25
СЕМИНАРСКА РАБОТА ПРЕДМЕТ: СИСТЕМ НА ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА Договор склучен помеѓу “БИБАЈ ДООЕЛ” и “РАЗНОПРОМ” Изработиле: Ментор: 1

Договор за продажба

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Договор за продажба

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПРЕДМЕТ: СИСТЕМ НА ДИСТРИБУЦИЈА И ПРОДАЖБА

ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА

Договор склучен помеѓу “БИБАЈ ДООЕЛ” и “РАЗНОПРОМ”

Изработиле: Ментор:

Катерина Спировска 117021 Проф.Д-р Неџби Весели

Тамара Бошковска 115634

Тетово, 2013

1

Page 2: Договор за продажба

СОДРЖИНА

Вовед....................................................................................................................... 3

Договори за продажба – Карактеристики........................................................... 4

Предмет на купопродажба................................................................................... 5

Цена........................................................................................................................ 6

Споредни елементи.............................................................................................. 7

Обврски на продавачот и обврски на купувачот................................................ 8

Случаи на продажба со посебни поволности..................................................... 9

Видови договори.................................................................................................. 10

Надомест на штета............................................................................................... 11

Пренесување на ризикот.................................................................................... 11

Пример за договор за продажба....................................................................... 12

Заклучок............................................................................................................... 18

Користена литература........................................................................................ 19

2

Page 3: Договор за продажба

ВОВЕД

Договорот за продажба во рамките на меѓународната и националната трговија

претставува суштински економско-правен институт кој директно влијае врз развојот на

стопанските дејности.

Договорот за продажба како еден од најважните договори без кој не може да се

врши ниту производството, ниту прометот, соодветно место најде и во Еднообразниот

закон за продажба на телесни движни предмети на подрачјето на Европа и во Законот за

облигациони односи на подрачјето на Р. Македонија, затоа што и македонската држава

прифати пазарно стопанисување. Имајќи го сето ова во предвид нашиот законодавец овој

договор го стави на прво место меѓу именуваните договори и му посвети релативно голем

број одредби, несметајќи ги во нив одредбите што се заеднички за сите договори, па како

такви наоѓаат примена и во овој договор.

Тој претставува основен правен институт со чија помош се врши размена на стоки

со пари и обратно. Согласно на тоа , продавачот се задолжува да го предаде предметот на

купувачот и оригинерно или деривативно да го пренесе правото на сопственост, а

купувачот се задолжува да му ја плати определената цена, изразена во пари. Парите

примени во вид на цена, фактички претставуваат еквивалент за предметот што му е

предаден на купувачот, односно за правото кое го стекнува со овој договор.

Договорот за продажба како основен правен институт и инстумент во правниот

промет во Законот за облигациони односи е регулиран во вториот дел, како прв од

триесетината договори што се регулирани во него, бидејќи тоа го налага неговата

важност и улога во стоковниот промет. Договорот за продажба е еден од најстарите

договори од кои и врз основа на кои се развиле некои сродни договори, како и некои

општи правила и принципи на договорните односи.

3

Page 4: Договор за продажба

ДОГОВОРИ ЗА ПРОДАЖБА

Договорот за продажба е договор во кој продавачот се согласува да ја пренесе

сопственоста на купувачот за продадените стоки и дека истите ќе бидат предадени,

односно доколку се работи за услуги ќе бидат пренесени1. Од друга страна купувачот

според овој договор се обврзува да ја плати цената во готово за производот или услугата.

Под стока се подразбира материјални или нематреријални добра , односно производи и

услуги чие основно својство е задоволување на потребите на луѓето до кои се доаѓа преку

купување или размена.2

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОГОВОРИТЕ

Договорот за продажба е :

Задолжителен и обврзувачки за двете договорни страни затоа што ги обврзува и

купувачот и продавачот

Консензуален е затоа што е заснован на консензус

Неформален е затоа што за заклучување е доволна проста согласност за битните

елементи на договорот. Исклучок е договорот за продажба на недвижен имот кој е

формален и мора да биде во писмена форма . Доколку не е исполнет условот

врзан за форма договор за продажба на недвижност е неважечки

Најчесто комутативен , но може да биде и случаен. Комутативен значи кога во

моментот на склучување познти се заемните односи и износот на бенефиции,

односно кој што добива и кој што по договорот должи. Случаен договор е познат и

како договор за продажба на надеж (пр. продажба на идната жетва).

Едноставен , а не комплициран, што значи дека тој содржи елементи кои се

специфични за тој тип на договор.

1 Законот за Облигациони односи – продажбата ја регулира во глава 7 и членовите 422-5392 Проф. д-р. Миладин Крстаноски "Договори за промет", Охрид 1999 год.

4

Page 5: Договор за продажба

Причински (означена е причината и целта или целта на задолжувањата на пр. кога

во договорот за продажба продавачот е обврзан за цената, купувачот за стоката).

Договор со споразумно одредена содржина- договорните страни споразумно ги

одредуваат елементите и условите на договорот.

ПРЕДМЕТ НА КУПОПРОДАЖБА

Предметот на купопродажба мора да задоволи одредени услови кои се однесуваат на

можноста, дозволеноста и одреденоста на продажбата.3

Доколку предмет на договорот е продажба на стока тогаш тоа мора да биде во

промет, доколку стоката не е во промет договорот е неважечки.

За стоката које е во ограничен промет , важат посеби услови.Исто така продажбата

може да се однесува и на идните нешта. Стоката мора да постои во моментот на

склучување на договорот (исклучок е кај договорите за продажба на идни работи), во

спротивно договорот нема правно дејство. Исто така договорот нема правно дејство ни во

случај кога предметот на договорот ќе пропадне до моментот на склучување на

договорот. Ако предметот делимично пропадне купувачот има право на избор: да го

раскине договорот или да склучи нов договор со намалување на цената. Предметот на

продажба може да биде сопственост на друго лице, но купувачот мора да биде

информиран за тоа дека предметот е позајмен, инаку има право да го раскине договорот

и да бара надомест на штета.

Генеричкиот предмет како предмет на купопродажба е опрделен по видови, количина

и квалитет. Одредените видови на стока треба во договорот да бидат јасно нагласени со

тоа што во договорот не може да се нагласат повеќе видови. Во тој случај доколку во

договорот не е поинаку нагласено, правото да се избере видот припаѓа на продавачот.

Количината на стоката може да биде прецизно дефинирана во договорот.

3 Член 422 по Закон за облигациони односи.

5

Page 6: Договор за продажба

По правило договорните страни имаат слобода да го утврдат клавитетот на стоката.

Постојат два случаи кога можноста на слобода е ограничена . Во првиот случај постојат

прописи за квалитетот на стоката, додека во другиот случај постојат задолжителни

стандарди. Непочитувањето на овие правила повлекува одредени санкции. Ако

квалитетот на стоката не е пропишан во договорот сепак договорот е валиден затоа што

квалитетот на стоката во овој случај е одреден според општи практики (узанси). За да

индивидуалната стока биде предмет на купородажба потрено е да биде прецизно

означена во договорот со што би се разликувала од другите слични стоки. Покрај стоката,

предмет на купопродажба можат да бидат и преносливи имотни права. Некои од правата

се: користење на туѓа стока, авторски и истражувачки права, права на побарувања.

ЦЕНА

Цена или паричен надоместок е втор задолжителен елемент во договорот за

продажба.

Цената треба да биде:

Изразена во пари - под пари се подразбира законско средство за плаќање во

одреден правен систем. Исто така, цената може да биде делумно изразена и во

одредена стока. Во тој случај вредноста на парите мора да биде повисока од

вредноста на стоката.

Фиксна или определена - доколку не е ни едното ни другото тогаш договорот е

невалиден. Во посебни случаи цената може да биде одредена од страна на

надлежен огран. Тогаш купувачот ја плаќа пропишаната цена.

Реална цена - дококу цената не е реална туку е фиктивна тогаш договорот нема да

има правна сила.

Пропорционална цена - таа не е услов за формирање на договорот, но доколку

цената не е правилна може да повлече раскинување на договорот.

6

Page 7: Договор за продажба

СПОРЕДНИ ЕЛЕМЕНТИ

Покрај наведените задолжителни елементи во договорот може да се

наведат и следните факултативни елементи:

Времето, местото и начинот на испорака на стоката

Времето, местото и начинот на плаќање на стоката

Превоз на стоката (рок на испорака, начин на транспорт, известување за опремата)

Трошоци

Осигурување во транспортот

Надминување на ризикот

Утврдување на квалитетот и квантитетот

Пакување

Даноци, такси и други трошоци

Добивање документи (документи за испорака, фактури, сертификати за потеклото)

Гаранција за продавачот

Последици од неисполнување на договорот и специјални санкции (договорна

казна, ограничување на штета)

Можност за раскинување на договорот и нејзините последици

Други фактори и основи за ослободување од одговорност

Можност за евентуална ревизија на договорот

Надлежност на судот или арбитража

Потенцијални резерви и добивање увозни и извозни дозволи во случај кога тоа е

странски трговски договор.4

4 Проф. Д-р. Миладин Крстаноски "Договори за промет", Охрид 1999 год.

7

Page 8: Договор за продажба

ОБВРСКИ НА ПРОДАВАЧОТ

Основни обврски на продавачот се :

Предавањето на стоката е главна обврска на продавачот, која на купувачот

му гарантира право да располага со предметот на купопрдажба. Продавачот ја

предава стоката во согласност со одредбите кои се однесуваат на времето, местото

и начинот кои се дефинирани во договорот. Се смета дека должноста на

продавачот е извршена кога купувачот ќе го превземе предметот на

купопродажба. Некои од начините на испорака се: физичка испорака (испорака од

рака во рака), симболична испорака (пр. предавање на клучеви од стан) како и

регистрација во катастарска книга (во случај на недвижен имот).

Обврска за заштита во случај на материлајни и правни недостатоци-

стоката мора да биде исправна како во материјална така и во правна смисла

(датата на стоката да биде исправна, легална). Доколку овие барања не се

исполнети купувачот може да побара немалување на цената, да го раскине

договорот или има право на надомест на штета.

ОБВРСКИ НА КУПУВАЧОТ

Основни обврски на купувачот кои се дефинирани во договорот за

продажба се:

Обврска за плаќање - Купувачот е обврзан да плати на продавачот

определен износ на пари, кој е утврден со договорот или со закон. Износот ќе се

плати во готово или на рати (освен ако е предвидено во договорот). Местото на

плаќање е утврдено во договорот. Плаќањето се врши во седиштето на

продавачот. Времето на плаќање исто така е дефинирано во договорот и времето

на плаќање може да биде пред испораката, за време на испораката и по

испораката. Доколку времето на плаќање не е дефинирано во договорот тогаш

времето на плаќање се совпаѓа со времето на испорака на стоката. Со договорот

помеѓу продавачот и купувачот се дефинира начинот на плаќање кој може да биде

во готово, во хартии од вредност или плаќање со документи.

8

Page 9: Договор за продажба

Обврска за превземање на стоката: Купувачот е должен да ги превземе

сите неопходни мерки и активности, за да му овозможи на продавачот да ја

изврши својата должност на предавање на стоката.

Останати обврски: Покрај обврските за плаќање на цената и обврските за

превземање на стоката купувачот има и други обврски за исплата на цената

(отварање на кредити, обезбедување на гаранции за плаќање на цената), обврска

за доставување на спецификации, обврски за прибирање на транспортни средства

и обврски за доставување на амбалажи.5

СЛУЧАИ НА ПРОДАЖБА СО ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ

Фиксна Продажба - Договорот се раскинува, кога ќе истече рокот кој е

предвиден со договорот.

Продажба на првенствено купување - Случај во кој купувачот мора да го

извести продавачот за планираната продажба на трето лице, и да му понуди да ја

купи стоката по иста цена. Карактеристика на овој тип на продажба е ограничена

слобода на договарање на страна на купувачот затоа што купувачот е должен

доколку сака да ја продаде стоката прво треба да ја понуди на продавачот на кого

се однесува првенственото купување.

Пробно купување - Случај во кој купувачот има можност да ја испроба

стоката пред да ја купи за да утврди дали стоката одговара или не. Купувачот е

должен да го извести продавачот во определен рок доколку останува во процесот

на купување.

Продажба по примерок или модел - Случај во кој предмет на

купопродажба е ист примерок или модел на тој предмет освен ако стоката се дава

на купувачот само поради известување или приближно одредување на

карактеристиките на стоката.

5 Проф. Д-р. Александар Николоски и Проф. Д-р. Стојко Пожевски "Стопанско право", Скопје 1994 год.

9

Page 10: Договор за продажба

Продажба со задржување на правото на сопственост - договор во кој

продавачот го задржува правото на сопстевеност и по испораката на стоката на

купувачот, се додека купувачот не ја плати цената на стоката во целост.

Карактеристика на овој случај на продажба е дека продавачот го задржува правото

на споственост со цел да се обезбеди плаќањето на стоката.

ВИДОВИ ДОГОВОРИ

1. Зависно од карактеристиките на договорните страни и нивните активности

постои државна и комерцијална продажба.

2. Во зависност од предметот на продажба се разликува прдажба на движен и

недвижен имот.

3. Во зависност од седиштето на договорните страни се разликуваат домашни и

меѓународни договори

4. Во зависнот од начинот на плаќање на цената постои продажба на кредит,

готовинска продажба, продажба со претплата и продажба со отплата на

еднакви рати.6

ЗАЕДНИЧКИ ПРАВИЛА ЗА ОБВРСКИТЕ НА ПРОДАВАЧОТ И КУПУВАЧОТ

Ниту една страна не е обврзана да ја исполни својата обврска, доколку другата

страна не ја исполни својата, освен ако не е поинаку наведено во договорот. Доколку

едната страна не е во можност да ја исполни обврската од договорот другатра страна

може да го раскине договорот и да бара надомест на штета- предвремено раскинување.

6 Проф. Д-р. Мирко Васиљевиќ "Трговско право", Београд 2009 год.

10

Page 11: Договор за продажба

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Кога должникот не го исполнува својот дел од обврската или го исполнува, но не во

согласно со договорот, другата страна т.е доверителот може да бара од должникот

надомест на штета. Постои посебен случај кога должникот не е одговорен за

неисполнување на обврската. Целта на надомест на штета е да го стави доверителот во

иста имотна позиција во која би се наоѓал дококу договорот е исполнет (т.н позитивна

договорна камата).

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА РИЗИКОТ И ТРОШОЦИТЕ НА ПРОДАВАЧОТ И

КУПУВАЧОТ

Основно правило е моментот кога ризикот преминува од продавачот на купувачот,

се поврзува со моментот на предавање на стоката (во моментот на испорака и прием на

стоката).

11

Page 12: Договор за продажба

ПРИМЕР ЗА ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА

БИБАЈ ДООЕЛ ЕКСПОРТ - ИМПОРТ ТЕТОВО

Договор за продажба број _______

Склучен на ден _____, во ______, помеѓу: ___________

1. Друштво за трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ ТЕТОВО, ул .Илинденска бб. Тетово (во

натамошниот текст Бибај). Тел:_________, факс:___________, маил:_________ и

2. РАЗНОПРОМ ДООЕЛ СКОПЈЕ ул. Лука Геров бр. 17 Скојпе (Во натамошниот текст

Купувачот)

Име на сопственикот _______________________

Адреса _____________

ЕМБГ на сопственикот _________________

Тековна сметка на Купувачот ___________________

Во банка ______________________

Матичен број на Купувачот ____________

Шифра на дејноста ______________

ДИБ _______________

Општина ____________________

Тел.на купувачот_______________

12

Page 13: Договор за продажба

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ

Член 1.

1.1 Предмет на овој дговор е продажба на стоки од продажниот и дополнителниот

асортиман на Бибај.

ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Член 2.

2.1. Бибај е должен да испорача производи од продажниот и дополнителниот

асортиман во количина и под услови утвдени во точка 2 на овој член.

2.2. Помеѓу Бибај и Купувачот се утврдува рабат врз нето продажната цена:

Група на призводи - рабат :

1. Гуми од зимски асортиман 35%

2. Филтри 15%

3. Улиња 25%

4. Акумулатори 5%

5. Гуми за замјоделство 20%

2.3. Цената на гумите на зимскиот асортиман од точка 2 на овој член се утврдува

според продажниот ценовник на Бибај и Купувачот на Бибај од продажниот и

дополнителниот асортиман да ја продава иклучиво според твој ценовник, кој е

составен дел на овој договор.

2.4. Бибај е должен за променат на цената навремено да го извести Купувачот.

2.5. Купувачот е должен испорачаните стоки да му ги плати на Бибај во рок од

20 дена од денот на испораката – на тековната сметка која е означена на фактурата

што Бибај му ја доставува на купувачот.

2.6. Купувачот ќе го изврши плаќањето на следниот начин:

13

Page 14: Договор за продажба

А) Однапред или при приемот на стоката,

Б) Со налог за пренос во договорениот рок,

В) На друг начин предвиден со закон.

2.7. Ако Купувачот не ги плати испорачаните стоки во договорениот рок, должен е

на Бибај да му плати затезна камата во согласно со законот

2.8. Бибај врши секојдневно фактурирање врз основа на заклучнина –договор за

испораката.

ПОСЕБНИ ОБВРСКИ

Член 3.

3.1. ( доколку се одредени посебни обврски помеѓу Бибај и Купувачот се наведуваат во

договорот за продажба).

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕТО

Член 4.

4.1. Како средство за обезбедување на плаќањето на ипорачаните стоки и дека

ќе ги исполни обврските превземени со овој договор, купувачот е должен

да му достави на Бибај:

А) Гаранција од деловната банка, со клаузулата "без приговор"

Б) Бланко меници со сериски број кој содржат потпишана клаузула "без

протест", со овластвање од Купувачот со кој го овластува Бибај да може да

иницира наплата од ова овластување

В) Конституирање на спогодбена хипотека

Г) Паричен депозит во висина на вредноста на просечниот месечен промет

на стоки од продажниот и дополнителниот асортиман на Бибај

4.2. Средството за обезбедување од точка 1 на овој член Бибај може да го

реализира без судска одлука.

14

Page 15: Договор за продажба

4.3. Во случај на реализација на средството за обезбедување, Купувачот е должен

за наредната испорака да достави нов иструмент за обезбедување од точка 1 на овој

член.

4.4. Покрај средството за обезбедување од точка 1 на овој член купувачот е

должен да достави решение за регистрација и депо картон со потписи на лица овластени

за застапување.

4.5. Купувачот е должен во рок од два дена да го извести Бибај за сите промени

кои можат да влијаат врз исполнувањето на обврските превземени во овој договор, а

особено за промена на седиштето и адресата на фирмата или на трговската продавница,

како и за сите статусни промени, промена на одговорното лице, промена на тековната

сметка и деловната банка, за покренување на пред стечајна постапка и отворање на

стечај, ликвидација, настапување на инсолвентност.

4.6. Ако Купувачот не постапи во согласно со точка 5 на овој член , должен е на

Бибај да му ја надомести штетата, а Бибај може да го раскине договорот за штета на

Купувачот и да го реализира обезбедувањето на плаќањето без судска одлука.

ОБВРСКИ НА БИБАЈ

Член 5.

5.1. Бибај е должен да му ја испорача стоката на Купувачот, врз основа на

навремено требување, зависно од количината на стоката на лагерот.

5.2. Од денот на извршувањето на испоораката, односно извршениот прием на

стоката почнуваат да течат роковите утврдени со овој договор.

5.3. Испораката на стоки се врши со товарни комбиња на молопродажните места на

Купувачот (продавница, магацин).

5.4. Бибај редовно ќе го известува Купувачот за своите забележувања до кои ќе

дојде при снимањето на пазарот, на снабденоста, цените и др. се со цел за

унапредување и интензвирање на продажбата, а во текот на сезоната ќе

превзема интензивна маркетиншка кампања.

15

Page 16: Договор за продажба

ОБВРСКИ НА КУПУВАЧОТ

Член 6

6.1. Купувачот е должен паричните стоки да ги превземе во целост

6.2. Ризикот во случај на пропаѓање, оштетување, отуѓување преминува на

Купувачот во моментот на превземањето.

6.3. Договорните страни согласно ја исклучуваат можноста Купувачот да изврши

поврат на оштетени или стоки со поминат рок на траење, со исклучок ако при истовар на

стоката се утврди дека стоката има фабричка грешка, повратот ќе се изврши ако грешката

е утврдена со записник на овластено лице на Бибај и претставник на Купувачот.

6.4. Купувачот е должен евентуалниот поврат на стоки, по утврдената процедура, со

претходна писмена согласност од лице што ќе го овласти директорот, да го врши

исклучиво ако се тие прописно сложени по видот, датумот и асортиманот, при што во

една палета може да биде запакувана само еден вид стока.

6.5. Ако Купувачот не ги почитува и неуредно ги извршува со овој договор

превземените обврски, должен е на Бибај да му ја надомести штетата и згубената

добивка.

УТВРДУВАЊЕ НА КОЛИЧИНИТЕ И КВАЛИТЕТОТ

Член 7

7.1. Утврдивањето на количината и квалитетот се врши без одлагање на местото на

испораката и при задолжително присуство на возачот или друго овластено лице на Бибај.

7.2. По извршениот прием, по количество и квалитет, дополнителни рекламации не се

прифаќаат и не важат освен во случај на скриени недостатоци кои писмено се

констатираат и доставуваат најдоцна во рок од 8 дена од денот на превземањето на

стоката.

16

Page 17: Договор за продажба

НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ШТЕТА

Член 8

8.1. Ако во текот на важењето на овој договор настане каква и да било штета кај

стоката, Купувачот е согласен да му ја надомести на Бибај настанатата штета со исплата на

паричен износ во висина на пазарната вредност на стоката.

8.2. За сите обврски што произлегуваат од овој договор, основачот и директорот на

Купувачот е согласни да одговараат лично со целокупниот свој подвижен и неподвижен

имот, кое што го потврдуваат со потпишувањето на овој договор и со тоа го стекнуваат

својството на гарант - плаќач .

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 9

9.1. За се што не е предвидено со овој договор, ќе се применуваат одредбите на

важечките закони.

9.2. Договорот стапува во сила со денот на потпишувањето од страна на договорните

страни и важи до одповикот.

9.3. Бибај задржува право на едностран раскин на договорот со отказен рок од 3 дена

дококу Купувачот не ги извршува или неуредно ги извршува обврските предвидени со

овој договор.

9.4. Отказниот рок на овој договор е 3 дена.

9.5. Во случај на евентуален спор договорните страни ќе настојуваат да го решат

спогодбено, а доколку тоа не е можно, надлежен е судот.

9.6. Овој договор е изготвен во три идентични примерока, од кои Бибај заржува два ,а

купувачот еден примерок.

"БИБАЈ" ЗА КУПУВАЧОТ

17

Page 18: Договор за продажба

ЗАКЛУЧОК

Според овој договор за продажба можеме да заклучиме дека продажбата е

објаснета како : реализација на стоката, нејзино претворање во пари.

Продажбата преставува трета, последна фаза од кружното движење на капиталот

(прва е набавката, купувањето на факторите на производтво, а втора е процесот на

производство и создавањето на стоката).

Со продажбата на стоките се враќаат вложените финансиски средства, а покрај тоа

се остварува профит. Во услови на развиена конкуренција и отворен пазар, продажбата

претставува најтешка фаза во кружното движење на капиталот. Продажбата може да биде

директна (преку продажната мрежа на производителот) и индиректна , преку посредник,

односно преку трговија (на големо и мало).

18

Page 19: Договор за продажба

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Проф. Д-р. Патоска Александра "Деловно право", Битола 2008 год.

2. Проф. Д-р. Миладин Крстаноски "Договори во промет", Охрид 1999 год.

3. Проф. Д-р. Александар Николоски и Проф. Д-р. Стојко Пожевски "Стопанско

право", Скопје 1994 год.

4. Проф. Д-р. Р. Ѓуровиќ "Меѓународно стопанско право", Београд 1996 год.

5. Проф. Д-р. Мирко Васиљевиќ "Трговско право", Београд 2009 год.

6. Закон за облигациони односи - глава 7 и членови 422 - 539

7. http://www.financedoctors.net/Notes/60.pdf

19