44
Партнерство за заштита на детските права Основи на комуникацијата Com.1.1

Основи на комуникацијата

  • Upload
    rock

  • View
    78

  • Download
    7

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Основи на комуникацијата. Com.1.1. Што е комуникација. Комуникацијата е процес на праќање и примање на пораки, сигнали и информации, човечка интеракција преку користење на зборови и други симболички средства. ПРОЦЕСОТ НА КОМУНИКАЦИЈА. ТРАНСМИСИЈА НА ПОРАКАТА. ИСПРАЌАЧ. ПРИМАЧ. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Основи на комуникацијата

Com.1.1

Page 2: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Што е комуникација

• Комуникацијата е процес на праќање и примање на пораки, сигнали и информации, човечка интеракција преку користење на зборови и други симболички средства.

Page 3: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

ПРОЦЕСОТ НА КОМУНИКАЦИЈА

Информација која треба да

се прати

Код на информацијата

ИСПРАЌАЧ

Информација која треба да

се прими

Декодирана информација

ПРИМАЧ

Пречки

ТРАНСМИСИЈА НА ПОРАКАТА

ПОВРАТНА ИНФОРМАЦИЈА

Page 4: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Поделба на комуникацијата

Вербална

Page 5: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Поделба на комуникацијата

Невербална

Page 6: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Карактеристики на вербална комуникација

• Зборовите се симболички израз на мислите• Значењето на зборовите е претежно јасно• Вербалната комуникација е во најголем дел

раководена од разумот (свесно контролирана)

Page 7: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Карактеристики на невербална комуникација

• Израз на лицето• Движење на телото• Растојание од соговорникот• Допир

Page 8: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Каква е вербалнатакомуникацијата

• Интерперсонална– Интерна (во рамките на организацијата)– Екстерна (со надворешниот свет)

• Во развиените комуникациски средини луѓето разменуваат околу:

• 25 пораки дневно• 5.500 пораки годишно

Page 9: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Категории на комуникацијата

• Комуникацијата може да биде:– ФОРМАЛНА – НЕФОРМАЛНА

• Според бројот на учесниците комуникацијата е:– Монолог– Дијалог– Дискусија

Page 10: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Облици на вербална комуникација

• Консултација (формална,неформална)– Деловен разговор– Деловен состанок– Седница– Интервју– Презентација– Промоција– Конференција– Конвенција – Конгрес

Page 11: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Најчести проблеми во комуникацијата

• Недоразбирање заради непознавање на јазикот (специфични технички термини, странски изрази, колоквијални изрази)

• Недостаток на концентрација кај соговорникот (недоволно внимание)

• Стереотипи, негативни претпоставки спрема соговорникот (заради вера, нација, раса итн.)

Page 12: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Најчести проблеми во комуникацијата

• Емотивни проблеми (преокупација со проблемите, напнатост, стрес)

• Социјална нестабилност (соговорникот е интровертен, несигурен, со малку самодоверба, нервозен)

• Прекршување на некои правила на добро комуницирање (прекинување на соговорникот, упаѓање во збор итн.)

Page 13: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Елементи на ефективна комуникација

Com.1.2

Page 14: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Активно слушање

• Слушањето е клучен елемент за ефективната комуникација. Слушањето отвора нови хоризонти. Целта на слушањето е да се разбере што навистина соговорникот сака да ни каже. Во текот на процесот соговорникот може да реагира на начин кој укажува дека не разбира што е целта на кажаното. Овој процес се нарекува активно слушање.

Page 15: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Активно слушање

Page 16: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Активно слушање

Page 17: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Неактивно слушање

• Псевдо - слушање (слушателот покажува дека е концентриран на разговорот, но не слуша)

• Слушање на едно ниво -прима само дел од пораката, запоставувајќи го другото кажано

• Селективно слушање- само на она што е предмет на наше занимање, игнорирајќи се останато

Page 18: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Неактивно слушање

• Селективно одбивање- фокусирање само на една тема која соговорникот не сака да ја дискутира, кога ќе се појави ја одбива

• Упаѓање во збор- соговорникот слуша само со намера да дојде во прилика да ти упадне во збор

• Дефанзивно слушање- искрените работи се сфатени како напад, за кој соговорникот се брани

Page 19: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Други одлики во слушањето

• Најголем дел од луѓето се слаби слушатели. Само 25% од времето луѓето активно слушаат.

• Најголем дел од луѓето не слушаат за да разберат, туку за да одговорат.

Page 20: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Пет нивоа на слушање

1. Игнорирање2. Претендирање3. Селективно слушање4. Внимателно слушање (само зборови)5. Слушање со емпатија (значење)

Page 21: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Кога слушате активно им испраќате порака на луѓето дека:

• Го слушам твојот проблем• Разбирам како се чувствуваш во врска со

тоа• Ќе ти помогнам да размислиш за овој

проблем и да најдеме решение• Верувам во тебе и мислам дека самиот си

способен да го решиш проблемот

Page 22: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Кога активно слушам јас:

• Го насочувам своето внимание кон соговорниците

• Гледам во очи на соговорниците. Слушам.• Не го прекинувам соговорникот (не го

прекинувам со Зошто? или И јас!)• Го парафразирам за да видам дали добро

сум го разбрал

Page 23: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

ПРЕЧКИ ВО УСПЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА

ОСУДУВАЊЕ

• Наметнување на сопствени вредности врз друга личност и предложување на решенија за нивните проблеми. Кога осудувате вие не слушате што другиот (та) ви зборува, затоа што сте премногу зафатени за да го процените изгледот на личноста, тонот на гласот и зборовите кои ги користи.

ПРИМЕРИ

• Критикување: - ТИ НИШТО НЕ РАЗБИРАШ• Навреда: - ТИ СИ ГЛУП• Дијагностицирање: - ТИ НАВИСТИНА НЕ СИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА

ОВАА ТЕМА

Page 24: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

ПРЕЧКИ ВО УСПЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА

ДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ 

• Ја прекинувате личноста која говори пред да заврши или давате решение пред воопшто некој да ве праша. Така ја поттикнувате личноста на зависност и постојано очекува да ги решавате нејзините проблеми.

ПРИМЕРИ • Наредба:- Ќе учиш два саат дневно !• Закана: - Ако ова не го направиш...• Морална условеност: - Требало ова да го направиш....• Претерано/ непрекинато испрашување: Кај беше? Што

правеше? Со кој беше?

Page 25: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

ПРЕЧКИ ВО УСПЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА

ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ТУЃИТЕ ПРОБЛЕМИ

• Слушателот не обрнува внимание на проблемите за кои се зборува. Слушателот не ги согледува проблемите за кои личноста зборува. Слушателот не сака да зборува за стравови, несигурности и грижата на говорникот.

ПРИМЕРИ• Совет: - За тебе е најдобро...• Логички аргумент: - Единствен начин да го поправиш успехот е

повеќе да учиш• Разуверување: - Се ќе биде во ред• Контрирање: - Да, но....

Page 26: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Парафразирање, повратна информација

Com.1.3

Page 27: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Парафразирање

• Парафразирањето му овозможува на говорникот да разбере колку добро бил разбран и да обезбеди втора шанса за дадената порака, доколку не била соодветно разбрана првиот пат. Парафразирањето се состои од сумирање, прераскажување со сопствени зборови и на сопствен начин.

Page 28: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Претпоставки

• Луѓето често претпоставуваат, но претпоставките може да се погрешни и некомплетни, или можеби сме го затвориле умот за важноста на пораката. Кога претпоставувате за нешто, допрашајте го соговорникот за да ја прецизирате пораката.

Page 29: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Дополнителни прашања

• Дополнителните прашања овозможуваат подобро и посоодветно разбирање на пораката. Слушателот секогаш треба да биде тој кој ќе потпраша дополнително, доколку не ја разбрал пораката, или едноставно да провери колку добро ја разбрал.

Page 30: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

FEEDBACК или повратна информација

• Повратна информација е да им кажете на луѓето како сте ја разбрале упатената порака.

• Повратната информација служи најмногу за дообјаснување, а помалку за евалуација (оценка).

Page 31: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

FEEDBACK

Page 32: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Повратната информација треба да биде:

• Конструктивна • Насочена кон подобрување, не кон негативна

критика• Насочена кон идни активности, не кон

минатото• Треба да повикува на акција, не на пасивност• Усогласена со потребите на примачот, не на

праќачот• Корисна, да помага, не да суди• Треба да биде дијалог, не монолог

Page 33: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Повратната информација е:

• Описна• Формулирана во прво лице еднина• Конкретна• Конструктивна и балансирана• Корисна• Навремена• Персонална, не групна

Page 34: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Продуктивни состаноци

Com.1.4

Page 35: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

ПРОДУКТИВЕН СОСТАНОК

Page 36: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

НЕПРОДУКТИВЕН СОСТАНОК

Page 37: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Ефективна комуникација - продуктивни состаноци

• Ефективната комуникација значи основа за продуктивен состанок

• За продуктивен состанок е потребно планирање и фацилитирање

• Продуктивен состанок е оној на кој соговорниците се чувствуваат добро, разменуваат идеи, а атмосферата е конструктивна.

Page 38: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Фактори кои придонесуваат за продуктивен состанок

ПЛАН

• Осигурајте се дека има потреба од состанокот

• Подгответе дневен ред (побарајте инпут и од останатите ако е потребно)

• Осигурајте се вистинските луѓе да присуствуваат на состанокот

• Почнете на време!

Page 39: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Фактори кои придонесуваат за продуктивен состанок

ИНФОРМАЦИЈА

• Поделете го дневниот ред најмалку еден ден пред состанокот

• Доколку има пропратни материјали, испратете ги порано

• Јасно искомуницирајте ја секоја точка од дневниот ред и предложете заклучок

• Осигурајте се дека луѓето знаат какви информации треба да подготват за состанокот

Page 40: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Фактори кои придонесуваат за продуктивен состанок

ПОДГОТОВКА

• Направете го дневниот ред логично• Алоцирајте доволно време за секоја точка

од дневниот ред• Организирајте ги материјалите кои треба да

се презентираат• Запишувајте ги сите идеи за да не ги

заборавите

Page 41: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Фактори кои придонесуваат за продуктивен состанокСТРУКТУРА/КОНТРОЛА

• Имајте јасна цел на состанокот и држете се до неа

• Воспоставете основни правила за состанокот

• Внимавајте на времето предвидено за секоја точка

• Записничарот да има доволно време за да ги забележи сите значајни забелешки

Page 42: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Фактори кои придонесуваат за продуктивен состанокЗАКЛУЧОЦИ/ЗАПИСНИК

• Одредете записничар кој грижливо ќе го следи состанокот (најзначајните дискусии и одлуки

• Документирајте ги донесените одлуки што е можно поскоро

• Подгответе го и дистрибуирајте го Записникот во кратко време после состанокот

• Усвојување на Записникот од претходниот состанок е секогаш прва точка на дневниот ред

Page 43: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

Совети за добар состанок• Проверете дали задачите дадени на

претходниот состанок се завршени• Оценете го состанокот откако ќе заврши.

Анализирајте што било добро, а што не• Не дозволувајте луѓето да носат одлуки на

состанокот само заради притисок на време• Организирајте ја просторијата така што сите

можат да се гледаат• Внимавајте на крајот на состанокот луѓето да

се чувствуваат дека се искажале по дневниот ред

Page 44: Основи на комуникацијата

Партнерство за заштита на детските права

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!