22
Page 1 Law 28.02.2015 21:09:06 https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D... ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА КОРИСТ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО КРИВИЧНА И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1 I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ Општа одредба Член 1 Со овој закон се уредуваат управувањето, користењето и располагањето со привремено конфискуваниот имот, имотна корист и привремено одземените предмети, како и конфискуваниот имот, имотната корист и одземените предмети со правосилна одлука во кривична и прекршочна постапка и трајно одземените предмети во управна постапка, како и основањето, надлежноста, управувањето, раководењето и други прашања поврзани со работата на Агенцијата за управување со одземен имот (во натамошниот текст: Агенцијата). Значење на изразите во овој закон Член 2 Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење: 1. Одземен имот" се подразбира привремено конфискуваниот имот, имотната корист и привремено одземените предмети и конфискуваниот имот, имотната корист и одземените предмети со правосилна одлука во кривична и прекршочна постапка, како и трајно одземените предмети во управна постапка; 2. „Привремено конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети” се подразбираат наведениот имот, имотна корист и одземени предмети за чија конечна конфискација односно одземање не е донесена правосилна одлука и 3. „Конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети” се подразбираат наведениот имот, имотна корист и предмети конфискувани или одземени со правосилна одлука. 135/2009 122/2010 151/2010 154/2010 164/2010 166/2010 166/2010 172/2010 10/2011 13/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 15/2011 27/2011 27/2011 27/2011 31/2011 31/2011 31/2011 31/2011 31/2011 32/2011 42/2011 42/2011 42/2011 42/2011 Поврзани прописи

Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна Постапка

Citation preview

Page 1: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 1Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СОКОНФИСКУВАН ИМОТ, ИМОТНА

КОРИСТ И ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ВОКРИВИЧНА И ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Општа одредба

Член 1

Со овој закон се уредуваат управувањето, користењето ирасполагањето со привремено конфискуваниот имот, имотнакорист и привремено одземените предмети, како и конфискуваниотимот, имотната корист и одземените предмети со правосилнаодлука во кривична и прекршочна постапка и трајно одземенитепредмети во управна постапка, како и основањето, надлежноста,управувањето, раководењето и други прашања поврзани соработата на Агенцијата за управување со одземен имот (вонатамошниот текст: Агенцијата).

Значење на изразите во овој закон

Член 2

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следновозначење:

1. Одземен имот" се подразбира привремено конфискуваниот имот,имотната корист и привремено одземените предмети иконфискуваниот имот, имотната корист и одземените предмети соправосилна одлука во кривична и прекршочна постапка, како итрајно одземените предмети во управна постапка;

2. „Привремено конфискуван имот, имотна корист и одземенипредмети” се подразбираат наведениот имот, имотна корист иодземени предмети за чија конечна конфискација односноодземање не е донесена правосилна одлука и

3. „Конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети” сеподразбираат наведениот имот, имотна корист и предметиконфискувани или одземени со правосилна одлука.

135/2009122/2010151/2010154/2010164/2010166/2010166/2010172/201010/201113/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201115/201127/201127/201127/201131/201131/201131/201131/201131/201132/201142/201142/201142/201142/2011

Поврзанипрописи

Page 2: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 2Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Начела на Законот

Член 3

При постапувањето и управувањето со одземениот имот сепостапува согласно со начелата на законитост, економичност,ефикасност, трaнспарентност, постапување со внимание на добардомаќин, одговорност, стручност, професионалност и ажурност.

Класифицирани информации

Член 4

Информациите до кои во текот на вршењето на должноста ќедојдат вработените во Агенцијата претставуваат класифицираниинформации со соодветен степен на тајност согласно со прописитеза класифицирани информации.

II. АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕНИМОТ

Статус на Агенцијата

Член 5

Агенцијата има својство на правно лице со права, обврски иодговорности утврдени со овој закон.

Агенцијата има Статут.

Седиштето на Агенцијата е во Скопје.

За својата работа Агенцијата одговара пред Владата на РепубликаМакедонија.

Статус на вработените во Агенцијата

Член 5-а

Вработените во Агенцијата имаат статус на државни службеници.

Вработените во Агенцијата кои вршат помошни и технички работинемаат статус на државни службеници и во однос на нивнитеправа, обврски и одговорности од работниот однос се применуваатодредбите од Законот за работните односи, прописите од областана здравственото, пензиското и инвалидското осигурување иколективен договор.

Делокруг на работа на Агенцијата

Член 6

Агенцијата ги врши следниве работи:- управува со конфискуваниот имот, имотната корист и одземенитепредмети,- со согласност на судот управува со привремено конфискуваниотимот и имотна корист и привремено одземените предмети вокривична постапка, освен одземената дрвна маса согласно закон

44/201144/201150/201150/201150/201171/201179/201179/201179/201179/201179/201179/201180/201180/201180/201180/201180/201183/201183/201183/201192/201192/201192/201192/201192/201193/201195/201195/2011102/2011102/2011102/2011102/2011106/2011106/2011106/2011106/2011106/2011106/2011106/2011106/2011122/2011122/2011122/2011122/2011122/2011122/2011122/2011122/2011137/2011137/2011

Page 3: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 3Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

со цел да се заштити вредноста на имотот согласно со овој закон,- управува со привремено конфискуваниот имот и имотна корист иодземените предмети во прекршочна постапка, освен одземенатадрвна маса согласно закон со цел да се заштити вредноста наимотот согласно со овој закон,- управува со трајно одземени предмети во прекршочна и управнапостапка согласно со закон, освен предметите одземени воданочна постапка,- ја спроведува постапката за извршување на конфискацијата наимот и имотна корист,- го чува и складира одземениот имот,- врши процена,- води евиденција на целокупниот одземен имот,- го продава одземениот имот,- изготвува статистички, финансиски и други извештаи заодземениот имот,- планира, организира и спроведува обука за вработените воАгенцијата и другите субјекти вклучени во постапувањето соодземениот имот,- дава мислења во врска со примената на овој закон и- врши други работи утврдени со закон.

Управниот одбор на Агенцијата со подзаконските акт го пропишуваначинот на водење евиденција на податоци за одземениот имот.

Донесување планови за работа

Член 7

Најдоцна до 1 септември во тековната година Управниот одбор наАгенцијата усвојува план за работа и ревидиран финансиски планна Агенцијата за наредната година.

Едукација и тренинг на вработените

Член 8

Вработените во Агенцијата имаат право и обврска на едукација итренинг во согласност со годишната програма и годишниот планшто го усвојува Управниот одбор на Агенцијата.

Службена легитимација

Член 9

Вработените во Агенцијата имаат службена легитимација која јаиздава и одзема директорот на Агенцијата.

Формата и содржината на образецот на службената легитимација,начинот на нејзиното издавање и одземање со подзаконски акт гопропишува Управниот одбор на Агенцијата.

Поднесување извештај за работа

Член 10

Агенцијата за својата работа изготвува годишен извештај иревидиран финансиски извештај.

137/2011141/2011141/2011141/2011141/2011146/2011146/2011146/2011146/2011146/2011146/2011146/2011146/2011146/2011150/2011153/2011153/2011182/20115/20125/20125/20125/20125/20125/20125/20125/20125/20125/20126/20126/20126/20126/20126/20126/20126/20126/201216/201216/201217/201217/201242/201242/201244/201244/201244/201244/201244/201244/201244/201244/2012

Page 4: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 4Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Извештаите од ставот 1 на овој член ги усвојува Управниот одборпо што се поднесуваат до Владата на Република Македонијанајдоцна до 31 мај наредната година.

Извештаите од ставот 1 на овој член содржат податоци за работатана Агенцијата и податоци за користење, управување ирасполагање со конфискуваниот имот, имотната корист иодземените предмети.

Доставување извештаи до судовите и до јавнотообвинителство

Член 11

На барање на надлежниот суд или друг надлежен орган, Агенцијатаму доставува извештај за постапувањето со конкретниот предмет.

Агенцијата доставува квартални извештаи на органите од ставот 1на овој член за постапувањето по конкретен предмет запривремено конфискуван имот, имотна корист и привременоодземени предмети.

III. ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ ИРАКОВОДЕЊЕ СО АГЕНЦИЈАТА

Органи на Агенцијата

Член 12

Органи на Агенцијата се Управниот одбор и директорот.

Состав на Управниот одбор

Член 13

Со Агенцијата управува Управниот одбор кој е составен од петчлена и тоа Претседател и четири члена.

Именување и разрешување на членови наУправниот одбор

Член 14

Претседателот и Членовите на Управниот одбор ги именува иразрешува Владата на Република Македонија за период од петгодини, без право на повторен избор.

Кога некој член на Управниот одбор ќе престане да ја вршидолжноста пред истекот на мандатот, на негово место се именувадруг член до истекот на мандатот на членот кој се заменува.

Владата на Република Македонија може да го разрешипретседателот или член на Управниот одбор пред истекот намандатот:- на негово барање,- кога му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење напрофесија, дејност или должност на раководно лице воинституцијата,

44/201244/201244/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201245/201246/201248/201249/201249/201251/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201253/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/2012

Page 5: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 5Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

- поради долготрајна тешка болест, која го спречува воизвршувањето на обврските,- ако ја изгуби деловната способност,- доколку се утврди дека при извршување на функцијата сам илизаедно со друг член на Управниот одбор дејствува спротивно наосновните цели на законот, а кое може да се утврди од извештајотна ревизорот за степенот на постигнување на законскитенадлежности на Агенцијата и- поради нестручно, непрофесионално и несовесно извршување нафункцијата претседател или член на Управниот одбор на полето наматеријалното и финансиското работење, констатирано воизвештајот на ревизорот.

Надлежност и начин на работата на Управниотодбор на Агенцијата

Член 15

Управниот одбор на Агенцијата ги врши следниве работи:- донесува Статут на Агенцијата на кој согласност дава Владата наРепублика Македонија,- донесува деловник за работа,- усвојува годишен план и ревидиран финансиски план наАгенцијата,- усвојува годишен извештај и ревидиран финансиски извештај,- усвојува подзаконски прописи за спроведување на овој закон и- други работи утврдени со овој закон и Статутот на Агенцијата.

Управниот одбор работи и одлучува на седници.

Директор на Агенцијата

Член 16

Со Агенцијата раководи директор.

Директорот на Агенцијата го избира и разрешува Владата наРепублика Македонија.

За именување на директор на агенцијата за управување со одземенимот се објавува јавен оглас во најмалку три дневни весници, одкои во еден од весниците што се издаваат на јазикот што гозборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазикразличен од македонскиот јазик кои се издаваат на целататериторија на Република Македонија. 2

Именување на директор

Член 17

3

За директор на Агенцијата може да биде избрано лице кое гиисполнува следниве услови:1) е државјанин на Република Македонија;2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда нему е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршењена професија, дејност или должност;3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен

61/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201261/201262/201262/201262/201262/201262/201262/201252/201262/201262/201262/201262/201262/201262/201262/201262/201262/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201276/201280/2012

Page 6: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 6Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

VII/1 степен;4) има минимум пет години работно искуство од областа на правотоили економијата,5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификатиили уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постарод пет години: 4- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.

Мандат на Директорот

Член 18

Директорот има мандат кој трае пет години.

Разрешување на директорот

Член 19

Директорот на Агенцијата може да биде разрешен пред истекот намандатот во случај:- ако со својата несовесна и неправилна работа предизвиканарушување во вршењето на работите на Агенцијата и причиништета утврдена во постапка согласно со закон,- ако не работи и не постапува според закон, Статутот и актите наАгенцијата, или неоправдано не ги спроведува одлуките наУправниот одбор, или постапува спротивно со нив,- кога му е изречена санкција забрана за вршење на професија,дејност или должност на раководно лице во институцијата,- ако ја изгуби деловната способност,- ако не достави извештај согласно со членот 15 од овој закон,односно ако и по истекот на рокот определен во истиот став не гиотстрани недостатоците и/или во тој рок повторно има недостатоции/или загуби во финансиското работење и- на негово барање.

Работи што ги врши директорот

Член 20

Директорот на Агенцијата ги врши следниве работи:- ја претставува и ја застапува Агенцијата,- ја организира работата и раководи со стручните служби наАгенцијата,- ги извршува одлуките на Управниот одбор,- изготвува и му предлага на Управниот одбор годишен план иревидиран финансиски план,- изготвува и му предлага на Управниот одбор годишен извештај иревидиран финансиски извештај,- изготвува и предлага на Управниот одбор подзаконски прописи заспроведување на овој закон,- ги донесува актите за организација и систематизација наработните места на Агенцијата,- се грижи за законито работење и трошење на финансиските

80/201285/201285/201285/201285/201285/201285/201285/201285/201285/201285/201285/201292/201292/201293/201299/201299/201299/201299/201299/201299/201299/201299/201299/2012104/2012115/2013

Page 7: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 7Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

средства на Агенцијата,- донесува поединечни акти за вработените од областа наработните односи и- одлучува и за други прашања утврдени со овој закон и состатутот на Агенцијата.

Директорот на Агенцијата е должен секои шест месеца дадоставува извештај за работата до Владата на РепубликаМакедонија и до Управниот одбор на Агенцијата.

Овластување за вршење на работи

Член 21

Директорот на Агенцијата може да овласти вработен во Агенцијатада потпишува акти, да решава за определени прашања и да вршидруги работи од надлежност на Агенцијата, освен за акти и работикои во согласност со закон се во исклучива надлежност надиректорот.

Директорот на Агенцијата може во секое време да го одземедаденото овластување од ставот 1 на овој член.

Даденото овластување од ставот 1 на овој член не го спречувадиректорот да ги врши работите.

Утврдување на внатрешна организација

Член 22

Внатрешната организација на Агенцијата се утврдува согласно сонејзиниот делокруг на работа утврден со овој закон.

Статут на Агенцијата

Член 23

Агенцијата има Статут со кој особено се уредуваат:- работите од надлежностите на Агенцијата и начинот на нивнотоизвршување,- надлежностите на Управниот одбор и на директорот,- начинот на избор и разрешување на членовите на Управниотодбор,- меѓународната соработка на Агенцијата и- други прашања од значење за работењето на Агенцијата.

IV. ОДНОСИ НА АГЕНЦИЈАТА СО ДРУГИОРГАНИ

Известување на Агенцијата за привременоодземен имот

Член 24

По донесената одлука на судот или друг орган за привременоодземање на имот, имотна корист или предмети судот или другорган, во рок од два дена, ја известувааат Агенцијата.

Page 8: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 8Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Имотот, имотната корист и предметите од ставот 1 на овој член сепредаваат на Агенцијата во рок од три дена од денот наодземањето.

При преземањето на имотот, имотната корист и предметите одставот 1 на овој член се составува записник кој содржи податоциза видот, количината, состојбата во која се примаат, лицето од коее одземен, како и процена на вредноста утврдена од овластенпроценител и други релевантни податоци за одземениот имот,имотната корист и предметите.

Управниот одбор со подзаконски акт го пропишува образецот назаписникот од ставот 3 на овој член.

Известување на Агенцијата за конфискуваниотимот со правосилна одлука

Член 25

По донесената правосилна одлука на судот или на друг орган сокоја се конфискува имот, имотна корист или се одземаат предметисудот, односно органот задолжително веднаш ја известуваАгенцијата и ги предава конфискуваниот имот, имотната користили предметите доколку претходно не се предадени на Агенцијата.

V. ПОСТАПУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ

Постапување на Агенцијата со одземен имот

Член 26

Со одземениот имот Агенцијата постапува согласно со начелото надобар домаќин и добар стопанственик.

При постапувањето со одземениот имот Агенцијата може да бараизвршување на одредени работи од други специјализирани правнии физички лица за процени за потребите за процена на имотот,негово продавање и слично.

Процена на вредноста на одземениот имот

Член 27

По примањето на имотот, Агенцијата врши процена на неговатапазарна вредност, при што може да користи услуги на овластенипроценители или Бирото за судски вештачења на РепубликаМакедонија.

За висината на проценетата вредност на имотот Агенцијата гоизвестува надлежниот суд, Јавното обвинителство, Државнотоправобранителство, друг надлежен орган и лицето од кое еодземен имотот.

Јавното обвинителство, Државното правобранителство или другазасегната страна може да поднесе приговор за проценетатавредност до органот кој донел одлука за одземање на имотот.

Page 9: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 9Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Извршување на одлука на суд или друг орган заодземање имот

Член 28

Одлуката за одземање имот ја извршува Агенцијата.

Во извршувањето од ставот 1 на овој член Агенцијата може дапобара асистенција од Министерството за внатрешни работи.

Постапување со предмети од историско иуметничко значење

Член 29

Ако привремено се одземени предмети со посебна историска,научна или уметничка вредност, Агенцијата ги предава на чувањево соодветна институција надлежна за чување на овој видпредмети.

По правосилноста на одлуката со која се конфискуваат предметитеод ставот 1 на овој член тие, без надоместок, се отстапуваат насоодветна институција надлежна за чување на овој вид предмети,определена со посебен закон.

Постапување со одземени скапоцени камења иблагородни метали

Член 30

Доколку привремено се одземени скапоцени камења и благородниметали, Агенцијата до правосилноста на одлуката ги предава начување на Народната банка на Република Македонија.

По правосилноста на одлуката Народната банка на РепубликаМакедонија ги враќа на Агенцијата предметите од ставот 1 на овојчлен.

Отстапување на недвижен одземен имот

Член 31

Доколку е одземен недвижен имот со правосилна одлука,Агенцијата ја известува Владата на Република Македонија којаможе да донесе одлука за отстапување на недвижниот имот на другдржавен орган без надоместок, во согласност со закон.

За отстапување на недвижниот имот од ставот 1 на овој членВладата на Република Македонија одлучува во рок од еден месецод денот на известувањето.

Чување на привремено одземен недвижен имот

Член 32

Агенцијата ги презема сите неопходни мерки за чување иодржување на привремено одземениот недвижен имот.

Page 10: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 10Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Трошоците за чување и одржување на имотот од ставот 1 на овојчлен се на товар на Агенцијата.

Управување со одземени хартии од вредност

Член 33

Продажбата и управувањето на одземениот имот со правосилнаодлука кој се состои од хартиии од вредност се врши согласно сопрописите со кои е уреден прометот на хартии од вредност.

Управувањето и располагањето со одземениот имот од ставот 1 наовој член го вршат банки и овластени финансиски институциисогласно со Законот за хартии од вредност.

За продажбата на одземените хартии од вредност Управниот одборна Агенцијата донесува одлука за продажба на хартиите одвредност, по претходна согласност на Владата на РепубликаМакедонија.

Постапка за продажба на одземени предмети

Член 34

Продажбата на одземените предмети се врши со јавно наддавањепо електронски пат.

Продажбата на одземените предметит се објавува најмалку седумдена пред одржувањето на јавното наддавање најмалку во двадневни весници, од кои еден кој се издава на јазикот што гозборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазикразличен од македонскиот јазик, како и на интернет страницата наАгенцијата каде што ќе се презентира и листа со детален опис напредметите што се продаваат.

Продажбата на предметите ја спроведува комисија формирана оддиректорот на Агенцијата.

За продажба на одземени предмети - движни ствари одлукадонесува Управниот одбор на Агенцијата

Продажба под проценета вредност

Член 35

Одземените предмети не можат да се продадат под проценетатавредност согласно со членот 27 од овој закон.

Ако на првото наддавање не е постигната цена во висина напроценетата вредност, Агенцијата ќе определи ново наддавање накое предметите можат да се продадат под проценетата вредност,но не под проценетата цена намалена за една четвртина одпроценетата вредност.

Полагање на цената и преземање на предметите

Член 36

Page 11: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 11Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Купувачот е должен цената да ја уплати во Буџетот на РепубликаМакедонија и предметите да ги преземе веднаш по заклучувањетона наддавањето.

Купувачот станува сопственик на купените предмети.

На купувачот не му припаѓаат правата врз основа на гаранција,поради недостаток на предметите.

Купувач не може да биде осуденото или лицето против кое севодела кривичната или прекршочната постапка, вработените воАгенцијата или друго лице кое службено учествува во постапкатаза продажба.

Продажба на одземена недвижност

Член 37

Врз основа на акт за извршување од судот или органот кој ја донелправосилната одлука за одземање на недвижниот имот, а напредлог на Агенцијата, Владата на Репубилка Македонија донесуваодлука за продажба на одземениот недвижен имот.

Агенцијата, врз основа на одлуката од ставот 1 на овој член,донесува заклучок за продажба на недвижноста со кој сеопределуваат начинот и условите на продажбата, како и времето иместото на продажбата.

Заклучокот за продажба, Агенцијата го објавува во „Службенвесник на Република Македонија“, во најмалку два дневнивесници, од кои еден кој се издава на јазикот што го зборуваатнајмалку 20 % од граѓаните кои зборуваат службен јазик различенод македонскиот јазик и на интернет страницата на Агенцијата.

Продажбата се спроведува во рок од 15 до 30 дена одобјавувањето на заклучокот за продажба во средствата за јавноинформирање.

Продажба по пат на јавно наддавање

Член 38

Продажбата на одземената недвижност се врши со јавнонаддавање по електронски пат.

Јавното наддавање по електронски пат за продажба го спроведувакомисија формирана од директорот на Агенцијата.

Услови за продажба

Член 39

Условите за продажба, покрај другите податоци содржат:1) поблизок опис на одземената недвижност;2) лицето во чија корист постои законско или укнижено право науживање или укнижено право на станување (домување) наконфискуваната недвижност, како и полските и куќнитеслужбености;3) вредноста на недвижноста утврдена согласно со членот 27 одовој закон;

Page 12: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 12Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

4) цена по која недвижноста може да се продаде;5) рок во кој купувачот е должен да ја положи цената;6) начин на продажба;7) износ на гаранција и8) клаузула дека данокот за промет го плаќа купувачот.

Продажбата на недвижноста со јавно наддавање се врши воседиштето на Агенцијата.

Рокот во кој купувачот е должен да ја положи цената не може дабиде подолг од 15 дена од денот на продажбата.

По исклучок, а по претходна согласност од Владата на РепубликаМакедонија, рокот може да биде продолжен најмногу до тримесеца.

Полагање гаранција

Член 40

Во јавното наддавање можат да учествуваат само лица коипретходно положиле гаранција.

Гаранцијата изнесува една десеттина од утврдената вредност наодземената недвижност.

На понудувачите чија понуда не е прифатена, гаранцијата им севраќа веднаш по заклучувањето на јавното наддавање.

Повторување на јавното наддавање

Член 41

Јавното наддавање нема да се одржи доколку присуствува самоеден понудувач.

Во случај од ставот 1 на овој член Агенцијата во рок од 30 деназакажува ново јавно наддавање.

Субјекти кои не можат да учествуваат на јавнотонаддавање

Член 42

Купувачи не можат да бидат вработените во Агенцијата или другилица кои службено учествуваат во постапката за продажба, како иосуденото или лицето против кое се водела судската илипрекршочната постапка.

Спроведување на јавно наддавање

Член 43

На првото јавно наддавање недвижноста не може да се продадепод утврдената вредност согласно со членот 27 од овој закон.

Ако одземената недвижност не може да се продаде на првото јавнонаддавање, Агенцијата ќе закаже второ јавно наддавање со

Page 13: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 13Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

почетна цена на предметната недвижност намалена за едначетвртина од проценетата вредност.

Од првото до второто јавно наддавање мора да изминат најмалку15 дена, но не повеќе од 30 дена.

Ако одземената недвижност не може да се продаде и на второтојавно надавање Агенцијата ќе закаже трето јавно наддавање попретходно добиена согласност од Владата на РепубликаМакедонија, со почетна цена на предметната недвижност намаленаза една четвртина од проценетата вредност.

Од второто до третото јавно наддавање мора да изминат најмалку15 дена , но не повеќе од 45 дена

Откако ќе утврди дека се исполнети условите за одржување најавното наддавање, претседателот на Комисијата која госпроведува јавното наддавање пристапува кон наддавање.

Наддавањето се заклучува по истекот на три минути непосредно поистакнувањето на најповолната понуда.

По заклученото наддавање претседателот на Комисијатаконстатира кој понудувач понудил најдобра цена и дека на тојпонудувач му се продава недвижноста.

За продажба на недвижноста Комисијата изготвува записник идонесува заклучок за продажба кој го доставува до сите учесницина наддавањето.

Против заклучокот од ставот 9 на овој член дозволена е тужба заповедување управен спор пред Управниот суд во рок од 15 дена одприемот на заклучокот.

Поднесената тужба не го задржува спроведувањето на заклучокотза продажба.

По уплатата на цената на недвижноста, Агенцијата во рок од тридена донесува заклучок за извршената продажба кој претставуваправна основа за стекнување на правото на сопственост.

Агенцијата ќе донесе заклучок за продавање на недвижноста,откако ќе утврди дека се исполнети условите за полноважност напродажбата.

Заклучокот за продавање на недвижноста се доставува до сителица до кои се доставува заклучокот за продажбата, до купувачоти до сите учесници во наддавањето во рок од осум дена оддонесувањето.

Полагање на цената

Член 44

Купувачот е должен да ја положи цената во рокот утврден вочленот 39 од овој закон.

Доколку купувачот во определениот рок не ја положи цената,Агенцијата со заклучок ќе ја огласи продажбата како неважечка иќе определи нова продажба.

Page 14: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 14Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Од положената гаранција ќе се намират трошоците на новатапродажба.

Предавање во владение на недвижноста

Член 45

По уплатата на цената од страна на купувачот, во рок од осумдена, Агенцијата донесува заклучок за предавање на недвижноставо владение на купувачот.

Заклучокот се доставува до сите лица до кои се доставувазаклучокот за продажба на недвижноста.

Недвижности кои не се продале и по второтојавно наддавање

Член 46

За недвижностите кои не можат да се продадат и на второто јавнонаддавање Агенцијата доставува барање до Владата на РепубликаМакедонија за согласност за продажба на недвижните ствари натрето јавно наддавање.

Во случај Владата на Република Македонија да не даде согласностза продажба на недвижните ствари на трето јавно наддавање одстав 1 на овај член , на предлог на Агенцијата Владата наРепублика Македонија донесува одлука за користење нанедвижните ствари на државни органи, фондови, агенции,дирекции, јавни установи, независни регулаторни тела основаниод Република Македонија, трговски друштва основани одРепублика Македонија и други основани од Република Македонија,како и на единиците на локалната самоуправа

Продажба на одземен удел

Член 47

По приемот на правосилната одлука за одземање на уделиАгенцијата ќе го запише уделот во Книгата на удели и Трговскиотрегистар.

Продажба на удели се врши согласно со одредбите за продажба наподвижни ствари согласно со одредбите на овој закон.

Продажба и отстапување на привремено одземенимот

Член 48

Привремено одземен недвижен имот не може да биде предмет напродажба.

Агенцијата со добиена претходна согласност на судот кој ја донелодлуката за привремено одземање во кривична постапка ќе донесеодлука за продажба или отстапување на привремено одземенподвижен имот во кривична постапка доколку процени дека сочувањето на имотот се намалува неговата вредност или трошоцитеза негово чување се несразмерно големи. Барањето за претходна

Page 15: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 15Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

согласност за продажба и отстапување, Агенцијата го доставува досудот кој донел одлука за привремено одземање подвижен имот вокривична постапка во рок од десет дена од денот на известувањетоза привремено одземениот подвижен имот во кривична постапка.

Согласноста за продажба или отстапување на привремено одземенподвижен имот во кривична постапка судот ќе ја донесе во рок од15 дена од денот на поднесувањето на барањето од страна наАгенцијата.

Агенцијата по применото известување од судот или органот којдонел одлука за привремено одземениот подвижен имот вопрекршочна постапка ќе донесе одлука за продажба илиотстапување на привремено одземен подвижен имот вопрекршочна постапка доколку процени дека со чувањето на имототсе намалува неговата вредност или трошоците за негово чување сенесразмерно големи. Одлуката за продажба и отстапување напривремено одземениот имот во прекршочна постапка Агенцијатаја донесува во рок од 15 дена од денот на известувањето запривремено одземениот подвижен имот во прекршочна постапка.

Во случајот од ставовите 2 и 4 на овој член, Агенцијата во рок оддесет дена обезбедува процена на привремено одземениотподвижен имот од страна на овластен проценител или Бирото засудски вештачења.

Уплата на средствата од продажба и отстапувањена привремено одземени предмети

Член 49

Средствата добиени од продажба на привремено одземенипредмети се уплатуваат на посебна приходна сметка на Агенцијата.

Доколку ќе биде донесена правосилна одлука за враќање напредметот кој е продаден, Агенцијата на сопственикот му гиисплаќа средствата добиени од продажбата од посебна приходнасметка на Агенцијата од ставот 1 на овој член.

Доколку ќе биде донесена правосилна одлука за враќање наотстапен привремено одземен предмет согласно со членот 48ставови 2 и 4 од овој закон, Агенцијата на сопственикот му гиисплаќа средствата во висина утврдена со направената проценасогласно со членот 48 став 5 од овој закон.

Продажба на одземен имот со правосилна судскаодлука

Член 50

Агенцијата го продава недвижниот имот и предметите одземени соправосилна одлука веднаш по правосилноста на одлуката, адобиените средства се уплатуваат во Буџетот на РепубликаМакедонија.

Отстапување на привремено одземен имот надржавни органи, здруженија на граѓани и

фондации

Page 16: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 16Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Член 51 5

Агенцијата може одредени предмети како храна, облека, обувки ибезалкохолни пијалаци да ги отстапи без надоместок на државниоргани, јавни установи основани од државата, здруженија награѓани и фондации, согласно со закон за што ја известува Владатана Република Македонија.

Управниот одбор со подзаконски акт го пропишува начинот наотстапување на привремено одземен имот на државни органи,јавни установи основани од државата, здруженија на граѓани ифондации.

Известување за одземени предмети

Член 51-а

Агенцијата за видот на преземените предмети ги известувадржавните органи, фондовите, агенциите, дирекциите, јавнитеустанови, независните регулаторни тела основани од РепубликаМакедонија, трговските друштва основани од РепубликаМакедонија и други основани од Република Македонија, како иединиците на локалната самоуправа во рок од два дена од денот надобиеното известување од страна на судот или органот кој донелодлука за одземање.

Државните органи, фондовите, агенциите, дирекциите, јавнитеустанови, независните регулаторни тела основани од РепубликаМакедонија, трговските друштва основани од РепубликаМакедонија и други основани од Република Македонија, како иединиците на локалната самоуправа своите потреби за предметитеод ставот 1 на овој член ги најавуваат во Агенцијата во рок од тридена од денот на добиеното известување од страна на Агенцијата.

Отстапување на одземени предмети

Член 52

Агенцијата може да отстапи одземени предмети со правосилнапресуда на други државни органи, фондови, агенции, дирекции,јавни установи, независни регулаторни тела основани одРепублика Македонија, трговски друштва основани од РепубликаМакедонија и други основани од Република Македонија, како иединиците на локалната самоуправа, по претходна согласност наВладата на Република Македонија.

Агенцијата може да отстапи привремено одземени предмети за коие добиена согласност согласно со членот 48 став 2 и донесенаодлука од страна на Агенцијата согласно со членот 48 став 4 одовој закон од овој закон на други државни органи, фондови,агенции, дирекции, јавни установи, независни регулаторни телаосновани од Република Македонија, трговски друштва основани одРепублика Македонија и други основани од Република Македонија,како и единиците на локалната самоуправа, по претходнасогласност на Владата на Република Македонија. 6

Трајно одземени подвижни предмети

Page 17: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 17Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Член 52-а

Одредбите од членовите 48,49 и 52 од овој закон ќе се однесуваати на трајно одземени подвижни предмети во прекршочна и управнапостапка согласно со закон.

Ставот 1 на овој член не се применува за одземените предметисогласно со Законот за даночната постапка.

Финансирање и средства за работа

Член 53

Средствата за работа на Агенцијата се обезбедуваат од Буџетот наРепублика Македонија.

VI. ПОСТАПУВАЊЕ СО СТВАРИ НАДВОР ОДПРОМЕТ

Постапување со одземени наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурзори

Член 54

Одземените наркотични дроги, психотропни сустанции ипрекурзори се предаваат на чување во Агенцијата. Доколку воАгенцијата не постојат услови за чување на наркотичните дроги,психотропни сустанции и прекурзори тие се чуваат кај надлежендржавен орган што ги исполнува пропишаните услови за нивночување. При предавањето се составува записник .

Одземените наркотични дроги, психитропни супстанции ипрекурзори се чуваат во посебна просторија.

Трошоците за чување, продажба и уништување на одземенитенаркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори ги сносиАгенцијата.

Владата на Република Македонија со уредба ги уредувастандардите за безбедност и начинот на чување, продажба,уништување на одземените наркотични дроги, психотропнисустанции и прекурзори, како и постапката за нивно отстапувањеза научно-истражувачки цели.

Управниот одбор со подзаконски акт го пропишува образецот назаписникот од ставот 1 на овој член.

Продажба на наркотични дроги, психотропнисупстанци и прекурзори

Член 55

По одлука на судот одземените наркотичните дроги, психотропнисупстанции и прекурзори во постапка пропишана со овој закон,можат да се продадат на трговски друштва со посебно одобрениена надлежен орган за промет и производство на лекови.

Page 18: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 18Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

При формирањето на комисијата за продажба на наркотичнитедроги, психотропни супстанции и прекурзори директорот наАгенцијата во Комисијата именува и член од Бирото за лекови ворамките на Министерството за здравство.

Отстапување на наркотични дроги, психотропнисупстанции и прекурзори за научни истражувања

Член 56

Заради потребите за едукација и оспособување судот може дадонесе одлука примерок од одземените наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурзори да биде отстапен насоодветна институција која врши научни истражувања.

Уништување на наркотични дроги, психотропнисупстанции и прекурзори

Член 57

Одлука за уништување на одземени наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурзори донесува надлежниот суд.

Одземените наркотични дроги, психотропни супстанции ипрекурзори се уништуваат од комисија формирана од министеротза правда.

Комисијата од ставот 2 на овој член е составена од пет члена коисе претставници од судот, јавното обвинителство, Министерствотоза правда, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата.

Уништувањето на одземените наркотични дроги, психотропнисупстанции и прекурзори се изведува со палење во објект солиценца за палење на опасни материи.

За спроведеното уништување комисијата го известува надлежниотсуд кој ја донел одлуката за уништување.

Постапување со одземено оружје, муниција иекплозивен материјал

Член 58

Оружјето, муницијата и експлозивниот материјал одземени вокривична или прекршочна постапка се предаваат на Агенцијата.Доколку Агенцијата нема услови за нивно чување, се чуваат воМинистерството за внатрешни работи и Министерството заодбрана.

Оружјето, муницијата и експлозивниот материјал чие набавување езабрането со закон, се уништува од комисијата од членот 57 наовој закон во објект што поседува соодветни услови за таа намена.

Исправното оружје, согласно со закон, со претходна согласност наВладата на Република Македонија може да биде отстапено безнадоместок на судската полиција, Министерството за внатрешниработи, Министертвото за одбрана, Армијата на РепубликаМакедонија, Управата за извршување на санкции, Финансиската

Page 19: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 19Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

полиција и други органи кои со закон имаат право да користаторужје.

Исправното оружје, муниција и експлозивен материјал согласно созакон можат да се продадат по пат на јавно наддавање во постапкапропишана со овој закон на правни лица што се занимаваат сопромет на оружје и муниција и на физички лица кои имаатодобрение за набавување на оружје.

Уништување на друг одземен имот

Член 59

Одземениот друг имот кој не може да се продаде порадиздравствени, ветеринарни, фитосанитарни, безбедносни и другипричини се уништува од комисијата од членот 57 на овој закон.

Одземените тутунски, алкохолни и други производи за кои непостои декларација или доколку се фалсификати задолжително сеуништуваат.

VI-а НАДЗОР

Член 59-а

Надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон вршиДржавниот управен инспекторат.

VI-б ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 59-б

Глоба во износ од 7.500 до 15.000 евра во денарскапротиввредност ќе му се изрече на одговорното лице во органотако постапи спротивно на членот 48 ставови 2, 3 и 4 од овој закон.

Глоба во износ од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредностќе му се изрече на службеното лице во органот ако постаписпротивно на членот 48 ставови 2, 3 и 4 од овој закон.

Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредностќе му се изрече на државниот службеник или службеното лице воорганот ако постапи спротивно на членот 48 ставови 2, 3 и 4 одовој закон.

Член 59-в

Прекршочни постапки ќе води и прекршочни санкции ќе изреченадлежен суд.

VII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 60

Владата на Република Македонија во рок од три месеца од денот навлегувањето во сила на овој закон го именува Упрвниот oдбор идиректорот на Агенцијата.

Page 20: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 20Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Член 61

Подзаконските акти чие донесување е предвидено со одредбите наовој закон, ќе се донесат во рок од шест месеца од денот навлегувањето во сила на овој закон.

Член 62

Во рок од шест месеца од денот на почнувањето со работа наАгенцијата, судовите и другите органи ја известуваат запривремено одземениот имот.

Во рок од шест месеца од денот на почнувањето со работа наАгенцијата, судовите и другите органи ја известуваат заодземениот имот со правосилна одлука којшто не е продаден илиотстапен и согласно со одредбите од овој закон го предаваат науправување на Агенцијата.

Член 63

Одредбите од други закони и подзаконските акти кои ја регулираатматеријата за управување со конфискуван имот, имотна корист иодземени предмети во кривична и прекршочна постапка ќе сеусогласат со одредбите од овој закон заклучно со 31 декември2008 година.

Член 64

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во„Службен весник на Република Македонија”, а ќе започне да сеприменува од 1 јануари 2009 година.

ОДРЕДБИ ОД ДРУГИ ЗАКОНИЗакон за изменување и дополнување на Законот зауправување со конфискуван имот, имотна корист иодземени премети во кривична и прекршочнапостапка („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 145/2010):Член 7Актот за внатрешна организација и актот засистематизација на работните места во Агенцијатаза управување со одземен имот да се усогласат соодредбите од овој закон во рок од еден месец одденот на влегувањето во сила на овој закон.

Закон за изменување и дополнување на Законот зауправување со конфискуван имот, имотна корист иодземени премети во кривична и прекршочнапостапка („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 187/2013):Член 16Државните органи, фондовите, агенциите,дирекциите, јавните установи, независнитерегулаторни тела основани од РепубликаМакедонија, трговските друштва основани одРепублика Македонија и други основани одРепублика Македонија, како и единиците налокалната самоуправа привремено одземените

Page 21: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 21Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

предмети или одземените предмети во кривична ипрекршочна постапка за кои постапката еправосилно завршена во рок од 60 дена од денот навлегувањето во сила на овој закон да го предадатна Агенцијата.Член 17Државните органи, фондовите, агенциите,дирекциите, јавните установи, независнитерегулаторни тела основани од РепубликаМакедонија, трговските друштва основани одРепублика Македонија и други основани одРепублика Македонија, како и единиците налокалната самоуправа кои располагаат со одземенипредмети за кои немаат доказ за сопственост и сечуваат подолго од пет години пред денот навлегувањето во сила на овој закон, се должни сорешение одземените предмети да ги отстапат наАгенцијата.Решението од ставот 1 на овој член треба дасодржи спецификација за секој одземен предмет заопис на видот и количината, индивидуалникарактеристики, фотоалбум и други карактеристикиза поблизок опис на предметот.Предметите од ставот 1 на овој член се предаваатна Агенцијата во рок од 60 дена од денот навлегувањето во сила на овој закон со записник запримопредавање.Член 18За отстапените предмети од членот 17 од овој законАгенцијата врши објава за продажба во рок од 30дена од денот на приемот на решението согласно сочленот 17 став 1 од овој закон.При продажба на отстапените предмети од ставот 1на овој член соодветно се применуваат одредбитекои се однесуваат на продажба на одземенипредмети од Законот за управување соконфискуван имот, имотна корист и одземенипредмети во кривична и прекршочна постапка(„Службен весник на Република Македонија“ број98/2008, 145/10 и 104/13).

Закон за изменување и дополнување на Законот зауправување со конфискуван имот, имотна корист иодземени премети во кривична и прекршочнапостапка („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 43/2014):Член 3Директорот на Агенцијата избран до денот назапочнувањето на примената на овој законпродолжува да ја врши функцијата до истекот намандатот за кој е избран.

Закон за изменување и дополнување на Законот зауправување со конфискуван имот, имотна корист иодземени премети во кривична и прекршочнапостапка („Службен весник на РепубликаМакедонија“ бр. 43/2014):Член 4

Page 22: Закон За Управување Со Конфискуван Имот, Имотна Корист и Одземени Предмети Во Кривична и Прекршочна

Page 22Law

28.02.2015 21:09:06https://www.akademika.com.mk/v1/mk/SimpleLaw-cleared.jsp?uuid=50756-ejst&name=%D0%97%D0%B0%D0%BA%D...

Одредбите од членот 1 од овој закон кои сеоднесуваат на условот за познавање на странскијазик ќе започнат да се применуваат по две годиниод денот на влегувањето во сила на овој закон.Член 5Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот наобјавувањето во „Службен весник на РепубликаМакедонија”, а ќе започне да се применува по еднагодина од денот на влегувањето во сила на овојзакон.

Услови за користење | Заштита на приватноста | | Сите права задржани