32
Македонските преродбеници IXI (19) век РАЈКО ЖИНЗИФОВ Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес , 15 февруари 1839 - 15 февруари починал 1877 , Москва ) бил познат влашки македонски преродбеник и дводомен писател . Тој бил сестран деец - публицист , преведувач и собирач на народно творештво. Биографија Роден во Велес во влашко гркоманско семејство по потекло од Москополе (јужна Албанија) , а доселено во Велес од Битола . Татко му Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина , но работел како грчки фанариотски учител во Велес . Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов . Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш , каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност. Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско- филозофскиот факултет воМосква . Таму се движел во кругот на македонските студенти и , покрај учењето , се занимавал и со писателска , преведувачка и публицистичка дејност. Рускиот период Во Русија заштита му пружа пред него дојдениот Константин Миладинов , кој му е и прв толкувач на руската атмосфера. Осумнаесетте последни години од својот живот , Жинзифов ги поминал во борба со немаштијата како емигрант во Русија . Неговото познанство со двајцата браќа Миладиновци резултира со пишување на нивната биографија. Уште во московскиот

Македонските преродбеници

  • Upload
    -

  • View
    261

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

makedonskite prerodbenici, kratka biografija i megusebni vrski

Citation preview

Page 1: Македонските преродбеници

Македонските преродбенициIXI (19) век

РАЈКО ЖИНЗИФОВ

Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес , 15

февруари 1839 - 15 февруари починал 1877 , Москва) бил познат влашки

македонски преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец -

публицист , преведувач и собирач на народно творештво.

Биографија

Роден во Велес во влашко гркоманско семејство по потекло

од Москополе (јужна Албанија) , а доселено во Велес од Битола. Татко му

Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина , но работел

како грчки фанариотски учител во Велес.

Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител

на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во

градот Кукуш , каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема

преродбенска дејност.

Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот

факултет воМосква. Таму се движел во кругот на македонските студенти и ,

покрај учењето , се занимавал и со писателска , преведувачка и

публицистичка дејност.

Рускиот период

Во Русија заштита му пружа пред него дојдениот Константин Миладинов ,

кој му е и прв толкувач на руската атмосфера. Осумнаесетте последни

години од својот живот , Жинзифов ги поминал во борба со немаштијата

како емигрант во Русија. Неговото познанство со двајцата браќа

Миладиновци резултира со пишување на нивната биографија. Уште во

московскиот седмичник „Ден“ , во броевите од 17 ноември до 1 декември

1862 година , под псевдоним „Велешанин“ , ги печател своите сеќавања за

двајцата браќа стружани , во форма на впечатоци и спомени од личните

контакти.[1] Во Москва , во 1863 година ја издал својата прва и единствена

Page 2: Македонските преродбеници

стихозбирка која содржи негови песни , како и препеви

од руски , украински и чешки јазик.

По завршувањето на универзитетот , се вработува како професор по

старогрчки јазик во една од московските гимназии. Продолжува со книжевна

дејност , но главно со превод и публицистика , а соработува и со руски ,

словенофилски и бугарски списанија од Цариград.

Поетска активност

Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На

Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула“ , која е издадена во

1870 во Браила , Романија на македонски јазик. Современиците на

Жинзифов сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија ,

некаде во 1857 година. Во поемата се осудува турската тиранија и се

опишува неподносливиот живот на нашите луѓе под турско ропство.[2] Пишувана под силно влијание на украинските песни на Тарас Шевченко ,

поемата „Крвава кошула“ опишува вистинска случка за една мајка која

откако Турците ѝ го убиле единствениот син , ја донесла неговата крвава

кошула в град да ја покаже на народот во црковниот двор.

Во 1867 година ја издава мистификацијата на Верковиќ и Гологанов на

руски јазик.

Тој исто така го напишал и првиот расказ во нашата литература под наслов:

"На Прошедба".

Рајко Жинзифов бил соработник на бугарските весници: „Дунавска зора“ ,

„Македонија“ , „Слобода“ , „Бугарска пчела“ , „Век3 , „Време“ и на

списанијата „Читалиште“ , „Периодическо списание“ , „Бугарски книжици“ и

др.

Во Бугарија почитуван како бугарски преродбеник и уметник. Во своето

творештво , Жинзифов се нарекува Бугарин , а Македонија - бугарска земја

Рајко Жинзифов секогаш се спротивставува на елинизацијата на

населението во Македонија.

Творештво

Поеми

Крвава кошула

Page 3: Македонските преродбеници

Стихотворби

Глас ,Охрид ,Просјак ,Молитва - препев.Доба ,Гарван ,Брату си ,Недопејана

песња ,До б’лгарската мајка ,Стихотворение ,Близ реката

Вардар ,Сељанка ,После смртта на Н. Огњанов ,Европеизмот во Шумен ,На

младенецот а... Белграду ,Жалба ,Таен глас

ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ

Ѓорѓија Пулевски или Ѓорѓи Пулевски 

(1817, Галичник – 13 февруари 1893, Софија) билмакедонски писател на

кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач [1].

Рани години

Роден во селото Галичник, Ѓорѓија од печалбар-ѕидар во Романија до

почетокот на 60-те години својот животен пат го продолжува низ разните

ослободителни војни и востанија во текот на целата втора поволина на 19

век. Тој ја започнува борбата за слобода на својот народ, истовремено

учествувајќи во ослободителната борба и на другите балкански народи.

Доброволец во војните

Верувајќи дека со тоа се бори и за својата татковина, Пулевски најпрвин се

вклучува како доброволец во ослободителните акции во настаните од 1862-

1863 година кога, како наредник на понтонерска чета, се бори против

турскиот гарнизон во Белград.

Потоа, по избувнувањето на Српско-турската војна (1876) тој пак се

вклучува како доброволец, на страната на српската војска.

Веќе во следната година започнува Руско-турската војна и Пулевски е

одново со својата чета во редовите на авангардата на руската армија за

време на ослободувањето наБугарија.

Со Одринското примирје и Санстефанскиот прелиминарен договор е

прекинато заземањето и на Македонија.

Page 4: Македонските преродбеници

Но уште во следната година (1878) Пулевски пак активно учествува како

војвода воКресненското востание, ставајќи се директно во функција на

борбата за слобода на македонскиот народ.

Борец за македонскиот јазик

Не помалку е значајна неговата културно-национална дејност како

учебникар, лексикограф, граматичар, поет, фолклорист, етнограф и

историчар. Негово првопечатено дело е Речник од четири јазика (или

четиријазичник), објавено во Белград во 1873 година.

Тоа е всушност петјазичник, бидејќи во колоната на српскиот јазик дава

лексички материјал од двата блиски, но сепак различни јазика:

македонскиот и српскиот.

Втората публикувана книга на Пулевски е Речник од три

јазика (тријазичник), објавена исто така воБелград во 1875 година. Ова дело

е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја

за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот

јазик како посебни во словенскиот свет.

Во Бугарија

По неуспехот на македонското Кресненско востание и неговото заминување

во Софија, во 1879 година Пулевски сепаратно ја публикува првата

патриотско-политичка поема во нашата литературна историјаСамовила

Македонска.

Во неа е одразена идеологијата на македонските учесници во Кресненското

востание. Во тоа време ја објавил и првата одделна стихозбирка на

македонски јазик во македонската литературна историјаМакедонска

песнарка (во две книшки). Стихозбирката содржи три лични и повеќе

народни песни.

Во следната 1880 година излегува од печат и Слогница речовска, којашто

претставува прва публикуванаграматика на македонскиот јазик. Во неа

Пулевски се обидел да создаде основни норми на македонски литературен

јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската

писмена традиција во Македонија, креирајќи при тоа мошне интересна

лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш

изразито македонизирани.

Словеномакедонска литературна дружина

Page 5: Македонските преродбеници

Како дел од активноста на Пулевски сред македонската емиграција

во Софија е и формирањето на Словеномакедонската литературна

дружина во 1888 година, под негово претседателство.

Таа има особено значење како прва македонска литературна асоцијација

воопшто и тоа е само уште еден доказ за неговата патриотска културна

дејност и национално-политичка ориентација. Меѓутоа, посебно место во

претставувањето на делото на Пулевски зазема неговата Славјанско-

маќедонска општа историја, завршена во 1892 година непосредно пред

неговата смрт.

Не е за занемарување и неговиот обемен ракопис, насловен

како Јазичница, завршен исто така во Софија, што претставува специфичен

прирачник за изучување на македонскиот јазик.

ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИПартенија Зографски 

(Галичник, 1818 - Цариград, 7 февруари 1876) бил првиот

македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите

културни и црковни работници од 19 век во Македонија и прв македонски

митрополит.

Биографија

Партениј Зографски, чие крштелно име и презиме е Павле Тризловски, е

роден во 1818г. во Галичник, како првороден син на Доста и Василко.

Првото образование го стекнал во манастирот „Св. Јован Бигорски”, а

во 1836 г. во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов. Замонашен е

во Манастирот Зограф на Света Гора, во 1842 година, при што го добива

името Партениј, а по манастирот и презимето Зографски. Зографски по

знаења оди и во Духовната академија во Одеса, Кипријанскиот манастир

во Молдавија, киевската семинарија, а од 1846 до 1850 г. е редовен студент

во Духовната академија воМосква.

Неговиот животен пат е нераскинливо врзан - со љубовта кон Бога и кон

сопствениот македонски народ. Набргу по завршувањето, од страна на

цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде

Page 6: Македонските преродбеници

поставен за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво

црковно звање и чин. Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит

Неофит во патријаршијската црква во Цариград. Прво околу што се заложил

новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во

богослужбата во црквите на македонски верници, со што го намалил

влијанието на грчката црква во однос на богослужбата. Ги обиколувал

селата во епархијата за да внесе словенско духовно влијание, отворал

народни училишта, а, тоа не можело да не предизвика реакции на

кукушките чорбаџии, кои коментирале „Каков е тој владика што не

практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како

ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е

постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради

училишта” кои подоцна се жалеле до Цариградскиот патријарх за неговото

дејствување.

Обвиненија

Солунскиот митрополит Неофит, во летото 1861 г., го свикал Синодот на

којшто во документ – обвинение со 22 точки, бил сосема неосновано

обвинет епископот Партениј, за антипатријаршиска дејност.

Меѓу другото, во 22-те наведени клевети против полјанскиот епископ

Партениј, тој бил обвинет и дека:

Насилно го вовел црковнословенскиот јазик во богослужбата, а

воедно забранил да се употребува грчкиот јазик;

Го вовел мајчиниот јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, а

дури и ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале

македонскиот јазик;

Го поттикнал населението да потпише барање полјанската

епископија да прерасне во митрополија;

Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит,

како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит;

Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското

писмо;

Цариградската патријаршија ја нарекол ‘голем ан’;

Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се

замени со македонски јазик и друго...”

Сeпак, плашејќи се од руската дипломатија, а со намера да угоди на

барањето на рускиот амбасадор Лобанов, Патријаршијата била принудена

Page 7: Македонските преродбеници

да испрати комисија во Полјанската епархија, за да го испита „случајот

Партениј“. По извршената истрага тричлената патријаршиска комисија

констатирала дека епископот Партениј не е виновен, туку напротив, дека

совесно ја вршел својата должност. Сепак, на г. Партениј не му било

допуштено веднаш да се врати во својата епархија, во која, особено во

Дојран, каде што се наоѓала и неговата епископска резиденција, бил желно

очекуван од своите духовни чеда. Во септември 1867 година, за да ја

задоволи намерата на митрополитот Неофит за поставување на

злогласниот Мелетиј за Полјански епископ и за сосем да го отстрани од

неговата епархија, Светиот Синод на Цариградската Патријаршија му

понудил на Партениј Зографски митрополитско место во Нишавската

епархија.Но искушенијата не го одбегнале ниту на новата должност, бидејќи

сесрдно се залагал за македонското прашање. При новосоздадените

околности и од причини на кревкото здравје, г. Паретниј на 17

октомври 1874 година бил принуден самиот да поднесе оставка на

функцијата митрополит на Нишавската епархија и да замине во Цариград.

Смрт

Ноќта меѓу 19 и 20 фебруари 1876 година, на денот на Св. Партениј

Лампсакиски, се упокои во Цариград, каде што и денес се наоѓа неговиот

гроб во дворот на бугарската православна црква на Св. Стефан.

[уреди]Творештво

Автор е на многубројни дела со кои се создадени темелите на граматиката

на македонскиот јазик. Пред појавата на Партениј Зографски во училиштата

се предавале само грчката и старословенската граматика, а тој оди

подалеку - се впушта во пишување на граматиката на Словените на

балканскиот простор под Турците, во која ги систематизира разликите меѓу

бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа. Бил полиглот -

знаел грчки, латински, еврејски, старохалдејски, француски, руски и бугарск

и јазик. Работел како учител во богословското училиште на Зографскиот

манастир, професор по црковнословенски јазик во богословското училиште

на островот Халки кај Цариград. Партениј бил и духовник на рускиот царски

двор.

Манастирскиот комплекс во Стар Дојран денес го носи името „Свети

Партениј Зографски”, со што Македонската Православна Црква непосредно

почна епископот Партениј да го прифаќа за светител во Православната

Црква

Page 8: Македонските преродбеници

МАРКО ЦЕПЕНКОВМарко Костов Цепенков 

(Ореовец (Прилепско), 7 ноември 1829 - Софија, 29 декември 1920 ) е

најголем собирач на македонски народни умотворби, кои имаат

непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата,

за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на

Македонците.

Роден е во Прилеп во сиромашно семејство, кое води потекло од

прилепското селоОреовец. Заради тешката материјална состојба,

основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи

терзискиот занает. Во периодот 1856-57 почнал да собира народни

умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков

има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години

собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати

собирачи на македонските народни умотворби -браќата

Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд

собранифолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други

запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и

етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на собраните народни

умотворби, како и по жанровската разновидност на собраните фолклорни

материјали, Марко Цепенков е најзначајниот собирач на македонските

народни умотворби.

Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се

набројат повеќе од 5500 пословици и поговорки, 800 приказни, 150 песни,

100 гатанки, 400 верувања и клетви, 300 благослови, 350 баења,

2900соништа и нивни толкувања, 70 детски игри, јазичен и етнолошки

материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи, обреди,

реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.).

Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги

собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и

одБитолско, Скопско, Штипско, Велешко и Дебарско. Соодветно на

обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на

интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и запишувал своите

фолклорни материјали.

Page 9: Македонските преродбеници

Автор е на драмското дело „Црне Војвода“, а неговата автобиографија

претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп.

Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги.

Изнемоштен, напуштен, заборавен, во крајна беда, Марко Цепенков умрел

на 29 декември 1920. година во Софија, кадешто е и погребан.

ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ

Јордан Хаџи Константинов - Џинот бил македонски просветител (еден од

зачетниците на просветителството во Македонија), роден кон крајот

на 1821 или на почетокот на 1822година, во Велес на Прцорек (познато

велешко маало), на левата страна на Вардар.

Живот и работен век

По завршувањето на ќелијните школи во родниот град, Јордан своето

школување го продолжил во Самоков и Солун. Работата како учител во

Велес ја започнува во 1838година кога отпочнува со реализирање на

идејата за воведување на народен македонски јазик во училиштата. Покрај

воведувањето на народниот македонски јазик во училиштата Џинот е

заслужен и за осовременувањето на наставата, бидејќи вовел нови

предмети. Со тоа учениците покрај тоа што добивале знаења за свештени

лица, со новите предмети внесени од Хаџи Константинов, учениците се

здобивале и со знаења кои подоцна со успех ги применувале во трговијата

и занаетчиството. Училиштето во Велес се наоѓало во црква во која клисар

бил неговиот татко. По несогласувањата со гркоманско настроените градски

големци околу употребата на народниот македонски јазик во наставата, тој

бил протеран од Велес. По протерувањето од и затворањето на неговото

училиште во Велес, Хаџи Константинов патувал во Солун, Света

Гора, Србија и Влашко. Во 1848 година заминал на работа како учител

во Скопје во познатата скопска црква Света Богородицакаде останал 10

години. Во Скопје како учител бил повикан од побогати трговци

одмакедонска националност како Константин Икономов, браќата Попови,

Page 10: Македонските преродбеници

Кочови, Зафир Малев и други угледни граѓани од Пајко Маало, за што бил

плаќан со годишна плата. За време на својот престој во Скопје, Џинот ги

извршил и првите метеоролошки мерења на времето во Македонија. Од

Скопје на големо незадоволство на македонското население бил истеран

од турските власти кои биле потплатени од гркоманските фамилии и

свештеници. Интензивно работел на организирање приредби и училишни

претстави, соработувал со “Цариградски весник”, ги интензивирал врските и

преписките со разни културни установи, а особено во Русија. Неговата

развиена просветителска дејност предизвикала прогони од власта и губење

на работата. Учителствувал и во Прилеп од каде истотака бил протеран

поради жестоките судири со фанариотите, а од Западна Македонија

собирал стари книжевно-историски документи. По прогонот од Прилеп,

кратко време учителствувал и во селото Ваташа во ќелијните училишта во

Моклишиот и Полошкиот манастир. Од 1860-1866 година бил прогонет на

101 година робија во Мала Азија, која со помош на негови пријатели се

смалила до 3 години и каде го изгубил едното око. Сите години по

враќањето ги поминал во родниот Велес. Умрел на 29 август, 1882 година.

Неговиот гроб се наоѓа во дворот на црквата “Св. Спас”.

Дела

Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување

на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на

културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба

во 1845 година, кое служело како учебно помагало при основното

описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во првата

збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”, а втората содржи 34

мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за

одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата,

убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија.

Негови дела се: “Плач на скопското училиште многотрудное” (објавена во

„Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори

за отворање на училишта и борбата со гркоманските свештеници и

чорбаџии; “Дионис Вакхо” ; “Труд ми е името”, која е вистинска апотеоза на

трудот; “Рај божји”; “Аврора” во која се воспеваат патриотските чувства и

патриотската функција на просветата; “Крај реката Вардар” и “Горка чаша

кнеза Лазара последна тајна вечера”, која е една од најдолгите песни

во Македонија од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се

првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале

неговите ученици од Скопското училиште во дворот на црквата Света

Page 11: Македонските преродбеници

Богородица. Тоа се “Миневра и девет музи”, “Разговор или прави человек”,

“Училиште и учение”, “Басна”, “Сербија шетаетсја в земел своих”. Првите

четири од наведените драмски обиди отпечатени се во “Цариградски

весник”, а во драмите „Минерва и девет музи“ и „Сербија шетаетсја в

земел своих“ ја изразуваат неговата идеја дека ослободувањето од

долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква

лежи во македонското национално единство и слободната соработка на

словенските земји. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка

дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал.

Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира.

Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител заедно

со Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски.

Во "Цариградски весник" Јордан Хаџи-Константинов - Џинот на два пати се

изјаснува како Бугарин, а Македонците во целост ги определува

како Бугари.[1][2]

Објавени книги

Iордан Хаџи Констандинов, О основанию Блъгарског

Патрияршества, „Гласник Друштва србске словестности“, VII, Београд

(1855)

Iордан Хаџи Констандинов, Слово Кирила славенца солунскаго

философа бугарскаго, „Гласник Друштва србске словестности“, VIII,

Београд (1856)

Белешки

1. ↑  "Цариградски весник”, 21 jули 1851

2. ↑  "Цариградски весник”, 1 jaнуари 1859

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

Крсте Петков Мисирков

Page 12: Македонските преродбеници

Портрет на Крсте Петков Мисирков.

Псевдоним „К.Пелски“ (според родното село)

Занимање македонист, филолог,славист, историчар, етнограф,публицист, преведувач ипрофесор

.

Националност Македонец

Образование дипломиран филилог и историчар

Алма матер Историско-филолошки факултет, Петроградски универзитет.

Жанрови лингвистика, филологија, политика, историја, етнографија и аналитика

Тематики македонска историја, филологија, етнографија, аналитика и политика

Правец Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“, македонска преродба

Значајни дела „За македонцките работи“, списание „Вардар“, собрани народни творби и над 30

научни статии

Сопружник Екатерина Михајловна - Мисиркова

Деца Сергеј Мисирков

Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18

ноември 1874 – Софија,Царство Бугарија на 26 јули 1926)

бил македонски филолог [1] , кодификатор намакедонскиот литературен

јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-

политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот

народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што

произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на

македонското народно творештво. Тој е и автор на првата и првото

списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник

во македонските научно-литературни и национално-политички друштва

во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и

личност на македонскиот 20 век.[2]

Page 13: Македонските преродбеници

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“,

списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни

весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на

литературни дела и собирање на народни творби.

Живот и дејност

Портер на Крсте Петков Мисирков, сликана воОдеса, Украина.

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол,

Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од

древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно

училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазики на

таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална

сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш

неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со

стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за

навлегување и на српската пропаганда воМакедонија, преку инсталирање

на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле

грчката и бугарската пропаганда во Македонија[1]

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков

сфатил многу добро (како и останатите негови македонски колеги) дека

српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја

денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото

„Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле

македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици

избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по

ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го

продолжат понормално своето образование во Софија, македонските

студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани.

Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да

запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или

несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-

учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските

ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би

се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српското име.

Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие

кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици

биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол

во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија[1].

Page 14: Македонските преродбеници

Крсте Петков мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил

повторно да се запише во друго средно училиште:белградската учителска

школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков

основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која

членовите на дружината Негоіите членоіи да се запознаіат и да си

изработат іедна програма, коіа ке iа осашчествуваат во Македониіа

таіно од србцката пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла

ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало

почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи

околу 30 години[1].

Деновите во Русија

Портрет на Крсте Петков Мисирков од Одеса 1905.

Дипломата на Мисирков од Петроградскиот Универзитет.

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба

во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков

тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го прифатиле и признале

образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна

семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето:

отпрвин на медицинскиот факултет во Петродонски Словен. Вклучувајќи се

во птероградската студентска средина, Мисирков станал многу активен.

Меѓу другото, напишал и еден блескав реферат под наслов За значењето

на моравското или ресавското наречје за современата и историската

етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред

членовите на Имераторското руско географско друштво, а го објавил и во

списанието „Живија старина“.[1]

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија,

Мисирков се вратил во својата Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш

и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во

исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал

што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.[1]

При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското

студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот

македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден

Page 15: Македонските преродбеници

предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот

универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и

здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса. Од тоа време

датира студијата Кон прашањето за народноста и причината за

популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска

работа. Во 1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во

Петроград.[1]

Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство

во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен

придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-

литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало

како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“ . Членовите

на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до

руската влада , па и до владите на другите европски држави , да се признае

правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото

на литературен јазик, правото за обновување наОхридската

архиепископија.[1]

Соработката со Ростковски и деновите во Битола

Крсте Мисирков му станал соработник на големиот научник Петар Лавров.

Но тој ја жртвувал својата универзитетска кариера. Го напуштил Петроград,

добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски

професор. Во Битола се сретнувал со рускиот конзул Ростковски, кој бил

познат како заштитник на рајата, па им станал трн во окото на турските

власти. Во тие лични залагања Ростковски ја немал поткрепата на својата

влада. Дури бил и предупредуван и укоруван. Турските власти исценирале

убиство над неги и Мисирков повторно морал да замине во Русија. Тој

заминал со мртвото тело на конзулот.[1]

Соработка со Војдан Чернодрински, За македонцките работи и реакции

во Србија

Писмо на Новаковиќ каде тврди дека Македонците веќе почнале да

пишуваат на македонски јазик.

Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на македонски

училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското востание , во кое

Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето

отсуство од илинденското востание со откривање на причините за неуспех

на востанието. Во Русија развил широка активност, пред се публицистичка,

работејќи над текстовите од својата книга на која и дал наслов За

Page 16: Македонските преродбеници

македонцките работи, како и над некои ракописи за учебници.Со цел да ја

публикува својата книга, Мисирков заминал во Софија. Во тоа време доаѓа

периодот когаБугарија и Србија се доиговараат за поделба на сферите за

дејство на своите пропаганди воМакедонија. Мисирков и се придружил на

театарската група на Војдан Чернодрински, која имала намера да даде

неколку претстави на пиесата Македонска крвава свадба во неколку

градови во Србија. ВоБелград огнениот македонист одржал предавање

за македонското прашање во светлината на српско-бугарското

зближување. Дел од белградскиот печат жестоко го нападнал Мисирков за

тоа предавање што го одржал во салата на Велика Школа. Меѓутоа,

забележана е реакција на Андра Гавриловиќ, кој во списанието Бранково

коло, а под наслов Пред четвртата јужнословенска литература, пишува

дека претставите на Војдан Чернодрински не се изведени во никаков

јазичен жаргон, туку тоа е проба на една нова култура, почетоци на една

нова јужнословенска литература. Во таа смисла тој, го имал и

предавањето на Мисирков.[1]

Понатамошни активности и смртта

Споменикот на Крсте Мисирков на плоштадот Пела, во центарот на Скопје

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата

својата нова книга, но сепак не одело сѐ од рака така лесно. Имено, книгата

му била откупена од тамошните власти и изгорена, поради познатите

причини. од изданието се спасиле и зачувале само мал број на примероци.

По таквиот настан организиран од испаничената бугарска пропагандистичка

машинерија, следел организиран напад врз Мисирков[1]. Тој бил присилен

да ја напиушти Бугарија. Мисирков повторно се нашол во Русија,

активирајќи се повторно во друштвото „Свети Климент“ и набргу го

прифатил професорското место во Берѓанската гимназија, каде започнал со

размислување за издавање на една македонска публикација именувана

како „Вардар“. Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во

Одеса. Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и предал

во печатница. Меѓутоа, Мисирков нема доволно финансиски средства за да

го подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото

одушевување и исчекување. На првиот а воедно и единствен број на

списанието содржи драгоцени материјали напишанина македонски јазик.

Тие, речиси, во се го потврдуваат Мисирков околу книгата За македонцките

работи и за погледите кон македонскиот јазик и македонската нација. .[1]

Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај

подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во 1905 година (но

Page 17: Македонските преродбеници

не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата на Историско-

филолошкото друштво. Во текот на Првата балканска војна тој бил воен

дописник од фронтот во јужна Македонија. за време на Втората балканска

војна веќе бил назад, во Кишинев на професорска должност. Во 1913

година Македонската колонија од Петроград започнала да го издава

списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил контакти со

Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го издавале списанието.

Мисирков објавувал под свое име но и под псевдонимот К.Пелски.[1]

Понатака, Мисирков го дочекал револуционарните настани од 1917 година.

Бил отворен противник на присоединувањето на Бесарабија кон кралството

романија, па поради тоа и го екстернирале од Кишинев во Одеса. Но повеќе

не можел да остане во таа средина. Бидејќи си имал и семејство, тој

заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со недоверба. Сепак добил

служба во Етнографскиот музеј, потоа бил испратен во Карлово, но и

понатака му се заканувале поради неговите отворени ставови во однос на

македонското прашање. Побарал да добие служба во соседната држава

Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Неговата молба останала

без одговор. Оневозможен да се врати во Русија, фрлен на служба во

провинциско место Копривштица, Мисирков западнал во криза. Се

разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран,

па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија, каде умрел на

26 јули 1926 година. Неговото семејство (сопруга и син) ги оставил без

основни средства за живеење.[1]

Мисирков е закопан во софиските гробишта парцела 89, ред 17, гроб 4 каде

се наоѓаат и псмртните останки на Екатерина Михајловна -

Мисиркова, Сергеј Мисирков и Борис Мисирков [3] .

Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте е

лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека е

менингит или енцефалит. По шест недели болки и повремени бесвестици,

на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков умира во Александровата

болница. Подоцна е утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мртов цел

ден лежел во креветот: до него е само сопругата. Немало кој да го пренесе

во мртовечницата, а сопругата немала пари за погреб. Свеќите што ги

запалила, и ги донеле милосрдни сестри. Болницата понудила да го

остават телото за секцирање, но Екатерина и синот Сергеј одбиле. До

Page 18: Македонските преродбеници

гробот за сиромашни во софиските гробишта го испратиле само десеттина

души[4].

„За македонцките работи“, издадена 1903 година во Софија

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е

книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година.

Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот

народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба

наМакедонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од

книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик“

во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен

стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од

поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за

денешната македонска кирилична азбука.

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во

Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н.

„Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на

пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори

кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен

кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:

Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле

прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија.

Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та

седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство

„Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и

четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Значењето на книгата „За Македонцките работи“

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето

на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте

Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на

положбата на македонскиот народ и предлог-програма замакедонското

народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива

асимилаторската политика на соседните земји насочена против

македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички

идентитет.

Page 19: Македонските преродбеници

Списанието „Вардар“

Списанието „Вардар“ е првото списание за наука, литература и

политички прашања исцело на македонски јазик со редактор Крсте

Мисирков што го печатил 1905 година во Одеса. Излегло во еден

единствен број.

Започнува со уводник на македонски „Од наредилницана“,

пренесен и на руски јазик. Веднаш по рускиот превод на уводникот

објавена е песната „Патник“ од П. Прерадовиќ, што претставува

прв превод од хрватска поезија на македонски јазик. Носечки текст

во првиот број е „Извикнува i н`ето и разбор на бугарцката и србцка

теори i и за народноста на мак`едонците“ . За жал, Мисирков во

првиот број ја обработува само бугарската теорија, додека

српската ја планира за вториот број, па ова негово видување

никогаш не е објавено. Потоа, во првиот број на списаниото

„Вардар“ следел етнографско-демографско-статистичкиот труд

„Список села од i ужна Мак`едони i а (Пазарцко, Гевг`ели i цко и

Кукушко)“ што го составил Мисирков како студент во 1900 година.

За жал, направената „Об i аснителна забелешка за то i список и за

Солунцкото равнишче, со плани i н`ето“ авторот најавува дека „к`е

бидит дадена во друг`от бро i на Вардар“, кој никогаш не е составен

и испечатен. Потоа следи рубриката „Народни песни“ со

единствениот запис на народна песна од Мисирков, како и два

записа на безнасловни песни од Ф.Николов. На крајот е рубриката

„Современ живот“ во која Мисирков објавува два кратки,

непотпишани хроничарски записи за Македонија и Русија.

Македонски национализам  - објавена во списанието „Мир“, на

12 март 1925 година,

Самоопределувањето на Македонците  - објавена во „Мир“, 25

март 1925 година,

Македонска култура  - објавена во „Миръ“, 19 април 1924 година.

Македонија и славјанството  - објавена во „Славјанскија

Известија” Петроград,, 1.5.1914, 146-147

Патот на примирението  - објавено во „Илинден”, V, 5, Софија,

30.1. 1925, 2.

Антируските демонстрации во Софија  - oбјавено во угледниот

руски дневен весник „С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901.

Page 20: Македонските преродбеници

Говор во Москва  - ЦГАОР, Москва, ф. 579, оп. 1, ед. хр. 1728.

лл. 1—3.

Македонски и болгарски национални идеали  - „Македонскиј

голос (Македонски глас)”, II, 10, 13.8.1914, 10-14.

Борбата за автономија  - „Македонскиј голос, (Македонски глас)”,

II, II 29.11.1914,205-207.

Исто така ги напишал и пробугарски дела:

Белешки за јужнословенската филологија и историја, објавено

во Македонско-одрински преглед Софија 1907, кн. 34-401908

Колењето и интелигенцијата во Македонија, објавено во Одески

листок, бр. 178, Одесса 2 август 1912

Нашиот народен епос и Македонија, објавено во Развитие,

1919, кн. 2-3, с. 80-81

Според статијата „Белешки за јужнословенската филологија и

историја“, Мисирков се откажал од книгата „За македонцките

работи“ велејќи дека нејзината содржина стои далеку од

беспристрасната наука и дека со тоа што во неа истапил како

импровизиран политичар по македонското прашање си задал удар

на својата научна дејност и интереси. [6]

Дневникот

Во книгата Писма, во која е поместен Дневникот на Крсте Петков Мисирков,

македонската историја добива нови сознанија различни од сите досегашни

интерпретации на делото на македонскиот преродбеник. Тој се потпишува

како македонски Бугарин и се бори за целовитоста на Бугарија. Ја

застпаува тезата дека Македонскиот народ треба да биде заедно со

Бугарскиот, наспроти Србија и Грција кои имале желба за делење на

Македонија. Текстот изненадува со претставата на еден подруг, поинаков

или поразличен Мисирков. Анализите, коментарите и предлозите на

Мисирков во основа се однесуваат на последиците од Втората балканска

војна и на значењето на Букурешкиот мировен договор. Мисирков изнесува

редица ставови со кои ги оправдува бугарските интереси во Македонија,

Македонците ги именува како македонски Бугари, културата и традициите,

исто така, како бугарски. Мисиркови позиции и ставови за македонските

работи во „Дневникот“ се во спротивност со неговите претходни становишта

и разбирања изнесени во книгата „За македонцките работи“. Тука К.

Мисирков прави хиерархија на интересите на Македонија. Многу јасно

Page 21: Македонските преродбеници

смета дека е подобро Македонија да остане цела отколку да биде

распокината и поделена меѓу балканските државички кога веќе не и е

дозволено самата да претставува одделна политичка единица. Во таа

смисла, тој и дава предност на Бугарија, сметајќи дека е природно да се

приклучи кон Бугарија, а не кон Србија и Грција.[7] Сепак оваа ситуација со

новопронајдениот „Дневник“ во македонската научна јавност и воопшто кај

Македонскиот народ нема дилеми околу идентитетот на Мисирков. Имено,

потписот со кој Мисирков се потпишал („македонски бугарин“) означувал

македонец со бугарско државјанство, бидејќи Мисирков до смртта живеел

во Бугарија и со тоа тој докажувал дека е државјанин на некоја држава но

Македонец во етничка смисла[8].

Бугарски погледи

Во Бугарија Мисирков го сметаат за бугарски филолог, покрај

фактот што тој бил македонист и јавно се залагал за македонската

нација и култура[1]. Според некои извори што Бугарија ги пласира и

кои се потврдени од Државниот архив на Република Македонија, се

увидува дека Мисирков се изјавувал како Бугарин[9][10]. Во ова време

Мисирков работел како учител во еден лицеј во Одеса.

Од1913 до 1918 година живее во Кишинев, Бесарабија и таму бил

сметан за Бугарин[11] Самиот тој како претставник на Бугарите од

Бесарабија во молдавското Собрание, се определува како Бугарин.[12]

Во својот „Дневник“ од 1913 година по распарчувањето на

Македонија Мисирков изнесува редица ставови со кои ги оправдува

бугарските интереси во Македонија, Македонците ги именува како

македонски Бугари, културата и традициите, исто така, како

бугарски. Во овој период од животот си јавно се залагал за

националните права на бугарското население во Македонија, кои

според него биле „погазени од Србите и од Грците“ и „крвта

пролеана од Бугарите за Македонија ги чинели неоспорливи

правата на бугарскиот народ на Македонија“.[13] Тој самиот се

нарекувал македонски Бугарин.[14]

Прадедо е на познатиот уметник, фотограф и снимател Борис

Мисирков од Бугарија.[15]

Page 22: Македонските преродбеници

ТЕОДОСИЕ СИНАЕТСКИ

Аџи папа Теодосиј Синаитски е роден во Дојран во втората половина на

XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било

Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за

свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува

македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај - во

манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по

манастирот бил наречен Синаитски. Синаитскиот манастир со векови ги

привлекувал Македонците што копнееле за духовни христијански подвизи и

за аскетска просвета. Уште во XI век таму престојувала цела македонска

колонија, која ја развила старата македонска книжевност. Таму се најдени

македонски глаголски споменици - Синајскиот псалтир и Синајскиот

требник. Во таа средина Теодосиј станал дури и архимандрит на тој

манастир. Таму почнал да ја учи словенската писменост и да преведува

молитви од грчки на македонски, испраќајќи им ги овие преводи на своите

синови во Дојран.

Во 1831 година тој престојувал во Солун, каде служел во црквата „Света

Мина“ на македонски јазик. Истовремено ја извршувал и службата и

собирал милостиња за својот манастир низ Македонија. Тогаш се запознал

со Кирил Пејчиновиќ, со Јордан Хаџи-Константинов - Џинот и со други

преродбеници. Силно сознава дека на неговиот македонски народ му е

потребна македонска, а не неразбирлива грчка книга, па одлучил да отвори

македонска печатница во Солун 1838 година. Во првите три години во

неговата печатница биле отпечатени три книги. Неговата печатница

изгорела во голем пожар, кој бил подметнат, и бил уништен голем дел од

солунската чаршија. Набргу по несреќата, со матрејална помош од Кирил

Пејчиновиќ, печатницата била обновена и продолжила да печати нови

книги, но потоа уште еднаш била изгорена. По вториот пожар Теодосиј во

своето родно место Дојран стана воденичар. Таму го дочекал и крајот на

својот живот некаде во почетокот на педесетите години од XIX век.

Во печатницата на Теодосиј се печатени книгите: „Началное учение со

молитви утренија“ ова е еден вид буквар напишан од Анатолиј Зографски,

Page 23: Македонските преродбеници

кој бил роден од Лазарополе. „Крако е описание на дванаесет атонски

манастири во Света Гора“ претставува водич поАтон и дава опис на

манастирите. Автор на втората книга е Даскал Камче од село Ваташа,

Кавадаречко. Четврта книга е „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ.

Петта е „Книга за научение трих јазиков славјаноболгарскиј и греческија и

карамалицкој“. Во таа книга се дадени зборови и реченици во три колони на

македонски, грчки и турски. Научните истражувања утврдиле, дека

македонскиот и грчкиот текст се препечатени од познатиот Четиријазичник

на молско-полскиот даскал Данаил, а турскиот го дал приредувачот на

книгата. Книгите печатени во печатницата на Теодосиј Синаитски значеле

голем придонес за ширењето на сознанието за потребата на говорниот

македонски јазик, значеле победа на нашиот народен јазик над мртвиот

старомакедонски и над туѓиот грчки јазик.

ДЕЛА

„Началное учение с молитви

утренния славяноболгарский и

греческия...“

Предисловие на Теодосий

Синаитски към „Утешение

грешним“

„Книга за научение трих язиков.

Славяноболгарский и греческия и

карамалицкой...“

„Служение еврейское... во

простий и краткий язик

болгарский“

ДИМИТАР МИЛАДИНОВДимитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, 23 јануари 1862),

македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист,собирач на

народни умотворби, основач на македонската етнографија.

Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво

се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат

Константин водеше организирана борба против денационализаторството,

пенелизмот и практиката на грчката влада на македонските подрачја.

Page 24: Македонските преродбеници

Роден е во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата

сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил воСтруга, а

подоцна и гимназија во Јанина, Грција.

Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот

руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била

пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката

дејност-собирање и запишување на македонскинародни песни и други

умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник. Во таа

дејност се вклучил и средниот братНаум Миладинов. Тој ја завршил

Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки"

во Цариград и дипломирал на отсекотмузика и граматика. Во 1843 година

напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македониjа, додека при

собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги

мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.

Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често

доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со

битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија.

Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот

на Србите под Австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна

автономија. Подоцна заминал воБелград. При престојот во овие краишта,

тој се запознал со идеите на Пансловенизмот и Илирското движење, кои во

потполност ги прифатил како свои.

При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го

испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на

Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол

од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци,

насловен како "Бѫлгарски народни песни", дело со речиси 600 македонски

народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот

фолклорист Васили Д. Чолаков).

Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски

власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во

цариградските затвори, во 1862 година, под засега неразјаснети околности.

Page 25: Македонските преродбеници

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ

Константин Миладинов е назначајниот раздвижувач на

преродбенството и македонската национална свест кон

средината на 19 век. Тој ги напишал најубавите бисери на

македонската поезија и на литературата воопшто со кои врежал

посебен белег во македонската историја. Неговиот целокупен

развој и неговата творечка активност е поврзана со неговиот брат

Димитар. Поетското дело на Константин е настанато во

емиграција и се смета дека поради тоа сето е исполнето со силна

емотивна поврзаност за родниот крај, пејсаж и луѓе. Во темата на

неговите дела секогаш постои поделениот поет на “таму” и

“овде”. Во делата “Шупељка”, “Бисера”, “Желание” и “Думание”

изобилуваат трите силни особини: откорнатост од родниот крај,

силната емотивност и издар на навжештени чувства и јасно

видлива поврзаност со народната поезија и со нејзините начини

на пеење. Сето ова што е кажано за поезијата на Миладинов го

наоѓаме на едно место, во неговата најпрочуена песна “T’га за

југ”. 

Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото,

неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се

раѓа најсилната и најубава песна “Т’га за југ”.Како и во повеќето

него ви песни,така и во оваа доминантни се чувствата на

откорнатост од родниот крај,силната емотивност и израз на

највжештени чувства и јасно видливата поврзаност со народната

поезија и нејзините начини на пеење.

Миладинов иако нема големо поетско творештво, неговата “T’га

за југ” денес е дел од секоја антологија на македонската поезија.

Мотивот во песната е патриотски, родољубив,во духот на

романтичарскиот занес. Составена е од 5 строфи, 4 шестишја и 1

десетишје. Песната започнува со омиленото сретство на

Миладинов – реторското прашање:

“Орелски крилја кај да си метнех

и в наши ст’рни да си прелетнех!”

Поетот ја започнува својата песна со голема носталгичност,

Page 26: Македонските преродбеници

чувства на восклик, силна желба, копнеж да е на друго место,

дома. Сака да дојде да ги види Стамбол и Кукуш и со тоа на

желбата и дава пошироки размери. Не само да ги види градовите,

туку и нешто посуштествено.

“Ако как овде с’нце ме сретит,

ако пак мрачно с’нцето светит,

на п’т далечни ја ќе се стегнам

и в други с’трни ке си побегнам...”

Оваа строфа е израз на чувството сомнежи како што се

забележува може да се нарече “потрага по светлината” бидејќи

тој е подготвен да замине во нови и не познати простори, доколку

и дома го сретне истото како во студената Москва. Во следната

строфа поетот води разговор со самиот себе во кој бара крилја за

да прелета во родниот крај.

“Дајте ми крилја ја да си метнам

и в наши ст’рни да си прелетнам

на наши места ја да си идам

да видам Охрид, Струга да видам...”

Тој всушност ја повторува својата желба да се врати во родниот

крај со што е постигната кулминација.

“Тамо зората греит душата

и с‘нце светло зајдвит в гората...”

Во оваа строфа Миладинов ја претставува сликата на татковината

со светли тонови и бои, во овие делови преовладуваат чувствата

на патриотизам, среќа, радост и исполнетост. А пак својата

последна желба со која упште еднаш ја потврдува безграничната

љубов кон татковината ја кажува во послените два стиха:

“Тамо по срце в кавал да свирам

с’нце да зајдвит ја да уморам.”

Во своите дела Миладинов изобилува со богатсво стилски фигури

и со стилскиот емотивен однос кон мотивите за кои пее со што е

претставена чистата роматичарска лирика.

Иако скромна е оставнината на Миладинов, во македонската

литература има значајно место, а со своето дело си изгради

светлозрачен споменик на кој ќе му се поклонуваат уште многу

генерации.

Page 27: Македонските преродбеници

Младоста не секогаш се помирува со животните вистини и во тоа

е нејзината сила. Таа им дава сила на поетите за полет, за

инспирација, за верба во иднината. Таа им овозможува да се

ослободат од црните мисли кои им тежат, кои ги мачат и кои

понекогаш им ја затемнуваат светлината на животот. Во таква

душевна состојба , во копнеж по идилична среќа се раѓаат

песните. Со таква младелешка полет, но и обземен со црни мисли

далеку во далечната Русија бил и нашиот Константин Миладинов

кога ги напишал најубавите бисери на македонската поезија и на

литературата воопшто.

За да се зборува подвоено за Константин Миладинов е многу

тешко бидејки целокупниот негов развој и неговата творечка

активност е поврзана со неговиот брат Димитар. Димитар му бил

учител, му помогнал да ја заврши гимназијата во Јанина, му го

отстапил своето учителско место во селото Магарево, го вовел во

творечката дејност. Читајки ги и редактирајки ги народните

умотворби кој неговиот неуморен брат ги собирал, Константин ги

впил во себе и во себе развил неисцрпна љубов кон поезијата. 

Константин Миладинов несомнено е првиот вистински уметнички

поет на Македонија. Поаѓајки од фактот дека првите стихови во

македонската литература се напишани на народен јазик и имаат

историско значење, стиховите на Константин Миладинов се први

кои во себе содржат и уметничко значење. По угледот на

народната, тој успеал да создаде таква поезија, оригинална по

дух, современа по тематика и издржана по форма и да и даде

трајна вредност. Како што спомнав, своите први песни ги

напишал далеку од саканата татковина, во туѓина каде се

чувствувал осамен, тажен и туѓ и во нив ја опеал токму тагата за

својата земја. Таму, далеку во суровата, намрштена северна

природа во него се буди копнеж кон сончевите и светли јужни

предели. Будниот поетски дух, во ноките кога се живо спие,

потонува во спомените од детството, во прошетките со врсниците

на месечина покрај езерото, на младешката љубов, го пишува тоа

со болен извик да го чујат, да го разберат, да не го заборават. 

Иако не се многубројни неговите песни се звучни, јаки со сета

силина на чиста лирика. Прераната смрт ја прекратила

младешката бујност. Сепак во 15 стихотворби кои ги оставил зад

себе можеме да ги доживееме длабочините на чувства кои го

обземаа поетот. Една од основни теми во неговата поезија е

Page 28: Македонските преродбеници

тагата по родината. Но, пишувал и за љубовната опијанетост,

убавината што ја носи во себе младешката љубов. Се обраќа со

реторички прашања саканата Бисера да не го покрива вратот со

бисери, бидејки тој несака да бакнува бисери туку белото убаво

грло . 

Во копнежот по родниот крај, по идиличната среќа во минатото,

неоднесено од горчливите прашања во секојдневниот живот, се

раѓа најсилната и најубава песна Тга за југ. Читајки ја се

чувствува силниот копнеж по родниот крај, во земјата во која

сонцето светло грее, каде небото звезди посева. Ги бара

орелските крилја, да ги вметне и да летне далеку од руската

ладна зима.Со јаки компарации ја дочарува саканата татковина и

таа добива натприродна светлина и убавина. Јарките бои на

топлината му се движат пред очите и го греат во суровата

московска средина.

За жал поетот не успеал да се израдува на светлата зора,

бистрите води езерски, боженствената хубавина. Не го дочекал

враќањето во светот на родното огниште во кое владее душевен

мир и спокојство. Мрачните цариградски зандани беа нештата

што поетот ги гледал во последните денови од животот. Не

дочекал таму со кавал да свири, сонцето да зајдвит, тој да умира.

Умрел во студените и темни зандани.

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ