40
БРОЈ 6 ФЕВРУАРИ 2014

Ш - Шеста поетска бригада

  • Upload
    izlez

  • View
    239

  • Download
    6

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Шестиот број на книжевниот додаток „Ш“ насловен „Шеста поетска бригада“.

Citation preview

Page 1: Ш - Шеста поетска бригада

БРОЈ 6 ФЕВРУАРИ 2014

Page 2: Ш - Шеста поетска бригада

УРЕДНИЦИЗорица ПеткоскаАфродита НиколоваЈана КолеваАфродита Бојаџиева

лЕктУРаКристина ВелевскаБилјана Ивановска

ГРафИчко УРЕДУвањЕ И ДИзајНИван Дургутовски

за ИзДавачотЗдружение “Студентска организација Излез“

коНтакт[email protected]

фотоГРафИИЉубица Манасиева – страна 8, 30, 31, 32Ерина Богоева – страна 16, 17, 33Славко Попоски – стр. 13

°содржина03» Записник, нов ред, црта 04» БаБушка 05» жица/Њутн 06» Хедстенд/NectariNa 07» KiNgdom 08» the archive 09» Бран 10» петни жили: интервју Холи Мекниш 11» МатеМатика 12» ГурБет/парче Младост 13» Го - не (Го)/МеМенто 14» ЗеМја/јојо 15» коприви/диви коЊи 16» За ѕверот/тивка 17» поМеѓу сонот и јавето /слики - 3 18» тантела/eN-traNce 19» три 20» Мате и среќата 23» тука си 24» doN’t lose your faith iN humaN KiNd 25» неиЗБежности 26» леБдаМ 27» сон 28» чекачот 29» лесновски ѕвона/(не)свест/утринско кафе/сон 33» превод од портуГалски

34» иЗГуБена 35» уБавина 36» цвет 37» Зошто пишуваМ 39» booKworms

Page 3: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

° зорица петкоска

пиши. Да се запамети дека поезијата не е само приспивалка,

туку и химна за марш.

Нов ред, црта. се формира единица за поезија, за проза, за драма.

Напаѓаме воздушно, копнено, поморски, вселенски и од срце.

Нов ред, црта. цртаме со глас, пееме со пенкало, танцуваме со хартија.

Мешана логофилска артилерија. синестезија без анестезија.

Нов ред, црта. сите се наши другари и другарки со сите свои мали

секојдневни борби и сите наши заеднички војни. и сечија пушка

е различна, секоја заклетва поинаква, но исто ни се борат срцата.

Нов ред, црта. има и премногу убавина и премногу неправдина, нема

зошто да молчиме. секој со својата горчина, секој со својата блажина,

дојдете. пишувајте.

Нов ред, црта. Ние, долупотпишаните, горепотпишаните, впишаните,

испишаните, распишаните, ќе се бориме за зборот со збор!

пиши: се формира шеста поетска бригада Ш!

>Записник, нов ред, црта

МУДРУвања 03

Page 4: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

04 МУДРУвања

° афродита николова

Драги читатели и поети,

да ја земеме бабушката за пример. изработена од дрво, боја,

вештина и љубов. Mојата има црвени јагоди, бели цветови, кафеава

коса, зелени очи, розево руменило и темно сина облека. Многу ми

е пријатна за гледање. освен јагодите и формата на цветовите. Ми

сметаа уште од почеток. кога ми ја поклонија, бабушките не ми беа

толку убави и мистични.

сѐ дур не почнав да ги сретнувам како метафори, симболи

или споредби во поезија. секогаш различни и посебни. и сѐ уште

ми имаат непресушна и речиси вродена моќ да мамат нови стилски

фигури. толку многу ме опседнува нивната бизарност, фолклор,

интертекстуалност и секојдневна употреба и живот, што сакам да

си ги патентирам за свој личен предмет на инспирација (барем на

одредено време, за некој друг да не ме ги истроши стилските фигури).

Не ја предложив бабушката за пример поради ова. Туку

поради обратното: песната како бабушка. И за поетот и за

читателот.

Бабушката е тука да ја расклопуваме, на 7, на 15, на 30

сѐ помали и помали кукли. зошто и покрај првото расклопување и

составување, секогаш доаѓа нов ден и момент ова да го повториме?

зошто некогаш ги оставаме отворени сите кукли; или се обидуваме

да му пркосиме на склопувањето и подредувањето според големина

и висина? зошто понекогаш инсистираме да ја отвориме и најмалата

иако веќе знаеме дека не е направена така или мислиме дека не може

да се отвори? зошто ретко се сепнуваме да го вдишеме мирисот на

дрво; или пак да ги допираме внатрешните ѕидови на обработеното

дрво со нерамнини, пукнатини и белези во различни кафеави нијанси

и повеќезначни форми?

Што ако секоја пола кукла беше стих од целата бабушка

песна? зарем немаше да сакате да ја склопите според надворешните

шари, да ја расклопувате и составувате и да ѝ се враќате одново,

драги поети и читатели?

>БаБушка

Page 5: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

коНкУРСот 05ПРЕМЕЃУвања 05

одев низ маалото и собирав парчиња жици. Ги врзав една со друга сѐ дур

не добив една доволно долга и потоа закачив по една конзерва на обете

краја. Му ја дадов еднaта на брат ми, кој требаше да оди во индија на една

година. кога пристигна, жицата таман ни стигна, и нашите гласови патуваа

остро и јасно преку континентите.

Ми кажа оти си ги имал заборавено очилата за читање па ги закачив на

жицата, ја кренав раката и се слизгаа по неа. тој ни прати миризливи

стапчиња, бонбони и чајник во форма на таџ Махал. понекогаш ќе имавме

пречки кога птици ќе слетаа на жицата или некој ќе се се втурнеше во неа.

еднаш еден чвор се одврза на сред и морав да изодам пола пат преку

европа за да го поправам.

порано бевме слободни, меко чекоревме над крошните,

си игравме со летечки метли,

правевме салта преку месечината.

потоа Њутн нѐ научи

за силата што нѐ прицврстува,

донесе закони кои ни забрануваат да се одлепиме од тлото.

Ние секако дека се одлепуваме, ама кога него го нема,

и си паѓаме в место штом влезе в училница.

похрабрите ученици лебдат сантим над столчињата,

се силат кој ќе се крене до таван,

кога Њутн ќе се сврти да напише нешто на таблата.

> жица

> Њутн

° патрик видс препев: афродита николова

° патрик видс препев: Зорица петкоска

Page 6: Ш - Шеста поетска бригада

06 ПРЕМЕЃУвања

„Ш“ органзиираше конкурс за поети од Македонија во соработка

со локалното поетско радио во кембриџ, Хедстенд, водено од

мултиталентираниот англиски уметник, поет и фотограф, патрик

Видс, објавуван во Гардијан и финалист во нацинален поетри слем во

Велика Британија. патрик Видс ја води емисијата од 2007ма година

и досегашни соработници се познатите англиски слемери и поети како

Холи Мекнииш и Џон Хегли.

од пристигнатите осумдесетина песни неговата селекцијата се сведе

на три. трите наградени песни ги најави афродита Николова како

гостин во поетската радиоемисија „Хедстенд“, канал 105, кембриџ,

англија, на 25.08.2013. победниците се:

• 1во место “Archive”, Душко Талевски

• 2ро место “Kingdom”, Сара Јовановска

• 3то место “Nectarina”, Зорица Петкоска

My night is made out of blackberries,

cherries pose as lips,

hips making origami folds,

hold me lest I dissolve,

evolve from paper to flesh,

fresh longings poison my rum,

glum plums paint my eyes,

thighs disguised and skin bittersweet,

meet my cinnamon fingers,

linger in the aftertaste,

waste the dawn bite by bite.

> NectariNa

° Зорица петкоска

ФЕВРУАРИ 2014

Page 7: Ш - Шеста поетска бригада

Nobody remembers it anymore,

but there used to be a village,

where grandparents and grandchildren

went to spend the summer and winter months

together.

Here the children roamed free.

They would eat dandelions for breakfast,

and make tea from rose petals,

and the boys would let the girls

paint their fingernails.

But one by one,

their grandfathers and grandmothers

would drop dead

like the trees in our yard,

which my own grandmother said

needed to be cut down

as they had grown too tall.

And the children would sit in the empty houses

and listen to the clocks tick their childhood away,

while waiting for their parents to pick them up.

And they would never, ever return,

because their mothers and fathers had jobs

in the great big cities.

So no one came back to the village,

to paint the fences, or

water the plants, or

mow the lawns, or

cut down the trees,

and eventually, the grass grew so tall

that the village disappeared within it.

But I knew where it was, and I returned.

I nested myself in a place where I used to hide,

under the aging sun

and waited, as the loneliness

and the absence of laughter crept up

within me

and

my kingdom.

KiNgdom

° сара јовановска

Page 8: Ш - Шеста поетска бригада

08 ПРЕМЕЃУвања

ФЕВРУАРИ 2014

Old ambered men,

rotting in vanilla,

are bounded together

and numbered

in open coffins.

And a mist of dust

protrudes through

their wooden prison;

conspiring with the

ever tempting dark

shining from above.

White paper roses bud

below ladders that end

where shadows begin;

there silk webs spread

over this waste of heads

that thrust upwards

towards the bars.

the archive

° душко талевски

Page 9: Ш - Шеста поетска бригада

коНкУРСот 05ПРЕМЕЃУвања 09

Го отвораш устето

и испуштат бран

го оптегаш

од почетниот

мередијан

до ивицата на твојата мисла.

Ја влечеш мислата

од твојот праг

до крајот на улицата.

Броиш чекори

од раните воздишки

до полноќниот крик

на штурците.

Фрлаш камчиња

да го разраниш космосот

во височина

па ги забиваш

удолу

во жешкиот асфалт

Грчи приемот

на радио брановите

некаде помеѓу

осцилациите на

илјадници нишки

проѕирни души.

> Бран

° елиЗаБета кацарова

ПоЕтСКИот НАСтАН 100 ИлЈАДИ ПоЕтИ ЗА ПроМЕНА СЕ оДДржА Во СтруМИцА, НА 28 СЕПтЕМВрИ, 2013 гоД. ПоКрАЈ рЕДоВНото ПоЕтСКо чИтАњЕ, оВАА гоДИНА ЗА ПрВ ПАт БЕшЕ оБЈАВЕН И ПоЕтСКИ АлМАНАх оД ПЕСНИтЕ НА ИЗБрАНИ учЕСНИцИ. Во ПрИлог Е ПЕСНА оД учЕСНИцИтЕ Во ПоЕтСКото чИтАњЕ оД груПА учЕНИцИ оД оСНоВНИ И СрЕДНИ учИлИштА.

Настан: 100 илјади поети за променапесна: Бран

ФЕВРУАРИ 2014

Page 10: Ш - Шеста поетска бригада

Твоите песни и нивната изведба изгледаат многу искрено и автентично. Како почна да пишуваш за општествено-релевантни теми како што е имиграцијата?ХолИ: сите се автобиографски, пишувам само за нешта за кои размислувам, кои ги правам, ги читам итн. Магистрирав на развојни студии и економија, за економските и културолошките последици од имиграцијата. Читав многу за тоа и почнав да се опседнувам со разликата помеѓу истражувањата и насловите во весниците. пишувам толку многу за ова, оти исто толку многу и читав. кога читам книги, секогаш имам многу песни во главата!

Прочитав дека имаш изведувано во градски автобус. Може ли ваквата изведба повеќе да ја доближи поезијата до градот и до луѓето? ХолИ: Мислам дека треба да се биде претпазлив. Би сакала поезијата да биде подостапна, но исто така, многу се грижам да не им ја нарушам приватноста на луѓето. за некои, патувањето со автобус до работа може да биде единственото тивко место или простор да читаат, да одморат, да зјапаат низ прозорецот итн. па затоа, ми беше малку непријатно. Ми паѓа тешко да ја читам својата поезија на места каде луѓето не сакаат. Мислам дека подобар избор би било поетска изведба да се организира на места каде обично има музика, но и овде, сепак, не би одела со класично поетско читање. На пример, меѓу настапи од бендови на концерт, музички програми и сл. сѐ зависи од начинот на кој поезијата се пласира на ваквите настани.

Во Македонија, слем културата не е толку популарна како во Велика Британија. Како би ја опишала слем- културата во ВБ?ХолИ: Да, мислам дека сѐ повеќе се популаризира. сѐ уште сме зад земји како Германија, канада, саД, но сепак е добро! исто така, ми се допаѓа тоа што има многу отворени поетски читања што не се слем. слемовите може да бидат повозбудливи, но и позастрашувачки,особено кога некој така ти ја оценува поезијата. Во Латвија, слемот има дополнителен елемент што го немаме тука. судиите им даваат објаснување на поетите за дадената оцена. ова беше навистина добро. Мислам дека најважно е да не се копира стилот на слемот од другите земји, туку да се биде свој. На пример, некои поетски настани бараат од луѓето да подвикнуваат, да тропкаат со разно разни звуци и сл. како во саД , и публиката во Британија е доведена во непријатна ситуација да ги прави работиве што едноставно не се природни кај нас.

Колку им се важни правилата на слем- поетите? Кои се најчестите ’’грешки“?ХолИ: Што се однесува до правилата, не го надминувајте зададеното време. Вежбајте, ако песната е предолга, скратете ја или изберете друга! и не користете реквизити-музика, шапки или музичари да ве придружуваат. ова не е дозволено! освен тоа, прекрасно е колку разновидни може да бидат слемовите. Некои луѓе читаат три кратки хаикуа, други една песна од 3 минути.

интервју со британската поетеса Холи Мекниш° афродита николова

Page 11: Ш - Шеста поетска бригада

коНкУРСот 05ПРЕМЕЃУвања 11

ФЕВРУАРИ 2014

Ми рече:„т’ибам пакистанците со тие трафиките нивни на секој ќош,нѐ оставија нас Британците без работа, направија пустош“,ми вика, „т’ибам кинезите и т’ибам кинескине продавници“,јас му викам од Виетнам се, ама не му чуе, не држи празници.Го прашувам што имало овде пред дуќанот на Јапонецот,тој ми се ѕвери и буден сонува сон кај што работи Британецот со полна работа, полно работно време пред бродовите да се истовараткога сите, секој ден со полно работно време, оделе да работат.„Британци работеа таму“, вели, „пред да дојдат ирците,а сега се без работа, т’ибам турците, тие се кривците“.Го прашувам од кај знае дека е така, ми вика оти е вистина.Го прашувам од кај знае дека е така, вика прочитал во новина.„секој сомалиец што доаѓа овде ни зема по една работа“, вика,„математиката е еден минус еден, од нас кај нив, чиста логика“,си каснува торта и си пивнува пивце и вика знае што се случува.„T’ибам карибијците, дојдоа и овде луѓево останаа без работа“.Го прашувам што имало овде пред проклетата персиска продавница,му покажувам урбанистички планови со куп празни плацови,му покажувам историски карти,трња, камења, јалова пустелија,една мочана продавница немало дури пакистанците не се доселија.Доста,аман веќе од лоша математикајас сакам малку пресметкитри години студирав економијаи за калкулус сум тата-матаи кога читам заклучоцидека сите новодојденцисамо ни одземаат дневници,ми иде да се дерам„Математиката ви е к’о на прваче“.

оти тие што доаѓаат и потрошуваат,тие што доаѓаат и ти позајмуваат,тие што доаѓаат и се обидуваатда отворат свој бизнис и да напредуваат,а вашите приходи, расходи и пресметки?Не луѓе, туку бројки разгледуваат.во вашите жестоки дискусии забораватена трговијата што ја донесоа полјаците,заборавате на луѓето кои ги вработуваат, не само водоводџии, туку и други работизаборавате на оние од кои купуваат – сметководители, градежници и сѐ така во круг,а за нашата безработица лесно е да се обвини друг.ама имиграцијата не е толку простаи покрај твоите лични пресметки.Демек еден за еден, демек тој или ти,демек тој си оди, па на ред доаѓаш ти,ама некогаш еден дојден прави двајцаи некогаш еден додава уште тројцаи некогаш еден плус два е бројкамногу поголема од тројкаи најчесто имигрантите се многу повеќеод минуси.

> М

ат

еМ

ат

ик

а°

пр

еВ

оД

и п

ре

пе

В: З

ор

иц

а п

ет

кос

ка, и

Гор с

ре

те

но

вс

ки,

ва

ле

нт

ин ј

ан

ков

ск

и

Page 12: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

12 коНкУРСот КоНКурС ПоЕЗИЈА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

по полноќ,

кога само столното ламбиче ми свети,

и сè е одамна во сон

кога во чашата останало уште малку вода

кога чорапите ми се зафрлени

едната на столот, другата наземи

кога килимот ми е изместен влево

а јас сум спружен на креветот

заѕверен во таванот

тогаш паметот ми кинисува на гурбет

и не се знае кога ќе се врати

и дали ќе донесе нешто вредно

> ГурБет

° иГор сретеновски

Во истиот круг. Врз истите бројки.

стрелките повторно се поклопуваат.

Веќе не броиме,

само чувството

дека премногу кругови бесцелно се извртени нè тишти...

Ќе го покриеме огледалото,

Не е битно што сме остареле.

Никој не може да ни го одземе парчето младост што го вдомуваме

- непронајдени сме.

и можеби

сме научиле да уживаме во тоа.

зашто,

кој непропаднат живот нашол потпора во ветерот?

> парче Младост

° јана

Page 13: Ш - Шеста поетска бригада

КоНКурС ПоЕЗИЈА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]автор: Екатерина Панева

коНкУРСот 13

Го вкусуваш,Вдишуваш правот на својата кожасекогаш кога ќе ги исчистиш ранитесо временскиот јод,Но ќе се измачиш и нема да успеешДа ги избришеш лузните од расипаниот тутун. Ги оближуваш стиховитеНа секоја непостоечка или остарена песна,како напукнатите усниспроти поглед извалканод сите вкусовиГорчливи, изронети и заруменети.закоравени. Го продолжуваш краткото,Го скратуваш долгото.Го екстрахираш проѕирното,На слепци – импровизирани од самото раѓање. Го - не го сакаш.Го - не го посакуваш,Ниту очекуваш,Ниту запрашуваш,Ниту размислуваш,Ниту.Го - не го.Го вдишуваш повторно и знаеш.Да имаше кислород, ќе протечеше низ вени. Но не се врзува,Никогаш!Не го врзуваш, не го уживаш. Не – го. Него.Воздухов е загаден.

ако денес се чувствувам ново,дали тоа е утро кон нов ден?

ако утре мислам на денес, дали ќе се заколнам во вчера?

Утре ќе пробам да сонувам, дали ќе живеам во некое

наредно следство или пакќе сонувам за мојата Вчера?

ако постојано заборавам, дали секој момент е утре или вчера?

запишав дека јас ќе се вратам назад,

копнеам по момент и апсолутност а галопирам напред.

Дали ќе успеам да го познаам

стариот чифт патики што мирисаат на претходен чекор

кога ќе го направам следниот?

каде ќе сум јас, а каде ти?еден меѓучекор или воопшто тој и не постои.

Јас сум веќе претходна јас, СЕГА - Јас не постојам.

Подоцна - Јас сум МОЖЕБИ.

МеМенто

Го - не (Го)

Page 14: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

14 коНкУРСот КоНКурС ПоЕЗИЈА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]автор: Зоран Бејковски

постои една шума со трнливи плевели што се хранат со наденати очи.

постои една бодликава шума со растенија што корнат уши.

си постои шумата, обрасната со иглести треви на кои се откинуваат јазици.

Во крвавите крошни на закржлавените месојадни билки

птиците не можат да свијат гнездо – одлетуваат.

Меѓу црвените назабени лисја

живеат слепи животинки,

живеат глуви,

живеат неми ,

живеат одрани животинки.

Дождот повремено им ги мие раните,

снегот ги заздравува онолку колку да бидат живи.

Ветрот, пак, шепотејќи им врз распараните крзна,

во името на таа шума, им кажува „благодарам“.

постои една земја, обрасната со бетонски дрвја,

со лисја од срчи и корења од арматура.

постои една убава земја, која само пожар ќе ја спаси.

Ги поткастри сите капилари, сите артерии и вени,

остави само една малечка

и со едниот крај ја намота на твоите тенки прстиња.

Го намота срцево со другиот,

го пушти силно кон земјата

и почна да си играш.

тоа кутрото, еластично ѝ пркоси на торзијата,

ѝ се противи на гравитацијата

и се надева: кога е најгоре,

кога е најзамотано и најсмотано,

ќе ги бакне твоите медени дланки.

> ЗеМја

> јојо

Page 15: Ш - Шеста поетска бригада

автор: Наташа УрдовскаКоНКурС ПоЕЗИЈА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

> диви коЊисите сакаат мили зајачиња,

ама пак одат по лов на диви коњи.Лудуваат по нивната бујна раскош и убавина.копнеат да ги скротат, да ги направат свои.ама не знаат дека одземајќи им ја дивината,

коњите ги претвораат во питоми зајаци.така всушност и настануваат тие...

помилувај ги, припитоми гии не се веќе диви.

Уште едно зајаче е во кафезот на сопственоста.и потоа нова потрага ли ќе почне?

зошто никако не сфаќаат? Дивите коњи ѝ припаѓаат на дивината...> коприва

Ми го погали срцето со коприва.Ме жеже, ме пече, ме тера да го искорнам.а од мала знам дека жежењето не минува така,само треба да го одболиш болот стрпливо.потоа си како ништо да не било.ама ај стрпи се, кога тоа пусто пече ли пече.си мислам што ли ми требаше тоа голо срце?кога се мавтам околу копривите, барем убаво да се облечев.

коНкУРСот 15

Page 16: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

Ноќта е смела развратна, слепа уличка камен пијана, неверна полна месечина газиена, хулахопка скината истриена, вистина лигава кармин нескриена. а, утро кутро, мамурно.. тивко немо проѕева, голта вчерашнина, мие заби здивови, се колне проколнува, на деној без ноќи развратни, на иднинштина во лавиринт без ѕидови.

Ја читам твојата песнаи растажувам,не бидејќи содржината ме трогнува,туку бидејќи во твоите зборовигледам душа иста како мојата,која не заслужува ни трошка утеха.

tивка

За ѕверот

° елена стреЗоска

° даниел карески

Page 17: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

КоНКурС ПоЕЗИЈА: СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕДНИШТВОТО

тенка е ниткатапомеѓу сонот и јавето,а уште пораскинливи

се очекувањата.кој е тој

што в сон ми вметна надежда ткаам преѓа

на руба непробанаи кој е тој што ме залажува

и ми поистоветува сличностсо твоите коси.

премногу е тенка ниткатаза да ја исткаам надежта

во еден сон.

звуци во тело – мислидождовни капки бавно соблекуваат здолништастиховни капки соблекуваат болка

одамна го заборавив клучниот стихза твоето срце

газиш по долгите косии булеварот како гривасе витка зад твоето тело

месечината на плачотму купила солзиза ноќта да остане влажна

и додека целиот свет постоисамо да се сменијас и ти се среќавамепод грбавите канделбари на срамливиот градтаму, под сенките,таму, на крајот од чекоритена различни улициво исти такви светови

на патот кон патиштатаќе сретнеш нишки тишинии луѓе со наведнат поглед

времето бесплатно ќе те води кон иднинататаму, на некој, ќе мора да му веруваш

> ПОмЕѓУ сОнОт И ЈАВЕтО

> слИкИ - 3

° дончо Мишовски

° БоГољуБ адаМов

ЗорИцА ПЕтКоСКА: песната и самата е како нитка што се провлекува низ една нежна поетска ткаенина. Мотивот ја држи целата песна околу еден стожер, а сепак дозволува конците да играат на страна.

ЗорИцА ПЕтКоСКА: Љубовна, а свежа, песна полна благост. одличен крај со пресврт.

коНкУРСот 17

Page 18: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

18 коНкУРСот КоНКурС ПоЕЗИЈА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

Ми се р ас Ч и НУ В а врвчето тантелаи ми го скокотка мешето.како да сум дознала мала слатка тајна.сакам да ти ја (шепнам)ама ти ќе сакаш да ја разгрнеш сржта.Мораш да откриеш каде косат прамениве далекуводи,а јас ги туткам локнивево клопче.Другпат ќе ти кажам.Не се зборува со полна уста сладост.

> тантела

кога луѓето излегуваат на полноќда ги видат рожбите на полната

месечинаго искривуваш водотекот

на матните реки и ги давиш пламењатаод оние кои те сакале

на инаков начин, одмаздувајќи им се

за наплатната рампана влезот од пеколот.

> eNtraNce

° Мануела Златкова

° аМеонна

АфроДИтА НИКолоВА: концизно срочена песна

со прецизни слики што сакаат да бидат

надреалистични; примањето и препрочитувањето на

нивната поврзаност изродува внатрешен немир и тензија,

смисловна и литерарна.

АфроДИтА НИКолоВА: одлична игра со звукот на песната преку вешта употреба на алитерација, прекршување на стих и загради; песната визуелно не кани да продреме низ богатиот избор на зборови врзани во прецизна мисла.

Page 19: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

КоНКурС ПоЕЗИЈА: СЕЛЕКЦИЈА НА УРЕДНИШТВОТО

три пати побарав снег сношти,три пати сакав да ти пишам

два збораи една чуденка.

три пати сонив замрзната брадаи две густи веѓи,

споени.

три лажни потези,три пати не допреа ко што знаеш.

три пати се обидов да се предадамна себеси,

три неуспеси.

трета буква,три времиња,ти глаголиш,

но низ нив не можам

да те менувам.

три

Моника стојановска

АфроДИтА БоЈАЏИЕВА:

три збора: математика,

граматика и поезија; фино скоцкани во

анафорични стихови со впечатлив крај.

коНкУРСот 19

Page 20: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

20 коНкУРСот КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

таа среда Мате се беше дуздисал к’о за на испит – тегет волнен џемпер, црни

фармерки и темнокафеави патики. само што, овој пат не одеше на испит, ами

надвор, на воздух, со јасна цел однапред зацртана во главата. Необично брадосан

за својата возраст, Мате веќе некое време безглаво шеташе по беспаќата на животот

и никако не можеше да си го најде своето легло. Да беше соба, неговиот памет

веројатно ќе беше некоја прашлива, непроветрена, несредена лоѓија што чува еден

куп непотребни работи, а оние што вредат се затскриени, поклопени, притиснати,

згмечени од првиве. сега набрзина ја среди црната кадрава коса и, без да најави

на сестра си, која покрај него единствена беше дома, се шмугна до старата дрвена

влезна врата и, откако го пречекори прагот и виде дека не му е потребна јакна, леко

ја заклучи и излезе низ дворот.

Улицата го дочека мокра од дождот што непрестајно и во силен наплив паѓаше

претходната ноќ, небаре небото одненадеж добило незадржлив порив да ја измие

сета гнасотија од градот. Минувајќи ги соседните куќи, Мате го забележа чичко

спасе во својот двор, со очилата со дебели рамки надвиснати на бабулестиот нос,

зачитан во весникот и смуртен од вревата што ја правеа неговите две внучиња, кои

се обидуваа да фатат едно маче.

> Мате и среќатаавтор: Игор Сретеновски

Page 21: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

„Добар ден, чичко спасе!“

„ооо здраво-живо, јунак!“

„како си, арен?“

„ах, арен, драпај си меот. тетка ти Марика е внатре, го праи ручекот, па ја

замирисала цела куќа на кромид. а младиве ни ги остаија децата да ги почуваме

за викенд, во Маврово ќе оделе. аме еве, гледаш и самиот, пиштат, вриштат, една

секунда не седат мадро на газот. Да сака чоек весник да си прочита на раат,

не може. Внатре смрди, надвор галама. Никако не сум. туку ти, кажи ми, кај си

тргнал?“

„треба да се најдам со среќата“.

„со среќата? па, сега пројде по улицава, нема ни пет минути, не ја виде?“

„Не, само што излегов од дома. кај отиде?“

„колку што успеав да видам, фати право-право, еееј, докај Владо, па лево,

веројатно накај паркот“.

„Накај паркот, знаев. таму и треба да ме чека, на клупичката. и, велиш, едвај ја

виде, м? Ќе прашам јас и друг, за секој случај“.

Мате му се заблагодари на чичко спасе, го подмести коланот на фармерките,

ги отстрани жолтите лисја што му се беа залепиле за ѓонот на патиките и поита

право долж уличката. од куќата на чичко спасе до маалското гранапче на Владо,

каде што требаше да сврти лево, имаше сè на сè околу двесте метри, но на Мате

му се чинеа цела вечност. Додека врвеше покрај куќата на апсолвентот раде, од

каде што ечеше безвременската „Since I’ve Been Loving You“ на Лед Цепелин,

којзнае од каде, којзнае од кое ќоше на душата, му надојде една мисла небаре

морска далга, па се присети на една шармантна црнокоса од чија ментална

слика и ден-денес му трепереше снагата. В часот му бликнаа прашањата: каде

ли е сега? Што прави? си спомнува ли за мене? Ме поздравила ли можеби преку

некој трет? Уште ли ја чува белезицата што ѝ ја подарив? сè уште неосвестен

од мисловниот вруток што наеднаш му шикна, едвај ја забележа тетка Марија,

една средовечна мила жена, која си пиеше кафе на тремот од соседната лепенка.

засолната под една ветва стреа, кротко си сркаше од шолјичката, а карши неа

зјаеше едно бело столче, пластично. призорот го натажи Мате, но остро, небаре

со сатар, ги пресече таквите мисли и фати да си ја повторува мантрата: одам

да си ја најдам Среќата! Ја спушти главата токму за да си ги гледа врвовите од

патиките и со монашка дисциплина заврви напред. Чекор по чекор, шарената

продавничка на Владо, која ја разбиваше зеленожолтата прекривка врз маалото,

се испречи пред Мате.

коНкУРСот 21

Page 22: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

22 коНкУРСот КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

Владо беше душа од човек, добар како леб, што би рекле старите.

Живееше во едно скромно трошно бараче веднаш зад гранапчето

заедно со жена си и со двете ќерки-близначки. Жена му Марта

беше инвалид, со трајни последици на левата нога од сообраќајна

незгода. кога се земале, на Владо и на Марта ни на крај памет не

им било дека еден надежен електроинженер и една прекрасна

балерина ќе завршат така. Нивните близначки штотуку беа тргнале

на школо, па Владо ги вложуваше и последните атоми од своите

сили за да заработи некој денар повеќе и, колку што е тоа можно,

да ги амортизира суровите удари на животот за да не допрат до нив.

Во мигот кога Мате зазбивано ја отвори неподмачканата вратичка

од продавницата, кај Владо пазареше Јове, кој важеше за маалски

кловн и кому единствена задача во денот му беше геодетски да ги

измери сите улички и кафеани во радиус од еден километар.

„среќата... да не сте ја виделе? Чичко спасе... чичко спасе ми рече

дека одовде прошла“, испрекинато говореше Мате.

„ах, тука си е таа везден. кај ќе оди пустата?“, рече Владо озарен, со

ведрина на лицето небаре гледа некој близок роднина по дваесет

години.

„Ве гледам и ви се чудам на паметот“, се јави Јове, кој во тој момент

ги пикаше пивата во торбата како да се последни на светот. „каква

среќа, бре, какви бакрачи. за пола саат ќе ми почне натпреварот,

ништо немам испазарено, воловине ќе ме отепаат ако закаснам,

тие – среќата, та среќата. а ти, Мате, ти си ми малер. кога и да те

видам, губиме к’о магариња. само ако изгубиме после, ќе видиш и ти

и среќата! туку, дај кажи, Владо, колку треба и запиши ме, утре ти се

раздолжувам, ветувам!“

„Да видиш накај паркчето, Мате, нема кај да бега таа“, одново рече

Владо, занемарувајќи го баботењето на Јове, на кое после толку

многу години имаше навикнато како на аларм за будење.

Далдисан, Мате ја остави вратичката ширум отворена и брзо како

стрела јурна накај паркот. сега веќе немаше кого да гледа од

страните, таму беа само дрворедите, а напред – клупичката каде

што требаше да се најдат со среќата. седна и се смести удобно, на

суво. и чекаше. откако изминаа неколку часа и веќе фаќаше самрак,

силен ветар го зафати маалото. Ниту студот ниту Мате не попуштаа.

Page 23: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

ти си тука. те слушам. тука си. со прстот ми црташ линии на грбот. Мачки, змејови, скакулци,

имиња... Да погодам кој? а возот? Ништо. ајде да се пуштиме по гелендерот, а? а да ме

стискаш по образ полн со вода? еве, земи мери. Мери колку ќе издржам да не прсне! Мери...

колку има до возот... земи ја тренерката. Ми студи. кога возот ќе помине, многу дува. и после

е многу ладно. тој е брз. Мама ме учи дека другарките треба да се едно. како шумата и

животните. како ти и тренерката. ајде, слушај, ајде, ќе тепаме бубашваби, ама скакулци не! ти

ми рече дека ги бркаат чудовиштата кај тебе во соба. ти ми ја стискаше раката силно-силно и

рече дека сакаш кога си играме. Тато седна и ми раскажа дека тоа е љубов. Јас му реков: „Што

е тоа?“ ајде, ќе мавтаме на луѓето во возот. Ќе рипаме преку три скали, ќе те буткам на лулашка

до горе, додека не викнеш... сè ќе правиме, сè можам, само не кај шините. Што е ова? Многу

дува тука до мене. кога стоеше ти, не дуваше толку. кога беше со мене, ја носевме тренерката

заедно. Ја раширивме, ама таа беше наша. Возот ни ја украде. Ти многу брзо трчаш. Јас не

можам да те стигнам. зошто трчав по тебе? зашто другарките треба да се едно. Ми рече,

можеш пред него. Беше темница, ништо не видов. само возот со светла и после ги слушав

само скакулците. Ќе се вратиш? Направивме грешка. овде студи и дува. Што е ова? тато ми

рече, ама јас сакам да ме стиснеш за рака. Јас нема да жалам. Уште те слушам.

>тука си

автор: Горјан Милошевски

коНкУРСот 23

Page 24: Ш - Шеста поетска бригада

24 коНкУРСот КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

кога Г.п., 25-годишен административец од скопје, сфати дека му се расипал главниот вентил од водоводната мрежа во неговиот стан, реши да побара алат од продавницата за железарија. патем, мина пред дворот на р.с., 60-годишен пензионер од неговото соседство, инаку татко на прилично познат и, секако, доста контроверзен политичар. р.с. си ја кроеше лозницата, а Г.п. се доближи до него, го поздрави и го праша дали би можел да му позајми клуч и клешта. р.с., иако не беше сигурен дали го има видено овој млад човек порано, пријателски расположен му помогна. се почувствува добро.кога Г.п. заврши работа, купи природен овошен сок без шеќер, спакуван во тетрапак. се врати кај р.с. и му го подаде заедно со позајмениот алат, при што искрено му се заблагодари за услугата. р.с. добродушно се насмевна и рече дека тука ќе биде ако потреба нешто друго. Г.п. уште му рече дека ретко се наоѓаат вака добри луѓе во денешно време. р.с. го остави алатот во гаражата и влезе дома со сокот. Го стави на масата, а потоа седна на столче и долго време гледаше во него. Најпосле стана, го зеде сокот и се упати кон кантата за ѓубре. пред да го фрли сокот во кантата, подзастана. се почувствува лошо.

> Don’t lose your faith in human kinDавтор: Живко Грозданоски

Page 25: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

коНкУРСот 05коНкУРСот 25КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

Неизбежно е во одреден период од годината да почнам да носам капа и ракавици. тие ќе се црни и палтото ќе биде иста боја – и тоа е неизбежно. тој период од годината неизбежно болно ме потсетува колку сме сами на овој свет (без разлика колку познајници и пријатели туткаме околу себе), но иако некако тоа го знаеме, го поминуваме целиот живот барајќи ја личноста со која ќе бидеме помалку сами од вообичаено.

Неизбежно ќе биде удобноста на мојот стан да се наметне како репер за комфор и да ни донесе многу недоразбирања и непријатности кога ќе дојдеш да живееш во него. (кога? тоа е само прашање на време.) Неизбежни, гледам, биле и и сите мали умирачки што ми ги имаш приредено, а кои, по правилата на космичката правина (или како сакате наречете го тој механизам), сум ти ги нанел и јас – кутриот, несвесен дека не сум исклучок од правилото за кружниот од на тркалото.

Неизбежно е сите невини мали зависности да ме следат до крајот, илузорно оставајќи ми привид дека поседувам дела потпишани од други, а до гадење консумирани од моја страна. значи, неизбежно било да западнам во истата мамка како и којзнае колку други пред мене: да се осмислува и да се твори, да се сложува и да се препрочитува, а неизбежно во сето тоа помалку да се препознаваме отколку во редовите на некој друг, кој со којзнае какви магични техники успеал да дознае и тоа да го артикулира и да го каже за болките на нашата душа.

Неизбежни се и сите најмачни каења поради немоќ и кукавичлук, кои пак неизбежно најмногу мачат ноќе, кога телото сака да мирува во ноќта, која по редот и природата на нештата сака да е мирна. тогаш, неизбежно, те сонувам: неверојатно живо и пластично, со сите параболи, скриени метафори и воедно со сите најобични случки, најобични разговори и јасни пораки (лудоста на сонуваниот свет). знаеш веќе како: исто онака како што ме сонуваш и ти. Неизбежно е од филм, книга или музика – празнотијата во мене, место да се намали – да ја чувствувам како расте. ти си, неизбежно, причината.Неизбежно, во целата констелација на причини и последици, се гледам самиот како ги пишувам овие редови во удобноста на домот споменат на почетокот од текстот, со недвојбена, чисто прагматична причина – ти неизбежно да го прочиташ расказот и немилосрдната острица на неизбежностите да ја закопаме во мир.

До следните неизбежности што ќе нè снаоѓаат како пар.

> нЕИзБЕжнОстИавтор: Јордан Николов

Page 26: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

26 коНкУРСот КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

Лежам. Чувствувам дека тонам, но не во длабочината на сонот. иако ја посакувам. и тоа очајно. тонам, не гледајќи нагоре кон излезот. преку прозорецот ја гледам месечината. Долниот дел ѝ е засечен од крајот на гребенот, не ѝ се гледа. Мојата единствена друшка во осамените ноќи, секогаш во исто облечена. кога и да се сретнеме.

станувам. Дури и тенката прекривка ми е тешка, неподнослива. отсекогаш сум ја сакал, мека е, пријатна. Но не вечерва. Вечерва ми треба друштво. Ќе излезам да ги видам верните пријатели. се нагрнувам со кожувот, ги обувам чизмите. „Мечот нема да ми треба“, си помислив. „па, само да се искачам до гребенот. се враќам за кратко време“, си реков самиот себеси, скоро налутено. Веќе почнав да си здосадувам. погледнав накај околните колиби. Во ниедна од нив не светеше фенерот, сите беа во длабок сон. „Уште подобро“, си помислив, „и така не сакам никој да ме види. сомнително им е што на секоја полна месечина шетам по околните ридови“.

тргнав. Во далечината ги препознав само сенките на скоро непроодната борова шума, на другиот крај од селото. Ми текна на приказните што дедо ми ги кажуваше кога бев малечок. имаше и самовили, и караконџули, и разни бабајаги. „Што и да правиш, каде и да врвиш, немој да го дочекаш прекршувањето на полноќта на отворен пат. се појавуваат разни претвори, во секакви форми. засолни се покрај дрвјата, во некое долче покрај патот или во некоја дупка и покриј се со земја и лисја преку срцето за да не можат да ти го слушнат“. ах, колку само се плашев од тие негови зборови, бев секогаш стуткан до него.

се искачив. „Боже, каква глетка“, си помислив. како првпат да се искачувам. Недогледното црнило изгледаше толку совршено. почувствував милување по образите. „еве ми го и другиот пријател. Малку задоцни“. Благо ветренце почна да дува. пак ја погледнав месечината. Беше беспрекорно убава. Беше толку директна и заводлива. тргнав еден чекор. Уште еден. па уште еден. Веќе не ја чувствувам тврдата земја. Лебдам.

> лЕБдАмавтор: Бобан Стефановски

Page 27: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

Моето битие спие на дното на твоето срце покриено со правот што го креваат сите шмизли околу тебе и сите пиздарии што ти се забавни. твојата душа се храни од моите солзи, а очите ти горат само за мојата насмевка! спијам, најмил, спијам во длабочините на твоето срце и ти ја задоволувам секоја потреба за која не си ни свесен дека ја имаш.

спијам спокојно. понекогаш се чувствувам како жив мртовец што беспомошно се обидува да излезе од земјата. се гушам, се прпелкам и се превртувам. Не чувствуваш ти. игра таа порцеланска курва пред тебе, а тебе лиги ти течат од устата. игра безобразницата и умот ти го мати, додека јас тивко ти шепотам приспивна песна. Љубовна песна.

Но знам јас. кога таа ќе замине во својот театар, ќе дојде друга. па друга, и трета, и четврта, и петта, и така сè додека не престанам да ја пеам песната љубовна. тогаш твојата душа станува немирна, се буни и плаче, па плачот го мие правот што е врз мене. и тогаш ме здогледуваш, боса и мала. стуткана во бел фустан, кој никако да го извалка тој проклет прав. Ме гледаш како спијам и знаеш дека е време да ме разбудиш. Да ме погалиш и да ми зборуваш убави зборови. Но зошто така ме гледаш? каков е тој ужас во очите? зарем не сум вака убава? си ги ископав очите за да не те потсеќаат на оние курвинските плави. и устата си ја зашив, мил мој, ја зашив за да не пеам повеќе. зарем вака бела не сум убава? косата ја исеков... таа имаше иста како мојата. извини за ноктите. Не сакав да ги извадам. ах, не ме гледај така, па не сум толку грда. Боже, па изгледаш како да си видел дух. погали ме. До Бога, дај ми ја раката, па тоа сум само јас, се сеќаваш? смири се, најмил, па не сум јас мртва.Не сум мртва.Не, не сум.Не сум, нели?

> сОнавтор: Симона Даноска

коНкУРСот 27

Page 28: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

28 коНкУРСот КоНКурС ПроЗА [СЕЛЕКТОР: TИХОМИР ЈАНЧОВСКИ]

Го гледаа одвреме-навреме по аеродромите, автобуските станици и железниците. имаше обичај понекогаш и цел ден да го отседи на некоја неудобна аеродромска клупа, со типична фаца на човек што чека. Нешто. Некој. Вистинскиот авион?

Никогаш со ниеден авион го немаа видено да замине, со ниеден автобус се немаше оддалечено. а кога некои странци што со него чекаа го прашуваа дали можеби ова е неговиот лет или воз, тој само одговараше дека не е, дека тоа не е оној вистинскиот. Можете да претпоставите дека не беше женет. и тоа беше една од работите што ги чекаше. Вистинската. која, природно, ја немаше или од него не беше детектирана или дочекана. како искусен Чекач, на раката, за чудо, немаше часовник. и за ова имаше објаснување – дека веќе толку добро го проучил времето што машина што си врти по некој свој ритам, некомпатибилен со оној на вистинското време, не му е потребна.

Не се знаеше од каде потекнува, каде и дали учел, кои му се родители. Ништо. се чинеше дека е неродено дете што и нив ги чека, вистинските родители.

Го прашуваа дали има живот, а тој им одговараше дека има – како што и тие имаат. Му велеа дека не е живот оној негов начин на постоење. тоа е Чекање. тој им одговараше дека сè е едно и исто, вака или така – времето поминува. со содржина или без содржина, нему му е исто. На светот одвреме-навреме мора да се појавуваат Чекачи, кои ќе го набљудуваат и дисецираат времето. за да го слават.

> ЧЕкАЧОтавтор: Јана

Page 29: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

Наградата „Лесновски ѕвона“ за 2013та година ја доби дебитантската збирка поезија „Десет години подоцна“ од Драгана Велковска. промотор на збирката беше Милован стефановски. редовни учесници во манифестацијата ,,Лесновски ѕвона“ се Михаил ренџов, Ефтим Клетников, Бранислав Ташковски, Тодор Чаловски, Ристо Јачев, Данило Коцевски, санде стојчевски, Гордана Михаилова-Бошњаковска, Фимка клетникова, Благој самоников, Трајче Коцарев, Горан Анчевски, Љерка Тот, Ленче Милошевска, Јасна Трпковска, Катерина Д.арсеновска, Љубинка Донева, Борче танов, страшко Милошевски.

ПРЕМЕЃУвањЕ 29

> нАгРАдА „лЕснОВскИ ѕВОнА“, 2013тА гОдИнА

(НЕ)СВЕСТ

оф, ме боли!

зошто ме колиш?

Умирам полека

страшна смрт ме чека

а ти, во лудило

општеството те

збунилознам, мојот живот

не ти е вреден

само се прашувам

дал човечки е следен?

УТРИНСКО КАФЕ

килибарни слапови

блажинаитаа накај црната

горчлива бездна.

Бела невиност

измолзенапростум чекаше од

другата страна.

СОН

Грд гавран гомарен

кафе кал коб

Мртво мочуриште

Mолк

автор: Драгана Велковска

Page 30: Ш - Шеста поетска бригада
Page 31: Ш - Шеста поетска бригада
Page 32: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

32 ПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа

Page 33: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

препев: Ненад ТрповскиПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа 33[од ПортугАлСКИ]

кој сум сега, не знам. сонам.спијам и се чувствувам. Во часот на спокојМојата мисла заборава да мисли,Мојата душа нема душа.

постојам ли, грешно е да знам. се будам ликако пак да грешам. Чинам не знам.Ништо не сакам ниту имам ниту паметам.Битие немам ниту закон имам.

Во миг на свесност за секоја лага,привиденија ме омеѓуваат и демнат.спиј ти необѕирно кон туѓи срца,о, срце ничие.

6 јануари, 1923Фернандо песоа

посакувам цвет, не оној што го дариш, туку цветот кој си.

зошто одбиваш нешто што не барам од тебе?

Да одбиваш време ќе имашоткако ќе дадеш.

цвету, биди ми цвет! и, ако те собере кобната рака на лакомата сфинга, засекогаш ќе талкашкако бесмислена сенка,трагајќи по она, што никогаш не го даде.

21 октомври, 1923

рикардо реиш

Page 34: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

34 ПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа [од АНглИСКИ: Пит]

Девојка ми беше изгубена во вселената, а јас бев скоро на раб на нервен слом. Најпосле, нејзиниот вселенски брод беше пронајден и вратен на земјата. Бев пресреќен. таа уста не затвораше за тоа колку била преплашена кога ѝ цркнало напојувањето на вселенскиот брод и колку било чудесно да се биде во орбита. сѐ убаво, мило ми беше, ама веќе подолго време е вратена, па би било добро да ја смени темата. сабајлево по не знам кој пат, пак ми кажа дека земјата била голема колку едно тениско топче, а Месечината изгледала како да е поголема и посветла од кога било дотогаш.

> ИзгУБЕнАавтор: Ден Родс

превод: Студентите од втора година на катедрата за превод и толкување, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Драгица карагонова, тамара анчевска, Дамјан Давчевски, ангела атанасовска, Марко Христов, Милица папучиева, Маја Фани, Викторија трајчевска, Невена златковска, Наталија Николова, Никола цоневски, Марија Дејаноска, спасијка Димова, роза Димитриева, анета кавазова, Надица синадиновска, Маја тодороска, цветанка панева. Ментор: Зорица Петкоска

Page 35: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

ПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа 35[од АНглИСКИ: Пит]

Девојка ми е толку убава што никогаш не морала да се изгради како личност. сите секогаш се чудно пресреќни што ја гледаат, иако таа не прави ништо посебно, само седи и пуши цигари. па плус и се разубавува. само последниот пак кога излезе од дома предизвика шест сообраќајни несреќи, два срцеви удара, триесетина семејни расправии и отприлика шестотини несакани и незгодни ерекции. Но, како ич да не ѝ е гајле за хаосот што го предизвикува. „одам до трафика да си купам цигари“, ми вели, и се проѕева со сочната сјајна уста. „Ш’о знам, може да викнеш брза помош или така нешто.“

> УБАВИнАавтор: Ден Родс

превод: Студентите од втора година на катедрата за превод и толкување, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Нина тунтева, елена павлова, Моника ордева, тамара илијева, стефанија Белчовска, Добринка Дунгевска, Латинка Белчовска, Ѓорѓи станковски, сања илиевска Ментор: Зорица Петкоска

Page 36: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

[од КорЕЈСКИ]36 ПРЕвЕДУвачка ковачНИЦа

пред да ја повикамтаа не беше ништо повеќеод едно придвижување на телото.

кога ја повикавтаа дојде крај менеи се претвори во цвет.

како што јас ја повикувавсе молам некој што прилега на мојата боја и мирисда ме повика и мене.и јас копнеам да појдам крај неаи да станам нејзин цвет.

сите ниекопнееме да станеме нешто.ти мој, а јас твојпоглед што не се заборава.

> ЦВЕтавтор: Ким Чун-Су

превод: Ева Јаневска, Јана Лазаревска студенти на катедрата за англиски јазик и книжевност Ментор: проф. д-р Спас Рангелов

Page 37: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

зоШто ПИШУваМ 37

зошто пишувам?

а, зошто па да не?!

пишувам бидејќи така се осознавам себеси.

Бидејќи така градам нераскинлива врска со зборчињата.

Бидејќи така созревам.

Бидејќи така живеам и оживувам.

пишувам бидејќи ненаситно пијам од еликсирот што дарува забревтана

инспирација

и со секоја наредна голтка смогнувам сили да го запишам она

што вербалната фаланга, марширајќи по мозокот, ми го диктира.

пишувам бидејќи мозокот ми е вулкан пред ерупција,

а инспирацијата усвитена лава, нескротлива сила

подготвена засекогаш да вжешти излитени пергаменти

за потоа да си ги чувам сите пишуванки к’о чеда напоени

и да си ги редам сите чкртки, раскажуванки, песнурајки и книжулиња

к’о мистериозна сложувалка која одново ја распаѓам и ја составувам.

пишувам.

пишувам бидејќи себично уживам во улогата на книжевен Бог,

кој само од бел лист и старо пенкало создава, твори, креира, поетизира.

пишувам зашто младоста од опачина ми се превртува во главата. зашто знам како да се спаси човекот, а не знам како да му кажам колку го сакам. зашто и јас сум човек. зашто сум и збор и тишина. зашто душата го гледа она што науката не умее да го доуми. постојат светови кои само зборот може да ги раскаже и претскаже. пишувам зашто сум вљубена и љубена. а, само понекогаш, можеби пишувам зашто срам ми е да се расплачам.

°РАДМИлА ВАНКОВСКА

°СИМОНА лОКВЕНЕЦ

Page 38: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

38 зоШто ПИШУваМ

зошто пишувам?Не знам точно, тоа не е прашање на кое може да се даде едноставен одговор.

• Пишувам зашто сум писмен. Ги знам буквите и можам да си ги претворам мислите во зборови.

• Пишувам оти сум расеан и заборавам. За да следам што ми се случувало.

• Пишувам оти има кој да чита. Инаку, што ќе ми е? (Поточно, објавувам зашто има кој да чита. пишувањето заради пишување е глупост.)

• Пишувам оти некогаш ми надоаѓаат зборови однатре и не можам да се смирам додека не излезат од мене. Не пишувам секогаш, само тогаш. Некои тоа го викаат порив (ова важи само за пишувањето поезија).

• Некогаш пишувам оти од мене очекуваат колумна во одреден рок и мора да си ја исполнам обврската... ете, и затоа. Ваквото пишување е занаетчиско.

• Право да си кажам, не знам зошто пишувам. Не размислувам за тоа. Има многу поети кои напишале песни за тоа што, како и зошто пишуваат. Немам таква песна. таквите песни обично се тапа. и едгар алан по има есеј за тоа како го напишал „Гарванот“ и есејот е тапа, ама песната не е.

°ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ

Page 39: Ш - Шеста поетска бригада

ФЕВРУАРИ 2014

BOOKWORMS 39

°АФРОДИТА НИКОлОВА

колекцијата раскази на Дон ДеЛило

„ангелот есмералда: Девет приказни“

содржи раскази од периодот 1979

до 2011, кои му нудат шанса на

читателот да почувствува еволуција на

раскажувачкото јас во период од три

декади. расказот „Баадер Мајнхоф“

прикажува неименувани маж и жена, кои

се среќаваат во галерија, гледајќи слики

од Герхард рихтер и го поминуваат денот

заедно. Ликовите не разговараат меѓу

себе туку само ја начнуваат површината

на другиот при што произлегува

нешто што би можело да се нарече

комуникација. стилот на Делило во

комбинација со тагата и осаменоста што

вришти од неговите приказни се повеќе

од обична постмодернистичка размисла

за човечката напуштеност.

ГлЕДАЈЌИ ЈА МАЈНХОФ

„СРАМ“ (1999),

РОМАН/DISgrAce

(1999), A NOveL ЏОН МАКСВЕл КУЦИ/JOHN

MAxWeLL cOeTzee

романот „срам“ уште со првата реченица не фаќа на јадицата. како? Ни најавува дека за маж на тие години, педесет и две, главниот лик си го има решено прашањето за секс доста добро. Но, етиката, моралот, политичката, онтолошката димензија на „сексот“, навистина, доста добро ги проблематизира авторот куци. толку. еден професор по англиска книжевност, една студентка, една ќерка, еден Бајрон, една Јужна Африка по апартхејдот, исцедени во повеќеслојна филозофија што ќе ве турне од столчето. Да не ги отворите очите пред најважните и најужасните човечки и политички проблеми, значи да не посакате да го отворите светот на „срам“-от.

°АФРОДИТА БОЈАЏИЕВА

Page 40: Ш - Шеста поетска бригада