8
101 Вовед Во својот еволуционен развој, човекот от- секогаш бил поврзан со шумата и перманент- но ги ползувал нејзините производи и благоде- ти. Отпрвин тој безмилосно ја сечел и уништу- вал со цел искористување на дрвото, како и опо- жарувал со цел проширување на обработливите површини за земјоделско производство. Такви- те почви на кои шумата била опожарена и униш- тена, брзо биле измивани од поројните дождови, ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА НА ЛОКАЛИТЕТИ НЕОБРАСНАТИ СО ШУМА Николчо ВЕЛКОВСКИ, Коле ВАСИЛЕВСКИ, Иван БЛИНКОВ и Александар ТРЕНДАФИЛОВ Шумарски факултет, Скопје, Македонија ИЗВОД Велковски Н., Василевски К., Блинков И. и Трендафилов А. (2008): Природна обнова на некои авто- хтони шумски видови дрвја на локалитети необраснати со шума. Зборник на трудови од III Конгрес на еко- лозите на Македонија со меѓународно учество, 06-09.10.2007, Струга. Посебни изданија на Македонското еколошко друштво, Кн. 8, Скопје. Во трудот се прикажани резултатите од истражувањето на природното населување на некои шумски дрвја по терени кои не се објаснати со шума. Предмет на истражување во овој труд се автохтони шумски ви- дови на дрвја, кои имаат способност да се населуваат на нови месторастења на кои нема шума. Тоа е важна биоеколошка особина на шумските видови на дрвја која овозможува одржување на траен шумски екосис- тем и проширување на границите на шумата на сметка на површините кои не се обраснати со шума. Целта на овој труд е да се даде придонес кон утврдување на идниот развиток, состав и распространетост на шум- ската растителност во функција на трајна одржливост на автохтоната шумска вегетација. Клучни зборови: шумски видови дрвја, шумски екосистем, граници на шумата ABSTRACT Velkovski N., Vasilevski K., Blinkov I., Trendafilov A. (2008): Natural regeneration of some domestic forest species on localities not covered with forest. Proceedings of the III Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia with International Participation, 06-09.10.2007, Struga. Special issues of Macedonian Ecological Society, Vol. 8, Skopje. In this paper, we present results obtained from research of the settlement of some forest species on terrains not covered with forest. This research was carried out on the Malesevski Planini. Some species that settle new habitats are the subject of this research. It is very important bio-ecological characteristics of the forest species that enable the existence of forest ecosystems and the widening of the forest border on the land not covered with forest. The aim of this research is to contribute to defining the future growth, composition and distribution of the forest as important factor for sustainability of the domestic forest vegetation. Key words: forest tree species, forest ecosystem, timberline па од нив останувале само голи површини. Са- мо на Малешевските Планини евидентирани се 1586 хектари голи шумски површини, кои наста- нале со уништување на шумската биоценоза како последица на незаконски сечи и предизвикување на шумски пожари со цел проширување на прос- торот за пасишта (Брндевски, 1984). Кога сфатил човекот дека шумата има ог- ромно и непроценливо влијание, како за негови- от опстанок и развој, така и за целиот животин- ски и растителен свет, почнал да ја чува и зашти- Оригинален научен труд Original Scientific Article

ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

  • Upload
    others

  • View
    13

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

101

Вовед

Во својот еволуционен развој, човекот от-секогаш бил поврзан со шумата и перманент-но ги ползувал нејзините производи и благоде-ти. Отпрвин тој безмилосно ја сечел и уништу-вал со цел искористување на дрвото, како и опо-жарувал со цел проширување на обработливите површини за земјоделско производство. Такви-те почви на кои шумата била опожарена и униш-тена, брзо биле измивани од поројните дождови,

ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ ШУМСКИ ВИДОВИ ДРВЈА НА ЛОКАЛИТЕТИ НЕОБРАСНАТИ СО ШУМА

Николчо ВЕЛКОВСКИ, Коле ВАСИЛЕВСКИ, Иван БЛИНКОВ и Александар ТРЕНДАФИЛОВ

Шумарски факултет, Скопје, Македонија

ИЗВОД

Велковски Н., Василевски К., Блинков И. и Трендафилов А. (2008): Природна обнова на некои авто-хтони шумски видови дрвја на локалитети необраснати со шума. Зборник на трудови од III Конгрес на еко-лозите на Македонија со меѓународно учество, 06-09.10.2007, Струга. Посебни изданија на Македонското еколошко друштво, Кн. 8, Скопје.

Во трудот се прикажани резултатите од истражувањето на природното населување на некои шумски дрвја по терени кои не се објаснати со шума. Предмет на истражување во овој труд се автохтони шумски ви-дови на дрвја, кои имаат способност да се населуваат на нови месторастења на кои нема шума. Тоа е важна биоеколошка особина на шумските видови на дрвја која овозможува одржување на траен шумски екосис-тем и проширување на границите на шумата на сметка на површините кои не се обраснати со шума. Целта на овој труд е да се даде придонес кон утврдување на идниот развиток, состав и распространетост на шум-ската растителност во функција на трајна одржливост на автохтоната шумска вегетација.

Клучни зборови: шумски видови дрвја, шумски екосистем, граници на шумата

ABSTRACT

Velkovski N., Vasilevski K., Blinkov I., Trendafilov A. (2008): Natural regeneration of some domestic forest species on localities not covered with forest. Proceedings of the III Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia with International Participation, 06-09.10.2007, Struga. Special issues of Macedonian Ecological Society, Vol. 8, Skopje.

In this paper, we present results obtained from research of the settlement of some forest species on terrains not covered with forest. This research was carried out on the Malesevski Planini. Some species that settle new habitats are the subject of this research. It is very important bio-ecological characteristics of the forest species that enable the existence of forest ecosystems and the widening of the forest border on the land not covered with forest.

The aim of this research is to contribute to defining the future growth, composition and distribution of the forest as important factor for sustainability of the domestic forest vegetation.

Key words: forest tree species, forest ecosystem, timberline

па од нив останувале само голи површини. Са-мо на Малешевските Планини евидентирани се 1586 хектари голи шумски површини, кои наста-нале со уништување на шумската биоценоза како последица на незаконски сечи и предизвикување на шумски пожари со цел проширување на прос-торот за пасишта (Брндевски, 1984).

Кога сфатил човекот дека шумата има ог-ромно и непроценливо влијание, како за негови-от опстанок и развој, така и за целиот животин-ски и растителен свет, почнал да ја чува и зашти-

Оригинален научен трудOriginal Scientific Article

Page 2: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Николчо ВЕЛКОВСКИ и др.

102 Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите од Македонија

тува шумата и на вештачки пат преку разни мето-ди на пошумување, да ги зголемува површините под шума. Во поново време посебно внимание се посветува на враќањето на автохтоната шумска вегетација, која претставува нормален и посаку-ван процес и кој треба да се потпомага (Lüpke et al., 2003). На автохтоната вегетација се гледа ка-ко на фактор за установување на шумските еко-системи и нивен одржлив развиток (Александров и Велков 1996).

За Република Македонија и регионот по-широко, особено се значајни реализираните по-шумувања и природната ревегетација на голини и особено ерозивни земјишта. Ефектите од реа-лизираните противерозивни уредувања се еви-дентни и многу значајни, но, на научна основа се-уште не се методолошки утврдени-дефинирани и валоризирани (Трендафилов и Блинков 2004).

Најзначајните ефекти од пошумувањата и природната обнова на шумите, без тие да се кате-горизираат и нумерираат според значењето, голе-мината и други критериуми, во основа се следни-те: создадени нови шуми, зголемена дрвна маса и прираст (m3·ha-1), регулирање режимот на водите, регулирање режимот на ерозивните наноси, по-добрен режим на воздухот, намалување или спре-чување на загадувањето на површинските и из-ворските води, заштита на сообраќајната и дру-га инфраструктура, заштита и унапредување на земјоделското земјиште во најниските делови на сливните подрачја (од поплави и затрупување со стерилен нанос), обезбедување на одржлив раз-вој, еволуција и унапредување на почвата, зголе-мување на продуктивноста на шумското и земјо-делското земјиште, збогатување на биодевирзи-тет, облагородување и унапредување на животна средина и др.

Меѓутоа колку и да врши пошумувања чо-векот без способноста на шумата за нејзино при-родно обновување, таа не би успеала да се одр-жи. Посебно значајно е природното обновување на шумските видови дрвја по терените кои не се обраснати со шума, затоа што шумата по приро-ден пат се враќа на оние месторастења на кои во минатото, заради различни причини била униш-тена или пак воопшто ја немало. Таков процес забележан е кај моликата (Pinus peuce Griseb.) на Пелистер, каде таа во субалпскиот појас има јас-на тенденција кон проширување на својот ареал и тоа во два правци: нагоре, освојувајќи површи-ни во високите алпски пасишта и надолу, покри-вајќи ги постепено голите терени, покриени со големи камени блокови. (Михајлов и Гогушевски 1956). Мирчевски (1978) го истражувал спонта-ното ширење на елата (Abies alba Mill.) по цено-зи на отворен простор на планините Бистра и Ру-дока, а манифестацијата на спонтаното шитење на елата надвор од шумски услови (на отворе-

но), без заштита, ја дефинирал како феномен, кој е повод за посебно проучување од страна на си-те аспекти (биоеколошки, синдинамски, шумско-одгледувачки и шумско-производствени).

Меѓутоа оваа способност ја немаат сите видови на шумски дрвја. Појавата на подмладо-кот од шумските видови дрвја по терени кои не се обраснати со шума е во тесна врска со растоја-нието од матичниот насад (Баткоски 1977).

Целта на овој труд е да се даде придонес во проучувањето на природното обновување на некои автохтони видови шумски дрвја по лока-литети кои не се обраснати со шума по терените на Малешевските Планини.

Во овој труд анализирани се три автохто-ни шумски видови на дрвја и тоа:

Бел бор (- Pinus silvestris L.) кој во Р. Македонија е распространет на Ко-жув, Ниџе, Малешевските Планини и на некои помали површини на Шар Планина. Црн бор (- Pinus nigra Arn.) се среќава на планините Кожув, Ниџе, Беласица и Малешевските Планини, како и во сливот на реката Треска. Бука (- Fagus moesiaca Dom. Maly) Czeczott која е распространета скоро на сите планини и планински масиви во Република Македонија.

Материјал и методи на истражување

За утврдување на природното обновување на некои автохтони шумски видови на дрвја по локалитети необраснати со шума вршени се ис-тражувања по терените на Малешевските Плани-ни, кои во последните дваесет години се зафате-ни со процес на природно населување на шум-ска вегетација. Податоците се собирани од из-брани мерни површини според маршутна мето-да. Анализата е вршена посебно за секој вид на дрво, при што се анализирани природните усло-ви на месторастењето, бројноста и квалитетот на природната обнова (единките), како и растојани-ето-оддалеченоста на природната обнова од ма-тичните насади. Податоците се групирани и об-работувани според методологијата изнесена од Баткоски, (1977).

Добиените податоци се изнесени во табе-ли и графички прикажани во Таб. 1 и 2, и на Сл. 2, 3, 4, 5, 6 и 7.

Истражувано подрачје

Подрачјето на Малешевските Планини ка-де се вршени истражувањата се наоѓа во следни-те координати 41˚31' до 41˚ 40' северна географ-ска ширина и 22˚38' до 23˚02' источна географ-

Page 3: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Природна обнова на некои автохтони шумски видови дрвја на локалитети необраснати...

103Proceedings of the III Congress of Ecologists of Macedonia

ска должина. Се одликува со развиен планински релјеф и голем број на водотеци кои допринесу-ваат за поволни хидрографско-хидролошки усло-ви за развиток на шумска вегетација. Заради го-лемиот наклон на коритата на водотеците и голе-мата кинетичка енергија на водата, на пооддел-ни делници, присутни се процеси на речна-флу-вијална ерозија. Климата на Малешевските Пла-нини има континентално-планински карактер со поволен распоред на врнежите во текот на годи-ната.

На истражуваното подрачје застапени се следните шумски фитоценози:

подгорска букова шума (Ass. Festuco - heterophyllae-Fagetum Еm)подгорска букова шума со црн бор - (Ass. Fagetum submontanum Em pinetosum nigrae Riz. et Dž. prov.)горска букова шума (Ass. Calamintho - grandiflorae-Fagetum Em)горска букова шума со бел бор (Ass.- Fagetum montanum Em pinetosum silvestris Riz. et Dž. prov.)шума од бел бор на силикат (Ass.- Pinetum silvestris-nigrae Ht. et Em pinetosum silvestris Еm)буково-елова шума (Ass. Fagetum - montanum abietetosum Em)

планинска шума од евла (As. - Altherboso-Alnetum glutinosae Em)

Овие податоци јасно укажуваат на тоа де-ка подрачјето на истражување е интерсно би-дејќи на него егзистираат повеќе видови на шум-ски дрвја и шумски фитоценози.

Резултати

За да може да се утврди природното обно-вување на некои автохтони видови на шумски др-вја по терените на Малешевските Планини, кои не се обраснати со шума, извршени се мерења на локалитети кои тие ги освојуваат. На такви-те места поставени се 32 мерни површини. Мер-ните површини се поставувани на растојанија од 10, 20, 30 и 40 метри од границата на шумата на начин даден од Баткоски, (1977).

Добиените резултати од извршените ме-рења бројчано се изнесени во Таб. 1, а графички прикажани на Сл. 1 .

Како што може да се види од податоци-те изнесени во Таб. 1 и Сл. 1, бројноста на при-родната обнова со зголемување на растојанието од шумата се намалува и тоа кај сите истражу-вани видови на дрвја, но најизразено е кај бука-та (Fagus moesiaca). Бројот на единки од природ-ната обнова на 10 метри од шумата изнесува: за

Таб. 1. Бројност на природната обнова на 1 ha Tab. 1. Number of unit of natural regeneration per ha

вид дрво оддалеченост од шумата во метри 10 20 30 40 50

бел бор, Scotch Pine (Pinus silvestris) 14200 10100 8550 6500 3550црн бор, Black Pine (Pinus nigra) 14350 10070 8400 6250 3100Бука, Beech (Fagus moesiaca) 750 210 70 25 5

0

20004000

6000

800010000

1200014000

16000

broj

na

edin

ki

10 20 30 40 50oddale~enost vo metri

bel bor crn bor buka

Сл. 1. Бројност на природната обнова на 1ha Fig. 1. Number of unit of natural regeneration per ha

Page 4: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Николчо ВЕЛКОВСКИ и др.

104 Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите од Македонија

белиот бор 14200, за црниот бор 14350 и за бука-та 750 ед/ha. Со оддалечување од ивицата на шу-мата веќе на 50 метри бројноста на природната обнова се намалува и изнесува: за бел бор (Pinus silvestris) 3550, за црн бор (Pinus nigra) 3100 и за бука (Fagus moesiaca) само 5 ед·ha-1.

Од ова може да се констатира дека број-носта на природната обнова од бука (Fagus moesiaca) е премногу мала за да обезбеди проши-рување на овој вид по терените необраснати со шума, за разлика од белиот бор (Pinus silvestris) и црниот бор (Pinus nigra) кои имаат многу пого-

лема бројност, како и посилни биолошки особи-ни за населување на површините на кои во мо-ментот нема шума.

Како изгледа природното обновување на проучуваните автохтони видови на шумски дрвја по локалитетит необраснати со шума, може да се види од Сл. 2 - 4:

Истражувања за бројноста на природната обнова од бел бор по терени необраснати со шу-ма, вршел Баткоски (1977), на планинскиот ма-сив Ниџе и установил дека во сите развојни фази, бројноста на природната обнова од бел бор (Pinus

Сл. 2. Обнова од бука по необраснати терениFig. 2. Natural regeneration of beech on bare land

Сл. 3. Обнова од бел бор по необраснати терениFig. 3. Natural regeneration of Scotch Pine on bare land

Сл. 4. Обнова од црн бор по необраснати терениFig. 4. Natural regeneration of Black Pine on bare land

Page 5: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Природна обнова на некои автохтони шумски видови дрвја на локалитети необраснати...

105Proceedings of the III Congress of Ecologists of Macedonia

silvestris) се намалува со зголемување на оддале-ченоста од матичниот насад. Така на западна из-ложеност во развојна фаза неодраснат подмладок со зголемување на растојанието од матичниот на-сад од 20 до 100 m, бројноста на единките од бел бор се намалува од 22.000 на 400 ед·ha-1. Во раз-војната фаза одраснат подмладок бројноста би-ла 15.000 ед·ha-1 на растојание од 20 метри од ма-тичниот насад, а на 100 метри таа изнесувала 950 ед·ha-1. Во развојната фаза неодраснат мла-дик биле установени 7.500 ед·ha-1 на оддалече-ност од 20 m од матичниот насад, а на растојание од 100 m бројноста се намалила на 1000ед·ha-1. Во развојната фаза одраснат младик, на растоја-ние од 20m од матичниот насад имало 800 ед·ha-1, а на растојание од 100 m, бројноста се намали-ла на 800 ед·ha-1. Брндевски, (1984), во своите ис-тражувања за спонтаното ширење на црниот бор (Pinus nigra) на различна изложеност по терени необраснати со шума на Малешевските Плани-ни, установил дека кај сите изложености и сите развојни фази, најголема бројност има природна-та обнова од црн бор на растојание од 20 метри од насадот. Во зависност од изложеноста во раз-

војната фаза неодраснат подмладок евидентира-ни се од 11.000 до 18.800 ед·ha-1. Во развојната фаза одраснат подмладок бројноста на обновата се движела од 7.500 до 15.550 ед·ha-1. Во развој-ната фаза неодраснат младик од 7.500 до 11.110 ед·ha-1 и во развојната фаза одраснат младик од 3.600 до 4.400 ед·ha-1. Истиот автор установил де-ка природната обнова од развојните фази на под-младок и неодраснат младик се распространиле најмногу до 150 m од матичниот насад со 50 до 360 ед·ha-1 и тоа на источна изложеност. Един-ките од развојната фаза одраснат младик биле распространети најдалеку на 100 m од матични-от насад со бројност од 400 ед·ha-1.

Покрај бројноста на природната обнова од шумските видови дрвја, од посебно значење е и нивната квалитетна структураа. Степенот на деградација на насадите во сите развојни стади-уми е во тесна корелација со другите структур-ни елементи. Од тој аспект особено се интерес-ни структурата на стеблата по биолошки и квали-тетни класи (Мирчевски , 1978)

За да може да се утврди квалитетната структура на обновата сите единки во мерните

Таб. 2. Квалитетна структура на природната обноваTab. 2. Qualitative structure of the natural regeneration

оддале-ченост во (m)distance(m)

квалитетна структура на природната обнова во %бел бор

Scotch Pineцрн бор

Black Pineбука

Beechдобарgood

среденmedium

лошbad

добарgood

среденmedium

лошbad

добарgood

среденmedium

лошbad

10 31 45 24 35 48 17 10 41 49 20 31 43 26 34 47 19 1 16 83 30 29 40 31 32 43 25 1 12 87 40 26 39 35 30 40 30 - 10 90 50 25 38 37 29 39 32 - 5 95

05

1015202530354045

Kva

lite

t vo

%

10 20 30 40 50Oddale~enost vo m

Edinki so dobar kvalitet Edinki so sreden kvalitet

Edinki so lo{ kvalitet

Сл. 5. Квалитетна структура на природната обнова од бел борFig. 5. Qualitative structure of the Scotch Pine natural regeneration

Page 6: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Николчо ВЕЛКОВСКИ и др.

106 Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите од Македонија

површини се оценувани во три квалитетни гру-пи и тоа: на единки со добар, среден и лош ква-литет, на начин даден од Баткоски (1977). Исти-от автор во своите истражувања за квалитетна-та структура на природната обнова од бел бор (Pinus silvestris) на Ниџе установил дека во раз-лични отвори во шума има и различен процент на единки со добар, среден и лош квалитет. Та-ка во отворите до 1.500 m2 (31-37%) од единки-те се со добар квалитет, (53-55%) со среден и (10-14%) со лош квалитет. Истиот автор наведува де-ка со промената на склопот во шума од 0,8 до 0,2 бројноста на единките со добар квалитет се ме-нува од 8 до 34%, на единките со среден квали-тет од 31 до 56% и на единките со лош квалитет од 61 до 12%.

Брндевски (1984) во истражувањата на

05

101520253035404550

Kva

lite

t vo

%

10 20 30 40 50Oddale~enost vo m

Edinki so dobar kvalitet Edinki so sreden kvalitet

Edinki so lo{ kvalitet

Сл. 6. Квалитетна структура на природната обнова од црн борFig. 6. Qualitative structure of the Black Pine natural regeneration

0102030405060708090

100

Kva

lite

t vo

%

10 20 30 40 50Oddale~enost vo m

Edinki so dobar kvalitet Edinki so sreden kvalitet

Edinki so lo{ kvalitet

Сл. 7. Квалитетна структура на природната обнова од букаFig. 7. Qualitative structure of the beech natural regeneration

квалитетната структура на обновата под склоп на матичниот насад на стаништето од подгорска-та букова шума установил дека со промената на склопот од 20 до 100%, процентот на единки со добар квалитет се намалува од 37 до 6%. Се на-малувал и процентот на единки со среден квали-тет од 48 до 20%, а се зголемувал процентот на единки со лош квалитет од 17 до 74%.

Добиените вредности за квалитетната структура на истражуваните алохтони видови на Малешевските Планини се изнесени во Таб. 2 и Сл. 2.

Од податоците изнесени во Таб. 2 и Сл. 2, се гледа дека со зголемување на растојанието од шумата процентот на единки со добар квалитет се намалува, а се зголемува процентот на единки со лош квалитет. Во однос на видовите, кај цр-

Page 7: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Природна обнова на некои автохтони шумски видови дрвја на локалитети необраснати...

107Proceedings of the III Congress of Ecologists of Macedonia

ниот бор (Pinus nigra) има најголем процент на единки со добар квалитет кој се движи од 29 до 35%, потоа кај белиот бор (Pinus silvestris) од 25 до 31% и најмал кај буката (Fagus moesiaca) од 1 до 10%. На растојанија од 40 и 50 метри од иви-цата на шумата веќе нема единки со добар квали-тет до бука односно процентот е помал од 1.

Резултатите од истражувањето укажуваат на тоа дека наведените автохтони видови на др-вја бел бор (Pinus silvestris), црн бор (Pinus nigra) и бука (Fagus moesiaca) заради физиолошките и особено генетските и фенотипските карактерис-тики и својства немаат подеднакви можности за природно обновување и населување по терени кои не се обраснати со шума. Во тој поглед осо-бено заостанува буката. Причините за тоа лежат во карактеристиките на нејзиното семе, кое за ус-пешно клиење и никнување има потреба од поро-фка, повлажна и порастресита похумусна почва. Од друга страна пак семето од бука е тешко и не-говото разнесување со помош на ветер е отежна-то, па затоа можностите за пренесување на пого-леми растојанија се минимални. Овде и на други месторастења до израз доаѓа пионерската улога и способност за населување по необраснати тере-ни на белиот и црниот бор.

Дискусија

Различните видови на шумски дрвја има-ат и различни способности за населување на ло-калитети необраснати со шума (пасишта, смре-карници, папрадишта, камењари, напуштени об-работливи површини и др). Причините за тоа ле-жат во нивните биоеколошки особини. За да мо-же да се населат на нови пространства неопход-но е да се пренесе нивното семе и да дојде до почва на која ќе има услови да клие и да оформу-ва ново растение. Структурата, градбата и голе-мината на семето се важен фактор за распростра-нувањето на шумските дрвја. Семето од бел бор (Pinus silvestris) е ситно со големина 3-4mm, сиво до црно, опфатено со крилце, кое е за 3 до 4 па-ти поголемо од семето. Семето од црн бор (Pinus nigra) е со големина 5-7mm, жолтеникаво до си-вокафејаво со крилце до околу 20mm. Семето од бука (Fagus moesiaca) е долго до 16mm со кафеја-ва боја, сместено во купола долга 13 до 35mm. Токму тежината на семето и крилцето кај црни-от и белиот бор овозможува лесно негово разне-сување н со помош на ветер на поголеми растоја-нија, за разлика од буката која поради тежината и големината на семето разнесувањето со ветер е минимално. Од трите истражувани видови нај-голема способност за пренесувања на поголеми растојанија има белиот бор, кој е вид со најмало и најлесно семе, кое има и крилце, што доприне-сува за полесно негово разнесување на поголеми

растојанија со помош на ветер. Според поголем број на автори (Koenig ,1980; Pavlik et al., 1991; Fuchs et al., 1997; Johnson et al., 1997; Johnson et al., 2002), покрај ветрот во разнесувањето на семето од шумските видови дрвја голема уло-га имаат и птиците. Покрај тоа и способноста за клиење во лоши услови какви што владеат на не-обраснатите терени е подобра кај семето од бел и црн бор во однос на буката. Додека за добро кли-ење на семето од бука и за негов понатамошен развиток во младо растение потребна е порастре-сита, похумусна и повлажна почва, семето од бе-лиот и црниот бор успева да клие и се вкорену-ва и на полоши растежни услови какви што се на необраснатите терени.

Во поглед на квалитетот на природната обнова по овие терени може да се каже дека е не-доволно добар. Најголем број од стеблата кај си-те видови се гранати со слаб растеж по височина. Прирастот по дебелина не е рамномерно распо-реден по целото стебло, туку најизразен во осно-вата со силно развиени странични гранки.

Белиот и црниот бор според своите био-еколошки карактеристики се видови на дрвја кои успешно населуваат примарни месторастења, кои се каменливи, песокливи, збиени, суви и си-ромашни со хранливи материи. Буката пак е вид кој воглавно населува секундарни месторасења кои се богати со хранливи материи и се одлику-ваат со добра аерираност, растреситост и поголе-ма влажност. За разлика од слабата способност да населува терени необраснати со шума, таа има силна способнос да навлегува во насадите од други шумски видови дрвја. Amorini (1983) вр-шел експерименти во 53 годишни насади од црн бор, подигати со цел заштита од ерозија и уста-новил дека седум години по извршената одглед-на сеча со интензитет од 30% се појавил буков и дабов подмладок, додека сеуште немало подмла-док од црн бор.

Сепак природното населување на шум-ски видови на дрвја по локалитети необраснати со шума и покрај тоа што единките се со слаб квалитет има голема важност, пред се од биоеко-лошки интерес, бидејќи овозможува проширу-вање на границите на шумата на различни мес-торастења, како и нејзино повторно враќање на места од кои во минатото таа била уништетна од шумски пожари, антропогено или друго негатив-но влијание.

Заклучок

По необраснатите терени од Малешевски-те Планини, главната улога во освојувањето на нови месторастења ја имаат белиот бор (Pinus silvestris L.) и црниот бор (Pinus nigra Arn.), кои за разлика од буката (Fagus moesiaca Domin.

Page 8: ПРИРОДНА ОБНОВА НА НЕКОИ АВТОХТОНИ … Congress Proceedings/04_Velkovski...сив Ниџе и установил дека во сите развојни

Николчо ВЕЛКОВСКИ и др.

108 Зборник на трудови од III Конгрес на еколозите од Македонија

Maly) Czezott имаат семе кое е полесно и подобро се разнесува на поголеми растојанија од шумата, како и биоеколошките карактеристики на белиот бор и црниот бор, кои се светлољубиви видови и лесно освојуваат смрекарници, голини во шума-та, напуштени ниви и пасишта.

Многу покасно во природната сукцесија, кога боровите формираат зрела шума и кафеава шумска почва, буката со својата обнова навлегу-ва во боровите шуми и ја истиснува обновата од бор, освојувајќи го нивното месторастење и соз-давајќи отпрвин мешани шуми од бел бор-црн бор-бука, а покасно и чисти букови шуми со до-минантна улога на буката.

Литература

Amorini, E., (1983). Thinning trials in the black pine stands of Monte della Modina in the Tuscan Apennines, Annali dell Istituto Sperimentale per la Silvicultura,14, 47-99.

Александров Х. Александър., Велков Д., (1996). Автохтонната горскодървесна и храстова растителност на балканите като фактор за възстановяване на горските екосистеми и тяхното устоичиво развитие. София.

Blinkov I., Trendafilov A., (2002). Erosion processes in the Republic of Macedonia International Conference «Natural and Socio-Economic Effects of Erosion Control in Mountainous Regions» 10-13 December 2002, Belgrade/Vrujci Sp

Баткоски, Д., (1977). Биоеколошка рактеристи-ка и природно обновување на белборовите шуми на планинскиот масив Ниџе.Скопје.

Брндевски, Е., (1984). Биоеколошка карактерис-тика, природно обновување и можности за селекција во црнборовите шуми во ком-

плексот на Малешевските Планини. Ско-пје.

Велковски, Н., (2007). Биоеколошка карактерис-тика и природно обновување на буковите шуми на Малешевските Планини. Скопје.

Johnson, W. et all., (1997). Nut caching by blue jays (Cyanocitta cristata L.). Implications for tree demography, American Midland Naturalist, 138, 357-370.

Johnson, P., S. Shifley, R. Rogers. (2002). The Ecology and Silviculture of Oaks, NY, CABI Publishing.

Koenig, W., (1980). Acorn storage by acorn woodpeckers in an oak woodland: an energetics analysis, USDA Forest Service General Technical Report, PSWPSW-44.

Lüpke et al., 2003. Silvicultural strategies for conversion. Proceedings of the international conference on the conversion of coniferous forests, 27 September-02 Octomber 2003, Freiburg, Germany.

Михајлов, С., (1956) Дендрометриски проучу-вања на моликата (Pinus peuce Griseb.) на планината Пелистер.

Мирчевски, С., (1978) Спонтано ширење на ела-та (Abies alba, Mill.) по ценози на отворен простор на планините Бистра и Рудока.

Мирчевски, С., (1978) Биоструктурни односи во буковите високостеблени шуми. Скопје.

Pavlik et all., (1991). Oaks of California, Cachuma Press, Los Olivos, California.

Трендафилов А., Блинков И., (2004). Ефекти од противерозивното уредување во некои сливни подрачја во Р. Македонија, Скопје.

Fuchs, M., et all (1997). Seeds that fly on feathered wings. Acorn dispersal by Steller´s jays, USDA Forest Service General Technical Report PSWPSW-GTR-160, 648-650.