20
Петка СТРУГА ИНТЕРВЈУ со 2Mothers Brothers - НИКОЛА ТОДОРОСКИ И СТРЕЗО СТАМАТОСКИ РАЗГОВОР со: ДИРЕКТОРОТ НА ПСУ ПЕТТА ПРИВАТНА ГИМНАЗИЈА М-Р АЈЕТ КАРИМАНОСКИ ТРИБИНА за: УЛОГАТА И ВАЖНОСТА НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ЕКСКУРЗИИ: ИСТАНБУЛ СТРУМИЦА Број 22

„Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Училишен весник за учебна година 2013/2014.

Citation preview

Page 1: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

Петка СТРУ

ГА

ИНТЕРВЈУ со 2Mothers

Brothers - НИКОЛА

ТОДОРОСКИ И СТРЕЗО

СТАМАТОСКИ РАЗГОВОР со:

ДИРЕКТОРОТ НА ПСУ

„ПЕТТА ПРИВАТНА

ГИМНАЗИЈА“ М-Р АЈЕТ

КАРИМАНОСКИ

ТРИБИНА за:

УЛОГАТА И ВАЖНОСТА

НА СРЕДНОТО СТРУЧНО

ОБРАЗОВАНИЕ

ЕКСКУРЗИИ: ИСТАНБУЛ

СТРУМИЦА

Број 22

Page 2: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

2

СОДРЖИНА

0405

0609

10

1415

1618

2021

Интервју со членовите на 2Mothers BrothersНикола Тодороски и Стрезо Стаматоски се едни од најдобрите млади актери во Македонија.

Разговор со директорот на ПСУ „Петта приватна гимназија” м-р Ајет Кариманоски

Екскурзии (Струмица и Истанбул)Погледнете низ слики како поминавме на екскурзиите во Струмица и Истнабул.

ТрибинаНашето училиште и оваа година организираше трибина за важноста средното стручно образование.

Натпревари по англиски јазик и информатикаИ оваа година се одржаа традиционалните Региоинални натпревари по англиски јазик и информатика.

Здрава храна - здраво телоПрочитајте ги мислењата на нашата соученичка Сара Матоска, за здравата исхрана и нејзиното влијание врз нашето здравје.

Page 3: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

3

Главен уредникИвана РаткушиноскаМаил: [email protected]

Дизајн и компјутерска обработкаЃоко Маркоски

РедакцијаСара МатоскаАјлин КрацоскаИвана ДуноскаАделита МавмудоскаРабијан МавмудоскаАдиса Веселоска

МенторМарија Симјаноска

ДиректорАјет Кариманоски

Од уредникот

Почитувани соученици, професори, почитуван директоре, оваа година ја завршуваме со ново издание на списанието „Петка“. Низ овој број ги проследуваме сите значајни настани кои ја обележаа оваа година, меѓу кои ја издвојуваме и хуманитарната акција наменета за социјално ранливите категории, а поттикната и реализирана од нашите ученици.

Во овој број прочитајте за важноста на средното стручно образование. Информирајте се за новостите кои ќе се реализираат од следната учебна година. Подготвивме за вас уште многу други интересни содржини, како разговорот со членовите на 2Mothers Brothers, детален опис за сите атракции на Истанбул и природните убавини на Колешински водопади.

Се надевам дека ќе уживате во оваа издание на „Петка“ и дека веќе од следната учебна година со нови сили заеднички ќе работиме на следниот број. За сите ваши критики, пофалби или пак сугестии, пишете ни на [email protected]

Ивана Раткушиноска

Page 4: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

4

1. Веќе втора година сте директор на ПСУ „Петта приватна гимназија” во Струга. Беше ли тоа предизвик да ги прифатите обврските што ги носи оваа функција?Секако дека беше предизвик, но и уште поголема одговорност, бидејќи да се биде директор на образовна институција пред сé значи да се одговори на предизвиците што ги носи современото општество. Ние работиме со деца, ученици, кои во иднина ке бидат критична маса во општеството, па според тоа, неминовно е иднината да се гради врз здрави темели.2. Кои се новините што ги внесовте во училиштето?Пред сé, тоа е соработката што ја остваривме со одредени институции, но особено сакам да нагласам дека нашето училиште работеше на тоа да добие акредитација за нови смерови што ќе почнат да функционираат веќе од следната учебна година 2014/2015. Тоа се смеровите за физиотерапевт, очен оптичар, како и техничар- дизајнер за внатрешна архитектура.

РАЗГОВОР СО: М-Р АЈЕТ КАРИМАНОСКИВо интервјуто, ќе прочитате за новостите во нашето училиште

Интервјуто го направи:Ивана Раткушиноска

ДИРЕКТОР НА ПСУ „ПЕТТА ПРИВАТНА ГИМНАЗИЈА“ - СТРУГА

Page 5: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

5

3. Што е тоа што можеме да го очекуваме во иднина, можеби веќе од следната учебна година?Како што веќе кажав, тоа се смеровите кои очекуваме да профункционираат и за кои имаме голем интерес и веќе запишани кандидати. Доколку тоа наиде на успешна реализација, ние сме спремни и понатаму да инвестираме и да вложуваме во образовниот кадар и во техничка опременост, но и понатаму да ги следиме барањата на учениците.Исто така, во план е да се реализира доусовршување на наши ученици од здравствената струка во Словенија. Тоа ќе биде како еден вид пракса во оваа земја во летниот период во соодветни установи – болници или други училишта од овој вид.4. Кои реализирани проекти ги сметате за поважни?Морам да истакнам дека се трудиме нашите ученици да бидат дел од

општествениот живот, па во таа насока честопати сме организатори на трибини или друг вид предавања или акции. Ќе споменам само дел од нив: предавања на теми поврзани со средното стручно образование, а во соработка со центрите за стручно образование и обука на Р. Македонија и Р. Словенија; учество на нашите ученици во проектот „Посвој парк” што беше финансиран од Американската влада, а за учество во овој проект нашите ученици добија сертификати што им ги врачи лично амбасадорот на САД во Македонија, господинот Пол Волерс; организирање хуманитарна акција со цел да им се помогне на ранливите категории граѓани, неколкукратно организирање на ликовна колонија и сл.

5. Кое е Вашето мислење на образовниот процес во Македонија? Мислите ли дека приватното образование треба да биде лидер во модерното образование?Моето мислење во врска со образовниот процес е дека се прават големи напори тој да се модернизира. Но, исто така, сметам дека треба тоа спонтано да се реализира, затоа што ништо не може да биде сменето одеднаш. Пред сé треба да се има стабилна визија за тоа што треба да направиме. Точно е дека сакаме да ги следиме европските трендови, но колку нашата земја има капацитет и услови да го спроведе тоа? Затоа мислам дека пред сé треба да ги детектираме домашните проблеми во образованието, а дури потоа да тргнеме во насока да го подобриме.

Page 6: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

6

ПСУ „Петта приватна гимназија“ - Струга, под покровителство на ФОН Универзитетoт, Факултет за информатика, на 15.3.201г. организираше Натпревар по информатика за сите ученици од осмо одделение од регионот, кои допрва треба да изберат каде ќе го продолжат своето средно образование. Идејата беше овој натпревар да биде поле каде што учениците ќе можат да ги покажат своите знаења од областа на информатиката, да се дружат со своите врсници од регионот, како и да го посетат нашето училиште и да се запознаат со условите за работа во него. Всушност, учениците учествуваа со претходно изработена мултимедијална презентација на тема: „Интернетот како алатка за учење“ што ја презентираа пред комисијата од училиштето. Наставникот – ментор беше само помош и поддршка на ученикот во изработката на проектот. Натпреварот имаше две фази: - Испраќање на пријавата и изработената презентација; и презентирање на најдобро изработените проекти. Презентацијата требше да одговори на следните прашања: Како може да се користат компјутерот и Интернетот за учење и истражување? Кој софтвер може да се користи во процесот на учење? Која е предноста/недостатокот од примена на компјутер и Интернет за учење?

На овој натпревар беа пријавени 22 учесници од Струга, Охрид, Битола, Ресен и Дебар. Сите од нив имаа одлично изработени презентации, па тричлената комиисија навистина имаше дилема при изборот на најдобрите од нив. Врз оценувањето влијаеја неколку фактори: начинот на изработка, користените материјали и начинот на презентирање.

Редоследот на наградените учесници е следен:

Прво место – Емилија Ванкоска ОУ „Христо Узунов“ – Охрид (100% стипендија)

Второ место - Анастасија Попоска ОУ „Браќа Миладиновцки“ - Струга (60% стипендија)

Трето место - Ревија Кормакоска ОУ „Мурат Лабуништи“ - Лабуништа (50% стипендија)

Четврто место - Таиса Чепуњоска ОУ „Браќа Миладиновци“ - Струга (40% стипендија)На сите останати учесници им е доделена стипендија од 30%.Нашата редакција им честита на сите учесници за постигнатите резултати и поскауваме уште подобра и попозитивна атмосфера и следната година.

НАТПРЕВАР ПОИНФОРМАТИКА

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ

РАЗГОВОР СО ПОБЕДНИКОТ НА НАТПРЕВАРОТ

Page 7: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

7

РАЗГОВОР СО ЕМИЛИЈА ВАНКОСКА

Дали си задоволна од натпреварот во однос на неговата организација?Сè беше супер, имаше добра организација и технички услови за презентирање што ми помогна да се претставам во вистинско светло.Дали имаше трема додека презентираше?- Имав трема на почетокот и мислам дека тоа постоеше кај скоро сите натпреварувачи, но потоа комисијата со нејзините позитивни коментари и забелешки ми помогна да ја совладам таа трема.Дали ова е прв натпревар од ваков вид на којшто учествуваш?- Да, ова ми е прв натпревар по информатика досега, а воедно и прв натпревар со ваков начин на презентирање.Со каква цел се пријави на натпреварот, сакаше да го покажеш твоето знаење во оваа област или пак да освоиш стипендија за понатамошно школување во ПСУ „Петта приватна гимназија“ ?- Сакав да покажам што знам за темата. Темата беше многу интересна, поврзана со современиот начин на живеење, можностите за учење што ги нуди Интернетот, и како правилно да се користи истиот. Секако дека дополнителна мотивација за мене беше и стипендијата за школување, како и тоа да запознавам нови пријатели и да се стекнам со дополнително искуство.

Кои ресурси ги користеше за изработка на проектот?- Најмногу користев Интернет, но и моите познавања од областа на информатиката. Воедно, при изработка на проектот ги проширив моите знаења. Дали би продолжила да студираш информатика?Во овој период е многу рано да размислувам за студирање. Ќе видиме што ќе донесе иднината.На кој начин и колку ти помагаше професорката при изработка на задачата?- Бидејќи имавме кусо време за изработка на презентациите, професорката ми помогна само во некој технички дел што не можев да го решам сама.Дали имаше нови програми на кои наиде додека ја подготвуваше презентацијата?- Најдов и нови и тоа е една од придобивките при учество на овој натпревар.По кои предмети најмногу ги користите едукативните програми?- По математика и биологија.ГеоГебра и school.mk ги имаше во скоро сите проекти, кажи ни нешто за нив.- ГеоГебра ја користиме по математика, односно по геометрија. School.mk најмногу ја користиме по биологија, има прашања и тестови за лекциите.

Нашата соговорничка Емилија Ванкоска го освои првото место во конкуренција од 30 натпреварувачи. Темата на натпреварот беше „Интернетот како алатка за учење“, а секој ученик требаше да изработи мултимедијална презентација на оваа тема. Нашата екипа беше во посета на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, и разговараше со Емилија во врска со нејзините впечатоци и размислувања за натпреварот.

Page 8: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

8

ПСУ „Петта приватна гимназија” како и изминатите години, така и оваа година традиционално го организираше Регионалниот натпреварот по англиски јазик за сите осмоодделенци од регионот. Овој натпревар на кој имаше повеќе од 100 ученици се одржа во просториите на ФОН Универзитетот.

Тестовите беа изработени од страна на професорите по англиски јазик од училиштето и беа прилагодени на соодветното ниво за нив.

За победниците следуваа бројни вредни награди, како и целосни и делумни стипендии за продолжување на образованието во ПСУ „Петта приватна гимназија”. Победници на натпреварот:Прво место – Магдалена Јаневска ОУ „Коле Канински“ – Битола (100% стипендија)Второ место- Дамјан Кулуковски ОУ „Св. Климент Охридски“- Битола (50% стипендија)Трето место –Давид Целакоски ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола (30% стипендија).

Нашето училиште им се заблагодарува на сите учесници на кои ќе им бидат доделени Сертификати за учество, а на наградените стипендиите ќе им бидат доделени на Училишното рандеву што ќе се одржи на 26. 5. 2014 година во Хотел „Дрим“ – Струга.

НАТПРЕВАР ПОАНГЛИСКИ

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ

Page 9: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

9

ИНТЕРВЈУ СО ТОНИ СИМОНОВСКИ

Од оваа година започна соработката помеѓу ПСУ „Петта приватна гимназија” и ОУ „Христо Узунов”. Како сте задоволниод оваа соработка?- Јас не знам зошто и во минатото не постоела таа соработка, меѓутоа секое излегување на учениците и натпревар е надградба за нив, но и за нас како колектив. Мене ми е многу драго што почна таа соработка со ПСУ „Петта приватна гимназија“ и ОУ „Христо Узунов“ . Се надевам дека во иднина се повеќе ќе ја продлабочуваме, веќе знам дека има наши ученици во вашата гимназија, тоа ќе се надгради со повеќе ученици од нашето училиште. Јас разговарав со вашиот директор за размена на искуства и проекти.Како сте задоволни од Натпреварот по информатика на кој вашата ученичка Емилија Ванкоска го освои првото место?- Учениците, по мои сознанија беа воодушевени од натпреварот, односот, начинот на тестирањето, начинот на целата изведба на натпреварот. Тука не застануваме, ќе учествуваме на уште ваши натпревари, не само во однос на информатиката, туку и по други предмети.

Вие учествувавте на дебатата организирана од „Петта приватна гимназија“ чија тема беше средното стручно образование кај нас и во Словенија. Што мислите за ваквиот начин на комуникација со о институции од други земји?- Бев присутен и на трибината во однос на средното стручно образование. Јас пет години бев професор во средното стручно училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид, така што на оваа трибина навистина имаше што да се слушне. Имаше еминентни предавачи од кои можеше многу да се научи, да се разменат одредени искуства.

Според вас каква е предноста за еден ученик да учи во приватно училиште?- Мислам дека помалиот број на ученици, потоа адекватниот пристап на наставниците и поголемата техничка опременост на вашето училиште. Неминовно е дека секој што ќе се запише во вашиот центар ќе има успех. Мислам дека учениците многу добиваат, бидејќи постои можност за индивидуален напредок.

Од оваа година започна соработката помеѓу основното училиште „Христо Узунов“ од Охрид и ПСУ „Петта приватна гимназија“. Новинарски тим од нашето училиште, беше во посета на училиштето „Христо Узунов“ и направи едно интервју.

ДИРЕКТОР НА ОУ „ХРИСТО УЗУНОВ“ - ОХРИД

Page 10: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

10

На 6.3.2014г. во просториите на ФОН - Универзитетот во Струга, директорот на Центарот за стручно образование и обука во Македонија, господинот Зеки Зекири и директорот на Центарот за стручно образование во Словенија , господинот Елидо Бандељ, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско- струшкиот регион одржаа предавање на тема: „Средното стручно образование, неговата примена и потреба во Р. Македонија и Р. Словенија“. На трибината стана збор за тоа кои се бенефитите од стручното образовнаие. Директорот на „Петта приватна гимназија“ –Струга, м-р Аjет Кариманоски, вели дека тоа многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца.

„Родителите и децата треба да знаат што нуди средното стручно образование, која е нивната перспектива со средното образование. Денес сакаме да ги споделиме искуствата во Р. Македонија и Р. Словенија, како и тоа колкава е можноста по завршување на средно стручно образование да се вработат“ - нагласи проф. Кариманоски.

Директорот на Центарот за стручно образование и обука во Македонија, Зекир Зекири нагласи дека оваа трибина е од исклучителна важност за подигнување на свеста за стручно образование, бидејќи според него, тоа е иднината за развојот на општеството.

„Заради тоа што имаме декларација на Европско ниво, тоа значи дека и на ниво на држава имаме усвоено стратегија за развој на стручно образование. Пазарот на трудот тоа го бара и ние како Центар сакаме да ја подигнеме свеста на целото население, не само во Струга туку и пошироко“- рече господинот Зекири.

За словенечките искуства и воведување на новитетите

во стручното образование, говореше директорот на Центарот за стручно образование на Словенија, господинот Елидо Бандељ. Тој нагласи дека во Европа има добри, но и лоши искуства, но сепак целта е да се помогне на некоја држава да не направи погрешни чекори.

„Навистина стручното орбазование претставува основа на која треба да се заснова економијата доколку сакаме да ја подигнеме. Во секој случај потребни ни се работници кои се квалификувани, работници кои се компетентни, кои поседуваат знаења и вештини, за да можат да го помогнат економскиот развој на една држава. Ако ги погледнете сите овие декларации кои ЕУ ги вовела, повеќе или помалку акцент се става на стручното образование поради мобилноста и

применливоста на тие квалификации со кои луѓето можат да се стекнат или преку образованието или преку некое неформално образование што го среќаваат низ целиот живот. Значи како тоа да се вметне во системот и од тој систем сите да имаат бенефит“- појасни господинот Бандељ.

Трибината на тема „Средното стручно образование, неговата примена и потреба во Р. Македонија и Р. Словенија“ ја следеа ученици, родители, дел од наставниот кадар на охридско – струшкиот регион, а присутен беше и главниот менаџер на ФОН, м-р. Сефер Цаноски кој исто така ги сподели своите искуства од аспект на менаџер на водечкиот приватен универзитет во државава- ФОН Универзитетот.

ТРИБИНА ЗА ВАЖНОСТА НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Г-ДИН ЕЛИДО БАНДЕЉ

Г-ДИН ЗЕКИР ЗЕКИРИ

Г-ДИН СЕФЕР ЦАНОСКИ

Гости:

Page 11: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

11

ДЕНОТ „Д“ ЗА СЕКОЈ МАТУРАНТ

Еве сме, пред прагот на мај. На самиот крај на нашата четиригодишна борба со професорите, книгите, проектите, задачите. Ни следува уште матурата (и полагањето матура, не само прославата ) и толку. Завршуваме, се делиме, секој по својот пат.

И секако, како и кај сите матуранти, така и кај нас се присутни истите прашања: „Еј, па ти годинава си матуранткаааа.“ „Каде ќе славите? “ „Кога ви е матурата?“ „Леле, а се спреми? Купи гардероба, закажа шминка, фризура?“

Мислам, нема потреба од претерување. Да, матурантка сум, се радувам поради тоа, возбудена сум и се подготвувам за прослава и нешто слично, но тоа не е крај на светот. Постои живот и по матурата. Океј, разбирам дека е сепак еден од најважните настани за секој средношколец. Уште од прва година ја чекаме таа матура, но во последно време се се сведува на тоа кој ќе биде подотеран, кој ќе има поскапа гардероба, кој ќе плати најмногу за шминка, итн.

Се повеќе се губи онаа радост и еуфорија за самата прослава, целата енергија се троши на изборот на гардероба која „мора“ да се плати што е можно повеќе, се бара термин плус кај секој можен шминкер и фризер во градот или евентуално се оди во соседниот град.Чиниш се спремаме за на црвен тепих. И на крај, кога ќе дојде долгоочекуваната вечер, сфаќаш дека не ти требале сите тие трошоци и напори за да се изгледа како од холивудски филм. Ако воопшто се постигне таков изглед. Бидејќи се почесто овие претерувања даваат целосен кич- ефект. И тоа го фрла во вода сиот вложен труд и средства. Но, работите се такви какви што се. За жал, овој тренд допрва ги напаѓа матурантите. А за одлична матурска вечер, не се потребни ниту свечената тоалета, ниту вртоглаво високите потпетици, ниту скапата шминка и фризура. Всушност, тие само го отежнуваат забавувањето. Внимавањето се да остане на свое место е една огромна пречка за матурнатот да си помине лудо и незаборавно на денот кој треба да го памети цел живот. Би било многу подобро кога вложениот труд за некаков гламурозен изглед би го вложувале во организација на неколкувечерни одлични забави. Тоа би била матура за паметење.Но, којзнае, можеби токму нашата ќе биде една од таквите.

Честита матура и многу успеси понатака,Сара Матовска

АВТОР: САРА МАТОСКА

Page 12: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

12

ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈАПСУ. “Петта приватна гимназија” по повод денот на Европската Унија (9 Мај) организираше ликовни активности во кои се цртаа симбоилите на ЕУ. Учествуваа ученици од нашето училиште и ученици од основните училишта од Струга. Цртежите се нацртани во 3Д и кога се гледаат од определено место, тие изгледаат реално.

Page 13: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

13

Во светот 13,1% од вкупното население страда од глад. Тоа значи дека околу 925 милиони луѓе секојдневно гладуваат. Во периодот на 2010 година, секој ден по 20.000 деца умирале од глад.Нашата планета создава храна која што е доволна да прехрани 7 билиони луѓе, но тие што страдаат од глад или немаат земјиште или пак пари за да купат храна.

Во Македонија состојбата е подобра од светскиот просек, но сепак има луѓе кои без помош на останатите не можат да си овозможат доволно храна. Многу хуманитарни организации во Македонија се трудат да го намалат процентот на гладни лица, но без помош од останатите граѓани тоа е многу тешко, а скоро и невозможно.

ПСУ. “Петта приватна гимназија” – Струга, организираше хуманитарна акција со цел да придонесе во борба

против гладта, но и да ја подигне свеста кај населението за овој глобален проблем.

Акцијата која се одржа по иницијатива на учениците и наиде на голем интерес од страна на професорскиот кадар во нашето училиште, а подоцна на истата и се приклучија неколку големи маркети и магацини, беше спроведена во две фази.

На 23 и 24 Април, пред маркетите на: Тинекс, Рамстор, Миса и Балкопром во Струга имаше ученици-волонтери од нашето училиште, собираа продукти за исхрана и хигиена од купувачите во овие маркети.Собраните средства и продукти, од учениците кои беа ангажирани во истата, беа доставени до социјално- загрозените семејства од Струга и струшко.

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА

Page 14: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

14

Во Домот на културата во Струга бевме сведоци на уште еден ваш одличен настап и едно и полчасовна смеа.Како дојдовте до идејата да го создадете ова одлично дуо?Никола: Заедно сме цел живот од шест годишна возраст. Почнавме заедно во драмско студио, студиравме заедно на Факултет за драмски уметности во Софија, работиме заедно во Театарот во Охрид. Проектот си дојде спонтано, едно неделно попладне околу четири без петнаесет решивме да работиме и се создаде 2 MOTHERS BROTHERS.Стрезо: Не беше идеја, туку беше должност! По толку многу години заедничка работа и дружба, должни и бевме на публиката да го направиме дуото 2 Mothers Brothers. Идеите обично доаѓаат како разјарен оган, а ова нашето „тлееше“ со години и во еден момент решивме само да го „запалиме“.

ИНТЕРВЈУ СО: 2MOTHERS BROTHERSНикола Тодороски и Стрезо Стаматоски или дуото 2Mothers Brothers, моментно ја доживува својата популарност со овој свој проект, што го сочинуваат низа скечеви на одредени теми актуелни по својата содржина. По гледањето на ова кабаре - шоу кое не насмеа до слози, решивме да направиме краток разговор околу идеите, реализацијата, но и други теми поврзани со нивната кариера.

Несомнена е вашата одлична соработка. На што се должи таа тимска поврзаност на сцената, а и надвор од неа? Стрезо па Никола: Пред сé нас нé поврзува силната и безусловна љубов кон сцената и публиката, односно кон нашата работа. Ние сме заедно точно 25 години, заедно сме студирале и сега заедно работиме во иста матична куќа. Знаеме кој како дише и тоа ни е кец во ракавот на сценатa.Од каде ги црпите идеите за создавање такви скечеви? Никола: Од сé што се случува околу нас и со нас. А голем дел од работите се раѓаат за време на изведбите. Досега ниту еден настап на 2 MOTHERS BROTHERS не бил како претходниот.Стрезо : Материјал има насекаде... Во традицијата, во „плиткоста“ на луѓето, во љубовта, во сопствените

Page 15: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

15

случки и карактерни особини, итн. Умешноста е д1а ги видиш, да ги обработиш низ призмата на хуморот и на посебен начин да ги изнесеш пред публика.

Кога се формираше „2 Mothers Brothers“? Колку настапи броите зад себе? Никола: Премиерата беше на 29.12.2013 во охридскиот клуб Jazz Inn. Досега сме настапиле 16 пати, најмногу во Охрид, но и во Струга и во Битола. Ќе има претстави и низ останатите градови во Македонија.

Од што се состои генерално самото шоу? Никола: Концептот или народски речено финтата на шоуто е што зборуваме за секојдневни теми, ама низ наш агол и задолжително за секоја тема има барем по една песна која е преработка или е комплетно наша авторска. Нормално единственото правило е да е смешно.Кога повторно можеме да ве очекуваме во Стругa? Никола: Многу наскоро ќе имаме настап на летната сцена во Домот на културата. Чекаме да помине зимава која требаше да е пролет:)Стрезо: Кога ќе нé поканат, тогаш... (Хахаха)... За брзо. Се надеваме дека на лето стружани повеќепати ќе имаат можност да нé видат.Никола замина, извинувајќи се што мора да замина на проба, поздравувајќи ги учениците на „5-тата Приватна гимназија“ и поканувајќи ги на една од следните изведби и нé остави разговорот да го завршиме со неговиот колега и партнер Стрезо.

Стрезо, иако многумина те гледале во Охридскиот театар и во ова кабаре, сепак твојата актерска кариера не започнува тука. Имаме еден податок

дека како ученик во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, си бил во улогата на Чорбаџи Теодос во истоимената драма. Се сеќаваш ли на тој настап? Какво беше искуството? Имаме сознанија дека прекрасно си ја доловил таа улога.Стрезо: Се сеќавам.. Како не...Бев 8 одделение, а тоа беше пред едно 945 години.... Тоа беше еден исечок од пиесата кој што го работевме во сколп на драмската секција и тогаш повторно бевме заедно со Никола. Јас во улогата на Теодос, а тој во улогата на Спиридон. Искуството беше како да скокам банџи од највисоката зграда на светов, страшно, но неодоливо.

Дали тоа беше поттик да се определиш за актерството како своја животна професија или пак постоеше и нешто друго?Стрезо: Точно од тој момент, кога излегов на сцената пред 600 души и кога го добив првиот аплауз, знаев дека тоа ќе биде мојата професија во иднина. Во ниту еден момент досега не сум се поколебал!

И двајцата сте вработени како професионални актери во Охридскиот театар. Колку претстави сте одиграле досега? Стрезо: Во тригодишното постоење на Народниот театар од Охрид и двајцата бевме ангажирани во сите проекти колку што досега беа продуцирани од нашата куќа, како и во копродукции со други театри од Македонија. Заедно имаме изиграно преку 20 премиери од кои само 11 се во Народниот театар во Охрид. Вкупно изиграни претстави имаме преку 200 и на наше задоволство тој број секојдневно расте.+++

Какво е вашето мислење? Постои ли доволен интерес за театар и знаат ли луѓето да ја почитуваат вашата уметност и она што го создавате?

Стрезо: Театарот е ритуал и традиција. За нешто да биде ритуал и традиција треба да се почитува, треба да се учи за него и да помине време. Нашиот театар е уште млад, но се движи во добра насока.

Публиката кај нас знае да го испочитува она што е квалитетно, а на театарот му останува да приредува што поквалитетна програма.Подготвува ли нешто ново Охридскиот театар за скоро време?Стрезо: Да. Наскоро публиката ќе има можност да ја види премиерата на претставата „На дното“ од Максим Горки.

Какви се вашите планови за понатаму, за проширување на шоуто „2 Mothers brothers“ низ нашата земја,a можеби и надвор од нашите граници? Стрезо: Како што спомнавме и погоре, шоуто од изведба во изведба се проширува и трпи промени. Планиран е и нов материјал, но тоа од следната сезона, по летните одмори. Во план е гостување во Скопје ова лето, како и во неколку други градови, а можно е наредната година зимските температури да ги замениме со тропски горештини, се разбира со фул опрема за летување (добро познатите пераи, маски за нуркање, кајчињата Канео 2 и 3, неонката и прашакот за пециво... ах да и „Аутан“ против комарци и крокодили ) 2 Mothers Brothers е на сам почеток, така што има уште МНОГУ што да покаже!

Ивана РаткушиноскаАјлин Крацоска

Page 16: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

16

ИСТАНБУЛНаша овогодинешна дестинација беше вечниот град, Истанбул. Град кој плени со својот раскош и убавина, а глетката кон Босфорот ве остава без здив. Екскурзијата се реализираше на почетокот од месец април, па возбудата беше голема уште пред самото тргнување. Патувањето беше одлично организирано, а во Истанбул бевме срдечно пречекани од нашиот локален водич Исмет, на кого сме му многу благодарни за огромната грижа и внимание, за сите споделени информации во врска со Истанбул, но најмногу поради тоа што ни овозможи накратко да се сретнеме со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и да направиме фотографии со него.

Во трите дена колку што престојувавме во Истанбул имавме можност да ги посетиме неговите најзначајни знаменитости. Една од тие посети беше и онаа на џамијата „Султан Ахмед“, наречена и Сина џамија, изградена е од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед Ага по нарачка на султанот Ахмед I во периодот од 1609 до 1616 г. Поради своите бои — сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа исто така е позната и како „Сина џамија“. Џамијата Султан Ахмед е првата џамија во Османлиската Империја, која има 6 минариња. Се искачивме и на највисоката на тераса во Европа – Сафир сеир тераса, која нуди уникатен поглед кон целиот Истанбул. Незаборавно беше доживувањето да се надлетува Истанбул со хелихоптер преку 4Д – проекција токму од оваа тераса и визуелно да се посетат најзначајните знаменитости на овој град. Но, како да не сте биле во Истанбул доколку не ја доживеете атмосферата на Капали чаршија, затоа што тука најдобро се доловени духот и традицијата на градот и неговиот народ.

Вториот ден беше резервиран за посета на некогашната палата на султанот Сулејман, каде што одблиску можевме да го видиме и да го почуствуваме раскошот на едно време кое до ден денес останува ненадминато. Топкапи сарајот бил главното седиште на администрацијата на Османлиската Империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно море, блиску црквата Света Софија. Палатата претставувала место каде се одржувале голем број државни конференции,

совети и забави на султанот, а денеска претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Денеска, Топкапи сарајот претставува една од најголемите туристички атракции на градот. Во 1853 година,султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче. Токму оваа резиденција имавме можност да ја посетиме последниот ден.

Долмабахче се наоѓа во европскиот дел на градот. Овој објект е првиот дворец којшто бил изграден во Османлиската Империја. Бил граден во времето на Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. До 1922 година служел како резиденција на султанот. По 1922 година во него живеел творецот на модерна Турција, Кемал Ататурк. Денеска е претворен во музеј. Можеби нашето доживување беше најголемо токму при посетата на Долмабахче, затоа што е сосема поразличен од сé што претходно посетивме и затоа што многу потсетува на парискиот Версај. Исто така бевме воодушевени од прекрасните градини околу сарајот, како и погледот кон Босфорот што го одзема здивот.

Впечатоците од нашето патување се многубројни. Не постојат зборови со кои би ги опишале, па затоа ги оставаме сите што не го посетиле овој вековен град да го направат тоа. Зашто како што се вели „Една слика вреди илјада зборови“. Ве оставаме да уживате во сликите што успеавме да ги забележиме на ова наше патување.

Рабијан Мавмудоска

Адиса Веселоска

Г РА Д О Т Н А Д В А К О Н Т И Н Е Н Т И

Page 17: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

17

Page 18: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

18

ПОСЕТА НА СТРУМИЦА И КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАДИ

Нашето училиште во текот на оваа учебна година организираше повеќе екскурзи во кои спаѓа и еднодневната екскурзија во Струмица, при што што беа посетени Колешинските водопади.

Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица во долниот дел на реката Баба, на надморска височина од 500м. Колешинскиот водопад се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15м, со широчина на падот од околу 6м. Според настанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спроти Колешинскиот водопад , на оддалечност од околу 100м, се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри , кои припаѓаат на неговиот центален слив.

Со покачувањето на температурите расте и бројот на посетителите кои секојдневно доаѓаат тука. Во просек, овој предел дневно го посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите оваа бројка е двојно поголема. Но, кога би имало сместувачки капацитети би било идеално, зашто уникатноста на овој крај е рај за очите и душата.

Учениците на ПСУ„Петта приватна гимназија” беа водушевени од глетката и убавината на струмичките Колешински водопади. За сите нас оваа екскурзија беше едно големо искуство, бидејќи повеќето од учениците воопшто ја немаа посетено оваа област, туку само слушнале за природните убавини на овој крај. Така, уште еднаш се потврди познатата изрека „Запознај ја својата татковина за да ја сакаш повеќе“. Се надеваме дека и следната дестинација ќе биде уште поинтересна и поживописна.

Page 19: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга

Литературен клуб

19

Пирејот како симбол за неуништливоста на македонскиот народ(кон романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски

Исконска сцена за возвишеноста, никогаш покорена земја, за која е доволно само една тревка да допре до земјата за пак да никне, да воскресне непокорливата волја на нејзиниот народ. Токму таква сцена е прикажана во романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски. Роман кој раскажува за еден од најтешките периоди за Македонија, период кога најлесно било да се изчезне без трага и глас, но како и пирејот така и ние секогаш никнуваме одново и одново. Двајца главни ликови раскажуваат за еден цел народ. Јон- човек кој од младоста па сé до последниот здив се соочува со смрт, загуби, неуспех. Велика- жена со која судбината лошо си поиграла и ù ги одзеде петте деца и сопругот. Тој се бори за туѓи интереси во текот на Првата светска војна, каде што само чека да го заколат. Таа се соочува со другиот лик на војната: болести, глад, студ. Далеку еден од друг, единствената волја за да продолжат понатаму е помислата дека сепак на крај ќе бидат заедно. Додека Јон се соочува со апсурдот да си го уапси сопствениот брат кој е на страната на „непријателот“, само за да си ги види децата, Велика ги губи. Едно по едно, без право на приговор, без никаква милост, ги губи сите пет. Со свои раце ги копа гробовите за сопствените чеда кои ù ги уништи војната. И кога на крај Јон се враќа, таа длабоко во себе се надева дека ќе наиде на разбирање и утеха. Но, сé што добива се прекори и омраза. Јон ја обвинува неа за смртта на нивните деца. И тоа ја докрајчува. Заедно растат страдањето на Велика и омразата на Јон. Но, во тие мигови на бескрајни маки и психички самоуништувања, кај двајцата на видик се појавува светлина на крајот на тунелот. Ново, шесто дете во речиси уништеното семејство Мегленоски. Ново раѓање пропратено со уште една смрт, онаа на Јон. Јон умира, а Роден се раѓа. Пирејот го најде своето парче земја и повторно никна. Никна за да покаже дека сé уште постои надеж и сила во народот за да се победат сите несреќи. Никна за да покаже дека постоиме и покрај сé и дека не постои сила што може да нé уништи.

Мерсо- странец за себе и за другите(кон делото „Странецот“ на Албер Ками)

Живеењето тука и сега е причински. Речиси секој од нас е во вечна потрага по смислата на животот, освен Мерсо. Тој е „Странецот“ на Албер Ками којшто животот го конципира врз апсурд и доживува пад во лавиринтот на туѓи морални вредности. Случаен злосторник, осуденик на смрт, незаинтересињњран и индиферентен околу сопствениот животен став- тоа е Мерсо. Ги прегазува божјите заповеди- пуши цигара на бдеењето на неговата мајка, незаинтересиран е за Марија, единствената која некогаш го сакала и упатува уште четири куршуми во веќе безживотното тело на Арапот за кого не знае ниту зошто го убил. Иритантниот мир и рамнодушноста се верните сопатнички на Мерсо, а Марија, пријателите, соседите- тоа се само ликови кои туку така се нашле во неговиот живот. Но, всушност Мерсо е жртва на општеството на современиот свет, олицетворение на модерниот човек, уморен, невротичен, студен, кој не знае за дијалог и дружење, тотално отуѓен. Но, сето тоа завршува по убиството. Здодевното секојдневие на Мерсо е прекинато со судењето и осудата на смртна казна. Тука Мерсо се буди од апсурдноста и бесцелноста на својот живот и сфаќа дека го потрошил залудно. Сега, кога смртта е на прагот, Мерсо посакува да живеел поинаку, посакува навреме да сфател колку е вреден животот. Но, Мерсо е веќе пред свршен чин. Поради рамнодушноста, неговиот живот наскоро ќе биде завршен, па сето каење е беспотребно. Убеден дека смртта е полесна од животот, Ками го прикажува она најлошото во човекот: да се биде странец во сопствената кожа и да се прифати со апсурдна индиферентност.

Page 20: „Петка“ - Училишен весник на ПСУ „Петта Приватна Гимназиај“ Струга