138
Историја на литературата - вовед Историјата на литературата се занимава со појавата и историскиот развиток на литературата, појавата во определени периоди на разните правци во литературата и нивните претставници. Литературата е уметност чие изразно средство е зборот. Потребата на човекот да ги прераскаже доживувањата и случките, како и да ги изрази своите чувства доведува до појава на уметноста. Литературата, како дел од уметноста се појавува уште во првобитното општество пропратена со музика и игра. Спојот од музика, текст и игра што се појавува во најстаро време се нарекува првобитен синкретизам. Со појавата на старите држави, се развива и литературата кај старите народи (стара литература). Posted by Билјана at 00:57 0 comments Labels: историја на литературата , литература , стара литература 11.3.10 Литературно-научни видови и публицистика Освен познатите литературни видови, постојат и такви кои имаат белези на уметничка литература, но имаат и белези што ги доближуваат до научната литература или публицистиката. Научно-литературните видови содржат испреплетени белези на научниот и уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие текстови содржат многу индивидуални и емоционално обоени делови. Во научно-литературните видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата. Под публицистика се подразбираат текстови

Историја на литературата

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Историја на литературата

Историја на литературата - вовед

Историјата на литературата се занимава со појавата и историскиот развиток на литературата, појавата во определени периоди на разните правци во литературата и нивните претставници.Литературата е уметност чие изразно средство е зборот. Потребата на човекот да ги прераскаже доживувањата и случките, како и да ги изрази своите чувства доведува до појава на уметноста. Литературата, како дел од уметноста се појавува уште во првобитното општество пропратена со музика и игра. Спојот од музика, текст и игра што се појавува во најстаро време се нарекува првобитен синкретизам.Со појавата на старите држави, се развива и литературата кај старите народи (стара литература). Posted by Билјана at 00:57 0 comments Labels: историја на литературата, литература, стара литература

11.3.10

Литературно-научни видови и публицистика

Освен познатите литературни видови, постојат и такви кои имаат белези на уметничка литература, но имаат и белези што ги доближуваат до научната литература или публицистиката.Научно-литературните видови содржат испреплетени белези на научниот и уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие текстови содржат многу индивидуални и емоционално обоени делови. Во научно-литературните видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата.Под публицистика се подразбираат текстови што се печатат во весниците, списанијата и одделни книги (публикации), а може да имаат различна содржина. Во публицистички видови спаѓаат: новинарската (журналистичката) статија, фељтонот, репортажата и патописот.

Есејот е литературно-критичка статија во која на оригинален начин се објаснува некое литературно, културно, филозофско или општествено прашање. Тој може да обработува најразлични теми од сите области на човековото живеење. Есејот содржи уметнички, научни и публицистички елементи. Има оригинална композиција, сликовит стил, оригинални и духовити размислувања и заклучоци кои имаат научен белег.

Page 2: Историја на литературата

Статијата е напис во кој се изнесуваат размислувања за прашања поврзани со политиката, науката, културата и уметноста. Тоа се кратки текстови во завршен облик, најчесто наменети за весници и списанија (новинарски статии).Расправата е студиозен напис посветен на одредено прашање од некоја научна област. Научните тврдења се поткрепени со аргументи, изворите од кои се црпени информациите се наведени во фусноти, што значи дека расправата се одликува со: објективност, студиозност и документираност. Во неа јасно се издвојуваат воведниот дел, каде се поставуваат тезите, разработката, каде аргументирано се докажуваат и заклучокот, каде во кратки црти се потенцираат изведените заклучоци. Докторските дисертации се еден вид расправи. Трактатот и студијата се другите називи на расправата.Полемиката е напис во кој се расправа за нечии сфаќања, се оспорува нечија теза, односно со аргументи се побива туѓото мислење. Таа претставува остар судир на две мислења. Ставовите се одбрануваат со аргументи, но зависи и од јазичната способност на авторот. Се случува во полемиката да се нападне и личноста, а не само идејата, што не е многу чесен начин на полемизирање. Силата на аргументите во комбинацијата со силата на јазикот се најсилните елементи во полемиката, а успешноста зависи од судот на оние кои ја читаат, слушаат или гледаат, значи од поширокиот аудиториум. Публиката го донесува последниот суд, па затоа треба да се внимава со ниските удари на личноста, зашто тоа е несимпатично и на крајот секогаш осудено.Биографијата е животопис на една личност. Биографии се пишуваат за познати и значајни личности од сите области и од антиката до денес. Таа има научни елементи бидејќи се служи со историографија (архивски податоци и сведоштва на современици). Биографија има секој човек. Тоа се најважните податоци од животот: место и дата на раѓање, школувањето, другите успеси итн. Ваква биографија во последно време е потребна кога се конкурира за работно место, за некоја стипендија и сл. и се вика професионална биографија (или curiculum vitae, CV).Романсираните биографии прават спој од реалните

Page 3: Историја на литературата

податоци за животот на личноста и уметничките елементи (фиктивни, измислени) служејќи се со пластично и уверливо раскажување.Автобиографијата е животопис напишан од самиот писател или научник. Таа се заснова врз лични спомени, лично воден дневник итн. и затоа е многу субјективна. Поради силната субјективна страна се поставува прашањето за веродостојноста и објективноста на овој вид литература.Слично како романсираните биографии, постојат и романи-автобиографии, напишани со јас-исказ, а кои содржат реални и фиктивни елементи.

Фељтонот е краток текст со секојдневна тема: научно-популарна, општествено-политичка или забавна. Обично се печати како додаток во дневните и неделните весници, понекогаш во продолженија. Фељтонот претставува литературно-публицистички жанр и има карактер на лесна забава, напишан со шеговит тон, со тенденција на сензационалност и навлегување во интимата на познатите личности. Освен новинарскиот, фељтонот може да биде и литературен кога претставува извадок од роман или роман во продолженија.Репортажата е новинарски напис во кој на сликовит начин се раскажува за настан на денот без да се прави подлабока анализа. Субјективните коментари и стилот на авторот внесуваат уметнички елементи во репортажата.Патописот е посебен публицистичко-литературен вид во кој се опишува тоа што е видено и доживеано во друга земја. Патописот не е објективен опис, туку авторот внесува свое видување, свои доживувања, свои претходни знаења и идеи.Од минатото, најпознати се патописите на Евлија Челебија, кој двапати бил во Македонија и на свој начин ги опишува градовите и луѓето од седумнаесеттиот век. Во Скопје бил 1660 година и со воодушевување ја опишува скопската чаршија и убавите жени со бело округло лице чија убавина, според него се должи на чистата вода која ја пијат.

Драма (елементи на драмата, композиција на драмата)

Page 4: Историја на литературата

Драмата е еден од трите литературни рода. Таа е претставувачка уметност. Претставувањето на ликовите и настаните е преку дијалошка форма. Драмите можат да бидат во проза, во стих и комбинирани во проза и стих.Театарот е тесно поврзан со драмата, бидејќи таа е предвидена да се изведува пред публика. Значи, драмскиот текст, може да го читаме, но може и да го гледаме изведен на сцената.Драмата е поблиска до епиката, бидејќи има настани (фабула), значи може да ја раскажеме, има ликови, тема, идеја, мотиви итн.Во драмата има и наратор кој е невидлив. Особено е невидлив во сценските изведби, додека при читањето може да го забележиме на почетокот, кога ни се претставени ликовите и нивните особини во афишата или во дидаскалиите (забелешките напишани во заградите). Сепак, драмата се разликува од епиката, особено по дијалошката форма, но и другите специфики што ги носи.Дијалогот е основниот белег на драмата. Дијалогот е разговор меѓу два или повеќе лика во текот на драмското дејство.Драмското дејство, пак, е клучниот елемент во драмата под кој ги подразбираме постапките на ликовите.Ликовите може да зборуваат сами со себе, или да и се обраќаат на публиката. Ваквиот говор на еден лик се нарекува монолог. Постојот и цели драми со еден единствен лик, кој е носител на драмското дејство и претставувач на настаните. Тие драми се викаат монодрами. Специфичности на драмата се просторот и времето. Кажавме дека драмата може да се чита, но може и да се гледа изведена на сцена. Еден конкретен простор и време се претставени во самата драма.На пример, во драмата „Бегалка“ од Васил Иљоски е претставено Куманово на почетокот од дваесеттиот век. Тоа се просторот и времето на самата драма. Но, кога се изведува на сцена, на пример во Драмскиот театар во Скопје, во дваесет и првиот век, имаме поинакво време и простор. Односно тогаш, времето на драмата, претставена со

Page 5: Историја на литературата

костумите и други елементи, се испреплетува со времето на случувањето на претставата - сега. Гледачот е свесен и за сегашниот момент, но и за времето претставено во драмата. Додека ја гледа претставата тој има впечаток дека драмското дејство се случува сега (иако тоа дејство може да биде од најдалечното минато или од иднината). Според ова, разликуваме простор и време кои се прикажани со драмското дејство и простор и време на театарската претстава.

Други специфични елементи од драмата, кои може, а и не мора да ги содржи се:Афиша (театарска листа) се наоѓа на почетокот од драмата и во неа се даваат неопходните податоци за ликовите (возраста, семејните релации, изгледот, облеката итн.), за времето и местото на случување (слично на прологот); но може да има информации и за: режисерот, актерите, сценографот, костимографот и сл.Прологот се јавува на почетокот од драмата и ја информира публиката (читателите) за времето и просторот каде ќе се одвива драмското дејство.Драмата е составена од чинови. Во минатото имало строги правила за чиновите, односно драмата морала да има пет чина, што за современата драма не важи. Денес, среќаваме драми од само еден чин (едночинки) или без чинови (само со слики).Чинот е заокружена целина на драмата. Тој се дели на:Слика, која е краток временски дел каде се заокружува едно дејство на ликовите, иСцена, која е заокружена целина, дел од сликата, и која завршува со влегување на нови ликови во драмското дејство.Дидаскалии (ремарки, забелешки) се упатства кои ги дава нараторот во загради, а се наменети за читателите, актерите и режисерот. Во нив има податоци за времето, сцената, местото, костумите, движењето итн.Епилогот се јавува на крајот од драмата и во него се кажува што се случува натаму со ликовите или се искажува пораката на авторот.

Композицијата на драмата е сложена структура. Драмското

Page 6: Историја на литературата

дејство се одвива во пет основни композициски етапи (обично во пет чина):

1. Експозицијата е вовед во драмското дејство и запознавање со ликовите. Тука се дава почетното дејство кое има цел да го заинтересира читателот (гледачот).2. Заплетот е развивање на судирот, конфликтот меѓу ликовите.3. Кулминацијата е врвот на конфликтот и оттука започнува неговото разрешување.4. Перипетијата е првиот чекор кон разјаснувањето и разрешувањето на конфликтот. Тука се случува пресврт на настаните, односно се случува нешто непредвидено за да се разјасни конфликтот.5. Расплетот е последната етапа на драмското дејство. Тука се разрешува конфликтот.Конфликтот, како што кажува самиот збор, претставува судир. Судирот во драмата најчесто се случува меѓу два лика кои имаат различни ставови, кои потекнуваат од различни социјални средини, политички партии итн. Но, конфликтот може да биде и во внатрешноста на еден лик.

Posted by Билјана at 00:26 1 comments Labels: литература, теорија на литературата

28.10.09

Стилски изразни средства (семантички) - тропи

Семантичките фигури (тропи) се изразни средства каде зборот добива поинаква смисла. Поточно, семантиката е наука за значењето на зборовите, нивната внатрешност, па оттука овие стилски изразни средства се однесуваат на тие внатрешни својства на зборовите.

Епитет во најширока смисла е секој атрибут, односно секој додаток на именката. Во следниот пример има многу епитети и компарации:

Кога бев преполн сила

Page 7: Историја на литературата

што придојдува како матна речна глава,кога се сетив вреден за мојот подвиг,достоен за слава,кога ми закрепна гласот за најдобар збор,раката за најтежок меч,ногата за најверен од —тогаш се сломив.Паднав како црешово дрво од премногу род.(Болен Дојчин - Б. Конески)

Метафората е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг.

...Срце - порта највисокасрце - куќа најширока...(Татунчо - К.Рацин)

Алегоријата е продолжена метафора, односно употреба на зборовите во преносна смисла. Алегоријата може да биде во состав на еден стих или строфа, но многу често таа се среќава и во цели состави како што се басните. Басните се засновани на алегорија, животните во нив настапуваат како типови луѓе со одредени карактеристики.„Божествената комедија“ од Данте Алигиери е во алегорија.

Симбол е знак. Предметот, појавата или поимот ги заменуваме со нивната алегориска ознака. На пр.: крст - значи црква; вага - правдина итн.

Голапче мало хубаво, голапче златокрилесто...(Голапче - К. Миладинов)(гулапчето е симбол на девојката)

Метонимија е употреба на зборот во преносно значење.На пр.: храбар и јак човек се нарекува сила.Го читаш ли Достоевски? (Дали ги читаш делата од Достоевски?)

Page 8: Историја на литературата

Македонско именема да загине!(народна песна)

Песонификација е кога на предметите, природните појави, апстрактните предмети, животните и растенијата им се даваат човечки особини.

Стивна сегде шумот ... градот молкна.Скопје заспа в ноќен сон.(Зимска прикаска - Г. Тодоровски)

Хипербола е претерување, преувеличување заради нагласување на одреден емоционален став. На пр.: Те чекам цела вечност.

Глава има колку еден казан,уши колку два таруна,очи има колку два шиника.Он ми сака голема таина:на ден ми сака една фурна леба,и ми сака по две бочви вино,и ми сака по бочва ракија,и ми сака по три млади крави...(Болен Дојчин - народна песна)

Литота е спротивна на хиперболата, односно претставува ублажување. Вистинскиот израз се заменува со поблаг и тоа негативен и спротивен. На пр.: Нема да ти биде лошо таму. (Таму ќе ти биде добро.)

Иронија е преправање, всушност го мислиме спротивното од она што го кажуваме. На пр.: Ти си ми навистина добар другар (а мислиме дека е лош).

Тогај рече Марко Крале:”Бог те убил, црна Арапино!Ал’ се смееш, ал’ навистина маваш,

Page 9: Историја на литературата

ал’ од кожува правот ми го тресеш?“...(Марко Крале ја одменува свадбарината - народна песна)

Парадокс е она што е неочекувано. Порекнуваме некоја мисла која наизглед во себе е противречна или спротивна на општото мислење. Парадоксот има секогаш подлабока смисла. На пр.: Знам дека ништо не знам. (Сократ)

Ништо не е повидливои ништо не е поприсутно од твоето отсуство.(Дениција - П.М. Андреевски)

Многузборлива немотијо, велиш ли:и покрај се —живееме, живееме, живееме.(Нерези - Г. Тодоровски)

Posted by Билјана at 23:37 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Стилски изразни средства (синтаксички)

Вторите стилски изразни средства, синтаксичките фигури, или фигурите на конструкцијата се однесуваат на целата реченица, односно мисла.

Компарацијата е една од најзастапените фигури и во минатото и денес, а претставува споредба на еден предмет или појава со друг. Секогаш при споредбата се употребува зборот како или ко. На пр.: Гладен како волк.

— И најмил спомен што в душа ми блескасе гаси од нив ко цвеќе без боја.(Везилка - Б. Конески)

Антитеза е спротивност, односно споредување кое се заснова на спротивност. На пр.: Ситиот на гладниот не му верува.

Не сум вода да прелеам,не сум змиа да се проврам,

Page 10: Историја на литературата

не сум елен да прескочам,не сум пиле да прелетам.(од Поминуам, заминуам - народна песна)

Споредбата во оваа песна е извршена со негирање.

Словенската антитеза е фигура застапена во нашето народно творештво. Таа се состои од прашање, негација на прашањето и одговор. На почетокот од поемата „Сердарот“ од Г. Прличев ја среќаваме словенската антитеза:

Пискотници се слушаат од Галичник во Река,Што тешка несреќа ги збраи мажите, и жените, та гласи тажна екаи навева сал коб и зла?

Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?ил’ рој од скакулци се вдал?Дал’ султанот арачлии пред време беше пратилда збира арач лут без жал?

Ни град полињата житородни ги беше фатил,ни рој од скакулци се вдал,ни султанот арачлии предвреме беше пратилда збира арач лут без жал!

Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,тој сердар прочут падна в бој,и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,и да ги брани нема кој...

Реторско прашање е фигура во која прашалната реченица служи како исказна. Прашањето, а најчесто повеќе прашања не се поставуваат за да добиеме одговор на нив, туку целта е да го изразиме чувствениот однос.

Везилке, кажи како се родипроста и строга македонска песнаод ова срце што со себе води

Page 11: Историја на литературата

разговор ноќен во тревога бесна?(Везилка - Бл. Конески)

Инверзија е преметнување на редот на зборовите - обратен ред од оној што граматички е најисправен.

Телото твое црна маслина...(Во сонот на црната жена - А. Шопов)

Елипса настанува кога од реченичната целина изоставуваме зборови, но смислата сепак можеме да ја разбереме. На пр.: Дожд. (значи дека врне дожд).

Асиндетон е кога нижеме зборови без нивно граматичко поврзување.

А се се случи една ноќ,ноќ стебла,ноќ лисје,ноќ, студен ров.(Небиднина - А.Шопов)

Полисиндетон е кога нижеме сврзувачки зборови без граматичка потреба.

Од темни зори на утрини летнидо никоја доба на вечери зимнитој гладно пие тагата нашаи потта и крвта и снагата ни.(Тутуноберачите - К. Рацин)

Градација е степенување кое настанува со таков избор на зборови, слики и мисли со кои се изразува постепено засилување или слабеење од почетната позиција.

Прва година поминагрутка в срцето и легна,втора година наминаболест ја в гради искина.

Page 12: Историја на литературата

Трета година земјатана Ленка покри снагата.(Ленка - К.Рацин)Posted by Билјана at 23:26 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Стилски изразни средства (фонетско-морфолошки)

Поетските творби, односно сите дела напишани во стих, се карактеризираат со богатство на јазикот и стилските изразни средства или стилските фигури. Во минатото тие се проучуваа од теорија на литературата, но сега се предмет на изучување на стилистиката.Има многу поделби на стилските фигури, но можеби најјасна е онаа која се потпира на граматичките својства на јазикот. Поточно, на стилски фигури кои се однесуваат на фонетските и морфолошките својства на јазикот, на синтаксичките и на семантичките (значенските).Првите, фонетско-морфолошките, наречени и фигури на дикцијата, се однесуваат на гласовните особености на зборовите, повторување на исти гласови во стихот, или зборови со слично звучење а различно значење и сл.

Асонанца (асонанција) е повторување на исти самогласки за постигнување на звучен ефект. (На пр.: око соколово)

Откако Ленка оставикошула тенка лененанедовезена на разбој............................................„Зошто ми, зошто останакошула недоткаена?Кошула беше даровна...“(Ленка - К. Рацин)

Гласот О е доминантен во целата песна, а особено во стиховите: „Зошто ми, зошто остана...“ кои се израз на длабоката тага заради прерано завршениот живот. Гласот О асоцира на бооолка, на ооофкање, на дооолго тагување и не е случајно употребен во песната.

Page 13: Историја на литературата

Алитерација е повторување на исти согласки или гласовни групи за постигнување на звучен ефект.

Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.звуците се бранови на ветротниз тревите подгонети.

Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.Глуво е се. Сал ритамотплиска по брегот на железото.(Ѕвона - Матеја Матевски)

Во песната „Ѕвона“ од Матеја Матевски се употребени многу зборови со гласовите: ѕ, з, ж, с, за да го приближи ѕвонењето и преку звукот на зборовите, а не само преку нивното значење.

Ономатопеја е гласовна фигура со која се имитираат звуците од природата, од животните итн. Секој јазик спонтано создава такви зборови: шушка, кукавица, гугутка, гулаб, кокошка, грми, бучи, грака, крека итн. Ономатопејата ја има и во поезијата и во прозата, а и во секојдневниот говор.

Клип-клоп, клип-клоп, се носел звукво ноќта црна...(Балада - Г. Тодоровски)

Парономазија е фонолошка фигура во која се повторуваат гласови во зборови со различно значење. Тие зборови може да имаат ист корен, но сепак значењето им е различно.

Јас не сум Вардар, ни завардарен,не сум превардарен, ни подвардарен,може сум варден, та недоварден,јас тек без ширина и должина!(Гане Тодоровски)

Анафората е фонетско-морфолошка фигура бидејќи се повторуваат цели зборови на почетокот од стихот. Бидејќи

Page 14: Историја на литературата

често се повторуваат повеќе зборови, односно делови од реченица, овие фигури (анафората, епифората, симплохата и палелогијата) приклонуваат кон синтаксичките фигури (или фигури на конструкцијата).

Лист по лист кини,лист по лист нижи,лист по лист превртуј, притискај,лист по лист милно, таговно реди...(Тутуноберачите - Кочо Рацин)

Епифората е фигура во која се повторуваат зборовите на крајот од стихот.

Над мене сив облак и сива орлицасе договараат за нешто,а јас мислам дека кај тебеме потскажуваат, Дениција.Оти дошто видов кула и пладневна тополабеа како твојата става, Дениција.Дошто сретнав омарнина и жито во движењебеа како твојата коса, Дениција.Дошто открив сончоглед и светла пушкарницабеа како твоите очи, Дениција.Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеницабеа како твојата уста, Дениција...(Дениција - П.М. Андреевски)

Симплохата претставува соединување на анафората и епифората, односно повторување зборови и на почетокот и на крајот од стихот.

Да видам Охрид, Струга да видам...(Т’ га за југ - К.Миладинов)

Палилогија е кога еден или повеќе збора од крајот на стихот се повторуваат на почетокот од следниот стих.

А беше тоа кога помислував

Page 15: Историја на литературата

дека веќе не можам да мислам без тебе,па почнував да личам на сите мои предци,на сите мои предци, а најмногу на себеси.(Дениција - П.М.Андреевски)Posted by Билјана at 19:38 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Лирско-епски видови

Лирско-епските видови се меѓурод кој содржи слеани елементи и од лириката и од епиката. Во овие дела има фабула и ликови, но и многу чувства изразени преку ликовите. Најчесто се пишувани во стих.

Лирско - епски видови:

балада;романса;поема;роман во стих.

Балада е лирско-епска песна со фантастична содржина и тажен крај. Темите во баладите се црпат од народните легенди, преданија и суеверија, но може да бидат со реалистични мотиви.Романса е лирско-епска песна најчесто со љубовна содржина и среќен крај. Во почетокот со романсата се прославувале подвизи на некои јунаци за да ја заштитат својата или честа на саканата.Баладата и романсата ги среќаваме во народната литература, но ги има и во современата литература. Другите два лирско-епски вида се со понов датум. Нив ги нема во народното творештво, а се појавуваат во времето на романтизмот. Тоа се поемата и романот во стихови.Поема е лирско-епско дело во стих каде поетот во епското раскажување вметнува лирски расположенија, чувства и размислувања. За време на романтизмот, англискиот поет Бајрон ја пишува својата поема „Странствувањето на Чајлд

Page 16: Историја на литературата

Харолд“, а во Македонија, можеби најубавата поема е „Сердарот“ од Прличев.Роман во стих е големо лирско-епско дело каде е прикажан широк круг на случки и ликови напишано во стих. За време на романтизмот, рускиот поет А. С. Пушкин го напишал првиот роман во стихови „Евгениј Онегин“.

Имала мајка

Имала мајка, ималадо девет сина убави,десетти грозен Ѓорѓија,Ѓорѓија беше болничав.Мајка на Ѓорѓи велеше- Мани се Ѓорѓи од домаоди по гори планинида не ми ругаш синови,да не ми глотиш дворовии високите сараи.Ѓорѓи на мајка зборешеи дробни солзи ронеше:- Оф, леле, стара мајчице,нели сум уште малечкопусти патишта ќе згрешамво гора ќе се изгубамѕверови ќе ме изедатбез мене мале ќ останеш.Мајка на Ѓорѓи говори:- Мани се, Ѓорѓи од дома,мани се грозно глупаво,мани се да те не гледамвише те мајка не сака.Виде не виде Ѓорѓијадека го мајка не сака,па си ја мајка замоли:- Дај ми ги мајко пљачките:крпено и некрпено,опрано и неопранотатко ми што ми кроеше,

Page 17: Историја на литературата

татко ми што ми шиеше,за убав бел ден Велигден.Мајка му пљачки исфрлиЃорѓија ми го избркаод родна куќа убава.Пред да си Ѓорѓи заминелуто ја мајка проколна:-Оф, леле, стара мајчицеод родна куќа излагамклетвава да те достаса:црната чума да влезе,сараи да ти побута,дворои да ти запустисинои да ти потепа,сама ти мале д останеши за Ѓорѓија да кукаш.Замина Ѓорѓи отидево тие пусти планини.Стегнал си долу селата,се главил Ѓорѓи овчарче,овчарче мало чобанче.Слугувал што ми слугувал,слугувал девет години.Печалил Ѓорѓи спечалилдо триста овци јагниња.Станал си Ѓорѓи постанал,постанал голем чорбаџи.Еднаш се Ѓорѓи нажалилза своја стара мајчица,за девет браќа убавии високите сараи.Собрал ми Ѓорѓи овцитекинисал, па ми пристигналво својата куќа роѓена.Кога ми дома пристигнал,мајка пред порти седеше,и за Ѓорѓија кукаше,кукаше на глас плачеше.Ѓорѓи на мајка велеше:

Page 18: Историја на литературата

- Оф, леле, стара мајчицеимаш ли конак за мененоќеска да си преноќам,а утре ќе си заминам.Мајка го Ѓорѓи не познаи жално нему говори:- Оф, леле, синко делијаимав конаци високии големи дворој широкии девет синој убавидесетти беше Ѓорѓија.Ѓорѓи ми беше најгрдо .Јас си на Бога погрешив,Ѓорѓија си го испадив,од своја куќа роѓена.Кога го Ѓорѓи испадив,луто ме мене проколнапуста ме клетва достаса.Каде е сега Ѓорѓијада си го мајка прегрне,да си го мајка целива.Ѓорѓи на мајка велеше:- Јас сум ти мајко, Ѓорѓија,Ѓорѓија мајко, најгрозен,најгрозен мајко, болничав.Тогаш го мајка прегрна,прегрна жално целивна,цркна си мајка од жалостпадна на земја пред него.(народна балада)

Posted by Билјана at 19:23 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Сонет, сонетен венец

Песните со затврдена форма кои имаат четири строфи, од кои првите две се со по четири стиха (катрени), а вторите две со по три стиха (терцини) се викаат сонети.Сонетниот венец е најсложен по својата лирска композиција.

Page 19: Историја на литературата

Тој е составен од 15 сонети, од кои последниот е наречен магистрал. Магистралот е последниот, петнаесеттиот сонет од сонетниот венец и ги содржи првите стихови на сите претходни четиринаесет сонети. Тој може да содржи акростих, односно почетните букви на стиховите да го дадат името на оној кому му е посветен. На пример, сонетниот венец од Лазо Каровски, „Мајка Македонка“ во магистралот го содржи акростихот на насловот.

Магистрал

Мугровита штама налегнува в шир -Анатема црна врз твојот поет.Јадосано срце зар копка за мирКаранфили диви штом развијат цвет?

Афионот цути во насмевка блага,Маслините шепнат во притаен час,А погледот скован во цветната далга,Кукавици в пролет разиграле глас.

Елегии леат славеите в пој,Дамарите бијат во незадржлив ритам -Одекнува в мене вековниот вој.

На земјава ширна, та кај и да скитав,Ко твојата љубов не осетив јас,А без тебе в срце се распукал мраз...

Во сонетниот венец, сонетите се прелеваат еден во друг, така што последниот стих од првиот сонет е прв стих во вториот сонет, последниот стих од вториот сонет е прв стих во третиот сонет, итн.

Posted by Билјана at 19:16 1 comments Labels: литература, теорија на литературата

Лирски видови

Page 20: Историја на литературата

Лириката се дели на:1. Субјективна лирика:

интимна;љубовна;пејзажна;патриотска;социјална;рефлексивна.

2. Возвишена лирика:

одахимна;дитирамб.

3. Елегиска лирика:

тажачка песна;елегија;епитаф.

4. Сатирична лирика:

хумористична песна;сатирична песна;епиграм.

Субјективна лирика

Интимната лирика ги опфаќа песните каде се изразуваат личните (внатрешните, интимните) доживувања на поетот. Најчести мотиви во овие песни се: љубовта, осаменоста, разочараноста од минливоста на животот (младоста) итн.Љубовната лирика ги опфаќа песните во кои се искажуваат љубовни чувства кон спротивниот пол. Мотиви се: неостварената, недостижната љубов, платонската, овоземната,

Page 21: Историја на литературата

еротската љубов итн.Пејзажната лирика опфаќа песни во кои се опишува природата. Поетот преку описот (своето видување) на природата всушност ги искажува сопствените чувства и расположенија.Патриотската лирика ги опфаќа песните за татковината. Мотиви се: љубовта кон татковината, кон својот народ, кон минатото итн.Социјалната лирика ги опфаќа песните во кои се изразува незадоволството од социјалната неправда (односот меѓу богатите и сиромашните). Мотиви се: маките и страдањата на сиромашните, нивниот ропски живот итн. Ваквите песни кои повикуваат на борба против угнетувачите се револуционерни.Рефлексивната лирика ги опфаќа песните во кои се искажани размислувањата на поетот. Мотиви се: смртта, болката, смислата на животот, судбината, вербата итн.

Возвишена лирика

Овде спаѓаат сите видови лирски песни ако се напишани со возвишен и свечен тон.Одата е пофална песна со возвишен тон. Во неа се возвишуваат некои славни личности, јунаци, но и: младоста, радоста итн.Химните се свечени пофални песни. Тие можат да бидат: државни, национални, воени, религиозни итн.Дитирамб е лирска песна во која се воспева страста, животната радост, среќата, занесот и восхитот. Во античко време дитирамбот бил обредна песна во чест на богот Дион.

Елегиска лирика

Тажачките песни се кажувале над покојникот и во нив се искажувала длабоката тага и болка заради смртта на блискиот.Елегијата е песна во која се искажуваат тажни чувства. Мотиви се: смртта, љубовта, социјалната неправда итн.

Page 22: Историја на литературата

Епитаф е песна наменета за надгробен споменик. Во неа обично се дадени податоци за животот на починатиот.

Сатирична лирика

Хумористичната песна го исмејува човекот, општеството или нешто друго користејќи благ хумор.Сатиричната песна е многу поостра во исмевањето користејќи иронија и сарказам за да се поправат исмеаните недостатоци.Епиграмот е кратка (од два до осум стиха) хумористично - сатирична песна.

Posted by Билјана at 19:11 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

10.10.09

Видови стихови, рима

Видови стихови

Силабичен стих е стих со одреден број слогови. Кај него нема ритмички стапки, туку е важен бројот на слоговите - метриката, цезурата (пауза во средина на стихот) и паузата на крајот од стихот. Во сите стихови на песната мора да има еднаков број слогови. Силабичниот стих е широко застапен во македонската народна песна.

Тонски стих е стих кој има еднаков број акцентирани слогови. Тука бројот на слоговите не мора да биде ист туку е важна ритмичката стапка.

Силаботонски стих е стих кој има еднаков број слогови и еднаков број ритмички стапки. Нагласените и ненагласените слогови рамномерно се повторуваат.

Стани си утре поранодојди си вечер подоцна,наутро радост понеси

Page 23: Историја на литературата

навечер тага донеси —...(Денови - К.Рацин)

Во овој пример имаме еднаков број слогови во стиховите - осмерец; како и комбинирана ритмичка стапка: дактил - трохеј - дактил. Затоа овие стихови се силаботонски.

Скалест стих е графички раскинат стих, со тоа што дел од него се пренесува во нов ред. Со раскинувањето на стихот се постигнува емоционално нагласување или пауза.

Таму —кај пламен народен пламти,и пушки грматкај борци за зори јасниза животво смрт без жалба минат, —другарко, таму љубовта расне!(„Љубов“ - А. Шопов)

Слободен стих е стих во кој нема ограничувања во однос на ритмичките стапки, силабичноста, тонот, ниту групирањето во строфи или римувањето. За слободниот стих е важна интонацијата, па затоа е наречен и интонациски стих.

Рима

Римата претставува гласовно (целосно или нецелосно) совпаѓање на исти слогови на крајот од два или повеќе стиха. Има неколку видови рими. Според распоредот во строфата разликуваме:

Паралелна (рамна) рима има во строфите кога се римуваат првиот и вториот стих; третиот и четвртиот стих (ААББ).

Зашчо, зашчо ја да љубам? (А)Зашчо себе си да губам? (А)Окул - нокул јарка младост (Б)

Page 24: Историја на литературата

От љубовта барат ладост (Б)(Думание - К. Миладинов)

Вкрстена рима е кога се римуваат првиот и третиот; вториот и четвртиот стих (АБАБ).

Ах таа убавина, ах таа убавина, (А)тоа диво во крвта завивање. (Б)Кине, граба, сече, носи како лавина, (А)вечна е притаеност и вечно откривање. (Б)(„Ах таа убавина“ - А.Шопов)

Обградена (гушната) рима е кога се римувани првиот и четвртиот; вториот и третиот стих (АББА).

Или минеш по првиот ред (А)на страницата читана дамна, (Б)па се чудиш: што толку си пламнат (Б)а пак образот останал блед! (А)(„Портрет“ - Г. Тодоровски)

Според местото на акцентот (на последниот слог, на вториот слог од крајот или на третиот слог од крајот) римата може да биде: машка, женска и дактилска. Во нашиот јазик, заради специфичноста на акцентот, тоа е можно ако се употребат едносложни, двосложни и трисложни зборови.

Машка рима е кога се римуваат едносложни зборови (ред - блед);

Женска - кога се римуваат двосложни зборови (дамна - пламнат; љубам - губам; младост - ладост; даат - клаат);

Дактилска - кога се римувани трисложни зборови (убавина - лавина; завивање - откривање).Posted by Билјана at 23:57 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Page 25: Историја на литературата

Ритмички стапки

Ритмичка стапка е целина од нагласен и ненагласен слог. Има двосложни и трисложни ритмички стапки.Двосложни

Јамб е двосложна стапка во која првиот слог е ненагласен (краток), а вториот е нагласен (долг). Во нашиот јазик за да се постигне оваа стапка стихот мора да започне со сврзник, предлог, кратка заменска форма и сл. кои не се акцентираат, а вториот збор е полнозначен двосложен, акцентиран според правилата на првиот слог. На тој начин стихот започнува со ненагласен (неакцентиран) слог, па продолжува со нагласен, па ненегласен итн.

Се к’/ти ноќ/та цр/на! (ненагласен - нагласен - ненагласен - нагласен)Се ру/ти кар/па — мрак!И пет/ли в се/ло пе/ат...(„Копачите“ - К. Рацин)

Трохеј е двосложна стапка во која првиот слог е нагласен, а вториот ненагласен (нашите двосложни зборови се трохеи). За постигнување на трохеј во стихот се употребуваат двосложни зборови. Трохејот е познат и како хореј.

Бол/ка бо/ли — бол/ка го/ри, (нагласен - ненагласен - нагласен - ненагласен)бол/ка пе/че — ду/ша мо/ри,(а болката) ко/га све/ти —теш/ко, теш/ко, теш/ко кле/ти!(„Елегии за тебе“ - К. Рацин)Трисложни

Дактил е трисложна стапка во која првиот слог е нагласен, а следните два се ненагласени (нашите трисложни зборови се дактили). За да се постигне дактилската стапка се употребуваат трисложни зборови или комбинација на двосложен и четирисложен збор.

Page 26: Историја на литературата

Мо/ја/та цр/ни/на тво/ја пре/гр/ни/на, (нагласен - ненагласен - ненагласен)тво/ја/та тем/ни/на мо/ја под/зем/ни/на.Зем/јо о/ле/ли/о, зем/јо пус/те/ли/о...(„Тажачка од онаа страна на животот“ - А. Шопов)

Амфибрахот е трисложна стапка која започнува со ненагласен слог, па следува нагласениот, а потоа два ненагласени. Таа се постигнува слично како јамбот, односно стихот започнува со неполнозначен збор кој не се акцентира, а продолжува со трисложен или двосложен збор кој е акцентиран на првиот слог.

О теш/ко/то! Зур/ли штом ди/во ќе пис/нат, (ненагласен - нагласен - ненагласен)штом та/пан ќе грм/не со под/зе/мен е/котво гра/ди/ве зош/то жал лу/та ме стис/ка,во о/чи/ве зош/то ми на/ви/ра ре/ка...(„Тешкото“ - Б. Конески)

Анапест е ритмичка стапка која тешко се постигнува во нашиот јазик заради природата на нашиот акцент. Кај анапестот првите два слога се ненагласени, а третиот е нагласен. За да се употреби треба да се одбираат петсложни зборови или стихот да започне со двосложен предлог, прашален збор итн.

Зошто толку те љубам и сакам? (ненагласен - ненагласен - нагласен)(„Од дневникот“ - Г.Тодоровски)

Често песните содржат ритмички комбинации. Може да се комбинираат сите ритмички стапки.

Учи ме, мајко, карај ме, (дактил - трохеј - дактил)Како да земам Лилјана,Лилјана мома убава:Лилјана ситен босилок,

Page 27: Историја на литературата

Лилјана розов трендафил.(народна песна)

Композиција на песната (стих, строфа, метрика, ритам)

Песната има специфична конструкција. Нејзин основен елемент е стихот. Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се забележува со голо око. Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.Повеќе стихови оформуваат строфа. Строфа е целина од одреден број стихови со ритам и интонација (може и рима). Таа претставува мисловна целина. Според бројот на стиховите, разликуваме:

Моностих е строфа со еден стих.

Дистих е строфа составена од два стиха.

Денови ли се — деновиаргатски маки големи!(Денови - К. Рацин)

Терцет, терцина е строфа од три стиха. Тука најчесто се римуваат првиот и вториот стих, а третиот се римува со третиот од следната строфа.

Сега сме само спокој,сонуван сакан спокојсамотија и свежина —

Празнично пркни пеперуго,пепелава пеперуго,по полската полежина —(Сонатина - Г. Тодоровски)

Катрен е строфа од четири стиха и е најраспространета.

Два конца парај од срцето, драги,

Page 28: Историја на литературата

едниот црн е, а другиот црвен,едниот буди морничави таги,другиот копнеж и светол и стрвен.(Везилка - Б. Конески)

Пентина (квинта, квинтила) - строфа од пет стиха;

Секстина - строфа од шест стиха;

Септима - од седум стиха;

Октава - од осум стиха;

Нона - од девет стиха.

Песните според организацијата на строфите може да бидат:

1. Астрофични, песни кои немаат строфи, односно стиховите се подредени еден под друг;

2. Строфични, песни кои имаат строфи со ист број стихови;

3. Хетерострофични, песни кои имаат строфи со различен број стихови (на пример песната од Србо Ивановски „Градот на принцезата Пастрмка“).

Ритам

Ритамот е основно обележје на песната. Тој се постигнува со метриката (бројот на слоговите во стихот), ритмичките стапки (нагласени и ненегласени слогови), со повторување исти зборови и гласови, со римата, со инверзијата на зборовите итн. Специфичното звучење на стихот е ритам.

Метрика

Page 29: Историја на литературата

Метрика е должина на стихот, односно го означува бројот на слоговите во еден стих. Во стихот има и вообичаени паузи наречени цезури. Нив ги среќаваме кај подолгите стихови. Стиховите го добиле името по бројот на слоговите:

Четверец е стих со четири слога, со кратка пауза на крајот од стихот. Најчесто, тоа е стих од два двосложни збора, но не мора, како што е на пример песната „На чужина“ од Константин Миладинов:

...Ах миленце,Ти пиленце!Как си билаЗлатокрила...

Стиховите во оваа песна се со четири слога: ах - ми - лен - це (4) / ти-пи-лен-це (4) / как-си-би-ла (4) / зла-то-кри-ла (4) и затоа е четверец.

Петерец е стих со пет слога и кратка пауза на крајот. Вакви песни не се многу вообичаени во нашето творештво, но се среќаваат петерци во комбинација со други (со седмерец, на пример). Во народната песна „Македонско девојче“ е комбиниран седмерецот и петерецот:

Македонско девојче,китка шарена,во градина набранадар подарена...

(ма-ке-дон-ско-де-вој-че / кит-ка-ша-ре-на: 7 / 5)

Шестерец е стих со шест слога и го среќаваме во македонската народна поезија.Седмерец е стих со седум слога и цезура (пауза) најчесто по четвртиот слог.Осмерец е од осум слога со цезура по четвртиот или по петтиот слог. Осмерецот е еден од најзастапените во нашата

Page 30: Историја на литературата

народна поезија.

Што ми е мило ем драгоНа Струга дуќан да имамОф леле леле либе леСрцево ми го изгоре...(од „На Струга дуќан да имам“ - народна песна)

Деветерец е стих од девет слога. Ретко се среќава во нашата народна поезија, но сепак го има. Во народната песна „Нели ти стига“, првите два стиха се деветерци, а потоа песната продолжува со вообичаените десетерци:

Откако те млада заљубиви по тебе памет изгубив.(од „Нели ти стига“ - народна песна)

Десетерец е стих од десет слога и е најраспространет во народната песна. Го има и во лирските и во лирско-епските, а најзастапен е во епските. Затоа е познат уште и како јуначки десетерец. Цезурата може да биде по четвртиот, по петтиот или по шестиот слог.

Туѓината пуста да останеКоја од либето ме разделиШто го чекам време три години...(од „Туѓината пуста да остане“ - лирска народна песна)

Тога рече Марко Кралевиќе:- Бог те убил црна Арапино!Ал се смееш, ал вистина маваш,ал од кожув правот ми го тресеш?(од „Марко Крале ја одметнува свадбарината“ - епска народна песна)

Единаесетерец е стих од единаесет слога, со можност за две цезури во еден стих - по третиот и шестиот слог.

Дванаесетерец е стих од дванаесет слога и се јавува со цезура

Page 31: Историја на литературата

во средината по шестиот слог или со две цезури: по четвртиот и по осмиот слог.

Распукала, распукала Шар Планина,(Ајде) распукала, распукала Шар Планина,Ми поклопи, ми поклопи три овчара,(Ајде) ми поклопи, ми поклопи три овчара.(од Распукала Шар Планина - народна песна)

Тринаесетерец е стих од тринаесет слога. Ова всушност е десетерец во кој по петтиот или по десетиот слог е вметнат еден збор од три слога кој се повторува како рефрен.

Ќе те опитам, Јано ле, што црно носиш?Ал татка жалиш, Јано ле, ал мила мајка?Ни татка жалам, лудо ле, ни мила мајка,Тук си го жалам, лудо ле, лудото младо...(од Зборникот на Миладиновци - народна песна)

Четиринаесетерец е стих од четиринаесет слога кој се добива по истиот принцип како тринаесетерецот. Стихот може да се подели на два седмерци или на осмерец и шестерец каде се вметнуваат зборови кои служат како рефрен и за продолжување на стихот.

Топи, топи, мила мајко, мојве љути рани,Топам, топам, мили синко, твојте љути рани.Кажи, кажи, мили синко, што грех си сторило?Да ти кажам, мила мајко, што грех сум сторило...(од Зборникот на Миладиновци - народна песна)

Петнаесетерец е стих од петнаесет слога. Овој стих е редок во нашата народна песна, но се среќава, исто така со повторување на зборови.

Бог да убиет, Милкано мори, твојата мајка,Што ми те изми, Милкано мори, и те промена,И ти нареди, Милкано мори, дронано сребро,Дробноно сребро, Милкано мори, на бело грло...

Page 32: Историја на литературата

(од Зборникот на Миладиновци - народна песна)

Шеснаесетерец е стих од шеснаесет слога, кој всушност е составен од два осмерца. Го има во нашата народна поезија под чие влијание се јавува и во поезијата на Константин Миладинов.

Голапче мало хубаво, голапче златокрилесто,Кога ти дојде при мене? И кога в часот побегна? —Ушче ја глас ти не слушнаф: ушче те харно не видоф,Дан ми се, мило, наљути? Дан ми се, добро насрди!Зашч не ти хубост пофалиф, зашч не ти крилја помазниф?...(од Голапче - Константин Миладинов)

Posted by Билјана at 23:00 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Литературни родови: лирика

Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи, но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза.Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не може да се раскажуваат (немаат фабула) туку се доживуваат.

Лирски субјект

Лирскиот субјект во лириката е исто што и нараторот во епиката. Лирскиот субјект е „гласот“ во лирската песна. Ако поетот ја напишал песната во прво лице еднина, не значи дека тој пишува за себе. А и да пишува за себе, напишаното е креација, значи е измислено, дообликувано, дооформувано.

Градот на принцезата Пастрмка

Изградив прекрасен град

Page 33: Историја на литературата

со возови, со трамваи, со пруги.Го населив со цвеќиња,со рингишпили,со многу чуда други.

Од цвет до цвет водатмостови напнати како лак,а долу, далеку долу,одвај е видливна реката синиот крај.

По таа река се скита принцеза Пастрмкасета облечена во црвени дамки.Принцеза Пастрмка има прекрасен домод бели каменчиња и жолти сламки.(Србо Ивановски)

Оваа песна започнува со форма на глаголот во прво лице еднина и тоа е лирскиот субјект. Не е поетот тој што го изградил градот, го населил со цвеќиња итн. Значи поетот е Србо Ивановски кој ја напишал песната, а преку лирскиот субјект ги искажува мислите и чувствата.Posted by Билјана at 22:48 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Епски видови во проза (со примери)

Најстарите епски видови во проза се:1.Митовите, легендите и преданијата

Според меѓународната класификација, преданијата се делат на:1. митови;2. легенди;3. историски преданија (се однесуваат на историски настани и личности)4. етиолошки преданија (се однесуваат на потеклото на некој локалитет).

Митовите се сметаат за најстари приказни со фантастична

Page 34: Историја на литературата

содржина создадени во првобитното општество. Луѓето во недостаток од научни сознанија создавале фантастични објаснувања за настанокот на светот, за човекот, за животот итн. Во почетокот тие биле свети приказни и не се сметале за литературни творби.

Митот за Сизиф

Сизиф, син на богот на ветровите Еол, и основач на градот Коринт, се сметал за најитар човек во древните времиња. Никој не можел да се рамни со него по итрост. Благодарејќи на тоа, тој натрупал небројно богатство во Коринт и надалеку се разнесол гласот за неговите скапоцености.Еднаш Сизиф му го поткажал на речниот бог Азоп вратилиштето на Зевс, а за тоа Азоп му ветил дека ќе направи да избие извор студена вода во коринтскиот град. На тоа место навистина бликнал прочуениот извор Пирена.Поради тоа предавство, Зевс решил да го казни Сизиф, па му го пратил богот на смртта, мрачниот Танатос, за да го одведе долу, во тажното царство на Хад. Но мудриот Сизиф, успеал да го закове богот на смртта, така што веќе никој не умирал на земјата, додека најпосле не дошол богот на војната Арес и ја ослободил Смртта, која сега го фрлила Сизифа во пеколот, меѓу сенките на умрените.Но и таму итриот Сизиф успеал да се снајде. Тој уште пред да оди во пеколот и кажал на својата жена да не го погребува неговото тело и да не дава задушница, ниту какви и да било жртви на подземните богови. Хад и Персефона долго чекале жртви од жена му на Сизиф, но попусто. Најпосле, Сизиф се приближил до тронот на Хад и му рекол:- О, владетелу на душите на умрените, велик Хаде, рамен по сила на моќниот Зевс, пушти ме за малку време да одам на светлата земја, за да и заповедам на мојата непослушна жена да ти принесе богати жртви и пак ќе се вратам во царството на сенките.Така Сизиф го измамил богот Хад и тој го пуштил да оди на горниот свет. Се разбира кога Сизиф пак ги искусил убавините на земјата, ни на крај ум не му идело пак да се врати во пеколот, туку си останал во раскошниот дворец и

Page 35: Историја на литературата

весело пирувал, радувајќи се дека тој е единствениот меѓу смртните кој умеел да се врати од подземното царство на умрените.Хад мошне се разгневил поради измамата и непослушноста на Сизиф, па повторно го пратил Танатос да го врати во пеколот. Најомразениот меѓу сите богови, злогласниот Танатос, го нашол Сизиф токму во екот на една раскошна гозба, кога бил малку и замајан од вкусното вино и му ја зел душата.Долу во мрачниот пекол, подземните богови на кутриот Сизиф му ја досудиле оваа казна: требало постојано да тркала еден огромен камен од рамнината до врвот на еден рид. Кога мислел дека тешкиот товар го дотуркал до врвот, огромниот камен одеднаш му се испуштал од рацете и пак се наоѓал долу, во рамнината. Тој морал одново да се искачува со својот камен, но никогаш не можел да стигне до целта. Затоа по примерот на тој бесмислен напор на Сизиф, дури и денеска секој претежок и невозможен труд се вика Сизифов камен или Сизифов труд.(Од книгата Богови и херои)

Легендите исто така имаат фантастична содржина, но за разлика од митовите тие се поврзани со вистински настани или историски личности.

Легенда за бесмртната вода

Господ создал луѓе со различна боја на кожата.Ова Господ го направил пред Потопот.На белците Господ им го пратил својот син, што се викал Македон и сите белци отпрвин се викале Македонци.Подоцна, најпознат цар на Македонците, бил Александар Македонски.Тој еднаш пронашол бесмртна вода и ја дал на сестра си да ја чува и да внимава да не се истури.Но, таа кришум се напила и водата се истурила.Плашејќи се од лутината на брата си се фрлила во Егејското Мопе.Хо, бидејќи не можела да умре, наеднаш се престорила во половина риба, половина девојка.

Page 36: Историја на литературата

До ден денес кога парабродите минуваат оттаму, плашејќи се да не ги преврти, луѓето од парабродите, на сет глас викаат: ”Жив е Александар!“.Така ја плашат сестра му на Александар и таа бега од нив, а парабродите безбедно заминуваат.(Запишана од Љубе Панов, кој ја слушнал од мајка му Васка Јолевска Панова)

Преданијата се слични со легендите, но се поблиски до историската вистина и имаат пореалистична основа.

Предание за манастирот Заум во Охрид

За Оридското езеро се велело од стари луѓе оти дно немало.Мнозина луѓе го мериле да му ја видат длабочината колкава му е, и секој што мерил кажал колку аршини е длабоко.Некоја жена (едни велат оти некоја царица била) и таа отишла да го мери колку е длабоко; мерејќи го баш во средето, како да сакаше езерото да ја откаже таа жена од таа севда, да не го мери оти не ќе може крај да најде на длабочината, тики откај што си било езерото тивко и мирно, туку беше се дигнале едни талази колку едни планиње и го дигнале каикот (чунот) на жената, и почнал каикот да се готви да се удави; бре држ го дујменџиите дујменот, бре крепи,ѓоа да не се удави, арно ама „со глава ѕид не се турка,”.што рекле.На тој страв од жената, паднала на коленици и почнала да се моли на Бога и да му таксува, да направи еден манастир тамо каде што ќе ја избави од улавото езеро.Штом си таксала да направи манастир, и почнале талазите да се смалуваат, и полека-лека излегол каикот на брегот, та се куртулисала жената и тие што беа во каикот.„Е, уште еднаш за ум нека ми биде ова, им рекла на каикчиите, што дојдов да го мерам езерово.”Велејќи така жената, и веднаш беше заповедала да се направи на истото место еден манастир и го крстила „Заум”, демек од големиот страв што го видела таа го нарекла манастирот така да гледа во него и да паметува оти ќе се удавела.

Page 37: Историја на литературата

Хе само за неа така да гледа и да се чува да не влегува во езерото, ами за секој човек што ќе одел тамо.Ова предание сите оридчани го знаат.(предание запишано од М. Цепенков)

2. Народни приказни

Народните приказни се делат на: фантастични и реалистични.

а) Фантастичните приказни - сказните, бајките се исполнети со најнеобични доживувања на ликовите, како и со разни суштества (змејови, ѓаволи, самовили) и предмети (волшебни ламби, килими, животворни води итн.).- басната на алегоричен начин ги опишува човековите особини. Басната може да биде во стих и во проза. Преку ликовите на животните (поретко и на растенијата и предметите) на ироничен, сатиричен и хумористичен начин се прикажани човековите недостатоци. На крајот тие содржат и наравоучение во вид на кратка реченица со мудра мисла (афоризам).- приказните за животни се слични со басните, но се малку подолги од нив.За разлика од останатите литературни творби, кај сите фантасични приказни се забележува поларизација на ликовите на добри и лоши. Најчесто овие приказни им се раскажуваат на децата, а тие се идентификуваат со добрите ликови и на тој начин го градат карактерот.

Врапците цареви

Една време беше се собрале врапците на еден висок трн и секое велело:„Јас сум цар, бре, јас сум цар”.Секое врапче цар се правело и викало што го грло течело.Секое што било на поголемо гранче се туркало од тоа што било на подолното панче, и откога ќе го турнело, ќе се наречело цар.Сите викале. „цареви сме’. Викале, врескале, ѓурултиа

Page 38: Историја на литературата

правеле, како во авра Евреите, кога да ги пеат псалтирите. Кој што ги видел и чул, се се смеел на нивнио будалштилак, дека се правеле на високиот трн цареви.На тоа згора беше ги чуло врашкото сокле и беше втасало со голема сила, та беше ги нападало да ги јаде. Грабнало едно — испердушило, грабнало друго искинало и го изело, грабнало треќо и ци го однесло на седело да си ги нарани соклињата мали.Во тоа време, страшно за врапците, од кај што се правеа сите цареви, фатија да му се прават на соколот чифчли, велејќи кога бегаа од трнот и се криеја, вака: „Чив, чив, чив, чив сум” (чифчија сум, кажувале). Секој се откажувал од цар да биде пред соколот и це правел чифчија, страха ради соколова.Откога си се најало соклето и си отишло, фатиле да си излегуваат врапците од кај што беа се искриле низ дупките и фатиле да се прашаат едно со друго, „Џив, џив, џив” (море, али си жив бре?) едно со друго се прашаат.И оттогај им осганало на врапците да се прашаат едно со друго: „Џив, џив”.(Народна приказна за животни запишана од М. Цепенков)

б) Во реалистичните приказни се раскажуваат случки од секојдневниот живот на луѓето.

3. Анегдотата е мала хумористична приказна во која се раскажува некоја смешна случка од животот на позната личност.

4. Гатанката е народна умотворба која се состои од прашање и одговор. Прашањето е метафорично претставување на предметот или појавата која треба да се погоди со одговорот.

5. Пословиците и поговорките се многу слични по својата содржина и форма. Со нив се искажува некоја народна мудрост. Разликата е во тоа што пословицата е двочлен состав (составени се од два дела), а поговорката е едночлен состав (составен од еден дел). Поговорката често претставува дел од пословицата. На пример, може да кажеме: Село гори, како поговорка од целата пословица: Селото гори, бабата се чешла.

Page 39: Историја на литературата

Пословици:Ако е виното кисело, ама срцето ни е весело.Бадијала работи, бадијала не седи.Без татко полојна сирак, без мајка цел сирак.Поговорки:Рани куче да те лае.Со игла бунар не се копа.Бара влакно во јајцето.

6. Раскази и романи

Расказите и романите се посовремени епски прозни видови (нив ги нема во народната литература). Тие не се разликуваат во внатрешните својства, туку во големината. Расказите се куси, а романите подолги. Може да се направи аналогија на епските видови во стих и проза: епската песна и расказот се покуси, а епот (епопејата) и романот се подолги.Според содржината расказите и романите можат да бидат: битови, историски, авантуристички, научнофантастични, психолошки, хумористични итн.Posted by Билјана at 22:12 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Епски видови во стих

Епската песна и епот (епопејата) се стихувани творби.

Епска песна е кусо епско дело во стихови во кое се раскажува за една случка од животот на некоја историска личност или измислен лик.

По своите карактеристики епот и епопејата не се разликуваат од епската песна. Се разликуваат само по тоа што се подолги и раскажуваат за повеќе случки и ликови.

Еден од најпознатите епови е „Епот за Гилгамеш“ од асиро-вавилонската литература (кој ќе го работите подоцна). А епопеите од Хомер, „Илијада“ и „Одисеја“, се уште се

Page 40: Историја на литературата

ненадминливи по својата убавина и уметнички вредности (и нив ќе ги работите подоцна).

Пример за епска песна (народна)

Сирма војвода

Дека се чуло видело,мома војвода да бидит,на седемдесет сејменина тија гори зелени,на тија води студени?Мома им веле, говоре:- Това сос људба на биват,това сос срдба на биват!Земајте прстен од р`ка,врзејте прстен на бука,фрлејте редом на нашан;кој ќе ударит прстенот,тој ќе си бидет војводаи мене ќе ме ќердосат.- Сите фрљаа со редом,никој ми прстен не удри. Мома си вели, говоре:- Подај ми, чауш, пушката!Пушката пукна од р’ка,падна ми прстен од бука,пак мома вели, говоре:- Земајте камен, фрлајте,кој ќе ме мене натфрлит,тој мене нека ќердосат,тој млад војвода да бидет.Сите ми се редом фрљаа,никој се камен не натфрли;Сирма ми камен натфрлидесет чекори потамо;и седемдесет дружинаодбраа Сирма војвода.

Page 41: Историја на литературата

(македонска народна епска песна)Posted by Билјана at 22:07 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Епски видови

Епските видови се делат на: - куси и долги; и - во стих и проза.

Куси епски видови се:- во стих: епската песна;- во проза: расказот и сите народни умотворби (мит, легенда, предание, приказна (сказна, бајка, басна), анегдота, гатанка, пословица, поговорка).

Долги епски видови се:- во стих: еп, епопеја;- во проза: романот Posted by Билјана at 21:39 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Литературни родови: епика

Епиката е еден од трите литературни рода. Основна карактеристика на епиката е раскажувањето.Според формата епиката може да биде напишана во стих (поезија) или во проза.

Лик

Во епските дела се прикажани ликови кои се носители на идеите на авторот. Лик во делото е вршител на дејството. Како ликови, освен луѓето ги среќаваме: животните, растенијата, предметите, измислените суштества (ламји, вештерки итн.), како и апстрактните поими (во народната литература како ликови се јавуваат смртта, касметот и сл.)Ликовите кои ги претставуваат луѓето може да бидат

Page 42: Историја на литературата

индивидуализирани (посебни, специфични) или типизирани (осбини од повеќе личности собрани во еден лик; на пр.: особини на многу скржавци - тип на скржавец). Атрибути на ликот

Под атрибути на ликот ги подразбираме особините, белезите на ликот што ги осознаваме додека го читаме делото. Некои од нив ги кажува нараторот, некои другите ликови или самиот лик. Особините ги осознаваме и преку постапките или дијалозите со другите ликови.Без разлика колку животно искуство внел авторот во своето литературно дело (колку главниот лик е автобиографски), сепак секое дело е литературна творба (конструкција), а не животна вистина. Затоа, многу е важно да се прави разлика меѓу авторот на делото и раскажувачот во делото или нараторот. Нараторот е „гласот“ во делото, кој понекогаш зборува во прво лице, но сепак, тој не е авторот. Авторот е жив човек - личност, а нараторот е измислена креација - лик.

Раскажувањето во епските дела е најчесто во трето лице и тогаш станува збор за тој - раскажувач (наратор), кој може да биде сезнаечки (знае се, знае како некој се чувствува, како размислува итн.) и сеприсутен (се наоѓа во исто време на повеќе места). Поретко, нараторот е претставен во прво лице еднина (тука постои опасност да се изедначи со авторот). Тоа е јас-наратор и е еден од ликовите во делото.

Настани: сиже и фабула

Раскажувањето на настаните во делото може да оди во хронолошки ред, но може и да биде испревртено. Сиже е текот на настаните како што ни ги претставил авторот. На пр. започнал со смртта на главниот лик, а потоа се враќа во минатото, во младоста, во детството итн. Но, откако ќе го прочитаме делото во нашата свест ние ги подредуваме настаните по хронолошки, логичен ред. Поточно, ги подредуваме настаните во причинско-последичен однос. Ваквото подредување на настаните се вика фабула.

Page 43: Историја на литературата

Тема, мотиви, идеја

Темата најчесто се поврзува со насловот на делото, но не секогаш. Тема е она за што се зборува во едно дело. Тоа е поопштата содржина претставена во една реченица.Мотиви се помали делови од општата тема.На пр. во драмата Печалбари од Антон Панов, темата е животот на Македонците на почетокот од двесеттиот век. Во неа се зборува за љубовта на двајцата млади, Костадин и Симка, кои потекнуваат од различни социјални средини, тој е сиромашен, а таа богата. Нејзиниот богат татко е лихвар кому парите му значат повеќе од среќата на ќерката. Затоа, Костадин мора да оди на печалба каде умира.Во драмата среќаваме повеќе мотиви: љубовен, социјален, печалбарски, мотивот на парите итн.Идејата е главната поента во делото, пораката на авторот (она што авторот сакал да ни го каже). Posted by Билјана at 21:29 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Поделби на литературата

1. Во минтото литературата усно се пренесувала од колено на колено. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот автор бил познат. Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:

- народна (анонимна, колективна, усна) и- уметничка (авторска).

2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:

- поезија (стих), и- проза.

Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува

Page 44: Историја на литературата

литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот говор.

3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:

- антика;- среден век;- ренесанса;- барок;- клаицизам;- романтизам;- реализам;- модернизам;- постмодернизам.

4. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:

- епика;- лирика, и- драма.

Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.

Родовите, пак, се делат на литературни видови.

Posted by Билјана at 21:21 0 comments Labels: литература, теорија на литературата

Наука за литературата

Уметничката литература се проучува од страна на науката за литературата. Таа опфаќа неколку дисциплини:

1. Историја на литературата - се занимава со проучување на

Page 45: Историја на литературата

појавата и развитокот на литературата; литературните периоди/правци и нивните претставници.

2. Теорија на литературата - се занимава со особеностите на литературните дела, нивната форма и содржина, темата и идејата, композицијата, стилот (стилските фигури), јазикот, версификацијата (ритам, ритмичка стапка, рима, стих и строфа); како и за поделбата на литературните родови и видови.Во поново време стилот и стилските изразни средства се издвојуваат и проучуваат во посебна дисциплина: стилистика.Уште во антиката Аристотел се занимавал со теорија на литературата, односно во својата „Поетика“ тој тргнува од суштината на поезијата до нејзините стилски белези.

3. Литературна критика е врската меѓу литературното дело и читателот, односно таа го открива значењето, убавината и вредноста на делото.

Поделба на гласовите (самогласки и согласки)

Основна поделба на гласовите е на:самогласки (вокали) и согласки (консонанти).Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат поголема звучност. Во македонскиот јазик самогласки се: а, е, и, о, у.Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот. Покрај нив во слогот може да има повеќе согласки, но тие може и самостојно да градат слог.На пр.: збо - ро - вимостпе - еОсвен самогласките, во нашиот јазик и гласот р може да има слоготворна функција.На пр.: прсткр - вавпр - вак

Page 46: Историја на литературата

Поделба на самогласките

Самогласките според височината (поставеноста) на јазикот се делат на: високи(и, у); средни (е, о), и ниски (а); според движењето на јазикот напред-назад на: предни (и, е), средни (а) и задни (у, о);и според положбата на усните на: заокружени (о,у) и незаокружени (а, е, и).

Поделба на согласките

Согласките (консонантите) се помалку звучни од самогласките, односно при нивниот изговор воздушната струја не поминува непречено. Во македонскиот јазик има 26 согласки кои ги делиме според разни критериуми.Според местото на образување во усната шуплина согласките се делат на:— уснени: п, б, м, ф, в— забновенечни: т, д, н, л, ц, ѕ, с, з— венечни: љ, ч, џ, ш, ж, р— меконепчени: к, г, х

Според начинот на образувањето согласките се делат на:— преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г— теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р— преградно-теснински: ц, ѕ, ч, џ, ќ, ѓ

Третата поделба на согласките е според нивната звучност:

звучни Б В Г Д Ѓ З Ж Ѕ Џ /

безвучни П Ф К Т Ќ С Ш Ц Ч Х

сонанти: Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ

Звучните и безвучните согласки во македонскиот јазик се во парови (секоја звучна си има безвучен парник), освен Х кое е безвучно. Сонантите се позвучни од звучните согласки и им се доближуваат на самогласките.

Page 47: Историја на литературата

Поделбата на звучни и безвучни согласки е важна за гласовните промени. Тие се случуваат кога ќе се најдат една до друга согласки со различна звучност (едначење по звучност).

Posted by Билјана at 01:24 0 comments Labels: фонетика, јазик

Говорни органи

Фонетиката, која се занимава со артикулацијата на гласовите, ги проучува и говорните органи на човекот. Говорниот апарат е она што го разликува човекот од другите живи суштества.Говорните органи се составен дел од дишниот апарат. Органи кои учествуваат во говорот (изговарањето на гласовите) се: белите дробови кои се исполнуваат со воздух неопходен за говорната функција; гркланот и гласните жици, кои започнуваат со формирање на гласот и усната празнина каде се дооформува гласот.При формирањето на гласовите учествуваат сите делови од усната празнина: горната и долната вилица, предното (тврдо) и задното (меко) непце, ресичката, јазикот, забите и горната и долната усна. Различни гласови се создаваат со употреба на различни делови од усната празнина, па оттука разликуваме: уснени, забно-венечни, венечни, тврдонепчени и меконепчени гласови.Иако сите луѓе имаат исти говорни органи, не постојат два јазика кои имаат ист гласовен систем.

Posted by Билјана at 01:23 0 comments Labels: фонетика, јазик

Фонетика - глас, фонема, буква

Фонетиката е наука за гласовите, а фонологијата за фонемите.Зборовите се делат на најмали делови - гласови. Во македонскиот јазик има 31 глас. Фонетиката ги проучува гласовите според нивниот изговор, односно артикулација (каде и како се формираат гласовите и кои говорни органи се употребуваат).

Page 48: Историја на литературата

Освен како посебни единки гласовите, можат да се разгледуваат и според функцијата која ја вршат во зборот.На пр. зборот „р а к а“ е составен од четири гласа. Ако првиот глас „р“ го замениме со гласот „м“, тогаш од зборот „рака“ ќе го добиеме зборот „мака“. Тука, гласот има значенска функција, односно со промена на гласот се сменило и значењето на зборот. Во ваков случај зборуваме за фонема.Фонема е гласовна единка која врши смисловна функција во зборот. Фонологијата ги проучува фонемите.Буквата (графемата) е знакот со кој се бележи гласот. Она што ќе го изговориме може да го запишеме со соодветен знак. Во нашиот јазик секој глас има свој знак, еден глас - една буква, односно 31 глас и 31 буква. Нашиот правопис е фонетски, што значи дека како што изговараме така и пишуваме, односно како што е напишано, така го читаме.Сите гласови на еден јазик го сочинуваат гласовниот систем, а сите букви азбуката.

Историски развиток на македонскиот јазик - црковнословенски период

Во периодот од XII до XVIII век, старословенскиот јазик ја задржал основната функција - за богослужба. Но, со текот на времето говорниот јазик се менувал и елементите на таквиот изменет јазик навлегувале и во црковнословенскиот. Така, во овој период се јавуваат варијанти на старословенскиот јазик: македонска, српска, руска, полска итн.Меѓу XV и XVIII век се појавуваат текстовите наречени дамаскини. Има околу 200 дамаскини кои водат потекло од Македонија. Именувани се според грчкиот проповедник Дамаскин Студит кој велел дека треба да се пишува на едноставен и разбирлив јазик. На тој начин народниот јазик уште повеќе навлегува во црковнословенскиот.Со текот на времето, јазикот почнал стилски да се раслојува на: висок стил-црковнословенски (во богослужбата) и низок стил - народен јазик (што се употребувал во преписки и правно-административни текстови наречени грамоти).

Posted by Билјана at 01:07 0 comments Labels: историски развиток на македонскиот јазик, јазик

Page 49: Историја на литературата

Историски развиток на македонскиот јазик - старословенски период

Писмената активност на Словените опфаќа два периода: старословенски (IX - XI век) и црковнословенски (XII - XVIII век).

Старословенски период

Словенската писменост се создала во втората половина на деветтиот век, односно во 862 година кога Кирил ја составил првата словенска азбука - глаголицата.Јазикот на старите Словени се нарекува прасловенски јазик, а јазикот по создавањето на азбуката се нарекува старословенски јазик.

Причини за создавање на словенската писменост:

1. Политички причини - Словените биле пагани (многубошци) кои живееле во родовски заедници. При допирот (соседството) со моќните држави (Византија и Германските Кралства) постоела опасност Словените да се претопат. Односно, на запад да се германизираат, а на југ да се елинизираат. Таа опасност прв ја согледал кнезот Ростислав, владетелот на Велика Моравија, првата словенска држава. Затоа, тој побарал од Византија мисионери кои ќе го шират христијанството, но на словенски јазик. Византија, пак, го прифатила тоа за да го спречи ширењето на германските држави и за да се заштити себеси.

2. Религиозни причини - За да се проширува христијанството меѓу Словените, наједноставно било тоа да се направи на нивниот јазик, бидејќи тие не ги знаеле тогашните од Бога дадени: грчки, латински и еврејски јазик.Целта на Кирил и Методиј била ширење на христијанството. Залагајќи се за верата, Кирил успева со својата моќ на оратор и филозоф да го убеди Римскиот папа официјално да го признае словенскиот јазик. Така, во 869 година словенскиот

Page 50: Историја на литературата

јазик станува рамноправен со латинскиот, грчкиот и еврејскиот и можел да се употребува во богослужбата.Старословенскиот јазик е првиот литературен јазик на сите Словени.Старословенски јазик е јазикот на Словените кои живееле во околината на Солун во деветтиот век.Глаголицата е првата официјална словенска азбука која има 38 букви и е создадена од Кирил.

Кирилицата е создадена малку подоцна, врз основа на грчкото писмо и има 44 букви.Словенската писменост се остварувала преку книжевните школи:Охридската и Лесновската во Македонија, каде се пишувало со глаголица, иПреславската во Бугарија, каде се употребувала кирилицата.Зачувани текстови од овој период во Македонија се: Зографското евангелие, Асемановото евангелие и Мариинското евангелие, сите пишувани со глаголица.Posted by Билјана at 01:00 0 comments Labels: историски развиток на македонскиот јазик, јазик

16.9.09

Видови писма

Писмото е визуелно претставување на говорот.

Исконската потреба на човекот да остави трага зад себе довела до појавата на писмото. Писмото е една од најголемите придобивки на цивилизацијата, бидејќи на тој начин се пренесуваат информациите од генерација на генерација.

Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Тоа е најстариот организиран систем на знаци. Ова писмо лесно се чита затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите директно се претставени предметите. Недостаток е тоа што со ова писмо не можат да

Page 51: Историја на литературата

се претстават чувства или подетално да се пренесат мислите. Пештерските цртежи се најстарите примери на ова писмо.Пиктограмите се цртежи на предметите, а на јазично ниво тие одговараат на речениците.

Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува идеографското писмо. Со текот на времето цртежите почнале да се упростуваат и да добиваат симболичко значење (срце - љубов, куќа - дом).Идеограмите се цртежи кои имаат преносно (метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на зборовите.Најпознати идеографски писма се од месопотамската и асировавилонската цивилизација - клинестото писмо, и од египетската - хиероглифското.

Преодна фаза кон најсовременото писмо претставува слоговното од кое се развило фонетското.

Фонетското писмо е гласовно, што значи дека секој глас се бележи со еден знак (буква). Гласовното (фонетското) писмо го развиле Римјаните и Словените. Од Римјаните потекнува латиницата, а од Словените кирилицата.

(Иако во светската научна мисла е прифатено дека најстарите писма потекнуваат од Египет, Месопотамија и Асиро-вавилонија, сепак не смееме да заборавиме дека во Македонија се пронајдени артефакти со писмо слично на денешната кирилица, а старо 7000 години. Тоа е керамичкиот печат од неолитската населба Церје кај селото Говрлево, Скопско. На него пишува: Сал со Бога сум. Тој печат е доказ дека на нашава територија се користело фонетско писмо и тоа најмалку пет милениума пред нашата ера. И не само тоа, печат е нешто што покажува организирано општество, држава. Печат се става на документи кои се заверуваат од повисок орган во општеството. Освен ова, содржината на печатот укажува на вербата на неолитскиот Македонец во Бог и тоа во еден и единствен. Ваквите артефакти допрва ќе ја расветлуваат историјата, која најверојатно ќе мора да претрпи промени.)

Page 52: Историја на литературата

Во современото општество постојат и друг вид писма. Тоа се: Брајовата азбука (Луј Брај) за слепи лица која се чита со допир и Морзеовата азбука (Семјуел Морз) која може да се види (составена од точки и цртички), но и која може да се слушне (комбинација од кратки и долги звуци). Морзеовата азбука се пренесува во далечина со телеграфски апарат.Posted by Билјана at 22:58 0 comments Labels: наука за јазикот, јазик

Функциите на јазикот

За да ги определиме компонентите на една комуникација, треба да одговориме на следните прашања:1. За што служи јазикот?2. Кој учествува во комуникацијата?3. Што треба да знаат учесниците во комуникацијата?4. Што е поентата на секоја комуникација, што сакаме да пренесеме, испратиме?5. Низ што се одвива комуникацијата?Кога ќе ги одговориме овие прашања, доаѓаме до заклучок од што сè се состои комуникацијата.(одговори)1. Јазикот служи за да се постигне комуникација.2. Во комуникацијата учествуваат испраќачот и примачот.3. Учесниците во комуникацијата мора да го знаат истиот јазик, односно систем од знаци - код.4. Секоја комуникација се одвива заради пренесување на некоја порака. Пораката мора да има содржина или предмет (референт).5. Комуникацијата може да се одвива непосредно или посредно (по телефон, преку пошта). Она низ што се одвива комуникацијата се нарекува канал или медиум на пренос.

Шематски ова може да го претставиме вака:

систем од знацикод

испраќач - канал (медиум) - порака - канал (медиум) - примач

Page 53: Историја на литературата

предмет на поракатареферент

Овој шематски приказ е направен според научникот Роман Јакобсон. Тој издвојува неколку функции на јазикот.Функции на јазикот1. Референцијална (содржинска) функција

Референцијалната функција на јазикот се однесува на содржината на пораката, на нејзината сознајна вредност. Пораката дава точна, објективна, проверлива информација. Ваква функција на јазикот најчесто среќаваме во научните текстови, но се разбира дека се среќава и во секојдневниот говор.На пример, навечер кога мајката ќе го види своето дете изморено, а веќе изминало 23 часот, таа ќе рече:Доцна е, треба да си легнеш.

2. Емотивна или експресивна функција

Јазикот добива емотивна функција кога го изразува ставот на говорителот, односно на испраќачот на пораката.На пример, мајката е загрижена што нејзиното дете сè уште не спие и истата порака може да ја каже со емотивен став:Веќе е многу доцна, те молам легни си.

3. Конативна функција

Конативната функција на јазикот е насочена кон примачот на пораката и најчесто е во заповедна (императивна) форма и во форма на обраќање.Оваа функција најмногу ја среќаваме во рекламите (дојдете..., летувајте..., купувајте..., гледајте...).

Во нашиот пример, ако ја употребиме оваа функција на јазикот, обраќањето ќе биде директно насочено кон детето:Доцна е, веднаш легнувај!

4. Фатичка (контактна) функција

Page 54: Историја на литературата

Фатичката функција на јазикот се употребува за воспоставување, продолжување или прекинување на комуникацијата. Во овој случај често се употребуваат изразите: добар ден, како сте, да започнеме (на почетокот од комуникацијата), да продолжиме, да се вратиме (на средина на комуникацијата) или да резимираме, да заклучиме, да завршиме (на крајот од комуникацијата).Оваа функција може да служи и за проверување на разбирливоста на каналот. Ако зборуваме по телефон и чувствуваме прекин на комункиацијата, ќе речеме: „Ало, ме слушате ли?“

Во примерот со мајката и детето тоа може да биде вака:Доста гледавме телевизија, доцна е, ајде да си легнеш.

5. Метајазична функција

Метајазичната функција доаѓа до израз кога се усвојува јазикот (кај децата) или кога се учи туѓ јазик. Новите, непознати зборови се објаснуваат со други зборови кои се веќе познати. Кога малите деца започнуваат да зборуваат тие често грешат и не го знаат значењето на зборовите. Мајката им ги објаснува зборовите, ги поправа во изговорот и ги учи како правилно да ги склопуваат зборовите во реченицата.На пример, детето прашува: „Што е ова?“, мајката му одговара: „Книга“. Детето продолжува: „Книга чита?“, а мајката ја поправа целата реченица: „Да, книгата се чита“.

6. Поетска функција

Поетската функција на јазикот има цел да го изрази односот на пораката кон себе. Се употребува во уметноста кога пораката не е средство на комуникација, туку е цел. Уметноста се создава заради убавината, а не за да пренесува информации. Од литературните дела добиваме информации (референцијална функција), но тие се пренесуваат со поинаков јазик, имаат уметничка вредност и не се целосно вистинити. Па дури и кога во некое литературно дело се

Page 55: Историја на литературата

работи за вистинити личности, нивните дијалози се пренесени со авторски зборови, зборови кои тие можеби никогаш не ги кажале.Најизразена поетската функција на јазикот ја среќаваме во песните.Posted by Билјана at 22:28 0 comments Labels: наука за јазикот, јазик

Комуникација, видови комуникација

Бидејќи јазикот е систем од знаци, комуникацијата претставува размена на знаци. Иако може упростено да се комуницира и без употреба на јазик, сепак некакви знаци мораме да размениме.Комуникација (општење) е размена на знаци; меѓусебно дејствување со знаци.

Видови комуникација

Во зависност од тоа дали се употребуваат симболи или сигнали, дали се употребува говорот или други знаци, дали директно се обраќаме или користиме технички помагала при општењето итн. разликуваме:

1. Симболичка и сигнална комуникација

Кога восприемаме знаци кои не се упатени кон нас, станува збор за сигнална комуникација. Кога, пак, знаците ни се упатени нам, таа комуникација се вика симболичка. Најсложен и најсовршен систем од симболи е човековиот јазик.

2. Гласовна и негласовна комуникација

И луѓето и животните комуницираат со испуштање гласови. Кога употребуваме други знаци, гестови, мимики, како и писмо (напишан текст), тогаш комуникацијата е негласовна.

3. Посредна и непосредна комуникација

Page 56: Историја на литературата

Човекот многу често употребува технички помагала при комуникацијата. Значи, освен директно (непосредно), луѓето комуницираат со посредство на телефон, компјутер, пошта итн.Вистинска непосредна комуникација се остварува кога си зборуваме самите со себе, односно кога размислуваме или си правиме планови. На пример, размислуваме за тоа што треба да направиме во блиска иднина (денес треба да учам, да напишам домашна, па ако имам време ќе одам со пријателите на кафе).

4. Еднонасочна и заемна комуникација

Претходниот пример претставува еднонасочна комуникација (самите кон себе), но таква комуникација може да се случи и кога има повеќе учесници. На пример, кога професорот ја предава лекцијата комуникацијата е еднонасочна, но кога ќе ги вклучи учениците во активна дискусија за темата, тогаш комуникацијата станува заемна.Еднонасочни се и средствата за јавно информирање (медиумите), телевизијата, радиото, печатените медиуми, како и писмата без одговор.

5. Вербална и невербална комуникација

Неколкупати кажавме дека јазикот е најсовршено средство за комуникација. Кога го употребуваме јазикот ние вербално комуницираме. Со помош на зборовите најпрецизно ги искажуваме нашите мисли.Невербалната комуникација подразбира употреба на гестови, мимики, паузи итн., односно кога не се употребува говор (зборови).

Јазикот како систем од знаци и средство за комуникација

Јазикот како систем од знациЧовечкиот јазик е најсложен систем од знаци.Јазикот е составен од многу делови, а сите тие се знаци.

Page 57: Историја на литературата

Гласовите, буквите, зборовите, речениците се знаци. Граматиката е систем од знаци.Замислете си што се треба да знаете за да составите една реченица. Пред сè треба да научите правилно да ги артикулирате гласовите. Потоа треба да научите правилно да ги артикулирате зборовите и да го знаете нивното значење, односно да ги поврзувате со предметите и појавите што ги претставуваат. За да составите реченица треба да ги знаете правилата на синтаксата (правилниот редослед на зборовите во реченицата) итн. итн.

На пр.: Денес ќе одам в училиште.

За да ја искажеме оваа мисла ние сме одбрале пет зборчиња од целиот јазик, потоа сме употребиле правила: сме ги подредиле зборовите по правилен ред (синтакса), сме употребиле: идно време на глаголот, во прво лице (морфологија) итн.

Јазикот содржи неограничено множество знаци. Не постои човек што ги знае сите знаци на еден јазик. За да говориме, потребно е да го познаваме системот и да знаеме определена количина од знаците.Јазикот е апстрактен систем од знаци.Кога говориме, ние одбираме конкретни делчиња од системот и ги подредуваме според зададените правила.Од целото множество апстрактни знаци на јазикот, ние употребуваме неколку конкретни знаци и правила за да ја искажеме својата мисла која ја преточуваме во говор.Говорот е конкретно остварување на јазикот.

Јазикот како средство за комуникација (општење)

Функцијата на јазикот е комуникацијата. Потребата на човекот да ги искаже своите мисли и чувства довеле до создавање на јазикот.Јазикот претставува систем од знаци што се употребуваат за

Page 58: Историја на литературата

комуникација. Тој е вродена способност на човекот. Секој човек е роден со способност да зборува. Ниедно друго живо суштество на нашата планета нема говорни органи како човекот, ниту мозок кој може да ги сфаќа симболите така како што може човекот. Од нас зависи колку ќе го усовршиме знаењето на јазикот и неговиот систем.Човечкиот јазик е најсовршено средство за комуникација.

Posted by Билјана at 22:03 0 comments Labels: наука за јазикот, јазик

Знак

Човекот е опкружен со безброј различни знаци.

Уште кога ќе се роди, бебето дава знаци. Кога тоа плаче значи дека не е задоволно, односно дека е гладно, водено, му се спие итн. Мајката ги разбира знаците и му помага на своето чедо. Во овој пример плачењето е нешто што укажува на нешто друго.Научникот Пјер Гиро знакот го дефинира како сетилен поттик чијашто ментална слика се врзува за друг сетилен поттик кој треба да оживее во општењето (комуникацијата). Или, кажано на поедноставен начин:Знакот е нешто што укажува на нешто друго.Со текот на времето човекот учи, восприема многу информации и несвесно ги прима знаците што го опкружуваат.Знаците се восприемаат со сите сетила: со вид, со допир, со мирис, со слух. На пример, жолтата боја на лисјата се знак дека е есен; со допир може да почувствуваме нешто студено или жешко, мазно или рапаво; кога ќе почувствуваме мирис на храна знаеме дека сме во близина на некоја сендвичарница или ресторан; кога ќе го слушнеме училишното ѕвонче тоа е знак дека часот завршил или почнал. Некои од овие знаци ни се испратени нам, но некои ги восприемаме без да бидат испратени со намера нешто да нè информираат. Според ова, знаците се делат на симболи и сигнали.Симболи се знаци што се испраќаат со намера.Училишното ѕвонче е симбол бидејќи е знак што треба да нè

Page 59: Историја на литературата

информира дека часот завршил (или почнал) и тој знак е упатен кон нас.Сигналите се знаци што се испраќаат без намера нешто да нè информираат.Ако сме некаде во природа и слушнеме ѕвонеж, ние добиваме информација дека во близина има стадо крави (или овци, или кози). Ѕвонежот е знак за стадото, но таа информација не е упатена кон нас и затоа тоа ѕвонење е сигнал.Симболите можат да бидат најразлични. Заедничко на сите симболи е тоа што тие имаат две страни: надворешна (сетилен поттик, нешто) и внатрешна (друг сетилен поттик, нешто друго). Надворешната страна е како нештото сме го обележале. На пример, ако нацртаме срце, тоа е надворешната страна на она што сакаме да го означиме. Внатрешната страна на нацртаното срце е неговата содржина, односно да го прикажеме чувството љубов.Сетилниот знак (оној што го гледаме, слушаме, допираме или мирисаме) се вика означувач (срце - надворешна страна) или форма на знакот, а нештото што го означува се вика означено (љубов - внатрешната, значенската страна) или содржина на знакот.Науката што ги проучува знаците се вика семиологија (семиотика).Науката, пак, што го проучува јазикот се вика лингвистика. Неа ја сочинуваат повеќе дисциплини (фонетика - наука за создавањето, артикулацијата и звучното примање на гласовите; фонологија - наука за гласовите како смислоразликувачки единици; морфологија - наука за зборовите и нивните форми; синтакса - наука за речениците и именските групи; лексикологија - наука за зборовниот состав на јазикот; лексикографија - наука за составување на речници и лексикони; фразеологија - наука за зацврстените зборовни состави со преносно значење - фразеологизми; зборообразување - наука за начините на образување на зборовите; стилистика - наука за различните стилови на изразување; дијалектологија - наука за различните дијалекти на еден јазик итн.).Всушност, сите дисциплини (науки) кои се занимаваат со проучување на јазикот од кој било аспект ја сочинуваат

Page 60: Историја на литературата

лингвистиката.Граматика е дел од лингвистиката која ги опфаќа само:- фонетиката (и фонологијата),- морфологијата и- синтаксата.

Историски развиток на македонскиот јазик - црковнословенски период

Во периодот од XII до XVIII век, старословенскиот јазик ја задржал основната функција - за богослужба. Но, со текот на времето говорниот јазик се менувал и елементите на таквиот изменет јазик навлегувале и во црковнословенскиот. Така, во овој период се јавуваат варијанти на старословенскиот јазик: македонска, српска, руска, полска итн.Меѓу XV и XVIII век се појавуваат текстовите наречени дамаскини. Има околу 200 дамаскини кои водат потекло од Македонија. Именувани се според грчкиот проповедник Дамаскин Студит кој велел дека треба да се пишува на едноставен и разбирлив јазик. На тој начин народниот јазик уште повеќе навлегува во црковнословенскиот.Со текот на времето, јазикот почнал стилски да се раслојува на: висок стил-црковнословенски (во богослужбата) и низок стил - народен јазик (што се употребувал во преписки и правно-административни текстови наречени грамоти).

Posted by Билјана at 01:07 0 comments Labels: историски развиток на македонскиот јазик, јазик

Историски развиток на македонскиот јазик - старословенски период

Писмената активност на Словените опфаќа два периода: старословенски (IX - XI век) и црковнословенски (XII - XVIII век).

Старословенски период

Словенската писменост се создала во втората половина на деветтиот век, односно во 862 година кога Кирил ја составил

Page 61: Историја на литературата

првата словенска азбука - глаголицата.Јазикот на старите Словени се нарекува прасловенски јазик, а јазикот по создавањето на азбуката се нарекува старословенски јазик.

Причини за создавање на словенската писменост:

1. Политички причини - Словените биле пагани (многубошци) кои живееле во родовски заедници. При допирот (соседството) со моќните држави (Византија и Германските Кралства) постоела опасност Словените да се претопат. Односно, на запад да се германизираат, а на југ да се елинизираат. Таа опасност прв ја согледал кнезот Ростислав, владетелот на Велика Моравија, првата словенска држава. Затоа, тој побарал од Византија мисионери кои ќе го шират христијанството, но на словенски јазик. Византија, пак, го прифатила тоа за да го спречи ширењето на германските држави и за да се заштити себеси.

2. Религиозни причини - За да се проширува христијанството меѓу Словените, наједноставно било тоа да се направи на нивниот јазик, бидејќи тие не ги знаеле тогашните од Бога дадени: грчки, латински и еврејски јазик.Целта на Кирил и Методиј била ширење на христијанството. Залагајќи се за верата, Кирил успева со својата моќ на оратор и филозоф да го убеди Римскиот папа официјално да го признае словенскиот јазик. Така, во 869 година словенскиот јазик станува рамноправен со латинскиот, грчкиот и еврејскиот и можел да се употребува во богослужбата.Старословенскиот јазик е првиот литературен јазик на сите Словени.Старословенски јазик е јазикот на Словените кои живееле во околината на Солун во деветтиот век.Глаголицата е првата официјална словенска азбука која има 38 букви и е создадена од Кирил.

Кирилицата е создадена малку подоцна, врз основа на грчкото писмо и има 44 букви.Словенската писменост се остварувала преку книжевните

Page 62: Историја на литературата

школи:Охридската и Лесновската во Македонија, каде се пишувало со глаголица, иПреславската во Бугарија, каде се употребувала кирилицата.Зачувани текстови од овој период во Македонија се: Зографското евангелие, Асемановото евангелие и Мариинското евангелие, сите пишувани со глаголица.

Историја на литературата - вовед

Историјата на литературата се занимава со појавата и историскиот развиток на литературата, појавата во определени периоди на разните правци во литературата и нивните претставници.Литературата е уметност чие изразно средство е зборот. Потребата на човекот да ги прераскаже доживувањата и случките, како и да ги изрази своите чувства доведува до појава на уметноста. Литературата, како дел од уметноста се појавува уште во првобитното општество пропратена со музика и игра. Спојот од музика, текст и игра што се појавува во најстаро време се нарекува првобитен синкретизам.Со појавата на старите држави, се развива и литературата кај старите народи (стара литература). Хеленска лирикаОпштествените промени што се случиле во 8 и 7 вek пр. н. е. како и развојот на му-зиката биле природни текови кои овозможиле народната лирика да се трансформира воуметничка лирика и така да се роди новиот поетски вид кој ќе опстане до денес.Општествените промени кои се случиле се: пропаѓање на старите кралства, сталеш-ките борби, колонизациите, како и морално- религиозната борба против традицијата одкоја сака да излезе современиот човек. Имено таквите општествени промени го ставаат по-единецот во центарот на случувањата, не се веќе толку важни боговите и хероите туку мо-менталните случувања, учеството на секој еден во истите како и последиците што се дожи-вуваат и чувствуваат од тие промени.Поетот како и поединецот сака да ги искаже своите чувства и доживувања од секој-дневниот живот. За таа цел се организираат и натпревари каде поетот преку стихови и гопренесува чувството на публиката. Воедно тој преку стиховите кажани во метар мора да јаистакне својата ученост, авторитет, мудрост, достоинство, божјата вдахновеност, а во исто

Page 63: Историја на литературата

време и да испрати морално - религиозна порака. Тој честопати дава и свој суд кој му гонаметнува на народот. Песната станува реалитет со мерка. Мерката т. е. совладувањето на трастите , на прекумерноста како и одржувањето на истата е сржта на хеленската лирика иетика.Новите политичко - економски и социјални односи бараат премин од еп кон лирика,т. е. премин од традиција кон самостојност, излегување од минатото кон сопственото до-живување, чувство, суд. Што се однесува до музиката и нејзиниот развој треба да се кажедека секој лиричар бил и музички образован човек кој се трудел својата песна да и ја при-ближи на публиката не само преку чувствата туку и преку ритамот и новиот изум во музи-ката, а тоа е хармонијата и усовршувањето на музичките инструменти.Во музиката освен китарата, формингата и лирата се јавуваат и други музички ин-струменти како на пример: пектида, магадида, феник и барбитон. Потоа харфоликите:самбика и тригонон, клепсијамб, јамбик и најпосле фрулата.Треба да се каже дека сите овие инструменти доаѓаат од Фригија и Лидија, значи несе грчки, но Хелените успеале да им дадат свој печат кој ќе одговара на нивните потреби ина тој начин создаваат своја автогена музика. Музиката е битен дел од животот на Хелени-те, таа е одраз на нивната духовна состојба, а имала и големо морално - воспитно влијание.МонодијаОбликот и содржината на хеленска лирика се гледа преку монодијата каде спаѓаателегијата, јампската поезија, меликата и хорската лирика. Елегијата е во тесна врска соепот. Јампската поезија е сатирично - рефлексивна и реалистична. Меликата е чиста лири-ка во која поетот ги изразува своите чувства. Хорската лирика е совршен спој на зборот,музиката и играта каде преку поетот зборува народот.Ние тука ќе се задржиме на меликата која доаѓа од зборот melos, што значи попевка.Како што лириката воопштено доаѓа од народот така и за меликата посебно се смета декабила еден од облиците на народната поезија. Таа се пишува во строфа во логаедички ме-тар каде се здружуваат дактилите и трохеите, а е придружена од музичкиот инструмент

Page 64: Историја на литературата

барбитон. Значи меликата повеќе од елегијата и јампската поезија, а помалку од хорскаталирика го искористува музикалниот елемент што на песната и дава особена леснотија иживост. Прва задача на меликата како и на другите литерарни родови била моралното-ре-лигиозно воздигнување на народот и моралната поука.Според предметот за кој пее меликата може да биде политичка, почесна или љубовнапесна. Нејзини претставници се Алкеј и Сапфо од островот Лезбос и Анакреонт од Јонија.Веднаш по основањето на библиотеката во Александрија овие тројца поети се ставени вомонодичката лирика.СапфоПоетесата Сапфо твори кон крајот на 7 и почетокот на 6 в. пр. н. е. Потекнува од ос-тровот Лезбос кој изобилувал со секакви природни убавини, а трговијата придонесувала даима поголема живост, а со тоа и самиот народ да биде поведар и полн со животна радост.Музиката пак и гимнастиката го чинеле елементарното образование на жителите. Не билонеобично жените да творат во тогашниот хеленски свет, но жените на островот Лезбосимале поголема слобода и права од било кои хеленски жени.Во едно такво окружување творела и работела поетесата Сапфо во своето женскоучилиште. Сапфо постојано била окружена со своите ученички, кои тука го поминувале војки чувствувала пријателство, а бројните морални поуки и совети кои им ги давала насвоите ученички ни кажуваат за духот кој владеел во училиштето. Во една од своите песнитаа зборува за калокогатијата која била најголем етички идол на Хелените "Кој е убав, Ќеим се чини на очите добар, но кој е добар, истовремено ќе биде и убав".Телесната убавина била битна за Сапфо но многу побитна била духовно- моралнатаубавина, која се добива со образованието. За Сапфо двете убавини прават едно цело. Онашто епската поезија го поставува како норма за убавина има општо, традиционално, значе-ње и како такво постои и во лириката но само како украс, убавината кај лириката е индиви-дуално чувство. Ученичките предизвикуваат кај Сапфо љубов, страст, жал но во духовна, ане телесна смисла. Затоа таа и се чувствувала како нивна духовна мајка.

Page 65: Историја на литературата

Воспитни средства биле музиката, играта, хорското и соло пеењето, пеењето во при-дружба на лира и читањето на сопствената поезија и поезијата на другите поети.Сапфо најмногу пеела химни, епиталамии и љубовни песни. Во химните ги славелаАфродита, Харитите и Музите, Ерос и пее за разни митови. Во љубовните песни Сапфоги изразува своите чувства, лични, општи, весели, тажни кои кај неа ги предизвикуваат неј-зините ученички. Меѓу тие песни е и песната која ја наоЃаме во превод кај Катул (51)Во средиштето на нејзината љубовна поезија се личните еротски доживувања, лич-ните желби и мечтаења кои таа со искрено и длабоко чувство и со силна страст ги опишу-ва во своите песни . Токму тоа ја одвојува од другите поети и токму затоа Катул и Хоратијгледаат во неа недостижен пример на кој ќе сакаат да му се приближат.Сапфо се служи и со сликањето на природата, но не само како гледач и мислител ту-ку како длабоко доживување на истата не само со сетилата туку и со душата.Сапфо е позната по својата Сапфина строфа. Во истата строфа пишува и Катул иХоратиј во римската литература.Александриска лирикаВо времето на Александар Македонски започнува вториот круг на грчката поезија,позната како хеленистичка, или александриска поезија.Во 3 век пр. н. е. александриската литература е повеќе репродуктивна, но сепак во неаима прекрасни дела иако poeta divinus е заменет со poeta doctus.Александриската поезија се развива и негува воглавно во училиштата, библиотекитеи научните работилници. Сега веќе поетите не пеат за народот туку за потесен круг ученислушатели и за членовите на дворот кои пак се далеку од секојдневниот живот на обични-от човек.Исто така, александриските поети не сакале големи дела туку помали со ограниченадолжина, па оттука се раѓаат и развиваат нови поетски видови како: службена и световнахимна, епилија т. е. мал еп, потоа лирска и субјективно-еротична елегија, мим, буколска

Page 66: Историја на литературата

идила и особено епиграмот. Исто така, некогашното изобилство на метрички облици е за-менето со прост хексаметар или елегијски дистих. Терминот „александризам“ во литерату-рата добива значење на разгалена, сувопарна ученост со убав облик, но без идеја, со сјаенстил но без општествена тенденција.Во овој период особено се развива епиграмот кој станал кратка песна во елегијскидистих со различна содржина.Силата на хеленистичката уметност се гледа во областа на ситните облици: во изра-зувањето на интимните чувства, во создавање облик од секојдневниот живот, моментално-то расположение.Елегијата како лирски облик се изменила со тоа што се ограничува на еротиката, а соприфаќање на некои епски елементи станала некаков вид на балада, која го потиснува го-лемиот еп и покрај себе го трпи само малиот еп.Нејзин најстар представник е Филет, а најугледен меѓу александриските поети е Ка-лимах (310 - 240). Тој се истакнал како библиотекар и и дал основа на историјата на хелен-ската литература, пишувал проза но и песни со различна содржина и тоа: елегии од кои јаиздвојуваме „Береникината плетенка“ испеана 246 год. , а која ја наоѓаме во латинскипревод кај Катул.Калимах исто така пишувал епилии, сатирични песни и епиграми. Епиграмите се завистински или измислени надгробни споменици, но има и епиграми кои се замислени ка-ко натписи за книги. Во сите тие Калимах се јавува како остроумен човек кој со малку збо-рови умее да изрази силни судови. Целото творештво на Калимах оддава намерно оддале-чување од класичното песништво, особено од Хомер, и свесно тежнеење да се задоволимодерниот вкус. Од Калимах се зачувани во оригинал 6 химни и 63 епиграми.Покрај Калимах со своите елегии се истакнал и Еуфорион во 3в. пр. н. е. на кој се ог-ледале Катул, Корнелиј Гал, Вергилиј. Еуфорион бил од Евбоја, студирал философија воАтина, а потоа бил библиотекар во сириска Антиохија, еден од најголемите центри на хе-ленистичкиот исток. Составувал епиграми и особено го сакал малиот еп со митолошка со-

Page 67: Историја на литературата

држина омилен меѓу хеленистичките учени поети. Малиот еп можел да ја покаже ученостаи мајсторската техника во композицијата и версификацијата. Еуфорион сакал комплици-ран стил, ретки изрази, митолошки алузии.НеотерицитеЗа непосреден претходник на неотериците се смета Лајвиј кој во 1 век ст. е. во своитепесни „Еротопаегниа“ обработува еротска тематика во облик на александриските играрии.Во средината на 1 в. пр. н. е. во Рим група млади и талентирани поети се собираат зада уживаат во својата поетска работа и за да водат учени разговори. Членовите на овој по-етски кружок се наречени неотерици (neoterikoi) или poetae novi, на чие чело стои угледниотграматичар и писател Валериј Катон. Други негови припадници биле Хелвиј Кина, Парте-ниј од Никаја, Корнелиј Гал (заслужен за развојот на љубовната елегија во Рим), ЛикинијКалв, Фуриј Бибакул и др. Кикерон иронично ги нарекува и cantores Euphorionis и со тоаукажува на омилениот грчкиот пример на неотериците и воедно се подсмева на упорнотоземање теми и мотиви од делата на Еуфорион.Неотериците ја прифаќаат хеленистичката теорија за творештво и од неа ги прифа-ќаат главните принципи, а тоа се :– негување на лирските и малите епски форми,– ревитализација на елегијата,

– внесување на учени и митолошки содржини измешани со еротика,

– виртуозност и патетика во изразот.Се смета дека иако неотериците ги прифаќаат принципите на александриската пое-зија истовремено и ги упростуваат, посебно александрискиот учен артизам чиј најголемпретставник е Калимах. Сепак даваат значаен допринос за развитокот на римската поезија,притоа потпирајќи се на живата и современа грчка песна. Од делата на неотериците зачу-вано е многу малку или опстојале под друго име, за разлика од делото на Катул како нивнинајголем претставник чие дело ни е сочувано во целост.Неотериците по однос на јазикот се служат со народниот говор кој веќе бил прифа-тен во сатирата и сценската лакрдија, а се служат и со поетскиот јазик на патетичната рим-ска трагедија и епиката на Ениј.

Page 68: Историја на литературата

КатулКатул твори во класичниот период на Римската литература, или во третиот златенпериод (од диктатурата на Сула до смртта на Август, од 80 год. пр. н. е. до 14 год. н. е. , т. е.во првиот потпериод, а тоа е векот на Кикерон (80 – 30 год. пр. н. е. ). Катул е прв инајголем римски поет на субјективната љубовна поезија.Делото на Катул го сочинуваат 116 песни, околу 2400 стиха и е поделено на три деласпоред метричкиот облик и обемот на песните:– во првиот дел се песните од 1 до 60. Тоа се пократки песни со различна содржинаво разни лирски облици.– во вториот дел се песните од 61 до 68. Тоа се поголеми песни меѓу кои се и хеле-нистичките мали епови.– во третиот дел се песните од 69 до 116. Тоа се епиграми во елегиски дистих.Не се знае дали ваквиот распоред на песните го направил самиот Катул или тоа гонаправиле подоцнежните негови наследници и издавачи.Темите кои Катул ги обработува во своите песни се пред се чувствата и тоа преку:љубовта и сите состојби на љубовта кон Лезбија/Клодија (радост, восхит, страст, тага, жал,разочарување), омразите, пријателствата, непријателствата, слики од природата, гозбенипесни, подбивни песни, трачеви, анегдоти и случки.Љубовната лирска поезија - е чувствена, сетилна поезија каде поетот пее од дното насвојата душа, од најдлабоките делови на својата интима. Катул тоа го остварува преку непо-средниот и спонтан израз, искреното и длабоко чувство и доживување кое единствено мо-же да се сретне во својот полн облик во старата грчка лирика (Сапфо).Навистина е реткост и во светската литература да се наиде на поет кој така длабоко иискрено ќе ја опише својата љубов кон една жена од почеток до крај. Катул се чини декалесно ја освоил Клодија и уживал во нејзините убавини (2, 3, 5, 7, 51, 68, 86), но не билединствениот, а за тоа дознаваме од самиот Катул кој ги спомнува своите ривали (37, 39,40, 77, 82, 91) Патем поетот ни кажува дека Клодија/Лезбија била и мажена(83) за конзулотКвинт Метел Келер, пишува и за братот на Клодија/Лезбија, Лезбиј кого го нарекува убав

Page 69: Историја на литературата

– Pulcher (79), а пишува и за љубовникот на Лезбија Марко Келиј Руф (69, 77). Катул иакознае се за Клодија /Лезбија (58) сепак ја сака искрено, од дното на душата, со целата својастраст (87). Катул не може да престане да ја сака (70, 72) но во исто време заради нејзинатанепостојаност, нејзините доаѓања и заминувања (36, 107, 109), кај Катул се повеќе расте љубовната болка, патењето и разочарувањето (38, 75, 85) Најпосле Катул се чувствува бедно(8), ја прекинува врската со Клодија (76) и не сака да ја обнови (11) после своето враќање одБитинија.До појавата на Катуловата поезија не се среќава машки лик кој е потполно подреденна карактерот, темпераментот на една жена. Таа подреденост на вљубениот е нов елементво поезијата кој дотогаш не се среќава. Но и Катул живее во едно ново, модерно време кадеримската богата жена има повеќе слобода и права да живее, да се движи и да има што сака.Така во создавањето на Катуловата љубовна поезија голем удел штествените состојби.Исто така, во антиката воопшто има многу малку субјективна љубовна лирика (Сапфо) којаби била и автобиографска, па така слободно може да се каже дека Катул дал нешто сосеманово и необично не само во римската туку и во севкупната античка литература. Нонеговата љубов сепак останува во рамките на сензуалноста, на сетилното, чувственото.Исто така, љубовта која за грчката лирика е болест која го поматува здравиот разум тоаостанува во добар дел и кај Катул. Катуловата песна не смееме да ја оценуваме тргнувајќисамо од нејзините грчки примери. Тука се среќаваме со онаа појава на општествено ииндивидуално условеното избирање, творечко подражавање и адаптирање на грчкитепримери, кое и дава обележје на севкупната римска литература.Во делото на Катул среќаваме и други женски ликови (27, 32, 41, 42, 43, 59, 86, 110)кои најверојатно биле анонимни девојки со низок морал. Меѓу песните има и неколку пос-ветени на момчето Јувенциј (24, 48, 99).Катул прв пишува и елегија(101, 76) и епилиј (64, 65, 66).Спојот на повеќе епиграми пишувани во елегиски дистих ја чини елегијата на Катул

Page 70: Историја на литературата

каде на прво место е чувството, а на второ митот и тоа повеќе како украс. Катул е претход-ник на субјективната римска елегија.Во своите песни, разновидни по тема Катул се јавува како poeta doctus - епитет кој гоимаат александриските поети, а тоа значи учен поет и артист кој особено во епилијот ис-креноста ја заменува со ученост, страста со елеганција, чувствата со разум, а сето тоа совешта употреба на метрите. Во епилијот Катул го употребува митолошкиот елемент вополна мера кој е карактеристика на александризмот. Меѓутоа и тука може да се почувствуватоплото љубовно чувство кон Лезбија/Клодија , што се пробива низ учената митологија исложената александриска техника. Катул ги подражава александриските поети во долго-трајната и стрплива работа, во ситните поетски облици, во префинетата форма, но не неја става формата над содржината и вештината над талентот. Всушност тој е индивидуа-лист, а тоа не е ниту позајмено ниту превземено од александријците. Неговата индивидуал-ност е повеќе одлика на општествените прилики во кои тој живее и твори. Катул со својотталент и вештина умее да ја прикрие хеленската техника. Тој грижливо одбира што ќепревземе и подражава и на тоа му дава свој личен печат што ќе го направи оригинален вопоетската уметност. Кај Катул силното субјективно доживување прави спој со хеленистич-киот артизам. Тука лежи посебната сила и вредност на Катуловото творештво. Треба дазнаеме дека Катул пишувал за одреден круг учени поети и образовани луѓе. Публикатапред која се рецитирани песните не ги следела со разбирање само интимните чувства напоетот туку строго е проценувана секоја песна, т. е. колку и во која мера се остварени кни-жевниот вид, сите негови особености и правила.Катул пишувал епиграми со различна содржина. Епиграмите на Катул се израз надоживувањето во рамки на епиграматската традиција, примерно остварување на тој книжевен вид и неговите закони. Тој пишувал љубовни епиграми во елегијски дистих (70, 72, 75,85, 87, 92) но и во сапфина строфа (11) Во нив наоѓаме искрено излевање на чувствата. Ка-тул на епиграмот му дава вистинска лирска искреност, каква немало во античката поезија

Page 71: Историја на литературата

уште од Сапфо.Катул пишува и сатирични и политички епиграми и јамби полни со зајадливост ииронија каде лично без некоја цел напаѓа угледни личности како на пр. Кикерон, Кајсар,Помпеј или некои нивни помошници, (10, 14, 22, 28, 29, 36, 49, 54, 57, 93, 94, 95, 105, 113,114, 115). Катул пишува песни и со друга различна содржина на пр. за патувањето во Бити-нија (10, 28), за јахтата (4, 46), за враќањето во Италија и др. Тоа се пригодни песни во коиповторно може да се почувствува младешкиот дух на поетот и во кои пишува и за своитепријатели. (4, 10, 12, 14, 22, 31, 35, 38, 46, 50, 53, 56, 95, 96, 113). Меѓутоа ваквите песни не-мале никакви последици врз Катул бидејќи немале политичка заднина. Сепак многу ни ка-жуваат за животот во Рим за време на Каесар, тие се повеќе во римски и италски дух од љу-бовните песни.Катул пишува љубовни песни и во холијамб - хром јамб (8). Холијамбот е стих наскоптичната поезија на грчките јамбографи и тој стих на подбивна песна му наметнува наантичкиот поет особени барања, не само метрички туку и содржински. Стихот е пократок,изразот пожив, зборот помалку достоинствен.Катул има напишано и неколку епиталамии во разни метри (3, 64, 61, 62).Пишува и песни кои припаѓаат на разни видови на хеленистичка ситна поезија.Такви се еротопаегниа, галантна шега или нуги - ситни песни (1, 13, 45, 46, 70).Катул е единствен претставник, пред сè, на субјективната римска љубовна поезија чиедело ни е сочувано во целост, и кое го плени и денешниот читател со искреното и длабо-ко излевање на чувствата.

Алегорија е стилска фигура со која метафоричното т.е. преносното значење на мислата се реализира во целосна слика, со сите пропратни детали. Во поезијата понекогаш тоа е цела песна. Алегоријата поимите ги пренесува како поединечни метафори кои дејствуваат заедно и создаваат комплексна метафора. Оваа стилска фигура често се дефинира и како продолжена метафора. Тоа значи дека алегоријата се создава кога метафората се протега низ целата мисла т.е. низ сите делови кои се содржани во истата.

Page 72: Историја на литературата

Карактеристика на алегоријата е тоа што таа не го менува самото значење на зборовите, туку предметот за чие објаснување се користат тие. Најмногу доаѓа до израз во басните, кои во целина се една алегорија.

Иронијата се дефинира како фигура во која се кажува едно, а се мисли токму спротивното! За разлика од алегоријата, кадешто она што е кажано и она на што се мисли се слични, овде кај иронијата тие се спротивни. Иронијата може да се сретне како обична шега или како сарказамСарказмот е цинично исмејување на некоја личност со тоа што се наведуваат особини спротивни од вистинските.Во јазик, метафора е реторска тропа преку која се прави споредба меѓу два навидум неповрзани субјекти. Типично, првиот предмет се опишува како да е втор предмет. На овој начин, првиот предмет може економично да се опише затоа што имплицитните и експлицитните атрибути од вториот предмет можат да се искористат за да се пополни описот на првиот. Некои критичари (особено во когнитивна лингвистика) ја гледаат метафората како основна когнитивна функција, додека други го сметаат поимот аналогија посоодветен за овој концепт. Како и да е, метафората не секогаш се користи за практичен опис и разбирање; често таа се користи и за чисто естетски причини. Метафорите често грешно се интерпретираат како симили.

Метонимија е преносна употреба на зборовите врз основа на зависна врска меѓу два пима од стварноста. Таа ја пофаќа употребата на еден збор наместо друг за лица, предмети или појави што се во меѓусебна, надворешна или внатрешна врска. Притоа значењето на едниот збор се пренесува врз другиот збор. Во функција на метонимија се јавува само именката, како и составите од придавка и именка.

пр. Градот беше разбеснет. =граѓаните

Персонификација е најпознатата и најчестата сложена тропа. Со оваа фигура на неживите нешта им се препишуваат особини на живи суштества. Всушност персонификација е кога се даваат човечки особина на нештата. Честа фигура е во поезијата.

[уреди] Пример

Сонцето оди, заоѓа,девојка душа береше...змија се бога молеше:„умри је боже девојка“...

Синегдоха (грч. συνεκδοχή, син- = со, екдоха = смисол, интрепретација, разбирање) е кога делот го сфаќаме како целина, односно употребуваме еднина наместо множина. Често ја употребуваме во секојдневниот живот.

На пример: Немам ни денар. Имаме кров над глава

Page 73: Историја на литературата

Епитетот граматички гледано, скоро секогаш е придавка, или повеќе придавки придодадени кон именката. Епитетот се употребува за сликовито да се истакне некое својство на предметот. Има повеќе видови на епитети. Генерално тие се делат на живи, неживи или мртви и постојани.

[уреди] Живи епитети

Живи епитети се нарекуваат оние епитети со кои се постигнува силен поетски ефект. Тие се разликуваат од другите епитети по тоа што не се таму единствено да го опишат простиот надворешен изглед на именките, туку да придонесат кон поголема сликовитост. Затоа уште се нарекуваат и украсни епитети. Мора да постои некаква сличност помеѓу живиот епитет и реалните особини на именката (оргиналниот мртов епитет).

Пр.

Наместо да кажеме „црвено јаболко“, велиме „крваво јаболко“ и сл.

[уреди] Мртви епитети

Кога велиме за јаболкото дека е црвено, наместо крваво, сме употребиле т.н. мртов епитет. Познати се уште икако прозни епитети поради фактот што почесто ги наоѓаме во прозата отколку во поезијата. Овој вид на епитети се претставени со вообичаени чести придавки. Овие епитети се употребуваат само за да се даде прост опиц на именката, без да се добие некој друг посилен емоционален ефект.

Пр.

Кога наместо да кажеме „гневно“ или „бесно“ море, велиме едноставно „немирно“ море, тоа е мртов епитет

[уреди] Постојани епитети

Покрај овие два вида на епитети постојат уште и т.н. постојани епитети. Тие се нарекуваат постојани зашто многу често, скоро секогаш ги среќаваме во литературата, со соодветната именка. Затоа уште се наречени и „клиширани“ епитети. Најчесто ги среќаваме во народната поезија.

Пр.

„поле шарено“, „гора зелена“, „бисер-грло“ итн.

Сложената реченица во македонскиот јазик е синтаксичка единица што содржи најмалку два прирока, а како резултат на тоа реченицата има две реченици поврзани меѓу себе според контекстот на истите. Односот на речениците во рамките на една сложена реченица може да биде од два вида, односно ако двете реченици не зависат една од друга тогаш тие се нарекуваат

Page 74: Историја на литературата

независноложени реченици. Од друга страна пак, ако едната реченица биде поставена во зависен однос кон другата реченица тогаш таа реченица е зависносложена реченица. Одделните реченици што влегуваат во состав на една сложена реченица се нарекуваат дел-реченици.[1]

Сложените реченици исто така може да се поделат и врз основа на тоа дали содржат сврзници или не. Така, тие реченици што содржат сврзници и сврзувачки зборови се нарекуваат сврзнички или синдетонски реченици, додека тие што не содржат се нарекуваат бесврзнички или асидентонски реченици. Понекогаш не може јасно да се одреди една реченица во кој тип спаѓа поради самата природа на истата.[1]

[уреди] Видови сложени реченици

Сложените реченици во македонскиот јазик се делат на независносложени и зависносложени реченици.

Во независносложените реченици спаѓаат составните, спротивните, разделните, исклучните и заклучните реченици.

Во зависносложените реченици спаѓаат временските, причинските, последичните, целните, условните, допусните, начинските, односните и исказните.

Независносложените реченици се подгрупа на сложените реченици. Независносложените реченици го добиле своето име според нивната најголема карактеристика, односно составните дел-реченици се независни една од друга во смисловен и функционален поглед. Независносложените реченици се дела на две поголеми групи, односно во едната група спаѓаат сите независносложени реченици во кои врската меѓу дел-речениците е потесна, и втората група ги вклучува оние реченици во кои врската меѓу дел-речениците е полабава.[1]

Независносложените реченици со потесна врска меѓу дел-речениците се делат на три подгрупи, и тоа: составни независносложени реченици, спротивни независносложени реченици и разделни независносложени реченици.

Составните независносложени реченици се реченици кои имаат содржини кои се поврзани едни со други на различна основа, како на пример според вршителот на дејството, според времето или местото на дејството и слични карактеристики. Типично за овие реченици е користење на сврзници кои се карактеристични за дејството кое е искажано и такви сврзници се и, ни, ниту, па, та, не само што - туку и.[1]

Најчесто користен сврзник е сврзникот и. Овој сврзник во вакви реченици се користи кога се поврзуваат две реченици во кои се искажуваат истовремени дејства.

пр. Детето јаде сладолед и гледа телевизија.

Page 75: Историја на литературата

Исто така, сврзникот и се користи за искажување дејства кои следат едно по друго.

пр. Тој стана од столицата и отиде во кујната.

Доста често, кога има реченици со дејства кои се случуваат едно по друго, едното дејство или реченица се смета за последица од другото дејство или реченица и во такви случаево се додава и зборот затоа.

пр. Тој испи цело шише ладен сок и затоа сега го боли грлото.

Во случај да помеѓу двете реченици да има спортивен однос, тогаш покрај и се додава и зборот пак.

пр. Детево може да игра по цел ден надвор и пак да има добри оценки на училиште.

Сврзниците ни и ниту се користат да се искажат одречни реченици.

пр. Детево ниту јаде ниту пие. Тешко е болно. Ни сакам да те видам ни сакам да ти прозборам.

Сврзниците па и та се користат да се сврзат дејства што следуваат едно по друго, но и дејства каде второто дејство произлегува од првото.

пр. Тој ја зеде торбата во раката па тргна кон градот. Човеков не сака лошо да се однесува со луѓето, та ниту тој не сака со него да се однесуваат лошо.

Сложениот сврзник не само што - туку/ами/но/ама и се јавува и во негативна форма не само што - туку/ами/но/ама и не.

пр. Не само што не сакам да јадам, туку и не ми се пие.

Составните независносложени реченици со сврзници и, ни, ниту, не само што туку и не се одделуваат со запирка. Пред сврзниците па и та обично се пишува запирка.

[уреди] Независносложени реченици со полабава врска

Независносложените реченици со полабава врска меѓу дел-речениците се сложени реченици кои се добиле по пат на нижење на повеќе дел-реченици. Кај овие реченици врската помеѓу дел-речениците е полабава и пофлексибилна. Независносложените реченици се делат на две подгрупи, и тоа: исклучни независносложени реченици и заклучни независносложени реченици.

Синтаксата на македонскиот јазик е дел од граматиката која ги проучува способностите на зборовите да се поврзуваат меѓу себе. Синтаксата пред сè се

Page 76: Историја на литературата

осврнува кон зборовните целости кои се добиваат преку спојување на зборовите. Така и самиот поим синтакса потекнува од старогрчки збор што значи „составување“, „средување“ или „редење“ на зборовите.[1] Синтаксата тргнува од самите зборови преку кои се создаваат повисоките синтаксички единици. Основна единица во синтаксата е реченицата.Македонскиот јазик е дел од групата на јужнословенски јазици кој е официјален јазик во Македонија. Граматиката на македонскиот јазик ги опфаќа граматичките правила на стандардниот македонски јазик, разните зборовни групи, правопис и акцент.Македонскиот правопис е фонетски, но во ред случаи има разлики помеѓу она како се пишува и како треба да се изговара. На пример, се пишува леб, град, мраз, а се изговарара леп, грат, мрас.

Гласовниот систем на македонскиот литературен јазик се состои од 31 (триесет и еден) глас и во азбуката за секој еден од тие гласови постои посебен знак (буква):

Големи буквиА Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш

Мали буквиа б в г д ѓ е ж з ѕ и ј к л љ м н њ о п р с т ќ у ф х ц ч џ ш

[уреди] Поделба на гласовите

[уреди] Самогласки (вокали)

Самогласките се: а, е, и, о, у.

[уреди] Самогласното р

Гласот р врши служба на самогласка во случаите како: крв, дрво, срце,трн,прв,врв,трча,крт итн. Во почетокот на зборот: ’рж, ’рѓа, ’рска, ’рнка, ’рга, ’рбет.

Овие зборови со префикс што завршува на самогласка: за’ржи, на’рга.

Со префикс што завршува на согласка: сржи, срска. Значи буквата "р" некогаш се јавува како самогласка.

[уреди] Темниот вокал

Темниот вокал се бележи со ’ : с’клет, к’смет, но во литературниот јазик: саклет, касмет.

[уреди] Согласки (консонанти)

Другите гласови ја чинат групата на согласките.

[уреди] Испуштање на вокалите

Page 77: Историја на литературата

[уреди] е Кај именките:

o Кај именките на -ец старец, старецот - старци; скакулец, скакулецот -

скакулци; големец, големецот - големци, но: подлец - подлеци; мудрец - мудреци

o Кај именките на -ел: котел, котелот - котли; кобел, кобелот - кобли; орел,

орелот - орли, но жител - жители; истрел - истрелиo Кај именките на -ен:

ражен, раженот - ражни; камен, каменот - камни, но и камења; скорен, скоренот - скорни но: остен, остенот - остени (и: остење)

o Кај други именки: јарем, јаремот - јарми (два јарема) пес, песот - пци (два песа) ден, денот - дни (два дена), но и: денови!

o Кај туѓи зборови на -ер: министер, министерот - министри итн.

Кај придавките на -ен: гладен, гладна, гладниот итн.; радосен, радосниот итн., но: дрвен, дрвена итн. (но: дрвна индустрија)

[уреди] о1. Кај именките:

1. Кај именките лакот - лактот, лакти; нокот - ноктот, нокти;2. Кај именките на -ок: потомок - потомци, но: четврток -

четвртоци2. Кај придавките: редок - ретка; сладок - слатка; близок - блиска, но:

висок - висока, широк - широка3. Во наспоредни форми: собере - збере

[уреди] а1. Кај туѓите зборови на -изам: комунизам - комунизмот, фашизам -

фашизмот2. Кај придавките со наставка -ар: бодар - бодриот, добар - добриот итн.3. Кај именки на -ар: ветар - ветрот, ветрови. Кај туѓите именки на -ар:

метар - метри итн.

[уреди] За некои согласки

Page 78: Историја на литературата

[уреди] ќ, ѓ:

Се разликуваат од согласките к и г не само пред вокалите од заден ред (а, о, у), ами исто и пред вокалите од преден ред (е, и):

куќа : кука; лаѓа : лага куќи : куки; лаѓи : лаги

[уреди] s:

Звучниот парник на ц се среќава во доста ограничен број случаи:

sид, sидар; sвезда; sвер и други

[уреди] џ:1. џ се развило од ж: џвака, џгура итн.2. Кај туѓите имиња: Риџвеј и сл. и кај туѓи зборови како се: џин, џигер итн.3. Се добива од ч пред звучна согласка: лиџба < *личба4. Кај наставката -џија: тутунџија, џамџија итн.

[уреди] њ:1. На крајот на зборовите: коњ, сињ (и син) (боја)2. В множината на именките на -ен: пламење, камење итн.3. Кај глаголските именки на -ње: барање, движење итн.4. Во неколку именки на -ња: бања, диња, свиња итн.5. Во збирните именки (место множина): ремен - ремење, корен - корење

итн.6. Во наставката -иња за множина на некои именки во среден род на -е: име

- имиња; прасе - прасиња итн.7. Кај некои несвршени глаголи: мени - мењава; се поклони - се клања итн.

[уреди] љ:1. Во почетокот на зборот, само во коренот љуб-: љуби, љубов, Љубе,

Љубен, Љупка, Љубица, Љубојно итн. Во други случаи нема љ: лубеница, луѓе, клун, клуч итн.

2. Во други случаи: вљубен, пљачка итн.; Иљо, Кољо; Иљка; фељтон, фељтонист.

3. Не се пишува љ туку лј: зелје, илјада, крилје, полјак, фотелја, Силјан, релјеф, Бастилја итн.

[уреди] х:

Во литературниот јазик не е преземено од народните говори:

хемија, хигиена, Хајнрих Хајне итн.; храброст, поход, доход итн.; Охрид, Пехчево.

Page 79: Историја на литературата

Во еден број случаи се создава двојство: дух, воздух, но: задув; поход, доход, но: оди, наоѓа; храна (за разлика од рана!), но: ранениче. Во други случаи не се изговара и пишува во почетокот на зборовите: леб, арно, ајдутин, армоника, убав, убавина итн.

Во средината и на крајот на зборот х или се загубило или преминало во друг глас:

в, ф < х:

1. Од хв-: фрла, фали, фати, фрка;2. Од х: дојдов, бев, бевме, но: беа; нивни, јавне итн.; орев - оревот; пазува;

мува; уво

[уреди] в, ф:1. вистина, вистински; внатре; втор; внук (не: мнук); влезе (не: флезе), но:

земе, зеде, зел, презема;2. ливче (од лисче), мовче од мост итн.

Во некои диалекти се загубило: тетоски место тетовски, чоек место човек итн., односно се претвора во ј: зборој место зборови итн.

[уреди] Удвоени согласки

Во македонскиот јазик се среќаваат и удвоени согласки. Како удвоени се јавуваат согласките т, д, с, з, ј, л, м, в и р. За повеќе детали видете: Удвоени согласки во македонскиот јазик.

[уреди] Акцент

Главна статија: Акцент во македонскиот јазик.

Правилата за местото на акцентот на самостојните зборови во литературниот јазик се прости:

1. Кај двосложните зборови акцентот паѓа на вториот слог, броејќи од десно кон лево. На пример: дé-те, мáj-кa, тáт-ко итн.

2. Кај три- и повеќесложните зборови акцентот паѓа на третиот слог, броејќи исто од десно кон лево. На пример: тáт-ко-то, тáт-ков-ци, тат-кóв-ци-те, ма-кé-до-нец итн.

[уреди] Отстапувања од третосложното акцентирање

1. Во глаголскиот прилог: викáјќи, одéјќи итн.2. Во туѓите зборови: клишé, генéза, литератýра итн.

[уреди] Зборовни групи

Page 80: Историја на литературата

Полнозначни зборови: именка, придавка, број, заменка, глагол, прилог Службени зборови: предлог, сврзник, честица Модални зборови Извик

[уреди] Именка

Главна статија: Именки во македонскиот јазик.

[уреди] Определеност и неопределеност на именките

Членот во македонскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката. Членовите во македонскиот јазик се само определени, односно нема неопределен член во македонскиот јазик. Карактеристично само за македонскиот јазик е тоа што има три форми на определен член, единствен словенски јазик со три определени члена. Определениот член има број и род.

Членот -ов, -ва, во итн. служи за укажување на предмети блиски до говорителот: човеков (овој овде)

Членот -он итн. - за укажување на пооддалечени предмети, но во опсегот на нашите сетила: човекон (оној онаму)

Членот -от итн. иде најчесто во служба на општо определување, без однос спрема неговата пространствена позиција, но ќе се рече: на ти ја книгава (оваа до мене), дај ми ја книгана (онаа што ја гледаме двајцата малце понастрана); и од друга страна: дај ми ја книгата (таа што е до тебе, таа што ја држиш) (членот -от изразува и пространствено определување во случај кога се зборува за предмет што се наоѓа во дофатот на второто лице).

Само определени се сопствените именки и тие не се членуваат (Петре, Скопје, Вардар итн.), но: Совчето, Марето, Надето (нијанса на интимност); Вардарот.

машки род

еднина

машки род

множина

женски род

еднина

женски род

множина

среден род

еднина

среден род

множинаопределеност - от - те - та - те - то - та

блиску - ов - ве - ва - ве - во - вадалеку - он - не - на - не - но - на

Примери:

Јас го видов човекот. (именката „човек“ е позната за говорителот и слушателот и поради тоа се користи член за определеност.)

Јас го видов човекон. (именката „човек“ е подалеку од говорителот и слушателот и се користи член за подалеку, што со други зборови е исто со „оној човек“)

Page 81: Историја на литературата

Јас го видов човеков. (именката „човек“ е поблиску до говорителот и слушателот и се користи член за поблиску, што со други зборови е исто со „овој човек“)

[уреди] Преглед на формите на именките

[уреди] Машки род: на согласка: стол, леб, рид; на самогласка -а: слуга, судија; на самогласка -о: татко, дедо; на самогласка -е: вујче, Јане, Миле

Вокатив (форма за повикување) се образува од општата форма на именката со наставка -у или-е: мажу, ќелешу, коњу, крају итн.; бику, волку, смоку, човеку (и човече), јунаку (и јуначе), но: боже, друже, оче; господине, пријателе, мајсторе (кај повеќесложните именки); од именката господ: господи, покрај господе.

Машки и роднински имиња:

на согласка: Стојан; на -е: Јане; на -о: Велко, на -а: Коста, на -и: Методи (во народниот јазик обично Методија).

Примери: Зборував со Стојана, со Петрета, со Велка; Го видов Стојана итн.

Множински форми како: Петревци, Велковци итн.

Роднински имиња:

на согласка: брат, братучед, девер, зет, маж, син, свекор; на -е: вујче, тате, чиче, брате. Тие именки се деминутивни образувања

со силен израз на интимност; на -о: вујко, дедо, стрико, татко, чичко на -а: шура

Форми на множината: Избројана множина: три дена, неколку дена; два петла; два кладенца итн.

Обична множина: Македонец - Македонци; граѓанин - граѓани, селанец - селани, скопјанец - скопјани, но Германец - Германци; Турчин - Турци; старец - старци; театар - театри; Грк - Грци; ден - дни, денови; смок - смоци, смокови; крст - крстови; леб - лебови; нож - ножеви; крај - краеви, но: кеј - кејови; крал - кралеви и кралови; зет - зетеви и зетови; меч - мечови; ветар - ветрови; оган - огневи и огнови;

Збирна множина: дол - долишта; крај - краишта; роб - робје; кол - колје; друм - друмје; камен - камење, камења; ремен - ремење, ремења итн.; град - градје; рид - ридје; пат - патје; паќе (=патови).

Page 82: Историја на литературата

[уреди] Женски род

Вокатив

1. Кај тросложните и повеќесложните именки на -ица: Горице, мајчице, но и: лисицо, биволицо, кукавицо;

2. Кај личните имиња на -ка: Ратке; Босилке; Василке, но и: Велико, Љубико итн.

3. Имињата на -ја: Марија - Марије, Маријо;4. сваќа - сваќе; попаѓа - попаѓе5. Сите други именки на -а образуваат вокатив само на наставка -о: душо,

жено, Ангелино итн.; кума-лисо

Губењето на вокативната форма е покарактеристично за именките од машки род на -а (војвода), но и кај именките од женски род (Емилија, Мимоза, Лиза; Вера место Веро).

Форми на множината:

Обична множина: на -и: жена - жени; ноќ - ноќи; Особени форми: раце, нозе;

Збирна множина: вода - водје, воѓе; ливада - ливадје, ливаѓе итн.

[уреди] Среден род1. на -о: село, вретено;2. на -е: поле, лице, лозје.

Формите за множина: на -а: села, лета, вретена;

Посебни форми: рамо - рамена; око - очи; уво - уши; небо - небеса (неба); чудо - чудеса (чуда);

Збирна множина: крило - крила, крилје;

Образување на множината од именките на -е: на -је, -ие, -це: множина на -а: лозје - лозја, влијание - влијанија, лице - лица; сите други именки на -е во множината ја добиваат наставката -иња: пиле - пилиња; име - имиња; море - мориња; дете - деца, дечиња;

[уреди] Придавка

Споредбени степени (позитив, компаратив и суперлатив)

добар - подобар - најдобар; добра – подобра - најдобра; добро – подобро - најдобро; добри – подобри - најдобри.

[уреди] Броеви

Главна статија: Македонски броеви.1. Одредена бројност:

Page 83: Историја на литературата

еден, една, едно; два, две; три; четири; пет; шест; седум; осум; девет; десет; единаесет; дванаесет... дваесет; дваесет и еден; дваесет и два... триесет; четириесет; педесет; шеесет; седумдесет; осумдесет; деведесет; сто; сто и еден; сто и два... двесте; триста; четиристотини; петстотини; шестотини; седумстотини; осумстотини; деветстотини; илјада; две илјади; милион; милиарда;

1. Бројни придавки:

прв, први, првиот; прва, првата; прво, првото итн.; втор, втори; трет, трети; четврт, четврти; петти; шести; седми; осми; деветти; десетти; единаесетти... дваесетти; дваесет и први... стоти, стотен; илјаден; две илјаден; милионити;

1. Одредена бројност за лица:

двајца, тројца, четворица, петина, петмина... осмина, осуммина, деветмина, десетмина, стомина, двестемина, илјадмина;

1. Приближна бројност

два-три, три-четири; седум-осум; сто-двесте; две-три стотини; од броевите на десет и од бројот сто се образуваат форми за приближна бројност со наставката -ина: десетина; дванесетина; дваесетина; педесетина; стотина итн.

[уреди] Заменки

Главна статија: Заменки во македонскиот јазик.

[уреди] Лични заменки

Број ЛицеОсновна форма

Форми на директниот

предмет

Форми на индиректниот

предмет

Род Долга Кратка Долга Кратка

Еднина I јас мене ме мене ми

II ти тебе те тебе ти

III м. р. тој него го нему му

ж. р. таа неа ја нејзе ѝ

ср. р. тоа него го нему му

Множ I ние нас нè нам нѝ

II вие вас ве вам ви

III тие нив ги ним им

Page 84: Историја на литературата

[уреди] Лично-предметни заменки

Прашални заменки

кој, која, кое, кои; кого, го; кому, му; чиј, чија, чие; чии; што; колкав; каков

Заменки со односно значење: којшто, кој; чијшто, чиј;

Неодредени лични заменки:

некој, некого; на некого (некому); некојси; секој; нешто, сешто; сèнешто; сето (синоним на целото, во таква служба не може да стои сè: за сето тоа)

кој било; кој да е; кој-годе; што било итн., какав-годе итн., колкав-годе итн.

Одречни заменки: никој; ништо;

Показни заменки:

За посочување блиски предмети: овој, оваа, ова, овие За посочување пооддалечени предмети: оној, онаа, она, оние За посочување предмети без просторно определување (освен во некои

случаи): тој, таа, тоа, тие.

Заменки-придавки:

таков, таква, такво, такви; ваков... онаков... инаков... секаков... некаков... никаков... толкав... олкав... онолкав

[уреди] Прилог

Главна статија: Прилози во македонскиот јазик.

Прилози за количество и степен: колку, толку, олку, неколку, многу, малку, уште, доста, дури, веќе, одвај, двојно, стократно;

Прилози за време: кога, сега, некогаш, вчера, утре, другиден, лани, летоска, зимоска...

Прилози за место: каде, овде, онде, некаде, горе, долу, оздола, озгора, дома, близу, далеку, високо, ниско, напред, назад, лево, десно итн.

Прилози за начин: како, вака, така, инаку, некако, редум, молкум, весело, смешно, тешко итн.

Page 85: Историја на литературата

[уреди] Глагол

Главна статија: Глаголи во македонскиот јазик.Македонски

глаголски форми

Општо категорија време категорија начин категорија лице категорија вид категорија

преодност образување на

глаголи класификација

Прости глаголски форми

сегашно време минато

определно свршено време

минато определено несвршено време

заповеден начин глаголска л-

форма глаголска

придавка глаголска именка глаголски прилог

Сложени глаголски форми

минато неопределено свршено време

минато неопределено несвршено време

предминато

Page 86: Историја на литературата

време идно време минато-идно

време идно прекажано

време можен начин има-

конструкција сум-

конструкција

ПоврзаноМакедонска граматика

Македонски јазикКутијава: п • р • у

[уреди] Помошен глагол сум

Сегашно време

Минато определено време

Минато неопределено време

Заповеден начин

сум бидам бев сум бил -

си бидеш беше си бил биди

е биде беше бил -

сме бидеме бевме сме биле -

сте бидете бевте сте биле бидете

се бидат беа биле -

[уреди] Прости глаголски форми

[уреди] Сегашно времеГлавна статија: Сегашно време во македонскиот јазик.

а - глаголска група и - глаголска група е - глаголска групаЈас гледам носам јадамТи гледаш носиш јадеш

Тој, таа, тоа гледа носи јадеНие гледаме носиме јадемеВие гледате носите јадетеТие гледаат носат јадат

[уреди] Заповеден начинГлавна статија: Заповеден начин во македонскиот јазик.

а-група и-група е-група

Едн. 2 л. викај носи стој преди кажи пиј

Множ. 2 л. викајте носете стојте предете кажете пијте

[уреди] Минато определено свршено време

Page 87: Историја на литературата

Главна статија: Минато определено свршено време во македонскиот јазик.

а - глаголска група

прочита

и - глаголска група

и-раздел: прати

и - глаголска група

е-раздел: оздрави

и - глаголска група

а-раздел: издржи

Јас прочитав пратив оздравев издржавТи прочита прати оздраве издржа

Тој, таа, тоа

прочита прати оздраве издржа

Ние прочитавме пративме оздравевме издржавмеВие прочитавте пративте оздравевте издржавтеТие прочитаа пратија оздравеа издржаа

е - глаголска група

а-раздел: стане

е - глаголска група

е-раздел: сотре

е - глаголска група

о-раздел: дојде

е - глаголска група

раздел без вокал: измие

Јас станав сотрев дојов измивТи стана сотре дојде изми

Тој, таа, тоа

стана сотре дојде изми

Ние станавме сотревме дојдовме измивмеВие станавте сотревте дојдовте измивтеТие станаа сотреа дојдоа измија

[уреди] Минато определено несвршено времеГлавна статија: Минато определено несвршено време во македонскиот јазик.

а - глаголска група и - глаголска група е - глаголска групаЈас гледав ловев јадевТи гледаше ловеше јадеше

Тој, таа, тоа гледа ше ловеше јаде шеНие гледавме ловевме јадевмеВие гледавте ловевте јадевтеТие гледаа ловеа јадеа

[уреди] Глаголска л-формаГлавна статија: Глаголска л-форма во македонскиот јазик.

Несвршени глаголи

земал, носел, броел, стоел, плачел, пеел, пиел, идел, наоѓал

Свршени глаголи:

зел, донел, избројал, станал, заплачал, испеал, допил, дошол, нашол

Page 88: Историја на литературата

Глаголската л-форма во основа е минат партицип. Служи за формирање минато неопределено време.

Минатото неопределено време служи за прекажување на дејства, на кои не сме биле сведоци, туку ни се соопштени од друг. Во прекажувањето најчесто се јавуваат формите за трето лице (Но малу по малу започнаа разговор и таа разбра оти тој бил од Прилеп). Начинот на прикажувањето со минато неопределено време во вакво значење е најобичен во народните прикаски. Во него нѐ воведува веќе самата почетна формула (си бил еден... ) (Си биле двајца браќа, едниот - постариот - женет, а другиот неженет; работата им била трговци.).

Втор случај е кога земаме личен (ироничен или инаков) став кон она што го кажал некој за нас (Јас сум му ги зел парите!). Доста често се јавуваат вакви состави во кои на прекажаната форма во второ или трето лице се надоврзува форма за прво лице, која не е веќе прекажана, ами значи директно соопштување (Ти си дошол, ама јас не сум бил дома.)

Формите за прекажување не им се спротивставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат и за прекажување на дејства што во директното кажување идат во сегашно време (Тој вели не јадел сега).

[уреди] Глаголска придавкаГлавна статија: Глаголска придавка во македонскиот јазик.

Глаголската придавка се образува од сите глаголи: преодни (женет, насмеан) и непреодни (паднат, дојден, беган, шетан), затоа називот “пасивна глаголска придавка” не ѝ одговара. Таа се сврзува со помошниот глагол има, нема во различни временски конструкции: го имам земено, имам дојдено, немам шетано итн. (овде ги губи обележјата на родот и бројот - во овие форми влегува само со формата за среден род еднина).

Наставките за образување на глаголските придавки се две:

-н (-на, -но, -ни); -т (-та, -то, -ти) (втората се придава кај глаголите со општ дел на н, њ: станат, бањат).

Основните вокали се а и е.

Основниот вокал а се среќава кај глаголите од а-група и од е-група, а-раздел:

викан, набран, напишан, станат

Глаголски придавки од глаголи со општ дел на н:

станат; бањат; гонет, ранет, женет, ценет; викан, беган;

Двојни форми кај глаголските предавки од глаголи со општ дел на н:

Page 89: Историја на литературата

женет - женат; сменет - сменат

Двојни форми кај глаголските придавки од глаголите, во кои во минато свршено време се губи вокалот од општиот дел:

бран - берен; дран - дерен; клан - колен; млен - мелен; бројан - броен; сеан - сеен; кројан - кроен; пеан - пеен итн.

Двојни форми и кај глаголските придавки, кои се образуваат од непрефиксирани глаголи од и-група и е-група (а-раздел):

бројан - броен, кројан - кроен; пеан - пеен; сеан - сеен; (кај префиксираните глаголи единствено можни: испеан, насмеан, посеан)

[уреди] Глаголски прилогГлавна статија: Глаголски прилог во македонскиот јазик.

Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставка -јќи: викајќи, бегајќи, носејќи, смеејќи се итн. Формата бидејќи се употребува како сврзник.

Основниот вокал е а (во а-група) и е - во другите две групи.

а-група и-група е-група

префрлајќи одејќи пиејќи

доаѓајќи носејќи бришејќи

[уреди] Глаголска именкаГлавна статија: Глаголска именка во македонскиот јазик.

Глаголската именка се образува од несвршени глаголи (како и глаголскиот прилог) со наставка -ње: викање; бегање; дерење - драње; спиење - спање итн.

Во македонски има и извесен број глаголски именки на -ние од свршени глаголи (за апстрактни поими) - решение, образование, издание.

[уреди] Сложени глаголски форми

[уреди] Форми со сум

[уреди] Минато неопределено свршено време

Главна статија: Минато неопределено свршено време во македонскиот јазик.

а-група и-група е-група

Едн. 1 л. сум извикал сум износил сум минал сум измил

2 л. си извикал си износил си минал си измил

3 л. извикал износил минал измил

Page 90: Историја на литературата

Множ. 1 л. сме извикале сме износиле сме минале сме измиле

2 л. сте извикале сте износиле сте минале сте измиле

3 л. извикале износиле минале измиле

[уреди] Минато неопределено несвршено време

Главна статија: Минато неопределено несвршено време во македонскиот јазик.

а-група и-група е-група

Едн. 1 л. сум викал сум носел сум минел сум миел

2 л. си викал си носел си минел си миел

3 л. викал носел минел миел

Множ. 1 л. сме викале сме носеле сме минеле сме миеле

2 л. сте викале сте носеле сте минеле сте миеле

3 л. викале носеле минеле миеле

[уреди] Предминато време

Главна статија: Предминато време во македонскиот јазик.прочита прати излезе

Јас бев прочитал бев пратил бев излеголТи беше прочитал беше пратил беше излегол

Тој, таа, тоа беше прочитал (а)* беше пратил (а)* беше излегол (излегла)*Ние бевме прочитале бевме пратиле бевме излеглеВие бевте прочитале бевте пратиле бевте излеглеТие беа прочитале беа пратиле беа излегле

* - форма за женски род.

[уреди] Сложени форми со ќе

[уреди] Идно време

Главна статија: Идно време во македонскиот јазик.игра носи везе

Јас ќе играм ќе носам ќе везамТи ќе играш ќе носиш ќе везеш

Тој, таа, тоа ќе игра ќе носи ќе везеНие ќе играме ќе носиме ќе веземеВие ќе играте ќе носите ќе везетеТие ќе играат ќе носат ќе везат

[уреди] Минато-идно време

Главна статија: Минато-идно време во македонскиот јазик.

Промената на глаголи од несвршен вид изгледа вака:

Page 91: Историја на литературата

вика крои печеЈас ќе викав ќе кроев ќе печевТи ќе викаше ќе кроеше ќе печеше

Тој, таа, тоа ќе викаше ќе кроеше ќе печешеНие ќе викавме ќе кроевме ќе печевмеВие ќе викавте ќе кроевте ќе печевтеТие ќе викаа ќе кроеја ќе печеа

Промената на глаголи од свршен вид изгледа вака:

викне скрои испечеЈас ќе викнев ќе скроев ќе испечевТи ќе викнеше ќе скроеше ќе испечеше

Тој, таа, тоа ќе викнеше ќе скроеше ќе испечешеНие ќе викневме ќе скроевме ќе испечевмеВие ќе викневте ќе скроевте ќе испечевтеТие ќе викнеа ќе скроеја ќе испечеа

[уреди] Идно прекажано време

Главна статија: Идно прекажано време во македонскиот јазик.чека носи каже

Јас ќе сум чекал ќе сум носел ќе сум кажелТи ќе си чекал ќе си носел ќе си кажел

Тој, таа, тоа ќе чекал (а)* ќе носел (а)* ќе кажел (а)*Ние ќе сме чекале ќе сме носеле ќе сме кажелеВие ќе сте чекале ќе сте носеле ќе сте кажелеТие ќе чекале ќе носеле ќе кажеле

* - форма за женски род.

[уреди] Условен начин

Еднина 1 л. јас би донел јас би носел

2 л. ти би донел ти би носел

3 л. тој би донел тој би носел

таа би донела таа би носела

тоа би донело тоа би носело

Множина 1 л. ние би донеле ние би носеле

2 л. вие би донеле вие би носеле

3 л. тие би донеле тие би носеле

[уреди] Сложени форми со помошниот глагол има

Со помош на помошниот глагол има се утврдува еден момент (на соопштувањето или некој минат или иден момент) до кој се сведува извршеноста на едно дејство или претпоставката за неговото извршување:

Page 92: Историја на литературата

имам дојдено значи дека дејството е извршено воопшто во минатото до моментнтов на соопштувањето; имав дојдено значи дека дејството се извршило до еден одреден момент во минатото; ќе имам дојдено значи дека се претполага извршувањето на дејството пак до одреден момент во идноста. Со времињата, во кои влегува л-формата од помошниот глагол, се предава прекажано дејство. Поради блискост во значењето, формите со има/нема и тие на минатото неопределено време можат да се заменуваат (временски нефиксирано дејство) (Се немаме видено две години = Не сме се виделе две години). Заменувањето не е вообичаено кога дејството поблиску се сврзува со одреден момент или период во минатото (Сум ти станал ноќеска. Не би одело “Ти имам станато ноќеска”).

Примери: имам (немам) земено, влезено, носено, бегано; имаш (немаш) земено итн. имав (немав) земено итн. сум имал (немал) земено итн. ќе имам (не ќе имам, нема да имам) земено итн. ќе имав (не ќе имав) земено итн. ќе сум имал (нема да сум имал, не ќе сум имал) земено итн. (не) би (сум) имал земено итн.

[уреди] Предлози

Главна статија: Предлози во македонскиот јазик.

без, во, врз, до, за, зад, заради, кај, каде, како, кон, крај, меѓу, место, на, над, накај, накрај, наместо, наспроти, насред, низ, од, одавде, оданде, отаде, околу, освен, откај, по, под, покрај, помеѓу, поради, посред, потем, пред, през, преку, при, против, сред (е), според, спроти (в), спрема, со, у.

[уреди] Сврзници

Главна статија: Сврзници во македонскиот јазик.

[уреди] Приредни сврзници Составни (копулативни): и, па, та, да, исто и, не само - туку и Спротивни (адверсативни): а, ама, ами, туку, пак, а пак, но, меѓутоа,

само што, камо ли Разделни (дисјунктивни): или, или - или, а - а, било - било, ем - ем, ја - ја,

ни - ни (нити - нити, ниту - ниту), ту - ту Исклучни (ексклузивни): само, само што, освен што, единствено,

единствено што

[уреди] Подредни сврзници Целни (финални): да, за да Временски (темпорални): кога, кога што, кога да, а, дури, дури да,

додека, пред да, откога, откако, штом, штотуку, тукушто Начински или подредбени (модални): како што, како да, колку што,

колку да, отколку, одошто, камо, а камо, камо ли, а камо ли, божем

Page 93: Историја на литературата

Исказни (декларативни): дека, оти, да, како, што Причински (каузални): дека, за дека, оти, зашто, бидејќи, затоа што,

пошто Последнички (консекутивни): што, така што Условни (кондиционални): ако, ако ли, да, ли Допусни (концесивни): ако, иако, макар да, макар што, при сè што Односни (релативни): што, кој, којшто, чиј, чијшто, каков што, колкав

што

Честици

Главна статија: Честици во македонскиот јазик. За истакнување (усилувачка служба): сврзниците и, пак, меѓутоа се

јавуваат како честици (партикули); просто, дури, барем, само; За изделување: само, единствено, исклучиво, уште За присоединување: исто, исто така итн. Со количествено значење: речиси, скоро, токму, точно, одвај итн. Со определено значење: баш, имено, токму итн. Со показно значење: еве, ене, ете, на, ја, еве ти го итн. Со потврдно значење: да Со одречно значење: не, ни, нити, ниту Со прашално значење: ли, дали, али, зар Со начинско (модално) значење: нека, да

[уреди] Модални зборови

Главна статија: Модални зборови во македонскиот јазик. Реалност: сигурно, веројатно, се разбира, очигледно, навистина,

можеби, неоспорно итн. Емоционален однос: белки, божем Однос: значи, а пак; на пример, то ест, освен тоа, впрочем, најпосле Модални зборовни состави: за среќа, за големо чудо, без сомнение итн.

[уреди] Извици

Главна статија: Извици во македонскиот јазик.

оф, еј, олеле! итн.

Транскрипцијата (предавањето) на странските јазици со македонското писмо, по правило, се врши онака како што се изговараат зборовите (и имињата). Со изворното писмо тие се пишуваат само во научни изданија. При тоа нивните гласовни особености се прилагодуваат колку што е тоа можно кон гласовниот систем на македонскиот јазик, т.е. гласовите што ги има во македонскиот јазик се предаваат со македонски слични гласови.

Некои туѓи поими и имиња се влезени во македонскиот јазик посредно, преку други јазици, што оставило трага врз нивниот изговор, и за ова се води сметка при предавањето на туѓите имиња во македонскиот јазик.

Page 94: Историја на литературата

Заградите, „(“ и „)“, во македонскиот литературен јазик се употребуваат во следните случаи:

Зборови, изрази или цели реченици кои придонесуваат да се дообјасни нешто што е речено пред тоа:

o Тој го посетил градот Малме (Шведска).o Митре извади од црвените бечви (од купечко платно) голема

шамија со цвеќиња и го избриша челото.o Тој зел околу педесет илјади денари (а тоа не е мала сума).

Дидаскалии во драмите: o Петре (претходно искашлува): - Тоа не е така.o Васка (влегува од десната врата): - Добро вечер!

Реченици, изрази што укажуваат на односот на слушателите кон она што го зборува говорителот:

o Да живее слободата! (долг и силен аплауз).

Глаголското писмо или глаголица (ранохристијанска азбука) е најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862–863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици.

Името доаѓа од старословенскиот збор глаголъ, што значи збор (исто така и потекло на буквата „Г“).

Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.

Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.

Друга теорија (видете Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенската религија.

Ростислав, кнезот на Велика Моравија, сакал да го ослободи словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источните франкски свештеници и затоа, во 862 побарал од византискиот император да му прати дваjца мисионери, Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука:

Page 95: Историја на литературата

глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу 863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и 885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).

Во 886, источнофранкскиот бискуп на Нитра по име Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот Борис I да ги образуваат свештениците на словенски јазици. Пои прифаѓањето на христијанството бо Бугарија во 865, верските церемонии биле изведувани на грчки од свештеници пратени од Византија. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмои и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.

Одтаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во Хрватска и Далмација, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во 1248, папата Инокентиј IV им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во црквата.

Некои од студентите на охридската школа отишле во Бохемија каде таа азбука се користела во 10-тиот и 11-тиот век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.

При крајот на 9-тиот век, во Преслав (Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа е создадена Кирилицата од страна на Константин Брегалнички-Преславски. Мора да се потенцира дека кирилицата НЕ е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни-тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од грчкото писмо, со (најмалку 10) уникатни словенски букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на средниот век.

Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска.

Името „глаголица“ на чешки е hlaholice, на словачки hlaholika, на полски głagolica, на руски, македонски и бугарски глаголица, на хрватски glagoljica, на украински глаголиця, на белоруски глаголіца, на словенечки glagolica,на српски глагољица/glagoljica итн.

[уреди] Карактеристики

Зборот „Македонија“ на глаголица, заоблена форма.

Page 96: Историја на литературата

Азбуката има две варијанти: заоблена и аглеста. Кај заоблената варијанта доминираат кругови и криви линии, додека во аглестата прави агли и трапезоиди. Видете приказ на двете варијанти (нецелосен). Или за поподробно Кај аглестата варијанта се користат лигатури многу пообилно одколку кај кирилицата и латиницата.

Оваа табела ги дава буквите по ред, со слика (заоблена варијанта), име, приближна звучност¹, претпоставеното потекло (доколку се знае) и соодветната современа кирилична буква. Постојат неколку букви кои немаат современа варијанта, како на пример назалните самогласки јус.

Морфологијата во македонскиот јазик и во останатите јазици е дел од лингвистиката која се занимава со проучување на формите на зборовите, нивното градење и граматички значења. Самиот збор е од старогрчко потекло и во превод значи наука за формите. Главната цел на морфологијата е да ја проучува структурата на зборовите и правилата и принципите според кои самите зборови се обединуваат во групи. Многу сродна наука на морфологијата е морфосинтаксата на македонскиот јазик која се занимава со употребата на зборовите во реченица.[1]

Карактеристики

Зборот во секој јазик, така и во македонскиот е изграден од неколки различни елементи. Некои од нив имаат значење односно се лексички, а некои немаат значење и се граматички или функционални. Како пример за ова може да се разгледа зборот „млекар“ поделен на неколку начини:

м + л + е + к + а + р - низа на гласови или познати како фонеми мле + кар - низа на слогови млек + ар - низа на значенски делови наречени морфеми

Како што може да се забележи од примерот, при првата и втората поделба на зборот се добиваат елементи без значење, за разлика од третата поделба кога се добиваат елементи кои имаат семантичка или граматичка функција, иако истите не опстојуваат како одделни. Значењето на овие елементи се подразбира од самиот корен на зборот, односно „млек“ е всушност зборот млеко, додека -ар има граматичка функција и се користи за означување лице од машки пол кое врши некаква функција или професија. Следствено на ова се доаѓа до заклучок дека зборовните елементи кои се без значење ги проучува фонетиката и фонологијата, додека елементите кои имаат некакво значење или функција ги проучува морфологијата. Така, морфемите се дефинираат како значенски единици од кои се состои еден збор.[1]

[уреди] Поделба

Од квантитативна гледна точка, зборовите можат да бидат составени од една или повеќе морфеми. Така на пример зборот ѕвер е составен од само една морфема бидејќи не може да се подели на помали единици кои имаат значење или функција. За разлика од тој збор, зборот ѕверство е составен од две морфеми, односно ѕвер + ство. Зборот „ѕвер“ е основен и задолжителен дел кој

Page 97: Историја на литературата

се јавува кај сите истородни зборови и во морфологијата се нарекува корен или општ дел. Овој дел е носител на значењето на зборот. Корените се сведени на ниво на коренски морфеми, додека наставките кои се додаваат за да се добие нов збор од постоечки се сведени на афиксни морфеми. За разлика од коренските морфеми, афиксните не можат да опстојат сами.

Морфемите во македонскиот јазик се делат на две големи групи: зборообразувачки и формообразувачки. Првата категорија опфаќа морфеми или наставки кои се користат за изведување нови зборови со ново значење базирани на друг. Втората категорија опфаќа морфеми кои не образуваат нови зборови, туку ја модифицираат постоечката форма на зборот на кој се додаваат.[1] Со други зборови, со додавање зборообразувачки морфеми се менува зборовната група (пр. од именка во придавка), додека со формообразувачките не се менува зборовната група.

пр: ѕид → ѕидар → ѕидарство - зборообразувачки морфемиѕид → ѕидов → ѕидови - формообразувачки морфеми

Според местото на додавање на службените (граматички) морфеми, тие можат да бидат претставки и наставки. Претставките се морфеми кои се додаваат пред коренот и се нарекуваат и како префикси, додека наставките се зборови кои се додаваат после коренот и се нарекуваат како суфикси.[1]

Во морфологијата доста важни се и завршетоците. Со завршетоците се означуваат последните гласови од зборовите и тие се важни пред сè при определување на родот на именките или групите на глаголите.

Фразеологијата во македонскиот јазик е дел од лексикологијата што ги проучува зборовните состави како јазични едници.[1] Зборовните групи кои во јазикот се користат како една целина се нарекуваат фразеологизми, кои имаат посебни лингвистички карактеристики и вредности.

Карактеристики

Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот орев може да оди со повеќе придавки како на пример „голем орев“ или „мал орев“, со глаголи како на пример „јаде орев, купува ореви“ и слично. Ова доведува до општите принципи на фразеологијата каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав. [2]

Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата „Ова е тврд орев, не се крши со заби“ и зборот орев во реченицата „Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник“ нема исто значење. Во составите на

Page 98: Историја на литературата

овој вид ослабнува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи.[2]

[уреди] Фразеологизми

Зборовните споеви што се употребуваат во јазикот како целосни или како готови јазични елементи со единствени значење во македонскиот јазик и во фразеологијата се нарекуваат фразеолошки изрази или само како фразеологизми. Карактеристики на фразеологизмите во македонскиот јазик се[2]:

постојаност во образувањето - односно тие се неменливи и постојани, ново, изделно и единствено значење - односно фразеологизмите се

изедначени со останати готови единици во јазикот, посебна, стилистичка вредност на составот затоа што се работи за

метафорички начин на изразување.

Фразеологизмите настануваат како резултат на јазична креација со која на специфичен начин се изкажува некое животно искуство, сознание, став или е поврзано со некој настан, личност или слично. Фразеолошките изрази на секој јазик се одликуваат повеќе или помалку со свои специфичности затоа што се тие израз на духот на еден народ, неговата култура или историја. Од овие причини, фразеологизмите мошне тешко се преведуваат од еден на друг јазик. Наместо соодветен превод, во најмногу случаеви се бара соодветна замена за фразеологизмот кој треба да се преведе[2].

[уреди] Класификација на фразеологизмите

Поделбата на фразеологизмите може да се прави на различни начини како на пример според потеклото, значењето, функцијата, степенот на слеаност и слично.

[уреди] Според степен на слеаност

Според степенот на слеаност македонските фразеологизми се делат на три групи: фразеолошки срастувања, фразеолошки единства и фразеолошки спојки[1].

Фразеолошките срастувања се целосно недделиви зборовни групи со наполно ново значење кое нема никаква врска со значењето на одделните зборови во составот на фразата. Овие фразеологизми се нарекуваат и идиоми и одделни зборови кои се наоѓаат во рамките на истите ја изгубиле својата самостојност и добиваат значење само ако се дел од фразеолошки состав. Фразеолошките срастувања се најнеслободни зборовни врски во реченицата и најчесто се еднакви со други зборови по значење. Така на пример има фразеологизам „црно злато“ кое според значење е ист со зборот „нафта“. Сраснатоста е толку голема што не ја менуваат ниту граматичката форма.Фразеолошките единства се фразеологизми кои настануваат кога зборовите во еден состав своето основно значење го заменуваат со едно

Page 99: Историја на литературата

општо преносно значење. Пример за овој вид фразеологизам е „има мува на капата“ каде општото значење е „има грижа на совест“. Во овие единства врската меѓу преносното значење и значењето на посебните зборови не е прекината целосно, туку тоа е мотивирано од значењето на составните зборови.Фразеолошките спојки се фразеологизми во кои само еден од составните елементи има преносно значење, а другите се употребуваат со основното значење. Овие фразеологизми немаат ново значење во сколопот на целиот израз, туку тоа се содржи во еден од зборовите во спојката, како на пример во спојката „златни раце“.

За разлика од срастувањата и единствата, спојките можат да имаат и променливи делови, односно еден збор да е заменет со друг.

[уреди] Според граматичкиот состав

Според граматичкиот состав фразеологизмите се делат на[1]:

Фразеологизми кои имаат структура на реченица кои можат да бидат во вид на проста или сложена реченица или пак дел-реченица со сложената реченица, на пример „Село гори, баба се чешла“.Фразеологизми со структура на зборовна група/синтагма - кои можат да имаат составни елементи од неколку зборовни групи како придавка и именка, именка и именка, придавка и придавка, број и именка и прилог и прилог.

Во оваа статија се работи за фонолошкиот систем на стандардниот (т.е. литературен) македонски јазик кој се темели на прилепско-битолскиот дијалект. За другите дијалекти, видете Дијалекти на македонскиот јазик. Македонскиот јазик има пет самогласки, една полусамогласка, три течни согласки, три назални согласки, три пара фрикативи, два пара африкати, неспарен безвучен фрикатив, девет пара звучни и безвучни согласки и четири пара плозиви.

Старословенската азбука (црковномакедонско или црковнословенско писмо) или едноставно Климентовица (стсл. Климєнтовица) било писмо измислено за време на 10 век за пишување на старословенскиот јазик.

Климент Охридски ја составил азбуката и ја именувал по својот учител, Кирил, мисионер кој заедно со својот брат, Методиј ја измислиле глаголицата која била претходна азбука наменета за словенските јазици и служела како делумна основа за кирилицата. Во кирлицата исто така може да се видат влијанија од грчкото, латинското, па дури и од хебрејското писмо.

За време на следните векови, кирилицата се адаптирала на промените во говорниот јазик, развила регионални варијации за задоволување на локалните потреби и била предмет на академски реформи и политички декрети. Варијации на кирилицата се употребуваат како писма кај јазиците ширум источна Европа и Азија. Како официјално писмо, прво го прифатило Бугарското Царство.

Page 100: Историја на литературата

Кирилица е азбука што се употребува за пишување кај шест природни словенски јазици: (белоруски, бугарски, македонски, руски, српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски Сојуз, коишто се наоѓаат во Азија и Источна Европа. Секој од овие јазици има своја посебна верзија на азбуката, односно стекнала различни одлики во зависност од говорното подрачје.Почетоците за тоа Словените да имаат своја азбука потекнуваат од причината за богослужење на својот словенски јазик. Пред создавањето на кирилицата, богослужбата се вршела на туѓи, неразбирливи јазици како грчкиот или латинскиот. Составувачи на првата словенска азбука - Глаголица се Кирил и Методиј, кои имале и мисионерско - просветителска дејност во повеќе словенски земји. На наше, македонско тло била создадена кирилицата. Впрочем современата кирилица е составена од нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски, од Охрид, тогаш во Царство Бугариjа, кои ја преобразиле и поедноставиле тогашната глаголица и новата видоизменета азбука во чест на Свети Кирил го добила името кирилица. Таа е составена од 44 буквиМакедонската кирилична азбука е составена во 1945 година по налог на АСНОМ. Има 31 буква и е најслична со српската кирилична азбука со исклучок на буквите Ѕ, Ќ и Ѓ. Македонскиот јазик има едно единствено писмо а тоа е кирилицата. За разлика од некои други јазици коишто имаат своја верзија и на латиничното писмо македонскиот ја нема. Затоа единствена официјална азбука на македонскиот јазик е кирилицата.