23
Објаснување на програмата од прво до петто одделение (CP-CM2) Циклуси во основното училиште Образованието е задолжително за сите деца, французи или странци, од шест до шеснаесет години. Основното училиште го сочинува градинка и основното училиште (одделенска настава). Повеќето деца тргнуваат во градинка на три години. Таму ги усвојуваат основните правила на социјализација, учат да зборуваат и се подготвуваат за прво одделение на шест години. СР е прво одделение од основното образование кое продолжува до СМ2 (петто одделение). Во принцип, децата поминуваат пет години во основното училиште (одделенска настава). Во основното училиште, образованието е организирано во три циклуса: рано учење (мала, средна и голема група од градинка) основни знаења (голема група, СР-прво одделение, СЕ1-второ одделение) продлабочување на знаењата (СЕ2-трето одделение, СМ1 - четврто одделение, СМ2 - петто одделение) Организацијата во повеќе-годишни циклуси дозволува подобро да се земе во предвид темпото на секој ученик. Школување Организација на училишното време Наставата се одвива во период од дваесет и четири часа неделно, од понеделник наутро до петок попладне. Два часа неделно се посветени на дополнителна настава за учениците кои имаат потешкотии. 1

Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

  • Upload
    others

  • View
    3

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Објаснување на програмата од прво до петто одделение(CP-CM2)

Циклуси во основното училиште

Образованието е задолжително за сите деца, французи или странци,од шест до шеснаесет години. Основното училиште го сочинува градинка и основното училиште (одделенска настава). Повеќето деца тргнуваат во градинка на три години. Таму ги усвојуваат основните правила на социјализација, учат да зборуваат и се подготвуваат за прво одделение на шест години. СР е прво одделение од основното образование кое продолжува до СМ2 (петто одделение). Во принцип, децата поминуваат пет години во основното училиште (одделенска настава). Во основното училиште, образованието е организирано во три циклуса:

рано учење (мала, средна и голема група од градинка) основни знаења (голема група, СР-прво одделение, СЕ1-второ

одделение) продлабочување на знаењата (СЕ2-трето одделение, СМ1 - четврто

одделение, СМ2 - петто одделение)Организацијата во повеќе-годишни циклуси дозволува подобро да се земе во предвид темпото на секој ученик.

Школување

Организација на училишното времеНаставата се одвива во период од дваесет и четири часа неделно, од понеделник наутро до петок попладне. Два часа неделно се посветени на дополнителна настава за учениците кои имаат потешкотии.

Начин на оценувањеНаставните програми се замислени со цел да обезбедат на секој ученик успешно усвојување на основните знаења и вештини. Секој наставник е одговорен за редовно оценување на постигнувањата на учениците во зависност од програмата за работа на одделението. Тој воспоставува неколку тестови во годината и на секој родител му ги испраќа резултатите на детето. На крајот на CE1(второ одд.) и СМ2 (петто одд.), наставниците прават сеопфатен преглед на сите знаења усвоени за време на циклусот:

на крајот на CE1 второ одделение, тестирање на голема група од градинка, од СР (прво одд.) до CE1(второ одд.);

на крајот на CМ2 петто одделение, тестирање на СЕ2 (трето одд.), СМ1 (четврто одд.), СМ2 (петто одд.).

1

Page 2: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Овие тестови овозможуваат да се оцени усвојувањето на заедничката основа на знаења и вештини, односно основните знаења што секој ученик треба да ги усвои на крајот на задолжителното образование. Тие се евидентирани во лична книшка на знаења и се додаваат на училишната книшка.

Дополнителна наставаДоколку вашето дете се соочува со потешкотии во совладување на материјалот, наставниците може да спроведат посебна помош како дополнителна настава, со ваша согласност.

1. Тие можат да ја прилагодат наставата, нудејќи им активности во рамките на одделението, понекогаш и со помош на друг наставник, специјализиран или не.

2. Ако постојат потешкотии, на децата им се нуди дополнителна настава, два часа неделно надвор од училишните активност. Наставата предложена од страна на наставникот на одделението се организира во многу мали групи.

3. Во 4 и 5 одделение во случај на поголеми потешкотии, исто така, може да биде предложена и специјализирана помош. Училишните психолози им помагаат на наставниците и родителите за подобро да разберат што претставува пречка за успех на учениците. Тие го придружуваат детето, неговото семејство и наставниот кадар во барањето решение. Целата настава може да се организира во Персонализирана програма за образовен успех (PPRE /ППОУ) што подразбира ангажираност од страна на училиштето, учениците и родителите., асистенти или аниматори.

Повторување и прескокнување на одделениеНаставничкиот совет одлучува за преминот од едно во друго одделение. Наставничкиот совет го сочинуваат директорот и наставниците кои предаваат. Советот обезбедува редовно ажурирање на напредокот на учениците.

ПовторувањеКога предвидената дополнителна настава не е доволна наставничкиот совет предлага повторување на одделението. Директорот на училиштето ги информира родителите за овој предлог. Ако родителите не се согласуваат може да се поднесе жалба која ќе биде проучена од комисија. Освен во исклучителни случаи, повторување може да се случи само еднаш во основното училиште.

Прескокнување на одделение

2

Page 3: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Ако вашето дете со голема леснотија го совладува материјалот, наставникот на одделението или вие можете да побарате вашето дете да го “прескокне одделението.” Наставничкиот совет донесува одлука за “прескокнување” на одделението. Сепак, тоа е избор кој бара многу мерки на претпазливост.

3

Page 4: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Циклус на основни знаења: Прво и второ одделение CP - CE1

Циклусот на основни знаења започнува во голема група градинка и продолжува во првите две одделенија од основното образование ( прво одделение и второ одделение). Со проектите на секое училиште се предвидуваат начини за поврзување на градинката и основното училиште. Активностите се предвидуваат така што има континуитет, односно наставниците во прво одделение се надоврзуваат на работата и стекнатите знаења во градинката.

Основни цели во прво и второ одделение се читање и пишување на француски јазик, познавање и разбирање на броевите, нивно пишување и математички операции со мали количества. Стекнување на знаење во овој домен се предмет на постојано внимание за било која спроведена активност.

Спортот и физичкото образование завземаат важно место во училишните активности во овој циклус. Првите научни експерименти, првите размислувања на теми од историјата, географијата и граѓанското општество го гарантираат неопходното отворање кон светот и формирање на општа култура кај децата. Уметничкото образование се базира на директен контакт на децата со уметничките дела што претставува вовед во историја на уметноста и има за цел да го поттикне уметничкото изразивање кај децата.

Континуирано предмет на внимане е квалитетот на работата, развивање на моторичките способности.

Целата настава придонесува за усвојување на основните знаења и способности.

Во програмата која можете да ја консултирате на www.eduscol.education.fr може да се види дека наставата е насочена кон постигнување на целите предвидени за тековната година.

4

Page 5: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Број на часовиЦиклус на основни знаења - прво и второ одделение (CP - CE1)

Годишен број на часови Неделен број на часови

Француски

Математика

Физичко образование

Јазик

Уметничко изразување и историја на уметност

Запознавање на природата и општеството

360

180

108

54

81

81

10

5

9*

Вкупно 864 24*деклинацијата на месечниот број на часови е во функција на педагошкиот проект и е во согласност со годишниот број на часови определен за секоја дисциплина.

5

Page 6: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Француски јазик

На крајот од голема група од градинка, ученикот има значително зголемен вокабулар, умее да се изрази, да слуша и да зборува на француски. Разбира текст прочитан од страна на возрасен, јасно ги распознава гласовите во јазикот и ги поврзува со нивните графички знаци. Во подготвителното одделение детето учи да чита преку декодирање и идентификација на зборовите и преку прогресивно усвојување на знаењата и способностите кои се неопходни за разбирање на текстовите. Учењето на азбуката треба да биде предмет на систематска работа уште од почеток на учебната година во подготвителното одделение. Учењето на читањето и пишувањето се одвива симултано долж целиот циклус и взаемно се надополнуваат. Овие знаења се потпираат на вежбањето на говорниот јазик и учењето на вокабуларот; придружени се со вовед во граматика и правопис. Учениците постепено учат да пишуваат ракописно, да ги пишуваат и поврзуваат правилно буквите, учат на правилна употреба на акцентот, простор меѓу зборовите, интерпункција, големи и мали букви.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: јасно да се изрази користејќи соодветен вокабулар, самостојно, гласно да прочита текст составен од познати и непознати

зборови, самостојно да чита и да разбере прочитани текстови и интегрални дела

од детската литература адаптирани за негова возраст, да прочита и разбере исказ или проста инструкција, да ја извлече темата од параграф или кус текст, да препише текст без грешка на ракописн и уреден ракопис, без грешка да напише диктиран текст долг пет реда, служејќи се со

стекнатите ортографски, лексички и граматички способности, да ги користи своите познавања со цел да напише краток текст; самостојно да напише текст долг од пет до десет реда, да знае да каже на памет научени поеми или кратки текстови.

Математика

Учењето на математика ја развива фантазијата, прецизноста и рассудувањето.

Познавањето на броевите и сметањето се приоритетни цели во подготвително и прво одделение. Решавање на матеметички проблеми е цел на постепена работа и придонесува до сензибилизација со математичките операции. Редовното

6

Page 7: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

вежбање на прсметување е неопходно. Детето ги добива првите автоматизми. Учењето на механизмите во математиката секогаш е поврзано со разбирањето на нивното значење.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: да прочита, напише, спореди, подреди цели природни броеви до 1000; сметање: собирање, одземање, множење, делење со 2 и со 5 на цели броеви до 100, во случај кога количникот е

цел, употреба на таблици со собирање и множење со 2,3,4 и 5, сметање на памет со собирање, одземање и множење, лоцирање на предмет во однос на себе или во однос на друг предмет,

одредување на неговата позиција и неговото движење, препознавање, именување и опис на рамни и тврди предмети, употреба на линијар и агломер за прецизно цртање квадрат,

правоаголник, правоаголен триаголник; употреба на мерки за должина, прецизно и точно да повлекува линии, да одредува мерки и да смета, да решава едноставни математички задачи.

Физичко образование

Физичкото образование цели кон развивање на моторичките капацитети и нуди иницијација на физички, спортски и артистички активности. Одговарајќи на потребата и задоволството на движењето, физичкото образование го развива чувството за напор и издржливост. Учениците учат подобро да се запознаат себе си и другите; учат и да се грижат за своето здравје.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: да практикува колективен спорт или игра почитувајќи ги правилата; да владее со моторички движења како: трчање, скокање, фрлање; да е свесен за блиското опкружување и да може во него да се движи; да умее да изведе танц и други гимнастички активности.

Странски јазик

7

Page 8: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Учениците рано го откриваат постоењето на различни јазици како во нивното опкружување така и во странство. Уште во Прво одделение се воведуваат во изучувањето на странските јазици. Во Второ одделение странскиот јазик се изучува писмено и усно, но му се дава предност на усното разбирање и изразување.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: да разбере и употребува едноставни секојдневни искази; да се запознае со некои културни елементи на земјата чиј јазик го изучува.

Запознавање на природата и општеството

Учениците се стекнуваат со просторни и временски репери, со познавања од живиот свет, материјата и предметите, како и со соодветен вокабулар.Ги прошируваат своите знаења преку набљудување и дејствување.Учениците ги откриваат и употребуваат основните функции на компјутерот.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: да истражуваат преку набљудување и опишување, да ги применуваат основните безбедносни правила со цел избегнување

на повреди, да ги разликуваат блиските и далечните минати дејства, да си го претставува блиското опкружување, да се снаоѓа и движи во

него, да почне да се приспособува на секојдневното опкружувањето во кое има

бројки, саати, мерни единици, пари.

Уметничко изразување и историја на уметност

Уметничкиот сензибилитет и способноста на изразување кај учениците се развиваат преку пракса но и преку примери поврзани со историја на уметноста.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: да се изрази преку пишување, пеење, танц, сликање, моделирање,

склопување; да разликува некои уметнички дисциплини (музика, танц, театар, кино,

цртање, сликање, скилптура); да ги препознава визуелните и музичките дела кои се претходно учени;

8

Page 9: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

да умее да даде едноставна дефиниција за разни уметнички професии (композитор, режисер, комичар, музичар, танчер)

Граѓанско образование

Учениците ги учат правилата на учтивост и однесување во општеството. Постепено се учат на одговорност и стануваат самостојни.

На крајот од овој циклус моето дете ќе може: Да ги препознава амблемите и симболите на француската Република; Да ги почитува другите и правилата на колективен живот; Да се однесува според учтивите норми во односите со другарчињата,

возрасните на училиште и надвор од него; За време на час да ги почитува правилата на комуникација; Да побара помош од возрасен; Да слуша за да разбере, да постави прашање, да повтори, да исполни

задача, да реализира активност; Да разговара, да умее да одбрани став; Да работи во група, да се влучи во проект; Да ги применува основните хигиенски правила.

9

Page 10: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Циклус на продлабочени знаењата:CE2-CM1-CM2 трето, четврто и петто одделение

Во продолжение на првите години од основното училиште, францускиот јазик, како и главните елементи на математиката се главните цели на трето CE2 и четврто одделение CM1. Сепак, наставата од сите области придонесува за усвојување на заедничката основа на знаењата и вештините.

Самостојноста и личната иницијатива, условите за училишен успех постепено се спроведуваат во сите области и на секој ученик му овозможуваат да стекне самодоверба и успешност.

Употребата на Информатички и комуникациски технологии станува вообичаена во доменот на целата настава.

Учениците се подготвуваат да продолжат во шесто одделение, со придобивки од учењето на различни дисциплини.

Училишните проекти предвидуваат и начини за поврзување со понатамошното образование со цел подобро педагошко вклучување на учениците.

Наставата на училишните предмети е предмет на годишни планирања, поставени на интернет страната www . eduscol . educatin . fr .

10

Page 11: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Број на часовиЦиклус на продлабочени знаења:

трето, четврто и петто одделение CE2-CM1-CM2Број на часови-годишно Број на часови - неделно

Француски јазик

Математика

Физичко воспитување

Странски јазик

Експериментални науки и технологии

Хуманистичка култура: Уметност и историја на уметноста**

Историја-географија-граѓанско образование

288

180

108

54

78

78

78

8

5

11*

Вкупно 864 24*Промената на овој неделен распоред ќе зависи од педагошкиот проект на наставниците поврзан со годишните одредени волумени за секоја дисциплина.**Годишната настава на историја на уметноста е 20 часа и ги опфаќа сите предметни области.

11

Page 12: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Француски јазик

Усвојувањето на францускиот јазик, со цел децата да можат јасно и прецизно да се изразат, како усно така и писмено, првенствено произлегува од наставата по француски јазик, но исто така и од сите останати дисциплини: природни науки, математика, историја, географија, физичко и ликовно воспитување.

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може: да се изрази усно, како и писмено, користејќи соодветен и прецизен

речник; да зборува почитувајќи го нивото на јазикот; да чита течно (гласно, во себе) даден текст; да чита самостојно текстови и дела од детската литература, адаптирани

на неговата возраст; да чита самостојно и да разбира упатства и искази; да разбира нови зборови и правилно да ги користи; да ја открие темата на даден текст; да го користи знаењето за да размисли за даден текст (подобро да го

разбере или да го напише) ; да одговори на прашање со целосна реченица, усно и писмено; да состави текст од петнаесетина редови (расказ, опис, дијалог, поетски

текст, резиме) користејќи го правилно вокабуларот и граматиката; да напише едноставен текст од десет реда со правилна ортографија – за

време на диктат или пишување расказ- користејќи ги познатите правила за правопис и граматика како и познатиот вокабулар;

правилно да користи речник.

Математика

Примената на математиката ја развива желбата за истражување и размислување, фантазијата и способностите за апстракција, строгост и прецизност. Владеењето на главните математички елементи помага во делувањето во секојдневниот живот и го подготвува понатамошното образование.

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може да пишува, именува, споредува и користи цели броеви, децимали (до

100) и неколку прости дропки, да користи табела за собирање и множење од 2 до 9, да ги користи четирите математички операции за цели броеви и

децимали (за делење, делителот е цел број),12

Page 13: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

да смета на памет користејќи ги четирите операции, да ја процени големината на резултатот, да користи дигитрон, да препознава, опишува и именува геометриски фигури и тела, да користи линијар, агломер и компас за да ја провери природата на

вообичаените рамни тела и да ги конструира истите грижливо и прецизно,

да ги користи вообичаените мерни единици, инструменти за мерење, да врши конверзија,

да решава математички проблеми користејќи ги четирите операции, пропорционалност и различни математички предмети: броеви, мерки, “правилото на три”, геометриски форми, шеми;

да знае да организира нумерички или геометриски информации, да ги оправда и процени веројатноста на еден резултат

да чита, интерпретира и конструира неколку едноставни замисли: табели, и графикони

Физичко воспитување

Физичкото воспитување има за цел развивање на моторните вештини и практикување на физички, спортски и уметнички активности.

Тоа придонесува за здравствена едукација овозможувајќи им на учениците да ги спознаат своите тела како и безбедноста при вежбањето со преземање на контролирани ризици.

Со физичкото воспитување истовремено се учат на одговорност, самостојност и почитување на моралните и социјалните вредности (почитување на правила, себе-почитување и почитување на другите).

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може: да се движи прилагодувајќи се на средината, да користи план; да оствари мерлива активност (атлетика и пливање) ;

да измисли или создаде кореографии или серии од повеќе елементи од уметнички или експресивен карактер;

да ги почитува правилата во спортските игри;

да соработува со едно или повеќе другарчиња.

13

Page 14: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Странски јазик

На крајот на СМ 2 учениците треба да се стекнат со вештини неопходни за основна комуникација, дефинирани од страна на ниво А1 од Заедничката европска референтна рамка за јазиците, која исто така ја сочинува основната референца за наставата, учењето и оценувањето на знаењата по странски јазици.

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може: да комуницира, се претставува, поставува и одговара на прашања; да разбира упатства, зборови од секојдневниот живот, современи изрази;

да познава неколку елементи од културата на друга држава;

Експериментални науки и технологии

Експерименталните науки и технологии имаат за цел да го опишаат и да го направат разбирлив светот, оној на природата и оној што е создаден од човекот, да дејствуваат врз него и да делуваат врз промените предизвикани од човековата активност.

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може: да набљудува и да истражува и да поставува прашања, да експериментира, да постави хипотеза, да ја тестира и да ја потврди, да испроба повеќе можни решенија, да ги искаже и да ги искористи резултатите од мерењето или од

истражувањето користејќи научен вокабулар во усното и писменото изразување,

да ги усвои знаењата во различните научни домени, да ги употреби своите знаење во различни научни контексти и во

активностите во секојдневниот живот (пример: ужива во урамнотежен оброк),

да се стекне со вештини, да реализира технички гестови.

14

Page 15: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Хуманистичка култура

Хуманистичката култура на учениците во нивните историски , географски, уметнички и граѓански димензии се храни исто така од првите елементи на вовед на историја на уметноста.

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може: да изрецитира десетици поеми и текстови во проза на еден експресивен начин, да интерпретира песна, точно да учествува во ритмичка игра, да пронајде

едноставни карактеристични музички елементи, да идентификува главни периоди од веќе учената историја, да запамти неколку

клучни хронолошки датуми за да ги смести едни во однос со други познавајќи една или две нивни главни карактеристики;

да се снајде на географска карта на локално и светски ниво, -да знае неколку културни елемнти од друга земја, -да чита и употребува различни јазици, карти, скици, графики, хронологија,

иконографија, да разликува големи категории од уметничката креативност (литература , музика,

театар, кино, цртање, сликање, скулптура, архитектура), да препознава и опишува визуелни или музички дела претходно учени : да знае да

ги смести во времето и просторот , да ја идентификува уметност на која и припаѓаат , да знае во детали некои составни елементи употребувајќи одредени термини на специфичен вокабулар.

да ги изразува емоции и наклонетоста спрема едно уметничко дело користејќи ги своите познавања,

да го употребува цртежот и различните форми на визуелно изразување (апстракни форми и слики ) служејќи се со различни материјали, подлоги инструменти и техники,

да измисли и реализира текстови , дела кореографии или комбинации на уметнички или експресивен текст,

да може подолго време да слуша ( читање , музика , претстава итн)

Вообичаени техники за информација и комуникација15

Page 16: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

Дигиталната култура бара разумно користење на информатиката, медиумите и интернетот. Навиката за одговорност при употребата на овие интерактивни алатки, треба да се стекне почнувајќи од Основното училиште-одделенска настава.

На крајот од овој циклус, моето дете ќе може: да употребува информатички алатки за да се информира, документира и претстави

свој труд, употреба на информатички алатки за комуницирање, покажува критички приод кон информацијата како и при нејзината примена.

Граѓанско образование

Граѓанското образование му дозволува на секој ученик подобро да се вклопи во одделенската заедница и училиштето.

На крајот од овој циклус моето дете ке може: да ги препознава симболите на Европска Унија; да ги почитува другите и особено да ги применува принципите за еднаквост на

девојчињата и момчињата; да бидат свесни за достоинството на човековата личност и се збогатуваат во тој

контекс секој ден; да се почитуваат правилата на колективниот живот особено во спортот; да се разберат, птифатат и применуваат концептите на права и обврски; да се учествува во дијалог, да се земе збор пред другите , да се сослуша другиот; да се искаже и одбрани еден став; да се соработува со еден или повеќе

другари/другарки; да знае да примени некои од основните правила на прва помош; да добие уверение за познавање од прва помош; да знае дека една активност, игра или движење во секојдневниот живот може да

биде од витална опасност; самостојно да извршува едноставни задачи; да покаже упорност во сите активности; да почне да знае да се самоценува во едноставни ситуации; да се вклучи во индивидуален или колективен проект; да почитува правила на хигиена во животот; да научи секојдневни движење без да ризикува да се повреди.

16

Page 17: Прво одделение и второ одделение:efis.mk/efis/wp-content/uploads/2015/03/programma-CP-CM2.… · Web viewОбјаснување на програмата

17