12
Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре Информации за проектот Училишт a -ОУ„Кирил и Методиј„ Општина Центар Скопје Ул. Стив Наумов бб Центар Скопје Тел. 02/ 3164357 e-mail: [email protected] Информации за ОУ Свети Кирил и Методиј – Центар, Скопје ОУ “Св. Кирил и Методиј“ општина Центар, Скопје е лоцирано помеѓу новоизградената црква “Света Богородица“ и Народната универзитетска библиотека, помеѓу Бетонскиот мост и Мостот на револуцијата, од левата страна на реката Вардар. Нашето училиште датира многу оддамна. Неговите корени се длабоки и започнуваат како прво отворено ќелијно училиште во дворот на црквата “Света Богородица“, која била новоизградена во далечната 1836 година. Името “Свети Кирил и Методиј“, го добило 11. мај 1858 година. Првиот и главен учител бил хилендарскиот монах, Павле Хорват, од дебарскиот манастир, а подоцна градските првенци на Скопје во 1848 година го поканиле познатиот Преродбеник и народен просветител, Јордан Хаџи Конастантинов – Џинот. Неговото доаѓање за учител означува пресвртница за просветно-културниот и националниот живот на градот Скопје. Промените се состоеле во воведување на световни предмети, разделувањето на учениците по одделенија, вовел клупи и вовел современи наставни методи, а ги исфрлил физичките казни. Првата училишна зграда се користела до 1903, а потоа на истото место била изградена нова зграда, во која се изведува настава до катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кој го разорил градот Скопје. На 28 декември 1964 година во употреба е предадена нова училишна зграда со 24 училници. Погледнувајќи ја историската ретроспектива, се наметнува едно прашање, Ако Јордан Хаџи Конастантинов – Џинот, означувал пресвртница за просветно-културниот и националниот живот на градот Скопје со промените кои

Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

  • Upload
    others

  • View
    22

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре

Информации за проектот

Училиштa

-ОУ„Кирил и Методиј„ Општина Центар Скопје

Ул. Стив Наумов бб Центар Скопје

Тел. 02/ 3164357

e-mail: [email protected]

Информации за ОУ Свети Кирил и Методиј – Центар, Скопје

ОУ “Св. Кирил и Методиј“ општина Центар, Скопје е лоцирано помеѓу

новоизградената црква “Света Богородица“ и Народната универзитетска

библиотека, помеѓу Бетонскиот мост и Мостот на револуцијата, од левата страна

на реката Вардар. Нашето училиште датира многу оддамна. Неговите корени се

длабоки и започнуваат како прво отворено ќелијно училиште во дворот на црквата

“Света Богородица“, која била новоизградена во далечната 1836 година. Името

“Свети Кирил и Методиј“, го добило 11. мај 1858 година.

Првиот и главен учител бил хилендарскиот монах, Павле Хорват, од

дебарскиот манастир, а подоцна градските првенци на Скопје во 1848 година го

поканиле познатиот Преродбеник и народен просветител, Јордан Хаџи

Конастантинов – Џинот. Неговото доаѓање за учител означува пресвртница за

просветно-културниот и националниот живот на градот Скопје. Промените се

состоеле во воведување на световни предмети, разделувањето на учениците по

одделенија, вовел клупи и вовел современи наставни методи, а ги исфрлил

физичките казни. Првата училишна зграда се користела до 1903, а потоа на истото

место била изградена нова зграда, во која се изведува настава до

катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кој го разорил градот Скопје.

На 28 декември 1964 година во употреба е предадена нова училишна

зграда со 24 училници. Погледнувајќи ја историската ретроспектива, се наметнува

едно прашање, Ако Јордан Хаџи Конастантинов – Џинот, означувал пресвртница

за просветно-културниот и националниот живот на градот Скопје со промените кои

Page 2: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

се состоеле во современи наставни методи и употреба на дидактички средства -

глобуси, географски карти и песочници, тогаш можеме ли ние да бидеме

пресвртница во просветно-културниот и националниот живот на сегашната

генерација ученици со воведувањето на компјутерите во училниците и

користењето ИКТ технологија во наставата.

Горица Веловска е директор на училиштето. Таа беше одговорна за финансиското

менаџирање и подршка на проектот.

-ОOУ „Илинден“ Крива Паланка (ПООУ Илинден с. Конопница)

Ул. Наско Тамбурков бр.80, Крива Паланка

Тел. 031/375-078

e-mail: [email protected]

Визија на училиштето: Училиштето да го направиме столб на знаење, умеење и

креативности на учениците и проефесионален развој на вработените.

Мисија: Вратата на нашето училиште е светилник кој го осветлува патот на сите

добронамерни луѓе.

-Дојдете, да учите, творите и да се натпреварувате. Чекор по чекор да ги следните

промените во образованието, горди што сте дел од нив.

-ОУ„Живко Брајковски“ Скопје

Ул. Хо-Ши-Мин бб

Тел. 02/2621-412

-ОУ „Дитуриа“ Сарај

Општина Сарај

Те. 02/ 2057872

e-mail: [email protected]

-ОУ„Браќа Рибар“ с.Табановце, Куманово

с.Табановце

тел. 031/467-333

e-mail: [email protected]

Page 3: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Наставници

Вклучете ги имињата на наставниците кои работеле на овој проект за учење:

искуството, темите и областите за кои беа одговорни и какво посебно знаење и

искуство требале да имаат.

Просветните работници од сите училишта ги следат револуционерните промени во

од, посетуваат семинари, стекнуваат вештини за користење компјутерски

софтвери, добиваат сертификати, а дел од нив се обучувачи во различни

подрачја, како на пример за имплементација на компјутерската технологија во

педагогијата. Значителни се постигањата на учениците и наставниците во

многубројните државни и регионални натпревари

Марина Василева е дипломиран педагог и работи како одделенски

наставник. Регионален обучувач за примена на ИКТ во наставата, регионален

мастер обучувач за едукативниот софтвер ToolKid, обучувач за работа со роботот

Пипин, регионален мастер обучувач за Edubuntu и регионален мастер обучувач за

Intel classmate PC.

Во овој проект таа е автор на проектот и координатор во соработката и

активностите помеѓу сите училишта. Таа е одговорна за оформувањето тимови,

планирањето и менаџирањето на соработката, планирањето и координацијата на

активностите помеѓу наставниците од одделенска настава. Одговорнa е за

обуките на ученици-ментори и нивните активности во следењето на работата на

помалите ученици.

Добри Јовевски - работи како одделенски наставник. Регионален обучувач

за примена на ИКТ во наставата, , регионален мастер обучувач за Edubuntu и

регионален мастер обучувач за Intel classmate PC.

Има учествувано во реализација на повеќе проектни од Невладиниот сектор

како и во проекти од Локален, национален и меѓународен карактер.

Во овој проект тој е главната алка помеѓу сите учесници за прибирање и

средување презентации, видео снимки и фотографии.

Page 4: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Вилма Попович - одделенски наставник

Бојана Бачовска – наставник хемија

Жанета Шумковска – наставник математика

Живка Стоилковска - одделенски наставник

Јасминка Станковска - одделенски наставник

Xhevxhen Fejzulla- одделенски наставник

Fatime Alii- одделенски наставник

Виолета Ристовска- училишен психолиг

Овие наставници беа задолжени за активностите со учениците од одделенска и

предметна настава кои се детално опишани подолу во проектот.

Вера Панковска-Советник во БРО – нејзината улога во проектот беше евалуација

на педагошката документација, евалуација на планирањето, текот и процесот на

реализацијата на проектот, посочувајќи стручни совети и мислења со цел да го

зголемиме нивото на квалитет на понудениот проект.

Цели на проектот

Вклучете детали за целите на проектот. Кои беа образовните цели на проектот,

зошто се работеше истиот, што сметате дека требало да научат учениците?

- Проектот има за цел да развие универзален прирачник за бабини игри

кои ќе го користат деца во нашата држава и пошироко;

- да се согледа значењето на играта како форма за сестран развој на

личноста низ изучување на правила на бабини игри од различни региони во

МК;

- да влијае на психофизичкиот, интелектуалниот, емоционалниот,

социјалниот развој на сите ученици да практикуваат телесни вежби

безгрижно со мото “Еј видете, можам и јас“;

- да изгради комуникационен МОСТ помеѓу учениците од партнер

училиштата;

- да ги надмине негативните страни на пасивните сајбер игри со креативно

користење на технологијата за оживување на бабини детски игри кои ја

зголемуваат физичката активнст кај децата;

Page 5: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Нашите деца не знаат да играат со другарчиња на ливада, тие не слушнале за

традиционалните детски игри, преферираат да гледаат TV или да играат

комјутерски игри, често се осамени и имаат повеќе online frendovi отколку

вистински другари со кои разговараат, се почесто децата имаат зголемена

телесна маса.

Овој проект е културно патување низ традиционалните бабини детски игри

со кои се развива интеркултурален дијалог чиј краен производ е прирачник со

правила за играње бабини детски игри.

Поточно учениците да се оспособуваат да истражуваат и разменуваат

конкретни содржини (Бабини игри) преку ИКТ ;

- да се подобри соработката помеѓу различни етнички заедници;

- да се подобри врската на педагошкиот триаголник ученик-семејство-

училиште

Цел на проектот истовремено е продлабочување на соработката

помеѓу ученици и наставници од исти и различни училишта за да умеат да се

соочат со новите општествени и економски транзициони односи, да ги

согледаат современите тенденции и да стекнат знаење кое е соодветно на

средината во која училиштата постојат. Цениме дека проектот треба да

обезбеди квалитетна врска помеѓу светот во кој живеат учениците и наставниците

и начинот на кој тие учат за светот, имплементирајќи ИКТ во наставата и

иновативни методи за работа кои ќе продуцираат соработка помеѓу учениците од

различна возраст и од различни средини.

Образовните цели се во согласност со Наставниот план и програма на

учениците и ги инкорпорираат компјутерите и Интернет како орудија со кои сите

можат да учат, не само за време на школувањето, туку и за остатокот на нашето

живеење.

Меѓусебната соработка, менторирањето и примената на комјутерите се

водечки елементи кои иницираа креативност кај учениците и прагматична примена

на стекнатите знаења за преуредување на училишните дворови.

Page 6: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Планирање и настанување на проектот

Планирањата за проектот се директно продлабочување на соработката

помеѓу ученици и наставници од исти и различни училишта со различна етничка

припадност, со цел да се оживеат старите традиционални бабини детски игри, а

при тоа да умеат да се соочат со новите општествени и економски транзициони

односи, да ги согледаат современите тенденции и да стекнат знаење кое е

соодветно на средината во која учат и живеат. Во овој контекст возрасните,

односно родителите, наставниците и другите асоцијации кои се вклучени и имаат

врска со децата треба да ја насочат, оживеат и осмислат играта и игровните

активности при тоа почитувајки ги детските желби, потреби и интереси проткаени

од секојдневието, на детето и возрасните.

Вклучете детали од каде сте го презеле концептот за проектот и процесот на

планирање кој сте го поминале: што било потребно за проектот да биде успешен?

Договорот за проектот започна спонтано. Во училиштето е присутен мал

проблем неколку години, имено се соочуваме со недостаток на фискултурна сала

за изведување на игровните активности на помалите ученици и активностите на

поголемите ученици од часот по Физичко и здравствено образование. Идејата за

оживување на бабините детски игри се рефлексија на зголемениот број на ученици

со зголемена телесна маса кои најголемиот дел од денот го поминуваат пред

своите телевизори и компјутери во пасивна положба.

Наставничкиот совет ја одобри идејата за овој проект, а Советот на

родители со воодушевување ја поздрави иницијативата за идејата. Договорено е

и вклучување на 5 основни училишта во проектот со цел зголемување на

соработката помеѓу нив и размена на идеи, кои се соочуваат со слични проблеми.

Проектот започна со планирање на фазите :

1 фаза – оформување на тим за работа меѓу училишта;

2 фаза - оформување на тим за работа од ученици и наставници во матичните

училишта;

Page 7: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

3 фаза – планирање на активности и поставување цели за работа;

3 фаза - реализирање на планираните активности;

Активностите во училиштата течеа според следниот редослед:

- обука на ментори;

- спроведување на интервју (пишување прашања во Word);

- илустрирање на бабините игри ( цртање на листови од блок и боење со разни

видови боички) ;

- пишување на правила на игрите (пишување во Word);;

-размена на собраните информации за игрите со Power Point презентации (email-

пораки меѓу учениците на @live адреси;

- презентирање на игри од училница со видеоконференциска врска (Windows Live

Messenger)

- скицирање на геометриски форми за игровни активности во училишен двор (

форми нацртани на цемент за Царица, Челик, Џамија, Плочка, Завор, Воловарска

игра и т.н.);

- изведба на стари детски бабини игри во училишен двор и снимање со камера;

-обработка снимениот материјал со Movie Maker;

- изработка детски годишен календар со одбирање на 12 бабини игри во Microsoft

Office Publisher;

- Изработка на ПОСТЕР со колаж од слики од ученици кои играат бабини игри во

Microsoft Research Auto Collage

- Портфолио на сите активности од целокупниот проект во Microsoft Office One

Note со синтеза на текст, слики, презентации, аудио и видео записи.

Концептот за проектот е изграден врз основа на искуството и просветната

работа на наставниците од целиот колектив, дискусиите на состаноците на

Стручниот актив, Одделенските совети, Наставничкиот совет и Советот на

родители кои активно земаа учество во проектот.

Page 8: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Во процесот на планирање вклучени се партнер училиштата нивните

ученици, наставници и родители. Со дикусии и размена на искуства помеѓу сите

нив испланирани се фазите и активностите.

За да проектот биде успешен потребно беше комуникација и соработка

помеѓу сите учесници, компјутери, интернет мрежа, меѓусебно помагање и

финансиска подршка за реализација на креативноста и желбите на крајните

корисници на продуктот од овој проект Бабини игри.

Поврзаност со наставната програма

Вклучете детали од наставната програма: како ова искуство за учење се вклопи во

наставната програма?

Имајќи го предвид фактот дека проектот има за цел да обезбеди квалитетна врска

помеѓу светот во кој живеат учениците и наставниците и начинот на кој тие учат за

светот, имплементирајќи ИКТ во наставата и иновативни методи за работа кои ќе

продуцираат соработка помеѓу учениците од различна возраст и од различни

етнички средини средини, а образовните цели се во согласност со Наставниот

план и програма на учениците, цениме дека учениците ги инкорпорираат

компјутерите и Интернет како средство со кои сите можат да учат, не само за

време на школувањето, туку и за остатокот на нашето живеење.

Почитувајќи ја поврзаноста со наставата и холистичкиот приод во работата

со учениците од најмала возраст, неопходно беше поврзување со другите

предмети односно максимална интегрираност при планирањето на наставата и

реализацијата на часовите. На пр. При изучување на содржини од Математика,

мерење на должина, периметар на многуаголници, потребно беше поврзување,

интегрирање со предметите хемија, Работа со компјутери, Мајчин јазик, физичко и

здравствено образование, ликовно образование и сл.

Тргнувајќи од развојните карактеристики на учениците, нивните знаења и

стекнатото искуство наставниците организираа повеќе видови активности на

учениците:

Page 9: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Мајчин јазик – од изразување и творење, спреведување на интервју за бабини

игри (претходно напишано во Word и испечатено), а потоа пишување на извештај

од спроведеното истражување во Word.

Математика – броење, пресметување периметар на многуаголници;

користење IKT vo наставните содржини, презентации во Power Point, Word, Excell,

Paint, програмирање со робот Пипин; јакнење на чувство на сигурност и

самодоверба, при што математиката ја доживуваат како пријатно искуство бидејки

математиката ја поврзуваат со практиката, со реалниот живот; составуваат,

конструираат, изнаоѓаат решенија со комбинирање на идеи и сл., преку кои

учениците се поттикнуваат на манипулативни активности со предмети,

истражувачки мисловни актовности со кои се гради систем на математички

претстави и поими;

Ликовно образование- илустрирање на бабините детски игри во Paint да воочува

во природата статика и динамика (објекти кои се движат и не се движат);

Физичко и здравствено образование – развивање на мускулатурата со вежби и

игри за правилен физички развој преку оживување на старите бабини

традиционални игри. Градење на навики за здрав начин на живот преку детската

игра, пешачењето во парк или на блиска планина и значењето на тие навики за

физичкиот и здравствениот развој на учениците.

Во однос на дидактичко методичкиото обликување на наставниот час, ја

почитувавме потребата максимална примена на дидактички игри, практични,

манипулативни и истражувачки активности. При тоа приоритет имаше групната

форма на работа. Наставата ја реализиравме во училница, училишен двор и

информатичката лабораторија. Учениците итражуваа со подготвени прашања

за интервју за старите бабини игри кои ги напишаа во Word и ги испечатија.

Секој ученик активно учествуваше во истражувањето на старите бабини игри,

ликовно илустирање на игрите и запишување на нивните правила, како и

прагматично играње на истите.

Хемија - Калциумот и неговите соединенија (гипс, креда, малтер,цемент, вар) ,

се материјали со кои децата ќе работат, ќе цртаат со креда , ќе бојат со мрсна

Page 10: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

боја, со вар (бела боја), а поголемите ученици, (хемичарите) ќе им го презентираат

составот и својствата на овие соединенија (материјали).

Цели: -Да умеат да го разберат значењето на металите како суровини за

добивање на градежните материјали; самостојно да го објаснуваат значењето на

калциумот како појдовен метал за изработка на градежните материјали; да ја

воочат со компаративна анализа улогата на соединенијата на калциумот како

составен дел од животот на човекот во минатото и денес; да ги применат

калциумот и неговите соединенија како главни градежни врзивни материјали

конкретно за активностите од проектот; генерализација на својствата на калциумот

и неговите соединенија со цел да умеат да ја воочат нивната важност и улога во

изработката на многубројните градежни материјали; евалуација на влијанието на

својствата и на останатите метали, неметали и нивните соединенија, споредено

со напредокот на технологијата и можноста за добивање посовремени,

поеколошки и поздрави градежни материјали и останати материјали, попточно

предмети кои ќе му служат на човекот за остварување на неговите животни

потреби.

Технологија

Вклучете детали за технологијата која ја користевте: како ја организиравте

технологијата за оваа група ученици? На кое ниво беше достапна, кад учениците

ја користеа технологијата, како беше менаџирана, дали се користеше технологија и

надвор од училиштето?

Во текот на организација на активностите, учениците имаа на располагање

дигитални фото апарати, видео Flip камери, компјутери во компјутерската

лабораторија со Windows OS на училишна и интернет мрежа, (училишни и

домашни), кои им беа потребни за забележување на активностите од

истражувањата во и надвор од училиштето.

При средување на податоците во училиштето учениците користеа компјутерска

опрема. При размена на сработени презентации учениците имаа на располагање

ЛЦД проектори.

Пакети кои ги користеа:

Microsoft Office Word,

Page 11: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers

Microsoft Power Point,

Microsoft Movie Maker,

Microsoft Office Publisher,

Microsoft Office One Note,

Microsoft Research Auto Collage

Менаџирање на проектот

Во согласност со хуманистичките и демократските тенденции во воспитанието и

образованието на учениците, наставникот преку овој проект се јавува како

иницијатор, организиатор, стимулатор и насочувач на учењето. Наставникот во

зависност од возраста на децата, афективните и интелектуалните потреби на

децата и неговото искуство влијае на подигање на самодовербата, самостојноста,

одлучноста, искреноста, учењето на природен, ненаметлив и забавен начин.

Користењето на ИКТ во наставата, влијае врз почитувањето на различностите на

луѓето, влијае за подигање на професионалниот развој на наставникот од една

страна и поттикнувач за нови соработки. Наставникот влијае врз вклучување на

семејството и другите возрасни како извор на знаење.

Проектот беше менаџиран од учениците ментори кои присуствуваа на

часовите кај помалите ученици и помагаа во резлизацијата на часовите.

Фасцилитаторството им помогна како олеснителен процес да ја продлабочуваат

соработката помеѓу учениците од различни возрасти, различни училишта и помеѓу

наставниците од предметна и одделенска настава. Временската рамка

предвидена со планирањето на фазите се почитуваше според можностите и

расположливата технологија како ресурс на училиштето. Наставниците работеа

според предвидените планирања, соработуваа меѓусебно, со менторите ученици и

со родителите, насочуваа и помагаа во менаџирањето Горица Веловска како

директор на училиштето, обезбеди финансиска подршка за изведување на

активностите во училишниот двор.

Page 12: Бабини игри / Lodra gjyshesh / Бакине игре · Планирање и настанување на проектот Планирањата за проектот се

Microsoft Innovative Teachers Microsoft.com/Education/InnovativeTeachers