16
Б И З Н И С - П Р И О Р И Т Е Т И З А П О Б Р З Р А З В О Ј ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА

Б И З Н И С - П Р И О Р И Т Е Т И З А П О Б Р З

  • Upload
    oki

  • View
    92

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Б И З Н И С - П Р И О Р И Т Е Т И З А П О Б Р З Р А З В О Ј. ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА. '. 2 БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ Р АЗВОЈ. Предговор. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Page 1: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

Б И З Н И С - П Р И О Р И Т Е Т И

З А П О Б Р З Р А З В О Ј

'

ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА

Page 2: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

2 БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

Page 3: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

3

инвестиции. Самото донесување на законите и измените и дополнувањата не се доволни за создавање стабилна бизнис-околина. Во иднина е потребно повеќе да поработиме на спроведувањето на законите, реформите насудскиот систем и намалување на корупцијата.

Растот на македонските компании сѐ уште се базира на самофинансирање и на банкарски кредити. Затоа е потребно да се влијае на високите каматни стапки и да се обезбеди олеснет пристап до финансиските услуги на малите и средните претпријатија.

Расчекорот помеѓу потребите на стопанството и понудата на квалификувана работнасила е постојано присутен. Потребно е да се подобри врската помеѓу стручните училишта и претпријатијата, но исто така да се поттикне процесот на обука и преквалификација на невработените за нивно усовршување и полесно доаѓање до работно место.

И покрај фактот дека Македонија е една од водечките земји во регионот која нуди најдобри услови за започнување бизнис, потребна е посилна финансиска поддршка за реализација на Програмата за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средните претпријатија.

Веруваме дека препораките содржани во овој документ ќе им бидат од корист на креаторите на политиките, на социјалните партнери, на бизнис-асоцијациите и граѓанскиот сектор во нивните напори за создавање бизнис-клима која ќе ги подобри конкурентските способности на домашните претпријатија за успешен натпревар како на домашниот пазар, така и на странските пазари.Организација на работодавачите на Македонија

Ангел Димитров претседател

Бизнис конфедерација на Македонија

Миле Бошков претседател

Република Македонија е земја со мал пазар, но и покрај овој ограничувачки фактор, тааможе со разни политики и мерки да ја подобри конкурентноста на својата економија и да стане држава каде е исплатливо да се води бизнис ипристојно да се живее. Факторите кои влијаат врз конкурентноста се многубројни и комплексни. Затоа, само со напори од сите заинтересирани страни, Владата, бизнис-секторот и граѓанското општество може да се подобри бизнис-климата и да се создаде конкурентна македонска економија.

Во последните неколку години Македонија направи значителен напредок во подобрување на бизнис-климата што беше регистрирано во студиите на Светска банка, Светскиот економски форум, Меѓународниот монетарен фонд и Меѓународната организација на трудот. Но подобрувањето на бизнис-климата е процес кој постојано треба да се подобрува и усовршува. За таа цел, Организацијата на работодавачите на Македонија и Бизнис-конфедерацијата на Македонија, потпомогнати од Меѓународната организација на трудот и со стручна помош на Македонскиот центар за меѓународна соработка и М-проспект го спроведе истражувањето„Подобрена бизнис-клима за одржливи претпријатија“, чија цел беше да се утврдат клучните подрачја кои ја ограничуваат бизнис- климата во Македонија и да се дадат препораки за подобрување на истата.

Подобрувањето на правната и регулативната средина преку зголемување на времето за консултации со бизнис-заедницата, посилна улога на Економско-социјалниот совет и подолг период за приспособување на фирмите на изменетите законски прописи се особено важни за остварување ефикасна пазарна економија која треба да биде креатор на нови работни места, генератор на економскиот раст,зголемување на животниот стандард и вкупниот напредок на земјата.

Владеењето на правото и заштитата на сопственоста се особено важни за креирање предвидлива, стабилна и безбедна околина за постоечките фирми и за фирмите кои ќе се основаат во иднина, како за домашните инвеститори, така и за странските директни

Предговор

Page 4: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

4

Воизминатиот период Македонија постигназначителен напредок во поглед налеснотијата за водење бизниси според извештајот „Дуинг бизнис“ (Doing Business) на Светска банка, во 2012 г. земјата беше рангирана на 23. место (од вкупно 185 економии). Од друга страна, пак, квалитетот на регулаторнатарамка е на ниско ниво, како што беше оценето со Индексот на квалитетот на регулативата наСветска банка.

фирмите ЗАСЛУЖУВААТ КВАЛИТЕТНА РЕГУЛАТИВА КОЈА ДОСЛЕДНО ЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА

Табела 1.1.Рангирање според леснотијата за водење бизнис

Извор: Светска банка, база на поgатоци за „Дуинг бизнис“ (Doing Business)

Според наодите од примарното истражување т.е. Анкетата со работодавачи (2013), генералната регулатива во Македонија претставува товар за компаниите. Поголемиот дел од испитаниците (над 80 %) се согласуваат дека придржувањето до генералната регулатива им одзема многу време на фирмите. Фирмите претежно се жалат на честите законски измени, но и дека регулативите служат за полнење на државниот буџет.

Графикон 1.1.Генералната регулатива како ограничување и товар за компаниите

36,5

95,9

Честата промена на регулативата

37,1

95,3

Честите законски измени го ограничуваат долгорочното планирање

48,8

92,4

Ригорозните казнени одредби

48,8

91,2

Бизнис-заедницата треба да учествува во подготвувањето на регулативата

20,0

88,2

Време поминато на работа на регулативите

29,4

81,1

Регулативата служи за зголемување на буџетот

Се согласувам (% од вкупно)

Извор: Анкета со работодавачи 2013

Целосно се согласувам (% од вкупно)

Земја 2011 2012

Македонија 22 23

Ирска 16 15

Словенија 35 35

Бугарија 64 66

Хрватска 80 84

Србија 95 86

Page 5: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

5

Од 2006 г. досега во Македонија спроведени се неколку даночни реформи со кои се намали севкупното даночно оптоварување (во поглед на трошоцитеи администрацијата) за фирмите во Македонија. Споредбите на меѓународно ниво покажуваат дека фирмите во Македонија плаќаат релативно ниски даноци. Сепак, повеќето од анкетираните фирми (80 %) се согласуваат дека даночното оптоварување претставува главен ограничувачки фактор заинвестирањето на фирмите. Тие претежно се жалат на „просечното време кое е потребно претпријатијата да ги исполнат обврските пропишани со даночната регулатива“ и „висината на даноците за приход“.Исто така, повеќе од половина од анкетираните компании забележуваат дека даноците се профитно- несензитивни, што значи дека тие мора да ги плаќаат даноците, без оглед дали претпријатието остварува профит или не.

Покрај леснотијата при влезот на пазарот, пазарната ефикасност зависи и од леснотијата при излезотод пазарот. Во извештајот „Дуинг бизнис“ за 2013 г., Македонија се наоѓа на шеесеттото место во поглед на излезот од пазарот, позиција која токму неодамна се подобри. Најважната причина за затворањена бизнисите во Македонија е непрофитноста на бизнисот, по што следуваат проблемите врзани за обезбедувањето финансии. Сепак, примарното истражување покажа дека поголемиот број претпријатија (54,1 %) имаат доверба во стечајната регулатива и нејзиното спроведување.

Според Глобалниот индекс на конкурентноста, Македонија се наоѓа на 94. место во поглед на ефикасноста на пазарот на трудот. Скромното рангирање на земјата главно се однесува на„соработката меѓу вработените и работодавците“, како и во поглед на „трошоците за технолошки вишок“.

Примарното истражување покажа дека фирмите претежно имаат позитивно мислење за трудовата регулатива. Компаниите најмалку се задоволни од кусиот временски период за усвојување на новата регулатива и за нејзината примена од страна на компаниите.Во табелата 1.2. претставени се петте најважни аспекти на тековната трудова регулатива кои најчесто претставуваат препрека за претпријатијата.

Табела 1.2.Петте најоптоварувачки аспекти на трудовата регулатива

Изв

ор:

Анк

ет

а со

ра

бот

оgа

вачи

2

013

За повеќето претпријатија (45 %), регулативата за безбедност и здравје при работа претставува финансиски товар.

Анкетата со работодавачи покажа дека на повеќе од една третина од претпријатијата никогаш не им се случило вмешувањето на инспекторатите да има негативно влијание врз нивното работење. Сепак, околу 11 % од претпријатијата се жалат дека често пати се соочуваат со такви проблеми. Покрај тоа, половина од испитаниците сметаат дека инспекциите на Државниот инспекторат за труд се политички мотивирани (26,5 % од испитаниците сметаат дека тоа се случува понекогаш, додека за 17,1 % од испитаниците тоа често се случува).

Главни препораки` Подобрување на квалитетот на регулативата

преку зголемување на времето за консултации со бизнис- заедницата;

` Спроведување на мотото „Најпрвин мисли на мало“ на сите нивоа на управување и во сите фази на креирањето на политиките;

` Укинување на непризнаените расходи со што законот за данок на добивка би станал почувствителен на профит;

` Изготвување детална анализа на влијанието на даночните регулативи врз компаниите според нивната големина. Анализата ќе покаже дали се потребни прилагодувања на даночниот систем кои би биле поволни за микро и малите претпријатија;

` Спроведување селективно намалување на стапките на социјалните придонеси, или прилагодување

на минималната основа за плаќање социјални придонеси во однос на минималната плата;

` Воведување брза стечајна постапка;

` На компаниите да им се даде повеќе време да ја применат новата или изменетата трудова регулатива и водење силни информативникампањи пред да се извршат поголеми промени ворегулативата;

` Основање одбор во рамките на Економско-социјалниот совет (ЕСС) кој постојано, по случаен

избор, ќе ги проверува извештаите на трудоватаинспекција, ќе врши надзор дали инспекцијатаработи коректно или пак е политички мотивирана иќе ги објавува извештаите.

Аспекти на трудовата регулатива

% од фирмите кои се

изјасниле декааспектот

претставува оптоварување

Прекин на работниот однос

13,2 %

Официјални празници 11,1 %

Регулативата за видови договори за вработување

10,0 %

Прекувремена работа 9,5 %

Вработување 7,9 %

Отказ 7,9 %

Page 6: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

6

СИЛНО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТОИ ОСТРА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТАВладеењето на правото и обезбедените права на сопственост создаваат предвидливо, стабилно и безбедно опкружување за создавање и раст на компаниите.

Податоците на Светска банка претставени во табелата 2.1. покажуваат дека Македонијасе одликува со релативно низок степен на владеење на правото во споредба со оценетите земји и се наоѓа на самиот крај, со исклучок наСрбија која е на последното место.

Табела 2.1.Индекс на владеење на правото, 2011 год.

Извор: World Bank, Governance Matters.

Во поглед на транспарентноста при креирањето на политиките, според процените на Глобалниот индекс на конкурентноста (ГИК), Македонија се наоѓа на 76. место. Во случај на спор, фирмите во Македонија трошат многу ресурси, вклучително и време, за да го разрешат спорот, што се должи на неефикасната правна рамка.

Обезбедените права на сопственост се важни за секоја одлука за инвестирање на компаниите, без оглед дали се работи за новоформираникомпании или компании во раст. Податоците од ГИК покажуваат дека Македонија не нуди висок степен на сигурност на правата на сопственост, рангирајќи ја државата на 84. место. Од друга страна, пак, силната заштита на инвеститорите се оценува како

добра во Македонија и државата се наоѓа на 17- тото место.

Во Анкетата со работодавачи, македонските претпријатија дадоа умерено позитивна оценка за правната рамка за заштита на правата на сопственост и состојбата во однос на владеењетона правото. Сепак, повеќето компании мислат дека третманот не е еднаков за сите претпријатија во земјата.

Повеќето испитаници опфатени со Анкетата со работодавачите (81,4 %) го делат мислењето дека правата на сопственост се заштитени и сигурни. Сепак, 39 % од претпријатијата кои учествуваа во истражувањето признаваат дека според нивно мислење, многу фирми се соочиле со некаква закана по своите права на сопственост. Голем дел од испитаниците (74,6 %) се согласуваат сотврдењето дека поради закана за интегритетот на правата на сопственост биле одложени одлуките за инвестирање на компаниите (види во графикон2.1.).Графикон 2.1.Закана по правата на сопственост

4,7

38,8

7,11,2

48,2

Не, никоиНекои имаатПовеќето имаатСите имаатНе знам

Извор: Анкета со работоgавачи 2013; Забелешка:Оgговорите на прашањето „Спореg Вас, gали многу претпријатија искусиле неоgамнешни закани врз нивното право на сопственост?“

Држава Процентуално рангирање

Бодување за управувањето

(0-100) (-2.5 to +2.5)Македонија 48,4 -0,25

Ирска 95,8 1,76

Словенија 83,6 1,07

Хрватска 60,6 0,18

Бугарија 51,6 -0,09

Србија 46,5 -0,33

Page 7: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

7

Корупцијата претставува болест за општеството и економијата. Податоците на Транспаренсиинтернешнл претставени во табелата 2.2. покажуваат дека во 2012 г. Македонија се наоѓала на 69-тото место од вкупно 176 земји кои биле оценувани во поглед на перцепцијата за распространетоста на корупцијата. Политичките партии и судството се оценети како најкорумпирани од сите институции во Македонијакои се опфатени со истражувањето.

Табела 2.2.Индекс за перцепција на корупцијата, 2012 г.

Извор: Транспаренси интернешнл, Инgекс за перцепција на корупцијата [Corruption Perceptions Index]

Забелешка: Боgувањето се врши на скала оg 0 gо 100 боgови, каgе помалиот број боgови значи помалку корупција

Примарните податоци кои беа собрани покажуваат дека корупцијата е една од најголемите пречки за македонските компании. Околу 66,5 % од анкетираните компании потврдија дека корупцијата претставува пречка за бизнисите, при што 22,4 % од компаниите целосно се согласија со ова тврдење (види во графикон 2.2.).

10,0 7,6

15,9

44,1

22,4

Не, воопшто не

Донекаде

Во голем дел

Целосна пречка

Не знам/без одговор

Извор: Анкета со работоgавачи 2013; Забелешка: категориите „во голем gел“ и„целосна пречка“ заеgно претставуваат 66,5 %.

Главни препораки` Редовно известување од страна на секој

инспекциски орган за извршените инспекциски надзори, опфатените индустрии, региони итн. (објавување тримесечен извештај на веб- страницата);

` Сите јавни институции да извршат анализа во сферите на нивното работење во кои има најголем потенцијал да се јави корупција и да се предложат заштитни мерки за спречување на корупцијата;

` Да се започне со издавање билтен за јавни набавки за да добие широката јавност сеопфатен, организиран и структуриран извор на информации за јавни набавки;

` Воведување квартални тематски состаноци на ЕСС со акцент на борбата против сивата економија;

` Зајакнување на внатрешните и надворешните механизми за финансиска контрола со цел да се спречи или санкционира злоупотребата или

измамата при користењето на јавните средства на државните институции.

Графикон 2.2. Степен на корупција

Држава Рангирање за 2012 год.

Бодови Рангирање на 2011 год.

Македонија

69 43 69

Ирска 25 69 19

Словенија 37 61 35

Хрватска 62 46 66

Бугарија 75 41 86

Србија 80 39 86

Page 8: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

8

Србија

8,2

48,223,5

4,7

15,3

Целосно не се согласувам

Делумно се согласувам

Се согласувам

Целосно се

согласувам Не знам

Претпријатијата претпочитаат да се самофинансираат, а тоа се должи на немањето пристап до надворешни извори на финансирање.

Недостатокот на надворешното финансирање не е само перцепција на бизнисите, туку се потврдува и со разни показатели, како показателот за кредитите за приватниот сектор (% од БДП) кој покажува дека Македонија е послаба во споредба со другите опфатени земји.

Графикон 3.2. Домашни кредити за приватниот сектор (% од БДП)

250

200

150

100

50

0

Македонија Ирска СловенијаХрватска Бугарија

Извор: Светска банка, Инgикатори за светскиот развој [World Development Indicators]

Растот зависи од пристапот до надворешни финансии

Растот на фирмите е ограничен од степенот до кој тие може да се финансираат внатрешно или преку неформални мрежи. Целосниот потенцијал за раст на фирмите и економскиот раст на една земја како целина не би можеле да се остварат без соодветно надворешно финансирање.

Бизнисите во Македонија зависат од самофинансирање – перцепцијата на бизнисите укажува дека повеќето фирми (64,1 %) зависат од самофинансирање и тоа влијае на растот и вработувањето. Повеќето бизниси сметаат дека финансирањето на фирмата не е соодветно на нивните потреби и дека способноста на фирмата да собере капитал има влијание врз производството.

Графикон 3.1.Соодветно финансирање на фирмите: Во која мера се согласувате со тврдењето дека „финансирањето на претпријатијата соодветствува со потребите на претпријатието“?

Page 9: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

9

„Бизнис-ангелите“, ризичниот (venture) капитал и иницијалните јавни понуди за новите бизниси не се практикуваат во толкава мера и истовремено не се многу достапни. Банките претставуваат клучен извор на надворешно финансирање. Самофинансирањето како претпочитување на бизнисите можеби е поврзано со мислењето дека финансиските продукти не се прилагодени на потребитена претпријатијата со разни големини, особено не за малите и средните претпријатија. Политиките, регулативите и услугите за промовирање на пристапот на малите и средните претпријатија до финансиски услуги не се применуваат во доволна мера.

Повеќето бизниси сметаат дека пристапот до кредит претставува пречка (69,4 %).

Главни препораки

Табела 3.1.Претпочитани начини на финансирање

Извор: Анкета со работоgавачи 2013

16%12%

42%

Банките бараат Каматнитепремногу податоци за да го одобрат заемот

стапки се превисоки

Банките не сакаат да го прифатат ризикот

Графикон 3.3.Најголемите три пречки за пристап до кредити:

` Пристапот до финансии за приватниот сектор треба да се зголеми преку мерки на Народната банка на Република Македонија за намалување на трошоците за кредити

и преку натамошна достапност на инвестициски кредити со владини стимули за каматните стапки;

` Натамошен развој на финансискиот сектор, стимулирање на поголемите банки и можно специјализирање со развој на инвестициско банкарство и развивање нови финансиски продукти;

` Владата треба да воведе стимули во политиките и регулативите со цел да ги охрабри финансиските институции да им позајмат пари на малите и средните

претпријатија (МСП). Владата треба да ги поддржи банките кои се фокусираат на МСП;

` Обуки за финансирање, советодавни услуги и програми за управување со фирмите;

` Развивање финансиски услуги кои компаниите ќе може да си ги дозволат, преку јавно-приватно партнерство, во различни фази од развојот на претпријатието и за претпријатија со различни големини;

` Работа на страната на побарувачката, но и на страната на понудата за капитално финансирање, на пример промоција на

„бизнис-ангели“ и на капитал за вложување (venture capital). Позитивен чекор е основањето јавен Фонд за иновации и технолошки развој, кој треба да започне со работа што е можно побргу.

Кои се вашите

финансиски

преференци за

инвестиции?

Кои се вашите

фин. преференц

и за обртен

капитал?

Задржана добивка 45,3 % 53,5 %Нов капитал,

сопствен или12,4 %

7,6 % од семејството,

пријателитеНов капитал,

надвор од2,4 %

3,5 % семејството и

пријателитеКраткорочен заем 20,6 % 21,8 %Долгорочен заем 13,5 % 5,9 %Не знам 5,9 % 7,6 %Вкупно 100,0 % 100,0 %

Page 10: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

10

Табела 4.1.Показатели за конкуренцијата и антимонополските политики, 2012 г. (Рангирање на државите)

Извор: Светски економски форум, Глобален инgекс на конкурентноста 2013-2014.

Локалната конкуренција во Македонија се чини дека е на прилично ниско ниво штом земјата се наоѓа на 119-тото место во ГИК (види во табела 4.1.). Исто така, македонските претпријатија се умерено ориентирани кон клиентите.

ГИК оценува дека постои многу простор за подобрување на делотворноста на антимонополските политики. Само мал дел (22,4 %) од претпријатијатакои беа анкетирани во Анкетата со работодавачи се изјаснија дека се соочуваат со монополи и монополски практики во својот деловен сектор. Македонските компании пријавуваат дека делумно одговараатна намалувањето на цените на конкурентите, и на домашните, и на странските конкуренти.

Иновациите претставуваат движечка сила која води кон поголем раст и подобар животен стандард. Сепак, нивото на инвестирање во истражувањето и развојот во Македонија се многу ниски, со помалку од 0,2 % учество во БДП. Покрај тоа, и самите компании многу малку инвестираат во нови технологии и иновации,со исклучок на неодамнешните напори на Владата да ги промовира истражувањето и развојот, што сепотврди и со податоците на ГИК. Македонија исто така

ИНВЕСТИРАЈ, БИДИ ИНОВАТИВЕН, ГЛОБАЛИЗИРАЈ, БИДИ КОНКУРЕНТЕН

се наоѓа на 133. место во поглед на прифаќањето на технологијата на ниво на претпријатие.Табела 4.2.Инвестирање на компаниите во истражување и развој, 2012 г.

Извор: Светски економски форум, Глобален инgекс на конкурентноста 2013-2014.

Повеќето испитаници кои учествуваа во Анкетата со работодавачи (37,6 %) веруваат дека компаниите во Македонија воопшто не се впуштаат во истражување и развој. Дополнителни 36 % се изјаснија дека според нив, некои од компаниите со впуштаат во активности врзани за истражувањето и развојот. Мнозинството испитаници потврдуваат дека Владата ретко (30 % од одговорите), понекогаш (22,4 %) или често (1,8 %) овозможува поддршка за претпријатијата за да инвестираат во истражување и развој.

Компаниите главно се задоволни од заштитата на правата на интелектуална сопственост.

Повеќето претпријатија опфатени со Анкетата со работодавачи (80 %) изјавија дека покачувањето на платите во нивното претпријатие го надминува растот на продуктивноста (види во графикон 4.1.), што негативно влијае на конкурентноста. Таквиот резултат можеби е поврзан со неделотворниот систем за преговарање за платите.

Податоците од ГИК покажуваат дека работниците во Македонија посетуваат многу малку обуки и

Конкуренцијата која е лојална, наедно е и здрава, како за општеството,така и за бизнисите. Таа овозможува постојан напредокна конкурентите, нови инвестиции во технологијата и/ или човечкиот капитал и постојана борба

за усовршување.

Држава Интензитет на локалната конкуренција

Делотворност на

антимоно- полските политики

Степен на ориентирано

ст кон клиентите

Македонија

119 96 92

Ирска 40 22 11

Словенија 41 64 52

Хрватска 120 90 107

Бугарија 101 108 69

Србија 137 142 135

Држава Позиција Вредност(1-7, 7 е најдобра оцена)

Македонија 123 2,5Ирска 21 4,3Словенија 47 3,4

Хрватска 76 3,0

Бугарија 92 2,9Србија 132 2,3

Page 11: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

11

44,7

30,6

4,1

5,9

14,7

Не, воопшто неДонекаде

Во голем делЦелосно го надминува

Не знам/ без одговор

Kонкуренција од страна на неформални претпријатија

Никогаш Ретко Често Секогаш Не знам/ без одговор

Иако и самите претпријатија стануваат „жртви“ на неформалните претпријатија и конкуренцијата, претпријатијата во Македонија пријавија дека доста често користат неформални претпријатија како свои доставувачи/ супконтрактори.

Главни препораки` Да се обезбеди посебно финансирање за

претпријатијата со намена за инвестирање во новите технологии (не постари од 3 години);

` Да се зголеми државното финансирање во областа на истражувањето и развојот за да се остварат целите предвидени со Националната програма за научно истражување и развој 2012-2016;

` Да се изготват мерки со кои се промовира конкурентност преку квалитет, наместо моменталната конкурентност со цената;

` Да се усогласи растот на платите со растот на продуктивноста;

` Да се промовира обука за вработените. Да се основа фонд за кофинансирање на обуките за вработените во претпријатијата;

` Да се подобри ефективноста на системот за преговарање во однос на платите;

` Да се подобри врската помеѓу стручните училишта и претпријатијата за да се подобрат вештините на вработените;

` Да се даде акцент на реформите во средното образование и да се пренасочи дел од средствата за високо образование кон средното образование.;

` Да се подобри квалитетот на образованието за возрасни.

Графикон 4.2.Конкуренција од неформални претпријатија (изразено во % од испитаниците)

7,1 11,8 38,8 35,9

Неформалните претпријатија претставуваат голема конкуренција

7,6

6,5

21,225,320,05,9

Извор: Анкета со работоgавачи 2013

земјата се наоѓа на 126. место во однос на „степенот на обуки за вработените“. Повеќето од претпријатијата опфатени со Анкетата со работодавачите (26,5 %) сметаат дека владата не нуди програми за поддршка на претпријатијата за да ја зголемат својата продуктивност. Голем број претпријатија (29 %) не знаат дали воопшто постојат такви програми.

Неформалната економска активност и неформалното вработување создаваат нелојална конкуренција. Примарните податоци кои беа собрани во рамките на ова истражување потврдуваат дека неформалната економска активност е широко распространета во економијата - повеќе од 70 % од компаниите изјавиле дека се соочуваат со конкуренција од страна на неформални или нерегистрирани претпријатија (види во графикон 4.2.). Покрај тоа, повеќе од 40 % од сите претпријатија се жалат дека често или секогаш се соочуваат со конкуренција од страна на неформални претпријатија (види во графикон 4.2.).

Графикон 4.1. Платите и растот на продуктивноста (%)

Page 12: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

12

Табела 5.1.Петте најпроблематични фактори за водење бизнис во Македонија

Извор: Светски економски форум, Глобален инgекс на конкурентноста 2012–2013 г.

Владата треба да изготви сеопфатна програма за развој на претприемништвото која ќе предвидува иновативно финансирање за новооснованите бизниси, вклучително и почетно финансирање. Финансиската поддршка и советодавните услуги заедно треба да бидат составен дел на агенцијата за поддршка на

Развивање и искористување на домашниот претприемнички потенцијал

бизнисите, која ќе одржува тесна соработка со претставниците на претприемничките организации, банките и невладинитеорганизации. Помагањето на бизнисите треба да се врши значително побргу и поевтино со цел да се срушат постоечките стереотипи за неуспех. Всушност, потребно е да се промовираат повторните претприемници. Понатаму, приватниот сектор за развојот на бизнисите треба и натаму да се унапредува и координира со клучните институции, како Агенцијата за вработување, Министерството за економија итн.

Додека Владата се фали со постојниот даночен систем кој е поволен за странските инвеститори, таа исто така може да придонесе кон подобрување преку воведување нови даночни олеснувања за новооснованите бизниси, како и за компаниите со висок раст, што би послужило како дополнителен поттик за претприемниците кои сакаат до основаат свој бизнис. Тие може да траат најмногу две години и може да опфаќаат ослободување од плаќање данок на личен доход за вработените во првата година од работењето.

Иако бизнис-климата беше позитивно оценета при меѓународното рангирање, бројот на новоосновани бизниси во Македонија се намалува. Според Глобалниот индекс на конкурентност за 2012-2013 г., главните виновници кои го попречуваат водењето на бизнисот, меѓу другите, се пристапот до финансии (17,1 %), несоодветно квалификуваната работна сила (12,5 %), корупцијата (11,5 %), неефикасната владина бирократија (11,4 %) и несоодветната инфраструктура. Со оглед на економијата која во земјата е во голема мера зависна од извозот и со оглед на несигурноста во однос на главните трговски партнери на Македонија во Европската Унија, Владата треба да се фокусира на домашниот претприемнички (човечки) потенцијал.

Владинаподдршка

Вмрежување на бизниси

Даночни олеснувања

Алтернативни видови

претпријатија

Посилна улога на претприемничкат

а едукација

Графикон 5.1.Пет чекори за раст на бизнисите

Фактори % од испитаници

Пристап до финансирање 17,1

Несоодветно квалификувана работна сила

12,5

Корупција 11,5

Неефикасна владина бирократија

11,4

Несоодветна инфраструктура

9,3

Page 13: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

13

Организациите на претприемниците треба да нудат поголема поддршка за вмрежување на бизнисите со цел да станат олеснувачи напроцесот на пренос на знаење до работодавците и нивните вработени. Потребно е да се зајакне нивната улога на застапници и лобисти, при што Владата само би имала корист од препораките на организациите на претприемниците.Организациите на претприемниците треба самите повеќе да се насочат кон регионализација/ интернационализација.

Ниското учество на младите и жените– претприемници, како и на другите ранливи групи, има негативно влијание врз нивото на претприемништво во државата. Покрај потребата да се премости јазот помеѓу постоечките вредности и претприемничкитеактивности во Македонија, Владата би имала корист од доделувањето на средствата за промоција на жените претприемници, како и општествените претпријатија и настојувањата за зелена економија (сè поодржливи видови бизниси).

Постои слаба поврзаност помеѓу образовните институции и бизнис-секторите, што исто така придонесува да не се совпаѓаат побарувачката и понудата на пазарот на трудот. Владата треба да воведе образование за претприемништво во основните училишта, кое ќе предвидува нови предмети за претприемништво кои постепено ќе се воведуваат преку претставување бизнис- ситуации од вистинскиот живот. Владата исто така треба да ја подобри работата на новиот Стручен центар и на Центарот за образование на возрасните, со што ќе се постигне поголемо совпаѓање на побарувачката и понудата (на необразованите и невработените лица).

Главни препораки` Да се стави акцент на

искористувањето на домашниот претприемнички (човечки) потенцијал;

` Да се обезбеди поголема владина (не) финансиска поддршка за новооснованите бизниси;

` Да се подобри процесот на помагање на бизнисите преку пониски трошоци и да се поддржат настојувањата за повторни обиди за основање бизниси;

` Да се воведе даночно олеснување за новооснованите и високорастечките бизниси;

` Да се поттикнат партнерските односи со организациите на работодавците/ вработени чии капацитети треба да се зајакнат;

` Да се промовираат алтернативни видови општествено претприемништво кои водат кон одржливи бизниси. Особено е важно да се овозможи полесен пристап до финансирање на жените претприемници и настојувањата за зелени економии;

` Да се модернизираат системите на формално и неформално образование (пр. образование на возрасни) и да се воведе образование за претприемници уште во основните училишта.

Page 14: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

14 БИЗНИС–ПРИОРИТЕТИ ЗА ПОБРЗ РАЗВОЈ

Организација на работодавачи на МакедонијаОрганизацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е водечка и најголема организација на работодавачи во земјата основана во 2004 година. Основна цел на ОРМ е да ги застапува работодавачите воопшто и посебно во социјалното партнерство, да се грижи за развоj и остварување на правата и слободитена работодавачите во економската и социјалната сфера. Нашата визија е Македонија да стане најбрзо растечка економија на Балканот до 2017 година.

ОРМ посветува големо внимание на социјалниот дијалог на сите нивоа и тоа : на европско ниво, преку Заедничкиот консултативен комитет – ЗКК, нанационално ниво преку Економско социјалниот совет (ЕСС), на бипартитно ниво преку гранските колективни договoри и колективните договори на ниво на работодавач.

Интересите на работодавачите ги застапува и преку своите членови во Управните одбори на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за пензиско инвалидско осигурување, Одборот за акредитација на високо образовни програми, Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСКП) и други не помалку важни тела во институциите.

Учеството на ОРМ во Заедничкиот консултативен комитет дел од Европскиот економско-социјален совет на европско ниво им овозможува на работодавачите да го следат патот на Република Македонија кон членство во Европската Унија (ЕУ) преку усвојување на препораки до Владата на Република Македонија и институциите на ЕУ.

Работодавачите од ОРМ, со своите четири члена од вкупно 12 учествува во креирањето на политиките од економско-социјалната сфера во Економско социјалниот совет на национално ниво, во кој другите две страни се претставниците на синдикати и четири претставника од Владата.

ОРМ претставува над 17 работодавачки здруженија на ниво на гранка, вклучувајќи ги малите и средни фирми, како и речиси сите поголеми корпоративни претпријатија во земјата. При тоа ОРМ има потпишано 10 колективни договори на ниво на гранка и Општ колективен договор за приватниот сектор кој е обврзувачки за сите стопанственици од приватниот сектор.

Page 15: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

15

Б И З Н И С КО Н Ф Е Д Е Р А Ц И Ј А Н А М А К Е Д О Н И Ј А B U S I N E S S C O N F E D E R A T I O N O F M A C E D O N I A

Со формирањето на Конфедерацијата на работодавачи во 2001 година како здружение на граѓани - работодавачи почнавме да ја пишуваме новата историја во слободата на здружување на работодавачите во Македонија.

Благодарејќи на поддршката на Меѓународната организација на трудот и колегите работодавачи членови на Меѓународната организација на работодавачи и Европската организација на работодавачи (во тоа време УНИЦЕ) БИЗНИСЕВРОПА успеавме да се договориме со Владата на Република Македонија во 2005 г. даја регистрираме организацијата како легитимен социјален партнер на Владата, синдикатите, невладиниот сектор и локалната самоуправа во Македонија.

Бизнис конфедерацијата на Македонија како непрофитна, независна организација соработува со партнерите, ги застапува интересите на своите членови и партнерските организации врз основа на одлуки кои се темелат на демократски и транспарентни начини на анализа, комуникација и одлучување во согласност со Статутот на организацијата.

Денес БКМ застапува повеќе од 6.500 компании преку директно членство и преку колективно членство организирано во 13 партнерски организации со учество во БДП на земјата со над 40 %. Вработените во Бизнис конфедерација на Македонија се професионално обучени, управувани од девет членови на управниот одбори 30 членови во Собранието на организацијата. Низ главната канцеларија во Скопје и регионалните канцеларии во Битола, Прилеп и Тетово овозможена е комуникација и услуги на членките со цел за да се застапуваат нивните интереси во сферата на социо-економиските политики, колективното договарање, стандардите и едукацијата на национално и интернационално ниво. Стратегијата на организацијата 2010-2015 се спроведува врз основа на однапред утврдени цели и задачи, но основната визија на организацијата е дека само „Зgружени работоgавачи можат gа ја поgобрат конкурентноста на макеgонската економија“.

Бизнис конфередација на Македонија

Page 16: Б И З Н И С     -    П Р И О Р И Т Е  Т И З А    П О Б Р З

OРГАНИЗАЦИЈА HA РАБОТОДАВАЧИ HA МАКЕДОНИЈА

yл. Димитрие Чупески бp.13, Скопје

Teлефон: •389 2 3215 085e-поштa: [email protected]

веб-страницa: www.orm.org.mk

БИЗНИС КОНФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА yл. Bасил Ѓоргов бp.11,

Пошт. фах. 880, Скопје тел / факс : +389 2 3224 762e-пошта: [email protected]Веб - страница: www.bcm.mk