12
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за драмски уметности Семинарски труд по предметна програма Историја на уметноста [курс: 4] Експресионизмот и Едвард Мунк предметен наставник: изработил: ред. проф. д-р Небојша Вилиќ Милош Б. Андоновски инд. бр. 626 Театарска режија 1

едвард мунк семинарска

  • Upload
    -

  • View
    336

  • Download
    9

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: едвард мунк семинарска

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Факултет за драмски уметности

Семинарски труд

по предметна програма

Историја на уметноста

[курс: 4]

Експресионизмот и Едвард Мунк

предметен наставник: изработил:

ред. проф. д-р Небојша Вилиќ Милош Б. Андоновски

инд. бр. 626

Театарска режија

Скопје

Мај 2012

1

Page 2: едвард мунк семинарска

ЗА ЕКСПРЕСИОНИЗМОТ

Поимот експресионизам/експресионист за прв пат се јавува во уметноста

на литературата во 1911 година покривајќи го сето она кое спаѓа во рамките на

авангардната уметност на крајот од векот. Норберт Вулф [Norbert Wolf], „Пол

Касирер (1871 - 1926), берлински арт дилер, му го придодава терминот на Едвард

Мунк и неговите слики обременети со емоции, со цел, да направи дистинкција

меѓу норвешките дела и делата на Импресионизмот.“ (Волф 2006: 6) Истиот поим

го употребува и историчарот на уметноста Вилхелм Воринџер [Wilhelm Worringer]

за да ја окарактеризира естетиката на Пол Сезан, Винсент ван Гог и Анри Матиз.

Експресионизмот е само еден од многуте –изми на Модерната.

Експресионистичката уметност те. сликарство ја претставува премисата под која

сликарите – експресионисти покажуваат зголемена свесност за постоењето на тн.

внатрешен свет и субјективно посматрање на нештата манифестирана преку

„енергични потези, дисторзија на формите и оргија на боите – канони кои, од

многу одамна, се воспоставени во Германија.“ (Волф 2006: 14)

Групата Мост [Die Brücke] е група на германски експресионисти формирана

во 1905 година во Дрезден. Нејзините принципи се врзуваат со оние на

фовистите, а еден од нив е интересот кон примитивистичката уметност. И двете

движења покажуваат интерест кон пренагласено искажување емоции со силни бои

со тематика базирана на градот и сексуални мотиви. Бојата е ослободена од

натуралистичко дескрибирање и, на тој начин, се оспособуваат со голема моќ на

експресија.

Историски, се јавува пред Втората светска војна после импресионизмот.

Разликата меѓу овие прваци е што импресионизмот се занимава и го прикажува

само впечатокот на уметникот од природата и од нештата околу него, а

експресионизмот не останува рамнодушен кон него: го преработува и го

2

Page 3: едвард мунк семинарска

прикажува односот кој оди рака под рака со впечатокот. И додека

импресионистите се одбегнуваат себеси и се вртат кон она што се случува околу

нив/надвор, експресионистите се свртуваат кон себе и кон својот внатрешен свет.

Експресионизмот се темели на психологизација на бојата која е превземена од

Винсент ван Гог и формата контурата од Пол Гоген.

3

Page 4: едвард мунк семинарска

КОЈ Е ЕДВАРД МУНК?

Роден е во 1863, на 12 декември. Втор син е на докторот Кристијан Мунк.

Имал три сестри (Софи, Лаура, Ингер) и брат (Андреас). Неговата тетка го

предводи домаќинството кога тој ќе наполни 5 години зашто мајка му умира од

туберкулоза.

Студира инжинерство една година, а се откажува за да му се посвети на

сликарството. Во Осло ја посетува Ословската академија за цртање. Неговото

име е синоним за еден од најпознатите норвешки симболисти и експресионисти.

Негово најпознато дело е Крик, дел од серијата/циклусот Фриз на животот, во кој

ги разработува темите на љубов, страв, смрт, меланхолија и анксиозност.

Во 1889 ја има својата прва

самостојна изложба во Осло. На

неговото творештво особено

влијание има Клод Моне. Мунк

сликал и пејзажи. Но, за неговото

пејзажно сликарство Улрих Бишов

[Ulrich Bischoff] вели дека „чистиот

пејзаж е од многу мало значење за

Мунк. Неговото најголемо

достигнување лежи во тн.

хуманизација/очовековување на пејзажот: Крик е најпознатиот пример за тоа.

Фигурата и пејзажот стануваат едно, се нагласуваат едното со другото. Таквата

интеракција е приоритетот на Мунк.“ (Улрих 2000: 84) Две слики, Снег што вее на

улицата (слика 1) од 1906 и Убиецот на улица (слика 2) од 1919, убедливо

зборуваат за способноста на Мунк да ги обедини пејзажот и човечките фигури во

целина – специфика на неговата сликарска естетика.

4

Page 5: едвард мунк семинарска

Мунк бил љубител на фотографијата и често експериментирал во работата

со камера. Можеби заради тоа верувал дека мора да постои разлика меѓу

сликарството и фотографијата зашто „камерата не може да се натпреварува со

сликарот – таа не може да се користи во Рајот или Пеколот.“ (Улрих 2000: 85) А

Рајот и Пеколот му се блиски на овој сликар. Целиот негов живот е едно патување

од едното до другото. Деталите од неговите слики: планините, дрвјата, брановите,

никогаш не се натуралистички насликани – тие се симболи кои го претставуваат

јазикот на душата на сликарот.

Едвард Мунк имал навика да слика и свои автопортрети на кои е

претставен изморено, немилосрдно, запрашано... Пред крајот на животот се слика

себеси токму така: на границата меѓу Животот и Смртта.

5

Page 6: едвард мунк семинарска

Крик е тн. икона на

модерната уметност која се

смета за универзална претстава

на паника и хистерија која го

зафаќа модерниот човек.

Насликана е со дречливи бои и

упростени форми. Централно се

наоѓа бесполова фигура.

Целата слика гопретставува

најголемо достигнување на

Мунк во неговата претензија во

тн. проучување на душата,

поточно, на неговата сопствена

душа. Веќе споменавме дека му

прпаѓа на циклусот слики

наречени Фриз на животот,

серија од дваесет слики во кои

сакал да ги претстави човековите страсти, патења и радости во кои еротизмот и

смрттас се јавуваат како основни мотиви. Серијалот е познат и под името Поема

за животот, љубовта и смртта.

Во уште едно свое познато дело

Смрт во собата за болни (слика 4) како

мотив ја зема смртта на неговата сестра

Софија и овој мотив ќе го обработува и

во други композиции каде ја прикажува

таа трагедија на секој од присутните.

Секој од нив е прикажан како својата

болка и тага ја чува само за себе,

6

Page 7: едвард мунк семинарска

исклучен од тругите и тргнат на страна. Расределеноста на фигурите е театарска

и наликува како поставеност на сцена.

Со оглед на тоа што жената е честа фигура и чест лик во неговите слики

една од најсуптилните претстави на жената е токму во сликата Пубертет (слика

5). Умеејќи да оди и од крајност во крајност Мадона (слика 6), пак, ја претствува

крајно сексуално и еротски. Зад девојчето, кое седи голо на креветот, криејќи ги

своите гениталии се извива огромна црна сенка која го симболизира новото кое

доаѓа и на кое му се придодаени атрибутите на страшното: женственоста,

телесните промени кои доаѓаат со тоа, одговорностите и опасностите или, пак, од

друга страна го преттсавува губењето на детското и заминувањето на чистото.

Другото значење на сенката е дека тоа е фалусоиден симбол кој се заканува на

чистотата на девојчето. Помислата на фалусот кај младата девојка во пубертет

предизвикува инхибирање и страв.

Додека ја работи Пубертет тој веќе има направено подолга серија на

слики кои ја обработуваат истата тематика и во берлин веќе го има изградено

својот имиџ на познат експресионистички сликар. Во другата слика еротизмот на

Мадона е, навидум, затскриен и недостапен. Мунк дури ја претставува (како што

сметаат некои негови домашни, норвешки проучувачи) прилично реалистично и за

време на сексуалниот акт. Сепак, канонската претстава на Дева Марија е

задржана: ореолот околу главата, нејзината смиреност и сталоженост. Името на

сликата не и го дал Мунк, името ѝ е доделено од други и затоа се среќаваат

различни варијанти: Вљубена жена, Лицето на Марија... Дани Јуел Пржибижевска

е името на моделот кој позирал за изработката на овој акт, негова пријателка, со

совршена убавина и привлечност.

7

Page 8: едвард мунк семинарска

Последна од Фризот на животот е сликата Игра на животот (слика

7). Во преден план се забележуваат маж во црно и жена во црвен

фустан кои делуваат како потонати еден во друг и двајцата во млада

фаза од животот. Очите на машката фигура се затворени, но и двајцата

оставаат впечаток на исклученост од средината и тотална отсутност.

Окупирани се само со себе. Во левиот дел се наоѓа жена во бел фустан

која гледа во парот кој танцува, со мала и блага незабележителна

насмевка на лицето, со раката посегнувајќи кон еден цвет. Од десната

страна, пак, како целосна спротивност е поставена жена во црн фустан

која, исто така, гледа во младиот пар кој танцува со раце кои не

посегнуваат кон ништо: жените се метафори за животот и смртта.

Оваа симболика се објаснува преку боите и фигурите те. преку

трите фази низ кои жената поминува те. циклусот на животот на

жената во адолесценцијата, фазата кога таа цути (жената во бел

фустан)/ Втората жена, онаа во црвениот фустан ја претстваува

зрелата фаза на сексуалност, репродуктивното доба на жената,

8

Page 9: едвард мунк семинарска

нејзиното воздигнување на животот, величењето. Третата жена, онаа

во црно, е знак за повлеченост, знак за старото доба на жената.

ЗАКЛУЧОК

Едвард Мунк е експресионистички сликар кој ќе остане запаметен по

неговите дела обременети со емоции и симболи, форма, боја. Го слика човекот

како фигура која е окупирана и втурната во разни душевни состојби. Неговата

најмоќна уметност е, всушност, крик самата за себе и слика на периодот низ кој

минува Германија.

Последните 27 години од својот живот тој се изолира во осло каде се

посветува на неговата продуктивност како уметник. Откако умира, во 1944. година

на 80 годишна возраст, властите откриваат во неговиот дом огромна колекција од

1008 слики, 4443 скици и вкупно 15 931 принтови, дрворези, литографии, гравури.

9

Page 10: едвард мунк семинарска

Две негови слики се украдени во 2004 година, но по неколку дена се вратени

назад.

БИБЛИОГРАФИЈА

Bishoff, Ulrich, Edvard Munch: 1863-1944, TASCHEN, Kӧln, 2000; Wolf, Norbert, Expressionism, TASCHEN, Kӧln, 2004; http://en.wikipedia.org/wiki/Edvard_Munch http://en.wikipedia.org/wiki/Die_Br%C3%BCcke http://litmed.med.nyu.edu/Annotation?action=view&annid=10303 http://en.wikipedia.org/wiki/Puberty_(Edvard_Munch) http://en.wikipedia.org/wiki/Madonna_(Edvard_Munch)

СПИСОК НА ИЛУСТРАЦИИ Мунк, Едвард, Снег што вее на улицата, 1906, Осло, масло на платно Мунк, Едвард, Убиецот на улицата, 1919, Осло, масло на платно Мунк, Едвард, Крик, 1893, Осло, масло, пастел и темпера на картон Мунк, Едвард Смрт во собата за болни, 1893, масло на платно Мунк, Едвард Пубертет, 1894-95, масло на платно Мунк, Едвард Мадона, 1894, Осло, масло на платно Мунк, Едвард, Игра на животот, 1899, Осло, масло на платно

10