7
Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИРАЧНИКОТ ЗА ШАРЖИРНИ МАШИНИ (ВЕЛМАН) – ЕЛЕКТРО ДЕЛ С О Д Р Ж И Н А 18. Електро дел за шаржирната машина (велман).............2 18.1. Довод на електрична енергија.................................2 18.2. Осигурувачи и прекидачи......................................3 18.3 Уреди за погон, управување и кочење...........................3 18.3.1 Уреди за управување....................................................................................................... 4 18.3.2. Уреди за кочење.............................................................................................................. 5 18.4. Сигурносни уреди.............................................6 Изработено од Одобрено од Ревизиј а Датум Стран и Име на документ Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 1 од 7 Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) електро дел

Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Upatstvo za koristenje na velman masina

Citation preview

Page 1: Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИРАЧНИКОТ ЗА ШАРЖИРНИ МАШИНИ (ВЕЛМАН) – ЕЛЕКТРО ДЕЛ

С О Д Р Ж И Н А

18. Електро дел за шаржирната машина (велман)..........................................................2

18.1. Довод на електрична енергија..................................................................................................2

18.2. Осигурувачи и прекидачи.........................................................................................................3

18.3 Уреди за погон, управување и кочење.....................................................................................3

18.3.1 Уреди за управување...............................................................................................................4

18.3.2. Уреди за кочење......................................................................................................................5

18.4. Сигурносни уреди.........................................................................................................................6

Изработено од Одобрено од Ревизија Датум Страни Име на документ

Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 1 од 6Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Page 2: Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

18. Електро дел за шаржирната машина (велман)

Електричниот дел на шаржирната машина се состои од:

- Довод на електрична енергија,

- Осигурувачи и прекинувачи,

- Уреди за погонот, управување и кочење,

- Сигурносни уреди

18.1. Довод на електрична енергија

Доводот на електричната енергија од изворот (електричната мрежа) до шаржирната машина, односно до местото на напојување на потрошувачите на шаржирната машина се врши преку напоен вод. Напојниот вод може да се изведе на повеќе начини и тоа:

- Гиблив гумен кабел

- Клизен вод

Гибливиот гумен кабел се намотува или одмотува на метален барабан. Се користи кај шаржирни машини кои често ја менуваат локацијата, за шаржирни машини кои работаат во лоши услови на работа. Во барабанот на кој се намотува одмотува гибливиот кабел вграден е одизимач на струја. Основно барање кај него е да освен барањата за неговото електрично димензионирање и механичка цврстина, е да биде така поставен да не дојде во ситуација да биде потфатен (оштетен) од шаржирната машина (возилото) или некој друг предмет.

Слика.1 бубањ за намотување на кабел

Клизен вод – изграден е од профилиран бакар прицврстен на конструкција преку потпорни изолатори поставени на 2-3 м. долж по целата траса. Одизимачите на струја се димензионираат во повеќе облици каде заедничка карактеристика им е да се крути, а контактните површини да им се клизачки.

Изработено од Одобрено од Ревизија Датум Страни Име на документ

Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 2 од 6Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Page 3: Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

а) б)

Слика 2. одземувачи на струја а)еластичен б)вртлив

18.2. Осигурувачи и прекидачи

За заштита на водовите од струја на краток спој во сите водови на фазните проводници се поставуваат топливи осигурувачи. За заштита на главниот напоен вод се користат осигурувачи кои имаат троми каратктеристики. На другите места во електричната инсталација (осветлување, сигнализација, управување и др) се користат брзи осигурувачи.

За прекинување на електричната струја во струјните кругови се употребуваат различни видови прекинувачи и раставувачи. За прекинување на струјата во главниот напоен вод се употребува главна напојна склопка.

Таа е поставено во кабината на шаржирната машина и служи за исклучување на стујниот круг на електромоторниот механизам во случај да е потребно итно прекинување на тој погон.

18.3 Уреди за погон, управување и кочење.

Движењето на шаржирната машина се остварува со вклучување на електро мотор во погон. Електро мотор е уред кој врши претворање на електричната енергија во механичка. Тој се состои од два дела:

- Статор и

- Ротор

Статорот претставува неподвижниот дел од моторот, а роторот подвижниот дел од моторот.

Изработено од Одобрено од Ревизија Датум Страни Име на документ

Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 3 од 6Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Page 4: Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Слика 3. Електромотор, кафезен и намотан

а) б)

Слика 4. Делови на електро мотор а) Ротор, б) Статор

Роторот може да биде кафезен или со намотан ротор со графитни четички и клизни прстени. Во шаржирната машина се користат асинхрони мотори со намотан ротор.

Асинхроните мотори можат да вртат во двете насоки. Промената на смерот на вртење се остварува со промена на било кои две фази. Брзината на вртење може да се изведе со отпорник врзан на роторот, со промена на феркфенцијата, промена на паровите полови. Промената на брзината кај шаржирните машини најчесто се врши со промена на отпорот во роторскиот круг, (отпорник).

За заштита на електро мотор се користат :

Осигурувачи, биметални рељиња, моторно заштитна склопка. Осигурувачите го штитат моторот од краток спој, биметалните рељиња го штитат од преоптеретување. Моторно заштитните склопки имаат вграден биметален окидач кој реагира на преоптеретување, магнетен окидач кој го штити моторот од краток спој и поднапонски окидач кој го штитит моторот од повеќе краткотрајни вклучувања и исклучувања.

Изработено од Одобрено од Ревизија Датум Страни Име на документ

Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 4 од 6Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Page 5: Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

18.3.1 Уреди за управување

Уредите за управување служат за вклучување и исклучување на моторот, за промена на смерот за вртење (реверзирање), за регулирање на брзината и за кочење на моторот.

Начинот на управување зависи од видот и моќноста на моторот. Тоа може да биде:

- Уреди за директна регулација и промена на насока на движење (гребенаста склопка или склопки со тастери)

- Уреди за директно и индиректно управување на моторот и отпорникот (контролери)

- Уреди за индиректно управување на моторот и отпорникот на електромоторот (управувачка склопка).

Пуштањето во работа, регулација на брзината и бројот на вртежи, кочењето и промената на смерот на движење, односно управувањето на асинхрон мотор со намотан ротор и прстени се врши со помош на контролери или управувачки склопки.

Контролерите се повеќеструјни цилиндрични комбинирани преклопки. Тие вршат регулација на отпорникот кој е повржан во роторскиот дел од моторот и со помош на контролерот доаѓа до промена на отпорот на отпорникот кој е врзан со роторот, а со тоа се менува и брзината на самата шаржирна машина. Контролерот може да биде изведен во вид на педала, волан итн. Кај шаржирните машини најчесто се користи педала.

Управувачките склопки служат за далечинско управување на моторите каде се бара брза промена на забрзувањето при движење на големи маси, како и кај мотори каде се бара над 240 уклучувања во интервал од 1 час.

18.3.2. Уреди за кочење

Електро моторите исто така имаат и кочници кои служат за застанување на машината (кочење). Кај елктромоторните погони се користат откочни магнети или елктрохидраулички уреди. Откочните магнети се изведуваат на повеќе начини зависно од самите погони. Во повеќето случаи се поврзуваат паралелно на статорската намотка.

Изработено од Одобрено од Ревизија Датум Страни Име на документ

Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 5 од 6Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Page 6: Дополнување За Велман-електро Дел Koregirano-1

Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

18.4. Сигурносни уреди

Сигурносните уреди служат за автоматско запирање на шаржирната машина, со исклучување на главната склопка и за предупредување за евентуална опасност или дефект.

Изработено од Одобрено од Ревизија Датум Страни Име на документ

Југохром Фероалојс Управител 1 17.09.2012 год. 6 од 6Дополнување на Прирачникот за шаржирни машини (велман) – електро дел

Изготвил: Томче Ефтоски_________________

_____________________Прегледал: Славко Стојчески_______________

___________________________Одобрил: Бранислав Ѓуровиќ_________________

_________________________