26
ME\UNARODEN SLAVJANSKI INSTITUT- MOSKVA Menaxment na organizacija Seminarska rabota po predmetot Statistika na tema: KVANTITATIVNO SLAGAWE NA PROSE^NATA NETO PLATA I POTRO[UVA^KA KO[NICA VO R. MAKEDONIJA Ментор: Изработil Aleksandar Grozdanovski Dimitar Micevski

Семинарска по статистика

Embed Size (px)

Citation preview

ME\UNARODEN SLAVJANSKI INSTITUT- MOSKVA

Menaxment na organizacija

Seminarska rabota po predmetot Statistika

na tema:

KVANTITATIVNO SLAGAWE NA PROSE^NATA NETO

PLATA I POTRO[UVA^KA KO[NICA VO R. MAKEDONIJA

Ментор:

Изработil Aleksandar Grozdanovski

Dimitar Micevski

B

r.indeks 1011/078

Sveti Nikole, 2011

Содржина

1. Вовед.............................................................................................................3

2. Податоци за потрошувачката кошница во Р.Македонија..........................3

2.1. Потрошувачка кошница во Декември 2006.................................5

2.2. Потрошувачка кошница во Јануари 2007....................................8

2.3. Потрошувачка кошница во Февруари 2007................................11

2.4. Потрошувачка кошница во Март 2007.......................................14

3. Проста праволиниска корелација помеѓу просечната нето-плата

во Р. Македонија и потрошувачката кошница..........................................17

4. Заклучок.......................................................................................................19

Користена литература................................................................................20

2

1. Вовед

Многу земји се изложени на ефектите од невработеноста како фактор кој

влијае на потрошувачката кошнца во нив. Исто така, и Р. Македонија е

изложена на овој проблемот - невработеноста.

Статистички гледано, во просек, во едно четиричлено семејство има по

еден вработен, што значи дека едно семејство прима само една плата

месечно, што е многу малку за задоволување на елементарните животни

потребите.

Со една плата едно семејство не може да ја исполни својата

потрошувачка кошница, односно не може да си ги дозволи сите добра и услуги.

Потрошувачката кошница ја формираат сите добра, производи и услуги меѓу

кои храна, образование, здравство, средства за хигиена, облека, обувки,

култура , одмор и рекреација и сл.

Во оваа семинарска работа изнесени се податоци со цел да се добие

реална слика за потрошувачката кошница во Р. Македонија, и тоа анализирани

се податоците за месец: декември 2006, јануари 2007, февруари 2007 и март

2007. Во неа е опфатено секое зголемување, како и секое намалување на

цените на производите и услугите од потрошувачката кошница, изразено со

индексни броеви, кои се проследени со соодветен графички приказ.

2. Податоци за потрошувачката кошница во Р. Македонија

Со оглед на тоа дека цените на производите во Р. Македонија се

зголемуваaт многу повеќе од платите на населението, може да каже дека се

потешко е да се обезбедат услови за пристоен живот.

Речиси цела просечна плата во Р. Македонија се троши за храна за едно

четиричлено семејство. Во однос на доходот исхраната е нееластична ставка,

3

што значи кога расположивиот доход останува непроменет, ако цената на

храната расте, за истите продукти во кошницата мора да се зголемува ставката

за исхрана. Поради тоа луѓето за да можат да ги задоволат своите потреби за

храна се помалку трошат пари на облека и обувки, но исто така се забележува

дека и во последните години се штеди на средствата за хигиена. Се вели дека

појавата на Prokter & Gamble со своите производи го подобрила начинот на

живот во земјите во Западна Европа, додека на Балканот појавата на овие

производи потполно го променила начинот на живот.

Според податоците на заводот за статистика, една просечна плата од

13.182 денари, колку што била исплатаена во април 2007 година, е доволна да

ги покрие месечните потреби на едно четиричлено семејство и притоа

семејството да остане со заштеда од околу 2.000 денари. Ваквото имагинарно

семејство успева месечно да потроши помалку од 1.000 денари за леб или

четворицата јадат по еден леб на ден. За месо и месни производи семејството

троши 2.250 денари, а месечно му се доволни 800 грама кафе. За млеко и

млечни производи трошокот изнесува 1.776 денари, и притоа семејството

купува 13 литри млеко месечно.

Можеме да забележиме дека населението има онолку колку што

минимално му е потребно за живеење. Самото население се обидува умешно

да се приспособи на условите за живот, притоа се откажува од многу работи

кои во Европа се дел од нормалното живеење.

Од просечната плата на едно семејство на крајот од месецот му

останува одреден износ. Тоа покажува дека и една просечна плата му е

доволна на едно четиричлено семејство за живот, но тоа не претставува

реално мерило за животниот стандард на населението. Голем дел од

населението е невработено, а исто така и голем дел од населението зема

плата до 5.000 денари. Платите на вработените во банкарскиот и

осигурителниот сектор го подигаат нивото на просечната плата во Р.

Македонија. Значи порастот на платите од година во година не значи дека

населението станува побогато или дека успева да го оддржи нормалниот начин

на живеење. Порастот на просечната плата се должи на порастот на платите

на оние вработени кои што земаат плата повисока од просечната, додека

луѓето чиј месечен приход е 70% од просечната месечна плата се сметаат за

сиромашни.

4

Значи во потрошувачка кошница на едно семејство влегуваат трошоците

за храна, облека, обувки, разни рекреации, хигиена и сл.. Но ваквата

потрошувачка кошница не е дел од начинот на живеење на секое семејство во

Р. Македонија. Само на 5 – 10 % од населението не му е важно што се ќе става

во кошничката кога пазарува по маркетите. Сите други пазаруваат по мерка ,

што значи дека има многу мал број богати луѓе во Р. Македонија.

Во Македонија порастот на платите заостанува зад порастот на цените.

Па така доколку цените на производите за лична потрошувачка бележат пораст

од 5%, платата во тој месец би имала пораст од 2%. Поради големата понуда

на работна сила кај нас работодавците ги држат платите на фиксно ниво и не

ги корегираат. Вработеноста во Македонија се движи на ниско ниво. Имено

бројот на вработени во едно домаќинство изнесува по еден. Бидејќи во Р.

Македонија има околу 600 илјади домаќинства, и притоа 600 илјади вработени,

13% не добиваат месечна плата или им се исплаќа со задоцнување, што значи

дека 13% од домаќинствата остануваат без плата.

За подобар начин на живот на населението во Македонија потребно е да

се зголеми бројот на вработените и да се зголемат платите. Доколку дојде до

подобрување во овие две области тогаш можеме да кажеме дека

Македонскиот граѓанин живее нормално. Поради долгата пракса на

откажување на некои потреби за да се задоволат најнеопходните, некои

реално не нормални работи веќе се гледаат како нормални, а тоа претставува

голем проблем кај нас.

2.1. Потрошувачка кошница во Декември 2006

   Во декември 2006 година можноста за купување на производите е

поголема или помала и тоа во зависност од производот.

Можностите за купување се зголемиле кај производите: телевизор ТВ -

56 за 15.2%, масло за јадење за 10.2%, леб – тип 500 за 6.5%, автомобил

5

“Фиат Пунто” за 6.2%, кравјо млеко за 6.1% и бензин “МБ-96” (премиум) за

4.4%. Можностите за купување се намалиле кај цигарите “Родео супер лајт” за

26.1% и маркицата за превоз за 6.0%.

Потрошувачка кошница декември 2006

Намалување на цените во

%

Зголемување на цените во

%Телевизор 15,20 Цигари

"Rodeo super light"

26,10

Масло за јадење

10,20 Маркица за превоз

6

Леб -тип 500 6,50 Исхрана и пијалоци

25,30

Автомобил "Fiat Punto"

6,20 Бензин 4,40

Млеко 6,10

6

Намалување на цените

0,00%2,00%4,00%6,00%8,00%

10,00%12,00%14,00%16,00%

Теле

визо

р

Мас

ло з

аја

дењ

е

Леб

-тип

500

Авто

моб

ил"F

iat P

unto

"

Мле

ко

Бенз

ин

Процент

Зголемување на цените

0,00%

5,00%

10,00%

15,00%

20,00%

25,00%

30,00%

Цигари "Rodeosuper light"

Маркица запревоз

Исхрана ипијалоци

Процент

Просечната нето-плата по работник за декември 2006 година изнесувала

13.854 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесувале 10347

денари и според тоа биле пониски од просечната нето - плата за 3507 денари,

односно 25.3%. Тоа значи дека едно четиричлено домаќинство можело да

7

ја набави оваа кошница со една просечна нето - плата. Во периодот октомври

- декември 2006 година, просечната нето-плата ја покривала вредноста на

кошницата, а најголем остаток од 27.4% бил забележан во октомври 2006

година.

Декември 2006 година имаше 21 работен ден. Просечната исплатена

нето-плата по работник за декември 2006 година изнесувала 13.854 денари. Со

просечно работно време од 7 часа, дневната заработувачка изнесувале 659,71

денари, саатнината 94,24 денари и пресметано во минути, 1,57 денари. Врз

основа на овие податоци и податоците за просечните цени, пресметано е

потребното време за работа по единица производ и услуга.

2.2. Потрошувачка кошница во јануари 2007 - 10.369 денари

Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за

едно четиричлено домаќинство за јануари 2007год., пресметана врз основа

на цените на мало, изнесувала 10.369 денари што во однос на претходниот

месец е повисока за 0,2%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на

цените на мало во јануари во однос на претходниот месец бил повисок за 0,1%,

а трошоците на животот биле повисоки за 0,4%. Најголем пораст на индексот

на цените на мало од 2,6%, во однос на декември 2006 година, било

забележано кај земјоделските производи. Пораст на индексот на цените на

мало од 0,2% бил забележан кај пијалаците и услугите. Намалување на

индексот на цените на мало од 0,4% било забележано кај индустриско-

прехранбени производи.

Индексот на цените на мало во јануари 2007 година, во однос на истиот

месец од претходната година, бил повисок за 1,6%.

Цените на стоките и услугите наменети за лична потрошувачка, мерени

преку индексот на трошоците на животот, во јануари 2007 година, во однос на

декември 2006 година, биле повисоки за 0,4%.

8

Во рамките на индексот на трошоците на животот за јануари 2007

година, во однос на декември 2006 година, индексот на групата услуги

забележал пораст од 1%, додека индексот на групата стоки забележал пораст

од 0,3%.

Потрошувачка кошница во јануари

Пораст на цените на Процент на пораст

Земјоделски производи 2,60Пијалоци и услуги 0,20

Лична потрошувачка 0,40Парно греење 20,80

Култура и разонода 1Средства за образование

1,40

Услуги за образование и развој

0,30

Јајца 6,20Овошје 2,20

Свеж зеленчук 1,60Преработки од зеленчук 1,40

Риба 1Други прехранбени

производи0,90

Ресторани и хотели 0,30Пијалоци и услуги 3,30Облека и обувки 0,20

Гледано по главни групи, според намената на потрошувачката, во

јануари 2007 година во однос на претходниот месец пораст на индексот на

трошоците на животот од 1,4% е забележан во групата Домување поради

9

повисоките цени на парното греење за 20,8% и рентата за 2,9%. Пораст на

индексот на трошоците на животот е забележан во групата Култура и разонода

од 1%, поради повисоките цени на средствата за образование за 1,4% и

услугите за образование и развој за 0,3%. Пораст од 0,4% е забележан во

групата Исхрана поради повисоките цени на јајцата за 6,2%, овошјето за 2,2 %,

свежиот зеленчук за 1,6%, преработките од зеленчук за 1,4%, рибата за 1% и

други прехранбени производи за 0,9%, додека намалување на индексите е

забележано кај месото за 2%.

Земјоделски производи

Пијалоци и услуги

Лична потрошувачка

Парно греење

Култура и разонода

Средства заобразованиеУслуги за образованиеи развојЈајца

Овошје

Свеж зеленчук

Преработки од зеленчук

Риба

Други прехранбенипроизводиРесторани и хотели

Пијалоци и услуги

Облека и обувки

Индексот на трошоците на животот во групата Ресторани и хотели

забележал пораст од 0,3%, како резултат на порастот на индексот на

пијалаците за 3,3%, додека намалување од 8,9% било забележано кај услугите

за сместување.

10

Во групата Облека и обувки бил забележан пораст од 0,2% поради

повисоките индекси на обувките за 1,6% , додека кај облеката било забележано

намалување за 0,7%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во јануари 2007

година, во однос на декември 2006 година, имало во групата Сообраќајни

средства и услуги од 0,3% поради пониските цени на течните горива и мазива

за 1,2%, трошоците за одржување на возилата за 0,3% и превозот на патници

за 0,1 %.

Минимално намалување на индексот на трошоците на животот од 0,1 %

било регистрирано во групата Хигиена и здравје.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2007 година, во однос на

истиот месец од 2006 година, забележал пораст од 0,8%.

2.3. Потрошувачката кошница во февруари 2007 - 10.373 денари

На едно четиричлено домаќинство во Македонија во февруари за

исхрана и пијалаци му биле потребни 10.373 денари што е за 0,4% повеќе од

претходниот месец. Државниот завод за статистика информира дека индексот

на цените на мало врз основа на кој се пресметува вредноста на

потрошувачката кошница во февруари во однос на јануари бил понизок за

0,1%, а трошоците на животот се останати на ниво од претходниот месец.

Намалување на индексот на цените на мало од 0,5% било забележано кај

земјоделските производи и индустриско - непрехранбените производи.

Пораст на индексот на цените на мало од 0,5% е забележан кај индустриско-

прехранбените производи, а пораст од 0,1% е забележан кај услугите.

Индексот кај пијалаците е останат на исто ниво.

11

Потрошувачка кошница февруари 2007

Зголемување на цените на

Процент

Исхрана и пијалоци 0,40Индустриско -

прехранбени производи0,50

Услуги 0,10Средства за перење 0,30

Лекови 0,20Култура и разонода 0,30Ресторани и хотели 0,30

Жито 2Преработки од месо и

риба0,30

Јајца 0,20Сообраќајни средства 2,30

12

Индексот на цените на мало во февруари годинава, во однос на

истиот месец од претходната година, бил повисок за 1,2%, а во однос на

декември 2006 година е на исто ниво.Кумулативниот индекс на цените на мало

за периодот јануари-февруари 2007 година, во однос на истиот период од

претходната година, забележал пораст од 1,4%. Цените на стоките и на

услугите наменети за лична потрошувачка, мерени преку индексот на

трошоците на животот во февруари во однос на јануари останале на исто ниво.

Во рамките на индексот на трошоците на животот за февруари во однос на

претходниот месец индексот во групата услуги забележал намалување од 0,1%

додека индексот кај стоките останал непроменет.

Според намената на потрошувачката во февруари во однос на јануари

пораст на индексот на трошоците на животот од 0,3 отсто било забележано кај

хигиената и здравјето поради повисоките цени на средствата за перење за

0,3%, лековите и услугите за нега и хигиена за 0,2%. Пораст на индексот на

трошоците на животот бил забележан кај културата и разонодата од 0,3 %

поради повисоките цени на услугите за образование и развој за 1,1 %, додека

намалување од 0,2% било забележано кај средствата за образование.

Индексот на трошоците на животот во групата ресторани и хотели бил

пораснат за 0,3%, главно како резултат на порастот на индексот кај услугите за

сместување од 2,3 %.

Пораст на индексот на трошоците на животот бил забележан кај

исхраната од 0,2%, поради повисоките цени на производите од жито за 2%,

преработките од месо и риба за 0,3%, јајцата за 0,2% и другите прехранбени

производи за 0,4%, додека намалување на индексите било забележано кај

овошјето за 2,6%, преработките од зеленчук за 0,8%, месото за 0,4%, свежиот

зеленчукот за 0,3% и мастите за 0,2%.

Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари во

однос на јануари било забележано кај сообраќајните средства и услугите од

0,8% поради пониските цени на течните горива и мазива за 4%, ПТТ услугите

за 0,9%, додека пораст на индексот во оваа група бил забележан кај

сообраќајните средства за 2,3%. Кај Облеката и обувките било забележано

намалување од 0,3% поради пониските индекси на обувките за 0,7% и облеката

за 0,1%.

13

Индексот на трошоците на животот во февруари 2007 година, во однос

на истиот месец од 2006 година бил пораснат од 0,5%, а во однос на декември

2006 година бил повисок за 0,4%. Кумулативниот индекс на трошоците на

живот за периодот јануари-февруари 2007 година, во однос на истиот период

од претходната година е повисок за 0,7%.

2.4. Потрошувачката кошница во март 2007- 10.346 денари

За храна и пијалоци на едно четиричлено домаќинство во март му биле

потребни 10.346 денари, што според податоците на Државниот завод за

статистика е помалку за 0,3% во однос на претходниот месец.

Индексот на трошоците на животот во март 2007 година, во однос на

истиот месец од 2006 година, забележал пораст од 0,8%, а во однос на

декември 2006 година пораст од 0,6%. Кумулативниот индекс пак на

трошоците на животот за периодот јануари-март 2007 година, во однос на

истиот период од претходната година, бил повисок за 0,7%.

Индексот на цените на мало во март 2007 година, во однос на

февруари, бил повисок за 0,6%, а трошоците на животот биле повисоки

за 0,3%. Пораст на индексот на цените на мало од 1% во март 2007

година, во однос на претходниот месец, бил забележан кај индустриско -

непрехранбени производи, од 0,5% кај услугите, 0,2% кај индустриско -

прехранбените производи и 0,1% кај пијалаците.

Намалување на индексот на цените на мало од 2,1% било

забележано во групата земјоделски производи. Индексот на цените на мало во

март 2007 година, во однос на истиот месец од претходната година, бил

повисок за 2%, а во однос на декември 2006 година за 0,6%. Кумулативниот

индекс на цените на мало за периодот јануари-март 2007 година, во однос на

истиот период од претходната година, забележал пораст од 1,6%. Цените на

стоките и услугите наменети за лична потрошувачка, мерени преку индексот на

трошоците на животот, во март 2007 година, во однос на февруари 2007

година, се повисоки за 0,3%. Пораст забележал индексот во услугите од 0,4 %,

14

а стоките се повисоки за 0,2%. Според намената на потрошувачката, пораст на

индексот на трошоците на животот од 1,4% бил забележан во групата

домување поради повисоките индекси на комунално-станбените услуги за

11,4%, електричната енергија за домаќинствата за 2,4%, садовите и приборот

за домаќинството за 1,1%, конфекцијата за домаќинство за 0,7% и мебелот за

0,2%. Намалување било забележано кај парното греење за 13,2%, цврстите

горива за 1,6% и електричните апарати за домаќинството за 0,1%. Пораст на

индексот на трошоците на животот бил забележан кај сообраќајните средства и

услуги од 0,5%, поради повисоките цени на течните горива и мазива за 2,9 %,

додека намалување на индексите во оваа група било забележано кај превозот

на патници за 1%.

Потрошувачка кошница во март 2007

Намалување на цените на

Процент

Храна и пијалоци 0,30

Земјоделски производи

2,10

Парно греење 13,20

Цврсти горива 1,60

Електрични апарати за

домаќинство

0,10

Превоз на патници 1

Облека и обувки 0,40

Култура и разонода 0,10

15

Потрошувачка кошница во март 2007 Храна и пијалоци

Земјоделскипроизводи

Парно греење

Цврсти горива

Електрични апарати задомаќинство

Превоз на патници

Облека и обувки

Култура и разонода

Пораст на индексот на трошоците на животот во март годинава, во однос

на февруари, бил забележан во групата хигиена и здравје за 0,2% поради

повисоките цени на услугите за нега и хигиена за 0,4 %, средствата за хигиена

за 0,3% и лековите и другите медицински производи и услуги за 0,2 %.

Индексот на трошоците на животот во групата ресторани и хотели

забележал пораст од 0,2% како резултат на порастот на индексот кај

туристичките аранжмани за 1,1% и храна и пијалаци во ресторани и киосци за

0,2%. Минимален пораст на индексот на трошоците на животот од 0,1% во

однос на претходниот месец, бил забележан во групата тутун и пијалаци. Во

групата облека и обувки е забележано намалување на индексот од 0,4%

поради пониските индекси на облеката за 1,1%, додека кај обувките е

забележано зголемување од 0,8%. Минимално намалување на индексот на

трошоците на животот од 0,1% било забележано во групите исхрана и култура

и разонода.

На ниво од претходниот месец останал индексот на групата останати

услуги, неспомнати на друго место.

16

3. Проста праволиниска корелација помеѓу просечната нето-плата

во Р. Македонија и потрошувачката кошница

Според претходно изнесените податоци, како примерок, може да се

состави табела на податоци за просечните нето-плати во Р. Македонија и за

вредноста на потрошувачката кошница во претходно аналзираните период.

Податоци за пресметување проста праволиниска корелација

Поесечна нето-

плата во 103

денари

(x)

Вредност на

кошницата во 103

денари (y)

xy x2y2

13,854 10,347 143,35 191,93 107,06

13,884 10,369 143,96 192.77 107,52

13,934 10,373 144,54 194,16 107,6

14,067 10,346 145,54 197,88 107,04

∑ 55,739 41,435 577,39 776,74 429,22

Според овие податоци може да се пресмета коефициентот на проста

праволиниска корелација во примерокот:

Добиениот коефициент на проста праволиниска корелација покажува

дека нема изразита праволиниска врска помеѓу просечната нето-плата и

вредноста на потрошувачката кошница.

Со ова покажуваме само постоење на корелација во примерокот. За да

се одговори на прашањето дали во основната маса постои корелациона врска

потребно е да се изврши тестирање на знажајноста на оцената на

17

коефициентот на простата праволиниска корелација. Тоа ќе го направиме со

докажување на една од двете хипотези:

H0 : ρ = 0 H1 : ρ ≠ 0

Постапката на тестирање ги презентира следните пресметки:

(реализирана вредност)

t0,05/2;2 = 4,3027

Бидејки t0,05/2;2 > t реализираната вредност , следува дека ја прифаќаме

нултата хипотеза, дека ρ = 0. Попрецизно можеме да кажеме дека со ризик на

грешка 0,05 и 2 степени на слобода можеме да заклучиме дека во основната

маса не постои праволиниска корелација помеѓу просечната нето-плата и

вредноста на потрошувачката кошница во Р. Македонија, односно оцената не е

статистичка сигнификантна.

18

Заклучок

Преку наведената анализа на податоци изразени преку нивните

индексни промени овозможен е преглед на секое зголемување и на секое

намалување на цените во потрошувачката кошница, и како семејствата во

Р.Македонија се справуваат со овие промени во цените. Исто така

презентиран е и начинот на кој едно македонско семејство ги распределува

своите месечни примања преку податоците за просечната нето-плата.

Со истите податоци покажано е дека во определениот примерок нема

изразита праволиниска врска помеѓу просечната нето-плата и вредноста на

потрошувачката кошница, а оцената на основната маса не е статистичка

сигнификантна.

Од погоре наведените статистички податоци може да се констатира дека

Република Македонија се справува со големи и тешки проблеми, како што се:

порастот на цените на производите и услугите, порастот на невработеноста и

намалувањето на платите. Сите овие проблеми претставуваат пречка во

развојот на Р. Македонија кој, воедно, е потребен за општо подобрување на

животот и стандардот на населението во Република Македонија.

19

Користена литература:

1. www.stat.gov.mk 2. Prof. Dr. Aleksandar Grozdanovski, statistika- prira~nik za

studentitte na MSI3. Prof. Dr. Slave Risteski i m-r Dragan Tevdovski- statistika za biznis i

ekonomija, treto izdanie, 2008

20