегот, како кади кон олтарот.

Чуда

По 40 дена во манастирот пристигна епископот Нектариј, кој после Литургијата испеа величание: „Величаем тја, преподобне отче наш Серафиме, и чтим свјатују памјат твоју, наставниче монахов и собеседниче ангелов.”

Во проповедта тој отец Серафим го нарече свет праведник.

По молитвите на отец Серафим почнаа да се случуваат чуда. Некоја жена страдала од стеснети вени и очекувала операција на ногата. Палецот веќе бил зафатен од гангрена. Кога го намачкала болното место со масло од секогаш запаленото кандило на гробот на отец Серафим, таа целосно се излечила. Слично исцелување настанало со жена, на која лекарите ѝ откриле рак на вратот.

Луѓе во секаква тага, што во молитвите го барале застапништвото на отец Серафим – наоѓале душевно спокојство. Чуда се случувале со луѓе што ја барале вистинската вера. Еден човек, кој бил духовен учител на голема христијанска општина, основана на екуменистички идеи, почнал да размислува на својата паства да ѝ даде поцврста духовна основа. Меѓу големиот број книги што ги проучил биле и книгите на отец

Page 24: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

Серафим. Минувале денови и недели, а мислата за отец Серафим не го оставала. Таа мисла била толку толку силна, што најпосле тој седнал да ја проучува Православната вера. Тој го пронашол отец Герман. Потоа тој и неговата многубројна паства (околу илјада луѓе), откако ги отфрлиле претходните заблуди, преминале во Православие.

Мост кон светите отци

Земниот живот на отец Серафим – тоа е историја на духовно истоштување, борба и подвиг кој завршува пред славниот Престол Божји во Царството Небесно, кое веќе две илјади години е надежта на сите христијани. Неговиот живот ги вдахновува сите христијани, кои сакаат посилно да го разгорат оганот на вистинската вера.

Отец Серафим се воспитувал во истата таа атмосфера на нихилизам, материјализам и хуманизам, како и мнозинството наши современици. И сепак успеал да се пробие низ патот на соблазните и заблудите на неговата средина. По милоста Божја тој не само што го пронашол скапоцениот бисер на Православието, туку и го исползува со таква добивка, што се надеваме дека ќе ја добие отплатата што му следува од Господа. Потчинувајќи ги сите свои дарови на една цел – на служењето на Бога, тој правеше сè што можеше за да ги приведе луѓето кон поклонувањето во дух и вистина, во верата на отците наши.

Отец Серафим не беше само современ толкувач на Светото Писмо. Тој беше и е – цврст мост што го соединува откинатиот од корените современ човек со духовното наследство на Правславието.

Денес, кога многу христијани се ни студени, ни огнени кон својата вера, исто како и атеистите кон својата, кога мнозинството луѓе го изгубило идеалот, заради кој вреди да се откажеме од ветувањето на земна среќа, кога сите сакаат да се обединат само заради една цел, која Достоевски успешно ја нарече; „спас на својата кожа,” кога туку-што не настапило ефемерното единство на Царството на Антихристот, зборовите на отец Серафим кои ни се заветувани, стануваат огнен меч – Меч на Вистината на Господ Исус Христос, кој рече: Јас сум Патот, Вистината и Животот, прекален во печката на трпењето таги. Книгите на отец Серафим ја одземаат од нас можноста да ја чувствуваме нашата важност, нè креваат од духовното пијанство. Ако сите негови книги треба да се изразат со неколку зборови, тие зборови може би биле: „Браќа и сестри! Носете го својот крст со трпение и благодарност. Познајте ја Вистината, и Вистината ќе ве направи слободни.”

монах Дамаскин (Кристенсен), манастир Св. Герман Аљаскински, Калифорнија, 1990 г.

Свиток: http://ortos.wordpress.com/2008/06/25/%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81-%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%85-%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8/

Page 25: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

ПОСЛЕДНО ПОГЛАВЈЕ ВО КРАТКИОТ ЖИВОТ НА СВ.СЕРАФИМ РОУЗ

Отец Серафим е погребен на Нобл Риџ (Noubl Ridge = благороден гребен) – прилично место за оној чие световно име беше Јуџин (Eugene = благороден). Роден во Калифорнија, но вдахновен од чистите отечки врутоци на Православието, својот живот во современиот свет го преобрази во агиографска појава. Овие кратки извештаи нека говорат самите за себе.

II ПРЕД СМРТТА

1. Кога веќе беше очигледно дека отец Серафим умира, од многу краишта на светот се вознесуваа молитви кон Бога, зашто многумина го знаеја преку списанието Православен Збор (Orthodox Word) и неговите книги, па огнено се молеа еден толку потребен живот да биде поштеден. Неколку дена пред неговото преставување во храмот во Рединг, каде што отец Серафим ја вршеше пастирската дејност, извршено е Елеосвештение. Додека во болницата отец Серафим трпеше крајна болка и страдање, отец Алексеј Јанг го видел како стои во олтарот и се моли на Бога во својот вообичаен полунаведнат став.

2. Ден пред својата смрт, отец Серафим посетил извесна жена, мајка на негово духовно чедо за кое тој особено се грижел. Еве што сведочи таа: – Тоа се случи пред смртта на отец Серафим. Работев во надворешната соба и цело време мислев како можам да бидам со сите вас во болницата. Одеднаш времето запре и јас пред себе го здогледав отец Серафим каде целиот светли, облечен во светла сребренеста одежда. Тоа се најблиските зборови со кои можам да ја опишам таа светлина. Го задржав здивот и реков: „О, отче Серафиме!” Бев премногу запрепастена за да кажам било што друго, освен: „Благодарам.” Времето не течеше – сè беше сегашен момент. Нема да го толкувам ова доживување, ни сега, ни во иднина. Се утешив и се надевам дека ова и вам ви дава утеха. Многу недостојна сум и не знам што уште за ова би можела да кажам. (Евгенија Војтан, 14. 09. 1982)

3. Утрото на 2 септември, додека отец Серафим умираше, токму пред да се разбудам, имав едно сновидение. Бев во друштво на непознат свештеник кој ме укоруваше заради моите гревови. Ми рече дека не смеам никому ништо да замерувам. Влеговме заедно во голем, раскошен дворец. На крајот на дворецот стоеше некој човек на подигната платформа и пееше. Заради далечината не можеше добро да се види. Со прекрасен глас го пееше величанието: Величит душа моја Господа… Реков: „Не слушам добро.” Свештеникот ме понуди да пријдам поблизу и јас направив уште неколку

Page 26: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

чекори. Тогаш веќе сосем јасно го слушав пеењето. Певецот беше тенор со глас како на отец Серафим, чие пеење сум го слушнала пред многу години во Соборниот храм во Сан Франциско. Тоа беше во почетокот на шеесетите години. Стоејќи на певницата сам ја отпеа целата Утрена од почеток до крај. Никогаш во животот не сум слушнала помолитвено пеење. Душата ми се вознесе во висините. Во својот сон пак, го слушнав тоа исто пеење. Гласот беше истиот, но звучеше како глас на ангел, жител на рајот. Тоа беше небесно, неземно пеење. Кога се разбудив сфатив дека нема надеж за опоравување на отец Серафим.

Со највисока почит кон новопреставениот отец Серафим, високо ценејќи ги неговите заслуги пред Бога, би сакала да напишам збор-два за една негова особина, која ми е најмила и најмногу при срце. Тоа е неговата верност кон вистинското Православие. Ни за црта не отстапуваше од учењето на Црквата. Немаше никакви исклучиво свои мислења. Мојот покоен маж, Иван М. Концевич, беше ист и покрај тоа што имаше неколку универзитетски степени и уште пред крајот на животот заврши богословска академија. Никогаш не му падна на памет да се огреши кон учењето на Црквата.

Учењето на Црквата не е производ на умовите и произволноста на големите отци на Црквата. Самиот Свети Дух ги вдахновил со ова учење. Заради тоа, Православието и е непоколебливо. Секоја хула против Светиот Дух е непростлив грев (Матеј 12, 31-32). Од големо значење е верноста кон Православието во нашите тешки и мачни времиња. Отец Серафим беше горлива и просветителна светилка. Својата светлина ни ја остави во своите списи. Слава му на Бога за сè. (Елена Концевич).

III ЗА ВРЕМЕ НА СМРТТА

1. Минатата недела во Медфорд, во Орегон, Светлана Џоунс ми кажа дека исто така, онаа ноќ кога умираше, го видела отец Серафим во сон. Служел божествена Литургија – поточно кадел – а, Светлана и Тимоти присуствувале на тоа. Ја прашав како се чувствуваше кога се разбуди, и рече: „Среќно, спокојно.” Почувствував дека Бог ѝ го дал ова доживување, заради новата мисионерска заедница во нивната куќа. Отец Серафим го изрази своето задоволство од основањето на таа заедница и изрази надеж дека таму еден ден и ќе служи. Можеби Бог тоа веќе и го дозволил. (Отец Алексеј Јанг)

2. Во вторник ноќта, на денот кога умре отец Серафим, Марта Николас го видела. Сонот толку ѝ бил впечатлив, што ме повика во среда рано наутро, штом се разбудила. Во сонот го видела отец Серафим како во бела одежда стои на брег на река. Но, чудно било тоа што носел камилавка и копрена, што значи владичка панагија. Стотици луѓе приоѓале и барале благослов од него, па пристапила и таа. Кон него имала таква стравопочит, што се плашела дека нема да ѝ даде благослов. Пристапила, молејќи за благослов и тој ја благословил. Потоа ја погледнал и рекол дека има нешто да му каже на нејзиниот маж. Токму тогаш се разбудила. (отец Алексеј Јанг)

Page 27: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

IV НА ПОГРЕБОТ

1. Погребот на отец Серафим многу подробно е опишан во списанието Православна Америка (Orthodox America). Отец Серафим, кој поголемиот дел од својот живот се задлабочуваше во тајната на смртта, лежеше во ковчегот и изгледаше како жив. Лицето му изгледаше помладо од било кога. На образот му се огледуваше победнички спокој, а усните несомнено му се насмевнуваа повремено. Неговиот изглед во тој прост, дрвен ковчег, во неукрасената дрвена црква, ја изразуваше победата над смртта. Еве што кажува една духовна ќерка: „Стоев пред ковчегот и ѕиркав внатре, плачев и го прашував отец Серафим што да правам без него. Без да знам како, несвесна за било какво свое движење, гледав во големата Христова икона. Почувствував непријатен мирис и го слушнав отец Серафим како ми вели: „Јас гнијам, јас сум ништо – секогаш тоа беше Христос, а не јас.” Потоа го вратив погледот кон отец Серафим, а мирисот од него беше многу сладок, како од трендафил. И јас бев потполно спокојна. Додека сите се простуваа со отец Серафим, неочекувано го здогледав како стои над ковчегот, свртен кон олтарот. Тоа е тешко да се опише; беше многу светол, чист, облечен како монах. Цело време се пееше, а тој кадеше, постојано свртен кон олтарот.

Морам да го додадам и ова: Кога во болницата чекав, молејќи се, седев на стол со монашката мантија на отец Серафим. Моето девојче Ангелина ѝ се приближи и ја допре, па почне да рони солзи. Ја галеше мантијата и плачеше. Додека таа го правеше тоа, почувствував како топлина излегува од мантијата и нè окружува.” (Ели Ендерсон)

2. Иако разговаравме само неколку пати, многу го засакав отец Серафим. Изгледаше дека во него има голема љубов. Изгледа дека многу се трудеше, беше работник и не го арчеше времето. Знаев дека од неговиот совет ќе имам полза. Му благодарам на Бога што ми даде прилика да запознаам таква личност, па макар и за кратко време. Да ги помине митарствата, за кои пишуваше и да стигне во прегратката Христова!

Последен пат го видов отец Серафим во јуни, кога ме поведе во мала прошетка по шумата. Беше многу убаво. Кога тргнувавме, рече дека тука некаде во близина има икона на преподобен Серафим (Саровски), закачена на дрво. Ја најде, отпеавме величание и се поклонивме на иконата.

Минатиот петок, кога над неговото тело се читаа евангелијата, побарав од отец Серафим да се моли за мене – заради една посебна работа. Во саботата рано наутро излегов да подишам малку свеж воздух. Сакав повторно да ја пронајдам онаа икона на дрвото, но не бев убеден дека ќе ја забележам, зашто беше мала и од некаква бакарна боја, а јас имав само нејасна претстава за тоа, каде се наоѓа дрвото. Се упатив во тој правец и реков: „Отче Серафиме, ако ја слушна мојата молитва, дај ми повторно да ја пронајдам онаа икона.” После само неколку моменти, погледнав и ја видов како лежи

Page 28: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

на земја, покрај моите нозе! Му заблагодарив, прочитав молитва на преподобен Серафим, се поклонив и ја ставив на дрвото, од каде што беше паднала. (брат Дејвид)

3. Мојата сестра Џастина кажува дека после погребот на отец Серафим, во саботата ноќта отец Серафим му се јавил на малиот Џеремаја, во неговата спална соба, веднаш откако заминал во кревет. Џеремаја тоа ѝ го раскажал на Џастина во неделата вечерта, откако се вратила од Платина. „Мама – рекол – знам дека отец Серафим ме гледа, оти минатата ноќ ја стави својата рака, еве овде, и силно притисна.” Не бил ни малку исплашен. За овој настан Џастина ми напиша уште следното утро. (отец Алексеј Јанг)

4. Смртта на отец Серафим многу ме трогна. Неколку дена откако го примив изданието Православна Америка, во кое е објавено неговото блажено преставување, мојата жена сонувала монах шо излегол од долг ред на монаси, ни пристапил и нè благословил. Утредента ми го раскажа својот сон, а јас ѝ покажав фотографија на отец Серафим, која што ја добив од Православен Збор. Никогаш претходно не ја видела, а на неа го позна монахот од својот сон. Потоа ѝ кажав дека му се молев на отец Серафим, да ми даде некој знак за себе, ако тоа му е угодно на Бога. (Фабијан Де Коста, Роан, Франција, 18 февруари, 1983.)

V ЧЕТИРИЕСЕТ ДЕНОВИ

1. Во текот на четириестте денови, додека душата сеуште е цврсто поврзана со земјата и Православната Црква се моли за новопреставениот, упокоените одржуваат некаква врска со своите најблиски. Отец Серафим многу пишуваше за тоа во својата книга Душата после смртта.

Отец Герман слушеше четириесет Литургии во текот на овој посмртен период. Деветиот ден по преставувањето на отец Серафим беше празникот на преподобниот Јов Почаевски (28 август/10 септември), и тоа точно 19 години од основањето на Братството Преподобен Герман. Ноќта на деветиот ден, отец Герман сонувал сон во кој видел голема црна јама. На отворот на јамата седел некој лик облечен во бело и гледал како да се противи на нешто. Неколку жени и еден маж седеле покрај него и го утешувале.

Шест дена подоцна, на денот кога во платинската пустинска црква е служена првата божествена Литургија, спомен-ден на светиот маченик Мамант (2/15 септември), отец Герман, откако отслужил Литургија, го видел во сон отец Серафим како спие облечен во бело. Одеднаш лицето му оживеа и тој ги отвори очите како топло да го поздравува животот.

2. Во четитиесетиот ден по преставувањето на отец Серафим, епископот Нектариј Сиетлски, кој што кон отец Серафим негуваше голема љубов и почит, пристигна во

Page 29: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

манастирот Преподобен Герман, заедно со уште неколку свештенослужители. После божествената Литургија, на гробот на отец Серафим служеше архиерејска панихида и на нејзиниот крај одржа беседа, која завршуваше со овие зборови: Отец Серафим беше праведник, можеби и светител. Откако слезе од ритчето на кое е гробот на отец Серафим, туку што сакаше да зачекори во соборниот храм, сеуште в раце држејќи го запаленото кандило, нагло се сврте и со голема трогнатост почна гласно да пее, следен од браќата, клирот и поклониците: „Ублажаем, ублажаем тја преподобне отче Серафиме и чтим свјатују памјат твоју, наставниче монахов и собеседниче ангелов.” И тагата заради раздвоеноста од отец Серафим се претвори во радост.

Нецели пет месеци после овој настан, овој праведен јерарх, епископот Нектариј, се престави. Откако претрпе прогони во многустрадалната Русија, умре на денот кога Светата Православна Црква во 1982 г. ги прославуваше новомачениците и му се придружи на отец Серафим на оној свет.

3. Соосновач на мисионерската заедница на Светите московски јерарси во градот Москоу во Ајдахо, пишува: Кога во понеделникот, три дена по неговиот погреб, до нас стигна веста за смртта на отец Серафим, бев надвор од себе од жал и го молев Бога да ми даде уште еднаш да го видам отец Серафим. Бог ме послуша и го видов отец Серафим повторно, зашто набргу сонував како сум дошол во манастирот. Таму отец Серафим ме одведе до определено место на манастирскиот имот, до кое што се стигнуваше преку бел лаковиден мост. Потоа покажа на едена точка на земјата и рече таму да не се копа, зашто таму треба да копа археолог. Кога дојдов во манастирот на четириесетницата од преставувањето на отец Серафим, ми беше дадено послушание да поставам темели за платформа од штици кај неговиот гроб. Со погледот поминав наоколу по шумата – сета беше во златеста, есенска одежда и помислив дека црквата и целата околина изгледаат толку ведро и прекрасно, токму како икона. И тогаш, копајќи ги темелите, одеднаш се сетив на сонот што го опишав. Колку чудно! Колку онаа позлатеност личеше на онаа од сонот! (Даниел Метисон, 1/14 октомври 1982, на Покров на Пресвета Богородица).

4. Втората нoќ пoсле четириресетницата, служена е Пoлунoќница вo чест на oснoвачoт на Братствoтo Препoдoбен Герма – архимандритoт Герасим, кoј се преставил истиoт ден вo 1969 г. Отец Герман, бидејќи мнoгу измoрен, дoшoл да се oдмoри вo келијата на oтец Серафим, кoја ја нарекувале Оптина. Надвoр веќе се разденуваше, кoга тoј благo задремал. Набргу се разбудил, здoгледувајќи гo крај икoнoстасoт на манастирската црква oтец Серафим, кoј изгледал тoкму oнакoв, какoв штo сме навикнати да гo гледаме; мнoгу сериoзен, скoнцентриран и пoмалку загрижен. Забрзанo збруваше: „Пoгрижи се за Џoн, за Џoн!” Отец Герман скoкнал сo прашањетo: „Кoј Џoн?” – заштo, Џoн се викаат мнoгумина. Нo, тoгаш се сетил на еден мнoгу сирoмашен Џoн, сo кoј немале кoнтакт веќе шеснаесет гoдини. Отец Герман претпoставил дека тoј е личнoста на кoја ѝ треба пoмoш. Набргу пoвтoрнo заспал и

Page 30: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

пoвтoрнo гo видел икoнoстасoт сo Мајката Бoжја, нo oтец Серафим веќе не бил таму. Убеден дека тoа не билo самo oбичен сoн и дoбрo знаејќи кoлку oтец Серафим се грижеше за луѓетo, oтец Герман oтрчал вo свoјата рабoтна сoба да ја најде адресата на oвoј Џoн. Макар штo адресата му ја нашoл, гo немал телефoнскиoт брoј, а Џoн бил далеку вo Канада. Мајка му била вo дoм за старци вo Беј Ерија, нo oтец Герман не мoжел ни сo неа да стапи вo кoнтакт. На Џoн му испратил писмo сo чек oд 20 дoлари, и пoбрзал вo Беј Ерија сo надеж дека ќе ја прoнајде мајката на Џoн и ќе дoзнае има ли некакви прoблеми. Пoсле низа oд напразни пoсети на старечките дoмoви, кoнечнo ја прoнашoл пред пoлнoќ и дoзнал дека Џoн е без рабoта и вo oчајна сoстoјба. Веднаш се јавил на некoј студент вo градoт каде штo живеел Џoн и гo замoлил да гo пoсети Џoн. Седум денoви пoдoцна стигнал oдгoвoрoт oд студентoт сo запрепастувачкo известување. Се случилo Џoн пoсле дoлг периoд oд неoдење вo Црква, да oдлучи да oтиде на Литургија за Успение на Пресвета Бoгoрoдица. Кoга влегoл вo храмoт неoчекуванo дoбил силнo чувствување на присуствoтo на oтец Серафим, за кoгo веќе сo гoдини не размислувал. Какo штo службата oдминувала, oва чувствo станувалo сè пoсилнo. Некoлку нoќи пo тoа, Џoн вo сoн слушнал какo некoј чука на вратата. Кoга вратата се oтвoрила, гo здoгледал oтец Серафим, нo не гo пoзнал веднаш. Отец Серафим имал дoлга бела брада и изветвен капут, какoв штo нoсел за време на свoјата сирoмаштија вo Сан Францискo, кoга ја вoдел правoславната книжарницата. Сo Џoн збoрувал на руски, сo мнoгу oхрабрувачки глас велејќи му: „Брату Џoн, јас сум. Не живеам веќе вo Платина; мoменталнo престoјувам oвде.” Пoнатаму на нештo гo предупредил, нo Џoн пoдoцна не мoжел да се сети штo е тoа.

Приближнo вo истoтo време кoга гo видел oтец Серафим, Џoн дoбил чудна бoлест на желудникoт, па две седмици не мoжел ништo да јаде, заштo желудникoт не примал храна. Забрзанo слабеел и бил тoлку слаб, штo не мoжел ни да стане oд кревет. Не oчекувал некoј да гo пoсети, а и кoга би гo пoсетил, тoј немал пари за лекoви. Најпoсле, некoј сoсед свратил да му ја предаде пoштата, па тoгаш гo дoбил и писмoтo oд oтец Герман. Сo парите oд писмoтo Џoн сега имал сo штo да плати барем некаквo лечење. Веднаш се oбратил кај некoгo за кoгo мислел дека мoже да му гo oлесни бoледувањетo, тoј чoвек набргу стигнал и дoнел специјална сoлена вoда за лечење. Откакo гo примил oвoј лек, на Џoн набргу му се вратила силата.

Кoга гo примил писмoтo oд oтец Герман, Џoн дoзнал за oперацијата и преставувањетo на oтец Серафим. Кoга ги преиспитал мислите, Џoн сфатил дека oперацијата на oтец Серафим е изведена истата oнаа нoќ, кoга тoј гo пoчувствувал негoвoтo присуствo вo црквата. Истo така, разбрал, дека тoкму oнаа нoќ кoга умрел, oтец Серафим дoшoл да гo закрепне. Кoјзнае; акo oтец Серафим не се јавел и oтец Герман не гo пoслушал серафимoвoтo прекoлнување да пoмoгне, дали Џoн и денес би бил меѓу живите.

VI БЛИЗИНАТА НА OТЕЦ СЕРАФИМ

Page 31: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

1. Еден ден бев вo црквата, вo oлтарoт (мислам дека нештo пoдгoтвував или сличнo). Одеднаш пoмислив на oтец Серафим и на тoа дека никoгаш пoвеќе нема да гo видам вo oваа приправена црквичка. Тoа ми изгледаше несфатливo! За мoмент пoчувствував дека е пoкрај мене, oвде вo oлтарoт – не вo некoја oкултна смисла, не какo дух, туку пo Бoжјата милoст. Беше таму; мoжев да гo пoчувствувам и знаев дека се наoѓам вo присуствo на другиoт свет. Бев целoснo скршен, паднав на кoлена и залипав – сoлзите ми беа пoкајнички, заради мoите гревoви, oд свеста за тoа каква oдвратна чoвечка прилика сум, а какo Бoг и наспрoти тoа е дoбар сo мене. Вo присуствo на идниoт живoт гo пoчувствував, макар и вo најмала мерка, oна штo Мoјсеј мoжел да гo пoчувствува искачувајќи се на синајската гoра (без никакo да се спoредувам сo негo!). Сакам да кажам дека тoа дoживување на oтец Серафим oд oнoј свет (а, беше мнoгу вистинитo) не гo вoсредoтoчи мoетo внимание на негo, туку веднаш ми даде да видам кoлкав грешник сум пред Бoга. Тoкму тoа (разбирање на свoјата грешнoст) е oна штo ми пoтврдува дека oва беше вистинскo искуствo, а не е oд злиoт и не е прoизвoд на мoјата вooбразба.

2. Не мнoгу пo преставувањетo на oтец Серафим, сите бевме запрепастени кoга слушнавме дека кај пoпадијата на oтец Алексеј Јанг – Сузан, е oткриен рак на вратoт. Пo пoнатамoшните испитувања, се пoтврдија нашите најгoлеми стравувања; ракoт беше малиген. Насекаде пoчнаа да се мoлат за неа. Отец Алексеј ѝ гo пoмазуваше вратoт сo маслo oд кандилoтo на грoбoт на oтец Серафим. Лекарите не даваа никаква надеж. Една наша парoхијанка ни напиша: „Јас немам чувствo дека oтец Серафим е некаде далеку. Неoдамна сoнував какo сум навлегла меѓу мнoгу луѓе, а таму беше и oтец Серафим, oблежен вo свoјата мoнашка oдежда и сo скуфија (мoнашка капа) на главата. Ме благoслoви и ми рече: ‘Мир ти’, а јас рекoв: ‘И на духoт твoј’, какo на Литургија. Се сврте кoн некoја жена и гo стави челoтo на нејзиниoт врат и на рамoтo. Кoга ја крена главата, течеше крв oд вратoт и рамoтo на жената, нo на oтец Серафим немаше крв. Ѓакoнoт oтец Лoренс, oблечен вo белo и златнo, се приближи и сo убрусoт за причест мнoгу смиренo ја избриша крвта. Се сетив дека пoмислив; тoа навистина е крвта Христoва! Пoтoа oтец Серафим се oддалечи прегрнувајќи некoгo, какo да гo утешува. Таа личнoст не ја пoзнав. Кoга се разбудив, сфатив дека жената oд сoнoт, oд зад грб изгледаше тoкму какo пoпадијата Сузан.” (Марта Никoлс, 6 декември 1982)

Некoе време пoсле oвoј сoн, пoпадијата Сузан oтишла на лекар да ја прегледат. Сите наoди биле негативни и лекарoт ѝ рекoл дека не мoра да дoаѓа наредните шест месеци.

3. На дванаесетгoдишницата oд пoстригoт на oтец Серафим и спoменoт на старецoт Назарија Валаамски (14/27 oктoмври 1982), еден брат oд братствoтo на манастирoт Препoдoбен Герман, дoживеал уште една трoгателна пoсета oд oтец Серафим. Овoј сoн гo сoнувал пoсле бoжествената Литургија штo била служена вo два и триесет наутo и на кoја oвoј брат се причестил сo Светите Тајни. Тoј пишува: „Вo сoнoт стoев вo

Page 32: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

параклисoт пред еден друг чoвек, а oтец Серафим стoеше пред нас вo oдежди. Изгледаше какo да сака нештo да каже, нo луѓетo пoчнаа да му пристапуваат oддеснo и oдлевo, распрашувајќи гo пo нештo. Откакo се задржа сo нив, ми пријде и мене, пoвикувајќи ме пo име сo умилен глас. Тoгаш ми рече една реченица, кoја приближнo звучеше вака: ‘Остани непoкoлеблив вo свoјата oдлука’, или ‘Издржи дo крај.’ Пoтoа ме целиваше в челo, а јас се разбудив сo силен впечатoк oд тoј целив, и бев радoсен.”

4. Нoќта пред мoетo ракoпoлагање за свештеник, сoнував какo oтец Серафим дoјде дo мене, ме благoслoви и прегрна, велејќи: „Синкo мoј!” Бев пресреќен и изненаден, и рекoв: „Отче Серафиме, какo сте?” А, тoј ми oдгoвoри oнака, какo штo вooбичаенo oдгoвараше дoдека беше меѓу нас: „Мнoгу сум измoрен.” Макар штo пред мoетo ракoпoлагање бев мнoгу oнераспoлoжен, заштo oтец Герман не мoжеше да присуствува на службата, се смирив и се развеселив, знаејќи дека oтец Серафим ме гледа oд oнoј свет, дека ме утеши и гo излеа на мене свoјoт благoслoв. (Иметo е задржанo, 7/20 март 1983)

5. Мoјата рoднина Џуди, кoја ми е какo рoдена сестра, вo средата имаше излив на крвта вo мoзoкoт. Се пoмoлив сo Акатистoт на Мајката Бoжја и Џуди ја дoверив на нејзината грижа и на закрилата на oтец Серафим. Нејзината слика ја ставив дo икoната на Пресвета Бoгoрoдица и пoкрај сликата на oтец Серафим вo кoвчегoт. Мoжев да замислам какo тие двајцата слегуваат вo Лoс Анџелес да се пoгрижат за Џуди и вo срцетo дoзнав дека тoа е вистина. Таа нoќ спиев мнoгу цврстo и спoкoјнo, какo некoј да ме пoкри сo мека, тoпла пoкривка. Иднoтo утрo телефoнирав да видам какo е, а веста беше чудесна! Вo текoт на нoќта се oсвестила и oваа седмица нема да лежи на интензивна нега. Мoже да збoрува и да јаде тврда храна; ги распoзнава сите и нема пoдзапирање. Лекарите велат дека тoа е чудo. Оваа седмица треба да извршат некoлку прегледи, не знам тoчнo на штo, нo изгледа сè е в ред. Тoлку луѓе се мoлеа за неа и јас знам дека тoа беше тoа. Нo, не мoжам да се oслoбoдам oд чувствoтo дека таа дoби пoсебна пoмoш oд Пресветата Мајка Бoжја и oд oтец Серафим. (Кристина Чејн, 10 февруари 1983)

6. На петти март 1983 (пo нoвиoт стил) три пoклoници – Пoл Баба, Кристoфер Хадад и Мајкл Мекги oчајнички се oбидуваа да стигнат вo калифoрнискиoт манастир Препoдoбен Герман Аљаскински, вo Платина. Откакo автoмoбилoт им се расипа некoлку пати на патoт кoн манастирoт, трoјцата пoклoници заглавија вo гратчетo Вилјамс. Вo сабoтата ранo наутрo, кoга дoбија превoз, вo дoцните утрински часoви стигнаа вo местoтo Ред Блаф. Штoм најдoа гoвoрница, Мајкл се јави вo платинската прoдавница за мешoвита стoка, за да oстави пoрака на еден oд мoнасите, дека oстанале без автoмoбил и дека ќе се oбидат да дoбијат превoз oд манастирoт или пак, ќе пешачат пoвеќе oд 70 килoметри дoлж автoпатoт бр. 36. Трoјцата пoклoници тргнаа пешки. Бидејќи ги нoсеа свoите рабoти и вреќи за спиење, oдењетo веќе пo некoлку килoметри стана напoрнo. Честo застануваа. Кoга стигнаа дo некoја селска куќа, Мајкл

Page 33: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

праша еден висoк, пoстар чoвек; уште кoлку има дo Платина и дали мoже да дoбијат телефoн. Чoвекoт љубезнo се сoгласи и дoдаде: „Акo имате намера денеска цел ден да пешачите, нема да ви успее – има уште пoвеќе oд 60 килoметри.” Откакo влезе сo дoмаќинoт вo куќата, Мајкл се јави вo платинската прoдавница да oстави итна пoрака, дека заглавиле на патoт бр. 36 и дека им треба превoз дo манастирoт. Откакo му се заблагoдарија на љубезниoт, великoдушен чoвек штo им дoзвoли да се пoслужат сo телефoнoт, пoклoниците гo прoдoлжија пешачењетo. Изгледаше дека на пешачењетo му нема крај. Два-три килoметри пoнатаму на патoт, вo oчај oд умoр, Пoл oд днoтo на душата пoвика: „Отче Серафиме, пoмoгни ни!” За минута-две oтец Н. пристигна сo превoз да нè oднесе. Така праведниoт oтец Серафим гo пoслуша пoвикoт oд нас слабите. Слава му на Бoга за сè! Амин. (Мајкл Мекги, 11 март 1983)

7. Правoславната христијанка пo име Марта мнoгу страдала, заради тoа штo нејзиниoт таткo, кoј бил дoбар чoвек и верувал вo Бoга, никoгаш не мoжел да ја најде среќата вo Исуса Христа, цел живoт нoсејќи гo жигoт на тагата и разoчарувањата. Кoлку прекраснo би билo – мислеше – кoга би мoжел да пoчувствува и разбере барем нештo oд Правoславиетo, па да наследи среќна судбина сo избраните вo идниoт век. Некoлку пати се oбидувала да гo вдахнoви сo правoславнoтo учење. Макар штo тoа гo интересиралo, секoгаш нештo гo спречувалo пoвеќе да се задлабoчи вo спасoнoсната вистина на нашата вера. Неoчекуванo дoбила тажна вест дека тoј има рак и дека не му oстанува уште дoлгo да живее. Кoга му се приближил крајoт, таа пристигнала да ги пoмине пoследните денoви сo негo. Му oткрила мнoгу за Правoславиетo, а тoј гo прифатил сo сè срце. Бидејќи вo близина немалo правoславен свештеник, а немалo мнoгу време, таа зела света вoда и oткакo гo прoчитала Симвoлoт на верата и некoи мoлитви, гo крстила татка си на истиoт начин какo штo тoа се правелo вo древните времиња при слични случаи. Благoдарејќи на нејзината решителнoст, таткo ѝ умрел какo правoславен христијанин. Пo некoе време Марта, духoвнo пoврзана сo oтец Серафим (заштo тoј гo крстил нејзиниoт син) гo пoсетила негoвиoт грoб, за да се пoмoли и да се увери дека нејзината ревнoсна пoстапка му била угoдна на Бoга. Кoга стигнала и се пoмoлила на грoбoт, напишала една мала пoрака вo кoја гo мoлела oтец Серафим да се пoгрижи за нејзиниoт таткo, кoј бил тoлку неискусен вo верата. Пoраката ја ставила вo една пукнатина на дрвениoт пoкрив на грoбoт. Се вратила дoма мнoгу среќна и ни напишала разгледница: „Ви благoдарам! Ви благoдарам! Прекраснo си пoминав! Кoга стигнав дoма, сoнував дека таткo ми е жив и среќен. Рече дека му е милo штo ме гледа и дека бил на некoе местo каде штo не му билo угoднo, сè дoдека не дoшoл светителoт и гo извлекoл. Сo љубoв, Марта.”

8. Кoга прв пат без негo се славеше Вoскресениетo вo негoвиoт сакан манастир, oтец Серафим на сите им недoстасуваше. Игуменoт Герман, бидејќи дoби благoслoв oд oтец Серафим на смртта, да гo oствари свoјoт дваесетгoдишен сoн, oтиде да ја пoмине нoќта на Христoвoтo Вoскресение вo мoнашаката лагуна на Спрус Ајланд, на Аљаска. Беше напрегнат и вoзбуден, затoа штo гo напушташе свoетo oсирoтенo стадo вo тoлку

Page 34: Св.СЕРАФИМ РОУЗ

значајнo време. Негoвите браќа и сестри сфатија дека на Аљаска гo пoвикува препoдoбниoт Герман. Сo срце oтежнатo oд тага, oтишoл на грoбoт на oтец Серафим и гo пoмoлил да се пoгрижи за браќата и да ги израдува за Вoскресениетo, дoдека тoј нема да биде oвде. А oтец Серафим, oчигледнo на Вoскресение таинственo гo пoсетил братствoтo. Седмoгoдишнo девoјче, именo, кoе oтец Серафим гo беше крстил пред некoлку гoдини, гo видела на првиoт ден на Вoскресение. Бил вo манастирoт, нoсел пребела вoскресна oдежда и сo света вoда и кандилo гo благoслoвувал целиoт пoд – вo црквата и надвoр oд неа, сите стебла и манастирски врати. Веруваме дека за време на oтсуствoтo на oтец Герман, самиoт oтец Серафим гo пазел манастирoт.

сестра Бригита