5
Примена на нови технологии во наставата по техничко образование Учениците на часот по техничко образование реализираа проблемска задача наречена РОБОТ- ПОШТАР со примена на технологии на 21 век. Целта на оваа задача беше, учениците да учествуваат во еден виртуелен тендер за изработка на модерна урбанизирана населба во која поштата ќе се разнесува со помош на робот. Сл1.Една од населбите изработена од ученици од VI одделение Учениците имаа задача да осмислат и направат една модерна населба во која роботот ќе може непречено и безбедно да ја разнесува поштата. Прво учениците пристапија коно смислување на име на својата група која ќе представува компанија и која ќе учествува на тендерот, а исто така осмислија и и изработија лого кое ќе биде знак на распознавање на нивната компанија.

Примена на нови технологии во наставата по техничко образование-проектна задача :поштар

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Задачата е наменета за ученици од VI одд,

Citation preview

Page 1: Примена на нови технологии во наставата по техничко образование-проектна задача :поштар

Примена на нови технологии во наставата по техничко образование

Учениците на часот по техничко образование реализираа проблемска задача наречена РОБОТ- ПОШТАР со примена на технологии на 21 век.

Целта на оваа задача беше, учениците да учествуваат во еден виртуелен тендер за изработка на модерна урбанизирана населба во која поштата ќе се разнесува со помош на робот.

Сл1.Една од населбите изработена од ученици од VI одделение

Учениците имаа задача да осмислат и направат една модерна населба во која роботот ќе може непречено и безбедно да ја разнесува поштата.

Прво учениците пристапија коно смислување на име на својата група која ќе представува компанија и која ќе учествува на тендерот, а исто така осмислија и и изработија лого кое ќе биде знак на распознавање на нивната компанија.

Сл 2. Изработени лога на компаниите

Следен чекор во оваа проблемска задача беше да изработат скица на населбата врз основа на која, потоа ќе ја изработат населбата.

Page 2: Примена на нови технологии во наставата по техничко образование-проектна задача :поштар

Сл. 3 Учениците ја планираат населбата и изработуваат скица на населбата

Ученикот Германоски Наум од VI a одделение изработи и тродимензионален приказ на населбата користејќи апликативен софтвер за тродимензионално моделирање – Google SketcUP прикажувајќи ја својата идеја во 3Д анимација.

Сл. 4 Тродимензионален приказ на населбата изработeрн со примена на апликативен софтвер-Google SketchUP

Откако учениците завршија со планирањето и изработката на скиците, пристапија кон изработка на населбата, која ја претставија на хамер А0 формат.

Најнапред, ги исцртаа улиците и ги обележаа местата на кои треба да бидат поставени куќите и останатите објекти, им дадоа имиња на улиците и броеви на објектите и смислија име на новата населба врз основа на претходно планираното во скицата.

Сл5. Учениците ги обележуваат улиците и ги поставуваат објектите

После тоа пристапија кон изработка на објектите. Некои од објектите ги имаа изработено претходните часови, а за некои изработија мрежи, врз основа на кои ќе ги изработат објектите, користејќи како материјал за работа хартија и дрво. На секој од објектите поставија поштенско сандаче изработено од хартија.

Page 3: Примена на нови технологии во наставата по техничко образование-проектна задача :поштар

Сл.6 Изработени објекти и поштенски сандачиња

После тоа ги поставија објектите на претходно обележаните места и пристапија кон програмирање на роботот и проверка на координатите за движење (дали роботот ќе може да се движи по нивната населба непречено?). После направените проверки, учениците го програмираа роботот, користејќи апликативен софтвер – Edu Robot 2.0

Сл.7 Ученици ги проверуваат кординатите на движење на роботот и го програмираат роботот со примена на апликативен софтвер- Edu

Robot 2

На крајот учениците извршија презентација на својата изработена населба и го програмирра роботот успешно да се движи по улиците на нивната населба.

Page 4: Примена на нови технологии во наставата по техничко образование-проектна задача :поштар

Сл.8 Движење на роботот низ населбата на претходно зададени координати со помош на софтверот