13
Големи брзини Изработиле: Ангела Стојаноска Марија Јовановска VIIIБ

Големи брзини

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Големи брзини

Citation preview

Големи брзини

Изработиле: Ангела Стојаноска

Марија Јовановска VIIIБ

Движење

Во физиката, под движење се подразбира постојана промена на местоположбата на едно тело. Промената во движењето е резултат на сила применета врз тоа тело. Движењето најчесто се опишува во рамките на фреквенција, забрзување, поместување и време. Брзината на еден објект не може да се смени доколку на него не се дејствува со некоја сила, факт кој всушност го претставува Првиот Њутнов закон. Импулсот на објектот е директно поврзан со неговата маса и брзина, а вкупниот импулс на сите објекти во еден затворен систем не се менува со текот на времето, факт олицетворен во законот за зачувување на импулсот.

Брзина

Брзината — векторска физичка величина која претставува промена на положбата на материјалната точка во просторот со текот на времето. Со овој збор може да се именува и скаларна величина, поточно модул од производот на радиус-векторот.Во науката исто така се користи поимот брзина во поширока смисла, како брзина на промената на било која величина во зависност од друга. Така на пример, може да се зборува за промена на температурата, брзина на хемиска реакција, групна брзина, брзина на соединувањето, аголна брзина итн. Математички, брзината е извод на функција.

Моментална и средна брзина

Полезно е да се разликува поимот средна брзина на поместувањето од поимот средна брзина на патот, еднаква на односот меѓу патот пројден од точката и времето за кое тој пат бил пројден. За разлика од брзината на поместувањето, средната брзина на патот е скалар.Кога се зборува за средна брзина, за да се прави разлика, брзината опишана според горната дефиниција се нарекува моментна брзина. Така, иако моментната брзина на атлетичарот кој кружи на стадионот, во секој момент од времето е различна од нула, неговата средна брзина од стартот до финишот е еднаква .

Рамномерно праволиниско движење

Рамномерно праволиниско движење е движењето чија траекторија е права,а неговата брзина е константа.Тоа значи дека средната брзина се совпаѓа на моменталната брзина.Математичкиот израз што го дефинира овој вид движење е: x =x0+v*t,каде x е положбата што ја зазема телото во движењето во тој момент, x0 е позицијата што ја заземало телото на почетокот, v е константна брзина што ја има и t е времето за коа се движи.

ФАКТ:Постојат многу малку природни рамномерни праволиниски движења.Можеби

најпознато е движењето на светлината во хомогена средина.

Рамномерно забрзано движење Кај овој вид движење траекторијата исто така е

права,но брзината рамномерно се менува.Тоа значи дека забрзувањето е константно.За да се дефинира ова движење потребни се две математички изрази многу тесно поврзани еден за друг:X=x0+v0*t +1/2*a*t y v= v0+ a*t

v

t

Најбрзиот автомобил на светотНајбрзиот автомобил на светот е автомобилот од марката Бугати кој неодамна ја претставил новата верзија на најдобриот, најбрзиот и најскапиот автомобил на светот – Bugatti Veyron 16.4 Super Sport. Автомобилот има 16 цилиндри, како и обичната верзија, но со дополнителна моќност, односно 200 коњски сили повеќе.Тој може да достигне и до 400км/час,а најголемата негова брзина е 430км/час

Најбрзиот мотор во светот

Lightning LS-218 е мотор со електричен погон. Максималната моќност на електромоторот е 200 коњски сили благодарениа на 12 киловатовите акумулатори.Верзијата со најслабите батерии може да помине до 160 km со едно полнење, а кај верзијата од 20 киловати, километрите се зголемуват до 290. Кај сите верзии максималната брзина е ограничена на 351 km/h.

Користена литература:http://www.wikipedia.org/ иОсновен атлас по физика и хемија