32
ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Изборна Програма

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Изборна програма на Тити Петковски

Citation preview

Page 1: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Page 2: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

2 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Page 3: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

3ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

СО ЉУБОВ. ЗА СКОПЈЕ... ЗА СИТЕ НАС !Да направиме повеќе...

Овие локални избори се мошне значајни за нас и за иднината на нашиот главен град. Тие се можност да направиме вистински избор на луѓе со нови идеи, со нови проекти, со нова енергија за подобра сегашност и за подобра иднина.

Верувам дека секој сака Скопје да биде европски, модерен град, што ќе пулсира во ист ритам со неговите жители. За да се достигне тоа треба добро менаџирање со проблемите и прашањата поврзани со Скопје, треба знаење, умешност, но и многу љубов за нашиот главен град, кој треба да биде вистинско лице на Република Македонија.

Јас, Тито Петковски, како кандидат за градоначалник на Скопје, отворено и одговорно ќе речам дека, за жал, денес Скопје повеќе или помалку е хаотичен и запуштен град во секоја смисла. Дали е тоа резултат на нестручност, незнаење и лошо менаџирање, дали е резултат на преголемо партиско влијание и остварување на тесно-партиски интереси или, пак, резултат на немање доволно љубов за Скопје на луѓе кои само сакале да добијат личен профит и лична промоција?

Поради сите овие работи Скопје денес не е функционален град.

Сите знаеме дека од било кое место во Македонија до Скопје може лесно да се стигне. Но, исто така, знаеме дека потешко е да се стигне од периферијата до центарот на Скопје. Градот се задушува во сопствениот хаос на постоечката инфраструктура. Паркирани возила по тротоари и на недозволени места, нечистотија, бучава, лошо регулиран сообраќај, тесни и нерамни улици, трошни фасади, кучиња-скитници...

Ова е секојдневна слика и имиџ на градот со кој се соочува секој што доаѓа во него.

Отворено и одговорно ќе констатирам дека Скопје, едноставно, нема квалитетен живот.

Затоа, сега е време да се одлучиме за неговата иднина. Дали Скопје ќе биде вистинска метропола за пристоен и благопријатен живот, дали воопшто ќе прерасне во европска метропола која што ќе биде огледало на државата или ќе продолжи трендот на негово обезличување, хаотичност и лоши услови за опстојување, ЗАВИСИ ОД СИТЕ НАС!

Page 4: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

4 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Јас имам нови проекти и нови решенија за сите проблеми со кои се соочува нашиот главен град.

Затоа Ви се обраќам Вам, на сите граѓани на Скопје! За да победиме на локалните избори! Да победиме за Скопје...за сите нас!

Скопје е идеален град со одлична географска местоположба, сместен во котлина, окружен со планини низ кој тече бујна река, што му дава посебен белег и посебна разиграност. Оној што ќе успее да го хармонизира пулсирањето на Скопје со пулсирањето на неговите жители, тој ќе биде успешен градоначалник.

Имам доволно искуство и знаење за да го направам тоа. Значи, искуството и знаењето се на наша страна, а одлуката треба да ја донесете Вие, почитувани граѓани.

Отворено и одговорно сакам да кажам уште една работа. Се лаже секој оној кој вели дека тоа може да го постигне сам. Има една изрека – еден професор не може да предава десет предмети. Затоа, подвлекувам дека само во тесна соработка со стручните луѓе со кои ја изготвивме програмата, а се разбира и заедно со Вас граѓаните, кои не само што ги знаете проблемите туку и секојдневно ги чувствувате, ќе успееме да го направиме Скопје подобро и поубаво место за живеење.

Од Вас очекувам да ми ја дадете поддршката на овие избори, да го направиме Скопје функционален град за квалитетен живот!

Што нудам јас како кандидат за градоначалник?

ЗА СООБРАЌАЈОТ И ТРАНСПОРТОТ

Состојбата со сообраќајот во градот е хаотична, но сметам дека има неколку начини тоа да се надмине.

За да се избегне целиот сообраќаен метеж предлагам:

изградба на нови, широки магистрални сообраќајници и

довршување на заобиколниците;

реализација на постоечките и изработка на нови проекти за

еднонасочен сообраќај во централните делови на градот;

Page 5: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

5ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

подземни сообраќајници и премини;

ревизија на сегашните семафорски програми и хоризонтална сигнализација.

На сето ова би го додал и проблемот со паркирање во централното градско подрачје со кој секојдневно секој од нас се соочува. Треба да се стави крај на ваквата состојба, а тоа е можно со вистинско и правилно регулирање на постоечкиот паркинг-простор, со зонско паркирање и со изградба на катни гаражи во централното градско подрачје.

Посебна приказна е градскиот превоз и застарениот возен парк во Скопје, со чие функционирање, убеден сум, никој од нас не е задоволен. Потребна е нивна итна замена со нови автобуси, по можност тие да се еколошки, да се репарираат старите кои што би возеле на гас, и целиот систем на градскиот сообраќај да биде усогласен со потребите на граѓаните. Само така сообраќајот ќе претставува вистински крвоток во градот.

На ова би го надоврзал функционирањето на такси службата во нашиот главен град и нејзино регулирање на вистински, поточно законски начин.

Како едно од битните решенија за намалување на сообраќајниот хаос е и проектот за воведување на трамвај, што има моја целосна, а верувам и ваша поддршка. Сето ова ќе придонесе и за намалување на обемот на патување со приватни автомобили, што оди во прилог на одржување и зачувување на здравата животна средина.

И кога сме веќе на оваа тема, сакам да подвлечам дека на Скопје му требаат уште многу велосипетски патеки, детски игралишта и спортски терени, пешачки зони, средени зелени површини и безбедни тротоари, му треба побогата културна содржина, европски Плоштад, повеќе катчиња за најмладите и за најстарите, повеќе ред во изградбата на нови објекти од секаков вид и карактер, а помалку смет, помалку кич и помалку криминал...

Треба навистина да направиме се што е во наша можност и надлежност за да се гордееме со Скопје.

ЗА ОКОЛИНАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Сакам да Ве прашам, почитувани сограѓани, колку сте Вие задоволни од околината во која живеете?

Page 6: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

6 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Во и околу Скопје има многу смет што треба да се отстрани. Ќе Ве мотивирам од сметот да произведуваме енергија, за што имам детален проект. Со овој проект Скопјани, практично, сами ќе придонесат за чистотата во градот, зашто Скопје, покрај нивно, претставува и огледало на државата.

Го делите ли моето мислење дека Скопје е бесплански пренатрупан со разно-разни објекти, дека премногу е валкан, дека има малку зелени површини, а многу секојдневни проблеми од секаков вид? Скопје нема изглед на главен град со европски дух.

Привилегија за еден град е низ него да поминува река. Нашиот Вардар се уште го нема добиено значењето што треба да го има за нашето Скопје. Реката не живее со градот, ниту, пак градот е во хармонија со неа. Граѓаните заслужуваат Вардар да биде чист и функционален по целото негово течение.

Јас имам решение за негово прочистување и проект како реката Вардар да стане привлечен предел за сите граѓани.

Зошто во еден дел реката Вардар да не биде пловна? Најнапред треба да се забави течението на реката со спроведување специјални конструкции кои воопшто не се скапи, а ефектот може да биде голем. Така, Вардар може да стане рај за рекреативните риболовци, да биде атрактивен не само за граѓаните, туку и за туристите.

За да биде поубава околината, важно прашање за Скопје е реновирањето на старите згради, поправка на многубројни трошни фасади и замената на азбестните покриви што ги има на приватните и јавни објекти во градот.

Обезбедувањето на енергија, што нема да ја загрозува животната средина, е важно прашање за Скопје и Скопјани. Планирам да се формира градски одбор, на чело со градски менаџер, кој ќе направи стратегија за долготраен и одржив развој, а ќе се направи и посебна стратегија на акции за поддршка на производството и потрошувачката на енергија од обновливи извори.

КАКОВ Е ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ? Центарот на Скопје треба да се третира и да се негува како важен

симбол на македонското културно и историско наследство.

Со своите згради, урбани простори и стилови на улици, централното јадро е важна врска меѓу минатото, сегашноста и иднината,

Page 7: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

7ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

тоа поседува елементи на архитектонско наследство со непроценлива вредност. Потребно е, пред се, стручно и планско проектирање на новите згради, но не и да се обесхрабрат архитектите и да се ограничат нивните иновации и нивната архитектонска фантазија.

Но, сакам повторно да Ве прашам – Дали оправдувате во ваква економска ситуација во која се наоѓаме, во центарот на Скопје да се постават дури уште 17 нови споменици кои чинат речиси 9 милиони евра, натрупани без вкус и урбана естетика? И дали е неопходна градба на Црква на Плоштадот Македонија?

Кога се гради споменик, треба добро да се размисли и од сите аспекти да се процени дали да се постави скулптура или градба од краток век и колкава да биде по големина. Спомениците се најбележаните знаци, тие се сведоци за најделикатниот дел од националната култура – културата на памтење. А таа не се наоѓа на плоштадите, туку во убедувањето на граѓаните.

Ова сето заедно што неплански се прави, без да се консултираат видни архитекти, без да се прашаат граѓаните, може лесно да го направи Плоштадот и Центарот на Скопје да бидат неатрактивни, па дури и грди.

НОВ ЗАКОН ЗА СКОПЈЕСметам дека нашиот град треба да претставува една целина и

токму затоа е потребен нов закон за град Скопје.

Само мал број главни градови во Европа се поделени на општи-ни како Скопје, тука би ги набројал Анкара, Будимпешта, Лондон, Сток-холм, меѓутоа, таму општините ги немаат истите надлежности како главниот град.

Градот е жив организам и претставува една целина во секој по-глед, економски, урбанистички, еколошки, културен...Со постоечки-от закон општините се рамноправни со градот, надлежностите и од-говорностите се испреплетени и предизвикуваат ривалство, конкурен-ција, па дури и антагонизам при функционирањето на Градот, попречу-вајќи го остварувањето на интересите на граѓаните и решавањето на нивните проблеми.

Токму поради тоа, потребно е со нов закон прецизно да се раз-граничат надлежностите и градот да прерасне во една функционална и хармонична целина, во која ќе влезат урбаните општини, а руралните ќе дејствуваат одвоено, без притоа да се доведе во прашање двојазич-носта што веќе е застапена во градот.

Конечно самото Скопје, а не државата, треба да управува со градежното земјиште. Тоа е неопходно да се направи доколку сакаме

Page 8: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

8 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

да ја реализираме децентрализацијата според Европската повелба за локална самоуправа и доколку сакаме да се доближиме до европски-те сфаќања и стандарди за една вистинска метропола.

Исто така, постојат нејасни надлежности во рамките на град-ската администрација за надзор и управување со јавните градски пре-тпријатија, како и недостаток на стручност во раководењето со град-ската администрација. Поради овие причини градот не е во можност да дејствува како одговорен сопственик со јавните претпријатија кои се основани од град Скопје. Затоа неопходно е преструктуирање на овие јавни претпријатија, со цел да се постави јасна сопственичка структу-ра и да се зголеми нивната функционалност и ефикасност во задоволу-вањето на потребите на граѓаните.

ЗА КУЛТУРНО И МУЛТИКУЛТУРНО СКОПЈЕАрхитектонските остварувања, јазикот, ликовната уметност,

музиката, книжевноста, се израз на богатиот трезор на историјата и колективното сеќавање на Скопјани. Сето ова треба да се заштити, да се зачува и да се остави во наследство на нашите деца, на нашите внуци, на идните генерации...

Во функција на културниот развој и поттикнување на културното и уметничкото творештво сакам да воспоставиме широка соработка со сите групи на локалната заедница, вклучувајќи го и приватниот сектор, кој ќе добие финансиски стимул кога ќе се појават во улога на спонзори на уметноста и воопшто на културното творештво.

Јас како градоначалник на Скопје сакам да го промовирам и развивам и културниот туризам, при што културните и уметничките случувања треба да станат привлечни за посетителите и туристите, а секако дека тие може да имаат и меѓународен карактер. Имам програма што е во насока на анимирање и заживување на Старата чаршија, Калето, на рекреативните центри Сарај, Матка, Градскиот парк и Водно...

Верувам ќе се согласите дека мултикултурното шаренило на Скопје е негово богатство, а не хендикеп. Затоа, вокацијата на Градот ќе биде отвореноста, гостопримството и вклучувањето на сите граѓани од различно културно, јазично и религиско потекло, кои ќе бидат повикани да живеат заедно, да работат заедно и да соработуваат на секое ниво.

Page 9: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

9ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

ГРИЖА ЗА МЛАДИТЕ, ЗА СТАРИТЕ И ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Во Скопје луѓето со посебни потреби често се запоставени и из-ложени на моментални или постојани проблеми во нивното прилаго-дување спрема околината и слободниот пристап до општествените ак-тивности во градот. Квалитетот на нивните животи е загрозен.

Оваа состојба сметам дека е неприфатлива и затоа Скопје тре-ба да се проектира за сите граѓани.

Посебно омилена тема ми е животот на нашите млади сограѓа-ни. За нив сакам да направиме се што можеме во позитивна смисла и Скопје да им биде место каде што ќе бидат навистина среќни. Ним треба да им обезбедиме добри услови за работа, убави услови за жи-вот, сите предуслови за формирање семејства и тие да имаат европска перспектива.

Младите треба да добијат уште спортски игралишта, уште простор за игра, за натпревари и за забава. Треба да се негува нивни-от здрав дух и нивниот талент. Треба што повеќе да се инвестира во нивниот ментален и физички развој, во нивното здравје и нивните веш-тини и способности.

Не ги заборавам и старите луѓе, кои често се запоставена ка-тегорија на граѓани, но со мојата програма нудам широк систем на со-цијални услуги кои ќе им го подобрат квалитетот на животот. Треба да се намали нивното чувство на осаменост и отфрленост од општество-то, на несигурност при нивниот престој во старечките домови.

БЕЗБЕДНОСТ ВО ГРАДОТДали сме безбедни во Скопје? Секојдневно слушаме и читаме за некоја сообраќајна незгода,

за грабеж на банка, продавница или на автомобил, за ограбена куќа, некое убиство или фатени нарко-дилери. Справувањето со криминалот станува приоритетно во активностите и на градоначалникот, кој може значително да влијае врз превенцијата на ваквите несакани појави.

За да се зајакне безбедносниот систем, полицијата мора да одржува и дијалог со граѓаните и со нивните претставници. Треба да се утврди и посебна градска политика за борба против наркоманијата, насочена пред се кон елиминирање на шверцот и дистрибуцијата на дрога и да се донесе посебна програма за реинтегрирање на зависниците од дрога во општествениот живот.

Page 10: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

10 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Скопје е наш град и сакам заедно со Вас да работиме за тој да биде поубав, пофункционален и помодерен град.

Сакам заедно да се грижиме за Скопје, да му подадеме рака, да му подариме љубов и заедно со него да чекориме во животот.

Сакам заедно со Вас, Скопје да го направиме отворен мултикултурен и европски град.

Верувам дека тоа и ќе го оствариме зашто знам што му недостасува на Скопје за да биде вистинска метропола.

Page 11: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

11ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

ШТО УШТЕ МУ ТРЕБА НА СКОПЈЕ?

Приоритетни проекти

Проект: Урбан развој на Град СкопјеПроблеми во реализација на планската документација

Непостоење на единствен систем на урбанистичко планирање • (чести промени на законите и правилниците за планирање).Централизирано водење на урбаната политика (мешање на др-• жавната администрација во ингеренциите на Градот).Непостоење на координација во работата на општинските • служби (меѓусебна и со Градот).Неусогласена административно-територијална поделба од • 2005 год. со функционална организација на Градот со ГУП за Град Скопје од 2002год. Непостоење на континуитет и синхронизираност помеѓу раз-• личните нивоа на изработка на урбанистичка документација (Генерален план, Детален урбанистички план, Урбанистички проект).Непостоење на финансиска основа за реализација на урбанис-• тички планови, особено на капитални објекти во Градот и ин-фраструктура.Несоодветна организациска поставеност, политизираност • и непрофесионализам во службите од државната и локална власт.

Проблеми што произлегуваат од интензивниот урбан развојДемографска експанзија

Доведува до значителни промени во територијалниот и • морфолошки развој на градот и поврзување со населбите од приградската зона.

- Густината на домување ги изразува животните услови на населението и зависи од концепцијата на урбанистичките решенија.

- Нето густината на домување во станбените комплекси не треба да ја надминува вредноста од 500 жители/ха, бидејќи ги оптоварува сообраќајните површини и ја отежнува реализацијата на зелени градски површини.

- Скопје има нето густина на домување од 156 ж/ха.

Page 12: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

12 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

ДомувањеПривиден станбен суфицит• (вишок на станови во однос на бројот на домаќинства од една, и голем број семејства без станови, од друга страна). Диспропорција во стандардот на домување• (површина /жител, големина на станови, комунална опременост, квалитет на градба, година на градба). Диспропорција во степенот на опременост на станбените зони• со јавни функции, услуги и содржини за спорт и рекреација. Надградби на објектите за домување во квартови со • ограничени можности за паркирање и проширување на комуналните инсталации.

Инфраструктура Планираната магистрална и секундарна • водоводна мрежа не е целосно завршена.

- Во водоснабдителната мрежа на одредени потези по с т о ј а т големи загуби на притисок што посочува на потреба од реконструкција или проширување на мрежата, односно зголемување на дијаметрите на цевките и дооформување на циркулационата водоснабдителна мрежа. Планираната • фекалната и атмосферската канализација, исто така, не е финализирана. - Поради недоволната изграденост на атмосферската мрежа големи количини од дождовните води се сливаат во фекалната канализација, што предизвикува проблеми (преполнување и преливање).

Електро енергетската мрежа• . Најголем дел од предвидената ангажирана моќност е реализирана, додека пак, во делот на развојот на преносната и дистрибутивна мрежа степенот на реализација е на пониско ниво. - Најголемиот дел од трафостаниците се постари од 30 години. Овој податок кажува дека кабелските врски веќе го имаат надминато својот животен век и се амортизирани.

ЕкологијаЕколошки проблеми поврзани со зелените и рекреативни • површини:

- узурпација на површините наменети за реонски паркови со бесправна градба;

комунална неуреденост и нејасна организациона - поставеност на крајречните зелени појаси;непостоење на јасна визија и концепција за уредување - на “Водно” како простор за развој на активна и пасивна рекреација;

Page 13: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

13ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

недостаток на креативни решенија за зелените оази во - градот: Гази Баба, Зајчев Рид, Кале, река Вардар, аквадуктот и други.

Еколошки проблеми како последица на бесправна градба: • неконтролирано ширење на комуналниот -

систем со што се предизвикуваат енормни трошоци на Општините;

осиромашување на буџетите на Општините заради - неплаќање на трошоците за градба (комуналиите);

уништување и узурпирање на високо квалитетни - обработливи земјоделски површини;

деградација и уништување на природните вредности; - појава на голем број диви депонии во населбите, што -

се еден од основните извори на загадување на животната средина.

ПРЕДЛОГ МЕРКИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО УРБАНИОТ РАЗВОЈПринципи на одржлив урбан развој

Концептот на одржлив развој е насочен кон зачувување на • природните еко-системи и рационално искористување на природното богатство на земјата за зголемување на квалитетот на животната средина и квалитетот на живеење. Поимот одржлив град се базира врз четири основни принципи:- безбедно и здраво домување; - намалување на загадувањето на животната средина,

заштеда на обновливи и необновливи ресурси, користење на сончева енергија, рециклажа на отпад и сл.;- развој на Градот што подразбира постигнување на општествено-економски цели;- идентификација и поддршка на развојот на нови стопански активности што ја јакнат економската положба на градот.

Стратегии за разрешување на урбано-еколошките проблемиФормирање на компактен град

Ова подразбира мешовито користење на земјиштето, развој • на јавните комуникации, зголемување на ефикасноста на постојните урбани структури. За тоа е потребно: единствено планирање на градот, со предградието и -

околните села;единствено управување со целиот простор; - единствена комунална земјишна политика;- еколошки заштитни мерки како примарни регулатори; - одржување на системот во целина.-

Page 14: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

14 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Една од најважните задачи на градовите е рационализација • на изграденото. Земјиштето околу градот мора да се третира како најголема вредност и да се користи само за значајни јавни објекти и инфраструктура. Треба да се спречи хаотично развивање на индивидуалниот станбен простор. Битно е обезбедување на инфраструктурни траси во Градот. • Градежното земјиште да се користи поинтензивно во сите • функционални зони. Станбена политика што ќе овозможи решавање на социјалните • станбени проблеми. Формирање на разни финансиски, кредитни, хипотекарни и • други институции што ќе го олеснуваат начинот на купување станови.Стопирање на бесправната градба. •

Нови плански пристапиНовите пристапи во планирањето претставуваат симбиоза на • економијата и животната средина, кои се базираат на следниве принципи:

- партиципација (активно учество на граѓаните во сите фази на развојот), транспарентност (процесот мора да биде отворен и секој да има пристап до информациите и одлуките), флексибилност (барање на креативни и оригинални решенија); - задоволување на потребите на населението; - капацитет на развојот и изградбата - дефинирање на капацитетот на две нивоа: добробит на населението и способност на професионалците и локалните органи да одговорат на реалните потреби; - грижа за иднината - долгорочен и холистички поглед на унапредување на постојните и идните услови за живеење.

Клучните цели, кои треба да ги постават локалните власти, од аспект на одржив развој се:А) Ниво на глобална енергија

атмосфера и клима;• биодиверзитет;• сончева енергија.•

Б) Природни извори воздух -• ограничување на нивото на загадување;вода -• заштита на изворите, подобрување на квалитетот;земјиште• - заштита од ерозија и контаминација, одржување на плодноста;минерали и извори на енергија • - редуцирање на употребата на необновливи извори.

Page 15: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

15ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

В) Опкружување објекти • - обнова, прилагодување на локацијата; инфраструктура• - обнова, намалување на губитоци, зголемување на сигурност;отворени простори • - обнова, чистење, полесен пристап; естетски квалитет• ; културно наследство • - заштита на археолошки наоѓалишта, историски споменици, архитектонски дела и атрактивни пејзажи.

План за реализација на стратегиите Формирање на компактен град

Формирање на единствен центар за планирање и водење на • урбана политика за град Скопје. Изработка на просторен план на Скопската Котлина. • Нов генерален план за град Скопје, усогласен со територијалната • поделба и со законските норми. Ревизија и усогласување на сите детални урбанистички планови • (ДУП-ови) со насоките од ГУП -от на градот и нормативите и стандардите за урбанистичко планирање. Изработка детален план за намена, користење и организација • на просторот по должината на обиколницата на град Скопје.Опремување станбените зони со неопходните содржини од • јавни функции и услуги, зелени и Ѓрекреативни површини. Стопирање на надградби и доградби на објектите за домување • на локации и во зони каде што не се обезбедени соодветни комунално-технички услови.

Модел на “зелен град”Приклучување на постојните и новите стопански зони на • гасоводниот систем и нивна технолошка преориентација во користењето на еколошки чист енергенс. Дислоцирање на загадувачките капацитети од станбените зони • кои технолошки не може да се преориентираат.Изработка на посебни планови за уредување на локациите: • Кале, Гази Баба, Зајчев Рид, Водно и коридорот на реката Вардар како и јавните зелени и рекреативни површини. Реконструкција на спортско-рекреативните центри и терени: • Сарај, Езеро Треска, Хиподром и Камник. Заштита од бучава со хортикултурни мерки (улици и стопански • зони).

Page 16: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

16 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Проект: Долгорочни решенија за сообраќајотКаква е состојбата со сообраќајот во Скопје?

Отежнато движење од периферијата кон центарот и обратно. • Отежнат и блокиран сообраќаен проток и движење (динами-• чен моторен сообраќај). Нерешено прашање со паркирањето (стационарен сообраќај). • Нерешено прашање на Јавниот градски превоз на патници. • Нерешено прашање на Јавниот такси превоз на патници. •

ПричиниУрбанизација т.е. изградба на многу нови објекти во градот:•

без стручно решение на сообраќајната комуникација на новоизградените објекти со постојната сообраќајна мрежа; без обезбедување на паркинг простор под зградите во централното градско подрачије;

Многу нестручно и несистематски подготвени законски и под-• законски акти:

проблеми во доурбанизацијата и создавање на т.н. ур-бана мафија;

Недостаток на алтернативен јавен градски превоз (трамвај, • превоз со комбиња и др.).

КонстатацијаСообраќаен хаос и метеж .• Некомпетентно и нестручно поставена сообраќајна политика.•

ПоследициОтежнат сообраќаен проток и движење на лица и возила.• Отежанато решавање на проблемите со хигиената, инфра-• структурата, екологијата, културата, спортот и образование-то, како и на проблемите во другите сфери на живеење.Негативни последици за економскиот развој на градот.• Неквалитетно урбано живеење – животот станува тежок, скап • и нездрав, со висок степен на загадување од издувни гасови и бучава, како и со губење време при патувањето.

Page 17: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

17ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

Што ќе направиме?1. Долгорочни сообраќајни решенија за динамичниот и стаци-нарниот моторен сообраќај, велосипедскиот и пешачкиот со-обраќај.

Отпочнување на решавање на проблемот со сообраќајот од • центарот кон периферијата, со детални сообраќајни решенија .

Изградба на тунел под скопското Кале: поврзување на бул. Св. Климент Охридски со бул. Александар Маке-донски (во делот на пластичарската улица). Довршување на т.н. голем ринг од сообраќајната мре-жа на централното градско подрачије со изградба и проширување на т.н. пластичарска улица.

Проширување на сообраќајната мрежа и паркинг просторот • во централното градско подрачије.

Изградба на широки булевари и улици. Бесплатно надолжно паркирање на левата и десната страна на проширените сообраќајници (средства од ед-нократна наплата на 10 евра при регистрација на мотор-ните возила). Изградба на денивелирани раскрсници во комбинација на кружни раскрсници и сообраќајници . Вкрстување на динамичниот сообраќај со пешачкиот (денивелирани пешачки премини – пешачки надвозни-ци со подвижни скали).

Довршување на започнатиот проект за трамвај. • Изградба на првата линија.

-Ново Лисиче - Центар - Ново Лисиче. Подготовка на планови за другите линии.

- Продолжување на првата линија до општина Ѓ. Петров. - Тунел под центарот на градот до Соборен Храм.

Големи паркинзи на крајните трамвајски станици. Донесување на пропис за задолжителна изградба на паркинг • места под новите згради.

Задолжително по 2 паркинг-места за секој стан. Со долгорочни сообраќајни решенија придобивките ќе бидат • големи:

максимална безбедност и проточност, што се ефекту-ираат и во намалување на штетните влијанија на из-дувните гасови и на бучавата, особено во шпиц-терми-ните; намалување на трошоците за обележување на хори-

Page 18: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

18 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

зонталната сигнализација (годишно за оваа намена се трошат 500.000 евра); обезбедување нови 5.000 паркинг места во централ-ното градско подрачије, во т.н. мал и голем ринг; создавање на услови за бесплатно паркирање или на-малување на сегашната цена.

2. Долгорочно решавање и рационализација на Јавниот превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.

Јавниот градски превоз на патници.• Рационализирање и минимизирање на трошоците на работење. Подобрување на квалитетот на јавниот превоз и услуги-те, со што ќе се зголеми бројот на патници:

- повеќе автобуски (трамвајски) постројки; - рационална фрекфенција на возилата; - пократко време на патување; - ниска цена на билетот; - конфор во возилата.

Јавниот такси превоз.• Такси превоз со патничко-моторно возило.- Закон за организираност на такси-превозот според меѓународни норми, стандарди и критериуми.

- Технички исправни и унифицирани такси-автомобили. Такси превоз со комбиња.

- Решавање на превозот на патници во градското и при градското подрачје.

Пуштање во употреба на првата трамвајска линија. •

3. Сообраќајна инфраструктура за моторен, велосипедски и пе-шачки сообраќај

Сообраќајна мрежа• Планирање и изградба сообраќајната мрежа на улици во согласност со хоризонталната и вертикалната хи-ерархија.

- Канализирање и управување на сообраќајниците. - Максимална безбедност и проточност.

Сообраќајна политика на масовно користење на изградените • паркиралишта.

Економично користење на паркинг-просторите во Скопје.Континуирано следење на временските и просторни-те потреби на граѓаните и институциите за паркирање. Бесплатно користење на отворените паркиралишта (со издвојување на 10 евра при регистрација на возило).

Page 19: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

19ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

Велосипедска сообраќајна мрежа. • Масовно користење на велосипеди. Формирање континуирана велосипедска мрежа и де-финирање на приоритетите во собраќајниот режим.

Тротоарска сообраќајна мрежа. • Континуирана мрежа за безбедно движење на пеша-ците. Елиминирање на узурпацијата на тротоарите од стра-на на возилата.

4. Генерален урбанистички план, Генерален сообраќаен план на Град Скопје

Измена и дополнување на Генералниот урбанистички план на • Скопје. Донесување на Генерален сообраќаен план со јасна вертикал-• на и хоризонтална хиерархија, со јасни детални среднорочни решенија. Измени и дополнувања на законските прописи во сообраќајот • што ќе произлезат од донесувањето на Генералниот сообраќа-ен план. Елиминирање на сите елементи што даваат основа за созда-• вање урбана мафија.

5. Донесување на детални урбанистички планови и детални со-обраќајни планови на Град Скопје

Во рамките на Генералниот урбанистички и Генералниот со-• обраќаен план, со јасни детални решенија во рамките на еден среднорочен период, во најмалку две продолженија.

6. Донесување на одлука за утврдување и дефинирање на со-обраќајниот режим за одвивање на безбеден сообраќај во гра-дот

7. Планирање и развој на сообраќајот и сообраќајната инфра-структура во функција на развој на стопанството и еколошката животна средина

Континуирано следење на сообраќајот.• Формирање банка на податоци-статистика што ќе придонесе • за донесување вистински решенија.

конретни проекти и нивна реализација.

Page 20: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

20 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Проект: Плазма- технологија на претворање на отпад на Дрисла

Скопје, секоја година произведува се поголеми количини на цврст, течен и гасовид отпад, а просторот за негово депонирање и одлагање континуирано се намалува. Големи количини на разни отпади привре-мено се одлагаат на нееколошки и за животната средина штетен на-чин. Само мал дел од отровните и отпадни материи во потполност се уништиваат, а воопшто не се рециклираат. Оваа состојба стнува недор-жлива и со се поголеми негативни ефекти врз квалитето на животото на скопјани, и зато ние нудиме решение: инсталирање на Плазма тех-нологија на претворање на цврст, течен и гасовид отпад на Дрисла.

Што е плазма-технологија?Како последица на потребата да се намали вкупната количина от-

пад, за крајно одлагање и депонирање, поради својот негативен ефект по животната средина и поради можноста да се поврати енергијата на отпадот, од неодамна, развиените земји во светот започнаа да употре-буваат една нова технологија за обработка на опасни материи и тоа да биде економски оправдано. Тоа е така наречена плазма-техноло-гија, која успешно се употребува во обработката на каков било вид на цврст, течен или гасовид отпад. Со екстремно голема ефикасност и со споредни продукти кои имаат комерцијална вредност и не ја загрозу-ваат животната средина (има нулта испуштање на штетни материи во воздухот). Не користи никакви примарни репроматеријали, а отпадот го користи за производство на корисни комерцијални продукти. Оваа технологија практично е универзална бидејќи веќе се применува и е докажано дека со нејзината примена се уништува секаков отпад, без разлика дали е тврд, течен или гасовид. ЕРА-официјално оваа техноло-гија ја оквалификува како процес на рециклирање и има подршка и од “ Греен Пеаце “ и сите еколошки организации во светот.

Плазма-технологијата во светот се смета како крајно решение на светскиот проблем со отпадот, и затоа ние ја прифаќаме, а Скопје, на депонијата Дрисла, ќе ја добие.

Фабриката би ја граделе на основа на јавно-приватно партнерство или целосно странска инвестиција.

Со воведувањето на плазма-технологијата на Дрисла, ќе се обез-беди практично потполно уништување на отпадот, без да се создава каков било одлив на отпад или отпадни пропратни продукти. Произ-водениот гас(синтетички запалив гас) и тврдата материја(во вид на стакло), кои ќе се содаваат со обработка на комуналниот цврст отпад, со ова технологија, имаат комерцијална вреднсот - калоричната вред-ност на гасот ќе се искористи за гориво во индустрските процеси, вклу-чувајќи го и производството на електрична енергија и производството на метанол и етанол. Поради необичните махнички квалитети, цврсти-от производ може многу успешно да се употреби во градежната индус-

Page 21: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

21ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

трија. Термалната енергија може да се искористи за греење на делов-ни згради и згради за живеење.

Што значи дека покрај еколошкиот ефект (намалување на отпадот) плазма технологијата ќе обебзедува и финансиска добивка со продаж-ба на вишокот на електрична енергија,термална енергија, остатоци од тврд отпад, продажба на вишокот на гас на хемиската индустрија и слично.

Со примената на ова технологија во Скопје, на Дрисла, ќе отстрани-ме и уништиме:

-тврд отпад; -медицински отпад; - мил од станици за прочистување на вода; - пепел од печка за спалување; - органски и петрохемиски мил; - кал која содржи азбест; - отпадни гуми; - отпад од производство на алуминиум; - разен опасен отпад(политхлориди, бифенил, пирален и инсек-

тициди); - екслозивен производен отпад и воен отпад; - бои и органиски растворчи; - фармацевтски производи со поминат рок и итн.

Конечно, имајќи ја предвид потребната инвестиција, трошоците за одржување, оперативните трошоци, трошоците за земјиштето за из-градба на погонот и приходите од продажбата на вишокот на енергија и продуктите кои се обработуваат, во практиката се покажува дека плазма технологијата е 20-40% поефтина отколку било која друга тех-нологија, и секако еколшките ефекти, плазма технологијата ќе ја вове-деме како вистинско решение за соочување со проблемот на третма-нот на отпадот во Скопје.

Page 22: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

22 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

ПРОЕКТ: МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ГРАД СКОПЈЕ

Зачленување на градот Скопје во „Клуб Стразбур”

Клубот СТРАЗБУР е иницијатива која има за цел да ги унапреду-ва и засилува врските помеѓу главните метрополи на новите и идните држави на Европската унија и главни градови на Европската унија.

Клубот е формиран во 2003 година на иницијатива на градона-чалникот на Стразбур.Тој денес опфаќа 35 главни градови и регионал-ни метрополи од новите и идните земји-членки на ЕУ.

ЦЕЛИ на Клубот:Олеснување на размената на искуство во различните области како што се: урбаната политика, структурните фондови, културата и др.Разработка на заеднички тематики за европските агломерации.Промовирање пред институциите на Унијата на поголемо водење сметка за спецификите на големите градови во Европа со кои тие се сретнуваат.

ЧЛЕНОВИ

Во Клубот членуваат 38 градови од 13 земји нови членки на ЕУ и од Хрватска, како земја -кандидат. Тоа се: Полска: Варшава, Лоџ, Краков, Вроцлав, Познањ, Гдањск и Катовице; Словачка: Братислава и Кошиц; Чешка: Брно, Оломоук, Ос-трава, Плзен; Унгарија: Будимпешта, Дебрецин, Шегед, Мишколц, Печ; Кипар: Никозија; Малта: Валета; Литванија: Вилниус, Каунас; Летонија: Даугавпилс; Естонија: Талин; Словенија: Љубљана, Марибор; Романија: Букурешт, Арад, Јаши, Плоешти, Плоешти, Темишвар; Бугарија: Со-фија, Пловдив, Русе, Стара Загора; Хрватска: Сплит.

Градоначалниците на овие градови се состануваат еднаш го-дишно за да разменат мислења за теми од интерес за развојот на нив-ните градови. Организатор на годишните средби на градоначалници-те е градот Стразбур. Последната средба се одржа на 21 и 22 октомври 2008 година. На оваа средба беше дебатирано на темата „Доброто ло-кално владеење: неопходна потреба на градоначалниците, предизвик за Европа.”

Се одржа и тркалезна маса на тема: „Европска недела на локал-ната демократија: иницијативи за учество на граѓаните”.

На секоја од средбите се усвојува декларација. Во Првата де-кларација градоначалниците изјавија дека се приврзани на европското

Page 23: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

23ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

изградба, кон помирување на Европјаните со нивната судбина. За таа цел тие одлучија да се преземат конкретни чекори за соработка на ло-кално ниво преку размена во областа на културата, економијата, нау-ката и универзитетите.

Соработката меѓу државите и народите не може да се замисли без конкретна соработка на градовите и луѓето од европските држа-ви. Затоа „Клубот Стразбур” е одлучна иницијатива за размена на иску-ства во решавањето на исти или слични проблеми со кои се сретнуваат градовите и граѓаните од европскиот Запад и од европскиот Исток.

Не треба многу да се размислува како да се реши некој град-ски проблем. Треба да се видат искуствата на другите градови, а тоа го овозможува „Клубот Стразбур”.

Затоа Скопје ќе стане член на овој Клуб.

Скопје со свое претставништво во Брисел

Непознати се причините зошто градот Скопје досега нема от-ворено свое претставништво или Канцеларија при ЕУ, во Брисел, ако се знае дека во белгискиот главен град има околу 300 претставништва или канцеларии на главни градови, региони и асоцијации, за чие отво-рање е потребно само добра волја. Според податоците од ЕУ, во Брисел свои канцеларии имаат над 30, помеѓу кои се и: Берлин, Братислава, Будимпешта, Барселона, Букурешт, Валенсија, Вилнус, Варна, Копенхаген, Лондон, Мадрид, Ос-ло, Прага, Рига, Стокхолм, Софија, Талин, Хамбург, Хелсинки и други европски метрополи. Покрај претставништва на градовите, во Брисел се претставени и посебни региони(околу 200), како и други здруже-нија, асоцијации и слично, чија вкупна борјка е околу триста. Дури и главниот град на Белгија има свое официјално претставништво при ЕУ. Зарем Скопје не припаѓа на овие европски Метрополи? Ваквото претставување во ЕУ веќе е масовна практика и се смета за мошне практично од повеќе причини, како за самата земеја-испраќач, така и за регионите или градовите. Градот Каунс од Латвија, кој има 360 илјади жители е претста-вен во Брисел и како град и како регион. Главниот град на Естонија, Та-лин е претставен двапати- и како град и како член на Асоцијацијата на градови на Естонија. Претставниците при ЕУ во Брисел немаат дипло-матски статус, но некои функционираат како фирми, други како еден вид градски амбасасадор или амбасадор на регион. Претставништва-та или канцелариите функционираат како мини-амбасади и се сметаат за релевантни соговорници на официјален Брисел. Белгиското Минис-терство за надворешни работи за овие претставници обезбедува акре-дитација, но и тоа не е задоложително. Градот Брисел им дава техни-чка и друг вид помош на другите градови, што отвораат свои претстав-ништва или канцеларии и им дава олеснувања во однос на рентирање-

Page 24: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

24 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

то на просторот. Комесарот за регионална политика, г-ѓа Данута Хубер, вели де-ка Брисел е отворен за сите што сакаат да лобираат, да се информи-раат, да се презентираат, да остваруваат контакти и да имаат увид во фондовите и проектите на ЕУ, па на тој начин да бидат подготвени да ги искористат ресурсите на Унијата преку агенциите што нив ги менаџира-ат на национално ниво. Зошто Скопје да не ја искористи и прифати оваа „подадена рака”? Според претставникот на Талин во ЕУ, Тони Кару, за отвора-ње на претставништвото, градот не барал дозвола од државата, дода-вајќи дека меѓу градската кнацеларија, Амбасадата и Мисијата на Есто-нија при ЕУ, нема ривалитет и дека тие тесно соработуваат, а градска-та канцеларија ја смета за заедничка инвестиција што е во полза на ин-тересите на самата држава. Одговорот на евентуалниот судир на интересите во Брисел по-меѓу градовите, регионите и државите се гледа во нивната соработ-ка и координација. Република Македонија, по сугестија на ЕУ, форми-раше осум административни региони, во кои Скопје е носител на скоп-скиот регион, кој со оглед на бројот на жители треба во Брисел да биде претставен двојно – и како град и како регион, а не како што е сега сос-тојбата, воопшто да нема своја канцеларија при ЕУ. За држава која сака да станае дел од европското семејство оваа состојба е неприфатлива, и затоа како градски власти веднаш ќе покренеме инцијатива за Скопје што е можно поскоро да отвори свое претставништво во Брисел и на тој начин да ја развива соработката со другите европски градови и ре-гиони.

Page 25: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

25ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

Проект:Заштита, редукција, еродинација, ресоцијализација и контрола на бездомните животни на подрачјето на Град Скопје

Скопје се соочува со проблемот на бездомните животни, а пред се со проблемот на кучињата скитници, чија бројка се движи од 9000 до 11500, кои не само што претставуваат потенцијална опасност за ши-рење на разни заразни болести, туку се потенцијална опасност и за без-бедноста на луѓето и сообраќајот. Затоа Скопје има потреба да му се помогне за решавање на проблемот со бездомните кучиња, и во таа насока подготвиме проект за Заштита, редукција, еродинација, ре-социјализација и контрола на бездомните животни на подрачјето на Град Скопје. Проектот треба да му помогне на Градот во справувањето со овој проблем на хуман начин со почитување на европските принци-пи за заштита на животните.

ЦЕЛИ:Заштита на граѓаните од заразни болести(беснило, лишманиа, лептоспира, ехинококоза), кои ги пренесуваат кучињата скитници.Спречување на агресијата од глутниците кучиња кои се во полов жар и претставуваат опасност за граѓаните.Заштита на бездомите животни, редуцирање на нивниот број и нивно трајно вдомување.

Целите на Проектот ќе ги исполниме со помош на:Отворање на - Центар/Прифатилиште за превенција и третман(лекуваење и вдомување) на безбдомните животни во Скопје, кој ќе бид раководен од ветеринарна екипа, стручна и способна за целосна реализација на целите предвидени во проектот.Стерилизација-кастрација на бездомните животни- - со овој метод ќе се оствари контрола на уличната популација, намалување на агресивноста кај кучињата кои се во полов жар, како и спречување на заразните болести што се пренесуваат со половиот акт кај животните.Вдомување на бездомните животни- - главна цел на ова мерка е прифаќање на малите бездомни кучиња(до 6 месечна возраст), нивно згрижување, ветеринарен преглед, прочистување од

Page 26: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

26 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

ендо- и екто- паразити, како и тековна медицинска грижа и нивно вдомување. Доколку кучињата не бидат вдомени(посвоени)до 6 месечна возраст, иститие ќе бидат стерилизирани и повторно вратени на улица.Обележување и следење на бројот на кучињата- - прифатилиштето за животни, поради идентификација, воспоставување на надзор и следење на животните, ќе обебзбеди база на податоци која ќе ја содржи севкупната постапка и процес, од локацијата(местото од каде е најдено животното), неговиот прием во прифатилиштето, извршениот хируршки третман, па се до неговото ресоцијализирање(име и адреса на физичкото или правното лице кое го посвоило животното). Базата на податоци ќе биде достапна за увид. Во рамките на ова мерка, идентификацијата на животните, кои ќе влезат во процес на ресоцијализација и за кои ќе се јави сопственик, ќе се изврши со апликација на микрочип, тетовирање од внатрешната страна од ушната школка и бутот или со отсекување на мал дел од ушната школка.Еутаназија(лишување на животните од живот)- - животното нема да се лишува од живот без прифатлива причина или околност, мерката ќе се применува при недостиг на алтернативни начини на решавање на проблемот, и тоа: кога животното е незилечиво болно, повредено, телесно деформирано, кога достигнало таква старост на која му откажуваат животните функции, однсоно кога неговиот живот претставува извор на постојана болка и страдање, кога животното го загрузва животот, здравјето, безбедноста и имотот или, пак, предизвикува еколошка штета. Самото лишување од живот ќе се спроведува брзо и стручно, со најмалку физичко и ментално страдање.

Page 27: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

27ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

Имплементацијата на Проектот ќе биде проследена со непосредна соработка со Ветеринарниот факултет и Ветеринарниот институт, како и со соодветни здруженија на граѓани, поради разменување на искуство, мислења и стручна соработка, заради подобра координација во методите што се применуваат при заштитата на животните и животната средина.

Page 28: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

28 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

ПРОЕКТ : СКОПСКА РИБАРСКА ПРИКАЗНА – Изградба на светска риболовна патека во Скопје.

Реката Вардар во својот тек низ градот Скопје е со регулирано и уредено корито. Од година во година брегот на реката се облаго-родува, му се даваат нови содржини и станува место со сè поголе-ма фрекфенција на луѓе. Направена е пешачка патека и истата е ос-ветлена и инфраструктурно уредена. Направена е патека за велосипе-ди и ролери. Минатата година коритото е исчистено од наноси, расте-нија, талог и смет.

Меѓутоа недостасува уште една димензија која ќе биде од зна-чење за голем дел од нашите сограѓани. Станува збор за една бројка од приближно десетина илјади регистрирани рекреативни риболовци кои одамна реката Вардар во делот кој што поминува низ градот Скопје не го сметаат за доволно атрактивен риболовен ревир.

Скопскиот риболовен ревир, чиј дел е коритото на реката Вар-дар кој тече низ градот Скопје, е посочен како идеален за позицио-нирање на патека за риболов која ќе може да одговори на строги-те стандарди и барања на Светската Риболовна Асоцијација. Пате-ката би се наоѓала на потегот од Камениот Мост во Центарот па сè до мостот Обединети нации во Ѓорче Петров. Веќе постои уредено кори-то, пристап, доволна широчина на патеката и на самото речно корито. Би се наоѓала во најубавиот дел на градот, Градскиот Парк. Во близина има хотели, угостителски објекти и сè што е потребно да ги задоволи барањата за една Светска Риболовна Патека.

Изминатите неколку години рекреативните риболовци напра-вија големи напори да го збогатат и облагородат скопскиот риболовен ревир. Риболовното друштво “Вардар” кое е концесионер на риболов-ниот ревир и Македонската Риболовна Федерација во изминатите две години направија повеќекратни порибувања на реката. Внесени се над 10 тони благородни видови риба. Меѓутоа, минатогодишната суша предиз-вика реката Вардар, низ градот Скопје, да изгледа како мало планин-ско поточе. Големиот помор кој беше предизвикан од страна на ЕЛЕМ со испуштањето на талогот од акумулацијата Матка повторно го опусто-ши рибниот фонд во реката Вардар во Скопје. Рибите кои преживеаја го напуштија скопскио ревир и заминаа низводно на деловите побогати со вода. Скопските риболовци повторно се приморани своите потреби, својата риболовна страст да ја задоволуваат на друго место.

Page 29: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

29ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

Анализите и статистичките податоци добиени од Македонска-та Риболовна Федерација покажуваат дека скопските риболовци се најбројни во Република Македонија (нивната бројка се движи од 3 до 15 илјади). Од друга страна тие најмалку ловат на својот риболовен ревир. Скопските риболовци се рекреативци кои најмногу патуваат и посетува-ат други, поатрактивни риболовни ревири.

Наша цел е изградба на патека за рекреативен риболов која ќе ги задоволи критериумите за организирање на Светско првен-ство во спортски риболов.

Целта на нашиот проектот ќе биде постигната преку следниве специфични конкретни цели:

поставување на гумени препреки (мини брани) по течението на Вардар;порибување на Вардар со благородни видови риба;доставување на апликација за организирање на Светско првенство во спортски риболов.

Суштината на проектот е да се обезбедат услови за збогатување на риболовниот ревир со риби и истите да се задржат. Текот на Вардар низ Скопје е релативно брз, а нивото на водата изразито променливо. Докол-ку се направи зафат со кој ќе се смири текот на реката низ градот, доколку се покачи и се регулира на константна вредност нивото на водата тогаш ќе се обезбедат основните предуслови да се задржи рибата и да се зголе-ми нејзината густина и бројност.

Од релативно сиромашен и неатрактивен, скопскиот риболовен ревир може да се претвори во извонредно богат и атрактивен дел на реката Вардар.

Бенефиции од проектот ќе имаат сите жители наСкопје, десети-на илјади рекреативни риболовци, туристичките организации, сместу-вачките капацитети и угостителските објекти. Со овој проект на Градот ќе му се даде уште една содржина која ќе привлече не само риболовци од земјава туку и од странство.

Page 30: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

30 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009

Останати проекти

Проект: Разубавување на фасадите преку слободни креации на умет-ниците Проект: Уредување на жена парк со нои содржи , со цел да биде пријат-но катче за одмор Проект: Демонополизација на АД “Бутел” со цел намалување на погре-балните услуги на граѓаните Проект: Модерни паркинзи Проект: Изградба на когенеративна постројка за производство на топлинска енергијаПроект: Зголемување на безбедноста на граѓаните преку воведување на видео надзор на ГрадотПроект: ГасификацијаПроект: Возила на гас за јавниот превозПроект: Улично осветление Проект: Градски театарПроект: Сатирично кабаре Проект: Мултиетнички детски театар Проект: Градски совет за култураПроект:Центри за дијализа Проект: Културни домови за пензионерите и парк на ветераните уре-ден по нивен вкус и домови за забава Проект: Грижа за бездомните лица и овозможување за нивна ресосо-цијализацијаПроект: Помош на деца без родителиПроект: Центар (Градски) за превентиве и правилен физички развој на деца од предучилишна возраст со јасна програма за физичко и здрав-ствено образование за правилен раст и физички развој Проект:Изградба на специјализирана спортска сала прилагодена на лицата со посебни потребиПроект:Востановување на координативно тело со цел организирање на спортски училишни олимпијади Проект:Изградба на детски рекреативен центар на ВодноПроект:Реновирање и модернизирање на постојниот забавно-рекрета-ивен парк

Page 31: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

31ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009 |

СО ЉУБОВ, ЗА СКОПЈЕ... ЗА СИТЕ НАС!

Page 32: Изборна Програма

ИЗБОРНА ПРОГРАМА ЗА ГРАД СКОПЈЕ

32 | ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2009