207
Поуки: Авва Јустин Ќелиски (14.06.2011) 1. Секој миг од мојот живот е Божји. Зошто тогаш да се плашам од кого било и од што било, осве од Бог? 2. Свети Јован Златоуст: „Послушај Го Бог во заповедите, за Он тебе да те услиша во молитвите“. 3. Зошто ми е дадено телото? Да биде храм Божји. А душата? Да биде свештенослужител, молитвеничк во тој храм. А очите? Светила. Човекот кој брка ветер, што може да фати? Својот пад. Срцето д гори пред Бог, како пожар: во огнот на својата ревност и богокопнежливост да се очисти растопувајќи се. 4. Богомајката? = Повизвишена од Херувимите и пославна од Серафимите, затоа што: Таа сецелиот Бо Го смести и Го роди; а тоа: да Го смести сецелиот Бог не може ниедно од создадените битија бидејќи и Серафимите и Херувимите се икони Божји, Бог на извесен начин е и во нив, а во Неа целиот Господ со сецелото Свое Божество. 5. Да не е Пресвета Богородица, сите луѓе одамна ќе станеа ѓаволи. Бидејќи Таа – Бог = Спаситело Го роди. 6. На сите гонители на Господ Христос: Кога паѓаме – победуваме. Сигурна победа? Смртта з Христа. Смрт – за воскреснатиот Христос. – Свети Јустин Философ и маченик: „Вие можете да н убиете, но не можете да ни наштетите“. 7. Единствената проверка на совеста – Духот Свет. Сама по себе човечката совест е недоволна секогаш погрешлива. Непогрешлива и совршена совест – кога ќе се освети, просветли, одухови охристови, обожи. Совршена и довршена совест: само со Духот Свет. Всушност: неопходно отроичување на совеста: а тоа = божествено безгрешна слобода на совеста. 9. Секој човек – христијанин заради боголикоста на душата. Секој човек се раѓа како потенцијале христијанин, и како вистински христоносец: затоа што во боголиката душа своја тој е веќ христолик. 10. Како што месечината не може да свети без сонцето, така и човекот не може да го сака човеко без Бог. Од Бог, Кој е љубов, извира и се извишува вистинска, и света, љубов кон ближниот

Од Преданието на светите Отци

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Од Преданието на светите Отци

 

 

  

Поуки: Авва Јустин Ќелиски (14.06.2011)

1. Секој миг од мојот живот е Божји. Зошто тогаш да се плашам од кого било и од што било, освен од Бог?

2. Свети Јован Златоуст: „Послушај Го Бог во заповедите, за Он тебе да те услиша во молитвите“.

3. Зошто ми е дадено телото? Да биде храм Божји. А душата? Да биде свештенослужител, молитвеничка во

тој храм. А очите? Светила. Човекот кој брка ветер, што може да фати? Својот пад. Срцето да гори пред Бог,

како пожар: во огнот на својата ревност и богокопнежливост да се очисти, растопувајќи се.

4. Богомајката? = Повизвишена од Херувимите и пославна од Серафимите, затоа што: Таа сецелиот Бог Го

смести и Го роди; а тоа: да Го смести сецелиот Бог не може ниедно од создадените битија: бидејќи и

Серафимите и Херувимите се икони Божји, Бог на извесен начин е и во нив, а во Неа: целиот Господ со

сецелото Свое Божество.

5. Да не е Пресвета Богородица, сите луѓе одамна ќе станеа ѓаволи. Бидејќи Таа – Бог = Спасителот Го

роди.

6. На сите гонители на Господ Христос: Кога паѓаме – победуваме. Сигурна победа? Смртта за Христа. Смрт

– за воскреснатиот Христос. – Свети Јустин Философ и маченик: „Вие можете да нѐ убиете, но не можете да

ни наштетите“.

7. Единствената проверка на совеста – Духот Свет. Сама по себе човечката совест е недоволна и секогаш

погрешлива. Непогрешлива и совршена совест – кога ќе се освети, просветли, одухови, охристови, обожи.

Совршена и довршена совест: само со Духот Свет. Всушност: неопходно – отроичување на совеста: а тоа =

божествено безгрешна слобода на совеста.

9. Секој човек – христијанин заради боголикоста на душата. Секој човек се раѓа како потенцијален

христијанин, и како вистински христоносец: затоа што во боголиката душа своја тој е веќе христолик.

10. Како што месечината не може да свети без сонцето, така и човекот не може да го сака човекот без Бог.

Од Бог, Кој е љубов, извира и се извишува вистинска, и света, љубов кон ближниот. Луѓето, сите луѓе, пак,

ни се ближни – во Бог: бидејќи нѐ создаде според Својот лик, – така, во суштината на битието, сите сме

еднакви, и еден на друг сме си блиски и ближни.

11. Со боговоплотувањето Бог му станува близок на човекот, толку близок, поблизок отколку што тоа е

човекот сам на себеси. Тоа го направи на онтолошкиот темел на човекот: боголикоста. Што ѝ е на

боголикоста поблиску од Бог. Он – нејзиниот оригинал, нејзиното битие – при слободната волја: која го

прави човекот самостојно битие од Бог – преку личноста. Да, личноста е на прво место: слободата кон

Творецот, од Творецот, кон Творецот.  

12. Секој христијанин, во Телото Христово – Црквата, е продолжеток на Христовото воплотување, на целиот

домострој на Богочовечкото спасение, доживување на сецелиот Богочовек: непрестајно доброволно-

Page 2: Од Преданието на светите Отци

 

благодатно обогочовечување на себеси, охристовување на себеси. И тоа секогаш: со „сите Светии“, на чело

на кои е Пречистата Богомајка. Оттаму: секој христијанин е црква во мало, а преку тоа и Црква во големо.

Затоа христијанинот има „сведоштво во себеси“: во доживувањето на себеси како „сотелесник“ Христов: а

со тоа: во доживувањето на себеси како вечен, како богочовечен, како отроичен, како „бог по благодат“. И

така: сецелото свето предание е на христијанинот. Сѐ што е од памтивек во Црквата – негово е, суштински

и благодатно: како во ќелиичка на вечноживиот Богочовечки Организам – Црквата.

 

Од Преданието на светите Отци  

    Старец Силуан (01.06.2011)

Од младоста сакав да мислам: Господ се вознесе на небото и чека да дојдеме кај Него. Но, да бидеме со

Господа треба да сме подобни на Него, или да бидеме како деца – смирени и кротки, и да Му служиме

Нему. Тогаш, според Словото Господово: “Каде што Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга”, и ние ќе бидеме

со Него во Царството Небесно. Но сега, мојата душа е многу темна и тажна. И не можам да го вознесам

умот чист кон Бога, и немам солзи да ги оплакувам моите лоши дела. Се исуши душата моја и се измори од

помрачениот живот...

О, кој да ми ја запее песната, што ја сакам од младоста, за тоа, дека Господ се вознесе на небото и дека Он

многу нè љуби, и дека желно нè чека да дојдеме кај Него. Таа песна би ја слушал со солзи, оти мојата душа

тагува на земјата.

Што ми се случи? Како ја загубив радоста, и дали ќе ја најдам повторно?

Плачете со мене сите ѕверови и птици! Плачете со мене шуми и пустини! Плачете со мене сите Божји

созданија, и чујте ме во мојата мака и во мојата тага!

Еве за што размислува мојата душа: Кога јас толку малку Го љубам Бога, а мојата душа толку многу тагува

по Господа, тогаш колку ли голема беше тагата на Мајката Божја, кога Таа остана на земјата по

Вознесението Господово?

Таа не ни остави ништо напишано за маката на Својата душа. И многу малку  знаеме за Нејзиниот живот на

земјата. Но, треба да знаеме дека ние не можеме да ја разбереме полнотата на Нејзината љубов спрема

Својот Син и Бог.

Срцето на Мајката Божја, сите Нејзини мисли, сета Нејзина душа, беа зафатени со Господа. Но, Нејзе ѝ

беше дадено и нешто друго: Таа го љубеше народот и огнено се молеше за луѓето, за новите христијани,

што ги утврди Господ, за сиот свет, за сите да бидат спасени. Во таа молитва беше Нејзината радост и

утеха на земјата.

Page 3: Од Преданието на светите Отци

 

Ние не можеме да ја достигнеме полнотата на љубовта на Мајката Божја, но знаеме дека:

Колку е поголема љубовта, толку се поголеми страдањата на душата.

Колку е поголема полнотата на љубовта, толку е поголема полнотата на познанието.

Колку е поогнена љубовта, толку е поогнена молитвата.

Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот.

Никој од нас не може да ја достигне полнотата на љубовта на Божјата Мајка. Нам ни е потребно Адамовото

покајание, но делумно, како што нè учи Светиот Дух во Црквата. И ние ќе ја разбереме таа љубов.

   

Cтарец Порфириј е големо светило за Православието (31.05.2011)

Старецот Порфириј е големо светило за Православието. Него и старецот Пајсиј, старецот Ефрем од

Катунаќа и старец Софрониј, некогашниот игумен на светиот манастир на Чесниот Предвесник во Есекс

– Света Гора, која е најсигурниот критериум, ги брои за четворица најголеми старци на Православието

во нашиве денови.

 

Што ја чини вредноста на овие луѓе? Тие се луѓе што сведочат дека христијанството е вистина и може

да се живее. Ние, верните, имаме потреба од ова сведоштво. Зашто, обично се гледаме себеси и луѓето

околу нас како се мачиме и се соочуваме со големи тешкотии да го живееме христијанството. Во мигови

на неизвесност и голема борба, човек се прашува: можно ли е да се спроведуваат Христовите зборови

во пракса или не е?

 

Овие луѓе ни покажуваат дека без сомнение Евангелието може вистински да се живее.

И ако тие го постигнаа тоа, тогаш сите можеме да го постигнеме, зашто во Црквата сите сме повикани

на успех.

Што бара човекот од Црквата? Лично, работев во Црквата со години, и на Кипар и во странство. Луѓето

веќе не бараат толку човекољубие или други форми на помош како што им пружаше Црквата во текот

на средниот век или под турското ропство.

 

Денес човекот бара духовност. Како да се моли, како да комуницира со Бога... Постои ли Бог? Како е

можно да постои Бог, кога се чини дека никој не го живее Словото Божјо, или нема никого што Го

познава Бога лично и непосредно?

 

Затоа, сведоштвото на овие големи Отци, како старецот Порфириј и другите големи што ги спомнав, е

незаменливо. Нема збор што би можел да се мери со сведоштвото со живот.

 

Page 4: Од Преданието на светите Отци

 

 

Архимандрит Павле од Светиот манастир на Чесниот Предвесник во Есекс, Британија

 

 

 

За Старец Порфириј (30.05.2011)

Клитос Ј.: Даровите коишто Светиот Дух му ги даде на старецот Порфириј, а преку него и на целиот

современ грчки свет, но и на вселенското православие, се безгранични. Вие, отец Јоаникиј, како монах

на Света Гора исто така бевте меѓу оние што примија благослов Божји да го познаваат блажениот

старец.

 

о. Јоаникиј: Старецот Порфириј беше еден современ старец на грчкото православие. Благодатен

човек. Ги прими даровите на Светиот Дух уште многу рано.

Според она што самиот ми го кажа, двата темели коишто многу му помогнале во животот и му ја

донеле оваа духовна благодат биле, како прво – да ги искористам неговите зборови – „радосното

послушание што го имав кон моите старци“...

 

Клитос Ј.: Прекрасно именување на послушанието – радосно послушание...!

 

о. Јоаникиј: Да. Така самиот ми велеше и ми објаснуваше: „На пример, ми велеа: ‘Никита’, (тоа беше

неговото монашко име во Кавсокаливи на Света Гора) ‘тркни долу до мелницата да ја земеш вреќата

со брашно’. И пред и да ја заврши старецот заповедта, јас веќе трчав кон мелницата да ја натоварам

вреќата и со радосно послушание да се вратам.“

Имено, ова радосно послушание беше првиот темел. А вториот беше непрестајната умствена

молитва: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“. Умствената молитва ја

практикуваше постојано и непрекинато.

Кога поради болест, по благослов на старците, излезе од Света Гора и продолжи да оди по

неговиот за сите познат животен пат, за на крајот да се смири во Милеси, во Малака, каде што и го

изгради споменатиот манастир, еднаш од многуте пати кога го посетив таму ми рече: „Ме чуди и ме

изненадува зошто сиот овој народ доаѓа кај мене? Јас не чувствувам дека кажувам нешто особено. Тоа

што ме просветлува Бог во тој миг, тоа им го зборувам.“ Само овие зборови се доволни за да заклучиме

колку големо смирение имаше блажениот старец. Немаше чувство дека претставува нешто важно.

Затоа и пишува во своето последно писмо: „Светот, пак, ме знае по добро и сите велат дека сум свет.

 

Page 5: Од Преданието на светите Отци

 

Но јас чувствувам дека сум најгрешниот човек на светот.“

Смирението, како што знаете, е вистинскиот критериум за навистина светиот човек.

 

Клитос Ј.: Што би сакале да ни пренесете, отец Јоаникиј, од своето искуство за дарот на проѕорливост

што го имаше старецот Порфириј?

 

о. Јоаникиј: Ќе Ви кажам едно од оние што ги памтам. Го немав видено со години. Бев отишол во

Македонија, каде што Бог ме удостои и мене, сиромавиот и бедниот, да положиме темели за светиот

манастир на свети Григориј Палама, којшто потоа беше изграден.

 

Клитос Ј.: Во Куфалија, Солунско, каде што сте и духовник на тамошното братство на свети Григориј

Палама...?

 

о. Јоаникиј: Таму. Имено, отидов да земам благослов од него, та и мојот збркан ум да

најде малку мир, утеха и надеж, зашто старецот Порфириј секогаш ѝ ги даваше на душата на

посетителот. Бидејќи, како прво, тој го имаше најголемиот дар на љубовта, што се пројавуваше како

утеха кон сите луѓе. Старецот Порфириј беше, би можеле да кажеме, утешител.

 

Клитос Ј.: Го кажавте вистинскиот збор, ... утешител!

 

о. Јоаникиј: Откако зедов благослов и позборувавме накратко, наеднаш ме погледна и ми рече,

насмевнувајќи се: „А не ми кажуваш? Таму, од надвор, кај манастирот што го градите, што имаш

ставено таму напред, пред да влеземе во манастирот?“

„Што имам ставено, старче?“, го прашав.

„Гледам, гледам“, ми одговори. „Што гледате, старче?“ – „Гледам голем крст“.

Навистина, на тоа место поставивме еден голем дрвен крст. Бев восхитен пред благодатта што

ја имаше. Му ја зедов раката, му ја бакнав со почит, но и со радост, зашто стоев пред еден благодатен

старец, но и затоа што и во сегашново време Црквата наша сѐ уште раѓа луѓе со толкава благодат, со

такви дарови на Светиот Дух.

Имаше дар да гледа надалеку, места оддалечени со километри, коишто никогаш ниту ги

посетил ниту читал за нив. По целата географска должина, ширина и длабочина, ... му се откриваше

дури и постоењето или непостоењето на водени текови. Но го носеше и дарот на Светиот Дух со

чудесна леснотија да проникнува и да ги открива неизмерливите длабочини на душата и нејзините

тајни. За нас тоа беше нешто натприродно, но за него беше природно, како да гледа со своите телесни

очи. Старецот Порфириј беше око на духот.

 

Page 6: Од Преданието на светите Отци

 

Клитос Ј.: На кои благодатни поуки на старецот Порфириј најмногу се сеќавате?

 

о. Јоаникиј: Тоа што го кажуваше беше – да Го возљубиме Христа колку што можеме повеќе. „Кој Го

љуби Христа“, велеше, „го избегнува гревот“. Особено ја потенцираше љубовта кон Бога.

И со право. Зашто, како што знаете, некој може да живее внимателно и добродетелно за да ја

одбегне казната. Тоа е првата категорија меѓу луѓето. Во втората категорија се оние што се обидуваат

да не грешат за да примат награда од Бога, да го стекнат рајот. Третата и највисока категорија е таа

на којашто поучуваше старецот: да живее човек добродетелно затоа што Го љуби Бога и не сака да Го

нажали Него, Кој “прв нѐ возљуби“. Оваа љубов создава една рајска состојба во душата, таа е самиот

почеток на рајот.

Старецот честопати потенцираше дека нему особено му помогнаа учењето, ревноста и

тихувањето – сходно на она „испитајте и видете дека Јас сум Господ Бог“ – во најголема мера

втемелено врз химнографските текстови на нашата Црква. Многу ги сакаше црковните химни. Сакаше

да ги чита, да ги рецитира, да ги пее.

Химните, овие духовни ризници на нашето православие, на најдобар начин ни го толкуваат

Светото Писмо, нашето Православно Предание, светоотечките текстови, догмите на Црквата и

воопшто целата теологија.

Верувам дека старецот Порфириј во себе поседуваше и изразуваше една мистична теологија,

втемелена претежно на свети Максим Исповедник и на свети Исаак Сирин.

 

Клитос Ј.: Ако можете, отец Јоаникиј, кажете ни и нешто за ставовите на блажениот старец поврзани

со извесен конкретен проблем меѓу многубројните што ги мачат денес луѓето...

 

о. Јоаникиј: Ќе Ви раскажам една ситуација што покажува колкава величина имаше неговата душа.

Пред многу години спроти Богојавление според обичајот тргна да ги осветува домовите.

Влегувајќи од куќа во куќа, влезе и во една куќа којашто без и самиот да го знае тоа беше јавна куќа.

Во моментот кога почна да пее „Спаси ги, Господи, луѓето Твои“ и да осветува, му вели

сопственичката: „Не, не. Овие не треба да го бакнат крстот.“ А старецот Порфириј ѝ одговори: „Не

знам дали овие или Вие не треба да го бакнете крстот“.

Жените го бакнаа крстот, а старецот им кажа и неколку збора. Им зборуваше за љубовта кон

Бога, што беше негова омилена тема.

Гледајќи го просветлениот лик на старецот Порфириј, жените доживејаа една внатрешна

промена; особено кога им рече: „Да Го возљубите Христа, Кој ве љуби, и ќе видите колку ќе бидете

среќни. Кога би знаеле колку ве љуби Христос! Обидете се и вие да Го возљубите.“

Старецот Порфириј знаеше дека ако оние жени Го познаат Христа и Го возљубат – зашто

знаењето води до љубовта – ќе ја напуштат онаа нивна бедна професија.

Page 7: Од Преданието на светите Отци

 

 

 Свети Григориј Ниски: Поуки (29.05.2011)

† Ги набљудуваш промените на ветровите, а не го свртуваш погледот кон воскресението; ги знаеш

годишните времиња, а ја оставаш без внимание промената на животот; сакаш од својот слуга отчет за

неговите дела, а ја пренебрегнуваш власта на Бога; правдата не ја запазуваш, на добродетел не се

учиш, кон молитвата си немарен! Тоа не е својствено на словесно суштество, туку на твар што ја

изопачила словесноста во безумие.

 

† Подобието на Бога не е наше дело и преку човечка сила не се достигнува. Тоа е голем Божји дар, кој

се придава на нашата природа веднаш по првото раѓање. На човековиот труд му претстои само да ја

очисти нараснатата од грев нечистотија и да ја извади на светлина убавината скриена во душата.

Мислам дека на тоа нѐ учи и Господ во Евангелието, каде што вели: „...Царството Божјо е внатре во

вас“ (Лука 17, 21).

 

† „Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите што немаат надеж“ (1.

Сол. 4, 13), зашто, единствено на неверните им е својствено да ја ограничуваат надежта за живот само

со сегашниот живот. Тие ја сметаат смртта достојна за оплакување, бидејќи за нив не постои надежта

во тоа во што ние веруваме.

 

† Дојдете да се возрадуваме во Господа, Кој ја уништи силата на непријателот и го воздигна заради нас

големото победоносно знамение – Kрстот!

 

† Откако дознавте за плодовите од смирението и штетата од гордоста, подражавајте Го Владиката и

љубете се помеѓу себе. Дејствувајќи во добро едни со други, не плашете се ниту од смртта, ниту од

каква било казна. По оној пат по кој Бог чекореше меѓу нас, одете и вие кон Бога, кон горниот призив,

љубејќи Го Бога и љубејќи се меѓусебно.

 

† Од сѐ најпотребно ни е да бидеме упорни во молитвата, бидејќи таа е своевиден предводник на

целиот хор од добродетели. Преку неа од Бога ќе ги измолиме и останатите.

 

† Што е тоа што Господ го нарекува Царство Божјо, кое е во нас? Зар така не ја нарекува радоста која

ја раѓа во душите Светиот Дух? Бидејќи таа е подобие и залог на вечната радост, каква што светите ќе

вкусат во векот кој го чекаме.

 

Свети Григориј Ниски

Page 8: Од Преданието на светите Отци

 

 За молитвата (25.05.2011)

Блаженопочинатиот Старец сметаше дека некои работи се неопходни, како предуслов, за

напредување на монасите.

Првата е послушание, а другата доследно исполнување на духовните обврски, т.е.

востановеното ќелијно правило, осамена молитва и редовно учество во заедничките богослужби.

Бидејќи многумина, разбирајќи погрешно, мислат дека духовните подвизи се однесуваат само

на монасите, блажениот Старец секогаш нагласуваше дека тие се однесуваат на сите христијани што

живеат во подвиг, според силите на секого од нив.

Старецот кон клириците беше строг, во таа мера што одбиваше да ги исповеда оние

свештеници кои не ги исполнуваа секојдневно востановените служби, дури и кога немаше луѓе во

храмот. Тој велеше дека свештеникот, како пастир, со молитвата бдее над својата паства. На оние што

не можеа да доаѓаат во храмот им препорачуваше во своите домови секојдневно да го читаат

поредокот на дневното богослужение, но освен тоа да служат Литургија и во другите денови, а не

само во недела, доколку е тоа возможно.

Можам да кажам дека во светот има уште свештеномонаси, негови духовни деца, кои,

подражавајќи го својот учител, служат секој ден во текот на целата година.

На оние, пак, што се посветија на делото на умната молитва им препорачуваше дел од

богослужбите, или цела богослужба, да ги заменат со правилото на бројаница, непрестајно

повторувајќи го најслаткото име на Господ Исус Христос. Не е мал бројот на неговите духовни деца

што заблескаа во делото на умната молитва, и на Света Гора и надвор од неа.

За некој од небрежните да не помисли дека овие нешта денес не постојат, особено во светот,

подвлекувам дека познавам конкретни личности кои според учењето на Старецот успеваа секојдневно

да се молат, „од рани зори“, по 3 - 4 часа, не вклучувајќи ги вечерните и други молитви. Исто така,

познавам браќа кои по благословот на Старецот стекнаа навика непрестајно да ја повторуваат

молитвата, било со умот, било шепотејќи.

Постојат и такви семејства кои макар два пати дневно исполнуваат дома заедничко

богослужение, и задолжително повечерие и акатист.

Познавам многу луѓе што успеаја да ги навикнат и своите деца на молитвата, така што и

телевизорот го исфрлија од дома, како пречка во духовното напредување. Во врска со она што доаѓа

од телевизорот еден брат ми го кажуваше следното:

„Не само што преку телевизорот со емитување на несоодветни содржини се расипуваат нашите

деца, туку уште повеќе се растура заедницата на семејството. Со толку копнеж се враќам од работа

дома за конечно малку да му се порадувам на семејството. И што гледам! Едниот на еден канал го

гледа Мики Маус, другиот фудбал, а понекогаш се емитуваат и грозотии од секој вид. Ги загадуваат и

децата и возрасните. Помислив дека единственото решение е да го исклучам телевизорот. Но, сега се

Page 9: Од Преданието на светите Отци

 

плашам за децата. Ако се побунат, може да нè снајде и нешто полошо. Ако излезат од дома и ако јас

изгубам контрола над нив, ќе биде Бог да чува. Ако се заплеткаат со дрога, расипништво итн., сосема

ќе пропаднат. Бог нека помогне со Својата рака.“

Болката на овој брат е општа болка. Блажениот Старец затоа и ги советуваше родителите

децата од мали да ги навикнуваат на молитва, исповед, одење во црква, често причестување, пост, но

и на практични добродетели: послушание, почит, работа, учење, колку што можат. На тој начин децата

сами стануваат богонаучени, се смируваат, послушни се на родителите, примаат совети и лесно е да

ги убедиш дека телевизорот е штетен.

Старецот на таков начин во многу семејства успеа да го заживее тој дух до таа мера што децата

копнежливо очекуваа таткото да се врати од работа за сите да ручаат со молитва, пред и по јадењето,

а потоа да го прочитаат повечерието и акатистот кон Пресвета Богородица. Потоа, откако ќе се

поиграат и порадуваат со таткото, учат, а потоа легнуваат да спијат, за наутро да станат на време и

да се помолат па да одат на училиште. Еве, таквите семејства се благословени и среќни.

Сепак, сѐ додека го носиме ова тело и живееме во светот, како луѓе, млади и стари, потпаѓаме

под разни промени, и добри и лоши.

Еднаш се пожали некој од духовните деца на Старецот, дека едно од трите деца што ги има,

Јанакис, почна да се оддалечува, иако до петнаесетата година многу напредуваше во духовниот живот

и никогаш не отсуствуваше од црква, а сега во сабота навечер останува касно со друштво и во недела

спие до пладне. Старецот го охрабри, велејќи му:

„Кога евангелското семе ќе падне на земја, не се искоренува толку лесно. Твоето дете сега

минува низ искушение. Во неговите години се одвива сурова борба на материјата со духот. За сега

тегот се навалува кон материјата. Ова значи дека Бог бара нешто повеќе од родителите. Со вашата

молитва вие ќе додадете тег на десната страна за вашето дете повторно да се воздигне. Така е тоа. Се

дополнуваме еден со друг во она во што заостануваме. Ја кажуваш ли секоја вечер молитвата на која

те научив?“

„Да, старче. Сега уште повеќе. Но, сега, во искушението со детето, што да кажувам?“

„Кои молитви читаш?“

„Секоја вечер читаме сопругата, јас и останатите деца, понекогаш доаѓа и Јанакис, повечерие со

акатист. Сега со сопругата решивме да додадеме и молебен кон Богородица. Наутро стануваме 2 - 3

часа пред да појдеме на работа и ја кажуваме молитвата на бројаница, како што ме научи.“

„Бог нека те благослови. Јанакис ќе те направи богоносец. Можеш ли и повеќе да се молиш, или

ти е тешко?“

„Не, старче, тоа ми е утеха. Откако ја кажувам молитвата 2 - 3 часа, во себе и со устата гласно,

на крајот не можам веќе. Почнувам да плачам. Паѓам на земја и го кажувам она за кое Христос ме

просветлува. Често ми доаѓа цело време да кажувам: Јанакис мој, Христе мој, Јанакис мој, мојата

светлина, Те молам, Христе мој, мојот Јанакис. Откако доволно ќе се исплачам, спокоен заминувам на

Page 10: Од Преданието на светите Отци

 

работа, со внатрешна надеж дека Бог нема да го остави моето дете да се изгуби.“

„Ех, зарем не ти кажав дека Јанакис ќе те доведе во ред? Знаеш ли колку такви случаеви имам,

кога родителите по повод некое искушение научија сами да се молат, а со своето трпение ги придобија

и другите? Ќе ти раскажам една случка за да се восхитиш. Еднаш, додека бев во Новиот скит, една

жена ми напиша писмо: Оче Харалампиј, те молам, помоли се за мојот маж. Во последно време касно се

враќа дома, и не само тоа, туку и спрема мене неубаво се однесува. Ќе се разведе од мене, а имаме

две деца. Почнав да се молам за сите нив на Литургија и на бројаница. А на жената ѝ напишав:

Договорено, но моли се и ти. Ние овде бдееме 8 - 9 часа секоја вечер. Потруди се и ти, колку што

можеш. Ѝ напишав и како да ја кажува молитвата и да го чита акатистот кон Богородица секој ден.

И таа брзо ми одговори: Правам сѐ што ми напиша. Од првиот ден почуствував во себе големо

олеснување. Сега не се грижам. Сѐ Му препуштив на Бог. После неколку дена стигна и друго писмо.

Пред да одговорам и трето, па четврто, итн. На крајот ми напиша: Ах, оче Харалампиј, колку е животот

сладок покрај нашиот Господ Христос! Да знаев да станам монахиња! Но, и сега, да ги немам и мажот

и децата! Ми доаѓа една помисла: и кога мажот би решил да ме остави, колку тоа би било добро. Ќе

живеев, макар и дома, како монахиња. Јас ѝ одговорив: Значи, ти разбра колку е убав монашкиот

живот, но засега не размислувај за таа работа. Се омажи? Сега, ќе го носиш крстот на бракот.

Продолжи да се молиш, па нека биде што е волјата Божја, Он знае да ги нареди работите.

Не се сеќавам зошто ја прекинавме оваа преписка, но сѐ додека ми пишуваше напредуваа и таа

и нејзините деца. На крајот, кога нејзиниот маж доаѓаше порано од ноќниот живот, таа се жалостеше

и си велеше во себеси: Зошто ноќеска дојде порано и ми го расипа дружењето со мојот Господ?

Гледаш како Господ Христос ги менува работите, кога сакаме? Христос бара повод во некоја

болест, случај, во некое искушение за сите да нѐ приведе кон Себеси. Да видеше само кога нè заробија

Бугарите, каква чиста молитва, какви солзи, каква посветеност! (Старецот со нему својствен хумор

рече: Додека не нѐ отпуштија, замалку сите ќе станевме богоносци!)“.

Некој од браќата, го слушна разговорот во врска со спомнатата жена, па го запраша Старецот:

„Старче, што се случи со мажот на таа жена?“

„Додека се допишувавме, уште не се беше покајал. Меѓутоа, верувам дека нешто се случило.

Таа жена имаше голема молитва. Не може да биде поинаку, нејзината молитва кога тогаш ќе го

допре“.  

 

 

Поуки (25.05.2011)

Поради големата слобода човечката душа се расејува и разлева по светот; меѓутоа, кога животните

случки ќе ја стеснат, тогаш под тој промислен притисок таа упатува нагоре чиста и усилна молитва за

поткрепа. Затоа Псалмопејачот вели: Кон Господа повикав во маката своја, и Он ме услиши (Псал. 119,

Page 11: Од Преданието на светите Отци

 

1).

 

Постот е туѓ за злопамтењето. Оние кои ги држат во своето сеќавање огорчувањата и злото што им

било направено, макар и да постат, и да се молат, слични се на луѓе кои црпат вода и ја налеваат во

дупната бочва. Бог не ги прима молитвите на човекот кој го помни злото на брата си.

 

Чеда, потрудете се да бидете чистосрдечни во животот и искрени кон луѓето; не држете едно на срце,

а друго на јазик – таквото поведение е лукаво и подло. Бидете правдољубиви, никого не прогонувајте,

на никого не се одмаздувајте – тоа е угодно на Бога.

 

Господи на чистотата, очисти ја нашата слобода, таа сама по себе е матен извор. Се восхитувам на

слободата на човековата волја! Таа е силна, но и соборлива; таа е господарка, но и робинка; има

можност да победува, но сака и да отстапува; и иако е слободна, таа се оддава на ропство.

 

Да разгледаме и размислиме што е подобро: светот да го спечалиме или Бога да Го придобиеме? Да

станеме наследство на Бога за да Го наследиме! Човекот, како и Творецот, се возвисени и стојат над

сè. Ако не ја придобиеме својата душа и Бога, тогаш, и целиот свет да го спечалиме, сме се изгубиле

себеси.

 

 

О, неизмерна е длабочината на Божјата добрина и долготрпение! Покрај сите зла кои се вршат, Бог

трпи и не се одмаздува. Тоа се случува не оти не може да Го открие Својот гнев и да нè казни за секое

зло веднаш, туку затоа што, како Татко, носи болка во срцето за Своите чеда, Го чека нивното

вразумување и ја простира сè пошироко Својата милост, за преку неа да се посрамиме како блудниот

син во туѓата земја и спокојно да се вратиме во домот на својот Отец.

 

Некои се фалат бидејќи разговараат со големци, кнезови и кралеви, а ти фали се со тоа што во текот

на читањето беседиш со Светиот Дух, бидејќи низ Светото Писмо зборува Светиот Дух.

 

Ако забележиш дека брат ти греши, кога ќе се сретнеш со него немој да го презираш и во своите

мисли да го сметаш за грешен, зашто не знаеш, можеби откако си се оддалечил од него, тој после

својот пад направил нешто добро и со воздишки и солзи Го смилостивил Господ.

 

Слушај го оној кој вели: Кој мисли дека стои, нека внимава да не падне (1. Кор. 10, 12), и: Зошто, не

оној кој сам се фали е достоен, туку оној когошто Господ го фали (2. Кор. 10, 18) бидејќи, многумина си

мислеле дека го достигнале врвот и раководеле, но станале последни, додека очајни луѓе примале

Page 12: Од Преданието на светите Отци

 

благодат, зашто Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат (Јак. 4, 6).

 

Опасно е човекот да се потпира на самиот себе, бидејќи ќе се спасат оние кои се надеваат на Бога.

 

Без смирение залуден е секој подвиг, секое воздржание, секое послушание, секое одрекување и

секаква ученост.

 

На сите укажувај им чест заради Господ. Не барајќи ја за себе, ќе ја најдеш благодатта кај Него.

 

Бог од нас бара само одлучност, а Самиот ни дава сила и победа: Тој е заштитник на сите кои се

надеваат на Него (Псал. 17, 30).

 

Размислувај и сè прави со цел да Му угодиш на Бога, бидејќи ако во тебе нема таква мисла, секое твое

дело ја губи вредноста.

 

Неопходно е со напор да се предадеме на секој добар потфат, труд и подвиг за да му поставиме

препрека на својот непријател. Ако така правиме, Господ, гледајќи го нашиот духовен подвиг, според

Своето човекољубие, со силата на Духот непрестајно во нас ќе врши големо исцелување од тајните

страсти, одмаздувајќи им се на нашите непријатели.

 

Оние кои во потполност Му се предале на Бога, треба да ги исполнуваат сите заповеди во согласност

со своите сили, бидејќи е очигледно дека пред сите е поставена една цел на побожност, односно

според верата и ревноста за сите добродетели да се удостоиме да се исполниме со Светиот Дух и да

стекнеме совршено ослободување од страстите, што значи, очистување на срцето, кое кај душите на

верните и побожните го остварува Духот Кој осветува. Затоа секој нека се посвети на доброто

сообразно со мерата на неговата љубов кон Бога. И на крај, оној кој сака непрестаjно да се моли, нека

пребива во молитва.

 

Ако напредокот на ближниот го сметаме за сопствена добивка или недостатокот на другите го

признаеме како своја загуба, како што е речено: Не грижете се секој само за себе, туку и за другите

(Фил. 2, 4), на тој начин, страдајќи еден за друг ќе бидеме во состојба да го исполниме законот

Христов, како што објаснил свети Павле: Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го

така законот Христов (Гал. 6, 2).

 

Некој од светите рекол: „Размислувај за доброто, за да не мислиш за злото и умот да не биде празен“.

Затоа да го посветиме својот ум на поучување во Божјите зборови, молитва и добри дела, бидејќи

Page 13: Од Преданието на светите Отци

 

занимавањето со суетни дела раѓа лоши дела, а занимавањето со добри дела раѓа добар плод.

 

 За Старец Порфириј (24.05.2011)

Клитос Ј.: Имавте голем благослов Божји да живеете мошне близу до старецот Порфириј, о. Даниил, и

тоа долги години. Ве молиме најпрво да ни ја опишете неговата личност, а потоа кажувајте ни за

излевањата на благодатта Божја преку него.

о. Даниил Г.: Старецот Порфириј беше дар Божји за Црквата. Бог ни испрати голема светлина во

мракот во којшто живееме преку старецот Порфириј. Му благодариме на Бога што му го даде овој

толку голем дар на нашево време, и што го одржа во живот цели осумдесет и шест години.

Човек се чувствуваше пријатно покрај старецот Порфириј. Врз никого тој не вршеше притисок. Сакаше

оној што доаѓа кај него да го прави тоа што си го прави, сосема слободно. Секогаш им велеше на

свештениците дека кога како духовни отци ги насочуваме на нивниот пат оние што се исповедаат кај

нас, треба секогаш да ја почитуваме нивната слобода. Постојано нагласуваше дека христијанството е

слобода. Многупати се навраќаше на онаа позната случка кога Христос рече нешто што многумина ги

соблазни, па почнаа да си заминуваат, сѐ додека не заминаа сите, а останаа само учениците Негови.

Тогаш Господ им рече дека се слободни доколку сакаат и тие да си заминат. Светото Евангелие според

Јован забележува до збор: „Од тоа време мнозина од Неговите ученици се повлекоа и не одеа веќе со

Него. Тогаш им рече Исус на Дванаесетте: Да не сакате и вие да си отидете?“ (Јован 6, 66-67).

Исто така старецот имаше висока, развиена црковна свест. Ги почитуваше црковните лица и

хиерархијата во Црквата. Велеше: „Ако ги расипам моите односи со епископот, ако епископот ми се

налути, мојата молитва нема да се искачува на небото“.

Многу ја сакаше химнографијата. Многу внимаваше на каноните на големите Господови

и Богородични празници и го испитуваше значењето на секој збор од канонот.

Често сакаше да зборува за љубовта. Имаше обичај да напомнува дека омразата ја валка душата. Уште

велеше, кога некој наш брат има проблем, да се собереме сите заедно и заеднички да се помолиме за

тоа.

За љубовта кон Христа зборуваше постојано. „Кога Го љубиме Христа“, велеше, „нашата душа е

слободна од стравот“. Често ги подвлекуваш е зборовите на свети Јован Богослов: „Љубовта го

изгонува стравот“.

Старецот Порфириј не прифаќаше да се занимава со негативни нешта; сакаше сѐ да биде светло и

позитивно. Велеше: „Се наоѓаш во една темна соба и мафташ со рацете обидувајќи се така да го

истераш мракот. Нема да го истераш така. Отвори го прозорецот да влезе светлина и тогаш мракот ќе

си отиде сам од себе. Светлината е таа што го изгонува мракот. Да се вдлабочиме во Светото Писмо,

во житијата на светителите, Отците; таму е светлината што го изгонува мракот.“ Многу често ја

користеше оваа слика.

Page 14: Од Преданието на светите Отци

 

 

 

За молитвата која го загрева човекот и го соединува со Бога во љубовта (13.05.2011)

Пред сѐ, треба да се знае дека христијанинот (посебно духовното лице по својата должност)

треба на секој начин и секогаш да се труди околу тоа да се соедини со Господ Создателот, Оној, Кој

љуби, Добротворот и најголемото Свое добро Кој го создаде и заради Кој е создадено, бидејќи

душата, која Бог ја создаде мора да има центар, односно крајна цел, ништо друго освен Самиот Бог,

од Кој и животот и својата природа ја добила и заради Кој треба вечно да живее. Зашто сѐ што е

видливо на земјата, што е пријатно и посакувано: богатството, славата, жената, децата, со еден збор,

сѐ убаво, слатко и пријатно од овој свет, не ѝ е својствено на душата, туку само на телото, и бидејќи е

минливо, тоа брзо ќе помине, како сенка, а душата, која по природа е вечна, може вечно да најде мир

само во вечниот Бог како свое најголемо добро, поубаво од сите убавини, послатко од сите омилени

работи, најслатко и најпријатно, и својствено за местото од каде што потекнува и каде повторно

треба да се врати: бидејќи, како што телото, кое потекнува од земја, во земја се враќа, така и душата,

која потекнува од Бога, во Бога се враќа и во Него пребива. Затоа Бог и ја создал, за вечно да живее

во Него. Затоа во овој минлив живот треба трудољубиво да бараме соединување со Бога за да се

удостоиме да бидеме со Него и во Него, вечно и во идниот живот.

Никој со Него не може да се соедини на друг начин освен со најголема срдечна љубов, бидејќи

евангелската грешница од Него добила голема милост која ги простува гревовите и цврсто

соединување со Него - „Го возљуби многу“ (Лука 7, 47). Тој ги љуби оние, кои Него Го љубат, се

прилепува до оние, кои до Него се прилепуваат, се дава Себеси на оние, кои Го бараат и ќе им даде

многу сладост на оние, кои сакаат да се насладуваат од Неговата љубов.

За човекот да може во своето срце да поттикне таква Божествена љубов за да се соедини со

Него во нераскинлив сојуз на љубовта, неопходно е често да се моли, насочувајќи го својот ум кон

Бога. Зашто, како што дрвата кои се фрлаат во огин создаваат пламен, така и молитвата која често се

повторува и со вдлабочување на умот во Бога постигнува Божествена љубов во срцето, која кога ќе се

разгори ќе го загрее целиот внатрешен човек, ќе го просветли и научи, ќе му покаже сѐ непознато и

тајно во својата премудрост и ќе направи да биде како огнен серафим, кој секогаш стои со својот дух

пред Бога, кој гледа во Него со умот и од тоа црпи духовна сладост.

 

Схи-игумен Харитон Валаамски

 Беседа за постот и молитвата (21.03.2011)

     1. Вистината и цврстата вера, усогласени и едномислени со нашите богоносни Отци,

претставуваат крајна цел на Божествените догми, на истрајната работа на нив и созерцанието.

 

Page 15: Од Преданието на светите Отци

 

Меѓутоа, за дејствувачката добродетел тоа не претставува крај, дури може да се рече дека тоа е

нејзиниот почеток, која ако не се спои со крајот кој ѝ соодветствува, ќе биде причина за уште

поголема осуда за оној, кој ја привлекол кон себе, бидејќи е речено: А оној слуга, кој ја знае волјата на

својот господар и не се подготвил и не постапил според неговата волја, ќе биде многу биен (Лука 12,

47). Така, за добродетелта која дејствува не е доволно знењето за неа и за вистината, туку стореното

добро е тоа, кое го претставува нејзиниот крај.

     2. Според тоа, кога ќе видиме луѓе кои се непоколебливи во доброто кое го познаваме, кои го

претвораат во дело и по патот на делата стануваат добри, не допуштајќи никаква отстапка од

правилното верување кое го носат во душата, со правилни постапки, целомудреност, воздржување и

слични работи, за таквите нема многу да зборуваме. Кому не му е познато дека секоја од овие

добродетели, а посебно животот во воздржание, кои, како што сите знаеме од личното искуство, им

носат голема корист на душата и телото. Меѓутоа, ова многу го знаат, и тоа многу добро, но

острастеноста и гневот ја надвладуваат нивната добра волја, како што вели апостолот: но во

органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на

гревовниот закон, кој е во моите органи (Рим. 7, 23). Затоа браќа, ние вас постојано ве советуваме за

да ве исправиме и без скршнувања и со правилно размислување да се зафатите со вршење на добри

дела и така со нивно познание да додадете и добар крај. Здрав разум, вели Давид, имаат сите кои

според мудроста постапуваат (Псал. 110, 10), и: правдата Негова е од синовите на синовите, кои го

чуваат Неговиот завет и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполнуваат (Псал. 102, 18). Павле,

повторно, вели: пред Бога не се праведни оние, што го слушаат законот, туку ќе бидат оправдани

само оние, што го  исполнуваат законот (Рим 2, 13). Господ, пак, на двајцата им вели: Кога го знаете

ова, блажени сте, ако го извршувате (Јован 13, 17).

     3. Браќа, да дојдеме со посредство на прекрасни дела до даровите на постот и добрите дарови на

воздржанието; со добрите дела да ја потврдиме својата добра волја кон нив (постот и воздржанието).

На дело да покажеме какви плодови донесуваат тие, бидејќи дрвото по плодот се познава. Меѓутоа,

земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот. Разбери што зборувам (2. Тим. 2, 6-7), вели

апостолот. Така секоја добродетел ги чисти и украсува или душата, или телото, поточно кажано –

само некој дел од душата или телото. Да речеме, молитвата и знаењето го украсуваат и чистат умот,

кроткоста го зауздува гневот, целомудреноста (чистотата) ја гаси лакомоста. Постот и

воздржувањето го смируваат бунтот на телото, лудоста на гневот и ја смируваат страсната желба,

создавајќи во умот чисто и ведро небо без ниту едено облаче и ја чистат душата од испарувањата кои

се јавуваат како резултат на прејадувањето и затемнувањето кое оттаму доаѓа. Благодарејќи на

постот и воздржанието, надворешниот човек копнее, а во согласност со тоа колку тој копнее,

внатрешниот човек се обновува, ако што вели аостолот. Некој кажал дека преполниот желудник не

раѓа истенчен ум; според тоа, сразмерно на тоа колку човекот станува истенчен со помош на постот и

воздржанието, толку истенчен (просветлен) станува и неговиот ум.

Page 16: Од Преданието на светите Отци

 

     4. На тој начин, сѐ што е прекрасно и добро, успешно се доведува до крај и завршува. Постот и

воздржанието се двојни ѕидини, и оној, кој живее внатре во нив се насладува со големо спокојство,

како да се наоѓа во Ерусалим, бидејќи Ерусалим во превод значи мир. И еве, во освојувачки поход под

овие ѕидини стигнува „архи – готвачот“ на вавилонскиот кнез! Таму, каде што ќе забележи дека

ѕидините внатрешно не се беспрекорно заштитени, навалува и ги руши со илузиите на готварските

вештини, како со борбени машини за пробивање.

     5. Оние, пак, кои се наоѓаат во овие ѕидини, не само што ги презираат разновидните јадења, туку,

за да заштедат, сами си месат леб. Поточно кажано, тие, благодарејќи единствено на воздржанието,

ги спушиле мадијамските шатори. Токму тоа го изобразува расказот за Гедеон: Сонив дека еден

тркалезен јачменов леб се тркала по медијамскиот логор (Суд. 7, 13). Лебот од јачмен ја претставува

скромноста и воздржувањето на оние, кои војувале заедно со Гедеон дури и во поглед на

неопходното јадење. И, откако се отркала до шаторот, удри во него така, што тој падна, го собори, и

шаторот се растури, се вели во продолжението. Медијамскиот шатор, соборен од јачменовиот леб

(според нас) ја претставува големата желба на грлото и стомакот чии гневни побарувања ги отсекува

постот и скромната трпеза. Оној сакан човек, Данило, не само што со тесто го убил змејот, господ на

оние, кои бог им е стомакот, туку, не вкусувајќи го посакуваниот леб и не пиејќи вино во текот на

многу недели, имал нови веденија и бил удостоен со архангелско надгледување.

     6. Така постапил Данило. Напротив, незаситниот и неблагодарен народ велел: Кој ќе не нахрани со

месо (4. Мој. 11, 4)? Меѓутоа, толку се наситиле со месо што од нос им излегло, заболеле од лоша

болест. И се разгоре, вели, гневот Господов против народот, и Господ го порази народот со голем

пораз. „Гробовите на алчноста (лакомоста и сластољубието)“  за кои се зборува на тоа место (4. Мој.

11, 33-34) го означуваат споменикот на Божјиот гнев над тие луѓе. Гледајќи на овој споменик, да

бегаме од стомакоугодувањето и да го прегрнеме воздржувањето, да ги засакаме овие денови на

постот, бидејќи тие придонесуваат телото да ѝ биде послушно на душата и го просветлуваат умот,

поради што тој брзо се вознесува кон Бога. Јован, Претечата на благодатта, во текот на целиот живот

се хранел со скакулци и див мед. Петар употребувал само солени маслинки, грав и овошје. Што, пак,

можеме да речеме за Павле, кој вели: Во труд и мака... во многу постење (2. Кор. 11, 27)?

     7. Периодот на четириесетдневниот пост не го опфаќа целиот твој живот. Освен тоа, од ден во ден

заоѓањето на сонцето го ограничува твојот пост. О, зар не им е лесно на сите, зар сите не се способни

за ова воздржување од храна?! Оброците нека бидат во согласност со постот, за ни оној, кој умерено

се воздржува од храна и умерено јаде да не биде многу позади оној, кој гладува. Ти, можеби, се

грижиш за телото и го избегнуваш постот мислејќи дека тој те исцрпува? Напротив! Токму

прејадувањето предизвикува болки во коските, главоболка и други болести додека постот е мајка на

здравјето. Покрај тоа, против своето тело не греши само блудниот, туку и ненаситниот, бидејќи го

прави телото слабо и болно.

     8. Бидејќи невоздржанието се пројавува низ сите сетила, тогаш на сите нив ќе им наложиме

Page 17: Од Преданието на светите Отци

 

воздржание. Ако постиш во поглед на храната, а очите те наведуваат на прељуба во скриените одаи

на душата, на радозналост и на клевета, ако ушите те наведуваат да слушаш навреди, лоши песни и

злобни дошепнувања, ако и со останатите сетила се изложуваш на работи кои ти штетат на нивен

својствен начин, тогаш каква е користа од постот? Се разбира, никаква! Ти, на пример, бегаш од едно

зло, но со посредство на сетилата отвораш влез за оние другите. Ние сме составени од душа и тело;

ние, значи, немаме само тело, туку и душа која се состои од повеќе делови (бидејќи таа има

хранителен, желбен, волев и разумен дел). Заради тоа, вистински е само оној пост кој се однесува на

сите, кој сѐ чисти и сѐ исцелува. Исцелувањето на душата со постот е слатко и човекољубиво, поради

што нашите Отци заради нас и го воспоставиле во овие денови.

     9. Значи, ако неразумно се однесуваме кон постот, нѐ очекуваат пеколни маки, отсекување и

горење, бидејќи Христос неисцелените ќе ги отсече и предаде во неугасливиот оган на вечна казна. И

како што некогаш не сме постеле во Рајот, па сме биле протерани во овој многустрадален живот, така

и сега, ако не постиме и ако, согласно своите сили, не живееме во воздржание, ќе бидеме фрлени во

неугаслив и неподнослив пекол.

     10. Вратете се деца-отстапници, вели Господ (Јерем. 3, 14)! Ништо потполно не содејствува со

Божјата милост кон преобразените како постот, на што не учи овој пример на преобразените

Ниниевци. Ништо, пак, така не ги умртвува како стомагоугодувањето, а тоа го покажува Оној, Кој

зборува за преобразување на блудниот син: овој мој сим мртов беше и оживе изгубен беше и се најде

(Лука 15, 24). Блудниот син одбра свински живот, се насладуваше со свинска кал, изедначувајќи се со

свињите и заличувајќи на нив, соблекувајќи го од себе Божјото подобие. Големиот Јов вели дека тој се

уподобил на само на животните, туку и на потполно нечувствителната мочуришна билка, на дивите

треви, папирус и трска, меѓу кои живее левијскиот сештојад. Давид оваа влага ја прогонил така што

живеел во воздржание, поради што и вели: Силата моја се исуши како цреп... а коските мои се

исушија како суварки... колената ми се изнемоштија од пост, а телото мое поради недостиг од масло

(Псал. 21, 15; 101, 3; 108, 24). Променувајќи се самиот себеси, ја измени и „Божјата десница“ (Божјата

одлука за него) и целиот Му се предаде Нему, во сѐ гледајќи Го пред себе и имајќи Го пред себе дури

и во помислите на срцето.

     11. Љубени, ова и ние ќе го правиме, и не само што ќе го оддалечиме од себе размазениот и

разнежнетиот начин на живот, туку нашиот пост, молитвата и псалмопеењето ќе ги извршуваме како

да е тука присутен и како да нѐ надгледува Самиот Бог. Така ќе знаеме дека ниту постот, ниту

псалмопеењето, ни молитвата не можат да нѐ спасат сами од себе, туку дека нѐ спасуваат кога ги

извршуваме пред Божјите очи. И како што сонцето ги грее оние, кои ги осветлува, така и Божјите очи

нас нѐ осветуваат кога нѐ гледаат.

     12. Сѐ ова, пак, го извршуваме пред Божјите очи тогаш, кога умот внимателно Го набљудува Него и

кога, гледајќи на Него, постиме, пееме псалми и се молиме. Меѓутоа, ако во текот на молитвата и

псалмопеењето умот понекогаш ни се вознесува кон Бога, а понекогаш е расејан, тоа значи дека сѐ

Page 18: Од Преданието на светите Отци

 

уште потполно не сме се предале на Бога и дека целта на она, што го правиме не е само и

единствено Божјиот закон. Значи, во онаа мера во која отстапуваме од од праведните дела, во таа

мера не можеме да опстанеме пред Божјите очи, како што е речено: беззакониците нема да излезат

пред Твоите очи (Псал. 5, 5). Ние, кои лежиме во рани, Го повикуваме Господ, Кој може да стави лек и

завои на нашите рани.

     13. Ве молам да не си дозволиме да се предадеме, и со постот, молитвите, солзите и на секој друг

начин, да Го повикуваме сѐ додека не ни се приближи и додека не нѐ исцели. Да покажеме и со дела

дека сме толку богати, така што за Младоженец Го имаме Христос, Кој со надеж Го очекуваме, иако

сега е далеку од нас и се крие на Небесата. Но, ќе дојдат дни кога младоженецот ќе се оттргне од

нив, па тогаш и тие ќе постат (Мат. 9, 15). Оттука е очигледно дека оние, кои Христос ги повикува

мораат цел живот да го поминат во воздржание и во пост, очекувајќи Го во добра надеж, Неговото

страшно Второ доаѓање. Посебно, пак, треба да постиме во овие денови и да се подготвуваме,

бидејќи го очекуваме и овогодишниот ден на Христовото Воскресение, за како чисти, чисто да ги

прославиме Неговите страдања и со нивно посредство да се здобиеме со бесмртен и блажен живот,

кој Самиот Бог ни го подготвил.

     14. Сите ние да се удостоиме со овој блажен и бесмртен живот, со благодатта и човекољубието на

Господ наш Исус Христос, Кому Му доликува секоја слава, чест и поклонение, со беспочетниот Негов

Отец и пресветиот и благ и живототворен Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.

 

Свети Григориј Палама

 

 Свети Марко Подвижник: Поуки (18.03.2011)

Доказ за нелицемерна љубов е простувањето за навредите. Така Господ го засака светот. Без умно повикување не постои совршена молитва. Господ го слуша умот кој нерасеано се моли. Кога се сеќаваш на Бога, зголеми го бројот на своите молитви за Бог да се сети на тебе, кога ќе Го заборавиш.  Повикувај Го Бога да ги отвори очите на твоето срце и да ја видиш ползата од молитвите и читањето кое со искуство станува разбирливо. Постојат многу начини на молитва кои меѓусебно се разликуваат. Ниеден начин не е штетен, освен ако се работи за сатанско дело, а не за молитва. Не пробувај да решиш било каков проблем со помош на расправија, туку со средствата кои доаѓаат од духовниот закон, односно: трпение, молитва и непоколеблива надеж. Секоја несакана душевна мака нека ти биде учител за сеќавање на Бога, па никогаш нема да ти недостига поттик за покајание. 

Page 19: Од Преданието на светите Отци

 

Кој ги исполнува заповедите, нека очекува искушение, бидејќи љубовта кон Бога се проверува со спротивности. Оној, кој разумно се моли ги поднесува неволјите кои доаѓаат. Оној, пак, што има злопамтење, не може чисто да се моли. Како што е невозможно здружување на водата и огинот, така се спротивни самооправдувањето и смирението. Подобро е побожно да се молиш за својот ближен отколку да го осудуваш за секој грев. Оној, кој искрено се кае, го исмеваат неразумните. Меѓутоа, тоа е знак на неговата богоугодност. Оној, кој мудрува и зборува без дела, се збогатува со неправда и неговиот труд, според Писмото, влегува во туѓа куќа. Знаењето без добродетели е несигурно дури и да е вистинско, бидејќи, доказ за сѐ е делото. Светото Писмо нѐ советува да Го запознаеме Бог со разумот за правилно да Му служиме со делата. Смртен грев е оној за кој човекот не се кае. Дури и светител да се помоли за тој грев наместо него, нема да биде простен. Кога умот ќе ја заборави целта на побожноста, видливата добродетел станува бескорисна. Знаењето кај човекот е вистинско кога го потврдуваат кротоста, смирението и љубовта. Добро е да им помогнеме на оние што прашуваат, но многу е подобро да им помогнеме со молитва и добродетел. Бидејќи, оној, кој со помош на нив себеси се принесува на Бога, си помага и самиот и на својот ближен. Искушението надминувај го со трпение и молитва. Кој без нив се бори против искушението, само ќе го направи посилно. Ако сакаш Господ да ги покрие твоите гревови, немој да им откриваш на луѓето дека имаш добродетели. Бидејќи, како што ние постапуваме со нашите добродетели, така Господ постапува со нашите гревови. Во непосакуваните маки се крие Божјата милост која го води кон покајание оној, кој покажува трпение и го спасува од вечните маки. 

Сите христијани: свештенството, монаштвото и мирајните треба да се молат со името на Исус Христос (16.03.2011)

                        „Твојата молитва ќе ти ја покаже состојбата во која се наоѓаш.

                         Богословите кажуваат дека молитвата е огледало на монахот.“

                                                                                               Свети Јован Лествичник

 

 

Името Исусово како молитва треба секогаш да се изговара од страна на сите верни со умот и

Page 20: Од Преданието на светите Отци

 

со устата. Кога стоите, или одите, или одморате, секогаш изговарајте ја, присиливајќи се на тоа.

Човекот ќе најде голема радост и мир во неа. Такво е искуството на сите оние, кои ја практикуваат

молитвата. Бидејќи ова дело е над сите останати во нашиот живот, монасите кои се наоѓаат сред

врева, мораат да се занимаваат барем некое време со ова најголемо дело.

И воопшто, сите ние би требало да ја имаме како образец оваа молитва, која дејствува со

нејзината сила – било да се работи за свештеник, монах или мирјанин. А посебно монасите, кои се

зарекле на ова дело, имаат уште повеќе потреба од оваа молитва. Според тоа, секогаш да се

стремиме кон оваа дејствувачка молитва и да Му се молиме на Бога без да престанеме.

Нема проблем, и да се појават скитање на мислите и збунетост во умот, не треба да бидеме

невнимателни, бидејќи непријателот напаѓа и за миг нѐ совладува. Во истиот момент да се вратиме

на молитвата и да ѝ се вратиме со радост!

Ракоположените нека бидат трудољубиви во своето апостолско дело, нека го сметаат за

Божествено проповедање и нека го вршат со љубов и страв пред Бога. Оние, кои се во светот треба

да ја имаат Исусовата молитва како печат и знак за верата, како заштита и осветување. И со силата

која ја примаат од оваа молитва нека го победуваат секое искушение.

Сите ние, ракоположените како монаси или свештеници, се соединуваме со Христос во нашите

срца и штом ќе се разбудиме од спиење, веднаш се сеќаваме на Христос! И тоа е почеток на секоја

добра замисла и жртва во Христа, бидејќи секогаш мораме да мислиме за нашиот Христос, Кој нѐ

спаси и Кој нѐ љуби.

Преку ова ние сме христијани и така се нарекуваме. Ние сме се облекле во Него преку

Крштението и сме биле запечатени со Светото Миро и сме Го примиле Неговото Свето Тело и Крв. И

така сме станале делови од Него, од Неговиот Храм!

Заради ова нам ни е потребно постојано да Го љубиме и да се сеќаваме на Него.

Секој од нас нека најде време според своите можности и нека се посвети на молитвата како

што треба.

 

Свети Симеон Солунски

 Авва Агатон: Поуки (15.03.2011)

Простете ми, милам дека нема поголем труд од молитвата кон Бога. Кога и да посака човекот да се

моли и непријателите сакаат да го прекинат во тоа, бидејќи знаат дека ништо не може да ги сопре

освен молитвата кон Бога. И каков било живот да води човекот, живеејќи цврсто (истрајно), стекнува

спокојство, а молитвата бара борба до последниот здив.

 

Молитвата без расеаност е најголема христијанска добродетел. Демоните на ништо не се гневат така

како на молитвата. Затоа тие прават сѐ за да го оддалечат човекот од молитвата и да му внесат

Page 21: Од Преданието на светите Отци

 

расеани мисли во неговата душа за време на молитвата.

 

Без исполнување на Божјите заповеди, ниту малку не може да напредуваме во духовниот живот.

 

Без воздржување, човекот не може да нaпредува во ниту една дободетел.

 

Монахот не смее да ѝ дозволи на својата совест да го обвинува за било какво дело.

 

Никогаш не сум заспал имајќи нешто против некој, ниту сум оставил некого да заспие имајќи нешто

против мене, ако сум имал можност за тоа.

 

Горделивиот и гневен човек, дури и мртви да воскреснува, Бог не го прифаќа.

 

Ако постои некој кого многу го љубам, а сфатам дека тој ме води кон грев, го отсекувам од себе.

 

Од лошиот другар кој те наведува на зло бегај како од оган.

 

Секој миг човековото внимание треба да е насочено кон Божјиот суд.

 

Кога би било можно да најдам некој, кој боледува од краста (инфекција на кожата) и да му го дадам

своето тело, а да го земам неговото, би бил среќен. Бидејќи, тоа би била совршена љубов.

 

Некој брат го прашал авва Агатон за блудот, а тој му одговорил: Оди, положи ја својата немоќ пред

Бога и ќе најдеш мир.

 

Кога ќе видел нешто, а неговата помисла сакала да осуди, си велел: Агатон, немој тоа да го правиш.

И така му се смирувала помислата.

 

Некој брат му рекол на Старецот: Добив заповед (послушание), а каде што е заповедта таму е и

борбата со искушението. Значи, сакам да ја извршам заповедта, а се плашам од искушенијата.

– А авва Агатон му рекол: Кога тоа би бил Агатон, тој би ја извршил заповедта и би го победил

искушението.

 

Го прашале авва Агатон: Што е поголемо: телесниот труд или воздржанието од она што е внатре во

човекот? – А Старецот одговорил: Човекот е сличен на дрвото. Односно, телесниот труд се лисјата, а

воздржанието од она што е внатре е плодот. Бидејќи, според она, што е напишано дека „секое дрво

Page 22: Од Преданието на светите Отци

 

кое не раѓа добар род се сече и се фрла во оган“, јасно е дека треба да се трудиме околу плодот,

односно за воздржување на умот. Но, потребна е и прекривката, украсот од лисја, а тоа е телесниот

труд.

 

Авва Агатон бил мудар во расудувањето, неуморен во телото, задоволен од сѐ, како од ракоделието

така и од храната и облеката.

 

 

Пред лицето на живиот Бог (11.03.2011)

По својата содржина Исусовата молитва е многу еднолична, постојано: помилуј и помилуј. Но,

ниту една молитва мене не ме поставила толку директно пред Божјото лице, како таа молитва...

Другите молитви сите имаат своја содржина: утрена молитва, вечерна, итн. Кај оваа молитва

соржината е една: помилуј ме! Таа го поттикнува човекот да стои пред лицето на живиот Бог со

чувство на покајание и тоа е сѐ. Но, тоа стоење пред Господ со чувство на покајание дава многу: тоа

ми го дава она, што ми е најпотребно, а тоа е свест за мојата вина пред Бога. Јас стојам пред Господ

со чувство на вина и тоа прави Бог да ми биде многу близок. Зар не? Никаква друга молитва не може

да ја замени Исусовата молитва. Таму ние молиме за други потреби: „лебот наш насушен дај ни го

денес“ и др. А во оваа молитва ние само стоиме пред Бога со свест за нашата недостојност, а тоа и е

она главното што се бара од нас.

Во тоа се содржи силата и значењето на Исусовата молитва. Но, другите, сите се насочени кон

задоволување на некои потреби, или потреби на нашите ближни. Само Исусовата молитва исклучиво

се однесува на спознавање на својата недостојност пред Бога и нѐ учи на правилен однос кон Него. А

тоа е најважното, бидејќи обично кај нас, тоа го нема. Ние постојано нешто измолуваме: здравје,

успех во работата и сл. Зар не е така? И, ете, Исусовата молитва нѐ учи на најважното и

најпотребното, таа нѐ учи правилно да стоиме во однос на Бога, да ја сфатиме Неговата светост и

нашата беда, и да се смируваме.

 

Јеросхимонах Сергеј

 

 За смислата на постот и неговото значење (10.03.2011)

Page 23: Од Преданието на светите Отци

 

Во Светото Писмо читаме за неопходонста од постите. Прво од примерот на Исус Христос кој постел

40 дена во пустината, иако е Бог и немал потреба од тоа. Второ, на прашањето на ученикот, зошто не

можеле да го истераат нечистиот дух од момчето, Тој одговорил: „Заради вашето неверие“, и потоа

додал: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост“ (Марко 9, 29).

      Надвор од ова, во Пимото постојат упатства дека мораме да постиме во среда и петок, како и во

деновите на постите. Во среда, бидејќи на тој ден Христос бил предаден, а во петок, бидејќи бил

распнат.

      Храна не е најпријатна. Таа не го расипува телото, туку го гои. Светиот апостол Павле вели: „но

ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден во ден се подновува“ (2 Кор. 4, 16). Тој

укажува на надворешниот човек како тело и внатрешниот како душа.  

      Светото Писмо кажува дека секое откажување и секое ограничување е драгоцено пред Бога: „...

Царството небесно насила се зема и силните го грабаат“ (Мат. 11, 12). Оние, кои дрско и самоволно

ги нарушуваат правилата на постот, се нарекуваат непријатели на Крстот. За нив стомакот е бог, а

нивната слава лежи во нивниот срам. Во псалмите се вели: „изгубени низ стомакот“.

      Разбирливо, друго е, ако личноста го наруши постот за време на болест или слабост на телото. Но

здравите стануваат поздрави, и повеќе од тоа, понекогаш живеат и подолго, иако можеби изгледаат

слаби. Со пост и самоограничување телото повеќе не се бунтува, не се предава многу на сон,

помалку празни мисли доаѓаат на ум, духовните книги се читаат со поголема желба и со поголемо

разбирање.

      И така, ако со Божја благодат, развиеш желба да се исчистиш од внатрешните гревови, нека ти

биде познато дека тие не можат да бидат искоренети, освен со искрена молитва и пост,  а дури

потоа со мудрост.

      Еве еден храбар пример кој овде се случил. Еден земјопоседник, живеејќи невнимателен живот,

одеднаш посакал да преземе сериозен пост: решил целата храна која ќе ја јаде во текот на Големиот

Пост да биде зрна од коноп, потопени во безалкохолен пијалок. Од оваа сериозна промена на

исхраната во постот, неговиот стомак бил толку оштетен, што не можел да биде излечен ни после

цела година.

      Еве ги и зборовите на светите Отци: не треба да бидеме убијци на телото, туку убијци на порокот.

 

Старец Амвросиј Оптински

 

Постот – непоходно средство (09.03.2011)

      „Ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го

оскверни; освен она, што излегува од него, тоа го осквернува човекот“

(Марко 7, 15).

      Зборови слични на овие, дека храната не нѐ поставува пред Бога, обично

кажуваат оние, кои не го сакаат постот, претпоставувајќи дека со тоа

Page 24: Од Преданието на светите Отци

 

доволно го оправдуваат своето отсуство на желба да постат, наспроти

уставот и поредокот на Црквата.

      Колку задоволува ова оправдување, јасно му е на секој во Цркавата. Во

постот воздржувањето од некои јадења е востановено, не затоа што тие се

нечисти, туку, со тоа воздржување полесно да го постигнеме истенчувањето

на телото, неопходно за внатрешното напредување.  

      Таквата смисла на постот е толку суштинска, така што оние, кои некое

јадење го сметаат за нечисто, се вбројуваат во еретиците. Оние, кои не се

склони кон постот би требало тоа да го знаат, а не дека е обврзувачки, иако

тој е навистина средство за спречување на гревовните желби и тежнеења

на телото. Но, од него не може да се откажеме.

      Ако внатрешното напредување е морално, тогаш морално е и средството

кое за него е непоходно, односно постот. Совеста му го зборува тоа секому.

За нејзино успокојување, тие тврдат: „Јас со друго средство го

надоместувам намалувањето на постот“, или „Постот е штетен за мене“,

или „Ќе постам кога ќе сакам, а не кога тоа е востановено.“

      Но, првото оправдување е неумешно, бидејќи до сега никој без постот не

успеал да го совлада своето тело и да ја сочува својата внатрешна состојба

како што треба. Последното, исто така, е неумешно, бидејќи Црквата е едно

Тело и желбата човекот во неа да се оддели од другите е спротивна на

нејзиното устројување. Да се оддалечиш себеси од општите одредби на

Црквата можно е само со излегување од неа, а нејзин член не може така да

зборува и тоа да го бара. Второто оправдување има само малку право. И

точно е, постот не е обврзувачки за оние на кои тој ќе им делува штетно,

бидејќи постот е востановен, не за да го убие телото, туку да ги умртви

страстите. Но, ако ги собереме таквите добри намери, ќе се покажат толку

малку и нема да може да се употребат.

      Останува само една причина – отсуството на желба. Против тоа нема

што да се спори. И во Рајот, не воведуваат без желба. Но, кога ќе те осудат

за во пеколот, сакаш-нејќеш да одиш: те фаќаат и те фрлаат таму.

 

 

Свети Теофан Затворник

  

За постот (07.03.2011)

Page 25: Од Преданието на светите Отци

 

Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот рај - да не јадат од

дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2,17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да

ги научи луѓето на послушност и воздржување.

"Постот е оружје во духовната борба против поднебесните сили" (лукавиот и неговите црни

ангели) (Матеј 17, 21; Ефес. 6, 12), неопходно средство за стремеж на човекот кон духовно

совршенство, надежна сила за давање отпор во духовната немоќ и благодатна ризница за

постигнување на крајната и врвна цел на христијанскиот живот - светост и спасение во Господа.

Суштината на христијанскиот пост не е умртвување на телото, како што погрешно се мисли, туку

умртвување на гревот во нас, зашто гревот предизвикува пропаѓање и смрт. Закрепнувајќи ја волјата,

постот му дава можност на духот да владее со телото.

Кога христијанинот пости треба да се откаже од секакви светски веселби и задоволства, од

посетување на места каде што е возможно да згреши со помисла, збор или со поглед. Воопшто, треба

да се стремиме, колку е можно повеќе, поголем дел од мислите да Му ги посветиме на Бога и на

тајната умносрдечна молитва.

Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот.

Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата

го наредила, оти, ако паднат, нема кој да ги поткрене. Оние кои никако не постат, нека почнат да

постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството небесно. Но, тие не можат веднаш

да го земат целото правило, туку најнапред нека постат во среда и петок во првата и последната

недела од постот, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат

целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно.

Во твојот духовен напор, лошите духови ќе станат силни и ќе те советуваат во разумот или преку

ближните, сакајќи да ти наштетат, велејќи ти: "Сакаш да ослабиш, не можеш да издржиш, болен ти е

стомакот, лекарот ти препорача добра храна", а сѐ со цел да ти ја убијат желбата. Но, ти, малку по

малку, со молитва ќе го отстраниш лошиот дух и постот ќе ти стане лесен. Освен тоа, почетникот,

најнапред, може да остави во посните дни да не јаде месо и маст, а да јаде сирење и јајца, па со

текот на времето ќе мине на целосен пост.

Старец Гаврил Лесновски Светогорец

 

Page 26: Од Преданието на светите Отци

 

   Поуки од оптинските Старци за христијаните кои живеат во светот (28.02.2011)

Преподобен Лав

 

 

Труди се повеќе да внимаваш на себе, а не да ги разгледуваш делата, постапките и односот на

другите кон тебе. Ако во нив не гледаш љубов, тоа е така, бидејќи и ти самиот немаш љубов во себе.

 

Каде што е смирението, таму е и едноставноста, која не ги испитува Божјите судови.

 

Бог не ги отфрла молитвите, но желбите понекогаш не ги исполнува единствено заради тоа, по

Својата Божја промисла, сѐ да устрои колку што може подобро. Што би се случило, кога Тој, Кој сѐ

гледа, потполно би ги исполнувал нашите желби? Мислам, иако не тврдам, дека тогаш сите луѓе би

загинале.

 

Човекот кој живее без стража над самиот себе, никогаш нема да се удостои со посета на Божјата

благодат.

 

Кога немате мир, треба да знаете дека во себе немате смирение. Тоа Господ го рекол во следните

зборови кои покажуваат каде треба да се бара мирот. Тој рекол: „Научете се од Мене, бидејќи сум

кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши“ (Мат. 11, 29).

 

 

 

Преподобен Мојсеј

 

 

Ако некогаш некому сте направиле некоја милост, за тоа ќе бидете помилувани.

 

Ако страдате со оние, кои страдаат (мислејќи дека тоа е малку), се вбројувате во мачениците.

 

Ако му простите на оној, кој ве навредил, не само што сите ваши гревови ви се простуваат, туку

станувате Божји синови.

 

Ако од срце се помолиш за спасение, па дури и малку, ќе се спасиш.

 

 

Page 27: Од Преданието на светите Отци

 

Ако себеси се укориш, обвиниш и осудиш пред Бога за гревовите кои ти ги открива совеста, за тоа

ќе бидеш оправдан.

 

Ако ги исповедаш своите гревови пред Бога, како награда ќе добиеш простување.

 

Ако зажалиш за своите гревови, или се расплачеш, или воздивнеш, таа твоја воздишка нема да биде

скриена од Него. „Не останува скриена од Него, - вели свети Симеон – солзна капка, ниту дел од

неа“.

 

Секојдневно проверувај: што си посејал за идниот век, пченица или трње? Испитувајќи, труди се

следниот ден да бидеш подобар и така живеј цел живот. Ако денешниот ден лошо е поминат, така

што не си ги вознел кон Бога молитвите како што треба, ниту си се покајал во срцето како што

треба, ниту си се смирил во мислите, ниту си дал некому милостина, ниту си му простил на оној, кој

нешто ти згрешил, ниту си претрпел неволја, туку напротив, не си се воздржал од гнев, ниту од

зборови, храна, пијалок, или својот ум си го натажил со нечисти мисли, за сѐ ова според совеста

размисли, осуди се и потруди се утре да бидеш повнимателен и претпазлив и да не правиш зло.

 

 

 

 

 

 

Преподобен Макариј

 

 

На вашето прашање во што се состои среќниот живот, дали во слава или богатство, или во тивок,

мирен, семеен живот, ќе речам дека се сложувам со ова последното, и уште ќе додадам: животот,

кој поминува со чиста совест и со смирение, донесува мир, спокој и вистинска среќа. А богатството,

честа, славата и високата функција, често стануваат причина за многу гревови, и таквата среќа е

безнадежна.

 

Луѓето најчесто сакаат и бараат благосостојба во овој живот, а се трудат да ги избегнат неволјите. И

се мисли дека тоа е многу добро и пријатно, но денешната благосостојба и среќа му штети на

човекот. Тој запаѓа во различни страсти и гревови и се гневи на Господа, а поминувајќи го животот

во неволји повеќе се приближува кон Бога и лесно се здобива со спасение, и затоа Господ среќниот

живот го нарекол широк пат: „широки се вратите и простран е патот што води кон пропаст, и

Page 28: Од Преданието на светите Отци

 

мнозина минуваат по него“ (Мат. 7, 13), а животот со неволји го нарекол тесен: „тесни се вратите и

тесен е патот што води кон вечниот живот, и малку го наоѓаат“ (Мат. 7, 14). Значи, преку љубовта

кон нас, Господ размислувајќи во наша корист, многу луѓе трга од широкиот пат, и ги поставува на

тесниот и трнлив пат, за со трпение во болести и неволји да го подготви нивното спасение и да им

подари вечен живот.

 

Ние сме умно ограничени, мислејќи да ја подобриме нашата положба, тагуваме, суетни сме, си го

одземаме мирот, ги оставаме нашите религиозни обврски за да им оставиме на нашите деца

поголемо наследство. Но знаеме ли дали тоа ќе им биде корисно? Зарем не гледаме деца на кои им

оставиле богатство, а тоа не им е од помош, туку само им послужило како причина за лошото

однесување. Треба да се грижиме на децата, да им оставиме добар пример преку сопствениот

живот и да ги воспитаме во страв од Бога и според Неговите заповеди. Тоа е нивното најважно

богатство. Кога ќе го бараме Божјото Царство и Неговата праведност, тогаш сѐ останато ќе ни се

додаде (Мат. 6, 33). Вие кажувате: не треба тоа да се прави, денешниот свет не го бара тоа, туку

нешто друго! Добро, но дали вие родивте деца само за во светот, или за во идниот живот? Тешите се

со Божјите зборови: „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас Ме замрази“ (Јован

15, 18), и „телесното мудрување е непријателство против Бога; на законот Божји тоа не му се

покорува, ниту, пак може“ (Рим 8, 7). Не посакувајте вашите деца да се здобијат со слава во овој

свет, туку да бидат добри луѓе, покорни деца, а кога Бог ќе одреди – добри сопружници, нежни

родители, грижливи кон потчинетите, да имаат љубов кон сите и да бидат снисходливи кон

непријателите.

 

... Вие сакате да Му се приближите на Бога и да добиете спасение. Во тоа се содржи целата обврска

на секој христијанин, која се остварува со исполнување на Божјите заповеди, кои сите се темелат на

љубовта кон Бога и ближните, а се простира сѐ до љубов кон непријателите. Читајте го Евангелието,

во него ќе го најдете патот, вистината и животот, чувајте ја православната вера и уставите на

Светата Црква, поучувајте се од делата на пастирите и учителите на Црквата и усогласувајте го

својот живот со нивните. Но, самите молитвени правила не можат да ни донесат корист... ве

советувам што повеќе да посветувате внимание на делата на љубовта кон ближните: во односот кон

сопругите и децата, внимавајте на нивното воспитување во православната вера и внимателно

однесувајте се кон вашите потчинети, и кон сите ближни. Светиот апостол Павле набројувајќи ги

разните видови на добродетели и подвизи за самоордекување, вели: „ако сето тоа го правам, а

љубов немам, ништо не ми користи“.

 

 

Page 29: Од Преданието на светите Отци

 

Спомен и пофално слово на нашиот преблажен отец и учител словенски Кирил Философ (27.02.2011)

Еве, ни светна, христољупци, светлозрачниот спомен на нашиот преблажен отец Кирил, нов апостол и

учител на сите земји, којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на

трисушниот Бог, осветлувајќи го целиот свет.

Божјата премудрост си соѕида храм во неговото срце и на неговиот јазик, како на херувими, почиваше

секогаш Светиот Дух разделувајќи дарови според верата, како што кажуваше и апостолот Павле,

дека секому од нас му се дава благодат и како што кажува Христос:  Којшто ќе каже дека Mе љуби

како Господ и Jас ќе го возљубам, ќе му се покажам Самиот и во него ќе си направам живеалиште, и

тој ќе Mи биде син, а Jас ќе му бидам Татко.

Таква татковина барајќи, овој преблажен отец и учител наш ја остави целата убавина на овој живот,

домот и богатството, татко и мајка, браќа и сестри. Од млади години беше чист како ангел, се

оттргнуваше и ги избегнуваше житејските сладости и секогаш беше со псалми и пеење и со духовни

поуки. Врвеше само по еден пат што води кон небесата. Затоа низ неговата уста се изли Божјата

благодат, како што кажал премудриот Соломон: во устата на премудриот влегува вдахновение, тој

носи закон и милост на јазикот, со него ги врзува злословните усти на еретиците.

Се појавија ереси во времето на Теофил иконоборецот, и се одржаа многу години, прогонувајќи ја

светоста на иконите и соборувајќи ја. А при благоверниот цар Михаил направија правоверен собор

насочен против еретиците и целата нивна злоба ја изгореа со духовна сила. Каде и да се чуеше

некаква хула за Божjиот образ, како со крилја тој прелетуваше над сите земји и со јасни слова ги

разрушуваше сите соблазни и упатуваше кон вистинска вера, исполнувајќи го оставениот завет на

Павле. Ги прелета како орел сите страни од исток до запад и од север до југ, меѓу Козарите и

Сарацените и заради светата вера се најде и на соборите. Како сонце грееше со трисветли зраци и

секоја нивна заблуда ја отстрануваше. Во фулскиот народ ја победи безбожната измама и светна со

вечната светлина.

На словенскиот народ, којшто беше во незнаење и гревовен мрак, по милоста и човекољубието на

Господ наш Исус Христос, му стана пастир и учител. И им ги затна устите на волците, на тријазичните

еретици, пророчки укажувај’и на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение. И

Господ Бог благоволи да почине неговото пречесно тело во Рим.

Неговиот труд и подвиг ги почитуваме и слични пофалби нема кому да упатиме, па иако отпосле

светна, сепак надмина сѐ, како Деница, која иако се појавува последна, со својата светлина ги облева

сите ѕвезди кои имаат сончева светлина. Така и преблажениот отец и учител на нашиот народ повеќе

од сонце, со тројни зраци, сјаеше и просветли безброен народ којшто лежеше во мракот на

Page 30: Од Преданието на светите Отци

 

незнаењето. Нема место што не е осветлено од неговите стапки и ниедна итрина не се сокрила од

неговата блажена душа, оти на сите народи сокриените тајни во формите на зборовите им ги откри

разумно толкувајќи, на едни со писмо, на други со поука. Божја благодат се изли низ неговата уста и

затоа вечно го благослови Бог.

Затоа, која уста да ја искаже блажината на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите

подвизи и трудот и добрината на неговиот живот. Оти таа уста, појасна од светлината, ја покажа

Господ. Таа ги просветлува помрачените од лагата на гревот, тој јазик источи слатки и животворни

зборови, тие пречесни усни расцутија со премудрост, неговите пречесни прсти станаа духовен орган

и го украсија со златозрачни букви, со таа богогласна уста се напоија жедните за Божји разум, со неа

мнозина се насладија со животворна храна. Со неа Господ збогати многу народи со Божја мисла, дури

и го венча со од Бога ткаен венец многуплодниот словенски народ. Бидејќи кај него беше испратен

овој апостол. И од неговата уста потече изворот на животворни зборови исполнувајќи ја нашата суша

пресушена и преку неа се покажа како серафим којшто Го прославува Бога. Низ неа научивме за

триделниот Бог претставен во едно Кој се разделува со именуваните својства и еднакво прославуван,

на вечноприсутниот Отец и Светиот Дух.

Затоа, да биде блажена твојата уста, о блажен оче Кириле, од неа на мојата уста се источи духовна

сладост.

Блажен го нaрекуваме твојот многугласен јазик од кој му огреа на мојот народ светлина на вечниот

Бог. Ти го протера мракот на гревот.

Блажено е твоето пресветло лице озарено од Светиот Дух, од него на моето лице богоразумен блесок

сјае и многубожечката измама се искорени.

Блажени да се твоите златозрачни очи кои го одзедоа неразумното слепило од моите очи и им огреа

богоразумна светлина.

Блажени да се твоите ангеловидни зеници озарени од Божјата слава, тие ми го прогонија слепилото

на срцето и го просветлија со од Бога вдахновени зборови.

Блажени да се твоите пречесни раце, од нив му се симна на мојот народ богоразумен облак и ги

напои со Божја роса нашите срца изгорени од сушата на гневот.

Блажени да се твоите богодвижни прсти, тие му ја напишаа на мојот народ слободата од гревовното

ропство.

Блажена да е твојата златозрачна утроба од која му источи на мојот народ животворна вода одозгора

дојдена со твоите молитви.

Блажени да се твоите свети нозе со кои го обиколи како сонце целиот свет проповедајќи од Бога

вдахновена наука.

Блажени да се твоите златозрачни стапки со кои ги упати нашите заблудени нозе на прав пат.

Блажена да е твојата пресвета душа што ја излекува мојава душа од струпјето на гревот и всади

разум во нашите срца со духовни зборови.

Page 31: Од Преданието на светите Отци

 

Блажени да се твоите богодвижни прсти што ја напишаа за многумина сокриената богоразумна тајна.

Блажена да е твојата света утроба, од неа им потече на сите земји животворна вода слезена одозгора

со твоите молитви.

Блажени да се твоите свети нозе со кои го обиколи сиот свет како сонце, просветлувајќи со

вдахновеното од Бога учење.

Блажена да е твојата пречиста црква во која лежи твојот многуразумен богогласен органон.

Блажен да е градот којшто го прими третиот извршител на Божјата промисла. Извршувајќи го заветот

на врховните светила, се јави ти, блажен станувајќи.

Затоа и со нив му подготви Господ Бог да прими пречесен покој. Почина со мир во летото Господово

6377 од создавањето на светот, во месец февруари во 14 ден и со животот и со верата им се

придружи на сите свети Отци и делата и подвизите на сите извршувајќи ги и самиот. И со ангелите

беше како ангел и со пророците пророк, со сите свети толкувач на Божјата слава.

Со нив моли се за нас, преподобен учителе, што го почитуваме твоето преславно успение со славата

на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

 

 

Свети Климент Охридски

 

 

Што можеме да направиме за починатите? (26.02.2011)

Бескрајна и неутешна би била нашата жалост за ближните кои се упокоиле ако Господ не ни дал

вечен живот. Нашиот живот би бил бесцелен кога би завршил со смрт.

Тогаш, каква би била користа од добродетелниот живот и добрите дела?

Во тој случај, во право би биле оние, кои зборуваат: „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме“.

Но, човекот е создаден за бесмртност, и Христос со Своето воскресение ги отвори вратите на

Царството небесно, вечното блаженство за оние, кои верувале во Него и живееле праведно.

Нашиот земен живот е подготовка за идниот живот, а таа подготовка завршува со смртта. „И како

што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд (Евр. 9, 27). Тогаш човекот ги остава

сите свои земни грижи, неговото тело се распаѓа, за повторно да стане на Општото Воскресение.

 

*  *  *

 

Ако некој сака да ја покаже својата љубов кон починатите и вистински да им помогне, тоа може на

најдобар начин да го направи така што ќе се моли за нив, особено со давање на нивните имиња да се

Page 32: Од Преданието на светите Отци

 

спомнат на Литургија, кога се вадат честици за живите и упокоените и се спуштаат во Крвта

Господова, со зборовите: „Измиј ги, Господи, со светата Твоја Крв гревовите на овде споменатите

Твои слуги, по молитвите на Светиите Твои“.

Ништо поголемо ниту подобро не можеме да направиме за преминатите, од тоа да се молиме за нив,

споменувајќи ги на Литургија. Тоа секогаш им е неопходно, а посебно во текот на првите четириесет

денови, кога душата на починатиот оди кон вечните живеалишта. Тогаш телото ништо не чувствува:

тоа не ги гледа ближните кои се собрале, не го вдишува мирисот на цвеќето, не ги слуша

надгробните беседи. Но душата ги чувствува молитвите кои се вознесуваат за неа, и им е благодарна

на оние, кои се молат, и духовно им е блиска.

О, роднини и пријатели на починатите! Правете го за нив она, што е во ваша моќ и што најмногу им е

потребно.

Употребете ги своите пари не за надворешно украсување на гробовите, туку поделете ги на

сиромашните за спокој на душите на своите преминати, или приложете ги во црквата во која за нив

се вознесваат молитви. Бидете милосрдни кон упокоените, погрижете се за нивните души.

Тој пат ве чека и вас, и знајте дека тогаш сите ние ќе посакуваме некој да нѐ спомене во молитва!

Затоа и самите да бидеме милостиви кон починатите.

Штом некој ќе се престави, веднаш повикајте го свештеникот или известете го за да може да ги

прочита „Молитвите за излегување на душата“ кои треба да се прочитаат за секој православен

христијанин, после неговата смрт.

Погрижете се, доколку е можно, опелото да се отслужи во црква, и над починатиот, сѐ до опелото, да

се чита Псалтир. Опелото и погребувањето не мора да бидат беспрекорно организирани, но

апсолутно е неопходно опелото да се отслужи без кратења, во потполност. Тогаш сетете се на

починатиот, со кој се разделувате, а не на тоа што вам ви е полесно. Ако во црквата има повеќе

упокоени, да не одбивате да се отслужи заедничко опело, ако тоа некој го предложи. Подобро е

истовремено да се отслужи опело за двајца или повеќе починати кога молитвата на нивните ближни

е посилна отколку да се одржат повеќе опела, едно по друго, а тие опела, заради недостиг на време

и замор, да бидат скратени.

Заради тоа што секоја молитва за починатите е како капка вода за жедните, веднаш погрижете се за

тоа починатите секојневно да се споменуваат на Литургија во текот на следните четириесет дена.

Обично во црквите каде богослужбата се извршува секојдневно, починатите чии имиња таму се

дадени се споменуваат четириесет дена, па и подолго.

Но, ако опелото е отслужено во храм каде што нема секојдневно богослужби, роднините треба да се

погрижат и обезбедат четириесетдневно споменување на Литургија во оние храмови каде секој ден

се служи. Исто така, добро е за упокоениот да се даде прилог во манастирите каде се вознесува

непрестајна молитва.

Четириесетдневното споменување треба да започне веднаш по смртта, кога на душата посебно ѝ е

Page 33: Од Преданието на светите Отци

 

потребна молитвена помош, и затоа е неопходно споменувањето да започне во најблискиот храм каде

што секојдневно има богослужби. Да се погрижиме да направиме сѐ што можеме за оние, кои

заминале од тука пред нас, сеќавајќи се на зборовите: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат

помилувани“ (Мат. 5, 7).  

 

*  *  *

 

Значи, парастосите и домашните молитви за упокоените ним им се корисни, како и добрите дела кои

се прават во нивен спомен – милостината и прилогот во црква. Но, посебно корисно за нив е

споменувањето на Божествената Литургија.

                                              

Блажен Серафим Роуз

 

 

Светиот Дух до денес живее во Црквата (25.02.2011)

Во Црквата живее Божјиот Дух. Тоа не е сува и празна догматска претпоставка, чувана само заради

потврда на минатото. Не, тоа е вистина, опитно доживеана од страна на секој кој е проникнат со

црковното Писмо и црковниот живот. Благодатниот живот на Црквата всушност и не може да биде

предмет на празно научно изучување; тој е достапен само за опитниот живот. За благодатниот живот

кој вистински се чувствува, секогаш човековиот јазик може да се изразува магловито и нејасно.

Црковниот живот го познава само оној, кој го поседува; нему не му се потребни докази за тој живот

додека за човекот кој не го поседува, тој е речиси недокажлив. Затоа за членот на Црквата, задача на

целокупниот негов живот мора да биде – постојано сѐ повеќе и повеќе да се соединува со живата

Црква, а во тоа исто време и на другите да им проповеда токму за Црквата, не заменувајќи ја со

празно и апстрактно учење. Овде не треба да се прават никакви отстапки. Нема христијанство, Го

нема Христос, нема благодат, нема вистина, нема живот, нема спасение – ништо нема без Црквата и

сѐ тоа има само во единствената Црква!

Премногу често зборуваат за недостаток на живот во Црквата, за „оживување“ на Црквата. Тешко ни

е да ги сфатиме сите тие зборови и многу сме склони да ги признаеме, иако се бесмислени. Животот

во Црквата никогаш не може да престане, бидејќи до крајот на векот во неа пребива Светиот Дух

(Јован 14, 16). И животот постои во Црквата. Само невоцрковените луѓе не го примаат тој живот.

Животот на Божјиот Дух е несфатлив за душевниот човек, тој живот дури и му се чини јуродив,

Page 34: Од Преданието на светите Отци

 

бидејќи му е достапен само на духовниот човек. На нив, луѓето со душевен начин на размислување,

ретко им се дава чувството на црковниот живот. Меѓутоа, и сега, луѓето со смирено срце и побожен

живот, постојано живеат со тоа чувство на благодатниот црковен живот. Таа црковна атмосфера, тоа

црковно дишење посебно го доживуваш во манастирите. Ете каде си убеден во силата и вистинитоста

на Божјата благодат, која живее во Цркавата! Се восхитуваш и Му благодариш на Бога, кога гледаш

дека црковниот живот вистински одново го раѓа човекот, и го прави „нова твар“. Тука се просветлува

умот, се создаваат високи, чисти погледи, срцето омекнува со љубов и радост. Оние, кои отстапиле

од Црквата, кои се гордеат со својата ученост, во суштина се неспоредливо пониски и погруби од

неписмениот монах кој живее црковен живот.

Не, според наше мислење не треба да се зборува за недостаток на живот во Црквата кај нас, туку

само за недостаток на црковна свест. Многумина живеат црковен живот, иако сосема јасно не го

сфаќаат тоа. Но, дури ако и свесно живееме црковен живот, ние малку проповедаме за богатството

на тој живот. Со оние, кои се надвор од Црквата, обично спориме за христијанските вистини,

заборавајќи го црковниот живот. Учењето, теориите, догмата во нашите очи како да е надвор од

црковниот живот. Ние понекогаш сме во состојба Црквата да ја замениме со христијанството, живот –

со апстрактно учење.

Нашата несреќа е во тоа што ние самите малку ја цениме Црквата и големото богатство на црковниот

живот. Не ја исповедаме смело својата вера во Црквата, јасно и недвосмислено. Верувајќи во Црквата,

ние како постојано да се извинуваме заради тоа што сѐ уште веруваме во неа. Го читаме деветиот

член на Симболот на верата без посебна радост, па дури и со вина. Црковниот човек сега често го

соочуваат со воскликот на тургеневското тивкотворештво во проза: „Вие сѐ уште верувате? Вие сте

потполно заостанат човек!“ И дали многумина имаат толкава храброст смело да исповедаат: „Да,

верувам во една, света, соборна и апостолска Црква, припаѓам на светата православна Црква и затоа

сум – најпрогресивниот човек, бидејќи само во Цркавата е можен тој нов живот, заради кој Синот

Божји дојде на грешната земја; само во Цркавта е можно да се дојде до полна мера на Христовиот

раст, па следува дека смо во Црквата е можен вистински напредок, вистинско спасение!“

 

Свештеномаченик Иларион Троицки

     

 

 

За страстите и погубните пороци и што од што се раѓа (24.02.2011)

Пред секој гревовен пад, демоните ги праќаат кај човекот следните страсти: голема заборавеност,

суров грев, односно, нечовечка и ѕверска злоба, и заслепеност, како непроѕирна темнина. Тие три

страсти му претходат на секој грев, бидејќи човекот претходно не сака да направи ниту еден грев,

 

Page 35: Од Преданието на светите Отци

 

ако пред тоа не биде расположен за секакво зло или заборав, или гнев,  или заслепеност. Од нив

произлегува духовната нечувствителност, односно, умот-окото-душата тогаш стануваат заробени од

сите страсти.

 

Пред сѐ се раѓа маловерие.

 

Маловерието раѓа самољубие – почеток и крај, корен и родоначалник на секое зло. Тоа е бесмислена

љубов кон телото, кога некој секогаш и во сите работи за себе одбира само корист. Тој зол корен на

страстите се искоренува со љубов и милосрдие и одрекување од сопствената волја.

 

Самољубието го раѓа немилосрдието и среброљубието – ненаситна утроба, исто така, корен и

причина за секое зло. Од овие две – самољубието и среброљубието, на секое место се случуваат

несреќи и сурови злодела.

 

Како кај мирјаните, така и кај монасите, среброљубието раѓа гордост, заради која демоните

отпаднале од светата слава и биле исфрлени од небесата.

 

Гордоста раѓа славољубие, со кое Адам паднал во прелест, посакувајќи да биде Бог, и со тоа

предизвикал страдање и клетва за целиот човечки род.

 

Славољубието раѓа сластољубие, преку кое Адам паднал и бил протеран од Рајот.

 

Славољубието раѓа стомакоугодување и различни блудни дела.

 

Блудот раѓа гнев. Тој ја гаси срдечната топлина и е погубен за секоја добродетел.

 

Гневот го раѓа злопамтењето. Тоа е ладење на топлината на духот.

 

Злопамтењето раѓа темна и злобна хула над својот брат.

 

Хулењето раѓа неблаговремена тага, покрај рѓата, која го изгризува човекот.

 

Тагата раѓа безумно избрзување.

 

Избрзувањето раѓа суета, која им се спротивставува на добродетелите и заради која напорите

остануваат без награда.

Page 36: Од Преданието на светите Отци

 

 

Суетата раѓа невоздржано многусловие, зборливост.

 

Зборливоста раѓа празнословие и душевна здодевност.

 

Душевната здодевност раѓа лош сон.

 

Ако некој ги победи овие страсти, ќе му се покорат и другите, како: стравот, ужасот, зависноста,

омразата, лицемерието, ласкањето, роптањето, безбожништвото, лихварството, пристрасноста,

љубовта кон предметите, малодушноста, умисленоста, човекоугодувањето, дрскоста, смејата,

целосниот пад и погибел преку очајот, заради кој човекот се самоубива, без познание на Божјото

човекољубие и милост, дека Тој дошол да ги спаси грешниците, и дека на земјата не постои грев, за

кој нема простување.

Преку следните страсти: самољубие, среброљубие, гордост со суета, злопамтење, осудување,

умисленост, доаѓа до очајание, кое е крај на сите страсти.

 

Ако некој не внимава на себе и не ги отфрла овие страсти, тој ќе ги уништи следните десет

добродетели: верата, љубовта, постот, воздржувањето, бдението, молитвата, смирението со

смиреномудрието, безмолвието со молчењето, нестекнувањето и расудувањето, и заедно ќе ги

повреди сите останати добродетели.

 

Ако некој има една од оние главни страсти, таквиот човек никако нема да успее, и иако се

подвизува против другите страсти, правејќи некоја добрина, па дури и ако пролее крв заради

Христа; и молитвата на таквиот човек Му е непријатна на Бога.

 

Господ Бог да нѐ избави со Својата благодат од сите пороци и страсти до крајот на векот.

 

Амин!

 

 

Преподобен Паисиј Величковски

 

Page 37: Од Преданието на светите Отци

 

  Што е тоа смирение? (23.02.2011)

Одговорот на ова прашање ги надминува човечките сфери и критериуми за разбирање. Тоа

едноставно не е добродетел, која би се нашла во сферите на чевечките поимања, туку нешто

натприродно, што може да му се опише само на оној, кој е просветлен со сјајот на Божјата благодат.

 

Смирението е лик и подобие на Божјите особини и тие кои го достигнале обожението праведно го

нарекувале „Божјо дејство“. Смирението е основа за неподлегнување на страстите, печат на

совршенството, состојба на човековата непроменливост, и многу други нешта, својствени за Божјото

сесовршенство.

 

Во сѐ, во што се појавува Божјата величественост, секогаш благоуха смирението, заради што

праведно е речено, дека: „Бог на смирените им дава благодат“.

 

Со доаѓање на проклетиот егоизам и лепрозното високоумие - сатански болести, кои се погубни за

самиот него, - човековата природа била поразена. Оттаму произлегува, дека не е залудно што Бог се

противи на гордите, и дали ќе се одржи таму каде што е Тој, Кој ја опфаќа вселената, некој кој

противдејствува?

 

Смирението прилега и ги следи сите особини на Бог Седржителот. Со нив се запечатува законот и тие

се причина за непроменливост и полнота на Божјата волја и сеспасувачката Промисла. Како доказ за

полнотата на таа Божја особина служат Неговите сопствени зборови, дека Бог е: „кротко и смирено

срце“. Но, ако Самиот Бог признава дека Тој е со смирено срце, зарем тогаш тоа не значи, дека

смирението може да биде својствено за секоја разумна личност, и така не е туѓо за нашата природа,

туку претставува суштина на животот?

 

Некој може смирено да размисли, дека ако изопачувањето ги уништило чудната и пресветла ангелска

убавина и достоинство, не значи ли тоа, дека смирението не е само некоја надворешна форма и

прилагодување, туку човечко својство и суштина?

 

Еве каде е решението на прашањата, зошто човекот отстапил од Бога и паднал? Корен и почеток на

секој пад или грев е отсуството на смиреномудрие. Последици на отфрлувањето на смиреномудрието,

во кое живее Бог и Неговата волја се: користољубието, своеглавоста, самозадоволството,

независноста, непослушанието, анархијата и слични на нив појави на егоцентризмот.

 

Ако ни е откриено дека Бог по Својата природа е смирен, тогаш веќе нема место за прашања, зошто

Page 38: Од Преданието на светите Отци

 

смирението е неопходно за развратниот свет да се исцели и доведе во рамнотежа?

 

На оние кои ја чувствуваат сопствената немоќ и доживуваат неуспеси, им советувам што побрзо да

прибегнат кон смиреномудреност, како во мислите, така и во постапките, и тогаш ќе си  вратиме сѐ

што сме изгубиле и нема бесцелно да скитаме по морето на апстрактните и сатански учења, кои

раѓаат смрт.

 

Милиони од оние, кои се подвизувале во крвен и бескрвен подвиг, како што ни е познато од

историјата на Црквата, постапувале во сѐ со смирение, подражавајќи Го нашиот Сладок Спасител.

 

Оние, кои сакаат да се вратат во Небесниот град, чиј Создател е Бог, нека го прегрнат блаженото

смиреномудрие, кое ќе ги преобрази и ќе ги направи наследници на вечноста. 

 

Старец Јосиф Ватопедски

 

 

 

Поуки (23.02.2011)

Иако не си таков, каков што треба да бидеш, не смееш да очајуваш. Веќе доволно лошо е тоа што си

згрешил. Зошто уште би Му грешел, сметајќи Го, во своето незнаење, за немоќен? Дали Тој, Кој

заради тебе сѐ премудро создал, не може да ја спаси твојата душа? Доколку овој факт, како и

Неговото воплотување, само ја зголемува твојата осуда, тогаш покај се. Тој ќе го прими твоето

покајание, како што го прими и покајанието на блудниот син (Лука 15, 21) и на блудницата (Лука 7,

37-50). Меѓутоа, ако не можеш да се покаеш и грешиш од навика, дури и тогаш кога тоа не го сакаш,

покажи ја кроткоста на митникот (Лука 8, 13). Тоа е доволно да го осигура твоето спасение, бидејќи

оној, кој греши и не се кае, но не очајува, со самото тоа се смета себеси за најбеден и нема да си

дозволи да осуди друг. Попрвин ќе се воодушевува на Божјото милосрдие и ќе Му благодари на својот

Добротвор, а може да добие и многу други благослови. Иако човекот е таков, поради своите гревови,

потчинет на демонот, сепак тој, од страв кон Бога, нема да го послуша непријателот, кој ќе се обиде

да го фрли во очај. Заради тоа, тој има удел во вршењето на богоугодно дело. Таквиот човек е

благодарен, трпелив, има страв од Бога, не осудува, па нема ни да му се суди. Сите тие се важни

Page 39: Од Преданието на светите Отци

 

добродетели. За истото зборува и свети Јован Златоуст, кога кажува за пеколот. Тој мисли дека

пеколот ни е од поголема корист отколку Царството небесно, бидејќи многу, од страв од пеколот, се

удостоиле со Царството небесно. Пеколот нѐ исполнува со страв, Царството нѐ заштитува со љубов, а

во двата случаи нѐ спасува Христовата благодат. Оние над кои се нафрлиле многу душевни и телесни

страдања, ако претрпат до крајот и не се предадат на невнимателност и очај, ќе се спасат.

 

Трпеливото поднесување на неволјите го уништува очајот кој ја разорува душата. Тоа ја учи душата

дека треба да се утеши, а не да биде жалосна пред многуте битки и страдања.

 

Ако човекот постојано се сеќава на Бога, тој ќе биде радосен. И псалмопејачот Давид пее: се сетив на

Бога, и се развеселив (Псал. 76, 4), бидејќи кога умот ќе се развесели сеќавајќи се на Бога, тој

заборава на маките од овој свет, се надева на Него и повеќе не е загрижен, ниту вознемирен.

 

На камен ѕида само оној, кој ќе ги отфрли својата волја и своите мисли, и ќе се принуди точно да ги

сфати и доследно да ги извршува Божјите заповеди, односно, да живее по примерот на заветот на

нашиот Господ. Почетокот на спасението лежи во тоа, да ги оставиме сопствените желби и

размислувања и да ги следиме Божјите. Тогаш во целиот свет нема да се најде предмет, место или

слично кои во тоа ќе нѐ спречи.

 

Општи дарови се четирите стихии и сѐ што од нив доаѓа, како и сите прекрасни и страшни Божји

дела, изнесени во Светото Писмо. А посебни се оние, кои Бог ги дава лично на секој човек: дали

богатство заради милостина, или сиромаштија заради трпење со благодарност; дали власт заради

законска сила и утврдување во добродетелите, или потчинетост и робување заради брзо спасение на

душата; дали здравје заради помош на немоќните, или болест заради венец од трпение; дали разум и

способност за добивка заради добродетел, или немоќ и неумешност заради покорна смиреност... Сѐ

ова, иако изгледа спротивно едно на друго, сепак е наменето за добро. Должни сме на Бога да Му

благодариме за сите дарови и со трпение и надеж сите да ги прифатиме, бидејќи сѐ што Бог ни дава

и допушта, е во корист на нашето спасение.

 

Никој нека не чита она, што не Му е угодно на Бога. Ако пак, во незнаење прочита нешто такво, што

побрзо нека се потруди да го избрише од сеќавањето со читање на Божји дела, и од нив токму оние,

кои најмногу служат за спасение на неговата душа, според ситуацијата во која се наоѓа... Книгите кои

се спротивни на тоа, никако да не се читаат. Зошто би било потребно да се прима духот на нечистиот,

наместо Светиот Дух? Кој со какви зборови се занимава, ќе ги добие особините на тие зборови, иако

неискусните не го гледаат тоа, како што го гледаат оние, кои имаат духовно искуство.

 

Page 40: Од Преданието на светите Отци

 

Христос е скриен во Евангелието. Оној, кој сака да Го најде мора да го продаде целиот свој имот и да

го купи Евангелието, за не само да Го најде Христос со читање, туку за да Го прими во себе со

подражавање на Неговиот живот во светот.

 

Црквата со добра и угодна на Бога цел ги прифатила песните и разните тропари заради немоќта на

нашиот ум, за ние, неразумните, да бидеме привлечени од блажината на псалмопеењето, дури и

против сопствената волја да Го воспеваме Бога. Оние, кои можат да ги разберат и внимателно да ги

проценат зборовите кои ги изговараат ги обзема умиление, и така, како по лествица, се искачуваат во

блажени мисли. По мера на напредувањето во навикнување на Божјите мисли, во нас се јавува желба

за Бога и нѐ повлекува да го достигнеме она, што Господ ни заповедал: да го разбереме во духот и

вистината поклонувањето на Отецот.

 

Ништо не е подобро од тоа, да се спознае сопствената немоќ и незнаење; и ништо не е полошо од

тоа, истото да не се разбере.

 

Во созданието не постои ништо лошо, ниту случајно. Дури и кога се случува нешто спротивно на

Божјата волја, тоа чудесно се претвора во нешто добро. На пример, падот на сатаната не бил Божја

волја, но им помогнал на оние, кои сакале да се спасат.

 

Сите ние исто примаме благослов од Бога. Меѓутоа, некои од нас примајќи оган од Бога (односно

Неговиот збор) стануваат меки како восок од пчели додека некои стануваат тврди како камен.

 

Свети Петар Дамаскин

 

 

 

Поука во неделата на блудниот син (20.02.2011)

Браќа и отци! Овие денови многу луѓе ги нарекуваат празнични и весели, за повеќе да јадат и пијат,

а не знаат дека тие не се востановени заради прејадувања и опивања, туку заради подготовка за

Светата Четириесетница, која доаѓа. На војниците кога се подготвуваат за бој им се издава наредба

на соодветен начин да се наоружаат, за кога ќе дојде време за борба да нема тешкотии и

задржуавања. Така и овие денови не се за гозба, туку за подготовка на душата за подвиг во

Големиот Пост.

Многу јадење и пиење практикуваат многубожците, а вистинските христијани треба да јадат и пијат

умерено и колку што треба, со благодарење на Бога, и да не прават бог од стомакот, угодувајќи му и

презаситувајќи го, како што тоа многу го прават. И Апостолот нè учи: грижата за телото не

 

Page 41: Од Преданието на светите Отци

 

претворајте ја во похоти (Рим. 13, 14). И ние, браќа мои, бидејќи Бог нѐ удостои да се оддалечиме и

одречеме од сите зла и метежи, колку што е тоа можно, ќе се воздржуваме од многу јадење и

пиење, зашто сите ние со сигурност знаеме дека невоздржанието од употреба на храна, вино и

долгото спиење е причина за секаков грев. Бидејќи и нашиот прародител Адам, додека се

воздржувал и додека не го вкусил забранетиот плод, радувајќи се живеел во убавините на Рајот, а

штом ја прекршил Божјата заповед и го вкусил плодот, во истиот миг бил исфрлен од Рајот.

Невоздржанието и лошата желба ја родиле смртта за него. Тоа истото се случило и со петте

Содомски градови, кои без мера се предавале на неконтролирано прејадување и пијанство, живееле

блудно и правеле гревови, па затоа од Бога биле предадени на голема и тешка казна и во овој и во

тој свет, бидејќи на нив паднал огнен дожд и ги спржил. Пострадал и Исав, првиот син на

патријархот Исаак, кој заради тоа што му угодувал на гркланот и премногу јадел, го предал своето

првородство на својот брат Јаков, бидејќи од него измолил и од него јадел подготвена храна, заради

што Бог го отфрлил. Така и Божјиот народ: и испоседна народот, та јадеа и пиеја, а потоа станаа да

играат (2. Мој. 32, 6) и лумпуваа во безредието. Истото ова, браќа, и сега го гледаме – пијанство,

демонско ликување, викање, танци и сатанско блудствување – такво е злото, браќа мои,

невоздржување, и од тоа, како што рековме, влегла смртта во светот.

Ние, христијаните, мораме со големо благодарење да Му возвраќаме на Бога, Кој не дозволи да

застанеме на лажниот пат и Кој нѐ доведе до блажениот живот, каде наместо невоздржание владее

умереност, наместо пијанство – пост, наместо безредие – мир, наместо бунтовност и врева –

тихување и испосништво, наместо празнословие и срамословие – благодарење, наместо блуд –

девственост, целомудреност и осветување. Со такво живеење во добродетелите биле воспитани и

засветиле нашите Божји Отци и подвижници, кои со Божја помош ги победиле плотските страсти,

истерувале демони, правеле чуда, добиле слава и Царство небесно и станале прекрасни и славни во

целиот свет.

И ние недостојните да живееме по образот и житијата на овие светии, и да сакаме да ги следиме во

нивните добродетели. Да се радуваме во Христа и еден во друг, бидејќи Господ од небесата ни

пратил големи дарови, па така и ние, живеејќи духовно, ако бидеме достојни, секојдневно ќе имаме

радост и вечен празник... А како што Тој и претходно ни помагаше, зошто не би нè сочувал и сега?

Само да бидеме внимателни и будни, и Тој ќе ни даде сили, утеха и трпение во маките и

искушенијата, кои ќе дојдат на нас по Божјо допуштање; и така ќе Му благодариме до крајот на

нашиот живот и ќе добиеме Царство небесно, во Господ наш Исус Христос, Кому Му доликува слава

и моќ со Отецот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во сите векови. Амин!

 

Свети Теодор Студит

 

Page 42: Од Преданието на светите Отци

 

 

Против ересите (19.02.2011)

Незаситен, како што и изгледа, лошиот искушувач, не престана да мудрува во злото, во она, што од

почетокот на создавањето на човекот го смисли против човековиот род, но и со многу измами, уште

пред Христовото доаѓање, го поттикнува човекот на непријателски и незаконски дела, го

пресекува во послушноста кон Бога, на кои им даде систематски облик и после нив не престана со

многу илузии и измами да ги победува и одвлекува оние кои го слушаат. Оттаму произлегоа

симонитите, маркионитите и монтанистите, манихејците, и така се намножија многуглавите

богохулни ереси. Од таму произлегоа Ариј, Македониј, Несториј и Ефтихиј, и Диоскор и целото

останато неблагочестие. Против нив се одржаа седум свети и Вселенски собори, каде се собраа

многу помесни свети и богоносни Отци, искоренувајќи ги за секогаш злите штетници со ножот на

Светиот Дух и подготвија `ртење на чисто црковно семе.

 

И кога се свртија против нив одлуките на Вселенските собори и откако беа протерани од нашата

почва и предадени на тишината и заборавот, негувана е добра и длабока надеж кај

блaгочестивите, никогаш да не се појават нови измислици и еретички богохулства со кои ги

искушува лошиот. Ниту, повторно да се најдат некои нивни заштитници, кои мислат дека личат на

нив, откако го видоа уништувањето и страдањето на оние кои се зачетници на ересите. Со тие

надежи се одмори благочестивото учење, секако и во царскиот град, во кој се исправени многу

безнадежни состојби, со Божја помош, многу јазици ја отфрлија претходната одвратност, научија

да пеат заедно со нашиот заеднички Создател и Градител на сѐ. И Цариград како да стана едно

високо издигнато место од кое извира чиста вода на благочестие, која тече по сите краеви на

вселената и како реки кои од догмите ги наводнуваат душите кои таму се наоѓаат, кои иако

поминало многу време откако се подзасушиле од неблагочестивите учења или изгореле од ересите

и станале пусти и бесплодни, сепак се претворија во плодоносни Христови добродетели...  

 

Свети Фотиј Патријарх Цариградски

 

 

 Чувајте ја Божјата благодат (18.02.2011)  

Page 43: Од Преданието на светите Отци

 

      Чувајте ја Божјата благодат. Со неа многу лесно се живее. Сѐ оди на добро по Бога, сѐ е мило и

радосно. Душата е спокојна во Бога и ѝ се чини како да е во некоја прекрасна градина заедно со

Господ и Божјата Мајка. Без благодатта човекот е грешна земја додека со Божјата благодат умот му

е сличен на ангелите. Ангелите со умот Му служат на Бога и Го љубат. Затоа и човекот со умот е

како ангел.

      Блажени се оние, кои ден и ноќ не престануваат да се грижат како да Му угодат на Господа и

како да станат достојни за Неговата љубов, бидејќи преку опит ќе ја почувствуваат благодатта на

Светиот Дух.

      Благодатта не може да дојде во душата, а да не се осети. Исто како, кога душата ќе ја изгуби,

таа не престанува да тагува за неа и со солзи да ја бара. Колку само упорно родителите го бараат

детето кое го изгубиле. Но, душата која Го љуби Бога, Го посакува со многу поголема тага и

упорност, така што тогаш, не се ни сеќава на блиските луѓе.

      Слава Му на Бога што ни дава да го препознаеме доаѓањето на благодатта и што нѐ учи да

знаеме зошто таа доаѓа, а зошто си оди. Душата на оној, кој ги извршува сите заповеди непрестајно

ќе чувствува благодат, па дури и да била сосема мала. Но, благодатта лесно се губи заради

славољубието, дури и поради една горда мисла. Можеме многу да постиме и да се молиме, и многу

добри дела да правиме, но ако при тоа се вознесуваме, сите наши добри дела ќе бидат празни, како

барабанот кој многу вреви, а одвнатре е шуплив. Славољубието ја пустоши душата и треба да се

биде многу искусен и треба многу борба за да се победи. Во манастирот нешто од опит, а нешто од

Светото Писмо, спознав за штетноста на суетата. Затоа сега ден и ноќ молам од Господ Христово

смирение. Ова е голема и непрестајна наука.

      Нашата борба е тешка и бара многу мудрост. Меѓутоа, во исто време таа е и многу едноставна.

Пред душата која ќе го засака смирението сите замки на нашите непријатели се срушени и целата

нивна сила совладана. Во духовната борба треба многу да се внимава борбените залихи и плодови

да бидат потполни, совршени. Залихи – тоа е нашето смирение, а плодови – Божјата благодат. Ако

ги изгубиме, лошите духови ќе нѐ победат.

      Оваа борба е трајна, но само за гордите. За смирените таа е лесна, бидејќи тие Го засакале

Господ и Тој им го дава Своето непобедливо оружје – благодатта на Светот Дух. Од неа се плашат

нашите непријатели, бидејќи таа ги согорува.

 

 

*  *  *

 

 

      Еве го најкраткиот и најлесниот пат кон спасението: биди послушен, воздржувај се, не осудувај,

чувај ги умот и срцето од лоши помисли и мисли дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги

Page 44: Од Преданието на светите Отци

 

љуби. Поради тие смирени мисли благодатта на Светиот Дух нема да те напушти и ќе речеш:

„Милостив е Господ“.

      Ако осудуваш, ако ропташ, ако си самоволен, душата ќе ти запусти, иако многу се молиш на

Бога. Тогаш ќе речеш: „Ме заборави Господ“. Но, не те заборавил Господ, туку ти си заборавил да

бидеш смирен, и затоа Божјата благодат не живее во твојата душа. Во смирената душа благодатта

лесно се вселува и ѝ дава мир и спокојство во Бога. Божјата Мајка била смирена повеќе од сите и

затоа Ја слави небото и земјата. Бог ќе ги прослави оние, кои ќе се смират и тие ќе ја видат славата

Господова.

 

Свети Силуан Атонски     

 

 Благодатта се одржува со покајание и благодарење на Бога (17.02.2011)

О! Благодат, благодат! Дојди кај нас, дојди брзо, дојди. Колку се менува човекот и каков маченик станува кога ќе го покрие Божјата благодат! Божјата благодат им дала на мачениците не само да ги чуствуваат болките, туку и да се радуваат бидејќи страдаат за Христос. „Заради Тебе умираме секој ден, нѐ сметаат како овци за колење“ (Псал. 43, 22). Едно е да чувствуваш, а друго да читаш или да зборуваш за Божјата благодат.

Мотовилов, чедо на свети Серафим Саровски, не можел да го види лицето на светителот од силното светење на Божјата благодат. Затоа синовите на Израилот не можеле да го гледаат лицето на пророкот Мојсеј кога се симнал од Синајската гора држејќи ги двете Богоиздлабени камени плочи на Законот и морал да го покрие.

* * *

Такво нешто не предизвикуваш самиот, тоа ти доаѓа само по себе. Едно е тоа да го проучуваш, и да пишуваш за тоа, а друго е кога ќе дојде само од себе. Направив метании. Доаѓа помисла: „Таму каде што ги направи метаниите, таму се Христовите нозе“. Паѓам и го бакнувам подножјето каде што газел Христос, ја бакнувам и прегрнувам земјата каде што одел Христос. Само од себе доаѓа. Не го предизвикуваш ти, само по себе доаѓа. Тоа е благодат, брату мој.

* * *

Благодатта се предава по пат на молитва, или, и од далеку се предава благодат. И ако ми дојде убава молитва, велам: Старецот се моли за мене. Така чувствувам.

 

Page 45: Од Преданието на светите Отци

 

* * *

Благодатта доаѓа на овој начин: кога заспав, видов пред себе шестокрил или многуок, не знам. Така, и го бакнав. Кога тоа му го кажав на Старецот, ми рече: „Не чедо мое, тоа не бил многуок или шестокрил горе на небото. Благодатта доаѓа на тој начин.“

* * *

Кога доаѓа благодатта забораваш на тагата и страдањето, сѐ едно ти е. Кога доаѓа тагата, ја забораваш благодатта и велиш: Бог ме оставил, јас сум за во пеколот. Кога ќе се вратиш на првото, забораваш на второто. Тоа го вежба човекот во смирение. „Не јас, туку Божјата благодат која е со мене“ (1 Кор. 15, 10).

* * *

Многу пати сум бил во црква, во олтар. Бог е таму. Те известува, да речеме. Кога служеше Старецот, јас не служев, или тој или јас. Цела црква беше нурната во блажина, во мед. Старецот служеше, а јас ја чувствував благодатта.

* * *

Сонував како сум отишол во селото каде што сум роден. И не отидов во својата родна куќа, туку во црквата. Влегов во црквата, во олтарот. Таму го видов садот за крштевање во кој сум крстен, таму каде што дошла благодатта. Клекнав, го бакнував, бакнував и бакнував со многу солзи.

* * *

Благодатта се одржува со покајание и благодарење на Бога. „И не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници“ (Лука 15, 19). Навистина, тажно е, големото богатство кое сме го примиле на светото Крштение, значи восиновувањето, и тоа го имаме, според Апостолот (2 Кор. 4, 7) во земјени садови - да го негираме и заради тоа лесно стануваме мрзеливи, лесно стануваме незаинтересирани, лесно презираме, со еден збор, лесно паѓаме. Блажен е оној, кој ја примил благодатта и умрел со неа. Уште повеќе блажен е оној, кој живеел, ја зголемил и после тоа заминал.

Старец Ефрем Катунакијски

 

Бог е оган (16.02.2011)

Бог е оган кој сѐ преобразува. Кога предметот ќе се приближи до пламенот, тој се менува: или изгорува, или се кали. Така човекот, приближувајќи Му се на Бога или пропаѓа, или се спасува.

Огинот е секогаш огин. Но, во допир со него се создава и пепелта, и челикот, во зависност од тоа што се

Page 46: Од Преданието на светите Отци

 

допира до него. Така се случува и со човекот и сѐ зависи од тоа што тој ќе донесе до Божјиот оган – во каква состојба тој ќе Му пристапи на Бога. Ако се однесува како железото, тогаш силата на железото ќе се претвори во челик, а ако се однесува како слама – ќе изгори.

Секој човек порано или подоцна неминовно ќе Му пристапи на Бога и тешко на него ако не се подготви за таа средба. Толстој невнимателно и самоуверено Му се приближил на Бога, а не со Божји страв, недостојно се причестил и отпаднал од Бога. Ќе настапи мигот кога ќе дојдеме во допир со Божјата сила, сакале ние или не.

Лопатата е во Божји раце. Со лопатата се вее зрното и сламата, сламата ја носи ветрот, а зрното паѓа пред нозете на Домаќинот кој го собира во амбарот, останатата пак, слама, се остава или се запалува.

Неминовна е средбата со Бога и треба да се подготвиме за таа средба. Гревовите наши – тоа е сламата која ќе изгори на средбата. Однапред треба самите себеси да си судиме и самите, подготвувајќи се за таа средба, да се одвоиме од сламата, да ја запалиме сламата на гревовите со покајание. Или само гревовите ќе бидат изгорени, или заедно со нив ќе изгори и самиот човек кој им се препуштил.

Треба да знаеме за Страшниот Суд и да се однесуваме кон тој ден и настан како што треба. Треба да ја исчистиме својата душа, треба да се молиме. Кон тој настан треба да се однесуваме јасно и свесно, а не како животно кое ја врти главата за да не ја види опасноста.

Свети Јован Шангајски

 Сретение Господово (15.02.2011)

Пред доаѓањето Христово сите сме го имале она што постоело од Прародителот – проклетство и општа и иста осуда која сите ја добивале од Прародителот, предавана од коренот на родот и наследувана заедно со (човечката) природа. Секој за она, што лично направил, добивал осуда или пофалба од Бога, но никој не можел ништо против она општо проклетство и осуда, тој залог на наследството кое од почетокот му било предадено и кое тој го пренесувал на своите потомци.

Меѓутоа, дојде Христос, Ослободувачот на природата, Кој општото проклетство го претвори во општ благослов, примајќи ја од Пречиста Дева нашата праведно осудена природа, за во Самиот Себе да ја покаже во нов лик и непричесното старо семе како невино и оправдано, па така оние, кои потоа се од Него во Духот родени да останат надвор од тоа прародителско проклетство и осуда. Значи, зарем постои нешто што не би му дозволило на секој човек да учествува во Неговата благодат? Има ли некој кој од Него не добил простување за своите престапи? Не, такво нешто не може да биде, бидејќи Тој од нас не ја прими само нашата ипостас (нашиот лик, нашето лице), туку (целата) наша природа, која ја обнови, соединувајќи се со неа во Својата Ипостас. Сакајќи сите да се спасат, Тој навистина ги „сви“ небесата, се симна (на земјата) заради сите, низ дела и зборови и страдање го покажа целиот пат на спасението и се искачи на небесата, повикувајќи ги таму оние кои поверуваа во Него. Тој не само природата, која по нераскинливото соединување ја прифати од нас, туку и на секој кој верува во Него му подари потполно искупување, кое го направи и не престанува да го прави, помирувајќи нѐ со Отецот преку Самиот Себе, враќајќи нѐ сите нас со (сопствената) послушност и исцелувајќи ја нашата непослушност.

Page 47: Од Преданието на светите Отци

 

* * *

И кога се навршија деновите на нејзиното очиствање, според законот на Мојсеја, Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа (Лука 2, 22). За што се зборува тука? Законот кажува дека се должни да се исчистат како новородените, така и оние кои ги родиле во брачна заедница. Затоа псалмопејачот вели: Во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка (Пс. 50, 7). Бидејќи тука не се работи за родители, туку за Една Која роди, и бидејќи Таа е Дева, затоа што се работи за раѓање на Детето Кое е бессемено зачнато, тогаш тука, се разбира, немало потреба за чистење, туку сето тоа претставувало дело на послушност кое ја менува непослушната природа, дело кое ја исправа вината на непослушност.

* * *

Бидејќи бил навистина праведен и имал страв од Бога, Симеон бил дело на Светот Дух и тогаш, од Него поттикнат, дошол во храмот, им излегол во пресрет и Го примил во своите прегратки Тој Небесен и воедно Земен Младенец, принесувајќи Му, како на Бог, химна и молитва, молејќи во мир да се раздели од своето тело, објавувајќи и тврдејќи им на сите дека Тој (Младенецот) е Спасоносна Светлост, Која ќе ги отфрли неверниците, а ќе ги подигне оние, кои веруваат во Него.

Потоа и на Дева, Мајката на Младенецот, Ѝ ја претскажал болката која ќе ја почувствува покрај Крстот на Синот и која ќе покаже дека Таа по пророда е Мајка на Богочовекот, како и дека колебливите помисли кои ќе се појават, ќе бидат избришани од срцето. Симеон, значи, прекрасно докажал дека маката која ќе Ѝ ја донесат страдањата на Синот и длабоката тага и состраданието со Него ќе покажат дека Таа е вистинската Мајка на овој чудесен Син.

Пророчицата Ана, ќерката Фануилова, вдовица од осудесет и четири години, ревносна во постот и молитвите, која никогаш не си одела од храмот, тогаш била посебно обземена од Духот, Му заблагодарила на Бога и објавила дека дошло избавувањето на сите кои Го чекале, укажувајќи на Младенецот.

Такви совесни грлици пратил Светиот Дух поради Христос Кој влегол во храмот и ни покажал какви треба да бидат оние, кои во себе Го примаат Христос. Освен тоа, ни покажал какви треба да бидат жените кои, губејќи го мажот, остануваат без средства за живот, како и мажите кои ги изгубиле своите сопруги. Ана, ќерката Фануилова, била вдовица, но и пророчица. Зошто? Затоа што ги оставила световните и животните грижи и не си одела од храмот, затоа што живеела непорочно, поминувајќи го и денот и ноќта во пост и бдеења, во молитви и псалмопеење. Природно е што Го препознала Господ, на Кој му служела со своите дела, тогаш кога Тој дошол (во храмот), како што и пселмопејачот-пророк Му вели: На патот непорочен ќе пејам и ќе разберам: кога ќе дојдеш кај мене (Пс. 100, 2).

Свети Григориј Палама

 

 

За борбата помеѓу телото и духот која се случува во христијанинот (14.02.2011)

Page 48: Од Преданието на светите Отци

 

„Живејте по духот, и желбите на телото ваше

нема да ги извршувате.

Зашто телото сака спротивни работи на духот,

а духот спротивни на телото; тие се еден против друг,

за да не го правите она, што сакате“

(Гал. 5, 16-17)

 

Секој христијанин има двојно раѓање, старо – телесно и ново – духовно, како што е кажано горе, и

едното е против другото. Телесното раѓање е од тело; духовното е од Светиот Дух. „Роденото од

тело, тело е; а роденото од Дух, дух е“ (Јован 3, 6).

Но, бидејќи овие две раѓања се спротивставени едно на друго, од тоа настанува судир и борба помеѓу

телото и духот на христијаните. „Зашто телото сака против духот, а духот против телото“.

Телото сака да го умртви духот, а духот телото. Телото сака да биде гордо, да се фали, перчи, а духот

не го сака ова, туку сака да биде смирен. Телото сака да се гневи, раздразливо е, се задева, сака да

се одмаздува со зборови и дела, но духот не го сака ова, туку сака  кротко да простува. Телото сака

да прави прељуба и блуд, но духот се одвраќа од ова и сака да биде чист. Телото сака да поседува

нешто што е туѓо, да краде, да одзема на секој начин, а духот бега и од ова и сака да го даде она што

го има. Телотo сака да ласка, лаже, мами и да биде лицемерно, а духот го мрази ова и сака да делува

и да биде искрено. Телото сака да мрази друга личност, а духот сака да љуби. Телото сака да живее

во безделништво, но духот се оттргнува од тоа и сака да се вежба во блажени подвизи. Телото сака

да се забавува, да пие, да оди на вечери и забави, а духот сака да живее скромно, умерено и да

пости. Телото бара слава, почести, богатства во овој свет, но духот го презира сето тоа и се стреми

само кон добри небесни работи.  Така телото се стреми против духот и духот против телото.

Но христијанинот, како човек кој е обновен, мора да живее не како телото, туку според духот, да го

потчини телото на духот, според советот на Апостолот: „Живејте по духот, и желбите на телото ваше

нема да ги извршувате“. Ова е она: „го распнаа телото свое со своите страсти и похоти“ (Гал. 5, 24),

„грижата за телото не претворајте ја во похоти“ (Рим. 13, 14), „да се пазите од телесните желби, што

војуваат против душата“ (1. Петар 2, 11), „така и ние да одиме во обновен живот“ (Рим. 6, 4), да не

дозволиме гревот да владее со нас, да живееме за Христос, Кој умре за нас и воскресна од мртвите.

Мили христијани! Да размислиме: дали учествуваме во таква борба, дали сме во оваа борба за

спасение, дали чекориме во нов живот, дали се спротивставуваме на желбите на телото, дали

дозволуваме гревот да завладее и господари со нас? Но, Христови се само оние, кои  „го распнаа

телото свое со своите страсти и похоти“ (Гал. 5, 24).

Каква корист има човекот да се нарекува христијанин, а вистински да не е тоа?  Името не е тоа, кое

го покажува вистинскиот христијанин, туку борбата против телото и против секој грев. Човекот не

треба да му дозволува на телото сѐ што тоа посакува: храна, пијалок, облека, одмор итн. Тоа што му е

Page 49: Од Преданието на светите Отци

 

потребно ние ќе му го дадеме, но кога посакува нешто што е спротивно на Божјата волја и на

Неговиот закон, нема да го дозволиме, за така да можеме да бидеме христијани не само по име, туку

вистински.

Амин.

 

 

Свети Тихон Задонски

 

 

За причестувањето со Светите Тајни (13.02.2011)

Благодарение на Светата Тајна Причест ние во облик на леб и вино ги вкусуваме вистинското Тело и

Крв Христови и така се соединуваме со Него. За Светата Тајна Причест човекот треба да се подготви

со молитва, пост и покајание. Оваа Тајна се извршува во храмот за време на Литургијата. Болните

можат да се причестат и дома, тогаш свештеникот ги носи Светите Дарови во Дарохранилница. За

време на причестувањето со Светите Тајни човекот треба да има побожни чувства: трепет и Божји

страв. Меѓутоа, понекогаш сме ладни и расејани и многу заради тоа паѓаат во униние. Не треба да се

паѓа во униние. Човекот треба да се смири и да мисли дека засужил таква состојба. Кажи си: „Што

сум заслужил, тоа и сум добил! Поради моите гревови Господ не ми дава радост; слава Му на Бога за

сѐ!“ Издржи го тоа со трпение и не очајувај, туку труди се да се поправиш.

Некои луѓе, побожни и ревносни во духовниот живот, Господ ги испитува: не им дава радост – и за

тоа треба да Му се благодари на Бога. Господ подобро од нас знае што ни е од корист: на едни им

праќа благост и утеха за да ги поткрепи и охрабри, а на други не им го дава тоа, затоа што тие во

секоја ситуација исто треба да Го љубат и проверува дали се такви. Третите ги остава без утеха

поради гревовите. Во секој случај не треба да се паѓа во униние.

Немој да мислиш дека Бог те отфрлил, дури и ако не чуствуваш желба да Му служиш, но секогаш

труди се да Му угодиш со иста сила. Не се занимавај повеќе со себе отколку со Божјите дела,

препушти Му се, и во тоа ќе најдеш радост и блаженство.

Кога човекот невнимателно се однесува кон делото на своето спасение, кога си остава место за себе,

од причестувањето со Светите Тајни добива повеќе слабост отколку оздравување. Ако после

причестувањето бдееш над себе, над своите склоности и ако ги употребиш за угодување на Бога, ќе

останеш во побожност и во радосното чувство кое си го добил причестувајќи се.

Некои не сакаат да се причестат после болни и стари луѓе, се плашат дека ќе се разболат. Внимавајте

Page 50: Од Преданието на светите Отци

 

на гадливоста, тоа е многу голем грев. Свештениците во парохиите каде што нема ѓакони и ѓаконите

во други парохии и манастири ги употребуваат останатите Свети Дарови и живеат во добро здравје

до длабока старост. Гадливоста покажува дека човекот има слаба вера. Затоа треба да Му се моли на

Бога за Господ да му ја зголеми и крепи верата.

Тешко му е на човекот да гледа како некои болни старици и душевно болни со сите сили се трудат

заедно со децата први да ѝ пријдат на Чашата на Животот. Се буткаат и причестуваат без страв во

Бога... Душевно болните често претставуваат соблазна за другите. Тие ги плашат некои од луѓето и

има случаи кога верник се подготвува да се причести, но заради нив не ѝ пришол на Чашата. Ова се

однесува и на други болни, посебно на оние многу стари. Благоразумните и благочестиви стари лица,

ако чувствуваат дека им е лошо, седат мирно некаде на страна, се молат со страв, а на Чашата ѝ

приоѓаат последни, иако во црквата нема многу верници. Ете, тоа е побожност. И така самите

добиваат голема полза за душата и телото, и на другите не им пречат. Така прави и ти, чедо мое,

така се добива смирение, Божји страв и благочестивост.

 

схи-игумен Сава Псковско-Печерски     

 

 

Светите Три ерарси (13.02.2011)

Св. Василиј Велики  Подвижничкиот живот има една цел – спасение на душата. Поради тоа, сѐ што може да придонесе за остварување на таа цел треба да се поддржува со страв како Божја заповед. Самите Божји заповеди не се однесуваат на ништо друго, освен на спасение на оној, кој ги исполнува. Постојаното надгледување на себеси, ќе ти даде доволно раководство и за познание на Бога, зашто ако се спознаеш себеси, нема да имаш потреба да ги бараш трагите на Творецот во устројувањето на вселената, туку ќе ги најдеш во самиот себе, како во некој мала вселена и ќе ја видиш големата премудрост на Создателот. Од сѐ најважно за христијанинот е – да биде секогаш готов да Го пречека Господа, зашто никој не го знае часот на Неговото доаѓање.   Св. Григориј Богослов  Од денот кога се одреков од нештата на овој свет за да ја посветам душата моја на светите и небесни

Page 51: Од Преданието на светите Отци

 

созерцанија, кога врховниот Ум ме грабна одовде за да ме однесе далеку од сѐ што е телесно..., од тој ден очите мои се заслепени од Троичната светлина, чиј сјај го надминува сето она што мислата може да ѝ го претстави на мојата душа, бидејќи Светата Троица Своето неискажливо зрачење, кое е заедничко на Троица, го простира врз сите нешта од Нејзиниот возвишен престол. Едни принесуваат на Бога сребро и злато, други нежни свилени ткаенини, а трети излеваат чисти капки солзи – некои пак, сами себеси се принесуваат како непорочна жртва пред Христа. Да го отфрлиме земното изобилие и да го придобиеме небесниот спокој! Да го исползуваме само полезното на земјата, да ги искупиме своите души со милостина, да дадеме од својот имот на бедните, да придобиеме небесно богатство! На давај сѐ на телото, дај делче и на душата; не давај сѐ на светот, дај дел и на Бога; одземи нешто од стомакот и посвети го на духот; спаси нешто од огинот и вложи во вечноста; дај нешто и на Оној, од Кого си добил многу повеќе; дај дури и сѐ на Оној, Кој ти дал сѐ!    Св. Јован Златоуст  Да се молиме со внимание и чесно, искрено и срдечно. Со молитвата да го пронајдеме пристапот кон Бога. Со неа дише душата, таа го засладува животот, таа ги намалува страданијата, таа ги збратимува народите, таа е пат кон вечноста! Има ли нашто повозвишено од Крстот? Има ли нашто пополезно за нашите души? Да не се срамиме од името на Крстот и со смелост да го почитуваме, бидејќи преку него сме повикани кон спасение и преку него се насочуваме кон вечен живот. Да го проповедаме Крстот и да ја исоведаме нашата вера во Бога. Таа вистина нека се распространи по целата вселена, па така и неверните да поверуваат во Крстот и да се спасат. Присоединувањето со Светите Тајни е примање на Царот над царевите во душата, а каде што Царот влегува и стапнува, таму треба да има посебна чистина, срдечна љубов, длабок мир, искрена вера, синовска предаденост. Тогаш и Царот е задоволен и слугата радосен!   

 

Свети Игнатиј Богоносец (11.02.2011)

Сите следете го Eпископот, како Исус Христос Отецот, и свештенството како апостолите, а ѓаконите како Божја заповед. Без Епископот никој нека не прави ништо што се однесува на Црквата. Литургијата е веродостојна ако ја служи Епископот или оној на кој тој му дозволил. Таму каде што ќе се појави Епископот, таму нека биде мнозинството луѓе (сите верни), како што таму каде што е Исус Христос, таму е и соборната Црква. Не е дозволено без Епископ ни да се крштева, ни агапи (вечера на љубовта) да се поставува, туку тоа што тој ќе одобри, тоа Му е и на Бога угодно – за сѐ што правите да ви биде сигурно и верно.

Page 52: Од Преданието на светите Отци

 

Во чест, значи, Негова (на Бог Отецот), Кој нѐ возљуби, ни доликува да го слушаме Епископот без никакво лицемерие, бидејќи во спротивно, оној, кој го мами видливиот Епископ, нека знае дека го лаже Оној, Невидливиот. Зашто во овој случај не станува збор за тело, туку за Господ, Кој сѐ гледа.

Бидете совршени, совршено мислете (Фил. 3, 15). Бидејќи кога сакате добро да направите, Бог е подготвен тоа и да ви го подари.

Јас не сакам на луѓето да им угодувате, туку на Бога.

Немој да зборувате за Исус Христос, а да го посакувате светот.

Потребно е, не само да се нарекувате христијани, туку и да бидете.

Умно е и понатаму да се отрезнувате, и додека сѐ уште има време, да се покаете пред Бога.

Поделбите избегнувајте ги како почеток на сите зла.

Христијанството е големо кога светот го мрази.

Значи, сите вие, прифаќајќи едно исто однесување, слично на Бога, почитувајте се еден со друг и никој од вас нека не го гледа ближниот само по тело, туку едни со други во Христа секаде љубете се. Меѓу вас нека нема ништо што може да ве раздели, туку соединете се со Епископот како образец на бесмртноста.

Ништо не ми користи од задоволствата на овој свет, ниту од царствата на овој век. Подобро ми е да умрам за Христа отколку да царувам над земните крaишта.

Добро е да зајдам од светот за Бога и во Него повторно да се родам.

Божја пченица сум, И се мелам во забите на ѕверовите, За да станам чист леб Христов.

Него Го барам – за нас Умрениот, Него Го посакувам – за нас Распнатиот, А штотуку ми престои раѓање.

Љубовта моја се распнува (Гал. 5, 24; 5, 14) И нема во мене оган кој сака нешто материјално, Туку во мене има жива вода која жубори (Јован 4, 10-14; 7, 38-39), Која од внатре ми вели: Ајде кај Отецот! (Јован 14, 12). Не уживам во храна пропадлива, Ниту во задоволствата на овој живот.

Page 53: Од Преданието на светите Отци

 

Божји леб сакам, Кој е Телото на Исус Христос, Роден од семето Давидово (Јован 7, 42; Рим 1, 3); И пиење сакам – Крвта Негова, Која е љубов непропадлива.

 

 

Поуки за покајанието (10-02-2011)

Свети Ефрем Сирин

Градот засолниште за нас е покајанието, и не е далеку, секој од нас стои пред неговите порти. Тој ги пречекува грешниците. Нека биде благословен Себлагиот, Кој го создал тој град за наше искупување и спасение. Да се упатиме кон тој пријател на човештвото. Покајанието е ковчег на милосрдието, неговите врати се затворени за бесловесните, но отворени се за луѓето. Планината станала пристаниште за ковчегот, а за тебе покајанието нека стане пристаниште за чистото срце. Бог избрал три града за засолниште на новозаветните грешници: верата, надежта и сродната љубов. Без тие три добродетели нема покајание, невозможно е спасението.

Во страшниот и ужасен ден, Господи, ќе ни речеш на нас грешниците: „Вие луѓе добро знаете што Јас претрпев за вас... Вие што претрпевте за Mене?“ Што ќе одговорам на ова, јас непокајаниот, грешниот, лукавиот, осквернатиот? Тогаш мачениците ќе ги покажат раните од мачењето, отсечените делови од своите тела, трпението до крајот. Подвижниците ќе го покажат своето подвижништво, долгиот пост, бденијата, несреброљубието, солзите. А јас мрзливиот, грешниот, беззаконикот, што ќе покажам? Помилуј ме Господи! Помилуј ме Милостиви! Помилувај ме Човекољупче!

Ако ѓаволот те прелаже и паднеш во мал или голем грев, немој да очајуваш ниту да се осудуваш на погибел, туку прибегни кон исповед и покајание, и Бог нема да се одврати од тебе.

Ако се сопнеме и згрешиме, да се излечиме со солзи додека трае времето за покајание. Времето за покајание е кратко, а Царството Небесно нема крај.

Да се покаеме, конечно, и да Го смилостивиме Бог за нашите гревови.

Слава на Твојата волја, Господи! Таа постојано го очекува нашето покајание и го посакува нашето спасение.

Покај се пред смртта да ја затвори вратата на твојот живот и да ја отвори вратата на Судот!

Page 54: Од Преданието на светите Отци

 

Свети Исаак Сирин

Како благодат над благодатите, на луѓето после Крштението, дадено им е покајанието, бидејќи покајанието е второ раѓање од Бога. Покајанието е порта на милоста кој им се отвора на оние, кои упорно ја бараат: низ таа порта влегуваме во Божјата милост, ако не влеземе нема да добиеме милост, бидејќи, според зборовите на Светото Писмо, сите згрешија... Но ќе се оправдаат преку дар, со Божјата благодат... (Рим. 3, 23 – 24). Покајанието е втора благодат и се раѓа во срцето поради верата и стравот Божји.

Морето (светот) во кое се наоѓаме е загадено и во духовниот рај може да се отплови единствено со бродот на покајанието, на кој кормилар е стравот. Но, ако стравот не управува со бродот на покајанието, на кој, по морето одиме кон Бога, ќе се удавиме во смрдливото море. Покајанието е брод, а стравот е негов кормилар, додека љубовта е Божјото пристаниште. Така стравот нѐ води во бродот на покајанието, со кој пловиме по гнасното море на животот и нѐ упатува кон Божјото пристаниште, а тоа е љубовта. Во овој брод влегуваат сите кои се трудат и кои се кајат. А кога ќе ја достигнеме љубовта, тогаш сме Го достигнале и Бога, нашиот пат е завршен и дојдени сме на островот на тамошниот мир на кој се Отецот, Синот и Светиот Дух. Нему нека е слава и моќ! И нас со помош на стравот нека нѐ направи достојни за Неговата слава и љубов! Амин.

Подвигот на покајание никогаш не завршува: тој им прилега секогаш, на сите грешници и праведници, кои сакаат да добијат спасение.

Покајанието сѐ до смртта не може да биде ограничено ниту со време, ниту со количество на подвизи.

Покајанието е срце покајно и смирено.

Верувајте и надевајте се во покајанието, па „Божјото само по себе ќе дојде“ кај вас.

 

 

 

За ученикот когошто Христос го љубеше повеќе (09.02.2011)

Ако Бог сите ги љуби исто, зошто во Евангелието пишува, дека Христос го љубел едниот ученик

повеќе од другиот?

 

Христос го љубел Јован повеќе од другите, бидејќи Јован Го љубел Христа повеќе од другите. Ќе ви

дадам пример за да разберете: Сите одиме кон еден извор. Секој со свој сад – еден со чаша, друг со

кофа, трет со канистер. Од изворот тече вода. Ако отидеш со една чаша, ќе наполниш една чаша,

ако имаш кофа, ќе наполниш една кофа. Водата си е една и иста. Водата не е виновна што ти се

земал само една чаша. Твојот сад собира толку. Бог сите ги љуби исто, но сите не Го љубат на еден и

 

Page 55: Од Преданието на светите Отци

 

ист начин.

 

Христос јасно кажал во Евангелието: „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди“ (Јован 14, 15), како

и: „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; и Мојот Отец ќе го возљуби, и ќе дојдеме при него и

живелиште во него ќе направиме“ (Јован 14, 23). Тој ни ја дал таа заповеде, тој пат. Пазењето на

заповедите значи чистење на срцето и вселување на Бога. Едноставно е, бидејќи полесно е да Го

љубиме Бога, отколку луѓето. На почеток тоа изгледа парадоксално. Ги гледаме луѓето, разговараме

со нив. А Бог, Кого не Го гледаме, како да Го возљубиме? Затоа Црквата не го прифаќа и го одрекува

учењето дека Бог е идеја (замисла). Треба да си малоумен, за да љубиш една идеја. Односно

човекот, којшто љуби една идеја, се верил за една идеја. Не може да има такво нешто. Зарем можам

да се вљубам во идејата за Бога? Како е возможно? Треба да сум шизофреничар, за да го направам

тоа. За да се вљубам во нешто, треба да го допрам, да ми биде во рацете. Така е со Бог. Бог

суштевствува, постои, Тој е вистински Сеприсутен, а ние сме Негов образ. Ако ние сме образ и

постоиме, Тој, Кој е Првообразот, не постои ли? Тој е личност и го повикува човекот за лична врска со

Него. Затоа денес има голем проблем помеѓу христијаните: Христос не се восприема како личност и

Бог се претворил во идеја, во доктрина, во морализам, во добри дела, во сѐ што можеш да си

замислиш, само не во личност. Затоа и денес не ги разбираме некои од светителите, коишто правеле

чудесни нешта. Но, откако биле вљубени. Оди некој и живее на столб цел живот. Како ќе си го

објасниш тоа со разумот? Сакам да кажам дека светителите го правеле тоа, зашто Го љубеле Бога,

Го чувствувале и Го доживувале како личност. Затоа Црквата не се занимава со други појави. Тоа е

делото на Црквата – да ни Го дава Христос во рацете, не само духовно, туку и да Го јадеме и пиеме.

 

Христос вели: блажени се милостивите, зашто тие ќе отидат во рајот. Зарем е возможно човекот да

биде милостив без да Го љуби Бога?

 

Сум видел многу скржави луѓе. Има села во кои луѓето се скржави и се гордеат со тоа. Тие имаат

многу пари. Еднаш дојде еден таков човек, добар човек, воцрковен, тие сите се верници, но знаете

ли што открив, дека одат во црква наемнички. И тој вели: „Имам 10 000 лири, ако дадам неколку

илјади, ќе одам во рајот“. Со други зборови, за нив и рајот е прашање на зделка. И секогаш кога ќе

му кажеш, давај милостина, бидејќи другиот човек има потреба, не се трогнува. Ако му кажеш давај

милостина, за да ти се простат гревовите и да одиш во рајот, тогаш да видиш каква милостина

прават. И навистина, но со тој став. Односно, врската со Бога станува бизнис врска. Дава, но и зема.

Не може да даде, без да земе. Ти вели: „Видете господине, јас правам добри дела, сакам отплата,

сакам да одам во рајот“. Како што кажуваше Старецот Пајсиј: има некои луѓе, коишто, ако да

речеме, настапи Второто Пришествие, и на парадоксален начин рајот се наполни и не остане место

за сите, а Бог им рече на некои: „Извинете, чеда, не излегоа сметките, не можат сите да отидат во

Page 56: Од Преданието на светите Отци

 

рајот. Полно е!“, тогаш некои луѓе ќе започнат да се караат и да прават сцени: „Зошто претходно не

нѐ предупреди и сега останавме надвор! Правевме толку многу нешта!“ Додека човекот кој е

великодушен, ќе рече: „Добро, штом рајот е полн. Не ни пречи, ќе останеме надвор. Нека се

радуваат тие, кои се внатре!“ Со други зборови, зависи каков си пред Бога. Совршенство е да ги

чувствувам другите како себеси, како што вели Христос, да го возљубиш ближниот како себеси.

Односно, другиот да ти биде твоето јас, да не биде повеќе друг...

 

Митрополит Лимасолски Атанасиј

 

Местото за подвиг е насекаде околу нас (08.02.2011)

      На грешникот ништо не му е покорисно од постојаното држење на гревовите пред своите очи, од

што почесто покајничко расположение и преиспитување на себеси. Ништо не може толку да го

смилува гневот Божји: ниту постите, ни бдеењата, ниту било што слично.

      За да бидеме љубени од Бога, мораме да ја развиваме душевната убавина, секојдневно измивајќи

ја секоја нечистотија со читање на Светото Писмо, со молитвите, милосрдието и едномислието меѓу

нас.

      Оној, кој сака да Му угодува на Бога, да пребива во добродетелта и чистoтата, насушно е

потребно да не води мирен, пријатен и безгрижен живот, туку тежок живот, исполнет со многу

трудови и подвизи.

      Зошто световната жал предизвикува смрт? Причината е во тоа што жалоста обично доведува или

до сомнеж, или до погубно богохулство.

      Сакаш ли да бидеш ист со апостолите? Знај дека ништо не ти стои на патот: доволно ти е само да

ја исполниш добродетелта на милосрдието и во ништо да не заостануваш зад нив.

      Без девственост може да се здогледа Царството небесно, а без милосрдие нема никакви

можности за тоа.

      И живеејќи во градот може да се достигне мудрољубието на пустиножителите; и мажената жена

и бремената жена може да се моли, да пости, да постигне умиление.

      Каква е вистинската полза од земните наслади? Денес тие се, а утре не се; денес преубав цвет,

утре расеан прав; денес распален оган, утре оладен пепел.

      Тежнееш ли кон своето спасение? Немој тоа да го докажуваш со зборови, туку со делата свои.

Затоа потруди се да го смениш својот живот, бидејќи неверникот ќе те праша: „Како да знам што

заповедал Бог и што е дозволено да се прави? Бидејќи еве, ти си роден христијанин и човек воспитан

во толку прекрасна вера, а ништо корисно не правиш.“ И што ќе речеш ти?  Нема сомнеж, ќе понудиш

Page 57: Од Преданието на светите Отци

 

ваков одговор: „Ќе ти покажам други луѓе, кои според заповедите живеат: монаси, оние кои во

пустините се подвизуваат и се свети.“ Но, зарем не ти е срам, сметајќи се за христијанин, да

укажуваш на други, како да не можеш да докажеш дека и самиот правиш христијански дела?

Неверникот во истиот миг ќе ти возврати: „Зошто морам да одам во високите гори и пустини? Ако не е

можно во градовите мудрољубиво да се живее, тоа може да биде големо обвинение против

христијанскиот живот, бидејќи за неговото остварување потребно е да се напуштат градовите и да се

бега во пустините.“

      Сѐ прави заради покорување на Бога и како сѐ да преземаш поради Него. Ова е доволно да не

допуштиш да те обземе каква било соблазна или во твојот живот да завладее неред.

      Во телото Бога Го прославува оној кој не се оддава на блуд, кој не се прејадува, не се грижи за

надворешно украсување, кој за себе се грижи само толку колку што е неопходно заради здравјето, кој

не прави прељуби. Истото го прави и жената која не става на себе секакви јаки мириси, не го

украсува со бои лицето свое, која е задоволна со изгледот даруван од Бога и не му додава ништо

неприродно.

 

            Свети Јован Златоуст

 

 

Свети Гргигориј Богослов (07.02.2011)

Помислувам на Божествениот Дух, втиснувајќи траги

Скриени убавини и секогаш кон светлината насочени,

Ги положувам во основата на животот Божјите заповеди,

За помошник, сопатник и водич Христа да Го имам,

Со лесни надежи одовде да се вознесам,

Да се здобијам со чист и бескраен живот,

И да видам не само слаби отсјаи на вистината,

Како во огледало и како во вода,

Туку, со чисти очи самата вистина да ја согледам,

Во која Троица е почеток и крај, едно Божество,

Една светлост во три исти Божји одблесоци.

 

 

 

 

Page 58: Од Преданието на светите Отци

 

 

Цару мој, Христе! Тебе прв со усниве ќе Ти се обратам,

Уште пред да земам воздух за зборот што долго го задржував,

- Непорочен дар на чиста жртва, ако може така да се рече -

Кон Тебе го излевам од својот ум ова слово.

Светлост на Отецот, Логос на големиот Ум, Кој секој збор го надминува,

Најголема Светлост на најголемата Светлост, Единороден Сине,

Икона на Бесмртниот Отец и печат на Беспочетниот,

Кој блескаш заедно со големиот Дух, добар Царе...

Управителу на светот, Дарителу на животот, Создателу

На сѐ, што е и ќе биде. Со Тебе сѐ живее...

Заради Тебе живеам, заради Тебе зборувам, заради Тебе сум словесна жртва...

Заради Тебе го воздржував јазикот, Заради Тебе го ослободувам зборот;

Но, се молам: направи и едното и другото да биде свето!

 

 

 

 

 

...Кон Тебе, Блажени, го насочувам својот поглед; Кон Тебе помош моја,

Седржителу, Нероден, Почеток и Отец на Почетокот –

Бесмртен Сину, голема Светлост, (еднаков на Отецот) големата Светлост –

Оној, Кој е од Едниот и во Едниот!...

Тебе Сине Божји, Премудрост, Царе, Слово, Вистино,

Лик на Прволикот, природо еднаква на Родителот,

Пастиру, Јагне и Жртво, Боже, Човеку и Архиереу!

Тебе, Духу, Кој си од Отецот, Светлост на нашиот Ум,

Кој доаѓаш чист и го правиш човекот бог!

Смилувај се над мене, сега и во следните години,

И таму кога ќе се соединам со сецелиот Бог,

Радосно да Те пофалам со непрекинато песнопеење.

 

 

Свети Григориј Богослов

 

Page 59: Од Преданието на светите Отци

 

 

 Свети Климент Охридски (06.02.2011)

Браќа, ние сме должни да ги почитуваме Божјите празници, воздржувајќи се од секакво зло,

избегнувајќи секаква нечистотија, угледувајќи се на Божјите угодници, читајќи ги нивните житија во

светите книги и напојувајќи се со вера од сѐ срце. Со каква добродетел биле или со какви добри дела

го нашле Царството небесно? И како го поминале овој преоден живот, кој многупати без да го

спознаеме одиме од овој свет, или како нашето богатство стекнато со голем труд за еден ден ќе се

одземе од нас? Помислувајќи на ова светите Божји угодници се предале на труд, на бдение, на

секакво воздржување. За ова, браќа, и ние сме должни да се угледаме на нив и ревносно да бараме

спасение; повеќе од сите празници да го почитуваме денот на Христовото воскресение, а тоа е

светата недела. Затоа што од тој ден е првиот почеток на сето создадено видливо, на тој ден

архангелот Гаврил Ѝ го благовести на Пресвета Богородица воплотувањето на Бога и на тој ден е

воскреснат од мртвите нашиот Господ Бог, Кој го сруши пеколот и со Својата смрт ја победи вашата

горчлива и зла престапна волја, па заради славата на Христовото воплотување и Неговото

воскресение и почетокот на овој видлив свет, радувајќи се, да празнуваме на овој ден, украсувајќи ја

Божјата Црква со духовни песни и насладувајќи го своето срце и душа со благогласно читање. И

Самиот Господ Бог наш на тој ден му велеше на Мојсеј: шест дни нека работи слугата твој и твојата

слугинка, твојот вол и твоето магаре, а на седмиот нека празнуваат и нека се собираат в црква на

молитва. Оти таму примаме оздравување на душите и на телата, таму е страшната Тајна, таму гласот

Божји ушите на срцето ги затвора и заради нас се создава нешто неискажано, таму се изгонува

гревовниот мрак од нашите срца, таму Синот Божји е положен пред нас на страшна трпеза, како јагне

безгрешно пролевајќи крв заради нас и нашето избавување од гревовите, сакајќи да нѐ направи

наследници на Своето Царство. Затоа треба ние, браќа, со каење да се измиеме од секаква лошотија,

па така да Му пристапиме, со солзи да ги измиеме знајните и незнајните гревови, со смиреност да го

смириме срцето свое, како и Тој што се смири и беше воедно и Бог и човек, за да го спаси човекот од

измамата на ѓаволот. И ни го покажа патот кон спасението, велејќи: Блажени се бедните по дух,

зашто нивно е Царството небесно; и тие што плачат, зашто ќе се утешат. Затоа што оние кои не

плачат за своите гревови, без успех и неутешно ќе плачат во вечна мака. На таа благост, браќа, да се

потрудиме и ние да се стремиме, градејќи ја Божјата Црква на Светиот Дух, без да си го помниме

злото еден на друг, да цутиме со благоверие, греејќи со љубов кон бедните, украсени од братска

љубов, со пламен дух, служејќи Му на Бога, пристапувајќи Му со страв и чистота, достојни да се

јавиме пред Него, како што кажа и самиот: Ќе се вселам во нив и јас ќе им бидам Бог, а тие ќе ми

бидат луѓе. Како ќе биде тоа? Во тој што ќе се всели Бог со присуството на Своето живототворно

Тело, не ли е Тој почист од злато? Не се обновува ли чистотата секој ден како орел и високо излетува

Page 60: Од Преданието на светите Отци

 

со умот? Откако ќе го разбереме ова, браќа, ќе се обновиме со чистота и со добрина и својот живот

достоен ќе го направиме, а не само со збор да се нарекуваме христијани, туку во духовен подвиг да

се поставиме и да се надминуваме еден со друг со добрина, па и нам да ни рече Господ наш:

Пријдете, благословени, наследете го од Мојот Отец приготвеното за вас Царство од почетокот на

векот. Па затоа Него да Го прославуваме отсега со добри дела, иако сме навикнале да живееме во

слабост и мрзеливост до ден денешен, но уште од денеска да се помачиме за добри дела. Затоа што

Царството небесно насила се зема и силните го грабаат заради Исуса Христа, нашиот Господ, Нему

нека Му е слава, сега и секогаш и во сите векови.

 

Свети Климент Охридски

  Свети Антониј Велики (04.02.2011)

Кога се молиш внимавај на мрзливоста, зашто молитвите на мрзливиот

се празни зборови.

 

Не го криј од духовниот отец гревот што си го направил.

 

Кон сите биди пријателски расположен, но не прифаќај совет од секого.

 

Чувај се од лагата, зашто таа ќе го оддалечи од тебе стравот Божји.

 

Секој ден зборувај си во себе: ова е последниот ден кој ќе го проживеам

во овој свет, и ќе се сочуваш себеси од гревови.

 

Засакај го смирението и тоа ќе ги покрие сите твои гревови.

 

И кога си правичен, ако некој те обвини за грев, тогаш смири се и ќе добиеш венец.

 

Никогаш не се гневи на никого, и на сите простувај им.

 

Немој да бидеш славољубив и не се фали во своето срце, велејќи: јас тоа и тоа го направив, јас имам

таков и таков успех. Таквите помисли се суетни, и кој со нив се исполнил, станал престојувалиште на

нечистите духови.

 

Не ја напуштај Божјата волја за да ја исполниш човечката.

 

Немој да бидеш лицемерен, ниту да криеш, а уште помалку да бидеш лажливец.

Page 61: Од Преданието на светите Отци

 

 

Не му завидувај на оној, кој се истакнува, бидејќи подобро е сите луѓе да ги сметаш за поголеми од

себе, за со тебе да биде Самиот Бог.

 

Ако почнат да те фалат за твоите дела, ниту радувај се, ниту насладувај се на тоа, туку ако можеш

криј ги своите дела.

 

Знај дека смирението не е ништо друго, туку да ги сметаш сите луѓе за подобри од себе. Секогаш

имај на ум дека ти си крив за многу гревови.

 

Научи го својот јазик почесто да изговара „прости ми“, и ќе добиеш смирение.

 

Во сѐ биди скромен: во движењето на телото, во зборувањето, во однесувањето, во седењето, во

станувањето, во својот дом, во сѐ, пред сите и пред секакви.

 

Не се плаши од човечки презир и од клевети. Секој кој сака побожно да живее ќе биде гонет,

клеветен и презрен.

 

 

Свети Антониј Велики

Беседа за Старец Порфириј (02.02.2011)

Денеска ќе зборуваме за Старец Порфириј – еден голем

современ светител и тоа ќе го направиме не просто за да

раскажаме некаква историја, туку за да видиме како

преданието во Црквата не е просто некакво учење туку

реалност и опит.

 

Прво ќе ви раскажам како се запознав со него. Бевме

соседи. Тој живееше во Кавсокаливија, а јас во Неа Скити.

Сите имавме слушнато за него. Затоа решивме да

отидеме да го видиме. Отидовме наутро. Старецот беше

под едно дрво и јадеше нешто. Отидовме да го поздравиме. Тој ни кажа дека не може да нѐ прими,

бидејќи е болен. Нѐ праша од каде сме, а потоа замина во својата соба, а ние си тргнавме. Еден монах

дојде кај нас и ни кажа:

- Гледате, Старецот не се чувствува добро, попладне ќе биде подобро, почекајте и ќе ве прими.

Page 62: Од Преданието на светите Отци

 

Ние бевме во нашето бротче, т.е разговорот ни беше на оддалечено место. Во исто време слушнавме

звук од камбана – тоа беше камбаната којашто Старецот ја користеше кога имаше потреба од нешто.

Монахот, којшто беше со нас, отиде кај него и Старецот му рече:

- Зошто им кажа на отците дека попладнето ќе бидам подобро? (Беше невозможно дека можел да нѐ

слушне!). Кажи им веднаш да тргнат, бидејќи попладнево времето ќе биде многу лошо и нема да

можат да се приберат со бротчето.

Монахот дојде и ни кажа дека треба да тргнеме, бидејќи времето ќе се расипело. Ние погледнавме

кон небото, и тоа не изгледаше така. Но, бидејќи кажа, тргнавме. Едвај успеавме. Попладнето небото

како да се отвори... Тоа беше првата средба.

 

Вториот пат нашиот Старец се разболе – имаше срцев удар и ние мислевме дека ќе умре. Се

исплашивме што ќе правиме сами. Бевме во пустината, јас бев најстариот – 23-годишен. Тогаш бевме

околу 20 монаси. Ми дадоа број на телефон на Старец Порфириј. Бев во Солун по некаква работа и по

патот сретнав еден монах којшто беше негов ученик, и тој ми го даде неговиот број. Ми рече да го

побарам во 5 часот наутро, бидејќи во тоа време тој одговарал на телефонските повици. Навистина,

се јавив. Ѕвонев, ѕвонев, никаков одговор. Си велев, да не разбудам некој друг човек и да ме искара

по телефон. Што да правам сега? Си реков, ќе прочитам од Акатистот на Пресвета Богородица и ќе

поѕвонам пак. Читав и стигнав до последната песна. Го стиснав копчето, не чекав да завршам со

Акатистот, туку истовремено ги притискав копчињата на телефонот и го читав Акатистот. На крајот

на песната Старецот ја дигна слушалката и одговори од другиот крај во Атина, без дури да знае кој го

бара. Првите зборови му беа:

- Радувај се, Невесто Неневесна!

Односно, ми кажа по телефон тоа што го читав во молитвата. Ме праша кој сум – се претставив. Ме

праша што барам. Му реков дека имаме проблем со Старецот, и тој точно ми ја опиша неговата

состојба – сите симптоми, што имаше и што требаше да направам. Сѐ по телефон.

 

После тоа го посетив многу пати. Мојот Старец сакаше јас да одам во Кипар. Јас не сакав. Се обидов

да најдам меѓу Старците луѓе што ќе ме поддржат во тоа и така да го разубедам мојот Старец, којшто

најстојуваше да се преместам во Кипар. Со таа цел отидов кај сите познати Старци, за да можам

после тоа да кажам, на пример: „Старец Порфириј ми кажа да не одам!“ Го побарав и, се разбира, тој

ми кажа да одам во Кипар. Како и да е...  

 

***

Page 63: Од Преданието на светите Отци

 

 

Една богата жена од Атина ми го раскажа следниот

случај. Таа беше духовно чедо на Старецот и имаше син,

којшто се вљуби во една девојка од Атина. Синот немаше

врска со Црквата, не одеше на црква, ниту примаше

свештеници и слични работи. Девојката се беше вљубила

во нејзиниот син, но мајката не ја сакаше. Не знам зошто,

не ја сакаше. Како и да е. Таа му кажала на Старецот:

- Старче, оваа девојка добра ли е за син ми?

- Не, не е.

- Како да го убедам?

- Кажи му да дојде да поразговарам со него.

 

Таа му кажала, но тоа не го интересирало. Беа милионери и имаа многу пари. Синот договори заедно

со девојката да одат на екскурзија во Лондон и таму да ѝ каже дека сака да се сврши со неа. Им

кажал и на родителите: „Сакате, нејќете, ќе се верам со неа!“ Почекал некое време, но веќе донел

цврста одлука. Мајката му го кажала тоа на Старецот. Тој кажал:

- Кажи му барем сега, кога ќе отиде во Лондон, да ме побара само еднаш, да му дадам благослов.

Поставете му го тоа како услов. Кажете му: „Ти го даваме нашиот благослов да ја земеш за жена,

само побарај го Старецот по телефон!“

Момчето се согласило: „Е, добро, ако е само тоа, ќе му се јавам.“

Отишол во Лондон со пријателката, се качиле заедно во собата, потоа слегол долу да се јави по

телефон од рецепцијата. Тој не кажал на пријателка си дека ќе го бара Старецот, бидејќи таа ќе се

чудела. Поѕвонил, и Старецот веднаш дигнал слушалка. Се претставил:

- Старче, јас сум Димитар, син на таа и таа госпоѓа и сакам да го добијам вашиот благослов!

- Една секунда, биди на телефон, не затворај слушалка! – рекол Старецот.

И веднаш на телефонот се слушнало „р-р-р-р-р-р“ – некаков звук на линијата и без да има некаква

врска, телефонот од рецепцијата се поврзал со телефонот во хотелската соба. Станува збор за хотел

во којшто има 400 соби. Тој слушнал како неговата пријателка разговара по телефон во собата со друг

нејзин пријател во Атина и како му вели:

- Дојдовме во Лондон, вечерва ќе ми каже дека сака да се ожени со мене, ќе му ги земам сите пари и

после тоа ќе дојдам кај тебе! Те сакам! – и така натаму, знаете што велат во такви случаи.

Момчето како попарено го слушало разговорот на својата пријателка. Потоа тој повторно го слушнал

истиот шум на телефонот и повторно се поврзал со Старецот. Старецот го прашал:

- Што сакаше, чедо?

- Ништо, Старче! Благословете!

Page 64: Од Преданието на светите Отци

 

Тој ја затворил слушалката и ја откажал свршувачката.

 

***

 

Во 1979 година во скитот имавме гостин – католички монах, Италијанец – којшто совршено зборуваше

грчки. Седеше кај нас шест месеци. Еднаш, кога одев во Атина, отидовме заедно кај Старец Порфириј.

Влеговме внатре. Старецот беше слеп. Никој не знаеше дека тој беше католик. Носеше облека како

нашата. Никој не можеше да дознае. Другите светогорски монаси не знаеја дека е Италијанец, за да

нема недоразбирања. Тој влезе во собата и Старецот го праша:

- Како се вика твојот манастир?

- Свети Јован Богослов.

Старецот точно му го опиша манастирот во Италија, му кажа каде има вода и на која длабочина се

наоѓа.

 

***

 

Животот на Старецот беше полн со слични случувања. Тој ги опишуваше нештата коишто се случиле

пред илјади години. Бев присутен кога дојде во манастирот на Света Троица во Тива, и им кажа на

монахињите:

- Тука пред три илјади и петстотини години имало олтар на Аполон и на неколку метри под црквата

има остатоци. Затоа, кога ќе градите манастир, не викајте археолози, бидејќи ќе ги најдат остатоците

под него. Ако ги видат археолозите, ќе ви ја сопрат работата.

Тие му кажале:

- Ама тука нема остатоци.

После еден земјотрес требаше да се возобнови манастирот и откако раскопаа,

ги најдоа остатоците за коишто зборуваше Старецот.

 

***

 

Едно духовно чедо на Старецот работеше за НАСА. Си спомнувате ли за еден

спејс шатл којшто одлета во отворен простор и не можеа да го вратат? Повикаа

познати научници за да видат што ќе прават со него, меѓу нив имаше и некој

што го познаваше Старецот. Пред да отиде во Америка, тој отиде кај Старецот

за да земе благослов – му кажа каков е проблемот, а Старецот го праша:

- Што се случило, па не можат да го вратат?

- Па не можат.

Page 65: Од Преданието на светите Отци

 

- Чекај да видам.

 

Тој точно му опиша каде било оштетувањето.

- И како ќе го поправаме?

 

Тој му објаснил како. Му кажал:

- Оди и ништо не кажувај. Остави другите да зборуваат, но ништо нема да откријат. Остани последен.

Кажи го ова и ќе добиеш и награда.

Грчкиот претставник отишол, другите научници го кажале своето, но не ја откриле причината за

оштетувањето. Тој си помислил: „Но ако не е така и ми се потсмеваат, од каде знае Старецот? Но

сепак ми рече да кажам.“ Тоа и го направил. Тие му одговориле дека тоа е исклучено да биде

причината. Тој им кажал да проверат. Го послушале и успеале да го вратат спејс шатлот на земјата.

 

***

 

Има цели книги на луѓе со сведошта за Старец Порфириј. Има опишани случаи на чуда и после

неговата смрт.

 

Кога тој почина на Света Гора, една жена од Австралија, која понекогаш му се јавувала по телефон,

ѕвонела во неговата соба во Атина, без да знае дека Старецот бил заминат за Света Гора, ниту пак

дека веќе починал. Старецот разговарал со неа и таа му го кажала својот проблем, ја посоветувал

како да го реши проблемот. Потоа зборувале 20-25 минути, таа му кажала:

- Ќе ви се јавам, Старче, да ви кажам што се случи.

- Не ми се јавувај.

- Зошто, Старче?

- Не сум на земјата, дете мое! Починав и сега сум на небото. Не се јавувај.

Жената не поверувала, си рекла, што му стана на Старецот, нешто не е добар или се шегува. Како и

да е. Се јавила другиот ден да види што се случува. Ѕвонела, ѕвонела, и се јавила една мохаиња што

живее таму во манастирот.

- Ве молам, сакам да зборувам со Старецот!

- Чедо, не ли ја чувте веста? Старецот почина пред 40 дена.

- Навистина ли?

- Почина, на Света Гора.

- Ама вчера зборував со него по телефоон.

- Не знам на кој телефон сте зборувале, Старецот почина пред 40 дена.

 

Page 66: Од Преданието на светите Отци

 

***

 

Се разбира, некој може да праша, какви се овие работи, или зошто ги кажуваме? Тие покажуваат дека

Црквата не е теорија, ниту философија, туку реалност, и сѐ што ни кажува Христос во Евангелието е

реалност. Тоа не се однесува само на Старец Порфириј, туку и на исклучително многу свети луѓе –

Старец Паисиј, Старец Софрониј, Старец Јаков – овие современи светители што ги познававме. И јас

познавав такви луѓе. Тоа е нешто неверојатно. Ги гледаш, гледаш што прават и ти самиот не веруваш

дека тоа се случува! Ако го разгледате животот на овие луѓе, ќе видите еден основен белег, т.е.

двоен белег – прво, имаат голема љубов кон Бог и кон човекот како резултат на тоа, и второ, имаат

големо смирение, исклучително големо смирение. Старец Порфириј, кога го опишуваше својот

благодатен дар, бидејќи знаеше и велеше дека е дар од Бог, не го криеше, беше толку простодушен,

што понекогаш, како да кажам, се забавуваше со тоа. Кога минуваше покрај разни села, им кажуваше

на луѓето каде имаат вода:

- Јас им велам каде има слатка вода, и тие ја наоѓаат. Зошто им го велам тоа?

Им го кажувам за да можат, откако ќе ја најдат водата, да поверуваат дека тоа што сум им го кажал е

од Бог, и потоа да им проговорам за духовните нешта и да ме ислушаат.

Некои одеа и го прашуваа:

- Старче, во нивата имам ли вода?

А тој кажуваше:

- Добро де, деца, јас да не сум сонда?

 

Велеше, дека го добил тој дар бидејќи наполно се умртвил себеси за Бог. Немаше воопшто сопствена

волја. Што е доказот за тоа? Тој имаше толку голема желба да живее на Света Гора, а Бог на некој

начин го „истера“ од Света Гора, и го принуди да живее на Омонија, плоштад во центарот на Атина.

Таму живееше.

 

Не знам дали можете да си ја претставите тишината на Света Гора, пустината. Ќе ви кажам и од

личен опит. Ние бевме 20-22 монаси во нашата заедница и живеевме во скитот, во пустината, и

служевме Литургија. Црквата ни беше многу мала. Беше широка два метри и половина. Еднаш дојде

еден странец и нѐ бараше. Ние бевме во храмот. Тој беше надвор и не нѐ слушаше. Толку тивко

служевме, скоро шепотејќи. Таква е исихастичката традиција. Ако немаш опит, можеш да се

запрашаш, овие луѓе што прават, не ли зборуваат? Таква тишина. Така беше на Света Гора. Кога тој

отиде во Атина, во болничкиот храм отспротива продаваа музички цедиња. Продавачот пушташе

музика толку гласно, што таа ја пригушуваше Литургијата во храмот. Старецот велеше дека не може

да служи, бидејќи постојано се слуша музика. Се прашуваше што да прави и најмногу за да може да

се восредоточи требаше да се моли со целата своја сила. Тој се навикна да се моли од целата своја

Page 67: Од Преданието на светите Отци

 

душа заради тоа што храмот се тресеше од песните надвор. Таква беше атмосферата.

 

Еднаш, кажуваше тој самиот, додека го читал Евангелието, во коешто се опишуваат Христовите

страдања, извикал и паднал во несвест. Луѓето се обидувале да го освестат. Што се случило? Читајќи

го Евангелието, тој пред себеси ги видел страдањата на Христос – како Го приковувале и распнале, и

затоа тој не издржал и ја изгубил свеста.

 

***

 

Тој ги гледаше случувањата пред себеси и ги опишуваше. Еднаш им се јавил на едно семејство во

Јужна Африка и им рекол:

- Под вашата куќа поминуваат кабли со висок напон – тргнете се оттаму, ќе се разболите од рак.

 

Луѓето се чуделе.

- Кој си ти? Од каде се јавуваш?

- Не сте ли вие таа и таа госпоѓа?

- Да.

- Од Атина се јавувам, отец Порфириј се викам.

- Од Атина? Како знаеш за нашата куќа во Јоханесбург?

Ниту тој ги познаваше, ниту пак тие него.

 

***

 

Со спомнатите случаи сакав да ви покажам дека Црквата е простор во кој човекот се исцелува и во кој

оживуваат сите негови сили и дарови, дадени од Бог. Црквата ги насочува тие сили кон Бог. Доказ за

тоа се светителите. Да ги немаше нив, луѓето коишто ѝ се доверуваат на Црквата ќе беа глупаци.

Претставете си да следите една црква која ви зборува за нешта што не може да ги докаже. Со други

зборови, немаше ли да бидеме безумни, ако го следиме Евангелието без докази за неговата

вистинитост? Откаде да знам дека е вистина? Добро, тоа се убави нешта, но како да ги правиме? Има

ли доказ за тоа што ми кажуваат дека е вистина? Само светителите вистински сведочат за

Евангелието. Јас навистина признавам дека кога бев на осумнаесет години и за прв пат отидов кај

Старец Порфириј, мојата душа веднаш почувствува веднаш штом го видов дека зборовите на Христос

се вистина. Така си реков. Зошто? Затоа што пред себеси видов свет човек.

На крајот, кога се молите, повикувајте ги молитвите на Старец Порфириј – тој свет човек. Тој има

голема смелост пред Бог и верувам дека неговата молитва има особено голема сила.   

 

Page 68: Од Преданието на светите Отци

 

 

Лимасолски митрополит Атанасиј

 

 

Свети Исак Сирин (26.11.2010)

Не постои граница која би означувала дека покајанието е довршено, бидејќи дури и

совршенството на совршените всушност е несовршено. Затоа, покајанието сè до смртта

не може да биде ограничено ниту со време ниту со обемот на подвизи.

Кој во надеж на покајание ги повторува своите гревови, тој се однесува лукаво кон Бог;

таквиот го снаоѓа ненадејна смрт.

Page 69: Од Преданието на светите Отци

 

Светот е блудница: тој со својата убавина ги привлекува оние кои се наклонети да

љубат. Кој е условен од љубовта на светот, до крајот на животот не може да избега од

неговите раце. Кога целосно ќе го разголи човекот, светот во денот на неговата смрт го

изведува од неговиот дом (т.е. телото). Тогаш човекот сфаќа дека светот е лажен

измамник.

Свет е телесниот живот и телесното мудрување. Свет е заеднички назив на сите

страсти. Каде што страстите престануваат да делуваат, таму светот умрел.

Бог нема заради оставањето на псалмите да нè осуди во денот на Својот суд, ниту за

оставање на молитвата, туку заради влегувањето на демонот во нас, до кое ќе дојде

ако ги оставиме.

Оној кој сака да Го види Господа во себе, се труди да го очисти своето срце со

постојано сеќавање на Бога: на тој начин, тој со просветлените очи на умот секој час ќе

Го гледа Господа. Она што ѝ се случува на рибата кога ќе биде извадена од вода, тоа

му се случува на умот кога ќе излезе од сеќавањето на Бога и блудничи по светските

спомени... Страшен им е на демоните, а драг на Бога и на ангелите Негови, оној кој

ноќе и дење со пламена ревност Го бара Бога во своето срце и го искоренува од него

подникнатиот плевел на ѓаволот. Без постојана молитва, невозможно е да Му се

приближиме на Бога.

Не е чист оној кој не го познава злото, туку оној кој против него постојано се бори.

Прими го мечот на духот, словото Божјо и носи го на своите усни, во својот ум и во

срцето и вели без прекин: Господи Исусе Христе, помилуј ме!

Свети Исак Сирин

 

Старец Јосиф Ватопедски: Поуки (24.11.2010)

За познанието на Божјата волја

 

Нашиот живот со Старецот имаше одлики попрво на детство отколку на

зрело доба. Вниманието главно ни беше насочено кон монашкото

предание, и ние се трудевме колку што можевме повеќе да го исполнуваме

типикот. Она што навистина ни недостасуваше беше способноста за

распознавање на духовните состојби, својствена за оние што имаат опит и

Page 70: Од Преданието на светите Отци

 

дар на расудување, и заради тоа од нас беше скриена - во својата длабочина, ширина и

висина - духовната величина на Старецот. Но, можеби, тоа што учениците го откриваат

својот наставник тогаш кога тој се одзема од нив (сп. Лука 24, 31) е вообичаена и

неизбежна појава? Старецот неуморно се трудеше да ни предава делче од духовното, и

неговите напори не беа бесплодни, зашто на мудриот очите му се во главата негова

(Екл. 2, 14). А, сепак, вистина е дека сѐ има свое време, и секоја работа под небото има

свое време (Екл. 3, 1).

 

Веќе на зрела возраст, кога Старецот веќе не беше со нас, ние ја достигнавме

длабочината на неговото слово и дела до најситни детали, а додека тој беше жив тие

на нашата неопитност ѝ се чинеа бесмислени загатки. Со сите свои бедни сили се

трудевме да пројавуваме послушание и да не го натажуваме Старецот, меѓутоа многу

ретко ја сфаќавме смислата и главната цел на духовниот закон, во кој со толку ревност

нѐ поучуваше. Нема одново да се навраќам на подробности од неговата биографија, но

ќе дадам неколку појаснувања во врска со веќе спомнатиот духовен закон, кој владее

над луѓето.

 

Ние забележавме дека Старецот никогаш ништо не прави без претходно да се помоли.

Кога ќе го прашавме нешто во врска со иднината или со наредниот ден, тој ќе речеше

дека ќе ни одговори другиот ден. Ова го правеше со цел на одговорот да му претходи

молитвата.

 

Нашите желби беа насочени кон познанието на божествената волја. Навистина, на кој

начин може човек да ја распознае? Старецот ни велеше: „Деца, ме прашувате ли за она

што е основа на сѐ друго?“ Ние, пак, настојувавме со уште поголема љубопитност: „Ама,

Старче, зарем Божјата волја не е позната во општи црти преку Светото Писмо и преку

севкупното божествено откровение? Нели сме ние монаси и во нашиот живот сѐ се

одвива според востановен ред. Тогаш за што друго би можеле да прашуваме?“

Старецот на тоа одговараше: „Да ви даде Бог разум во сѐ (2 Тим. 2, 7).“ Преподобен Нил

Калабриски се молел да му биде дадено да „мисли и говори согласно божествената

волја“. Општо кажано, добрите дела и исполнувањето на сите останати заповеди се

Божја волја, но конкретните детали, што ја определуваат остануваат непознати. Зашто,

кој го позна умот Господов? (Рим. 11, 34). И уште: Твоите судови се голема бездна (Пс.

35, 6). Божествената волја се разликува во зависност не само од времето туку и од

местото, луѓето, предметите, исто како и од квантитетот, начинот на дејството и

околностите. И само ли од тоа? Самиот човек, менувајќи ја својата внатрешна

Page 71: Од Преданието на светите Отци

 

настроеност, многу ја менува и Божјата одлука. И така не е доволно да

се знае општото изразување на Божјата волја, туку треба да се знае

конкретната пресуда за даденото прашање - да или не - само тогаш е

загарантиран успехот. Главна цел на божествената волја е

изразувањето и пројавувањето на љубовта Божја, зашто движечка

сила на сите наши дела е токму полнотата на Неговата љубов. Ако

живееме ли, умираме ли – Господови сме (Рим. 14, 8), како што вели

светиот апостол Павле, тогаш истото се однесува и на волјата по која

трагаме. Колку и да ни се чини дека таа е наша сопствена волја или

волја на некој од луѓето околу нас, центар на нејзината гравитација е

Божествената Личност, со Чија сила ние живееме, се движиме и

постоиме (сп. Дела 17, 28). Се сеќавате ли на Господовата молитва во

Гетсиманската градина: „Ако е можно нека Ме одмине... но, не како Јас што сакам, туку

како Ти“ (Мат. 26, 39)? Секоја пројава на послушание кон волјата Божја во чија основа

не е љубовта кон Него ризикува да остане обично човечко дело, или, поточно, човечко

промашување! Доколку, според зборовите на апостол Павле, сме должни да

потчинуваме секаква мисла во послушание на Христа (2 Кор. 10, 5), зашто не припаѓаме

само на себеси (1 Кор. 6, 19), тогаш каков одговор ќе се јави во совеста на човекот што

сака да биде послушен ако во секој одделен случај не е позната Божјата волја? Па дури

и последувателниот божествен благослов и благодатта кон која се стремиме се

јавуваат само при совршено послушание.

 

„Значи, ако сакате да ја откриете Божјата волја, откажете се сосема од својата

сопствена волја заедно со секоја друга мисла или план, и со големо смирение испросете

го бараното знаење во молитва. Тогаш сѐ што ќе ви се обликува во срцето или она што

ќе ви легне на срце правете го, и ова ќе биде по Бога. А оние што имаат поголема

смелост и навика да се молат за ова, уште појасно го слушаат во својата душа

божествениот одговор и стануваат повнимателни во својот живот, трудејќи се ништо да

не прават без божествено известување.“

 

„Постои и друг начин да се спознае Божјата волја, кој Црквата вообичаено го

употребува, а тоа е совет преку духовните отци или исповедниците. Големиот

благослов на послушанието што благодатно ги осенува оние коишто го ценат, за тие

луѓе станува средство за познание на ним непознатите нешта, покров и сила за

исполнување на советот или заповедта, бидејќи Бог на послушните им се открива како

добар Отец. Совршенството на послушанието, кое во себе ја содржи полнотата на сите

Page 72: Од Преданието на светите Отци

 

добродетели, ги вподобува послушниците на Синот Божји, Кој беше послушен дури до

смрт, и тоа смрт на крст (Фил. 2, 8). И како што на Исус Му е дадена секоја власт (Мат.

28, 18) и сето благоволение на Отецот, така и на послушниците им се дава известување

за божествената волја како и благодат, која им помага да ја исполнат успешно и во

целост.“

 

„Оние што прашуваат духовни луѓе со цел да ја откријат божествената волја треба да

го знаат следново: Божјата волја не се открива магиски, ниту пак е релативна, зашто не

може да се смести во тесните рамки на човечката логика. Во Својата неизмерна

добрина, Бог ѝ снисходи на човечката слабост и му дава на човекот јасно известување.

Но, човекот мора прво да Му верува безусловно а потоа и да се смирува копнеејќи

ненаситно по познанието на волјата Божја и ревнувајќи во нејзиното исполнување.

Затоа човекот го прима со вера и благодарност првиот збор на духовниот отец кому му

се обратил за совет. Но доколку овие услови не се исполнети, односно верата,

послушанието и смирението не му содејствуваат на човекот - а знак за тоа е кога некој

противречи, препрашува или, што е најлошо, бара мислење од други духовници - тогаш

Божјата волја се крие од него како сонцето зад облак. Оваа е чувствителна работа и

бара големо внимание. Ава Марко вели: ‘Човек му дава совет на ближниот по мера на

своето знаење; Бог, пак, дејствува во оној што слуша по мера на неговата вера’.

Суштински предуслов во барањето на божествената волја е оној што ја бара да покаже

спремност да го прими нејзиното откровение, зашто, како што порано веќе реков,

божествената волја, која надминува сѐ, не се содржи на некој магиски начин во какви

било положби, места или средства, туку им се открива само на оние што се достојни за

ваквото божествено снисходење.“

 

Сега си спомнувам што се случуваше со нас кога го молевме Старецот да ни ја соопшти

Божјата волја. Опитот веднаш нè научи без противречење да го примаме неговото прво

слово како безусловна вистина. И навистина, сѐ се случуваше на најдобар начин, дури и

кога од човечка гледна точка нештата изгледаа бесмислени. Знаевме дека ако

противречиме на кој било начин, давајќи благовидни изговори во поддршка на

сопственото мислење, тогаш Старецот ќе отстапеше со зборовите: „Правете како што

знаете“. Меѓутоа, на тој начин таинствената сила и покровот на успехот ќе беа

изгубени за нас. Следствено, ‘првото слово’ на духовниот отец, примено со вера и

послушание, ја изразуваше божествената волја. Во својата поопшта форма, оваа тема е

уште посложена и позагадочна, зашто, како што знаеме, божествената волја не им е

секогаш позната дури ни на совршените, особено кога некој сака да ја открие во

Page 73: Од Преданието на светите Отци

 

рамките на временската ограниченост. Од друга страна, потешкотијата може да

произлезе од состојбата на човекот што поставил прашање, доколку тој не се

ослободил во доволна мерка од острастените склоности и желби, така што дејствува и

донесува одлуки под нивно влијание. Во такви случаи е неопходно трпение.

 

Јас лично чув од човек духовен и целосно достоен за доверба дека тој побарал од Бога

да му ја открие Својата волја во врска со еден проблем од неговиот личен живот и го

добил одговорот дури после четириесет и две години! На ова јас, мрзеливиот, се

стаписав и му се восхитував на неговото железно трпение.

 

Нашиот главен заклучок е дека познанието на божествената волја претставува едно од

најделикатните и најсложени прашања во нашиот живот. Ова особено се однесува на

оние што се трудат да ја дознаат со посредство на молитва - иако ова е потребно,

според Господовите зборови: „Чукајте, барајте, просете и ќе ви се даде“ (в. Мат. 7, 7) -

на ова сепак треба да му претходи трпение, искушенија и опит за да се отстранат

страстите и човековата сопствена волја, од кои се гнаси неизмерната тенкосетност и

чувствителност на божествената благодат. Но, како и да е, без оглед на тоа дали

познанието на божествената волја е тешко или бара трпение, неопходна е постојаност

во молитвата, која е нашето единствено средство за општење со Бога, од Кого и

можеме да ја дознаеме Неговата божествена волја.

 

извадок од книгата Elder Joseph the Hesychast, од Старец Јосиф Ватопедски

 

Порака на Старец Паисиј Светогорец (23.11.2010)

„Прво да веруваме во Бога, а потоа да Го љубиме Бога и Неговата икона – човекот.

Верата се зголемува со молитва.“

„Како што разбрав, сето зло произлегува од неверието. Кога човекот не верува во Бога,

сака овој живот да му помине во забава. Затоа и се предава на секакви гревови.“

 

„Човекот треба да проникне во подлабоката смисла на животот, зашто овој живот ни е

даден да се подготвиме за оној другиот, вечниот. А потоа, како што на патникот за кое

било одредиште му е потребен патеводител, така и за патувањето кон небесата

човекот треба да си најде патеводител (духовник). Потоа духовникот ќе му го одреди

Page 74: Од Преданието на светите Отци

 

‘планот на патувањето’, малку читање, малку молитви, да ги избегнува поводите за

согрешенија и световниот начин на размислување, што е најлошо од сè. А тогаш срцето

ќе му биде во Христа.“

 

„Треба срдечно да се бориме за да се спасиме, за да не Го нажалиме Христа. Христос ќе

ни рече: ‘Чедо мое, толку многу направив за да те спасам. Пролеав крв и поднесов

толку страдања, а што направи ти за своето спасение?’“

 

„Секој човек треба да пронајде работа која ќе го осветува. Духовно напреднатиот човек

ќе биде успешен каде и да се најде, било во брак, било во монаштво.“

 

„Нека ни бидат помили неволјите и да ги прифатиме поубаво отколку радостите.

Горкиот лек е најчесто подобар од слаткиот, зашто исцелува. Вистинска радост се раѓа

од болката.“

 

„Она што ги спречува луѓето во духовното напредување е мозокот, кој не им работи

добро кога е во прашање духовна корист, туку само кога се во прашање секакви други

работи.“

 

„Основата на духовниот живот е човекот да размислува за другиот, а себеси да се

стави на последно место, да се смета себеси за ништожен. Кога ќе се ставиме во

положбата на другиот и ќе го разбереме, тогаш стануваме Христови.“

 

Старец Паисиј Светогорец

 

 

Преподобен Исаак Сирин (22.11.2010)

Бог Го испрати Својот Син во светот кога луѓето беа особено западнати во гревови, кога беа исполнети со големо непријателство кон Бога. Затоа многу повозвишена добродетел е зачувувањето на љубовта кон луѓето кога паѓаат во гревови, отколку кога водат праведен живот.

Не мрази го грешникот, бидејќи сите сме грешни. Ако заради Бог се подвизуваш, тогаш пролеј солзи за него. Зошто го мразиш? Замрази го неговиот грев, а помоли се за него, и така ќе станеш сличен на Христа, Кој не негодувал против грешниците, туку се молел за нив. Зарем не гледаш, Он плачел и за Ерусалим. Ние често им служиме за потсмев на демоните. Зошто го мразиме оној кому ѓаволот му се потсмева како и нам? Зошто,

Page 75: Од Преданието на светите Отци

 

човеку, го мразиш грешникот? Бидејќи не е праведен како тебе? Каде е твојата правда, кога немаш љубов?! Зошто не заплачеш заради него, туку го гониш? Некои, кои за себе мислат дека здраво судат за делата на грешниците, се гневат заради тоа на нив, постапуваат така од незнаење.

Не треба пред време да бараме многу, за дарот Божји да не пропадне заради брзината на неговото примање. Сè што се постигнува лесно, бргу и се губи; сè што е добиено со страдание на срцето пак, грижливо се чува.

Ако некои од Отците пишувале дека постои чистота на душата, дека постои нејзино здравје, бестрастие, не го пишувале тоа за ние пред време да ги бараме и исчекуваме. Во Светото Писмо е речено: „Царството Божјо нема да дојде забележливо“ (Лука 17, 20). Оние во кои живее исчекувањето, стекнале гордост и пад... Црквата Божја го отфрлила барањето и исчекувањето на возвишените Божји дарови. Тоа не е обележје на љубов кон Бога, туку – болест на душата... И како да трагаме по возвишени Божји дарови, кога божествениот Павле се фали со страдања, а за најголем Божји дар го смета учеството во Христовите страдања!

Ако Му се молиш на Бога за нешто, а Тој се двоуми да те услиша, не тагувај заради тоа: ти не си попаметен од Него. Така се случува по најмудра Божја промисла, која е несфатлива за човековиот разум.

Нашиот великодушен Отец, кога ќе посака на Своите вистински синови да им подари излез од нивните искушенија, не ги одзема искушенијата од нив, туку им дава трпение во искушенијата, и тие сите богатства за восовршување на своите души ги примаат со раката на трпението.

Утеха и напади, светлина и темнина, борби и помош, накусо речено притеснетост и пространство – и тоа е знак дека човекот напредува со Божја помош.

 

Преподобен Исаак Сирин

 

 

 

Свети Макариј Велики (18.11.2010)

Само оние што Го љубат само Единиот Бог и оние што се откажале од секаква светска

љубов ќе бидат во состојба да го извршат подвигот докрај. Но сосем е мал бројот на

луѓето што имаат таква љубов кон Бога, кои се откажале од сите светски желби и

задоволства и кои можеле смело да ги поднесат сите искушенија и напади на

лукавиот. Голем е бројот на оние што сакаат да се удостојат со Небесното Царство без

напори и подвизи и без пролевање пот, што не е можно.

 

Затоа треба да Го возљубиме Господа и со сите сили да се трудиме да напредуваме во

добродетелите, неуморно и непрестајно да се молиме во потполност и совршено да го

примиме Неговиот Дух според ветувањето, за да се оживотворат нашите души уште

Page 76: Од Преданието на светите Отци

 

додека сме на земјата, во телото. Зашто, ако душата уште во овој живот не Го прими

Светиот Дух, заради нејзината вера и молитва, ако не стане причесник на

Божествената природа, исполнувајќи се со благодатта на Светиот Дух, со чија помош

непорочно и чисто ќе ја извршува секоја заповед, таа не може да биде погодна за

Небесното Царство.

 

Божјата премудрост е безгранична и непоимлива за нашиот ум. Ние не можеме да

сфатиме на какви сè разновидни начини му се раздава благодатта на човечкиот род, за

да се провери слободната волја на секој човек, за да се пројават оние што Го љубат

Бога со сето свое срце и кои се подготвени заради Него да преминат низ секаква

опасност и да преземат секаков труд. Зашто некои, уште додека живеат во светот, без

напори и истоштувања, штом пристапат со вера и со молитва, веднаш ги стекнуваат

даровите и полнотата на Светиот Дух. Но Бог не ја дава благодатта без причина, не во

невреме и не туку така, но според неискажливата и несфатлива мудрост, за да се

испита довербата и самовласната волја на оние што брзо ја добиваат благодатта, т.е.

дали ги чувствуваат добрината и милоста што им се укажани и сладоста Божја што им

била возвестена без никакви нивни напори. Зашто, откако ќе се удостојат со овие

дарови тие се должни да покажат ревност, неуморност, подвиг и плод на љубовта со

својата волја и тежнеење, да возвратат за даровите, т.е. наполно да се предадат

себеси на љубовта Божја, исполнувајќи ја само волјата Господова и совршено

оддалечувајќи се од секоја телесна желба.

 

Кој сака да Му пристапи на Господа, да се удостои со вечниот живот, да постане

живеалиште Христово, да се исполни со Светиот Дух, да дојде во состојба да ги

принесува плодовите на Духот, чисто и беспрекорно да ги исполнува заповедите

Христови – треба да почне со тоа што цврсто ќе поверува во Господа, наполно ќе им се

предаде на заповедите Негови, во сѐ ќе се одрече од светот и умот нема да му биде

зафатен со ништо од видливото. Таквиот треба непрестајно да пребива во молитва со

вера и да Го очекува Господа, т.е. Неговата посета и помош, што треба да стане

непрестајна цел за умот. Освен тоа, заради гревот кој живее во него, треба да се

принудува себеси на секое добро дело, на исполнување на сите заповеди Господови.

Така на пример, треба да се подвизува во смиреноумие пред секој човек, да се смета

себеси за понизок и полош од секого, од никого да не бара чест, ни пофалба, ни слава,

како што е напишано во Евангелието, туку секогаш пред очи да Го има единствено

Господа и Неговите заповеди, Нему единствено сакајќи да Му угоди во кротоста на

срцето, како што говори Господ: ‘Научете се од Мене, зашто сум кроток и смирен по

Page 77: Од Преданието на светите Отци

 

срце и ќе најдете спокој за душите ваши’. (Мат. 11, 29).

 

Свети Макариј Вели

„Научете се од Мене на смирение и кроткост” (30.09.2010)

Ако светот ја знаеше силата на Христовото слово: “Научете се од

Мене на смирение и кроткост”, тогаш целиот свет, целата вселена ќе

ги оставеше сите други науки и ќе ја учеше само оваа небесна наука.

Луѓето не ја знаат силата на Христовото смирение. И заради тоа ги влече земното. Но

човекот не може да ја познае силата на тоа слово Христово без Светиот Дух. А кој ја

познал тој нема да ја остави таа наука, дури и да го збогатат со сите светски царства.

Господи, дај ми го Твоето смирение, да се всели во мене љубовта Твоја, и да живее во

мене Твојот свет страв.

Тешко е да се живее без љубовта спрема Бога. На душата ѝ е темно и тесно. Но кога

доаѓа љубовта, тогаш е невозможно да се опише радоста нејзина.

Мојата душа жеднее да го стекне Христовото смирение, и тагува по Него дење и ноќе, и

понекогаш извикувам: Тагува душата моја по Тебе, Господи, и со солзи Те барам.

О Господи, колку Ти го љубиш созданието Твое, и душата невидливо ја гледа Твојата

благодат, и во страв и во љубов благоговејно Тебе Ти благодари.

Мили мои браќа, со солзи ги пишувам овие редови.

Кога душата преку Светиот Дух Го познава Господа, тогаш секој миг непрестано се

восхитува на милосрдието Божјо и на Неговата големина и сила. Но ако душата уште не

го постигнала смирението, туку допрва треба да го стекне, тогаш во неа ќе постојат

промени: одвреме навреме води борба со помислите и не наоѓа покој, а понекогаш се

ослободува од помислите и Го созерцува Господа, и ја разбира Неговата љубов.

Заради тоа и говори Господ: “Научете се од Мене на смирение и кроткост, и ќе најдете

покој за душите ваши.”

И ако некој не се научи на смирението, љубовта и незлобивоста, тогаш Господ нема да

му даде да Го познае Него. А душата која Го познала Господа преку Светиот Дух е

ранета од Неговата љубов, и не може да Го заборави. Но како што болниот секогаш се

сеќава на својата болест, така и душата која Го љуби Господа, секогаш се сеќава на

Него и на Неговата љубов спрема сиот човечки род.

 

Page 78: Од Преданието на светите Отци

 

Свети Силуан Атонски

 Совети за спасението на душата – Старец Паисиј Светогорец (11.06.2010)

„Човекот може многу едноставно да се спаси“, му рече старецот на еден посетител, кој

беше судија. „Доволно е само да го посака тоа и да ја повика божествената помош.

Сакајќи да го спаси оној кој ја повикува Неговата помош, Бог без двоумење ќе Го

испрати Својот Син или некој светител, за да спаси и еден, единствен човек. Во тоа

многу помагаат љубовта и добрата волја. Љубовта им е сосема туѓа на демоните, и

заради тоа поборниците на ѓаволот, во еден миг се уништуваат еден со друг, бидејќи

меѓу нив не постои љубов, која би ги соединила.“

 

„Старче, многу сум расеан во текот на молитвата.“

„Тоа ти се случува бидејќи ти својот ум не го концентрираш на целта на молитвата, и

му дозволуваш да скита таму-ваму. Ако се потрудиш да го собереш умот, да ја

изговараш молтивата Христова и смирено да молиш за Божја помош, расеаноста ќе

исчезне сама по себе.“

 

„Старче, често имам хулни помисли“, во една прилика рече Л. „Што ме советувате да

сторам?“

„Не обрнувај внимание.“

„Старче, сатаната ми ги наметнува, и потоа ме присилува и јас грешам.“

„Не вели дека сатаната те присилува, зашто тој, за време на Второто доаѓање ќе рече:

‘Тој и тој христијанин ме клеветеше, велејќи дека сум го присилил да греши. Меѓутоа,

јас не го присилував, туку тој сам, имајќи слободна волја, одлучи да направи грев!’

Тогаш навистина сатаната ќе биде во право, зашто Бог човекот го создаде слободен и

никој не може да ја присили неговата слобода; како што Бог не ја присилува на добро –

иако, како Создател, има право на тоа – така ниту ѓаволот не може да ја присили на

зло! Човекот сам, според својата слободна волја, се приклонува кон Бог или кон

сатаната. Затоа, не треба да го обвинуваме сатаната, туку својата злобна волја, бидејќи

човекот по своја волја му се предава на сатаната.“

 

Старец Паисиј Светогорец

 ромена на животот (19.03.2010)

За човек да престане да прави некој грев, треба да се труди да избегнува сѐ што би

можело да го предизвика да го направи тој грев. На пример, пијаницата, ако сака

Page 79: Од Преданието на светите Отци

 

самиот да си помогне да не се опива повеќе, не смее ниту да помине покрај кафеана. За

тоа е потребно малку труд и добра волја, и добриот Бог ќе ни помогне да ги надминеме

сите тешкотии. Да кажеме, некој има некаква страст. Ја согледува, се бори да ја отсече,

се кае, се смирува. Добрата волја што ја има за да ја отсече страста, за Бога

претставува известување да му помогне. Но, ако не вложи труд за да се промени и

продолжува да греши, како Бог да му подари Божја благодат? Божјата благодат не

слегува додека човекот е во ситуација да греши, бидејќи тоа не му помага. Кога тоа би

му помогнало, Бог би му ја испратил Божјата благодат и на ѓаволот.

Човекот кој не останува упорно при својот пад, со своите грешни мисли, туку се кае

заради своите гревови и се бори да не греши повеќе, добива Божја благодат и помош.

Меѓутоа, кога нема каење и кога гревот се смета за мода, тоа веќе е демонска состојба.

 

- Ако некој си го промени животот и не продолжува да живее со старите грешни

навики, но понекогаш паѓа во некои од старите гревови, значи ли тоа дека во него нема

покајание?

 

- Ако го вложува неопходниот напор и труд, а сепак падне, поблаго му се суди. Во

почетокот не е лесно. Но, кога некој навистина ќе разбере колку било лошо тоа што го

правел, не паѓа повторно.

Некогаш постоеше искрено покајание. Кога некој ќе се покаеше, не му се случуваше да

се врати на старото. Се сеќавам колку ми помогна една жена со своето вистинско

покајание. Целата беше во црно, како да е калуѓерка и се грижеше за една мала црква,

ги палеше кандилата... Многу помагаше и само да ја видиш. А сега гледам дека некои,

штом ќе го променат животот, почнуваат да изигруваат учители на другите, иако во

нив сѐ уште постои стариот човек. Кога некој навистина ќе се покае, ќе престане да го

живее блудниот живот што го живеел и ќе почне да води диховен живот, претставува

поттик и помош за другите. Но, од онаа состојба во која се наоѓал веднаш да стане

духовен човек и да проповеда, е тоа е прелест.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

 

 

Свети Теофан Затворник: за чувањето на срцето (20.02.2010)

Page 80: Од Преданието на светите Отци

 

-   Вера, надеж и предаденост на Божјата волја – ете што треба да се чува во срцето.

-   Важно е срцето да се направи чисто. Тоа е нечисто од себељубие, во кое живеат и делуваат страстите.

-   Срцето држете го настрана од задоволствата на светот, кои го заведуваат и го опиваат.

-   Во срцето треба да се роди чувство кон Бога... некогаш страв, некогаш надеж, некогаш љубов, некогаш благодарност... Целото внимание треба да се задржи на тоа, па другите помисли ќе отпаднат сами од себе. А чувството кон Бога ја раѓа Божјата благодат.

-   Во пустината се учите неа да ја создадете во срцето... за да постојат само чист воздух и светло сонце, односно чисто срце и сеќавање на Бога.

-   Што треба да правите кога ќе се појават внатрешни раздвижувања кои ве вознемируваат? Веднаш со внимание спуштете се во срцето, престојувајте таму и одбивајте го злото со молитва кон Бога. Вие не сте виновни за нападите; но ако не ги одбиете, ако им се препуштите, тогаш тоа е ваша вина. Тогаш срцето станува нечисто и губи смелост пред Бога! Чувајте го срцето!

-   Без разлика дали живеете во пустина или во манастир, или се спасувате во светот – за секого важи законот, срцето да се чисти од страстите.

-   Штом од срцето излезе некој лоша желба, ти во истиот момент врзи ја со молитва која е вперена против неа. Сите свои желби и помисли врзи ги со Божјите зборови и ќе бидат како во окови. Токму во тие окови е слободата, или слободниот пат кон Царството Небесно.

-   Победата над страстите е доброволно духовно мачеништво кое невидливо се случува во срцето... Ова мачеништво треба да почне во оној момент кога во вашето срце ќе созрее одлучност да Му се посветите на Бога.

-   Најважниот подвиг е чувањето на срцето од движењата на умот и помислите. Треба да се набљудува срцето и од него да се отстранува сѐ што не чини.

-   Како човекот може да го очисти своето срце? Со труд во исполнување на заповедите, со молитва за помош, но и со сопствен труд, бидејќи без него нема да има помош. Потребни се и едното и другото зашто ни трудот нема да даде резултати ако не дојде помошта.

 

Свети Теофан Затворник

 

 

 

Поуки (19.02.2010)

Page 81: Од Преданието на светите Отци

 

Оној, што говори многу со устата во својата молитва, тешко бидува свесен за сѐ што

изговара; но оној што се моли немногусловно може да е свесен што говори во

молитвата. На оние што не осознаваат добро сѐ што говорат им се наложува многу да

говорат, оние пак кои се научиле да осознаваат што говорат во молитвата, не можат да

говорат многу, за да не се расејуваат со умот. Нема потреба да Му се говори многу на

Бога, туку малку, со разумно сознание за тоа, т.е. да биде разбирливо. Сепак, молтвата

со разумно сознание никако не е возможна ако претходно не се стане причесник на

Светиот Дух. Ако некој не се соедини со Бога преку Господ Исус Христос во Светиот

Дух, неговата душа не може да се моли со разумно сознание, како што кажал еден од

великите отци: она, со чија сила ние се молиме, како што треба, е Светиот Дух.

 

 

Виденијата на сон (тие не треба да се нарекуваат сонови, ами виденија) може да бидат

вистинити само кај оние, чиј ум со благодатта на Светиот Дух станал едноставен и

слободен од секој притисок од страна на страстите и од робувањето на нив – кај кои

сите грижи се однесуваат само на божественото и сите мисли на идните награди и

дарувања – кои живеат живот над животот, безгрижен, тивок, чист, исполнет со

милост, мудрост, со знаење за небесното и други добри плодови, кои во нив се

дарувани од Светиот Дух; а кај оние, пак, кои не се такви, соновите се лажни и

хаотични, и сѐ во нив е чиста измама и прелест.

 

Нешто се внесува (во спасителниот живот) од нас самите, нешто ни се дава од Бога.

Колку повеќе се очистуваме со посредство на нашите сопствени трудови и пот, толку

повеќе светиме со божествената светлина, и толку повеќе се очистуваме со нашите

сопствени солзи, принесувајќи од себе солзи и наместо нив од Бога ја добиваме

светлината на скрушеноста.

 

Каде има длабоко смирение, таму има и солзи обилни; а каде е ова, таму е и

присуството на Светиот Дух; кога ќе дојде благодатта на Духот Кому се поклонуваме,

тогаш во оној кој започнува да биде под Неговото дејство, се јавува секоја чистота и

светост – тогаш тој Го гледа Бога, и Бог погледнува на него. Зашто Господ вели: еве на

кого ќе погледнам, на смирениот и паднатиот со дух и на оној што трепери пред Моето

слово (Ис. 66, 2).

 

Свети Симеон Нов Богослов

 

Page 82: Од Преданието на светите Отци

 

 

 Старец Клеопа: Молитвата е мајка и царица на сите добродетели (25.12.2009)

Молитвата е мајка и царица на сите добродетели. Но, како е таа мајка на

сите добродетели? Самиот апостол Павле вели: “И сега остануваат овие три: верата,

надежта и љубовта; но најголема од сите овие е љубовта” (1. Кор. 13,13). Нели се вели

така?

            Значи, ете очигледно е дека најголема дободетел не е молитвата, според

Светите Отци, туку љубовта.  Но, зошто сепак Светите Отци велат дека молитвата е

мајка на сите добродетели? – Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа.

Љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот не доаѓаат по друг пат во нашата

душа, освен по патот на молитвата!

            Еве, на пример: ако си налутил некого или некој те налутил, и ќе почнеш да го

спомнуваш на молитва, одеднаш гледаш, дека по некое време, изчезнува омразата

помеѓу вас. Преку молитвата се сече раздорот и веднаш го добиваш него и го

приведуваш кон помирување и соединување. Затоа вели Свети Максим: “Кога ќе

видиш некого дека те мрази, или те онеправдува, било праведно, било

неправедно, почни да го спомнуваш на молитва.” Но, да не спомнуваш да му се

случи нешто лошо, бидејќи тогаш тоа ќе ти се врати на тебе. Да велиш вака: “Господи,

Исусе Христе, помилуј ме мене грешниот и мојот брат (тој и тој), бидејќи заради моите

гревови тој ми се налутил. Бидејќи мојот брат е моето огледало и тој ја гледа мојата

злоба.”

            Вака вели Св. Јован Лествичник: “Немој да го обвинуваш братот, кога се молиш

за него, или да бараш казна за него”. Не е дозволено! Дури да ги имате некои за

непријатели, Црквата знаете како се моли? Црквата се моли за непријателите да се

вразумат, да им се простат гревовите, да бидат приведни кон познавањето на

вистината, да станат кротки и да се вратат кон доброто.

            Така се моли Црквата. Никогаш Црквата не сака да направи лошо на никого.

Бидејќи Господ сака сите луѓе да се спасат (1. Тим 2,4)... Ние, пак, кога имаме некој

проблем, ни се чини дека тој и тој не мрази. Но, Црквата не! Таа не прави разлика. Таа

се моли исто за сите, за да станат добри.

            Затоа, говорејќи за светата молитва, ви кажав дека таа се нарекува мајка на

 

Page 83: Од Преданието на светите Отци

 

сите добродетели, бидејќи таа ја донесува во нашата душа најголемата добродетел:

љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот.

Слушај што вели божествениот Oтец Максим Исповедник – кој беше “врв на

теологијата” во 6 век: сите добродетели му помагаат на човекот да се здобие со

љубов кон Бога, но ниту една како молитвата. Поради тоа молитвата се нарекува

“мајка на сите добродетели”, бидејќи таа, ја достигнува најголемата добродетел,

љубовта. Сите добродетели го доближуваат човекот до Бога, но молитвата го

соединува. Тоа е како кога би направил врата од плоча, или шкаф, и гледаш дека се

спојуваат даските како да се под мерка, но не се залепуваат додека не ставиш лепак.

Но, кога веќе си ставил лепак, сите делови прават едно. Таква е и молитвата.

            Молитвата не само што го доближува човекот кон Бога, туку го

прилепува за Бога и тој станува еден дух со Него. Тоа што вели големиот апостол

Павле: Кој се сврзува со блудница едно тело е со неа...А кој се соединува со Господ

еден Дух е со Него (1. Кор. 6, 16-17). Ова духовно спојување, да се соедини човекот со

Бога, се остварува по патот на молитвата.

 

 

Старец Софрониј: Најдобро е да не им придаваме значение на помислите, туку да се вдлабочуваме во молитвата (24.12.2009)

Што значи, да го устроиме нашето спасение! Имено, меѓу сè она што го набљудуваме

во космичкото постоење, да го избереме она што Му е благоугодно на Бога – да се

отплеткаме од она што е против Него! Тогаш, го гледаме нашиот живот како лека-

полека се менува. Меѓутоа, да бидеме стрпливи. Бог сигурно може да нè посети за во

еден момент да ни ги отвори очите за вечноста. Но, воопшто ова прашање е многу

старо, и нема никаква врска со сето она, што може да го создаде мечтаењето.

Читајте го Свети Силуан! Ќе видите дека неговата состојба, секогаш беше во Бога. Ќе

го разберете неговото слово, кое вели дека на Светителите не им поминува ниту

една секунда без молитва.

Како да ги разликуваме помислите што доаѓаат од надвор, од родените во нашето

срце? Во повеќето случаи, навлегувањето на демонската енергија е толку суптилно,

што ја сметаме за дел од себеси. Учењето што го наследивме од нашите отци ни

помага, но не е доволно. Неподносливоста и немирот што ги предизвикува некоја

помисла во нашето срце е знак дека е испратена од непријателот. Ова главно, важи

Page 84: Од Преданието на светите Отци

 

за хулните помисли. Ако не чувствуваме радост и задоволство од помислата што ја

имаме во нашето срце, значи дека таа не е од Бога, туку од непријателот што

навлегува во нас!

Не е лесно да го различиме она што се раѓа во нашето срце под влијание на демонот.

До ова некој стигнува постепено, преку подвиг, со борба против страстите, што ние,

чедата на Адам ги носиме во нас. Така, лека-полека почнуваме да расудуваме, да

чувствуваме дека таквата помисла, таквото движење на душата не происходи од

Бога, туку од непријателот. Таквата состојба не настанува со размислување, туку со

чувство, со непосредно претчувство, исклучително истенчено и способно за

разликување, што секогаш е резултат на повеќегодишен макотрпен подвиг. Според

Свети Исаак и нашиот Отец Силуан, расудувањето исто така зависи и од начинот,

како Светиот Дух дејствува во нашето  срце, од опитот на благодатта и на

демонските напади што ни се случуваат. Намалувањето или губењето на благодатта

е знак, дека помислата доаѓа од непријателот. Спротивно, помислата доаѓа од Бога,

од ангелот или од самиот Свет Дух тогаш, кога нè исполнува со радост и ни дава

посебен мир.

Најдобро е да не им придаваме значение на помислите, туку да се вдлабочуваме во

молитвата, да разговараме со Бога низ молитвата.

Постојат различни начини преку кои можеме да им се противставиме на лошите

помисли, да го ослободуваме нашиот дух од секоја страсна или хулна помисла.

Првиот, што го препорачуваат Отците на црквата е покајанието. Вториот е да го

насочиме вниманието на нашето битие на нешто друго. Кога нашата

сосредоточеност кон Вистината е истрајна, непријателот престанува да биде

заинтересиран и нè напушта.

Ако страстите се силни и ако некоја страшна, жестока, грешна помисла не сака да нè

напушти, не ни останува ништо друго, освен да се бориме плачејќи, толку долго

време колку што злиот дух настојува.

Нашиот разум се наоѓа во постојана борба со умот на непријателот. За да го

устроиме нашиот живот, неопходен е цврст став за постојана борба. Зашто, ако

заспиеме му се препуштаме на непријателот што никогаш не спие, да си ја врши

својата работа, така што се наоѓаме во опасност да го изгубиме нашето спасение.

Трезвеност! Со неа треба да започне нашиот двиг, така што, ништо доколку

ввоопшто е возможно, не бидува без Бога!

Светот што нè опкружува денес, живее подинамично отколку порано. Но, колку што

постои повеќе движење во светот, толку е потешко да ја зачуваме христијанската

совест. Нападнати сме од секаде, преку вратите на чувствата, така што е

Page 85: Од Преданието на светите Отци

 

разбранувана површината на нашиот живот. Низ бурите на нашата епоха

соодветствува постојано бдеење. Најпрвин ова го барам од вас: Слушајте го словото

на Евангелието, бдејте и престанете да си играте!

 

 

   Старец Паисиј Светогорец: Оној што точно ќе се познае себеси, поседува смирение (23.12.2009)

- Старче, гордоста вообичаено ја откривам подоцна, откако ќе паднам.

- Целта е да ја почувствуваш пред да паднеш. Кога некој ќе ти рече дека си сторила

нешто добро, не треба да чувствуваш задоволство, за да не се фати, да не се залепи

пофалбата за тебе.

 

- Што може да ми помогне во тоа?

- Може да ти помогне добро да се спознаеш себеси. Ако човекот се спознае себеси, тоа

е сѐ. Потоа пофалбите се како туѓи тела, не се фаќаат на тебе. На пример, кога некој

знае дека е сиромашен, за него не може да се закачи помислата дека е крал. А ти, ако

мислиш дека си принцеза, тогаш не си сосема при себе.

 

- А, ако од порано сум подготвена да не ја прифаќам пофалбата, нема ли тоа да ми

помогне?

- Така би требало да биде, но еднаш ќе бидеш подготвена, а друг пат не. Целта е да се

спознаеш себеси. Ако човекот не го запознае стариот човек во себе, тој не се смирува

и не може да дојде до духовно расцепување на атомите на неговото битие, за да

излезе во духовна орбита, па тој останува во светската орбита.

 

- Старче, може ли да се случи погрешно да се спознаам себеси?

- Сега не зброруваме за заблуда. Оној што правилно ќе се спознае себеси, има

смирение. А кога човек ќе се смири, сосема сигурно на него ќе се спушти Божјата

благодат.

Оној што прави сѐ што е потребно за да се спознае себеси, личи на оној што копа

длабоко за да пронајде руда во длабочината на земјата. Колку подлабоко копа во

спознанието на себеси, толку пониско се гледа и се смирува, но Божјата рака

постојано го вознесува. А кога веќе се спознал себеси, неговото смирение станува

постојана состојба и  во него се населува Божјата благодат, а тогаш веќе нема

 

Page 86: Од Преданието на светите Отци

 

опсаност од гордост. Од друга страна, оној што не копа во своите длабочини,

постојано го прикрива своето ѓубре, расне во своите очи, и само за кратко ќе биде на

тие висини, заедно со својата гордост, а потоа потонува.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

Старец Паисиј Светогорец: Да ја осознаеме својата болест (21.12.2009)

- Старче, често ги гледам недостатоците на другите и ги осудувам.

- Си ја знаеш ли ти болеста?

- Не.

- Но, затоа ги знаеш болестите на другите. Ако ја знаеш својата болест, немаше да ги

знаеш болестите на другите. Не велам дека не треба да сочувствуваш со болката на

другите луѓе, но не треба да се занимаваш со нивните гревови. Ако човекот не се

занимава со себеси, ѓаволот ќе му измисли работа да се занимава со другите. Меѓутоа,

ако работи на себе, тогаш се спознава себеси, а го познава и другиот. Инаку, врз основа

на погрешните заклучоци што ги извлекол за себеси, тој погрешно суди и за другите.

- Старче, што најмногу му помага на човекот да се поправи?

- Пред сѐ, волјата. Волјата, на извесен начин е добра појдовна точка. А потоа човекот

треба да сфати дека е болен и да почне да применува соодветни лекови. Зашто, ако е

болен, а ја крие својата болест, некогаш одненадеж ќе падне, а нема ни да го забележи

тоа и ниту еден лекар повеќе нема да може да му помогне. На пример, некој знае дека

е туберкулозен и затоа е многу слаб и нема волја за храна. Му велат: „Зошто не

јадеш?“, а тој вели: „Не ми се допаѓа ова јадење!“ Потоа има грчеви и не може

нормално да оди. „Зошто така одиш?“, го прашуваат. „Ми се допаѓа да одам бавно.

Зошто? Да трчам ли како луд?“ Не кажува дека има грчеви и дека не може да оди.

Потоа кашла: „Зошто кашлаш?“, пак го прашуваат. „Ех, од алергија.“ Не кажува дека

има проблеми со белите дробови. Во меѓувреме почнува да плука крв. „Што е тоа?“, го

прашуваат. „Ми се надразни грлото!“

- И сето тоа само затоа што не сака да каже дека има туберкулоза?

- Да, бидејќи ја крие. Ја крие, а потоа добива галопирачка туберкулоза. Му пропаѓаат

белите дробови, садовите се полнат со крв, паѓа во кревет и најпосле неговата болест

Page 87: Од Преданието на светите Отци

 

се открива, но тешко дека ќе може да му се помогне. Меѓутоа, ако признае дека

симптомите што ги има се од туберкулоза и прими соодветна терапија, ќе оздрави во

целост. Сакам да кажам дека и во духовниот живот, оној што ги оправдува своите

страсти, на крај паѓа под влијание на демонот и не може да се скрие. Знаеш ли што

значи човек да падне под влијание на демонот? Подивува, станува ѕвер, зборува

бесрамно и лошо и од никого не прифаќа помош.

- Затоа, основно е човек прво да ги познае своите страсти и да се радува кога ќе ги

познае. Од тој момент треба да прифати лекување, соодветни лекови и да чувствува

благодарност кон исцелителот – својот духовник, или старецот – а не отпор и

спротивставување. Еве, друг човек подготвено ја подава раката за да му дадат

трансфузија. Го бодат со игла, го боли, но прифаќа, бидејќи тоа ќе му помогне. Колку

ли само е мачна секоја операција! Но, човекот ја прифаќа за да му биде подобро.

- Старче, кога знам дека ќе ми помогне една строга забелешка, зошто тогаш не ја

прифаќам со благодарност?

- Внимавај, можеш да не ја прифатиш со благодарност, но барем дали ти е јасно дека

тоа не е во ред?

- Јасно ми е.

- Е, ако ти е јасно, и тоа е нешто. Болниот зема горчливо апче, но тоа му е помило од

бонбона, зашто разбира дека ќе му користи. Ако не го прифати горчливиот лек, нема да

биде исцелен. Секој треба да си ја осознае својата слабост, да прими лекови, за потоа

Христос да му подари сила.

 

 

Старец Паисиј Светогорец: Тага поради нашите гревови (19.12.2009)

- Старче, како некој да си помогне да не го повтори истиот грев?

- Ако вистински го заболи неговиот грев, нема да го повтори. Во него треба да има

смирение и вистинско покајание, за да се поправи. Затоа, авва Марко Подвижник вели:

„Ако човекот не се растажи според мерката на својот грев, лесно повторно паѓа во

истиот грев“. Значи, ако гревот е мал, потребно е помало покајание, ако е поголем

гревот, потребно е и поголемо покајание. Ако некој не може да ја процени длабочината

на својот пад и не се растажи „според мерката на својот грев“, тогаш лесно паѓа во ист,

или дури и во поголем грев.

 

- Како да сфатиме дека не сме се растажиле „според мерката на гревот“?

Page 88: Од Преданието на светите Отци

 

- Потврда за тоа е ако повторно го направите истиот грев. Потоа, кога се испитувате

себеси, не ја поставувајте само дијагнозата. Вие постојано вршите микробиолошки

анализи, ја наоѓате бактеријата, ја набљудувате и велите: „Морам да ја убијам,“, но не

почнувате со лекување (терапија). Во ред, се уверивте дека сте болни. Сега гледајте да

ја исцелите болеста. Каква корист имате ако постојано правите анализи, а не се

трудите да се поправите? Велите: „Ја имам оваа страст, ја имам онаа страст“, но не ја

отсекувате и останувате лелекајќи над истата. Така си ја расипувате силата и трпите

штета. Му нанесувате штета на разумот, на срцето. Се разболувате од тага и грижа, а

не правите ништо. И пак, кога ви е добро, почнувате: „Зошто тогаш се разболев и како

се разболев?“ Не велам, ќе испитувате, нема да дозволите гревовите да ви поминат

незабележани, но, до кога деца, таа тага и грижа! Овде нема место за рамнодушност,

но нема ниту за лелекање! Си сторила нешто што не било правилно? Си размислила за

тоа? Си го согледала? Си се исповедала? Тогаш напред, оди понатаму, не заплеткувај

се. Задржи го тоа само на ум, за друг пат да внимаваш, ако дојде до сличен повод.

Тагата заради нашите гревови е без смисла, ако не се трудиме да ги исправиме. Тоа е

како постојано да оплакуваме некој болен, а не му помагаме да оздравее.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

  Старец Паисиј Светогорец: Совети за спасението во денешниот свет (17.12.2009)

Нашата молитва треба да ја поделиме на три дела: еден дел да задржиме за себе, еден

ќе биде наменет за нашите живи браќа, Црквата и за целиот свет, а еден дел за нашите

упокоени браќа, кои не смееме да ги заборавиме.

 

„Човекот може многу едноставно да се спаси“, му рече старецот на еден посетител, кој

беше судија. „Доволно е само да го посака тоа и да ја повика божествената помош.

Сакајќи да го спаси оној, кој ја повикува Неговата помош, Бог без двоумење ќе Го

испрати Својот Син или некој Светител, за да спаси макар и еден, единствен човек. Во

тоа многу помага љубовта и добрата волја. Љубовта им е сосема туѓа на демоните, и

заради тоа поборниците на ѓаволот, во еден миг се уништуваат еден со друг, бидејќи

меѓу нив не постои љубов, која би ги соединила.“

 

„Старче, многу сум расеан во текот на молитвата.“

Page 89: Од Преданието на светите Отци

 

„Тоа ти се случува, бидејќи ти својот ум не го концентрираш на целта на молитвата, и

му дозволуваш да скита таму-ваму. Ако се потрудиш да го собереш умот, да ја

изговараш молитвата Христова и смирено да молиш за Божја помош, расеаноста ќе

исчезне сама по себе.“

 

Читајте го Светото Писмо бидејќи тоа е боговдахновено и во себе Го има Светиот Дух.

Оној што го чита, го просветлува умот и ја чисти душата. Вие направете сѐ што е во

ваши раце, а сѐ друго со доверба предадете го во Божји раце.

 

Вистинското покајание се состои во тоа, човекот прво на совеста да го почувствува

својот грев, да почувствува болка, да посака Бог да му прости и дури потоа да се

исповеда. Само во тој случај ќе стигне Божјата утеха. Затоа секогаш препорачувам прво

покајание, па потоа исповед. Само исповед, никогаш не препорачувам.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

 

тарец Софрониј Сахаров: Молитвата е непрестано творење (16.12.2009)

Молитвата е бесконечно творење, повозвишено од секоја друга уметност или наука.

Преку молитвата ние влегуваме во општење со Беспочетното Битие. Или поинаку

кажано: животот на Самопостоечкиот Бог влегува во нас по тој канал. Молитвата е акт

на најголема мудрост, на сенадминлива убавина и достоинство. Молитвата е свет занес

на нашиот дух. Но патиштата на ова творење се сложени. Илјадници пати може да

доживееме и огнено стремење кон Бога, и повторено отпаѓање од Неговата Светлина.

Често и на повеќе начини ја чувствуваме неспособноста на нашиот ум да се вознесе кон

Него; понекогаш ќе стоиме како на границата на некое безумие и со болка во срцето ќе

Му ја исповедаме Нему нашата бедна состојба: “Ти си ми ја дал Твојата заповед – да

љубам, и јас ја примам со сето мое битие; но ете, во самиот себе не наоѓам сила за таа

љубов… Ти си Љубов; дојди Самиот Ти и всели се во мене, и изврши го во мене сето тоа

што си ни го заповедал нам, бидејќи Твојата заповед неизмерно ги надминува моите

сили… Мојот ум се измори во напорот да Те постигне. Мојот дух не може да проникне во

тајната на Твојот живот… сакам во сè да ја творам волјата Твоја, но моите денови

истекуваат во безизлезни противречности… Стравувам да не Те изгубам заради злите

мисли кои се во моето срце; и тој страв ме раскинува… Дојди и спаси ме мене кој

Page 90: Од Преданието на светите Отци

 

потонувам, како што си го спасил Петар, кога се осмели да Ти појде во пресрет по

морските води” ( Матеј 14, 28 -31).

Понекогаш ни изгледа дека молитвата дејствува премногу споро: несразмерно со

краткоста на нашето постоење; и крик извира од градите: “Побрзај!” Не секогаш се

случува Тој веднаш да одговори на нашиот повик. Како некој плод на дрво, Тој ја остава

нашата душа да биде печена од сонцето, да поднесува удари од ладни и врели ветрови,

да се мачи од жед или да поднесува поројни дождови. Но ако не ги испуштиме од

нашите раце краевите на ризата Негова, ќе дочекаме добри резултати.

Неопходно е да пребиваме во молитва што е можно подолго време, за Неговата

непобедлива сила да проникне во нас и да нè направи способни да се спротивставиме

на сите разрушителни влијанија. И кога ќе нарасте во нас оваа сила, тогаш радоста на

надежта за конечната победа засветлува во нас.

Молитвата неизоставно го востановува во нас тоа Божествено дишење кое “Бог го дувна

во лицето на Адам” и со чија сила “Адам стана жива душа” (Битие 2,7). Преку молитвата

нашиот прероден дух почнува да се восхитува на големата тајна на Битието. И силен

наплив на восхит го заплискува нашиот ум: “Битие! Каква чудесна тајна… Како е тоа

возможно?.. Прекрасен е Бог, и творението Негово е прекрасно”. Ние ја доживуваме

смислата на Христовите зборови: “Јас дојдов за тоа, живот да имаат (луѓето) и да имаат

изобилие” (Јован 10, 10). Изобилие! И навистина е така.

Но секогаш одново и одново: овој живот е парадоксален, како што е парадоксално и

целото учење на Господ: “Јас дојдов да фрлам оган на земјата, и колку би сакал да се

беше веќе разгорел” (Лука 12, 49). Сите ние, синови Адамови, неопходно е да поминеме

низ овој небесен пламен, кој ги изгорува корените на смртоносните страсти. Поинаку не

може да го видиме овој Оган претворен во Светлината на новиот живот, бидејќи заради

нашиот пад горењето му претходи на просветлувањето, а не обратно. Значи, да Го

благословиме Господ и за огногоречкото дејство на Неговата љубов.

Ние уште многу не знаеме, но сепак, иако само делумно (1 Кор. 13, 9),  нам и сега ни е

откриено дека за нас нема друг пат освен тој: да станеме “синови на воскресението”

(Лука 20, 36), синови Божји, за да царуваме заедно со Единородниот. Колку и да е болен

процесот на нашето пресоздавање, низ какви и да било маки, па дури и агонии да нè

проведува Бог – на крај сè ќе се покаже за благословено. Ако за стекнување научна

Page 91: Од Преданието на светите Отци

 

ерудиција е потребен долгогодишен, напрегнат труд, за стекнување на молитвата

потребно е уште и неспоредливо повеќе.  

 

Старец Софрониј Сахаров

 

 

Старец Паисиј Светогорец: Исчезна духот на жртва (15.12.2009)

Многу луѓе денес не ја осетиле радоста од жртвата и не го сакаат трудот. Навлегоа

мрзливоста и негрижата, донесувајќи многу расипаност. Исчезна трудољубивоста и

жртвата. За успех се смета кога нешто ќе се постиге без труд. Се радуваат ако нешто е

постигнато без самопрегор. Од друга страна, ако работите ги согледаме духовно, би

требало да се радуваат тогаш кога мораат да се трудат, бидејќи тоа им дава прилика

да се борат.

Сега сите, и малите и големите, гледаат како нешто да постигнат со леснотија.

Духовните луѓе гледаат што помалку да се трудат. Световните, пак, како да соберат

што повеќе пари, а да не работат. Младите, како да поминат испит, без учење, како да

добијат диплома, а да не излегуваат од кафеана. И ако е можно, да телефонираат од

кафеана и да им се даде диплома! Да, тоа го бараат! Многумина млади ми доаѓаат и

велат: „Помоли се да го поминам испитот.“ Не учат, а велат: „Бог може да ми помогне.“

„Учи“, му кажувам, „и помоли се“. „Зошто“, вели, „Бог не може да ми помогне?“ Зар Бог

да ја благослови неговата мрзливост?! Тоа не оди никако! Ако учи, и ако не му оди,

тогаш Бог ќе му помогне. Има млади кои имаат потешкотии со памтењето или со

разбирањето, но кои пробуваат да го совладаат тоа. На овие Бог ќе им помогне да

станат мудри.

На многумина млади влијае духот на овој свет така што заради тоа трпат голема штета.

Се научија да се занимаваат само со себе самите, и воопшто не мислат на своите

блиски туку само на себеси. И што повеќе им помагаш, сѐ повеќе бељи прават.

Младите денес наликуваат на нови машини кога ќе им замрзне маслото. Треба да го

сменат маслото, за да им тргне машината, поинаку не може.

Еднаш на едно момче му реков: „Сакам две кутии кибрит од Кареа“ – иако имав четири

запалки, но тоа го направив за да го израдувам. Тој потрча радосен, се испоти за да ги

донесе, но тој замор го одмори, бидејќи ја почувствува радоста на жртвувањето. А

другиот седеше и од седење се замори. Тие бараат да почувствуваат радост, но човекот

Page 92: Од Преданието на светите Отци

 

треба да се жртвува за да дојде радоста. Радоста настанува од жртвата. Навистина,

радоста доаѓа од истрајноста. Така, оној што држи до ревноста, му следува успех!

Маката на човекот е неговиот егоизам, себељубие.

 

Старец Паисиј Светогорец    

 вети Силуан Атонски: Тага по Бога (14.12.2009)

Разберете вие, сите народи на земјата, многу ве љуби Господ и милостивно ве повикува

кон Себе:

“Дојдете при Мене и Јас ќе ве успокојам”.

“Ќе ве успокојам на земјата и на небото и ќе ја гледате славата Моја”.

“Сега не можете да го раберете ова, но Духот Свет ќе ви даде да ја разберете Мојата

љубов спрема вас”.

“Не се забавајте, доаѓајте кај Мене, Јас желно ве чекам како мили деца, и ќе ви го

дадам Мојот мир, и вие ќе бидете во радост и радоста ваша ќе биде вечна”.

Мили мои браќа, со солзи ги пишувам овие редови,

Кога душата Го познава Господа преку Светиот Дух, тогаш секој миг непрестано се

восхитува на милосрдието Божјо, и на Неговата големина и сила. Самиот Господ со

Својата благодат, милостиво, како мајка љубеното дете, ја учи душата на смирени,

благи помисли, и ѝ дава да ја чувствува Неговата присутност и близина. И душата во

смирение Го созерцува Господа без никакви помисли.

 

Господ го љуби човекот и Неговата благодат ќе биде во Црквата до времето на

Страшниот Суд, онака како што била во поранешните времиња.

Господ го љуби човекот, и иако го создаде од прав, го украси со Светиот Дух.

Преку Светиот Дух се познава Господ. Преку Светиот Дух се љуби Господ, а без Светиот

Дух човекот е грешна земја.

Господ ги воспитува Своите деца со Светиот Дух и со Својата Пречиста Крв и Тело и

сите што Му припаѓаат на Господа, слични Му се Нему, својот Отец.

Светиот Дух нè сроди со Господ, и знај дека ако во себеси чувствуваш мир Божји и

љубов спрема сите, тогаш твојата душа му е подобна на Господа.

Благодатта Божја нè научи на тоа, и душата знае кога е збогатена со благодатта. Исто

така душата чувствува кога ја губи благодатта, го чувствува и доаѓањето на

непријателот.

Порано јас не го знаев тоа. Но кога ја загубив благодатта, тогаш, од опит тоа ми стана

јасно.

Page 93: Од Преданието на светите Отци

 

Заради тоа, браќа, со сите сили чувајте го мирот Божји којшто ни е даден на дар. И кога

некој ни здодева, макар и да се принудуваме, ќе го љубиме, и Господ, гледајќи го

нашиот труд, ќе ни помогне со Својата благодат.

Така велат Светите Отци, и многугодишниот опит покажува дека трудот е неопходен.

Благодатта на Светиот Дух секој човек го прави подобен на Господ Исус Христос, уште

на земјата.

Кој е во Светиот Дух, тој Му е подобен на Господа уште овде на земјата, но кој не се кае

и не верува, тој е подобен на ѓаволот.

Господ нè удостои да бидеме подобни на Него, а Господ е толку кроток и смирен. И да

Го видеше Него, тогаш од многу радост ќе сакаше да кажеш: “Господи, јас се топам од

Твојата благодат”, но сега ти не можеш да кажеш ниту еден збор за Бога, оти твојата

душа се измени од изобилието на Светиот Дух. Така преподобниот Серафим Саровски,

кога Го виде Господа, не можел да зборува.

 

 

 

 

 

Старец Ефрем Филотејски: Слово за совеста и послушанието (12.12.2009)

Кога човекот ѝ е апсолутно послушен на својата совест и извршува сè на што му

укажува, таа ни најмалку не го мачи. Ова не се случува затоа што нејзиниот глас

замолкнал, туку напротив, ова значи дека заради неговото добро послушание, не

постои ништо заради што неговата совест би го прекорувала.

            Апостолот Јован вели: Кога нашата совест не нè осудува, имаме смелост пред

Бога.

            Невозможно е човекот да чекори по овој пат а да не се сопне некаде, зашто од

една страна ѓаволот, а од друга светот и телото, непрестајно поставуваат пречки во

неговиот живот и тој се сопнува сразмерно на своето невнимание. Затоа е потребно

кога ќе падне веднаш да стане и да побара прошка. Кога човекот ќе се покае

сразмерно на тежината на својот грев, неговата совест, којашто дотогаш го мачела,

престанува да го прекорува.

            Совеста мораме да ја чуваме во три точки  -  во однос на Бога, во однос на

ближните и во однос на предметите.

            Во однос на Бога, човекот ја чува својата совест кога ги одбегнува

најразличните гревови. Во однос на ближниот, совеста ја чува ако не го нажалува, не

го осудува, не го клевети, не го соблазнува и не го поттикнува на лоши дела. Во однос

 

Page 94: Од Преданието на светите Отци

 

на предметите, човекот си ја чува совеста кога не ги уништува и не ги оштетува

материјалните нешта со невнимание, небрежност и несовесност .

            Свети Теодор Студит ни кажува многу нешта за ‘несовесноста’.  “Кога ќе

видиш нешто да гори или да се уништува, а не го прифаќаш или не го заштитуваш,

тогаш тоа е несовесност. Кога твојата облека ќе ја скинеш и ќе оставиш  да се

распадне сосема, тогаш тоа е несовесност. Кога можеш да работиш, а наместо тоа

скиташ наоколу, тоа исто така е несовесност. Кога ќе ја оставиш својата храна, а таа

ќе скисне и ќе ја фрлиш, тоа е несовесност зашто требаше да се погрижиш да се

изеде пред да се расипе.

            Според тоа, несовесност е кога некој греши во однос на материјалните работи,

а исто така и кога на кој било начин Го навредува Бога.„

            Најголемо богатство се стекнува тогаш кога човекот тежнее да си ја сочува

својата совест без товар. Во случај да почувствува дека нешто го повредило, тој мора

веднаш да го поправи тоа за да се врати во претходната состојба.

            Колку пати нè прекорувала нашата совест! Колку повеќе човек ја слуша својата

совест и обрнува внимание на неа толку посуптилно таа го раководи. Воколку таа

поистенчено го раководи и прекорува вотолку тој се издигнува во чистотата.

            Постои исто така  и ‘лукава совест’, која често се појавува под вид, форма и

облик на добрата совест. Меѓутоа, во суштина таа е зла, изопачена совест, совест која

Му се противи на Бога.

            Лукавата совест е оној глас кој за нештата нè учи прелестно, изопачено и

спротивно.

            Како свое поаѓалиште, извор и темел добрата совест ги има смирението и

послушанието, додека лукавата за свое начело ги има гордоста и непослушноста.

            Кога човекот не му е послушен на Старецот, кога се противи, кога е лукав и не

го слуша, го поседува она што се нарекува самоувереност, а самоувереноста значи

лукава совест.

            Смиреноумието ја раѓа добрата совест. Бидејќи овие две совести се

испреплетени, човек често се прашува: “Дали е ова лукавата или добрата совест? Да ѝ

верувам на оваа мисла или на онаа?” За да научи, или подобро кажано за да биде

научен што е добра совест, човекот мора да поседува смирение. Но, тој првенствено

мора да се потчини на раководење од друг  -  постар, водич, негов духовен отец  -  и

да биде послушен во сè што ќе му каже тој. Тогаш, малку по малку, ќе почне да

забележува кои мисли се лоши, а кои добри, што е нијанса на добрата, а што на

лукавата совест. На тој начин тој, од една страна, преку учењето и раководењето на

својот духовен отец го избегнува падот, а од друга страна, со време, станува научен

Page 95: Од Преданието на светите Отци

 

какви се нијансите и појавите на овие две совести. Така станува совршен човек.

            Оштетени се оние што се надвор од  послушанието. Човекот е под притисок и

на едната и на другата совест; едната тежнее да го спаси, а другата да го уништи и

често се случува да не знае која да ја одбере. Оној што е послушен ја одбегнува таа

опасност и малку по малку станува искусен и опитен во разликувањето на добрата

совест од лукавата.

            Авва Пимен имал две помисли и отишол да му ги соопшти на својот духовен

отец. Овој живеел многу далеку оттаму, така што аввата тргнал наутро, а стасал

навечер. Ја заборавил едната помисла, па му ја кажал само онаа другата. Штом се

вратил во својата ќелија и го ставил клучот во клучалката, се сетил и на втората

(заборавената) помисла. Не ја ни отворил вратата, туку се вратил да му ја соопшти на

својот духовник. Тој, кога ги видел неговата ревност и прецизност, возвикнал:

“Пимене, Пимене, пастиру на ангелите! Твојата добродетел ќе го направи твоето име

познато во целиот свет!”

            За да стане некој доволно опитен во разликувањето на добрата совест од

лошата, мора да мине низ послушанието. Доколку не помине низ послушанието, ќе

биде неопитен. Тој може да има благодатни дарови, може да има добра душа, може

да прави разни добри дела, но ќе видиш дека секогаш “куца“ во поглед на

расудувањето и смирението. Прва и превасходна добродетел што ја дава

потчинетоста на Старецот е расудувањето, коешто доаѓа преку смирението. Со други

зборови, послушанието го кали карактерот на човекот и најпрво му дава расудување и

смирение.

            Прашај го таткото свој и тој ќе ти јави, вели Светото Писмо. Тоа го гледаме и на

светоотечкиот пат по којшто чекореа Светителите. Во Житијата на пустинските отци

(Геронтикон) читаме дека извесен Захариј имал видение, но дека неговиот духовен

отец не бил во состојба да протолкува дали е видението од Бога или од демонот.

Потоа ученикот отишол кај Старец со дар на расудување, којшто му рекол: “Видението

беше од Бога, но ти оди и потчини му се на својот духовен отец.“ Ова покажува дека

послушанието е поважно од видението.

            Колку многу ни оставија отците за нашето поучување! Патот кој е најдобар,

најисправен, најсигурен и најслободен од одговорност е патот на послушанието кон

духовниот отец. “Оној што го практикува послушанието, ги исполнил сите заповеди

Христови“, вели Авва Паламон.

            “Послушникот го одбрал најдобриот пат“, вели Авва Мојсеј. “Чеда мои, итајте

таму кај што е послушанието. Таму лежат радоста, мирот, братољубието, единството,

будноста, утехата, венците и наградите.“ Меѓутоа, кога како послушници сакаме да ја

Page 96: Од Преданието на светите Отци

 

истакнеме својата сопствена волја, патот станува тежок, суров и опасен. Кога пак, се

држиме за послушанието, престојуваме во љубов, подвиг, братољубие, венци,

осветување и спасение.

            Самоволието е голема брана, голема препрека. Тоа е ѕид меѓу душата и Бога!

Како што ѕидот којшто е пред нас ни го закрива сонцето - заради што местото станува

влажно и нездраво и не дава плодови зашто сонцето таму не сјае - така се случува и

со ѕидот на самоволието. Кога тој ќе се најде пред душата, таа потемнува и останува

бесплодна.

            Сонце на Правдата е Христос. Кога душата не е затскриена, Христовите зраци

доаѓаат и ја осветлуваат, а човекот донесува плодови и се осветува.

            Само оној што ги вкусил плодовите на послушанието може да зборува за него.

Послушанието е најблагодатниот пат. Над сè, оној што е послушен го изгонува

злобниот демон на егоизмот и гордоста, причинителот на секое зло и  -  стекнува

смирение и безгрижност.

 

 

Лествица: За среброљубието и за нестекнувањето (11.12.2009)

Поголемиот број мудри учители зад штотуку опишаниот непријател обично го ставаат

овој стоглав демон на среброљубието. За ние, толку неуки, да не би го менувале редот

на мудрите, и самите ќе одиме според нивниот распоред и правило. Затоа, ако е по

волја, ќе ја разгледаме самата болест, а потоа во неколку збора и начинот на нејзиното

лечење.

            Среброљубието е обожување на идол (в. Кол. 3, 5), ќерка на неверието,

извинување за слабостите, весник на староста, претскажувач на глад, пророк на суша.

            Среброљубивиот го исмева Евангелието1. Тој е свесен престапник.

            Оној што стекнал љубов ги растура парите. А кој може да го има и едното и

другото, се лаже себеси.

            Тој што се оплакува себеси, се откажува и од телото свое, и во случај на потреба

не го штеди ни телото.

            Немој да велиш дека собираш за сиромасите. Царството Небесно можело да се

купи и за само две лепти. (сп. Лука 21, 1 - 4).

            Еден ден се сретнале еден гостољубив и еден среброљубив човек. И вториот го

нарече првиот неразумен.

Page 97: Од Преданието на светите Отци

 

            Оној што ја победил оваа страст, се ослободил од грижите. А кој е врзан од неа,

никогаш нема да може да се моли чисто.

            Среброљубието почнува под изговор за милостиња, а завршува со омраза кон

сиромасите. Додека не натрупа пари среброљубивиот е милосрден; штом дојде до пари,

ја стиска раката.

            Сум гледал луѓе сиромашни со пари како во друштво на сиромашните по дух го

збогатија својот дух и заборавија на својата поранешна беда.

            На монахот што сака пари унинието му е туѓо. Тој секој час се сеќава на

зборовите на апостолот: Тој што не работи нека и не јаде (2 Сол. 3, 10), и уште: За

моите потреби и на оние што се со мене ми послужија овие мои раце (Дела 20, 34).

            Нестекнувањето (т.е. доброволната сиромаштија) е отфрлање на овоземните

грижи, безгрижен живот, непопречуван пат, вера во заповедите Божји, отстранување

на тагата. Монахот којшто живее во доброволна сиромаштија е господар на светот,

којшто на Бога Му ја доверил сета грижа за себе, и со помош на верата сите ги

направил свои слуги. Тој никому не кажува за своите потреби, а она што му доаѓа, го

прима како од раката Господова. Подвижникот што живее во доброволна сиромаштија

е син на беспристрастието, кој за сè што има смета како да го нема. Напуштајќи го

светот тој сè смета за ѓубре. Ако пак за нешто му е жал, уште не станал

сиромаштвољубив.

            Човекот којшто живее во доброволна сиромаштија има чиста молитва, а

лакомиот човек се моли мислејќи на земните нешта.

            На оние што живеат во послушание туѓо им е среброљубието. Зашто, кога го

предале и своето тело, што уште имаат да сметаат за свое? Таквите луѓе со тоа се само

во едно оштетени: што сега лесно и спремно можат да преминуваат од место на место.

Сум забележал дека сопственоста над извесни нешта може да го врзе монахот на едно

место. Но сепак дојдов до заклучок дека поблажени се монасите што скитаат заради

Господа.

            Кој го вкусил небесното, лесно го презира земното. А оној што не го вкусил

небесното, се радува на стекнувањето на земните нешта.

            Неразумно сиромашниот монах трпи двојна штета: се разделува од сегашните

добра, а се лишува и од идните.

            О монаси, да не бидеме во верата послаби од птиците: тие не се грижат за

ништо и не собираат во амбари (Мат. 6, 26).

            Голем е оној човек којшто побожно се откажува од својот имот, а свет е човекот

којшто се откажува од сопствената волја. Првиот ќе прими стократно, било во имот

било во благодатни дарови, а вториот ќе наследи живот вечен.

Page 98: Од Преданието на светите Отци

 

            Како што во морето секогаш има бранови така и среброљубивиот не го

напуштаат гневот и тагата.

            Кој ги презрел вештествените добра, се избавил од спорови и расправања. А

лакомиот човек и за игла ќе се гони до смртта.

            Непоколебливата вера им става крај на грижите; а сеќавањето на смртта

доведува до одрекување и од сопственото тело.

            Кај Јов немаше ни трага од среброљубие: заради тоа тој остана спокоен и кога се

лиши од сè (Јов 1, 22).

            Среброљубието се нарекува и е корен на сите зла (Тим. 6, 10). Тоа доведува до

омраза, до кражби и завист, до раздвојувања и непријателства, до судири и

злопамтења, до суровост и до убиства.

            Некои со мал пламен успеваа да запалат голема шума. И со помош на малечка

добродетел, многумина успеваа да ги избегнат сите овие досега споменати страсти.

Таа добродетел се нарекува беспристрасност, а неа ја раѓа опитното богопознание, и

грижата за сè што ќе кажеме во своја одбрана во часот на заминувањето од овој свет.

            Кој со внимание ја прочитал поуката за мајката на сите зла (стомакоугодието),

знае дека како второ дете во нејзиното грозно и проклето потомство е наведен каменот

на нечувствителноста. Но многуглавата змија на идолопоклонството (среброљубието)

ме спречи на тој камен да му го дадам соодветното по ред место. Не знам како, но

среброљубието мудрите отци го поставиле на трето место во низата на осумте страсти.

Дури сега, откако го завршивме ова сразмерно излагање за среброљубието, имаме

намера да говориме за нечувствителноста, страст по ред трета, а според потеклото

втора. После тоа ќе зборуваме и за сонот и бдеењето. Не само тоа туку ќе кажеме и

неколку зборови и за детинската и малодушна страшливост. Сето тоа се болести на

почетниците.

            Уште еден степен: тој што ја добил оваа битка, патува со духот кон небото,

ослободен од сè вештествено.

           

Шеснаесетта битка:

кој во неа ќе победи,

или ја стекнал љубовта

или се ослободил од грижите.

 

 

 

Page 99: Од Преданието на светите Отци

 

Поуки од свети Отци (08.12.2009)

И кон слепиот, и кон лепрозниот, и кон умно пореметениот, и кон доенче, и кон криминалец, и кон незнабожец покажи почит, како кон образот Божји. Што имаш ти со неговите немоќи и недостатоци? Пази на себеси, за да немаш недостиг во љубовта.

свети Игнатиј Брјанчанинов 

Оној кој се научил да Му благодари на Бог за своите болести, не е далеку од светоста.свети Јован Златоуст

 Најголемата, постојана заблуда на нашето срце со којашто треба непрестајно да се бориме – целиот живот, тоа е скриената мисла дека ние можеме да постоиме без Бог и некаде надвор од Бог, макар некогаш и за еден миг.

свети Јован Кронштатски „Болен ли си или сиромав, трпи. Ништо, освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто ако благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини. Зошто, посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошото?“

свети Никодим Светогорец Но, треба да ги сметаме за вистински несреќни и достојни за жалење оние коишто осквернувајќи се себеси со сите пороци и престапи, не само што не трпат некој видлив демонски напад, туку не се подвргнуваат на никакво искушение коешто одговара на нивните дела и на никаков камшик заради исправување. Бидејќи не заслужуваат брзо и лесно исцелување во ова време, на оние со упорно и непокајано срце, преминувајќи преку казната во овој живот, им се собира гнев и негодување за денот на гневот, кога ќе се отркие праведниот суд Божји (Рим. 2, 5).

преподобен Јован Касијан Страст е постепена желба да се греши на одреден начин или љубов кон некакви грешни дела или предмети.

свети Теофан Затворник Демоните ги засилуваат во нас нашите страсти, имајќи ја за соработничка нашата небрежност и ги поттикнуваат (побудуваат), а светите Ангели, побудувајќи нѐ кон практикување на добродетелите, ги намалуваат страстите.

преподобен Максим Исповедник 

Непријателот паднал од гордост. Гордоста е почеток на гревот; во неа се наоѓаат сите видови на злото: суета, славољубие, властољубие, студенило, жестокост, рамнодушност кон страдањата на ближниот; мечтателен ум, засилена вообразба, демонски израз на очите, демонски изглед на целата појава; затемнетост, тага, очајание, омраза; завист, навредливост, кај многумина пад во телесна похот; измачувачко внатрешно неспокојство, непослушание, страв од смртта или напротив - желба да се одземе животот и, на крај, што е често - потполно лудило. Ова се знаци на демонската духовност. Но, додека тие јасно не се пројават за многумина остануваат незабележливи.

Старец Софрониј Сахаров 

 

Page 100: Од Преданието на светите Отци

 

   Телото, бидејќи е составено од многу, притоа нееднакви делови, коишто и самите се составени од четири стихии, кога ќе се разболи, има потреба од разни лекарства, кои се составени од разни треви. А душата, напротив, бидејќи невештествена, проста и несложена, кога ќе се разболи едно лекарство ја лекува - Духот Свет, благодатта на Господ Исус Христос.

свети Симеон Нов Богослов 

Не ви посакувам ниту богатство, ниту слава, ниту успех, па дури ни здравје, а само мирот душевен. Тоа е најважно. Ако го имате мирот ќе бидете среќни.

преподобен Алексиј 

Раздразливоста на карактерот произлегува од непознавањето на себеси, од гордоста и уште од тоа што ние не размислуваме за силната повреденост на нашата природа и малку го знаеме кроткиот и смирениот Исус.

свети Јован Кронштатски 

Бог е оган кој ги стоплува и разгорува срцата и утробите. Значи, ако во срцата свои чувствуваме студенило кое е од ѓаволот, бидејќи ѓаволот е студен, тогаш да Го повикаме Господ и Он, доаѓајќи, ќе го стопли нашето срце со совршена љубов не само кон Него, туку и кон ближниот. И од лицето на топлината се изгонува студенилото на оној што го мрази доброто.

преподобен Серафим Саровски 

Гневливиот ја убива и ја погубува својата душа. Да, и навистина, гневливиот ја убива и ја погубува својата душа затоа што целиот живот го поминува во смут и е далеку од спокојство. Тој му е туѓ на мирот, далеку е и од здравјето; затоа што и неговото тело непрестајно се топи, и душата тагува, и телото венее и лицето е покриено со бледило, и мислата го прелажува, и разумот изнемоштува, и помислите течат како река.

преподобен Ефрем Сирин 

Еден од учителите на Црквата од вториот век Тертулијан кажал вистински и длабоки зборови: „Душата човечка по природа е христијанка“. Таа копнее по духовна храна, чистота и светост, таа копнее по Христос. Душата по природа е христијанка, и ако не се храни со духовната храна, тогаш настапува тешко хронично гладување на таа несреќна душа.

свети Лука Војно-Јасенецки 

 Поуки од свети Отци (08.12.2009)

И кон слепиот, и кон лепрозниот, и кон умно пореметениот, и кон доенче, и кон криминалец, и кон незнабожец покажи почит, како кон образот Божји. Што имаш ти со неговите немоќи и недостатоци? Пази на себеси, за да немаш недостиг во љубовта.

свети Игнатиј Брјанчанинов 

Оној кој се научил да Му благодари на Бог за своите болести, не е далеку од светоста.свети Јован Златоуст

 Најголемата, постојана заблуда на нашето срце со којашто треба непрестајно да се бориме – целиот живот, тоа е скриената мисла дека ние можеме да постоиме без Бог и некаде надвор од Бог, макар некогаш и за еден миг.

Page 101: Од Преданието на светите Отци

 

свети Јован Кронштатски „Болен ли си или сиромав, трпи. Ништо, освен трпението, Бог не бара од тебе. Трпејќи благодушно ти секогаш ќе се наоѓаш во добро дело. Кога и да погледне на тебе Бог ќе види дека ти правиш добро или пребиваш во доброто ако благодушно трпиш, додека кај здравиот човек добрите дела се со прекини. Зошто, посакувајќи ја промената на својата положба, ти посакуваш да го смениш доброто за полошото?“

свети Никодим Светогорец Но, треба да ги сметаме за вистински несреќни и достојни за жалење оние коишто осквернувајќи се себеси со сите пороци и престапи, не само што не трпат некој видлив демонски напад, туку не се подвргнуваат на никакво искушение коешто одговара на нивните дела и на никаков камшик заради исправување. Бидејќи не заслужуваат брзо и лесно исцелување во ова време, на оние со упорно и непокајано срце, преминувајќи преку казната во овој живот, им се собира гнев и негодување за денот на гневот, кога ќе се отркие праведниот суд Божји (Рим. 2, 5).

преподобен Јован Касијан Страст е постепена желба да се греши на одреден начин или љубов кон некакви грешни дела или предмети.

свети Теофан Затворник Демоните ги засилуваат во нас нашите страсти, имајќи ја за соработничка нашата небрежност и ги поттикнуваат (побудуваат), а светите Ангели, побудувајќи нѐ кон практикување на добродетелите, ги намалуваат страстите.

преподобен Максим Исповедник 

Непријателот паднал од гордост. Гордоста е почеток на гревот; во неа се наоѓаат сите видови на злото: суета, славољубие, властољубие, студенило, жестокост, рамнодушност кон страдањата на ближниот; мечтателен ум, засилена вообразба, демонски израз на очите, демонски изглед на целата појава; затемнетост, тага, очајание, омраза; завист, навредливост, кај многумина пад во телесна похот; измачувачко внатрешно неспокојство, непослушание, страв од смртта или напротив - желба да се одземе животот и, на крај, што е често - потполно лудило. Ова се знаци на демонската духовност. Но, додека тие јасно не се пројават за многумина остануваат незабележливи.

Старец Софрониј Сахаров 

    Телото, бидејќи е составено од многу, притоа нееднакви делови, коишто и самите се составени од четири стихии, кога ќе се разболи, има потреба од разни лекарства, кои се составени од разни треви. А душата, напротив, бидејќи невештествена, проста и несложена, кога ќе се разболи едно лекарство ја лекува - Духот Свет, благодатта на Господ Исус Христос.

свети Симеон Нов Богослов 

Не ви посакувам ниту богатство, ниту слава, ниту успех, па дури ни здравје, а само мирот душевен. Тоа е најважно. Ако го имате мирот ќе бидете среќни.

преподобен Алексиј 

Page 102: Од Преданието на светите Отци

 

Раздразливоста на карактерот произлегува од непознавањето на себеси, од гордоста и уште од тоа што ние не размислуваме за силната повреденост на нашата природа и малку го знаеме кроткиот и смирениот Исус.

свети Јован Кронштатски 

Бог е оган кој ги стоплува и разгорува срцата и утробите. Значи, ако во срцата свои чувствуваме студенило кое е од ѓаволот, бидејќи ѓаволот е студен, тогаш да Го повикаме Господ и Он, доаѓајќи, ќе го стопли нашето срце со совршена љубов не само кон Него, туку и кон ближниот. И од лицето на топлината се изгонува студенилото на оној што го мрази доброто.

преподобен Серафим Саровски 

Гневливиот ја убива и ја погубува својата душа. Да, и навистина, гневливиот ја убива и ја погубува својата душа затоа што целиот живот го поминува во смут и е далеку од спокојство. Тој му е туѓ на мирот, далеку е и од здравјето; затоа што и неговото тело непрестајно се топи, и душата тагува, и телото венее и лицето е покриено со бледило, и мислата го прелажува, и разумот изнемоштува, и помислите течат како река.

преподобен Ефрем Сирин 

Еден од учителите на Црквата од вториот век Тертулијан кажал вистински и длабоки зборови: „Душата човечка по природа е христијанка“. Таа копнее по духовна храна, чистота и светост, таа копнее по Христос. Душата по природа е христијанка, и ако не се храни со духовната храна, тогаш настапува тешко хронично гладување на таа несреќна душа.

свети Лука Војно-Јасенецки 

 

 

Лествица: За негневливоста и кротоста (03.12.2009)

Како што водата кога малку по

малку се истура врз огнот сосем го

гаси пламенот така и солзата на

вистинскиот плач го гаси секој

пламен на гневот и избувливоста.

Затоа сега и преоѓаме на

негневливоста по логичен ред.

            Негневливоста е копнеж по

понижувања, исто онака ненаситен

како што кај суетните луѓе е

ненаситно тежнеењето кон

пофалбите. Негневливоста е пораз

на природата, што се изразува во

Page 103: Од Преданието на светите Отци

 

нечувствителноста за навреди, нечувствителност што произлегува од големи подвизи и

изобилна пот.

            Кротоста е неподвижна состојба на душата којашто не се менува, без разлика

дали трпи понижувања или слуша пофалби.

            Почеток на негневливоста е молчењето на усните кога срцето е возбудено.

Средина е молчење на мислите при суптилна вознемиреност на душата. А врв,

непоколебливиот мир и покрај тоа што дуваат нечисти ветрови.

            Гневот е израз на потајна омраза, т.е. злопамтење. Гневот е желба да му се

случи зло на оној што нè разгневил. Избувливоста е запалување на срцето во невреме.

Огорченоста е непријатно чувство што се гнезди во душата. Гневот е променлива

состојба и грдотија на душата.

            Како што темнината исчезнува кога ќе заблеска светлината така и мирисот на

смирението ја потиснува секоја горчина и јарост. Некои луѓе, склони кон гнев, не се

грижат за лечењето и искоренувањето на оваа страст; тие бедници не мислат на она

што е речено: Тежината на јароста негова го соборува (Сир. 1, 22).

            Брзото движење на еден воденички камен може да го сотре и уништи житото на

душата за само еден миг и плодот на дотогашниот подвиг во поголема мера отколку

плодот на дотогашниот подвиг во поголема мера отколку спорото движење на друг во

текот на целиот ден. Затоа и треба добро да внимаваме. Понекогаш пламенот одеднаш

распален со силен ветар ја изгорува и упропастува нивата на срцето повеќе отколку

огнот што гори долго.

            Пријатели, ни ова не би смееле да го заборавиме: лукавите демони некогаш во

моментите на гнев брзо си заминуваат од нас, за да престанеме да водиме сметка за

големите страсти како да се мали, та нашата болест на крајот да стане неизлечлива.

            Како што тврдиот и нерамен камен кога се трие и удира од други камења ги

губи неговите нерамнини, сите негови неправилни и груби облици, така и душата

избувлива и груба, општејќи и живеејќи со други, исто така груби луѓе, постигнува едно

од двете: или со трпение ќе си ја излечи болеста или ќе се повлече и така на сигурен

начин ќе ја спознае својата немоќ, којашто како во огледало ќе му се покаже на таквиот

во неговото малодушно бегство.

            Гневливиот човек е доброволен епилептичар кому што тоа му преоѓа во навика,

а оваа тогаш и против неговата волја го растргнува и угнетува.

            Ништо не е толку недолично за оние што се каат како гневливата возбуденост,

зашто преобразбата бара големо смирение, а гневливоста е знак за голема гордост.

Page 104: Од Преданието на светите Отци

 

            Познати ни се мошне многубројните и лоши последици на гневот. Меѓутоа, само

една, ненамерна последица од него, иако на посреден начин, може да ни биде и од

полза.

            Познавав луѓе што во настап на обземеност од јарост се ослободија од

дамнешното злопамтење што се криело во нив, па така со помош на оваа страст се

избавија од онаа, добивајќи од оној што ги навредил извинување или објаснување за

она што ги мачело долго време. Сум гледал и такви луѓе коишто привидно трпеа, но

неразумно, под плаштот на молчењето во себе криеја злопамтење. И дојдов до заклучок

дека таквите луѓе се победни од лудаците, зашто белината на гулабот ја прекриваа

како со некоја црнина.

            Треба да ѝ обрнеме големо внимание на оваа змија, затоа што нејзе, како и на

змијата на телесните желби, ѝ помага самата природа. Сум гледал и луѓе што би се

разгневиле и во својата огорченост би одбиле да јадат и со таквото бесмислено

воздржание додаваа отров на отров. А сум гледал и други луѓе коишто својот гнев го

користеа како згоден повод за прејадување, па така од јама паѓаа во бездна. Но и

други, паметни луѓе сум гледал, коишто како добри лекари ги беа здружиле двете

крајности, та од умереното негување на телото имаа најголема полза.

            Кога е умерено, пеењето некогаш одлично го стивнува гневот. А понекогаш,

кога е неумерено и неправовремено, му погодува на сластољубието. Ова средство ќе ни

користи само ако водиме сметка за самиот момент.

            Наоѓајќи се по некаква работа во близина на келијата на некои луѓе што се беа

посветиле на тихување, слушнав како од огорченост и бес сами се караа во својата

келија како еребици во кафез, и како на своите навредувачи се нафрлаа како да се

присутни. Нив благо ги посоветував да не живеат осамено, за од луѓе да не се

претворат во демони. Сум гледал пак и луѓе сладострастни и со лакомо срце, коишто

меѓутоа беа кротки и љубезни, братољубиви и љубители на убавината. Нив ги

наговарав да се оддадат на безмолвен живот, како лекар против сладострастието и

лакомоста, за на најжален начин да не се претворат од словесни битија во бесловесни

животни. А бидејќи некои од нив тажно ми говореа дека се многу подложни и на

едното и на другото, наполно им забранив да живеат според својата волја, а на нивните

духовници пријателски им советував одвреме навреме да им дозволат да водат овој

или оној начин на живот, покорувајќи му се сепак на главниот настојател во сè.

            Сластољубивиот со телесните задоволства си штети единствено самиот себеси и

можеби уште на еден свој другар. А гневливиот, како волк, често го вознемирува и

целото стадо и многу смирени души ги унижува и навредува. Опасно е да им внушиме

скрб нашите очи со јароста од срцето, како што е кажано: Од скрб ми се помрачи окото

Page 105: Од Преданието на светите Отци

 

мое (Пс. 6, 8). Уште потешко е ако со зборови се изразува немирот на душата. А кога

тоа се прави и со рацете, тогаш тоа е веќе наполно спротивно на монашкиот, тој

ангелски и Божествен живот.

            Ако сакаш, па дури и си решил да му ја извадиш раската од окото на другиот,

немој наместо лекарски инструмент да употребиш греда. Греда, тоа е тежок збор или

не-долична постапка, а лекарски инструмент - тоа е блага по-ука и пријателско

прекорување. Укори, вели апостолот, предупреди, замоли (2 Тимотеј 4, 2), а не „тепај”! 

А ако и тоа биде потребно, тогаш ретко, па и тогаш не со своја рака!

            Да обрнеме внимание, па ќе видиме дека поголе-миот број гневливи луѓе радо

се увежбуваат во бдеењето, постот и безмолвието. Целта на демонот е под вид на плач

и покајание да им подметне нешта што ја потхрануваат нив-ната страст.

            Ако еден волк, како што рековме, е во состојба да го вознемири целото стадо,

тогаш без сомнение и еден мо-шне мудар брат (со помош на ангелите) како добра меш-

ница исполнета со масло може да ги стивне брановите и да го успокои коработ1. И

колку што тешка осуда заслужува првиот толку голема награда од Бога заслужува овој

вториот, служејќи им на сите за пример.

            Првиот степен на блажената трпеливост е во тоа понижувањето да се поднесе,

макар и со болка и горчина во душата. Средина е да се биде во такви околности без та-

га. А крај (ако воопшто има крај), навредата да се смета за пофалба. Првиот нека се

радува, вториот нека биде сре-ќен, а третиот нека се весели блажен во Господа!

            Забележав кај некои гневливи луѓе една тажна појава којашто настанува кај нив

како последица на потајна гордост: откако веќе еднаш се разгневиле, тие уште еднаш

паѓаат во јарост заради својот пораз. Се запрепастив гледајќи како падовите се

надоврзуваат еден на друг. И не можев без сожалување да гледам како тие самите

себеси со грев си се одмаздуваат за гревот. Ужаснат над големото лукавство на

демоните за малку не почнав да очајувам за својата вечна судбина.

            Ако некој почувствува дека гордоста и избувливоста, злобата и лицемерието

лесно го победуваат, па реши да го исука над нив мечот на кротоста и трпението, нека

стапи во еден општежителен манастир, како во рабо-тилница на спасението, ако

воопшто сака целосно да се избави од овие страсти; за таму, подложен на угнетување

и дразнење од страна на браќата, и духовно, а понекогаш и телесно биен и тормозен,

газен и измачуван, да ја очисти ризата на својата душа од нечистотијата. А дека

малтретирањето всушност е миење на душевните страсти, нека те увери и една

народна изрека. Има луѓе во светот, кои кога некому ќе фрлат навреда в лице, обично

фалејќи се пред другите велат: „Добро го изрибав!” А всушност и така е.

Page 106: Од Преданието на светите Отци

 

            Една работа е негневливоста кај почетникот, којашто произлегува од плачот, а

друга е потполното спокојство кај совршените. Кај првите гневот е врзан со солзите

како со некоја узда; кај вторите умртвен е со бестрастието како змија со меч.

            Видов тројца монаси коишто истовремено претрпеа навреда од ист вид. Првиот

се навреди, но молчеше. Вториот се зарадува за себе, а се нажали за оној што му ја

нанесе навредата. А третиот, замислувајќи си каква штета ближниот си нанесе себеси

на тој начин, заплака со врели солзи. Така заедно можеа да се видат подвижникот на

стравот, подвижникот на наградата и оној љубовта.

            Како што телесната треска, сама по себе секогаш иста, има многу а не само

еден извор за својот настанок така пламтењето и појавата на гневот и на останатите

наши страсти имаат многубројни и различни причини. Затоа не е ни можно против овие

страсти да се одреди еден и ист лек. А ваков совет давам најмногу со цел секој болен

со соодветно испитување да си пронајде прикладно средство за неговото лекување.

Прв услов на лечењето е да се дознае причинителот на болеста, за кога ќе биде

пронајдена причината да може да се примени и соодветен лек од Промислата Божја и

од духовните лекари.

            Влезете, како во слика, вие што сакате во Господа заедно со нас да учествувате

во ова духовно судење, па на извесен, се разбира, недоволно јасен начин ќе ги

испитаме спомнатите страсти и нивните причинители.

            И така, гневот како некој тиранин нека биде окован со кротост, па толчен со

трпението и влечен од светата љубов на овој суд на разумот, нека биде подложен на

сослушување.

            „Кажи ни го, луда и нечесна страст, името на оној што те создал и името на

твојот родител, а исто така и имињата на твоите погани синови и ќерки. Не само тоа

туку назначи ги и оние што се борат против тебе и што те убиваат.”

            А гневот, одговарајќи ни, рече:

            „Имам многу мајки и татко не ми е еден. Мајки ми се: суетата, среброљубието,

стомакоугодувањето, а понекогаш и блудот. Мојот татко се вика гордост. А моите

ќерки: злопамтливост, омраза, непријателство, самооправдување. Противници, коишто

сега ме држат окован, ми се добродетелите спротивни на овие страсти: негневливоста

и кротоста. Мојот потаен непријател се вика: смирение. А чие дете е тоа, прашајте го во

згодна прилика него самото”.

 

На осмиот степен лежи венецот на негневливоста.

Но оној којшто го носи во својата природа

можеби и нема ниеден друг.

Page 107: Од Преданието на светите Отци

 

А оној што го стекнал со своја пот, без сомнение

воедно ги победил сите осум страсти.

 

 

За љубовта (7. дел) (28.06.2009)

Да се вратиме назад и повторно да почнеме да зборуваме за истото.

Како што јадеме леб и пиеме вода секој ден, и живото тело секогаш повторно сака да

јаде и да пие, така и душата не се заморува од постојаното благодарење на Бог, но

уште повеќе сака да мисли на Него. Исто така, колку повеќе дрва ставаме во огнот,

толку повеќе тој се разгорува. Така е и со Бог. Колку повеќе мислиш на Него, толку

повеќе се разгорува љубовта и ревноста спрема Него.

Да знаат луѓето каква е љубовта Господова, тие како стада ќе прибегнуваат кон

Христос, и Он сите ќе ги стоплува со Својата благодат. Неговото милосрдие е

неискажливо. Од љубовта Божја душата ја заборава земјата.

Господ многу го љуби грешникот што се кае, и милостиво го приклонува на Своите

гради: „Каде беше, дете Мое? Јас одамна те чекам.” Господ сите ги повикува кон Себе

со евангелски глас. И Неговиот глас се слуша по сета вселена: „Дојдете при мене сите

обременети и Јас ќе ве успокојам. Дојдете и пијте вода жива. Дојдете, познајте дека Јас

ве љубам. Да не ве љубам, немаше да ве повикувам. Јас не можам да поднесам да

загине макар една Моја овца. И таа една, Пастирот оди во планината да ја бара.”

„Дојдете кај Мене, овци Мои.” Јас ве создадов и ве љубам. Мојата љубов спрема вас Ме

низведе на земјата. И Јас претрпев сè заради вашето спасение, и сакам да ја познаете

Мојата љубов и да кажете, како и Апостолите на Тавор: „Господи, добро ни е со Тебе”.

Слава Му на Господ Бог што Го даде Својот Единороден Син за нашето спасение.

Слава Му на Единородниот Син, што благоволи да се роди од Пречистата Дева и да

страда заради нашето спасение, и што ни го даде Своето Пречисто Тело и Крв, како

попатнина во Вечниот Живот, и што ни Го прати Светиот Дух на земјата.

Светиот Дух ни ги открива Божјите тајни. Светиот Дух ја учи душата неискажливо да ги

сака луѓето. Светиот Дух така ги украсува душата и телото, што човекот станува

сличен на Господ во тело. И ќе живее вечно со Него на небесата и ќе ја гледа Неговата

слава. Во вечниот живот сите луѓе ќе Му бидат слични на Господ. И никој не ќе ја

познаеше таа тајна, да не ни ја откриеше Светиот Дух. Господ е радосен и светол, и

Page 108: Од Преданието на светите Отци

 

луѓето ќе светат подобно на Него, како што рече и Самиот Господ, дека праведниците

ќе засветлат како сонце. И Апостолот Јован Богослов вели дека ќе Му бидеме слични.

 

 

Господи, Ти ги привлече кон Себе душите на Светиите. И тие притекнуваат кон Тебе

како тивки реки.

Умот на Светиите се прилепи кон Тебе, Господи, и копнее по Тебе, нашата Светлина и

радост.

Срцето на Светиите се утврди во Твојата љубов, Господи, и не може да Те заборави

ниту за миг, дури и во сонот, оти благодатта на Светиот Дух е слатка.

 

 

Милостивиот Господ ни го даде Светиот Дух нам грешните, и не ни побара ништо за

возврат, туку на секој од нас, како на Апостолот Петар, ни вели: „Љубиш ли ме?” Така

Господ од нас бара само љубов и се радува на нашето покајание. Такво е милосрдието

Божјо спрема човекот: човекот престана да греши, и се смири пред Бог, и Господ

милостиво му простува сè, и му ја дава благодатта на Светиот Дух и силата да го

победува гревот.

Прекрасно нешто: човекот се гнаси од својот брат, што е ист како него, кога е беден

или нечист, а Господ, како мајката што ги љуби своите деца сè простувајќи им, Он ни

простува сè, и не се гнаси од ниту еден грешник, но дури и му го дава дарот на Светиот

Дух.

Кога луѓето би ја познале љубовта Господова спрема нас, тогаш сосема би ѝ се предале

на Неговата света волја. И би живееле спокојни во Бог, како царските деца. Царот се

грижи за сè: и за царството, и за семејството, и за синот, и за децата, а синот спокојно

живее во дворецот. Нему сите му служат, а тој се насладува од сè немајќи никаква

грижа. Така, и оној што ѝ се има предадено на волјата Божја, живее спокојно,

задоволен со својата судбина, дури и да е болен, или беден, или прогонуван. Тој е

спокоен затоа што со него е благодатта на Светиот Дух. И сладоста на Светиот Дух го

утешува, и тој тагува само заради тоа, што многу го нажалил Љубениот Господ.

Ах, како треба да живееме на земјата за душата секогаш да чувствува дека е со Бога?

Господ рече: „Нема да ве оставам сираци”, и ни Го даде Светиот Дух, и душата треба

да чувствува дека Духот Божји живее во неа. Дури и да е мала благодатта, сепак,

душата ја чувствува Љубовта Господова, чувствува дека Господ е наш и ние сме

Негови. А оној што не е таков и во душата, ја губи благодатта.

Page 109: Од Преданието на светите Отци

 

Душата чувствува дека Господ ја љуби, не гледајќи на мноштвото нејзини гревови. Во

оние дни му рече Господ на Закхеја: „Закхеј, денес треба да бидам во твојот дом” (Лука

19, 5). И тоа само затоа што тој посака да Го види Христос. Така и сега се случува со

грешникот, кога неговата душа се обраќа кон Бога. Денес луѓетого оставија добриот

пат и станаа немилосрдни, сите се ожесточија, и повеќе не постои љубов, и заради тоа

тие не ја чувствуваат љубовта Божја. Заради ожесточеноста на нивните срца, луѓето

мислат дека Он е ист како нив, и сосема ја губат верата во Него.

О, кога само би било можно јас би им Го покажал Господ и би им рекол: “Гледајте каков

е Господ. Од Неговата љубов се топи душата на човекот”. Но таа љубов не може да се

познае само со умот. Таа се познава преку Светиот Дух.

Господи, дарувај ми да пролевам солзи за себеси и за сета вселена, за сите народи да

Те познаат Тебе, и со Тебе вечно да живеат. Господи, удостој нè за дарот на смирениот

Свет Дух, за да ја разбереме Твојата слава.

Мојата душа тагува пролевајќи многу солзи: Ги сожалувам луѓето што не ја знаат

сладоста на светото умиление. Мојата душа многу сака милоста Господова да биде со

сите, сета вселена и сите луѓе да знаат колку желно нè љуби Господ, како Свои деца.

 

Свети Силуан Атонски

 

 

 

За љубовта (6. дел) (26.06.2009)

Господ ни ја даде заповедта: „Љубете ги вашите непријатели” (Матеј 5, 44). Но, како да

ги љубиме кога ни прават зло? Или, како да ги љубиме оние што ја гонат Светата

Црква?

Кога Господ одеше во Ерусалим, и Самарјаните не Го примија, тогаш Јован Богослов и

Јаков беа спремни да го низведат огнот од небото и да ги истребат заради тоа. Но

Господ милостиво им кажа: „Јас не дојдов да погубам, туку да спасам” (Лука 9, 54-56).

Така и ние сме должни да имаме само една мисла: сите да се спасат. Душата ги

сожалува непријателите и се моли за нив, бидејќи тие отпаднаа од Вистината, и одат во

пеколот. Тоа е љубов спрема непријателите. Кога Јуда намисли да Го предаде Господа,

Page 110: Од Преданието на светите Отци

 

тогаш Господ милостиво го вразумуваше. Така, и ние сме должни да постапуваме

милостиво со оние што се заблудени, и тогаш ќе се спасиме преку Божјото милосрдие.

 

 

Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во

сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бог за тоа што многу нè

љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ѝ го дава Светиот Дух на грешната душа, и

ѝ дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бог не ни треба богатство.

Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и

послушание, и за тие добри дела Господ ќе ни даде да Го познаеме. А што може да

биде на светот поскапоцено од тоа познание? Да се знае Бог, и колку Он нè љуби и на

кој начин духовно нè воспитува?

Каде ќе најдеш таков татко што би умрел на крстот заради престапите на своите деца?

Обично на таткото му е тешко и го сожалува синот што треба да биде казнет заради

своите престапи. Но, дури и ако го сожалува синот, сепак ќе му рече: „Ти постапи лошо,

и за своите лоши дела праведно си казнет”.

Господ пак, никогаш нема да ни каже такво нешто. Он и нам ќе ни каже како на

Апостолот Петар: „ Ме љубиш ли?” Така и во рајот ќе ги праша сите: „Дали ме љубите?”

И сите ќе одговорат: „Да, Господи, ние Те љубиме. Ти нè спаси со Своите страдања на

крстот, а сега ни го подари и Небесното Царство”.

И никој на небото нема да се срами така како што се срамеа Адам и Ева по падот. Но, ќе

има само кротост, љубов и смирение. Не смирение онакво какво што го гледаме сега,

кога се смируваме себеси, и трпиме кога нè укоруваат, или се сметаме за полоши од

сите. Туку сите ќе го имаат Христовото смирение, коешто е непостижно за луѓето,

освен за оние што го познаа преку Светиот Дух.

 

 

Не можам да разберам зошто луѓето не го бараат мирот од Господа? Та Господ толку

многу нè љуби, што за ништо нема да нè одбие. Јас порано не го знаев тоа, и мислев:

„Дали Господ ќе се грижи за мене штом толку Го нажалувам? Но, кога мојата душа се

исполни со љубовта Божја и со сладоста на Светиот Дух, и тоа толку многу, што кога

Господ би ме прашал: „Сакаш ли да ти дадам повеќе од Мојата љубов и од благодатта

на Светиот Дух?”, тогаш мојата душа ќе речеше: „Господи, Ти гледаш дека јас не

можам повеќе да поднесам, и ќе умрам”. И штом Господ го милува грешникот со

Својата несфатлива милост, тогаш што да речеме за Светиите? Колкава ли благодат

имаат тие?

Page 111: Од Преданието на светите Отци

 

Можеби некој ќе рече: „Зошто Господ мене не ме љуби толку, и не ми ја дава таквата

благодат?” Така, некој старец му кажал на Антониј велики: „Зошто ти, оче Антониј,

имаш поголема слава од мене, а се трудиш помалку од мене?” На тоа Антониј му

одговорил: „Затоа што јас Го љубам Бога повеќе отколку ти”.

И ние сме должни да се сеќаваме на тоа, и да знаеме дека оној кој Го љуби Бог, го љуби

и својот брат, како што вели Јован Богослов ( 1Јов. 4, 21). И кога некој нè навредува,

треба да Му се молиме на Бог за него како за себеси. И така тоа ќе ни премине во

навика. Ние самите сме немоќни, но Господ ни помага во тоа, бидејќи Он многу нè

љуби.

 

 

Господ толку многу нè љуби, што ние не можеме да го разбереме тоа. Гледајќи го

крстот знаеме дека Он се распна за нас и умре во страдања. Но, сепак самата душа не

може да ја разбере таа љубов. Таа се познава само преку Светиот Дух.

Благодатта на Светиот Дух е толку слатка и милоста Господова е толку голема, што тоа

не може да се опише. Но душата само копнее по Него ненаситно оти е разгорена од

љубовта Господова. И душата сета понира во Бог и во Него е многу спокојна, и тогаш

сосема го заборава светот. Но милостивиот Господ не ѝ го дава тоа секогаш на душата.

Понекогаш Он ѝ ја дава љубовта за целиот свет, и душата плаче за него, и Го

преколнува Владиката, Благиот и Милостивиот, за да ја излее Својата благодат врз

секоја душа и да ја помилува со Своето милосрдие.

Со што ќе Ти возвратам Тебе Господи, за тоа што излеа толку многу милост врз мојата

душа? Те молам, дај ми да ги видам моите прегрешенија и секогаш да плачам пред

Тебе, оти Ти ги љубиш смирените души и им ја даваш благодатта на Светиот Дух.

Боже Милостив, прости ми! Ти гледаш дека мојата душа копнее по Тебе, мојот

Создател. Ти ја рани мојата душа со Твојата љубов, и таа жеднее по Тебе, и бескрајно

тагува, и ненаситно се стреми кон Тебе дење и ноќе. И не сака повеќе да го гледа овој

свет, иако го љуби, но повеќе од сè Го љуби Создателот. И мојата душа Те сака Тебе.

О, мој Создателу, зошто толку Те нажалив јас, Твоето мало создание? Но Ти не си

спомна за моите гревови.

 

Свети Силуан Атонски

 

 

 

Page 112: Од Преданието на светите Отци

 

 

а љубовта (5. дел) (25.06.2009)

Јас примив голема милост од Бог, иако, според моите дела, би требало да сум казнет и

тука на земјата, и по смртта. Но Господ толку го љуби човекот, што ние не можеме ни

да го замислиме тоа.

Среќен е грешникот кој се обратил кон Бог и Го возљубил.

Оној што го намрази гревот, се искачи на првото скалило од небесната скала. Кога

помислата не нè наведува на грев, тоа е веќе второто скалило. А оној што преку

Светиот Дух ја позна совршената љубов спрема Бог, се наоѓа на третото скалило. Но

тоа со малкумина се случува.

За да станеме учесници во љубовта Божја, треба да исполнуваме сè што ни заповедал

Господ во Евангелието. Треба да имаме милостиво срце, и не само да го љубиме

човекот, туку и секое создание треба да го сожалуваме, сè што создал Бог.

На дрвото се зеленее лист. И ти го скина без потреба. Иако тоа не е грев, сепак ти е

жал за тоа. Срцето што научило да љуби, ја сожалува сета твар. А човекот е големо

создание. И ако гледаш дека тоје заблуден, и дека загинува, моли се за него и плачи,

ако можеш. А ако не можеш, тогаш барем воздивни за него пред Бог. И душата којашто

го прави тоа, Господ ќе ја возљуби, бидејќи Му се вподобува Нему.

Така се молеше Преподобниот Паисиј Велики, за својот ученик кој се откажа од Христа,

и се ожени со жена Еврејка, за да му прости Господ. И Господ толку се радуваше

заради таа молитва, што Самиот посака да го утеши Својот слугаа и му се јави велејќи:

„Паисиј, зошто се молиш за оној што се откажа од Мене?” Но Паисиј рече: „Господи, Ти

Си милостив, прости ми”. Тогаш Господ рече: „О, Паисиј, ти Ми се вподоби во љубовта.”

Толку Му е угодна на Господ молитвата за непријателите.

Јас сум голем грешник, но пишувам за милосрдието Божјо коешто го позна мојата душа

на земјата преку Светиот Дух.

 

Душата не може да има мир ако не се моли за непријателите. Душата што научи да се

моли од благодатта Божја, ја љуби и ја сожалува сета твар, а особено човекот, заради

кого Господ пострада на Крстот, со болка во душата заради сите нас.

Господ ме научи да ги љубам непријателите. Без благодатта Божја, ние не можеме да

ги љубиме, но Светиот Дух нè учи на таа љубов. И тогаш ги сожалуваме дури и

демоните, што отпаднаа од доброто, го загубија смирението и љубовта спрема Бог.

Ве молам, проверете сами. Ако некој ве нажалува, или ве бесчести, или ви одзема

нешто, или ја прогонува Црквата, тогаш молете Му се на Господ, велејќи: „Господи,

Page 113: Од Преданието на светите Отци

 

сите ние сме Твое создание. Помилуј ги слугите Твои и обрати ги кон покајание”, и

тогаш во душата ќе имаш благодат.

Најнапред принуди го своето срце да ги љуби непријателите. И Господ гледајќи ја

твојата добра желба, ќе ти помага во сè, и ќе се научиш преку опит. А оној што мисли

лошо за непријателите, ја нема љубовта Божја, и не Го познава Бог.

Ако се молиш за непријателите, тогаш ќе имаш мир. А ако ги љубиш непријателите,

тогаш знај дека голема благодат Божја живее во тебе. Уште не може да се зборува за

совршената љубов, но тоа е доволно за спасение. Ако ги напаѓаш своите непријатели,

тоа значи дека лошиот дух живее во тебе, и ги вметнува лошите помисли во твоето

срце, оти, како што рече Господ, од срцето излегуваат лоши или добри помисли.

Добриот човек вака размислува: секој кој отпаднал од вистината, загинува, и затоа го

сожалувам. А оној што не е научен на љубовта преку Светиот Дух, конечно нема да се

моли за непријателите. Оној што е научен на љубовта од Светиот Дух, цел живот тагува

заради луѓето што не се спасуваат. И пролева многу солзи за народот, и благодатта

Божја му дава сила да ги љуби непријателите.

Ако немаш љубов, тогаш барем не ги напаѓај и не ги проколнувај. И тоа е веќе добро. Во

оној кој проколнува и се кара, живее лошиот дух. И ако не се покае, тогаш по смртта ќе

отиде таму каде што пребиваат лошите духови. Господ нека ја избави секоја душа од

таквата беда.

Разберете! Тоа е толку едноставно. Ги сожалувам луѓето што не Го знаат Бог, или Му се

противат. Срцето ме боли за нив. И од очите се леат солзи. Ние знаеме и што е рај, и

што е пекол: тоа го познавме преку Светиот Дух. Ете и Господ има кажано: „Царството

Божјо е внатре во вас” (Лука 17, 21). Така, уште тука почнува вечниот живот. И вечната

мака исто така.

 

Заради гордоста се губи Божјата благодат, а заедно со неа и љубовта спрема Бог и

смелоста во молитвата. И тогаш душата се мачи од лошите помисли, и не разбира дека

треба да се смири и да ги љуби непријателите, бидејќи поинаку не е можно да Му се

угоди на Бог.

Ти велиш: „Непријателот ја прогонува нашата Света Црква. Па како да го љубам?” А јас

на тоа ќе ти одговорам: „Твојата бедна душа не Го познала Бог. Не познала колку многу

Он нè љуби, и колку желно чека да се покајат сите луѓе и да се спасат. Господ е љубов,

и го даде Светиот Дух на земјата, Кој ја учи душата да ги љуби непријателите и да се

моли за нив и тие да се спасат. Ете, тоа е љубов. А ако ги судиш според делата, тогаш

тие заслужуваат казна”.

Page 114: Од Преданието на светите Отци

 

Слава Му на Господа што Он нè љуби толку многу и ни ги простува гревовите, и  што ни

ги открива Своите тајни преку Светиот Дух.

 

Свети Силуан Атонски

За љубовта (4. дел) (23.06.2009)

Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ

страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја

наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја

познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е

Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од

тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце, со сета душа, како што ни заповедал

Господ, и ближниот како самиот себеси. И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа

на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува,

и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е

виновен. Тој ја загуби љубовта кон Бога и го осуди или го намрази братот.

Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта кон братот се чува. Но, ако

не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.

Ако луѓето ги чуваа Христовите заповеди, ќе беше рај на земјата. И сите ќе имаа сè што

е неопходно, дури и со малку труд. И Духот Божји ќе живееше во душите на луѓето,

бидејќи Он Самиот ја бара човечката душа и сака да живее во нас. А тоа што не се

вселува е само заради гордоста на нашиот ум.

 

 

Луѓето денес станаа горди, и се спасуваат само преку неволји и преку покајание, а

љубовта малкумина ја постигнуваат.

Антониј Велики рекол: „Јас повеќе не се плашам од Бога, туку Го љубам.”

Тој го рекол тоа бидејќи во душата имал голема благодат на Светиот Дух, Кој ја сведочи

таа љубов. И тогаш душата не може да зборува поинаку. Но оној кој нема голема

благодат, него светите Отци го учат на покајание. И покајанието не е далеку од

љубовта, што доаѓа според мерата на простотата и смирението на Духот.

Ако некој мисли добро за братот, кого го љуби Господ, и особено, ако мисли дека во

неговата душа живее Светиот Дух, тогаш е блиску до љубовта Божја.

Некој ќе рече: тој зборува само за љубовта Божја. Но, за што е најдобро да се зборува

ако не за Бога? Та Он нè создаде за да живееме вечно со Него, и да ја гледаме Неговата

слава. Кога некој љуби нешто, сака и да зборува за тоа. А потоа се создава навика: ако

Page 115: Од Преданието на светите Отци

 

се навикнеш да мислиш на Бога, секогаш ќе Го носиш во душата. Ако се навикнеш да

мислиш на светските нешта, со умот секогаш ќе бидеш во нив. Ако се навикнеш да

мислиш на страдањата Господови, и на вечниот оган, душата ќе го присвои тоа.

Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба

себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме

својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на

некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш

нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи

од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до

ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа.

Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.

Еднаш на Велигден се враќав од вечерната служба во Покровската Црква, во својата

мелница, и на патот стоеше еден работник. Кога му се доближив, тој ми побара да му

дадам едно јајце. Јас немав при себе, и се вратив во манастирот, земав од мојот

духовник две јајца, и едното му го дадов на работникот. Тој рече: „Ние сме двајца”. Му

го дадов и другото. И кога заминав од таму, заплакав од жал за бедниот народ. И се

сожалив над сета вселена и над сета твар.

Друг пат, пак на Велигден се враќав од главната манастирска капија во новиот

Преображенски конак. И гледам дека во пресрет кон мене трча едно момче на

четиригодишна возраст, со радосно лице – благодатта Божја ги радува децата. Имав

едно јајце и му го дадов на момчето. Тоа се израдува и се стрча кон татка си да му го

покаже подарокот. И заради таа ситница добив голема радост од Бога и го возљубив

секое создание Божјо. И го чувствував Духот Божји во душата. Кога дојдов на себеси,

од жал спрема светот многу  се молев на Бога плачејќи.

О, Духу Свет, секогаш пребивај во нас. Со Тебе ни е добро.

Но, не ѝ е секогаш толку добро на душата. Ја губам благодатта заради гордоста, и

тогаш ридам како што ридаше Адам по загубениот рај, и велам:

„Каде си Ти, Светлино моја? Каде си Ти, Радост моја? Зошто ме остави, да тагува срцето

мое? Зошто се сокри од мене, за да се мачи душата моја?”

Кога дојде Ти во мојата душа, ги изгори моите гревови. И сега повторно дојди во мојата

душа, и повторно изгори ги гревовите, што Тебе Те сокриваат од мене, како што

облаците го сокриваат сонцето.

Дојди и зарадувај ме со Твоето доаѓање.

Зошто се забавуваш, Господи? Ти гледаш дека тагува мојата душа, и со солзи Те барам.

Каде се криеш? Ете, Ти Си на секое место, но мојата душа не Те гледа, и во тага,

боледувајќи, Те бара.

Page 116: Од Преданието на светите Отци

 

Така, кога Ти беше мало дете, Пречистата Дева со Јосиф, боледувајќи Те бараа. Што сè

не си мислеше Таа во својата тага, кога не можеше да Го најде Својот Возљубен Син?

(Лука 2, 48).

Така, Светите Апостоли по смртта Господова се исполнија со болка и со тага во срцето,

мислејќи дека нивната надеж е загубена. Но Господ им се јави по Воскресението и тие

Го познаа и се зарадуваа.

Така и сега, Господ им се јавува на нашите души, а душата Го познава Него преку

Светиот Дух. Симеон Дивногорец беше момче кога му се јави Господ. И тој пред тоа не

Го знаел Господа, но откако Он му се јави, Го позна преку Светиот Дух.

Господ Го даде Светиот Дух на земјата, и преку Него се познава Господ и сè што е

небесно. А без Светиот Дух, човекот е грешна земја.

 

 

Душата е должна ненаситно да Го љуби Бога, за умот да не биде заробен од ништо,

туку со сета сила да пребива во Бога.

 

Свети Силуан Атонски

 

 

 

 За љубовта (трет дел) (22.06.2009)

Господ на Своите свети ученици им има кажано: „Деца, имате ли нешто за јадење?”

(Јован 21,5). Колкава љубов се крие во тие нежни зборови: Господ нè нарекува деца.

Што има порадосно од тоа? Треба да размислуваме многу длабоко за тие зборови, и за

страданијата Господови на Крстот заради нас.

О, колку Господ го љуби Своето создание. И ете, Господ нè удостои да зборуваме за тоа

и нашиот дух се радува бидејќи Господ е со нас.

Смирено ве молам, молете се за мене, и Господ ќе ве награди.

 

 

Page 117: Од Преданието на светите Отци

 

Брат Р. ми раскажа дека кога тој бил тешко болен, неговата мајка му кажала на татко

му: „Колку страда нашето дете! Јас со радост ќе се дадев себеси да ме исечат на

парчиња, да можев со тоа да му помогнам, и да ги олеснам неговите страдања”.

Таква е љубовта Господова спрема луѓето. Он рече: „Никој нема поголема љубов од

оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели” (Јован 15,13). Господ толку многу

се сожали на луѓето, што посака са пострада за нив, како родена мајка, дури и повеќе.

Но, таа голема љубов не може да ја разбере никој без благодатта на Светиот Дух.

Писмото зборува за неа. Но, и Писмото не може да се разбере со умот, бидејќи истиот

тој Свет Дух зборува и во Писмото.

 

 

Љубовта Господова е таква, што Он сака сите луѓе да се спасат, и вечно да бидат со

Него на небесата и да ја гледаат славата Негова. Таа слава не ја знаеме во нејзината

полнота, но делумно ја разбираме преку Светиот Дух. А оној што не Го познал Светиот

Дух, не може да ја разбере таа слава, туку само верува во ветувањето Господово, и ги

пази Неговите заповеди. Но, и тие се блажени, како што му кажа Господ на Апостолот

Тома (Јован 20, 29). И тие ќе бидат еднакви со оние што уште тука ја гледаат славата

Божја.

 

 

Ако сакаш да Го познаеш Господа, тогаш смири се себеси до крај, биди послушен и

воздржлив во сè, љуби ја вистината и Господ неизоставно ќе ти даде да Го познаеш

преку Светиот Дух. И тогаш преку опит ќе познаеш ШТО е тоа љубов спрема Бога и

ШТО е тоа љубов  спрема човекот. И колку е посовршена љубовта, толку е посовршено

и познанието. Постои мала љубов, постои средна, и постои голема љубов.

Кој се плаши од гревот, тој Го љуби Бога. Кој го има умилението, тој Го љуби повеќе. Кој

во душата има светлина и радост, тој Го љуби уште повеќе. А кој ја има благодатта и во

душата и во телото, тој има совршена љубов. Таквата благодат Светиот Дух им ја

даваше на мачениците, и таа им помагаше мажествено да ги истрпат сите страдања.

 

 

Може ли некој да каже како ќе биде во рајот?

За рајот може да зборува само оној кој во Светиот Дух Го познал Господа и Неговата

љубов спрема нас.

Page 118: Од Преданието на светите Отци

 

Господ е толку мил и љубовен, што од Неговата љубов душата не може да се сеќава на

ништо друго. Благодатта на Светиот Дух е толку слатка, и толку го менува целиот

човек, што тој ги заборава дури и своите родители.

Душата што во полнотата Го познала Господа и се наслади од Него, повеќе ништо

друго не посакува, и не се врзува за ништо на земјата. И да ѝ понудат царство, таа

нема да го посака, бидејќи љубовта Христова е толку слатка, и толку ја радува и ја

весели душата, што повеќе и царскиот живот не може да ја заслади.

Сакам да кажам неколку збора, колку што ме вразумува благодатта Божја, за мерата на

љубовта Божја.

Кога човекот се плаши да Го нажали Бога, со каков и да било грев, тоа е првата љубов.

Оној чијшто ум е чист од помисли, тоа е втората љубов, поголема од првата. Третата,

уште поголема е кога некој ја чувствува благодатта во душата. А оној кој ја има

благодатта на Светиот Дух и во душата и во телото, тоа е совршената љубов. И од

телото на оној што ќе ја сочува таа благодат, ќе останат мошти, како кај светите

маченици, или кај пророците, или кај преподобните и другите големи светии.

Оној кој пребива во таа мера, нема да го примами љубовта на девојка, од којашто се

насладува целиот свет, затоа што од сладоста на љубовта Божја, душата заборава сè

што е земно. Благодатта на Светиот Дух ја гони душата да Го љуби Господа во

полнотата, и во таа полнота на љубовта Господова, душата не се допира до светот,

иако и живее на земјата.

Ние сме горделиви со умот, и затоа не можеме да стоиме во таа благодат. И таа се

оддалечува од душата, и душата тогаш тагува по неа и повторно ја бара со солзи, и

плаче, и рида, и повикува кон Господа:

„Милостив Боже, Ти гледаш колку е нажалена мојата душа и колку тагувам по Тебе”.

На земјата не постои толку кроток и љубовен човек како нашиот Господ Исус Христос.

Во Него е нашата радост и веселие. Да Го возљубиме и Он ќе нè воведе во Своето

Царство, каде што ќе ја гледаме Неговата слава.

 

 

Откако Господ ми даде да ја познаам љубовта Божја преку Светиот Дух, јас ете веќе

четириесет години тагувам по народот Божји.

О, браќа, нема ништо подобро од љубовта Божја, кога Господ ја стоплува душата со

љубовта спрема Бога и ближниот.

Голема е милоста Господова: мојата душа Го позна Бога – својот Небесен Отец, и плаче

и тагува. Зошто толку многу Го нажалував Бога? А Господ ми дава простување на

гревовите и радост и веселие, да Го љубам мојот Создател, и да го љубам ближниот, и

Page 119: Од Преданието на светите Отци

 

да плачам за него, за милостивиот Господ секоја душа да ја земе при Себе, каде што

ни  приготви место преку Своите страдања на Крстот.

Оној кој ја познал сладоста на Божјата љубов, кога душата стоплена од благодатта Го

љуби Бога и ближниот, делумно знае што значат зборовите „Царството Божјо е внатре

во нас” (Лука 17, 21).

 

 

 

Милостив Господи, колку е голема Твојата љубов спрема мене грешниот! Ти ми даде да

те познаам. Ти ми даде да ја вкусам твојата благодат. „Вкусете и видете колку е благ

Господ” (Пс. 33, 9). Ти ми даде да ја вкусам Твојата благост и милосрдие, и мојата душа

копнее по Тебе дење и ноќе ненаситно. И не може да го заборави својот возљубен

Создател. Оти Духот Божји ѝ дава сила да Го љуби Љубениот, и душата не знае за

ситост, туку копнее по својот Отец Небесен.

Блажена е душата што го возљуби смирението и солзите, и што ги намрази злите

помисли.

Блажена е душата што го љуби својот брат, бидејќи нашиот брат е нашиот живот.

Блажена е душата што го љуби братот: во неа живее Духот Господов, и ѝ дава мир и

радост, и таа плаче за сиот свет.

Мојата душа се сети на љубовта Господова, и моето срце се разгоре, и мојата душа му

се предаде на длабокиот плач, бидејќи толку многу Го нажалив Господа, мојот

Возљубен Создател. Он не си спомна за моите гревови. И тогаш мојата душа му се

предаде на најдлабокиот и најжален плач, за Господ да ја помилува секоја душа и да ја

земе во Своето Небесно Царство.

И мојата душа плаче за целиот свет.

Не можам а да не зборувам за луѓето што ги љубам до солзи. Не можам да молчам,

затоа што мојата душа секогаш тагува по народот Божји, и со солзи се молам за него.

Не можам а да не ви зборувам, браќа, за милоста Божја и за лукавството на

непријателот.

Поминаа четириесет години од времето кога благодатта на Светиот Дух ме научи да го

љубам човекот и сета твар, и откако таа ми го откри лукавството на непријателот, кој

своето зло во светот го спроведува преку лагата.

Верувајте ми, браќа. Пишувам пред Лицето на Бога, Кого Го позна мојата душа преку

Светиот Дух, заради Неговата голема милост. Ако душата не Го вкуси Светиот Дух, не

може да Го знае Господа, ниту Неговата љубов.

Page 120: Од Преданието на светите Отци

 

Господ е благ и милостив, но ние не ќе можевме ништо да кажеме за Неговата љубов,

освен од Писмото, ако не нè научеше Светиот Дух. Но ти, брате, не се возмутувај, ако не

ја чувствуваш љубовта Божја во себеси, туку размислувај дека Господ е милостив и

воздржувај се од грев, и благодатта Божја ќе те научи.

 

Свети Силуан Атонски

 

 За љубовта (втор дел) (21.06.2009)

Од младоста сакав да мислам: Господ се вознесе на небото и чека да дојдеме кај Него.

Но, да бидеме со Господа треба да сме подобни на Него, или да бидеме како деца –

смирени и кротки, и да Му служиме Нему. Тогаш, според Словото Господово: „Каде што

Сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга”, и ние ќе бидеме со Него во Царството Небесно. Но

сега, мојата душа е многу темна и тажна. И не можам да го вознесам умот чист кон

Бога, и немам солзи да ги оплакувам моите лоши дела. Се исуши душата моја и се

измори од помрачениот живот...

О, кој да ми ја запее песната, што ја сакам од младоста, за тоа, дека Господ се вознесе

на небото и дека Он многу нè љуби, и дека желно нè чека да дојдеме кај Него. Таа

песна би ја слушал со солзи, оти мојата душа тагува на земјата.

Што ми се случи? Како ја загубив радоста, и дали ќе ја најдам повторно?

Плачете со мене сите ѕверови и птици! Плачете со мене шуми и пустини! Плачете со

мене сите Божји созданија, и чујте ме во мојата мака и во мојата тага!

Еве за што размислува мојата душа: Кога јас толку малку Го љубам Бога, а мојата душа

толку многу тагува по Господа, тогаш колку ли голема беше тагата на Мајката Божја,

кога таа остана на земјата по Вознесението Господово?

Таа не ни остави ништо напишано за маката на Својата душа. И многу малку  знаеме за

Нејзиниот живот на земјата. Но, треба да знаеме дека ние не можеме да ја разбереме

полнотата на Нејзината љубов спрема Својот Син и Бог.

Срцето на Мајката Божја, сите Нејзини мисли, сета Нејзина душа, беа зафатени со

Господа. Но, Нејзе ѝ беше дадено и нешто друго: Таа Го љубеше народот и огнено се

молеше за луѓето, за новите христијани, што ги утврди Господ, за сиот свет, за сите да

бидат спасени. Во таа молитва беше Нејзината радост и утеха на земјата.

Ние не можеме да ја достигнеме полнотата на љубовта на Мајката Божја, но знаеме

дека:

Колку е поголема љубовта, толку се поголеми страдањата на душата.

Колку е поголема полнотата на љубовта, толку е поголема полнотата на познанието.

Page 121: Од Преданието на светите Отци

 

Колку е поогнена љубовта, толку е поогнена молитвата.

Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот.

Никој од нас не може да ја достигне полнотата на љубовта на Божјата Мајка. Нам ни е

потребно Адамовото покајание, но делумно, како што нè учи Светиот Дух во Црквата. И

ние ќе ја разбереме таа љубов.

 

 

“Зар не гореа срцата наши”, (Лука 24,32) се прашуваа Апостолите кога им се приближи

Христос. Така душата Го познава Својот Владика, и Го љуби и сладоста на Неговата

љубов е огнена.

На небесата сите имаат една љубов, а на земјата некои многу Го љубат Господа, некои

малку, а некои воопшто не Го љубат. Душата што е исполнета од љубовта Божја, ги

заборава и небото и земјата. Духот гори и невидливо Го гледа Саканиот. И душата

пролева многу слатки солзи и не може да Го заборави Господа ниту на еден миг, оти

благодатта Божја дава сила да се љуби Љубениот.

О, во каква ли слава е Господ, и со какви ли песни Го величаат на небесата, и колку ли

се слатки тие песни, што се излеваат од љубовта Божја.

Кој е достоен да ги слуша тие песни, што се пеат со Светиот Дух, и во коишто се велича

Господ заради Своите страдања, и каква ли е радоста на оној што ќе ги слушне тие

песни?

Душата едвај се допира до љубовта Божја на земјата, а од сладоста на Светиот Дух

веќе се восхитува од љубениот Бог и Отец Небесен.

Браќа возљубени, да се смириме себеси, за да бидеме достојни за љубовта Божја, за

Господ да нè украси со Својата кроткост и со Своето смирение, за да станеме достојни

за небесните живеалишта што ни ги подготви Господ.

 

 

Господ ги љуби сите луѓе, но оној кој Го бара, него го љуби повеќе.

“Оние кои Ме љубат, и Јас ги љубам, говори Господ. И оние кои ме бараат, ќе најдат

благодат” (Изрек. 8,17). А со неа, добро е да се живее, душата е весела и вели:

„Господи МОЈ, јас сум слуга ТВОЈ”.

Во овие зборови се крие голема радост: Ако Господ е наш, тогаш и сè е наше. Ете, колку

сме богати.

Голем е и недостижен нашиот Господ. Но, заради нас толку се унижи Себеси, за да Го

знаеме него и да Го љубиме, за да ја забораваме земјата од љубовта Божја, за да

живееме на небесата и да ја гледаме славата Господова.

Page 122: Од Преданието на светите Отци

 

Господ на Своите избраници им дава толку голема благодат, што тие со љубовта ја

прегрнуваат целата земја, сиот свет. И нивната душа гори од желба да се спасат сите

луѓе и да ја гледаат славата Господова.

 

Свети Силуан Атонски

 

 

 За љубовта (19.06.2009)

Мојата душа жеднее по Живиот Бог. Мојата душа повторно бара до ситост да се

наслади од Господа. О, колку е непостижна милоста Божја: Господ го создаде човекот

од прав и му го вдахна здивот на животот. И човечката душа се сроди со Бога. Господ

така го возљуби своето создание, што му Го даде Светиот Дух на човекот, и тој Го

позна својот Создател, и Го возљуби.

Светиот Дух е љубов и сладост за душата, за умот и за телото. Но, кога душата ќе ја

загуби благодатта, или кога таа се намалува, тогаш душата повторно со солзи Го бара

Светиот Дух, и тагува по Бога, и вели:

„Тагува душата моја по Господа, и со солзи Го барам. Како да не Те барам, Господи? Ти

Самиот прв ме побара мене и ми даде да се насладам од Светиот Дух. И сега мојата

душа тагува по Тебе. Моето срце Те возљуби, и Те молам: Дај ми до крај да пребивам

во Твојата љубов. Дај ми заради Твојата љубов да ги поднесувам сите неволји и

болести”.

 

 

Страв и трепет ја обзема мојата душа кога сакам да пишувам за љубовта Божја.

Бедна е мојата душа, и не може да ја опише љубовта Господова.

И се плаши душата, но и копнее да напише макар неколку зборови за љубовта

Христова.

Изнемоштува мојот дух додека ова го пишувам, но љубовта ме принудува. О, колку

човекот е немоќно создание!

Кога благодатта е во нас, тогаш духот гори и се граба да биде со Господа дење и

ноќе. Бидејќи благодатта ја поттикнува душата да Го љуби Бога. И таа Го возљуби и

не сака да се оддели од Него, оти не може да се насити од сладоста на Светиот Дух.

Љубовта Божја нема крај.

Знам еден човек, кого милостивиот Господ го посети со Својата благодат. И кога би го

 

Page 123: Од Преданието на светите Отци

 

прашал Господ: „Сакаш ли да ти дадам уште повеќе?” тогаш, заради немоќта на

телото, душата би рекла:

“Господи, Ти гледаш дека би умрел ако има повеќе”, оти човекот е ограничен и не

може да ја понесе полнотата на благодатта.

Така, и на Тавор, Христовите ученици паднаа ничкум од славата Господова. И никој не

може да разбере како Господ ѝ ја дава Својата благодат на душата.

 

 

Ти Си благ, Господи. Ти благодарам за Твојата милост. Ти го излеа врз мене Твојот

Свет Дух, и ми даде да ја вкусам твојата љубов спрема мене, толку многу грешниот. И

копнее душата моја по Тебе, Светлино непристапна.

Кој може да Те познае ако Ти Самиот, Милостив, не благоволиш да ѝ се покажеш на

душата? И таа Те виде, и Го позна Својот Создател, благиот Бог. И ненаситно секогаш

Те сака, оти Ти, Милостив, со љубовта ја привлече душата при Себе. И душата ја позна

Твојата љубов.

Господи, Ти гледаш, колку е немоќна и грешна човечката душа. Но Ти, Милостив, ѝ

даваш на душата да Те љуби. И се плаши душата некако да не го загуби смирението,

коешто демоните сакаат да ѝ го одземат. Бидејќи тогаш Твојата благодат ќе ја остави

душата.

 

 

Со што ќе Му возвратам на Мојот Господ?

Јас сум гаден. Господ го знае тоа, но јас сакам да ја смирувам мојата душа, и да го

љубам ближниот, дури и да ме навредува. Јас секогаш Го молам Милостивиот Господ,

да ми даде да ги љубам непријателите. И јас преку Божјото милосрдие познав што

значи да се љуби Бог и ближниот. И ја молам од Господа таа љубов дење и ноќе, и

Господ ми дава солзи да плачам за сиот свет. Но ако осудам кого и да е, или ако

некого погледнам попреку, тогаш солзите се губат, и душата се нажалува. Но јас

повторно почнувам да барам простување од Господа. И Милостивиот Господ ми

простува мене грешниот.

Браќа, пишувам пред лицето на мојот Бог: смирувајте ги вашите срца, и ќе ја видите

милоста Господова уште на земјата, и ќе Го познаете Небесниот Создател, и вашата

душа нема да знае за ситост во љубовта.

 

 

Никој сам од себе не може да знае што е љубовта Божја, ако не го научи Светиот Дух.

Page 124: Од Преданието на светите Отци

 

Но, во нашата Црква љубовта Божја е позната преку Светиот Дух, и заради тоа ние

зборуваме за неа.

Грешната душа, што не Го знае Господа, се плаши од смртта. Таа мисли дека Господ

нема да ѝ ги прости гревовите. Но, тоа е затоа што душата не Го знае Господа и не

знае колку многу Он нè љуби. А да знаат луѓето, тогаш ниту еден човек немаше да

очајува. Бидејќи Господ не само што простува, туку и многу се радува кога ќе се

обрати некој грешник. Дури и да дојде смртта, ти цврсто верувај дека ќе добиеш

простување само ако побараш.

Господ не е Таков какви што сме ние. Он е многу кроток, и милостив, и благ, и кога

душата ќе Го познае, се восхитува без крај и вели: Каков Господ имаме!

Светиот Дух ѝ даде на нашата Црква да познае колку е големо Божјото милосрдие.

Господ нè љуби, и кротко, без укор нè прима, како и таткото што не го укори блудниот

син од Евангелието. Туку заповеда да му дадат нова облека, на раката да му стават

скапоцен прстен, и на нозете обувки. И заповеда да го заколат згоеното теле и да се

веселат. И во ништо не го изобличи.

О, колку само кротко и трпеливо сме должни да го поправаме нашиот брат, за да

празнува душата заради неговото враќање.

Светиот Дух ја учи душата неискажливо да ги љуби луѓето.

О, браќа, да ја заборавиме земјата и сè што е на неа. Таа нè одвлекува од

созерцувањето на Светата Троица, Која е несфатлива за нашиот ум. Но Неа, светиите

Ја гледаат на небесата преку Светиот Дух.

А ние, да пребиваме во молитвата без да примаме каква и да било претстава. И да го

бараме смирениот дух од Господа, и Он ќе нè возљуби, и ќе ни даде сè што ни е

полезно за душата и телото на земјата.

Милостив Господи, дај им ја Твојата благодат на сите народи на земјата. И ќе Те

познаат Тебе, бидејќи без Твојот Свет Дух човекот не може да те познае Тебе и да ја

разбере Твојата љубов.

Деца, познајте Го Создателот на небото и земјата.

Господи, прати им ја Твојата милост на сите деца на земјата што ги љубиш, и дај им да

Те познаат Тебе преку Светиот Дух. Со солзи те молам: услиши ја мојата молитва за

Твоите деца, и дај им на сите да ја познаат Твојата слава преку Светиот Дух.

 

Свети Силуан Атонски

 

 

Page 125: Од Преданието на светите Отци

 

 

  Преку вистинското покајание, било да е мал или голем, гревот исчезнува (14.06.2009)

Ми пишуваш дека твојот грев можеби не ти е простен. Мислата на Отците е поинаква. Секој грев сторен од човек, кога ќе се покае му се простува. А фантазијата (или

сеќавањата) на тој грев, останува врежана до последниот здив. И само малку да биде небрежен човекот, ѓаволот му го отсликува тоа во умот или на сон, за да му ја оскверни

помислата и повторно да го направи одговорен за стар грев или за да му го расејува умот. Се сеќаваш на пророкот Давид, кога го разобличи Натан заради Вирсавеа? Тој викна: „Му

згрешив на Господ!” А пророкот му вели: „И Господ го предвиде твојот грев”. Значи, веднаш му се прости. Сепак, до крајот на животот е опоменуван. Прво, му умре детето

коешто го роди Вирсавеа. Потоа згреши неговиот син спрема ќерката Тамар. Па, го избрка неговиот син Амнон. Ова го претрпе по простувањето. Гледаш ли дека иако е простен

гревот, казната дејствува, соодветно на падот. Веројатно си чул за света Теодора Александриска којашто живееше како монах? Згреши, избега, се покаја, се освети. Дури и за прељубата не беше казнета. А кога беше избркана од манастирот, одгледа туѓо дете, но

само таа знаеше дека беше наклеветана. И големиот Ефрем не го пикнаа во затвор бидејќи украде теленце, а беше свет? Да, му рече Господ, сега не украде, но како дете не го одврза

телето така што го изедоа ѕверовите.

            Значи, иако Бог простува за сторениот покајан грев, сепак, остануваат сеќавањата на гревот и за казната. И ти, бидејќи во последно време стана небрежен, Бог допушти и

искушението ти востана за да се разбудиш. Затоа стани и повикај „Сине Давидов, сакам да прогледам!” И гледај – застанува пред тебе светлодавецот Исус, запалувајќи ти ја

светлината на покајанието и на Божественото познание.

            Значи, не се жалостам за она што помина, туку за она што ќе дојде. Зашто помалото од поголемото се благословува.

            И гревот, мал или голем, преку вистинското покајание исчезнува. Значи, не се осврнувај назад, туку впери го погледот пред тебе.

            Многу сум радосен дете мое, бидејќи имаш желба да научиш. Секако оној што трага да учи и ќе постигне нешто. Друга можност нема! Дури и да не успее, стекнал

сознание дека постојат други коишто веќе успеале. Укорувајќи се самиот себе се здобива со смирение. Од Бога бара да добие благодат за да го поткрепи. На тој начин ги досега

оние што веќе ја достигнаа добродетелта.

 

            Старец Јосиф Спилеот

 

Page 126: Од Преданието на светите Отци

 

 

 

Бог секогаш ја услишува молитвата на сите, а празнословието го одвраќа, дури и да наликува на духовно (04.06.2009)

Ми објаснуваш за Старецот дека сака да се поклони на Света Гора. Ќе направи добро

и свето дело. Сепак, само нека не смета на мене, да мисли дека ме познава или дека

постојам во овој живот. Зашто живеам во апсолутна исихија, со поинаков ред од

вообичаениот. И затоа ќе биде тешко да ме сретне. Вратата постојано е затворена,

освен во одредени часови. Што и да побара, можам да му помогнам преку браќата, и

според долгот, и од љубов. Да ја отворам вратата, да прозборам, да ја загубам мојата

молитва и тихување, тоа не доаѓа предвид.

            Освен ако има потреба во часот што јас ќе го одредам. Бидејќи моите часови

се строго определени. За да зборувам ноќта еден или два часа, треба да се одречам

од сè по малку.

            И ова го пишувам за да се извинам пред да соблазнам. Имам таква навикам,

сите мои дела и зборови да бидат чисти како огледало. Со збор и на дело. Ниту, во

мислите не му давам основа за сомнеж некому. Многумина дојдоа од различни места

без да побараат да го научат редот којшто го имаме утврдено, така што, бидејќи не

ги примив се соблазнија. Но, и тука, сите соседи се против мене, зашто не им

отворам. Сепак, јас не се затворив за да се соблазнуваат отците, туку извежбан

толку години, видов дека немам никаква полза од тие љубовни изливи, само душата

си ја расипувам без да ми користи. Заради тоа на сите им ја затворив вратата

засекогаш и се смирив.

            Сега не отворам никому. Ниту пак, имам резервна соба за некој намерник. Ако

дојде некој од далеку, треба да дојде наутро кога отците работат. И ако има

потреба, чека во собата на нашите свештеници. Бидејќи и во саботите и во неделите

и за празниците одржуваме литургии. Доаѓа нашиот свештеник, ни богослужи и нè

причестува.

Како што реков, за да не се случи соблазна, по Бог трчам, воопшто не ми е грижа

што ќе речат луѓето. Па дури и да ме навредат, и да ме понижат и да ме обесчестат,

и сето создание да се втури против мене. Зашто видов и на многу начини искусив

дека ако благодатта Божја не го просветли човекот, и непрестајно да зборуваш, не

ќе има полза од зборовите. Човекот ги слуша во моментот, но, потоа, повторно

Page 127: Од Преданието на светите Отци

 

заробен се враќа на истото ниво. Ако пак, заедно со зборот подејствува и благодатта,

тогаш во истиот миг се случува промена, според добрата намера на човекот. Од тој

миг си го менува животот. Сепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште

не се скаменети. Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат

заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на

Отците да ја испразниш во нивните уши, и чуда пред нивните очи да направиш, дури

и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка корист нема да добијат. Тие

само сакаат да доаѓаат, да зборуваат, да им помине времето, само заради унинието.

Поради тоа, јас си ја затворам вратата и барем јас имам корист преку тихувањето и

преку молитвата. Бог секогаш ја услишува молитвата за сите, а празнословието го

одвраќа, дури и да изгледа дека е духовно. Бидејќи празнословието главно, се

состои во тоа, да го поминуваш времето во зборови без да ги оделотвориш.

Значи, не се осврнувајте на нивните зборови, ако немаат опит. Оној што не направил

обид, треба да проба, така што преку опитот ќе го најде она што му недостига.

Опитот не се купува! Тоа е добивка секому посебно, според трудот и крвта што ќе ги

вложи за да се здобие со него. Верувајте, сестри мои, голем е напорот во монашкиот

живот. Не застанав и не застанувам дење и ноќе да повикувам и да барам милост. И

се доближувам до очај, како ништо да не сум сторил, и како никогаш да не сум

започнал.

Но секојдневно почнувајќи, лажлив и грешен сум. Сепак, вие подражавајте ги

разумните девојки, повикувајте умно призивајќи ја Божјата милост, зашто дојде

крајот за нас. Можеби заврши мирот. Значи и ние сме со оние што се упокоија. Затоа,

присилувајте се! За сега доволно е ова што го реков. Во другото писмо повторно ќе

ви напишам, ако кажаното роди плод и ако покажете усрдност. Сега ми е жал,

единствено за мајката на младата монахиња, којашто, како што пишувате зборува

лошо и негодува. За жал, многу мајки ги загубија своите деца заради негодувањето,

бидејќи не Му ги посветија на Христос од душа. Децата се спасуваат од благодатта

Христова, а тие се оддалечуваат  од нив.

Вие пак, и покрај сè, имајте трпение и не се затемнувајте од тоа што тие го говорат.

По појавата на благодатта Божја, времето ќе ве исцели. И таа подоцна ќе се покае.

Ќе ѝ биде жал за она што сега го зборува и го прави. Но, сега треба да ја трпиме.

Потребна е вистинска љубов и крајно молчење. Што и да речат, вашите одговори да

бидат одмерени. И кога зборувате, умно да се молите, вашите зборови да се

облекуваат со сила одозгора. Ти пак, благословена Старице, собери сè со расудување

и биди широкограда!

 

Page 128: Од Преданието на светите Отци

 

Старец Јосиф Спилеот

 

 

Оној што сака да го почувствува Божјото благоухание, должен е секој миг да чекори кон смрт! (03.06.2009)

Она што го вкуси дете мое, во твојата молитва онаа ноќ е дејство на благодатта.

Барај повторно да ти биде дадено кога Господ ќе сака. Знам еден познат брат, кој

еден ден наиде на многу искушенија. И целиот ден го помина во солзи, без воопшто

да јаде. И при залезот на сонцето, седејќи на еден камен, гледаше кон врвот на

храмот на Преображение и плачејќи, се молеше со болка и велеше: „Господи, како

што се преобрази пред Твоите ученици, преобрази се и во мојата душа. Запри ги

страстите. Смири ја мојава душа! Дај му молитва на оној што се моли и задржи го

мојот незадржлив ум”. Додека го зборуваше ова со болка, се разлеа еден здив како

нежен ветар од храмот полн со благоухание којшто – како што ми велеше – ја

исполни неговата душа со радост, со просветление и со љубов. Тогаш од неговото

срце започна непрекинато да извира молитвата. Тој стана и влезе внатре. Веќе беше

стемнето. Наведнувајќи ја главата кон градите, започна да се храни со сладоста

којашто истекуваше од дадената молитва. Веднаш беше грабнат во созерцание

наоѓајќи се целиот надвор од себе. Веќе не беше опкружен со ѕидови и карпи. Беше

надвор од секоја волја. Опкружен во еден мир, во изобилна светлина, во

неопределена темнина, без тело. И само околу беше насочен неговиот ум. Повеќе да

не се врати во телото, туку засекогаш да остане онаму кајшто е. Тоа беше првото

созерцание што го виде тој брат и подоцна повторно си дојде на себеси но продолжи

да се бори за да се спаси.

Значи и двата вида на молитва се добри. Вториот, вербалниот, е малку опасен, но

сепак поплодоносен. Јас ги практикувам и двата, секоја ноќ. Почнувам со зборови, а

откога ќе се заморам, го собирам умот во срцето.

 Јас го запознав оној брат, којшто кога беше млад, на околу дваесет и осум до

триесет-годишна возраст, го симнуваше својот ум во срцето шест часа така што не

му дозволуваше да излезе надвор. Молитвеше од девет часот попладне до три часот

ноќе, (имаше часовник којшто ги отчукуваше часовите), така што алиштата му се

наводенуваа.  Потоа стануваше извршувајќи ги другите свои задолженија.

            За да се здобие со слобода, човекот е должен да го скапе своето тело, а и

смртта да не му значи ништо.

Page 129: Од Преданието на светите Отци

 

            Молитвата што се принесува со зборови, умно се произнесува без глас, а се

нарекува и молба и молитва. Значи, оној што ќе ја започне прозбената молитва,

започнува вака: „Боже невидлив, несфатлив, Оче, Сине и Свети Душе, единствена

сило и помош на секоја душа, единствен благ и човекољубив, живот мој, радост и

мир…” и доволно долго време продолжува изговарајќи ја таквата спонтана молитва.

Ако подејствува благодатта, вратата веднаш се отвора, така што стигнува до

портата на Небото. Молитвата се искачува како столб или како огнен пламен така

што во тој миг настанува промена. Ако, пак, благодатта не содејствува, туку се случи

расејување на умот, тогаш го собира во срцето, како во гнездо мирува и не се

расејува, како срцето да е место на затворање и чување на умот.

            Ако промената се случи, дејствува во средината на прозбата. А, со

наидувањето на благодатта, се исполнува со просветлување и со бескрајна радост.

Тогаш, оној што прима, не можејќи да го задржи огнот на љубовта, му се

успокојуваат чувствата и бидува грабнат во созерцание. До тука е моќта на самата

човекова волја. Понатаму од ова тој веќе нема власт, ниту се познава себеси. Бидејќи

веќе се соединил со оганот, целиот се пресуштествува, станувајќи Бог по благодат.

Ова е Божествена средба при што ѕидовите паѓаат и тој дише друг воздух, на

разумот, слободен, полн со рајско благоухание. Потоа, повторно малку по малку

облакот на благодатта се повлекува и се стврднува како свеќа. Тој си доаѓа на

себеси, како да излегол од една бања, чист, лесен, прозрачен, облагодатен, благ,

мек како памук и полн со мудрост и со познание.

Сепак, оној што сака да го почувствува Божјото благоухание должен е секој миг да

чекори кон смрт.

 

Старец Јосиф Спилеот

 

 

 

 

За покајанието (02.06.2009)

Мојата душа Те позна тебе, Господи, и јас му пишувам на Твојот народ за Твојата

милост.

Не тагувајте, народи, оти ви е тешко да живеете. Борете се само против гревот и

барајте Го Господ да ви помогне. И ќе ви помогне, бидејќи Он е милостив и ве љуби.

О, народи! Со солзи ги пишувам овие редови. Мојата душа сака да Го познаете Господ

и да ги созерцувате Неговата милост и слава. Јас имам седумдесет и две години. И

 

Page 130: Од Преданието на светите Отци

 

наскоро треба да умрам. И ви пишувам за милоста Господова, што Господ ми даде да

ја познаам преку Светиот Дух. И Светиот Дух ме научи да ги љубам луѓето. О, ќе ве

ставам на врвот од планината, за да можете од височината да Го видите кроткото и

милостиво лице на Господ, и да се зарадуваат вашите срца. Ви ја кажувам вистината:

Јас не знам ништо добро за себеси. И имам многу гревови, но благодатта на Светиот

Дух ги избриша. Знам дека на оние што се борат против гревот, Господ не само што

им дава простување, туку и благодат на Светиот Дух, којашто ја радува душата и ѝ

дава длабок и сладок мир.

О, Господи, Ти го љубиш Своето создание. И кој може да ја разбере Твојата љубов, или

да се наслади од неа, ако Самиот Ти не го научиш преку Твојот Свет Дух?

Те молам, Господи, прати им ја на Твоите луѓе благодатта на Светиот Дух, за да ја

познаат твојата љубов. Стопли ги ожалостените срца на луѓето. Нека Те слават во

радост заборавајќи ги земните маки.

Утешителу благ, со солзи Те молам, утеши ги нажалените души на Твоите луѓе. Дај им

на народите да го слушнат Твојот сладок глас: „Ти се простуваат гревовите”. Да,

Господи, во Твојата власт е да правиш чуда. И не постои поголемо чудо од тоа да се

љуби грешникот во неговиот пад. Светиот е лесно да се љуби: тој е достоен. Да,

Господи, услиши ја молитвата на земјата. Сите народи се мачат. Сите живеат во грев.

Сите се лишени од Твојата благодат и живеат во темнина.

О, народи, и сета земјо да повикаме кон Бог, и нашата молитва ќе биде услишена. Оти

Господ се радува кога луѓето се каат. И сите небесни сили нè чекаат, за и ние да се

насладиме од љубовта Божја, и да ја видиме убавината на Неговото Лице.

Свети Силуан Атонски

 

 

Ако не сакаш да страдаш, не барај ни да се искачуваш… (25.05.2009)

Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се

откажуваш од борбата? Еве, гледај, Бог им допушти на демоните да имаат влијание

за да видиш кај се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за да се смири твоето

срце, за да осознаеш дека си човек, за да се спознаеш себеси, да сострадуваш со

оние што грешат и воопшто да не ги осудуваш. Како ќе ја спознаеш слабоста на

својата природа, ако не те разбудат гавраните? Ако слаткиот Исус не ја повлекува

Page 131: Од Преданието на светите Отци

 

Својата благодат, како ти ќе ја научиш уметноста над сите уметности и науката над

сите науки?

            Сега ја учиш уметноста. Сега имаш награда. Сега покажуваш дека Го љубиш

Христа. Не кога имаш благодат. Каква љубов покажуваш кога е присутна

благодатта? Тогаш, таа безгласно повикува за самата себе: „Ава, оче!”

            Благодатта го повикува Дарителот на благодатта. Кој може да ме раздели

Исусе мој од Твојата љубов, вели благодатта. Силата што живее во тебе преку

телесната уста, може, а не телото. Така како што еден демон навредува или хули

преку устата на еден демонизиран човек. Телото без благодат не може ништо да

стори. Телото без благодат се одрекува од Христа. Петелот пее. Петар се сеќава на

реченото. Горко плаче. Повикува – „згрешив”. Но повторно се скрива во поткровјето и

се плаши од Јудејците. Срцето му чука како на глушец очекувајќи го мачорот

однадвор. Ќе бидам со тебе, му вели, дури и да умрам. Не се откажувам, вели, кога е

со него Христос. Но, кога Христос си оди, три пати се одрекува.

            Гледаш значи?

Сфаќаш ли колку голема тајна се крие во Словото? Христос нè застапува нас преку

Светиот Дух. Заради тоа, кога Тој е присутен добиваме моќ за говорништво.

Рибарите – учителствуваат. Блудниците целомудруваат. Крадците не крадат. Сите се

покајуваат. Кој го издејствува ова? Единствениот Кој знае! Благиот владетел!

Слаткиот Исус! Единствената љубов!

Кога човекот има разбирање за човековата болка? Кога и тој ќе ја почувствува! Кога

и самиот ќе помине низ сличен метеж. Тогаш ја осознава и ја сфаќа болката на

другиот. Инаку станува крут и нема сожалување спрема никого, освен ако неговата

природа не е блага. Но она што го имаме по природа не се удостојува ниту на чест,

ниту на бесчестие. Во намерата се и успесите и паѓањата. Значи како ќе ја научиме

оваа наука над секое знаење, ако не нè протресе искушението? Бидејќи кога

благодатта отстапувам не ти и јас, туку ни светите Апостоли ќе беа Апостоли. Како

може калта, глината да ја задржи водата ако не се испече на огин? Бог сака да нè

направи такви - како кловнови во театар, или како топка за играње.

Те искачува на небесата. Ти го покажува она што окото на острастениот човек не

може да го види, а оној којшто се грижи за вештественото не може да го слушне. И

без да згрешиш може да ја сврти страницата и да те фрли во подземјето. И радосен

е да тевиди како се бориш со сите демонски полкови. Тогаш, фати се за Павле, а

мене остави ме. Кога веќе успеа да се искачиш на третото небо, и кога виде и чу

неискажливи нешта, повторно повикуваш „Ми се даде трн во телото…” Тоа го прави

Сесилниот сè дотогаш, додека не му овозможи на човекот да се искачува, да

Page 132: Од Преданието на светите Отци

 

созерцува, да се симнува и да страда. Без да реагира на промените. И двете работи,

ти вели, се заради Мене.

Ако не си подготвен да страдаш, немој да бараш ни да се искачуваш. Ако не сакаш

да трпи таги, ни благодат  не барај!

Значи, затоа и ти ја зема благодатта – за да станеш мудар. Но, таа повторно ќе се

појави. Не те напушта засекогаш! Тоа е Закон Божји. И пак ќе си отиде. Но пак и ќе

дојде. Доволно е да не престанеш да ја бараш. Сè додека не те восоврши!

Познато е дека кога некој острастен поучува друг којшто страда (од страсти),

благодатта веднаш се повлекува од првиот, така што и тој паѓа во исти согрешенија.

Острастениот не може да поучува, пред да го стекне практичниот опит. Сепак, не е

тоа единствената причина заради која те остави Бог. Благодатта секако ќе се

повлечеше во тој временски период.

Не паметиш ли кога на почетокот ти велев – „ова што ми го зборуваш сега, сакам да

ми го кажеш и по четири години?” Пронајди ги моите први писма и ќе се увериш. Ова

е непроменлив Божји Закон. По три, четири, поретко и по пет години ќе се повлече

благодатта, за оној што ја имал предходно да го извежба, и да го направи помудар,

секако, ако тој сака.

Значи, немој да се жалостиш. Чашата е заедничка. Прочитај го свети Андреј

Јуродивиот заради Христа, за да дознаеш што зборуваше кога Христос го

проверуваше. Тоа за сите нас е според мерката на нашата издржливост.

Трпи го јаремот на твојот Христос. Цврсто затворај ја устата и ни збор не проговарај!

Охрабрувај се самиот себеси велејќи: “Што се жалостиш душо моја и што очајуваш?

Никакво зло не се случи. Си замина Христос само крааткотрајно, но пак ќе дојде.

Малку се забавил сакајќи да те научи на смирение и на трпение. Светителите толку

многу претрпеа, а ти не си во состојба ни малку да ја потрпиш економијата на

благодатта?” Кажи ѝ го ова на твојата душа и не очајувај, бидејќи на твоите

искушувачи им причинуваш радост гледајќи те ожалостен и очаен. Кога ќе дојде

благодатта, пак ќе те напушти и пак ќе се врати, при што ја учиш борбата, но

радувајќи се велиш „Испробај ме, Христе мој, и искушај ме како сребро”. Тогаш ќе

пуштиш длабоки корени како дрвјата, коишто колку и да дува ветерот, уште

подлабоко се вкоренуваат. Бог ми е сведок дека во големите искушенија најдов

поголема утеха. Значи, охрабри се и зајакнувај во Господа претрпувајќи ги

искушенијата така што благодатта повторно ќе дојде.

 

Старец Јосиф Спилеот

 

Page 133: Од Преданието на светите Отци

 

 

 

 Верно голема е тајната на послушанието. Ако сакаш брзо и без голем напор да напредуваш, научи да се откажуваш од секое твое мислење, за да не се преобрази во волја... (22.05.2009)

Радувај се во Господа, чедо на Небесниот Отец. Ми пишуваш чедо мое за твојата

помисла насочена против твојот Старец. Од неа да се плашиш и да ја одбегнуваш

како змија отровница. Бидејќи има страшна сила во нашево поколение.

 

Таа е техниката на лукавиот! Тој ти носи помисли против Старецот, за да те оттргне

од благодатта којашто те штити, за да згрешиш, а потоа немилосрдно да те

камшикува. Значи зачувај го моето слово и не дозволувај да се вгнезди во твоето

срце каква било помисла против твојот духовен Отец. Веднаш да ја отфрлиш како

да е змија отровна и смртоносна.

 

Исто така и книгата за којашто ме прашуваш, дури и да може да ти овозможи

спасение, без благослов не ја земај! Бидејќи, ако не бараш благослов, тоа ти се

смета за прељуба пред Бога.

 

Зачувај ја точноста и во малите и во големите нешта, така што, без благослов од

твојот духовен Отец немој ниту да се помолиш, ниту да помилуваш, ниту да

направиш што било друго што можеби тебе ти изгледа добродетелно.

 

Имаш слушнато за Саул кого што Бог го избра од целото племе Израилско и го

помаза за цар, бидејќи не му направи совршено послушание на пророкот Самуил,

давајќи го за жртва одбраниот плен. Бог го погуби говорејќи му на пророкот

„Поголемо е послушанието од жртва чиста”.

 

Верно, голема е тајната на послушанието. Кога и слаткиот наш Исус прв го

одбележа патот и стана пример за нас, колку повеќе и ние сме должни да Го

подражаваме Него. Камо да бев и јас чедо мое, помеѓу вас. Да се подвизувам во

моето желно и вистинско послушание. Бидејќи исповедам најискрено, со цела сила

и наполно сознание дека не постои друг спасителен пат, којшто е далеку од секоја

прелест и од секое дејство на непријателот.  Така што, кој навистина сака да се

 

Page 134: Од Преданието на светите Отци

 

спаси, и да го пронајде брзо благиот Исус, должен е да биде послушен. Со толкава

љубов должен е да го гледа својот Старец како да го гледа обличјето Христово.

 

Значи, дете мое, држи го цврсто оружјето коешто го прими и силно бори се,

неустрашно, затегнувајќи ги стрелите право кон непријателот, кон една цел стреми

се и куршумот испраќајќи го кон тоа да не не го послушаш твојот Старец, зашто

разжалостувајќи Го Бог, имаш застапник во Старецот, за да Го смилостиви Бог за

тебе. А ако пак Старецот го ожалостиш, кој ќе Го смилостиви Бог за тебе? Труди се,

колку што можеш повеќе да го олесниш бремето на твојот Старец, за да имаш и ти

олеснување и трпение во твоите маки. Бидејќи преку мој личен опит осознав

колкави се одговорноста, тежината и страданијата што ги поднесува Старецот

додека да ѝ го врати достоинството на душата и додека ја воведе во рајот, особено,

ако душата има крута природа.

 

Старецот, за секоја преземена душа си додава на вратот уште еден претежок

синџир, така што му се потребни многу молитви за да му се олесни тежината. Треба

да поседува многу љубов, вистинска, а непослушанието и противречењето само ги

зголемуваат алките на синџирот.

 

Од устите на послушниците треба да излегува благочестие и благодат, а не оцет и

горчина, кавга и раздор. Секој крут збор што ќе му го кажете во мигот на

искушение, е поттикнат од лукавата змија така што душата на старецот ја полева

како отров којашто се суши како цвет удрен од град. Не е во состојба ни да се

помоли за себе додека не му помине болката. Кога духовните чеда пак, се

послушни, тогаш, и старецот оди право, се искачува во височина, топло се моли, се

просветлува, разумно зборува, благовремено советува, добива додаток на

благодатта и станува непресушен извор раздавајќи му на секого Божествена

благодат добиена од Господ.

 

Затоа, дете мое, ако сакаш брзо и без голем напор да напредуваш, научи да се

откажуваш од секое твое мислење, за да не ти се преобрази во волја. Твоето уво да

е свртено кон устата на Старецот, и што било и да ти каже, примај го како од Божја

уста, и направи го без размислување. Така, секогаш ќе имаш мир.

 

Потсетувај се постојано, дека твоето послушание или непослушание не го допира

само твојот Старец, туку преку Старецот се однесува на Бога.

Page 135: Од Преданието на светите Отци

 

 

Ниедна твоја мисла не ја затајувај од твојот Старец и не ги преиначувај твоите

зборови исповедувајќи се пред Господ, туку веднаш кажувај ги твоите зборови за

да се успокои твоето срце.

 

 

Свиткај го твојот врат под јаремот на послушанието и прилепи се кон здивот на

твојот Старец. Само што ќе излезе збор од неговата уста, грабнувај го веднаш та,

како со крилја да леташ, изврши го без да испитуваш дали е доблесен или не е.

Извршувај слепо и без расудување што и да ти нареди тој, за да не бидеш ти

одговорен за твоите дела. Оној што наредува е одговорен, така што тој ќе дава

отчет за својата наредба. Ти пак, ќе дадеш одговор за твоето непослушание.

 

Не е послушание само да ја извршиш оваа или онаа заповед, како што ќе ти биде

наредено, а интимно да противречиш. Послушание е да го потчиниш разумот,

начинот на размислување на твојата душа за да се ослободиш од стариот човек.

 

Послушание е да станеш роб, за да станеш слободен. Купи ја ефтино твојата

слобода. Ослободи се од одговорноста и радувај се.

 

И не ја слушај твојата помисла, којашто во мачните моменти те советува да

заминеш од твојот манастир. Биди уверен дека оној што не слуша еден човек, се

потчинува на многумина, така што останува непослушен.

 Старец Јосиф Спилеот

 

 

  Покај се кога ќе згрешиш и не губи време (21.05.2009)

Чедо мое, го добив твоето писмо и во него го видов твоето неспокојство. Но, не тагувај, чедо мое. Не биди толку неспокоен. Ако повторно падна - повторно и стани. Ти си повикан

на патот небесен. Не е ништо чудно оној кој трча понекогаш и да се сопне. Само во секој момент треба да има трпение и покајание.

Заради тоа покај се секогаш кога ќе згрешиш и не губи време. Колку се двоумиш да побараш прошка, толку му допушташ на лукавиот да пушти корени во тебе. Не му

 

Page 136: Од Преданието на светите Отци

 

допуштај да те изнервира на твоја штета.

Значи, не очајувај кога ќе паднеш, туку со усрдност стани и покај се велејќи: „Прости ми, Христе мој, човек сум и слаб сум“.  

Бог не те напушти, како што велиш, но бидејќи во тебе има уште многу световна гордост и многу суета, нашиот Христос допушта да грешиш и да паѓаш, за секојдневно да бидеш

свесен за својата немоќ, да ги трпиш оние што грешат, да не ги осудуваш своите браќа и да зајакнеш.

Значи, колку пати и да паднеш, повторно стани и веднаш побарај прошка.

Не го сокривај неспокојството во твоето срце. Бидејќи неспокојството и унинието се радост за лукавиот од што се раѓа многу друго и душата се исполнува со горчина, додека

духовното расположение на оној што се кае говори: „Згрешив, и прости ми, Отец“, и на тој начин го изгонува неспокојството. Кажувај: „Зарем јас не сум човек и зарем не сум слаб?

Што воопшто јас можам да направам?“

Навистина, чедо мое, така е тоа. Биди мажествен.

Човекот стои на своите нозе само тогаш кога ќе дојде благодатта Божја. Ако ја нема благодатта, непрестајно се тетерави и непрестајно паѓа. И затоа биди мажествен и не

плаши се.

Гледаш ли како братот, за којшто пишуваш, го помина искушението? И ти прави така. Устрој во себеси мажествен начин на размислување пред искушенијата што доаѓаат. Тие

секако ќе дојдат, бидејќи се неопходни за тебе. Поинаку нема да се очистиш. Остави го тоа што ти говорат небрежноста и унинието. Не им се плаши. Како што, по благодатта Божја,

поминаа претходните, така ќе помине и ова, штом ќе ја заврши својата работа.

Искушенијата се лекови и исцелителни треви кои ги лечат видливите страсти и нашите невидливи рани.

Ти, значи, имај трпение, за секојдневно да имаш добивка, да собираш награда, покој и радост во Царството Небесно. Ќе дојде ноќ на смртта кога веќе никој нема да може да

работи, затоа побрзај, бидејќи времето е кратко.

И ова нека ти биде познато: подобар е еден ден на победнички живот со награди и венци, отколку многу години поминати во небрежност. Бидејќи еден ден подвиг во познание и

душевното чувство вреди колку и педесет години на оној кој се бори небрежно и без познание.

Без борба и пролевање крв не очекувај ослободување од страстите. После престапот, на нашата земја растат трње и боцки. Нам ни е заповедано да ги искорнеме, но тие се

искоренуваат само со голема болка, раскрвавени раце и многу воздишки. Затоа, плачи,

Page 137: Од Преданието на светите Отци

 

пролевај потоци солзи и ќе омекне земјата на твоето срце. А кога е земјата натопена лесно ќе го искорениш трњето.

 

Старец Јосиф Спилеот

 

 

ога во човекот ќе влезе Христос и да е сам, и да е опкружен со луѓе каде и да е, тој тихува и има мир... (20.05.2009)

Го добив твоето писмо, и ти праќам одговор на твоите прашања.

Ме прашуваш, кој побрзо може да ја восприеми благодатта, тихувателот или

послушникот.  

Без сомнение, послушниот ученик рано добива благодат и е во безопасност, така

што не се плаши, ниту дека ќе падне, ниту дека ќе се загуби. Доволно е само да не

падне во небрежност. А, кога во човекот ќе влезе Христос, и да е сам и да е

опкружен од луѓе, каде и да е тој тихува и има мир. Благодатта Божја не зависи од

годините, туку од милоста Божја.

Опитот го здобиваме преку многугодишна практика, а пак, благодатта поради тоа се

нарекува благодат – т.е. дар, талант. Таа зависи од Бог, а ја добиваме соодветно на

топлината на верата, на смирението и на добрата намера.

Соломон доби благодат на дванаесетгодишна возраст. Даниил на истата возраст.

Давид како момче, пасејќи ги овците. На сличен начин ја добија и другите

старозаветни и новозаветни Отци.

Штом човекот искрено ќе се покае, благодатта се доближува, а придружена од

ревноста се зголемува, а опитот пак, бара многугодишен подвиг.

Пред сè, оној што бара благодат од Бог, пред која било друга работа, должен е да ги

трпи искушенијата и тагите коишто на кој било начин му се приближуваат. Ако пак

при искушението негодува и не го покажува потребното трпение, тогаш, ниту

благодатта ќе дојде, ниту ќе се восоврши добродетелта, ниту пак за некоја харизма

(благодатен дар) ќе биде удостоен.

Page 138: Од Преданието на светите Отци

 

Ако некој го осознае дарот Божји, дека тој се состои во тагите и во она што ни го

причинуваат искушенијата, тој навистина го нашол патот Божји и постојано ги чека

да дојдат (искушенијата, тагите). Бидејќи, преку нив, трпејќи се очистува, се

просветлува и Го созерцува Бог. Бог не може да се види поинаку, освен преку овој

вид познание. Тоа познание е созерцанието, т.е. кога сфаќаш, кога Бог е блиску до

тебе, кога внатре во Него се движиш, и што било да правиш - Он го гледа, така што

внимаваш да не грешиш, да не Го натажиш, „оти од твојата десна страна Е.”

Значи, секој којшто греши, не Го гледа Бог, тој е слеп.

           

Старец Јосиф Спилеот

 

 

 

 

Светите Тајни и молитвата (30.04.2009)

Христос се вселува во срцето на човекот преку Светите Тајни. Преку светото

Крштение, Миропомазание, Исповед, Евхаристија (причестување). Кај православните

христијани коишто се во заедница со Христос, Божјата благодат е во нив, во нивното

срце, бидејќи се крстени, миропомазани, исповедани и причестени.

Меѓутоа, страстите ја покриваат Божјата благодат како што пепел покрива искра. Со

аскезата (подвигот) и молитвата срцето се очистува од страсите и искрата на Божјата

благодат повторно се запалува и верниот Го чувствува Христос во своето срце, коешто

е центар на неговото битие.

Секоја молитва на Црквата помага во очистувањето на срцето. Меѓутоа, особено

помага т.н. Исусова молитва која гласи: „Господи исусе Христе, помилуј ме грешниот“.

Оваа молитва, што секогаш се предава на Света Гора, ја има оваа предност: бидејќи

има само една реченица, ни помага лесно да го сконцентрираме нашиот ум.

Концентрирајќи го умот, ние го нурнуваме во срцето и таму внимаваме да не се

занимава со други работи или поими, ниту добри ниту лоши, туку само со Бог.

Подвигот во оваа срдечна молитва, која со благодаатта Божја со време станува

постојана, е цела наука, свештена уметност којашто Светиите на нашата вера детално

ја опишуваат во своите списи, како и во еден голем зборник на светоотечки текстови,

Page 139: Од Преданието на светите Отци

 

во „Добротољубието“.

Оваа молитва му помага и го радува човекот. Кога христијанинот напредува во оваа

молитва и истовремено неговиот живот е во согласност со светите Христови и на

Црквата заповеди, тогаш се удостојува да прими искуство на благодатта Божја.

Почнува да ја вкусува сладоста од заедницата со Бог, односно опитно ги спознава

зборовите на псалмопевецот: „Вкусете и видете колку е благ (добар) Господ“ (Пс. 33,

9). За нас православните, Бог не е идеја што само ја замислуваме или нешто за кое

зборуваме или читаме, туку Он е Личност со Која доаѓаме во жива и личносна

заедница, нешто што го живееме.

Тогаш гледаме колку е голема и неискажлива среќа да Го имаме Христос во нас и да

сме православни христијани.

Многу им помага на христијаните што се во светот среде различни грижи и обврски во

текот на денот да најдат барем неколку минути мир (тишина) за да се подвизуваат во

оваа молитва. Секако дека нив ги осветуваат и сите побожни активности и должности

кога ги вршат со смирение и љубов. Меѓутоа, потребна е и молитвата. Во една мирна

соба (уште подобро после читање некое духовно четиво или откако ќе го запалат

кандилото пред иконите или ќе покадат со темјан), колку што може подалеку од

грижите и вревата, и откако ќе се смират и од други мисли, да го нурнат умот во

срцето кажувајќи ја молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот

(грешната)“. Колкав мир и сила црпат душите со оваа исихија во Бога! Колку ги

зајакнува и во останатите часови од денот да се сочуваат мирни, без нервози,

напнатост и страв, и да ги имаат сите свои сили во хармонија и единство!

Некои бараат краток душевен мир со технички средства на други места, прелестени и

демонизирани, како што се луѓето во т.н. источни религии. Се обидуваат да најдат

некој мир со надворешни подвизи, дијалог и слично. За да постигнат некаква

рамнотежа на душата и телото. Грешката е во тоа што човекот кој се обидува да ги

заборави различните мисли и материјалниот свет, всушност не прави дијалог со Бог,

туку монолог со себеси. На тој начин завршува во човекоцентризам и се унесреќува.

 

Архимандрит Георгиј Капсанис

 

 

Колку повеќе човек истрајува во молитвата толку повеќе ќе се очисти неговото срце (25.04.2009)

Колку повеќе човек истрајува во молитвата толку повеќе ќе се очисти

неговото срце, а неговиот ум ќе се просветли и ќе се подобри неговото

расположение; дотолку повеќе Царството Божјо ќе ги распростре својата

 

Page 140: Од Преданието на светите Отци

 

радост и своето присуство во внатрешноста на тој човек, којшто е образ Божји

и заради кого Богочовекот Исус ги наткрили сите краеви на земјата со Својата

добродетел, со Своите страдања и со Своето Воскресение.

            Човекот којшто по пат на подвижништво го умртвува своето сетило за

вкус, којшто своите чувства ги лишува од сите овоземни наслади и којшто

докрај стои наспроти влијанијата на властите на овој свет, ќе го прими уште

овде, во овој живот, предвкусот на добрата на Царството Небесно:

спокојството на помислите, мирот на срцето, слатките потоци на солзите,

вознесувањето на умот, познанието на таинствата, преизобилството од

љубовта, созерцувањето на Бога и совршенството, „колку што ѝ е тоа

возможно на човечката природа“. Сето тоа е можно по пат на една

систематска, постојана, упорна, неотстапна борба за умствената молитва.

Меѓутоа, за Бог да го чуе ова непрестајно умствено богомислие, мора да се

исполнат условите на монашкиот и воопшто на христијанскиот духовен

живот, кое пак, за возврат, ќе ја помогне молитвата.

            Што се однесува до монасите, од нив се бара непоколебливо

послушание во однос на Старецот, којшто е видлива икона  на Христа  -

Спасителот. Што се однесува до сите христијани, од нив се бара да ги

устројат своите животи согласно на советите на духовните отци и да бидат

покорни на каноните на Едната Света Православна Црква за да не скита

поединецот по свој сопствен пат од желби и копнеења. Впрочем и Светото

Писмо ни советува да бидеме внимателни.

            Старец Ефрем Филотејски

 

 

 

Покајание (25.04.2009)

Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да

се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и

олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се

лизне и да падне во калта.

Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме

да останеме во калта. Има такви коишто бидејќи имаат впечаток дека повторно ќе

паднат во истите гревови не се исповедуваат, што значи, над големата нечистотија

додаваат уште поголема; додека пак, кога ќе ги извалкаат своите алишта ги перат и

 

Page 141: Од Преданието на светите Отци

 

ги чуваат, а, кога ќе им се направат петна ги чистат.

Треба да знаеме дека и најдуховните луѓе уште го немаат осигурано својот

живот. Затоа се држат самите себеси во сигурност Божја и се надеваат на Бога,

обезнадежувајќи се само од своето јас, зашто егото со себе ја носи целата духовна

несреќа. Затоа и монасите за да успеат духовно и за да помогнат повеќе, никогаш не

велат: „Да го спасиме светот”, туку бесшумно се молат, за Бог да го спаси светот.

Следствено, монасите не се ниту мрзливци, ниту индивидуалци, ниту

неуспешни луѓе, туку своеволно се откажуваат од световниот успех, за да успеат

духовно. Значи монасите се добрите момчиња од Евангелието, коишто кога ги

повикува Христос, не ги примамува ниту богатството, ниту младоста нивна, туку се

жртвуваат и Го следат Христос со Крстот. На тој начин се здобиваат со бесценетиот

Бисер, и не се занимаваат со суетноста на лажниот живот, бидејќи порано или

подоцна сè ќе стане прав и ќе остане несреќна душата на оние што според световните

мерила се успешни. Милостивиот Бог нека нè просветли и на сите да ни даде

покајание, за да се удостоиме сите за Царството Небесно. Амин.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

 

За прелеста (15.04.2009)

Ученикот: Дај точен и подробен поим за прелеста. Што е прелест?

 

Старецот: Прелеста е повреда на човечката природа со лага. Прелеста е состојба

својствена за сите луѓе, без исклучок, предизвикана од падот на нашите прародители.

Сите ние сме во прелест. (Почеток на третата беседа на преподобен Симеон Нов

Богослов, издание на Оптина Пустина, 1852г.) Знаењето за тоа е најдобра заштита од

прелеста. Најголема прелест е човек да се смета себеси за слободен од прелест. Сите

ние сме измамени, сите ние сме заведени, сите се наоѓаме во лажна состојба и имаме

потреба да се ослободиме преку Вистината. Вистината е нашиот Господ Исус Христос.

(Јован  8, 32 и 14, 6). Да ја усвоиме таа Вистина со вера во неа, да крикнеме со молитва

кон таа Вистина и таа ќе нè извлече од пропаста на самоизмамата и соблазната

демонска. Бедна е нашата состојба! Само темница, од која се молиме да ја изведеме

нашата душа за да Го прославуваме името Господово (Псал. 141, 7). Во мрачна земја

Page 142: Од Преданието на светите Отци

 

сме во која врагот што ни позавиде го собори и го изгони нашиот живот (Псал. 142, 3).

Нашата состојба е плотско мудрување (Рим. 8, 6) и лажно наречен разум (1 Тим. 6, 20),

со кој е заразен сиот свет, кој не ја признава својата болест, прогласувајќи здравје во

полн процвет. Нашата состојба е тело и крв, кои не можат да го наследат царството

Божјо (1 Кор. 15, 50). Во состојба сме на вечна смрт, од која, уништувајќи ја, нè излечи

Господ Исус, Кој е воскресение и живот (Јов. 11, 25). Таква е нашата состојба. Еден

поглед на неа и имаме нов повод за плач. Со плач да крикнеме кон Господ Исус, за Тој

да нè изведе од темницата, да нè извлече од бездните земни и да нè истргне од

челуста на смртта. Господ наш Исус Христос, вели преподобен Симеон Нов Богослов,

затоа и слезе кон нас, зашто сакаше да нè избави од ропство и од најзла прелест. 

(Почеток на Слово 3)

 

Ученикот: Тоа објаснување не му е доволно достапно на моето поимање. Имам потреба

од поедноставно објаснување, поблиско на мојата моќ на поимање.

 

Старецот: Средството кое паднатиот ангел го употреби при погубувањето на човечкиот

род беше лагата (1 Мој. 3, 13). Токму заради тоа Господ го нарече ѓаволот лажец и

татко на лагата и човекоубиец од почетокот (Јован 8, 44). Поимот за лага Господ тесно

го поврзал со поимот за човекоубиство, зашто второто е неминовна последица на

првото. Со зборот од почеток се укажува на тоа дека лагата од искона му послужила на

ѓаволот како орудие за човекоубиството и постојано му служи како орудие за

човекоубиство, за погубување на луѓето. Почеток на злото е лажната мисла! Источник

на самоизмамата и бесовската прелест е лажната мисла! Причина за разновидни штети

и пропасти е лажната мисла! Со посредство на лагата ѓаволот со вечна смрт го поразил

човештвото во самиот негов корен, нашите прародители. Нашите прародители биле

опрелестени, т.е. ја признале лагата за вистина и, примајќи ја лагата под маска на

вистина, самите себе се повредиле со неисцелив смртоносен грев, за што сведочи и

нашата прамајка. “Змијата ме измами, вели таа, и јас јадев” (1 Мој. 3, 13). Од тоа време,

нашата природа заразена од отровот на злото, се стреми самоволно и неволно кон зло,

што му се претставува како добро на изопачената од наслада волја, на развратениот

разум, на развратеното чувство на срцето. Своеволно, зашто сè уште имаме остаток на

слобода при нашиот избор на добро или зло. Неволно, зашто тој остаток на слобода не

делува како полна слобода. Тој делува под неизбежното влијание на стекнатата со

гревот повреда. Ние такви се раѓаме, ние не можеме да не бидеме такви и затоа сите

ние, без исклучок се наоѓаме во состојба на самоизмама и бесовска прелест. Од ваквиот

поглед на човечката состојба во однос на доброто и злото, на состојбата во која нужно

Page 143: Од Преданието на светите Отци

 

се наоѓа секој човек, произлегува следната, потполно задоволувачка определба на

прелеста: прелеста е усвојување на лагата што се прима како вистина од страна на

човекот. Прелеста прво делува на начинот на мислење. Откако ќе биде примена и ќе го

изопачи текот на мислите, веднаш му се соопштува на срцето, изопачувајќи го

чувството на срцето. Загосподарувајќи со суштината на човекот, се разлева низ сета

негова дејност, го труе самото тело, кое Творецот нераскинливо го поврзал со душата.

Состојбата на прелест е состојба на погибел или вечна смрт.

Од времето на човековиот пад, ѓаволот добил постојан слободен пристап кон човекот

(цитат од преподобен Симеон Нов Богослов, во Слово 7, гл. 2). Ѓаволот има право на тој

пристап бидејќи човекот се потчинил своеволно на неговата власт, отфрлајќи ја

послушноста кон Бог. Но, Бог го искупил човекот. На искупениот, избавениот човек

оставена му е слобода да му се повинува или на Бог или на ѓаволот, а за да може таа

слобода непринудно да се изрази, на ѓаволот му е дозволен пристап кон човекот.

Природно е што ѓаволот ги употребува сите сили за да го задржи човекот во

поранешниот однос кон себе или да го доведе дури и до поголема потчинетост. За тоа

го употребува поранешното и вечно свое оружје, лагата. Тој се обидува да нè прелаже и

да нè измами, земајќи ја во предвид нашата состојба на самоизмаменост. Нашите

страсти, нашите болни нагони тој ги придвижува, ги облекува во благовидност нивните

погубни барања, настојувајќи со сета сила да нè наведе кон задоволување на

страстите. Верниот на Словото Божјо нема да си дозволи задоволување и обуздувајќи

ги страстите, ги одбива нападите на непријателот (Јаков 4, 7). Дејствувајќи под

раководство на Евангелието, против сопствената самозаблуда, скротувајќи ги

страстите и така уништувајќи го, малку по малку, влијанието на паднатите духови врз

себе, тој полека излегува од состојбата на прелест во областа на вистината и слободата

(Јован 8, 32), чија полнота ќе ја добие преку осенувањето со Божествената благодат.

Оној што не верува во учењето Христово, следејќи ги својата волја и разум, му се

потчинува на непријателот, па од состојба на самозаблуда преминува во состојба на

бесовска прелест и така губејќи го остатокот од својата слобода, паѓа во целосна

потчинетост на ѓаволот. Разновидна е состојбата на луѓето што се наоѓаат во бесовска

прелест. Соодветствува на онаа страст од која човекот е измамен и поробен и

соодветствува на тој степен во кој човекот е поробен од страста. Но сите кои паднале

во бесовска прелест, т.е. оние коишто преку развивање на сопствената  самозаблуда

стапиле во општење со ѓаволот и му се потчиниле, сите тие се наоѓаат во прелест и се

храмови и орудија на бесови и жртви се на вечна смрт. Живеат во темниците на адот.

 

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Page 144: Од Преданието на светите Отци

 

 

 

 

 Во покајната молитва за своите гревови ние се учиме да ја доживуваме трагедијата на целото човештво (14.04.2009)

Петар се подигна после падот; но можам ли јас да бидам сигурен во себе? Додека

срцето го чувствува присуството на Бога, ние сме спокојни и восхитени од љубовта кон

Него. Но кога Тој отстапува со Своето забележително дејство, тогаш повторно

сознанието за мојата немоќ до болка ме нажалува. Крстниот подвиг во поголема или

помала мера ме следи до староста. Ми се чини дека ја познав мерата на човекот; и тоа

знаење ми дава слобода во средбите со сите. Но, во минатото имав средби и со

поинакви сили, неизмерно помоќни од мојата ништожност. Во тие страшни часови ме

спасуваше Името на Исус Христос. Се молам, со мене да биде така сè до крај, и без

крај. Во часовите на промислителна богооставеност внатре во нас се буди пламена

молитва, и во нејзината прегратка духот со радост ја препознава својата сродност со

Христос, и вподобувањето на Него расте. ГОСПОД нè создаде нас по Својот образ;

следствено, и ние во Него стануваме “господи”. Утврдувани од Неговата сила – ние го

набљудуваме секој вид зло во тварниот свет, но тоа ја губи власта над нас. Во тоа е

нашето “господство”, кое е неопходно за “непоколебливото Царство”.

“Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото”. Зборовите “уште

еднаш” означуваат дека колебливото, како затворено, ќе се измени, та да остане само

непоколебливото” (Евр. 12, 26-27). Ние не можеме да знаеме на какво последно

испитување ќе се подвргне сета твар. Неопходен е побожен страв, додека не ги

поминеме сите тварни прагови и не се преисполниме со нетварен живот кој од Бога

слегува на нас.

Христос Бог е безграничен во Својата сила: Неговиот Дух ги исполнува сите бездни. Но

и во Своето “испразнување” Тој, исто така, останува недостижен за нас. Кога во

безоблично, постојано молчание стоиме пред Бога, во потполна соголеност на целото

наше битие, тогаш и за нас самите се открива длабочината на нашата природа. Низ

потполна сосредоточеност – СОБРАНОСТ на сè внатре во нашата личност – ни се дава

 

Page 145: Од Преданието на светите Отци

 

да увидиме дека постоењето на човештвото по своите извори и по својата природа е

ЕДИНСТВЕНО ПОСТОЕЊЕ, ЕДИНСТВЕН ЧОВЕК. Оттука доаѓа “природното” движење на

нашиот дух кон молитва за сите луѓе, за ЦЕЛИОТ АДАМ, како за самиот себе. Оттука е

разбирањето на зборовите Христови: “сите едно да бидат… како што сме Ние едно”

(Јован 17, 21-23).

Во покајната молитва за своите гревови ние се учиме да ја доживуваме трагедијата на

целото човештво низ самите себе. Ако сето мое суштество така боледува заради моите

секаквородни падови на секој чекор – ако позади сите мои падови се крие првобитниот

пад на нашиот Прататко, кој го оттргна целото човештво од Бога и Отецот наш, тогаш

нормално е во моите лични страдања да ги препознавам и постоечките страдања на

сите луѓе. Но, може и спротивно: во мојата радост – да ја видам радоста на целиот

свет. Така христијанинот се учи да сострадува со сите страдалници, и да се радува со

сите кои се радуваат.

Ако гревот во својата длабока суштина секогаш е престап против љубовта на Отецот,

тогаш потполното обновување на уништената љубов не е можно поинаку освен преку

тотално покајание, кое до крај би ни открило, доколку е возможно, што значи тој

престап, кога ние го гледаме во планот на вечноста. “Оче Добар, исцели ме мене,

лепрозниот; обнови ме мене, изопачениот од гревот… Оче Свет, освети ме целиот: и

умот, и срцето, и самото тело мое… јас згрешив пред Тебе, и сега умирам далеку од

Тебе… прими ме по големината на Твојата милост и сострадание”. 

Старец Софрониј Сахаров

 

 

 Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието (09.04.2009)

Голем успех за сатаната е кога ќе успее да го убеди послушникот да ги скрие своите помисли од Старецот, да направи нешто без одобрение и благослов на Старецот и да не му се исповеда искрено на својот духовен отец. Таквиот послушник никогаш нема да постави добар почеток и никогаш нема да напредне во благодатта Божја. Напротив, ќе талка таму-

ваму додека не дојде несреќниот крај на неговиот живот.

 

Page 146: Од Преданието на светите Отци

 

Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв.

Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.

Не нажалувај го Старецот или монахот-брат, зашто истиот миг мирот ќе ти исчезне од душата. Исусовата молитва ќе се прекине и ќе се наполниш со помисли. Лек за тоа се

исповедта, врелите солзи и проштевањето кон другите.

Внимание!!! Ако имаш нешто против Старецот, биди внимателен, зашто ѓаволот лесно ќе те сруши и ќе те опрелести. Доведи ги во ред своите помисли за во поглед на Старецот да

не те вознемирува ништо.

Сè што прави послушникот без благослов на Старецот е проклето, му припаѓа на ѓаволот. Значи, само послушанието нè спасува нас монасите.

Добриот послушник ќе донесе плодови на кротост. Зашто Старецот ќе го отсече неговото самоволие, ќе го прекори и ќе му направи забелешка, а кога ученикот е послушен,

стекнува драгоцена кротост. Со еден збор, добриот послушник ги стекнува сите добродетели, ако покаже беспоговорно послушание. Меѓутоа, ако приговара и се кара, ако

е непослушен, горд и слично, сериозно ја повредува својата душа, бидејќи Го нажалува Бог Којшто се смири (се унижи) Самиот Себеси, а тој, овоземен и беден човек, се гордее!

Совршениот послушник нема да го задржуваат воздушните митарства. Тој не се плаши ни од смртта, ни од демоните, ни од Бог, туку напротив, Го љуби најтопло. Вистинскиот послушник се плаши единствено од непослушноста кон својот Старец, којшто за него

претставува видлив Христос. Непослушноста кон Старецот веднаш ќе го избрка од рајот на благодатта на Светиот Дух, којашто во најголема мера ја насладува смирената и

ангелоподобна душичка на послушникот. Совршениот послушник во сè Му е подобен на Богочовекот Христос.

Кога ученикот му е, заради Христа, послушен на својот Старец, тој ги извршува сите заповеди Христови. Совршеното послушание, без роптање и двоумење, би можело

достојно да се спореди со сите разновидни подвизи во исполнувањето на Господовите заповеди.

Бог го љуби оној што е послушен заради љубовта Божја и во добриот послушник престојува сецелата Света Троица. Каква величественост крие во себе триблагословеното послушание! Тоа на смирениот, малечок и безначаен послушник му овозможува да стане престојувалиште на Света Троица! Тоа го прави извршител на сите Христови заповеди и го води во Рајот, каде што со двоен венец и блескав ѓердан ќе чекори меѓу Светителите.

Каква чудесна слобода стекнува оној кој целосно го отсекол своето самоволие! Колку се одмара душата на тој борбен подвижник, послушник кој се откажал од самоволието и ја

Page 147: Од Преданието на светите Отци

 

исполнува волјата на својот Старец! Таквиот блажен послушник води духовно угоден живот, преисполнет со радост и надеж. Тој живее мирно и чудесно, сигурен дека

успокојувајќи го својот Старец, со неговите молитви и самиот ќе го најде спокојството во Рајот.

Блажен е и триблажен послушникот којшто во сè го отсекол своето погубно самоволие и на својот духовен отец му исповеда сè. Таквиот човек уште овде ќе биде наполно духовно

здрав и како ангел Божји ќе блеска меѓу ангелите пред страшниот престол Господов.

Радувај се, затоа, храбар послушнику, подражателу на Великиот Послушник Кој се унижи Себеси и беше послушен до смртта, и тоа смрт на крст. Затоа и Него Бог високо Го

воздигна и Му подари Име што е над секое име (Филипјани 2; 8 - 9). Што се однесува до тебе, ќе те вознесе над страстите и ќе ти ги подари бестрастието и Својата љубов. Бори се, значи, да ги исполниш советите на оној кој те прифатил во Господ кога си се заветувал на

Бог во совршено послушание до смртта, одрекувајќи се од самоволието, заради Христа.

О послушание, спасение на сите верни! О послушание, мајко на сите добродетели! О послушание, што ги отвараш небесата и го воздигаш човекот од земјата! О послушание,

храно на сите светители, со која беа одгледани и со неа станаа совршени! О послушание, сожителу на ангелите!

 

Старец Ефрем Филотејски

 

 

   За послушанието (08.04.2009)

Кој пример би бил поубав од Господ Исус! Зарем послушноста кон Отецот не Го одведе

до Крстот и до смртта? Зарем Тој, бидејќи единосуштен на Отецот, не можел да се

спротистави на ова? Тој, меѓутоа, тоа не го стори. Додека се качувал на Голгота,

чекорел во пот и паѓал на колена со болка, под бремето на отсекувањето на

сопствената волја. Требало Тој да се искачи, да го досегне нејзиниот врв и да биде

воздигнат на прославениот и за демоните страшен Крст, да го покаже совршеното и

апсолутно послушание и да се здобие со непропадливиот венец на вечната слава.

 

Page 148: Од Преданието на светите Отци

 

На тој начин се здобиваме со воскресението на душата, а не со самоволно колебање

меѓу послушанието и непослушанието. Нема да стекнеме венец така, туку со

драговолно жртвување. Сите пречки се совладуваат со цврстата решеност попрво да

се умре одошто да се изневери должноста на послушанието.

Со Христовото послушание сме спасени, а со Адамовото непослушание сме фрлени во

пеколна бездна. Патот на послушанието навистина води на Голгота. Тој е нагорен и

искачувањето е малку напорно. Ќе се потиме и ќе се уморуваме, но сепак да

помислиме дека по воскресението ќе ги стекнеме чистотата на душата и

восиновувањето и дека тоа богатство не може да се спореди со никакви овоземни

наслади. Што зборувам јас? Со земните нешта! И сиот свет кога би го продал, човекот

не би можел да купи ниту една капка од духовната радост на душата што се искачила

на Голгота и го видела своето сопствено воскресение.

Христос им рекол на Своите ученици: Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша и кој ќе се

одрече од вас , од Мене се одрекува; а кој ќе се одрече од Мене, се одрекува од Оној

што Ме пратил (Лука 10; 16). Преемници (наследници) на Апостолите се епископите,

свештениците, игумените и Старците во малите братства. Според тоа, оној што им е

послушен на апостолските преемници, послушен Му е на Самиот Христос, додека  пак,

оној којшто им е непослушен се одрекува од Христа.

Бидејќи сакаме да Му се потчиниме на Христа, мораме да покажеме послушание, но

не така што ќе бидеме послушни во она што нам ни се допаѓа. Во Гетсиманската

градина Христос побарал спасението на човечкиот род да се изврши на начин

поинаков од оној што го сакал небесниот Отец. Но бидејќи небесниот Отец се одлучил

за Крстот, Христос одговорил: “Не како Јас што сакам, туку како Ти, Оче„ (Матеј 26; 39)

и бил послушен до смрт и тоа смрт на Крст (Филипјани 2; 8).

Теологијата произлегува од молитвата, а молитвата од совршеното послушание. Ако

нема послушание, монахот набргу ќе го изгуби секој талант и дар што го има, додека

вистинскиот послушник изобилува со сите дарови на Утешителот и се богати сега и во

сите векови.

За да нè посети благодатта Божја, мораме со совршено послушание да примениме сè

на што сме научени. Да не ѝ ја додаваме својата волја на волјата на Старецот, зашто

тоа се нарекува духовна прељуба. Мораме искрено да се трудиме во своето

послушание, инаку нема да напредуваме на монашкиот пат.

Смирението е онаа добродетел којашто чудесно помага да се примени совршеното

христолико послушание. Напротив, егоизмот и гордоста се противат на неговото

стекнување.

Послушникот е должен да се жртвува за Старецот, да го возљуби многу, бидејќи

Page 149: Од Преданието на светите Отци

 

единството со него ја зајакнува неговата душа во  подвигот. Кој го љуби и му е

послушен на својот Старец, молитвата на Старецот нема да го остави без духовни

плодови. Таквиот секако ќе се спаси и ќе се искачи на пресветлиот престол Божји.

Оној што го огорчува Старецот, подоцна ќе плаче над својата духовна пустош.

Застрашувачки и ужасно е да вршите притисок над вашиот Старец и да го

присилувате да стори нешто што вие сакате, а неговата душа не сака. Тоа е страшно и

тоа го знае само оној што поседува личен опит.

Твојот духовен Отец и Старец вреди повеќе од сите луѓе на светот, повеќе од целиот

свет. Само ѓаволот подобро од сите знае што значи Старец и што значи совршено

послушание кон Старецот.

Никогаш не испитувај што прави твојот Старец или зошто го прави ова или она. Немој

да му судиш, зашто ќе станеш антихрист! Никогаш во својот живот немој да бидеш

попустлив кон оние што зборуваат против Старецот. Напротив, веднаш спротистави

се! Заштити го и одбрани го. Зашто Христос ги исправа неговите човечки недостатоци

и грешки, заради беспоговорното и чисто послушание.

 

Старец Ефрем Филотејски

 

 Грешните луѓе имаат многу причини за смирение (04.04.2009)

Оние што живееле грешен живот, а потоа се покајале, се свртеле кон

духовното, треба постојано со радост да се смируваат прифаќајќи ги неволјите што ќе

ги снајдат, бидејќи на тој начин се искупуваат. Гледаме како преподобната Марија

Египетска која живеела грешно, откако се покајала и го сменила начинот на животот,

ја вознемирувале желбите од световниот живот. Таа водела голема борба за да ги

пресече. Ѓаволот ѝ говорел: „Што ќе изгубиш ако само накратко ја видиш

Александрија? Не треба да се забавуваш, само погледни малку од далку.“ Но, таа не

се свртувала наназад. Толкаво било нејзиното покајание! Други преподобни жени, што

не живееле световен живот, немале толкава борба. Преподобната Марија која

живеела во светот имала лута борба. Тоа страдање е согорување на раните здобиени

со грешен живот. На тој начин, и оние кои живееле и оние кои не живееле грешно

доаѓаат до истиот степен на духовноста.

 

-                      Старче, зарем во таквите случаеви воопшто нема божествена утеха?

 

-                      Како не! Има многу! Преподобната Марија достигнала таков степен на

Page 150: Од Преданието на светите Отци

 

духовноста што молејќи се, се издигнувала една педа над земјата.

Големите грешници, ако добро се познаваат самите себе, природно имаат

многу причини за смирение. Секој пад сосема природно е пад, но дава повод за

смирение и молитва. Гревовите, ако се искористат за смирение, се ѓубриво со кое ги

потхрануваме билките. И зошто човекот да не го користи и тоа да ја направи плодна

нивата на својата душа за таа да стане плодоносна? Значи, доколку оној кој сторил

големи гревови се почувствува виновен и каже: „Не смеам ни главата да ја подигнам

да погледнам во човек“, смирувајќи се, добива многу благодат Божја и така напредува

сигурно и може високо да се воздигне. Од друга страна, оној кој не сторил големи

гревови, ако не се постави на вистински начин и не си каже: „Бог ме сочува од

многуте зла, а јас сум толку неблагодарен и грешен и погрешен сум од најголемиот

грешник“, духовно заостанува позади првиот.

Спомнете си, на пример, за фарисејот и митникот. Фарисејот правел многу

добри дела, но бил горд. Митникот сторил многу гревови, но ги осознал имајќи во себе

скрушеност и смирение – најважното што Христос го бара од човекот, и затоа лесно се

спаси. Видовте на иконата како изгледа фарисејот! Покажува со прстот на митникот

велејќи: „Не сум како него!“... Бедниот митник се крие позади столб: не се осмелува

ниту да погледне наоколу, а фарисејот му покажува на

Христос каде се наоѓа митникот! Го забележавте ли тоа? Како

Христос да не знаеше каде е митникот! Фарисејот, иако

правел сѐ како што е пропишано, сѐ било залудно. Што може

гордоста да направи! Кога некој ќе згреши, а не се смирува,

тогаш тој е грешен како митникот и горд како фарисејот.

Двојно... дарови! „И шугав и вошлив“, како што велат во Епир.

Колку што можете трудете се да ги отфрлите

духовните отрови, страстите, за да стекнете духовно здравје.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

 

 

Cолзи на покајание (03.04.2009)

Покајанието е крштение со солзи. Со своето покајание човекот доживува повторно

крштение, повторно се раѓа. Апостол Петар со своето одрекување, на некој начин Го

Page 151: Од Преданието на светите Отци

 

предаде Христос. Но, бидејќи „плачеше горко“ (Матеј 26, 75 и Лука 22, 62) доби

простување за својот пад. Значи, него го изми, повторно го очисти искреното

покајание што го имаше во себе. Гледаш, Бог прво ја создаде земјата, морето, сета

твар, па дури потоа од земјен прав го создаде човекот. Човекот прво се раѓа телесно,

а дури потоа, на Крштението се преродува духовно. Од твар Божја, со вода и со Духот

Свет, со благодатта Божја – „со вода и Дух“ (Јован 3, 5) – станува нов човек.

 

-                      Дали тоа значи, старче, дека Бог, како што тогаш го создаде човекот од прав

земјен, така и сега, на Крштението, користи вода за повторно да го создаде?

-                      Да, водата во себе симболизира очистување и затоа свештеникот на

Крштението го потопува човекот во вода. Човекот ги испира од себе последиците од

прародителскиот грев, се очистува од гревовите, осенет е од благодатта Божја, се

облекува во Христос и станува нов, повторно роден, човек. Тоа е дело на Крштението.

Тоа совршено јасно му го кажа Христос на Никодим, кога овој го праша како човекот

може повторно да се роди: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди со вода и

Дух, не може да влезе во Царството Божјо“ (Јован 3, 5). Со Крштението настанува,

после падот, ново совршено Божјо создание. Заради тоа човекот, кога нема да ја

извалка Светата Тајна Крштение, има многу благодат Божја. Но, и кога ќе ја извалка,

постои крштение со покајание. Ако стане свесен за својот грев, и трпи болка заради

тоа, миејќи се, очистувајќи се на некој начин со солзи на покајание, на него повторно

се спушта благодатта Божја.

 

- Старче, каква е тоа жалост која твори радост (радосотворна тага)? 

- Тоа е радост која произлегува од жалост заради направениот грев. Во таква жалост

постои и болка и радост, па затоа и се нарекува радосотворна тага. Човекот жали што

го ражалостил Христос, а се радува затоа што чувствува утеха Божја. Грешник, кога

искрено ќе се покае добива простување од Бог, чувствува во себе утеха Божја и може

да осети духовна сладост.

 

- Старче, дали човекот кој се бори може целиот живот да живее во покајание?

- Да. Ако се бори правилно, не гледа колку напреднал, туку ги гледа само своите

падови и живее во непрестајно покајание. Не знае дека во почетокот се борел против

еден демон, а потоа дека можеби се бори против цела чета демони. Бидејќи колку

повеќе сили некој вложува за да искорени некоја страст и да стекне добродетел,

толку повеќе непријатели се собираат. Тогаш, иако не гледа напредок, тој сепак

напредува. Може сѐ до смртта да живее во таква состојба, т.е. да не гледа никаков

Page 152: Од Преданието на светите Отци

 

напредок, да мисли дека не напредува, бидејќи има падови, а всушност, напредок

има, бидејќи непрестајно ја засилува борбата и се бори со сѐ повеќе демони.

Покајанието за подвижникот е како некакво ракоделие кое никогаш не завршува.

Умрените ги оплакуваат, погребуваат, па забораваат... Гревовите свои ќе ги

оплакуваме без престан, сѐ додека не умреме, но со расудување и со надеж во

Христос Кој беше распнат, за да ни подари духовно воскресение.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

 

 

Моли се непрестајно со Исусовата молитва и таа сè ќе доведе во ред (02.04.2009)

Што е поубаво од молитвата? Кој и да се

моли, бива просветлен и доаѓа до познание на

Божјата волја. А како го знае тоа? Се разбира, ако

се моли добро. А кога се моли добро? Кога

молитвите што Му ги упатува на Бога ги имаат

сите составни елементи. А кои се елементите што

ја прават молитвата угодна? Смирението, солзите,

самоукорувањето, простодушноста и посебно  - 

послушанието соединето со љубовта. Молитвата

излева светлина и таа светлина го покажува

спасителниот пат каков што го сака Господ.

            Молитвата треба да биде нераслабена. Ако се молите на тој начин, од сите

страни ќе бидете неранливи. Кога ќе ве обземат острастени помисли, фрлете се на

молитва напрегнато и ревносно и истиот миг ќе најдете олеснување. Цврсто држете

се за Исусовата молитва.

            Изговарај ја молитвата со болка и со душевен плач и ќе се почувствуваш сосем

поинаку. Насочи го вниманието единствено кон себе! Тогаш ќе се видиш себеси и ќе

почувствуваш болка и оваа болка ќе ти ја донесе милоста Божја. Додека ја изговараш

молитвата, не обрнувај внимание на отчукувањата на срцето. Сочувај го само својот

ум да не отскита од молитвата, зашто тоа е тежиштето и целта на молитвата.

            Моли се непрестајно со Исусовата молитва и таа сè ќе доведе во ред. Оној што

се моли бива просветлен, а оној што не се моли - помрачен, каков што сум јас.

Молитвата е светлост небесна и оној кој ја има молитвата во себе или на усните, ја

има и светлината на молитвата што извира внатре во срцето. Таа го просветлува

Page 153: Од Преданието на светите Отци

 

човекот што да мисли и како да се дочува од ѓаволските стапици.

            Присилете се на Исусовата молитва и таа ќе ви стане сè  -  храна, пијалок,

облека, светлина, утеха и духовен живот. Оваа молитва станува сè за оној што ја

поседува. Без неа не може да се исполни празнината на душата. Ја сакате ли љубовта

Христова? Копнејте по молитвата и прегрнете го смирението и тогаш ќе сфатите дека

Царството Божјо е внатре во вас.

            Не дозволувајте злите помисли да завладеат со вас. Веднаш оддалечете ги со

молитвата. Ех, какви чуда прави таа молитвата! Повикајте со молитва и вашиот

ангелчувар ќе ви го испрати духовното благоухание! Ангелите се многу радосни кога

монахот се моли со молитвата на нашиот најсладок Исус. Исус нека биде насладата

на вашите души.

            Изговарајте ја молитвата непрестајно. Бог да ви подари благословен почеток!

Нека не ве напушта молитвата или, подобро кажано, вие не ја напуштајте, бидејќи

таа ѝ е живот на душата, таа му е дишење на срцето, миризлива пролет што во

душата на борецот создава духовен процвет.

            Молитвата и смирението, чеда мои, се семоќното оружје што со недремливо

внимание непрестајно мораме да го држиме во рацете. Тоа, со Божја помош, ќе ни ја

донесе победата над демоните.

            Бидете трпеливи, чеда мои. Не губете храброст. Кажувајте ја молитвата

напрегнато. Нека не се расејува вашиот ум по земните работи, дури и ако имате

грижи. Сметајте ги за минливи. Имајте ги пред очи единствено непрестајната молитва

и сеќавањето за смртта. Секогаш Го гледам пред себеси Господа. Тој е од мојата

десна страна за да не се поместам (Пс. 15; 8). Ако се молите силно и непрестајно,

нема да паднете. Ќе разберете, меѓутоа, дека ќе искусите сеопшто паѓање ако ја

запоставите молитвата.

 

Старец Ефрем Филотејски

 

 За чистите е сè чисто (31.03.2009)

-                      Старче, како во денешново општество може да се живее правилно,

христијански, а да не се соблазнуваме од луѓето што живеат далеку од Бог?

-                      Зошто би требало да се соблазнуваме од луѓето кои не се во Божја близина?

Кога некој така би живеел во семејство и би имал уште пет-шест браќа и кога

двајца-тројца би ги одвлекол сатаната и кога би живееле грешен живот, дали

 

Page 154: Од Преданието на светите Отци

 

нивниот грешен живот би го соблазнувал?

-                      Не, туку би страдал заради нив, бидејќи му се браќа.

-                      Е, гледаш, злото се наоѓа во нас. Немаме љубов и затоа останатите луѓе не

ги доживуваме како браќа, туку се соблазнуваме од нив. Сите сме едно големо

семејство и браќа меѓусебно, бидејќи сите луѓе се деца Божја. Ако навистина

мислиме дека сме меѓусебно браќа, тогаш ќе страдаме за оние кои живеат во грев и

нема да се соблазнуваме од нивниот живот, туку ќе се молиме за нив. Доколку се

соблазнуваме значи дека злото не е надвор од нас, туку во нас. Кога ќе се

соблазниме треба да си речеме: „Колку луѓе јас соблазнив? Како Бог ќе ме трпи мене

кога јас не го трпам својот брат?“ Помислете на Бог и на ангелите кои ги гледаат

сите луѓе на земјата: едните да крадат, другите да се караат... Тие го трпат

севкупното зло на земјата, а ние не можеме да го истрпиме својот брат! Тоа е

страшно.

-                      Старче, што значат зборовите на апостол Павле дека „нашиот Бог е оган што

изгорува“ (Евр. 12, 29)?

-                      Кога ќе фрлиш хартија во камин, што ќе биде со неа? Зар нема да изгори?

Така и кај духовниот човек. Сѐ што му доаѓа од искушението е изгорено. „Оган што

изгорува!“ Кога во човекот ќе се разгори божествениот копнеж, сѐ што е лошо

изгорува. Лошите помисли повеќе не пребиваат во него. Односно, ѓаволот не

престанува да уфрла лоши помисли, но духовниот човек, бидејќи оган, ги изгорува.

Потоа ѓаволот ќе се измори и престанува со тој вид на искушенија, затоа апостол

Павле и вели: „На чистите им е сѐ чисто“. Кај таквите луѓе, значи, нема ништо

нечисто. Чистиот човек и во ѓубре да го фрлиш ќе остане чист, како и сочевите

зраци, каде и да паднат, остануваат светли и чисти.

Духовниот човек се раководи од светителите, но ни телесниот човек не го

соблазнува. Страда заради него но со тоа не се валка, не навлегува во сферата на

злото. Телесниот човек не го сфаќа светиот човек. И додека демонизираниот човек

кога ќе види свет човек веднаш бега, додека телесниот човек му се приближува на

светителот за да го искуша. Човек кој дошол во состојба на Содом се соблазнува

дури и од ангелите. Смирениот човек, дури и ако е духовно неискусен, го разликува

ангелот Божји од ѓаволот бидејќи има духовна чистота и со тоа му е сличен на

ангел. Самољубивиот и телесен човек, освен што лесно паѓа во демонска замка, со

својата телесност шири измама и со своите микроби ги заразува душите на болните.

-                      Старче, како некој може да дојде до состојба сѐ да гледа чисто?

-                      Треба прво да го очисти срцето за во него да престојува благодатта Божја.

Зар не се вели во псалмот: „Срце чисто соѕидај во мене, Боже“? Кога ќе се очисти

Page 155: Од Преданието на светите Отци

 

срцето, било машко или женско, тогаш во него се населува Бог. Таквиот човек не ги

соблазнува другите ниту бива соблазнет од другите, туку шири околу себе благодат

и побожност. Човекот кој ја чува и ја одржува својата духовна чистота ја задржува и

божествената благодат во себе. Така сѐ гледа чисто и знае да препознае она што е

нечисто. Не се гнаси од нечистите работи, туку и нив ги преобразува во својата

духовна работилница. Од нечистата хартија прави марамчиња или тетратки, од

употребениот метал прави свеќници итн. Наспроти тоа, човек кој ѝ подлегнал на

лукавоста и она што е добро го претвора во зло, како што фабрика за оружје од

злато прави куршуми, бидејќи нејзините машини и калапи се така подесени.

            Кога некој ќе почне да му прави отстапки на гревот тој прво потемнува

одвнатре, а очите на душата отапуваат и сѐ нејасно гледа. Потоа бива заразен од

гревот и гревот го смутува. Дури и она што е чисто може да го гледа како грешно.

Постојат, на пример, луѓе кои не веруваат дека има млади кои живеат со чист

живот. „Не е возможно“, велат „тоа да постои денес“. Тие се толку потопени во грев

што грев гледаат секаде околу себе. Луѓе кои се дружат со ѓаволот не можат да

замислат дека постојат други кои се дружат со ангелите. Иако, не треба да се

очекува од свињите убаво да се однесуваат кон цвеќето. И Самиот Христос тоа го

вели: „Не фрлајте бисери пред свињи“ (Мат 7, 6). Затоа е добро оној кој живее

духовно да не навлегува многу во работите од овој свет, за да не ги оштети другите

и другите него. Телесниот човек има поинаков типик од духовниот и не разликува

колонска вода од свето миро.  

-                      Старче, некој кој сака да живее во Христос, може ли да биде спречен од

надворешни искушенија?

-                      Не. Од Христос може да нѐ одвои само нашиот не-духовен живот. Ѓаволот

има следна задача: да создава соблазни и да шири зло, да се бори против луѓето,

некогаш отворено а некогаш прикриено.

Христос секогаш нѐ љуби, а се наоѓа покрај нас кога живееме согласно

Неговата волја. Затоа кога ќе видите соблазни немојте да се плашите и да паничите.

Ако тие работи не ги решаваме на духовен начин ѓаволот во нас ќе ја пронајде

својата цел т.е. ранливата точка.

 

Старец Паисиј Светогорец

 Оној кој има добри помисли на сè ќе гледа добро (27.03.2009)

Page 156: Од Преданието на светите Отци

 

Ми рекоа некои дека се соблазнуваат бидејќи во

Црквата гледаат многу работи наопаку, а јас им

кажав: „Ако ја прашаш мувата: ‘Има ли во околинава

цвеќе?’, таа ќе ти каже: ‘Не знам, но таму долу има

многу конзерви, ѓубре, нечистотија’, па ќе ти ги

наброи сите ѓубришта што ги поминала. А, ако ја

прашаш пчелата: ‘Си видела ли некоја нечистотија

во околината?’, таа ќе ти рече: ‘Нечистотија? Не, не

сум видела никаде; овде е сѐ полно со миризливо

цвеќе’ и ќе ти изнакаже од кое сѐ цвеќе има по

градините и полињата и така натаму. Гледаш,

мувата знае само каде има ѓубре, додека пчелата

знае дека таму цвета лилјан, а малку подалеку

зумбул...“

Колку што сфатив, едни луѓе личат на пчела, а други

на мува. Оние што личат на мува во секоја ситуација бараат само да видат што има

лошо и преокупирани се со тоа. Никаде не гледаат ништо добро. Оние што личат на

пчела секаде наоѓаат само она што е добро. Расипан човек расипано мисли, сѐ

прима од лево, сѐ гледа наопаку. Од друга страна, оној кој има добри помисли, што и

да види, што и да му кажеш, ќе има добра помисла.

Еднаш, едно момче од второ одделение гимназија дојде во колибата и почука на

врата. Имав цела вреќа со писма да прочитам, но реков ајде да излезам и да видам

што сака момчево.

 

- „Што е, момче?“ – му реков.

- „Дали е ова колибата на Старец Паисиј? Би сакал да разговарам со отец Паисиј“ –

рече тоа.

- „Ова е неговата колиба, но тој не е овде. Отиде да купи цигари“ – му реков.

- „Веројатно отиде да послуша некој, да му купи цигари“ – рече тоа со добра

помисла.

- „Ма не, отиде да купи цигари за себе. Остана без цигари, па полуде. Мене тука сам

ме остави, и воопшто не знам кога ќе се врати. Ако долго го нема, ќе си одам.“

 

Очите му се насолзија, но тоа повторно со добра помисла рече: „Го замараме

Старецот“.

- „А што ќе ти е тој?“ – го прашав.

Page 157: Од Преданието на светите Отци

 

- „Сакам да побарам благослов од него“ – рече.

- „Каков благослов, море, да земеш! Тој е измамник.

Нема од него никаква корист. Јас добро го познавам.

Немој без потреба да чекаш, бидејќи, кога ќе се

врати, ќе биде нервозен, можеби дури и пијан,

бидејќи и пие, покрај сѐ.“

Но, момчето непрестајно имаше добра помисла.

- „Добро – реков – јас, сепак, ќе го почекам уште

малку. Што да му кажам?“

- „Имам едно писмо да му предадам – рече тоа – но

ќе почекам да земам и благослов“.

 

Видовте ли? Што и да му кажував, прифаќаше со

добра помисла. Му реков: „Полуде по цигари“, а тоа

сиротото, воздивна, очите му се наполнија со солзи.

„Кој знае“ – рече – „сигурно отишол некого да послуша, да му купи цигари“. Други

толку читаат, а тоа, момче од дванаесет години, па поседува толку добри помисли!

Му ја расипуваш помислата, а тоа пронаoѓа подобра и извлекува уште подобар

заклучок. Ме воодушеви! Првпат видов такво нешто!  

 

Старец Паисиј Светогорец 

 Разговор со помислите (26.03.2009)

- Старче, кога ќе ми дојде горда помисла, тоа ме мачи.

- Ја задржуваш ли во себе?

- Да.

- Зошто ја задржуваш? Затвори ѝ ја вратата. Ако ја задржуваш во себе, трпиш штета.

Помислата доаѓа како крадец, ти ѝ отвораш врата, ја пушташ внатре, влегуваш во

разговор со неа и таа потоа те покрадува. Дали некој разговара со крадец? Не само

што никој не разговара со крадец, туку и си ја заклучува вратата за да не може да

влезе внатре. Можеби и не разговараш со неа, но зошто ја пушташ да помине? Да

наведеме еден пример: не кажувам дека ти имаш такви помисли, но ајде да

претпоставиме дека ти доаѓа помисла дека би можела да бидеш игуманија. Во ред,

помислата дошла. Штом ќе дојде, ти кажи си на себеси: „Аха, добро: сакаш да бидеш

игуманија? Биди си прво игуманија на сама себе.“ Така веднаш на самата себе си го

прекинуваш разговорот. Зошто да разговараме со ѓаволот? Гледаш, кога ѓаволот

Page 158: Од Преданието на светите Отци

 

отиде да Го нападне Христос, Тој му рече: „Бегај од Мене, сатано“ (Лука 4, 8).

Бидејќи Христос му рече на ѓаволот: „Ајде, бегај од Мене...“ зошто па ние да

разговараме со него?

 

 

- Дали е лошо, старче, да разговарам со една лоша помисла само за да откријам од

каде ми е?

- Лошото е во тоа што ти не разговараш со помислата, како што мислиш, туку со

ѓаволот. Пријатно ти е во тој момент, но после се мачиш. Немој воопшто да се

впушташ во расправа со такви помисли. Земи ја таа рачна бомба и фрли ја на

непријателот, за да го убиеш. Рачната бомба има таква особина што не експлодира

веднаш, туку после две-три минути. Така и помислата од лево, ако ја истераш

веднаш, не може да те повреди. Но ти понекогаш не си доволно будна, не ја

изговараш молитвата, па не можеш да се одбраниш. Доаѓа однадвор телефонска

порака од ѓаволот, ти ја примаш, ја читаш, па повторно ја читаш, ѝ поверуваш и ја

ставаш во архив. Тие фасцикли ќе ти ги покаже ѓаволот во денот на Страшниот суд

за да те обвини.

 

- Кога, старче, нападот на некоја помисла претставува пад?

- Ти доаѓа помисла, а ти ја истераш веднаш - тоа не е пад. Дојде ли, а ти се

расправаш со неа. Тоа е пад. Дојде ли, ја примиш, па потоа ја истераш. Тоа е

делимичен пад, бидејќи и тогаш си претрпела штета, бидејќи ѓаволот го загадил

твојот ум. Значи, тоа е како да дошол самиот ѓавол, а ти му велиш: „Добар ден, како

си? Дали си добро? Седи да те послужам со нешто. А, ти ли си ѓавол? Заминувај

веднаш.“ Бидејќи сфати дека е ѓавол, зошто го прими внатре? Го послужи и тој

повторно ќе дојде.

 

Старец Паисиј Светогорец

 

    Тајната на љубовта кон Бог е во љубовта кон

братот (25.03.2009)

Должни сме сите верни да ги гледаме како еден и да

мислиме дека во секого од нив е Христос. И за секого

 

Page 159: Од Преданието на светите Отци

 

да имаме таква љубов, што ќе бидеме спремни и животот да си го жртвуваме за

него. Затоа, должни сме за никого да не зборуваме и да не мислиме дека е лош,

туку на сите да гледаме како на добри. И ако видиме дека некој наш брат го

вознемируваат страстите, да не го мразиме него, но да ги замразиме страстите

што војуваат против него. И ако видиш дека го обземаат желбите и навиките кон

претходните гревови, уште повеќе сострадувај со него, за случајно и ти да не

паднеш во искушение, зашто си од граѓа која лесно се врти од добро кон зло.

Љубовта кон братот те подготвува да Го возљубиш повеќе Бог.

Значи, тајната на љубовта кон Бог е во љубовта кон братот. Затоа што, ако не го

љубиш братот свој, когошто го гледаш, како е можно да Го љубиш Бог, Кого не Го

гледаш?

 

свети Симеон Нов Богослов

 

 

Душата не може да го има мирот ако не се учи во законот Божји и дење и ноќе (24.03.2009)

Душата не може да го има мирот ако не се учи во законот Божји и дење и ноќе, оти

тој закон е напишан со Духот Божји. А Духот Божји од Писмото преминува на

душата, и душата  во тоа чувствува насладување и пријатност. И повеќе не сака да

го љуби земното, затоа што љубовта кон земното ја опустошува душата, и тогаш

таа паѓа во униние, и подивува, и не сака да Му се моли на Бог. Непријателот, пак,

гледајќи дека душата не е во Бога, ја колеба и слободно става во умот што сака. И

ја гони душата од едни помисли кон други, и така душата целиот ден го поминува

во неред, и не може чисто да Го созерцува Господа.

 

Тој што во себеси го носи мирот на Светиот Дух, го излева мирот и на другите. А

оној што во себе го носи злиот дух, тој го излева злото и на другите.

 

Прашање: Како да го сочува мирот старешината, ако неговите луѓе се непослушни?

На старешината му е тешко и мачно ако луѓето не го слушаат, но за да го сочува

 

Page 160: Од Преданието на светите Отци

 

мирот, тој треба да се сеќава дека дури иако се непослушни луѓето, Господ сепак

ги љуби, и пострада за нивното спасение. И треба усрдно да се молиме за нив, и

тогаш на оној кој се моли, Господ ќе му ја даде молитвата. И ти од опит ќе познаеш

дека умот на оној кој се моли има смелост пред Бог и љубов. Дури и да си грешен

човек, Господ ќе ти даде да ги вкусиш плодовите на молитвата, и ако така се

навикнеш да се молиш за потчинетите, тогаш во твојата душа ќе владее голем мир

и љубов.

 

Прашање: Како може да го сочува душевниот мир оној што е потчинет, ако

неговиот старешина е гневлив и зол човек?

Гневливиот човек самиот поднесува големо страдање од злиот дух. Тоа мачење тој

го трпи заради гордоста. Оној кој е потчинет, кој и да е тој, треба да го знае тоа. И

да се моли за старешината што има болна душа, и тогаш Господ гледајќи го

неговото трпение, ќе му даде (на потчинетиот) простување на гревовите и

непрестана молитва. Пред Бог е големо дело да се молиме за оние што нè

навредуваат и нè нажалуваат. За тоа Господ ќе ни ја даде благодатта и ќе Го

познаеме Господ преку Светиот Дух. И тогаш со радост ќе ги трпиме сите неволји

заради Него, и Господ ќе ни даде љубов за сиот свет. И огнено ќе им сакаме добро

на сите, и за сите ќе се молиме како за својата душа.

 

Господ ни заповедал да ги љубиме непријателите, и оној што ги љуби

непријателите, Му се вподобува на Господ. Но, да ги љубиме непријателите

можеме само по благодатта на Светиот Дух. И затоа, кога некој ќе те навреди,

моли Го Бог за него. И тогаш ќе го сочуваш мирот во душата и благодатта Божја. А

ако ропташ и го караш својот старешина, тогаш и самиот ќе станеш гневлив како и

тој. И тогаш врз тебе ќе се исполнат зборовите на пророкот Давид: „Со светиите

постапуваш свето, со лукавите наспроти нивното лукавство.” (Пс. 17, 27)

Така, и на послушникот му е тешко да го сочува мирот ако неговиот старец има

тежок карактер. Да се живее кај лош Старец е голем крст за послушникот. Тој

треба да се моли за Старецот, и тогаш ќе го сочува душевниот мир и телесниот. А

ако си ти старешина, и треба му судиш на некого за лошите дела, тогаш, моли Му

се на Господ, за да ти дарува срце кое милува. Таквото срце љуби Господ. И тогаш

ти ќе постапиш правилно. Но, ако судиш според делата, ќе згрешиш, и нема да му

бидеш угоден на Господа.

Треба да судиш така, што човекот да се исправи. И треба да ја сожалуваш секоја

душа, сета твар, и сето создание Божјо, и самиот во сè да имаш чиста совест. И

Page 161: Од Преданието на светите Отци

 

тогаш во душата и во умот ќе имаш голем мир. Ќе живееш во мир и љубов, и тогаш

Господ ќе нè услиши и ќе ни даде сè полезно што бараме.

Светиот Дух е во љубовта. Така вели Писмото и така покажува опитот.

Душата не може да има мир ако со сите сили не бара од Господ да ги сака сите

луѓе. Господ знаеше дека ако не ги љубиме непријателите, нема да имаме мир во

душата. И затоа ни ја даде заповедта: „Љубете ги вашите непријатели.” Ако не ги

љубиш непријателите, тогаш душата ќе биде спокојна само повремено. Но ако ги

љубиме непријателите, тогаш мирот ќе пребива во душата и дење и ноќе.

Чувај го мирот на благодатта на Светиот Дух во душата. Не го губи заради малите

нешта. Ако на својот брат му го дадеш мирот, Господ тебе ќе ти даде неспоредливо

повеќе. А ако го нажалиш брата си, тогаш и на твојата душа неизбежно ќе пријде

неволја.

Ако ти дојде блудна помисла, веднаш избркај ја, и тогаш ќе го сочуваш мирот во

твојата душа. Ако ја примиш помислата, тогаш душата ќе ја загуби љубовта спрема

Бог и повеќе нема да имаш смелост во молитвата.

Ако ја сечеш својата волја, го победуваш непријателот, и како награда ќе го

добиеш душевниот мир. А ако ја спроведуваш својата волја, ќе бидеш победен од

непријателот, и униние ќе ја мачи твојата душа.

Кој е среброљубив, тој не може да Го љуби Бог и ближниот. Умот и срцето на

таквиот човек се зафатени со богатството, и кај него нема дух на покајание, ниту

скрушеност заради гревовите. И неговата душа не може да ја знае сладоста на

мирот Христов.

Душата што Го позна Господ, секогаш сака да Го гледа Него во себеси, оти Он

доаѓа во душата тивко и ѝ го дава мирот, и сведочи за спасението без зборови.

Царевите и владетелите на народите, да ја знаат љубовта Божја, никогаш нема да

војуваат. Војната се праќа заради гревовите, а не заради љубовта. Господ нè

создаде од љубов и ни заповеда да живееме во љубов и да Го славиме Него.

Ако старешините ги чуваат заповедите Господови, а народот и потчинетите ги

слушаат во смирение, тогаш на земјата ќе има голем мир и веселие. Но, заради

властољубието и непослушанието на горделивите, страда целата вселена.

Те молам, Милостив Господи, дај му на сиот народ од Адама до крајот на вековите,

да Те познае Тебе, дека Ти Си благ и милостив. Дај им на сите народи да се

насладуваат од Твојот мир, и да ја гледаат Светлината на Твоето Лице. Твојот

тивок и кроток поглед ја привлекува душата.

 

Свети Силуан Атонски

Page 162: Од Преданието на светите Отци

 

 

 

 

 

 За мирот (21.03.2009)

 

 

 

Сите сакаат да имаат мир, но не знаат како да го достигнат. Паисиј Велики се

гневел и барал од Господ да го избави од гневливоста. Господ му се јавил и му

кажал: „Паисиј, ако сакаш да не се гневиш, ништо не посакувај, никого не осудувај

и не мрази, па нема да се гневиш.” Така секој човек, ако ја сече својата волја пред

Бог и пред луѓето, секогаш ќе биде мирен во душата, а кој сака да ја исполнува

својата волја, тој никогаш нема да биде мирен.

Душата којашто ѝ се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и

секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бог: „Господи, Ти

ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да

трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и

душата ја чувствува Божјата помош, и се радува пред Бог и Му благодари.

Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: „Господ го гледа моето срце, и ако

Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.” И така, твојата душа

секогаш ќе биде во мир. А ако некој ропта: „Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој

никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли.

 

Page 163: Од Преданието на светите Отци

 

Апостолите ѝ беа целосно предадени на волјата Божја. Со тоа се чува мирот. Така и

сите свети, големи луѓе ги трпеа сите неволји, предавајќи ѝ се на волјата Божја.

 

Господ нè љуби. И затоа од ништо не треба да се плашиме, освен од гревот. Затоа

што заради гревот се губи благодатта, а без благодатта Божја непријателот ја

прогонува душата како ветар што го гони сувиот лист или чадот. Треба секогаш да

се сеќаваме на тоа дека демоните паднаа заради гордоста. И секогаш се трудат и

нас да нè повлечат на тој пат, и многумина ги излажале. А Господ рече: „Научете се

од мене на кроткост и смирение, и ќе најдете покој за душите ваши.”

О, Милостив Господи, дарувај ни го Твојот мир, како што им го даде на Светите

Апостоли: „Мирот Свој ви го давам.”

Господи, дај ни и нам да се насладиме од Твојот мир. Светите Апостоли го добија

Твојот мир и го излеаја врз сиот свет. И спасувајќи го народот, не го губеа мирот, и

тој не се намалуваше во нив.

Слава Му на Господ и на Неговото милосрдие, што Он многу нè љуби, и ни го дава

Својот мир, и благодатта на Светиот Дух.

 

Како да го сочуваме душевниот мир среде соблазните на нашето време?

Судејќи според Писмото, и според карактерот на денешниот народ, ние живееме во

последните времиња. Затоа, треба да го сочуваме душевниот мир без кој не

можеме да се спасиме, како што кажа големиот молитвеник на руската земја,

преподобниот Серафим. За време на животот на преподобниот Серафим, заради

неговите молитви, Господ ја чувал Русија. По него имаше и друг столб, кој досегал

од земјата до небото, отец Јован Кронштатски. Ќе се задржиме на него, тој е од

нашето време, и ние го видовме како се моли. Тогаш кога другите не ги видовме.

Се сеќавам, по Литургија, кога му ја дадоа запрежната кола, тој сакаше да седне,

го окружи народ барајќи благослов. И во толкава гужва, неговата душа непрестано

пребиваше во Бог, и тој не се расејуваше и не го губеше душевниот мир. Се

прашуваме како го постигнал тоа?

 

Тој го достигнал тоа и не се расејувал, затоа што го љубел народот, и не

престанувал да Му се моли на Господ за него:

„Господи, дарувај им го Твојот мир на Твоите луѓе.”

„Господи, дарувај им Го на Твоите слуги Твојот Свет Дух, за Он да ги стопли

нивните срца со Твојата љубов, и да ги упати кон секоја вистина и секое добро.”

„Господи, сакам Твојот мир да биде во сиот Твој народ, кого Ти го возљуби до крај,

Page 164: Од Преданието на светите Отци

 

и го даде Својот Единороден Син за да го спасиш светот.”

Господи, дарувај им ја Твојата благодат, за да Те познаат во мирот и во љубовта, и

да Те возљубат. И да речат како и Апостолите на Тавор: „Добро ни е Господи, да

бидеме со Тебе”.

Така непрестано молејќи се за народот, тој го сочувал духовниот мир. Ние, пак, го

губиме, затоа што во нас нема љубов спрема народот. Светите Апостоли и сите

Светии сакаа да се спаси народот и пребивајќи меѓу луѓето, огнено се молеа за

нив. Светиот Дух им ја даваше силата да го љубат народот.Ако и ние, не го љубиме

братот, не можеме да го имаме мирот.

Секој нека размисли за тоа.

Слава Му на Господ, што не нè остави сираци, но ни го даде Светиот Дух на

земјата. Светиот Дух ја учи душата на неискажлива љубов кон народот и ја учи да

ги сожалува сите заблудени. Господ се сожали на заблудените и го прати Својот

Единороден Син да ги спаси. И Светиот Дух нè учи, исто така, да ги сожалуваме

заблудените, коишто одат во пеколот. Оној што не го стекнал Светиот Дух, не сака

да се моли за непријателите.

Преподобен Паисиј Велики се молел за својот ученик, кој се откажал од Христос, и

за време на молитвата му се јавил Господ и му кажал: „Паисиј, за кого се молиш?

Па тој се откажа од Мене!” Но, Преподобниот продолжил да го сожалува својот

ученик. И тогаш, Господ му кажал: „Паисиј, ти ми се вподоби Мене во љубовта.”

Така, се стекнува мирот, и освен овој, не постои друг пат.

Ако некој многу се моли и пости, но нема љубов кон непријателите, тој не може да

има душевен мир. Јас не би можел да зборувам за тоа, ако Светиот Дух не ме

научеше на љубовта.

 

Грешната душа, поробена од страстите, не може да го има мирот и да се радува во

Господ, дури и да ги има сите земни богатства, дури и да царува над сиот свет.

Кога, на таквиот цар, кој се весели со своите кнезови и кој седи на престолот во

сета своја слава, би му кажале: „Цару, ти сега ќе умреш,” тогаш, неговата душа ќе

се возмути и ќе затрепери од страв, и тој ќе ја види својата немоќ.

А колку многи има бедни, кои се богати само со љубовта кон Бог, и коишто, ако

некој им рече: „Ти ќе умреш сега”, мирно ќе одговорат: „Нека биде волјата

Господова. Слава Му на Господ, што Си спомна за мене, и што сака да ме земе таму

каде што прв влезе разбојникот”.

Има бедни коишто не се плашат од смртта, туку мирно ја чекаат, како и

Праведниот Симеон, кој ја испеал песната: „Сега го отпушташ Твојот слуга со мир,

Page 165: Од Преданието на светите Отци

 

Владико, според зборовите Твои.”

Каков мир имаше во душата Праведниот Симеон, можат да разберат само тие кои

во својата душа го носат мирот Божји. Или барем некогаш го почувствуваа. За тој

мир Господ им кажа на Своите ученици: „Мирот Свој ви го давам”. Кој го има тој

мир, тој мирно преминува во вечниот живот и вели:

“Слава Ти, Господи, што сега и јас доаѓам при Тебе и вечно во мирот и во љубовта

ќе Го гледам Твоето Лице. Твојот тивок, кроток поглед ја привлече мојата душа да

тагува по Тебе.”

 

Братот треба да го вразумуваме, но со љубов. Мирот се губи ако душата се

возгордее, или се вознесе над братот, или ако некого осуди, или ако го вразумува

братот, но не кротко и без љубов. Ако многу јадеме, или ако се молиме со мрза, за

сето ова се губи мирот.

Но, ако се навикнеме да се молиме усрдно за непријателите, и да ги љубиме, тогаш

мирот секогаш ќе пребива во нашите души. А ако го мразиме братот, или го

осудуваме, тогаш нашиот ум ќе се помрачи и ние ќе го загубиме мирот и смелоста

пред Бога.

 

Свети Силуан Атонски

 

 

 

Page 166: Од Преданието на светите Отци

 

   

 

Page 167: Од Преданието на светите Отци

 

 

 

 

 

 

Page 168: Од Преданието на светите Отци