2
ЗАСЛУГИ НА ХЕМИЈАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОСТИГАЊАТА НА ПОЛЕТО НА: Многу хемичари и технолози, истражувачи и инженери се заслужни за развојот на енергетиката и транспортот, подрачја важни за животот на копно, но и за движењето низ атмосферата, па и во вселената. Во XIX век домовите биле загревани со дрва или јаглен, осветлувани со ламби на гас или со свеќи, а се патувало со железница, пароброд, на коњи или пешки. Побарувачката на енергија во последните два века постојано растела, па со помош на хемијата се развиле нови и поусовршени енергетски извори - течни горива, батерии и акумулатори и други современи технолошки постапки за конверзија на енергијата. Усовршени се постапките за добивање нови и подобрени материјали што се вградуваат во автомобили, авиони, вселенски летала, автопатишта и друго. Со тоа хемијата го помогнала, па дури и овозможила, револуционерно брзиот развој на транспортот. Се искористуваат природните суровини и со нови постапки од нив се добиваат метали, базни хемикалии и моторни горива. Од нив натаму се добиваат наполно нови материјали со кои хемијата изврши револуција во начинот на кој денес живееме. I.1. Извори на енергија Употреба на јаглен како извор на енергија Наоѓање, извлекување и преработка на нафта Нуклеарна енергија Алтернативни извори на енергија I.2. Чување на електричната енергија и преносни извори на енергија Батерии за еднократна употреба Акумулатори (батерии за повеќекратна употреба) I.3. Материјали за патишта и мостови Бетон Асфалт Метали и легури Технологии за одржување и поправање I.4. Петрохемиски горива Производство на бензин од сурова нафта Адитиви за горива Конверзија со помош на катализатори I.5. Моторни возила Современи материјали за подобрен изглед, удобност и безбедност Пластични делови Технологија за производство на гуми I.6. Аеронаутика Балони со врел воздух Хелиум Гориво за ракети Конструкциски материјали за авиони и ракети I. ЕНЕРГИЈА И ТРАНСПОРТ

ЗАСЛУГИ НА ХЕМИЈАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОСТИГАЊАТА НА ПОЛЕТО НА :

Embed Size (px)

DESCRIPTION

I. ЕНЕРГИЈА И ТРАНСПОРТ. Многу хемичари и технолози, истражувачи и инженери се заслужни за развојот на енергетиката и транспортот, подрачја важни за животот на копно, но и за движењето низ атмосферата, па и во вселената. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: ЗАСЛУГИ НА ХЕМИЈАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОСТИГАЊАТА НА ПОЛЕТО НА :

ЗАСЛУГИ НА ХЕМИЈАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОСТИГАЊАТА НА ПОЛЕТО НА:

Многу хемичари и технолози, истражувачи и инженери се заслужни за развојот на енергетиката и транспортот, подрачја важни за животот на копно, но и за движењето низ атмосферата, па и во вселената. Во XIX век домовите биле загревани со дрва или јаглен, осветлувани со ламби на гас или со свеќи, а се патувало со железница, пароброд, на коњи или пешки. Побарувачката на енергија во последните два века постојано растела, па со помош на хемијата се развиле нови и поусовршени енергетски извори - течни горива, батерии и акумулатори и други современи технолошки постапки за конверзија на енергијата. Усовршени се постапките за добивање нови и подобрени материјали што се вградуваат во автомобили, авиони, вселенски летала, автопатишта и друго. Со тоа хемијата го помогнала, па дури и овозможила, револуционерно брзиот развој на транспортот. Се искористуваат природните суровини и со нови постапки од нив се добиваат метали, базни хемикалии и моторни горива. Од нив натаму се добиваат наполно нови материјали со кои хемијата изврши револуција во начинот на кој денес живееме.

I.1. Извори на енергија

Употреба на јаглен како извор на енергија

Наоѓање, извлекување и преработка на нафта

Нуклеарна енергија

Алтернативни извори на енергија

I.2. Чување на електричната енергија и преносни извори на енергија Батерии за еднократна употреба Акумулатори (батерии за повеќекратна употреба)

I.3. Материјали за патишта и мостови Бетон Асфалт Метали и легури Технологии за одржување и поправање

I.4. Петрохемиски горива Производство на бензин од сурова нафта Адитиви за горива Конверзија со помош на катализатори

I.5. Моторни возила Современи материјали за подобрен изглед, удобност и безбедност Пластични делови Технологија за производство на гуми

I.6. Аеронаутика Балони со врел воздух Хелиум Гориво за ракети Конструкциски материјали за авиони и ракети

I. ЕНЕРГИЈА И ТРАНСПОРТ

Page 2: ЗАСЛУГИ НА ХЕМИЈАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОСТИГАЊАТА НА ПОЛЕТО НА :

Хронолошки преглед

1882 Домаќинствата добиваат електрична енергија од првата термоцентрала на јаглен.

1884 Германецот Gottlieb Daimler го прави првиот автомобил со клипен мотор на бензин и искра за палење.

1902 Од сурова нафта е произведен асфалт за асфалтирање на патишта.

1913 Воведена е постапка за термички крекинг (цепење) на јаглеводородни молекули, со што од нафтата се извлекува повеќе бензин.

1921 Thomas Midgley, Jr., го открива тетраетилоловото како адитив за смалување на детонацијата при согорување бензин во моторите.

1936 Французинот Eugene Houdry развива постапка за каталитички крекинг на нафтата, со што е овозможено добивање високооктански бензин.

1947 Американската фирма B. F. Goodrich ги продава првите tubeless гуми.

1949 Eveready Battery Co. ги минијатуризира алкалните батерии.

1954 Во лабораториите на Bell направена првата силициумска соларна батерија.

1958 Полетуваат првите млазни авиони Boeing 707 - нова ера во воздушниот транспорт.

1970-тите Воведено првото безоловно гориво; се напуштаат бензините со олово.

1975 Каталитички конвертори се вградуваат во многу автомобили.

1980-1990 Батериите со литиумски јони сè повеќе се користат во мобилните телефони и во лаптоп-компјутерите.

1981 Спејс шатлот Columbia станува прво вселенско возило за нееднократна употреба

I. ЕНЕРГИЈА И ТРАНСПОРТ

Eugene Houdry со модел на каталитички

конвертор

Автомобилот на Дајмлер на

поштенска марка

Boeing 707

Вселенско возило (Space Shuttle)

Термоелектрична

централа на јаглен

Асфалтирање патишта

Thomas Midgley Jr.

Рекламен плакат за гума на Goodrich

Првата силициумска соларна ќелија

Принцип на работа на каталитички

конвертор

Принцип на работа на батеријата со

литиумски јони