28
број 120 јуни 2016 www.ffrm.org.mk Горе домати доле компири Наводнување Производство на перга Дронови во земјоделството Алба во Глумово ЗЕТОР МАЈОР 80 ЧЛЕНСКО

во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

  • Upload
    others

  • View
    18

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

број 120јуни 2016www.ffrm.org.mk

Горе домати доле компири

Наводнување

Производство на перга

Дронови во земјоделството

Албаво Глумово

ЗЕТОР МАЈОР 80ЧЛЕНСКО

Page 2: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

Поч‌‌итувани‌ч‌‌итатели,‌сите‌сугестии,‌забелеш‌‌ки,‌праш‌‌ања‌и‌критики,‌Ве‌молиме,‌да‌ги‌испраќ‌‌‌‌‌‌‌‌ате‌на‌маил‌адресите‌наведени‌во‌импресумот.‌Со‌тоа‌ќ‌‌‌‌‌‌‌‌‌е‌влијаете‌на‌квалитетот‌на‌содрж‌‌ината‌и‌ќ‌‌‌‌‌‌‌‌е‌добиете‌информации‌за‌Ваш‌‌е‌подобро‌и‌поквалитетно‌земјоделско‌производство‌или‌развој‌на‌средината.‌Затоа,‌редакцијата‌Ве‌охрабрува‌да‌ни‌пиш‌‌увате.

СОДРЖИНА

Меѓународни искуства: УСПЕСИТЕ НА ОБЕДИНЕТОТО ЗЕМЈОДЕЛСКО ДВИЖЕЊЕ ВО МОЛДАВИЈА

Градинарство:ОДГЛЕДУВАЊЕ

НА РАН КОМПИР

Сточарство:ЗАШТИТНИ МЕРКИ

ОД БОЛЕСТА „ЈАЗЛЕСТА КОЖА“

Поледелство:СОНЧЕВА НЕКРОЗА

Моја земја, Јуни 2016, бесплатен примерокИздавач :Федерација на фармерите на Република МакедонијаАдреса на седиштето и уредништвото:Ул. Гиго Михајловски бр. 4, 1/11000 СкопјеГлавен и одговорен уредникБилјана Петровска Митревска[email protected]Уредник: Благојче НајдовскиТел/Факс: 02 3099042e-mail: [email protected]

Печати: ПропоинтУл. Скупи-20 бр.3 1000 СкопјеПечатен на 25 Мај 2016 Tираж 500 примероциMаркетинг и дистрибуцијаБлагојче Најдовски 070/[email protected]Број на ж иро сметка:300-0000015837-55, Комерцијална банкаФото-вестБлагојче НајдовскиНовинар:Моника Ристеска

Стручни соработници:Дипл.агр.инж. Јелица Бешлиќ,Дипл.агр.инж. Стојан Глигоров,Дипл.агр.инж. Димитар Арнаудов,Др. Наташа Данилоска,Др. Драги Таневски,Предраг Поповиќ,Иван ПостоловскиСашко Стошиќ,Раде Каранфиловски,Марсело Дуњак

Дизајн:Бригада дизајн [brigada.mk]

Списанието „Моја земја” из ле гу­ва месеч но и е во соп ст веност на Федерација та на фармери те на Репуб ли ка Ма кедонија. Првиот број из лезе како орга ни зациски бил тен на ФФРМ во април 2003 година, а од јуни 2016 се ди ­стри бу ира како ме сеч но членско спи са ние за зем јо делство и ру ­ра лен раз вој.

Според‌Статутот‌на‌ФФРМ,‌постојат‌два‌типа‌на‌членови‌во‌ФФРМ:

Групни‌членови‌-‌регистрирана‌и‌оперативно‌и‌финансиски‌активна‌група‌на‌фармери‌-‌земјоделски‌здруженија,‌регионални‌и‌национални‌сојузи,‌земјоделски‌задруги‌и/или‌трговски‌друштва‌формирани‌од‌земјоделски‌здруженија

Индивидуални‌членови‌-‌Секој‌жител‌на‌Македонија,‌инволвиран‌или‌заинтересиран‌за‌земјоделството‌кој‌го‌исполнува‌основниот‌критериум‌-‌да‌е‌евидентиран‌фармер‌во‌Единствениот‌Регистар‌за‌земјоделци‌на‌МЗШВ,‌или‌е‌член‌на‌земјоделско‌стопанство.‌Индивидуалниот‌член‌може‌да‌одлучи‌дали‌ќе‌членува‌во‌некоја‌од‌социјалните‌мрежи‌на‌ФФРМ.

Покрај‌редовните‌членови‌ФФРМ‌воведува‌и‌статус‌на‌придружни‌членови,‌тоа‌се‌правни‌и‌физички‌лица‌кои‌можат‌да‌ги‌користат‌услугите‌на‌организацијата,‌но‌немаат‌право‌на‌глас.

Контакт:‌‌ФФРМ‌-‌Главна‌КанцеларијаУл.‌Гиго‌Михајловски‌бр.‌4,‌1/11000‌СкопјеТел/факс:‌389-02-3099-042

Како да станам член во ФФРМ

14

15

16

7

Page 3: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌3‌‌

ФФРМ

ФФРМ го одржа своето редовно годишно собрание

Федерацијата‌ на‌ фармери-те‌на‌РМ‌ја‌одржа‌својата‌редовна‌ седница‌ на‌ Го-

дишното‌ собрание.‌ На‌ седни-цата‌делегатите‌ги‌разгледуваа‌Годишната‌ Програма‌ и‌ Буџет‌ и‌едногласно‌ ги‌ усвоија.‌ Во‌ рам-ките‌ на‌ седницата‌ се‌ разгова-раше‌ за‌ конкретни‌ земјодел-ски‌ проблеми‌и‌ беше‌ побарано‌од‌ страна‌ на‌ раководството‌ на‌ФФРМ‌ да‌ преземе‌ повеќе‌ че-кори‌ за‌ решавање‌ на‌ пробле-мот‌со‌субвенциите‌во‌делот‌на‌оданочување‌на‌кооперативите‌и‌ земјоделските‌ фирми.  Собра-нието‌ се‌ одржа‌ во‌ Скопје‌ во‌амфитеатарот‌на‌Факултетот‌за‌земјоделски‌науки.‌l

Page 4: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

4‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

ФФРМ

Заради‌ негативните‌ влијанија‌на‌ климатските‌ промени‌ како‌што‌ се:‌ зголемување‌ на‌ тем-

пературата‌ на‌ воздухот,‌ интен-зитетот‌ на‌ сончевата‌ радијација,‌појава‌на‌топлотни‌бранови,‌интен-зивни‌врнежи,‌град‌како‌и‌дефицит‌на‌ врнежи‌ во‌ вегетацискиот‌ пери-од‌ проследен‌ со‌ долготрајна‌ суша,‌земјоделските‌ производители‌ во‌Република‌Македонија‌ се‌ соочуват‌со‌голем‌предизвик‌за‌негово‌спра-вување.

Предизвикот‌ во‌ справувањето‌ со‌климатските‌ промени‌ е‌ процес‌ во‌кој‌ земјоделските‌ производители‌треба‌ да‌ ги‌ вложат‌ своите‌ капаци-тети‌ во‌ адаптирање‌ на‌ производ-ството‌ кон‌ оваа‌ појава‌ но‌ истовре-мено‌ова‌бара‌голема‌поддршка‌од‌јавната‌ свест‌ и‌ заедничко‌ ангажи-рање,‌соработка‌и‌координација‌на‌сите‌релевантни‌институции.‌

Постојаната‌ и‌ континуирана‌ ево-луција‌ во‌ поглед‌ на‌ избор‌ на‌ кул-тури,‌ нови‌ технологии‌ и‌ практики‌на‌ управување‌ со‌ земјоделското‌производство‌ согласно‌ климатски-те‌промени‌доведува‌до‌потреба‌од‌вклучување‌ на‌ научно-истрaжу-вач‌ка‌ експертиза‌ со‌ што‌ ќе‌ се‌ га-ран‌‌тира‌ реализација‌ на‌ одржливо‌земјодлеско‌производство.‌

Новите‌технологии‌и‌знаења‌како‌и‌зголемувањето‌на‌свеста‌кај‌земјо-делските‌ производители‌ во‌ однос‌на‌ адаптивните‌ мерки‌ кон‌ климат-ските‌промени‌треба‌да‌се‌пренесат‌со‌активна‌вклученост‌на‌земјодел-ските‌советодавни‌служби‌како‌дел‌од‌ нивните‌ редовни‌ практики‌ во‌

Стаменов- Климатските промени ќе ги намалат приносите„Негативните‌ефекти‌на‌климатските‌промени‌ќе‌имаат‌најголемо‌влијание‌врз‌земјоделството.‌За‌таа‌цел‌вакви‌средби‌се‌добро-дојдени‌за‌нас‌земјоделците,‌пред‌сè‌поради‌тоа‌што‌може‌да‌се‌научи и‌да‌се‌видат‌нови‌технологии‌за‌адаптација‌на‌земјодел-ството‌врз‌новите‌временски‌услови‌за‌да‌се‌заштити‌производ-ството.‌Потребно‌е‌поактивно‌следење‌и‌истражување‌за‌времен-ските‌промени‌кои‌ќе‌настануваат‌во‌државата.‌Според‌она‌што‌го‌гледаме‌најмногу‌ќе‌бидат‌погодени‌поледелскиот,‌лозаро-овош-тарскиот,‌ градинарскиот‌сектор‌каде‌што‌ќе‌имаме‌намалување‌на‌приносот.‌Но,‌од‌друга‌страна‌ќе‌се‌појавуваат‌и‌веќе‌се‌појаву-ваат‌болести‌кои‌дирекно‌и‌негативно‌влијаат‌најмногу‌во‌сточар-ството“,‌-вели‌Никола‌Стаменов,‌Претседател‌на‌ФФРМ.

„Македонското земјоделство и климатските промени“Прва национална конференција

давањето‌на‌советодавни‌услуги‌за‌успешно‌планирање‌и‌реализација‌на‌земјоделското‌производство.‌

Во‌иднина‌политиката‌за‌земјодел-ство‌и‌рурален‌развој‌на‌РМ‌треба‌да‌води‌кон‌политика‌што‌ќе‌ја‌земе‌во‌предвид‌ потребата‌ за‌ адаптирање‌на‌земјоделското‌производство‌и‌ќе‌ги‌ промовира‌ земјоделските‌ прак-тики‌ кои‌ што‌ се‌ компатибилни‌ со‌новите‌ климатски‌ услови‌ и‌ исто-времено‌придонесуваат‌кон‌зачуву-вање‌на‌природните‌ресурси.

Министерството‌ за‌ земјоделство‌шумарство‌и‌водостопанство‌треба‌да‌направи‌проценка‌на‌потребите‌на‌ земјоделските‌ производители‌за‌дополнителна‌поддршка‌за‌ада-таптација‌ на‌ земјоделството‌ кон‌климатските‌ промени‌ во‌ рамките‌на‌мерките‌за‌поддршка‌преку‌про-грамите‌за‌земјоделство‌и‌рурален‌развој.‌

Потребна‌ е‌ координација‌ помеѓу‌институциите‌ и‌ организациите‌ од‌регионот‌ заради‌ навремено‌ инфор-

Page 5: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌5‌‌

мирање,‌размена‌на‌искуства‌и‌кре-ирање‌или‌слични‌мерки‌кои‌водат‌успешни‌практики‌во‌надминување‌на‌ негативните‌ ефекти‌ од‌ климат-ските‌ промени.‌ Посебно‌ важна‌ е‌соработката‌ и‌ во‌ создавање‌ на‌ за-еднички‌ регионален‌ превентивен‌систем‌за‌климатските‌промени.‌

Ова‌ се‌ заклучоците‌ од‌ Првата‌ на-ционална‌ конференција‌ „Македон-ското‌ земјоделство‌ и‌ климатските‌промени“‌која‌се‌одржа‌во‌Струми-ца‌во‌ заедничка‌соработка‌на‌про-ектот‌ „Институционална‌ подршка‌на‌ Федерацијата‌ на‌ фармерите‌ на‌РМ“‌ We‌ Effect‌ –‌ ФФРМ,‌ проектот‌на‌ УСАИД‌ за‌ адаптација‌ на‌ земјо-делството‌ кон‌ климатските‌ про-мени‌ и‌ Амбасадата‌ на‌ Кралството‌Шведска.‌ Настанот‌ имаше‌ цел‌ да‌ги‌ претстави‌ негативните‌ ефекти‌на‌климатските‌промени‌врз‌земјо-делското‌ производство‌ пред‌ сите‌чинители‌ и‌ да‌ презентира‌ мерки‌и‌ техники‌ кои‌ ќе‌ им‌ помогнат‌ на‌земјоделците‌ да‌ ги‌ намалат‌ штет-

ните‌последици‌во‌градинарството,‌овоштарството,‌ лозарството‌ и‌ сто-чарството.‌

На‌ конференцијата‌ свои‌ обраќања‌имаа‌Никола‌Стаменов,‌претседател‌на‌ФФРМ,‌Петар‌Ѓоргиевски,‌Претсе-дател‌на‌Мрежата‌за‌рурален‌развој‌на‌РМ,‌Програмскиот‌менаџер‌на‌We‌Effect‌ за‌ Европа‌ -‌ Ана‌ Ерландсон‌ и‌Билјана‌ Џартова-‌ Петровска‌ од‌ Ам-басадата‌ на‌ Кралството‌ Шведска.‌Професори‌ од‌ Земјоделскиот‌ ин-ститут‌и‌Факултетот‌ за‌ земјоделски‌науки‌ и‌ храна‌ од‌ Скопје,‌ ги‌ споде-лија‌ резултатите‌ и‌ достигнувањата‌од‌ имплементацијата‌ на‌ различни‌адаптивни‌ мерки‌ во‌ земјоделското‌производство,‌а‌пред‌присутните‌се‌обратија‌ и‌ неколку‌ земјоделци‌ кои‌ги‌споделија‌своите‌искуства‌и‌пози-тивни‌примери.

Од‌ страна‌ на‌ професорите‌ беше‌истакнато‌дека‌реален‌проблем‌во‌иднина‌ ќе‌ биде‌ недостатокот‌ на‌вода‌ кој‌ големи‌ негативни‌ ефекти‌

Ѓоргиевски - Најпогодени се семејствата во руралните средини„Република‌Македонија‌е‌сè‌уш-те‌на‌почетокот‌на‌остварување‌на‌ стратешките‌ цели‌ за‌ адре-сирање‌ на‌ климатските‌ проме-ни,‌а‌оние‌кои‌најмногу‌зависат‌од‌ овие‌ одлуки‌ и‌ решенија‌ се‌земјодлеските‌ производители‌и‌ руралните‌ семејства‌ како‌ди-ректни‌ корисници‌ на‌ земјиш-тето‌ и‌ природните‌ ресурси.‌Тие‌ се‌ најранливата‌ група‌ во‌овој‌ контекст.‌ Предизвикот‌ во‌справувањето‌ со‌ климатските‌промени‌е ‌процес‌кој  ‌е‌долг‌и‌бара‌ голема‌ поддршка‌ од‌ јав-ната‌ свест‌ и‌ заедничко‌ анга-жирање‌ и‌ соработка‌ на‌ сите.“‌–‌ истакна‌ во‌ своето‌ обраќање‌Петар‌Ѓоргиевски,‌Претседател‌на‌ Мрежата‌ за‌ рурален‌ развој‌на‌ РМ,‌ спроведувач‌ на‌ проек-тот‌на‌УСАИД‌за‌Адаптација‌на‌земјоделството‌ кон‌ климатски-те‌промени.

Ерландсон- Климатските промени ја поттикнуваат сиромаштијата„Сиромаштијата‌и‌климатските‌промени‌се‌по-врзани,‌ бидејќи‌ тие‌   најмногу‌ ги‌ погодуваат‌најсиромашните‌луѓе‌кои‌живеат‌во‌чувстви-телните‌ области‌ со‌ најмалку‌ ресурси‌ и‌ тре-ба‌ да‌им‌се‌ помогне‌да‌се‌прилагодат‌или‌да‌се‌ опорават‌ побрзо‌ од‌ катастрофи.‌ Како‌ по-следици‌ од‌ климатските‌ промени,‌ бегањето‌од‌ сиромаштијата‌ станува‌ потешко.‌ Климат-ските‌промени‌ го‌спречуваат‌напредокот‌   за‌намалување‌ на‌ сиромаштијата‌ и‌ промови-рање‌на‌развој.“,‌вели‌Анна‌Ерландсон‌,‌Про-грамски‌менаџер‌на We‌Effect за‌ЕУ.

„Македонското земјоделство и климатските промени“Прва национална конференција

„Во иднина сушите и недостатокот на вода ќе

се сериозни непријатели на климатските

промени, а тоа ќе доведе до намалување

на продуктивноста, Потребни повеќе

површини или зголемен увоз, покачување на цените и влошување

на добросостојбата на земјоделците и

населението“,‌вели‌проф.‌д-р‌Ордан‌Чукалиев

на‌глобално‌ниво‌ќе‌има‌на‌храната‌и‌земјоделството.

Климатските‌ промени‌ се‌ реалност‌насекаде‌ во‌ светот,‌ а‌ според‌ ана-лизите‌ на‌ експертите,‌ Македонија‌може‌да‌очекува‌екстремни‌варија-ции‌во‌температурата,‌кои‌ќе‌имаат‌штетни‌ последици‌ врз‌ земјодел-скиот‌ сектор.‌ Бидејќи‌ речиси‌ по-ловина‌од‌руралното‌население‌во‌Македонија‌ е‌ економски‌ зависно‌од‌земјоделството,‌итна‌е‌потреба-та‌ од‌ спроведување‌ брза‌ акција‌ и‌практични‌адаптивни‌методи.‌l

Page 6: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ФФРМ организира посета на земјоделскиот саем во Нови СадОколу‌60‌земјоделци‌во‌организација‌на‌Федерацијата‌на‌фармерите‌на‌РМ‌беа‌на‌дводневна‌посета‌на‌саемот‌за‌земјоделство‌во‌Нови‌Сад,‌Ср-

бија.‌Целта‌на‌посетата‌е‌да‌се‌поттикне‌зедничкото‌планирање‌и‌донесување‌на‌одлуки‌ за‌ усвојување‌ и‌ примена‌ на‌ на-преднати‌ земјоделски‌ техники‌ и‌ техно-логија,‌ што‌ најпосле‌ ќе‌ доведе‌ до‌ подо-брена‌ продуктивност,‌ стандардизација‌на‌ производите,‌ оптимализација‌ на‌ ко-личините‌ и‌ зголемување‌ на‌ приходите.‌На‌саемот‌можеа‌да‌се‌видат‌земјоделска‌механизација,‌ опрема‌ и‌ резервни‌ дело-ви,‌ храна‌ и‌ пијалоци,‌ растително‌ произ-водство,‌ сточарство,‌ амбалажа,‌ хемиска‌заштита‌ и‌ ѓубрива,‌ агроиновации‌ во‌ об-ласта‌на‌земјоделството.‌l

6‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Претставници‌ од‌ ФФРМ‌ при-суствуваа‌ на‌ Меѓународната‌конференција‌за‌земјоделство‌

која‌се‌оддржа‌во‌Осијек,‌која‌е‌прва‌конференција‌ од‌ овој‌ тип‌ во‌ Репу-блика‌Хрватска.На‌ конференцијата‌ учествуваа‌претставници‌ од‌ владиниот,‌ нев-ладиниот‌и‌научно-истражувачкиот‌сектор‌со‌цел‌да‌се‌продискутираат‌состојбите‌во‌земјоделството,‌да‌се‌споделат‌искуствата‌во‌ користење-то‌ на‌ европските‌ фондови‌ за‌ рура-лен‌развој‌и‌земјоделство‌како‌и‌да‌се‌ донесат‌ заклучоци‌ за‌ подобру-вање‌ на‌ производството‌ и‌ извозот‌во‌сите‌земјоделски‌пот-сектори.Во‌ рамките‌ на‌ конференцијата‌ беа‌презентирани:‌ Програмата‌ за‌ ру-рален‌ развој‌ на‌ ЕУ,‌ искуствата‌ на‌Европската‌ банка‌ за‌ обнова‌ и‌ раз-вој‌ во‌ користење‌ на‌ средствата‌ за‌поддршка‌ на‌ земјоделството,‌ про-грамите‌ на‌ Лондонската‌ банка‌ за‌поддршка‌ на‌ вредносни‌ синџири,‌искуствата‌ на‌фармерите‌ во‌ корис-

тењето‌на‌европските‌фондови,‌соз-давање‌на‌иновативни‌земјоделски‌проекти‌итн.Средбата‌ беше‌ одлична‌ можност‌да‌ се‌ споделат‌ искуствата‌ од‌ на-шата‌ земја‌ и‌ да‌ се‌ слушнат‌ нап-редните‌ искуства‌ во‌ користење‌на‌ европските‌ фондови.‌ За‌ време‌на‌ конференцијата‌ претставници-те‌ на‌ ФФРМ‌ остварија‌ средби‌ со‌претставници‌ на‌ други‌ невладини‌организации,‌факултетите‌за‌земјо-делство‌од‌Осијек‌и‌Загреб,‌Минис-терот‌за‌земјоделство‌на‌Република‌Хрватска,‌г-дин‌Давор‌Ромиќ‌како‌и‌со‌ претставниците‌ на‌ двете‌ најго-леми‌ земјоделски‌ списанија‌ Агро-глас‌и‌Господарски‌лист.‌Токму‌овие‌средби‌не‌ ја‌исклучуваат‌можноста‌од‌ организирање‌ на‌ конференција‌од‌ сличен‌ карактер‌ во‌ Република‌Македонија.‌ Со‌ претставниците‌ на‌сточарската‌организација‌Холштајн‌беше‌договорена‌идна‌соработка‌во‌размена‌ на‌ искуства‌ со‌ македон-ските‌сточари.‌l

Обука за земјоделски задруги за бизнис планирање

Федерацијата‌ во‌ рамките‌ на‌Проектот‌ „Институционална‌поддршка‌на‌ФФРМ“‌ја‌одржа‌

првата‌работилница‌за‌земјоделски‌задруги‌каде‌што‌се‌разговараше‌за‌бизнис‌ план‌ и‌ бизнис‌ планирање.‌Токму‌оваа‌активност‌е‌една‌од‌зна-чајните‌за‌развој‌на‌кооперативата‌и‌следливост‌ на‌финансискиот‌ тек,‌ а‌воедно‌ овозможува‌ и‌ аплицирање‌за‌ различни‌ донации‌ и‌ субвенции.‌На‌ средбата‌ присуствуваа‌ 16‌ ко-оперативи‌ и‌ тоа‌ во‌ најголем‌ дел‌менаџери.‌ Работилницата‌ФФРМ‌ ја‌реализира‌заедно‌со‌Македонската‌асоцијација‌на‌земјоделски‌задруги‌со‌кои‌ги‌интензивира‌активностите‌во‌насока‌на‌развој‌на‌земјоделското‌задругарство.Во‌ рамките‌ на‌ самата‌ работилни-цата‌ беше‌ истакнато‌ дека‌ земјо-делските‌ задруги‌ се‌ соочуваат‌ со‌проблемите‌ со‌ оданочувањето‌ кога‌станува‌ збор‌ за‌ субвенциите.‌ Од‌страна‌ на‌ кооперативите‌ се‌ бара‌целосно‌ ослободување‌ од‌ оданочу-вањето‌бидејќи‌во‌овој‌случај‌стану-ва‌збор‌за‌донација‌која‌ја‌добиваат‌и‌ се‌ губат‌финансиски‌ средства‌од‌донацијата‌ која‌што‌ во‌ најчест‌ слу-чај‌се‌користи‌за‌инвестиција.‌l

ФФРМ на Меѓународната конференција за земјоделство во Осијек

ФФРМ

Page 7: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌7‌‌

Наднаслов РУБРИКА

Пишува: Марсело Дуњак

Двете‌ најголеми‌ земјоделски‌организации‌ во‌ Молдавија,‌Националната‌федерација‌на‌

фармери‌на‌Молдавија‌-‌NFFM‌и‌На-ционалната‌ федерација‌ на‌ земјо-делски‌ производители‌ на‌ Молда-вија‌ -‌ AGROinform‌ се‌ здружија‌ со‌уште‌ две‌ национални‌ организа-ции‌Uniagro‌Protect‌и‌Moldova‌Fruit‌така‌што‌изградија‌една‌заедничка‌Платформа‌за‌лобирање‌и‌застапу-вање‌со‌цел‌да‌се‌зајакне‌гласот‌на‌земјоделците‌ во‌Молдавија.‌ После‌неколку‌помалку‌успешни‌средби‌со‌државните‌органи‌голем‌број‌на‌на-стани‌се‌реализирани,‌вклучувајќи‌ги‌ и‌ двата‌ национални‌ протести‌каде‌што‌се‌мобилизираа‌повеќе‌од‌5.000‌земјоделци.Тие‌ со‌ своите‌ трактори‌ и‌ другите‌земјоделски‌ машини‌ излегоа‌ на‌улиците‌и‌ги‌блокираа‌главните‌па-тишта,‌ така‌што‌ маршираа‌ до‌Пар-ламентот.‌Тие‌успеале‌да‌се‌сретнат‌со‌претседателот‌на‌Парламентот‌и‌на‌крај‌добија‌ветување‌за‌барања-та‌ на‌ земјоделците‌ дека‌ ќе‌ бидат‌разгледани‌ од‌ властите.‌ Конечно,‌по‌еден‌тежок‌период‌на‌дискусии,‌нивните‌ барања‌ ‌ се‌ слушнаа‌ и‌ ре-зултати‌се‌постигнати.Владата‌ се‌ обврза‌ да‌ ги‌ иденти-фикуваат‌ дополнителните‌ финан-сиски‌ средства‌ за‌ зголемување‌на‌фондот‌ за‌ поддршка‌ на‌ земјодел-ството‌ до‌ 1‌ милијарда‌MDL‌ за‌ рас-пределба‌ на‌ зголемена‌ поддршка‌за‌малите‌и‌средни‌земјоделци‌

•‌ Парламентот‌ја‌одобри‌0%‌камата-та‌за‌‌данок‌на‌приход‌за‌малите‌и‌средни‌земјоделците‌и‌им‌овозмо-жи‌реинвестирање‌во‌развојот‌на‌бизнисот‌во‌земјоделството

•‌ Ветување‌ да‌ се‌ создаде‌ профи-табилен‌ механизам‌ на‌ кредит‌ за‌земјоделците,‌ со‌примена‌на‌пре-ференцијални‌ стапки‌ на‌ банките‌и‌поедноставување‌на‌механизми‌за‌добивање‌кредити.

•‌ Развој‌на‌нови‌методи‌и‌промени‌во‌законската‌регулатива,‌која‌им‌овозможува‌на‌земјоделците‌увоз‌на‌нафтени‌деривати‌за‌сопствени‌потреби‌‌

Правната‌ рамка‌ се‌ менува‌ и‌ се‌ по-стави‌Борд‌каде‌што‌ учествуваат‌и‌земјоделците,‌ кои‌ ќе‌ го‌ надгледу-ваат‌распределбите‌на‌поддршките‌на‌земјоделството,‌вклучувајќи‌ги‌и‌националните‌проекти‌ во‌ земјодел-скиот‌сектор.‌

•‌ Преглед‌на‌законите‌со‌кои‌се‌ре-гулира‌постапката‌и‌условите‌за‌плаќање‌од‌страна‌на‌трговците‌со‌земјоделски‌производи.

•‌ Намалувањето‌ на‌ стапката‌ на‌ДДВ‌ на‌ 8%‌ за‌ сите‌ земјоделски‌производи.

Според‌ Валериу‌ Косарицу‌ -‌Претседател‌ на‌ Националната‌ фе-дерација‌на‌фармери‌на‌Молдавија‌-NFFM,‌ многу‌ години‌ се‌ бореле‌ за‌доброто‌ на‌ руралното‌ население,‌како‌ и‌ одбрана‌ и‌ промовирање‌на‌ нивните‌ права‌ и‌ интереси.‌ "Од‌суштинско‌ значење‌е‌ да‌ се‌ напра-ви‌ ‌ гласот‌ на‌ земјоделците‌ да‌ се‌слушне‌ и‌ да‌ се‌ обезбеди‌ нивна‌вклученост‌ во‌ креирањето‌ на‌земјоделските‌ политики.‌ За‌ да‌ се‌постигне‌ тоа‌ земјоделското‌ дви-жење‌мора‌да‌дејствува‌обединето‌и‌ тоа‌ е‌ причината‌ зошто‌ НФФ‌ се‌приклучи‌ на‌ платформата‌ за‌ ло-бирање‌ и‌ застапување‌ ‌ каде‌ што‌се‌ и‌ ‌ AgroInform,‌ Uniagroprotect,‌MoldovaFrut‌ ‌ ".‌ Аурелиа‌ Бондари,‌извршен‌ директор‌ на‌ AgroInform‌смета‌ дека‌ заедничкото‌ дејству-вање‌‌"ги‌прави‌посилни,‌динамич-ни,‌повеќе‌претставителни,‌па‌дури‌и‌повеќе‌легитимни‌пред‌Државата‌за‌да‌се‌предлага‌решенија‌како‌и‌побарување‌ и‌ мониторирање‌ на‌нивна‌имплеменатција‌".‌l

Успесите‌на‌обединетото‌земјоделско‌движење‌во Молдавија

МЕЃУНАРОДНИ ИСКУСТВА

Page 8: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

8‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Пишува:Димитар Арнаудов

Подгризувачки совици

Директната‌штета‌од‌овие‌инсекти‌е‌причинета‌ од‌ ларвата.‌ Симптомите‌се‌ манифестираат‌ во‌ вид‌ на‌ изгри-зени‌делови на‌кореновиот‌врат‌и‌на‌долните‌ лисја.‌ Бојата‌ на‌ ларвите‌ е‌кафеава‌ (иста‌како‌бојата‌на‌почва-та)‌и‌се‌долги‌околу‌50‌мм.‌За‌ефикас-но‌ сузбивање‌ на‌ подгризувачките‌совици‌ третирањето‌ со‌ инсектици-ди‌треба‌да‌биде‌во‌вечерните‌часо-ви.‌Додека‌ларвите‌од‌подгризувач-ките‌совици‌се‌млади,‌најпрактичен‌и‌ најрационален‌ начин‌ за‌ нивно‌сузбивање‌е‌со‌употреба‌на‌контакт-ни‌ инсектициди‌ (пиретроиди,‌ кар-баматни‌инсектициди),‌со‌поголема‌потрошувачка‌на‌вода.

Поради значајноста на пиперката, посебно кај „куртовска капија“, во овој текст ќе се образложат

најзначајните штетници на оваа култура, како и препорачаните мерки

за нивна контрола и сузбивање.

Штетницина‌пиперкатаШтетницина‌пиперката

ЗаштитаГРАДИНАРСТВО

Лисни вошки

Нападот‌ од‌ лисни‌ вошки‌ во‌ поче-токот‌се‌манифестира‌со‌кадравост‌на‌врвната‌меристема‌од‌пиперка-та‌и‌ тие‌заостануваат во‌порастот.‌Оштетените‌ листови‌ се‌ исушу-ваат‌ и‌ на‌ крај‌ паѓаат.‌ Опачината‌на‌ листот‌ поради‌ „медната‌ роса“‌станува‌леплива‌и‌е‌цел‌на‌напад‌на‌ сапрофитни‌ габи.‌ Економски‌најзначајна‌ штета‌ причинета‌ од‌

лисните‌ вошки‌ е‌ пренесувањето‌на‌ вируси.‌ Лисните‌ вошки‌ поради‌повеќето‌ генерации‌ имаат‌ спо-собност‌за‌пренесување‌на‌вируси,‌кои‌со‌остварената‌инфекција‌ста-нуваат‌тешки‌за‌контрола. Поради‌способноста‌за‌брза‌резистенција,‌при‌ контролата‌ на‌ лисните‌ вош-ки‌ треба‌да‌ се‌прави‌ смена‌на‌ин-сектицидите‌ од‌ различни‌ групи,‌почнувајќи‌ од‌ неоникотиноидите,‌пиретроиди,‌карбамати.

Page 9: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌9‌‌

Црвен пајак

Штетата‌од‌црвениот‌пајак‌најчес-то‌се‌појавува‌при‌ниска‌релативна‌влажност‌во‌заштитениот‌простор.‌Примарните‌ штети‌ се‌ манифести-раат‌ како‌ неправилно‌ расфрлени‌жолти‌ точки,‌ при‌ што‌ во‌ почето-кот,‌ главната‌ нерватура‌ останува‌зелена.‌ Во‌ подоцнежните‌ фази,‌штетникот‌ги‌зафаќа‌сите‌листови,‌при‌што‌на‌крај‌тие‌опаѓаат.‌На‌за-болено‌растение‌од‌црвениот‌пајак,‌на‌опачината‌на‌листот‌со‌лупа‌мо-жат‌да‌се‌забележат‌мали,‌црвени‌инсекти,‌ во‌ вид‌ на‌ точки.  Мерки-те‌ за‌ контрола‌ на‌ овој‌штетник‌ се‌уништување‌на‌околната‌плевелна‌вегетација,‌ одржување‌ на‌ рела-тивната‌ влажност‌ во‌ објектот.‌ Во‌практиката,‌ најдобро‌ дејство‌ од‌инсектицидите‌ за‌ контрола‌ на‌ цр-вениот‌пајак‌имаат‌абамектините.

Белокрилка

Добро‌познат‌штетник‌на‌земјодел-ските‌ производители.‌ При‌ голем‌напад‌ од‌ овој‌ штетник‌ листовите‌стануваат‌лепливи,‌сиви,‌а‌понеко-гаш‌и‌црни.‌Поради‌големиот‌број‌на‌генерации,‌неопходна‌е‌редовна‌контрола‌и‌заштита‌на‌растенијата.‌Како‌превентивна‌мерка‌се‌препо-рачува‌уништување‌на‌плевелната‌вегетација‌околу‌и‌во‌заштитениот‌простор.‌При‌употреба‌на‌инсекти-циди‌ се‌ препорачува‌ нивна‌ рота-ција‌ (неоникотиноиди,‌ карбамати,‌пиретроиди,‌ регулатори‌ на‌ хормо-нот‌за‌раст).

Нематоди

Најчест‌ вид‌ од‌ нематодите‌ кои‌ ги‌напаѓаат‌ пиперките‌ во‌ Република‌Македонија‌ се‌ нематодите‌ од‌ ро-дот‌ Meloidogyne.‌ Заболеното‌ рас-тение‌ при‌ високи‌ температури‌ по-венува,‌а‌на‌кореновиот‌систем‌се‌манифестираат‌мали‌ топченца‌ (ту-мори).‌ Најмногу‌ остваруваат‌ зара-за‌кога‌пиперката‌се‌одгледува‌на‌лесни,‌песокливи‌почви,‌а‌помалку‌кога‌пиперката‌се‌одгледува‌на‌по-тешки,‌глинести‌почви.

Доколку‌ инфекцијата‌ настане‌ во‌почетните‌ фази‌ на‌ раст‌ и‌ развој‌на‌ пиперката,‌ биолошките‌ и‌ еко-номските‌ загуби‌ се‌ поголеми.‌ За‌успешна‌ контрола‌ неопходно‌ е‌одгледување‌на‌пиперката‌во‌пло-доред.‌Се‌препорачува‌и‌биолошка‌заштита‌на‌растенијата‌против‌не-матоди,‌додека‌пак,‌употребата‌на‌нематоциди‌е‌ограничена.‌l

Page 10: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

10‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Помато е нов вид на хибридно растение создадено со калемење на компир и домат заради заштеда на простор. Томтато е растение кое истовремено раѓа компири под земјата, а домати над земјата!

Горе домати...КалемењеГРАДИНАРСТВО

Одгледувањето‌ на‌ две‌ расте-нија‌како‌една‌култура‌е‌стара‌вообичаена‌ практика‌ помеѓу‌

градинарите‌ кои‌ се‌ соочуваат‌ со‌недостаток‌ од‌ простор‌ во‌ својата‌градина.‌За‌да‌ се‌ постигне‌ хармо-нија‌на‌ваквите‌насади‌се‌користи‌процесот‌ наречен‌ калемење‌ -‌ ме-тода‌ на‌ бесполово‌ размножување.‌Оваа‌ градинарска‌ иновација‌ им‌овозможува‌ на‌ градинарите‌ да‌растат‌ вертикално‌ наредени‌ рас-тенија‌на‌мал‌простор.‌Еден‌ таков‌пример‌ за‌ ваков‌ вид‌ на‌ производ-ство‌ е‌ вкрстеното‌ растење‌ на‌ до-мат‌и‌компир‌на‌англиски‌наречено‌„помато“‌или‌„томтато“‌-‌изведенки‌од‌ англиските‌ зборови‌ tomato‌ (до-мат)‌и‌potato‌(компир).

Придобивките‌ од‌ ваквиот‌ на-чин‌ на‌ одгледување‌ компир‌ и‌ до-

мат‌ се‌ навистина‌ многубројни.‌Благодарение‌ на‌ томтато‌ расте-нијата,‌ малите‌ земјоделци‌ можат‌да‌ја‌максимизираат‌употребата‌на‌нивните‌растечки‌парцели,‌а‌со‌тоа‌и‌да‌ги‌намалат‌влезните‌трошоци.‌Томтато‌хибридите‌имаат‌докажана‌ефикасност,‌односно‌само‌во‌ваква‌унија‌ даваат‌ максимум‌ од‌ себе‌ и‌поефикасни‌ се‌ отколку‌ кога‌ до-матот‌ и‌ компирот‌ растат‌ одвоено.‌Одгледувањето‌на‌помато‌билките‌не‌ само‌ што‌ може‌ да‌ го‌ зголеми‌приносот‌ и‌ да‌ заштеди‌ пари,‌ тоа‌исто‌ така‌ заштедува‌време‌и‌ труд‌и‌ истото‌ не‌ влијае‌ на‌ квалитетот‌и‌ приносот.‌ Друга‌ значајна‌ придо-бивка‌од‌оваа‌метода‌на‌размножу-вање‌за‌сите‌фармери‌е‌можноста‌за‌ подобрување‌ на‌ отпорноста‌ од‌одредени‌ штетници‌ на‌ природен‌начин.

...доле компири

Пишува: Моника Ристеска

Page 11: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌11‌‌

Чекори за калемење на помато растенијата:

  Земете‌ здрава‌доматна‌билка‌ со‌ голе-мина‌ од‌ околу‌ 15‌ до‌ 20‌ сантиметри‌ и‌компирова‌ билка‌ со‌ приближно‌ иста‌висина;

  Исечете‌процеп‌на‌стеблото‌од‌компи-рот‌ (со‌должина‌од‌2,5‌сантиметри)‌ со‌остар‌нож‌или‌сечило;

  Исечето‌го‌стеблото‌на‌доматот‌во‌фор-ма‌на‌буквата‌„V“,‌откако‌сте‌ја‌измери-ле‌висината‌за‌процепот.‌

  Наместете‌ги‌„V“‌формите‌на‌стеблата‌заедно,‌за‌убаво‌да‌се‌поврзат‌и‌зашти-тете‌ги‌со‌лента‌за‌калемење.‌Провере-те‌дали‌изложените‌области‌се‌потпол-но‌запечатени;

  Чувајте‌ги‌билките‌на‌индиректна‌сон-чева‌светлина‌и‌проверувајте‌за‌знаци‌на‌нов‌раст‌на‌врвот‌од‌доматот;

  Покријте‌ го‌ растението‌ со‌ полупроѕир-на‌ пластична‌ кеса‌ заради‌ одржување‌на‌ количеството‌ влага.‌ Отстранете‌ ја‌ќесата‌ по‌ неколку‌ дена.‌ Доколку‌ ново-то‌ хибридно‌ растение‌ покажува‌ знаци‌на‌овенување,‌покријте‌ го‌повторно‌за‌неколку‌дена;

  Отстранете‌ ја‌ пластичната‌ ќеса‌ и‌ гле-дајте‌ дали‌ развојот‌ е‌ во‌ полн‌ ек.‌ Кога‌ќе‌ забележите‌ бујни‌ зелени‌ лисја,‌ от-странете‌ја‌лентата‌што‌ја‌употребивте‌за‌ зацврстување‌ на‌ стеблата‌ во‌ кале-мениот‌дел.‌Во‌оваа‌фаза‌помтато‌рас-тението‌е‌успешно‌оформено‌-‌растение‌кое‌истовремено‌ќе‌произведува‌компи-ри‌под‌земјата,‌а‌домати‌над‌земјата!

  За‌ да‌ го‌ одржите‌ вашето‌ растение‌ во‌најоптимално‌ здравје,‌ наводнувајте‌ го‌редовно‌и‌ ѓубрете‌ го‌ со‌ течни‌ ѓубрива‌растворливи‌во‌вода.

КОРИСНИ СОВЕТИ:

Ô Потрудете‌се‌да‌земете‌растенија‌со‌стебла‌ со‌ сличен‌ дијаметар‌ за‌ по-лесно‌ да‌ се‌ формираат‌ новите‌ хи-бридни‌билки;

Ô Жолтите‌ листови‌ и‌ венеењето‌ ука-жуваат‌дека‌ калемот‌не‌функциони-ра‌правилно;

Ô Доколку‌нови‌ластари‌се‌појавуваат‌од‌ компировото‌ растение,‌ отстрану-вајте‌ги‌на‌редовна‌основа.‌Доколку‌не,‌ тогаш‌ тоа‌ е‌ показател‌ дека‌ до-матното‌растение‌е‌лишено‌од‌вред-ни‌хранливи‌состојки.‌l

https://www.youtube.com/watch?v=6V_X77CeTcs

Page 12: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

12‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Прецизното наводнување е дефинирано како наводнување со голема прецизност или како користење на вода на обработливата површина во земјоделското производство во склад со потребите на културите на локална основа, со цел зголемување на продуктивноста и максимално искористување на водата

Наводнување на поледелски култури

НаводнувањеПОЛЕДЕЛСТВО

Пишува: Дипл.инг.агр. Иван Постоловски, Маган Мак - Скопје

Земјоделството‌се‌смета‌за‌глав-ниот‌ корисник‌ на‌ вода,‌ дос-тигнувајќи‌ до‌ 70%‌ на‌ глобално‌

ниво,‌ што‌ значи‌ дека‌ од‌ 2.500‌ ми-лијарди‌ m3‌ достапна‌ слатка‌ вода,‌1.500‌ милијарди‌ m3‌ се‌ користат‌во‌ земјоделството‌ секоја‌ година‌(Goodwin‌ и‌ O’Conell,‌ 2008).‌ Во‌ по-веќето‌ медитерански‌ земји‌ употре-бата‌на‌вода‌во‌земјоделството‌над-минува‌80%,‌така‌што‌недостатокот‌на‌ вода‌ е‌ главна‌ пречка‌ за‌ економ-скиот‌ развој‌ и‌ подобрување‌ на‌ жи-вотниот‌стандард.

Според‌ (ФАО,‌ 2004‌ година),‌ 40%‌од‌ светското‌ производство‌ на‌ хра-на‌потекнува‌од‌површините‌кои‌се‌наводнуваат,‌со‌тенденција‌остро‌да‌се‌зголеми‌во‌текот‌на‌следните‌де-цении,‌ поради‌ зголемување‌ на‌ чо-вечката‌популација‌која‌се‌очекува‌да‌се‌удвои‌до‌2050‌година.‌Водата‌за‌наводнување‌главно‌се‌користи‌од‌површинските‌води‌извори,‌реки,‌езера,‌мочуришта‌и‌плитки‌подземни‌водоносни‌ слоеви.‌Како‌што‌во‌мо-ментов‌производството‌на‌храна‌има‌тенденција‌да‌се‌потпира‌на‌наводнување,‌со‌прекумерно‌користење‌на‌овие‌водни‌ресурси‌сериозно‌се‌заканува‌на‌нивната‌одржливост‌ и‌ наметнување‌ значајни‌ еколошки‌ им-пликации‌врз‌екосистемите‌ кои‌ се‌потпираат‌на‌пос-тоечката‌ слатка‌ вода.‌ Неефикасното‌ искористување‌на‌водата‌предизвикува‌намалување‌на‌количеството‌и‌ квалитетот‌ на‌ родот‌ од‌ земјоделските‌ култури,‌ не-ефикасно‌користење‌на‌минералните‌ѓубрива,‌произ-води‌за‌заштита‌на‌растенијата‌и‌други‌инпути,‌што‌се‌одразува‌врз‌целокупната‌ефикасност‌во‌користењето‌на‌водата.‌Покрај‌тоа,‌прекумерната‌и‌нерационална‌употреба‌на‌ вода‌може‌да‌придонесе‌ за‌ површинско‌истекување‌ на‌ водата‌ или‌ испирање‌ на‌ хранливите‌материи‌и‌хемикалиите‌во‌подземните‌води.‌Тоа‌е‌од‌особено‌ значење‌ и‌ треба‌ да‌ се‌ подобри‌ ефикасното‌искористување‌на‌водата‌во‌земјоделското‌производ-ство‌преку‌ограничување‌на‌примената‌на‌вода‌во‌од-редени‌култури‌и‌фази‌на‌пораст‌на‌растенијата.

Прецизното‌ наводнување‌ е‌ дефинирано‌ како‌ на-воднување‌ со‌ голема‌ прецизност‌ или  како‌ користење‌на‌ вода‌ на‌ обработливата‌ површина‌ во‌ земјоделското‌производство‌во‌склад‌со‌потребите‌на‌културите‌на‌ло-кална‌основа,‌со‌цел‌зголемување‌на‌продуктивноста‌и‌

максимално‌искористување‌на‌водата. Најчесто‌прифа-тена‌ дефиниција‌ е‌ „одржливо‌ управување‌ со‌ водните‌ресурси‌што‌подразбира‌давање‌на‌вода‌на‌растенијата‌во‌ вистинскиот‌момент,‌ потребно‌ количество‌ на‌ точно‌место‌и‌вистински‌начин,‌помагајќи‌на‌растенијата‌да‌се‌справат‌со‌потребите‌за‌вода,‌да‌ја‌зголемат‌ефикаснос-та‌и‌продуктивноста‌во‌користењето‌на‌водата,‌заедно‌со‌ намалување‌ на‌ трошоците‌ за‌ енергија‌ за‌ наводну-вање“.

Рекордерот во приносот, Горан Павловски - с. Карамани, Битола

Споредба на посевите: капка-по-капка и

стандардно производство

Истиот модел се применува на многу други култури меѓу кои сончоглед, соја, индустриски домат и др.

Page 13: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌13‌

Прецизното‌наводнување‌е‌нов‌концепт‌ за‌ наводнување‌ во‌ цел‌свет,‌кој‌има‌голем‌потенцијал‌да‌го‌зголеми‌искористувањето‌на‌вода-та‌ и‌ нејзината‌ економска‌ ефикас-ност.‌ Потенцијалот‌ и  економската‌корист‌од‌прецизното‌наводнување‌лежи‌ во‌ смалување‌ на‌ трошоци-те‌ на‌ инпутот‌ или‌ зголемување‌на‌ приносите‌ со‌ исти‌ вложувања.‌Во  разни‌ делови‌ во‌ светот‌ каде‌искористувањето‌ на‌ водата‌ има‌висока‌продуктивност,‌прецизното‌наводнување‌може‌да‌понуди‌мали‌подобрувања.‌ Меѓутоа,‌ во‌ голем‌дел‌ од‌ светот‌ каде‌ се‌ јавува‌ не-достаток‌ на‌ вода‌ за‌ наводнување,‌прецизното‌наводнување (капка‌по‌капка‌и‌микро‌прскалки),‌го‌подоб-рува‌ искористувањето‌ на‌ водата‌од‌80-90%,‌во‌однос‌на‌20-45%‌при‌заливањето‌ со‌ бразди.‌Според‌не-кои‌студии,‌системот‌капка‌по‌кап-ка‌во‌одделни‌ години‌дава‌ заште-ди‌на‌вода‌дури‌до‌50-80%.

Успешно‌ изведениот‌ проект‌ од‌2013-2015‌ година‌ „Да‌ одгледуваме‌повеќе‌пченка“‌во‌Република‌Маке-донија,‌ со‌ примена‌ на‌ системот‌ за‌наводнување‌ капка-по-капка,‌ фер-тигација‌и‌дозирање‌на‌потребните‌количества‌на‌вода‌за‌секој‌фармер‌во‌сите‌производни‌реони,‌на‌повр-шини‌ од‌ над‌ 700‌ ха‌ пченка,‌ прак-тично‌ се‌ покажа‌ дека‌ прецизното‌наводнување‌ и‌ фертигација‌ имаат‌големи‌перспективи‌за‌примена‌во‌поледелското‌ производство.‌ По-стигнати‌се‌фантастични‌резултати‌во‌ зголемувањето‌ на‌ приносот‌ на‌зрно‌ и‌ зелена‌маса‌ за‌ силажа‌над‌три‌пати,‌висока‌ефикасност‌и‌про-дуктивност‌во‌искористувањето‌на‌водата‌за‌наводнување,‌оптимално‌искористување‌на‌минералните‌ ѓу-брива‌и‌заштеда‌во‌пестицидите‌за‌контрола‌ на‌ штетниците,‌ болести-те‌ и‌ плевелите.‌ Имплементацијата‌на‌резултатите‌од‌проектот‌зазема‌широки‌размери‌и‌масовно‌е‌прифа-тена‌од‌фармерите‌во‌Р.Македонија.

ПРОЕКТ: Производство на ориз со примена на системот за наводнување капка-по-капка во Кочани

Проектот‌ е‌ прва‌ иницијатива‌ за‌употреба‌ на‌ системот‌ за‌ наводну-вање‌ капка-по-капка‌ на‌ оризот‌ во‌Р.Македонија.‌ МАГАН-МАК‌ во‌ сора-ботка‌со‌Netafim‌од‌Израел,‌водечки‌светски‌производител‌на‌системи‌за‌наводнување‌ капка-по-капка.‌ Овој‌проект‌може‌да‌послужи‌како‌модел‌за‌ фармерите‌ од‌ Кочани,‌ доколку‌биде‌пошироко‌прифатен.‌Освен‌тоа,‌резултатите‌ќе‌покажат‌дали‌заште-дите‌на‌вода‌со‌примена‌на‌системот‌за‌ наводнување‌ капка-по-капка,‌ ќе‌се‌овозможи‌одгледување‌на‌оризот‌на‌ поголеми‌ површини‌ во‌ Источна‌Македонија.

При‌ производството‌ на‌ ориз,‌ нај-често‌ површините‌ се‌ наводнува-ат‌ на‌ многу‌ неефикасен‌ начин‌ -‌ со‌поплавување,‌ што‌ многу‌ негативно‌се‌ одразува‌ во‌ заштитата‌ на‌живот-ната‌ средина.‌ Производството‌ на‌ориз‌ троши‌речиси‌ една‌ третина‌ од‌целата‌светска‌количина‌свежа‌вода,‌додека‌оризовите‌влажни‌полиња‌се‌одговорни‌за‌1,5%‌од‌антропогените‌емисии‌на‌метан‌на‌планетава,‌кој‌е‌до‌ 20‌пати‌помоќен‌од‌ јаглеродниот‌диоксид.

Методот‌се‌состои‌од‌серија‌на‌црева‌со‌ капалки‌ кои‌ ја‌ носат‌ водата‌ ди-ректно‌ на‌ растенијата‌ во‌ зоната‌ на‌коренот‌и‌има‌потенцијал‌да‌се‌нама-ли‌употребата‌на‌вода‌во‌оризовата‌култура,‌како‌и‌во‌заштедите‌на‌при-мена‌на‌минералните‌ѓубрива‌и‌да‌се‌подобри‌ контролата‌ на‌ плевелите.‌Испирањето‌ на‌ азотот‌ и‌ другите‌ хе-микалии‌ од‌ оризиштата‌ е‌ дополни-телна‌придобивка‌ за‌ заштита‌на‌ре-ките‌ и‌ воопшто‌ за‌ зачувувањето‌ на‌околината‌од‌загадување.

Концептот‌за‌одгледување‌на‌ориз‌со‌методот‌наводнување‌капка-‌по-кап-ка‌е‌веќе‌присутен‌на‌далечниот‌исток‌и‌во‌Европа‌и‌тоа‌во‌Турција‌и‌Италија.‌Овој‌метод‌може‌да‌обезбеди‌револу-ционерни‌ промени‌ за‌ земјоделците‌во‌начинот‌на‌производство‌на‌ориз,‌не‌ само‌ во‌ Р.Македонија,‌ туку‌ и‌ на-секаде‌ каде‌ се‌ одгледува‌ ориз.‌ Со‌спроведувањето‌на‌нови‌технологии,‌можат‌да‌имаат‌корист‌не‌само‌земјо-делците,‌туку‌и‌се‌промовираат‌одр-жливи‌ земјоделски‌ практики,‌ заш-теда‌на‌вода‌за‌наводнување,‌која‌сè‌помалку‌ќе‌ја‌има‌и‌се‌надеваме‌дека‌успехот‌на‌проектот‌и‌негова‌широка‌примена‌во‌производството‌на‌ориз,‌ќе‌допринесе‌за‌конзервација‌и‌зачу-вување‌на‌животната‌средина.‌l

Page 14: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

Треба да се внимава на семето

Одгледување на ран компирГРАДИНАРСТВО

Компирот‌ е‌ култура‌ која‌ се‌одгледува‌ и‌ на‌ отворено‌ и‌ во‌заштитен‌ простор‌ –‌ пластени-

ци‌каде‌што‌доста‌рано‌стасува‌свеж‌за‌продажба.

Бидејќи‌ компирот‌ е‌ доста‌ при-лагодлива‌ култура,‌ бара‌ длабоки,‌пропустливи‌ и‌ лесни‌ почви.‌ За‌ да‌се‌овозможи‌добар‌пораст‌и‌принос‌во‌ текот‌ на‌ целата‌ вегетација,‌ тре-ба‌ претходно‌ да‌ се‌ изврши‌ агро-хемиска‌ анализа‌ на‌ почвата‌ и‌ врз‌основа‌ на‌ таа‌ анализа‌ може‌ да‌ се‌придонесе‌ за‌ намалување‌ на‌ тро-

шоците,‌ заштитата,‌ ѓубривата,‌ на-воднувањето‌и‌др.

Најпогодни‌ површини‌ се‌ со‌ сла-бо‌ кисела‌ реакција‌ или‌ pH‌ 5,5-6,5.‌Компирот‌ прортува‌ на‌ температура‌од‌7-10°C.‌Промените‌на‌присуството‌на‌влажноста‌во‌почвата‌доведуваат‌до‌ деформација‌ на‌ кртолите.‌ Ина-ку,‌ садниот‌ материјал‌ е‌ доста‌ скап‌и‌ секогаш‌ треба‌ да‌ се‌ набавува‌ са-ден‌ материјал‌ со‌ декларација‌ и‌ од‌дистрибутери‌ кои‌ се‌ регистрирани‌за‌ таа‌работа.‌ Тој‌мора‌да‌одговара‌на‌нормативите‌од‌Законот‌за‌семе.‌l

ОПТИМАЛНИ УСЛОВИ

Параметри‌кои‌треба‌да‌се‌запазат‌при‌оптимални‌услови‌на‌одгледу-вање‌на‌компирот:

  длабочината‌ во‌ однос‌ на‌ поч-вата‌е‌50-60‌см‌бидејќи‌поголемиот‌дел‌на‌кореновиот‌систем‌се‌наоѓа‌на‌оваа‌длабочина.‌Структурата‌на‌почвата‌треба‌да‌биде‌растресита,‌песоклива,‌ пропусливоста‌ на‌ поч-вата‌треба‌да‌биде‌висока,‌бидејќи‌тешките‌и‌збиени‌почви‌го‌спречу-ваат‌нормалниот‌развој‌на‌кртоли-

те‌и‌се‌губи‌од‌неговиот‌квалитет.‌pH‌ вредноста‌ треба‌ да‌ се‌ движи‌од‌6‌до‌6,5.‌На‌неутрални‌и‌алкал-ни‌ почви‌ е‌ поголема‌ опасноста‌од‌причинители‌на‌болести,‌на‌пр.‌краставост‌и‌површината‌треба‌да‌биде‌богата‌со‌органски‌материи.

  Температурата‌на‌поникнување‌е‌од‌14‌до‌16°C,‌а‌оптималната‌тем-пература‌е‌од‌18-‌20°C.‌Биолошки-от‌максимум‌на‌температура‌е‌над‌30°C‌и‌тој‌повисоките‌температури‌влијаат‌неповолно‌на‌порастот‌и‌на‌вегетацијата.

  Што‌ се‌ однесува‌ до‌ одгледу-вањето‌ на‌ млад‌ компир,‌ треба‌ да‌се‌избегнуваат‌подрачја‌ каде‌што‌постои‌ опасност‌ од‌ доцни‌ пролет-ни‌мразеви.

САДЕЊЕПри‌садењето,‌растојанието‌зави-си‌од‌повеќе‌фактори:

  големината‌на‌кртолите

  механизираниот‌ процес‌ на‌ об-работка

  расположливата‌механизација

  должината‌на‌вегетацијата

Растојанието‌помеѓу‌редовите‌тре-ба‌ да‌ биде‌ 50-60‌ см‌ (за‌ рачна‌ об-работка)‌ и‌ 70-80‌ см‌ за‌ машинска‌обработка.‌Растојанието‌од‌кртола‌до‌ кртола‌ треба‌ да‌ биде‌ 30-40‌ см.‌Сеидбата‌ се‌ врши‌ од‌ 5-6‌ см,‌ што‌зависи‌ од‌ структурата‌ на‌ почва-та.‌ Сечењето‌ на‌ компирот‌ при‌ се-идбата‌не‌е‌препорачливо‌бидејќи‌постојат‌услови‌за‌развој‌на‌повеќе‌габични‌ болести.‌ Исхраната‌ на‌компирот‌ -‌ ѓубрењето‌ зависи‌ од‌фазата‌ на‌ развој.‌ На‌ пример,‌ пот-ребата‌од‌калиум‌е‌голема‌во‌поче-токот‌на‌вегетацијата,‌а‌се‌намалу-ва‌во‌фазата‌на‌цветањето.‌Азотот‌ја‌ забрзува‌ вегетацијата‌и‌ делува‌на‌формирањето‌поголеми‌кртоли,‌а‌со‌тоа‌и‌на‌поголем‌принос.

МИНЕРАЛНИ ЃУБРИВАОд‌ минералните‌ ѓубрива‌ погодни‌комбинации‌се‌НПК‌8-16-24,‌10-30-20,‌15-15-15.

Недостигот‌ од‌микро‌и‌макро‌ еле-менти‌ се‌ одредува‌ по‌ пат‌ на‌ аг-рохемиска‌ анализа,‌ но‌ и‌ по‌ по-знавањето‌ на‌ симптоматиката‌ на‌листовите‌или‌лисната‌маса.

Приносот‌на‌компирот‌се‌движи‌од‌10‌до‌13‌т/ха.

ХРАНЛИВОСТ НА КОМПИРОТКомпирот‌ изобилува‌ со‌ хран-ливи‌ елементи‌ и‌ се‌ употребу-ва‌ секојдневно‌ во‌ исхраната‌ на‌луѓето‌ и‌ во‌ преработувачката‌индустрија‌ како‌ смрзнат,‌ чипс,‌скроб‌и‌други‌производи.‌Потек-нува‌од‌Јужна‌Америка.

Компирот‌ содржи‌ 75%‌ вода,‌ 17-20%‌ скроб,‌ 2%‌ азотни‌ соедине-нија,‌ 2,5%‌ пектини,‌ јаболкова,‌лимонска,‌ винска‌ киселина.‌ Од‌минералите‌најмногу‌содржи‌ка-лиум.‌

Пишува: дипл. агр. Стојан Глигоров

14‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Page 15: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

Сончевите изгореници претставуваат сериозни оштетувања предизвикани од сончевото зрачење и причинуваат големи економски загуби кај овошјето, зеленчукот и декоративните растенија.

Сончеви изгореници

Сончева некроза ПОЛЕДЕЛСТВО

Пишува: Др. Наташа Данилоска

Појава‌ на‌ сончеви‌ изгорени-ци‌ или‌ т.н.‌ сончева‌ некроза,‌се‌ случува‌ кога‌ вишокот‌ на‌

сончевото‌ зрачење‌ (УВ‌ зрачење)‌ се‌претвора‌ во‌ топлинска‌ енергија‌ и‌предизвикува‌ висока‌ температура‌на‌ површината‌ на‌ растението.‌ Кога‌површинската‌ температура‌ ќе‌ дос-тигне‌ околу‌ 52°C,‌ настапува‌ топлин-ска‌ смрт‌ на‌ клетките,‌ која‌ е‌ просле-дена‌ со‌ појава‌ на‌ некроза,‌ односно‌изгореници.‌Можно‌е‌да‌се‌појави‌и‌друг‌тип‌на‌изгореници,‌кои‌уште‌се‌викаат‌ и‌ потемнувања,‌ а‌ се‌ појаву-

ваат‌ како‌ резултат‌ на‌ комбинација‌од‌висока‌површинска‌темпертатура‌кај‌ растенијата‌ (од‌ 46‌ до‌ 49°C)‌ и‌ ви-соко‌ сончево‌ зрачење‌ (УВ‌ зрачење).‌Во‌овој‌случај‌не‌настапува‌клеточна‌смрт,‌но‌се‌случуваат‌промени‌во‌пиг-ментацијата,‌ па‌ растенијата‌ обично‌добиваат‌жолта‌или‌кафена‌боја.

Високата‌ температура‌ и‌ УВ‌ зра-чењето‌ преставуваат‌ фактори‌ на‌стрес‌ и‌ кај‌ растенијата‌ предизвику-ваат‌ формирање‌ на‌ слободни‌ кис-лородни‌ радикали‌ и‌ други‌ хемиски‌радикали.‌Овие‌радикали‌ги‌уништу-ваат‌ клеточните‌ мембрани‌ преку‌оксидација‌ („оксидативен‌ стрес“)‌

што‌ доведува‌ до‌ смрт‌ на‌ клетката.‌На‌ овој‌ оксидативен‌ стрес‌ расте-нијата‌ реагираат‌ со‌ формирање‌ на‌антиоксиданси,‌кои‌ги‌елиминираат‌слободните‌ кислородни‌ и‌ хемиски‌радикали,‌ со‌ цел‌ да‌ го‌ спречат‌уништувањето‌ на‌ клеточните‌ мем-брани.‌ Најзначајни‌ антиоксидан-си‌ во‌ растенијата‌ се‌ α-токоферол‌(Витамин‌ Е),‌ аскорбинска‌ киселина‌(Витамин‌Ц),‌каротеноиди‌и‌фенолни‌соединенија.‌Меѓу‌овие‌соединенија,‌α-токоферолот‌е‌најефикасен‌приро-ден‌антиоксиданс.‌Имено,‌1‌молеку-ла‌ на‌ α-токоферол‌ може‌ да‌ деакти-вира‌и‌до‌220‌молекули‌од‌слободни‌радикали!

Оксидативен стрес(Мраз, топлина, зрачење, ...)

Одговор на растенијата

Формирање‌на‌слободни‌кислородни‌радикали‌(H2O2;‌O2) Формирање‌на‌природни‌антиоксиданси

Оштетување‌на‌клеточната‌мембрана Неутрализација‌на‌слободните‌радикали

Губење‌на‌функцијата‌на‌клетката Зачувување‌на‌функцијата‌на‌клетката

Смрт‌на‌клетката Нема‌штети

ЕФЕКТИ НА ОКСИДАТИВЕН СТРЕС И ОДГОВОР НА РАСТЕНИЈАТА

Ос‌нов‌на‌ функ‌ци‌ја‌ на‌ α-то‌ко‌фе‌‌ро‌-л‌от‌е‌да‌обез‌бе‌ди‌кле‌‌точ‌‌на‌та‌мем-бра‌на‌ да‌ функ‌цио‌ни‌ра‌ ду‌ри‌ и‌ во‌теш‌ки‌жи‌вот‌ни‌ус‌ло‌ви‌(стрес),‌ка‌ко‌на‌при‌мер‌пре‌кумерно‌загревање.‌Во‌овој‌процес,‌α-токоферолот‌де-лу‌ва‌ заедно‌ со‌ аскорбинската‌ ки-се‌лина.‌ Со‌ ог‌лед‌ на‌ тоа‌ де‌ка‌ во‌рас‌‌ти‌тел‌на‌та‌ клет‌ка‌ ас‌кор‌бин-ска‌‌‌та‌ ки‌‌се‌ли‌на‌ најчесто‌ се‌ наоѓа‌во‌ сосема‌ доволни‌ концентрации,‌ог‌раничувачки‌ фактор‌ во‌ антиок-

си‌дативната‌реакција‌на‌рас‌те‌ни-ја‌та‌е‌α-токоферолот.‌

За‌ среќа,‌ денес‌ на‌ пазарот‌ веќе‌мо‌жат‌ да‌ се‌ најдат‌ производи‌кои‌ благодарение‌ на‌ своите‌ фи-зиолошки‌ активни‌ состојки‌ ја‌ ин-тензивираат‌ работата‌ на‌ α-то‌ко-фе‌ролот‌ и‌ спречуваат‌ појава‌ на‌оште‌тувања‌ кај‌ растенијата‌ пре-дизвикани‌ од‌ сончево‌ зрачење‌(из‌гореници).‌l

кај‌растенијата

ЈУНИ‌2016‌|‌15‌

Page 16: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

16‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Со‌цел‌ да‌ се‌ спречи‌ влез‌ и‌ши-рење‌ на‌ болести‌ и‌ штетници‌кои‌ може‌ да‌ предизвикаат‌ го-

леми‌ економски‌ штети‌ во‌ сточар-ството,‌ намалена‌ продуктивност‌ на‌животните‌ и‌ дополнителни‌ трошо-ци‌ за‌ нивно‌ сузбивање‌и‌искорену-вање,‌но‌и‌да‌не‌се‌нарушува‌угледот‌на‌фармите‌и‌да‌не‌се‌изгуби‌довер-бата‌на‌потрошувачите‌која‌може‌да‌доведе‌ до‌ намалена‌ продажбата,‌Агенцијата‌ за‌ храна‌ и‌ ветеринар-ство‌ им‌ препорачува‌ на‌ сточарите‌преземање‌ на‌ сет‌ од‌ мерки‌ (био-сигурносни‌ мерки)‌ кои‌ треба‌ да‌ се‌применуваат‌ на‌ одгледувалиштето/фармата.‌ Биосигурноста‌ е‌ одговор-ност‌ на‌ сопственикот‌ (тој‌ треба‌ да‌направи‌ план‌ за‌ нивно‌ спроведу-вање‌и‌истиот‌да‌го‌имплементира),‌на‌вработените‌и‌на‌посетителите‌на‌одгледувалиштето/фармата.‌ Биоси-гурносните‌мерки‌се‌однесуваат‌на‌спроведување‌ на‌ добра‌ хигиенска‌пракса‌ на‌ одгледувалиштето‌ /‌ фар-мата.‌ Секој‌ одгледувач‌ на‌животни‌треба‌да‌обезбеди:

‌  Одгледувалиштето/фармата‌ да‌има‌само‌еден‌влез‌и‌еден‌излез,

‌  Да‌се‌постави‌знак‌за‌предупреду-вање‌/забранет‌влез/,

‌  Да‌ се‌ врши‌ дезинфекција‌ на‌ че-вли‌и‌раце‌при‌влез‌и‌излез‌од‌одгле-дувалиштето/фармата,

‌  Да‌се‌постават‌дезинфекциони‌ба-риери‌на‌влезот‌и‌излезот‌на‌одгледу-валиштето/фармата‌како‌и‌на‌влезот‌и‌излезот‌на‌секој‌објект,

‌  Да‌ се‌ користи‌ заштитна‌ облека‌при‌ работа‌ која‌ треба‌ редовно‌ да‌ се‌чисти‌и‌дезинфицира,

‌  Да‌се‌изолираат‌во‌карантин‌сите‌ново‌набавени‌животни,

‌  Да‌се‌изолираат‌болните‌животни‌(да‌се‌одвојат‌од‌здравите‌животни,‌по‌можност‌во‌посебна‌просторија),

‌  Работниците‌кои‌работат‌со‌болни‌животни‌ да‌ немаат‌ пристап‌ до‌ здра-вите‌животни‌на‌фармата,

‌  Редовно‌ да‌ се‌ чисти‌ изметот‌ од‌објектите,‌соодветно‌да‌се‌отстранува‌и‌пакува,

‌  Да‌ се‌ води‌ евиденција‌ на‌ здрав-ствената‌ состојба‌ на‌ животните‌ (вре-менски‌ период‌ на‌ појава‌ на‌ болеста,‌број‌на‌заболени‌и‌угинати‌животни),

‌  Да‌ се‌ врши‌ контрола‌ на‌ храната‌за‌работниците‌на‌одгледувалиштето/фармата,‌најдобро‌е‌фармата‌да‌обез-беди‌ храна‌ за‌ да‌ се‌ избегне‌ внесу-вање‌на‌храна‌од‌непознато‌потекло,

‌  Да‌им‌се‌издаде‌забрана‌на‌работ-ниците‌за‌одгледување‌на‌животни‌од‌ист‌вид‌со‌тие‌на‌одгледувалиштето/фармата,

‌  Да‌им‌се‌издаде‌забрана‌на‌работ-ниците‌ за‌ лов.‌ Исклучително‌ важно‌е‌ да‌ се‌ врши‌ контрола‌ на‌ движење‌(влез)‌ на‌ животни‌ на‌ одгледувалиш-тето/фармата,‌ движење‌ во‌ кругот‌ на‌одгледувалиштето/фармата‌ како‌ и‌излез‌ надвор‌ од‌ одгледувалиштето/фармата.

‌  Да‌ се‌ води‌ евиденција‌ и‌ ажури-рање‌на‌бројот‌на‌животни‌на‌одгле-дувалиштето/фармата‌.

‌  Да‌ се‌ води‌ евиденција‌ на‌ дви-жењето‌на‌животните‌во‌објектите‌на‌одгледувалиштето/фармата,

Заштитни мерки од болеста „јазлеста кожа“СТОЧАРСТВО

Употреба‌ на‌ заштитни‌мерки‌на‌говедата‌од‌болеста‌„јазлеста кожа“Пишува: Билјана Петровска Митревска

Page 17: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌17‌‌

‌  Да‌ се‌ води‌ евиденција‌ на‌ сите‌новопристигнати‌ животни-‌ (иденти-фикациона‌ознака,‌потекло,‌датум‌на‌пристигнување),

‌  Да‌се‌изолираат‌во‌карантин‌сите‌новопристигнати‌животни‌ во‌ траење‌од‌>14‌дена‌за‌говедата,

‌  Да‌ се‌ набавуваат‌ само‌ животни‌со‌ познат‌ здравствен‌ статус‌ кои‌ по-седуваат‌ сертификат‌ за‌ здравствена‌состојба,

‌  Доколку‌ животните‌ (говедата)‌ се‌носат‌на‌сточен‌пазар‌при‌враќање‌да‌се‌држат‌изолирано‌од‌другите‌живот-ни‌во‌траење‌од‌>‌14‌дена‌,

‌  Да‌ се‌ води‌ евиденција‌ на‌ се-кое‌ движење‌ на‌ животни‌ надвор‌ од‌одгледувалиштето/фармата‌ (датум‌ на‌излез‌и‌дестинација),

‌  Да‌се‌спречи‌влез‌на‌диви‌и‌дру-ги‌животни‌на‌фармата‌(да‌се‌постави‌соодветна‌ограда)

‌  Да‌се‌ограничи‌движењето‌на‌ку-чињата‌ и‌ мачките‌ на‌ одгледувалиш-тето/фармата,

‌  Да‌ се‌ води‌ евиденција‌ за‌ угина-тите‌животни‌и‌да‌се‌врши‌соодветно‌отстранување‌ на/од‌ одгледувалиште-то/фармата.

Неопходно е да се воведе и контро-ла на движење на луѓе на фармата, движење во кругот на фармата како и излез надвор од фармата со пре-земање на следните мерки:

‌  Воведување‌ на‌ евиденција‌ на‌посетителите‌ на‌ одгледувалиштето/фармата‌ (датум‌ на‌ посета,‌ адреса‌ на‌живеење,‌ професија,‌ контакт‌ со‌ жи-вотни)

‌  Да‌ се‌ ограничи‌ движењето‌ на‌посетителите‌ на‌ одгледувалиштето/фармата-движење‌само‌со‌придружба‌на‌овластено‌лице

‌  Да‌се‌користи‌заштитна‌опрема‌и‌дезинфекција‌при‌посета‌на‌одгледу-валиштето/фармата

‌  Да‌ се‌ контролира‌ движењето‌ на‌работниците‌ на‌ одгледувалиштето/фармата‌(еден‌работник‌да‌опслужува‌еден‌објект‌со‌животни,‌да‌нема‌дви-жење‌на‌работници‌од‌чистиот‌кон‌не-чистиот‌дел‌на‌фармата)

‌  Да‌ се‌ издаде‌ забрана‌ за‌ работ-ниците‌ за‌ контакт‌ со‌ други‌ животни‌надвор‌ од‌ одгледувалиштето/фарма-та.‌Дел‌од‌биосигурносните‌мерки‌кои‌треба‌да‌се‌воспостават‌на‌одгледува-

лиштето/фармата‌е‌и‌воспоставување‌на‌контрола‌на‌движење‌на‌возила‌и‌опрема‌при‌влез,‌во‌кругот‌на‌фармата‌и‌при‌излез‌од‌фармата‌со‌преземање‌на‌следните‌мерки:

‌  Водење‌ на‌ евиденција‌ на‌ влез‌и‌излез‌на‌возила‌за‌дотур‌на‌храна,‌вода,‌животни,‌ ѓубриво‌и‌други‌мате-ријали,

‌  Задолжителна‌ дезинфекција‌ на‌возилата‌ при‌ влез‌ и‌ излез‌ од‌ одгле-дувалиштето/фармата.‌ Исклучително‌важна‌е‌и‌контролата‌на‌храната‌и‌во-дата‌за‌животните

‌  Да‌се‌набавува‌хигиенски‌исправ-на‌ храна‌ и‌ вода‌ само‌ од‌ сигурни‌ из-вори,

‌  Храната‌и‌ водата‌правилно‌да‌ се‌складираат‌ и‌ чуваат‌ на‌ одгледува-лиштето/фармата.

Неминовно е да се спречи влез и размножување на глодари и ин-секти преку спроведување на ефи-касна програма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација со следните мерки:

‌  Поставување‌на‌соодветна‌ограда‌на‌ целата‌ површина‌ на‌ одгледува-лиштето/фармата‌ која‌ треба‌ да‌ биде‌вкопана‌ во‌ земја‌ најмалку‌ 50‌ санти-метри,

‌  Да‌ се‌ постават‌ мрежи‌ на‌ прозор-ците,‌ вратите,‌ отворите‌ за‌ вентила-ција.

‌  Да‌ се‌ употребат‌ ефикасни‌ сред-ства‌ за‌ уништување‌ на‌ глодарите‌ и‌инсектите.‌ Животните‌ треба‌ да‌ се‌заштитат‌од‌убоди‌од‌инсекти

‌  Да‌ се‌ користат‌ средства‌ против‌инсекти‌ (репеленти)‌кои‌што‌се‌реги-стрирани‌ во‌ Република‌ Македонија,‌согласно‌ упатството‌ на‌ производите-лот‌и‌по‌можност‌да‌немаат‌каренца‌за‌млекото‌и‌месото,

‌  Да‌се‌постават‌мрежи‌на‌отворите‌на‌објектите‌за‌животни‌(прозорците‌и‌вратите),

‌  Животните‌да‌се‌држат‌затворени‌во‌штала‌која‌има‌заштита‌од‌влез‌на‌инсекти‌и‌која‌редовно‌се‌третира‌со‌инсектицид‌ во‌ периодот‌ кога‌ инсек-тите‌ се‌ најактивни‌ односно‌ од‌ 19:00‌часот‌ навечер‌ до‌ 08:00‌ часот‌ наутро.‌Безбедно‌ користење‌ на‌ ѓубриво‌ од‌животинско‌потекло‌Ѓубрето‌од‌живо-тинско‌ потекло‌ ги‌ привлекува‌ инсек-тите‌(муви,‌комарци,‌мушички‌и‌други‌инсекти)‌кои‌многу‌често‌играат‌улога‌на‌вектори‌-‌преносители‌на‌одредени‌

заразни‌болести‌кај‌животните‌и‌луѓе-то.‌Инсектите‌се‌хранат‌со‌органските‌материи‌ од‌ ѓубрето,‌ во‌ него‌ ги‌ поло-жуваат‌ јајцата‌ (ларвите)‌и‌се‌размно-жуваат.‌Колку‌е‌поголемо‌количество-то‌ на‌ ѓубре‌ од‌ животинско‌ потекло‌толку‌ е‌ поголем‌ и‌ бројот‌ на‌ инсекти‌а‌со‌тоа‌и‌опасноста‌од‌појава‌на‌за-разни‌ болести.‌Предизвикувачите‌ на‌болести‌ (вируси,‌бактерии,‌паразити)‌може‌да‌се‌размножуваат‌и‌да‌се‌одр-жат‌во‌живот‌во‌векторите‌при‌непо-волни‌услови‌(во‌текот‌на‌зимата),‌или‌пак‌ векторите‌ може‌ да‌ го‌ пренесат‌предизвикувачот‌ механички,‌ од‌ жи-вотно‌на‌животно‌како‌на‌пример‌пре-дизвикувачот‌на‌болеста‌на‌чвореста‌кожа.‌ Одредени‌ инсекти,‌ самостојно‌или‌ со‌ помош‌ на‌ ветерот,‌ може‌ да‌поминат‌поголемо‌растојание‌ (2-‌100‌километри)‌ и‌ на‌ тој‌ начин‌ да‌ ја‌ пре-несат‌болеста‌далеку‌од‌местото‌каде‌што‌таа‌се‌појавила.‌За‌да‌се‌спречи‌размножувањето‌ и‌ презимувањето‌на‌ ларвите‌ во‌ изметот‌ од‌ животни-те‌потребно‌е‌истиот‌соодветно‌да‌се‌обработи‌и‌да‌се‌компостира‌бидејќи‌притоа‌се‌развива‌температура‌која‌со‌сигурност‌ги‌уништува‌ларвите.‌Ѓубри-вото‌ кое‌што‌ се‌ добива‌на‌ тој‌ начин‌може‌да‌се‌користи‌за‌наѓубрување‌на‌земјоделските‌површини.

‌  Одгледувачите‌ на‌ животни‌ треба‌редовно‌ (секој‌ ден)‌ да‌ го‌ чистат‌ из-метот‌од‌животните,‌да‌го‌собираат‌на‌куп,‌подалеку‌од‌објектот‌за‌животни‌или‌од‌местото‌каде‌што‌престојуваат‌животните‌ и‌ да‌ го‌ покријат‌ со‌ плас-тична‌фолија.

‌  За‌ уништување‌ на‌ ларвите‌ по-желно‌е‌да‌се‌врши‌дезинсекција‌на‌ѓубрето‌ со‌ ларвицидни‌ средства,‌ по‌можност‌ органски,‌ кои‌ што‌ се‌ реги-стрирани‌ во‌ Република‌ Македонија.‌Важно‌е‌да‌се‌отстранат‌сите‌предме-ти‌каде‌што‌се‌собира‌и‌се‌задржува‌вода‌бидејќи‌застојаната‌вода‌создава‌поволни‌услови‌за‌размножување‌на‌инсектите.‌l

Page 18: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

18‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Пишува: Раде Каранфиловски

Овој‌месец‌ е‌ доста‌ богат‌ со‌ по-лен‌како‌и‌претходниот‌месец,‌па‌често‌доаѓа‌и‌до‌блокирање‌

на‌плодишните‌рамки‌со‌полен‌кои‌со‌преработка‌ (додавање‌на‌секрет‌од‌ жлездите‌ на‌ пчелите)‌ и‌ наби-ен‌ во‌ ќелиите‌ преминува‌ во‌ перга,‌меѓутоа‌ го‌ намалува‌ просторот‌ за‌несење‌ на‌ матицата.‌ Блокираните‌рамки‌најчесто‌се‌веднаш‌до‌рамки-те‌со‌легло,‌а‌со‌тоа‌тие‌ја‌блокираат‌матицата‌ во‌ несењето.‌ Блокирање-то‌на‌матицата‌често‌пати‌доведува‌до‌ усмртување‌ на‌ истата‌ бидејќи‌нема‌каде‌да‌несе,‌а‌пчелите‌мислат‌дека‌е‌неквалитетна‌и‌како‌таква‌ја‌уништуваат.‌Ваквата‌смрт‌е‌нарече-на‌ уште‌и‌ „поленска‌смрт“‌на‌мати-цата.‌Да‌не‌дојде‌до‌тоа‌треба‌дел‌од‌рамките‌ да‌ пренесеме‌ во‌ друг‌ дел‌од‌кошницата‌или‌да‌ги‌отстраниме‌и‌однесеме‌на‌вадење‌на‌пергата‌од‌нив,‌ а‌на‌нивно‌место‌да‌додадеме‌сатни‌основи‌за‌градење.‌Со‌ова‌ќе‌овозможиме‌ матицата‌ да‌ несе‌ по-веќе,‌да‌ја‌избегне‌својата‌смрт‌и‌го‌зголеми‌ бројот‌ на‌ млади‌ пчели‌ за‌главната‌паша,‌а‌ ќе‌добиеме‌и‌пер-га‌за‌вадење‌со‌што‌ќе‌ја‌зголемиме‌продуктивноста‌во‌пчеларењето.‌

Пергата‌ (пчелен‌ леб)‌ има‌ доста‌висока‌ цена,‌ па‌ вреди‌ да‌ се‌ произ-ведува‌и‌собира.‌Цената‌на‌пергата‌на‌ тезгите‌ на‌ една‌ пчеларска‌ из-ложба‌во‌нашите‌соседни‌земји,‌ во‌2015‌година‌достигна‌и‌до‌1000‌евра‌за‌ килограм.‌ Поленот‌ после‌ една‌година‌ на‌ чување‌ губи‌ од‌ својот‌квалитет‌50%‌додека‌со‌пергата‌не‌е‌ таков‌случајот.‌Пергата‌по‌состав‌е‌ слична‌на‌поленот,‌ но‌ со‌ нејзино-то‌ претварање‌ од‌ полен‌ во‌ перга‌добива:‌ млечна‌ киселина‌ (до‌ 3,2%),‌аминокиселини‌ и‌ тоа‌ незаменливи‌

аминокиселини‌кои‌се‌неопходни‌за‌организмот‌на‌ ‘рбетниците,‌а‌и‌пче-лите.‌ Поради‌ природната‌ конзер-вација,‌пергата‌ако‌е‌заштитена‌од‌влага‌и‌светлина,‌не‌ губи‌од‌својот‌квалитет‌ни‌по‌17‌години,‌а‌7‌пати‌е‌поквалитетна‌за‌исхрана‌од‌поленот.

Во‌последно‌време,‌нагло‌расте‌интересот‌за‌пергата‌и‌тоа‌од‌повеќе‌причини.‌Една‌од‌главните‌причини‌е‌тоа‌што‌има‌многу‌потешкотии‌во‌собирањето‌ на‌ поленот‌ кој‌ што‌ се‌собира‌со‌помош‌на‌полено-фаќачи,‌а‌за‌ова‌потребни‌се:‌полено-фаќачи,‌електрични‌сушилици‌и‌бара‌многу‌работа‌да‌му‌се‌посвети‌баш‌во‌вре-мето‌кога‌пчеларите‌се‌многу‌зафа-тени.‌Треба‌секојдневно‌да‌се‌собира‌од‌фаќачите‌и‌да‌се‌преработува,‌а‌ако‌се‌пчеларниците‌повеќе‌оддале-чени,‌бара‌повеќе‌и‌време‌и‌финан-сии‌и‌вложување‌во‌поленофаќачи,‌а‌ често‌ во‌ полено-фаќачите‌ доаѓа‌до‌ негово‌ квасење‌ (раскашување)‌и‌ со‌ тоа‌ и‌ расипување.‌ Користење-то‌ на‌ полено-фаќачите‌ го‌ намалу-ва‌ развојот‌ и‌ растот‌ на‌ пчелното‌друштво,‌ баш‌ пред‌ главната‌ паша,‌го‌намалува‌производството‌на‌мед,‌го‌ зголемува‌ роидбениот‌ нагон.‌ Во‌плодиштето‌ секогаш‌ се‌ чувстсву-ва‌ недостаток‌ на‌ полен,‌ влијае‌ на‌квалитетот‌ на‌ презимување‌ пора-ди‌физиолошка‌неприпременост‌на‌пчелите,‌допридонесува‌за‌зголему-

вање‌на‌низа‌опасни‌заболувања‌кај‌пчелите‌(вароа,‌аскосвероза,‌трулеж,‌гливични‌ заболувања‌ и‌ друго).‌ Мо-жат‌ да‌ страдаат‌ и‌ младите‌ матици‌при‌ повраток‌ од‌ оплодувањето‌ ако‌не‌ најдат‌ премин‌ низ‌ полено-фаќа-чот,‌ и‌ ориентационите‌ летови‌ им‌се‌ пореметени‌ и‌ намалени,‌ а‌ често‌пати‌не‌излегувајќи‌за‌оплодување,‌пчелите‌ ја‌вклопчуваат‌без‌нејзина‌вина.‌

Да‌ би‌ ги‌ избегнале‌ сите‌ погоре‌наведени‌ причини,‌ собирањето‌ на‌пергата‌ во‌ саќето‌ многу‌ ќе‌ ни‌ по-могне‌ во‌ работата.‌ Да‌ наведам,‌ и‌тоа‌без‌разлика‌на‌тоа‌за‌што‌ ја‌со-бираме‌ пергата,‌ таа‌ има‌ поголема‌хранлива‌ и‌ енергетска‌ вредност,‌ а‌и‌биолошката‌активност‌на‌пергата‌е‌многу‌поголема‌од‌таа‌на‌поленот..‌

Кај‌ поленот,‌ досегашните‌ тех-нологии‌ на‌ конзервирање‌ не‌ дава-ат‌ некоја‌ гаранција‌ за‌ зачувување‌на‌ неговите‌ компоненти.‌ Еден‌ дел‌од‌ аминокиселините‌ и‌ витамините‌се‌ уништуваат‌ уште‌ при‌ самото‌ су-шење.‌

Одземањето‌ на‌ рамките‌ од‌ кои‌покасно‌ќе‌се‌вади‌пергата‌се‌прави‌или‌пред‌главната‌паша‌кога‌резер-вите‌во‌гнездото‌се‌на‌максимум‌или‌на‌есен‌при‌самото‌зазимување.‌Од‌двоспратните‌ друштва,‌ претежно‌

Цената на пергата на тезгите на една пчеларска изложба во нашите соседни земји, во 2015 година достигна и до 1000 евра за килограм. Сега е баш вистинското време за да се обезбеди, преработи, а нешто и остави за додавање на рамка со перга на друштвата во пролет.

Производство на пергаПроизводство на перга

Пчелен лебПЧЕЛАРСТВО

Page 19: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌19‌‌

вакви‌рамки‌се‌одземаат‌на‌пролет‌и‌тоа‌во‌долниот‌наставок,‌а‌на‌негово‌место‌ се‌ поставуваат‌ рамки‌ со‌ лег-ло‌од‌другите‌наставци,‌квалитетно‌саќе‌од‌резервите‌или‌сатни‌основи.‌За‌зазимување‌на‌друштвата‌треба‌да‌му‌се‌остават‌рамки‌со‌перга‌и‌тоа‌1,7‌кг‌перга,‌а‌тоа‌се‌2-3‌рамки.‌Убаво‌наполнета‌ рамка‌ со‌ перга‌ тежи‌ од‌1,4-1,7кг.‌ Другите‌ рамки‌ со‌ поголе-ма‌ содржина‌ на‌ перга‌ се‌ тргаат‌ на‌страна‌ и‌ одат‌ на‌ вадење‌ на‌ перга-та.‌ Рамките‌ со‌ перга‌ пред‌ да‌ одат‌на‌вадење‌прво‌се‌ослободуваат‌од‌медот,‌а‌потоа‌се‌чистат‌со‌помош‌на‌пчелите.‌Ги‌оставаме‌наставците‌со‌перга‌на‌оддалеченост‌од‌пчеларни-кот‌на‌1‌км‌под‌услов‌да‌нема‌други‌пчели‌во‌близината‌поблиску‌од‌3км.‌Во‌спротивно,‌во‌наставокот‌ќе‌раз-редуваме‌помалку‌за‌1-2‌рамки,‌ста-ваме‌ некоја‌ покривка‌ врз‌ леглото,‌но‌оставаме‌отвор‌да‌можат‌да‌врват‌пчелите‌ над‌ плодиштето‌ во‌ наста-вокот‌со‌перга.‌Ова‌се‌прави‌веднаш‌после‌цедењето‌на‌медот,‌а‌пчелите‌ќе‌ го‌ соберат‌целиот‌мед‌што‌ оста-нал‌ на‌ рамката.‌ Овие‌ операции‌ се‌прават‌веднаш‌по‌цедењето‌без‌ни-какво‌ одлагање.‌ Вака‌ исчистените‌рамки‌ од‌ медот,‌ а‌ полни‌ со‌ перга‌треба‌да‌ се‌ чуваат‌ добро‌ од‌молци.‌Чувањето‌ може‌ да‌ биде‌ или‌ во‌ ла-дилник‌или‌да‌се‌дадат‌на‌друштвата‌да‌ги‌чуваат‌до‌заладување‌на‌вре-мето.‌Се‌спрема‌еден‌наставок‌полн‌со‌рамки‌и‌се‌додава‌на‌друштвото‌и‌тоа‌најдолу‌на‌самата‌подница.‌Вака‌додадениот‌наставок‌пчелите‌ ќе‌ го‌чуваат‌од‌молец.‌

Вадењето‌ на‌ пергата‌ се‌ прави‌на‌ повеќе‌ начини.‌ Некогаш‌ саќето‌со‌ перга‌ се‌ сече‌ на‌ тесни‌ траки‌ и‌се‌ залива‌ со‌ мед‌ во‌ тегли‌ и‌ се‌ ко-ристи‌за‌исхрана.‌Во‌најново‌време,‌произведени‌ се‌ машини‌ и‌ усвоена‌технологија‌ за‌ потполно‌ механизи-рано‌вадење‌на‌пергата‌од‌ќелиите.‌Вадењето‌на‌пергата‌се‌заснива‌на‌следните‌операции:

Подготвената суровина‌ се‌ су-ши‌ до‌ ниво‌ на‌ влажност‌ од‌ 14-15%‌влажност.‌ Сушењето‌ се‌ врши‌ на‌температура‌ до‌ 40‌ степени‌ целзи-усови‌во‌времетраење‌од‌8-10‌часа.‌За‌забрзување‌на‌процесот‌на‌засу-шување‌се‌врши‌гребење‌на‌горниот‌

слој‌ од‌ пергата‌ кој‌што‌ е‌ поклопен‌со‌мед,‌а‌медот‌претставува‌пречка‌за‌ сушење‌на‌пергата.‌Подоцна,‌ се‌користи‌ вакуумска‌ сушилница‌ која‌овозможува‌пергата‌да‌се‌исуши‌за‌5-7‌часа‌на‌температура‌од‌40‌степе-ни‌целзиусови,‌на‌ниво‌на‌влажност‌од‌ 10%.‌ Ваквата‌ перга‌ постанува‌тврда‌и‌се‌ронат‌помалку‌грутчиња‌од‌неа‌при‌чистењето‌со‌што‌многу‌се‌намалува‌и‌губитокот.‌

Исушената‌ суровина‌ се‌лади‌на‌температура‌-1‌степен‌целзиус‌и‌се‌мели‌на‌дробилица‌која‌што‌потпол-но‌ги‌разградува‌чаурите‌од‌ќелиите.

Сомелената‌суровина‌се‌просеју-ва‌ и‌ со‌ помош‌ на‌ воздушна‌ струја‌(ветер)‌ со‌ брзина‌ од‌ 7-8‌ метра/се-кунда‌ и‌ се‌ просејува‌ со‌ сито‌ со‌ гу-стина‌ од‌ 2,6‌ мм.‌ На‌ овој‌ начин‌ се‌одвојуваат‌ лушпите‌ од‌ кошулките,‌восокот‌и‌ситните‌грутчиња‌од‌перга‌кои‌паѓаат‌низ‌ситото.‌Ситните‌грут-чиња‌од‌перга‌можат‌да‌се‌искорис-тат‌ ако‌ исејаната‌ материја‌ се‌ пото-пи‌во‌вода‌и‌добро‌измеша‌пергата‌ќе‌се‌сталожи‌на‌дното‌од‌садот‌се‌вади,‌суши‌и‌може‌да‌се‌промеша‌со‌мед‌и‌може‌да‌се‌користи‌за‌исхрана.

Добиената‌ перга‌ се‌ дезинфици-ра‌со‌гама‌зраци‌или‌со‌мешавина‌од‌гасови‌окси-етилен‌и‌бром-метил.‌

Пергата‌ подлежи‌ на‌ норми‌ кои‌треба‌ да‌ ги‌ исполнува,‌ а‌ тоа‌ се‌ не-еднакви‌ чисти‌ грутчиња‌ од‌ темно-жолта‌до‌мрка‌боја‌со‌карактеристи-чен‌мирис,‌со‌кисело-сладок‌и‌многу‌горчлив‌ вкус,‌ грутчињата‌ се‌ лесно‌

кршливи,‌ да‌ не‌ е‌ мувлосана,‌ влаж-ност‌помалку‌од‌15%,‌примеси‌од‌во-сок‌помалку‌од‌5%,‌сирови‌протеини‌повеќе‌од‌20%.‌

Пергата‌ е‌ многу‌ добра‌ за‌ човеч-ка‌ и‌ животинска‌ исхрана,‌ најдобро‌искористена‌е‌ако‌се‌дава‌на‌пчели-те‌во‌прихраната.‌Кај‌прихраната‌со‌полен‌ не‌ се‌ искористува‌ целиот‌ по-лен,‌ туку‌ се‌ користи‌ 30-40%,‌ а‌ дру-гото‌ се‌ исфрла‌ како‌ неупотребено.‌Со‌ пергата,‌ не‌ е‌ таква‌ ситуацијата.‌Благодарение‌ на‌ нејзиниот‌ состав,‌односно‌ богатството‌ од‌ квалитетни‌белковини,‌ незаменливи‌ аминоки-селини,‌ јагленохидрати,‌ витамини‌и‌ други‌ биолошко-активни‌ материи,‌треба‌ да‌ тежнееме‌ да‌ се‌ искористи‌во‌потполност.‌Нејзиното‌користење‌го‌зголемува‌имунитетот,‌адаптирач-ките‌ способности‌ на‌ организмот‌ и‌допринесува‌за‌смалување‌на‌уморот.‌Се‌ користи‌ за‌ лечење‌ на:‌ колитис,‌хроничен‌ затвор,‌ хепатит,‌ хронично‌воспалување‌ на‌ простата,‌ импотен-ција,‌ заболени‌ крвни‌ садови,‌ спре-чување‌ на‌ артериосклероза,‌ воспа-лување‌ на‌ мозочната‌ кора,‌ нервни‌и‌ психички‌ заболувања,‌ нарушена‌работа‌на‌ендокриниот‌систем,‌спре-чување‌на‌крварења‌од‌носот‌и‌слуз-ницата,‌ дијабет‌ и‌ друго.‌ Нејзината‌примена‌е‌голема‌и‌во‌фармацевска-та‌индустрија‌и‌козметиката.‌

Су‌ва‌та‌ пер‌га‌ се‌ па‌ку‌ва‌ во‌ стак-ле‌ни‌ теглички,‌ по‌ можност‌ тем-на‌ бо‌ја,‌ по‌ли‌ети‌лен‌ски‌ ке‌сич‌ки‌ и‌соодвет‌ни‌ ши‌шен‌ца.‌ Ва‌‌ка‌ спаку-ва‌на‌та‌пер‌га‌се‌чу‌ва‌во‌чис‌ти‌и‌су-ви‌ про‌сто‌рии‌ без‌ не‌кои‌ ми‌ри‌си‌ от-стра‌на,‌ а‌ на‌ тем‌пе‌ра‌ту‌ра‌ од‌ 0-15‌сте‌пени‌ цел‌зиу‌со‌ви,‌ а‌ влаж‌нос‌та‌на‌воз‌ду‌хот‌да‌не‌биде‌по‌го‌ле‌ма‌од‌75%.‌ Прос‌то‌ри‌ја‌та‌ да‌ е‌ заш‌ти‌те‌на‌од‌муви,‌оси‌и‌пчели,‌како‌и‌глувци‌и‌мравки.‌Од‌сето‌наведено‌досега,‌вреди‌ пчеларите‌ да‌ се‌ занимаваат‌со‌ производство‌ на‌ перга,‌ бидејќи‌неа‌ скоро‌ и‌ да‌ ја‌ нема‌ на‌ пазарот.‌Највеќе‌е‌барана‌пергата‌добиена‌со‌складирање‌во‌„девојчинско‌саќе“.‌l

Page 20: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

20‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Гигантските јагоди големи речиси колку тупаница, Јусуф не ги продава

на кванташкиот пазар, затоа што побарувачка има веднаш во неговото село. Тој вели дека јагодите се доста

профитабилна култура, затоа што банани и други плодови имаме во текот на целата година и тие им здосадуваат

на потрошувачите, а ретко кој може да одолее на прекрасната боја, мирис,

големина и вкус на неговите јагоди.

Одгледување јагоди‌во‌

село‌Глумово

ЈагодиПОЛЕДЕЛСТВО

Пишува: Благојче Најдовски и Моника Ристеска

Јусуф‌Нуредини‌од‌скопското‌село‌Глумово‌ е‌ четириесет‌ годишен‌фармер‌ кој‌ се‌ занимава‌ со‌ про-

изводство‌ на‌ плодот‌ што‌ изоби-лува‌ со‌ витамин‌Ц‌ –‌ јагодата,‌ како‌долгогодишен‌семеен‌бизнис‌кој‌во‌неговото‌семејство‌се‌пренесува‌од‌генерација‌ на‌ генерација.‌ Ние‌ са-кавме‌да‌дознаеме‌нешто‌повеќе‌за‌неговата‌ слатка‌ семејна‌ земјодел-ска‌традиција.‌„Јагодите‌ги‌работам‌веќе‌ над‌ 20‌ години.‌ Татко‌ ми‌ Афет‌уште‌пред‌дваесет‌години‌го‌започ-на‌овој‌бизнис,‌а‌јас‌го‌продолжувам,‌а‌се‌надевам‌и‌моите‌деца‌ќе‌го‌сто-рат‌ истото.‌ Нам‌ многу‌ ни‌ одговара‌одгледувањето‌ на‌ оваа‌ култура“‌ –‌истакнува‌тој.‌

Тој‌има‌површина‌од‌ три‌декара‌на‌кои‌одгледува‌две‌сорти‌на‌ јаго-ди,‌ едната‌ се‌ вика‌Миранда,‌ а‌ дру-гата‌ се‌ вика‌Алба‌и‌покрај‌ тоа‌што‌ги‌одгледува‌за‌продажба,‌за‌своите‌лични‌домашни‌потреби‌од‌јагодите‌прави‌сокови,‌џемови‌и‌слатко.‌Оваа‌година‌ Албата‌ е‌ карактеристична‌затоа‌што‌е‌хибридна‌сорта‌на‌ јаго-ди‌и‌во‌период‌од‌три‌години‌обил-но‌раѓа.‌ Јагодите‌на‌Јусуф‌се‌прво-ротки‌и‌даваат‌исклучително‌голем‌принос‌ од‌ кој‌ нашиот‌ соговорник‌ е‌презадоволен.‌ „По‌ корен‌ ми‌ дојде‌од‌ половина‌ килограм‌ до‌ деветсто-тини‌грама,‌а‌имам‌околу‌13‌илјади‌корени.‌Еден‌декар‌има‌околу‌чети-

ри‌илјади‌корени‌и‌излегува‌од‌2‌до‌2,5‌ тони‌по‌декар‌принос.‌Годинава‌имаме‌екстра‌квалитет,‌затоа‌што‌и‌времето‌ни‌се‌погоди‌баш‌како‌што‌треба“‌–‌вели‌Јусуф.

Овој‌ релативно‌ млад‌ фармер‌ и‌покрај‌тоа‌што‌својот‌бизнис‌го‌ра-боти‌ од‌ многу‌ одамна,‌ сепак‌ годи-нава‌ е‌ многу‌ пријатно‌ изненаден‌од‌ новата‌ сорта‌ јагоди‌ и‌ од‌ цена-та‌по‌која‌ги‌продава.‌Јусуф‌е‌исто‌така‌ пресреќен‌ што‌ своите‌ јагоди‌не‌ мора‌ да‌ ги‌ носи‌ до‌ кванташки-

от‌пазар,‌бидејќи‌тие‌се‌продаваат‌локално.‌ „Почнавме‌ од‌ 130‌ денари‌по‌ килограм,‌ а‌ сега‌ моментално‌цената‌ изнесува‌ 60‌ денари.‌ Тоа‌ е‌прифатлива‌ цена“‌ –‌ истакнува‌ тој.‌Јусуф‌јагодите‌ги‌одгледува‌на‌два‌начини,‌под‌фолии,‌но‌и‌на‌отворе-но.‌ Тој‌ вели‌ дека‌ сезоната‌ на‌ јаго-дата‌почнува‌и‌во‌август‌после‌бер-бата‌и‌ тогаш‌има‌уште‌една‌берба.‌„После‌ бербата‌ јагодите‌ пак‌ ќе‌ по-чнат‌да‌цветаат‌и‌околу‌15-20‌август‌ќе‌ почнат‌ пак‌ да‌ раѓаат“‌ –‌ додава‌Нуредини.

Производството‌ по‌ фази‌ се‌ од-вива‌ доста‌ интересно.‌ „Расадот‌го‌садиме‌во‌месец‌ јули,‌за‌веќе‌во‌август‌ да‌ можеме‌ да‌ го‌ расадиме.‌Се‌ става‌ фолија‌ и‌ систем‌ капка-по-капка.‌ Површината‌ пред‌ да‌ ја‌насадиме,‌ задолжително‌ ставаме‌шталско‌ ѓубриво‌ и‌ тоа‌ количински‌околу‌една‌тракторска‌приколка,‌на‌декар.‌Значи‌за‌еден‌хектар‌потреб-ни‌се‌10‌тракторски‌приколки‌ѓубре,‌кое‌откако‌ќе‌се‌нанесе‌треба‌да‌се‌исфрезира‌за‌убаво‌да‌се‌измеша‌со‌земјата.‌ Потоа‌ се‌ инсталира‌ систе-мот‌ капка-по-капка,‌ па‌ врз‌ земјата‌се‌ставаат‌црните‌фолии‌кои‌се‌пер-форираат‌онаму‌каде‌што‌треба‌да‌се‌посадат‌ садниците.‌ Претходно‌ низ‌системот‌се‌пушта‌вода‌за‌земјата‌да‌може‌да‌се‌навлажни‌и‌да‌се‌олесни‌садењето.‌Една‌фолија‌собира‌околу‌600‌до‌620‌корени‌за‌да‌имаш‌квали-тет,‌ а‌ инаку‌може‌ да‌ се‌ садат‌ и‌ по-веќе“‌–‌објаснува‌Јусуф.

Page 21: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌21‌‌

Растојанието‌од‌корен‌до‌корен‌изнесува‌25-30‌ см,‌ а‌лево‌и‌десно‌растојанието‌е‌50-55‌см,‌за‌да‌може‌лесно‌ да‌ се‌ поминува‌ низ‌ редови-те.‌Расадот‌ се‌ сади‌во‌август‌и‌ се‌наводнува‌цело‌време.‌Јусуф‌вели‌дека‌во‌ системот‌не‌додаваат‌ теч-но‌ѓубриво.‌„Нашите‌јагоди‌ги‌при-хрануваме‌ само‌ во‌месец‌мај‌ кога‌има‌ многу‌ род,‌ тогаш‌ мора‌ да‌ ги‌прихраниш“‌–‌вели‌тој.‌

Јагодите‌ презимуваат‌ и‌ след-ната‌ сезона‌ даваат‌ род‌ и‌ овие‌

овошки‌се‌специфични‌по‌тоа‌што‌бараат‌многу‌вода‌и‌се‌многу‌неж-ни.‌Јагодите‌треба‌да‌се‌пазат‌од‌болести,‌ тие‌ се‌ осетливи‌особено‌на‌ Ботритис,‌ црна‌ дамкавост,‌ а‌исто‌ така‌ се‌ доста‌ напаѓани‌ и‌ од‌црвениот‌ пајак.‌ Јусуф‌ вели‌ дека‌болестите‌ што‌ ги‌ напаѓаат‌ дома-тите‌ претставуваат‌ опасност‌ и‌ за‌јагодите.‌ Проблемот‌ кај‌ јагодата‌најчесто‌ е‌ во‌ фазата‌ на‌ плодо-носење‌ и‌ се‌ третира‌ со‌ употреба‌на‌ средства‌ со‌ мала‌ каренца,‌ за‌потоа‌ активните‌ материи‌ да‌ не‌можат‌ да‌ навлезат‌ во‌ плодови-те.‌Специфично‌ кај‌ јагодата‌ е‌ тоа‌што‌после‌третата‌година‌треба‌да‌се‌ смени‌расадот‌и‌ тоа‌ кај‌ нас‌ во‌Македонија‌ претставува‌ мал‌ про-блем.‌ „Ние‌садниците‌ ги‌користи-ме‌по‌две‌ години‌ за‌да‌имаме‌до-бар‌квалитет,‌ а‌потоа‌ треба‌да‌ се‌сменат“‌–‌вели‌младиот‌фармер‌од‌Глумово.‌

Ние‌ се‌ заинтересиравме‌ што‌конкретно‌ Јусуф‌ користи‌ околу‌агротехниката,‌ зошто‌ тој‌ корис-ти‌фолии‌и‌кои‌ јагоди‌се‌подобри‌и‌ кои‌ стасуваат‌ побрзо,‌ дали‌ тие‌кои‌растат‌под‌фолии‌или‌тие‌кои‌растат‌на‌отворено?‌„Јагодата‌под‌фолија‌подобро‌расте‌и‌е‌одлично‌заштитена‌ од‌ УВ‌ зраци‌ и‌ боле-сти‌ во‌ текот‌ на‌ годината,‌ но‌ и‌ од‌прекумерна‌ количина‌ на‌ вода‌ од‌дождовите.‌Без‌фолија‌на‌отворе-но‌ јагодите‌ често‌ скапуваат.‌Кога‌е‌ периодот‌ на‌ бербата,‌ плодови-

те‌ што‌ се‌ под‌ фолии‌ не‌ ги‌ врне‌дожд‌и‌се‌заштитени,‌а‌тие‌што‌се‌на‌ отворено‌ се‌ поспецифични‌ за‌одгледување.‌ Покрај‌ тоа‌што‌ ска-пуваат,‌треба‌повеќе‌да‌ги‌прскаш“‌–‌објаснува‌Јусуф.‌

„Друго‌ што‌ е‌ карактеристично‌и‌ интересно‌ за‌ оваа‌ култура‌ е‌ тоа‌што‌ јагодата‌ е‌ првиот‌ род,‌ првиот‌плод‌што‌се‌јавува‌на‌пазарот‌и‌за-тоа‌ретко‌ кој‌може‌да‌му‌одолее,‌ а‌тоа‌ за‌ земјоделецот‌ се‌ првите‌ чес-но‌и‌слатко‌заработени‌пари‌во‌те-кот‌на‌годината“‌–‌додава‌Јусуф.‌Од‌разговорот‌со‌Јусуф‌дознавме‌дека‌јагодата‌ е‌ погодна‌ култура‌ и‌ како‌дополнителна‌дејност,‌т.е.‌втор‌биз-нис,‌ особено‌ околу‌ градските‌ сре-дини‌каде‌што‌има‌поубав‌пласман,‌пред‌сè‌затоа‌што‌не‌бара‌цел‌ден‌работа‌ и‌можеш‌да‌ бидеш‌и‌ земјо-делец‌и‌да‌работиш‌на‌друго‌место.‌„Јас‌ ги‌ советувам‌ сите‌ земјоделци‌и‌ сите‌ луѓе‌ кои‌ се‌ занимаваат‌ со‌земјоделие,‌да‌имаат‌барем‌по‌еден‌декар‌јагоди,‌за‌да‌пробаат‌и‌сами-те‌да‌се‌уверат‌во‌профитабилноста‌на‌ оваа‌ култура.‌ Нема‌ да‌ згрешат,‌затоа‌што‌ова‌се‌првите‌пари‌во‌го-дината.‌Со‌јагодата‌треба‌многу‌да‌се‌внимава,‌ таа‌е‌нежна‌како‌дете.‌Треба‌ секој‌ ден‌ да‌ одиш‌да‌ видиш‌што‌ се‌ случува‌ во‌ бавчата,‌ да‌ не‌има‌ некој‌ штетник‌ на‌ пример.‌ Не‌бара‌ многу‌ време,‌ но‌ сепак‌ треба‌секојдневно‌да‌се‌врши‌контрола‌на‌посевот‌и‌да‌се‌чисти‌од‌плевел“‌–‌заклучува‌Јусуф.‌l

Page 22: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

22‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Денешните силажни комбајни располагаат со современи технички решенија кои ја подобруваат производителноста, квалитетот на силажата и условите за работа на комбајнерот. Како најпознати и најголеми производители на силажни комбајни се Claas и John Deere од кои и доаѓаат најновите технички решенија, а зад нив се New Holland, Krone, Mengele и други помали производители.

Современи технички решенија кај силажните комбајни

Механизација во сточарствотоМЕХАНИЗАЦИЈА

Кај‌ современите‌ силажни‌ ком-бајни‌ големо‌ внимание‌ се‌посветува‌на‌ комфорот‌ во‌ ка-

бината‌ за‌ да‌ му‌ се‌ овозможат‌ нај-добрите‌ услови‌ за‌ работа‌ на‌ ком-бајнерот.‌ Зголемена‌ е‌ видливоста‌во‌ сите‌ правци‌ со‌ големи‌ прозор-ци,‌ намалени‌ се‌ мртвите‌ агли‌ од‌страничните‌столбови‌на‌кабината‌и‌вградени‌се‌заштитни‌завеси‌од‌сонце,‌исто‌така‌и‌видливоста‌ноќе‌е‌ зголемена‌ со‌ поставување‌ на‌халогени‌ и‌ ксенон‌ светла‌ во‌ сите‌правци.‌ Комбајнерот‌ е‌ максимал-но‌ сконцентриран‌ на‌ работата‌ би-дејќи‌е‌намалено‌нивото‌на‌бучава‌во‌кабината.‌Седиштето‌е‌комфор-но‌и‌сите‌инструменти,‌прекинува-чи,‌ педалите‌ се‌ лесно‌ достапни‌ и‌логично‌ поставени,‌ се‌ вградуваат‌автоматски‌клима‌уреди‌со‌комори‌за‌ разладување‌ на‌ пијалoци,‌ ра-дио-цд‌уред,‌сето‌тоа‌за‌да‌се‌зго-леми‌доброто‌чуство‌во‌кабината‌и‌да‌ не‌ се‌ чуствува‌ заморот‌ по‌ дол-гочасовната‌работа.

Сè‌што‌е‌потребно‌за‌работа‌со‌машината‌е‌сместено‌на‌една‌кон-зола‌во‌која‌е‌вградена‌мултифунк-ционална‌ рачка‌ со‌ која‌ се‌ контро-

лира‌ работната‌ брзина,‌ правецот,‌подигнувањето‌ и‌ спуштањето‌ на‌хедерот,‌движене‌на‌траспортната‌цевка.‌

Во‌ кабината‌ се‌ вградуваат‌ не-колку‌ екрани‌ на‌ различни‌ места.‌Во‌зависност‌од‌тоа‌кои‌функции‌ги‌прикажуваат,‌ најчесто‌ се‌ прикажу-ваат‌ информациите‌ за‌ работата‌ на‌моторот,‌ работна‌ брзина,‌ бројот‌ на‌вртежи‌на‌моторот,‌потрошувачката‌на‌ гориво,‌ сервисните‌ интервали‌и‌дијагностика‌ на‌ моторот,‌ информа-ции‌од‌детекторот‌за‌метал,‌ уредот‌за‌острење‌на‌ножевите,‌должината‌на‌сецкање‌на‌силажата,‌продуктив-носта,‌ проток‌ на‌ силажна‌ маса,‌ ра-ботни‌часови‌на‌моторот,‌потрошено‌гориво.‌

Claas‌ користи‌ централно‌ поста-вен‌ екран‌ со‌ сите‌ потребни‌ инфор-мации.‌ Околу‌ рамката‌ на‌ екранот‌се‌ распоредени‌ сигнални‌ светилки‌за:‌ притисок‌ и‌ ниво‌ на‌ маслото‌ во‌моторот,‌маслото‌ во‌ хидрауличниот‌систем,‌ течноста‌ за‌ ладење‌ на‌ мо-торот,‌за‌детекторот‌за‌метал‌дали‌е‌активен‌и‌дали‌детектирал‌метален‌дел,‌за‌фунционирање‌на‌погонот‌на‌

уредот‌ за‌ вовлекување‌ и‌ сецкање,‌сервисен‌ индикатор,‌ функциони-рање‌ на‌ пумпата‌ за‌ адитиви‌ цен-тралниот‌ систем‌ за‌ подмачкување,‌за‌ вклучена‌ паркирна‌ сопирачка‌или‌ неисправност‌ на‌ системот‌ за‌сопирање‌и‌неисправност‌на‌клима‌уредот.‌На‌екранот‌се‌добиваат‌мно-гу‌ информации‌ како‌ што‌ се:‌ часов-ник,‌ вкупни‌ работни‌ часови,‌ днев-ни‌ работни‌ часови,‌ број‌ на‌ вртежи‌на‌моторот,‌работна‌брзина,‌вкупно‌ожнеана‌површина,‌дневна‌ожнеана‌површина,‌продуктивност,‌време‌до‌следниот‌ редовен‌ сервис,‌ темпера-тура‌на‌течноста‌за‌ладење‌на‌мото-рот,‌количество‌на‌гориво,‌притисок‌во‌хидрауличните‌цилиндри‌и‌виси-на‌на‌адаптерот.

Има‌ можност‌ и‌ сите‌ овие‌ пода-тоци‌на‌ крајот‌ од‌ работниот‌ден‌да‌бидат‌испечатени‌од‌вградениот‌пе-чатар‌во‌комбајнот‌или‌да‌бидат‌пре-несени‌во‌компјутерот‌во‌управната‌зграда‌ за‌ понатамошни‌ анализи.‌Постои‌и‌уред‌кој‌е‌поврзан‌со‌уре-дот‌за‌континуирано‌мерење‌на‌при-носот‌на‌фуражните‌растенија‌и‌гло-балниот‌ позиционен‌ систем‌ (ГПС).‌За‌ позиционирање‌ на‌ силажните‌

Пишува: Проф. д-р Драги Таневски, Факултет за земјоделски науки и храна -Скопје

Page 23: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌23‌

комбајни‌ се‌ користат‌ истите‌ уреди‌како‌кај‌житните‌комбајни.‌Меѓутоа,‌мерењето‌ на‌ приносот‌ за‌ време‌ на‌движењето‌ на‌ растителната‌ маса‌низ‌ комбајнот‌ претставува‌ потеш-котија.‌Сепак‌и‌тоа‌може‌успешно‌да‌се‌реши,‌иако‌за‌протокот‌односно‌за‌приносот‌ на‌масата‌ се‌ користат‌ по-веќе‌варијанти.‌За‌мерење‌најчесто‌се‌користат‌валјаци‌за‌вовлекување‌на‌масата‌непосредно‌пред‌нејзино-то‌ ситнење.‌ За‌ ова‌мерење‌ на‌ при-носот‌од‌фуражните‌култури‌служат‌податоците‌ за‌ растојанието‌ помеѓу‌два‌ валјака‌ кои‌ се‌ во‌ пар‌ и‌ нивни-от‌ број‌ на‌ вртежи.‌ Истовремено‌ се‌користи‌и‌податокот‌за‌брзината‌на‌движењето‌ на‌ силажниот‌ комбајн.‌Кај‌силажните‌комбајни‌во‌периодот‌од‌1993‌до‌1995‌година‌е‌работено‌на‌развитокот‌на‌уредите‌за‌континуи-рано‌мерење‌на‌приносот‌кај‌фураж-ните‌растенија.‌

Уредот‌ за‌ мерење‌ на‌ приносот‌кај‌John‌Deere‌функционира‌врз‌база‌на‌утврдување‌на‌протокот‌на‌маса-та‌при‌тоа‌користејќи‌радиометрија.‌Авторите‌ констатирале‌ дека‌ благо-дарејќи‌ на‌ напредното‌ баждарење‌е‌постигната‌многу‌добра‌точност‌на‌приносот.‌При‌мерењето‌е‌констати-рано‌дека‌ точното‌мерење‌не‌може‌да‌ се‌ оствари‌ без‌ континуирано‌мерење‌на‌влажноста,‌бидејќи‌при-носот‌на‌сува‌материја‌е‌релативен‌податок,‌посебно‌во‌случај‌на‌жетва‌на‌ различни‌ видови‌ култури.‌ Овој‌уред‌изработува‌ површинска‌ карта‌на‌приносот‌на‌одредена‌парцела‌со‌точност‌од‌еден‌метар‌квадратен.‌Со‌помош‌ на‌ оваа‌ карта‌ и‌ податоците‌од‌анализата‌на‌почвата‌може‌да‌се‌дозира‌ потребното‌ семе,‌ ѓубриво‌ и‌заштитни‌средства‌за‌наредната‌се-зона‌на‌секој‌дел‌од‌парцелата.‌

Во‌кабината‌се‌наоѓаат‌и‌коман-дите‌за‌острење‌на‌ножевите‌на‌ба-рабанот‌ и‌ подесување‌ на‌ должина-та‌ на‌ сецкање.‌ Острењето‌ се‌ врши‌неколку‌ пати‌ во‌ денот,‌ за‌ да‌ има‌константен‌квалитет‌на‌исецканата‌маса‌и‌со‌помош‌на‌овој‌потполно‌ав-томатски‌ процес‌ комбајнерот‌ нема‌потреба‌ да‌ излегува‌ од‌ кабината.‌Острењето‌ се‌ одвива‌ автоматски,‌така‌ што‌ барабанот‌ врти‌ со‌ голем‌број‌на‌вртежи‌и‌кон‌него‌со‌помош‌на‌ сензори‌ се‌ доближува‌ каменот‌за‌острење‌и‌се‌извршува‌процесот‌многу‌брзо‌и‌прецизно.‌Постојат‌два‌начини‌на‌острење,‌а‌разликата‌е‌во‌правецот‌на‌движење‌на‌барабанот‌за‌време‌на‌острењето.‌Claas‌го‌ко-ристи‌начинот‌со‌вртење‌на‌бараба-нот‌во‌истата‌насока‌како‌што‌и‌ се‌врши‌сецкање‌на‌материјалот,‌а‌до-дека‌John‌Deere‌го‌користи‌начинот‌со‌обратно‌вртење‌на‌барабанот‌.‌

Кај‌ John‌ Deere‌ подесувањето‌ на‌должината‌ на‌ сецкање‌ на‌ силажни-от‌материјал‌од‌6-26‌мм‌се‌извршува‌од‌ кабината‌ со‌ помош‌ на‌ потенцио-метар‌со‌точност‌од‌1‌мм,‌сето‌тоа‌се‌остварува‌ преку‌ специјалната‌ тран-смисија‌ за‌барабанот‌ IVLOC‌со‌вгра-дена‌ сигурносна‌ спојка‌ за‌ заштита‌од‌ преоптоварување‌ и‌ сопирачка‌која‌го‌сопира‌уредот‌за‌сецкање‌за‌40‌милисекунди‌ доколку‌ детекторот‌за‌метал‌детектира‌метал.‌

Детекторот‌за‌метал‌служи‌за‌да‌го‌заштити‌комбајнот‌од‌оштетувања‌од‌ страна‌на‌ некои‌метални‌делови‌собрани‌од‌парцелата,‌ тој‌ за‌дел‌од‌секунда‌го‌исклучува‌погонот‌од‌во-влечните‌ валјаци,‌ пред‌ металниот‌дел‌да‌дојде‌во‌контакт‌со‌ножевите.‌Детекторот‌ е‌ составен‌ од‌ магнети‌поставени‌ во‌ долниот‌ вовлечен‌ ва-лјак‌ кои‌ создаваат‌ магнетно‌ поле‌ и‌детекторот‌ реагира‌ на‌ промена‌ во‌магнетното‌поле‌под‌дејство‌на‌друго‌метално‌тело‌и‌дава‌сигнал‌за‌исклу-чување‌ на‌ преносот‌ на‌ вовлечните‌валјаци‌и‌прекинување‌на‌работата‌на‌ комбајнот.‌ За‌ полесно‌ лоцирање‌на‌металниот‌дел‌во‌кабината‌на‌John‌Deere‌има‌локатор‌кој‌покажува‌каде‌се‌наоѓа‌металниот‌дел,‌за‌побрзо‌да‌се‌продолжи‌со‌работата.‌

Laser‌ Pilot‌ е‌ уред‌ кој‌ работи‌ на‌сличен‌начин,‌но‌се‌користи‌за‌соби-рање‌ на‌ откос.‌ Светлосни‌ импулси‌го‌ лоцираат‌ откосот,‌ се‌ споредува‌положбата‌на‌комбајнот‌и‌се‌кориги-ра‌положбата‌на‌комбајнот‌со‌помош‌на‌управувачките‌тркала.‌Новите‌из-ведби‌на‌ силажните‌ комбајни‌ овоз-можуваат‌ нивно‌ лесно‌ одржување,‌лесен‌и‌брз‌пристап‌до‌барабанот‌со‌ножеви‌до‌валјаците‌за‌гмечење‌на‌силажата,‌ пристапност‌ до‌ моторот‌од‌сите‌страни.‌

Claas‌ и‌ John‌ Deere‌ имаат‌ авто-матски‌ централен‌ систем‌ за‌ под-мачкување‌ со‌ резервоар‌ за‌ маст‌од‌8‌литри,‌додека‌New‌Holland‌има‌систем‌ за‌ олеснето‌ подмачкување‌така‌што‌на‌едно‌место‌се‌изведени‌сите‌мазалки‌кои‌се‌поделени‌во‌не-колку‌групи‌во‌зависност‌кои‌делови‌се‌подмачкуваат,‌а‌подмачкувањето‌се‌изведува‌рачно.‌l

Page 24: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

24‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

Пишува: Предраг Поповиќ

Во‌светот‌ се‌воведува‌пракса‌на‌користење‌на‌дронови‌во‌земјо-делството.‌ Иако‌ ова‌ навидум‌

изгледа‌ футуристичко,‌ дроновите‌ се‌уште‌ една‌ машина‌ којашто‌ му‌ пома-га‌на‌човекот‌да‌дојде‌до‌поефикасно‌и‌ поефективно‌ производство.‌ Голем‌број‌ на‌ аналитичари‌ наведуваат‌ на‌тоа‌дека‌во‌иднина‌бројот‌на‌дронови‌кои‌ќе‌се‌користат‌во‌земјоделството‌ќе‌ се‌ зголеми‌и‌ дроновите‌ ќе‌ станат‌потребна‌алатка‌на‌ секој‌ земјоделец.‌Земјоделството‌ со‌ користењето‌ на‌дроновите‌ може‌ да‌ се‌ категоризира‌како‌ прецизно‌ земјоделство‌ кое‌ сè‌повеќе‌се‌актуализира.‌

Прецизното‌ земјоделство‌ прет-ста‌вува‌ модерна‌ навика‌ со‌ која‌ се‌зголемува‌ ефикасноста‌ на‌ произ-водството.‌ Со‌ прецизното‌ земјодел-ство,‌земјоделците‌работат‌подобро,‌а‌ не‌ понапорно.‌ Одгледувачите‌имаат‌можност‌ големите‌полиња‌со‌посеви‌да‌ги‌сегментираат‌на‌пома-ли,‌ со‌што‌ се‌ овозможува‌поголема‌контрола‌ и‌ менаџмент‌ на‌ расте-нијата.‌ Сегментирањето‌ на‌ помали‌парцели‌ овозможува‌ целно‌ нане-сување‌ на‌ препарати‌ онаму‌ каде‌ и‌колку‌што‌треба,‌а‌со‌тоа‌и‌намалена‌потрошувачка‌ за‌ препарати.‌ Пре-цизното‌ земјоделство‌ се‌ користи‌ и‌во‌Р.‌Македонија,‌почнувајќи‌од‌GPS‌наведувани‌ трактори‌ и‌ комбајни‌ со‌

кои‌ се‌ оптимизира‌ производството.‌Останати‌технологии‌кои‌може‌да‌се‌искористат‌ како‌ дел‌ од‌ прецизното‌земјоделство‌се:

‌Ô Електромагнетно‌ мапирање‌ на‌почва;

‌Ô Собирање‌ на‌ почвени‌ примеро-ци;

‌Ô Собирање‌на‌податоци‌од‌прино-сот‌на‌културите;

‌Ô Снимки‌од‌воздух;

‌Ô Мапи‌со‌индекс‌на‌боја‌на‌култу-рата‌или‌земјата;

‌Ô Типови‌почва;

‌Ô Почвени‌карактеристики;

‌Ô Ниво‌на‌одводнување;

‌Ô Потенцијални‌приноси;

Секој‌од‌овие‌гео-референцијал-ни‌ слоеви‌ помага‌ при‌ поделба‌ на‌големата‌површина‌на‌помали‌зони‌што‌ лесно‌ се‌ менаџираат.‌ Корис-тењето‌на‌помали‌зони‌го‌намалува‌вишокот‌ на‌ искористени‌ препарати‌и‌труд,‌а‌го‌зголемува‌производстве-ниот‌потенцијал.

Еден‌пример‌ за‌ прецизно‌ земјо-делска‌пракса‌е‌да‌се‌евалуира‌при-родната‌ варијабилност‌ на‌ почва-та.‌ Ако‌ почвата‌ во‌ одредена‌ област‌држи‌ вода,‌ повеќе‌ растенија‌ може‌да‌ се‌ садат‌погусто‌и‌наводнување-то‌ може‌ да‌ биде‌ порационално‌ и‌оптимално.‌Исто‌така‌ако‌парцелата‌се‌користи‌за‌пасење,‌повеќе‌стока‌може‌ да‌ пасе‌ на‌ почва‌ со‌ послаб‌квалитет.

Земјоделството со користењето на дроновите може да се категоризира како прецизно земјоделство кое сè повеќе се актуализира и претставува модерна навика со која се зголемува ефикасноста на производството

Прецизно‌земјоделство‌со користење на дронови

Дронови во земјоделствотоМЕХАНИЗАЦИЈА

Page 25: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

ЈУНИ‌2016‌|‌25‌‌

НЕКОЛКУ НАМЕНИ ЗА ДРОНОВИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СЕ:

1. Набљудување на здравјето на по-севите во средина на сезона (или извидување)

Способноста‌ да‌ се‌ прегледаат‌културите‌ во‌ прогрес‌ од‌ високо‌ со‌Нормализирна‌ Разлика‌ на‌ Вегета-тивен‌ Индекс‌ (Normalized‌ Difference‌Vegetative‌Index‌-‌NDVI)‌или‌со‌инфра-црвени‌(near-infrared‌-‌NIR)‌сензори‌е‌број‌1‌намена‌на‌дроновите‌во‌земјо-делството.‌Со‌сензорското‌скенирање‌на‌ областа‌ се‌ намалува‌ човековата‌грешка‌ на‌ традиционалното‌ изви-дување,‌но‌сепак‌е‌препорачливо‌по‌прегледот‌на‌добиените‌податоци‌од‌дронот‌и‌физички‌да‌се‌посетат‌обла-стите‌кои‌делуваат‌сомнително.

2. Набљудување на опремата за на-воднување

Да‌се‌менаџираат‌повеќе‌системи‌за‌ наводнување‌ е‌ сложено,‌ особено‌за‌ големи‌ посеви‌ кои‌ имаат‌ голем‌број‌ на‌ полиња‌ на‌ неколку‌ локации‌во‌ земјата‌ или‌ регионот.‌ Откако‌ ќе‌почнат‌некои‌култури,‌како‌пченка‌на‌пример,‌да‌достигнуваат‌одредена‌ви-сина,‌проверките‌во‌средина‌на‌сезо-на‌на‌млазниците‌и‌прскалките‌кои‌ја‌доставуваат‌ потребната‌ количина‌ на‌вода‌можат‌многу‌подостапно‌и‌побр-зо‌да‌се‌проверат‌со‌помош‌на‌дрон.

3. Идентификација на трева во сре-дина на полето

Со‌ користење‌ и‌ процесирање‌ на‌податоците‌од‌ (NDVI)‌ сензорот‌и‌ сли-ките,‌ се‌ создава‌мапа‌на‌ тревата,‌ со‌која‌ земјоделците‌ и‌ нивните‌ агроно-ми‌ можат‌ лесно‌ да‌ го‌ препознаат‌ и‌разликуваат‌плевелот‌со‌висок‌интен-

зитет‌на‌пролиферација,‌од‌здравите‌растенија‌кои‌растат‌покрај‌нив.‌

4. Променлива стапка на плодност

Иако‌ сликањето‌ од‌ земја‌ или‌ од‌сателит,‌ заедно‌ со‌ програмот‌ за‌ зе-мање‌примероци‌од‌почвата‌ со‌ веќе‌поставена‌мрежа,‌ се‌попрактични‌во‌делот‌на‌одредување‌на‌количина‌на‌Азот,‌Фосфор‌и‌Калиум‌за‌апликација‌во‌земјоделството,‌дроновите‌имаат‌и‌нивен‌удел.‌Дроновите‌користат‌мапи‌базирани‌на‌ (NDVI)‌ во‌ сезона‌со‌цел‌да‌го‌насочат‌аплицирањето‌на‌ѓубри-во‌ на‌ пченката‌ и‌ другите‌ растенија.‌Со‌користење‌на‌мапи‌генерирани‌од‌дрон‌со‌Варијабилна‌Стапка‌на‌Апли-кација‌(VRA)‌за‌да‌се‌одреди‌јачината‌на‌земање‌хранливи‌состојки‌на‌една‌област,‌ земјоделецот‌ може‌ да‌ апли-цира‌ зголемена‌ количина‌ во‌ пробле-матичната‌ област,‌ помала‌ количина‌во‌ средно‌проблематичната‌област‌и‌најмала‌количина‌во‌здравата‌област,‌а‌со‌тоа‌намалувајќи‌ги‌трошоците‌за‌наѓубрување.

5. Набљудување на стада со добиток

Дроновите‌ се‌ користат‌ и‌ за‌ на-бљудување‌на‌стадата‌со‌добиток,‌да‌се‌ прати‌ нивниот‌ број‌ и‌ нивната‌ ак-тивност‌ во‌ склоп‌на‌ имотот.‌Особено‌е‌погодно‌користењето‌на‌дроновите‌во‌текот‌на‌ноќта‌кога‌на‌човекот‌му‌е‌намален‌видот.‌

Со‌набљудување‌на‌овие‌фактори‌и‌ користење‌ на‌ прецизно‌ земјодел-ство,‌ земјоделците‌ можат‌ да‌ произ-ведат‌повеќе‌храна‌со‌дел‌од‌цената‌и‌ исто‌ така‌ ја‌ зачувуваат‌ почвата‌ за‌одржливо‌ производство‌ на‌ храна.‌Прецизното‌ земјоделство‌ резултира‌со‌ стабилно‌ производство,‌ кое‌ овоз-можува‌сигурна‌и‌силна‌заедница.‌l

Page 26: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

26‌|‌МОЈА‌ЗЕМЈА

ВЛИЈАНИЕ НА ХРАНАТА НА ПРОМЕНА НА БОЈАТА НА МЛЕКОТО‌  Црвена‌ боја‌ на‌ млекото‌ може‌ да‌

биде‌последица‌од‌исхрана‌со:‌Лути-че,‌Штир,‌Коњско‌опавче;‌  Жолта‌боја‌на‌млекото‌ се‌добива‌

како‌ последица‌ на‌ внесување‌ на‌ по-големи‌количини‌на‌каротин‌во‌обро-

кот‌кој‌се‌содржи‌во:‌жалфијата,‌пчен-ката,‌невенот‌или‌шафранот;‌  Сината‌боја‌може‌да‌ се‌добие‌од‌

исхрана‌ со:‌ хељда,‌ лопушки,‌ габата‌воловски‌јазик.

ПРОМЕНА НА ВКУСОТ И МИРИСОТ НА МЛЕКОТО:‌  Горчливо‌ млеко‌ од‌ физиолошки‌

причини‌ –‌ еструс‌ или‌ крај‌ на‌ лакта-ција,‌при‌исхрана‌со‌мувлосана‌храна,‌скислен‌требер,‌листови‌од‌репа,‌уже-гнати‌маслени‌погачи;‌  Вкусот‌на‌млекото‌може‌да‌го‌сме-

ни‌и‌исхраната‌со:‌вратика,‌граорици,‌сточна‌репа,‌маслодајна‌репа,‌сточна‌репа‌и‌зелка;‌  Вкус‌на‌сенф‌се‌добива‌при‌исхра-

на‌со‌синап‌и‌поточарка;

‌  Водникаво‌ млеко‌ се‌ добива‌ при‌исхрана‌ со‌ требер,‌ репкини‌ лисја‌ и‌поголема‌количина‌на‌сточна‌репа;‌  Мирис‌на‌ацетон‌при‌ситуации‌на‌

кетоза‌ (ацетонурија)‌ при‌ недоволен‌внес‌ на‌ јагленохидрати,‌ кога‌ органи-змот‌енергетските‌потреби‌ги‌користи‌од‌масните‌киселини;‌  Кафеавкаст‌ талог‌во‌млекото‌–‌ се‌

добива‌од‌наталожени‌честички‌прав,‌кога‌млекото‌се‌чува‌во‌отворени‌садо-ви‌додека‌се‌манипулира‌во‌шталата.

Пишува: Дипл. инж. агр. Јелица Бешлиќ,

Општи‌услови‌за‌поголема‌млекопро-дукција‌и‌подобар‌квалитет‌на‌млеко‌се‌расната‌и‌индивидуалната‌генет-ска‌предиспозиција‌за‌производство‌на‌млеко,‌здравствената‌состојба‌на‌кравите,‌добрата‌плодност‌и‌телесна-та‌кондиција.‌Меѓутоа‌и‌добрата‌нега‌и‌правилната‌исхрана‌многу‌влијаат‌на‌количината‌и‌квалитетот‌на‌произ-веденото‌млеко.‌

Неколку‌ практични‌ совети‌ за‌ по-добра‌млекопродукција:

‌Ô Избегнување‌на‌стрес‌кај‌кравите‌–‌благо‌да‌се‌постапува‌со‌нив;

‌Ô Пријатно‌лежиште,‌добра‌хигиена‌на‌средината,‌хранилките‌и‌поилките;

‌Ô Правилна‌нега‌на‌чапунките;

‌Ô Добро‌ измолзување‌ на‌ вимето‌(добро‌развиено,‌здраво‌и‌жлездесто‌виме);

‌Ô Правилна‌ употреба‌ и‌ контрола‌на‌исправноста‌на‌ системите‌ за‌мол-зење;

‌Ô Правилно‌засушување‌на‌кравите‌и‌вовед‌во‌млечност‌по‌отелување‌со‌зголемена‌исхрана;

‌Ô Добра‌ вентилација,‌ осветлување‌и‌оптимална‌влажност‌во‌шталата.

За‌да‌се‌спречи‌појава‌на‌ацидоза,‌која‌е‌резултат‌на‌забрзано‌варење‌на‌храната,‌ во‌ бурагот‌ секогаш‌ мора‌ да‌има‌ доволна‌ количина‌ на‌ целулоза.‌Кравите‌ мора‌ да‌ произведат‌ голема‌количина‌на‌плунка‌која‌се‌произведу-ва‌ со‌ преживање.‌ Додека‌ преживаат‌кравите‌најчесто‌лежат,‌поради‌што‌им‌е‌потребно‌суво‌и‌чисто‌лежиште.‌До-колку‌повеќе‌од‌10%‌од‌кравите‌стојат,‌значи‌дека‌нешто‌не‌е‌во‌ред‌и‌треба‌да‌се‌проверат‌условите‌во‌лежишта-та.‌ Кравите‌ сакаат‌ да‌ лежат‌ и‌ до‌ 14‌часа‌дневно.‌Лежењето‌е‌значајно‌и‌за‌одморот‌на‌кравите,‌со‌што‌се‌одмара-ат‌и‌сушат‌чапунките,‌а‌додека‌лежат‌кравите‌ 30%‌ повеќе‌ крв‌ циркулира‌низ‌ вимето.‌ Доколку‌ лежиштето‌ не‌ е‌удобно,‌ во‌ него‌ кравите‌ не‌можат‌ да‌се‌одморат‌и‌ќе‌лежат‌повеќе‌отколку‌што‌е‌потребно,‌а‌со‌тоа‌помалку‌пијат‌и‌јадат,‌ја‌пребираат‌храната,‌а‌брзо‌се‌појавуваат‌проблеми‌со‌отечени‌згло-бови.‌Времето‌што‌кравите‌го‌помину-

ваат‌во‌преживање‌е‌индикатор‌за‌тоа‌дали‌во‌храната‌има‌доволно‌целуло-за.‌Вообичаено‌е‌еден‌залак‌кравите‌да‌ го‌ преживаат‌ 50-70‌ пати.‌ Ако‌ хра-ната‌ има‌ повеќе‌ целулоза,‌ пр.‌ слама,‌преживањето‌ ќе‌ трае‌ подолго.‌ Висо-копродуктивните‌ крави‌ со‌ оптимална‌содржина‌на‌сурови‌влакна‌во‌храната,‌лачат‌до‌300‌л‌плунка.‌Значи‌кравите‌за‌ јадење‌ и‌ преживање‌ во‌ текот‌ на‌денот‌ џвакаат‌ околу‌ 16‌ часа,‌ од‌ кои‌трошат‌8-10‌часа‌само‌за‌преживање.‌Кравата‌ почнува‌ да‌ прежива‌ 45‌ мин‌после‌земањето‌на‌храната.‌Во‌штала-та‌нормално‌е‌кога‌ќе‌се‌набљудуваат‌кравите‌50%‌од‌нив‌да‌преживаат‌до-дека‌лежат.‌Оброкот‌што‌е‌сиромашен‌со‌целулоза‌ја‌намалува‌Ph‌вредноста‌во‌бурагот,‌што‌доведува‌до‌создавање‌на‌токсини‌кои‌ја‌загрозуваат‌микроф-лората‌во‌бурагот,‌која‌ ги‌создава‌ен-зимите‌за‌варење‌на‌целулозата.

Со добра нега и исхрана до повеќе и поквалитетно млекоЗа квалитетно млеко не е пресудна само генетиката на говедата, туку и нивното целокупно здравје кое пред сè зависи од начинот на кој се чувани кравите - во какви услови живеат, како се хранети и како човекот се однесува и грижи за нив. Кравите сакаат да лежат и до 14 часа дневно.

МлекопроизводствоГОВЕДАРСТВО

Page 27: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со

Зетор Мајор 80Со својата појава предизвика голем интерес. Новиот МАЈОР 80 е компактен трактор од класата лесни трактори со моќност од 80 КС

ТракториМЕХАНИЗАЦИЈА

Пишува: Сашко Стошиќ

Новиот‌ ЗЕТОР‌ МАЈОР‌ 80‌ е‌ на-правен‌врз‌основа‌на‌моделот‌со‌исто‌име‌кој‌се‌докажа‌како‌

еден‌ од‌ најуспешните‌ трактори‌ во‌историјата‌на‌ЗЕТОР.‌Првиот‌МАЈОР‌е‌ произведен‌ во‌ дамнешната‌ 1960‌година,‌ а‌ со‌ текот‌ на‌ повеќедеце-ниската‌ експлоатација,‌ доби‌ репу-тација‌ на‌ доживотен‌ трактор.‌ Не-говиот‌наследник,‌новиот‌МАЈОР,‌е‌конструиран‌ со‌ задача‌ да‌ постигне‌уште‌подобри‌резултати.‌Со‌голема‌сигурност,‌ ефикасност‌ и‌ едностав-ност‌ дава‌ висок‌ комфор,‌ со‌ ниски‌трошоци‌на‌одржување.

Зеторовиот‌ четирицилиндри-чен‌ мотор‌ е‌ веќе‌ познат‌ и‌ признат,‌без‌ електроника‌ и‌ остaнати‌ до-датоци,  што‌ го‌ прави‌ едноставен,‌издржлив‌ и‌ лесен‌ за‌ одржување.‌Перформансите‌на‌моторот‌се‌такви‌што‌ја‌намалуваат‌потребата‌за‌чес-ти‌ промени‌ на‌ степенот‌ на‌ пренос.‌Тракторот‌ е‌ опремен‌ со‌ потполно‌синхронизиран‌ четиристепен‌ мену-вач‌на‌брзини‌со‌тристепен‌редуктор‌и‌механички‌резервоар‌со‌вкупно‌12‌степени‌на‌пренос‌напред‌и‌назад.

Хидрауликата‌ на‌ тракторот‌ е‌механички‌ управувана‌ додека‌ ка-бината‌ на‌ тракторот‌ е‌ пространа‌ и‌дава‌ исклучителна‌ прегледност‌ и‌едноставност‌во‌работата‌со‌големо‌уживање.

Моторот‌ е‌ четирицилиндричен‌со‌ моќност‌ од‌ 77‌ КС.‌ Благодарејќи‌на‌ големата‌ резерва‌ на‌ вртежен‌момент‌ од‌ 30%‌ намалена‌ е‌ потре-бата‌за‌чести‌промени‌на‌преносот.‌Моќноста‌ на‌ моторот‌ останува‌ кон-стантна‌во‌широк‌појас‌на‌вртежи‌на‌моторот;

Има‌ потполно‌ синхронизиран‌четиристепен‌менувач‌со‌тристепен‌редуктор‌ со‌ механички‌ резервоар‌што‌прави‌12/12‌степени‌на‌пренос;

Изводното‌ вратило‌ е‌ со‌ 540‌ до‌1000‌вртежи;

Хидрауликата‌е‌со‌механичко‌уп-равување‌ и‌ се‌ одликува‌ со‌ голема‌моќ‌на‌подигнување‌и‌прецизна‌ре-гулација,‌ вклучувајќи‌ ја‌функцијата‌на‌ блокирање‌ на‌ хидрауликата‌ за‌време‌на‌транспортот.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

МОТОР:

ТИЕР‌III‌A ЗЕТОР‌1105Моќност‌спрема‌ISO‌2000/25‌(КВ/КС)  57/77Број‌на‌цилиндри  4Турбо‌компресор  ДАЗафатнина‌(см3)  4156Макс.‌обртен‌момент‌/‌резерва‌(ECE‌24)‌(Nm/%)  317‌/‌30

ХИДРАУЛИКА:

Уреди‌за‌приклучување‌„во‌три‌точки“ Категорија‌КАТ‌IIКапацитет‌на‌хидраулика‌(кг) Стандард‌2600Капацитет‌на‌пумпа‌(л/мин) 50Приклучоци‌на‌хидраулика 2‌пара‌+‌повратен‌вод

ДИМЕНЗИИ:

Маса‌(кг) 3290Должина‌(мм) 4212Ширина‌преку‌задни‌калници‌(мм) 1860Висина‌преку‌издувна‌цевка‌(мм) 2656Меѓуоскино‌растојание‌(мм) 2210Предни‌гуми  11.2-24Задни‌гуми 16.9-30‌опција:12.4-R36

Page 28: во Глумово - Почетна...Почитуваничитатели,ситесугестии,забелешки,прашањаикритики,Вемолиме,дагииспраќатенамаиладреситенаведенивоимпресумот.Со