21
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” - Скопје Филолошки факултет ,,Блаже Конески” Есеј на тема: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството Предмет: Агиологија I Студент: Проф. д-р

Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

qwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmrtyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqwertyuiopasdfghjklzxcvbnmqw

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” - СкопјеФилолошки факултет ,,Блаже Конески”

Есеј на тема:Св. маченички Вера, Нада и Љубов и

нивното значење во христијанството

Предмет: Агиологија I Студент: Проф. д-р Добрила Миловска Сања Таневска Број на индекс: 24248

Група: Македонска книжевност и јужнословенски книжевности

Скопје, декември 2010

Page 2: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

2

Page 3: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

1. Значењето на религијата, православието, светците

Познавањето и проучувањето на религијата е важно за разбирањето на севкупната човечка култура. Таа не се состои само од односот човек-божество и не е ограничена само на верското учење и обреди, туку таа се одразува и во сите други сфери на човековата култура и постоење. Целокупниот карактер на една земја можеме да го одредиме преку религијата која е доминантна во истата. На тој начин го искажуваме своето уверување дека религијата во создавањето народи и земји одиграла важна улога, па така начинот на рамислување и однесување не може да се одвои од веќе прифатените религиски учења.

Во речиси сите култури на светот, темел и најчесто содржан уметнички приказ во сликарството, музиката и книжевноста се должи токму на религијата и настаните поврзани со неа. Потоа, моралните вредности на некоја заедница, нивниот меѓусебен однос, односот кон другите луѓе, облеката, исхраната, начинот на погребување на покојните, обичаите во важните моменти од животот како: раѓање, женидба или смрт – обично се втемелени во религиското учење и се изведени од религијата на еден народ.

Религијата на некој народ или заедница, како што рековме, може да ни помогне да ја разбереме нивната култура и начинот на живот. Но, познавањето на сопствената и туѓата религија не се сведува само на тоа. Туку, таа ни помага да го разбереме целото човештво, па и светот во целина.

***

Денес во светот, постојат повеќе религии: христијанство, ислам, јудеизам, хиндуизам итн. Некои од нив, секако, понатаму се делат на повеќе гранки. Во причините за тоа нема да навлегуваме понатаму, зашто во интерес на нашата тема е накратко да го разгледаме православието како една од трите главни гранки на христијанството. Овде уште мора да се напомене дека сите религии се подеднакво добри и вредни, а разликите во нив настанале со тек на време и сфаќањата во различни делови на светот. Секако тука влијаеле и различни културно-политички причини. Но, ниту една религија не е повеќе или помалку добра од некоја друга. Сите се интересни и вредни за проучување.

Како што напоменав, во понатамошниот дел од есејот ќе се обрнам на православието. Тоа е една од трите главни гранки на христијанството. Православието ги продолжува традициите на раните христијански заедници на источното Средоземје, а со мисионарските активности се проширило во источна Европа. Со текот на времето, тоа се проширило како на Истокот така и на Западот, но сепак најголемиот број приврзаници се наоѓаат токму на Истокот. Денес има околу 250 милиони верници.

3

Page 4: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

Зборот ,,православие” е словенска варијанта (превод) на грчкиот збор orthodoxia (право верување) и го изразува уверувањето за совпаѓањето на православната наука со апостолските вистини. Во многу јазици се користи терминот Ортодоксна црква (некој пат Источно-ортодоксна или Грчко-ортодоксна црква). Причините кои довеле до големиот христијански раскол биле претежно политички, а само во мали делови и доктринарни. Па така и ден денес имаме сличности во начинот на славење на Бога и на некои празници, како што е и случајот со нашиот празник кој е темата на овој есеј.

Кога се зборува за православието, па општо и за христијанството не може да се изостави ликот на Исус Христос – Синот Божји. Тој е централна фигура во нашата религија. Зборовите за него никогаш не се доволни. Христијаните секогаш ќе му бидат благодарни на нашиот спасител за сè што направи за нас. И како што вели големиот А. Ајнштајн: ,,Никој не може да негира дека Исус постоел ниту да тврди дека неговите зборови не се убави; па дури и ако ги изговорил некој пред него, никој не ги формулирал на така божествен начин...Јас не сум христијанин,но светиот лик на тој човек од Назарет ми остава силен впечаток...Навистина постои само едно место на светот каде не гледаме никаков мрак. Тоа е личноста Исус Христос. Во него Бог најјасно ни се претставил “.

Тој ги проповедал: љубовта, верата и надежта како темели на христијанството. Заповедта љубов е темелниот однос меѓу човекот и Бог, а исто така и меѓу самите луѓе. Еден од најдискутираните теми е токму учењето на Исус за љубовта помеѓу сите луѓе, и пријатели и непријатели, затоа што човекот постигнува боженствено совршенство љубејќи ги луѓето онака како што ги љуби Бог. Потоа следувала заповедта надеж. Кога им приоѓал на болните ги прашувал дали веруваат во Бог. И ако потврдно одговарале, тој ги лекувал. Сакал да им покаже дека оние кои веруваат можат секогаш да се надеваат дека Бог нема да ги напушти. И во тоа се состои христијанската вера.

***

Оние луѓе кои живееле во согласност со Божјите правила и заповеди, они кои достоинствено ја носеле и ја бранеле човековата вера онака како што проповедал Исус Христос, тие денес заслужено го носат името светци. Највисокиот идеал на христијанското издигнување. Најголемата почест во животот која некој верник може да ја добие. Најголемото достигнување и признание за својата вера. Само оној кој со своите подвизи го славел и го бранел христијанството и бил подготвен да го даде сопствениот живот за нашиот Бог, можел да заслужи да влезе во малиот круг на луѓе кои се наречени ,,свети” и со тоа да ја достигне својата бесмртност и вечност. Бог несомнено имал ,,слух” за овие луѓе, кои станале обожавани личности и утеха за обичниот народ. Тие ја претставувале надежта и врската за обичните луѓе со Бога.

Според православието се верува дека Бог ни ги открива светците преку молитви и одредени чуда. Тие се најпрво признати од страна на локалната заедница, најчесто

4

Page 5: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

луѓе кои ги познавале и биле директни сведоци на нивните чуда. Како што растела нивната популарност, тие често биле признаени од страна на целата црква. Формалниот процес на признавање, вклучува разгледување од страна на Синод на епископите. Доколку било успешно, следувал процес на глорификација, во која на светците им се дава еден ден од црковниот календар кој ќе се слави во нивна чест од страна на целата црква. Ова не ја прави личноста светец, туку само ја објаснува постапката за признавање од страна на црквата.

Се верува дека еден од начините на откривање на светоста на одредена личност е преку нејзините реликти. Во некои православни земји, гробовите се користат повеќепати, поради немање простор. Коските се мијат и се ставаат во костурница, најчесто со името на лицето напишано на череп. Понекогаш кога телото е есхумирано, се случуваат чудни појави како: пријатен мирис на цвеќе од самите коски или нивната совршена состојба(тие не биле воопшто оштетени или распаднати) иако биле закопани во земја извесен период.

Секоја православна црква има олтар со мошти на маченици. Интериерот на црквата е покриен со икони на светци. Луѓето кои доаѓаат да се молат и да пронајдат утеха, најчесто ги допираат и бакнуваат со цел да изразат љубов и почит кон светителот. Се верува дека тие се во можност да му помогнат на човештвото и да се заложат за спасение.

2. Вовед во темата, значењето на Софија, христијанската вера, надеж, љубов

Инспирацијата за одбирањето на оваа тема не беше само истоимениот христијански празник, кој според мене не е доволно афирмиран во јавноста кај нас, туку обрнување внимание на суштинските белези на христијанството кои никако не смеат да се заборават! Зашто историјата на самиот тој празник ќе нè воведе во една интересна приказна за животот и пожртвуваноста на една мајка и три мали девојчиња, и нивната непоколеблива вера во Бога, а со тоа ќе предизвикаат силен восхит кај нас. Не можеме да останеме рамнодушни на истрајноста и одлучноста на овие деца кои сосема заслужено биле прогласени за светици.

Нивната мајка не случајно го носи името Софија кое на грчки значи мудрост(Σοφíα). Со ова се означува длабоката мудрост која ја имала нивната мајка, што е прикажано со вербата во Бога. Ниту во еден момент додека ја читаме приказната, ние не ја обвинуваме неа, затоа што знаеме дека нејзините постапки се оправдани од Бога. Имињата на нејзините ќерки на грчки се Pistis, Elpis и Agape. На руски: Vera, Nadezhda, и Lyubov, додека на бугарски: Вяра, Надежда и Любов (Vyara, Nadezhda и Lyubov). Како што можеме да забележиме, нивниот култ е распространет насекаде во светот.

5

Page 6: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

Сега одделно за името на секоја од мачителките за да ги сфатиме значењето на нивните имиња. Ќе за почнеме од Вера. Христијанската вера, општо земено, е примање како вистинито она што ни го кажува некој што заслужува да му биде верувано според зборот. Верата е дар од Бога со чија моќ го примаме како потполна вистина сето она што Бог го открил и го учи Светата Црква. Велиме дека верата е дар Божји затоа што таа е дејство на Божјата благодет, која ни го просветува разумот, ни го стоплува срцето и ни ја раздвижува волјата, за да го примиме и со непоколебливост да го чуваме, како неспорна вистина, сето она што Бог го открил. Но, таа, е и заслуга на човекот, бидејќи верува само оној што сака. Поради тоа Бог ги наградува оние коишто веруваат и ги казнува оние коишто не веруваат. ,,Кој ке поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува,ќе биде осуден”.(Мк. 16,16)1

За да се спасиме, нашата вера треба да биде цврста, непоколеблива, постојана и жива. Таа е потполна кога го примаме сето она што нè учи Црквата. Цврста е кога веруваме без двоумење. Постојана е кога со храброст ја исповедаме и сме подготвени дури и животот да го дадеме, а да не се одречеме од неа. И, на крајот, нашата вера е жива кога потполно живееме онака како што ни заповеда таа. Несомнено, одраз на сите овие особини ќе најдеме во приказната за светите маченички.

Надежта е исто така дар од Бога. Преку надежта уверено очекуваме Бог да го исполни сето она, што го ветил за спасението и за блаженството од овој живот и од идниот. Христијанската надеж за основа го има Исуса Христа, Кој ни го дал ветувањето на вечниот живот (Тим. 1,1) и нè уверува дека што и да посакаме во негово име – ќе добиеме(Јн. 15,13). Таа е неразделива од верата и врз неа се гради и се усовршува.2

Љубовта е исто така дар од Бога. Преку тој дар се чувствуваме поттикнати да го љубиме Бога и да го исполниме сето она што тој го заповеда за спасение и блаженство наше и на блиските. Тоа особено се покажува преку добрите дела кои секој христијанин има должност да ги врши и да помага на секој, чија помош му е потребна. Љубовта ги надополнува верата и надежта, усовршувајќи го спасението.

3. Историски услови за ширење на христијанството во тој период

Римската импрерија започнала да се шири доста моќно и неконтролирано. Во тие огромни територии кои ги имале присоеднитето кон Империјата, нормално е дека се наоѓале луѓе со ставови и мислења различни од официјалните империјалистички закони. Христијанството се појавило во Римската провинција Јудеја како еврејска религиска ,,секта” во првиот век од нашата ера. Религијата постепено почнала да се шири надвор од Ерусалим и имала сè повеќе приврзаници. Луѓето ги воочиле позитивните работи во оваа религија и масовно ја прифаќале. За време на првите два века од ширењето, Империјалистичките авторитети гледале на неа повеќе како секта

1 Иринеј, молдавско-сучавски митрополит, Вероучение на православниот христијанин,Битола 1993, стр. 11.2 Исто стр. 69.

6

Page 7: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

отколку како вистинска религија. Никој од императорите не издал општи закони против оваа религија или Црквата, или пак прогони коишто биле изведувани од страна на локалната власт. Светониј во своите списи ќе спомене дека ,,врз христијаните било извршувано насилство како казна”, за време на владеењето на Нерон, ,,како луѓе со ново и пакосно суеверие” . Причините за казните не ги наведува. Тацит вели дека во 62г. од н.е. по големиот пожар кој му се случил на Рим, императорот Нерон вината ја префрлал врз христијаните. Војната против Евреите, која толку ја ослабела Римската империја, и која довела до самоубиство на Нерон и граѓанска војна се само дополнителни образложенија за уништување на оваа ,,секта”. Додека христијаните не сакале да го прифатат многубоштвото кое го наложувал Рим, римјаните не можеле да сфатат како христијаните верувале само во еден Бог. Тие исто така грешно ги толкувале и нивните средби во катакомбите, темните улички, канализациите кои всушност биле за нивна безбедност. Низ низа императори кои ќе сторат сè за да го избришат христијанството и да ги уништат верниците, особено ќе придонесе и императорот Хадријан. Тој бил следбеник на Трајан, и во своето владеење се трудел да не покажува непријателство кон христијаните. Но, масовните востанија на Евреите ќе доведат до страшни казни и прогонства од источните населби. Овој настан ќе ги подели Евреите и христијаните, и Евреите ќе се идентификуваат како различни од христијаните. Ова е многу важно , затоа што самостојното издигнување на христијанството сè повеќе и повеќе ќе станува верска опција за народот. Сепак, императорот Хадријан ќе продолжи да ги смета за дел од иста група, а некои христијани ќе ги снајде ужасна судбина токму од неговата рака. И покрај сè што ќе преживеат, и покрај сè што ќе претрпат христијаните од него, тоа ниту за момент нема да ја поколеба нивната силна вера во Бога. Во продолжение следува приказната за судбината на светите маченичи Вера, Нада, Љубов и нивната мајка Софија кои страдале од овој злочестив император, но затоа што нивната вера во Бога била непоколеблива , Црквата ќе ги прогласи за светици.

Страдањето на светите маченчки Вера, Нада и Љубов

Во периодот кога христијаните беа подложени на невидени маки и страдања и нивната вистинска и права вера беше искушувана, во Рим живееше една вдовица која се викаше Софија, што означува мудрост. Како што означува нејзиното име, таа живеела живот исполнет со мудрост и христијанска вера. Доследно ги применувала зборовите на апостолот Јаков кој велел: ,,Која премудрост е одозгора, таа е прво чиста, потоа мирна, кротка, покорна, полна со милост и добри плодови “(Јак.3,17).

Оваа жена со својот сопруг имала три девојчиња на кои им го дала името на најголемите христијански доблести: Вера, Нада, Љубов. Голема била нејзината несреќа, та веднаш по раѓањето на децата останала без својот сопруг. Нејзиниот живот бил мирен, таа му угодувала на Бога со молитва, пост и милостиња. Своите ќерки секојдневно ги учела на христијанските вредности и примери од светителите. Како што растеле девојчињата, така во нив растеле доброделата. Тие добро ги изучиле

7

Page 8: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

пророчките и апостолските книги, секојдневно се молеле, работеле домашни работи и Ѝ се покорувале на својата ценета мајка.

Бидејќи биле толку послушни, бистри и убави, низ целиот Рим ги знаеле и ги почитувале. За нив разбрал и епархот Антиох и побарал да ги види. Кога се случила средбата помеѓу нив, тие не ја криеле својата христијанска вера, својата надеж во Христа, отворено го славеле и се гнаселе од богоомразените идоли. Така епархот Антиох дознал дека тие се христијанки и побрзал да го извести царот Хадријан. Царот веднаш испратил слуги за да му ги донесат девојчињата. Слугите влегле во домот на Софија и ја нашле мајката како ги подучува своите ќерки. Ја повикале да оди кај царот. Тие знаеле зошто биле повикани и се помолиле: ,,Боже сесилен, одреди ни го нас тоа што е по Твојата света волја и не оставај нè, туку дај ни ја Твојата света помош да не се исплаши нашето срце од гордиот мачител, да не се исплашиме од неговите страпни мачења, да не се исплашиме од горката смрт, и ништо да не нè отргне од Тебе Бога нашиот ”.

Така се молеле сите четири заедно. Дали можеби претчувствувале дека нешто ќе им се случи? Или едноставно знаеле, дека штом ги повикува царот ќе ги условува да се откажат од нивната вера. Така фатени сите четири, држејќи се за рацете една со друга тргнале кај царот. Одејќи често погледнувале накај небото, воздивнувале и тајно се молеле на Бога. Искрено се надевале на Неговата помош, а Тој рекол да не се плашиме од оние кои го убиваат телото, бидејќи душата не можат да ја убијат. Кога виделе дека се приближуваат до царскиот двор, се помолиле уште еднаш: ,,Помогни ни Боже, Спасителу наш, заради славата на името Твое ”. Кога дошле кај царот, кој седел гордо на престолот, му оддале почит и стоеле пред него без страв, со весели и светли лица , со храбри срца...

Царот кога ги видел децата, не можел а да не ги забележи нивните чесни, светли и неустрашливи лица, па ја прашал мајката за родот, името и верата. А таа бидејќи била толку мудра, му дала такви одговори од кои сите присутни Ѝ се восхитувале на разумот. За својот род и за името зборувала многу малку. Повеќе зборувала за Оној чиј род не може никој да го искаже и на чие име треба секој да се поклони. Ја исповедала својата вера во Христа и се нарекла негова робинка фалејќи се со неговото име: ,,Тоа име го почитувам и со него се гордеам, зашто сум христијанка”. Понатаму кажала дека своите ќерки му ги ветила на Бога со целата нивна чистота, сочувана само за него. По овој разговор, царот увидел дека оваа жена е многу мудра и разговорот со неа го оставил. Сите нив ги испратил кај една благородна жена Паладија, со порака да ги прими и третиот ден да ги изведе на суд.

Додека престојувале во домот на Паладија, мајката постојано ги подучувала своите ќерки, велејќи им: ,,Ќерки мои сакани, дојде часот на вашиот подвиг, стигна денот да покажете тврда вера во Него, несомнена надеж, нелицемерна љубов. Денес дојде часот на вашата веселост, со венецот на мачеништвото да се венчате со прељубезниот Младоженец и со него да влезете во пресветлата Негова

8

Page 9: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

брачна одаја со радосен глас. Ќерки мои, не штедете ги своите млади тела за Христа, не жалете го цветот на вашата младост за убавината на најдобриот меѓу човечките синови, ниту жалете што се лишувате од овој привремен живот заради вечниот живот. Вашиот љубимец, небесниот Исус Христос е вечно здравје, неизречена убавина, бесмртен живот. И кога вашите тела ќе бидат смртно измачувани заради Него, тој ќе ве заштити а вашите рани по телата ќе ги осветли како ѕвезди. Кога ќе ја снема вашата убавина, Он ќе ве украси со таква убавина која око не видело. Кога ќе го изгубите привремениот живот, Он ќе ве обдари со бесконечен живот во кој ќе ве слави во век и пред Таткото свој и пред сите небесни духови ќе ве нарекува невести и Христови исповедници. Ќе бидете пофалени од сите преподобни, ќе се израдуваат на вас сите мудри девојки и ќе ве примат во нивно друштво. Чеда мои не лажете се со ѓаволски прелаги. Мислам дека царот ќе се обидува да ви вети големи дарови, слава, богатствто, чест и секакви убавини. Не примајте од него ништо, сето тоа исчезнува како дим и се растура како прашина од ветер и венее како цвет и зелена трева и во прашина се населува. Не плашете се од маките, набрзо ќе пострадате и ѓаволот ќе го победите и за навек ќе живеете во слава. Му верувам на Бога мојот Исус Христос дека нема да ве остави да страдате за него. Тој рекол: ,,И жената да го заборави плодот на својата утроба, Јас нема да ве заборавам ”(Исаија 49,15). О, ќерки мои добри, спомнете си за моите болки кога ве раѓав, спомнете си за мојот труд кога ве растев, спомнете си за мојте зборови со кои ве учев на страв од Бога и утешете ја староста на својата мајка со добро и јуначко исповедање на Христа. Кога ќе видам дека страдате за доброто на Христа, дека го исповедувате неговото свето име и за Него умирате, јас ќе се радувам, ќе се веселам и ќе доживеам чест и слава меѓу сите верни и ќе се удостојам да се наречам мајка на маченички. Тогаш ќе се развесели мојата душа и ќе се израдува мојот дух и ќе се поткрепи староста моја. Тогаш и вие ќе бидете мои вистински ќерки кои ги послушале советите на мајка си и ја пролеале својата крв за Него ”.

Ќерките покорно ги слушале советите на својата мајка и воопшто не се плашеле. Со радост во душата ја очекувале часот на веридбата со Бога, иако знаеле дека ги чека тешко мачеништво. Тие Ѝ ветиле на својата мајка дека со радост ќе ги исполнат сите совети со помош и во чест на Христа.

Кога поминале три дена, тие биле изведени на суд пред нечестивиот цар. Тој се надевал дека девојките се млади и дека ќе поверуваат на неговите лажни зборови. Па така почна да им говори: ,, Јас деца гледајќи ја вашата убавина и штедејќи ја вашата младост татковски ве советувам да им се поклоните на боговите кои владеат. Ако ме послушате и исполните што ви наредувам ќе ве земам за мои ќерки. Ќе повикам епарси и старешини и мои советници и пред нив ќе ве примам за мои ќерки, а сите тие ќе ве фалат и почитуваат. Ако не ме послушате и не ја извршите мојата наредба, ќе ве снајдат многу зла, ќе ја загорчите староста на вашата мајка и самите ќе пострадате токму во време кога треба најмногу да

9

Page 10: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

уживате во сладостите, радостите и добрините на овој свет. Јас ќе ве погубам, вашето тело ќе го искинам и ќе иим го фрлам на кучиња да ги изедат, а сите ќе ве презрат. Заради тоа послушајте ме за да ви биде добро. Ве почитувам и не можам да ја уништам вашата убавина и да ве лишам од таков живот, туку сакам да ми станете деца ”. Светите девици на тоа сложно одговорија: ,, Ние за Татко го имаме Бога кој се грижи за нашиот живот и кој ги сака нашите души. Ние сакаме Он да нè сака и бараме да се наречеме негови вистински деца и Нему да му се клањаме и да ги чуваме неговите заповеди. На твоите богови плукаме, а на твоите закани не им се плашиме. А токму тоа го сакаме, да страдаме и да претрпиме лути маки заради слаткиот наш Бог Исус Христос”.

Кога го слушна таквиот одговор, царот ја запраша мајката Софија за нивните имиња и години. Таа одговори: ,, Првото мое дете се вика Вера има дванаесет години, второто Надежда има десет години, а третото Љубов има девет години ”. Царот се восхитуваше на великодушноста и смислата на одговорите на малите девојчиња. Тогаш почна поединечно да ги принудува кон својот злочин. Започна од најстарата Вера говорејќи: ,,Принеси Ѝ жртва на големата божица Артемида”. Таа не сакаше. Тогаш царот нареди да се соблече и да се искамшикува. Мачителите ја удираа по нејзиниот детски грб безмислосно и говореа: ,, Принеси Ѝ жртва на големата божица Артемида“. Но, таа не сакаше. Бидејќи не помогна тепањето Ѝ ги исекоа градите и од нив наместо крв потече млеко. Сите кои го гледаа ова мачење се восхитуваа на ова чудо, бидејќи е необично од рана наместо крв да потече млеко. Потоа ја ставија над разгорен оган, а таа иако лежепе два саати не изгоре воопшто. Потоа ја фрлиле во казан полн со врела смола и зејтин. Вера сè уште остана неповредена. За да ја одврати од верата во Христа мачителот реши да ја погуби со меч. Кога го слушна тоа Вера се израдува и Ѝ рече на мајка си: ,,Моли му се на Бога за мене, мајко моја, да го поминам мојот пат и да стигнам до саканото место за да го видам саканиот Господ и мојот Спас и да се насладам на неговото Божество ”. А на сестрите им рече: ,,Знаете драги мои сестри кому се ветивме и чии невести сме. Една мајка нè роди, нè подигна и воспита, исто да завршиме. Еве јас ќе ви бидам пример, двете да тргнете кон женикот кој нè вика ”. Откако го кажала тоа, пришла и ја бакнала својата мајка, ги прегрнала и ги бакнала своите сестри и најпосле застанала под мечот. Мајката воопшто не жалела за својата ќерка, таа знаела дека Бог ќе се погрижи за неа. Нејзината љубов кон Бога ја победила мајчината копнеж и болка и Ѝ

рекла: ,,Јас тебе ќерко моја те родив и одгледав. Тие добрини ти ќе ми ги вратиш ако пред смртта го исповедуваш Христа и ако за Христа пролееш крв која си ја примила од мене. Оди кај Него, облечена како во кадифе и покажи се пред твојот Младоженец. И мене твојата мајка спомни ме пред него и помоли се за твоите сестри“.

Така Ѝ ја пресекоа главата на света Вера. Мајката го зеде нејзиното настрадано тело, го бакна и радувајќи се го славеше Бога кој ја прими нејзината ќерка во своите одаи. Но, царот не запре со своите пакости. Ја зеде другата сестра Надежда и Ѝ рече: ,,

10

Page 11: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

Добро дете, те молам послушај го мојот совет и поклони Ѝ се на големата Артемида да не пропаднеш како твојата постара сестра. Ја виде и нејзината лута мака и нејзината горка смрт, немој и ти да пострадаш. Верувај ми дете, ја жалам твојата младост и би сакал да ми бидеш ќерка ако се покориш на мојата наредба”. Света Надежда му рече: ,,Па зар јас не сум сестра на онаа која ја уби, дали не сум со неа од иста мајка родена, дали не сум одгледана со исто млеко, дали не сум исто крстена како и мојата света сестра! Заедно со неа израснав од исти книги и поуки на мајка научив за Бога и Господа Исуса Христа. Не мисли царе дека јас можам да мислам поинаку отколку сестра ми Вера по чиј пат сум подготвена да тргнам. Не двоуми се повеќе со тешкиот говор. Пристапи кон извршување на делото за да се увериш дека исто мислам како и мојата постара сестра”.

Кога царот го слушна нејзиниот одговор ја даде на мачење. Ја соблекоа и ја тепаа се додека не се изморија. А таа молчеше и блажено гледаше во својата мајка, која се молеше на Бога. По наредба на царот беше фрлена во оган како својата постара сестра и исто како неа и таа не изгоре, туку го фалеше Бога. Потоа беше обесена и стругана со железни нокти. Телото и се распаѓање на парчиња и се пролеваше крв, а од нејзините рани излегуваше некој чуден мирис. ,, Јас со помош на Христа не мислам на маката, маката ми е мила исто како и рајската сладост, зашто ми е слатка за мојот Господ. А тебе мачителу, во пеколот те очекува бескрајна мака со бесовите кои си ги прифатил како твои богови ”. Мачителите се разгневиле уште повеќе од овие зборови и подготвиле казан полн со врела смола и лој за внатре да ја фрлат Надежда. Но, кога сакаа да ја фрлат, казанот се растопи, се разлеа смолата, лојот се запали и ги зафати присутните. Така се манифестираше Божјата сила за мачењето на Надежда, а мачителите не сакаа да го прифатат вистинскиот Бог. Не можејќи да го поднесуваат срамот, решиле да ја исечат со меч. Светицата само се проближи до својата мајка и Ѝ рече: ,,Мир за тебе мајко моја, биди здрава и спомнувај ја твојата ќерка! ” Мајката ја бакна и Ѝ рече: ,,Ќерко моја Надеждо, биди благословена од Господа Бога вишниот, на кого се надеваш и не ја штедиш својата крв за него. Оди кај твојата сестра Вера и со неа застани пред Бога ”. Така се прости од својата мајка и застана да се прости од сестра Ѝ Љубов: ,,Не останувај сестро туку заедно да излеземе пред Светата Тројца ”. Тогаш пришла до телото на сестра си Вера , ја прегрнала и се исполнила со радост. Најпосле ја стави својата света глава под меч и беше исечена. Мајката крај своите две мртви ќерки, исполнета со радост го прославуваше Бога.

Најпосле на ред дојде и најмалата Љубов. Царот и неа ја молеше да се откаже од Бога и да се поклони на Артемида. Но, залудно. Зошто е запишано: ,,Љубовта е силна како смрт, а водата не може да ја згасне љубовта, ниту реките да ја удават ”(П.над П. 8,7). И таа беше готова својата душа да ја даде за Исуса Христа. Кога видеа дека не можат да ја разделат од Љубовта кон Бога, почнаа да ја мачат. А таа говореше: ,,Кој ќе ме раздели од Божјата љубов? Неволјата или тагата? Прогоните или гладта? Сиромаштвото, бедата или мечот ”? ( Рим.8,35).

11

Page 12: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

Така почнале и неа да ја мачат. Ја удирале со железни прачки, од нејзиното тело по земјата како ситни капки дожд течела нејзината крв. Мачителот Ѝ ја покажал вжештената печка и Ѝ рекол: ,,О девице, само кажи голема е божицата Артемида – и ќе те пуштам. Ако не кажеш ќе гориш во вжештената печка”. Но, таа на тоа без страв одговори: ,,Голем е мојот Бог Исус Христос ”. Мачителот се разгневи и им нареди да ја фрлат во жешката печка. Девицата не чекаше никој да го стои тоа, туку самата влезе во печката и одеше по огнот како да одеше на воздух, пееше и го благослуваше Бога. Тогаш од печката излезе сиот оган и ги нападна присутните како некое живо суштество. Некој ги изгоре и ги направи пепел, а некои само ги опржи. Го стигна и царот и многу го повреди. Во огнот имало и други свети лица кои заедно со девицата го величаа Христовото име. Они кој не веруваа се посрамотија, а девицата излезе од огнот кој се изгасна, здрава и весела. По наредба од разгневениот цар, продолжија мачењата, но Љубов со силата која Ѝ ја даде Исус го издржуваше секое мачење што Ѝ

го нанесуваа за да Ѝ се зголеми наградата. Најпосле дојде наредбата од царот да ја погубат. А таа кога слушна дека ќе биде погубена се израдува многу и рече: ,,Пеам и го благословувам името Твое Господе Исусе Христе кој ме љубиш мене Љубов, твојата робинка, бидејќи ми даваш од достоинството на моите сестри подготвувајќи ме за Твоето име да претрпам маки какви што тие претрпеле”.

Нејзината мајка не престануваше да се моли, па Ѝ рече: ,,Трета гранко моја, чедо мое возљубено, издржи до крај, ти одиш по добар пат и тебе ти е исплетен венец и се отвара твојата брачна одаја, а Женикот стои и те чека, гледајќи го од височините твојот подвиг кога ќе ја ставиш твојата глава под мечот за ја прими твојата чиста и непорчна душа да те прегрне и да те воведе во вечниот мир со твоите сестри. Спомнете ме и мене вашата мајка во царството на Женикот да биде мислостив спрема мене и да не ме лиши од вашата судбина и боравок во неговата слава”. Во тој момент света Љубов беше исечена со меч. Нивната мајка ги собра нивните тела ги положи во убави ковчези и ги накити онака како што им доликува. Ги закопа на едно ритче, надвор од градот со солзи радосници во очите. Остана на гробот три дена молејќи се, и така умре. Верниците ја закопаа покрај нејзините ќерки. Така премудрата Софија мудро го заврши својот живот заедно со нејзините три ќерки.3

4. Славење на празникот кај нас

Овој празник за чествување на светите маченички Вера, Надеж и Љубов е преодреден да се празнува на 30 септември. Бил пренесуван традициски од генерација на генерација за да не се заборават овие маченички и нивното дело, а пред сè христијаните да не ги заборават основните начела на кои почива Христијанството. На тој ден ништо не е невозможно, како што видовме од приказната за светиците. На

3 Според ,,Жени светици” – Добрила Миловска

12

Page 13: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

тој ден треба да се слават трите човечки доблести кои ги држат луѓето исправени и во најтешките мигови. Овој празник е како светилник во оваа темнина која нè опкружува, и во која несигурно пливаме. Да веруваме, да се надеваме и да љубиме. И само од нас ќе зависи дали ќе го прифатиме овој светилник и ќе се водиме според него за да излеземе на вистинскиот пат . Во Македонија, во месноста Лагадин, постои мала црквичка која е посветена на светите маченички што пред десет години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче. Секоја година, традициски на празникот се изведува света служба во чест на маченичките. Исто така во Охрид, во храмот на св. Софија, секоја

година се одржува архиерејска литургија со која чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Таму се организира прослава за жените кои ги носат имињата на маченичките, а собраните средства ги донираат во хуманитарни цели. Исто така оваа година во Велес, во ликовниот салон, подмладокот на литературниот клуб ,,Кочо Рацин“ одржа пригодно одбележување со уметничка

програма. Литературниот клуб „Кочо Рацин“ е во склоп на градската библиотека „Гоце Делчев“ и во него членови се младите кои поседуваат таленти но и дел од постарите Велешки писатели. Тие се надеваат дека манифестацијата ќе стане традиција.

13

„Света Софија“ во Охрид

Page 14: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

5. Заклучок

,,Рајот е создаден за оние кои покажале дека знаат да љубат, а пеколот за оние што никогаш не љубеле” -Волтер

Во овој есеј пишував не само за светите маченички Вера, Надеж и Љубов, туку и за трите големи доблести, величини и сили кои се неминовно поврзани меѓу себе. Грешиме кога мислиме дека можеме да имаме љубов (која сите ја посакуваме), а не мора да имаме верба во Бога и надеж. Единствено овие три величини можат да нè направат целосно среќни и исполнети.

,,Да имаш љубов значи...Секогаш да веруваш,

Секогаш да се надеваш”4

Секогаш овие три доблести одат заедно. Светот би бил поубаво место за живеење ако луѓето се определат за верата во Бога, од таа вера понатаму ќе се роди основата за надежта за подобра иднина, а од верата и надежта ќе произлезе и човечката љубов која ќе ни го направи животот поубав.

,,Преку Христос вие поверувавте во Бог...Затоа можете да ја положите својата надеж во Бога...Од тоа произлегува искрена, братска љубов меѓу вас...”5

Ако ги замислиме овие доблести како скалила по кои треба да се искачиме, тогаш несомнено првото скалило би било вербата во Бога. Секој од нас е должен тоа да го направи, затоа што му го должиме тоа на нашиот Бог! Кога цврсто ќе поверуваме, второто скалило ни е само чекор погоре, надежта во посреќна и подобра иднина. А кога ќе го освоиме и второто скалило, пред нас е врвот, едно од најтешко достигнуваните цели во животот – љубовта! Но, најголемата грешка ние луѓето ја правиме кога сакаме лесно да стигнеме до целта и едноставно ги прескокнуваме првите два чекора. Зашто сите ја посакуваат љубовта, но ретко кој разбира дека патот до неа е долг. Сепак, вреди да се проба и да се изоди овој тежок пат, зошто благодетите што ќе дојдат при врвот се незаменливи. Моја искрена желба е секој човек да чекори по Божјиот пат и да ги достигне овие најважни и највозвишени доблести кои го определуваат квалитетот на животот: верата, надежта и љубовта.

4 Прво Послание до христијаните во Коринт 13:4,75 Прво Послание на апостол Петар 1:21-22

14

Page 15: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

Литература

Иринеј, Митрополит Молдавско-сучавски: Вероучението на православниот христијанин, Битола 1993.

Иван Грозданов:Вера, надеж, љубов: секому потребни, секому достапни,Скопје 2004.

Вовед/Добрила Миловска 7-59: Житија на жени-светици, Каприкорнус 2008.

http://en.wikipedia.org/wiki/Saint http://en.wikipedia.org/wiki/Sophia_the_Martyr http://ocafs.oca.org/FeastSaintsLife.asp?FSID=102638 http://www.antiochian.org/saint_sophia http://www.schoolhistory.co.uk/year7links/romans/christianity.pdf http://www.unrv.com/culture/christian-persecution.php http://www.mn.mk/kultura/2679-Sveti-macenicki-Sofija-Vera-Nada-i-Ljubov http://kurir.mk/makedonija/vesti/2368-2010-09-30-07-14-56 http://www.ohridlive.com/index.php?

option=com_content&task=view&id=1570&Itemid=77 http://www.cdradio.com.mk/vera/ http://days.pravoslavie.ru/Life/life6502.htm http://www.vatican.va/holy_father/benedict_xvi/encyclicals/documents/hf_ben-

xvi_enc_20071130_spe-salvi_sp.html

15

Page 16: Св. маченички Вера, Нада и Љубов и нивното значење во христијанството

СОДРЖИНА

1.Значењето на религијата, православието, светците ............................. 1

2.Вовед во темата, значењето на Софија, христијанската вера, надеж, љубов ........................................................................................................ 3

3.Историски услови за ширење на христијанството во тој период.......... 4

-Страдањето на светите маченчки Вера, Нада и Љубов................... 5

4.Славење на празникот кај нас............................................................... 10

5.Заклучок................................................................................................. 12

16