27

Издание бр.7

  • Upload
    -

  • View
    245

  • Download
    11

Embed Size (px)

DESCRIPTION

форумски весник

Citation preview

Page 1: Издание бр.7
Page 2: Издание бр.7

ЗА ВЕСНИКОТ

Форумскиот весник Црнобело продолжува во остварувањето на својата цел, а за

тоа сведочи моменталната состојба на форумот ,,Црнобело”. Во ова февруарско

издание ќе сретнете интересни содржини кои го отсликаа месецот.

За ова издание мораме да признаеме дека потрошивме многу малку време, затоа што

,,љубовта” секого го однесе на некоја работна задача, но тоа не е нешто кое не попречи

да создадеме уште еден одличен број од форумскиот ЦБ весник. За овој број, ЦБ тимот се

намали за еден член, односно Saladin поради одредени обврски го напушти ЦБ тимот.

Карактеристично за овој број е тоа што се решивме да го смениме дизајнот, но сепак тоа

да биде симболично за овој форум, а истовремено се надеваме дека и на вас ќе ви се

допадне истиот. Како во секој број така и во овој ќе одделиме мал дел наречен ,,Статистика на форумот”

кој сведочи за исполнувањето на целта на Црнобело весникот – забава за активните

членови, разбудување на заспаните членови и повикување на нови. Број на новоотворени теми: 27

Број на нови членови: 14

Број на разбудени членови: 5

ЦБ тимот, меѓу другото се реши да направи и измени во издавањето на весникот,

односно ЦБ весникот нема повеќе да биде месечно издание, туку ќе биде

двомесечно издание, со цел да се собере поголема содржина која ќе ги

претставува подетално случувањата на форумот, но и оние надвор од него.

Page 3: Издание бр.7

ИНТЕРВЈУ СО ЧЛЕНОВИТЕ

-•Lil Lamb•-

1. Што е она што те врати на форумов?

- Седнав така пред некој ден, нема кај да влагам- пошто насекаде сум банирана освен овде иако

не верувам за долго, на кајгана, на фемина, на сите можни четови и форуми,

едвај се сетив на пассвордот, Но се сетив и си влегов, си реков што ќе направам нов профил, имам

стар, ќе си го вратам тој.

А, сега гледам и дека интересно било овдека. Има најразлични интересни теми, каде што би

можеле да си дискутираме на истите.

2. Периодов си означена како дамка на бела постелнина поради галамата која ја

создаваш низ темите. Зошто го правиш тоа?

- Не би знаела на ова да одговарам. Не знам. Кога би тргнале од некоја психолошка гледна точка,

тоа би било само поради тоа што во реалноста ми фали внимание,

сето она што се собрало во мене едноставно -овде излегува сега. Но не е така.

3. Дали ти годи да бидеш позната, но по лошо?

- Позната? По форумиве сум само како еден дух, кој талка низ нив, само уште еден ник и лик

несфатен.

4. Со кој член си го имаш муабетот, а со кој кавгата?

- Со никој не си го имам муабетот, никогаш не сум го имала никаде општо на нетов. А ниту пак

кавгата ја имам со некој. Едноставно сме различни карактери на луѓе и не се

сфаќаме, не можеме.

5. Каква личност е -•Lil Lamb•- надвор од форумов?

- Депресивна и јадна.

6. Како се снаоѓаш во кујната и кое јадење ти е омилено?

- Планираш за жена да ме земеш? - Пхахахаха... Не ме бива в кујна. А ептен голем гурман сум, сите

јадења подготвени со љубов и сласт, ми се допаѓаат и ми се слатки

и омилени.

7. Како го исполнуваш своето слободно време?

- Последниов период со некоја добра книга, филм и ИДИВИДИ. Пахаха, пречесто сум овде

Page 4: Издание бр.7

8. Веќе спомна дека немаш дечко и дека си во потрага по истиот. Како ја замислуваш

љубовта на твојот живот?

- Љубовта на мојот живот... Прашањата поврзани со љубов одсекогаш ми биле тешки за

одговарање и се мислам на нив премногу,кога ме прашуваат во реалноста, бегам

веднаш од темата, како што си ја замислувам е смешно многу и иритантно. Еднашка на кајгана

форумот сум пишала во љубовни проблеми, како ја замислувам

немаше воопшто мили реакции, ме цитираа наредните пет страни девојките. И си реков више

никад.

9. Кратки прашања за подобро запознавање:

Италијанска или француска кујна?

- ИталиЈАНО

Мерцедес или Хонда?

- Ниту еден од двете марки не ми прави задоволство и мерак.

Штикли или патики?

- Патики, стартки.

Влакнести или депилирани мажи?

- Влакнести, депилираните неубаво некако ми изгледаат, ги гледав на плажа и открив дека

влакнестите поише ме палат.

Камшик или лисици?

- Ни едното, ни другото. Али кога веќе би морала да одбрам, би го одбрала камшикот.

10. Ова прашање секогаш го даваме како прилика членот да се искаже. Овој пат имаш

шанса да кажеш што мислиш за форумот, членовите, модераторите и прилика за

обраќање кон некој член.

Зошто сето ова, не разбирам. Не прв пат се среќавам со вакво интервју, мислам дека имате вие

некои задни намери.

- За форумот мислам дека е одличен, но му треба негово оживување, според мене. А за да би

оживнал треба сите членови да се впуштат во дискусија низ темите,

што тоа го нема и фали многу. Не знам од која причина на луѓето им е позабавно само да читаат,

но не и да реплицираат, мене би ми било досадно само да читам туѓи

мислења, а моите да ги нема помеѓу нив хаха, за промена би треснала нешто и јас. Затоа и е

форум, сите да учествуваме во него и да споделуваме заедно, за да би бил

поинтересен и забавен. Модераторите, некои чинат некои не. Мислам дека некои не заслужуваат

да ја имаат таа титула бидејќи ние обичните членови треба да се огледаме

на нив. Што во овој случај не е можно. Онаа Мисшкенди,некако многу ми е растресена. Електра

исто не ми се сфиѓа. Како модератор таа има обврска

да не ја продолжува кавгата помеѓу членовите, кај неа го забележив сосема спротивното. А ако и

оној Алтаир е мод, ондак шта речи.

Page 5: Издание бр.7

LittleButterfly

1. Како ја започна твојата приказна на форумов?

- Мојата приказна со форумов започна во еден не толку убав период од мојот живот...

Пред 2-3 години...

Тоа беше период кога стоев на раскрсница и се двоумев кој правец да го фатам...Имав повеќе

слободно време, во тој период не одев на работа, па повеќе време поминував пред компјутер,

барајќи одговор за мојот проблем и совет како да дојдам полесно до одлуката...Ме интересираа

искуства и ставови од други луѓе кои го делат истиот или сличен проблем како мојот...

Така, стасав до форумов...до некои од темите...

Бев пасивна, сеуште не бев член туку само читател...

Бев заинтригирана од неколку членови кои беа тогаш активни и еден ден решив да им се

придружам во дискусиите...

Иако на почеток моите постови беа кратки и срамежливи, полека си се опуштив и ете си останав

на форумов...

Дури и да немам некогаш што да кажам или не сум расположена за било каква дискусија, сепак

ме “копка“ да видам што се случува, што дискутираат останатите членови, кои се нови теми, кој

што напишал....

2. Со кои членови си го имаш муабетот, а со кои кавгата?

- Па, муабетот од старт си го имав со @Асклепиј, тогашниот @Аркантос...Станавме многу блиски,

си се најдовме во муабетот, најдовме многу заеднички сличности...се советувавме, си кукавме....

Сега не е нешто активен, ама уште си го имаме муабетот...

Во тоа време си го имав муабетот и со @Photographer...гледам и тој не е нешто активен...

Му требаше некој за разговор, беше во некаква љубовна криза, па си муабетевме и со него...

Тука е и @The_Major, @violetmoon...

А во последно време најмногу со @Outrider...

Кавга си немам со никого...

Порано во еден период имавме некои препукувања со @melpomena и @existence, ама со

@existence сега сме во коректни односи....

Се случуваат некои препукувања по темите, ама тие не ги сметам за кавга или конфликт,

едноставно се дел од еден форум...

Различни луѓе, различни, ставови, различни мислење, па нормално е да дојде и до некои судири

на ставови...

3. Што најмногу те расположува на овој форум, а што најмногу те иритира?

- Најмногу ме расположуваат некои постови со доза на саркастичен хумор во нивната

содржина..на пример оние на @Electra и @Outrider, едноставно уживам додека ги читам...

Најмногу ме иритираат тролови....е многу ме нервираат...

И ме нервираат некои нови членови особено девојчиња кои мислат дека се исклучиво на женски

Page 6: Издание бр.7

форум и секој пост го почнуваат со “ Значи, вака...“ или само “Вака сега...“ мислам WTF?

4. Опиши се со пет зборови каква личност си во реалноста.

- Ај ќе пробам, а да не испадне фалење

Openminded, приземна, реална, рационална, енергична.

5. Кое е твоето хоби?

- Па, она што во особено уживам да го правам кога имам слободно време, а не е баш хоби, тоа е

играње табла...Едноставно обожавам да ја играм...

Сакам да создавам нешто со свои раце, тоа е мое хоби...Сакам кога од ништо, ќе направам

нешто...Без разлика дали станува збор за пар обетки, сплетен шал, па може нешто и од кујна,

торта, кифлички...

А во последно време сакам да сложувам сложувалки со синчето...

6. Се ближи денот на вљубените. Дали ќе го празнуваш и што очекуваш?

- Денот на вљубените не ми значи апсолутно ништо...обичен ден како и секој друг...

Никогаш не сум го празнувала нити пак почитувам американски искомерцијализирани наметнати

лигави и исфорсирани чаши, мечиња, срциња, свеќи итн.

Нема да го празнувам сигурно и не очекувам ама баш ништо...

7. Дали имаш поставено некои цели кои мора да ги исполниш оваа година и кои се тие?

- Никогаш не си поставувам некои цели и не дозволувам да се оптеретувам со нив константно...

Се разбира си имам свои цели и планови, ама не сакам да се ограничувам временски, зашто како

што обично се случува во животот, ништо не оди според планираното...

Ете да речеме дека имам за цел да останам бремена за второ дете...

8. На кои места LittleButterfly обожава да го поминува ноќниот живот?

- Пеперутката остаре...

Порано сакаv да акам до 'сто саатот', да се враќам дома ќора пијана и под дејство на лесни

наркотични средства...

Ама, сега се радувам ако можам да си легнам пред 23h

Сакам слободните вечери да ги поминувам со блиски другари..да изиграме некоја партија карти,

да се напиеме вино, пиво било што...или со истите да излеземе во некој потивок ресторан на

вечера...Во последно време почнаа да ми сметаат бучни места...

Старост, шта чеш...

9. Ако добиеш 1.000.000 евра на лото, на што ќе ги потрошиш парите?

- Камо среќа...

Ќе ги спакувам куферите и во истиот момент ќе ја напуштам државава...

Ќе заминам некаде каде што е топло, пред се’, и каде што ќе можам со тие пари да им обезбедам

Page 7: Издание бр.7

некоја солидна иднина на децата и на моите најблиски...

Штета што премијата кај нас е 10 пати пониска, така да ништо...ќе си остане само пуста желба

10. Како за крај имаш прилика да се обратиш кон некој член или да го кажеш она што ти лежи

на душа, а досега си немала прилика тоа да го кажеш.

- Па баш и не сум останала недоречена кон некој...

Се’ што сум сакала и што ми паднало на памет сум си го кажала...

Ми лежат многу работи на душа, ама не се упатени кон членовите...

Page 8: Издание бр.7

МЕСТО ЗА НАЈДОБРИТЕ

ЦБ весникот повторно продолжува со означување на членови, мислења и

теми кои го обележале месецот. Новост е тоа што ќе означуваме и

модератор кој го означил месецот.

Член на месецот: -*Lil Lamb-

Член кој го привлече целото форумско внимание кон себе, поттикна

форумска врева и се истакна како член за овој месец.

Тема на месецот: Собиранка

Тема отворена по повод три години постоење на ЦБ форумот и тема која ги

зближува членовите и во приватноста.

Модератор на месецот: Altair

Модератор кој прикажа и усвои интересна идеја на форумов – приказ на

бројот на мислења, допаѓања и трофеи под никот.

Мислење на месецот: Мислење означено како најхумористично за овој

месец. Тема: Форумски весник ,,Црнобело” (прашања, предлози…).

Altair: Ее да бев јас до сега 2 броја ќе излезеа.

Electra:

Page 9: Издание бр.7

МИСТЕРИЈА

Зодијак

Познат е случајот на серискиот убиец `Зодијак` кој

ординирал во САД во 60-те и 70-те години (а можеби и

подолго) снимани се филмови и документарци и пишувани

се книги. Манијак со сличен modus operandi и со иста

способност за `исчезнување` и изоставање траги убивал во

Коста Рика, поточно 31 жртва од 1986 до 1997. Наречен Ел

Псикопата, убиецот убивал парови кои оделе на осамени

места да имаат секс. Но со тек на време тоа му станало

недоволно за неговите апетити и еднаш масакрирал шест ученички заедно со учителката

кои биле на излет во природа, во реонот кој станал познат како `Триаголникот на смртта`

меѓу градовите Алахуела и Картаго.Најчесто користел автомат М-3 Грис Ган за самите

убиства а кај повеќето жртви продолжувал со сечење на делови од телото, обично

градите на девојките.

Костариканските власти се обратиле за помош на ФБИ но и покрај заедничката работа

манијакот останува до ден денес на слобода. Дали продолжил да убива не е познато

бидејќи после 1997 убиствата во тој реон престанале.

Не е невозможно еден ден и да се појави во јавност и да си живее безгрижно бидејќи во

Коста Рика, за разлика од многу други земји - и убиството како кривично дело било

подложно на застарување.

Постојат многу теории за тоа кој е убиецот, од екс-герилец на кого му избегала топката по

удолница, богат и размазен син на богати родители кој своите манијакални апетити ги

задоволува со помош на корумпирање на полицијата а можеби и самиот Зодијак кој

емигрирал во Коста Рика откако истрагата во САД се приближила доволно блиску за да

избега во тропскиот рај и да продолжи со своите крвави навики.

Мистерија е зошто многу манијаци убиваат љубовни парови. што е тоа што ги доведува до

бес при погледот на пар кој се бакнува или има секс?!

Page 10: Издание бр.7

ЦРНОБЕЛА КУЈНА

Чоко – Нес торта

Потребни состојќи:

-5 јајца

-4 лажици шеќер

-2 белки

-3 лажици брашно

-1 лажица какао

-1 прашок за пециво

-6 лажици мелени ореви

-2 лажици млеко

-5 лажици рум

За Крем:

-700мл млеко

-2 кесички пудинг од ванила

-120 гр. шеќер

-2 жолчки

-3 лажици инстант кафе

-150 гр. путер

За чоколаден прелив:

-200 гр. темно чоколадо

-400 мл. слатка павлака

Подготовка:

1. Пенесто да се заматат трите жолчки со 3 лажици шеќер.Во садот додадете брашно и

какао,прашок за пециво и мелени ореви.Сето тоа изматете г го со жолчките.

Изматете ги белките (3+2) со една лажица шеќер,со тоа што ќе оформите цврста смеса и полека

соидинете ја со претходната смеса.

2. Ставете ја смесата во калап од 22cm,кој претходно ќе го обложете со хартија за печење и

ставете да се пече во загреана рерна од 180 степени околу 40минути.

Оставете ја испечената кора да се олади малку потоа отстранете ја хартијата за печење и

поставете ја на чинија за посложување.Околу кората ставете ги рабовите од калапот за торти и

испрскајте ја кората со мешавина направена од 2 лажици млеко и 5 лажици рум.

Page 11: Издание бр.7

Крем:

1. Во 500мл млеко додадете шеќер и ставете на рингла да зоврие.

2. Во преостанатите 200 мл. ладно млеко,додадете прашок за пудинг и жолчките потоа добро

изматете.

3. Во жешкото млеко додате инстат кафе а потоа и изматениот пудинг со жолчки го мешете се

додека не се изнедначи во кремот.

Готовиот крем тргнете го од ринглата прекријте на површината на кремот со проѕирна фолија и

оставете да се излади.

4. Изматете го путерот додека не стане пенест па во неколку наврати додадате му го млакиот крем

и потоа добро изматете ја смесата со миксер.Кремот потоа прелијте го преку кората и ставете во

фриждер да се излади.

Чоколаден прелив:

Ситно исецкајте го чоколадото потоа сварете ја слатката павлака и прелијте ја преку

чоколадото.Мешајте додека не се добие фина и глатка смеса.Прелите преку филот и оставете 2 до

3 часа да се излади во фрижидер.

Page 12: Издание бр.7

МОДА И УБАВИНА

На доделувањето на оскарите холивудските ѕвезди се подтрудија да блеснат во потполн

сјај,но некои кои сакаа да изгледаат атрактивно го постигнаа спротивниот ефект.

Во продолжение ви ги прикажуваме ѕвездите кои добија најпозитивни модни критики:

Page 13: Издание бр.7

Ѕвездите кои беа осудени со негативни критики:

Непријатна ситуација за време на оскарите

Џенифер Лопез за оваа прилика одбрала

раскошна кринолина со боја на пудра со потпис

на Ели Сааб, со изразено деколте, збогатени

слоеви тул кои совршено се стопиле на

извајаното тело на убавата пејачка.

За жал, многу сличен фустан од истата

дизајнерка со боја на праска избрала и

Луцијана, сопругата на Роберт Дувал кој бил

номиниран за најдобра машка споредна улога.

Славните дами избираат фустани за оваа вечер

неколку месеци порано, а стилистите и

дизајнерите на глумците се координираат за да

избегнат баш ваква ситуација.

Очигледно никој не ја прашал г-ѓа Дувал што ќе

облече на доделувањето на Оскарите.

Но сепак фустанот на Џенифер подобро и

прилега одколку на г-ѓа Дувал.

Page 14: Издание бр.7

ФИЛМ И ТВ

The Oscars

На 22ри февруари се одржааа 87те најпрестижни филмски награди - Оскарите.

Спој на елегантното и модерното, пропратен со многу гламур и забава.

Бар така требаше да биде.

Наместо тоа, го добивме можеби и најбледото издание во последните неколку години.

Сцената, спремноста и блескавоста беа тука, но недостигаше оној холивудски дух кој ја прави оваа

церемонија препознатлива.Овогодинешниот водител беше познатиот актер Нил Патрик Харис, од

кој се очекуваше огромен бум, имајќи ги предвид неговиот шармантен и ведар карактер, како и

неговата најпозната улога на вицкастиот заводник Барни, но за беља, ниту тоа не излезе според

очекувањата. Очигледно е дека недостигаше смислата за хумор, дали кај продуцентите или кај

гледачите - е само прашање на гледиште.

Се чинеше ко и Оскаровците млитаво да ја сфатиле манифестацијата, па не добивме нешто што би

ни го одземало здивот ниту од нив...што навраќа на недостигот на стариот и познат холивудски

дух. Видовме многу голи нозе и деколтеа, но ретко кое соодветно на возраста или градбата на

тело. Масивни ланчиња на несоодветни фустани, лошо вклопени бои и детали, дреч црвени,

гумени ракавици и ремени, па дури и Исус прошета некаде по тепихот. Видовме и ликови кои

воопшто немаат допирни точки со Оскарите, некои ниту пак со глумата, но кои, вака или онака,

стигнале до покана.

Кога сме кај поканетите, иако беше спомнат, за жал или за среќа, не го видовме Кање Вест да

излета на сцена жалејќи се дека Selma нема добиено доволно награди, затоа што, погодувате - е

еден од најдобрите филмови на сите времиња. На сите времиња!

Стилот, како што веќе напоменавме, беше прилично млитав. Додека момците ретко може да

згрешат со класичните одела, жените имаат поголем избор за утка. Така, дефинитивни

„фаворити“, со тешко срце, ни беа Никол Кидман, Кира Најтли и Оскаровката Џулиен Мур, чии

убави лица не успеаа да ги засенат грдите фустани.

Доколку сте ги пропуштиле Оскарите или вестите околу нив, да се потсетиме на победниците.

Најдобар филм: Birdman

Најдобрa машка споредна улога: J.K. Simmons, Whiplash

Најдобра споредна женска улога: Patricia Arquette, Boyhood

Најдобра костимографија: The Grand Budapest Hotel

Најдобра кинематографија: Birdman

Најдобра шминка и фризура: The Grand Budapest Hotel

Page 15: Издание бр.7

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: Ida, Полска

Најдобар краток филм: The Phone Call

Најдобар краток документарен филм: Crisis Hotline: Veterans Press 1

Најдобар звук: Whiplash

Најдобра монтажа на звучни ефекти: American Sniper

Најдобри визуелни ефекти: Interstellar

Најдобар краток анимиран филм: Feast

Најдобар продукциски дизајн: The Grand Budapest Hotel

Најдобар анимиран филм: Big Hero 6

Најдобра монтажа: Whiplash

Најдобар документарен филм: Citizenfour

Најдобра песна: John Legend & Common - Glory, Selma

Најдобра оригинална музика: The Grand Budapest Hotel

Најдобро оригинално сценарио: Birdman

Најдобро адаптирано сценарио: The Imitation Game

Најдобра режија: Alejandro González Iñárritu, Birdman

Најдобар актер: Eddie Redmayne, The Theory of Everything

Најдобра актерка: Julianne Moore, Still Alice

Македонските гледачи имаа можност програмата да ја пратат повторно со неповторливата

Миланка, која беше шлагот на и онака чудната по вкус торта.

Знаеме дека преводите од англиски на македонски (и обратно) некогаш баш и не можат да бидат

100% ускладени, но убедливиот фаворит од нејзиниот спектар на преведени бисери, беше филмот

Whiplash или Игра на Лудилото.

Зошто? Не знаеме, но време е и ние да се одјавиме.

До подобри Оскари и посолидни преводи.

Page 16: Издание бр.7

КОЗМЕТИЧКО КАТЧЕ

*Невенот и неговите лековити својства

*Како да подговите крема од невен

Невенот во народната медицина е доста ценето растение поради неговите лековити својства.

Се користат цветовите,стеблото и листовите.

Чајот од невен ја прочистува крвта,делува на подобрување на циркулацијата и го подобрува тенот.

Кремата од невен помага кај проширени вени,хемороиди при лекување на

рани,изгореници,против акни,алергиски реакции на кожата,чиреви,убоди од

инсекти,исипувања,отоци,повреди и други кожни заболувања и воспаленија.

Невенот е богат со флавоноиди,каротиноиди,сапонин,полисахариди и етерични масла.Тој содржи

калиум,провитамин А,ликопен и органски киселини.

Невенот покрај тоа што има антиинфламаторно,има и антигабично дејство,што го прави поволен и

за третирање на габични инфекции на кожата.

Во прилог ви го доставуваме рецептот за подготовка на

кремата од невенов цвет.

Состојки :

-200 гр вазелин

-2 раце свеж невенов цвет

-50 гр. Пчелен восок

Подготовка :

1. Ставете го вазелинот на тивок оган да се растопи.

2. Додадете ги цветовите од Невен и добро измешајте .

Смесата се остава 1час на тивок оган,со повремени промешувања со цел да се соединат сите

состојки.

3. Исцедете ја маста од цветовите и додадете го пчелниот восок.

Вратете го повторно садот на тивок оган,со цел да се растопи восокот и да се соедни смесата.

4. Претурете ја маста во претходно припремени теглички,кога ќе се олади смесата затворете ги

тегличките.

5. Вака подготвената крема може да стои две години,бидејќи восокот е добар конзерванс.

Тегличките чувајте ги на темно,суво и поладно место.

Page 17: Издание бр.7

КРЕАТИВНО КАТЧЕ

Како да направите букет од хартиени рози по повод денот на жената 8ми Март.

Потребен материјал:

-Црвена хартија

-Зелена креп хартија

-Цевки

-Ножички

-Лепак

-Хартија за виткање на букетот

Page 18: Издание бр.7

КОЛУМНИ

Кратки инструкции за одлуките

Реши се сега...!!

Колку пати сме ја слушнале оваа реченица или пак сме ја рекле и помислиле самите?

За оние кои не можат да се одлучат важи правилото дека не се флексибилни,дека се

страшливи не се способни да достигнат успех.

Се прашувам зошто ни паѓа толку тешко да се одлучиме?

Зошто едноставно не ја следиме сопствената интуиција?

Работа има една пречка.

Секоја одлука значи,да се разделиме; од патиштата кои не ги одиме, од целите кои

никогаш нема да ги запознаеме.

Колку повеќе опции ни стојат на располагање, толку потешка одлуката,и уште поголемо

разочарувањето од погрешниот избор.

Живееме во еден свет кој ни нуди милиони можности.

Постојано сме конфронтирани со прашања за кои во поранешните времиња никој не

размислувал.

Во кој ресторан да јадам?

Кој телефон да го купам?

Зелено или црвено?

Одмор на планина или море?

Што помал избор толку поедноставно решението.Во прашање е ограничувањето.

Но сепак тоа не го решава проблемот.Конфуциј, познатиот кинески филозоф се занимавал

со оваа тема.

Неговиот заклучок:Брзи одлуки не постојат или не се појавуваат често.Неговите

инструкции за одлуките гласат :

Кој ја знае целта,знае и да се одлучи.Кој ќе се одлучи ќе го најде мирот,кој го нашол

мирот е сигурен. Кој е сигурен може да размислува.Кој размислува, може да подобрува.

Себе и светот околу себе.

Page 19: Издание бр.7

РЕТРО - извадок од ,,некогашниот” број на ЦБ весникот Мода или нешто повеќе?

За некои е сосем неважна, за други ништо пoсебно...

Но, за некои таа е сѐ!

За тие за кои таа е се јас имам две поделби: едни кои умираат за неа и други кои живеат

за неа!

Да умираш за неа е...глупаво. Ако ја сакаш, тогаш живеј за неа!

А да живееш за неа значи таа да ти тече заедно со крвта низ вените.

Таа, нејзиното височество, Модата....

Зошто решив да го напишам ова?

И јас не можам точно да одговорам. Едноставно сакав во првиот број од нашиот весник да

напишам нешто што можеби понатака ќе го нема. Нешто единствено и уникатно. Лично

мое.

А зошто ја одбрав оваа тема?

Затоа што спаѓам во втората група од поделбата погоре: луѓе кои живеат за неа!

Не знам да ја дефинирам модата. Како што не знам да ја дефинирам љубовта...

Ако некој за модата даде дефиниција како за некоја физичка појава, бидете сигурни, тој

не ја познава и тој не ја сака. Нему не му тече низ вените.

Но, знам да ја чувствувам модата. Знаете, тоа е она кога ќе видите најнов модел на чевли

и веднаш нешто ви прелетува низ стомакот...!

Ама тогаш, додека тоа нешто лета, некое друго слично летало ви поминува низ мозокот и

шепоти: „Немој, не се тие за тебе. Погледни им го дизајнот, боите, зарем ти тоа ќе го

носиш само зашто било модерно?“

И тоа го тргнуваш погледот и заминуваш со мирно срце.

Едноставно е: не е сѐ за секого. Ако е најнова мода не значи дека е убаво. Не значи дека

прилега на секого. Не значи ништо.

Понекогаш салонките кои излегле минатата сезона повеќе прилегаат на тебе отколку

сандалите со дрвена штикла од оваа година.

Тоа значи да ја чувствуваш модата. Да знаеш да одредиш што навистина е за тебе.

А не да трчаш по најновото парче како кокошка по пченка. J

Да живееш за модата, исто така, значи и да бидеш спремна да се жртвуваш за модата.

Page 20: Издание бр.7

На пример, да се одречеш од секојдневен оброк надвор за време на паузите за да можеш

да си купиш...нешто. Фустанче, чевлички, ташничка, накитче...

Нешто што ќе го цениш многу повеќе бидејки си го купила сама од заштедата.

Да живееш за модата значи да речеш „не“ на пороците.

Потрошените пари за цигари да ги пресметуваш во облека.

Многумина на оваа реченица рекле дека тоа се знаци на купохоличарство.

Не се. Сите знаете колку се штетни цигарите по здравјето и нема да трубам за тоа.

А модата не е. Модата те прави да изгледаш поубаво, посредено, подотерано, пофино,

поелегантно... А цигарата дава сосем спротивен ефект.

Да живееш за модата значи да си личност со стил.

Личност која знае што сака, која знае како сака да изгледа, знае да го потенцира убавото,

има чувство за естетика. Личност која никогаш нема да изгледа „ефтино“ и чии

комбинации ќе те остават со подзината уста.

Ете, дадов малку од многуте објаснувања кои можам да ги дадам за модата, а сепак не

можам да извлечам дефиниција.

Пак доаѓам на истото: дефиниција не постои.

Модата е таа што ќе те натера некогаш да пробаш нешто „лудо“, некогаш ќе ти помогне

да изгледаш најубаво надворешно иако внатрешно си уништена, ќе ти помогне да бидеш

горда што си женско... Модата е таа која нема да те напушти и тогаш кога целиот свет е

против тебе.

Можеби сепак таа е нешто повеќе од едно обично зборче...

Секогаш Ваша,

LadyInPink

Page 21: Издание бр.7

КОЛКУ СЕ ПОЗНАВАМЕ?

Дел од весникот наменет за тоа да дознаеме колку се познаваат членовите. За овој број

Makedonec и I Love you.

I love you за Makedonec:

1. Вашиот прв контакт.

Првиот контакт со Makedonec ми беше кога тој ми пушти порака за запознавање, и за тоа дека сме

слични во години.

2. Како го доживуваш Makedonec?

Makedonec е добро и весело дете.

Одличен е.

3. Сличности и разлики во карактерот?

Сличности во карактерот ни се добрината, вредноста, не е мрзелив, добар е спрема родителите.

4. Вредности што Makedonec ги цени во животот?

Makedonec ја цени љубовта, верата...

5. Песна што го опишува?

Песна што го опишува Makedonec: All of me.

6. Makedonec - песимист или оптимист?

Makedonec е оптимист, како мене.

7. Има ли Makedonec хоби?

Да Makedonec има хоби. Играње на телефони компјутер.

8. Makedonec и љубовта.

Makedonec ја почитува љубовта и ја почитува и ја сака неговата девојка, (ако има).

9. Makedonec и срамежливоста.

Мислам дека Makedonec се срамел во љубовта... девојка, симпатија..

10. Makedonec и мрзеливоста.

Јас мислам дека Makedonec не е мрзелив и ги извршува сите задачи на време.

Page 22: Издание бр.7

11. Лик од филмовите што го карактеризира?

Makedonec го карактеризира ликот Билал од Мирниот сокак.

Така го мислам Makedonec.

12. Негово омилено катче на форумот?

Омилен катче на форумов му е забава, а исто и форумски весник.

13. Од Црнобело би се откажал ако..?

Од црнобело не би се откажал затоа што што и да му се случи ќе оди со исправена глава.

14. Што би му порачала за крај?

За крај на Makedonec би му препорачала да стане таков како што е.

И одличен и доверлив.

Makedonec за I love you:

1. Вашиот прв контакт.

Знам дека беше доцна навечер и јас како дежурен модератор кој шета кога никој друг нема,

видов дека се има зачленето нов член на форумов. Кликнав на тоа Ај лав ју и ми се прикажа дека

има возраст тука некаде како мојата. И пишав со цел да се запознаеме од причина што од кога

дојдов на форумов барам некој член со возраст слична на мојата. Излезе дека е доста помала од

мене и јас пак останав златна средина во години.

2. Како ја доживуваш I love you?

Како дванаесет годишно девојче кое е секогаш расположено за еден добар форумски муабет.

3. Сличности и разлики во карактерот?

И двајцата припаѓаме во групата зборлести луѓе. На многумина имам пишано на форумов но ретко

кој вратил. Сите или се срамат или се прават дека не читаат.

4. Вредности што I love you ги цени во животот?

Пријателите, семејството и музиката.

5. Песна што ја опишува?

Песната со која има настапено на нивниот патронат - Две лири.

6. I love you - песимист или оптимист?

Голем оптимист. Сите членови да беа такви ќе бевме форумска нуклеарка хаха.

Page 23: Издание бр.7

7. Има ли I love you хоби?

Не сме дошле до таков разговор но мислам дека пеењето и цртањето и се хоби. А јас сеуште се

надевам дека ќе се најде некој со хоби слично на моето - цртање со песок.

8. I love you и љубовта.

Мислам дека до сега немала дечко во однос на нејзините години, но доколку има или ќе има,

мислам дека ќе пропати многу низ тие љубовни авантури. Не секој е така добар за да возврати во

љубовта со иста добрина.

9. I love you и срамежливоста.

Не е срамежлива со оглед на тоа дека ми врати на пораката хехе.

10. I love you и мрзеливоста.

Не, не, дефинитивно не е мрзелива. Активирана е како одлична ученичка, како пеачка аматер и

секако, како активен Црнобел член.

11. Лик од филмовите што ја карактеризира?

Дороти од ,,Волшебникот од Оз". Дојде на непознато место, но полека со еден по еден се

спријателува.

12. Нејзино омилено катче на форумот?

Играчница, Музика и Форумски весник.

13. Од Црнобело би се откажала ако..?

Ако на форумов опстане напнатата атмосфера. Делење казнени, кавги помеѓу членови итн. би

предизвикало да се почувствува осамено и во опасен предел, па да си замине. Се надевам дека

нема да дојде до тоа.

14. Што би и порачал за крај?

Остани онаква каква што си, пријателски расположена и активен член.

Page 24: Издание бр.7

ЦРНОБЕЛА ПОЕЗИЈА

Задушен од здивот на другиот

се прогласуваш за крвник.

Суден од судот на другиот

се крунисуваш за конфузен.

Замислен од мислата на туѓинец

се фаќаш окован.

Збунет од бунилото на ближниот

се откопуваш закопан.

Заробен во сенката на ривалот

се лутиш на себеси.

Подобрен од добротијата на придружникот

си конструираш ореол.

- 84 sk_Y ^_-

Сите сонца останаа

потонати на дното на езерата

и молчеливата реалност

даваше единствен знак на постоење.

Тоа небо едно за сите,

тие езера предлабоки

и премодри за еден,

тие очи....

Таа ноќ, небаре вечност

покрај заспаните стопала

на еден од боговите,

ја пеев последната песна на срцето

вкочанета од страв и од тие очи...

- maja-maja

Page 25: Издание бр.7

Таа,

во потрага по сопствена љубов,

свирепо и гневно ја крши магијата на стихот,

како празна чаша од вино црвено.

Не,таа не гледа подалеку од себе,

изгубена во својот лавиринт

не приметува лица,се бара себе.

Тој,

копнее по љубов,

ткајач на мозаик од стихови,

прелеани во

соништа скршени,

виното го опива,

чашата ја подига,љубов тој шепоти,

срцето му трепери.

Приметува лица,се губи себе.

Два различн света,

трагачи по љубов,

на разминување

за миг се сретнуваат,

чувства разменуваат.

Погрешно време,погрешен момент.

- Lena

Тој,

синиот,

замисли пурпурниот,

џезот,

во квартетот,

отровот,

животот,

прстите во ледот,

во душата,

заедно квинтет,

вкусен е,

не мислам на датумот,

добро утро Јануар,

добро дојде во нашиот свет.

- Инкогнито

Page 26: Издание бр.7

ВИЦОТЕКА

Седи Блажо во купе во воз. Наспроти него седи дотерана плавуша облечена во кратка сукња.

Блажо не престанал да зјапа во неа. Плавушата видела дека Блажо гледа во неа ги раширила

нозете и му ја покажала вагината.

- Ви се допаѓа? го прашала плавушата.

- Нормално! и одговорил Блажо

- Сакате ли да ви намигне? Ги раширила нозете и намигнала со вагината.

Блажо во делириум, не верува на своите очи

- Сакате ли да ви прати бакнеж? Ги раширила нозете и му пратила бакнеж со вагината!

Блажо само што не паднал во несвест.

- Седнете до мене.

Блажо станал и седнал до неа

- Сакате ли да ставете два прста во неа?

Блажо: Не зезај, сакаш да ми кажеш дека може и да свирне!?

Девојка му пишува СМС на дечкото:

-Миличок, ако се смееш, прати ми ја твојата насмевка,

ако спиеш прати ми ги твоите соништа,

ако плачеш прати ми ги твоите солзи....

Дечкото и враќа:

-Серам, што да ти пратам? Штрумфета останала бремена. Веле-штрумф ги собрал сите Штрумфови и ги прашал:

-Кој и го штрумфна на Штрумфета без штрумфно гумче?

Штрумфот што мрази рекол:

-Мразам штрумфни гумчиња!!! Тинејџер прави пирс на веѓа, доаѓа дома а неговите му викаат:

- Е, глупо дете, види кај си го дупнало ушето!

Влагам у продавница и на продавачката и викам

-Дајте ми леб и млеко

продавачката -да ти ги стаам у ќеса

-Не , на USB!

Page 27: Издание бр.7

ЗА ВЕСНИКОТ СЕ ПОГРИЖИЈА:

Makedonec

JaMi

Electra

Lena

Outrider

Luckky

За можни печатни грешки ЦБ тимот се извинува однапред.