33
ЗАКОН 1 ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ (пречистен - неофицијален текст) 1. Општи одредби 1.1.Предмет Член 1 Со овој Закон се регулираат: 1. Тековните и капиталните трансакции и нивна реализација во вид на плаќања и трансфери меѓу резиденти и нерезиденти, меѓу резиденти ако работат со странски платежни средства или ако предмет на работењето се странските платежни средства и едностран пренос на средства од и во Република Македонија, кои не претставуваат трансакции меѓу резиденти и нерезиденти; и 2. Девизниот надзор и контрола. 1.2. Дефиниции Член 2 Одделни поими употребени во овој Закон го имаат следново значење: Резиденти се: 1) трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште во Република Македонија и нивни претставништва во странство, освен нивни подружници во странство; 2) подружници на странски друштва запишани во трговски регистар во Република Македонија; 3) филијали на странски банки; 4) физички лица кои самостојно вршат дејност како занимање со постојано место на живеење во Република Македонија, и кои не се третираат за трговци според Законот за трговски друштва; 1 Ова претставува неофицијален пречистен текст на Законот за девизното работеење. Неофицијалниот пречистен текст на Законот за девизното работење ги опфаќа: Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.34/01), Законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.49/01), Законот за изменување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.103/01), Законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.51/03), Законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.81/08), Законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.24/11), Законот за дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.135/11) и Законот за изменување и дополнување на Законот за девизно работење („Службен весник на Република Македонија„ бр.188/13).

Закон за девизно работење

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Закон за девизно работењеZakon za devizno rabotenje

Citation preview

Page 1: Закон за девизно работење

ЗАКОН 1

ЗА ДЕВИЗНОТО РАБОТЕЊЕ (пречистен - неофицијален текст)

1. Општи одредби

1.1.Предмет

Член 1

Со овој Закон се регулираат:

1. Тековните и капиталните трансакции и нивна реализација во вид на плаќања и трансфери меѓу резиденти и нерезиденти, меѓу резиденти ако работат со странски платежни средства или ако предмет на работењето се странските платежни средства и едностран пренос на средства од и во Република Македонија, кои не претставуваат трансакции меѓу резиденти и нерезиденти; и

2. Девизниот надзор и контрола.

1.2. Дефиниции

Член 2

Одделни поими употребени во овој Закон го имаат следново значење:

Резиденти се:

1) трговски друштва, трговци поединци и други правни лица со седиште во Република Македонија и нивни претставништва во странство, освен нивни подружници во странство;

2) подружници на странски друштва запишани во трговски регистар во Република Македонија;

3) филијали на странски банки; 4) физички лица кои самостојно вршат дејност како занимање со постојано

место на живеење во Република Македонија, и кои не се третираат за трговци според Законот за трговски друштва;

1 Ова претставува неофицијален пречистен текст на Законот за девизното работеење.

Неофицијалниот пречистен текст на Законот за девизното работење ги опфаќа: Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.34/01), Законот

за изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.49/01), Законот за изменување на Законот за девизното

работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.103/01), Законот за

изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.51/03), Законот за изменување и дополнување на Законот за

девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.81/08), Законот за изменување и дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на

Република Македонија" бр.24/11), Законот за дополнување на Законот за девизното работење ("Службен весник на Република Македонија" бр.135/11) и Законот за

изменување и дополнување на Законот за девизно работење („Службен весник на

Република Македонија„ бр.188/13).

Page 2: Закон за девизно работење

5) физички лица со постојано место на живеење во Република Македонија и лицата кои привремено престојуваат во странство со важечки документ за престој или за работа, за време на нивниот престој во странство;

6) физички лица кои привремено престојуваат во Република Македонија врз основа на важечка виза за престој, односно работна виза во траење од најмалку 6 месеци; и

7) дипломатски, конзуларни и други претставништва на Република Македонија во странство кои се финансираат од буџетот на Република Македонија, како и вработените во тие претставништва и членовите на нивните потесни семејства. Нерезиденти се сите други лица кои не се дефинирани како резиденти. Овластена банка е банка, филијала на странска банка и подружница на

банка која ги исполнува условите за вршење на работи со странство согласно со Законот за банките.

Овластен учесник на пазарот на хартии од вредност се брокерски куќи и

банки кои имаат добиено одобрение за работа согласно со Законот за хартии од вредност.

Странски платежни средства се: девизи, ефективни странски пари,

чекови, кредитни писма и други инструменти за плаќање кои гласат во странска валута и можат да се претвораат во странска валута.

Девизи се монетарни побарувања во странска валута. Ефективни странски пари се парични побарувања во странска валута од

централната банка која ги издала. Чекови, кредитни писма и други инструменти за плаќање кои гласат на

странска валута и може да се претвораат во странска валута се монетарни побарувања од издавачот.

Хартии од вредност се акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции, акции од инвестициските фондови кои работат согласно со закон, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност и други финансиски инструменти кои според Комисијата за хартии од вредност се сметаат за хартии од вредност. Овие хартии од вредност се неограничено преносливи.

Инструменти на пазарот на пари се: благајнички записи, комерцијални записи, државни записи, сертификати за депозити, банкарски акцепти и други хартии од вредност со рок на достасување до 1 година.

Деривативни финансиски инструменти за потребите на овој Закон се договори чија цена директно или индиректно зависи од цената на хартијата од вредност, странската валута, берзанскиот производ или висината на каматната стапка.

Домашни хартии од вредност се хартии од вредност издадени од резиденти. Странски хартии од вредност се хартии од вредност издадени од нерезиденти.

Тековни трансакции се трансакции меѓу резиденти и нерезиденти чија цел не е трансфер на капитал. Плаќањата и трансферите за тековните трансакции вклучуваат:

Page 3: Закон за девизно работење

1. Пристигнати плаќања врз основа на размена на стоки и услуги, како и вообичаените краткорочни банкарски инструменти за плаќање и кредитните инструменти кои се поврзани со размената на стоки и услкуги;

2. Пристигнати плаќања на камата по кредити и на нето доход од други вложувања;

3. Отплата на умерен дел на кредити или амортизација на директни инвестиции; и

4. Умерени дознаки за семејни животни трошоци.

Капитални трансакции се трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти чија цел е трансфер на капитал, како што се:

1) Директни инвестиции; 2) Вложување во недвижност; 3) Работи со хартии од вредност; 4) Трансакции со документи за удел во инвестициони фондови; 5) Кредитни работи; 6) Емства и гаранции; 7) вложување во инвестициско злато; 8) Депозитни работи; и 9) Трансфери кои произлегуваат од осигурување на живот и кредитно

осигурување. Директни инвестиции се вложувања со кои инвеститорот има намера да

воспостави трајна економска поврзаност и/или да оствари право на управување со трговското друштво или другото правно лице во кое инвестира. Како директни инвестиции се сметаат:

1) Основање на трговско друштво или зголемување на основната главнина на трговско друштво во целосна сопственост на инвеститорот, основање подружница или стекнување на целосна сопственост над постоечкото трговско друштво;

2) Учество во новоформирано или веќе постоечко трговско друштво, ако инвеститорот со тоа поседува или се здобива со повеќе од 10% учество во основниот капитал на трговското друштво, односно повеќе од 10% од правото на одлучување;

3) Долгорочен заем со период на достасување од 5 и повеќе години, кога се работи за заем од инвеститорот и кој е наменет за трговско друштво во негова целосна сопственост; и

4) Долгорочен заем со период на достасување од 5 и повеќе години, кога се работи за заем наменет за воспоставување на трајна економска поврзаност и ако е даден меѓу економски поврзани субјекти.

Работи со хартии од вредност, во смисла на овој закон, се трансакции

со хартии од вредност на пазарот на капитал и пазарот на пари, вклучувајќи ги и трансакциите со документите за удел во инвестициските фондови кои не се дефинирани како директни инвестиции. Како работи со хартии од вредност се сметаат:

1) издавање, регистрирање и продавање на домашни хартии од вредност во странство;

2) издавање, регистрирање и продавање на странски хартии од вредност

Page 4: Закон за девизно работење

во Република Македонија;

3) вложување (упис, уплата и купување) на хартии од вредност во странство од страна на резиденти и

4) вложување (упис, уплата и купување) во хартии од вредност во Република Македонија од страна на нерезиденти.

Кредитни работи се трансакции на склучување на договори за кредит

или договори за заем. Емствата и гаранциите согласно со овој Закон се сметаат за кредитни

работи. Комерцијални кредити се кредити непосредно поврзани со

меѓународниот промет на стоки и услуги, при што еден од учесниците е резидент. Како комерцијални кредити се третираат и договорените трговски кредити, како што се одложено плаќање или авансно плаќање и нивното финансирање од страна на банка. Во комерцијални кредити спаѓаат и работи на откуп на побарувања како што се факторинг, форфетинг и слично кога првичната трансакција, заради која побарувањето е настанато, има карактеристики на комерцијален кредит.

Финансиски кредити се сите кредити кои не се дефинирани како

комерцијални кредити. Депозитни работи се трансакции кои произлегуваат од договор за

тековна или депозитна сметка меѓу нерезидент и резидент овластена банка или меѓу резидент и нерезидентна финансиска институција.

Трансфери при извршување на работи на осигурување на живот и

кредитно осигурување се трансакции кои настануваат врз основа на договор за осигурување склучен меѓу нерезидент (осигурувач) и резидент (корисник) и обратно, меѓу резидент (осигурувач) и нерезидент (корисник).

Еднострани трансфери на средства се преноси на средства од странство

во Република Македонија и од Република Македонија во странство, кои не се резултат на тековни или капитални трансакции меѓу резиденти и нерезиденти. Како еднострани трансфери се сметаат:

1) Лични трансфери на средства; и 2) Физички трансфери на средства.

Лични трансфери на средства се преноси на средства од Република

Македонија и во Република Македонија врз основа на: семејни заеми, подароци, мираз, наследства, завештанија, намирување на долгови на доселеник кон матичната земја, пренос на средства на иселеник во странство, игри на среќа и заштеди на вработени лица во Република Македонија кои не се резиденти.

Физички трансфери на средства се преноси на платежни средства, монетарно злато и хартии од вредност од Република Македонија и во Република Македонија.

27.Монетарно злато е златото кое е составен дел на девизните резерви на Република Македонија и има третман на финансиски средства;

Page 5: Закон за девизно работење

28. Инвестициско злато е:

- злато во форма на прачки или плочки со тежина прифатена од пазарите за благородни метали и со финост еднаква или поголема од најмалку 995 промили (илјадити делови), независно дали е обезбедено со хартии од вредност и

- златни монети со финост еднаква или поголема од 900 промили (илјадити делови) што се исковани по 1800 година, кои во земјата на потекло се или биле законски платежни средства и вообичаено се продаваат по цена што не надминува повеќе од 80% од вредноста на златото на слободниот пазар кое е содржано во монетата.

Златните монети продадени заради нумизматички цели нема да се сметаат за инвестициско злато.

2. Трансакции и трансфери

2.1.Трансакции меѓу резиденти и нерезиденти

Член 3

Трансакциите меѓу резиденти и нерезиденти се слободни, освен ако со овој Закон поинаку не е утврдено.

2.2.Трансакции меѓу резиденти

Член 4

Резидентите меѓу себе можат да склучуваат трансакции во странски

платежни средства, како и трансакции чиј предмет е странско платежно средство, само под услови и начин утврдени со овој Закон.

Резидентите можат да имаат странски платежни средства на девизни сметки или како девизни влогови кај банки во Република Македонија, овластени согласно со Законот за банките.

Народната Банка на Република Македонија го утврдува начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки.

Употреба на девизи и други меѓународни мерила за вредност е дозволена само за вредносно изразување на договорите помеѓу резидентите при што валутата на извршување задолжително е денар.

Се забранува наплата или исплата во ефективни странски пари на побарувања меѓу резиденти.

Одредбите од став 1 од овој член не важат при исплата на плати на работници кои работат во странство врз основа на договор со резидент и за повраток на трошоци кои тие ги направиле во странство.

2.3.Еднострани трансфери на средства (промена на статусот

резидент-нерезидент)

Член 5

Резидентите и нерезидентите можат слободно да извршуваат еднострани трансфери на средства од и во Република Македонија, освен ако со овој Закон поинаку не е утврдено.

Page 6: Закон за девизно работење

3. Тековни трансакции

Член 6

Тековните трансакции меѓу резиденти и нерезиденти се слободни.

4. Капитални трансакции

4.1. Директни инвестиции

Директни инвестиции на резиденти во странство

Член 7

Директните инвестиции на резиденти во странство се слободни. Резидентите се должни во рок од 60 дена од денот на склучувањето на

капиталната трансакција која е правна основа за стекнување на директна инвестиција во странство, да го пријават вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Централен регистар на Република Македонија (во натамошниот текст: Централниот регистар).

Централниот регистар врши упис на вложувања на резиденти во странство и на сите натамошни измени на вложувањата кои се сметаат за директни инвестиции на резидент во странство во Регистарот на директни инвестиции на резиденти во странство.

Централниот регистар води Регистар на директни инвестиции на резиденти во странство, за што на резидентите од ставот 2 на овој член им издава потврда за извршен упис и на секоја натамошна измена на директната инвестиција во странство.

Министерот за економија го пропишува начинот на пријавувањето, уписот, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на директни инвестиции на резидентите во странство.

Директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија

Член 8

Директните инвестиции на нерезиденти во Република Македонија се слободни, ако со друг закон поинаку не е уредено.

Резидентите во кои нерезидент има вложување кое се смета за директна инвестиција се должни во рок од 60 дена од денот на склучувањето на капиталната трансакција која е правна основа на стекнување за директна инвестиција во Република Македонија, да го пријават вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Централниот регисар.

Централниот регистар врши упис на вложувања на нерезиденти во Република Македонија и на сите натамошни измени на вложувањата кои се сметаат за директна инвестиција на нерезидент во Република Македонија во Регистарот на директни инвестиции на нерезидент во Република Македонија.

Централниот регистар води Регистар на директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија, за што на резидентите од ставот 2 на овој член им издава потврда за извршениот упис и за секоја натамошна измена на директната инвестиција во Република Македонија.

Page 7: Закон за девизно работење

Министерот за економија го пропишува начинот на пријавувањето, уписот како на формата, содржината и начинот на водење на регистарот на директни инвестиции на нерезиденти во Република Македонија.

Пренос на добивка, повлекување на средства и ликвидација на директната инвестиција

Член 9

Преносот на добивка, преносот на финансиски средства добиени со отуѓување и продажба на сопственички дел во директната инвестиција како и преносот на остатокот од ликвидационата маса е слободен, под услов нерезидентот да ја регистрирал директната инвестиција согласно со овој Закон и да ги намирил сите законски обврски врз основа на даноци и придонеси во Република Македонија.

Право на надоместок

Член 10

Нерезидентот, кој е директен инвеститор има право на надоместок или обештетување, сразмерно на вложениот капитал за настанатата штета, односно загуба од експропријација или поради други мерки на државата кои имаат сличен ефект под услов на стварен и правен реципроцитет.

Ако со друг закон или ратификуван меѓународен договор поинаку е одредено, нерезидентот инвеститор има право да го избере решението кое за него е поповолно.

4.2. Вложување во недвижности

Вложувања на резиденти во недвижности во странство

Член 11

Резидентите не можат да вложуваат во недвижности во странство. Исклучок на став 1 на овој член се дипломатските, конзуларните и

другите претставништва на Република Македонија во странство. Резидентите, кои вложиле средства за стекнување сопственост на

недвижност во странство, се должни во рок од 60 дена од денот на настанување на правната основа за стекнување на недвижноста да го пријават вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Централниот регистар.

Централниот регистар врши упис на средствата вложени во недвижности и на сите натамошни измени на вложувањето во регистарот на вложувања во недвижности на резиденти во странство.

Централниот регистар води регистар на средствата вложени во недвижности на резиденти во странство, за што издава потврда за извршениот упис и за секоја натамошна измена. Податоците од регистарот се користат за статистички цели.

Министерот за финансии го пропишува начинот на пријавувањето, уписот, како и содржината, формата и начинот на водење на регистарот на вложувања на недвижности на резиденти во странство.

Page 8: Закон за девизно работење

Вложување на нерезиденти во недвижности во Република

Македонија

Член 12

Нерезидентите, филијали на странски банки и подружниците на странски трговски друштва во Република Македонија што стекнале сопственост врз недвижности во Република Македонија под услови определени со посебен закон или ратификувани меѓународни договори, се должни во рок од 60 дена од денот на настанување на правната основа за стекнување сопственост на недвижност во Република Македонија да го пријават вложувањето на средствата и сите измени на вложувањето во недвижности во Централниот регистар.

Централниот регистар врши упис на средствата вложени во недвижности и на сите измени на вложувањето во регистарот на вложувања во недвижности на нерезидентите во Република Македонија.

Централниот регистар води регистар на средствата вложени во недвижности на нерезиденти во Република Македонија, за што издава потврда за извршениот упис и за секоја натамошна измена. Податоците од регистарот се користат за статистички цели.

Министерот за финансии го пропишува начинот на пријавувањето, уписот на вложувањето, како и содржината, формата и начинот на водење на регистарот на вложување во недвижности на нерезиденти во Република Македонија.

4.3. Работи со хартии од вредност

Издавање и воведување на домашни хартии од вредност во

странство

Член 13

Резидентите се должни секое издавање или регистрирање на домашни хартии од вредност во странство претходно да го пријават во Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (во натамошниот текст: Комисијата за хартии од вредност).

Резидентите можат да издаваат и регистрираат во странство домашни хартии од вредност и удели од резидентни инвестициски фондови единствено по претходно добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

За издаденото одобрение од став 2 на овој член Комисијата за хартии од вредност е должна да го извести Министерството за финансии.

Обврската за добивање на одобрение од Комисијата за хартии од вредност од став 2 на овој член не се однесува во случај кога овластените банки тргуваат со финансиски деривати во странство.

Комисијата за хартии од вредност ги определува условите и начинот под кои е можно да се добие одобрение за вршење на работите од став 2 на овој член.

Ако резидентот ги исполнува условите од ставот 5 на овој член, по

претходно поднесено барање, Комисијата за хартии од вредност во рок од 30

дена од денот на поднесување на барањето со потребната документација

Page 9: Закон за девизно работење

издава одобрение за издавање и воведување во странство на хартии од

вредност и документи за удел од резидентните инвестициони фондови, односно

доколку не ги исполнува условите, Комисијата за хартии од вредност донесува

решение за одбивање на барањето.

Доколку Комисијата за хартии од вредност не издаде одобрение, односно не

донесе решение за одбивање на барањето за издавање и воведување во

странство на хартии од вредност и документи за удел од резидентните

инвестициони фондови во рокот од ставот 6 на овој член, подносителот на

барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да

поднесе барање до писарницата на претседателот на Комисијата за хартии од

вредност за издавање одобрение.

Формата и содржината на образецот на барањето од ставот 6 на овој член и

на барањето од ставот 7 на овој член ги пропишува Комисијата за хартии од

вредност.

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност е должен во рок од пет

работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот 7 на овој член

до писарницата на претседателот да издаде одобрение или да донесе решение

за одбивање на барањето за издавање и воведување во странство на хартии од

вредност и документи за удел од резидентните инвестициони фондови. Доколку

претседателот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на

седиштето на Комисијата.

Кон барањето од ставот 7 на овој член подносителот доставува и копија од

барањето од ставот 6 на овој член.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не издаде

одобрение или не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот

10 на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот

управен инспекторат во рок од пет работни дена.

Државниот управен испекторат е должен во рок од десет дена од денот на

приемот на известувањето од ставот 11 на овој член да изврши инспекциски

надзор кај Комисијата за хартии од вредност за да утврди дали е спроведена

постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на

извршениот надзор да го информира подносителот на барањето за преземените

мерки.

Инспекторот од Државниот управен испекторат од ставот 12 на овој член по

извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува

претседателот на Комисијата за хартии од вредност во рок од десет дена да

одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за

преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторот и да му достави

примерок од актот со кој е одлучено по барањето.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не одлучи во

рокот од ставот 13 на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување

на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната

инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој

претседателот на Комисијата за хартии од вредност ќе одлучи по поднесеното

барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон

известувањето се доставува копија од актот со кој е одлучено по поднесеното

барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот

на барањето за преземените мерки.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не одлучи и во

дополнителниот рок од ставот 14 на овој член, инспекторот во рок од три

Page 10: Закон за девизно работење

работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок

ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 11 на овој

член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да

поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен

инспекторат. Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во

писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.

Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три

работни дена од денот на приемот да го разгледа приговорот од ставот 16 на

овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од

подносителот на барањето согласно со ставовите 12 и 13 на овој член и/или не

поднел пријава согласно со ставовите 14 и 15 на овој член, ќе поднесе барање

за поведување на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за

управната инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет

работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Комисијата за хартии од

вредност за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок

од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира

подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 17 на

овој член директорот на Државниот управен испекторат ќе поднесе пријава до

надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни дена

ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Во случајот од ставот 18 на овој член директорот на Државниот управен

инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг

инспектор да го спроведе надзорот.

Во случајот од ставот 19 на овој член директорот на Државниот управен

инспекторат во рок од три работни дена го информира подносителот на

барањето за преземените мерки.

Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно

со ставот 17 на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава

до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не одлучи во

рокот од ставот 14 на овој член, подносителот на барањето може да поведе

управен спор пред надлежниот суд.

Постапката пред Управниот суд е итна.

Подзаконскиот акт од ставот 8 на овој член ќе се донесе во рок од 30 дена од

денот на влегувањето во сила на овој закон.

По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 24 на овој член

истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на

Комисијата.

Вложувања на резиденти во хартии од вредност во странство

Член 14

Резидентите можат да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство само преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност (во натамошниот текст: овластен учесник) или преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност.

Овластениот учесник е должен за сите вложувања на резидентите во хартии од вредност во странство, како и за измена на овие вложувања,

Page 11: Закон за девизно работење

вклучувајќи и нивно отуѓување редовно да доставува извештај до Народната Банка на Република Македонија.

Доколку резидентот врши упис, уплатува или тргува со хартии од вредност во странство преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност, е должен да го достави извештајот од ставот 2 на овој член до Народната банка на Република Македонија.

Резидентите освен овластените банки, не можат да купуваат хартии од вредност во странство.

Овластените банки во свое име и за своја сметка можат да купуваат и продават хартии од вредност во странство.

Правото од став 5 на овој член се однесува на хартиите од вредност издадени или гарантирани од влади на држави членки на ОЕЦД и од меѓународни финансиски институции.

Правото од став 5 од овој член се однесува и на други хартии од вредност кои поседуваат инвестициски рејтинг оценет од страна на најмалку една меѓународна рејтинг агенција.

Критериумите за инвестициски рејтинг ќе ги определи Народната Банка на Република Македонија.

По исклучок на став 4 на овој член, Фондот за осигурување на депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестиционите фондови можат да купуваат хартии од вредност во странство согласно со законите кои го регулираат нивното работење.

Издавање и воведување на странски хартии од вредност во Република Македонија

Член 15

За издавање и регистрирање на странски хартии од вредност во Република Македонија потребно е одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност ги определува условите и начинот под кои може да се добие одобрение за издавање, односно за регистрирање на хартии од вредност од ставот 1 на овој член.

Издавање и регистрирање на странски должнички хартии од вредност, со рок на доспевање над три години во Република Македонија не е дозволено.

Ако барателот ги исполнува условите од ставот 2 на овој член, по

претходно поднесено барање, Комисијата за хартии од вредност во рок од 30

дена од денот на поднесување на барањето издава одобрение за издавање и

воведување на странски хартии од вредност во Република Македонија, односно,

доколку не ги исполнува условите, Комисијата за хартии од вредност донесува

решение за одбивање на барањето.

Доколку Комисијата за хартии од вредност не издаде одобрение, односно

не донесе решение за одбивање на барањето за издавање и воведување на

странски хартии од вредност во Република Македонија во рокот од ставот 4 на

овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од

истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на претседателот на

Комисијата за хартии од вредност за издавање одобрение.

Page 12: Закон за девизно работење

Формата и содржината на образецот на барањето од ставот 4 на овој

член и на барањето од ставот 5 на овој член ги пропишува Комисијата за

хартии од вредност.

Кон барањето од ставот 5 на овој член подносителот доставува и копија

од барањето од ставот 4 на овој член.

Претседателот на Комисијата за хартии од вредност е должен во рок од пет

работни дена од денот на поднесувањето на барањето од ставот 5 на овој член

до писарницата на претседателот да издаде одобрение или да донесе решение

за одбивање на барањето за издавање и воведување на странски хартии од

вредност во Република Македонија. Доколку претседателот нема писарница,

барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Комисијата.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не издаде

одобрение или не донесе решение за одбивање на барањето во рокот од ставот

8 на овој член, подносителот на барањето може да го извести Државниот

управен инспекторат во рок од пет работни дена.

Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на

приемот на известувањето од ставот 9 на овој член да изврши надзор кај

Комисијата за хартии од вредност за да утврди дали е спроведена постапката

согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор

да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Инспекторот од Државниот управен инспекторат од ставот 10 на овој член по

извршениот надзор согласно со закон донесува решение со кое го задолжува

претседателот на Комисијата за хартии од вредност во рок од десет дена да

одлучи по поднесеното барање, односно да го уважи или одбие барањето и за

преземените мерки во истиот рок да го извести инспекторот и да му достави

примерок од актот со кој е одлучено по барањето.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не одлучи во

рокот од ставот 11 на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување

на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната

инспекција и ќе определи дополнителен рок од пет работни дена во кој

претседателот на Комисијата за хартии од вредност ќе одлучи по поднесеното

барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон

известувањето се доставува копија од актот со кој е одлучено по поднесеното

барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира

подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не одлучи и во

дополнителниот рок од ставот 12 на овој член, инспекторот во рок од три

работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок

ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 9 на овој член,

подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе

приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат.

Доколку директорот нема писарница, приговорот се поднесува во писарницата

на седиштето на Државниот управен инспекторат.

Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три

работни дена да го разгледа приговорот од ставот 14 на овој член и доколку

утврди дека инспекторот не постапил по известувањето од подносителот на

барањето согласно со ставовите 10 и 11 на овој член и/или не поднел пријава

согласно со ставовите 12 и 13 на овој член, ќе поднесе барање за поведување

на прекршочна постапка за прекршок утврден во Законот за управната

Page 13: Закон за девизно работење

инспекција за инспекторот и ќе определи дополнителен рок од пет работни

дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во Комисијата за хартии од вредност

за да утврди дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од три

работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на

барањето за преземените мерки.

Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 15 на

овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава

до надлежниот јавен обвинител против инспекторот и во рок од три работни

дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.

Во случајот од ставот 16 на овој член директорот на Државниот управен

инспекторат веднаш, а најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг

инспектор да го спроведе надзорот.

Во случајот од ставот 17 на овој член директорот на Државниот управен

инспекторат во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на

барањето за преземените мерки.

Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно

со ставот 15 на овој член, подносителот на барањето може да поднесе пријава

до надлежниот јавен обвинител во рок од осум работни дена.

Доколку претседателот на Комисијата за хартии од вредност не одлучи во

рокот од ставот 12 на овој член, подносителот на барањето може да поведе

управен спор пред надлежениот суд.

Постапката пред Управниот суд е итна.

Подзаконскиот акт од ставот 6 на овој член ќе се донесе во рок од 30 дена од

денот на влегувањето во сила на овој закон.

По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 22 на овој член

истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб страницата на

Комисијата.

Вложување на нерезиденти во хартии од вредност во Република Македонија

Член 16

Нерезидентите можат да упишуваат и да тргуваат со хартии од вредност во Република Македонија само преку овластен учесник.

Овластениот учесник е должен за сите вложувања на нерезидентите во хартии од вредност во Република Македонија, како и за измена на овие вложувања, вклучувајќи и нивно отуѓување редовно да доставува извештај до Народната банка на Република Македонија.

Народната банка на Република Македонија го пропишува начинот и условите за работење на нерезидентите со хартии од вредност во Република Македонија.

Директни инвестиции врз основа на вложување во хартии од вредност

Член 17

Одредбите од членовите 14 и 16 на овој Закон за условите и начинот на вложување во хартии од вредност не се применуваат кога се работи за

Page 14: Закон за девизно работење

вложување на вид на директни инвестиции во смисла на членовите 7 и 8 од овој Закон.

Работи на инвестициони фондови

Член 18

Инвестициските фондови кои се резиденти, односно се основани согласно со Законот за инвестициски фондови можат да издаваат удели на инвестициски фондови, односно да издаваат и регистрираат акции на затворени инвестициски фондови надвор од Република Македонија единствено со претходно одобрение на Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност со подзаконски акт ги определува условите и начинот под кои може да се добие одобрението од ставот 1 на овој член.

Акциите на затворениот инвестициски фонд се издаваат, односно се регистрираат со постапката предвидена во членот 13 од овој закон.

Подзаконскиот акт од ставот 2 од овој член Комисијата за хартии од вредност го објавува во „Службен весник на Република Македонија„.

Член 19

Удели на инвестициски фондови, односно акции на нерезидентни инвестициски фондови може да бидат понудени на продажба во Република Македонија само доколку друштвото за управување со инвестициски фондови има регистрирано подружница на странско друштво за управување со инвестициски фондови во Република Македонија согласно со Законот за инвестициски фондови.

За продажба на удели на инвестициски фондови, односно акции на затворени инвестициски фондови нерезидентните инвестициски фондови мора да добијат одобрение од Комисијата за хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност со подзаконски акт ги определува условите и начинот под кои може да се добие одобрението од ставот 2 на овој член.

Акциите на затворениот инвестициски фонд се издаваат, односно се регистрираат со постапката предвидена во членот 15 од овој закон.

Подзаконскиот акт од ставот 3 на овој член Комисијата за хартии од вредност го објавува во „Службен весник на Република Македонија“

4.4. Кредитни работи

Кредитирање помеѓу резиденти и нерезиденти

Член 20

Овластените банки можат да склучуват кредитни работи со нерезиденти во свое име и за своја сметка или во свое име и за туѓа сметка.

Резидентите, кои не се овластени банки, можат да склучуваат кредитни работи со нерезидентите во свое име и за своја сметка.

Народната банка на Република Македонија го пропишува начинот на евиденција на кредитните трансакции со странство.

Page 15: Закон за девизно работење

Кредитирање меѓу резиденти во странски пари

Член 21

Овластените банки можат на резидентите да им одобруваат кредити во девизи.

Народната банка на Република Македонија ги утврдува условите и начинот под кои резидентите можат да склучуваат кредитни работи во девизи и вршат плаќања врз основа на трансакциите од овој член.

Кредитни трансакции на Република Македонија

Член 22

Република Македонија склучува кредитни работи и издава сопствени хартии од вредност во странство врз основа на Законот за буџетите и други закони.

4.4.-а.Вложување во инвестициско злато

Член 22-а2

Резиденти не смеат да вложуваат и да тргуваат со инвестициско злато во странство.

Вложување и тргување со инвестициско злато во Република Македонија нерезиденти можат да вршат согласно со посебен закон.

4.5. Депозитни работи

Сметки на резиденти во странство

Член 23

Резидентите можат да отвораат и да имаат сметки во странство, освен ако со овој Закон поинаку не е определено.

Народната банка на Република Македонија ги пропишува начинот и условите под кои резидентите кои не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство.

Сметки на нерезиденти

Член 24

Нерезидентите можат да отвараат и да имаат сметки кај овластените банки во странска валута и во денари.

2По истекот на втората етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу

Република Македонија и Европската унија одредбата од членот 22-а став 1 од овој закон ќе престане да важи.

Page 16: Закон за девизно работење

При отворање на сметката, овластената банка задолжително го утврдува идентитетот на нерезидентот.

Народната банка на Република Македонија го пропишува начинот и условите за отворање и водење на сметките од став 1 на овој член.

4.6. Трансфер врз основа на осигурување на живот, и кредитно осигурување

Член 25

Трансферите врз основа на склучени договори за осигурување на живот и кредитно осигурување се вршат само во согласност со законските прописи.

5. Плаќања и трансфери

5.1. Заеднички одредби

Платен промет со странство

Член 26

Платниот промет со странство го вршат банки, овластени од од Народната банка на Република Македонија за вршење на платен промет со странство.

За потребите на Република Македонија платниот промет со странство го врши Народната банка на Република Македонија.

Народната банка на Република Македонија го пропишува начинот за вршење на платниот промет со странство.

Член 26-а

За извршување на платниот промет од член 26 став 2 на овој Закон корисниците и единките корисници на средства од Буџетот на Република Македонија отвораат девизни сметки на начин и под услови утврдени од страната на Владата на Република Македонија.

Готовински плаќања

Член 27

Резидентите кои се трговски друштва, трговци поединци и подружници на странски правни лица во Република Македонија, можат да вршат плаќања и наплати во ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти, на начин и под услови кои ги пропишува Народната банка на Република Македонија.

Резидентите можат да вршат готовинска наплата и плаќања на и од нерезиденти во денари во Република Македонија во согласност со прописите кои го регулираат готовинското работење во домашниот платен промет.

Page 17: Закон за девизно работење

Плаќања и трансфери на средства врз основа на капитални трансакции

Член 28

Реализацијата на плаќања и трансфер на средства, врз основа на капитални трансакции е слободна, доколку се работи за трансакција која е склучена, пријавена и регистрирана во согласност со овој Закон и доколку се намирени сите обврски врз основа на даноци и придонеси спрема Република Македонија.

Како плаќање или трансфер на средства од став 1 на овој член се смета преносот на средства за реализација на капитални трансакции, за остварување на право на инвеститорот врз основа на учество во добивка или остаток на имот, по извршен стечај или ликвидација на правното лице во кое инвестирал.

Овластената банка не смее да го реализира налогот за плаќање во странство, односно да му овозможи на корисникот располагање со приливот од странство, ако е во спротивност со став 1 од овој член.

5.2. Едностран трансфер на имот

Внесување и изнесување на ефективни пари, чекови и монетарно злато

Член 29

Владата на Република Македонија ги пропишува условите и висината на износот на ефективни странски пари и чекови кои можат да се внесуваат во Република Македонија или изнесуваат од Република Македонија.

Народната банка на Република Македонија ги пропишува условите и висината на износот на ефективни домашни пари и чекови и монетарно злато кои можат да се внесуваат или изнесуваат од Република Македонија.

Народната банка на Република Македонија ги пропишува условите под кои овластените банки можат да внесуваат или изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари од или на нивните сметки во странство.

Резидентите и нерезидентите при преминот на државната граница должни се износот на ефективни домашни и странски пари, чекови и монетарно злато кои ги внесуваат или изнесуваат над износите утврдени со актите од ставовите 1 и 2 на овој член, задолжително да го пријават кај надлежните царински органи.

Пријавувањето на ефективни странски и домашни пари и чекови се врши на обрасци пропишани од министерот за финансии.

Образците од ставот 5 на овој член особено содржат: - лични податоци за лицето кое внесува или изнесува ефективни странски и домашни пари и чекови (име и презиме, дата и место на раѓање, број на патна исправа или лична карта), - податоци за сопственикот на ефективни странски и домашни пари и чекови (име и презиме на физичко лице или назив на правно лице, идентификациски број и адреса),

Page 18: Закон за девизно работење

- податоци за ефективни странски и домашни пари и чекови (вид, износ и валута), - потекло и намената на ефективни странски и домашни пари и чекови, - податоци за превозното средство и рутата по која се превезуваат ефективни странски и домашни пари и чекови и - потпис на лицето што пријавува.

Обрасците од ставот 5 на овој член се достапни во царинските испостави на граничните премини, на интернет страницата на Министерството за финансии и на интернет страницата на Царинската управа.

Пренос на хартии од вредност

Член 30

Во и од Република Македонија може да се врши физички пренос на хартии од вредност заради остварување на правата кои произлегуваат од хартијата од вредност, чување или давање како залог.

1. Пазар на странски платежни средства и курс на денарот

Пазар на странски платежни средства

Член 31

Пазарот на странски платежни средства (во натамошниот текст девизен пазар), според овој Закон, ги опфаќа сите трансакции на купување и продавање на странски платежни средства во Република Македонија.

Овластените банки склучуваат трансакции за купување и продавање на странски платежни средства во свое име и за своја сметка, како и во свое име и за туѓа сметка.

Другите субјекти можат да склучуваат трансакции за купување и продавање на странски платежни средства во свое име и за своја сметка само со субјекти кои за вршење на такви работи претходно добиле одобрение од Народната банка на Република Македонија.

Резидентите кои не се овластени банки и менувачници на девизниот пазар купуваат странски платежни средства за плаќање во странство и продаваат странски платежни средства врз основа на наплати од странство.

Резидентите физички лица можат на пазарот да купуваат и продаваат странски платежни средства и за други цели.

Резидентите кои не се физички лица, не смеат за вршење на својата дејност да купуваат или продаваат странски платежни средства од менувачници.

Народната банка на Република Македонија го пропишува начинот и условите под кои се врши купување и продавање на странски платежни средства во Република Македонија.

Page 19: Закон за девизно работење

Термински трансакции

Член 32

На девизниот пазар може да се вршат и термински трансакции. Под термински трансакции се подразбира купување и продажба на

девизи, кога рокот на исполнување на обврските е подолг од 2 работни дена, сметајќи од денот на склучувањето на трансакцијата.

Формирање на курсот на девизниот пазар

Член 33

Курсот на девизниот пазар се формира слободно.

Учество на Народната банка на Република Македонија на девизниот пазар

Член 34

Народната банка на Република Македонија на девизниот пазар учествува заради остварување на целите утврдени со монетарната и девизната политика.

Член 35

Средните курсеви на Народна банка на Република Македонија се користат за книговодствено искажување на побарувањата и обврските изразени во странски платежни средства согласно со прописите за сметководствено работење и за потребите на платниот биланс.

При царинење на увозот, цааринската вредност се утврдува согласно со членот 43 од Царинскиот закон.

Менувачко работење

Член 36

Под менувачко работење се подразбираат работи на купување и продавање на ефективни странски пари и чекови деноминирани и исплативи во странска валута.

Менувачко работење вршат резиденти кои од Народната банка на Република Македонија имаат добиено овластување.

Народната банка на Република Македонија ги пропишува условите и начинот за добивање на дозвола и вршење на менувачки работи.

Член 36-а

Народната банка на Република Македонија му ја укинува дозволата за вршење на менувачки работи на резидентот кој од Народната банка на Република Македонија има добиено овластување за вршење на менувачки работи, ако утврди дека:

1) дозволата ја прибавил врз основа на невистинити податоци;

Page 20: Закон за девизно работење

2) повеќе не ги исполнува условите за вршење на менувачки работи; 3) менувачките работи ги извршува спротивно на прописите донесени

врз основа на овој Закон; 4) го оневозможува извршувањето на надзор од страна на Народната

банка на Република Македонија; 5) доставува невистинити извештаи во текот на работењето; и 6) подолго од 30 дена не извршува менувачки работи.

По укинување на дозволата за вршење на менувачки работи, резидентот од ставот 1 на овој член, неговите основачи или членови на органите на управување немаат право да поднесат барање за добивање на дозвола за вршење на менувачки работи во рок од десет години од денот на правосилноста на решението за укинување на дозволата.

7. Посебни мерки

Посебни мерки на Народната банка на Република Македонија

Член 37

Во случај на опасност од позначителни нарушување во билансот на плаќања и од нарушување на стабилноста на финансискиот систем, Народната банка на Република Македонија може да воведе посебни заштитни мерки. За воведувањето на заштитните мерки Народната банка на Република Македонија веднаш ја известува Владата на Република Македонија.

Заштитните мерки од став 1 од овој член не смеат да се применуваат подолго од 6 месеци.

По исклучок од став 2 на овој член, Народната банка на Република Македонија може да го продолжи рокот на примената на заштитните мерки врз основа на претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија.

Народната банка на Република Македонија или Владата на Република Македонија заради спроведување на санкции на Организацијата на Обединетите нации или другите меѓународни организации чија членка е Република Македонија, можат да воведат и други заштитни мерки.

Во случај на намалување на бруто девизните резерви за 10% во период од десет последователни дена, Народната банка на Република Македонија може да определи рок во кој правните лица - резиденти, мораат девизите кои ги купиле на девизниот пазар да ги употребат за плаќање на своите обврски спрема странство.

Член 38

Заштитните мерки на Народната банка на Република Македонија од член

37 на овој Закон, кои се воведуваат во случај на опасност од нарушувања во билансот на плаќања и нарушување на стабилноста на финансискиот систем на Република Македонија, предизвикани од поголем одлив на капитал од Република Македонија, се однесуваат на:

- состојбата на сметките на резидентите во странство или на нивните девизни сметки во Република Македонија;

- тргување со странски платежни средства, ако е вклучен резидент;

Page 21: Закон за девизно работење

- давање позајмици и кредити од резиденти на нерезиденти, како и авансни плаќања од резиденти на нерезиденти или одложени плаќања од нерезиденти на резидентите;

- наплата на пристигнати и ненаплатени побарувања од нерезиденти; - пренос на хартии од вредност, готовина, вредносници и злато во и од

Република Македонија; и - трансакции со хартии од вредност и злато меѓу резиденти и

нерезиденти.

Член 39

Посебните мерки на Народната банка на Република Македонија од членот 37 на овој Закон, кои се воведуваат во случај на опасност од нарушувања во билансот на плаќање и нарушување на стабилноста на финансискиот систем на Република Македонија предизвикани од поголем прилив на капитал во Република Македонија, се однесуваат на:

- состојбата на сметките на нерезидентите во Република Македонија; - тргување со странски платежни средства, ако е вклучен резидент; - земање позајмици и кредити на резиденти од нерезиденти, како и

авансни наплати на резиденти од нерезиденти или одложување на плаќања од резиденти на нерезидентите;

- плаќање на пристигнати и неплатени обврски на резиденти спрема нерезиденти;

- пренос на хартии од вредност, готовина, вредносници и злато во и од Република Македонија;

- трансакции со хартии од вредност и злато помеѓу резиденти и нерезиденти; и

- издавање на гаранции и/или слични емства и давање на залог и други видови обезбедувања во корист на нерезидент.

8. Известувања

8.1. Начин на известување

Член 40

Субјектите (резиденти и нерезиденти), според овој Закон се должни да известуваат, непосредно или посредно преку овластени банки, овластени учесници на пазарот на хартии од вредност, клириншко депотни друштва и царински органи.

Субјектите од став 1 на овој член се должни на Народната банка на Република Македонија и на Министерството за финансии да им овозможат увид во своите деловни книги и друга деловна документација, кога таков увид е потребен заради проверка на податоците.

Народната банка на Република Македонија, министерстерот за финансии и министерстерот за економија во рамките на своите овластувања го пропишуваат начинот и постапката на известување.

8.2. Известување за работа со хартии од вредност

Page 22: Закон за девизно работење

Член 41

Овластениот учесник е должен до Народната банка на Република Македонија да известува за сите трансакции на резидентите со хартии од вредност во странство и на нерезидентите со хартии од вредност во Република Македонија.

Резидентите од член 13 издавачи на должнички хартии од вредност се должни до Народната банка на Република Македонија да доставуваат извештаи за издавањето и продажбата на овие харии од вредност во странство.

8.3. Известување за кредитни трансакции

Член 42

Резидентите се должни да поднесуваат извештај за сите кредитни трансакции склучени со нерезиденти.

Народната банка на Република Македонија ги пропишува начинот и условите за поднесување на извештаи за склучените кредитни работи.

За потребите на известување, како кредитни работи според овој Закон се сметаат и следнивве трансакции меѓу резидентите и нерезидентите: 1) Трансакции чиј предмет е купување или продажба, односно вршење на

одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно на услугите врз основа на таквите работи, не се извршени во рок од една година по доставувањето на стоката, односно понудата на услугата;

2) Трансакции чиј предмет е купување или продажба, односно вршење на одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно на услугите врз основа на таквите работи, не се извршени во рок од една година по доставувањето на стоката, односно понудата на услугата;

3) Давање и примање хипотеки и други форми на залог; 4) Купување на побарувања од правните односи меѓу резидентите, ако

купувачот е нерезидент; 5) Купување на побарувања од правните односи меѓу нерезидентите, ако

купувачот е резидент. За потребите на известувањето, Народната банка на Република

Македонија може и други работи меѓу резидентите и нерезиденти кои според економската намена имат карактер на кредитна трансакција, односно заем врз основа на договор за позајмување да ги утврди како кредитни трансакции.

9. Надзор

Член 43

Надзорот за спроведување на овој закон и прописите донесени врз основа на него, а во рамките на своите надлежности го вршат: Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии - Државен девизен инспекторат, Министерството за финансии - Царинската управа, Министерството за економија и Комисијата за хартии од вредност (во понатамошниот текст: органи на надзор).

Page 23: Закон за девизно работење

Член 44 Органите на надзор според овој Закон, се должни да соработуваат меѓусебно и по барање на некој надзорен орган, на другиот надзорен орган да му ги даде сите потребни информации и податоци кои на надзорниот орган му се потребни во постапката на извршување на задачите кои произлегуваат од надзорот. Органите на надзорот се должни меѓусебно да се известуваат за неправилностите кои ги констатирале при вршењето на надзорот, ако наодите се значајни за работата на другите органи на надзорот. Начинот и постапката на меѓусебното известување на органите од ставовите 1 и 2 од овој член го пропишува министерот за финансии.

Член 45

Народната банка на Република Македонија врши непосреден надзор над работењето на банките, штедилниците и менувачниците на кои им издала дозвола за работа. Народната банка на Република Македонија врши посреден надзор и на другите резиденти, врз основа на добиените известувања согласно со одредбите од членовите 40, 41 и 42 на овој Закон. За утврдените незаконитости и неправилности од извршениот надзор на резидентите од став 2 на овој член, Народната банка на Република Македонија презема соодветни мерки согласно Закон.

Член 46 Министерството за финансии-Државен девизен инспекторат врши инспекциски надзор над работењето на резиденти и нерезиденти кои вршат дејност на територијата на Република Македонија. Во постапката на вршење на инспекцискиот надзор од ставот 1 на овој член се применуваат одредбите од Законот за инспекцискиот надзор, доколку со овој закон поинаку не е уредено.

Член 46-а

Министерството за финансии-Царинска управа врши надзор над изнесувањето од Република Македонија и внесувањето во Република Македонија на ефективните домашни и странски пари, чекови и монетарно злато кои од Република Македонија ги изнесуват, односно во Република Македонија ги внесуваат резиденти и нерезиденти или ги праќаат по поштенски пат.

Член 47

Резидентите и нерезидентите се должни на девизниот инспектор (во натамошниот текст: инспектор) да му овозможат непречено вршење на инспекцискиот надзор, увид во работењето и на негово барање да му ја стават на располагање или достават целата потребна документација и податоци.

Page 24: Закон за девизно работење

За потребите на инспекцискиот надзор од став 1 на овој член, банките кај кои се водат сметките на резидентите или нерезидентите се должни на писмено барање на испекторот, да му ја дадат на увид целокупната документација за нивното работење преку сметките. Увидот во работењето и во документацијата во смисла на ставовите 1 и 2 од овој член подразбира и увид во документацијата и сметките на резиденти и нерезиденти кои се поврзани со надзорот. При вршењето на инспекцискиот надзор инспекторот може да задржи и изнесе копии од документите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член.

Член 48

Заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска: 1) да му укаже на субјектот на утврдените неправилности и да определи рок

за нивно отстранување; 2) да му нареди на субјектот да преземе соодветни мерки и активности во рок

кој ќе го определи инспекторот; 3) привремено да нареди забрана за вршење на дејност, професија или

должност на субјектот; 4) привремено да му одземе на субјектот предмети и средства со кои е

сторено кривично дело или прекршок; 5) да поднесе барање за поведување прекршочна постапка и 6) да поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка.

Член 48-а

Во постапката на инспекцискиот надзор инспекторот донесува заклучок и решение. Со заклучок се решава за прашањата на постапката што ќе се појават во текот на инспекцискиот надзор. Ако при инспекцискиот надзор не се утврдени недостатоци или утврдените недостатоци се отстранети во текот на инспекцискиот надзор, инспекторот за тоа задолжително донесува заклучок за прекинување на постапката.

Член 48-б

Ако инспекторот при вршењето на инспекцискиот надзор утврди дека е повреден закон или друг пропис, со записник ги констатира утврдените неправилности и со решение го определува рокот во кој треба да се отстрани недостатокот. Инспекторот решението од ставот 1 на овој член ќе го донесе без одлагање, а најдоцна во рок од пет дена од денот на завршувањето на надзорот.

Член 49 Ако субјектот не ги отстрани неправилностите во рокот определен во член 48 - б став 1 на овој закон, инспекторот привремено ќе забрани вршење на дејност на субјектот до отстранувањето на неправилностите.

Page 25: Закон за девизно работење

Член 503 Против заклучокот од членот 48 - а на овој закон и против решението од членот 48 - б на овој закон субјектот може да поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Жалбата не го одлага извршувањето на решението.

Член 51 Ако при контролата инспекторот утврди кршење на закон или друг пропис, може привремено да ги одземе предметите со кои бил извршен прекршокот или кривичното дело, или кои биле наменети за извршување или настанале со извршување на кривичното дело или прекршокот. Одземањето на предметите од ставот 1 на овој член трае до донесувањето на правосилна одлука во прекршочна, односно кривична постапка. Инспекторот му издава потврда на субјектот од кого привремено се одземаат предмети.

Видот и содржината на потврдата ги пропишува министерот за финансии. Ефективните домашни и странски пари, чекови, монетарно злато и хартии од вредност, што се привремено одземени, се депонираат кај Народната банка на Република Македонија. Министерот за финансии го пропишува начинот и постапката на депонирање и враќање на привремено одземените предмети од став 1 на овој член.

Член 52

СЕ БРИШЕ

10. Казнени одредби

Недозволена употреба на девизи

Член 53

Тој што со своето работење ќе ги повреди одредбите од овој закон, со употреба на девизи и други меѓународни мерила на вредност како валута на извршување на договорите меѓу резиденти ќе се казни со затвор од три до пет години.

Ако делото од овој член го изврши правно лице ќе се казни со парична казна.

3 Внесената измена во членот 50, утврдена со членот 11 од Законот за изменување и дополнување на Законот за девизно работење ( „Службен весник на Република Македонија„ бр.188/13) започнува да се применува од започнувањето на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Македонија“ број 147/13).

Page 26: Закон за девизно работење

Судот ќе му изрече на сторителот од ставот 1 на овој член и забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите определени со членот 38 - б од Кривичниот законик.

Недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари

Член 54

Тој што на територијата на Република Македонија врши во свое има и за

своја сметка, како и во име и сметка на друго правно лице или физичко лице наплата или исплата во ефективни странски пари спротивно на одредбите на овој закон ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Ако делото од овој член го изврши правно лице ќе се казни со парична казна.

Судот ќе му изрече на сторителот од ставот 1 на овој член и забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите определени со членот 38 - б од Кривичниот законик.

Неовластено продавање или купување готовински странски и

платежни средства и чекови

Член 55

Тој што за друго правно или физичко лице продава или купува

готовински странски платежни средства и чекови деноминирани и исплатливи во странска валута без овластување од Народната банка на Република Македонија ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Ако делото од овој член го изврши правно лице ќе се казни со парична казна.

Судот ќе му изрече на сторителот од ставот 1 на овој член и забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите определени со членот 38 - б од Кривичниот законик.

Прекршоци

Член 56

Глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице резидент или нерезидент, ако:

1) не го пријави вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Централниот регистар во утврдениот рок од склучувањето на капиталната трансакција која е правна основа за стекнување на директната инвестиција во странство (член 7 став 2);

2) не го пријави вложувањето и сите натамошни измени на вложувањето во Централниот регистар во утврдениот рок од склучувањето на капиталната трансакција која е правна основа за склучување на директната инвестиција во Република Македонија (член 8 став 2);

3) изврши пренос на добивката и финансиските срдства добиени со оттуѓување и продажба на сопственички дел во директната

Page 27: Закон за девизно работење

инвестиција, како и пренос на остатокот од ликвидациона маса спротивно на овој Закон (член 9);

4) вложува во недвижности во странство спротивно на овој Закон (член 11 став 1);

5) издавањето и воведувањето домашни хартии од вредност во странство претходно не го пријави кај Комисијата за хартии од вредност (член 13 став 1);

6) за извршените вложувања на резидентот во хартии од вредност во странство, како и измена на овие вложувања и нивно оттуѓување редовно не доставува извештај до Народната банка на Република Македонија (член 14 став 2 и 3);

7) за вложувањата на нерезидентите во хартии од вредност во Република Македонија и измените на истите, вклучувајки и нивно отуѓување, не доставува редовно извештај до Народната банка на Република Македонија согласно со овој Закон (член 16 став 2);

Глоба до десеткратен износ од ставот 1 на овој член ќе се изрече за прекршок на правно лице резидент или нерезидент, ако со прекршокот од ставот 1 на овој член прибавило поголема имотна корист или предизвикало поголема имотна штета. Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Глоба до петкратен износ од ставот 3 на овој член ќе се изрече за прекршок од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице резидент или нерезидент, ако прекршокот го сторил од користољубие. Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице резидент и нерезидент за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Глоба до двоен износ од ставот 5 на овој член ќе се изрече за прекршок од ставот 1 на овој член на физичко лице резидент или нерезидент, ако прекршокот го сторил од користољубие.

Член 56-а

Глоба во износ од 6.000 до 10.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице резидент или нерезидент, ако:

1) врши плаќања или наплата во девизи за извршување на договорите меѓу резиденти и врши наплата или исплата во ефективни странски пари меѓу резиденти спротивно на овој Закон (член 4 ставови 1,4,5 и 6);

2) држи платежни средства или девизни влогови кај институции кои немаат овластувања согласно со Законот за банките (член 4 став 2);

3) издава и воведува хартии од вредност и документи за удел во резиденти инвестициони фондови во странство без добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност (член 13 став 2);

4) резидентите, освен овластените банки, купуваат хартии од вредност во странство спротивно на одредбите од овој Закон (член 14 став 4);

5) овластените банки купуваат и продаваат хартии од вредност во странство во туѓо име и за туѓа сметка или во свое име и за туѓа сметка (член 14 ставови 5,6 и 7);

Page 28: Закон за девизно работење

6) уписот, уплатувањето и тргувањето со хартии од вредност во странство не го врши преку овластен учесник или преку овластен учесник на странска берза или организиран пазар на хартии од вредност (член 14 став 1);

7) издава и воведува странски хартии од вредност во Република Македонија без одобрение од Комисијата за хартии од вредност (член 15 став 1);

8) издава и воведува странски должнички хартии од вредност со рок на пристигнувања над три години во Република Маконија (член 15 став 3);

9) уписот, уплатувањето и тргувањето со хартии од вреднсот во Република Македонија не го врши преку овластен учесник (член 16 став 1);

10) за трансакциите во странство со документи за удели на инвестиционите фондови кои се резиденти не постапува согласно со одредбите од членовите 13 и 14 на овој Закон (член 18);

11) за трансакциите со документи за удели на инвестиционите фондови кои се нерезиденти не постапува согласно со одредбите од членовите 15 и 16 на овој Закон (член 19);

12) кредитните работи со странство ги врши спротивно на начинот пропишан со овој Закон (член 20);

13) на резидент му одобрува кредити во девизи спротивно на одредбите на овој Закон (член 21 став 1);

14) склучува кредитни работи во девизи спротивно на условите утврдени од страна на Народната банка на Република Македонија (член 21 став 2);

15) резидент отвора и има сметка во странство спротивно на условите од овој Закон (член 23);

16) отвора и води сметка на нерезиденти во странска валута и во денари во спротивност со одредбите од овој Закон (член 24 став 1);

17) при отворање на сметка не го утврди идентитетот на нерезидентот (член 24 став 2);

18) врши трансфер врз основа на склучени договори за осигурување на живот и осигурување на кредити во спротивност со законските прописи (член 25);

19) платниот промет со странство го вршат спротивно на начинот утврден од Народната банка на Република Македонија (член 26);

20) врши плаќање и наплата на ефективни странски пари во трансакции со нерезиденти спротивно на начинот и условите пропишани од Народната банка на Република Македонија (член 27);

21) врши плаќања и трансфер на средства врз основа на капитални трансакции во спротивност со одредбите од овој Закон (член 28);

22) внесува или изнесува ефективни домашни и странски пари, чекови и монетарно злато спротивно на условите утврдени од Владата на Република Македонија и на Народната банка на Република Македонија (член 29);

23) врши трансфер на хартии од вредност во странство надвор од случаите утврдени со овој Закон (член 30);

24) врши трансакции на купување и продавање на странски платежни средства со субјекти кои за вршење на такви работи немаат добиено одобренија од Народната банка на Република Македонија (член 31 став 3);

Page 29: Закон за девизно работење

25) купува и продава странски платежни средства на девизниот пазар спротивно на одредбите од овој Закон (член 31 став 4);

26) за вршењето на својата дејност купува или продава странски платежни средства од менувачница спротивно на овој Закон (член 31 став 6);

27) употребата на средните курсеви од курсната листа на Народната банка на Република Македонија е во спротивност со одредбите на овој Закон (член 35 став 1);

28) при царинењето на увозот царинската вредност не се утврди согласно со членот 43 од Царинскиот закон (член 35 став 2);

29) врши менувачки работи без добиено овластување од Народната банка на Република Македонија (член 36 став 2);

30) врши менувачки работи спротивно на начинот и условите пропишани од Народната банка на Република Македонија (член 36 став 3);

30-а) вложува и тргува со инвестициско злато спротивно на членот 22-а од овој закон;

31) не овозможува непречено вршење на инспекцискиот надзор, увид во работењето и на негово барање не му ја стави на располагање или доставува целата потребна документација или податоци (член 47); и

32) не го изврши решението на инспекторот (член 48 - б). Глоба до десеткратен износ од ставот 1 на овој член ќе се изрече за

прекршок на правно лице резидент или нерезидент, ако со прекршокот од ставот 1 на овој член прибавило поголема имотна корист или предизвикало поголема имотна штета. Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одоговорното лице во правното лице за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Глоба до петкратен износ од ставот 3 на овој член ќе се изрече за ппрекршок од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице резидент или нерезидент, ако прекршокот го сторил од користољубие. Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на менувачница за прекршокот од ставот 1 точка 30 на овој член. Глоба во износ од 1.000 до 1.5000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во менувачница за прекршокот од ставот 1 точка 30 на овој член. Глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко лице резидент и нерезидент за сторен прекршок од ставот 1 на овој член. Глоба до двоен износ од ставот 5 на овој член ќе се изрече за прекршок од ставот 1 на овој член на физичко лице резидент или нерезидент, ако прекршокот го сторил од користољубие.

Член 56 - б

Глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на правно лице резидент или нерезидент, ако: 1) вложувањето во недвижности во странство, односно за измените на истото, не го пријави во Централниот регистар во утврдениот рок со овој закон (член 11 став 3); 2) вложувањето во недвижности во Република Македонија, односно за измените на истото, не го пријави во Централниот регистар во утврдениот рок со овој закон (член 12 став 1);

Page 30: Закон за девизно работење

3) не известува за сите трансакции согласно со овој закон ( член 40); 4) не известува за сите трансакции со хартии од вредност во странство (член 41) и 5) не известува за сите кредитни трансакции согласно со овој закон (член 42). Глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот 1 на овој член.

Член 57

За сторените прекршоци од член 56-а на овој закон, покрај глобата ќе се изрече и посебна прекршочна санкција забрана на вршење на одделна дејност, и тоа:

- за правно лице во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена и - за физичко лице во траење од најмалку три дена до најмногу 15 дена.

За сторените прекшоци од членовите 56 и 56-а на овој закон, покрај глобата ќе се изрече и посебна прекршочна мерка одземање на предмети со кои бил извршен прекршокот или кои биле наменети за извршување на прекршокот или кои настанале со извршување на прекршокот.

По исклучок на ставот 2 од овој член на сторителот на прекршокот ќе се изврши одземање на најмалку 20% од предметите што се употребени, што биле наменети или што настанале со извршувањето на прекршокот од физичко лице резидент или нерезидент, ако моивите или другите околности под кои прекршокот е извршен укажуваат дека не е оправдано предметот да се одземе во целост.

За сторениот прекршок од членот 56-а став 1 точки 22 на овој закон ќе се изрече посебна прекршочна мерка одземање на превозното, односно преносното средство ако било користено за сокривање на предметот на прекршокот и ако вредноста на предметот на прекршокот е поголема од една третина од царинската основица од превозното, односно преносното средство.

Член 57-а

За прекршоците утврдени во членот 56 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 5 и 6 на овој закон како и за прекршоците утврдени во членот 56 - б став 1 точки 1,2,3 и 4 на овој закон прекршочна санкција изрекува Министерството за финансии - Државниот девизен инспекторат (во натамошниот текст: Прекршочен орган).

За прекршоците утврдени во членови 56 став 1 точка 7 и 56 - б став 1 точка 5 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Народната банка на Република Македонија (во натамошниот текст: Прекршочен орган).

Член 57-б

За прекршоците утврдени во членот 56-а став 1 точки 1,2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 15, 20, 21, 24, 27, 29, 30-а, 31 и 32 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Министерството за финансии-Државниот девизен инспектортат (во натамошниот текст: Прекршочен орган). За прекршоците утврдени во членот 56-а став 1 точки 5, 12, 13, 14, 16, 17, 18, 19, 23, 25, 26 и 30 од овој закон прекршочна постапка води и

Page 31: Закон за девизно работење

прекршочна санкција изрекува Народната банка на Република Македонија (во натамошниот текст: Прекршочен орган). За прекршоците утврдени во членот 56-а, став 1 точка 22 и 28 од овој закон прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Царинска управа (во натамошниот текст: Прекршочен орган).

Член 57-в

Прекршочна постапка пред Прекршочниот орган за прекршоците утврдени со овој закон ја води Комисијата за одлучување по прекршок (во натамошниот текст: Прекршочната комисија). Прекршочната комисија е составена од овластени службени лица вработени во Прекршочниот орган, од кои едено ја врши функцијата на претседател на Прекршочната комисија. Прекршочната комисија е составена од три члена со најмалку три години работно искуство во струката, од кои еден е дипломиран правник со положен правосуден испит. Прекршочната комисија се избира за времетраење од пет години со право на реизбор на членовите. За претседател на Комисијата може да биде избран само дипломиран правник. Прекршочната комисија донесува деловник за својата работа. Против решенијата на Прекршочниот орган, со кои се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежниот суд.

Член 57-г

Лицето кое раководи со Прекршочниот орган може да формира повеќе прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна постапка за одделни подрачја од Република Македонија. Член на Прекршочната комисија може да се разреши:

1) со истекот на времето за кое е именуван за член; 2) по негово барање; 3) со исполнување на услови за старосна пензија во согласност со

закон; 4) ако е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело; 5) ако му се утврди трајна неспособност; 6) ако се утврди прекршување на прописите за водење на

прекршочната постапка со правосилна одлука; 7) ако не ги исполнува обврските кои произлегуваат од работењето во

Прекршочната комисија или 8) ако не пријавил постоење на конфликт на интереси за случаи за кои

се води прекршочна постапка пред Прекршочната комисија. Предлогот за разрешување на член на Прекршочната комисија за

случаите од ставот 2 точки 3 до 8 на овој член поднесува претседателот на Прекршочната комисија до Министерот за финансии, односно гувернерот на Народната банка на Република Македонија.

Прекршочната комисија има право да изведува докази и собира податоци кои се неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи и презема дејствија утврдени со овој Закон, Законот за прекршоците и/или со друг Закон.

Page 32: Закон за девизно работење

Членовите на Прекршочната комисија се самостојни и независни во работата на Прекршочната комисија и одлучуваат врз основа на своето стручно знаење и самостојно убедување. Прекршочната комисија работи во совет, а одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Член 57-д

За сторените прекршоци од овој закон, освен за прекршоците од членот 56-а став 1 точки 22 и 28 од овој закон овластените лица од органите на надзор, на сторителот на прекршокот му предлагаат постапка на порамнување преку доставување записник во кој се содржани констатираните прекршоци и платен налог. Во платниот налог се забележуваат лични податоци на сторителот на прекршокот, времето, местото и начинот на сторување на прекршокот правна квалификација на прекршокот, износот на глобата, бројот на сметка за плаќање, правна поука и други податоци во согласно со прописите. Сторителот на прекршокот кој е согласен да ја плати глобата определена во платниот налог е должен да го врати потпишан записникот од ставот 1 на овој член во рок од три дена по приемот. Доколку сторителот на прекршокот ја плати глобата во рок од осум дена од денот на приемот на платниот налог, ќе плати само половина од изречената глоба. Поуката за тоа право е дел од правната поука на платниот налог. Доколку сторител на прекршокот не го врати потпишан записникот од ставот 1 на овој член или не ја плати глобата во рокот предвиден во ставот 4 на овој член, се смета дека постапката за порамнување не успеала. Во случајот од ставот 5 на овој член, против сторителот на прекршокот се поднесува барање за поведување прекршочна постапка до прекршочниот орган.

Органите на надзор се должни да водат евиденција за поведените постапки за порамнување и за нивниот исход.

Член 58 Постапката за прекршоците од овој Закон не може да се поведе ниту да

се води ако поминат две и пол години од денот на сторување на прекршокот. Застарувањето се прекинува со секое процесно дествие што се презема

заради гонење на сторителот на прекршокот. По секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. Застарувањето на прекршочното гонење настапува во секој случај по

изминувањето на пет години од денот на сторувањето на прекршокот.

11. Преодни одредби

Член 59

По истекот на првата етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија, одредбите на член 11 став 1, член 13 став 2, член 14 ставови 3, 4, 5, 6, 7 и 8 и член 15 став 3 од овој Закон, ќе престанат да важат.

Page 33: Закон за девизно работење

Во случај на различни форми на поврзување и спојување на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност со други странски берзи, одредбите на член 14 ставови 3, 4, 5, 6 и 7 од овој Закон нема да се однесуваат за вложувањата на резидентите во хартии од вредност на тие берзи.

По истекот на втората етапа од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската Унија, одредбата на член 23 став 2 од овој Закон ќе престане да важи.

Член 59-а

Резидентите и нерезидентите кои имаат вложувања во директни инвестиции и во недвижности во странство, односно во Република Македонија до денот на влегувањето во сила на овој закон, должни се во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да извршат упис на вложувањата во Регистарот на вложувањата во недвижности на нерезидентите во Република Македонија, Регистарот на вложувањата во недвижности на резидентите во странство, Регистарот на директни инвестиции на резидентите во странство и Регистарот на директни инвестиции на нерезидентите во Република Македонија.

12. Завршни одредби

Член 60

Подзаконските акти предвидени со овој Закон ќе се донесат во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој Закон.

Член 61

Со денот на отпочнување на примената на овој Закон престанува да важи Законот за девизно работење ("Службен весник на Република Македонија" бр. 30/93 и 54/00) и Законот за кредитни односи со странство ("Службен весник на Република Македонија" бр. 31/93 и 41/96).