39

Љубовни приказни

  • Upload
    -

  • View
    248

  • Download
    4

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Збирка песни од членовите на литературната секција при СОУ „Никола Карев“ - Струмица

Citation preview

Page 1: Љубовни приказни

ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ

Page 2: Љубовни приказни
Page 3: Љубовни приказни

Средно општинско училиште„Никола Карев“ – Струмица

Љубовни приказни

Збирка песни од членовитена Литературната секција

Година 19 Свеска 19

Април 2012 Струмица

Page 4: Љубовни приказни
Page 5: Љубовни приказни

3

НизаБојата на векот е најжива во аголот,таа го надмина и самото мастилно небо,во низа се редат зборови од камења,опседнати се со блискоста на својата повлеченост.

Слободната смрт е најтесна во влезот,не се помирува со својата колебливост,оној што влегува во низата без билет,тој вели опседнат сум со својата прогонетост.

Не се исти сите тешки допири,во една низа со голема опсесија,не се исти сите човечки спомени,во една опсесија со зголемена низа.

Веројатно низата разговара со срамот,живее во костумот на својата кожа,ретко кој животот често го споредува,со долга низа на својата опсесија.

Марина Ристова IV2

Page 6: Љубовни приказни

4

Животна срамежливостЗасрами се ти уништено парче живот,ме гледаш во очи, а зад грб ме повредуваш,со што да го споредам засегнатиот поток,личите двајцата на животна срамежливост.

Речникот е преполн со вашето срамување,земете го стихот на чудното сомневање,јас ќе го прочитам вашето смело минато,ќе ја зацрнам мојата животна срамежливост.

Моето лице од вас не се срами,јас често чекорам кон уништена фраза,навикната сум на удари од исушена роза,розата е болна од животна срамежливост.

Од вашето време мојот ум не бега,молчам пред вас, а имам голем успех,ти, животе и твојот смрзнат поток,изгубете се далеку во животна срамежливост.

Марина Ристова IV2

Page 7: Љубовни приказни

5

Дар од БогаТе запознав, те засакав,во средината на срцето те запишав!Колку те сакам,уште колку ли ќе те сакам?

Молејќи се на Бога,Бога ми те подари тебе.Тебе да те сакам и утехаво очите твои да најдам.

Утехата ја најдовтагата ја преболевво душата тебе те носаммојот дар од Бога!

Коље Ѓоргиев III5

Page 8: Љубовни приказни

6

Љубовна приказнаЖивотот те води по темнина,помини и најди ведрина.Разведри го животот својнека се разигра со раскошен бој.Најди светлина која гори,и за неа храбро се бори.Јас тебе те сретнав и...Патот на светлината кон тебе ме води,љубовта моја вечно кон тебе се роди.Светлина си моја сјајнамоја си љубов трајна.

Твојот лик во мене стои,љубовта моја за тебе се крои.Тебе те сакам и никој другти си мојот животен круг.Денот без тебе е темен знај,мигот со тебе вистински рај.Мигот да остане сакам,и вечно цврсто да те држам за рака.И тогаш кога...

Солзи се полнат очиве мои,посветени да бидат твои.Не паѓаат туку така,присутни се бидејќи вечно се сака.Не e грев пролеана солза,во неа има искрена љубовна полза.Срцето мое за тебе е родено,од љубов твоја за секој пат водено.

Габи Кирова II8

Page 9: Љубовни приказни

7

СаканаКако блесок сјаат очите твои;Радоста моја од мене бликаИ кога те нема - надеж за солза радосницаСекогаш ме прати.Те засакав како гулапче мало,И те засакав како да си душа мојаНа господ слуга ќе му бидамАма тебе да те имам!

Коље Ѓоргиев III5

Page 10: Љубовни приказни

8

НадежОловен дожд паѓа, мисли ми брануватмурен ден поцрнет хоризонт покривапорој од капки сребрени паѓаат врз моето челоблесок од молња молсна, сѐ стана белоа јас размислувам, за што ли размислуваммисли празни сѐ околу мене ме збунувасе крши синџирот на животот барам спасникој околу мене каде сум јас,наеднаш соблазно некој ми подаде ракадевојка во бело ја запрашав што саками рече појди со мене каде што сонце бликаја запрашав а ти како се викашми рече јас сум надеж, јас тебе ти требамкога ти е тешко повикај ме ќе дојдам.

Васко Василев IV9

Page 11: Љубовни приказни

9

Над морски бездниГо градиш мојот спокоји поминуваш без глассветулки во ноќтаво ни те барам јассам над морски безднина работ веќе суммилион мисли празнисамо ти си ми во умги имаш моите соништасамо подај рака титивко влези сокриј сево моите прегратки.

Васко Василев IV9

Page 12: Љубовни приказни

10

Што си ако не си љубовЗошто дојде, за да ми го скршиш срцето?За да ме натераш да тагувам?За повторно солзите да заиграатбесен танц на моето лице?За да ме турнеш на дното?За да потонам долу, така длабоко за да ме снема...За да не остане ништо од мене,само една сосема друга фигура?За да почувствувам болка?!Или пак дојде за да направиш од мене нешто ново,нешто што не сум јас?Постоиш за да уништуваш нечија среќа?За да огорчуваш нечиј живот?За да си играш со нечии чувства?За да додаваш сол врз нечии рани?За да нишаниш на нечии слаби точки?За да пустошиш се што ќе најдеш пред себе?Или пак постоиш за да го пронајдеш совршенотои да го доживееш невозможното?

Даниела Алексова III9

Page 13: Љубовни приказни

11

Светлосен обликПогледни како обликот наш свети,молитва раскажува за вечерен прием,се познава крвта што во вените тече,се излева од чувствата и повторно се цеди.

Зошто убавината занемува лесно,па, животе, и ние ли сме патници,свети обликот наш на сенката од песок,трага остава за еден вреден потег.

Земи ги куферите од моите чувства,премногу тежат за јас да ги носам,штом патници сме ние и уметност од среќа,држи го и мантилот на мојот сив раскош.

Вети ми само дека пак ќе ме повикаш,ако случајно некогаш без чувство се разделиме,ние и така, животе, живеевме во едно,живеевме среќно во светлосниот облик.

Марина Ристова IV2

Page 14: Љубовни приказни

12

Зар и ти си дел од нивЛицемерие, маски, завист.Можеби грешам што мислам,но имам длабока причина да мислам.Еве мислам, и ќе мислам.Единствената капка човечност се сли.Се изгуби во просторот.Допре до дното.Некои не забележаа.Но до мене допре звукот на предаденост.Се предаде. Така лесно се предаде.Допре до нечистотијата.Се извалка.Никогаш повеќе нема да биде чиста.Се распарчи.Веќе никогаш нема да биде целосна.Се спушти удолу.Не, нема повеќе да биде високo над сите.Сега припаѓа на еден нов свет.Недоличен за неа.Припаѓа и ќе припаѓа.Нема срам. Нема почит.Нема верба. Нема љубов.А зошто би имало човечност?!

Даниела Алексова III9

Page 15: Љубовни приказни

13

ПобедаОдиш понатаму...Насмевнат, среќен, исполнет, свој...Тотално свој.Во некој свој свет.Мртов свет.Правот ти го забавува дишењето.Маглата ти го заматува видот.Студот ти го одзема гласот.Патуваш...Се наближуваш кон целта.Кон пропаста.Страдаш во себе.Но не се предаваш.А знам... добро знам кој си и што си.Знам зошто не спијам со ноќи.Знам кој не ти дава мир, спокој.Спокој?!Зарем ти заслужи спокој...Не!Тоа сум што сум.Таа сум која што треба да сум.А ти...Дави се. Гуши се. Пропаѓај.Уште само една препрека и победата е моја.Само моја!

Даниела Алексова III9

Page 16: Љубовни приказни

14

Променлива кукавицаШто леташ високо кога пак ќе паднеш ниско,што ги шириш крилјата кога пак ќе ти ги сокршат,не играј си со маглата на мојот сив живот,зошто и ти ќе престанеш воздишка да бараш.

Не ли беше доволно што празно ме познаваше,не ли беше проблемот за што и да преземеше,еднаш зборуваш едно, а друг пат шепотиш друго,колку си променлива ти тешка судбино.

Те мразам и презирам внатре во розовото,испукај како куршум на ластовичен глас,и така ти често со поглед ме убиваше,ти свртувам грб тебе, променлива кукавицо.

Судбино моја, оди си далеко од мене,ведни глава пред човек кој заслужува лага,јас и така се научив како се чува скап бисер,научив да го чувам образот од променлива кукавица.

Марина Ристова IV2

Page 17: Љубовни приказни

15

ЛековиСамо тоа што можам да го доживеам,само тоа вие го нарекувате процес,а онаа што се уште не сум го видела, а ме болитоа нели е за лекување одговорете ми денови.

Штом ме боли душата барам најскап лек,го пијам се додека не престане болката,а кога некој ќе се осмели да ме праша зошто,се однесувам како изгубен куршум од галебов клун.

Лекови сте вие или некој чуден отров,за да си олеснам себе, читам ваше упатство,подобро спречи откако да продолжиш на лечиш,така ми вели времето кој е мојот непријател.

Кому Боже сега јас можам да се обратам,сите се свртени со грбот и се смеат длабоко,никој не ја забележува мојата впечатлива душа,лековите постојат но не се за мојата болка.

Марина Ристова IV2

Page 18: Љубовни приказни

16

ТемнинаСамрак!Тишина!Доаѓа глува темнина...А ти, каде си?Пак глува темнина!Те нема...ги подавам рацете,но не можам да те дофатам.Каде си?Те нема!Пак тишина...Веќе е темнинадлабока глува темнина,А јас пак сум сама со неа.

Силвана Ѓузелова IV1

Page 19: Љубовни приказни

17

Те сакам само тебеТемно е!Есенска ноќ...

Седам во собата сама,а тебе те нема и чувствувам...како да ми велиш:ах, зошто си сама?мила моја...

Срцето ми плаче,а утеха немам

ме носи тагаод љубовта твоја.Те сакам!единствено само тебебиди ми веренединствено мене...

Ивана Стојанова I9

Page 20: Љубовни приказни

18

ОстаниБиди овде уште момент, два.Биди со мене.Дозволи ми да се збогувам со тебе.Дозволи да се фрлам во твојата прегратка,за последен пат.Да се опијам од слаткиот мирис.Да се наситам од твоите бакнежи.Да се предадам на твоите погледи.Дозволи ми.Нежно допри ме.Милувај ме.Поведи ме со страст кон небесата.Заиграј со месечината.Измами насмевка на моето лице уште еднаш.Имај ме.Наскоро ни тоа ќе го нема.Ниту мене ниту тебе. Ниту нас.Сѐ ќе стивне.Ќе се заледи.Сивилото ќе го обои светот во ново.А ти?!Ти ќе си далеку некаде.Среќен или тажен?Сам или со некого?Вљубен или изгубен?Сеедно.Нема да си со мене.

Даниела Алексова III9

Page 21: Љубовни приказни

19

Животот е кратокНемој да бидеш за себе строгподари си важност и живеј ко Бог.Сѐ минува, сѐ се менуваи розата која цути овенува.

Ако сам не знаеш да се цениш,верувај вечно ќе венеш.Не барај поддршка од секого,вистински пријател ти е само некого.Живеј онака како ти најдобро знаеш,животот е краток и нема време да се каеш,изгубеното време не се враќа,но тоа секој покасно го сфаќа.

Еден оган кој гориза светлината негова треба да се бори.Огнот не гаси го со силанаспроти тоа подари му крила -крилјата негови со златен сјај,кога ќе погледнеш во него вистински рај.Немој да ја изгубиш животната светлина која свети,никој таква не може да ти вети.Рајот на вистината не уништувај го,кога ти е најтешко посакувај го.

Не откажувај се...Застани и поддржувај се!

Page 22: Љубовни приказни

20

Човек е една солза која паѓаумира и пак се раѓа.Топла е човечката солза,а уште потопла кога е во вистинска полза.

Знаеш ли во светот колку народи страдаат,колку народ и семејства се распаѓаат:Затоа наместо солза, подари насмевка своја,сигурно некому од корист ќе му биде тоа!

Габи Кирова II8

Page 23: Љубовни приказни

21

КнигаПовторно ги вртам страницитена мојата животна книга,исполнети токму со нашата љубов.Спомени, болка, солзи, замор, неверување...Повторно се предавам на сеќавањето.Не добивам ништо, но губам се...Повторно, повторно и повторноги листам страниците на нашата љубов.Пробувам да ги скинам, но не се кинат.Пробувам да ги избришам, но не се бришат.Ги навлажнувам со врелите солзи и студената пот.Попусто, се е попусто.Поглед кон креветот... Овде спиеше ти...Поглед кон прозорецот... Овде пушеше ти...Поглед кон подот... Овде ме милуваше ти...Поглед кон постелата... Овде ме бакнуваше ти...Поглед кон вратата... Овде се смееше ти...Поглед кон перницата... Ми ја подари ти...Се е твое... Се ти припаѓа тебе и само тебе.Доволно беше само еден збор... крајза да се распарчам...Како да заминав од овој свет.Зошто секогаш кога ја затворам книгата,корицата сама се отвора и ме тераповторно да читам, читам и читам?!

Даниела Алексова III9

Page 24: Љубовни приказни

22

Талкам во местоТалкам во местосо поглед насочен кон земјата.Црна е и сува... Испиена...Проклето неподнослива.Нѐ дели.Претставува граница помеѓу нас.Ја милувам со стапалата,а бесот во мене расне.Гори.Ме јадосува.Ги рашири своите раце и те грабна.Те повлече во бедата,подарувајќи ти само мрак и тишина.Ме остави сама. Потполно сама.Не знаејќи што сум, каде сум...Одвратен миг, соочување со реалноста.Боли. Неизмерно многу боли.Немам иднина.Немам ниту пак сегашност.Сѐ се сврте кон минатото.Ништо нема да е како порано...

Даниела Алексова III9

Page 25: Љубовни приказни

23

ПовторноИ повторно солзата го шара белиот лист,повторно солзата дава влажност на моето лице,ги прочистува моите тажни очи,но не и моето осамено срце...Каде отидов среќната јас?Каде замина онаа насмевка кој ретко ја немаше?..Зошто одеднаш се сменив?зошто одеднаш тоа порано што го ценевсега не го ценам?Како минува времето се менувам и јас…Но што добивам од сето тоа?Повеќе болки, страдања?Чудно чувство!Знаеш едно од тие проклети чувствашто не можеш да ги опишеш...а те убиваат...Колку знае да те надвладее оваа осаменост и тага...ти стануваа како навика, зависност!И како да не можеш да се спасиш...а не бараш спас,зошто знаеш дека го нема...И полека прифаќаш како што е.Оваа моја бедна ситуација воопшто не ми се допаѓа...Како бездна е... која има почеток, а нема крај,Пропаст, која нема површина, а има преболно дно.Мизерија која ја чувствуваш насекаде и секогаш,Која прави празнина,една огромна озонска дупка во градите.Бегаш од среќата, а иташ кон замката со депресија...Се прашуваш што треба да се направи,за да се решат проблемите што режат?Немаш излез, се наоѓаш пред железни порти

Page 26: Љубовни приказни

24

заклучени со клуч на старото „јас”и безброј синџири...Се наоѓаш на средина од холокаустот,На почетокот од хаотичните мисли,Кои те излудуваат сѐ повеќе и повеќе...Бараш личност, што ќе ти подаде рака,Или клоца но само да те дигне...Јас знам дека ќе помине... но до тогаш?Само ќе гледам да вратам еден мал делод загубената среќа...или барем да направам само така да изгледа!

Милена Косиќ III9

Page 27: Љубовни приказни

25

МинатоКаква приказна си ти реалност без верување,каков сон си ти поддршка без олеснување,кога чекореше да ме достигнеш мене,мислеше ли ти минато на изгубеното време.

Јас ги листев страниците на изгубениот чин,внатре во суштината ти беше голем џин,никој никогаш не би те поднел кукавички,вие со судбината се однесувате нечовечки.

Сега боли тој чад што тешко го вдишуваш,те допира до градите па твојот траг го лишуваш,а како беше со мене толку ладен и збунувачки,кога јас те сметав за минато, а толку заплашувачки.

Минато да те напишам редови ќе немам,оди си додека мастилото го земам,ќе тагуваш ако со израз не те заклучам,само така верувај засекогаш ќе те замолчам.

Марина Ристова IV2

Page 28: Љубовни приказни

26

ЉубовПовторно се смешкам онака од срце,повторно можам да го почувствуваммирисот на љубовта и вкусот на страста.Сега можам да вдишам без да се плашамдали тоа ќе ми биде последниот здив.Ја чувствувам повторно природата,нејзините допири, нејзините опојни магии,ѕвездите никогаш не биле толку сјајни и толку близу,дрвјата никогаш порано не играле толку занесноод музиката на ветерот,сонцето никогаш порано не беше толку весело,бојата на љубовта никогаш не била толку црвена.Моите очи одамна не беа исполнети со среќа,мојата насмевка веќе не е лажна,моите зборови не се само зборови,всушност се многу чувства, малку зборови...ете размислувам како да го опишам сега тоа:кога здивот ќе ти застане, а погледот ќе се вкочани,кога телото ќе трепери и ќе не може да се смири,кога гласот ќе замре и ќе нема потреба од зборови,кога ќе бидеш сигурна дека празнината меѓу прститебила создадена за токму тој да биде вистинскиотшто ќе ја исполни, кога ќе бидеш тажна и разочаранатој да биде причината да продолжиш....кога нема да е до тебе, а сѐ уште ќе ја чувствувашнеговата заштитничка прегратка и врелиот бакнеж.И кога секогаш ќе ги затвориш очите ги гледашнеговите очиња во боја на лешник...Како би го опишал ти сето тоа?Јас ќе пробам да бидам кратка и ќе речам: љубов!

Милена Косиќ III9

Page 29: Љубовни приказни

27

Мед и јаболкоЕдна лажица мед споредена со живот,еден гриз од јаболко спореден со судбината,медот лесно се лизга по грлото ба чувствата,а сечилото го сече овенатото јаболко.

Медот е сладок додека го бараш,кога ќе го пронајдеш тој веќе е вкусен,штом ќе го вкусиш веќе не е потребен,тој е добар за луѓето што знаат колку вреди.

Сечилото го нурнуваш длабоко во јаболкото,сечеш се додека не пушти сладок сок,кога ќе го пресечеш на две еднакви парчиња,гледаш црв го изел и изгасната е желбата.

Медот и јаболкото се најсреќни кучиња,се грижат за себе во својата сочност,слатки сè додека не посакаш да пробаш,кога ги вкусуваш, гориш додека постоиш.

Марина Ристова IV2

Page 30: Љубовни приказни

28

Пак скршенаПак скршена...Од неброено кристално чисти лаги,Потопена во најужасното кралско вино,Пишувајќи со најскапото пенкало...но без инспирација!Бришејќи ги траговите од мизерниот живот,но бесмислено!Оставам траги од гумата...Правејќи реална слика во мојата фантазија,Толку реалистични соништа...И толку човечка вистинска прикриена изопаченост...

Демнат по секој мој чекор како сенка, како одраз воогледало, како рефлексија во вода...

Слатки се како мед. Толку лепливи...И додека се насладуваш... влегуваат под кожа...А срце како лед, како огромна санта мраз.И додека да сфатиш дека си блиско до неаи пробуваш да свртиш...

Отишло сѐ... Едно малечко делче се скршило...Доволно за да потонеш...

Имаат насмевка секогаш. Обична крива линија.Да. Крива е. Буквално крива, за да се скриеладнокрвноста и рамнодушноста! Шминка, руж!Да се скрие бледоста на нивното збрчкано лице!Лицемерна прегратка, а би те претепале до смрт,и би те оставиле полека и бавно да тлееш...Колку слатки зборови, ха! Со спротивно значење,секако!

Page 31: Љубовни приказни

29

Кревка сум, а се чувствував кучка!Осамена сум, а се чувствував безгрижно.Истоштена сум, а бев како извор на енергија!Се чувствувам поспано и желно за сон, а сечувствував како ноќна птица!Бев вистински насмеана, а сега Сѐ...Освен вистински насмеана!СЕ плашам да не станам како нив!Е тогаш сѐ ќе е безвредно...Се прашувам дали тие сечувствуваат така? Или немаат чувства?Барем една добра човечка особина?

Милена Косиќ III9

Page 32: Љубовни приказни

30

Врати ми го живототСтојам сама на облак црн од неволјии се сеќавам на се што некогаш вредеше.Да сакаш е тешко, но да го преболишсаканиот е уште потешко.

Дали да те сакам? Или да те заборавам?Ми го скрши срцето, но тоа повеќе не е важно,Бидејќи она најубавото во животот,може да се добие само по цена на голема болка.

Моето срце е полно со празнина,како јаглен е црно, и од љубовта веќене остана ни трошка.Слободно остави ме,но пред да си заминеш врати ми.Врати ми го животот. Сакам да живеамнеколку години наназад.

Ивана Ѓоргиева I8

Page 33: Љубовни приказни

31

Безнадежна љубовМоето срце чука за тебеМоето тело трепери за тебеМоите усни зборуваат за тебеМојот живот ти го подарив тебеНишто и ништо не оставив за себе.Во ноќта темна ѕвездите шепотеаСамо и само да не плачам ме молеа.Но јас плачев како мало дете...А, месечината тогаш прозбори:,,Вистинската љубов мора да победи’’Но, постои ли љубовта за да победи?Има ли некој да ме утеши?Затоа ли постои љубовта па затоа сме повредени?Има ли некој да ми одговори?Нема...Остана ноќта долгаи мојата безнадежна љубов кон тебе.

Ева Маткова IV6

Page 34: Љубовни приказни

32

Твоето заминувањеЗошто замина баш тогаш кога ми беше сėА ја пиев слатко твојата лагаТебе ти подарив сė,А добив игра и лага.

Зошто замина и ме остави со надеж,А за тебе сонував уште од неодамнаЗошто замина и не погледна назадА бев клекната на колена цели години три.Ништо не гледав освен тебе.

Зошто замина, а знаеше дека тоадоживотно ќе ме пече?!Си продолжи понатаму,а остана меѓу нас многу што да се рече.

Ева Маткова IV6

Page 35: Љубовни приказни

33

Најсветла ѕвездоОблаците алови тајните ги кријатСрцата наши немирно бијат,Сонцето заоѓа, поглед ни краси,Отвора простор, спокој ни носи.А твоите коси блескаат сјајно.За што ли размислуваш моја мила тајно?Очите твои ко морето сино,Усните твои румено вино,Дланките наши споени ко една,Со тебе би поминал длабока бездна.Во мрачниот крстопат патоказ си мој,Најсветла ѕвездо, отсјај сум твој.

Васко Василев IV9

Page 36: Љубовни приказни

34

СодржинаНиза............................................................... 3Животна срамежливост.................................. 4Дар од Бога ................................................... 5Љубовна приказна......................................... 6Сакана ........................................................... 7Надеж............................................................ 8Над морски бездни ........................................ 9Што си ако не си љубов................................10Светлосен облик ...........................................11Зар и ти си дел од нив..................................12Победа..........................................................13Променлива кукавица ...................................14Лекови..........................................................15Темнина........................................................16Те сакам само тебе .......................................17Остани ..........................................................18Животот е краток..........................................19Книга ............................................................21Талкам во место ...........................................22Повторно ......................................................23Минато..........................................................25Љубов...........................................................26Мед и јаболко ...............................................27Пак скршена .................................................28Врати ми го животот.....................................30Безнадежна љубов........................................31Твоето заминување.......................................32Најсветла ѕвездо...........................................33Најсветла ѕвездо...........................................33

Page 37: Љубовни приказни

Литературната секција при нашето училиштедосега ги има издадено следниве стихозбирки:

1994 - Нива, а во нивата плодови1995 - Како нежен ветрец, како росно цвеќе1996 - Желби, солзи и спомени1997 - По стапките на радоста,

во сенката на љубовта1998 - Мирисот на ружите1999 - Од изворот до утоката2000 - Тивки чекори под сонцето2001 - Ноќта ја покрива тишината,

ѕвездите ја плетат судбината2002 - Месечината е сведок

на нашата љубов2003 - Тајни љубовни2004 - Птица што лета над моето небо2005 - Моите солзи се ронат како бисери2006 - Виножито и љубов2007 - Море направено од солзи2008 - Постела од ѕвезди2009 - Нашите сказни2010 - Лозинка за тајната2011 - Низ лавиринтот на љубовта2012 - Љубовни приказни

Page 38: Љубовни приказни

36

Издава:

Средно општинско училиште„Никола Карев“ – Струмица

Директор:Слободан Вета

Уредници:Софија Давчева

Ице БеличевТанка Божинова

Магдалена Ѓоргева

Техничко опремување:Трајан Божинов

Корици: Ленче Герова

Page 39: Љубовни приказни

СТРУМИЦА, 2012, АПРИЛ