126

Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Збирката текстови ја подготвија: Васко Попетревски, Весна Никодиноска, Билјана Петковска, Центар за нови медиуми Скопје

Citation preview

Page 1: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција
Page 2: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

Збирка текстови и практични совети За ефикасно раководење со современа редакција

Page 3: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

2

Збирката текстови ја подготвија:Васко ПопетревскиВесна НикодиноскаБилјана ПетковскаЦентар за нови медиуми Скопје

Лектор: Виолета Караџовска-Стојанова

Технички уредници:Јане СтефановСлавчо Миленковски

Page 4: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

3

содржина

ГЛАВА I

МЕНАЏИРАЊЕ РЕДАКЦИЈА

Предизвици на уредникот 7

Во трка со денот 8

Раководење со редакцијата 9

ВОДИЧ ЗА РАКОВОДЕЊЕ РЕДАКЦИЈА

1 Уредувачка политика и пристап 11

1.1 Алатки за анализа 11

1.1.1 Средина 11

1.1.2. Нашата телевизиска станица 12

1.1.3. Нашите информации 13

1.2 Десет правила поврзани со уредувачкиот идентитет 13

4. Известување за кризни состојби 14

4.1. Како да ги придобиете гледачите 14

5.4 Десет правила за управување со време и ресурси 16

УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО РЕДАКЦИЈАТА: ВОДИЧ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ 17

ВОВЕД 17

Создавање извонредни новинари 18

Недостасува поддршка во редакциите 18

Иницијативност 19

Вмрежување 21

Самоуправување 21

Перспектива 22

Следење на лидерот 23

Лидерство 24

Тимска работа 25

Организациска итрост 26

Покажи и кажи 26

ПРАВЕЊЕ „СТАДО ОД МАЧКИ“: КАКО ДА СЕ РАКОВОДАТ НОВИНАРИТЕ ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА 28

1. Вовед: Креативните луѓе се тешки за задоволување 28

Page 5: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

4

2. Заднина: Аналитичкото новинарство во дигиталната ера 32

2.3 „Гардијан“ 33

2.4 „Би-Би-Си“ 36

2.6 Резиме 38

6. Заклучоци: Упатства за уредникот 42

6.1 Дваесет совети за мотивирање новинари 42

6.2 Дваесет совети за раководење со дигиталните

промени 43

6.3. Дваесет совети за ваше преживување 45

ДВАЕСЕТ И ПЕТ СОВЕТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ ВО ИНФОРМАТИВНИ РЕДАКЦИИ 47

ГЛАВА II : ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ И ПРИНЦИПИ

Лојалност кон граѓаните - прв новинарски приоритет 52

Стручна оспособеност 53

Саморегулација 54

МАНИФЕСТ НА ГЛОБАЛНАТА МРЕЖА НА УРЕДНИЦИ

(Global Editors Network - GEN) 56

MОЗОКОТ НА РЕДАКЦИЈАТА: ВОДИЧ ЗА НОВИНАРСКИ

ОДЛУКИ 59

ИЗБРАНИ СТУДИИ НА СЛУЧАЈ 59

Матен кандидат 59

Фатен во вкрстен оган 60

Локален политичар 63

УРЕДУВАЧКИ НАСОКИ: „ГАРДИЈАН“ ВЕСТИ И МЕДИУМСКИ УРЕДУВАЧКИ КОДЕКС 64

Резиме 64

1. Професионална практика 64

2. ЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ И КОНФЛИКТИ НА ИНТЕРЕСИ 71

Изјави за интерес 72

Финансиско известување 73

Бесплатни подароци 73

ДОДАТОЦИ 76

Кодекс на практика на Комисијата за претставки кај

печатот (КПП) 76

Page 6: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

5

Кодекс на уредниците 76

1. Точност 76

2. Можност за реплика 77

3. Приватност 77

4. Вознемирување 77

5. Навлегување во болката или шокот 77

6. Деца 78

7. Деца во случаи на сексуална злоупотреба 78

8. Болници 79

9. Известување за кривично дело 79

10. Тајни уреди и маскирање 79

11. Жртви на сексуален напад 79

12. Дискриминација 79

13. Финансиско новинарство 80

14. Доверливи извори 80

15. Исплати на сведоци во кривични судења 80

16. Исплата на криминалци 81

Јавен интерес 81

Глава III : Публиката како создавач на вести и содржини

Вовед 83

Промените во медиумите и промените на публиката 84

„Новата публика“ и граѓанското новинарство во Македонија 85

Развојни насоки и препораки 91

Што е потребно за развој на граѓанското новинарство

и на граѓанското учество во медиумските активности? 92

Надминување на дигиталниот јаз 92

Познавање на својата публика и очекувањата на граѓаните 93

Слушање на гласот на граѓаните 93

Организирање и квалитет на информациите 93

Бркање вести и граѓански ориентирана медиумска агенда 94

Користење на социјалните медиуми 94

Социјални мрежи – основни принципи 94

Печатени извори 96

Page 7: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

6

Глава IV

ЈАВЕН СЕРВИС

МРТ - ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЈАВНИОТ СЕРВИС 97

Препораки за подобрување на состојбите 100

„Би-Би-Си“ како пример 101

УРЕДУВАЧКИ НАСОКИ НА БРИТАНСКИОТ ЈАВЕН

СЕРВИС „БИ-БИ-СИ“ 103

ДЕЛ 10: ПОЛИТИКА, ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И АНКЕТИ 103

10.1 ВОВЕД 103

10.2 НАЧЕЛА 103

10.3 ЗАДОЛЖИТЕЛНИ УПАТСТВА 104

10.4 ПРАКТИКИ 105

НАЦИОНАЛНО ЈАВНО РАДИО

(NATIONAL PUBLIC RADIO - NPR) 117

ШТО ПРЕТСТАВУВА МРЕЖАТА НАЦИОНАЛНО

ЈАВНО РАДИО (НПР)? 117

Финансирање на НПР 118

ВОДЕЧКИ НАЧЕЛА НА НПР 119

Нашата мисија 119

Наши водечки начела 119

Прецизност 120

Правичност 120

Целосност 121

Искреност 121

Независност 121

Непристрасност 122

Транспарентност 122

Отчетност 122

Почит 123

Извонредност 123

Преточување на начелата во практика 123

Page 8: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

7

ГЛава I

менаЏирање редакција

„Можеме да комуницираме со цел свет, но се чини дека не можеме да комуницираме еден со друг.”

„Понекогаш ми се чини како да водам детска градинка, а не редакција. Зошто моите вработени не можат да се однесуваат како возрасни?”

„Зборувам, зборувам, и тој (репортер, фоторепортер, уредник, технички уредник) повторно ги прави истите грешки.Тоа ме полудува.“1

Изјави на уредници од САД

Навремена, прецизна и вистинита информација е секојдневниот императив за секој професионалец во новинарството – репортер или уредник. Новинарството е предизвик за постојано соочување со стварноста во име на вистината. Или како што вели Габриел Гарсија Маркес:

„Новинарството е неодолива страст која се хуманизира само со соочувањето со стварноста без измама. Кој не го вкусил тој леб не може да сфати што е натприроден страв на веста, оргазам на ексклузивноста, морален пораз поради дупка. Кој не е роден за тоа и не е подготвен да живее само за тоа, не може да издржи да извршува една толку непоимлива и назаситлива работа, која исцрпува во секоја вест, како тоа да е засекогаш, но која не ти дозволува ни малку спокојство додека повторно не почнеш, со поголема страст отколку некогаш, само една минута подоца.“

Предизвици на уредникот

Срцето на еден медиум е редакцијата која ја раководат уредниците. Уредниците на рубриките и на секторите во редакцијата се наоѓаат “растргнати” меѓу главниот и одговорен уредник, од една, и новинарите и техничките уредници, од друга страна. Тие често имаат

1 Sharon L. Peters. Managing Newsroom Employees - A guide to solving com-mon personnel problems (Управување со вработените во редакцијата - Водич во решавањето на чести лични проблеми). Media Management Center, USA

Page 9: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

8

незавидна и тешка позиција: од нив се очекува да одлучуваат за многу работи во краток период, што често е базирано на ограничени информации, притоа ризикувајќи да бидат критикувани од главните уредници или од новинарите. Така што, постои многу висок ризик фактор што влијае на нивната работа. Во последните години, со подемот на интернет медиумите и на социјалните медиуми, уредниците имаат дополнителен предизвик во работата: традиционалните медиуми се обврзани да бидат дел од известувањето “24/7”. Тие треба да знаат да покриваат со вести различни медиумски платформи, но и да бидат оспособени да ги обучуваат своите новинари да работат во мулитимедијална средина. Сето ова бара многу поголеми способности отколку работењето во традиционалните медиуми.

Соочувањето со стварноста во име на вистината “24/7”, во медиумските „дуќани“ со работно време нон-стоп, е предизвикувачка и макотрпна мисија, особено за уредниците кои управуваат со редакцијата. Тие се во постојана трка да ги испочитуваат роковите и стандардите, притоа водејќи сметка за ресурсите со кои располагаат – човечки, технички и финансиски. Предизвикот е глобален, но во македонските околности е дополнително потенциран.

Во дневното известување во Македонија, притисокот за исполнување на временските рокови придонесува новинарот да нема многу време на располагање за обработка на една тема. Континуирано, со години наназад, редакциите се соочуваат со недостиг од материјални, технички и човечки ресурси.

Во трка со денот

Во истражувањето “Известувањето за различностите во Македонија” спроведено од Висока школа за новинарство и за односи со јавноста (2011) за состојбите во редакциите се вели дека проблемот со недостигот на време може да се надмине доколку постои подобра организација во редакциите. “Повеќето уредници не планираат предвреме заради развојот на дневните настани. И главниот уредник и уредниците на рубриките треба да имаат теми и идеи за различни агли на новинарска обработка, бидејќи вистинското новинарство подразбира систематично следење на настаните, аналитичен пристап кон актуелните теми, отворање и пишување за т.н. горливи прашања во општеството, конзистентност во уредувачката политика, системско планирање, проактивност и учество во креирањето на јавната агенда”, се вели во истражувањето. За жал, во многу редакции уредничкото планирање е сведено на „делење“ дневни настани, главно прес-

Page 10: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

9

конференции и псевдо-активности на владини институции, политички партии и компании, што нема ништо заедничко со вистинското проактивно новинарство. Наместо уредниците и редакциите самите да отвораат теми и да неметнуваат агенда, многу често се случува водечката улога да ја имаат портпаролите и ПР-агенциите. Голем дел од редакциите не наоѓаат соодветен одговор на нивната агресивност, која вклучува и директно корумпирање на новинарите и на уредниците.

Во редакциите многу ретко се сретнува длабинско известување за различни теми и аналитички пристап на обработка на дневните случувања, а истражувачкото новинарство останува ендемична форма. Најчесто извештаите завршуваат на голо пренесување нечии ставови или изјави, без елементарна новинарска интервенција, дури и во ситуации кога е повеќе од очигледно дека има простор за такво нешто. Обезбедувањето или објавувањето на втората страна се смета за врвен новинарско дострел, иако тоа многупати завршува на извештаи во стилот: „Партијата А денеска соопшти дека 2+2=5, на што партијата Б возврати дека 2+2=3“. Новинарската констатација дека ниту едните, ниту, пак, другите се во право – многу често отсуствува.

Кога се зборува за процесот на селекција на вестите, односно која информација е вредна за објавување, истражувањето за различностите покажа дека темите што се на дневната агенда на медиумите, најмногу се под влијание на ставовите на главните уредници и на уредниците на рубриките, додека, пак, работата на новинарите најчесто е сведена на рутинско реализирање на дневните репортерски задачи. Загрижувачко е сознанието дека континуираното известување кое не е имуно на влијанија, резултира со чести примери на новинарска автоцензура, што подеднакво е застапено и кај јавниот сервис и кај комерцијалните медиуми.

Раководење со редакцијата

Раководењето со луѓето во редакцијата е посебен аспект од мисијата на уредникот. Редакцијата е полна со ексцентрични луѓе. Претставува парадокс тоа што новинарството, од една страна, подразбира тимска работа, а од друга страна, се смета за професија каде има многу суетни луѓе. Обезбедувањето нормална комуникација во вакви околности не е нималку лесна задача за уредниците. Затоа, препораките2 велат дека уредникот треба да ги

2 Saarikoski, Laura (2011-2012) Herding the cats:How to lead journal-ists in the digital age. Reuters Institute Fellowship Paper, University of Oxford и European Broadcasting Union (2004) Newsroom management toolkit. Достапно преку: http://www.ebu.ch/CMSimages/en/Newsroom%20management%20toolkit_22APRIL04_tcm6-36568.pdf

Page 11: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

10

третира луѓето подеднакво, без оглед на тоа што тие во еден тим имаат различни улоги, да ја поттикне и награди соработката, со цел да го запре деструктивниот натпревар. Но, во практика најчесто не е така и „ѕвездите“ во редакцијата вообичаено се привилегирани. Британските и финските уредници во едно истражување на Универзитетот Оксфорд препорачуваат дека уредникот не треба да се крие зад функцијата, треба да покаже, а не само да зборува, да има доверба во своите вработени. Уредникот треба да вложи напори за да ги разбере различните карактери, мотивации и пречки во работењето на луѓето.

Според истражувањата, внатрешната комуникација во редакцијата мора да биде повеќестрана за да биде ефективна. Притоа, не може да се комуницира само усно или само преку е-пошта. Треба да се зајакне целата вербална комуникација, но да се остават и пишани траги (огласна табла, електронска база на податоци, интерни соопштенија, итн.). Уредникот треба да знае точно каде и кога започнува и завршува неговата работа. Тој треба да знае и да даде до знаење каде и кога започнува работата на колегите.

Поставувањето приоритети е една од клучните работи. „Прво помислете на публиката и на посакуваниот резултат, потоа на вашите колеги, и трето и последно, на вашиот шеф.“ Изнаоѓањето алтернативи, интелигенцијата, добрата волја и тимската работа, имаат поголема, одлучувачка улога наспроти опремата и парите.

На следните страници ви нудиме избор на текстови кои се однесуваат на управување на редакцијата од аспект на човечките ресурси и од аспект на мноштвото вести кои стигнуваат во редакцијата, погладнато во поширок, светски контекст. Може да прочитате со кои се пречки се соочуваат новинарите и уредниците во нивната секојдневна работа, а изборот содржи и практични совети за тоа како уредниците да се справат со новините и предизвиците при раководењето на редакцијата.

Page 12: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

11

водич За раководење редакција3

(селектирани извадоци )

1 Уредувачка политика и пристап

1.1 Алатки за анализа

1.1.1 Средина

(дефинирање на позицијата на каналот)

Слика 1

Нашата публика

Нашите партнери

Нашите конкуренти

Ние

- Јавност: Tоа не е само публиката која ја мериме, туку целата заедница на потенцијални гледачи на ТВ-каналот.

- Партнери: • Економски партнери: Oд каде доаѓаат парите? Која е улогата на јавните средства, на рекламите, на спонзорите?• Политички партнери: Kое е телото кое врши супервизија? Кое е реалното ниво на независност (моќ за предлагање лидери, контрола врз уредувачката политика итн.).

- Конкуренција

- Кој ни е конкуренција? (Дали се тоа национални или

3 European Broadcasting Union (2004) Newsroom management toolkit. Достапно преку: http://www.ebu.ch/CMSimages/en/Newsroom%20manage-ment%20toolkit_22APRIL04_tcm6-36568.pdf

Page 13: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

12

регионални радиодифузери, дали тие може да се гледаат во целата земја или само во одредени делови?)

- Кои се целите на конкуренцијата? Која е нивната целна публика?

- Кои се пазарните удели на секој канал?

- Која е законската средина за конкуренција помеѓу телевизиските станици? (Дали тие ги имаат истите права и одговорности?)

1.1.2. Нашата телевизиска станица(дефинирање на идентитетот на каналот)

Идентитетот на каналот придонесува кон и влијае на уредувачката политика. Новинарите треба да ги приспособат своите производи на нивната публика.

Слика 2

- Корпоративниот идентитет ги одредува приоритетите, ограничувањата и независноста. Тоа има силно влијание на начинот на кој се дефинираат информациите.

- Програмата во голема мера одредува која ќе биде публиката.

- Публиката е клучната компонента на уредувачкиот идентитет кога постои конкуренција помеѓу јавните и приватните ТВ-канали. Тоа особено важи за вестите, и може да се дефинира како наоѓање рамнотежа помеѓу тоа што публиката го сака и тоа што ѝ е потребно на публиката.

- Различните методи на емитување (пренос, сателитски, веб-страници) се фактор кој ја одредува публиката. Информациите се приспособуваат на развојните технологии.

Новинарите мора да создаваат јасна доследност помеѓу идентитетот на каналот (статут, програма, публика, емитување) и типот и стилот на вестите.

Page 14: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

13

Таквиот идентитет не треба да им биде јасен само на новинарите, туку исто така и на публиката. Воспоставувањето на силен уредувачки идентитет е колективен процес кој ги вклучува вработените во телевизиската станица на повеќе нивоа.

1.1.3. Нашите информации(дефинирање на етичката и уредувачката политика)

Уредувачката политика претставува комбинација од идентитет, професионалната етика и атмосферата во каналот на добро урамнотежен начин.

Слика 3

Упатствата за професионална етика на новинарите можете да ги најдете на:

- http://www.ipj.org, Меѓународната мрежа на новинари (International Journalists Network)

- http://www.presscouncils.org, Меѓународен Совет за етика (International Press Council)

- http://www.uta.fi/ethicnet, Универзитет на Темпере, Финска (University of Tempere, Finland)

1.2 Десет правила поврзани со уредувачкиот идентитет

1. Познавајте го идентитетот на каналот. Вестите мора да го одразуваат тој идентитет. Гледачите мора јасно да разберат кои сте вие, од аспект на уредувачката политика.

2. Дефинирањето и придржувањето кон уредувачката политика не е академска работа. Преку постигнување консензус во редакцијата за уредувачкиот пристап, веста станува посилна.

3. Гледајте ги вашите конкуренти и учете од нив. Поставете си го прашањето: Како можеме да бидеме подобри од нашите конкуренти?

Page 15: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

14

4. Разберете ја вашата публика. Проучете ги фактите, податоците и статистиката пред да размислувате какви може да бидат нивните очекувања.

5. Имајте јасни уредувачки приоритети и бидете лојални кон нив. Создавањето на публика и кредибилитет е бавен и долг процес.

6. Не го игнорирајте амбиентот во телевизиската компанија за која работите. Познавајте ја правната, институционалната и економската рамка на каналот за кој работите.

7. Разбирајте го карактерот и целите на вашиот бизнис и на политичките партнери. Нивното познавање е начин да ги спречите да ги дефинираат и да влијаат на правилата на уредувачката игра. Осигурајте се дека тие на вас гледаат како на професионалец со кој треба да се постапува со почит.

8. Амбиентот и идентитетот на вашиот канал гледајте ги како отворен простор за креативност, а не како ѕид за пречки.

9. Новинарите кои работат за јавен ТВ-канал работат во интерес на јавноста, а не за свои интереси.

10. Професионалните етички правила не се само насоки кои можете да ги заборавите во текот на секојдневната работа. Тие се најдобар показател за вашиот новинарски кредибилитет.

4. Известување за кризни состојбиЕмитувањето на најновите информации е она што најдобро можат

да го направат информативните редакции. Постојано ажурирајте ги новите информации и редовно правете резиме од тоа што го знаете. Тоа ѝ е потребно на вашата публика и тоа го очекува од вас.

4.1. Како да ги придобиете гледачите

Доколку први ја емитувате вонредната вест, тоа може да ги промени навиките на гледачите. Ако тоа го направите добро, гледачите ќе запомнат и повторно ќе ве гледаат, особено во време на криза. Стратегиите со кои можете да ги придобиете гледачите вклучуваат:

- Први објавете ја веста и направете го тоа подолго од вашите конкуренти.

- Вклучете се во живо и останете таму. Покажете што се случува.

- Раскажете приказни од луѓе: обични луѓе кои се засегнати од вонредната состојба.

Page 16: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

15

- Информирајте ја јавноста. Дајте ѝ ги на јавноста одговорите кои се потребни. Најдете ги одговорните лица и интервјуирајте ги.

- Најмалку секои 20 минути правете резиме од фактите кои се познати; прекинете ја редовната програма доколку е потребно.

Бидете први што ќе информирате за тоа. Направете го тоа подолго од вашите конкуренти.

Соберете ја екипата. Заминете на терен. Не чекајте.

Бидете први кои ќе прикажат што се случува. Користете мапи, графикони и телефонски интервјуа сè додека не добиете снимки и пренос во живо.

Утврдете кои се најдобрите снимки и тонски записи и користете ги најмногу нив. Повторувајте ги доколку тие се доволно добри. Употребувајте природен тон или верзии со „без коментар“.

Прифатете дека не е секогаш можно да ги знаете сите факти на почетокот на голема вонредна состојба. Бидете искрени. Кажете им на гледачите што знаете, и што не знаете.

Кога ќе добиете нови информации, соопштете им го тоа на гледачите веднаш. Постојано информирајте за најновите случувања и правете резиме од тоа што е веќе познато.

Планирајте ги вашите ресурси. Поделете ја сторијата на главните компоненти и испратете екипа од репортер и камерман за секоја од тие компоненти. Организирајте ја информативната редакција и назначете конкретни одговорности.

Фокусирајте се на логистиката: колку време се патува до конкретната локација и назад до редакцијата? Кој е најбрзиот начин да се донесе снимката во телевизиската станица?

Повикајте експерти во студиото за да се зборува за контекстот, да се даде објаснување и перспективи.

Фокусирајте се на графичките прикази: направете серија од графички прикази кои се поврзани со сторијата со доследен распоред на дизајнот.

Информирајте ги гледачите како тие можат да помогнат или да добијат повеќе информации преку телефонски броеви, адреси на веб-страници итн.

Крајна точка: во вонредна состојба, почитувајте го човечкото достоинство. Запрашајте се себеси: доколку член на вашето

Page 17: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

16

семејство беше помеѓу жртвите, дали на истиот начин ќе известувавте за таа сторија?

5.4 Десет правила за управување со време и ресурси

Новинарството подразбира тимска работа. Секогаш започнете со состанок со уредниците, секогаш прегледувајте ја точноста и прецизноста на вестите пред да ги емитувате, и завршете го денот со тоа што ќе направите преглед што поминало добро, а што не.

1. Добрата комуникација е клучна за заедничката работа. Никогаш не носете одлука без да ја соопштите на останатите.

2. Доколку доцните или доколку ви треба многу време, тоа е исто така предоцна и потребно е многу време и за вашата публика. Размислете внимателно за соодносот помеѓу времето кое е потребно за извршување на вашата работа за да добиете квалитетен резултат.

3. Доколку средствата или начините не можете да ги приспособите на вашиот производ, тогаш приспособете го вашиот производ на вашите средства или начини... но, не губете го целиот ваш ентузијазам. Бидете реални и креативни во исто време! Изнаоѓајте алтернативи.

4. Добро структурирана средина во една редакција, каде ориентираноста е кон постигнување на целите, ќе ја олесни и ќе ја направи поефикасна работата на секого. Пронајдете ја вистинската рамнотежа помеѓу општите правила и индивидуалната флексибилност.

5. Проблемите кои ги имате околу продукцијата не ја интересираат вашата публика.

6. Внатрешната комуникација мора да биде повеќестрана, за да биде ефективна. Притоа не може да се комуницира само усно (или преку е-пошта). Зајакнете ја целата вербална комуникација, но оставете и пишани траги (огласна табла, електронска база на податоци, интерни соопштенија итн.).

7. Знајте точно каде и кога започнува и завршува вашата работа. Направете обид да знаете и да дадете на знаење каде и кога започнува работата на вашите колеги.

8. Поставете приоритети за вашата работа. Најпрво помислете на публиката и на посакуваниот резултат, потоа на вашите колеги, и трето и последно на вашиот шеф.

9. Интелигенцијата, добрата волја и тимската работа имаат поголема одлучувачка улога отколку опремата и парите.

Page 18: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

17

УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО РЕДАКЦИЈАТА: ВОДИЧ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ4

(селектирани извадоци)

ВОВЕД

Слушајте кој било уредник во Америка и ќе ги чуете повеќето исти поплаки.

• „Можеме да комуницираме со цел свет, но се чини дека не можеме да комуницираме еден со друг.“

• „Понекогаш ми се чини како да водам детска градинка, а не редакција. Зошто моите вработени не можат да се однесуваат како возрасни?“

• „Зборувам, зборувам, и тој (репортер, фоторепортер, уредник, уметник) повторно ги прави истите грешки. Тоа ме полудува.“

• „Имам неколку извонредни новинари. Би сакал да можам да ги клонирам и да имам полна редакција со луѓе како нив.“

• „Прегледот на остварувањата им е како шега. Никој не сака да го прави тоа и не постигнуваат ништо.“

Дали некои од овие поплаки ви звучат познато? Веројатно сте чуле како неколку од овие работи излегле и од вашата уста.

Можеби не ги знаете како сеприсутни овие поплаки, но сепак тоа се проблеми кои се решаваат. Интерната комуникација може да се подобри. Лошите релации меѓу шефовите и вработените може да се поправат. Некој може да стане ѕвезда со добро водење и наградување. Прегледите на остварувањата може да станат позитивни искуства кои ја оформуваат организацијата. Реално, овде нема да најдете совети за логичка сложувалка за менаџмент. Иако управувањето со луѓе има одредени заеднички работи, сепак редакциите се разликуваат од останатите работни средини и луѓето кои работат таму се разликуваат од сите останати луѓе во другите работни средини. (Во првото поглавје ќе откриете колку се различни тие). Редакциите се преполни со луѓе кои се повеќе од ексцентрици.

4 Peters, L. Sharon. Managing Newsroom Employees - A guide to solving common personnel problems. Достапно преку: http://www.mediamanagement-center.org/research/managingemployees.pdf

Page 19: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

18

Недостатоците на интерната комуникација се реални и не се измислени. Во редакциите се толерира многу поразлично индивидуално однесување отколку на многу други места. Во редакциите можете да најдете многу повисок процент на креативни луѓе отколку на кое било друго место.

[...]

Создавање извонредни новинари

Уредниците постојано се жалат: редакциите се во жална состојба бидејќи работата во весник повеќе не ги привлекува најдобрите и најпаметните.

Дискутабилно е дали индустријата привлекува помалку одлични новинари отколку во годините веднаш по Вотергејт. Освен тоа, тоа е нерелевантно. Вработувањето на најдобрите и најпаметните само по себе не е патот кој е загарантиран со успех за да се подобрат редакциите.

Експертот по менаџмент Роберт Кели (Robert E. Kelley) спроведе опсежно истражување за врвните извршители и каква е нивната поврзаност со квантните скокови кои ги направија некои организации. Неговите проучувања покажуваат дека огромни скокови не се постигнуваат само од страна на вработените кои имаат највисок коефициент на интелигенција, не од страна на оние кои ги добиле највисоките оценки на факултет, не од оние кои имаат најголема харизма или самодоверба или оние кои имаат поголеми амбиции, туку од страна на вработените кои поседуваат девет професионални карактеристики или стратегии.

Роберт Кели, професор на Универзитетот Карнеги Мелон (Carnegie Mellon University) помина цела деценија анализирајќи ги врвните новинари во повеќе компании, како што се AT&T и 3M, и наведува детали за карактеристиките кои ги разликуваат просечните работници од она што значи терминот „ѕвезди“ во Како да се биде ѕвезда на работа (Random House, 1998). Тоа се прилично едноставни здраворазумски карактеристики кои ги стимулираат остварувањата. Сепак, мал број од вработените инстинктивно може да ја почувствуваат нивната важност, а уште помал број живеат според нив.

Недостасува поддршка во редакциите

Ова особено важи за редакциите. Деветте стратегии не можат многу да се забележат во културата која постои во редакциите. Тие стратегии не се бараат, подучуваат, олеснуваат, опфаќаат или

Page 20: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

19

наградуваат. Кога невообичаено малкумина ќе ги покажат таквите стратегии, менаџерите главно покажуваат мало внимание за да се негува и повтори сличното однесување од страна на другите.

Веројатно тоа е поради тоа што општата перцепција е дека извонредните новинари се појавуваат само како среќна случајност на спој на невообичаен интелектуален капацитет, невообичаена харизма и среќна судбина. Самиот Кели имал слични замисли пред да го почне истражувањето. Меѓутоа, тој открил дека заедничка нишка кај врвните извршители е нивната одлучна посветеност (по редослед на важност) на:

• иницијативност,• поврзување во мрежи,• самоуправување,• перспективност,• следење на лидерот,• лидерство,• тимска работа,• организациска итрост,• покажи и кажи.

Ајде да ги разгледаме секоја од овие карактеристики или стратегии.

Иницијативност

„Ѕвездите“ покажуваат инстинктивен нагон да преземат иницијатива да се справат со работите кои не се дел од описот на нивното работно место или, пак, никој не очекува од нив да го направат тоа. Тие излегуваат надвор од прифатените стандарди, бараат и искористуваат можности, честопати волонтираат за досадна и банална работа бидејќи тоа е искуство преку кое ги градат вештините. Тие не се само технички оспособени за нивната работа или фокусирани само на изнаоѓање начини да станат попродуктивни во она што го прават. Тие покажуваат поголемо размислување, преземање на одредени работи - честопати на личен ризик - кои носат придобивки за компанијата или одделот.

Тие се вклучуваат не само во особено важни проекти, туку и во мали, секојдневни заложби кои даваат резултат со текот на времето. Циничните просечни новинари честопати нив ги сметаат за подлизурковци од злокобна љубомора.

„Ако размислиме“, наведува Кели, „ѕвездите честопати завршуваат со корист за себе, но акцентот е секогаш на работата

Page 21: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

20

или решавање на нешто што е од корист за компанијата или за одделот.“

Редакциите не се баш места во кои вирее иницијативност. Според дефиницијата на Кели, млад репортер кој самостојно се зафаќа да ги научи сложените работи поврзани со компјутерско известување не претставува покажување иницијативност, туку тој едноставно презема чекори да ја сработи работата подобро. Но, младиот репортер кој учи за известувањето помогнато од компјутерската технологија и ги користи тие вештини не само за да ги напише сториите, туку и да предложи неколку нови работи врз основа на трендовите кои ги забележува, всушност покажува иницијатива. Сепак, повеќето од менаџерите на редакциите ќе бидат воодушевени доколку репортерот ја преземе само првата активност.

Независно од оваа дефиниција, редакциите и иницијативноста честопати се како странци. За тоа постојат многу оправдувања. Известувањето и уредништвото бараат огромна креативност, така што многу малку физичка енергија останува за посветеност кон некои поглобални прашања. Преземањето ризик мора да се контролира во редакциите, каде што грешката следниот ден е нешто кое изгледа црно-бело. Бранот на отпуштања од редакциите и технолошките потреби на модерните редакции толку многу ги имаат врзано новинарите за времето, така што најмногу што можат да направат е да ги завршат своите задачи пред да ја остават работата за тој ден.

Најдобрите ќе покажат иницијативност, дури и покрај сите тие пречки (или оправдувања, независно од точката на гледање). Зошто тоа не го направат и другите? Тие немаат добиено сигнал дека таквите активности се очекуваат од нив или, пак, дека тие се добредојдени. Тие не добиваат награда дури и кога ќе преземат мал чекор во насока на покажување иницијативност. И многу е побезбедно да се држат до тоа што знаат добро да го сработат.

Менаџментот мора да преземе одговорност за поголемиот дел од таквите случувања. Кели наведува дека во организациите каде што малите иницијативи не се вреднуваат и фалат, не постојат шанси да се случат некои големи иницијативи. Освен тоа, тој вели, менаџментот мора да развива храброст да ги прифаќа неуспесите. Ниската толерантност кон неуспехот, наведува Кели, „ја намалува желбата за преземање иницијативи и ризик“.

Page 22: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

21

Вмрежување

Секој кој работи одредена работа има недостиг од одредени знаења. Тоа е едноставна вистина во овие времиња на информациска презаситеност и барања за интердисциплинарна работа. Врвните новинари ги имаат идентификувано своите недостатоци и како треба да ги подобрат. Тие внимателно ја имаат изградено својата мрежа на ресурси од луѓе чии вештини и таленти ги имаат забележано и проценето. Па така, врвните извршители можат да добијат подобри информации побрзо од просечните извршители кои немаат такви мрежи и кои мора да користат непознати извори и потоа да сортираат куп непотребни информации пред да стигнат до своето парче информации.

Прибирањето информации е ресурс на секоја редакција, сепак на повеќето мрежи на репортери и уредници – како внатрешни, така и надворешни – за жал им недостига. Надворешните извори од кои се бараат информации и стории обично се луѓе кои одговориле на телефонските повици веднаш и понудиле впечатливи (ако не и проникливи) одговори во минатото. Новинарите кои работат на вести ретко одвојуваат време да ги проценат своите недостатоци околу изворите на информации и бараат нови контакти за во иднина.

Внатре во редакцијата ситуацијата може да биде дури и полоша. Иако некои од ѕидовите помеѓу одделите се заради менаџментот, сепак малкумина од обичните вработени знаат кој што знае во таа организација. Секојдневно има многу измислување топла вода, експертиза која е оставена неискористена или информации кои никогаш не биле откриени едноставно затоа што никој не одвоил време да открие што можеби знаат останатите во организацијата.

Самоуправување

Тоа не е само прашање на соодветно организирање на личниот распоред, внимавање на времето или завршување на листата работи за конкретниот ден. Одличните новинари ја разбираат разликата помеѓу она што е важно и итно, што изгледа итно, а е неважно, и што е важно и не е итно. Тие својата енергија ја концентрираат на придонесување кон она што Кели го нарекува „критичен пат“: исцртување на најдиректниот пат на додадена вредност кој почнува од работата на вработениот и стига до клиентот.

Кели вели дека ниедна лична особина и ниеден бренд на организациски вештини не може некого да го направат да биде ѕвезда на своето самоуправување. Ниту, пак, постојат докази дека

Page 23: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

22

оние вработени чии работни маси се чисти и средени или кои се опседнати со својата дневна агенда имаат поголем успех од оние кои изгледаат неорганизирано. Одличните новинари си имаат свој стил и начин на работа, но тие постојано ги набљудуваат другите и позајмуваат од начините на кои тие работат. И тие раководат со своите сопствени кариери, преземајќи обврска за својата секојдневна работна рутина и иднина.

Перспектива

Луѓето кои се ѕвезди во својата работа можат да ја видат големата слика. Тие сфаќаат дека работат за својата публика со многу перспективи. Тие може да креираат решенија кои ќе бидат на сечие задоволство. Не станува збор само за техничка умешност која им овозможува да состават формули со кои ги задоволуваат потребите на сите. Тие можат да проценат и да проценат што е потребно секому. Тие, исто така внимаваат на реалноста на корпоративната хиерархија што значи дека некои луѓе треба да бидат повеќе задоволени од останатите.

Како што вели Кели, некои луѓе никогаш не ја развиваат оваа глобална перспектива. „За премногу луѓе, 10-годишното искуство е само 10 пати повторување на искуството од првата година... без никаков скок кон перспективите за способноста која е дефинирана од нивната експертиза“.

„Луѓето кои се нарекуваат ѕвезди ја развиваат перспективата со тоа што бараат искуства преку кои учат, честопати и можности кои се надвор од трката. Тие се вклучуваат во низа активности и социјални мрежи кои немаат никаква поврзаност со тоа што го работат. Во исто време, тие развиваат длабоко, сеопфатно разбирање за нивната област. Комбинацијата од нивните заложби во канцеларијата и личниот напредок, ним им овозможува опсег и увереност кои ја инспирираат нивната перцепција, стратешко размислување и експертско пресудување.“

Културата на работа – години поминати на една единствена дисциплина – остава малку простор за истражување на перспективите во други дисциплини“, вели Кели, и тоа води кон активен отпор кон различни гледишта.

Редакциите може да бидат Петриева шолја за миопија, со која се потхранува типот на „самонаметнат вакуум“ за кој Кели вели дека прави невозможно да се стекнат перспективи. На најмалку три очигледни начини, конвенционалните практики во редакциите го

Page 24: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

23

попречуваат процесот на прибирање информации и проширеното размислување кое е неопходно за да постои перспективност.

• Ѕидови. За да се заштити интегритетот на продукцијата на вести, редакциите имаат дигнато многу ѕидови и филтри против притисокот кој им го вршат другите оддели и надворешниот свет. Независно од добрите намери, ова поттикнува менталитет „ние против нив“, поради што вработените во редакцијата можат да сметаат дека нивните знаења, верувања и перспективи се супериорни во однос на другите. Постои мала мотивираност да се бараат други гледишта.• ‘Објективност’. Иако тие имаат уникатна лиценца да бараат информации насекаде, повеќето новинари се занимаваат само со она што е релевантно за сторијата за следниот ден. Освен тоа, некои од нив не ги анализираат или филтрираат информациите кои ги имаат собрано. Се чини дека информациите ги третираат само како извозна стока – нешто што треба да се прибере и испрати со најмалата можна обработка. Тие бараат да не ги променат информациите колку што може повеќе пред тие да стигнат до читателите. Благородна намера со неблагородни последици. Разочараноста и жалењето кај некои од врвните уредници дека вработените покажуваат низок степен на критичко размислување делумно резултира од ваквата определба – на читателите да им се презентираат „чисти“ информации.• Специјализација. Дури и најдобрата структура, која поттикнува специјализација, може да потфрли. Специјалисти од кој било вид може да се изгубат во самата работа. Експертизата наскоро ќе се претвори во визија која се наоѓа во тунел и тие се фасцинираат со сè помалку и помалку. Лесно е во секоја редакција да се идентификуваат репортери кои имаат ваква болка. Тие пишуваат за секоја настаната промена за одредена тема, но ретко ја даваат големата слика или ретко бараат нови приказни кои имаат поглобална перспектива.

Следење на лидерот

Да се биде добар следбеник не значи придржување кон правилата или следење како овца на нечиј друг план за игра или, пак, цврсто држење до описот на работното место. Она што тоа значи е работа во соработка со лидерот на компанијата за да

Page 25: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

24

се постигне идентификуваната цел, да се применува критично размислување или да се постават лични цели кои се совпаѓаат со целите на организацијата. Добар следбеник активно учествува во иднината на претпријатието и придонесува за своите соработници, а не да се натпреварува со нив. Дури и лидерите, оние добрите имаат улога на следбеници многу почесто отколку улога на лидери, и најдобрите од нив стануваат вешти како без напор да ги применуваат двете. Повеќето редакции покажуваат дека имаат силен степен на следбеништво кога треба да одговорат на задача за вонредни вести, и до помал степен за големи проекти или големи директиви кои ги имаат добиено од врвот на менаџментот. Во тие случаи, вработените прават што треба, додека придонесуваат, проценуваат и откриваат што треба да се промени во однос на основниот план. Но, рутината, секојдневната работа која ја вршат вработените во информативните редакции, не го достигнува тоа ниво. Просечните извршители, вели Кели, „ќе ја завршат работата, но нема да додадат ништо на тој процес“.

Лидерство

Кели прави разграничување помеѓу големо лидерство и мало лидерство. Егото и потребата од контрола честопати се двигатели за првото. Второто подразбира доделување моќ на најдобрите извршители од страна на нивните соработници поради нивната експертиза, репутација, влијание и способност да убедуваат.

Ѕвездите добро се водат себеси со фокусирање на посветеноста. Тие, исто така, добро ги водат и останатите не само поради нивната техничка способност и умешност, туку имаат и добро разбирање на односите меѓу луѓето и комплексноста при создавањето и одржувањето интерес за одреден проект. Тие имаат повисоки стандарди за себе од останатите; тие постојано ги оценуваат своите недостатоци и потоа бараат обука за да се поправат. Тие се грижат за етиката на нивната работа и честопати на нив се гледа како на совеста на компанијата.

Наспроти тоа, просечните работници се многу помалку проникливи, помалку се опседнати со развојот и не се проактивни, вели Кели. Честопати тие се затворени во својата рутина, избегнуваат нови обуки или одговорности и одбиваат дополнителни задачи преку кои може да ги подобрат своите вештини. Тие се служат со часовникот, описот на работното место, или „Си ја сакам работата каква што е“ како оправдување. По пролонгиран период на учтив отпор од овој вид, вработениот веќе има ограничена

Page 26: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

25

вредност. Дури и најграциозните и најентузијастички настроени вработени може да станат „најнекомпетентни, на кои најмногу им недостасуваат корисни вештини“, наведува Кели, забележувајќи дека „високо посветена и мотивирана некомпетентност повторно останува некомпетентност“.

Повеќето редакции може да бараат извонредни лидери, но на премногу вработени им е дозволено да се опуштат во својата специјалност и рутина, бидејќи секој разбира дека тие имаат мал интерес да го зголемат својот опсег или нивниот ефект. Иако повеќето организации може да функционират доколку само дел од нивните вработени се вредни како пчели, во оваа ера на зголемена конкуренција се поставува прашањето колку голема фракција или дел и кои конкретни ограничувања се прифатливи.

Тимска работа

Концептот за тим – кој е прекумерно користен, злоупотребен и апсурдно раководен – стана извор на грижи во животот на речиси секој работник, признава Кели. Повеќето вработени трошат премногу време како тимски играчи. Многу тимови се само губење време. Повеќето луѓе не се ентузијасти за тимовите во кои работат. И многу вработени се присилени да работат заедно со соработници кои немаат големи вештини за тимска работа.

Имајќи го тоа предвид, постојат моменти кога тимската работа е најбрза, најефикасна и претставува најкреативен начин да се реши одреден проект или проблем. Одличните извршители разбираат дека тие можат да ги пополнат своите празнини и да заблескаат двапати посилно во тимот отколку што тоа можат да го направат сами.

Во редакциите, пристапот на формализиран тим за покривање вести се зголемува. Останува да се види дали тоа ќе биде корисен пристап или само краткотрајно помодарство. Но, независно на структурата на редакцијата, привремените тимови се докажан начин да се добие поголема експертиза, перспективи и креативност. Кога менаџментот ќе ги преземе потребните чекори за да ги елиминира пречките во ефективните тимови – вклучително да се биде доследен во работата и кажаното, да се обезбедат обуки за тимски вештини и да се формираат тимови само кога за тоа постојат импликации во одделот или компанијата – тогаш полесно ќе им биде на тимовите да го исполнат очекуваното.

Page 27: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

26

Организациска итрост

Одличните извршители знаат да ги сфатат основните работи, но и она важно што се случува зад сцената: кодекс за облекување, правила на работното место, културолошки етикетирања, табуа во компанијата, институционална личност и подземната табела на овластувања и моќ. Тоа на одличниот извршител му овозможува да управува со конкурентните интереси на работното место, да разрешува конфликти и целите да ги постигнува брзо и ефективно.

Спротивно на популарните верувања, наведува Кели, не е само харизмата која на одредени вработени им овозможува да добијат поддршка и да управуваат со предавничките кланови во компанијата, туку наместо тоа да стекнат акутно чувство за тоа што функционира, што не функционира, кој е важен и кој не е важен.

Повеќето одлични извршители го разбираат тоа и се прикачуваат на ментор за да научат како се добиваат информации чиј пристап е потежок, како што се прифатените начини и јазикот коишто се користат во компанијата, и потоа ги користат тие информации за да градат релации и да создадат свое лично најпогодно работно место.

Редакциите историски ги имаат канонизирано трудољубивите и упорни самци кои се занимаваат само со својата работа и не се инволвираат во политиката на компанијата. Иако е вредно да не се биде попречуван од озборувањата во канцеларија, постои значителна разлика помеѓу игнорирањето на нерелевантните озборувања и игнорирањето на релевантни политики, личности и наредби.

Секој би сакал да верува дека патот до објавувањето добра сторија во весник е рамен и без пречки, но реалноста е дека уредникот има одредена пристрасност и преференции, свети крави, институционална традиција, лична и професионална ексцентричност и поле за мини на патот кон објавувањето. Оние вработени кои се најуспешни во добивањето стории, задачи или напредување се оние кои ги собрале најдобрите информации за системот и играчите.

Покажи и кажи

Секој оној кој сака да биде главен играч во компанијата мора да биде подготвен да заземе супериорна позиција од време на време – да искаже став, да ги убедува слушателите и активно да ја трга настрана критичноста. Кели тука не упатува на масовни презентации пред публика која полни една цела арена, туку пред

Page 28: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

27

мал тим, група колеги или група менаџери од врвот. Кели тврди дека независно колку спектакуларно е компетентен тој вработен, доколку тој/таа не може да отвори уста и да ја покаже својата ментална супериорност, тој/таа ќе се смета дека не знае да комуницира и дека има ограничен потенцијал.

Повеќето вработени во редакциите се згрозуваат кога треба да го вербализираат своето размислување. Стравот од говорење во јавност оди дотаму што во многу случаи тоа се случува кога споделуваат мислења или кога имаат сесии за бура на идеи во одделот.

Навистина, некои новинари имаат одбиено да присуствуваат на обуки бидејќи весникот потоа бара од оние кои ја поминале обуката да направат презентација на нивното искуство, а тоа за некои е тешко воопшто да го помислат.

Генерално новинарите претпочитаат да ги стават своите идеи на хартија или да служат како духови кога пишуваат за други, наместо да зборуваат за своите идеи пред групи поголеми од неколкумина.

Но, дури и редакциите кои доделуваат вонредна културна поддршка за молчењето, сепак ги забележуваат и ги ценат оние кои несовладливо зборуваат за своите ставови. Како што ќе посведочи секој менаџер кој водел состанок на кој наместо идеи имало мртва тишина, тивкото мнозинство остава впечаток дека се неинволвирани, незаинтересирани и дека не се способни за креативно размислување. Најмудрите менаџери и вработени се оние кои ќе сфатат дека пишаната комуникација не е погодна за сите ситуации и ја имаат совладано вештината за говорење. Сепак, нивниот број во редакциите останува мал.

Page 29: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

28

ПРАВЕЊЕ „СТАДО ОД МАЧКИ“: КАКО ДА СЕ РАКОВОДАТ НОВИНАРИТЕ ВО ДИГИТАЛНАТА ЕРА5

(селектирани извадоци)

Автор: Лора Саарикоски

1. Вовед: Креативните луѓе се тешки за задоволување

„Запомнете дека уредникот не го води овој оддел дури и кога изгледа дека тоа е така. Го водиме ние, пишувачите“. Тоа беа зборовите за добредојде кои секогаш ќе ги паметам, а ми ги упати еден искусен новинар во 2005 година, како на новоназначен уредник на рубриката за анализи6 при Хелсингин Саномат Сандеј. Стануваше збор за предупредување коешто ме стресе и вознемири, што се надевам дека успеав да го сокријам тогаш.

Сепак, зборовите ми дадоа корисен увид во размислувањето кое го делеа некои автори на аналитички стории во водечкиот фински весник: ние сме најквалитетните, најдобри од најдобрите. Уредниците си доаѓаат и си заминуваат, но ние, авторите, сме далеку поважни за содржината. А, содржината е причината поради која луѓето се претплаќаат на весници.

Овој став, колку и да звучи арогантно, е делумно точен. Раководењето на креативни луѓе не се сведува на водачот, туку на истакнување на најдоброто кај другите. Сепак, ова не се постигнува со оставање на новинарите да се водат самите себеси, како што посочи искусниот новинар. Сосема напротив, многу новинари би ја мразеле идејата да мора да ги преземат одговорностите на своите шефови од бирократија, па сѐ до буџети и справување со одговорни уредници, адвокати, надворешни соработници, консултанти и случајни посетители.

Тоа што тие го сакаат е да се концентрираат на својот занает. На креативните луѓе им треба самата креативна работа, како што и посочи документарниот уредник Пенти Велиахдет од финската радиодифузна компанија „Улеисрадио“ за време на интервјуто за ова истражување.

Па, како тогаш треба да се водат креативните новинари?

5 Saarikoski, Laura (2011-2012) Herding the cats:How to lead journalists in the digital age. Reuters Institute Fellowship Paper, University of Oxford6 Забелешка на преведувачот: „feature article“ е подолга новинарска статија која анализира, истражува и длабински известува за одредено прашање од интерес на читателите. Во овој превод е користен преводниот еквивалент „анализа“.

Page 30: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

29

Ова е клучното прашање на ова истражување. Особено е релевантно во време на дигитална револуција и економски тешкотии предизвикани од страна на опаѓањето на тиражот на весниците и продолженото раслојување на телевизиската публика.

Во минатото, новинарите го имаа луксузот на концентрирање на производот – приказна, напис – без да мора премногу да се грижат за неговата натамошна дистрибуција. Дигитализацијата и намалувањето на публиката го променија ова: сега новинарите се обидуваат да ја ангажираат својата публика преку собирање идеи за приказни од поголем број читатели/слушатели/гледачи, споделување на својата работа на социјалните медиуми и прифаќање моментна повратна информација. Приказната не е повеќе крај на разговорот, туку почетокот, како што рече дигиталниот уредник на „Економист“, Том Стендиџ. Ова задава нови предизвици за уредниците. Не само што треба да водат група талентирани луѓе кои не сакаат да бидат водени, туку треба и да се извадат насила од нивните стари удобни позиции. Не е ни чудо што еден уредник го спореди раководењето со новинарите со терање мачки во стадо, што му даде наслов на ова истражување.

Истражувањето се концентрира на тоа како да се водат новинари во весници, во јавни радиодифузни компании и во списанија во Финска и во Британија. Тоа прави обид да ги објасни постојните промени на пазарот на медиумите од аспект на уредникот, да ги опише предизвиците при раководењето на креативни новинари во време на брза дигитализација и финансиска несигурност и да понуди практични совети за уредниците во новата средина.

Ова се прави преку интервјуирање на 15 фински и 11 британски уредници со искуство во раководењето на креативен персонал во нивните медиуми. Нивните мислења се дополнети со интервјуа со академски работници и медиумски консултанти кои работат во полето на дигитална транзиција.

Акцентот на ова истражување е ставен на уредниците кои раководат со рубриките за аналитички жанрови: со други зборови, одделите кои создаваат наративи од долг формат или, пак, длабински анализи. Причината за овој акцент е тоа што повеќето содржини за анализи потекнуваат од слободните идеи за тоа што новинарите и уредниците го сметаат за интересно и релевантно секој ден. Оваа слобода прави нивниот производ да се издвои од хаотичната работа во една редакција, што исто така може да придонесе кон креативност, но чија агенда повеќе ја диктираат дневните настани. Овој креативен материјал е поважен од кога

Page 31: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

30

било порано, бидејќи во дигиталната ера, хиерархијата помеѓу публиката и медиумските компании се изедначи. Публиката бара и одбира содржини кои се карактеристични и релевантни за нив, а не какви било содржини објавени од страна на одредена институција. Колективниот универзум на канали за спроведување на информациите или весници е заменет од страна на тематски публикации, поединечни понуди и содржина генерирана од страна на корисниците, каде што корисниците се клиенти кои бараат, а не лојална конгрегација, и тие секогаш бараат нова, возбудлива содржина.7 Па така, сите нови изданија се обидуваат да понудат карактеристична содржина која ги издвојува од останатите.

Бидејќи креативната содржина е клучна за иднината на новинарството, исто така е клучно да се знае како да се раководи со креативни луѓе.

Претходни студии за лидерство и креативни луѓе се концентрираа генерално на бизнис. Сепак, водечките новинари заслужуваат посебно истражување: во новинарството, креативноста не е само средство, туку е и цел. Секој производ, секоја приказна, треба да биде уникатна.

Овој акцент на креативната содржина во изминатите години се чини дека ја помести традиционалната рамнотежа на моќ помеѓу раководството во медиумите и креативните новинари кон страната на „креативците“. Роб Гофи и Герет Џоунс ги дефинираат креативните луѓе како „поединци кои даваат несразмерен придонес кон она што го прави организацијата“.8 Овие креативни луѓе се повредни за успехот на организацијата отколку нивните лидери, дури се повредни од директорот – или главниот и одговорен уредник – во денешно време. Причината за ова е тоа што креативноста, дефинирана како генерација од нови идеи и иновации, стана клучната цел за многу организации.9 Овие цели не можат да се остварат преку хиерархиски модел одгоре надолу; важи токму спротивното, организациите станаа зависни од креативноста на своите поединечни вработени до степенот до кој предизвикот за нивните водачи е да ја направат организацијата вредна за креативните луѓе, а не обратно.

Очигледно, ова значи голема промена на старите ставови. Лидерите веќе не се оние коишто го водат походот на една планина,

7 Нисен, Кристијан. Организациски култури и структури во раководењето со јавните медиуми, Данска академска конференција за менаџмент, Копенхаген, 2011.8 Гофи и Џоунс, Мудрост – Водење на вашите најпаметни и најкреативни луѓе, Бостон, Харвард бизнис скул прес, 2009.9 Мамфорд и др., Водење на креативни луѓе: Диригирање со експертизата и односите, тримесечник Лидерство, 2002.

Page 32: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

31

туку се оние коишто ги идентификуваат луѓето коишто можат да се качат до врвот, додека самите тие бавно чекорат на пониските височини чекајќи ги добрите вести.10

Претходниот раководител на данската радиодифузна компанија Кристијан Нисен ја нарекува оваа внатрешна тензија во медиумските организации „битка помеѓу две култури“. Професионализацијата на топ-менаџментот во медиумските компании доведе менаџери кои немаат воопшто искуство во новинарство. Овие менаџери сфаќаат дека им е потребна креативната култура, но сакаат да ја држат на краток ремен. Како резултат на тоа, креативниот персонал од медиумските куќи се чувствува врзано од страна на бирократски механизми за контрола кои ја обременуваат нивната работа и предизвикуваат задушувачки конформизам.11

Сепак, Нисен аргументира дека индивидуализацијата на медиумската употреба доведе до пофрагментиран медиумски пазар, што, од своја страна, води кон полабаво структурирана организација и децентрализација на раководењето. Децентрализираната структура на моќ изискува топ-менаџерите да го заменат „хардверот“ од правила со „софтвер“ од заеднички мисии – со други зборови, мотивациско водство. Ова е потребна промена со цел да се надградат иновативните способности на медиумите.

Како изгледа ова мотивациско водство во практика?

Кристијан Нисен дава два примера: „Спајс грлс“ и империјалната германска армија. „Спајс грлс“ пеат: „Кажи ми што сакаш / што навистина, навистина сакаш“. Нисен се повикува на британскиот академик Стивен Бангеј кој тврди дека водачите на креативни луѓе треба да им го потават на своите вработени ова прашање, да им овозможат ресурси – и да замолчат. Со други зборови кажано, водачите треба да постават широки цели и неопходни ограничувања за креативните луѓе, но да не навлегуваат во детали во врска со тоа како треба да се постигнат тие цели. Според Нисен, принципот на „Спајс грлс“ беше успешно ставен во практика од страна на империјалната германска армија во 19 век. Армијата имаше децентрализирана структура на моќ во која офицерите не ги водеа војниците напред со специфични команди, туку ги охрабруваа самите да преземат иницијатива. Ова резултираше во победа на Германците над сонародниците на Нисен, Данците, во 1864 година.

10 Гофи и Џоунс, ибид.11 Нисен, ибид.

Page 33: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

32

Во согласност со аргументите на Нисен, сегашното истражување ќе ги истражи тактиките кои ги споделуваат медиумските професионалци со цел да обезбедат корисни совети за секого во позицијата на медиумски раководител кој се прашува како да ги води луѓето кои се поталентирани и од него самиот или од неа самата.

2. Заднина: Аналитичкото новинарство во дигиталната ера

Ова истражување е во врска со раководењето на креативни луѓе кои се поважни од кога било порано за медиумските организации. Тие ја создаваат креативната содржина која би требало да ја гарантира иднината на медиумската организација во дигиталната ера.

Тогаш, што е креативна содржина?

Таа е нешто различно, уникатно и посебно кое се разликува од другата содржина. Таа не е лесно повторлива или пресликана. Му бега на дефинирањето на начин на кој не постои зададена формула која кога би била применета на нешто друго, автоматски би ја претворила содржината во креативна.

Мамфорд и неговите соавтори ја карактеризираат креативната работа како задачи кои вклучуваат „комплексни, лошо дефинирани проблеми“ каде што изведбата бара „генерирање нови, корисни решенија“. Може да се очекува да бара многу време и да вклучува „несигурност и ризик“.12

Во вистинскиот свет, креативната содржина е нешто што на публиката треба да ѝ изгледа толку уникатно и вредно, така што тие би биле подготвени да го бараат, да му се вратат и да платат за него.

Во медиумска публикација овој вид содржина којашто се разликува има многу форми. Може да биде добро напишан текст, може да биде вредна информација, коментар или анализа, може да биде уникатен пристап или најдобри извори.

Сепак, содржина којашто се разликува не е нешто што е лесно достапно кај многу алтернативни извори бесплатно. Така, таа не е општи вести.

На пример, во „Тајмс“, колумнистите како Кејтлин Моран му носат нови претплатници на весникот. Нејзиниот уникатен глас е типот на содржина чија вредност за нејзината публикација сега може финансиски да се измери.

12 Мамфорд и др., ибид.

Page 34: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

33

Повлекувањето линија помеѓу вести и не-вести е вештачко, па дури и невозможно. Сепак, за потребата на упростување, ова истражување ја дефинира содржината на анализите како различни форми од новинарски наратив и коментар кој ѝ дава додадена вредност на една публикација.

Истражувањето се концентрира на уредниците на рубриките кои се занимаваат со аналитички жанрови од весници и радиодифузни компании бидејќи нивната работа е помалку диктирана од секојдневните агенди за вести, а повеќе од креативните идеи и иновациите за тоа што се смета за интересно и релевантно секој ден. Очигледно, работењето во редакција за вести може исто така да биде креативно, но традиционално содржината на аналитичките стории се цени високо и меѓу самите новинари.

Рубриките за аналитички жанрови се на врвот на внатрешниот синџир на исхрана; со други зборови, местата каде што многу од најдобрите новинари завршуваат кога веќе ќе остават свој белег насекаде на другите места. Па така, тие треба да понудат еден вид различна содржина која ќе ја разликува публикацијата од другите, ќе ѝ додаде вредност и ќе ја гарантира нејзината финансиска иднина.

Како дигиталната ера ја промени работата на уредниците на рубриките за аналитички жанрови и содржината што ја нудат? Како ја гледаат тие иднината на анализата? И кои се опциите за пристап на интернет кои нивните публикации ги одбрале што се однесува на наплаќањето за нивната содржина?

Дигитализацијата и економските тешкотии досега имаа подлабоко влијание врз британските отколку врз финските медиуми. Па затоа, ова поглавје се концентрира на погледите на британските уредници на рубриките кои се занимаваат со аналитички жанрови од „Фајненшл тајмс“, „Гардијан“, „Би-Би-Си“ и „Тајмс“. Списанието „Економист“ и уредникот на неговото дигитално издание ги претставуваат списанијата за вести.

Секоја од овие публикации има сериозно покривање на вести, но исто така и доста материјал со додадена вредност. Секоја, исто така, има одбрано различна стратегија за наплаќање на пристапот до содржините на интернет со различно ниво на успех.

[...]

2.3 „Гардијан“Весникот „Гардијан“ ја има најамбициозната дигитална

стратегија од сите британски весници. „Прво дигитално“ значи дека сиот материјал се планира прво за дигитално објавување,

Page 35: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

34

а второ за печатење. Со печатен тираж од околу 210.000 копии, но со огромно читателство на интернет кое брои 39 милиони уникатни читачи ширум светот, „Гардијан“ стана глобален глас на либералната левица.

Сепак, што се однесува до наплаќањето на содржините, „Гардијан“ донесе спротивна одлука на одлуката на „Тајмс“: целата содржина на интернет е бесплатна. Само апликацијата за Ајпед на „Гардијан“ е со претплата.

„Гардијан“ излезе со иновативни начини за градење база од потрошувачи-плаќачи која се врти околу ангажирање на читателите. Продава патувања, работилници за пишување, па дури и облека и има свој клуб читатели на книги, а и сајт за романтично поврзување којшто се вика „Гардијан сродни души“. Апликацијата на „Гардијан“ за Фејсбук, воведена во септември 2011, е преземена од страна на осум милиони луѓе во претходните шест месеци, а сепак има донесено само неколку стотини илјади фунти.

Целосниот дигитален приход е околу 50 милиони фунти годишно, но тој не е доволен за да ги покрие загубите предизвикани од опаѓањето на рекламирањето во печатеното издание и тиражот. „Гардијан“ годишно губи околу 40 милиони фунти. Сепак, финансиран е од страна на Фондацијата Скот којашто активно не бара профит.

И додека вестите, коментарите и рубриката култура веќе добро просперираат во дигиталната форма, долгите четива на „Гардијан“ – анализите и содржините подготвени како за списанија – сѐ уште ја немаат пронајдено својата крајна форма на интернет. Управителката на „Гардијан“ (guardian.co.uk), Џорџина Хенри, се труди да го промени тоа.

„Очекувам дека печатеното издание сѐ уште ќе биде главно одговорно за буџетот уште некое време, но мораме многу повеќе да се погрижиме анализите да се приспособат имајќи го на ум дигиталното издание“, вели Хенри.

Тоа значи да се размислува поинтернационално, не само да се размислува за тоа што може да биде од интерес во Обединетото Кралство, вели Хенри. Второ, секогаш треба да се размислува подалеку од текстот: што е звучната слика, каква е видеоснимката. И трето, се работи за заедницата. Како ќе се ангажира заедницата со текстот и кои активности од заедницата „Гардијан“ сака да ги поттикне со текстот?

„Овие три нешта значат длабинска промена пред вие да стигнете до нивниот изглед“, вели Хенри. Главниот предизвик во дигиталната

Page 36: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

35

транзиција за подолгите текстови се наоѓа во недостигот од хиерархија на интернетот. Речиси сите написи на „Гардијан“ изгледаат исто, без разлика на тоа дали читате интервју од 4.000 збора на списанието „Гардијан“ или читате блог од 300 збора.

„За читателот е збунувачки: Повеќето од нив стигнуваат преку пребарување и можеби никогаш не нѐ виделе во печатено издание. Кое е искуството на корисникот кога тој ќе се најде на таа страница? Дали треба некако да означиме дека станува збор за вистински огромен текст или повизуелен напис?“, прашува Хенри.

Сега веб-страницата на „Гардијан“ има дел наречен „долгото добро четиво“ каде што вработените поставуваат неколку долги (повеќе од 3.000 збора) написи секој ден со цел заинтересираните читатели кои пребаруваат по вестите да можат да ги снимат на Ајпед или Киндл за подоцна. Според Хенри, долгите текстови имаат долга опашка: тие многу добро поминуваат на интернет и на Фејсбук дури и долго време по нивното објавување.

„Гардијан“ исто така собира идеи за своите аналитички текстови, на пример, преку замолување на своите читатели да ги споделат своите сеќавања за нападите од 11 септември и нападите од 2005 година во Лондон.

Хенри нагласува дека и покрај стратегијата „прво дигитално“ на „Гардијан“, не смее да се заборави на печатениот производ. На пример, неделното интервју во понеделниците во додатокот на „Гардијан“ наречен Г2 мора да пополни три страници. Кога би било објавено само на интернет, прашањата би можеле да потекнат од заедницата, би можело да има видеоснимка – но Г2 во печатеното издание сѐ уште носи многу приходи од рекламирање кои дигиталната верзија не би морала да ги донесе.

Така, Хенри очекува поголемиот дел од новинарството во долг формат да не биде порачувано прво за дигиталното издание уште некое време. „Со цел да се плаќа за него, тоа е сѐ уште во печатеното издание“.

А што е со остатокот од весникот? И покрај огромните трошоци поврзани со печатење, публикацијата која се издава прво дигитално мора исто така да биде издадена во печатена верзија поради две главни причини, објаснува Хенри. Прво, постои реален приход којшто доаѓа од продажба на печатеното издание и огласување, бидејќи „Гардијан“ знае многу за своите читатели. Второ, јавната дебата во Обединетото Кралство бара од весниците сѐ уште да имаат силна печатена платформа.

Page 37: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

36

„Не се поставува како вистинска опција да се ослободиме од печатеното издание сѐ уште дури и кога би сакале да го сториме тоа“, вели Хенри. „Затоа само мораме да продолжиме да се обидуваме, да ја зачуваме новинарската работа и да ги намалиме трошоците, како и сите останати.“

2.4 „Би-Би-Си“Јавната радиодифузна содржина на „Би-Би-Си“ се финансира

преку плаќање такса. Таксата мора да ја платат сите британски домаќинства коишто гледаат телевизија и е во висина од 145,5 фунти годишно до 2017 година.

Таксата не е поврзана со стапката на инфлација и затоа „Би-Би-Си“ – со 19.995 вработени во 2011-та – бара начини да троши до 20 отсто помалку средства до 2017 година со цел да се справи со ефектите од инфлацијата. Сепак, таксата на „Би-Би-Си“ му дава сигурност и можност за долгорочно планирање што им недостигаат на печатените медиуми.

Дигиталната ера ги израмни некои од внатрешните хиерархии и конкуренцијата во „Би-Би-Си“, вели уредникот на рубриката за аналитички жанрови Жил Вилсон од веб-страницата за вести на „Би-Би-Си“.

„На пример вработените во програмата Панорама едвај чекаат своето новинарство да го извадат на што е можно повеќе платформи и не би се грижеле дали е на нивната веб-страница. Па така, размислувањето сега е во насока на повеќе платформи.“

Вилсон е одговорен за две веб-списанија објавени на веб-страницата на „Би-Би-Си“. Аналитичките текстови кои се објавуваат таму се засноваат на дневни вести, но Вилсон настојува да се даде оригинален поглед или оригиналност во раскажувањето приказни со цел да се додаде вредност на содржината на вестите. Тој се обидува да вклучи звук или снимка, но не сака текстот да зависи од визуелни елементи. Па така, квалитетот на текстот доаѓа на прво место.

Анализите на веб-страницата за вести на „Би-Би-Си“ варираат од 500 до 3.500 збора (оние кои содржеа 5.000 збора се потврдија како предолги за читателите). Тие редовно добиваат околу 500.000 посетители за време на деновите од работната недела, а списанието на интернет на „Би-Би-Си“ коешто ги објавува анализите има околу 2,4 милиони читатели неделно.

За време на викендите, бројот на читатели опаѓа. Врвот се достигнува во работните денови околу ручек кога бројот на

Page 38: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

37

читателите на аналитичките текстови е повисок отколку бројот на читатели на вести. „Мислиме дека луѓето сакаат да читаат додека ручаат“, вели Вилсон. Според него, јасно е дека публиката на „Би-Би-Си“ ги цени аналитичките текстови од долг формат. „За една статија со вест можете да добиете 3, 4 или 5 поддржувачки пораки на Твитер, но за аналитичките текстови, добивате десетици. Читателите сакаат да ги споделат сториите со своите пријатели. Воедно увидовме дека просечното време поминато на страницата за нашите аналитички текстови е двојно подолго од времето поминато во читање вести“.

Не е изненадувачки фактот што бројот на читатели на аналитички текстови на мобилен телефон е понизок отколку бројот на читатели на вести на мобилен телефон. Сепак, таблетот ја има можноста да ја промени матрицата на консумирање вести и да му даде на корисникот можност за зачувување на подолги четива, вели Вилсон. „Ако луѓето седнат и одвојат време повторно да читаат, тогаш тоа става акцент на квалитетот на раскажувањето на приказните со цел тоа да биде што е можно попријатно.“

Споредено со пред десет години, Вилсон мисли дека вредноста на содржината на аналитичките текстови на интернет сега се препознава многу подобро. „Ни требаше многу време да разбереме дека не мораме постојано да ја менуваме содржината на интернет. Аналитичките текстови се доволно добри за да останат тука цел ден.“

„А содржината е само многу посоцијална. Фејсбук ви дава можност да ја користите желбата на луѓето да им покажат на своите пријатели што читаат; тие се позиционираат себеси преку тоа.“

Вилсон не гледа дека содржината на аналитичките текстови би била под закана на потребното штедење во „Би-Би-Си“. „Ако пресметате дека некој пишува десет прилози за вести на ден, а некој еден на ден, тогаш тоа (произведувањето на аналитички текстови) е скапо. Но сепак, една сторија може да биде дваесетпати подобра од другата“, вели тој.

„Би-Би-Си“ исто така ги продава своите аналитички текстови на меѓународните пазари, а содржините на „Би-Би-Си“ на веб-страниците со меѓународна публика можат да вклучат рекламирање, што не е случај во Обединетото Кралство.

„Бидејќи нашите бројки за интеракција се клучниот аспект за кој се интересираат огласувачите и со оглед на начинот на кој публиката ја цени нашата содржина и стапува во интеракција со неа, веб-страницата станува повредна за огласувачите од онаа каде што публиката само би читала вести.“

Page 39: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

38

[...]

2.6 РезимеПечатениот тираж во сите британски весници е во опаѓање.

Приходите од дигиталното огласување сѐ уште не ги надоместуваат загубите во приходите од рекламирањето во печатените изданија. Така, најдобро позиционирани се оние публикации коишто можат да заработат вистински од претплатите на дигиталното издание, како „Фајненшл тајмс“ или „Економист“.

Сепак, наплаќањето за содржините бара читателите да ги гледаат како различни и неопходни. Во конкурентниот пазар на англиски јазик, традиционално силен квалитетен весник, како „Тајмс“, може да се најде маргинализиран поради тоа што е преопшт за читателите да се подготвени да платат за него. Вестите се достапни од други извори бесплатно, а ексклузивната содржина на вестите и анализите на „Тајмс“ можеби не е доволно силна за да ги намами претплатниците коишто плаќаат до обемот до кој загубите на „Тајмс“ би биле значително намалени во иднина.

„Економист“ покажа дека, доколку квалитетот е доволно различен, дури и конвенционалната мудрост на старите авторитети кои се уриваат во дигиталната средина не се применува. Можете да го имитирате гласот од Бога одозгора, како што прави „Економист“, но тогаш морате да бидете најпопуларен од боговите.

„Гардијан“ успеа да се етаблира како слободен либерален форум на глобалниот свет на интернет, но не успеа да ги трансформира своите милиони читатели во пари. Весникот се коцка со времето: дали Фондацијата Скот, која ги финансира активностите на „Гардијан“, ќе плаќа за загубите доволно долго за „Гардијан“ да започне вистински да заработува со своето огромно глобално читателство и иновативни дигитални продукти? Дали ќе се преобрази во само дигитален весник барем за време на деновите од работната недела со цел да се намалат трошоците? Или ќе биде принуден да ги следи другите и да го стави својот материјал зад рампа за наплата на интернет?

Доколку „Гардијан“ успее да постигне приходи од дигиталното рекламирање коешто е барем малку споредливо со своите приходи од печатеното рекламирање, тој ќе претставува пример за дигитално профитирање за сите други големи публикации во новиот милениум. Доколку, наместо тоа, се предодреди за дигитална претплата, ќе треба да се задоволи со екстремно намален и веројатно многу повеќе национален обем на читатели на интернет.

Page 40: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

39

Конкуренцијата за „Гардијан“ не доаѓа само од другите британски весници и „Би-Би-Си“, туку исто и од странство: обидувајќи се да прерасне во трансатлантски медиум, „Гардијан“ се соочува со конкуренција од „Њујорк тајмс“ до кој е политички близок. Во одбирањето на кој весник би биле подготвени да се претплатат, либералните американски читатели од Источниот брег можеби би го одбрале „Њујорк тајмс“ или „Економист“ како поклучно четиво од британскиот „Гардијан“.

Што, тогаш, ги дефинира финансиски успешните публикации во Британија?

Досега, тоа се две нешта: различна содржина неопходна за меѓународните елитни читатели со многу пари и на високо-средна возраст („Фајненшл тајмс”, „Економист“) комбинирана со дигитална претплата со која наплатата за содржини е лесна. На еден начин, дигиталната ера нема променето многу од овој аспект: истите публикации беа успешни како печатени изданија.

Тоа што не излезе како успешно досега е комбинацијата од дигитална претплата и квалитетен весник со општа агенда за вести и политички став кој гравитира кон центарот („Тајмс“). Публиката оди на други места за бесплатна содржина на вести.

Во случајот со „Гардијан“, којшто ја има далеку најиновативната дигитална стратегија со своите клубови за членство и настани за ангажирање на публиката, жирито сѐ уште одлучува дали огромного меѓународно читателство и либералната агенда можат да се трансформираат во вистинска заработка без дигитална претплата.

Што се однесува до дигиталната транзиција на новинарските содржини, наративите од долг формат се последните кои се објавуваат во дигиталните изданија. Вестите, мислењата, колумните, анализите и сите специјални написи полесно се трансформираат во дигитална форма поради нивната моментна, полемичка и куса природа.

За да се направат долгите анализи попривлечни на интернет, уредниците додаваат звук, видеоснимки и фотогалерии на текстовите; тие може да исползуваат собирање информации од читателите во произведувањето на написи. Сепак, британските уредници изразија различно ниво на незадоволство од формата којашто долгите наративи ја земаат на интернет и прифатија дека тоа е работа во тек.

Причината за ова е основната контроверзност во долга наративна содржина во дигиталниот свет: треба да биде материјал

Page 41: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

40

којшто е уникатен и ја разликува публикацијата од другите, а сепак одзема најмногу време и е најскап за произведување.

Ако размислувате чисто од финансиски аспект, материјалот од долгите анализи (сѐ уште) не ја заслужува својата етикета со цена; печатеното рекламирање во списанијата е тоа коешто ги носи парите. Затоа, анализите во „Фајненшл тајмс”, „Тајмс“ и „Гардијан“ сѐ уште се прават имајќи го на ум печатеното издание. („Би-Би-Си“, ослободен од големите финансиски проблеми, не мора да бара начини да ја финансира содржината од своите анализи.)

Вториот предизвик доаѓа со недостигот од хиерархија на интернетот. Во дигиталната средина, идејата за кохерентно списание со селекција од различни стории е тешка за сфаќање; еден читател може да пребарува написи за мода, или за храна, или да пребарува по одреден новинар без да знае дека тие се дел од содржина на некое списание.

Затоа, материјалите за анализи со јасен идентитет како патување или здравје или семејство се полесни за префрлање во дигитална форма отколку општите анализи чие постоење е делумно објаснето преку нивниот контекст, со други зборови како се поврзани со другите стории во истото издание на списанието. Исто така, рекламирањето за специјални содржини како мода всушност се зголеми, на пример во „Тајмс“.

Оттаму, може да се предвиди дека општите аналитички текстови на општествени прашања или странски теми кон кои читателите немаат силна поврзаност ќе станат поретки, а материјалот за анализи којшто се концентрира на полемички, контроверзни теми, забавни вести и потреби на потрошувачите ќе стане уште почест.

Ова е една од причините за успехот на таблоидот „Дејли мејл“: материјалот на „Мејл“ на интернет се концентрира на озборувања на славни луѓе и забава и привлекува читателство од 5,3 милиони луѓе дневно и 45,3 милиони уникатни посетители месечно. Тврдеше дека го престигна „Њујорк тајмс“ како светски најпопуларната веб-страница на почетокот на 2012. (Уредниците на интернет-изданието на „Мејл“ одбија да бидат интервјуирани за ова истражување.)

Сепак, уредниците на анализите во весниците положуваат големи надежи во Ајпедот. Постои споделено размислување дека читателите не сакаат да читаат долги стории на компјутер; според зборовите на Том Стендиџ од „Економист“, читањето вести на компјутер е активно искуство на „навалување нанапред“ и поради тоа долгите стории претставувале проблем во последните десет

Page 42: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

41

години. Сега Ајпед и Киндл повеќе нудат искуство на „навалување наназад“, коешто е слично на тоа кога се чита книга.

Истражувањето ја поддржува оваа идеја: и „Тајмс“ и „Фајненшл тајмс” имаат податоци коишто покажуваат дека читателите трошат повеќе време читајќи долги написи на Ајпед отколку на компјутер. Податоците на „Економист“ дури покажуваат дека читателите трошат повеќе време читајќи го списанието на Ајпед отколку во печатена форма.

Уште повеќе, според зборовите на медиумскиот консултант Хуан Сењор, „Ајпед е еднакво на Јас плаќам (I pay)“, што значи дека е психолошки и практично полесно да се наплати за апликации за Ајпед отколку одеднаш да се почне со наплаќање за содржина на интернет којашто читателите се навикнати да ја добиваат бесплатно.

Сепак, досега претплатите за Ајпед се толку ниски што се чини дека не ги решаваат финансиските проблеми на весниците.

Ниту еден од уредниците на рубриките кои негуваат аналитички жанрови кој го интервјуиравме не тврдеше дека знае што ќе се случи со аналитичкото новинарство во иднина. Тие сите веруваат дека долгите наративи ќе преживеат и проценија дека треба да бидат со повисок квалитет во иднина, бидејќи, според нивното мислење, тие се различната содржина којашто читателите ја ценат и сакаат да им покажат на своите пријатели дека ја читаат – и би требало да се подготвени да платат за неа.

Уредниците на весници веруваа дека наративите ќе останат во печатените изданија сѐ додека постојат печатени изданија и ќе преминат на интернет како што ќе се зголемува бројот на претплати за Ајпед. Сепак, ниту еден уредник не беше подготвен да шпекулира дали ќе има повеќе или помалку новинари кои ќе работат на долги наративи во иднина, и никој не очекуваше дека би бил во можност да најми повеќе вработени. Токму спротивно на тоа, скорешната историја сугерира дека уредниците се среќни кога можат да го задржат персоналот кој го имаат сега, а тие позиции ќе станат сѐ поценети.

„Ако сте пишувач на долги формати, веќе нема многу места за вас. Но, тоа не е само поради интернетот, тоа е поради фактот што весниците ги исфрлаат статиите од долг формат, а интернетот само го зајакна тоа“, вели Џорџина Хенри од „Гардијан“.

„Мислам дека е скапоцено нешто коешто треба да се задржи и коешто длабоко го ценат читателите и во печатеното и во дигиталното издание. Но, очигледно е дека тоа не е поголемиот дел од тоа што го работите.“

Page 43: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

42

[...]

6. Заклучоци: Упатства за уредникот

Централното прашање на ова истражување е како да се раководат креативни новинари во време на дигитална транзиција и економски тешкотии. Мислењата на британските и на финските уредници беа дискутирани надолго во Поглавјето 5 (н.з. во оригиналната статија). Главните поенти од нивните совети се прикажани овде во форма на упатства.

6.1 Дваесет совети за мотивирање новинари1. Кажете јасно што сакате и постојано повторувајте го тоа.

2. Секогаш давајте добро засновани причини, никогаш не кријте се зад вашата работна функција.

3. Научете да кажете не и кажете го што е можно порано, доколку треба да се каже.

4. Покажете – немојте само да зборувате.

5. Прифатете дека пофалбата е често исто толку важен фактор за мотивација колку и парите.

6. Третирајте ги луѓето еднакво и делете пофалби еднакво, без оглед на различните улоги на луѓето во тимот.

7. Малите постигнувања направете ги да изгледаат како голем успех.

8. Запомнете дека го добивате тоа што го мерите. Наградете го однесувањето кое би сакале почесто да го гледате.

9. Импресионирајте ја прво вашата публика, а потоа колегите од вашиот ранг.

10. Покажете вистински интерес за луѓето и нивната работа.

11. Поставете широки цели и распоред, но не вмешувајте се во деталите.

12. Либерално споделувајте експертиза и информации.

13. Покажете ја вашата доверба преку оставање простор и давање автономија.

14. Поттикнете ја и наградете ја соработката за да го запрете деструктивниот натпревар.

15. Запомнете дека еден калап никогаш не им одговара на сите луѓе: вложете напор да ги разберете различните мотивации и пречки во изведбата на луѓето.

16. Заштитете ги вашите вработени од непотребна бирократија.

Page 44: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

43

17. Запомнете дека луѓето треба да бидат вклучени и нивното авторство треба да биде признаено. Работата не е нешто што креативните луѓе го прават само за да заработат пари, ним им треба самата работа.

18. Негувајте уникатни таленти кои можат да станат вредни брендови. Различноста носи различна содржина.

19. Концентрирајте се помалку на правилата, а повеќе на вредностите.

20. Обидете се да допрете до срцата, не само до главите.

6.2 Дваесет совети за раководење со дигиталните промени1. Сакајте го производот што го правите, не правете го

производот што го сакате. Ажурирајте ги вашите информации за вашата публика и нивните потреби во дигиталната ера.

2. Објаснете ги директните придобивки од дигиталните промени на публикацијата и поединечните новинари.

3. Создајте отворен простор во редакцијата за да поттикнете соработка, постојана реорганизација и работен тек подготвен за интернет.

4. Создајте работен процес каде што целата содржина се планира за дигитално издание, дури ако таа била објавена во печатена форма. Прво размислувајте за дигиталното издание, потоа мислете што дополнително треба да се додаде во печатената верзија.

5. Напуштете го пристапот кој се врти околу бренд и концентрирајте се на содржината. Уредникот треба да поминува помалку време размислувајќи хоризонтално за содржините на весникот во кој било даден ден, а треба да поминува повеќе време размислувајќи вертикално како да испорача одредена сторија преку повеќе платформи.

6. Запомнете дека приказната не е повеќе крајот на процесот, туку почетокот. Ставете ги читателите на прво место и извлечете корист од елементот на заедницата на социјалните медиуми во планирањето на приказните: собирање информации од повеќе луѓе, моментна повратна информација, барање податоци, испраќање пораки преку Твитер итн.

7. Осигурете се дека главниот и одговорен уредник се има одлучено за промена. Идеално, некој од сениорското раководно ниво треба да може да ги синтетизира содржината и технолошките способности.

Page 45: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

44

8. Претворете ги најпочитуваните новинари во адвокати за промената. Кога другите ќе ги видат придобивките од користењето на новите алатки, и тие ќе се приклучат.

9. Создајте натпревар помеѓу вработените на основно ниво. Променете ги вашите структури за наградување со воведување, на пример, награди или бонуси за најдобра дигитална иновација.

10. Давајте повратни информации прво за дигиталните содржини.

11. Запомнете дека колку повеќе бучава има, толку повеќе постои потребата за филтер. Сѐ се сведува на тоа вашата публикација да стане највреднуваниот филтер за вашата публика.

12. Не врзувајте се премногу за платформи, но верувајте им на уредниците дека ќе ја расчистат маглата од блоговите. Запомнете дека работата на уредникот сѐ уште се сведува на основите: зошто оваа приказна, зошто оваа публикација и зошто сега.

13. Прифатете ја идејата дека ви требаат практиканти. Запомнете дека старите хиерархии се исчезнати и дека некои од највредните таленти може да се најдат на маргините од вашата организација.

14. Негувајте ги новинарските брендови бидејќи тие можат да донесат претплати во дигиталната ера, но не заборавајте го брендот на вашата публикација исто така. Запомнете дека следењето на еден човек или на една публикација е начин да се изгради идентитет: Јас сум паметен бидејќи ја читам оваа паметна содржина.

15. Во ерата на недостаток од време, „завршливоста“ на едно прашање може да биде важна, без разлика на платформата.

16. Запомнете како различните платформи произведуваат различно искуство кај корисниците. Печатеното издание нуди искуство на навалување наназад, интернетот нуди искуство на навалување нанапред, Ајпед нуди 2.0. искуство на навалување наназад. Ајпед е за подолги, а мобилниот телефон за покуси четива.

17. Запомнете дека транспарентноста е новата објективност во дигиталната ера. Можете да аргументирате за едно мислење сѐ додека ви е јасна позицијата.

18. Осигурете се дека го имате најдобриот можен систем за менаџирање дигитални содржини за вашата публикација.

Page 46: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

45

Тој прави голема разлика за тоа колку од вашата содржина на интернет се чита и споделува.

19. Покажете најдобра практика и продолжете да учите од неа. Понудете континуирана обука за да го избркате стравот.

20. Водете однапред и самите прифатете ја промената. Осигурете се дека можете да разберете како новите медиуми можат да се користат во новинарството. Тоа е вашето животно осигурување.

6.3. Дваесет совети за ваше преживување1. Запомнете дека работата на уредникот не е во врска со

вас, уредникот. Таа е за тоа што уредникот може да направи за да го подобри квалитетот на работата на другите луѓе.

2. Создајте цел поголема од следната задача или успех на компанијата за вработените. Новинарството е за вистината, а вистината може да го измени начинот на кој луѓето размислуваат и делуваат.

3. Запомнете дека уредникот им служи на новинарите, но исто така и на публиката. Признавањето на тоа кого го претставувате ги прави полесни кажувањето „не“ на новинарите и барањето повеќе од нив.

4. Изградете интегритет на уредник. Сфаќањето дека тоа е работа, а не смисла во животот, го прави полесно незадоволувањето на другите луѓе.

5. Чувајте ја вашата експертиза како новинар. Експертизата е вашиот најважен придонес кон новинарот, а исто така е и вашето осигурување за иднината.

6. Обидете се да ја свртите критиката во предност и ставете ја корисната повратна информација во практика.

7. Доверете се на некој доверлив човек способен за искрена повратна информација надвор од вашиот оддел.

8. Разликувајте помеѓу професионални проблеми кои можете да ги решите и лични проблеми кои не можете да ги решите. Ова се однесува како на вашите вработени, така и на вас самите.

9. Земете ги предвид не само потребните вистински потези, туку исто така и ефектите кои ги имаат на личноста или тимот.

10. Држете се до вашиот новинарски идентитет и не препуштајте се на менаџерски разговори бидејќи тие не функционираат кај новинари.

Page 47: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

46

11. Прифатете дека нема да ви се допадне секој со кого ќе работите и дека претходно пријатни колеги можат да станат непријатни штом станете уредник.

12. Можете да покажете емоции за да не изгледате нечовечни, но живејте ги многу селективно.

13. Осигурете се дека знаете што се очекува од вас и во кое време.

14. Кога ќе се појават тешкотии, справете се со нив веднаш бидејќи времето нема да направи да исчезнат, туку да ескалираат.

15. Организирајте го вашето време со целосно концентрирање на нештата едно по едно. Новинарот е помалку импресиониран од вашата општа ефикасност, а поимпресиониран од вниманието кое го посветувате на неговите или нејзините проблеми.

16. Учете од најдобрите и најлошите практики на вашите надредени.

17. Не губете ги од вид причините кои првично ве натерале да влезете во новинарството. Ако очекувате дека парите и другите придобивки се второстепени за новинарите, тие треба да бидат второстепени и за вас исто така.

18. Очекувајте резултати, не чуда од себеси.

19. Добро грижете се за тоа да имате живот надвор од работа, за да не изгубите перспектива.

20. Знајте кога да се откажете. Тоа е работа, не и живот.

Page 48: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

47

ДВАЕСЕТ И ПЕТ СОВЕТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ПРОМЕНИТЕ ВО ИНФОРМАТИВНИ РЕДАКЦИИ13

(селектирани извадоци)

Отпуштивте некои од вработените. Сега се работи повеќе, со помалку луѓе. Воведувате нова технологија и нови задачи за вашиот тим. Членовите на вашиот тим се несигурни за нивната иднина, даваат сѐ од себе да се приспособат на промените, но честопати се напнати и обесхрабрени.

Добредојдовте во животот на менаџерот на една информативна редакција од денешницата. Ја прифативте работата бидејќи го сакате новинарството и сакавте да го подобрите. Не предвидовте дека управувањето со толку многу промени ќе одземе толку многу од вашето време. Шансите се дека или сте биле сосема малку, или воопшто не сте биле обучени за управување со промени, и сега сте толку многу зафатени да ја завршите работата што не можете ни да замислите да одвоите време да учите нови вештини.

Доколку се препознавате во ова, дозволете да ви понудам низа совети, кои ќе ви одземат само неколку минути од вашето време.

Овие совети потекнуваат од 52 менаџери на информативни редакции кои посетуваа дводневна работилница насловена „Тешки времиња, паметни менаџери“ – која ја претстави Фондацијата на директорите на радио и телевизиски вести. Јас помогнав околу координацијата и држев предавање на работилницата. Но, придржувајќи се до моето убедување дека на секој настан како овој, мудроста веќе ја има во просторијата, побарав од овие лидери во првите редови да ги споделат своите совети со останатите менаџери.

Подолу се советите коишто тие ги споделија, без некаков посебен редослед, сите се корисни:

Искористете го денот. Понекогаш ги одложуваме работите - добри и лоши разговори. Луѓето нека бидат во вашиот фокус.

Не дозволувајте работите да чекаат. Информирајте ги луѓето за промените. Јасно поставете ги очекувањата. Побарајте идеи од вработените и кога ќе ги дадат, помогнете им на вработените нивните идеи да ги преточат во практика.

13 Геислер, Џил. Веб-страница на Институтот Поинтер од САД. Достапно преку: http://www.poynter.org/how-tos/leadership-management/what-great-bosses-know/94466/twenty-five-tips-for-managing-changing-newsrooms/

Page 49: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

48

Разговарајте со колегите кои се надвор од вашата станица кои го работат истото како и вие. Поврзувајте се во мрежи за добри идеи, особено во време на промени. Учете од успесите и неуспесите на другите.

За да си помогнете да ја одржите перспективата, поврзете се со луѓе надвор од информативниот бизнис кои може да ви дадат добар совет.

Знајте по една или две лични работи за вашите вработени, особено ако раководите со голема група. Грижете се за нив како за луѓе и дозволете тоа да се види.

Одговорете наместо да реагирате. Одвојте време за да решите проблем наместо едноставно да влетате во заклучоци.

Не ги заборавајте оние кои најмногу остваруваат. И ним им треба внимание, исто така.

Соопштете им ги целите на оние кои треба да ви помогнат да ги постигнете. Не развивајте култура на тајност во врска со стратегијата и остварувањата.

Вработувајте бавно, отпуштајте брзо. Бидете темелни кога одбирате кого ќе ангажирате во вашиот тим; не дозволувајте расипаните јаболка да гнијат предолго.

Ние мораме да си дозволиме себеси да бидеме човечни, но да си даваме оддишка на вистинските места. Разговарајте со некој од менаџментот кој ќе прикрие, ќе ве пофали или едноставно ќе ви дозволи да се испразните.

Утврдете ја мисијата, вредностите и очекувањата. Доколку луѓето имаат добри остварувања за време на промени, на забавен начин оддајте им признание што ќе ги потсети дека добро ги исполниле целите. Вклучете ги вработените во процесот на давање признанија.

Не заборавајте дека личните работи допираат. Кога има некој голем настан, напор или проект, напишете им лични писма на оние кои ќе го надминат очекуваното. Напишете го тоа со својот ракопис. Луѓето се познати по тоа дека таквите писма ги чуваат со години.

Правете редовни прегледи по емитувањето на вестите. Вклучете лица со ум и глас кои се надвор од информативните редакции. Поставете цели и потоа одмерете во однос на тие цели.

Page 50: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

49

Изработете исказ за мисијата за секоја програма или проект. Знајте за кого го правите тоа.

Покажувајте ја својата хуманост редовно, така што на вашата емпатија и охрабрување ќе се гледа како на искрени, а не театрални.

Внимавајте да не испраќате мешани или погрешни сигнали.

Бидете организирани постојано. Тоа ви е сега попотребно од кога било.

Назначете експерти од вашите вработени кои ќе помогнат во обуката.

Подобро е да комуницирате повеќе отколку што треба наместо да не комуницирате доволно.

Понекогаш забораваме зошто сме таму: Запомнете, ние го пишуваме првиот нацрт на историјата.

Запомнете дека е потребен цврст пристап за да се справите со личните проблеми на вработените. Очекувајте од луѓето во организацијата да бидат отчетни едни пред други, наместо да очекуваат само од менаџерите да се справуваат со нештата.

Бидете подготвени да научите како да правите нови и различни работи на вашето работно место. Покажете им на луѓето од кои барате да преземат нови улоги дека и вие учите нови работи, исто така.

Зајакнете ги експертите во редакцијата. Земете еден од вработените еднаш во месецот и поканете го на брза обука. Репортер кој се занимава со истражувачко новинарство може да подучува за извори, додека, пак, фотографот може да подучува за осветлувањето. Во една ТВ-станица беше изработена листа од 20 работилници кои се засноваа на вештините на вработените.

Научете да бидете малку трпеливи или научете да покажувате трпеливост.

Page 51: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

50

Page 52: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

51

ГЛава II

професионаЛни стандарди и принципи

„Не можеш да избираш, тоа сите го прават нели ... јас трипати досега не сум направил како што сакал мојот сопственик ...и после тоа, што да ти кажам, три месеци анимозитет, на крај краишта си велам ... па твој е медиумот, сакаш таков прилог, еве ти...“

Изјави на новинари

„Известување за различностите во Македонија“ - Високата школа за новинарство и за односи со јавноста

„Новинарството има капацитети и потенцијали да биде куче-чувар пред оние што поседуваат моќ и оние чие дејствување во најголема мера влијае на граѓаните. Новинарите имаат обврска да ја негуваат оваа позиција и да не ја злоупотребуваат за лични или за нелегални комерцијални цели на медиумската компанија.“

Изјава на новинар од САД

„Принципите на новинарството” - Истражувачки центар за добро новинарство “Пју” - Вашингтон, САД

Уредниците и менаџерите на медиумите, се често првите кои ги прекршуваат професионалните и етичките стандарди во хиерархијата во редакцијата. Ставајќи ги новинарите под притисок, тие индиректно поттикнуваат самоцензура и негативно влијаат врз медиумските содржини. Свесноста за почитувањето на професионалните стандарди е ниска не само меѓу новинарите, туку и меѓу уредниците и медиумските менаџери кои ја обликуваат агендата, често ставајќи се во заштита на сопствениците на медиумите и на нивните интереси. Ова се само некои од причините поради кои на уредниците им недостига иницијатива и волја за отворање на релевантните теми во општеството, за поттикнување на истражувачкото новинарство и негување на аналитичките жанрови, за

Page 53: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

52

почитување на професионалните принципи, но и на самата публика. Сето ова дополнително се рефлектира на новинарите, чија, пак, улога се сведува на едноставни “пренесувачи” на информациите. Крајната штета, сепак ја трпат граѓаните до кои често стигнува селектирана и пристрасна информација, која се граничи со униформност или сензационализам, а понекогаш и со чиста пропаганда.

Лојалност кон граѓаните - прв новинарски приоритет

Додека медиумските компании се одговорни пред основачите или акционерите, па дури и во одредена смисла и кон комерцијалните партнери (рекламерите), новинарите треба да бидат лојални единствено кон граѓаните и кон поширокиот јавен интерес, се вели во Прирачникот за етиката во новинарството на Здружението на нвинарите на Македонија. Оваа посветеност на граѓаните е основа и за кредибилитетот на медиумот, се констатира во „Принципите на новинарството“ подготвени од Истражувачкиот центар за добро новинарство “Пју”, од Вашингтон, САД. Искуствата на модерната светска медиумска идустрија потврдуваат дека градењето доверба што се базира на лојалноста кон граѓаните, се рефлектира и во финансиските придобивки за медиумската компанија. Во таа смисла, сопствениците или акционерите во медиумите треба да ја негуваат лојалноста на новинарите кон граѓаните.

Потенцијалот што го имаат медиумите во насока на конструирање на реалноста и фактот што достегаат до широка публика, не останува незабележан од центрите на моќ, кои наоѓаат различни начини за да вршат притисок врз медиумите и да влијаат врз креирањето на вестите. Новинарите најчесто се ставени во улога на пренесувачи на ставовите на сопственикот или на менаџментот на медиумот, кои, пак, зависат од нивната моментална наклонетост кон некоја политичка или бизнис групација.

А, професионалните принципи велат дека треба да биде сосема поинаку. Независноста е суштински предуслов на новинарството, основа за новинарската веродостојност, се вели во Прирачниот за етиката во новинарството на ЗНМ. Независноста на духот и на мислата, во комбинација со заложбите за неутралност на новинарската фела, се основните начела на новинарството. Застапувајќи ја независноста и неутралноста, новинарите треба да ја преминат линијата и да ги остават зад себе ароганцијата, елитизмот, изолацијата и нихилизмот.

Page 54: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

53

Секој новинар мора да поседува лична етика и одговорност - сопствен морален компас, се сугерира во Прирачниот за етиката во новинарството. Секој новинар мора да биде подготвен, ако тоа го бараат новинарскиот ферплеј и точност, да им дава шанса на разликите. Медиумите треба да ги негуваат независноста на мислењето и слободата на изразувањето на тоа мислење и да ги охрабруваат новинарите да го прават тоа.

Дополнително, за да се разбере едно изразито мултикултурно општество, какво што е македонското, медиумите и уредниците треба да покажат слух за различностите и да ги стимулираат новинарите да бидат сеопфатни во известувањето. Во редакциите во Македонија што имаат мултиетнички состав, новинарите покажуваат поголема чувствителност кога се известува за настани поврзани со меѓуетничките прашања. Од друга страна, стереотипиите и предрасудите кон припадниците на друга етничка заедница полесно се поттикнуваат и потхрануваат кога редакцијата е составена само од новинари од една етничка заедница.

Стручна оспособеностПрофесионалното искуство и стручната оспособеност на

новинарите ги обликуваат нивните професионални улоги и етички уверувања. Иако различностите се во фокусот на вниманието на анализата „Известување за различностите во Македонија“, таа мошне детално ја елаборира професионалната и етичката криза во која се наоѓа новинарството во Македонија денес. И покрај тоа што постои свест за важноста на различностите и за чувствителноста на овие теми, сепак, најголем дел од новинарите себеси се сметаат само за „пренесувачи“ на настаните и фактите од реалноста. Поради низа причини, редакциите не се залагаат за проактивно и континуирано известување за темите што се однесуваат на различностите во општеството, постои голема пасивност во редакциите, а само малку приказни произлегуваат од иницијативата на новинарот или уредникот.

Во поглед на стручната оспособеност, на редакциите генерално им недостига практиката на постојано усовршување на новинарите и уредниците, како процес на доживотно учење. На пример, во истражувањето за различностите има новинари кои сметаат дека се доволно оспособени за известување за овие теми и дека не им се потребни дополнителни обуки. Но, друга група категорично тврди дека „...новинарите во Македонија не се доволно оспособени да известуваат ниту за секојдневните настани, а да не зборуваме за различностите...

Page 55: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

54

голем број се неедуцирани, слабо начитани, недоволно подготвени... подготвуваат интервјуа без да знаат со кого разговараат, немаат обезбедено доволно информации за проблемот што го третираат и не ја познаваат темата.“ Во истата насока мошне илустративна е и изјавата на новинарот од една национална телевизија:

„Генерално, мислам дека не постои свесност за професионалните стандарди, а уште помалку посветеност на професијата. Редакциите се преполни со необразовани новинари, со лесно потплатливи и со необјективни репортери, уредници кои заштитуваат одредени ставови, особено политички. Колку што повеќе новинарството станува платеничка професија, толку стандардите остануваат подалеку.“

Дури и кај Јавниот сервис, кој по дефиниција треба да биде пример за највисоки стандарди, професионалност и квалитет во известувањето, многупати во изминатите години беа забележани прекршувања на новинарската етика. Така, имаше примери на уредници кои беа директно инволвирани во политички активности, или пак, беа усвоени внатрешни правила со кои новинарите се „мотивираат” да обезбедуваат реклами за програмата, за што МРТ беше сериозно критикувана во јавноста.

Саморегулација Свесни за нивото на етичките и професионалните стандарди

во медиумската сфера во земјава, околу 150 новинари во процесот на подготвувањето на Акцискиот план (во прилог на материјалите и достапен на www.mim.org.mk) се осврнаа на некои од клучните проблеми од оваа сфера. Непостоењето систем за ефикасна саморегулација, преголемиот број медиуми и нелојалната конкуренција на пазарот, редакции со мал број вработени, се само некои од причините кои се рефлектираат негативно на медиумската содржина. Квалитетот на новинарскиот производ кај локалните и регионалните медиуми, кои работат со далеку помали ресурси, е уште позагрижувачки. Сопственичката структура на медиумите дополнително влијае врз (не)почитувањето на етичките и професионалните стандарди во редакциите. Од друга страна, економската зависност на новинарите, нивната егзистенцијална несигурност и притисокот што го трпат од сопствениците и од уредниците, се одразува на начинот на кој се произведува информацијата. Континуирана демократска дебата меѓу новинарите и сопствениците на медиумите речиси да отсуствува. И на крај, дополнителен проблем претставува и ниското ниво на медиумската

Page 56: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

55

писменост на публиката, односно способноста за препознавање на висококвалитетно и професионално новинарство.

Една од клучните препораки која произлезе од Акцискиот план во однос на темата за професионалните стандарди е да се поттикнат медиумите, а особено јавниот сервис МРТ, да создаваат и да практикуваат внатрешни кодекси и саморегулаторни практики.

Македонските редакции за разлика од многу медиуми во европските земји, немаат внатрешни омбудсмани, чија улога е да ја задржат отчетноста и одговорноста кон јавноста и граѓаните. Омбудсманот, во улога на еден вид застапник на јавноста, обично посредува кога има поплаки од граѓаните до медиумите, ја поттикнува примената на професионалните и етичките стандарди, но и самокритичноста кај новинарите и нивната саморегулација.

Освен Советот на честа на Здружението на новинарите, во Македонија не постои друг поорганизиран и применлив облик на саморегулација на ниво на целата медиумска индустрија. Само мал број медиуми во Македонија имаат внатрешни, формално усвоени документи, со кои се обврзуваат дека ќе ги почитуваат законските и етичките норми. Во истражувањето „Известување за различностите во Македонија“, голем дел од 30-ината интервјуирани новинари и уредници сведочат дека освен постоечкиот Кодекс на новинарите, немаат други пишани правила при работењето.

Во текот на 2010 година ЗНМ иницираше формирање Совет за етика во медиумите - независно саморегулаторно тело кое би се грижело за почитување на етичките и професионалните стандарди во содржините објавени во електронските, печатените и информативните онлајн-медиуми во Македонија. Неговата улога треба да биде заштита на правата на поединците во медиумските содржини, истовремено водејќи сметка за зачувување на слободата на изразување во медиумите. Советот треба да претставува трипартитно тело составено од претставници на сопствениците на медиумите, уредниците и новинарите, како и претставници на граѓанскиот сектор во Македонија. Сепак, ова тело сe уште не е формирано.

Во продолжение нудиме неколку примери на уредувачки упатства од светски угледни медиуми и асоцијации, како „Гардијан“ и Глобалната мрежа на уредници, но и анализи на конкретни случаи од новинарската работа од аспект на почитување и практикување на професионалните стандарди.

Page 57: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

56

МАНИФЕСТ НА ГЛОБАЛНАТА МРЕЖА НА УРЕДНИЦИ (Global Editors Network - GEN)1

Ние, главните уредници и директори на информативните редакции, основачи на Глобалната мрежа на уредници ( Glob-al Editors Network -GEN), сме убедени дека новинарите и информативните редакции од сите платформи – печатени медиуми, радиодифузери, онлајн, мобилни и жични услуги – се соочуваме со слични предизвици.

Бидејќи дигитализацијата и широкопојасниот пристап ја забрзаа конвергенцијата на медиумите, ние како членови на истата заедница, сме поттикнати од новинарскиот императив и заедничка цел: Содржината и ангажманот на прво место!

Како што навлегуваме во новата ера на содржина низ многубројните платформи, ние:

- ќе ги прекинеме бариерите помеѓу уредниците на старите и новите медиуми, печатените и дигиталните, публикациите кои се од општ интерес и специјализираните публикации, бесплатните и платените бизнис модели, профитните и непрофитните организации, меѓународните и локалните медиуми;

- го разбираме новиот информативен систем заснован на неодложност, преоптовареност со информации и дезинтермедијација: медиумите повеќе не се посредници и корисниците ги поматуваат линиите помеѓу продукцијата и консумирањето во новиот свет на претпоставки;

- ќе ја дефинираме визијата за иднината на новинарството, меѓумедиумските стратегии, анализите за вниманието и публиката, управувањето со редакциите, динамиката на новинските бизниси и етичките вредности. Недостигот на визија е најлошото што може да ѝ се случи на нашата заедница;

- ќе им посакаме добредојде на новите играчи во рамки на колективната интелигенција на редакциите: инженери, програмери, графички дизајнери, изработувачи на апликации, менаџери на заедници, управители, истражувачи и други учесници во економијата на врски кои ја збогатуваат нашата визија;

- ќе го зголемиме квалитетот на новинарството во неговите различни димензии: собирање вести, управување со вести, раскажување стории, проверка на факти и податоци, дизајн, модерирање и споделување независно од платформата,

1 Global Editors Network. Достапно преку: http://www.globaleditorsnet-work.org/manifesto/

Page 58: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

57

пребарувачот или апликацијата која се употребува; - ќе продолжиме со експериментирање и иновации. Ние

сметаме дека мобилноста, ангажирањето на корисниците, персонализацијата, вести кои се базирани на локацијата, новинарство предводено од податоци и богати медиуми се клучни за иднината на новинарството;

- ќе ја охрабруваме заемноста и соработката помеѓу медиумите. Ние, помеѓу нас, не сме конкуренти, туку… сме потенцијални партнери. Тоа ќе резултира во создавање нова култура помеѓу директорите на новинските куќи и новата заемна понуда за консументите;

- ќе ги убедиме сопствениците на медиумите дека кратењето на трошоците за уредниците повеќе не претставува добар одговор за медиумските куќи бидејќи – дури и за современиците на дигиталната ера – содржината и ангажманот ќе направат разлика, а не само технологијата;

- ќе престанеме да постапуваме како жртви на подривачките технологии или како да ни недостасува државјанство. Ние сме оптимисти за новите дигитални алатки и нови канали на дистрибуција кои ни се нудат нам како продуценти на вести;

- ќе ги зајакнеме столбовите на кредибилитетот на нашата професија врз основа на контекст, прецизност, релевантност, доверливост, лојалност кон публиката, ефективност и поврзаност, бидејќи недовербата на граѓаните е главна закана за нашите граѓански општества.

Ние знаеме дека сме отчетни пред јавноста и дека одржливото новинарство е изложено на ризик. Од тие причини, нашата намера е да ја претставуваме заедницата на уредници на меѓународно ниво и ние:

- ќе создадеме глобална мрежа од постојните национални организации на уредници и ќе им помогнеме на нашите колеги да основаат локална организација или здружение на уредници;

- ќе станеме „гласот на уредниците“ и ќе започнеме дијалог – на еднаква основа – со издавачите и новинарите, доставувачите и организациите за пребарување, владите и НВО, блогерите и граѓаните за да ги одржиме највисоките професионални стандарди;

- ќе ги поддржиме независните медиуми, особено кога се под притисок од моќта на избраните или неизбраните функционери. Во случај на медиумска концентрација, ќе побараме упатства за одбрана на транспарентноста,

Page 59: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

58

етичките правила, уредничката автономност и процесите за саморегулација;

- ќе го браниме динамичното новинарство, гладот за вести и медиумска писменост, што е неопходно за да се изградат силни демократии. Истражувањата, заштитата на изворите и почитувањето на приватноста мора да останат прашања од висок приоритет за четвртата власт на 21 век.

Како заклучок, нашето убедување е дека – заедно со дигиталната револуција – квалитетот на уредништвото и одржливото новинарство ќе бидат зачувани од самите новинари и продуценти на вести. Токму затоа беше формирана – Глобалната мрежа на уредници.

Глобалната мрежа на уредници и слободата на медиумите: Активностите на ГЕН се засноваат на слободата на изразувањето независно на границите, како што се наведува во член XIX од Универзалната декларација за човекови права на ОН (10 декември 1948).Слободниот пристап до информации и независноста на информативните медиуми се и ќе останат главно верување на Глобалната мрежа на уредници и ние ќе ги поткрепиме нашите заложби за да се зголеми независноста на медиумите ширум светот. Асоцијацијата ќе ја охрабрува мултилатералната соработка и ќе соработува со постојните тела за слобода на медиумите и практичарите кои работат на развојот на медиумите.

Page 60: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

59

MОЗОКОТ НА РЕДАКЦИЈАТА: ВОДИЧ ЗА НОВИНАРСКИ ОДЛУКИ2

(селектирани извадоци)

ИЗБРАНИ СТУДИИ НА СЛУЧАЈ

Матен кандидатДваесет и четири часа пред изборите, се проширија скандалозни

информации. Инсајдер од таборот на Џорџ Џонс на еден од вашите репортери му дава доверлив пакет. Пакетот содржи наоди од истрагата на државното министерство за социјална заштита на деца за наводните тврдења дека функционерот Томас Смит ја злоупотребувал неговата ќерка пред шест години. По наводите не била поднесена кривична пријава, но информациите во пакетот укажуваат на тоа дека може да станува збор за нешто повеќе од таа приказна. Исто така, се наведува дека сопругата на Смит пред десет години побарала ликвидација на нејзината компанија која се соочувала со проблеми. Иако компанијата сега добро работи, изгледа дека таа добила особено великодушна зделка за време на реорганизацијата од една позната и политички активна локална банка. Дали ќе напишете сторија, и доколку да, каква сторија? Што ќе земете предвид кога ќе одлучувате?

Кои делови од ова сценарио се интересни за објавување и треба да се објават? Која е целта на традиционалните правила за цензурирање во однос на објавување контроверзни информации ден пред изборите? Како весникот ќе ја исполни својата основна обврска кон правичноста додека во исто време треба да работи за доброто на јавноста?

Група главни уредници се одлучија да ги објават двете приказни само доколку можат да ги откријат и целосно да ги потврдат фактите за сторијата.

Како и да е, тие и така не мислеа дека ќе ја добијат сторијата на време. Тие исто така ќе го провереа и човекот кој го дал досието. Но, исполнувањето на крајниот рок на денот на изборите не им беше примарна цел. Доколку најдеа инкриминирачки информации, кандидатот повторно ќе ја изгубеше својата функција по изборите доколку се докажеше дека наводите се вистинити. Крајните критериуми овде беа да се биде верен на приказната независно од расположливото време.

2 The Newsroom Brain: A Working Guide to Journalism Decisions. Достапно преку: http://www.mediamanagementcenter.org/research/brain.pdf

Page 61: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

60

Времето имаше секундарна важност. Конкуренцијата беше силен фактор. Но времето, сепак, ја одигра својата улога – покрај тврдењето дека стандардите за известување не се разликуваат од сторија до сторија, беше јасно дека уредниците бараа оваа сторија да биде потврдена на начин кој излегуваше од рамките на рутинското работење пред да биде објавена. Уредниците ќе се придржуваат кон традиционалното ‘цензурурање’ или период на неизвестување веднаш пред изборите, како за оваа сторија така и за сите вести поврзани со изборите.

Некои луѓе сакаат да знаат зошто весникот би објавил приказна за банкрот на политички кандидат кој се случил пред десет години, и да објават стории за друг избран функционер кој имал финансиски проблеми и не го пријавил кредитот, за што бил обврзан со закон. Фер прашање.

Одговорот е дека јавноста има право да знае сѐ за луѓето кои ги избира да ги пропишуваат правилата, да одлучуваат по прашањата и да ги водат јавните финансии.

Тоа не подразбира дека јавноста, всушност, сака да ги знае овие и други факти за функционерите. Мнозинството, на еден или на друг начин, се потполно незаинтересирани за тоа. Сепак, тие имаат право да знаат, а весникот има обврска да известува за информации независно од тоа дали читателите сметаат дека се интересни.

Секој читател на свој сопствен начин ги толкува вестите. Некои луѓе ќе сочувствуваат со кандидатот за чиј банкрот се известува, додека, пак, други ќе ги анализираат околностите и ќе извлечат заклучоци за тоа како кандидатот се справил со тоа. Сепак, други, пак, ќе покажат сомнение за финансиската проникливост на кандидатот.

Фатен во вкрстен оганСо месеци во комплексот за јавно домување беснее војна меѓу

бандите, и сега 15-годишно момче е застрелано и убиено во вкрстен оган. Еден од вашите фоторепортери беше во блиското училиште за една новинска статија кога започнаа пукотниците, и тој се најде на местото на настанот пред да пристигне полицијата. Тој направи неколку снимки од убиеното момче, како крв се излева од неговата глава, пред полицијата да го тргне настрана. Фоторепортерот ја носи снимката пред вас да ја донесете конечната одлука: Дали ќе ја објавите фотографијата?

Најповторуваното етичко прашање за уредниците е користењето на фотографии кои читателите може да сметаат дека се навредливи – фотографии на починати или ужалени роднини.

Page 62: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

61

Понекогаш уредниците наоѓаат несовладливи причини да ги прекршат сопствените политики, како што беше случај со фоторепортерот кој го разгледувате. Оваа фотографија беше објавена во дневниот печат на Newport News, Va. Еве како главниот уредник Вил Корбин им ја објасни својата одлука на читателите. Забележете го невообичаениот чекор кој го презема весникот со консултирање на семејството на жртвата.

Повторно објавена со дозвола од „Дејли Прес“ (Daily Press, Newport News), датум: недела, 8 август, 1993

ФОТОГРАФИЈАТА НА МРТВОТО МОМЧЕ ИМАШЕ ВРЕДНОСТ ПОГОЛЕМА ОД ШОКОТ Вил Корбин Главен уредник на „Дејли Прес“

Кога Мајк Ашер, помошник-главен уредник за фотографија во „Дејли Прес“, ми ја покажа фотографијата во петокот напладне, мојата реакција беше брза и конечна: Нема шанси. Тој држеше фотографија на младо момче како лежи на тротоарот на паркиралиштето. И покрај тоа што беше со големина на разгледница, сепак беше очигледно дека сликата беше драматична – и дека имаше потенцијал да ги вознемири читателите на повеќе нивоа: несензитивност кон болката на семејството, сензационализам, графичко насилство во семеен весник. Мајк не очекуваше дека фотографијата ќе биде објавена во весникот. Ниту, пак, Кен Лајонс, фоторепортерот кој ја направи фотографијата. Ние имаме прилично цврста политика против објавување на фотографии од тела, особено локални фотографии, а особено фотографии на деца. Колку подолго ја гледавме фотографијата, стануваше сѐ повознемирувачка – а оттаму и шансите никогаш да не биде објавена. Тоа беше една од најмоќните локални фотографии што сме ја виделе во последните години. Драматичноста и светлото сами ја раскажуваа приказната за трагедијата. И многу кажуваше за големината на проблемите да се расте на место каде што децата може лесно да бидат изгубени, а оружјето лесно да се најде.

Според сите кажувања, 15-годишниот Џеф Дејвис бил одлично момче, млад човек кој се противел на притисокот од врсниците и околностите и кој имал соодветно поведение и морален интегритет. Сега тој е мртов, жртва е на куршум испукан од друго 16-годишно момче – кажува полицијата. „Моето дете го загуби животот за ништо“, му рекол неговиот татко на нашиот репортер.

Зборувавме за сликата со „Малиот Џеф“ како лежи мртов на улицата, дебатиравме подолго од еден час дали треба да ја користиме. Од двете страни се зголемуваа страстите. Речиси секој

Page 63: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

62

од уредниците во весникот имаше свое мислење. Но, на крајот се договоривме: Оваа фотографија ќе ги направи нашите читатели лути на начин на кој е корисно да ги вознемириме. Тоа ќе остави траен и неизбришлив впечаток како икона на нашите времиња. Тоа ќе ги заплаши и ќе им се слоши и ќе ги натера да размислат и, можеби, дури и да дејствуваат. И тоа ќе биде добра работа, бидејќи премногу деца умираат, а нема доволно луѓе да се запрашаат зошто. Тоа не се случуваше на друго место, тоа не беше насилство од телевизија во кое треба да веруваме. Сликата ќе го направи тоа што не може да го направат зборовите: нашите читатели да не можат да избегаат од трагедијата на малиот Џеф Дејвис. Или, и тој можеби немаше да го загуби животот за ништо.

Така овој аргумент профункционира во јавноста, во новинарството и нашата обврска да им ги дадеме на читателите информациите кои треба да ги знаат, дури и кога тоа им создава болка. Како новинари и граѓани, сакавме да ја видиме фотографијата во весникот.

На приватен план, тоа беше болката на семејството на Џеф Дејвис. Како родители и соседи, знаевме дека не можеме да ја објавиме, а тоа да не причини болка за семејството. Пред да ја донесеме конечната одлука, зборувавме со семејството Дејвис. Уредникот Џек Дејвис – кој не е во роднинска врска со семејството – отиде во куќата на таткото на Џеф и му кажа нему и на другите роднини за нашиот план. Неговиот татко не сакаше да ја види фотографијата – тој само сакаше да знае дали се гледа лицето на неговиот син – но, останатите членови на семејството го проверија тоа. Подоцна во петокот, ѝ ја покажавме фотографијата и на мајката на Џеф. Доколку тие силно се противеа, немаше да ја објавиме фотографијата. Но, семејството на Џеф се согласи со нашето размислување: Доколку фотографијата даде некаква надеж да се поттикне размислување или постапување, тогаш треба да ја објавиме. Фотографијата ја објавивме на првата страница на 31 јули, веднаш до семејниот портрет на младиот Дејвис. Фотографијата беше во црно-бела техника. На фотографијата можеше да се види мало количество крв, и сметавме дека доколку ја отпечатиме во боја, тоа ќе ја направи непријатна од погрешни причини. Откако ја објавивме фотографијата, ни се јавија неколку читатели, како и што очекувавме. Повеќето беа загрижени поради состојбата на семејството и се противеа на нашето објавување на фотографијата. Кога објаснивме дека семејството учествуваше во нашата одлука, повеќето од тие неодобрувања исчезнаа. Од она што ни го кажаа

Page 64: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

63

читателите, фотографијата имаше позитивен ефект. Една мајка кажа дека тоа го поттикнало семејството на дискусија за она што е прикажано на фотографијата. Една наставничка од Хемптон ја искористила за да ги поттикне децата да размислуваат за време на летната школа. Фотографијата сепак ги вознемири, како што кажаа одреден број читатели. Но, тоа е добро. Таква беше и намерата.

Локален политичарДодека истражува за една сторија, еден од вашите репортери

наидува на документи во кои се покажува дека човекот кој долго време бил лидер на заедницата, бил активен со Кју клукс кланот кога бил тинејџер. Човекот, кој сега не е жив, имал одлична кариера како во јавната служба, така и како приватен адвокат – a сега една зграда и парк го носат неговото име. Неговото семејство сѐ уште живее во градот. Ваквото разоткривање не е релевантно за сторијата на која работи вашиот репортер, но сепак тоа може да биде важна сторија сама по себе. Дали ќе ја објавите сторијата?

Фактот дека темата се однесува на видна јавна личност го поттикнува интересот на јавноста за какви било откритија за неговиот живот. Читателите сами треба да пресудат за важноста. Но, со сигурност ќе се преоценат неговите постапки во животот. Доколку тој бил силен борец за граѓанските права, тие може дури и да го издигнат за надминувањето на омразата во неговата младост. Доколку неговите постапувања некогаш изгледале дека се расистички мотивирани, сега неговите критичари имаат муниција в рака. Во една заедница која доволно била под влијание да именува парк и зграда со неговото име, корисно е да се започне јавна дебата.

Може да има обиди да се тргне неговото име на паркот и зградата. Повторно, ова е одлука која ќе треба да ја донесе јавноста. Но, корисно е да се води таква дебата. Доколку весникот ги прикрие овие информации, тогаш на јавноста нема да ѝ се дозволи да има избор да ја одреди важноста. Да се поштеди семејството од срамот, не е должност на весникот. Но, затоа пак, должност на весникот е да ја заштитува веродостојноста на историските досиеја. Имајќи го предвид тоа, секогаш постојат пристапи за покривање на некоја сторија која може да го заобиколи чистото разоткривање и наместо тоа да цели кон претпазливост.

Весникот можеби ќе сака да побара соработка од семејството за да се изработи поцелосен профил на човекот. Можеби весникот ќе сака да ја истражи можната поврзаност на Кланот со други лидери од истата ера. Можеби ќе сака да ги истражи активностите

Page 65: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

64

на Кланот во целина во заедницата.

За ваквите приказни може да биде потребна особена внимателност. Но, инсистирањето за поголема професионалност во новинарство, ќе помогне да се избришат некои од тешките

прашања кои произлегуваат од ваквите приказни.

УРЕДУВАЧКИ НАСОКИ: „ГАРДИЈАН“ ВЕСТИ И МЕДИУМСКИ УРЕДУВАЧКИ КОДЕКС3

(селектирани извадоци)

Резиме

„Примарната функција на еден весник е да собира вести. Со душата во опасност, тој мора да види дека изворот не е заматен.“

Нашата најважна валута е довербата. Ова е исто толку точно денес како кога Ч. П. Скот ја одбележа стогодишнината од основањето на „Гардијан“ со неговиот прочуен есеј за новинарството во 1921 година.

Целта на овој кодекс е, пред сè, да ја заштити и да ја негува врската на доверба помеѓу „Гардијан“вести и медиуми – ГВМ (во печат и на интернет) и своите читатели, и следствено да го зачува интегритетот на ГВМ и неговото новинарство, како и тоа да е објавено.

Како збир од насоки, ова нема да биде дел од договорот за вработување на новинарот, ниту, пак, ќе биде дел од дисциплинските постапки или постапките за унапредување или вработување и за уредничкото раководство и за новинарите. Сепак, со почитувањето на Кодексот, новинарите коишто работат за ГВМ ќе ја штитат независноста, статусот и репутацијата и на самите себеси и на своите колеги. Важно е и надворешните соработници исто така да се водат според овие насоки кога работат на задача за ГВМ.

1. Професионална практика

Атрибуирање/именување

а) Анонимни изјави. Препознаваме дека луѓето често ќе зборуваат поискрено доколку им се дозволи да зборуваат анонимно. Користењето на неименувани изјави затоа може

3 Editorial Guidelines: Guardian News & Media Editorial Code. Достапно преку: http://image.guardian.co.uk/sys-files/Guardian/documents/2011/08/08/Editorial-GuidelinesAug2011.pdf

Page 66: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

65

често да му помогне на читателот да дојде до поточно разбирање на темата отколку ако новинарот се ограничи на цитирање здодевни официјални изјави. Но, доколку се користат мрзеливо или непромислено, анонимните цитати стануваат закана.

Треба да бидеме искрени во врска со нашите извори, дури и ако не можеме да ги именуваме.

Политиката на „Њујорк тајмс“ за навредливи цитати е вредна за паметење: „Живописниот јазик на директни цитати му доделува нефер предност на говорникот или писателот којшто се крие зад весникот, а фразите немаат вредност за читателот којшто не може да го оцени изворот.“

Можат да постојат исклучителни услови кога анонимни навредливи искази можат да се користат, но тие ќе бидат ретки – и само по консултација со вишиот уредник на денот. Во отсуство на специфично одобрување, треба да ги парафразираме анонимните навредливи искази.

б) Анонимни придонеси. Написите кои ги порачува ГВМ треба да се објавуваат анонимно или под псевдоним само во исклучителни околности, на пример кога безбедноста, приватноста или заработката за живот може да биде загрозена и само со дозвола на односниот уредник или одговорниот уредник. Во овие случаи, на читателите треба да им се посочи дека идентитетите биле замаглени или сокриени. Оваа одредба не мора да се применува кај содржина креирана од корисниците објавена или репродуцирана на нашите печатени и дигитални платформи, или кај автори со етаблирани псевдоними кои ГВМ ги најмува или им отстапува простор во тоа својство.

в) Признание. Вработените не смеат да репродуцираат материјал на други луѓе без оддавање признание, освен во исклучителни услови – на пример, кога изворот не може да биде идентификуван – и само со дозвола од хиерархиски највисокиот уредник на должност. Изворот на објавениот материјал добиен од друга организација треба да биде признаен, вклучувајќи цитати извадени од другите написи од весници. Потпишувањето на автор треба да се изврши само на материјали кои се во најголема мера труд на потпишаниот новинар. Доколку написот содржи значителна количина материјал од агенција, тогаш агенцијата треба да биде именувана.

Поткуп и олеснувачко плаќање. Законот за поткуп од 2010

Page 67: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

66

година предвидува силен пристап кон поткупот и создава цела листа од кривични престапи, за кои, дури и кога би биле направени во странство, може да се започнат тужби во Обединетото Кралство. Тие ги вклучуваат: (1) поткупот – односно нудењето некому во Обединетото Кралство или во странство финансиски или други придобивки за несоодветно извршување активност (без разлика дали е јавна или приватна); (2) примањето поткуп и (3) поткупувањето странски функционер. Во некои околности, понудите или прифаќањето на гостопримство и/или олеснувачкото плаќање направено кон јавни функционери од странство со цел да се обезбеди или забрза спроведувањето на рутинска или потребна активност ќе потпаднат под овој Закон. Не постои одбрана на јавниот интерес, иако таму каде што на еден поединец не му се остава алтернатива и мора да направи олеснувачко плаќање со цел да го спречи губењето на живот, екстремитет или слобода, може да постои одбрана на принудата. Персоналот секогаш треба однапред да дискутира со својот одговорен уредник доколку е загрижен дека плаќањата би можеле да влезат во овие категории и, доколку се побараат или направат вакви плаќања, тој треба да го информира главниот и одговорен уредник или неговиот одговорен уредник за околностите веднаш потоа штом ќе биде во можност. (Исто така види „Бесплатни подароци“, во Лично однесување и Конфликти на интереси.)

Деца. Посебна грижа треба да се води кога се работи со деца (помлади од 16 години). Раководителите на одделите мора да бидат информирани кога се фотографираат или се интервјуираат деца без родителска согласност. За написите коишто значително навлегуваат во приватниот живот на децата без нивно знаење и согласност, треба силно одобрение од аспект на јавниот интерес.

Во поглед на долготрајноста на материјалот на интернет, уредниците треба да размислат дали идентитетот на децата треба да биде прикриен за да ги заштитат од срам или, пак, од штета во нивниот натамошен живот.

Овие одредби се однесуваат и на авторите коишто размислуваат сопствените деца да ги направат субјекти на некој напис. Треба да се бара согласност за објавување кога детето се смета за способно да донесе информирана одлука.

Поглавјето 6 од Кодексот на КПП треба внимателно да се проучи.

Порачување. ГВМ ја поддржува добрата практика на порачување, вклучувајќи го и правичниот однос кон надворешни соработници. Уредниците треба да се осврнат кон Повелбата за

Page 68: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

67

надворешни соработници на ГВМ кога порачуваат работа од нови придонесувачи. Види http://www.guardian.co.uk/info/guardian-news-media-freelance-charter

Одобрување текст. Општото правило е дека никому не треба да му се даде правото на одобрување текст. Под одредени околности, можеме да им дозволиме на луѓето да го видат текстот или цитатите, но од нас не се бара да го менуваме истиот. Треба да одбегнеме да нудиме одобрување на материјал како метод за обезбедување интервјуа или соработка.

Авторски права. Новинарите не треба да користат содржина од неавторизирани извори од трети лица – било да се работи за слики, текст или друг медиум – без да ги обезбедат потребните дозволи. Постојат ограничени правни ситуации каде што не е потребна дозвола, но морате да проверите со фоторепортерската редакција или правната редакција пред да ги користите материјалите без дозвола. Новинарите треба особено да се запознаат со насоките за „правата и употребата на содржина од јавни веб-страници“, достапни на страницата на ГВМ на Спајк наречена „Навистина социјални медиуми“.

Директни цитати. Не треба да се менуваат за да не се измени нивниот контекст или значење.

Поддршка. Новинарите не треба да се согласат да ги промовираат преку текст, фотографии или фусноти финансиските интереси на можните соговорници во интервју или придонесувачи, или нивните спонзори, како начин за обезбедување пристап до нив. Промотивните информации за некој субјект или автор кои се даваат во фусноти треба да се вклучат само таму каде што, според судот на уредникот, тие се од вистински интерес или помош на читателот.

Грешки. Политика на ГВМ е да ги исправа суштинските грешки што е можно порано. Должност на новинарите е да соработуваат искрено и отворено со уредниците на одделот за мислења на читателите на „Гардијан“ и „Опсервер“ и да ги пријавуваат грешките кај нив. Сите поплаки треба да се пријават кај уредниците на одделот за мислења на читателите. Сите новинари треба да ги прочитаат и дневните и неделните колумни за исправки кои ги пишуваат уредниците за мислења на читателите.

Надворешна помош. Новинарите не треба да ангажираат платени услуги на надворешни неновинарски агенти или асистенти без претходно знаење и одобрување на главниот и одговорен уредник.

Page 69: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

68

Правичност. „Гласот на противниците има не помало право да биде слушнат од гласот на пријателите... Добро е да се биде искрен; уште подобро е да се биде правичен“ (Ч. П. Скот, 1921). Колку се посериозни критиките или наводите кои ги споделуваме, толку е поголема обврската да му дадеме на субјектот можност да одговори.

Болка. Луѓето треба да се третираат со сензитивност за време на периоди на болка и траума. (Види го Кодексот на КПП, Поглавје 5)

Јазик. Почитување на барањата од читателите дека не треба лесно да користиме зборови кои веројатно би навредиле некого. Користете ги пцостите само тогаш кога се апсолутно неопходни за фактите на некој напис, или за да насликаат некој лик во некој напис; речиси никогаш не постоел случај во којшто мораме да искористиме пцост надвор од директен цитат. Колку пцоските се посилни, толку повеќе треба да размислиме дали да ги искористиме. Одбегнете го нивното користење во наслови, извлечени цитати и куси резимеа и никогаш не користете ѕвездички, кои се само изговор.

Право. Нашите закони за клевета и навреда се комплексни и постојано се развиваат. Последиците од губењето тужби можат да бидат скапи и штетни за нашата репутација. Вработените треба: а) да се запознаат себеси со постојната состојба на законот и да побараат обука доколку не се чувствуваат сигурни во врска со аспекти од него; б) да се консултираат со правната служба во нашата компанија или, пак, со ноќните адвокати во врска со специфични загрижености околу сториите; в) да ги читаат редовните правни билтени за активните тужби и наредби кои ги испраќа правната служба.

Плаќање. Општо земено, ГВМ не плаќа за написи, освен за оние од докажани надворешни соработници. Уредникот или неговите заменици мораат да ги одобрат ретките исклучоци.

КПП и судови за клевета. Судовите кои ги изнесува КПП и исходот од тужби за навреда во врска со ГВМ треба веднаш да бидат пренесени.

Фотографии. Дигитално подобрени или изменети слики, монтажи и илустрации треба јасно да бидат етикетирани како такви.

Приватност. Во придржувањето и кон Кодексот на КПП и кон Законот за човекови права, веруваме во почитувањето на приватноста на луѓето. Голем дел од новинарството може да биде суштински наметливо, но ние треба да избегнеме да навлегуваме во чија било приватност освен ако постои јасен јавен интерес во тоа. Пропорционалноста е суштинска, како што е и соодветното првично размислување каде би можеле да се отворат прашања во врска со

Page 70: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

69

приватноста. Да позајмиме од препораките кои ги даде претходниот координатор за безбедност и разузнавање на Обединетото Кралство, Сер Дејвид Оманд, за неговото поле на истражување: степенот на навлегување во приватноста мора да биде оправдан од сериозноста на приказната и јавното добро кое веројатно би потекнало од објавувањето. Исто така, основата за истражувањето мора да биде силна; не спроведуваме експедиции за истражување освен кога прашањето, сомнежот и можностите за успех се сериозни. Мора да се посвети внимание во врска со известувањето и објавувањето детали кои идентификуваат личности, како имиња на улици и броеви, коишто би можеле да им овозможат на другите да ја нарушат приватноста или безбедноста на луѓето коишто станале предмет на медиумско покривање (Види го Кодексот на КПП, Поглавје 3).

За да се адаптираат принципите на Оманд, овде нудиме пет прашања кои треба да си ги поставиме во ситуација кога размислуваме дали да нарушиме нечија приватност:

1. Мора да постои доволна причина – нарушувањето мора да биде оправдано од размерот на потенцијалната штета којашто би можела да резултира од него.

2. Мора да постои интегритет на мотивот – нарушувањето мора да биде оправдано во рамките на јавното добро коешто би следело по објавувањето.

3. Методите кои се користат мора да бидат пропорционални со сериозноста на приказната и нејзиниот јавен интерес, користејќи го најмалото можно нарушување на приватноста.

4. Мора да постои соодветна дозвола – секое нарушување мора да биде со дозвола на доволно високо ниво и со соодветен надзор.

5. Мора да постои разумно очекување на успех; не се оправдани експедиции за копање на слепо.

Раса. Генерално земено, не објавуваме нечија раса или етничка припадност или религија освен ако информацијата не е важна за приказната. Не известуваме за расата на осомничените за криминал, освен ако нивната етничка припадност не сочинува дел од описот по кој се идентификуваат или е важен дел од приказната (на пример, доколку криминалниот чин бил криминален чин од омраза).

Извори. Доверливоста која им е ветена на изворите мора да се заштити по секоја цена. Сепак, каде што е можно, изворите на информација треба да се идентификуваат што е можно поспецифично.

Page 71: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

70

Маскирање. Новинарите генерално треба да се идентификуваат како вработени во ГВМ кога работат на некоја приказна. Може да постојат примери кои вклучуваат стории од особен јавен интерес каде што ова не се применува, но за тоа е потребна дозвола од раководител на оддел. Види го Кодексот на КПП, Поглавје 10. Ова се однесува на сѐ што објавуваме, вклучувајќи ги и сите информации добиени преку маскирано извлекување информации од другите.

Самоубиство. Од новинарите се бара да посветат особено внимание при известување за самоубиства или за теми кои вклучуваат самоубиство, имајќи го на ум ризикот од мотивирање на другите. Ова треба да се има на ум и во презентирањето, вклучувајќи го користењето слики, и во опишувањето на методот на самоубиство. Сите супстанции треба да се именуваат со општи зборови наместо со специфични, доколку тоа е можно. Кога тоа е применливо, треба да биде понуден телефонски број за помош (на пр., телефон на самарјаните: 08457 90 90 90). Исто така, треба внимателно да се размисли за чувствата на роднините. Види Кодекс на КПП, Поглавје 5 (2).

Верификација. Вербата во автентичноста и сигурноста во нашите извори е клучна. Дигиталните комуникации и средината на вести која брзо се движи претставуваат посебни предизвици за проверување, а скептицизмот затоа треба да биде почетната точка за извори од интернет и е-пошта. Мораме да настојуваме да бараме сигурна поткрепа и треба да го нагласиме нивото на докажување кое сме успеале да го постигнеме (на пр., „’Гардијан’ не беше во можност независно да ги потврди фактите“). Не изјавувајте како факт информации за или од некого коишто не можеме да ги потврдиме (на пр., „Ученичка која тврди дека видела немири“, а не: „Ученичка која ги видела немирите“). Каде што е тоа соодветно, мораме да бидеме отворени со читателите и да им кажеме кој медиум бил искористен за спроведување на интервјуто. Задоволството од изворите е одговорност на уредниците на редакциите, како и на репортерите и дописниците, додека, пак, подуредниците се тие кои треба да се сомневаат во провереноста на информациите.

[...]

Page 72: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

71

2. ЛИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ И КОНФЛИКТИ НА ИНТЕРЕСИ

Нашата репутација ја вреднуваме во однос на независноста и интегритетот. Јасно е дека новинарите имаат животи, интереси, хобија, убедувања и верувања надвор од својата работа. Ниту едно од упатствата што следат нема за цел да ограничи ништо од тоа. Упатствата имаат за цел да осигурат дека надворешните интереси нема да влезат во конфликт со животот на весниците на начин на кој тоа или би го оштетило нашиот уредувачки интегритет или би ја намалило транспарентноста којашто нашите читатели би ја очекувале. Кодексот треба да се применува на сите активни надворешни интереси кои, доколку останат необјавени, а за нив се дознае, би предизвикале здраворазумскиот читател да се посомнева во вредноста на придонесот кон весникот од страна на вклучениот новинар.

Ова се упатства, а не правила кои можат да ги опфатат сите ситуации. Ако сте вработени како колумнист – со вашите погледи кои отворено ги изнесувате – вие можете да имате поголем отклон отколку вработен репортер, од кого би се очекувало да внесе квалитет на објективност во својата работа. (Кодексот на „Вашингтон пост“ содржи неколку добри совети: „Репортерите треба да ги направат сите напори да останат во публиката, да останат пред сцената, да известуваат за вестите, а не да ги прават вестите“.) Ако се двоумите, консултирајте се со раководителот на одделот, со одговорниот или со замениците-уредници, или со самиот уредник.

Комерцијални производи. Ниту еден новинар на „Гардијан“ или надворешен соработник којшто е примарно поврзан со ГВМ не смее да рекламира комерцијални производи освен со специјална дозвола на раководителот на оддел или одговорниот уредник. Тие исто така не смеат да бидат вклучени во создавање рекламни написи.

Доверливост. Од уредниците на редакциите со пристап до лични информации во врска со другите членови на персоналот се бара да ги третираат таквите информации како доверливи и да не ги откриваат никому освен во текот на отпуштање од формална одговорност.

Конфликти на интереси. Вработените новинари треба да бидат чувствителни за можноста дека активностите надвор од работа (вклучувајќи да се биде на функција или друг вид активно вклучување во организации, компании или политички партии) можат да бидат перципирани како да имаат влијание – или да влегуваат во конфликт со – интегритетот на новинарството. Вработените треба да бидат транспарентни во врска со какви

Page 73: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

72

било надворешни лични, филозофски или финансиски интереси кои би можеле да бидат во конфликт со нивниот професионален ангажман, или би можеле да бидат перципирани како такви.

Изјави за интерес

1. Секогаш е важно да се изјави интерес кога новинарот пишува за нешто со што тој или таа има важна поврзаност. Ова се однесува и на вработените новинари и на надворешните соработници. Изјавата треба да се даде до раководителот на одделот или до уредникот за време на подготвувањето. Целосната транспарентност може да значи дека декларацијата треба да се појави во печатеното издание и во изданието на интернет.

2. Поврзаноста не мора да биде формална пред да е потребно да се декларира. На пример, улогата на советник во подготовката на извештај за некоја организација би била причина за изјава секојпат кога новинарот би пишувал напис кој се однесува на организацијата.

3. Некои поврзаности се очигледни и ја претставуваат причината зошто од авторот е побарано да пишува за весникот. Овие поврзаности секогаш треба да бидат објавени на крајот на делото на авторот, дури и ако тој или таа редовно пишуваат за весникот, сѐ додека авторот пишува за неговото или нејзиното поле на интерес.

4. Општо земено, еден новинар не треба да пишува за или да цитира роднина или партнер во напис, дури и ако роднината или партнерот се експерти во полето на интерес. Доколку, поради која било причина, се направи исклучок од ова правило, поврзаноста треба да се обзнани.

5. Уредниците кои порачуваат работа од надворешни соработници треба да осигурат дека соработниците се свесни за овие правила и дека ќе ги напишат потребните изјави.

Изјави за корпоративен интерес. „Гардијан“ и „Опсервер“ се дел од поголема група медиумски компании. Треба да внимаваме да го признаеме тој однос во сториите. Секој што пишува сторија во врска со бизнисот на ГМГ, треба да побара коментари и/или потврда на вообичаениот начин. Вработените треба да се запознаат со компаниите и интересите кои ги имаме. На крајот на овој документ има резиме на областите и компаниите кои ГМГ ги поседува или во кои има интерес. Целосните детали можат да се најдат на веб-страницата на ГМГ на следниот линк: http://www.gmgplc.co.uk/

Page 74: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

73

Финансиско известување

Многу години нашата редакција за бизнис одржуваше регистар на лични акции. Од сите вработени се очекува да ги набројат сите акции што ги поседуваат, сите трансакции со тие акции и какви било други инструменти за кои се верува дека треба да бидат соодветно откриени поради можен конфликт на интереси. Иако е прифатливо за финансиските членови да поседуваат акции, не е прифатливо тие да бидат тргувачи на пазарот на редовна основа. Најважно е да се одржува регистарот и сите информации да бидат ажурирани. Вниманието на новинарите на ГВМ исто така е свртено кон Поглавјето 13 од Кодексот на практика на КПП (подолу) и насоките на КПП за најдобра практика за финансиско новинарство (http://tiny.cc/c7qod) кои исто така можат да се најдат во делот „совети од Кодексот“ на веб-страницата на КПП www.pcc.org.uk

Кодексот:

• го забранува користењето на финансиски информации за профит на новинарите или нивните блиски;• наложува ограничувања за новинарите коишто пишуваат за акции за кои тие самите или нивни блиски роднини имаат значителен интерес без внатрешно откривање;• ги спречува новинарите да работат со акции за кои пишувале неодамна или за кои планираат да пишуваат во блиска иднина; и• наложува финансиските новинари да поведат сметка да не објавуваат неточен материјал и да разликуваат помеѓу коментар, претпоставка и факт. Ова е од особено значење за кои било новинари кои на читателите им даваат препораки за инвестирање во однос на тоа дали да купат, да продадат или да чуваат акции.

Надворешни соработници. Како општо правило, одбегнете да користите надворешни соработници кои пишуваат за списанија на одредени бизниси или каузи доколку нивниот придонес би се протолкувал како рекламирање на истите. Доколку се сомневате, консултирајте се со раководителот на одделот.

Бесплатни подароци

1. Вработените не треба да ја користат својата позиција за да добиваат приватни придобивки за себе или за другите.

2. ГВМ нема да дозволи каква било исплата, подарок или

Page 75: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

74

друга придобивка за да ја поткопа точноста, правичноста или независноста. Сите обиди за добивање благонаклонет уредувачки третман преку нудење подароци или услуги мора да бидат пренесени кај уредникот. Каде што тоа е релевантно, ќе се откријат исплатите, подароците или другите поволности.

3. Треба да обзнаниме кога авиопревозник, хотел или друг интерес ги покрил трошоците за транспортирање или за сместување новинар. Прифаќањето на каква било понуда од таков тип е дозволено под услов ГВМ да биде слободен да испрати и да известува или да не известува за резултирачка приказна според свое наоѓање.

4. Освен во некои области на пишување репортажи за патување, никогаш не треба да биде случај партнерот, семејството или пријателите на новинарот да бидат вклучени во бесплатниот аранжман. Кога партнерот, член на семејството или пријател го придружува новинарот на патување, дополнителните трошоци треба генерално да ги плати новинарот или лицето кое го придружува новинарот.

5. На вработените не треба да им влијае размислувањето за комерцијални прашања – вклучувајќи ги и интересите на огласувачите – во подготовката на материјалот за весникот.

6. Подароците со вредност над незначителната вредност (под 50 фунти) треба љубезно да се вратат или можат да се стават во годишната лотарија за добротворни прилози, „лотарија од корупцијата“.

Поврзаности на ГВМ. Вработените не треба да ги користат своите позиции за да бараат каква било поволност или предност во личните бизниси, финансиските или комерцијалните трансакции кои генерално не ѝ се достапни на јавноста. Вработените не треба да го користат службениот меморандум во врска со прашања неповрзани со ГВМ или да наведуваат поврзаност со весникот за да решат потрошувачки проблеми, да добијат побрза услуга или да бараат попуст или подобри понуди.

Интеракција со читателите. Нашата најважна врска е онаа што ја имаме со нашите читатели и корисници на интернет. Учтивоста се применува без разлика дали размената се случува лице в лице, по телефон, преку писмо или е-пошта. Компанијата препознава дека комуникацијата преку интернет, на пример во блогови или домени на социјалните медиуми, може да биде понеформална, куса, а кога има дебата, борбена – но новинарите мораат да внимаваат на упатствата

Page 76: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

75

за блогирање и социјалните медиуми кои се достапни на внатрешната страница на ГВМ наречена „Навистина социјални медиуми“.

Надворешни ангажмани или должности. ГВМ го признава правото на новинарот на приватен живот и правото на учество во граѓанското општество. Сепак, вработените треба да го информираат нивниот непосреден уредник доколку, во нивниот капацитет на вработени, тие планираат да:

- Поднесат докази во кој било суд;

- Претседаваат со јавни форуми или семинари организирани од страна на професионални организатори на конференции или комерцијални организации*;

- Прифатат какво било надворешно вработување кое веројатно би било во конфликт со нивните професионални одговорности;

- Претседаваат со јавни или политички форуми или се појават на сцена;

- Прават претставување или даваат доказ на кој било службен орган во врска со материјал што го објавил ГВМ.

Новинарите кои се поканети да водат дебати или да се појават на панели како претставници на ГВМ не треба да прифатат или да побараат надомест за истото, освен доколку подготовката или учеството на настанот вклучува значително инвестирање на приватното време. Прифаќањето на исплата треба да биде одобрено однапред од страна на одговорниот уредник, со посебно внимание кон останатите точки во овие упатства, како конфликт на интереси, изјави за интереси и рекламирање на комерцијални производи. Можат да се прифатат патни и други разумни трошоци. Општо земено, вработените новинари не треба да даваат совети за односи со јавност, посебно не на публика која платила да учествува на настан. Ве молиме, консултирајте се со вашиот одговорен уредник доколку имате сомнеж.

Лични врски. Вработените не треба да пишуваат, да фотографираат или да даваат судови во вестите во врска со кое било лице во крвно сродство или брачна заедница или со кое вработениот има блиска лична, финансиска или романтична врска. Вработениот кој е ставен во околности во кои постои потенцијал за ваков тип конфликт треба да се советува со неговиот или нејзиниот раководител на оддел.

[...]

Page 77: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

76

ДОДАТОЦИ

Кодекс на практика на Комисијата за претставки кај печатот (КПП)

Кодекс на уредницитеСите членови на печатот имаат должност да ги одржуваат

највисоките професионални стандарди. Кодексот, којшто ги вклучува оваа Преамбула и исклучоците на јавниот интерес подолу, ги поставува рамките за тие етички стандарди, штитејќи ги и правата на поединецот и правото на јавноста да знае. Тој е камен-темелник на системот на саморегулација на кој индустријата се има обврзано.

Неопходно е договорениот кодекс да се почитува не само до последната буква, туку и во целиот негов дух. Не треба да се толкува толку тесно како би се нарушило залагањето за почитување на правата на поединецот, ниту, пак, толку широко како би претставувал непотребно вмешување во слободата на изразувањето или, пак, би го сопрел објавувањето во интерес на јавноста.

Одговорност на уредниците и издавачите е да се придржуваат до Кодексот за уредувачкиот материјал и во печатените и во верзиите на публикациите на интернет. Тие треба да се погрижат да осигурат дека сите вработени во редакцијата и надворешните придонесувачи, вклучувајќи ги и оние кои не се новинари, ригорозно го почитуваат во печатените и дигиталните верзии на публикациите. Уредниците треба брзо да соработуваат со КПП во решавањето на претставките. Која било публикација за која е проценето дека го прекршила Кодексот мора во целост да ја испечати одлуката и тоа да го стори со должна видливост, вклучувајќи наслов кој содржи повикување на КПП.

Може да има исклучоци на клаузулите означени со * каде што може да се покаже дека се од јавен интерес (види подолу).

1. ТочностI. Печатот мора да внимава да не објавува неточни, погрешно

наведувачки или извртени информации, вклучувајќи и слики.

II. Штом се препознае значителна неточност, изјава што погрешно наведува или извртува, мора веднаш да се поправи и со должна видливост – и каде што тоа е можно – да се објави извинување. Во случаи кои ја вклучуваат Комисијата, видливоста треба да биде однапред договорена со КПП.

Page 78: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

77

III. Иако на печатот му е дозволено да има приврзаност, тој мора јасно да разграничи помеѓу коментар, претпоставка и факт.

IV. Публикацијата мора да извести правично и точно за исходот од постапката за клевета во која била вклучена, освен ако разрешувачки договор пропишува поинаку, или се објави договорена изјава.

2. Можност за репликаПравична можност за реплицирање на неточни информации

мора да биде дадена кога е тоа разумно побарано.

3. ПриватностI. Секој има право на почитување на неговиот или нејзиниот

приватен живот, дом, здравје и кореспонденција, вклучувајќи ги и дигиталните комуникации.

II. Од уредниците ќе се очекува да ги оправдаат нарушувањата без одобрение на приватниот живот на кој било поединец. Ќе се води сметка за сопственото јавно разоткривање на информации од страна на тужителот.

III. Неприфатливо е да се фотографираат поединци на приватни места без нивно одобрение.

Забелешка: Приватни места се јавни или приватни имоти каде што постои разумно очекување на приватност.

4. ВознемирувањеI. Новинарите не смеат да се впуштат во заплашување,

вознемирување или континуирано гонење.

II. Тие не смеат да настојуваат да испрашуваат, да телефонираат, да бркаат или да фотографираат поединци откако ќе бидат замолени да отстапат; ниту, пак, да останат на нивен имот откако ќе бидат замолени да си одат и не смеат да ги следат. Доколку тоа се побара од нив, тие мораат да се идентификуваат себеси и да кажат кого го претставуваат.

III. Уредниците мораат да го осигурат почитувањето на овие принципи од страна на оние коишто работат за нив и да поведат сметка да не користат материјал од други извори којшто не се придржува до принципите.

5. Навлегување во болката или шокотI. Во случаи коишто вклучуваат лична болка или шок,

прашањата или пристапувањето мораат да се направат со сочувство

Page 79: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

78

и дискреција, а објавувањето мора да се сработи сензитивно. Ова не треба да го ограничи правото на објавување судски постапки, како истраги.

II. Кога се известува за самоубиство, треба да се поведе сметка да се избегнат конкретни детали во врска со употребениот метод.

6. ДецаI. На младите луѓе треба да им биде дозволено слободно да го

пополнуваат нивното време поминато на училиште без непотребно пречење.

II. Дете помало од 16 години не треба да се интервјуира или фотографира на теми кои ја вклучуваат добросостојбата на самото дете или на друго дете, освен доколку не се добие дозвола од родител – старател или друг одговорен возрасен.

III. На ученици не смее да им се доближува и тие не смеат да се фотографираат на училиште без дозвола од училишните власти.

IV. На малолетници не смее да им се плаќа за материјал кој вклучува добросостојба на деца, ниту, пак, на родители или старатели за материјал во врска со нивните деца или штитеници, освен ако тоа не е јасно во интерес на детето.

V. Уредниците не смеат да ја користат славата, фактот дека се познати или позицијата на родителот или старателот како единствено оправдание за објавување детали од приватниот живот на нивното дете.

7. Деца во случаи на сексуална злоупотребаI. Печатот не смее да го обелоденува идентитетот на деца

под 16 години кои се жртви или сведоци на случаи кои вклучуваат сексуални престапи, дури и кога е правно слободен да го стори тоа.

II. Во секој извештај од печатот за случај кој вклучува сексуален престап врз дете:

i. Идентитетот на детето не смее да биде обелоденет.

ii. Идентитетот на возрасниот може да биде обелоденет.

iii. Зборот „инцест“ не смее да се користи каде што идентитетот на детето-жртва може да биде откриен.

iv. Мора да се поведе сметка ништо од извештајот да не ја имплицира врската помеѓу обвинетиот и детето.

Page 80: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

79

8. БолнициI. Новинарите мораат да се идентификуваат и да добијат

дозвола од одговорно лице пред да влезат во нејавен простор на болници или слични институции за да бараат информации.

II. Ограничувањата на нарушувањето на приватноста се посебно релевантни за прашања во врска со поединци во болници или слични институции.

9. Известување за кривично делоI. Идентитетот на роднините или пријателите на лицата кои се

осудени или обвинети за кривично дело општо земено не треба да се обелоденува без нивна согласност, освен ако тоа е вистински важно за приказната.

II. Посебна сметка треба да се поведе за потенцијално ранливата позиција на деца кои се сведоци или жртви на кривично дело. Ова не треба да го ограничи правото да се известува за судски постапки.

10. Тајни уреди и маскирањеI. Печатот не смее да собира и да објавува материјали добиени

преку користење скриени камери или тајни направи за слушање; или преку прислушување приватни или мобилни телефонски повици, пораки или пораки за е-пошта; или преку недозволено земање документи или фотографии; или преку пристапување на дигитални приватни информации без одобрување.

II. Впуштањето во лажно претставување или маскирање, вклучувајќи агенти или посредници, генерално може да се оправда само доколку е во јавен интерес и потоа само кога материјалот не би можел да се набави на друг начин.

11. Жртви на сексуален нападПечатот не смее да го обелоденува идентитетот на жртвите

на сексуален напад или да објавува материјал за кој постои веројатност дека може да придонесе кон таквото обелоденување освен доколку постои соодветно оправдание и е правно слободен да го прави тоа.

12. ДискриминацијаI. Печатот мора да одбегне предрасуди и негативни коментари

во врска со расата, бојата, религијата, полот, сексуалната ориентација или каква било физичка или ментална болест или попреченост на поединецот.

Page 81: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

80

II. Детали во врска со расата, бојата, религијата, сексуалната ориентација, физичка или ментална болест или попреченоста на поединецот мораат да се одбегнат освен доколку се вистински важни за приказната.

13. Финансиско новинарствоI. Дури и кога законот не го забранува тоа, новинарите не смеат

за свој личен профит да ги користат финансиските информации кои ги добиваат пред општото објавување, ниту, пак, смеат да ги пренесуваат таквите информации на други.

II. Тие не смеат да пишуваат за акции или хартии од вредност за чии перформанси знаат дека самите тие или блиското семејство имаат значителен финансиски интерес без да го откријат интересот пред уредникот или финансискиот уредник.

III. Тие не смеат да купуваат или да продаваат, директно или преку полномошници или агенти, акции или хартии од вредност за коишто неодамна пишувале или за коишто планираат да пишуваат во блиска иднина.

14. Доверливи извориНовинарите имаат морална обврска да ги заштитат

доверливите извори на информации.

15. Исплати на сведоци во кривични судењаI. Никаква исплата или понуда за исплата на сведок – или кое

било друго лице коешто разумно може да се очекува да се повика како сведок – не смее да се направи во ниеден случај штом постапката е активна, според дефиниција од Законот за недоаѓање на суд од 1981.

Оваа забрана постои сè додека осомничениот не е безусловно ослободен од страна на полицијата без наплата или кауција или постапката е прекината на друг начин; или се има изјаснето за виновен пред судот; или, во случај на изјаснување како невин, судот ја објавил пресудата.

II. Кога постапката сè уште не е активна, но е веројатно и предвидливо дека ќе се случи, уредниците не смеат да понудат исплата на ниту едно лице коешто разумно би се очекувало да се повика како сведок, освен доколку информацијата за која се работи мора јасно да се објави во интерес на јавноста и постои посилна потреба за да се направи или вети исплата за ова да се случи; и биле преземени сите разумни чекори да се осигура дека не постојат финансиски договори кои влијаат врз доказите кои ќе ги

Page 82: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

81

изложат сведоците. Таквата исплата не смее да биде условена од исходот од судењето под никакви услови.

III. Секоја исплата или понуда за исплата направена кон лице кое подоцна ќе биде повикано да изложи докази во постапка мора да биде откриена пред обвинителството и одбраната. Сведокот мора да биде информиран за ова барање.

16. Исплата на криминалциI. Исплатите или понудите за исплата за приказни, слики или

информации, кои имаат за цел да искористат одредено кривично дело или генерално да го глорифицираат или возвишат криминалот, не смеат да бидат направени директно или преку посредници кон осудени или признаени криминалци или кон нивните соработници – кои можат да вклучуваат членови на семејство, пријатели и колеги.

II. Уредниците коишто се повикуваат на јавниот интерес за да оправдаат исплати или понуди ќе треба да покажат дека постоела добра причина да поверуваат дека тоа би било во служба на јавниот интерес. Доколку, без разлика на исплатата, не се појави јавен интерес, тогаш материјалот не треба да биде објавен.

Јавен интересМоже да има исклучоци на клаузулите означени со * каде што

може да се покаже дека се од јавен интерес.

1. Јавниот интерес вклучува, но не е ограничен на:

I. Пронаоѓање или откривање криминал или сериозна недоличност.

II. Заштита на јавното здравје и безбедност.

III. Заштита на јавноста од погрешно наведување со помош на дејство или изјава на некој поединец или организација.

2. Постои јавен интерес во самата слобода на изразувањето.

3. Кога и да постои повикување на јавниот интерес, КПП ќе бара од уредниците целосно да покажат дека разумно верувале дека објавувањето, или новинарската активност која се презема со цел објавување, би било од јавен интерес.

4. КПП ќе го разгледа степенот до кој материјалот веќе постои во јавниот домен, или, пак, ќе постои.

5. Во случаи кои вклучуваат деца помали од 16 години, уредниците мораат да покажат исклучителен јавен интерес за да ги надминат највисоките интереси на детето.

Page 83: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

82

Page 84: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

83

ГЛава III

пубЛиката како соЗдавач на вести и содржини

Вовед

Развојот на модерните комуникациски технологии во голема мера ги менува навиките во комуницирањето, но и во многу други општествени сфери. Промените во технологијата ги менуваат начините на разменување на пораките, говорните ситуации, соодносот на директната и индиректната комуникација, но и начините на деловно работење, односите со јавноста, популарната култура и политичката комуникација. Промените во комуницирањето, преку различните форми низ кои се одвиваат, предизвикуваат длабински промени во културата и во нејзиниот вредносен систем. Овие техно-логии со својот динамичен развој вршат „реструктурирање на време-то и просторот“1, односно предизвикуваат поинаку да ги доживуваме основните параметри на социјалниот живот, а низ таквото реструкту-ирање да ги менуваме навиките и однесувањето во општеството.

Една од сферите во кои развојот на комуникациите има најго-лемо влијание секако се медумите. Од една страна, тие го менуваат начинот на кој медиумите ги собираат и преработуваат информации-те, а, од друга страна, ја менуваат публиката, односно корисниците на медиумските услуги. Информациите денес многу полесно се собира-ат и дистрибуираат низ различни комуникациски платформи, додека публиката се фрагментира и сè повеќе се ориентира кон специфични содржини. Медиумите се наоѓаат во нов комуникациски контекст кој е децентрализиран и кој не трпи медиумско функционирање кое не е приспособено на ваквиот нов модел. Во ваков општествен контекст, односите помеѓу медиумите и публиката се менуваат драстично. Кла-сичните форми низ кои медиумите ги канализираа повратните пора-ки и содржини од публиката (писмата, анкетите, телефонски јавувања и сл.) денес се драстично мултиплицирани и развиени во една нова култура на вклученост и учество на публиката. Тие сè повеќе станува-ат норма и се стандардизираат во функционирањето на медиумите.

1 James Carey, 1989.

Page 85: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

84

Интернетот и комуникацијата преку новите дигитални медиуми отво-раат редици нови форми преку кои медиумите влегуваат во комуни-кациски размени со својата публика2.

Втората димензија која е важна да се нагласи во однос на медиумите денес е нивната интензивна плурализација. Извонредно големиот број медиуми ја збогатува медиумската понуда и им дава глас на различните општествени групи и чинители. Со ова силно се поттикнува демократизацијата на општествата и се оневозможува доминација на одредени општествени чинители. Сепак, крупните промени кои ги носи „новото време“, носат и многу предизвици и тешкотии. Лесната достапност до средствата за комуницирање во содејство со недоволната медиумска писменост и култура, може да доведе до создавање конфликти во општествата. Различни општествени групи кои се спротивставени едни кон други преку новите медиумски платформи можат да отворат простор за развивање конфликти и практикување крајно негативни форми во комуницирањето. Токму во ваков амбиент се наоѓаат медиумите денес. Од една страна се соочени со многу афирмативни можности за развој и унапредување, а од друга страна се исправени пред многу предизвици кои можат да генерираат редица штетни последици.

Промените во медиумите и промените на публиката

Класичните форми на јавно комуницирање денес се драстично сменети. Она што порано беа весниците, телевизијата и радиото, денес е еден широк мозаик на различни форми и платформи преку кои можеме да комуницираме. Интернетот, електронската пошта, социјалните мрежи, блоговите, микроблогирањето, фото и видео сервисите, мобилната телефонија, видеоигрите и многу други сервиси и уреди радикално го сменија медиумскиот систем. Денес е драстично полесно кој било од нас да објавува содржини и непречено да ги дистрибуира и споделува со другите. Монополот кој медиумите го имаа во публикувањето содржини кои влегуваат во процесот на јавно комуницирање денес не постои. Секој корисник е потенцијален медиум, односно емитер на пораки и содржини кои можат потенцијално да

2 „ Новинарите беа навикнати да имаат монопол и да бидат оние што ги собираат информациите, ги обработуваат и пласираат. Долго време за многумина граѓани беа најважен извор на информации. Но, работите се променија. Проблемот е во тоа што сите различни извори на информирање не работат според исти професионални стандарди. Сепак, новинарството е професија која се темели на определени правила, кои новинарите мора да ги почитуваат доколку сакаат да ја оправдаат оваа функција, како особено важна во општеството. Мислам дека еден од најголемите проблеми ќе биде како новинарството да ја редефинира својата улога. Што ќе претставува новинарството во 21 век кога имате илјадници различни извори на информирање, кои најчесто се субјекти и на кој начин новинарите ќе им го пренесат тоа свое знаење на потенцијалните корисници“, Сандра Башиќ Хорватин, словенечки експерт за медиуми, во „Утрински весник“, 10.10.2012

Page 86: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

85

стигнат до сите. Публиката од пасивен или полупасивен примател на пораки постепено се трансформира во активен чинител во јавната комуникација. Секој кој има интернет-врска може слободно да учест-вува во новата глобална комуникација и конверзација. Публиката ста-нува произведувач на информации, лесно ги споделува своите ставови и мислења и директно влијае врз тоа како функционираат медиумите.

„Граѓанското новинарство се создава кога граѓаните, порано нарекувани публика, ги земаат во свои раце медиумските алатки за да се информираат меѓусебно.“

Џеј Розен3.

Како резултат на овој радикален пресврт, се стандардизираше отвореноста на медиумите кон својата публика и можностите тие да придонесуваат во креирањето на медиумските реалности. Можностите кои ги отвораат интернетот и новите медиуми неретко остануваат недоволно искористени, но сепак процесот на интеракција на професионалните медиуми и публиката продолжува да се одвива динамично.

Една од најразвиените форми на вклученост на публиката и корисниците во медиумските процеси е „граѓанското новинарство“. Граѓанското новинарство е нов концепт во кој алатките на модерната технологија се употребуваат од страна на оние кои не се професионал-ни новинари со цел на „обичните луѓе“ да им се даде можност да созда-ваат информации и различни содржини кои се пласираат во медиуми-те. Овој процес беше силно потпомогнат од интернетот и бесплатните алатки кои тој ги нуди. Блогот, форумите, фотосервисите, видеосерви-сите, социјалните мрежи, отворените енциклопедии се нови средства преку кои секој од нас може лесно да креира приказна и содржини и да ги сподели со светот. Развојот на мобилните комуникациски уреди и т.н. „паметна телефонија“ уште повеќе го засили процесот во кој секој од нас може да биде не само сведок, туку и известувач и креатор на со-држини кои речиси инстантно можат да го обиколат светот.

„Новата публика“ и граѓанското новинарство во Македонија

Етаблирањето на граѓанското новинарство и учеството на граѓаните во производство на содржини во Македонија се одвива умерено. Во извештајот на Петреска-Камењаровска, Ричлиев и Трпеска4 се констатира дека граѓанското новинарство не е доволно развиено во Македонија, а опциите кои се дадени за приложување

3 Џеј Розен, професор по новинарствo на Универзитетот Њујорк, САД.4 Петреска-Камењаровска Е., Ричлиев З., Трпевска, С. (2010), „Состојбите со онлајн медиумите и онлајн новинарствoто во Македонија“, МИМ, Скопје, стр. 33.

Page 87: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

86

на содржини не се доволно искористени. Најголемиот дел од содржините кои граѓаните ги приложуваат се фотоматеријали. Moже да се каже дека иницијативата на планот на промоција на овие нови можности поактивно ја презедоа блогерите и интернет-ентузијастите, отколку што тоа беше случај со влијателните медиуми. Иако примери на информативни и образовни содржини за тоа што е граѓанското новинарство се појавуваа спорадично во медиумите5, сепак блогерите и другите интернет-активисти од Македонија, со подршка и од граѓанскиот сектор6, ја презедоа иницијативата на овој план.

(it.com.mk7)

Слика 1

5 „Со цел медиумите повеќе да се доближат до граѓаните како и да се запази текот на техничко-технолошка глобализација, во последните години сè повеќе се зборува за граѓанското новинарство. Се прават обиди тоа да се искористи на максимален начин, а еден од примерите за тоа е интернет-страницата за размена на видеосодржини ’You Tube’ која воведе сопствен канал наречен ’You Tube Direct’ за граѓанско новинарство каде секој обичен граѓанин ќе може да ги постави своите видеа, а кои ќе можат да ги користат телевизиите и онлајн-медиумите. Испитувањето на овие услуги моментално го вршат неколку телевизиски станици и онлајн-изданија на весници од САД. Интернетот е место каде се објавуваат секакви снимки, но затоа медиумите кои ќе можат да ја користат оваа услуга, ќе можат да ја проверат информацијата и да контактираат со лицето кое ја поставило. Овој тип вклучување на граѓаните кои како сведоци на одредени настани ги забележале со камера или апарат сè повеќе се распространува и во Македонија. Но, во секој случај иднината сè повеќе се врти кон интернетот и можностите што тој ги нуди. Засега видеосодржината што се објавува главно е поврзана со гафови на славните личности, но, исто така, многу се барани и снимките на земјотреси, а се поставуваат дури и снимки каде наставниците прават голема врева или ги тепаат учениците.“ Преземено од „Промоција на граѓанско новинарство“, 24. 11. 2010, Инпрес.6 „Истражување за онлајн новинарство“, http://mim.org.mk/images/online.pdf, обуки за граѓанско новинарство на „НВО инфоцентар“ http://nvoinfocentar.org.mk/event.asp?site=pr&menu=4&lang=mak&id=711, обуки за граѓани-новинари на фондацијата „Метаморфозис“ http://metamorphosis.org.mk/mk/aktivnosti/2195-povik-za-prijavuvanje-na-uchestvo-vo-tromesechna-obuka-za-gragjani-novinari и други. 7 „Граѓанско новинарство онлајн“, http://it.com.mk/gradjansko-novinarst-vo-onlajn/

Page 88: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

87

Генерално, може да се каже дека македонските медиуми не се покажаа премногу отворени за граѓаните. Регистрираните случаи каде што граѓаните беа вклучени, се сведуваат на исклучоци и на обиди за разбивање на воспоставениот еднонасочен модел на пласман на информации. Акцијата на сега затворениот дневен весник „Шпиц“, да се отворат страниците на весникот за граѓаните, не донесе значителни промени во соодносот медиуми-граѓани. Неколку случаи во кои овој дневен весник без дозвола преземаше содржини од членовите на локалната блог- заедница придонесе да не се развие доволно доверба за заживување на оваа иницијатива. Неколку слични негативни примери во кои дневниот весник „Вечер“ без дозвола преземаше содржини од сајтовите и блoговите на локалните интернет-ентузијасти, исто така во голема мера ги урна можните „мостови за соработка“ на овој план. Може да се каже дека лошиот имиџ на локалните медиуми, незадоволителниот степен на нивната професионалност, но и политичката обоеност многу влијаеше граѓаните да не ги користат овие можности за да придонесат во содржините на традиционалните медиуми.

Дневниот весник „Вест“ неколкукратно ги повикуваше граѓаните во форма на наградна игра да доставуваат свои фотоматеријали до весникот. Една од нив беше акцијата читателите да испратат фотографии од македонски политичари од плажите во соседна Грција. Сепак, ваквите акции без изведени како обид за иновативни форми на интеракција со публиката, но не и одржлива форма на соработка, комуникација и размена, и секако повеќе беа наклонети кон таблоидизација, а многу помалку како ефикасно комуницирање на граѓаните и медиумите.

Слика 2: Фотосодржина објавена во „Вест“ од читатели на весникот

Page 89: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

88

Во ваквите општествени услови се оформи специфична форма на локално блог-новинарство во кое овие блогери главно се одлучија да не се поврзуваат со традиционалните медиуми, туку да се обидат да оформат свои медиуми. Граѓаните од Македонија преку блоговите даваа свој прилог во општествените дебати, оформуваа посебен „јавен простор“ во кој ги разменуваа своите ставови, мислења и оцени, предложуваа решенија, критикуваа, но и поведуваа разни акции. Во тие акции на т.н. колективно граѓанско новинарство, ги користеа сите алатки кои им стоеја на располагање: блоговите, социјалните мрежи, „YouTube“ итн.

Познат пример на граѓанско новинарство се активностите на археологот и блогер Василка Димитровска. Таа остро изреагира на својот блог  критикувајќи ги македонските оператори за уништување на археолошки локалитети со поставување антени. Поврзувањето на нејзината реакција на блогот со социјалните мрежи Твитер и Фејсбук предизвика јавен интерес и со помош на медиумите, ги натера мобилните операторите да се извинат, а добија и кривична пријава и се повлекоа од локалитетот за да не направат уште поголема штета8.

Со популаризацијата на социјалните мрежи и со постепеното прифаќање на нивните предности и можности за комуникација со граѓаните, новинарите влегоа во процес на посуштинска интеракција и користење. Низ таквата проширена комуникација на социјалните мрежи се воспостави дополнителен мост на приложување информации и содржини од граѓаните кон медиумите. Еден од позабележаните скорешни случаи на граѓанско-новинарско дејствување е од август 2012 година кога беше откриен случај на можна злоупотреба на донирани средства во хуманитарна акција:

Една интервенција за проверка на факти, заеднички напор на македонски и на бугарски корисници на социјални медиуми, им помогна на независни новинари да разоткријат фалсификувани документи користени како мамка за сомнителна иницијатива за прибирање хуманитарни донации.

Во текот на претходните недели, корисниците на социјалните медиуми ги возбуди веста за наводното

8 Ibid, http://it.com.mk/jas-medium/. Видеолинк до деталите од овој случај http://blip.tv/esocietymk-2009-i-media/vasilka-dimitrovska-cultural-heritage-preservation-insomnia-3005316

Page 90: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

89

малтретирање на Ева Илиевска, бебе со болно срце, за чија операција преку интернет се собираа пари пред некое време. Дузини портали и други медиуми го пренесоа апелот за повеќе средства, користејќи наслови како „Скандалозно – малата Ева вратена од Бугарија – немало доволно пари за операција“.

Луѓето донираа пари преку телефонски броеви определени за хуманитарни донации и до банковната сметка на семејството и огорчено ги споделуваа таквите линкови преку Фејсбук, повикувајќи ги своите пријатели да приложат, исто така. Арно ама, кога една корисничка на Фејсбук од Бугарија го прочита овој апел, таа брзо забележа дека нешто не е во ред со скенираниот документ: името и адресата на болницата беа погрешни, телефонските броеви чудни, а најочигледно - текстот на бугарски изгледаше како да не го напишал говорител на јазикот, туку дека е производ на автоматски превод преку Гугл транслејт. При итното професионално истражување со контактирање и на таткото на бебето и на бугарската клиника, новинарката Мери Јордановска од 24 вести, откри дека документот е навистина фалсификат. Всушност, операцијата на девојчето веќе била завршена и таа била вратена во Скопје на постоперативен третман.

„Global Voices“, 5.9.20129

Состојбата со медиумите и општествената реалност каде што доминира изразена политизација ги мотивираа граѓаните да го користат интернетот и новите медиуми како алтернативна платформа за информирање и покренување акции. Во такви околности се одвива своевидена испреплетеност на граѓански активизам и граѓанско новинарство. Практично, граѓанскиот активизам посредуван преку новите медиуми генерираше голем број содржини што стана препознатлив модел за учество на граѓаните во јавниот комуникациски систем во земјата. Некои од медиумите ги преземаа тие содржини и им даваа дополнителен одглас на ваквите содржини иницирани од граѓаните, од блог-заедницата или од корисниците на социјалните мрежи.

Испреплетеноста на активизмот и граѓанското новинарство веројатно го имаше својот најинтензивен период во јули и август 2011 година кога се одвиваа граѓанските протести за случајот со Мартин Нешковски. Откривањето на самиот случај и алармирањето

9 Извор: „Македонија, Бугарија: Корисниците на социјални медиуми открија фалсификат“ http://mk.globalvoicesonline.org/09/05/18879/

Page 91: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

90

на јавноста беа покренати од неколку граѓани преку социјалните мрежи. Тие информираа за самото убиство кое првично не беше регистрирано во главните медиуми и во полицискиот билтен. Необјавувањето на случајот во „Дневниот билтен“ на МВР од 6.6.2011 и известувањето на некои медиуми создаде слика дека случајот се прикрива од јавноста:

„Четириесетина минути по полноќ на плоштадот Македонија, пред МЕПСО, од засега непознати причини починало непознато лице на возраст од 23 до 25 години, потврдија за Макфакс од СВР Скопје. Момчето било донесено од страна на 4 до 5 лица, од плоштадот, каде се одржувал Баскер-фест, пред МЕПСО, бидејќи според укажувањата на сведоците, му се слошило, велат од СВР Скопје. Викната е Брза помош на лице место и е констатирана смрт. СВР Скопје излегла на лице место и извршен е увид. По наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција. ’Работиме на утврдување на идентитеот на лицето’, изјавија од СВР Скопје за Макфакс.“10

(Макфакс, 6.6.2011)

Откако преку социјалните мрежи случајот се проби во главните медиуми, граѓаните организираа протести кои се одвиваа секојдневно повеќе од еден месец. Два дена по случајот, известувањата на медиумите се насочија кон деталите од истрагата и секојдневните протести против полициската бруталност. Во подоцнежните фази, некои од провладините медиуми, во обид да ги оспорат протестите и нивните упорни барања, преминаа во дискредитација на дел од учесниците преку ширење шпекулации за активистите, учесниците, мотивите и наводната политичка заднина на протестите. Граѓаните преку социјалните мрежи и блоговите развија паралелен отворен медиумски канал преку кој самите известуваа за самите настани, протести, пораките и барањата од нив.

10 „Момче починало ноќеска на плоштадот Македонија“, Макфакс, 6.6.2011.

Page 92: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

91

Протестите против бруталното убиство на млад човек кое се случило во неделата ноќта продолжија на 7 јуни 2011 година, во Скопје, Македонија. Протестите беа ненасилни и учесниците беа проактивни во саморегулација на какви било испади што може да се сфатат како провокација кон полицијата, меѓу другото и извици од „вметнати“ групи навивачи. Полицијата најави дека ги набљудуваат социјалните мрежи и следат кој создава нереди. Корисникот на Твитер, Коприва, напиша:

Пак ќе кажам: „Ние не сме против полицијата… ние сме против полициската бруталност“ - Ал Шарптон11

Овој случај, како и неколкуте подоцнежни (на пример, граѓанската иницијатива „Аман“ против поскапувањата на горивата и греењето) создадоа јаз помеѓу граѓаните и медиумите кои речиси во сите случаи се приклонуваа кон заштита на интересите на политичките и економските моќници, за сметка на граѓанската иницијативност и активизам за одредени прашања. Политизацијата на граѓанските обиди да се артикулира нивниот глас во медиумите, влијаеше драстично да опадне довербата во самите медиуми, а граѓаните речиси исклучиво се ориентираа кон создавање „алтернативни“ медиумски канали и различни форми на сооопштување на своите пораки до пошироката јавност.

Развојни насоки и препораки

Искуството со граѓанските медиуми и активизмот во Македонија покажува дека јавноста и граѓаните бргу ги препознаваат реалностите и состојбите со медиумите во својата средина. Тогаш кога чувствуваат дека медиумите се одвоени од заедницата и се исклучиво приврзани кон политичките партии и економските субјекти блиски до нив, граѓаните ја губат довербата во нив и бараат различни решенија да се слушне нивниот глас по одредени прашања. Контактните емисии во електронските медиуми наместо да станат граѓански форум, најчесто прераснуваат во еднострани политички монолози и, за жал, не ја исполнуваат до крај својата планирана функција за јакнење на дијалогот по однос на клучните прашања во општеството.

Уредниците се наоѓаат пред предизвикот да ја разберат сменетата култура на публиката која очекува многу поголем дел од медиумските содржини да биде посветен на темите кои ги засегаат

11 „Интернет-заедницата спречи прикривање убиство“, „Global Voices“, 28.6.2011, http://mk.globalvoicesonline.org/06/28/13056/

Page 93: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

92

секојдневно. Граѓаните сè повеќе бараат поддршка од медиумите во сопствените напори да влијаат врз носителите на одлуки и во таа смисла медиумите имаат шанса да го развијат својот партнерски однос со граѓаните и да изградат нова култура на нивна вклученост.

Што е потребно за развој на граѓанското новинарство и на граѓанското учество во медиумските активности?

Одговорот на ова прашање зависи од конкретните општествени услови во кои граѓанското учество треба да се поттикне, но постојат одредени заеднички фактори кои создаваат поволни услови за овој процес:

1. Достапност до техничките капацитети

2. Развиена средна класа

3. Незадоволство на публиката со известувањата на влијателните медиуми

4. Волја и желба на публиката да се чуе нејзиниот глас

5. Укинување бариери помеѓу авторот читателите/гледачите/посетителите12

Надминување на дигиталниот јаз

Еден од клучните предуслови е надминувањето на дигиталниот јаз и лесната достапност на технологиите кои можат да се искористат во известувањето, како што се компјутерите, дигитални апарати за снимање различни формати итн. Пристапот до информации, користењето различни извори и интегрирањето на различните позиции во известувањето преку граѓанското учество дава одреден вид критички надзор врз медиумите. Поттикнувањето и мотивирањето на публиката, развивањето доверба во медиумот се клучни предуслови за каков било исчекор во разивањето на граѓанското учество. Општествената атмосфера и економските услови во голема мера влијаат врз мотивираноста на граѓаните, но се покажува дека медиумите кои се заинтересирани за ваков развој во овој правец можат успешно да го изведат тоа дури и во неповолни општествени-економски услови доколку успеат да развијат партнерски однос со граѓаните.

12 Igor Brlek, Uslovi za gra đansko novinarstvo, http://www.media.ba/bs/novinarstvo-tehnikeforme-novinarstvo-tehnike-i-forme/uslovi-za-gradansko-novinarstvo

Page 94: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

93

Познавање на својата публика и очекувањата на граѓаните

За да биде успешно какво било доближување до публиката, нејзина зголемена доверба и можно активно учество, прв неопходен чекор е добро да се познава сопствената публика, нејзините основни и дополнителни интереси, за кои вредности и промени таа се залага, какви се нејзините очекувања од медиумите и од носителите на одлуките во средината во која живеат.

Слушање на гласот на граѓаните

Денес граѓаните имаат голем број начини да го искажат својот глас и став. Без разлика дали станува збор за блогови, коментари на Фејсбук, твитови, фотографии, видеа, важно е медиумите во нив да не гледаат „какофонија“ од гласови туку да препознаат валидни граѓански пораки со кои тие можат да влезат во корисна комуникација. Отворањето на комуникациските канали кон публиката преку коментари на сајтовите и Фејсбук-страниците често знае да биде „напорно“ за медиумите кои сметаат дека се преплавени од секакви реакции, но со позитивен пристап и транспарентно модерирање на реакциите на својата публика, медиумите можат да добијат одличен фидбек и патоказ за темите кои се најбарани од публиката. Впрочем, еден навредлив коментар кој може да биде модериран, не треба да биде причина да се затвори можноста медиумот да добие, да речеме, пет корисни и содржајни коментари. Медиумот мора да се ориентира кон самата публика, а каналите кои ќе ги отвори за комуникација со нив треба да бидат потврда на таквата отвореност. Присутноста на интернет и на социјалните мрежи веќе е стандард за современите медиуми.

Организирање и квалитет на информациите

Востановено правило е дека публиката знае да го почитува вложениот труд на медиумите во процесот на нивно информирање за одредено важно прашање. Тогаш кога граѓаните во трката на медиумите по ексклузивни информации, сензационални вести и барање нови скандали ќе препознаат импровизации и исфорсиран сензационализам на сметка на квалитетот на понудената содржина, ваквите содржини тие ги доживуваат како површни и тенденциозни. Медиумот треба да настојува да понуди свежи информации пред другите, но ако тоа постојано го прави на сметка на квалитетот на содржините, тогаш ќе се соочи со негативни реакции на публиката. Некогаш брзањето да се пласира веста и нејзиното, на пример, нелекторирање, може многу лошо

Page 95: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

94

да влијае врз угледот на медиумот, иако таа информација ја пласирал пред другите. Медиум кој по избивањето на некоја сторија, почека да се потврдат информациите, ги организира истите од различни валидни извори и перспективи, ги контекстуализира и внесува длабочина во нив, може да оствари многу посилен впечаток и влијание, иако ја обработил темата подоцна од другите. Инстантното циркулирање и споделување на информациите преку интернетот е предизвик кој ги мами медиумите да влезат во оваа трка, но тие мора да бидат свесни за сите последици од т.н. „инстант-новинарството“ и огромните ризици и грешки кои тоа ги носи.

Бркање вести и граѓански ориентирана медиумска агенда

Публиката знае да препознае медиуми кои не трчаат само по вестите и пишуваат за она што сите други пишуваат. Медиумот кој знае да го почувствува јавното мнение и да обработи тема за која граѓаните се заинтересирани, без тоа прашање да биде поттикнато или наметнато од дневните агенди на јавните функционери, секогаш е добро прифатен од публиката.

Користење на социјалните медиуми

Користењето на социјалните медиуми од страна на новинарите треба да се охрабрува. Тоа е комуникациска алатка која овозможува директна комуникација со граѓаните и со публиката. Но, новинарите и уредниците мораат да бидат свесни за ризиците и претпазливи кон опасностите од нивното користење. Довербата на медиумот многу тешко се здобива, а мошне лесно се губи. Информациите од социјалните мрежи мора да поминат низ процес на квалитетна проверка, споредба со други извори, впрочем како и за сите други информации кои доаѓаат до новинарите. Анонимноста, а понекогаш и лажните идентитети на изворите од социјалните мрежи, можат да измамат дури и искусни новинари.

Социјални мрежи – основни принципи

- Социјалните медиуми поттикнуваат брзо, кусо, интензивно комуницирање. Новинарството, пак, бара пронаоѓање и проверка на факти и процена на валидноста и ефектите на информациите. Уредниците и новинарите мораат да бидат свесни за оваа дистинкција.

- Присуството на медиумите на интернет и социјалните медиуми треба да се охрабрува и поттикнува.

Page 96: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

95

- Опасностите од дезинформации и нивно пренесување на социјалните мрежи се далеку поголеми.

- „Расправањето“ со публиката и граѓаните е недозволиво за медиумските работници, иако тоа е „нормална“ појава помеѓу корисниците на социјалните мрежи.

- Новинарите не смеат да подлегнат на тензиите околу одредена тема. Кога за одреден настан јавноста се поларизира, улогата на уредникот или новинарот не е да ја поттикнува поларизацијата и конфликтот, туку да ја шири културата на дијалог, прифаќање различни гледишта, толеранција и уважување на различностите. Медиумите не смеат да ги експлоатираат или да ги прошируваат темите кои содржат потенцијал да иницираат конфликт во градењето на својата гледаност или читаност.

- Уредниците и новинарите во комуникацијата со публиката мораат да се претстават како медиумски работници, и во никој случај не смеат корисниците на социјалните мрежи да ги доведат во заблуда во однос на нивниот идентитет.

- Брзината во информирањето не смее да ја наруши основната структура на информациите (кој, каде, кога, како, зошто...).

- Уредниците и новинарите мораат да бидат предводници во културата на наведување на изворите за своите информации. Доколку медиумот користи содржини од интернет или од социјалните мрежи, тој треба да побара дозвола или на друг начин да ги уреди правата за објавување и користење. Иако технички гледано, сè она што јавно се објавува од корисниците, а не е ограничено од уредбите за приватност на самиот корисник, не е забрането за објавување, но сепак, медиумот е должен да ги информира за тоа оние од кои пренесува одредена содржина, изјава или информација.

- Секогаш кога се пренесува статус, твит, фотографија, видеоматеријал и слично, мора темелно да се проверат изворот и валидноста на материјалот. На социјалните мрежи голем е бројот на т.н. лажни, пародични или подбивни профили и налози, кои лесно можат да ги доведат во заблуда новинарите, а со тоа и публиката.

- За да поттикнат учество на граѓаните, новинарите и уредниците мораат покрај авторитетот на сопствениот медиум да развијат доверба и углед и на индивидуално ниво. Честопати тие со граѓаните мораат да комуницираат неспоредно и

Page 97: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

96

личниот углед многу влијае каков квалитет на комуникација ќе имаат со граѓаните и публиката.

- Ако се наведува некоја информација од социјалните мрежи, медиумот мора да го нагласи тоа како свој извор. Многу често сервисите како Фејсбук и Твитер, всушност и не се извори на информации, туку се реакции или коментари на други информации. Во таков случај, медиумите мора да ги детектираат вистинските извори, а не да се потпираат на секундарни, терцијални извори или коментари, кои во голема мера можат да ја извртат основната информација.

Во секој случај, интернетот и социјалните мрежи внесуваат нови можности во комуницирањето со публиката и граѓаните. Сепак, најважно е во тие можности медиумите да ги пронајдат начините во поинакви услови да ја извршуваат својата традиционална јавна функција – прецизно и навремено информирање, а врз тие основи да изградат поактивен однос со публиката и да развијат култура и практика на граѓанско учество.

Печатени извори

Carey, J. W. (1989), Communication as culture: Essays on Media and society, Winchester, MA: Unwin Hyman.

Dewdney, A and Ride, P (2006), The New Media Handbook, Rout-ledge, London.

Fenton, Nathalie, ed. (2010), New Media, Old News –Journalism and Democracy in the Digital Age, SAGE, London.

Foster, Robin (2012), “News Plurality in a Digital World”, Reuters, University of Oxford.

Hirst, Martin (2010), News 2.0 – Can Journalism survive the Inter-net?, Allen&Unwin publications, Australia.

Lynch, Stacey (2008), “What it takes to be a web favorite?”, Media Management Center, Northwestern University.

Manovich, Lev (2001), The Language of the New Media, MIT press.

Петреска-Камењаровска Е, Ричлиев З, Трпевска, С (2010), „Состојбите со онлајн медиумите и онлајн новинарството во Македонија“, МИМ, Скопје.

Page 98: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

97

ГЛава IV

јавен сервис

МРТ - ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЈАВНИОТ СЕРВИС„Секој медиум си има свој агол на гледање, ... а ние сме јавен сервис,

што значи дека за нас најголем фактор е Владата на Република Македонија, како таа ги гледа работите и обично ние одиме по тој агол... тоа не значи дека не ја критикуваме Владата,... но секако тие критики не се баш толку злонамерни, туку се добронамерни, поврзани се со факти...“

новинар во МРТ, „Известување за различностите во Македонија“- Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

„Новинарот мора да има став. Но, не кон партиите, туку кон трошењето на парите на даночните обврзници, кон неправдата и дискриминацијата, кон добро и лошо завршената јавна работа. Но, тој став доаѓа дури на крајот, кога ќе ги имаме собрано сите релевантни информации.“

Зоран Шпрајц, уредник во Хрватската телевизија

„Јавниот радиодифузен сервис е создаден, финансиран и контролиран од јавноста, за јавноста. Тој не е ниту комерцијален, ниту државен и е ослободен од политичко мешање и притисок од комерцијални сили. Преку јавниот сервис, граѓаните се информираат, се образоваат и се забавуваат. Само со обезбедени плурализам, програмска разновидност, уредувачка независност, соодветно финансирање, одговорност и транспарентност, јавниот радиодифузен сервис може да служи како темел на демократијата.“

Колку оваа дефиниција на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) важи за јавниот радиодифузен сервис на Република Македонија – Македонска радио-телевизија (МРТ)?

Одговорот е содржан во годинашниот Извештаj на Европската комисија за Македонија, според кој: „Новиот менаџмент во МРТ иницираше реформи со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на понудата. Потребно е да се преземат значителни

Page 99: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

98

напори и понатаму со цел МРТ да ја остварува својата мисија на јавен сервис , меѓу другото и преку обезбедување баланс и плурализам во известувањето.“

Јавниот сервис остварува јавен интерес и треба да им овозможи на сите граѓани во земјава да се информираат на различни теми, како и да добијат нови знаења. Меѓу најважните функции на македонскиот радиодифузен сервис според Законот за радиодифузија се производство и емитување програми за сите сегменти на општеството, без дискриминација и водејќи сметка за специфичните општествени групи. Јавниот сервис треба да овозможи рефлектирање различни идеи, негување на културниот идентитет на заедниците, почитување на културните и религиозни разлики и поттикнување на културата на јавен дијалог заради зацврстување на заемното разбирање и толеранција меѓу заедниците во мултиетничка и мултикултурна средина. МТВ треба да ги развива сите облици на домашно аудиовизуелно творештво кои придонесуваат за развој на македонската култура и меѓународна афирмација на македонскиот културен идентитет. Како јавен сервис, оваа национална куќа треба да ги промовира почитувањето на основните човекови права и слободи, демократските вредности и институции, приватноста, достоинството угледот и честа на човекот.

Регулативата европска, практиката македонска

Според светските практики, основни функции на јавниот сервис треба да бидат обезбедување универзалност, разновидност и независност, како и посебност (оригиналност), особено ако јавниот сервис коегзистира во средина каде што има повеќе комерцијални медиуми.

Анализи за состојбите во јавната радиодифузија констатираат дека овие критериуми утврдени во европските документи се вградени во Законот за радиодифузна дејност, со што може да се каже дека македонската регулатива е усогласена со европската. Но, во практиката, МРТ не исполнува во потполност ниту една од четирите функции.

Page 100: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

99

Рамка:

1. Универзалност подразбира дека содржините на јавниот сервис треба да допрат до секој граѓанин во државата, да бидат „популарни“ во смисла да не се рестриктивни и наменети за малцинство граѓани. Јавниот сервис треба да ја промовира културата на мултиетничкото живеење, притоа избегнувајќи „гетоизација“.

2. Разновидност значи дека јавниот сервис треба да овозможи разноликост на програмски жанрови, приспособени за различни публики и различни актуелни теми. Јавниот сервис треба да ја рефлектира разновидноста на јавните интереси преку различни типови програми – од вести до забавни програми, произведувајќи содржини за различните вкусови на различни сегменти од публиката.

3. Независност на јавниот сервис значи дека тој треба да претставува форум каде што слободно ќе циркулираат идеи, информации, мислења и критики. Ова е возможно само доколку постои независност и слобода на јавната радиодифузија, кои можат да се спротивстават на комерцијалните и на политичките влијанија. Доколку јавниот сервис е под влијание на владата, публиката ќе ја изгуби довербата во него. Од друга страна, пак, доколку програмите имаат комерцијална цел, тогаш публиката ќе се прашува зошто треба да го финансира јавниот сервис од сопствен џеб.

4. Оригиналност подразбира дека јавниот сервис треба да се разликува од другите радиодифузни сервиси и таа разлика треба да биде забележлива од страна на публиката. Ова не подразбира емитување програми или теми за кои не се заинтересирани другите сервиси, ниту, пак, вклучување публики кои се занемарени од другите емитувачи, туку поинакво работење, без запоставување на ниту еден жанр. Јавниот сервис мора да има иновативен пристап – да вклучува нови жанрови, да воспоставува ново темпо во визуелниот свет и да ги мотивира другите радиодифузери да го следат.

Извор: Светски совет за радио и телевизија (World Radio and

Television Council)

Page 101: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

100

Проблемите со финансирањето, кои со години го следат јавниот сервис, беа редовно алиби за лошите резултати, иако е јасно дека главната причина е недистигот на политичка волја, зашто ниту една гарнитура на власт досега не се откажа од (зло)употреба на МРТ во пропагандни цели.

Препораки за подобрување на состојбите

Една од последните иницијативи во која значајно место му е дадено на јавниот сервис е Акцискиот план, во чие создавање учествуваа околу 150 новинари, уредници, сопственици и претставници на медиумски организации и институции, кон крајот на 2011 и почетокот на 2012 година. Самите медиумски професионалци, како приоритетен проблем го истакнаа политичкиот притисок врз уредувачката политика, посебно во информативната програма и нецелосното спроведување стандарди. Забелешки за работењето на МРТ беа упатени и на сметка на нецелосно почитување на медиумскиот плурализам, чијшто главен заштитник треба да биде токму јавниот сервис. Некои од препораките во Акцискиот план се однесуваа на поедноставување на структурата на управување на јавниот сервис, бидејќи моментно постојат три тела што го прават процесот на управување покомплексен, како и на прецизно дефинирање на надлежностите на органите на МРТ во Законот. Еден од предлозите на медиумските професионалци беше и донесување декларација во Собранието за политичка и финансиска независност на МРТ, како и формирање стручна работна група за дефинирање трајно решение за финансирањето на МРТ.

Битна препорака во Акцискиот план е при процесот на дигитализација на МТВ задолжително да се предвиди алоцирање втор канал на македонски јазик за емитување образовни и документарни програми, спорт и други забавни содржини, со што би се адсирале долгогодишните забелешки на регулаторните тела и медиумските експерти. Дури и во Стратегијата за развој на радиодифузната дејност 2007-2012, Советот за радиодифузија констатираше дека:

„За да може целосно да ги исполнува своите функции, МТВ има потреба од најмалку уште еден телевизиски програмски сервис, ориентиран пред сe кон културата и спортот. Дигитализацијата ќе создаде услови да се ефектуира оваа потреба, но притоа е неопходно Советот на МРТ да донесе програма за долгорочен техничко-технолошки и програмски развој, при што новите специјализирани канали мора да одат во прилог на исполнување на мисијата и функциите на јавниот сервис.“

Page 102: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

101

Во други поранешните анализи на Советот за радиодифузија (2010) се забележува дека “и на Првата и на Втората ТВ-програма на МРТ доминираат забавните содржини, а недостига полемички отворена, изворна информативна програма, а како резултат на отсуството на конзистентна уредувачка политика, се јавуваат силни контрасти при третманот на општествените теми, додека образовната програма е без карактеристичен и во суштина – карактерен, сценаристички/ драматуршки/режисерски ангажман.“

Бројот на програмските сервиси на МРТ е определен со Законот за радиодифузна дејност. Дали во текот на неговото усогласување со Директивата за аудиовизуелни сервиси ќе бидат имплементирани препораките од поранешната Стратегија, останува да се види.

За промените што во последниот период се случуваат во МРТ, медиумските експерти нагласуваат дека е многу важно фокусот да не биде само кон исполнувањето на техничките и на финансиските обврски, туку и кон унапредувањето на улогата на медиумот како фактор за поголема демократија. Опремувањето нови студија, подобрувањето на визуелното пакување и купувањето популарни серии ќе ги подобрат рејтингот и конкурентноста на куќата, но најголем предизвик останува информативната програма. Ако уредниците имаат одврзани раце да понудат новинарство во вистинска смисла, вести и емисии што ќе го отсликуваат интересот на сите општествени, културни, социјални и, пред сè, политички групи, МРТ ќе стане вистински јавен сервис, сметаат експертите во областа.

„Би-Би-Си“ како пример

Еден од светските примери за тоа како ефикасно може да се имплементираат етичките и професионалните стандарди во јавниот сервис, претставува британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“. Оваа новинска куќа има развиено Уредувачки насоки кои важат за сите нивни содржини на ТВ, радио и интернет платформи.

„Публиката е во средиштето на се што правиме. Посветени сме да и понудиме високо квалитетен, оригинален и понекогаш предизвикувачки производ. Креативноста е виталната компонента на нашата организација. Мораме на публиката да и понудиме содржина произведена според највисоките уредувачки и етички стандарди. Нејзината доверба зависи од тоа. Затоа мораме да балансираме меѓу слободата на изразување и одговорноста, на пример, да ја почитуваме приватноста, да бидеме фер и да избегнуваме неоправдана навреда“, пишува во Уредувачките насоки на „Би-Би-Си“.

Page 103: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

102

Врвните уредувачки вредности на британскиот јавен сервис се доверба, точност, објективност, разновидност на мислења, уредувачки интегритет и независност, служење на јавниот интерес, правичност, транспарентност, одговорност. „Би-Би-Си“ инсистира на потврда на овие вредности во се што прави. Тие се однесуваат и на слободите и на одговорностите, а се применуваат на сите содржини, независно дали тие се сопствено производство на „Би-Би-Си“ или на независни компании што работат за британскиот јавен сервис. Притоа, довербата е темелот на оваа градба на вредности. „Ние сме независни, објективни и искрени. Посветени сме на постигнување највисоки стандарди во точноста и непристрасноста и тежнееме да избегнеме свесно и суштинско наведување на публиката на погрешно мислење“, стои во Уредувачките насоки, чие почитување ја прави „Би-Би-Си“ еден од најугледните јавни радиодифузни сервиси во светот.

Во продолжение на овој избор може да прочитате селектирани материјали за работата на други светски јавни сервиси, но и да најдете стратешки документи и анализи што се однесуваат на МРТ. Од екстензивните Уредувачки насоки на „Би-Би-Си“ го издвоивме делот за покривање теми од политиката и изборите, a ги додадовме Водечките начела на Мрежата на јавни радија од САД.

Page 104: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

103

УРЕДУВАЧКИ НАСОКИ НА БРИТАНСКИОТ ЈАВЕН СЕРВИС „БИ-БИ-СИ“

(селектирани извадоци)

ДЕЛ 10: ПОЛИТИКА, ЈАВНИ ПОЛИТИКИ И АНКЕТИ

10.1 ВОВЕД Сите начела кои се однесуваат на политичката непристрасност

се утврдени со Повелбата и Договорот на „Би-Би-Си“ и тие имаат централно место во начинот на кој известуваме за политиката и јавните политики. Со текот на времето, мораме да си поставиме цел да дадеме соодветна тежина и важност на сите главни аспекти на аргументот и на сите главни политички партии. Иако владата честопати е примарниот извор на вести, сепак гласот и мислењето на останатите партии мора исто така рутински да се емитуваат и оспоруваат. Упатствата во овој дел треба да се читаат заедно со Дел 4 Непристрасност.

Анкетите, истражувањата, прашалниците, телефонското и онлајн гласање се корисни и полезни начини да ја слушнеме нашата публика. Меѓутоа, кога известуваме за нив, публиката исто така треба да може да верува во тоа истражување – и нашето известување за него да е нерафинирано. За да се избегне наведување на публиката на погрешно мислење, потребно е да бидеме ригорозни во однос на употребата на прецизен јазик и во однос на нашиот детален осврт за применетата методологија.

Исто така, мораме да избегнуваме нарачување на некое наше истражување што може да укаже на позицијата на „Би-Би-Си“ за одредена политика или прашање.

Овој дел од Упатствата имаат за цел да им помогнат на оние кои продуцираат за „Би-Би-Си“, кои сакаат да вклучат анкети, истражувања и прашалници во нивната содржина, за да го направат тоа соодветно, со почитување на барањата за прецизност и непристрасност.

(Види Дел 3 Прецизност и Дел 4 Непристрасност и разлики во мислењата)

10.2 НАЧЕЛА 10.2.1 По прашања кои се однесуваат на политиката и јавните

политики мора да се постапува со соодветна непристрасност и прецизност во нашите новински агенции и другата продукција.

Page 105: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

104

10.2.2 Не смееме да искажуваме друго мислење за тековните случувања или прашања за јавни политики освен она што се емитува или она што се обезбедува онлајн.

10.2.3 Ние не смееме да вршиме кампањи или, пак, да си допуштиме себеси да бидеме користени во кампањи.

10.2.4 Анкетите кои се нарачани од страна на „Би-Би-Си“ или од страна на оние кои создаваат содржина за „Би-Би-Си“, кои постапуваат индивидуално или заеднички со други организации, не смеат да ја компромитираат непристрасноста во однос на прашањата за кои се спроведува истражувањето.

10.2.5 Ние мораме да известуваме за анкети, истражувања, гласања и слични истражувања со соодветна прецизност, независно од тоа дали истражувањето било спроведено од страна на „Би-Би-Си“ или од други.

10.3 ЗАДОЛЖИТЕЛНИ УПАТСТВА (Задолжителните упатства се дел од системот на

уредувачкиот менаџмент на „Би-Би-Си“. Иако тие сами по себе нема да ги исполнуваат Начелата од Упатствата за уредниците, тие се суштински дел од процесот за да се обезбеди усогласено постапување и притоа мора да се почитуваат.)

Упатства до главниот советник за политика

10.3.1 Кој било предлог да се покани политичар да учествува како гостин, и кога тоа се прави како исклучок наместо правило, мора во раната фаза да биде упатено на главниот советник за политика.

10.3.2 Освен за кратки интервјуа во вестите, кои се направени во текот на денот без претходно договарање, кој било предлог да се интервјуира или профилира некој од лидерите на главните политички партии на Обединетото Кралство (ОК) мора однапред да се упати на главниот советник за политика. Исто така, понудите за интервјуа од политичките партии мора да се упатат пред тие да може да се прифатат. За „Би-Би-Си“ Шкотска, „Би-Би-Си“ Велс или „Би-Би-Си“ Северна Ирска, упатувањето однапред мора исто така да се направи до раководителот за вести и тековни прашања за соодветната нација.

10.3.3 Кое било барање за емитување настап на министер или одговор на емитуваниот настап на министер, мора веднаш да биде упатено до главниот советник за политика.

10.3.4 Кој било предлог да се нарача анкета која има за цел

Page 106: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

105

да се добие примерок од поддршката за политичката партија или намерите за гласање, мора да се упати однапред до главниот советник за политика.

10.3.5 Кој било предлог да се нарача анкета за прашања кои се однесуваат на јавни политики, политичка или индустриска расправа, или која било друга „контроверзна тема“ за секој од сервисите на „Би-Би-Си“, мора да биде упатен до главниот советник за политика.

10.3.6 Кој било предлог да се нарача анкета на интернет за која било тема, мора да биде упатен до главниот советник за политика.

10.3.7 Кој било предлог да се нарача истражување на „Би-Би-Си“ за прашања поврзани со јавната политика, политички или индустриски расправи, или која било друга „контроверзна тема“, мора да биде упатен до раководителот за политички истражувања и главниот советник за политика, кои ќе треба да дадат одобрение доколку таквата анкета вклучува пратеници, членови на Шкотскиот парламент, член на Националното собрание на Велс, член на законодавниот дом на Северна Ирска или член на Европскиот парламент.

10.3.8 Кој било предлог да се спроведе гласање за прашања поврзани со јавната политика, политичка или индустриска расправа, или која било друга „контроверзна тема“, мора да биде упатен до главниот советник за политика. Доколку станува збор за веб-страница која е на друг јазик, а не на англиски јазик, потребно е тоа да се упати до главниот советник за политика и до раководителот за регионот на Светскиот сервис или националниот директор.

Други упатства

10.3.9 Кој било предлог да се спроведе телефонско, СМС или онлајн гласање, мора да се упати до Единицата за интерактивни технички совети и договори (ITACU) и да се спроведе соодветниот процес на одобрување.

(Види Дел 17 Интеракција со нашата публика: ITACU)

10.4 ПРАКТИКИИзвестување за политичките партии на Обединетото Кралство

10.4.1 Во ОК има различна политичка култура кај различните нации и нивното претставување во Вестминстер не претставува единствена основа да се процени релативната политичка моќ во структурата на пренесени надлежности. Постигнувањето на политичка непристрасност, особено за мрежната продукција,

Page 107: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

106

вклучува соодветно емитување или известување за сите главни политички партии во Шкотска, Велс и Северна Ирска, како и за оние кои се кандидираат на изборите во целото ОК.

10.4.2 Особено внимание треба да се посвети во однос на употребата на јазикот во овој контекст, на пример, избегнување изрази како што се „двете главни политички партии“. Одредени политички етикети вообичаено се претпочитаат во однос на општите описи на „опозицијата“, освен за фрази како што се „официјалната опозиција“ или „лидерот на опозицијата“ кои имаат формално и конкретно значење во Вестминстер. Описите “Shadow Minister” и “Shadow Cabinet” се резервирани конкретно за главната опозициска партија во Вестминстер.

Политички интервјуа и придонес

10.4.3 Кога доставуваме барања за политички интервјуа, треба јасно да дадеме на знаење за тоа кој е карактерот и контекстот на програмата за која се наменети тие интервјуа. Она што ќе го договориме мора да биде прифатено од критиката на јавноста и не смее да спречи поставување прашања во програмата кои нашата публика разумно би очекувала да ги слушне.

(Види Дел 6 Правичност, Придонеси и согласност)

10.4.4 Ние мораме да бидеме внимателни кога ги покануваме политичарите да дадат свој придонес за неполитички програми, независно дали врз основа на нивната експертиза надвор од политиката или на нивната слава. Не смееме да им даваме толкава важност тие да се стекнат со несоодветна предност пред нивните противници. Онаму каде нивната политичка лојалност е релевантна за нивниот придонес, тоа треба да ѝ се појасни на публиката.

(Види Дел 3 прецизност: Избегнување на наведување на публиката на погрешно мислење 3.4.12, Дел 4 Непристрасност и различни мислења: Непристрасност во сериски програми и со текот на времето и Дел 10 Политика, јавни политики и анкети: Избори)

10.4.5 За која било програма или програмска област за која се предлага да се покани политичар за гостин, и кога тоа претставува исклучок наместо правило, тоа мора во рана фаза да се упати до главниот советник за политика.

Интервјуа со профили на политички лидери

10.4.6 Освен за кратките интервјуа во вестите, кои се направени во текот на денот без претходно договарање, кој било предлог да се

Page 108: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

107

интервјуира или профилира некој од лидерите на главните политички партии во ОК, мора да биде однапред упатен до главниот советник за политика. Исто така, понудите за интервјуа од политичките партии мора да се упатуваат пред да бидат прифатени. За „Би-Би-Си“ Шкотска, „Би-Би-Си“ Велс или „Би-Би-Си“ Северна Ирска, упатувањето кое се прави однапред треба исто така да се направи и до раководителот за вести и тековни работи за соодветната нација.

Главниот советник за политика (и, онаму каде тоа е соодветно, релевантниот раководител за вести и тековни работи) треба да бидат информирани исто така дали поканите се одбиени или прифатени за да се обезбеди:

- дека „Би-Би-Си“ во целина е робустен и доследен во постапувањето со сите лидери на политички партии;

- во време на голема побарувачка за еден или повеќе лидери на политички партии, понудите се рационализираат во рамките на „Би-Би-Си“;

- соодветна тежина се дава на настапот на сите лидери на политички партии со текот на времето.

Политички емисии

Политички, изборни и референдумски емисии за политичките партии

10.4.12 Ние сме обврзани со Договорот кој ја надополнува Повелбата на „Би-Би-Си“ да ставиме на располагање доволно простор за емитување на кампањите за политичките партии и за референдумите. Партиското емитување е одделно од нашето новинарство, а нивното прикажување не подразбира поддршка на „Би-Би-Си“ за ставовите кои се изнесени во тие политички програми. Распределбата на серија емисии на различни политички партии претполага исполнување на условот за соодветна непристрасност.

10.4.13 Авторските права за политичките емисии остануваат на политичките партии, но одредени извадоци може да се користат без согласност на политичките партии.

10.4.14 Партиите емитуваат програма на нивни трошок и имаат одговорност за содржината на програмата. Меѓутоа, тие треба да обезбедат дека програмите се погодни за емитување и дека се придржуваат кон правилата на „Би-Би-Си“ и Ofcom. Тука спаѓа обврската да се почитува законот (на пример, за клевета, авторски права и поттикнување расна омраза и насилство) и Упатствата за уредници на „Би-Би-Си“ за повреда и навреда. Упатствата за

Page 109: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

108

емитување може да се најдат на веб-страницата на Broadcasters Liaison Group.

Емитување на министерско обраќање

10.4.15 Во исклучителни околности, како што е на пример одлука да се започне војна, од „Би-Би-Си“ може да биде побарано да обезбеди време за емитување за премиерот или за некој друг министер. Во такви околности, неопходно е исто така да се земат предвид барањата на лидерите на главните опозициски партии за одговор на таквиот настап. „Би-Би-Си“, како радиодифузна компанија, го има последниот збор за прифаќањето на таквото емитување во однос на усогласеноста со соодветните законски и други стандарди.

Кое било барање за емитување настап на министер или за одговор на таквиот настап на министер, мора да биде веднаш упатено до главниот советник за политика.

Избори

Емитување за време на избори

10.4.16 Посветеноста на „Би-Би-Си“ кон непристрасност и правичност е под силен надзор особено кога се известува за изборните кампањи. Постои веројатност дека политичките партии ќе бараат да вршат влијание врз уредничките одлуки.

Оние кои ја подготвуваат програмата и продуцентите на друга содржина треба сериозно да ги сфатат сите приговори и да бидат свесни дека сѐ што ќе биде кажано од нивна страна може да се смета за „политика на ‘Би-Би-Си’“. На оние кои ги поднесуваат приговорите, треба да им се објасни дека општите приговори или наводи за пристрасност мора секогаш да бидат разгледани на повисоко ниво, и потоа приговорот треба соодветно да се упати.

10.4.17 Ние треба да ги носиме уредничките одлуки, и да ги одбраниме, врз основа на тоа дека тие се разумно и внимателно донесени, со соодветна непристрасност. За да се постигне тоа, мораме да обезбедиме дека:

- оценките во вестите и понатаму се одредени од уредничките одлуки во програмите засновани на вести;

- оценките во вестите во време на избори се прават во рамки на демократска дебата со што се обезбедува дека се дава соодветна тежина на слушањето на ставовите и разгледувањето и оспорувањето на политиките на сите партии. Значајните помали партии треба исто така да бидат покриени за време на кампања;

Page 110: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

109

- кога продукцијата е наменета за целото ОК, ние сме свесни за различните политички структури кај четирите нации на Обединетото Кралство и дека тие се одразуваат во емитувањето на изборна програма за секоја од нациите.

10.4.18 Начинот на кој се постигнува соодветна непристрасност помеѓу партиите ќе се разликува, и тоа во зависност од форматот, производот и продукцијата. Тоа може да се направи со една единица, една програма или серија програми и единици, или во текот на целата кампања. Меѓутоа, продуцентите на програмата и содржината мора да преземат одговорност за постигнување соодветна непристрасност во нивната продукција и да не се потпираат на друга содржина или сервиси на „Би-Би-Си“ за да се исправи или надомести нарушениот баланс за нив.

Известување за кампањи за избори и референдум во ОК

10.4.19 Согласно со законот, од „Би-Би-Си“ се бара да усвои кодекс на практика за секои избори, со кој се уредува учеството на кандидатите за секоја избирачка единица. Притоа, од „Би-Би-Си“ се бара да „ги земе предвид сите ставови кои ги има искажано Изборната комисија“.

Упатствата за известување од избори и референдум на ТВ, радио и онлајн, вклучително и форум за дискусија на интернет, ќе бидат изработени од страна на главниот советник за политика, кои се потоа договорени со „Би-Би-Си“ Траст и објавени пред секоја кампања.

10.4.20 На денот на гласањето, „Би-Би-Си“ заедно со останатите радиодифузери, ќе прекине да известува за кампањата од 06.00 сè до затворање на гласачките места. Известувањето ќе биде ограничено на неконтроверзни известувања за факти, како што се гласањето на политичарите во избирачките места или, пак, извештај за временската прогноза. За одредени теми кои биле проблематични или кои биле дел од кампања, или други контроверзни прашања кои се поврзани со изборите, не смее да се известува на денот на гласањето, за да се осигура дека за ниеден дел од продукцијата на „Би-Би-Си“ не може да се каже дека влијае на гласањето додека се отворени избирачките места.

Анкети, истражувања и гласања

10.4.23 Кога се известува за резултатите од некое истражување, особено кога се резимираат информациите, публиката мора да може да верува дека новинарството, кое стои зад она што го слуша и гледа,

Page 111: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

110

е динамично и дека истражувањето е веродостојно и корисно и дека јазикот кој се употребува е доследен и исправен. Таквата прецизност, јасност и кредибилитет се онолку важни кога известуваме за „анкети“ и „истражувања“ колку и за целото наше новинарство.

Кога нарачуваме свои „анкети“ и „истражувања“, и во нив инвестираме со авторитетот на „Би-Би-Си“, од уште посуштинско значење е публиката да биде во можност да верува во она што го кажуваме и да може да се потпре на доброто расудување за релативната важност.

Нарачување анкети

10.4.24 Кога таквите анкети се нарачани од наша страна и кога дисеминацијата на таквото истражување се врши во име на „Би-Би-Си“, притоа методологијата и податоците како и прецизноста на јазикот мора да бидат прифатени од најкритичната јавност.

10.4.25 Мораме да внимаваме дека анкетите кои ги нарачуваме не се користат за да укажат на одреден став на „Би-Би-Си“ за одредена политика или проблем. Од особена важност е анкетата на „Би-Би-Си“ да не се користи за да ја го подразбира интервенирањето на „Би-Би-Си“ во дадена расправа.

„Би-Би-Си“ ретко нарачува анкети за намерите на гласачите или, пак, за други укажувања за поддршката за политичките партии. Кој било предлог да се нарача анкета која се однесува на добивање примерок за поддршка на политичките партии или намерите на гласачите, мора претходно да се упати до главниот советник за политика за да се добие одобрение.

10.4.26 Вообичаено треба да избегнуваме заедничко спроведување анкети со други организации, бидејќи честопати тие со себе носат одредени проблеми заради непристрасност во нивното претставување.

10.4.27 Особено треба да бидеме внимателни при нарачувањето на анкети во кои се бараат ставовите на децата и младите луѓе. Притоа, совет секогаш треба да се побара од главниот советник за политика.

10.4.28 Особен ризик постои во однос на перцепцијата за нашата непристрасност доколку анкетата е нарачана од „Би-Би-Си“ и притоа е спроведена, но не е искористена, особено за прашања на јавните политики, политичка и индустриска расправа, или кои било други „контроверзни теми“. Тоа може да доведе до тврдења дека резултатите не успеале да се сложат со ставот на „Би-Би-Си“

Page 112: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

111

или, пак, со определениот наратив. Пред да се донесе таква одлука, треба да се консултира главниот советник за политика.

10.4.29 Кој било предлог да се нарача анкета за прашања поврзани со јавните политики, политичка или индустриска расправа, или која било друга „контроверзна тема“ за кој било сервис на „Би-Би-Си“, тоа мора да биде упатено до главниот советник за политика. Технички совети, на пример за дизајнирањето на прашањето, се достапни од единицата за политички истражувања.

(Види Дел 4 Непристрасност и разлики во мислењата: Контроверзни теми)

Методи на анкетирање

10.4.30 Анкетирањето обично се спроведува лично или преку телефон. Некои компании спроведуваат анкети на интернет. Бидејќи се одвиваат дебати во однос на доверливоста на анкетите на интернет, кој било предлог да се нарача анкета преку интернет на некоја тема, треба да биде упатен до главниот советник за политика.

Известување за анкетите

10.4.31 Кога се известува за наодите од анкетите (особено анкетите за намерите на гласачите во ОК), независно дали се нарачани од „Би-Би-Си“ или од други:

Не треба да емитуваме билтен со вести или програма само со резултатите од дадена анкета.

Резултатите од анкетата не смеат да бидат насловни вести освен доколку тоа не поттикнало одредена сторија која сама по себе заслужува да се најде во ударните вести и притоа е неопходно да се упати на наодите за сторијата да биде логична.

Вообичаено треба да известуваме за наодите од анкетите во контекст на трендови и тоа секогаш треба да го правиме кога известуваме за анкети за намерите на гласачите. Таквиот тренд може да се состои од резултатите од сите големи анкети спроведени во одреден временски период или може да биде ограничен на промените во наодите на еден анкетар. Со посебно внимание треба да се постапува со резултати од анкети кои се спротивни на трендовите и притоа не постои убедливо објаснување за тоа.

Не треба да се служиме со јазик со кој се им дава поголем кредибилитет на анкетите отколку што тие го заслужуваат. На пример, можеме да кажеме анкетите „предлагаат“ и „укажуваат“, но никогаш „докажуваат“ или дури „покажуваат“.

Page 113: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

112

Вообичаено не треба да се потпираме на толкувањето на резултатите од анкетата од страна на организацијата или публикацијата која ја спровела анкетата или, пак, која ја нарачала.

Ние треба да известуваме за организацијата која ја спровела анкетата и организацијата или публикацијата која ја нарачала анкетата, како и за прашањата, резултатите и големината на примерокот. Тие информации, исто така, треба секогаш графички да се прикажат на телевизија и на интернет.

Вообичаено треба да известуваме за датумите кога е спроведена теренската работа и тоа да го вклучиме во графичкиот приказ на телевизија или на интернет, а вниманието да го привлечеме на настани кои можеби имале значително влијание врз јавното мислење откога била направена анкетата.

Вообичаено треба да известуваме за тоа дали анкетирањето на испитаниците било направено лично, преку телефон или преку интернет.

Ние треба да известуваме за очекуваната маргина на грешки во анкетите за намерите на гласачите доколку јазот помеѓу опонентите е во рамките на таа маргина. Графичкиот приказ кој се објавува на телевизија и онлајн треба секогаш да ја покажува маргината на грешки.

10.4.32 Доколку постојат сомневања во однос на методологијата и искреноста на оние кои ја спровеле анкетата, на пример компании кои се нови или имаат седиште во странство, ние треба или да ја одразиме соодветно таквата скептичност во начинот на кој известуваме за резултатите, или треба да разгледаме дали податоците се доволно веродостојни за да се вклучат во продукцијата на „Би-Би-Си“. Доколку постојат сомненија, секогаш на располагање се советите од раководителот за политички истражувања.

10.4.33 Дури и кога една анкета била соодветно нарачана, треба да внимаваме да не се служиме несоодветно со елементите на истражувањето, на пример, преку извлекување заклучоци од премали подделови на испитаниците.

10.4.34 Секогаш треба да имаме на ум дека дури и соодветно спроведено истражување од страна на доверлива компанија може да биде погрешно. Кога известуваме за резултатите од анкетата, независно колку убедливо може да изгледа или кој е ставот на останатите медиуми, ние секогаш треба да се запрашаме колкав дел од остатокот од нашата сторија, и нејзината важност, зависат од точноста на анкетата. Треба

Page 114: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

113

да имаме на ум, исто така, дали степенот на скептичност која ја има во јазикот и во насоката на нашето известување ќе биде доволно разделен од истражувањето, доколку последователно точноста на таквото истражување стане дискутабилна.

Онаму каде што резултатите од анкетата изгледаат дека се надвор од очекувањата, или предлагаат нешто ново или посебно, треба особено да внимаваме дека тоа нема да добие несоодветна тежина во отсуство на веродостоен тренд.

Анкети во време на избори

10.4.35 Упатствата за избори за секоја кампања, кои ќе бидат договорени од „Би-Би-Си“ Траст и издадени од главниот советник за политика пред почетокот на секоја изборна кампања, ќе вклучуваат конкретни упатства за работењето со анкети во време на избори.

Ниедна анкета не треба да се објави на денот на изборите додека не се затворат избирачките места, или доколку станува збор за европски избори, потребно е сите избирачки места ширум Европа да бидат затворени.

Истражувања

10.4.36 Истражувањето, наспроти анкетата, вообичаено се однесува на помала и конкретна група. Тоа може да биде на група поединци (како што се носители на избирачки листи, пратеници и универзитетски вицеканцелари) или на група организации (како што се здравствени трустови, FTSE 100 компании и локални власти).

Истражувањата, како што се оние кои се однесуваат на конкретни групи со дефиниран број како пратеници или здравствени власти, треба да ги спроведуваме внимателно и никогаш не треба за нив да известуваме како за анкети.

Доколку ја информирате публиката дека истражувањето било нарачано од „Би-Би-Си“, тие мора да имаат доверба дека постои ниво на статистички кредибилитет со кој се оправдува какво било тврдење или претпоставка за тоа колку е репрезентативно истражувањето.

10.4.37 Кој било предлог за нарачка на истражување на „Би-Би-Си“ за прашања од јавната политика, политичка или индустриска расправа, или која било друга „контроверзна тема“, мора да биде упатен до раководителот за политички истражувања и до главниот советник за политика, кои треба да дадат одобрение доколку истражувањето вклучува пратеници, членови на Шкотскиот парламент, член на Националното собрание на Велс, член на законодавниот дом на Северна Ирска или член на Европскиот парламент.

Page 115: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

114

За истражувањето мора да има:

- дефинирана и финализирана група, чии мислења, политики или однесувања се анализираат;

- нумерички параметри кои се однапред договорени, како што е прифатлива минимална стапка на одговори;

- договорена методологија, вклучително и прашања кои се соодветно дефинирани и доследно поставени;

- внимателно избран јазик при известувањето за резултатите за да се обезбеди дека не постои ниедно тврдење кое не може да се поткрепи со податоци;

- јасни упатства за останатите редакции на „Би-Би-Си“ (вклучително и канцеларијата за прес) кои може да известуваат за исходот, притоа обезбедувајќи дека приспособувањето на јазикот за друга публика не го менува значењето ниту ги преувеличува тврдењата од оригиналното истражување.

10.4.38 Ние не смееме да ја наведуваме публиката на погрешно мислење во однос на статусот на информациите кои се содржани во истражувањето. Кога известуваме за резултатите, треба да се служиме со точниот број испитаници, а процентите треба да се употребуваат со внимание и само во контекст.

10.4.39 Во однос на перцепцијата на нашата непристрасност доколку истражувањето било нарачано од „Би-Би-Си“ и спроведено, но не и искористено особено за прашања на јавната политика, политичка или индустриска расправа, или која било друга „контроверзна тема“, тоа може да наведе кон тврдења дека резултатите не се сложуваат со ставот на „Би-Би-Си“ или бараниот наратив. Пред да се донесе таква одлука, треба да се консултира главниот советник за политика.

(Види Дел 4 Непристрасност и разлики во мислењето: Контроверзни теми)

10.4.40 Треба да применуваме соодветна скептичност кога известуваме за резултатите од истражувањата кои се нарачани или спроведени од други организации и, онаму каде што е неопходно, да вклучува опис на применетата методологија. Потребно е да се посвети внимание, особено при продукцијата на вести, да не се известува за такви истражувања на начин кој ќе ја наведе нашата публика да верува дека тие се поробусни отколку што се.

Фокус групи и панел-дискусии

10.4.41 Ние не смееме да имплицираме дека ставовите од панел-дискусиите, независно колку внимателно се избрани, ги претставуваат ставовите на целата популација, и тие не смеат да се

Page 116: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

115

користат како начин да се направи обид да се процени партиската поддршка на електоратот.

Панел-дискусиите или фокус групи, кога ќе бидат соодветно избрани, може да се користат за да се провери зошто се одржуваат одредени ставови, а не степенот до кој тие ставови се задржуваат.

Кој било предлог да се нарача одржување на фокус група за прашања од јавните политики, политички или индустриски расправи или која било друга „контроверзна тема“, треба да се упати во раните фази до главниот советник за политика, а методологијата треба да се провери со единицата за политички истражувања.

(Види Дел 4 Непристрасност и разлики во мислењата: Контроверзни теми)

Телефонско, СМС и онлајн гласање и други неофицијални гласања

10.4.42 „Неофицијалните гласања или анкети“ – вклучуваат телефонско, СМС и онлајн гласање – и немаат статистичка или нумеричка вредност.

Тие може да бидат ефективна форма на интеракција со публиката, да илустрираат дебата, но треба да се користат само со експлицитно упатство за да се појасни на публиката дека тие се по сопствен избор на публиката и не се репрезентативни или научни. За таквите гласови обично не може дури ни да се каже дека се репрезентативни за публиката на таа програма или веб-страница, туку тие се репрезентативни само за оние кои одлучиле да учествуваат. Тоа се применува дури и кога постои голем одѕив.

Во нашите програми на нив не треба да се упатува како на „анкети“. Терминот „неофицијално гласање или анкета“ сам по себе погрешно се разбира и вообичаено треба да се избегнува во нашата програма.

10.4.43 Резултатите може да се дадат во контекст на дадената програма во однос на конкретните бројки или како проценти доколку тоа е соодветно на големината на одѕивот. Меѓутоа:

- резултатите не треба да се емитуваат во билтените;

- ние не треба да бараме публицитет за резултатите надвор од конкретната содржинска област за која е спроведено гласањето. Резимето на онлајн или СМС-гласање може да се претстави на ТВ или радиопрограма, на веб-страница или на блог со кои таквото гласање е поврзано, но за тоа не се известува на

Page 117: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

116

друго место во вестите, на друга ТВ или радиопрограма, на друга веб-страница на „Би-Би-Си“ или во соопштенија за медиумите;

- кога во различно време се спроведуваат неофицијални гласања за иста тема, резултатите не смеат да се презентираат на начин кој укажува на постоење тренд;

- неофицијалните гласања не треба никогаш да се користат за да се прибираат сериозни информации за поддршката на политичките партии.

10.4.44 Особено треба да бидеме внимателни околу користењето на неофицијалните гласања за контроверзни прашања кои се ранливи за особено организирани групи кои вршат притисок. Нивната способност да влијаат на исходот, дури и кога јасно се наведува дека таквите гласови не се репрезентативни, има потенцијал да му нанесе штета на „Би-Би-Си“.

10.4.45 Кој било предлог да се нарача гласање за прашања од јавните политики, политички или индустриски расправи или која било друга „контроверзна тема“, треба да се упати до главниот советник за политика. Доколку станува збор за веб-страница која не е на англиски јазик, предлогот мора да биде упатен до главниот советник за политика и релевантниот раководител за регионот на Светскиот сервис или националниот директор.

(Види Дел 4 Непристрасност и разлики во мислењата: Контроверзни теми)

10.4.46 Секој кој предлага да се спроведе телефонско, СМС или онлајн гласање, мора да се упати кај единицата за интерактивни технички совети и договори (ITACU) и да се комплетира соодветниот процес на одобрување.

(Види Дел 17 Интеракција со нашата публика: ITACU)

Vox Pops - Интервјуирање граѓани

10.4.47 Секогаш треба јасно да се наведе дека интервјуирањето на граѓаните претставува само некои од аспектите на аргументот и тоа не дава укажување за тежината или длабочината на мислењето.

Интервјуирањето на граѓаните за политика или прашања од јавните политики мора да се уреди на начин на кој точно и прецизно ќе се претстават оние чии мислења биле побарани и да се вклучи соодветен број ставови.

Page 118: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

117

НАЦИОНАЛНО ЈАВНО РАДИО (NATIONAL PUBLIC RADIO - NPR)13

ШТО ПРЕТСТАВУВА МРЕЖАТА НАЦИОНАЛНО ЈАВНО РАДИО (НПР)?

Мрежата Национално jавно радио (НПР) е медиумска организација која обединува 959 независни радиостаници од Соединетите Американски Држави (САД), кои произведуваат и емитуваат вести, информации и музичка програма. Гласот на НПР достигнува до 26,4 милиони слушатели неделно. Програмите на мрежата достигнуваат до повеќе граѓани отколку вкупната циркулација на најдобрите национални весници.

Мрежата во последната деценија прераснала од секундарен во примарен извор на вести, со десетина бироа во САД и низ светот и 300 медиумски работници (репортери, дописници, уредници, продуценти и блогери) кои работат од Њујорк до Шангај и Кабул.

НПР известува во етерот и на интернет, давајќи пример за независно новинарство што истражува и емитува различни перспективи. И покрај тоа што во САД претставува значаен

13 NPR Guiding Principles. Достапно преку: http://ethics.npr.org/wp-con-tent/uploads/2012/02/NPR-Guiding-Principles-2.22.2012-Final-Edition.pdf

Page 119: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

118

радиосервис, НПР се препознава и како лидер и во дигиталната сфера. Во последните две години целокупната редакција на НПР учествувала на различни обуки, со цел да се овозможи успешна транзиција кон мултимедијалните платформи.

Радиостаниците кои се дел од оваа мрежа се распространети на различни дигитални платформи со апликации за iPhone, Android и iPad, а информациите може да се следат и на Твитер, Фејсбук, но и на сопствената веб-страница NPR.org.

Финансирање на НПР

Иако називот на мрежата е Национално јавно радио, сепак, НПР не е јавен сервис, ниту, пак, јавна телевизија. Сепак, некои радиостаници функционираат и како јавен сервис, но и како дел од мрежата. Овој текст е поместен во главата за јавен сервис, бидејќи членките на НПР се финансираат главно од претплатата од слушателите, кои се најсигурниот извор на средства, но во некои случаи и од владите во различните држави на САД.

Радиостаниците добиваат поддршка од различни извори, вклучувајќи:

• придонеси од слушателите;• корпоративни спонзорства;• индиректна или директна поддршка од универзитетите;• грантови и подароци;• грантови од Корпорацијата за јавна радиодифузија; и• во некои случаи од државните и од локалните власти.

Извор: www. http://www.npr.org/about/support/

Page 120: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

119

Интересно е што финансирањето од државни извори е суштинско за сервисите на јавното радио наменети за американскиот народ. Финанасирањето од овој извор е клучно за станиците и за програмските продуценти, вклучувајќи го и НПР. Радиостаниците, всушност, се финансираат од комбинација на јавни и приватни извори и потоа им плаќаат на НПР и на останатите продуценти кои прават програма за јавното радио. Доколку запре финансирањето од државните извори, тоа би ја намалило можноста на радиостаниците да ѝ плаќаат на мрежата за програмирање, што би влијаело негативно на НПР генерално. Тоа би резултирало со помалку програма, помалку новинарство – особено локално новинарство – и евентуално затворање на радиостаниците, особено во руралните и економски посиромашните заедници.

ВОДЕЧКИ НАЧЕЛА НА НПР(селектиран извадок)

И ова се стандардите кон кои ќе се придржуваме.

Нашата мисија

Мисијата на НПР, во партнерство со членките станици, е да се создаде публика која е поинформирана, која е предизвикана и зајакната преку темелното разбирање и ценење на настаните, идеите и културата во САД и ширум светот. За таа цел, NPR известува, продуцура, прибира и дистрибуира вести, информации и друга содржина кои ги исполнуваат највисоките стандарди на јавниот сервис во новинарството и културното изразување.

Наши водечки начела

НПР во својата основа е новинска организација. Содржината на нашите вести, независно дали на радио, веб или во која било форма, мора да го содржи највисокиот квалитет и мора да го зајакне нашиот кредибилитет. Ние сме горди на нашиот занает. Нашето новинарство е прецизно, правично и целосно колку што тоа е можно. Нашите новинари ја вршат својата работа на чесен начин и со почит, и тие се борат да бидат независни и непристрасни во нивните заложби. Нашите методи се транспарентни и ние ќе бидеме отчетни за сè што правиме.Ние се држиме до високите стандарди кога известуваме за оние кои служат и влијаат на јавноста. Не смееме да бараме помалку од себе. Новинарството е секојдневен процес на создавање на повистинита

Page 121: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

120

слика за светот. Секој чекор од овој процес – од известување, уредништво и сè до презентирање на информациите – може или да ја зајакне или да ја разјаде довербата на јавноста во нас. Ние работиме напорно за да ја заслужиме таа доверба и да ја заштитиме.

Намерата е овие начела да нè предводат во нашето новинарство, како во начинот на кој работиме, така и во начинот на кој тоа се гледа, за да си помогнеме да ја заработиме и зачуваме довербата на јавноста. Овие начела постојат не само да се даде одговор на прашања, туку уште поважно да се постават тие прашања. Преку редовни дискусии и дебати за тоа како овие начела се применливи во нашата работа, ние ќе создадеме новинарство кое го заслужува името на NPR и јавноста на која ѝ служиме.

Прецизност

Нашата намера е да ја пласираме вистината. Од клучно значење е внимателно да се проверува. Ние посветуваме особено внимание за да обезбедиме дека изјавите за факти во нашето новинарство се исправни, но и дека се во вистинскиот контекст. При нашето известување, ние силно ги оспоруваме како тврдењата на кои наидуваме, така и претпоставките кои ги создаваме. Нашите ресурси и нашите вештини ги посветуваме на презентирањето на целосната верзија на вистината која можеме да ја испорачаме, давајќи најголема вредност на информациите кои самите сме ги собрале и потврдиле.

Правичност

За да се каже највистинитата можна приказна, од суштинско значење е да постапуваме со оние кои ги интервјуираме и за кои известуваме со совесна исправност, предводени од духот на професионалноста. Ќе ги вложиме сите напори да добиеме одговор од оние кои се изложени на критика, неповолни наводи или други негативни тврдења во нашите стории. Она што ние го емитуваме и поставуваме онлајн е уредено од аспект на време и јасност. Секогаш кога цитираме, уредуваме или толкуваме што луѓето кажуваат, нашата цел е да бидеме верни кон нивното значење, така што нашите стории ќе им звучат вистинито на оние кои ги интервјуираме. Во сите наши приказни, особени кога станува збор за контроверзни прашања, се стремиме да ги разгледаме најсилните аргументи што можеме да ги најдеме од сите страни, барајќи да доловиме нијанси и јасност во значењето. Нашата цел не е да ги задоволиме оние за кои известуваме или да продуцураме стории кои изгледаат избалансирани, туку да ја најдеме вистината.

Page 122: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

121

Целосност

Ние даваме сè од себе да известуваме темелно и да ги раскажеме сториите сеопфатно. Ние секогаш не располагаме со доволно време и простор да кажеме сè што сакаме во една сторија или да го цитираме секој кој сакаме да го вклучиме. Грешките поради пропусти и делумна вистина може да нанесат огромна штета на нашиот кредибилитет, а сториите кои се раскажани без контекстот во кој може целосно да бидат разбрани се нецелосни. Нашето новинарство вклучува разни гласови кои го одразуваат нашето општество и спротивни мислења кои придонесуваат за водење дебата. Кога ќе се најдеме во состојба да не можеме да ги дадеме сите одговори на важни прашања, ние објаснуваме што е она што сè уште не го знаеме и работиме да ги пополниме празнините во нашето известување.

Искреност

Новинарите кои искрено се однесуваат, докажуваат дека се достојни за да им се верува. Во текот на нашата работа, ние сме оригинални и искрени. Ние наведуваме кога ги добиваме информациите од други, и притоа јасно ѝ даваме до знаење на нашата публика кои се изворите на информациите. Избегнуваме хиперболи и сензационални претпоставки. Понекогаш може да поставиме хипотези за да помогнеме да се објаснат проблемите и настаните, но откриваме какво било фабрикување и не ја мешаме фикцијата со нашето известување. Ние ги уредуваме и презентираме информациите на чесен начин, без измами, и ние се идентификуваме себеси како NPR новинари кога известуваме. Само во особено ретки случаи – кога станува збор за јавната безбедност, или кога наште животи се во опасност – може да го разоткриеме нашиот идентитет или намера кога известуваме. Пред да преземеме таков чекор, започнуваме силно да размислуваме и ги разгледуваме сите алтернативи. Потоа, откако ќе ја раскажеме приказната, целосно откриваме што сме направиле и зошто.

Независност

За да ја обезбедиме довербата на јавноста, мораме да дадеме на знаење дека ние првенствено сме верни пред публиката. Кои било лични или професионални интереси кои се во судир со таквата преданост, независно дали тоа така изгледа или е реалност, претставуваат ризик со кој го компромитираме нашиот кредибилитет. Ние сме претпазливи кога на нашите претпоставени и на јавноста им откриваме каде нашата лојалност може да биде поделена – која

Page 123: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

122

оди дотаму што ги зафаќа интересите на сопружниците или други членови на семејството – и кога е неопходно, ние бараме да бидеме исклучени од таквото известување. Во ниедни околности, не ги подготвуваме нашите известувања во насока на лична добивка, да помогнеме на крајниот резултат за NPR или, пак, да ги задоволиме оние кои нè финансираат. Одлуките за она за кое ќе се известува или како ќе ја сработиме нашата работа ги носат нашите новинари, а не оние кои обезбедуваат финансиска поддршка на NPR.

Непристрасност

Нашите искуства и перспективи се вредни средства за нашето новинарство. Ние уживаме право на здрав личен живот, но сепак прифаќаме одредени уникатни професионални обврски и ограничувања. Бидејќи нашите зборови и акции може да го нарушат мислењето на јавноста за NPR, ние се однесуваме на начин кој ја уважува нашата професионална непристрасност. Ние имаме свои мислења, како и сите други луѓе. Но, јавноста заслужува известување за факти и анализа заснована на информации без притоа нашите мислења да влијаат на она што тие го гледаат или слушаат. Затоа ние се стремиме кон известување и продуцирање стории кои ги надминуваат нашите предрасуди и постапуваме правично со сите гледишта. Ние агресивно го прифаќаме предизвикот на нашите сопствени гледишта и следиме низа други најразлични перспективи, секогаш со цел да се презентира вистината онолку целосно колку што можеме да ја раскажеме.

Транспарентност

За да поттикнеме доверба во нашето новинарство, од клучна важност е на јавноста да ѝ дадеме алатки со кои ќе може да ја оцени нашата работа. Ние откриваме онолку колку што практично можеме за тоа како сме ги откриле и потврдиле фактите кои ги презентираме. Ние се стремиме да го појасниме пред јавноста процесот со кој носиме одлуки, особено кога се бориме да направиме тежок избор. Ние ги разоткриваме сите релации, независно дали со нашите партнери или финансиери, кои може да изгледа дека влијаат на нашето известување.

Отчетност

Ние преземаме целосна одговорност за нашата работа, и затоа мора секогаш да бидеме подготвени и расположени да одговориме на тоа. Исто како што претпазливоста кон нашите извори ја прави приказната да биде посилна, внимателното

Page 124: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

123

слушање на нашата јавност го прави нашето новинарство подобро. Затоа ги поздравуваме прашањата или критиките од сите вклучени страни и одговараме на тоа според нашите најдобри способности. Грешките се неизбежни. Кога ќе направиме грешки, ги коригираме директно, размислуваме за тоа што се случило и учиме од нив.

Почит

Секој оној кој е засегнат од нашето новинарство заслужува да биде третиран со достоинство и сочувство. Ние сме учтиви со нашите постапки и зборови, избегнувајќи ароганција и надменост. Ние слушаме кога другите зборуваат. Кога поставуваме тешки прашања, тоа го правиме за да добиеме одговор – но не конфронтации. Ние сме сензитивни кон разликите во ставовите и културите. Ние ја минимизираме несоодветната штета и особено сме внимателни со оние кои се ранливи или страдаат. И за сите оние субјекти кои се дел од нашето известување, ние сме внимателни за нивната приватност кога ги исполнуваме нашите новинарски обврски.

Извонредност

Нашето новинарство е највредно кога важната вистина ја спојуваме со привлечен наратив. Ние сме особено горди на мајсторството со кое ги раскажуваме нашите стории и квалитетот на зборовите, звуците и сликите кои помагаат да го расветлиме светот. Нашето уредништво подразбира да се додаде влијание и јасност кон нашето новинарство – и никогаш тоа да не одговара на одредена пристрасност или извртување на вистината. Ние не дозволуваме сензационализмот да го затскрие она што е значајно. Ние сакаме да раскажуваме приказни кои се издигнуваат над претераната чувствителност и секојдневието, притоа избегнувајќи површна сентименталност. Пред сè, ние даваме сè од себе за да ја пренесеме вистината на верен и моќен начин.

Преточување на начелата во практика

Ние ќе ги исполниме високите стандарди кои ѝ ги должиме на јавноста доколку се придржуваме кон нашите начела. За да се направи тоа, потребно е да ја прифатиме комплексноста и континуирано да ги обмислуваме тешките одлуки. Иако овие начела се зајакнуваат едни со други, честопати постои тензија помеѓу нив. Во сите ситуации, ние ги балансираме едни со други, притоа борејќи се да ја почитуваме нашата мисија.

Овој исказ има за цел не само да послужи како водич, туку

Page 125: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција

124

исто така да поттикне дискусија и размислување – кои имаат клучно значење за процесот на носење етички одлуки. Тоа треба да го тестира и да го зајакне моралниот компас кој нè предводи сите нас во нашата работа. Целта е да се поттикне култура која нè принудува и нè зајакнува да ја применуваме нашата совест секој ден. Веруваме дека сите ја споделуваме одговорноста да постапуваме согласно со овие начела.

Page 126: Збирка текстови и практични совети за ефикасно раководење со современа редакција