17
СОДРЖИНА: Стр. 1. Јаболка.................................................. ...................................1 2.Праска................................................. .......................................2 3.Цреша.................................................. .......................................3 4.Кајсија................................................ .........................................4 5.Јагода................................................. ........................................5 6.Вишна.................................................. .......................................6 7.Малина................................................. .......................................7 8.Капина................................................. .........................................8 9.Рибизла................................................ ........................................9 10.Дуња.................................................. ........................................10 11.Извори................................................ .......................................11

Проект информатика

  • Upload
    -

  • View
    205

  • Download
    6

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Проект информатика

СОДРЖИНА:

Стр.1. Јаболка.....................................................................................1

2.Праска........................................................................................2

3.Цреша.........................................................................................3

4.Кајсија.........................................................................................4

5.Јагода.........................................................................................5

6.Вишна.........................................................................................6

7.Малина........................................................................................7

8.Капина..........................................................................................8

9.Рибизла........................................................................................9

10.Дуња..........................................................................................10

11.Извори.......................................................................................11

Page 2: Проект информатика

Јаболка

Јаболкото е средноевропско овошје кое најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Тоа се одгледува на големи плантажи, при што се користи современа механизација. Најпознати видови јаболко се канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко се Франција, Германија,САД, Кина, Австралија и др.

Најмалку 55 милиони тони на јаболка биле произведени во светот во 2005, со вредност од околу 10 милијрди долари. Кина произвела две третини од вкупната количина. ВоМакедонија во 2010 година биле произведени 121 383 тони јаболка. 

Преспанска јаболка

 Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.

Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.

Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на  индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет.

Page 3: Проект информатика

Праска

Праската е средноевропско овошје кое многу се употребува во исхраната на луѓето. Таа најмногу се употребува свежа, а во последно време се прават и голем број сокови од праска. Најголеми количестав праски се произведуваат во Европа, потоа во Северна Америка и Јужна Америка и на други места.

Нектарина

Потекнува од Соединетите Американски Држави. Созрева во третата декада на јули. Плодот е крупен до 150 гр, издолжено овален. Основна боја на покожицата е жолто - портокалова покриена со црвенило до 90%. Месото е жолто - портокалево, цврсто, вкусно, ароматично и лесно се одвојува од коската.

Санкрес

Потекнува од Калифорнија. Созрева во почеток на август. Овошката е бујна и родна. Плодот е крупен до 220 гр, топчесто колачеста форма, со жолта основна боја покриена со интензивно црвенило. Месото е жолто, сочно, вкусно, со црвенило околу коската. Месото лесно се одвојува од коската. Плодовите се отпорни на манипулација и транспорт.

Page 4: Проект информатика

Цреша

Црешата потекнува од Мала Азија од каде е пренесена прво во Европа а понатаму во други делови на Светот. Стопанското значење на црешата се огледа во тоа што многу едноставно се одгледува, живее доста долго, рано прородува, плодовите рано созреваат и се многу ценети на пазарот, а покрај сето тоа раѓа редовно и обилно секоја година. Негативно за оваа култура е тоа што поради висината на овошките тешко се бере. Денес ова негативност е отстранета со калемење на слабо бујни подлоги, а овошките се формираат со ниска круна така да плодовите може да се берат од земја.

Стела

Потекнува од Канада. Ова е прва самоплодна сорта цреши. Созрена кон крајот на 4-та недела на црешите. Плодовите се крупни просечно од 7 до 8 гр, со карактеристична издолжена срцеста форма. Бојата на покожицата е темо црвена и многу привлечна. Месото е цврсто, рскаво, сочно и фино. Вкусот е слатко накисел со пријатна арома. Одлична сорта за свежа конзумација и за преработка.

Старк харди џајн

Потекнува од Соединетите Американски Држави. Созрева во 4-та недела на црешите (средно доцни цреши), од 3 до 4 дена после ван. Плодот е доста крупен просечна тежина му е околу 8 гр, со издолжено срцеста форма. Покожицата е со црвена (рубин) боја. Месото е рскаво, слатко накисело, со пријатна арома и со добар квалитет.

Page 5: Проект информатика

Кајсија

Кајсијата има големо стопанско значење, но не толку како праската, бидејќи кајсијата има понесигурен принос, има кус период на берба, ограничени можности за одгледување, во прв ред од аспект на климатските фактори. Имено таа бара потопла клима за нејзино успешно одгледување. Кајсијата има релативно кратко зимско мирување и поради тоа зимските и пролетните температурни амплитуди го загрозуваат нивното производство, односмо многу често се случува измрзнување на цутните пупки, цветовите и заврзаните плодови. Поради тоа производството на кајсија главно е лоцирано во земји со континентална и медитеранска клима. Во Светот се произведуваат над 3 милиони тони, додека кај нас производството на кајсии е многу мало и според статистиката тоа изнесува околу 1000 тони годишно. Роксана

Потекнува од Авганистан. Созрева неколку дена по унгарската кајсија, во прва декада на јули. Плодот е крупен и може да достигне тежина од над 70 гр, е со тркалезно издолжена форма. Покожицата е портокалево жолта а од сончевата страна може да биде прекриена со црвенило. Месото е портокалево, цврсто, многу сочно, слатко накисело, и многу лесно се одвојува од коската. Толерантна е кон шарка на сливата, а не е многу осетлива на болести, што се смета за предност.

Крупна скопјанка

Пронајдена е случајно во насад во Скопје, Република Македонија. Созрева во првата деката од јули, на 2 до 3 дена после роксана. Плодовите се крупни, може да достигнат тежина и до 90 гр, и се со тркалезно издолжена форма. Покожицата е портокалово жолта, со благо црвенило од сончевата страна. Месото е портокалово, цврсто, сочно, слатко накисело, многу квалитетно,лесно се одвојува од коската. Може да се користи за свежа конзумација и за преработка, но и за сушење. Доста е отпорна на ниски температури.

Page 6: Проект информатика

Јагода

Јагодата е стопански најзначаен овошен вид од групата на јагодестото овошје. Во умерената и умерено-континенталната климатска зона таа завзема значајно место во овоштарската практика. Во Светот јагодата се одгледува на над 300 илјади хектари, а вкупното производство во последните години се движи околу 2.5 милиони тони. Производството и конзумацијата на јагоди постојано се зголемуваат. Големиот интерес за оваа ценета култура се должи не само на хранителната вредност и одличниот вкус туку и на фактот што на пазарот се јавува во период кога нема друго свежо овошје. Зголемување на производството се должи не само на зголемување на површините туку и на зголемување на приносот по единица површина што доаѓа како резултат на интензивирањето и внесување на нови технологии во процесот на призводството. Голем дел во тој однос паѓа на производството на јагоди во затворени простории особено на одгледувањето во полиетиленски тунели и пластеници.

Зенга Зенгана

Потекнува од Германија. Спаѓа во групата на подоцни сорти. Плодот е средно крупен, а во подоцните берби плодовите се намалуваат. Има конусна форма, темно црвена боја. Месото е цврсто и сочно, слатко накисело и ароматично. Сокот на плодот е интензивно обоен. Во плодот нема внатрешна шуплина. Чашката лесно се одвојува од плодот. Одлично поднесува транспорт и манипулација. Не е многу погоден за свежа употреба, а е одличен за смрзнување и преработка. Смрзнатите плодови од оваа сорта масовно се користат во Западна Европа. Формира голем број на соцветија и цветови, па поради тоа плодовите често остануваат ситни. Цвета средно доцна, а цветовите се осетливи кон доцните пролетни мразеви. Ова е една од најродните сорти јагоди. Одпорна е на суша, пепелница на листовите и црвенкаста срж на коренот. Средно е осетлива на дамкавост на листовите, а осетлива е на сивото гниење. Поради поголемиот број на позитивни особини препорачливо е оваа сорта помасовно да се одгледува особено на производство на плодови за замрзнување.

Page 7: Проект информатика

Вишна

Вишната спаѓа меѓу најстарите овошни видови кои човекот одамна ги користи. Најголем производител на вишна е европскиот континент. Овој овошен вид најдобри резултати постига во поднебје со умерено континентална клима. Плодовите од вишна имаат голема технолошка вредност и како такви претставуваат погодна сировина за индустриска преработка на сокови, компоти, ракија, слатко, замрзнување, сушење и кондиторски производи.

Облачинска вишна

Потекнува од популациите на вишни од с. Облачина - Србија. Главно е раширена на Балканскиот полуостров. Ова е економски најзначајна сорта на вишни кај нас и во соседните земји. За неа се повеќе се интересираат и современите овоштарски земји во Светот. Плодовите се од средно ситни до средно крупни од 2.5 до 3.5 гр, а од наше искуство и проучување во современи насади и при интензивна агротехника може да имаат просечна маса од 4 до 4.5 гр. На една овошка плодовите имаат доста изедначена големина. Формата им е од округла до малку сплескана. Имаат здрава покожица, интензивно темно црвено обоена. Месото е цврсто, збиено со обоен сок. Имаат пријата арома и накисел вкус. Квалитетот е на многу високо ниво. Има околу 17% растворливи суви материи, 1.8% вкупно киселини и 0.52% минерални материи. Коската е ситна од 0.2 до 0.4 гр, а лесно се одвојува од месото. Рандманот е висок, се движи од 88 до 93%. Покрупните плодови имаат повисок рандман.

Page 8: Проект информатика

Малина

Малината е фино овошје со инзвореден вкус и арома, со висока хранлива, диетална и лековита вредност. Непостои човек за кој малината не е корисно овошје. Плодовите од малини се инзвонредна сировина за преработка. Малината е овошје со голем асортиман на преработки, а замрзнатите плодови можат да се употребуваат во текот на целата година. Во последно време плодовите од малина се повеќе се бараат за консумација во свежа состојба во текот на подолг период од годината. Малината после јагодата има најголемо стопанско значење во групата на јагодесто овошје. Светското производство во последните неколку години изнесува околу 350 илјади тона со тенденција за понатамошен пораст. Малината има повеќе предности во однос на другите овошни растенија. Лесно се размножува. Рано започнува со плодоносење - прородува во втората година а полно плодоносење го достига веќе во третата година, на тој начин брзо ги враќа вложените инвестиции. Малината се прилагодува на различни климатски и почвени услови и може да се одгледува и на надморска висина од 1000 до 1200 м.

Виламет

Потекнува од Соединетите Американски Држави. Во производство е од 1943 година. Со зреење започнува средно рано, во средината на јуни, бербата трае нешто повеќе од еден месец. Растението создава голем број вертикални изданоци. Трнчињата по изданоците се многубројни и црвено обоени. Умерено е осетлива кон најважната болест на малината - дидимела. Одлични резултати дава на брановити терени, на надморска висина од 300 до 800 м. Виламет е самооплодна сорта. Плодот е крупен до 4 гр, застапено купаст, цврст, темно црвен, слатко накисел, многу вкусен и ароматичен и многу квалитетен. Плодот е погоден за употреба во свежа состојба, замрзнување и преработка.

Page 9: Проект информатика

Капина

Капината е деликатесно овошје со голема хранлива, диететска, профилактична, лековита и заштита вредност. Плодовите се богати со шеќери, органски киселини, витамини, обоени материи, пектини и минерални состојки. Плодовите можат да се користат за потрошувачка во свежа состојба, за домашна и индустриска преработка, а како замрзната може да се користи во текот на целата година. Капината со своите биолошки и производни карактеристики е доста рентабилна јагодеста овошна култура. Предностите на оваа култура произлегуваат од тоа што: лесно и брзо се размножува, едноставно и лесно се одгледува, брзо почнува да плодоноси (во втората година), а од трета година редовно и обилно раѓа. Вработува многу работна рака особено за берба. Добро успева во планински подрачја со нешто потопла клима. Не е преосетлива кон болести и штетници. Плодовите постигаат висока цена. Производството на капина во Светски рамки изнесува од 150 до 200 илјади тона. Најголем светски производител се Соединетите Американски Држави.

Чачанска бестрна

Создадена е во Чачак, Србија. Од родители dirksen tornles и black saten. Во производство е од 1997 година, а се одгледува во Србија. Созрева средно рано. Почнува да зрее во трета деката на јули, а бербата завршува на крајот на август. Џбунот е доста буен, создава 4 до 6 јаки изданоци без боцки кои при врвот се повиени. Родни гранчиња се формираат по целата должина на изданокот. Не е осетлива на ниски зимски температури. Плодот е крупен до 9 гр, издолжено цилиндричен до заравено купас, сјајно црн, сладок, ароматичен и многу квалитетен. Созрева средно рано, лесно се бере. Плодовите се погодни за свежа консумација а може да се користат и за преработка и замрзнување.

Page 10: Проект информатика

Рибизла

 Рибизлата добро успева во хумидна клима која се карактеризира со свежи лета, со поголемо количество на врнежи и со висока релативна влажност на воздухот. Рибизлите се исто така светлољубливи растенија, но не поднесуваат прејака инсолација. На засенчени места основните гранки често оголуваат поради што се намалува родноста, се намалува квалитетот на плодовите и се скратува животот на растението.      Рибизлите спаѓаат во овошни видови со најголема отпорност на ниски зимски температури. Таа издржува ниски температури и до -30°C. Поради тоа рибизлите се одгледуваат не само во умерено континетална туку и во посурова клима во северните подрачја. На ниска температура се најосетливи едногодишните гранчиња, потоа двогодишните и на крај постарите гранки, а најотпорни се пупките. Длабокото зимско мирување кај рибизлите трае многу кратко, поради што напролет потерува многу рано и при тоа може да настрадаат од повратни ниски температури. Цветовите кај рибизлите издржуваат и до температура од -5°C. Рибизлите се многу осетливи на високи температури во текот на летото поради што може да дојде до спалување на листовите и нивно предвремено опаѓање. Најпогодни реони за одгледување на рибизла се оние со средно летни температури од 17 до 18°C. Во нашата земја вакви температурни услови има на поголеми надморски висини, над 700 м.

Розентал

Оваа сорта на рибизла е создадена од селекционерот Розентал од семенец на сортата боскоп во 1913 година. Во малите насади и по дворовите кај нас оваа сорта е најраширена. Цвета средно рано, созрева многу рано односно во средината на јуни. Џбунот е со средна бујност и со отворена форма. Во џбунот има малку но јаки скелетни гранки. Гроздот е долг, тенок и растресит. Има од 5 до 10 зрна кои созреваат уедначено и се берат во еден наврат. Ако се задоцни со бербата зрнцата брзо паѓаат. Оваа сорта е доста осетлива на доцни пролетни празеви.

Page 11: Проект информатика

Дуња

Дуњата е застапена во Централна Азија, околу Црно Море, Мала Азија, Медитеранот и Атлантикот, се до Скандинавија и Америка. Во приморските места може да се најде со 1000 м надморска висина, а во високо континенталните предели до 600 м. Во Македонија се сретнува и до 900 м надморска висина. Во дива состојба се сретнува во шумите во асоцијација со дабот и буката. Денес, најголеми произведувачи на дуњата се: Португалија, Канада, Франција, СССР и Турција. Кај нас е многу малку раширена, а причина за тоа е што кај нас нема преработувачки капацитети бидејќи оваа култура не е наменета за свежа консумација. Во фармацијата од плодовите се прават сирупи кои имаат лекувачко значење против бронхитис, крварење и оболувања од грип. Дуњата е многу поедноставна во технологијата на одгледувањето во однос на јаболката, крушата и праската. Има многу помали побарувања во однос на заштитата. Тоа го прави производството многу поефтино, но сепак и тоа е овошен вид што го напаѓаат доста болести и штетници. Болесто кои го напаѓаат: ракови, гниење на зарвзоците, кафено гниење, меко гниење, рѓа, кафени дамки и пепелници. Штетници кои го напаѓаат се: рутоба буба, вишнова лисна оса, а најмногу е напаѓан од јаболков црв.

Португалска дуња

Португалската дуња потекнува од Португалија. По форма е многу слична со српската врањска дуња. Плодовите и се крупни од 400 до 800 гр. Оваа сорта има крушковидна форма на плодовите со широки ребра, а со слабо изразен врат или е без него. Лушпата е со лимонесто или златно жолта боја, ретко р’ѓеста кон дршката и има жолтеникава мов. Месото е бледожолто, сочно, слабо рпкаво, со крупни каменести клетки и со добар квалитет.

Португаласка дуња Врањска дуња

Page 12: Проект информатика

ИЗВОРИ:

http://zemjodelie-ovostarstvo.com