60

Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското
Page 2: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Секоја армија во јадрото на своето постоење го носи и усовршува строевиот чекор. Беспрекорноста на таа синхронизирана глетка ја носат најдобрите војници, униформите под конец

и силните тактови кои татнат од инструментите на воените оркестри.Под мотото „ Македонија силно чекори напред“, на 2 мај во Домот на АРМ, се одржа фестивалот на воена музика. Излегувањето на сцена на припадниците на Воениот оркестар, придружувани со женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ и вокален солист, беше сигнал парадно да влезат воените знамиња на единиците на АРМ и свечено да се постројат на сцената. Химните на Р. Македонија и на АРМ дадоа увертира на овој значаен настан, а атмосферата посебно ја подигна емотивната изведба на „ Армија на Македонија сме ние“. Министерот за одбрана

на Р. Македонија, Зоран Јолевски, во своето пригодно обраќање ја потенцираше важноста на самиот фестивал, укажувајќи дека конкурсот што беше распишан за истиот во кој се најавени 4 нови композиции е прв таков фестивал во суверена Македонија, кој третира музички дела кои се од интерес на Армијата на Република Македонија. За самиот фестивал министерот појасни дека е адекватен на потребите на Армијата и дека претставува вистинско освежување во нејзиниот уметнички опус, фестивал кој ќе даде нов импулс во создавањето на нови музички дела кои ќе останат во наследство на нашата армија.Фестивалот се состоеше од два дела. Првиот во кој беа презентирани 4 нови композиции и втор во кој беа ревијално изведени неколку композиции од светската ризница на воени чекорници и други дела, во перфектен аранжман на Воениот оркестар. Сето тоа се случуваше

Фестивалски ноти за НОВА АРМИСКА ЧЕКОРНИЦА

Page 3: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

3

ШТИТ година IX број 91 маj 2017

Инфо

Промоција „МАКЕДОНКА“ – германско сведоштво за нашето постоење

На прва линијаСтара закана – нова стратегија!

24 часаНајмасовната единица на АРМ

ЈубилеиМакедонските „волци“ успешни на меѓународната вежба „Allied Spirit VI“

ВооружувањеАвтомат „Стен“

24 часаМакедонското знаме симбол на независноста на РМ

ГлобалЕвропски воишта во рамките на Европското војувалиште Јубилеи75 години од формирањето на одредот „Димитар Влахов“

ВооружувањеОклопен транспортер „ПАНДУР II“

ВооружувањеРуски ракетен систем „Стрела-1“

Низ историјатаИсторијата за оперативната вештина

ВооружувањеАвтомат „Scorpion EVO 3 A1“

Филм„Гребенот Хексоу“

с о д р ж и н а

68

5

17

20

34

42

46

52

12

22

14

36

56

додека жирито заседаваше во својот состав, при тоа добро анализирајќи ги шифрираните предлози на чекорници, меѓу кои мораа да ја изберат најдобрата. По усогласувањето на ставовите претставник на Здружението на композитори на Македонија излезе на говорница и ја соопшти првонаградената композиција, именувајќи ја со нејзината шифра. И навистина тоа е прекрасна чекорница создадена од големиот мајстор на музичкиот занает во Република Македонија, Живоин Глишиќ. Композиторот беше поканет на сцената да си ја земе наградата, каде што во инспиративно обраќање застана пред присутните. Не ги скриваше своите емоции, јавно заблагодарувајќи се што во аранжманот на денешнината се рехабилитира една музичка, воена фестивалска претстава за која верува дека ќе стане традиционална, дека ќе стане институција. Композиторот Глишиќ емотивно му се обрати и на Воениот оркестар, кажувајќи дека во него гледа и многу имиња од музичката академија, кои како студенти пред него како професор полагале испити. На оваа военомузичка свеченост присуствуваа голем број претставници на МО и АРМ, како и други видни личности.

Митко Василевски

Фестивалски ноти за НОВА АРМИСКА ЧЕКОРНИЦА

Page 4: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

ИздавачМинистерство за одбрана на Република Македонија

Претседател на Издавачкиот советд-р Зоран Јолевскиминистер за одбрана

на Република Македонија

Главен и одговорен уредникд-р Жанет Ристоска

Редакција:Умит Реџепи (техничко уредување),

Митко Василевски (новинар), Кристина Илиевска (новинар),

Ксенија Митева (лектор); Александар Атанасов (фотографии)

Димче Исаиловски, академски сликар

(ликовно-графички дизајн и корица)

Печати: „Европа 92“ - Кочани

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

4

Армијата, војувањето и војните отсекогаш биле инспирација за многу познати и помалку познати

романописци, новелисти, поети, сликари и многу други уметници. Во овој број на „Штит“ во неколку прилози се осврнуваме и на овој момент, пишуваме за неколку настани на кои беа презентирани и споменати уметнички творби кои својата тематика, мотивираност и инспирација ја пронашле токму во овие сегменти. Пишуваме за промоцијата на еден обемен роман од германски автор кој е инспириран од доживувањата на еден млад војник кој во текот на Првата светска војна се нашол на овие простори. Исто така пишуваме и за уметничките творби создадени од најмладите, а инспирирани од херојското минато и паднатите борци за слободата на Македонија, но и инспирирани од активностите, значењето и доблеста на нашата армија и нејзините припадници денес. Министерството за одбрана го препознава значењето на уметноста и делата со кои се придонесува кон зајакнувањето на нашиот национален бит, нашата историја и патриотизам. Имавме чест да присуствувавме на промоцијата на романот „Македонка – Книга за балканскиот фронт“ од германскиот автор Ханс Ерке на македонски јазик. Романот го опишува животот на германските војници во Првата светска војна кои од западниот фронт се упатуваат кон фронтот во Македонија, а авторот се инспирира од луѓето, културата и традицијата на народот кој живее на овој простор. Делото е значајно за нашата држава бидејќи авторот во делото ја потврдува посебноста и спецификата на земјата која ја нарекува Македонија,народот кој

го нарекува Македонци,народ кој зборува на сопствен македонски јазик и ги пее и игра своите вековни песни, танци и ора. Пронаоѓањето на ова интересно дело беше плод на заложбите на Воениот музеј на МО и Министерството за одбрана на Германија кое ја даде потребната помош и соработка. Печатењето на книгата на македонски јазик беше овозможено од Министерството за одбрана на Република Македонија. Министерот за одбрана Зоран Јолевски кој зборуваше на промоцијата на овој роман, го нагласи неговото значење во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од Првата светска војна, посебно задржувајќи се на неговото афирмативно значење за македонистиката која преку автентични забелешки и текст се збогатува со нови перцепции на странски автори за нашата непобитност.Во овој број, по повод 25 години од одбележувањето на создавањето на нашата армија вметнавме и една стихотворба која беше создадена од страна на младата ученичка и можеби идна поетеса која својата творба емотивно ја прочита по повод одбележувањето на денот кога македонското знаме за прв пат се развиори на караулата „Рамна Нива“, со што беше означена и државната граница на Република Македонија која во тој период ја чуваше Армијата на Република Македонија. Треба да се гордееме што нашата Армија претставува инспирација и за најмладите и што тие можеби помалку и наивно и невешто, сепак малку успеваат преку искрените и емотивни зборови да ја пренесат својата љубов кон татковината и нејзината армија.

д-р Жанет Ристоска

Инспирација

ИСПРАВКА:

Во претходниот број 90 на списанието „Штит“, беше направена ненамерна грешка во текстот напишан по повод 1 Март – Денот на Полкот за специјални операции. Имено, во текстот наместо „бригаден генерал Орце Јордев“, стои „полковник Орце Јордев“, за што искрено се извинуваме.

Исто така во претходните два броја 89 и 90 во прилогот „Да се биде припадник на АРМ“, не треба да стои „бенефициран

стаж за сите припадници“, туку „бенефициран стаж за припадници на АРМ“.

Page 5: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

5

Инфо

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски оствари средба со заменик-

командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти Мек Гваер. На средбата беше истакната одличната соработка и партнерство со САД во областа на одбраната, а најзначајна меѓу нив се заедничкото учеството на вежби, како и учеството во мировните мисии. Министерот Јолевски на средбата изрази особено задоволство за можноста за заеднички вежби во Македонија на елитните единици на САД со Полкот за специјални работи на АРМ, активности кои се должат на одлично воспоставената соработка со Командата на специјалните сили на САД во Европа. Генерал-мајор Мек Гваер во оваа прилика ја поздрави одлуката на министерот Јолевски за испраќање на млади офицери кои ќе бидат идните лидери и носители на одлуки во Армијата. Генералот Мек Гваер го информира министерот Јолевски дека и оваа година македонски кадет е примен на Военовоздухопловната академија во Колорадо. Воедно соговорниците изразија подготвеност за натамошно интензивирање на соработката која ќе придонесе за создавање на силна генерација на млади лидери офицери. На средбата стана збор за можностите за искористување на капацитетите на армискиот полигон „Криволак“ и одржување на заеднички вежби на истиот меѓу АРМ и копнените сили на САД.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски учествуваше на конференција во организација на Одбранбениот

колеџ на НАТО во Рим, на тема „Балканските мрежи и стабилноста – поврзување на соработката и човековата безбедност“ На сесијата со која претседавеше министерот Јолевски на тема за интегративните процеси во регионот говореа поранешниот министер за надворешни работи на Р. Словенија, Димитриј Рупел, Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка, Аријан Старова, претседател на Aтлантскиот совет од Тирана и Брук Смит-Виндзор од Дивизијата за истражување на Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим и притоа беше истакнато значењето на интеграција на земјите аспиранти за членство во НАТО од Југоисточна Европа. Говорниците истакнаа дека на членството во Алијансата треба да се гледа од аспект на зачувување и унапредување на регионалната стабилност и безбедност. Министерот Јолевски како претседавач на сесијата посочи дека членството во ЕУ и НАТО е од стратегиско значење за Р. Македонија, но и за Европа. Сите говорниците на Конференцијата истакнаа дека иднината на земјите од Југоисточна Европа е во ЕУ и во НАТО. На Конференцијата беа изнесени мислења и во однос на последните активности во однос на членството на Црна Гора во НАТО и потребата од продолжување на проширувањето на Алијансата со Македонија и Босна и Херцеговина, особено имајќи ја предвид новата геополитичка реалност и предизвиците со актуелната мигрантска криза.

Интеграција на земјите од регионот

Потврдени партнерството и соработката

Министерот за одбрана Зоран Јолевски по повод 70-годишниот јубилеј на пензионерската организација на

Р. Македонија, прими делегација на Сојузот на здруженијата на пензионери на РМ. Претседателот на Сојузот Драги Аргировски го запозна министерот Јолевски со активностите и постигнувањата на најмасовната невладина, неполитичка и мултиетничка пензионерска организација, воедно заблагодарувајќи му се за досегашната успешна соработка и поддршката на Министерството за одбрана и по тој повод му врачи Плакета на СЗПМ. На средбата стана збор за збогатување и проширување на соработката во повеќе области и активности. Беше разгледана и можноста за обезбедување простор за сместување на Здружението во Домот на АРМ. Министерот за одбрана даде ветување дека позитивно ќе се решат барањата на СЗПМ во врска со бесплатното користење на концертната сала во Домот на АРМ за Регионалната ревија на скопските здруженија на пензионери и Републичката ревија на песни, музика и игри, како и користење на Спортскиот рекреативен центар на АРМ за одржување на регионалните спортски натпревари на пензионерите, на кои домаќин е Здружението на воените пензионери.

М.Д.

Плакета за Министерството за одбрана

Министерот Зоран Јолевски на конференција во Рим

Министерот Зоран Јолевски на средба со претставници на СЗПМ

Министерот Зоран Јолевски на средба со Генералот Мек Гваер од Армијата на САД

Page 6: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

6

Борци на различни странски армии, претставници на светски институции, на Црвениот крст, на разни цивилни мисии, авантуристи

и различни транзити и конвои ја допреле Македонија во таа пеколна кланица која историјата ја памети како Прва светска или Голема војна. Имало во целиот тој аранжман и „свест“ и „уметност“, па некој случаен патник или пак професионален писател зафатен со воениот виор, ќе оставел зад себе и писмено сведоштво за тоа што видел, што доживеал и преживеал, овде кај нас на југот од Европа, во времето на „Големата војна“.Хансе Ерке е германски писател и публицист, кој зад себе оставил неколку прозни дела, меѓу кои и романот „Македонка“, кој во својата основна наративна линија е поврзан длабоко со нашата земја Македонија, со нејзините луѓе, традиција и обичаи, што најверојатно се должи на лично искуство за време на војната. Неговиот роман, од денешен аспект, за нас претставува книжевен сведок, кој врамува дел од нашата историјата.На 25 април во свечената сала на „Порта Македонија“, во организација на Министерството за одбрана на Република Македонија, беше презентиран романот „Македонка“ од германскиот автор Ханс

Ерке, преведен на македонски јазик.Амбиенталната сала беше претесна да ги прими сите заинтересирани поканети гости и телевизиски екипи. Навистина технички одлично организиран настан кој низ нарација, видео и фотографска поддршка, успеа во една изворна форма да ни ја претстави суштината на романот и низ малата историска реминисценција да ни укаже на важноста на истиот.Министерот Јолевски потенцираше дека во рамките на прославата на 100-годишнината од Првата светска војна, во соработка со Министерството за одбрана на СР Германија, се случува оваа промоција на романот и потенцираше дека соработката помеѓу двете министерства е одлична и дека и во иднина ќе се случуваат нови проекти.Во своето обраќање министерот за одбрана Зоран Јолевски посочи дека издавањето на книгата на македонски јазик е плод на соработката со Министерството за одбрана на СР Германија и е во рамките на заедничкото одбележување на 100 години од Првата светска војна и заедничките страдања и жртви на сите народи. Во првата светска војна загинале повеќе од 10 милиони луѓе, а близу 20 милиони биле ранети. Тој исто така нагласи дека Министерството за одбрана преку Воениот музеј врши

Промоција

„МАКЕДОНКА“ – германско сведоштво за нашето постоење

Министерот за од одбрана Зоран Јолевски, на промоцијата

на книгата „Македонка“ говореше за сеопфатноста и

важноста на процесите кои ги промовира Министерството за одбрана, а кои се однесуваат на истражувањето на домашни и странски архиви, кои содржат

книжевни елементи во кои е опишано военото минато на нашата земја, гледано

историски преку сите можни периоди. Во тој правец е и

организирана билатералата со релевантни институции од Германија и е дојдено до оваа

непроценлива книга, која отвора содржини кои се навистина

важни за комплетната книжевна ризница на Република

Македонија

Page 7: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

7

постојани истражувања на военото минато на Македонија со особено внимание на настаните, личностите и делата кои ги афирмираат националните вредности на Македонија и Македонците. „За нас од особена важност се препознавањето на заемноста на македонскиот и германскиот народ изразени преку контактите и врските во минатото кои се основа за изградба на денешното пријателство и соработка на сите полиња, а особено во одбраната“, истакна министерот Јолевски во своето обраќање по повод промоцијата на книгата „Македонка“.Сижето на романот е композитно, прецизно. Фасцинациите на авторот од тоа што му се случува на југоисток сепак ги победуваат воените темнини, страдањата и маките. Дислокацијата на германските единици од тогашниот западен фронт на исток, поточно во Македонија, за нив било нешто сосема ново. Во земја која не ја познаваат, со народ за кој гледаат дека постои, за идеали кои само на далеките авторитети им биле познати. Добрата концентрираност на авторот и одличната перцепција му помогнале да го долови битот на тогашниот Македонец, да влезе во неговата фолклористика. Имал прилика да види како изгледа тогаш тој напатен народ, истовремено и како му пркоси на времето, на неволјите, на сите неправди во кои

историската виулица го носела. „Тоа беше танц како оро, мажите и жените се движеа во една линија, а оној кој водеше беше вистински уметник и го водеше орото како змија. По намалувањето на партнерите во орото, Рустлер стана, за да му се придружи на еден осамен танчар. Свиреше и ги водеше низ ритмичните чекори, а по кратко време и другите се приклучија. Дивиот такт ги обзеде сите, играа бргу и одлучно и ги менуваа чекорите. Играа сè додека не беа потполно испотени. Браво, извика едниот од гледачите. Тоа што ние тука го правиме е исто како и во танцот Македонка“.Ова е еден мал сегмент од книгата каде се опишува македонскиот етнофолклор. Главен херој во романот е германскиот војник Малте Бурк. Опишани се и многу односи помеѓу војниците на позиции, воени коти и борбените полиња, се говори и за преубавата девојка од Црвениот крст и симпатиите кон истата. Терминот „Македонка“ овде има полиформно значење и околу него е испреплетена целата загадочност во содржината која од сите страни му се понудува на читателот. Силна историска нишка, во длабината на на нашиот книжевен, национален сеф, кој од „прва линија“ низ туѓи очи, говори за она што нашата почва најдобро го знае.

Митко Василевски

Во нескротливиот виор на Првата светска војна, азбуката на историјата со крв ги пишува моментите на страдања, маки, бури,

кои го оптоварувале нашиот простор, нашата Македонија. На наша почва, не страдале само нашите. Големите војски кои овде

пишувале победи и порази, длабоко во своите воени истории имаат напишано дека некогаш одамна се нашле на една земја,

малку поразлична од нивната, запознале население многу поотворено и потопло од нивното, виделе игри, песни и уметнички обликувани ора во кои учесниците низ синхронизирани движења ја

презентирале сопствената, национална трагедија.

Уште тогаш напишале дека биле во Македонија!

Page 8: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

На прва линија

На 27 јануари оваа година, американскиот претседател Доналд Трамп, согласно неговите предизборни

ветувања за суспендирање на муслиманската миграција, потпиша извршна наредба за забрана на влез во САД на неодредено време за сириските бегалци и забрана на влез на мигранти од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.Со оваа мерка, новата администрацијата на Трамп изгради дефинитивен став за она што според нив се смета за сериозна закана по националната безбедност, закана предизвикана од мигрантите и бегалците кои наоѓаат сигурно засолниште на територијата на САД. Согласно нивните објаснувања во 2016 година, демократиите како САД, не треба свесно да ги отвораат своите

врати, притоа знаејќи дека заедно со мигрантите увезуваат и терористи. Застапниците на овој став, во текот на претседателската кампања на Трамп, тврдеа дека САД не смее да дозволи и мора да ги избегне и превенира терористичките напади кои во последните неколку години ги претрпе Европа. Меѓутоа, САД се различни од европските земји (како на пример Франција, каде што во ноември 2015 година четворица мажи, претставувајќи се како сириски бегалци извршија голем терористички напад во кој беа убиени 130, а повредени 368 луѓе) затоа што оние со терористички намери од Блискиот Исток не можат толку лесно да се инфилтрираат на американско тло. Малиот број на бегалци кои се назначени од страна на ОН за релоцирање во САД, се подложни

Стара закана – нова стратегија!

8

Page 9: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Стара закана – нова стратегија!

на три претходни посебни проверки, три проверки на отпечатоци, две интервјуа и две безбедносни проверки. Сириските кандидати се предмет на дополнителна контрола, во процес кој обично трае помеѓу 18 и 24 месеци.Оттука, не е изненадување што во последниве години, терористичките напади во САД беа во опаѓање. Според базата на податоци за глобалниот тероризам, помеѓу 2001 и 2008 година, се извршени 168 терористички напади на американско тло, со 3010 смртни случаи, од кои 2996 се од нападите на 11 септември. Помеѓу 2009 и 2015 година, се извршени 137 терористички напади на американскотло, во кои 114 лица беа убиени. Во Русија пак, во истиот

период, се извршени 929 терористички напади, шест пати повеќе од САД. Иако поранешниот претседател на САД – Барак Обама, беше критикуван од Трамп поради неговата слабост кон преземање мерки за заштита на националната безбедност, факт е дека во периодот на негово владеење, терористичките активности на американско

тло се намалија. Покрај тоа, двата најсмртоносни терористички напади за време на мандатот на Обама, во Форт Худ, во која загинаа 13 лица и нападот во Сан Бернардино, во кој загинаа 16 лица, беа извршени од страна на американски и пакистански државјани. Бомбашкиот напад на маратонот во Бостон, во кој загинаа три лица, беше извршен од двајца браќа родени во

9

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО САД ИЗВРШЕНИ ОД СТРАНА НА МИЛИТАНТНИ ИСЛАМИСТИ ВО ПЕРИОДОТ ОД ЈАНУАРИ 1993 ГОДИНА ДО ФЕВРУАРИ 2016 ГОДИНА

Идентификувани се 109 обиди за терористички напади кои имале цел да се изврши насилство на територија на САД

во периодот јануари 1993 година – февруари 2016 година

– најголем дел од извршителите биле Американски граѓани (75 %), 3 биле странски борци кои се вратиле во американски и помеѓу нив немало бегалци;

– т.н. „осамени волци“ се исклучително ретки и во повеќе од 20 години, само 9 напади биле извршени од поединци;

– околу 25 % од сите обиди за терористички напади, можат да се препишат на позната терористичка организација;

– поголемиот дел од терористичките заговори - 72 %, биле целосно разоткриени и спречени.

За да се заштитат западните демократии од

милитантната исламистичка идеологија потребна

е голема посветеност, ресурси и време. Но, со правилно воспоставени процедури, ќе се створи

механизам за препознавање на индоктринираните непријатели вклинети помеѓу муслиманите и

немуслиманите

Зачестеност на обиди за извршување терористички напади во САД

број на обидиСо оглед на тоа дека

резултатите се до 2016 година, истото е означено како

пад во бројот

Page 10: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

10

Киргистан и Русија. Извршителите на нападите од 11 септември беа мигранти од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Либан. Ниту една од овие земји не се вклучени во извршната наредба на претседателот на САД.Стравот е природна реакција како одговор на заканата од тероризмот. Но, политиката базирана на страв, специјално насочена кон одредена група на луѓе според нивната религија или регион на потекло можно е да биде контрапродуктивна. Неуспешната интеграција на муслиманските мигранти во Франција, укажува на тоа дека таквата политика долгорочно штети на националната безбедност. Француската исламофобија-

претставува реакција на културните разлики, која ги охрабрува муслиманските мигранти да се повлечат од француското општество, со што дополнително се засилува отуѓувањето на муслиманите од државата.Всушност, неуспехот на француските безбедносни служби во изминатите години, најверојатно се должи на нивниот агресивен пристап кон мигрантите, заплашувачката тактика која не е продуктивна и не овозможува добивање на клучни информации од членовите на муслиманската заедницата за потенцијалните опасности и закани.Проблем се милитантните исламистиСо падот на марксистичката и ленинистичката идеологија,

милитантниот исламизам стана глобална водечка антизападна идеологија. Меѓутоа, со сигурност можеме да потврдиме дека милитантните исламисти сè уште ги немаат предностите во кои уживаа комунистите - тие сè уште немаат балистички проектили и нивната идеологија не е универзално прифатена од муслиманскиот свет. Сепак, бидејќи тие страсно и опсесивно ги презираат западните сојузници, најверојатно денес се рангирани како непријател број еден.За голем број немуслимани, порастот на исламизмот во текот на изминатите четириесет години е синоним за екстремизам, немири, агресија и насилство. Но, проблемот се милитантните исламисти, а не сите муслимани. Умерените антиисламистички муслимани се дел од решението за запирање на милитантната исламистичка идеологија, преку делување со хумани и модерни алтернативни превентивни мерки за сузбивање на исламистичките иделошки цели.Идентификување на милитантните исламисти не е едноставна работа. За да бидат работите уште покомпликувани, милитантните исламисти често знаат да затајат и да бидат поумерени и оние стандардни знаци на препознавање можат да нè однесат во погрешна насока. Во 2007 година во САД е извршена анкета на 50 000 муслимани по прашање на „оправданоста на нападите на 11 септември“. 7 % од нив сметаат дека нападите на 11 септември се „сосема оправдани“, 13,5 % сметаат дека нападите се „во голема мера оправдани“ и 36,6 % сметаат дека

– скоро една петина од сите обиди за напади биле насочени кон главниот град на САД;

– повеќе од една четвртина од сите терористички заговори биле насочени кон државата Њујорк и реонот на Њу Џерси – 30 %;

– во државите Калифорнија, Флорида, Тексас и Илиноис се околу 7 % од терористичките заговори.

Локации

Page 11: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

нападите се „донекаде оправдани“.Која од овие групи би ја дефинирале како исламистичка?!За да се заштитат западните демократии од милитантната исламистичка идеологија потребна е голема посветеност, ресурси и време. Но, со правилно воспоставени процедури, ќе се створи механизам за препознавање на индоктринираните непријатели вклинети помеѓу муслиманите и немуслиманите. Според претходните тврдења, можаме да заклучиме дека клучот за безбедноста на западните демократии е успешна интеграција на разновидната популација која сака да стане продуктивен член на општеството. Ваквата интеграција гради доверба. Со стекнување доверба, новите граѓани

на западните демократски општества ќе бидат понаклонети и подготвени да ги почитуваат законите, отколку да размислуваат за приклонување кон исламистичките екстремистички структури и извршување терористички акти. Њујорк избегна уште еден голем терористички напад поради зацврстување на врските со локалните муслимани без фрустрации за нивниот мигрантски статус. Огромен број на мигранти и бегалци од државите на Блискиот Исток се загрозени од тероризмот, меѓутоа многу од нив биле негови жртви. Игнорирањето на нивната мотивација за негирање на тероризмот, западните држави ги прави помалку безбедни.

д-р Ненад Танески

11

Цели20% цивили и приватна сопственост

Најчести цели: 20% од терористичките обиди се насочени кон цивили и приватна сопственост( или пак овие две категории се најранливи и најподложни на терористички напад).

Воените институции и лица, аеродромите, водухопловите, и владините институции и персонал, следат по зачестеност на терористичките обиди, а по нив доаѓаат цели во транспорт и бизнис секторите.

Спречени терористички обиди, според типот на

интервенција

Набљудување Теренска интервенцијаДојава од соседството

Друга причина

Доушник

Дојава од семејството

Засебна истрага

1,0%

1,0%

3,0%

11,0%

11,0%

33,0%

40,0%

Page 12: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

12

Календарот на свечености во АРМ е во континуитет пополнет. Како редакција сме секогаш присутни на овие свечени и убави моменти

од активностите на АРМ. Секоја единица на АРМ е посебна и функционална на свој специфичен начин. Денот на единицата најчесто е поврзан со некој значаен историски момент поврзан со генезата на единицата. Ние сето тоа го регистрираме и се трудиме преку нашето пишување и видување на настаните да им оставиме мал пишан спомен на сегашните и на идните припадници на единицата да прочитаат и да се потсетат како било на тој ден на свеченоста, како дефилирале единиците и се врачувале пофалби и унапредувања за постигнатото.Овој пат пишуваме за денот на 1.механизирана пешадиска бригада. Недогледно сино небо, пријатен, топол пролетен воздух и мноштво луѓе кои доаѓаат да им укажат чест на домаќините. Цивили и колорит од униформи, не само воени, туку и полициски и на странски воени претставници, локални здруженија од општините кои гравитираат околу касарната, и млади и стари, деца од локалното културно- уметничко друштво во народни носии и помали дечиња кои мафтаа со државните знаменца чекајќи да почне свеченоста. Сите тие направија пријатен амбиент кој најавуваше убава манфестација.

Во присуство на претставници на Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, НГШ, генерал-потполковникот Методија Величковски, ЗНГШ, генерал-мајорот Мухамет Рацај, директорот на ГШ, генерал-мајорот Димче Петровски и останати високи претставници на АРМ, МО, пензионирани поранешни генерали на АРМ и припадници на единицата и многу цивилни авторитети, оваа свеченост ја доби потребната динамика.Командантот на ЗОК како надредена команда во чија формација функционира 1.мпбр, бригадниот генерал Зоран Милески во своето обраќање ги пофали припадниците на единицата, воедно говорејќи за сите предизвици и искушенија пред кои се наоѓа истата, притоа потенцирајќи ја важноста од функционирањето и градењето на еден силен колектив кој и во иднина беспрекорно и успешно ќе се справува со сите работни задачи.Командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, говореше за сите аспекти кои ја карактеризираат единицата, посебно нагласувајќи ги посебните квалификации, истакнувајќи го патриотски набој и љубовта кон професијата кои оваа најголема бригада во структурата на АРМ ја прават посебна. Генералот Ѓоргоски ги потенцираше сите успешни ангжмани од кои голем дел се навистина комплексни и од говорницата им даде признание на

24 часа

НАЈМАСОВНАТА единица на АРМ

31 Март е ден кој го слави најкомплексната единица на АРМ – Првата механизирана

пешадиска бригада. Денот на единицата е определен

со Одлука на Претседателот на Р. Македонија и е

потсетување на денот кога 1.мпбр со достигнувањето на оперативната готовност

ги презеде задачите и одговорностите на двете

поранешни бригади согласно новата организациско-

формациска структура на АРМ

Page 13: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

13

сите потчинети единици кои учествуваат во најобемната активност, сочувувањето на нашата јужна граница пред големиот миграциски бран на бегалци кој во суштина беше опасен и генерално по стабилноста на државата, како и на оние кои учествуваат во мировните мисии надвор од нашите државни граници и на достоинствен начин, секогаш постигнувајќи одлични резултати во извршувањето на мисијата, ја претставуваат нашата држава и нејзината армија.Како и на секоја ваква свеченост, како што налага програмата, концептот е секогаш да биде промовирана најдобра единица и да бидат пофалени и унапредени и единици и поединци од оваа единица. Овој пат како најдобра во рамките на 1.мпбр, беше прогласена 4. минофрлачка батерија од 4. механизиран пешадиски баталјон, како функционално најдобра единица и одликувањето со посебна гордост го прими нивен претставник и свечено го подигна на бината пред сите присутни. Беа доделени стимулативни мерки и унапредувања како мотивациска мерка за сите уште повеќе да ја унапредуваат професијата и оперативното ниво на Бригадата.Построените ешалони од сите потчинети единици свечено дефилираа пред присутните. Секоја со своето знаме го газеше строевиот чекор, беспрекорно. Со поддршка од Воениот оркестар, за секоја единица, за нејзините специфики, активности и постигнати резултати се

кажуваше од бината. Навистина извонредна можност, најзаинтересираните да се запознаат со сите перформанси и можности на оваа најголема единица во форматот на нашата армија. Кога заминаа ешалоните и кога свечено беше испратено државното знаме, организаторот ги повика присутните на тактичко - технички збор , кој навистина беше атрактивен за окото на секој од присутните. Колони од гости меѓу кои предничеа најмладите беа фасцинирани од борбените орудија со кои располага Првата механизирана пешадиска бригада

на АРМ. Од снајперот „Црна стрела“, преку оклопните транспортери и тенкот како највлијателен дел од понуденото, кој некои од присутните прв пат имаа прилика да го видат одблизу. Навистина силна техника беше изложена и покрај истата се фотографираше од мобилните телефони,3 а најмалите гости влегуваа и во внатрешноста на оклопната механизација, да имаат еден мал спомен кој можеби еден ден и ќе биде пресуден во изборот на нивната идна професија. Навистина издржана и вешто концепирана свеченост која не ги остави рамнодушни присутните. Можеби и најдолга програмски барем откако јас водам дел од сличните активности како новинар во редакцијата „ Штит“, што е и логично со оглед на габаритот на самата единица која опфаќа најголем дел во содржината на нашата армија. На припадниците на Првата механизирана пешадиска бригада им посакаваме многу успех и во иднина, во мир да ги извршуваат своите обемни активност, да ги следи добро здравје и во сите светски мисии кај и да се наоѓаат да се враќаат со најголеми одликувања и гордо да ја носат униформата на нашата армија, да ги афиормираат човечките вредности и во благородноста на војничкиот позив да обезбедат пристоен живот и за себе и за своите семејства.А, ние и во иднина ќе пишуваме за сите настани и свечености на нашата армија.

Митко Василевски

Ден на Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ

Page 14: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

МАКЕДОНСКИТЕ „ВОЛЦИ“ успешни на меѓународната вежба „Allied Spirit VI“

Припадници на Армијата на Република Македонија од составот на Полкот за специјални операции во

период од 15 до 27 март во Хохенфелс, Германија, на меѓународната вежба „Allied Spirit VI“, уште еднаш во најдобро светло ја презентираа својата обученост и интеробилноста со стандардите на НАТО партнерските армии. Македонските „волци“ во извонредно реални вежбовни услови на полигон од околу 200 квадратни километри, со изработени населени места и професионални статисти, преку спроведување на директни акции, специјално извидување и синхронизирано воено асистирање, соработка со цивилно население, собирање информации и откривање и

уништување на уфрлени диверзантски групи во зоната на операции извежбуваа тактики, техники и процедури од областа на неконвенционалното војување. Два борбени тимови од Баталјонот за специјални намени (бСН), организирани како Македонски борбени елементи за специјални операции (БЕСО) заедно со по еден британски и американски специјален тим, формираа Мултинационална борбена група за специјални операции (БГСО) предводена од команден елемент од Република Естонија.Синхронизација и вгнездување на активностите со конвенционалните сили вршеше Оперативната команда за специјални операции (ОКСО), во која исто како и во командата на Борбената група за специјални операции, беа

Припадници на Армијата на Република Македонија

од составот на Полкот за специјални операции, поточно од Баталјонот за специјални намени

во рамките на вежбата „Allied Spirit VI“, уште

еднаш во најдобро светло ја презентираа својата

обученост и интеробилноста со стандардите на НАТО

партнерските армии

24 часа

14

Page 15: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

вклучени штабни елементи од Полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија. Со извршување на овие сложени операции кои се вон можностите на конвенционалните сили, оперативната команда преку Мултинационална борбена група за специјални операции (БГСО) и нејзините тимови успешно ги поддржаа дефанзивните и офанзивните операции на Летонската бригада.Одговорен за оценување на целите на вежбата и севкупната интеграцијата на специјалните операции беше сертифициран оценувачки тим во кој учествуваа четири припадници од Баталјонот за специјални операции (бСН). Оваа вежба исто така врши помош во градењето на капацитетите на Полкот за специјални операции за формирање

на сопствена Мултинационална борбена група за специјални операции БГСО, што во иднина би била декларирана како партнерска цел.Вежбата „Allied Spirit VI“ е една од многуте досега во која припадниците на АРМ од единицата на Баталјонот за специјални намени „волци“ со својата стручност, професионалност и храброст го даваат својот придонес во интегративните процеси на АРМ во структурите на НАТО. На меѓународната вежба „Allied Spirit VI“, во организација на Командата на Армијата на САД за Европа учествуваа околу 2770 припадници на армиите на САД, Македонија, Канада, Чешка, Унгарија, Словенија, Италија, Германија, Франција, Естонија, Летонија и Холандија.

Македонските „волци“ преку спроведување на директни

акции, специјално извидување и синхронизирано воено асистирање, соработка со цивилно население,

собирање информации и откривање и уништување на уфрлени диверзантски

групи во зоната на операции извежбуваа тактики, техники и процедури од областа на

неконвенционалното војување

15

Page 16: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

16

Јубилеи

Министерството за одбрана и Евроатлантскиот совет на РМ организираа настан на кој се одбележа 68-годишнината од

формирањето на НАТО. Како и секоја година и оваа Домот на АРМ беше домаќин на оваа свеченост на која високи авторитети во државата и странски амбасадори говореа за значењето на оваа светска и најмоќна воена организација, за нејзините корелации со нашата држава, за стремежот и исполнетите услови да бидеме дел од неа и за субјективните бариери кои се јавуваат на тој пат кон полноправно членство.

Во присуство на амбасадорот на САД во РМ, Џес Бејли, на Р. Хрватска, Даниејла Баришиќ, амбасадорот на Шпанија, Рамон Абароа Каранца, претседателот на Евроатлантскиот совет за Македонија, Исмет Рамадани, бизнисменот Трифун Костовски и многу присутни во салата, свое обраќање имаше министерот за Одбрана на Р. Македонија, Зоран Јолевски.Министерот Јолевски во едно доста колоритно обраќање опфати повеќе теми кои директно ја откриваат корелацијата на Министерството за одбрана и АРМ со структурата на НАТО, притоа потенцирајќи

ги сите видови на соработка, до сега сработените заеднички агенди и сите потенцијални содржини во најава, кои во иднина АРМ и Република Македонија треба да ги направат полноправен и неодминлив дел од големото семејство на НАТО. Министерот Јолевски говореше и за модернизацијата на АРМ, за одлуката донесена како резултат на голема доверба кон АРМ, седиштето на SEEBRIG- бригадата за Југоситочна Европа,од 2020 до 2027 година да биде стационирана во Република Македонија. Министерот говореше за сите регионални и континентални иницијативи кои се под патронат на НАТО, ЕУ или ООН , во кои соработуваме како министерство и армија и за сите резултати кои ги постигнуваме во правец на тие наши силни ангажмани кои се највисоко оценети од сите релевантни меѓународни фактори.Претседателот на Евроатлантскиот совет- Исмет Рамадани изрази голема благодарност за сите кои со години учествуваат во работата на Советот и на свој начин го помагаат истиот а во инспиративен говор поранешниот градоначалник на Скопје и голем атлантист, Трифун Костовски, ја отвори и темата за ирационалноста на Грција кон самиот влез на Македонија во НАТО, наведувајќи ја како сосема беспотребна која многу нè чини како држава.

Митко Василевски

4 Април – Ден на НАТО

Во Домот на АРМ свечено одбележана 68-годишнината

од постоењето на НАТО

Page 17: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

17

Автоматот „Стен“ (англ. STEN, Sten gun) бил дел од фамилијата на британски автомати со калибар 9 x 19mm - Парабелум, во широка

употреба во единиците на британската војска и армиите на Комонвелтот во Втората светска војна и во Корејската војна, како и во многу други армии и герилски групи ширум светот. Останал забележен по едноставната конструкција и многу ниските трошоци на производство, што го правело идеално оружје на разните движења на отпор и востанички групи. Името „Стен“ е кратенка од имињата

на главните конструктори, на мајорот Реџиналд В. Шепард и Харолд Тарпин, и буквите „ен“ кои ја означувале Кралската фабрика за мало оружје од Енфилд (англ. Royal Small Arms Factory Enfield). За време на Втората светска војна се произведени преку четири милиони парчиња автомати „Стен“ во различни верзии. Автоматот „Стен“ настанал додека Обединетото Кралство било ангажирано во битката за Британија и соочена со сериозната можност од германска инвазија. Војската била принудена да го надомести оружјето изгубено при евакуацијата од Денкерк,

Автомат „Стен“

Вооружување

Груб, грд, ефикасен

Во време на војна, способноста да се

импровизира, особено во развојот на оружјето,

често е од клучно значење за успехот на земјата.

Приказната за британскиот автомат „Стен“ е добар

пример за тоа

Page 18: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

18

истовремено сакајќи да ја зголеми и количината на автоматско оружје. Пред 1941 година, а во извесна мерка и подоцна, Британците ги купувале во САД сите автомати „Томпсон“ до кои можеле да дојдат, но побарувачката наголемо ја надминувала понудата, така што не биле ни блиску во можност да ги задоволат своите потреби за оружје. По влегувањето на САД во војна, кон крајот на 1941 година, побарувачката за автоматите „Томпсон“ била уште повеќе зголемена. Со цел итно да се пополнат единиците со автоматско оружје, на Кралската фабрика за мало оружје од лондонското предградие Енфилд добила задача да произведат алетернатива. Конструкцијата на оружјето му била дадена на мајорот Реџиналд Шепард, инспектор за оружје во Одделението за проектирање на Министерството за снабдување и на Харолд Терпин, технички цртач во Проектантското одделение на Кралската

фабрика за мало оружје од Енфилд. Шепард, кој претходно бил пензиониран, бил вратен во активна служба за потребите на конструкцијата на новото оружје.Одредени конструкциски карактеристики, како што е полнењето со рамка за муниција од страна, автоматот „Стен“ ги делел со автоматот „Ланчестер“ кој бил веќе во употреба во Кралската морнарица и Кралското воздухопловство. „Ланчестер“ бил директна копија на германскиот МП28 и во поглед на изработката бил сосема поинакво оружје изработено од висококвалитетни материјали. Тој бил изработуван со машинска обработка и претставувал остар контраст во споредба со автоматот “Стен“. Рамките за муниција на „Ланчестер“ одговарале за „Стен“ и обратно, иако за „Ланчестер“ биле подолги и со поголем капацитет, од 50, додека за „Стен“ биле помали, од 32 куршума. Во согласност со конструкциските барања, Шепард и Терпин го проектирале „Стен“

така што да биде изработуван главно со пресување и заварување, што било минимум во однос на скапата и сложена машинска обработка. Тоа овозможило голем дел од производството да се врши во различни фабрики и мали работилници, а склопувањето се вршело во фабриката во Енфилд. Едноставната технологија на изработка овозможувала брза обука на работната сила и пренамена на постројките предвидени за други намени. По извршените проби, автоматот бил сериски произведуван и воведен во вооружувањето под името „Машински карабин „Стен“ 9 mm“ (англ. Carbine, machine, STEN 9 mm).Во текот на самото производство, конструкцијата дополнително била поедноставувана. Најпростиот и основен модел, МК III, се произведувал за само пет работни часови. Некои од наједноставните верзии се состоеле од само 47 делови. Автоматот „Стен“ станал препознатлив по својот карактеристичен изглед: цевка со кундак во вид на метална рамка и хоризонтална рамка за муниција. Во текот на војната, „Стен“ бил постојано унапредуван на различни начини. На пример, кај верзијата МК IV, рачката на затворачот била така изработена да

може да го закочи затворачот и да ја спречи можноста од случајно испукување, што бил недостаток на првобитната конструкција. Поголемиот број на промени биле помалку очигледни и овозможувале полесно производство и ја зголемувале сигурноста на оружјето. Автоматите “Стен“, произведени кон крајот на 1942 година и подоцна претставувале многу ефикасно оружје, иако забелешките на случајното испукување продолжиле да пристигнуваат сè до крајот на војната. Производството било толку ефтино и едноставно, што дури и Германците произведувале своја верзија на „Стен“ која носела ознака МП 3008.Автоматот “Стен“ во британските

Најпростиот и основен модел, МК III, се произведувал за само пет работни часови.

Некои од наједноставните верзии се состоеле од само 47 делови. Автоматот „Стен“

станал препознатлив по својот карактеристичен изглед: цевка со кундак

во вид на метална рамка и хоризонтална рамка

за муниција. Во текот на војната, „Стен“ бил постојано

унапредуван

Page 19: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

вооружени сили од 1953 година постепено бил заменуван со автоматот „Стерлинг“, за да биде потполно повлечен од употреба во средината на шеесеттите години на минатиот век. „Стен“ е автомат кој работи на принципот на повратно дејство на затворачот. Пука од отворен затворач и има фиксирана ударна игла на челото на затворачот. Тоа значи дека затворачот останува во задна положба кога оружјето е репетирано, а при притискањето на чкрапалото се движи напред под притисок на повратната пружина, зема куршум од рамката за муниција, го воведува во цевката и врши испукување со едно непрекинато движење. Затворачот нема механизам за забравување, а движењето на затворачот наназад, поради повратното движење, го запира само повратната пружина и сопствената инерција. Основните принципи на дејството се слични како кај многуте модели од тоа време, како што се германскиот МП 40, советскиот ППш 41 и многу други. Сите автомати од овој тип делеле слични позитивности и негативности. Оружјето било едноставно и ефтино за производство и значително ја зголемувало огнената моќ на пешадиските единици на мали растојанија. Тоа било од особено значење кога се знае дека во тоа време основно оружје на пешадијата била репетирка која била во состојба да испука максимално петнаест куршуми во минута и не била соодветна за борба на мали растојанија. Сепак, пукањето од отворен затворач и пиштолската муниција значително ја ограничувале прецизноста, па кај повеќето автомати максималниот ефикасен дострел бил околу сто метри.До застои доаѓало поради повеќе проблеми. Некои биле последица на лошото одржување и се јавуваат кај секое оружје од овој тип, додека пак други биле карактеристични само за автоматот „Стен“. Создавањето на наслаги од саѓи на челото на затворачот или струготините настанати при движењето на затворачот можеле да доведат до застој при испукувањето, додека валканото лежиште на куршумот можело да доведе до застој при полнењето. Држењето на „Стен“ за рамката за муниција при пукањето го менува аголот на воведување на куршумот, исто така

доведувало до застој во полнењето. Затоа „Стен“ правилно требало да се држи како пушка, со левата рака околу навлаката на цевката. Дополнителни проблеми правела рамката за муниција која била директна копија на германската рамка за муниција за автоматот МП 38. Тоа било направено смислено, со цел во борбени ситуации да се овозможи користење на германските рамки за муниција. За несреќа, оваа одлука придонела рамката за муниција за „Стен“ да ги наследи сите недостатоци на германската рамка за муниција. Рамката за муниција функционирала така што два реда куршуми со калибар 9 mm на врвот

се соединуваат во еден ред. Тоа имало за последица каква било нечистотија или туѓо тело при врвот на рамката да може доведат до застој во полнењето. Покрај тоа, усните на рамката трпат полно оптоварување на куршумите кои ги турка пружината, што заедно со грубото ракување може да доведе до нивни деформации и неизбежни застои при полнењето. Усните на рамката за муниција мора да бидат под агол од точно 8° за оружјето да функционира. Современите рамки за муниција со калибар 9 mm, што подоцна е применето кај автоматот „Стерлинг“, се закривени и земаат наизменично по куршум од секоја страна, за да се избегне овој проблем. Во случај на заглавување на куршум во рамката за муниција од автоматот „Стен“,

стандардна практика била корисникот да ја извади рамката, да ја удри со нејзиното дно од своето колено, да ја врати, повторно да репетира и да продолжи со гаѓањето. Засекот на бочната страна на сандакот по кој се движела рачката на затворачот исто така бил предмет на критики, бидејќи долгиот отвор претставувал потенцијална

опасност за влегување на туѓи тела. Од друга страна, минималистичката конструкција на „Стен“ имала исклучителна погодност за пукање без потреба од подмачкување. Тоа се покажало како исклучително корисно во пустинските дејства, каде маслото за подмачкување во оружјето привлекувало и задржувало прашина и песок, доведувајќи до застои и дефекти кај другите модели на вооружување. Концептот на отворен затворач во комбинација со ефтината изработка и најосновната кочница го правело оружјето да биде склон кон

случајни испукувања, што се покажало како исклучително опасно. Додека затворачот е во задна положба, можно е да се закочи со префрлување на рачката нагоре и на напред, во другиот прорез на бочната страна на сандакот. Сепак, доколку “Стен“ со затворачот во предна положба би бил испуштен на кундак, или ако кундакот удри во цврст предмет, затворачот од инерцијата би добил доволно јако повратно дејство да може да уфрли куршум во цевката, а притисокот на пружината би бил доволен да дојде до испукување. Кај моделот Мк IV, рачката на затворачот била конструирана

така да го оневозможи ова, со кочење на затворачот во предна положба и го оневозможува неговото движење. Сепак, поради абење на оружјето и толеранцијата при изработката, оваа кочница често била неефикасна. Автоматите “Стен“ се произведувани во неколку основни верзии и изработени се приближно 4.500.000 парчиња. Верзијата Мк I имала ограничена борбена примена, а скоро половина од прозведените примероци биле од верзијата Мк II.Автоматот „Стен“ бил посакувано оружје заради неговата ефикасност, особеност, едноставната и груба изработка и затоа има важно место во историјата на оружјето но и во историјата на војните.

Александар Стојчевски

19

Сите автомати од овој тип делеле слични позитивности и негативности. Оружјето било едноставно и ефтино

за производство и значително ја зголемувало огнената моќ на пешадиските единици на мали растојанија. Тоа

било од особено значење кога се знае дека во тоа време основно оружје на пешадијата била репетирка која била во состојба да испука максимално петнаест куршуми во

минута и не била соодветна за борба на мали растојанија

Page 20: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

20

Преземањето на стражарското обезбедување и подигањето на знамето на Република Македонија на јарболот во касарната

„Илинден“ на 26 март 1992 година, претставува започнување на последниот чин на формирањето на АРМ и преземање на целокупната контрола на целата територијата на Република Македонија со своја армија. Кога веќе следниот ден на 27 март по неповратното заминување на последниот војник на ЈНА, се создале услови, веќе на 28 март Генералштабот на АРМ започнува со раководењето на АРМ и подготовките на понатамошните чекори. Токму тој датум е одбран како број на воената пошта на Генералштабот кој се применува и денес, односно ВП 2803, но таа сторија заслужува посебно внимание, за која исто така ќе дадеме посебен осврт.Во касарната „Илинден“ се одржа воена свеченост по овој повод и овој ден припадниците на единиците на АРМ сместени во оваа касарна го обележаа со гордост, воедно давајќи им признание

на сите генерации кои имаат дадено свој придонес за ова што денес претставува АРМ. По пречекот на државното знаме и Знаменосниот вод, пред ешалоните краток историски осврт даде командантот на Полкот за специјални

Армијата на РепубликаМакедонија со организирање

на овие активности со коиго одбележува својот 25

роденден, покажува дека соособена гордост ги негува

традициите и искажува честкон сите поранешни и сегашни

припадници на АРМ кои совткаена љубов кон татковинатапридонесоа и придонесуваат запостигнување на она што денес

претставува АРМ

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕсимбол на независноста на РМ

Page 21: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

операции и сегашен командант на касарната бригаден генерал Орце Јордев. Присуството на бината на првиот командант на касарната, командирот на стражата која го преземала обезбедувањето и војникот кој за првпат го кренал знамето на Република Македонија на јарболот во касарната, придонесоа за доловување на тие значајни моменти за АРМ. Сведоците на настанот по врачувањето од страна на генералот

Јордев на благодарниците од НГШ на АРМ, не ги криеја чувствата кога преку медиумите ги споделија со јавноста своите сеќавања на тој турбулентен период кога АРМ ја отпочинуваше својата успешна приказна. Првиот командант на касарната, тогаш со чин потполковник, Гене Станојковски се присети дека тогаш за кратко време старешините посебно се посветиле на приемот на првите регрути кои веднаш после дадената свечена обврска започнале со извршување на првата задача за обезбедување на границата кон тогашната СР Југославија.И првиот командантот на стражата во касарната, Јанче Андоновски, и Жаклина Поповска припадник на тогашната Територијална одбрана на Општина Чаир, која прва го кренала македонското знаме во касарната, кажаа дека се особено горди што биле дел од тој настан кој никогаш нема да го заборават.Армијата на Република Македонија со организирање на овие активности со кои го одбележува својот 25 роденден, покажува дека со особена гордост ги негува традициите и искажува чест кон сите поранешни и сегашни припадници на АРМ кои со вткаена љубов кон татковината допринесоа и допринесуваат за постигнување на она што денес претставува АРМ.

Тони Јаневски

Армијата на Република Македонија, одбележувајќи ги истакнатите настани од својата историја кои го претставуваат почетокот на нејзините први самостојни чекори, со воена

свеченост го одбележа денот на преземањето на касарната

„Илинден“, последниот и најголемиот воен објект во Република Македонија, од некогашната ЈНА пред 25

години

За Македонија и за АРМ

Силен и од срце избликнат трепет за татковината, за родната грутка, со љубов исткаен во

стихови, не остави рамнодушен ниту еден од присутните на неодамна одржаниот јубилеј „25 години од преземењето на караулата „Рамна Нива“ кај Крива Паланка.Стиховите на младата дванаесетгодишна поетеса, Лина Рангелова, ученик во VII-1 одделение, во ООУ „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка. од песната создадена тематски, по повод споменатиот јубилеј, се недвојбено изблик на жарта што тлее во секое македонско срце и ревносна желба да се искаже љубовта кон сопствената држава. Овие стихови се показател дека секој кој се родил во Македонија и е воспитуван во духот на верата, надежта и љубовта, како во ковчеже скапоцено со катинар заклучено за навек ја негува и носи со себе македонската кауза и македонското патриотско чувство. Во оваа пригода тоа беше повеќе од песна, тоа беше ода на татковината и на Армијата на Република Македонија. МАКЕДОНИЈО,Татковино земјо моја,за тебе крвта низ векови се лее,за сите нас сонцето силно да грее.

Македонска крвтече во вените наши,Македонијо,земјо мојатебе ништо не те плаши. Ти си била во клети ропства разни,за тебе бабите и дедовцитераскажуваат сказни. Низ векови свои те предавааи твоите храби синовиво гроб ги ставаа,а за возврат злато им даваа. Проклет да е сјајот на златниците,ништо од пород да немаатпредавниците. Македонијо,ќе живееш вечноти раѓаш синови хероитебе што силно те љубати за тебе се спремни и живот да изгубат. Ти имаш армија силна,армија смела,која ќе ги чува и штититвоите дела. И денес пред предизвик нов си,биди храбра не давај да згасне

името твое,остави го на поколението свое.

Ирена Белешковска

Page 22: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

22

Одбраната на Европското војувалиштето со конвенционални сили е доста сложена, посебно ако се има

во вид неговата голема осетливост од пресечување во деловите со мала длабочина. Една од негативните страни на посебното војувалиште на НАТО е доста неправилниот просторен распоред на воениот потенцијал, бидејќи главните урбано-економски и демографски ресурси се разместени во централниот дел и на доста мал простор, додека на крилата воените потенцијали се дисперзирани, со поголема концентрација во крајниот југоисточен дел. Во која било варијанта на светска војна (нуклеарна или класична) најосетлив дел од посебното војувалиште на НАТО е централниот дел посебно урбано-индустриските области источно од Рајна. Исто така, треба да се знае дека осетливоста на ова војувалиште ја зголемува и неговата транспортна зависност од надворешните прекуокеански логистички региони. Поволна страна на

ЕВРОПСКИ ВОИШТА во рамките на Европското војувалиште

Глобал

Page 23: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

23

ова војувалиште е што ги покрива сите морски излези од Европа кон топлите мориња. Позитивна страна му е што може да се послужи како добар мостобран за прифаќање на големи сили кои би се доведувале од запад. Исто така, позитивна страна му е што во полукружен облик ги опфаќа останатите војувалишта и што на крилните простори преовладува планински терен.

Арктичко воиштеОва воиште ги зафаќа најсеверните делови од европското копно кои се наоѓаат северно од Поларниот круг, односно акваторијата со островите и полуостровите во Бело и Баренцово Море и областите од Северниот пол. Тоа има периферна географска положба, но од оперативно-стратегиски аспект има значајна улога, бидејќи преку него водат најкусите воздушни, морски и телекомуникациски правци помеѓу САД и Русија како две суперсили најзаинтересирани за Европското војувалиште. Поради

стабилноста на атмосферата, овие патишта и простори се најпогодни како за воздушни така и за ракетни, потоа електронски и други дејства.Неговата улога се зголемува и со тоа што низ него води единствениот пат за излез на беломорската руска флота на Атлантскиот Океан. Како дел од зголемениот интернационален интерес во регионот, Норвешка, Русија, Данска и ЕУ ги обновија нивните регионални политика преку презентирање на стратешки документи за Арктикот во периодот од 2006 до 2009 година. САД, исто така, во 2007 започнаа со изработка на политички директива за Арктик. Вклучувајќи повеќе министерства и индивидуи, финалниот документ беше потпишан во јануари, 2009 година. Тоа се одрази преку зголемено внимание на САД за регионот и посистематска политика. Покрај тоа што го адресира поширокиот Арктички регион, оваа директива, исто така, има импликации и за политиката на САД кон европскиот Арктик. Од аспект на безбедносната политика е истакнато дека САД „имаат широк и фундаментален национален интерес во Арктикот и се подготвени да оперираат независно или во соработка со други држави во сферата на остварувањето на интересите“, потенцирајќи дека потенцијални дејствија во тој регион кои не се во склоп со националните интереси на САД преставуваат закана за нивната

националната безбедност. Како заклучок може да се каже дека Арктичкото воиште е доста важно за НАТО, а посебно за САД, а потоа за Русија и нордиските држави. Сите наведени субјекти имаат свои интереси врз просторот на ова можно општо воиште. Посебно нордиските земји чии територии се најблизу до овој простор се чувствителни на состојбите во него, бидејќи тие директно

се одразуваат врз нивната безбедност.

Северноатлантско воиштеОва воиште е поморско и периферно во однос на европското копно и во зависност од ситуацијата со својот поголем дел може да припаѓа кон Европското или кон Северноамериканското војувалиште. Тоа се простира приближно од северниот повратник до Северниот поларен круг. Од копнените делови поважни се: Исланд, Португалија и атлантските приморја на северозападна Африка и Европа. Ова воиште има првенствено транзитна и кохезиона улога помеѓу посебното воиште на НАТО и Северна Америка. Може да послужи како погодна поморска стратегиска основа за собирање и насочување на сили заради дејства на европското копно од север или од југ, но и за насочување на големи сили кон Централноевропското воиште во случај на општа офанзива од запад, а исто така и во офанзива од исток може да има слична улога. Според својот капацитет ова воиште

Европското војувалиште е просторот што го опфаќа

севкупното европско копно, внатрешните и рабните мориња со делови од

океанската акваторија заедно со островите и воздушниот

простор над копното и морето. Во просторна

смисла ова војувалиште покрај централниот го

зафаќа западниот, јужниот и југоисточниот дел од Европа

Page 24: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

може да ги прими главните сили на НАТО и на Русија и други европски држави. Главни военостратегиски објекти во зоната на ова воиште се: северноатлантскиот поморски пат, атлантските брегови од Европа, Северна Америка, Исланд, Гренланд и островите Бермуди, Азори, Фарските Острови и др.

Северноевропско воиштеОва воиште е крилно копнено воиште кои го сочинуваат Скандинавскиот Полуостров, Балтичкото Море, полуостровот Јиланд (Данска), Финска, Литванија, Естонија, Летонија и северниот европски дел на Русија. Преку него водат најкусите логистички врски меѓу Централноевропското воиште и американската територија. Ова воиште ја зафаќа скоро половината должина на евентуалниот фронт кој би се формирал долж линијата што го раздвојува посебното боиште на НАТО од една и посебните боиште на останатите држави кои се граничат со земјите-членки на НАТО. Исто така, излегувањето на балтичката и делумно беломорската руска флота во водите на Атлантикот е тесно поврзано со состојбите на ова воиште. Според својата положба погодно е за преземање потребни

маневри кон одделни простори во Централноевропското воиште. Тежиштето на борбените дејства поради релјефот и студената клима би се изразувало преку ракетни, воздухопловни и електронски дејства. Главни военогеографски објекти се: скандинавските и балтичките бази, поширокиот реон на Санкт Петерсбург, пловниот канал меѓу Финскиот Залив и Белото Море, мореузите Скагерак и Категат со полуостровот Јиланд и јужниот шпиц на Скандинавскиот Полуостров. Може да се заклучи дека овој простор уште во почетокот на поширок воен судир на европското војувалиште ќе биде простор на жестоки борбени дејства заради потреба од штитење на десната страна за силите кои ќе дејствуваат од исток или заради проширување и зацврстување на позициите на НАТО во северните европски простори. Сепак, општо гледано, ова воиште има помошна улога во однос на Централноевропското воиште.

Централноевропско воиштеОва воиште го зазема централниот појас на Европа во зафат на оската Париз - Берлин - Варшава - Москва. Се простира од гребените на Алпите и Карпатите, па до бреговите на Северното

и Балтичкото Море на север и понатаму кон вододелницата на европските води кои течат кон север односно југ. Во него влегуваат и британските острови, Западна Европа и евентуално Пиринејскиот Полуостров зависно од стратегиската ситуација. Ова воиште е многу издолжено во насока југозапад-североисток, а неговата широчина која во висината на Москва изнесува околу 1500 км нагло се смалува одејќи кон запад, така што тоа на линијата Краков – устие на Висла изнесува околу 500 км, а на линијата Бискајски-Лионски Залив таа изнесува само околу 350 км. Дејствата во зоната на ова воиште од исток кон запад би имале конвергентни насоки со што во голема мерка ќе се зголемуваат борбените потенцијали на обете страни сметано по единица површина. Централноевропското воиште е најважниот оперативно-стратегиски простор од Европското војувалиште, бидејќи во овој простор се наоѓаат најголемиот број на моќни економски, демографски, сообраќајни и административни центри од Европското војувалиште. Од историско-политички аспект, на овој простор се наоѓаат и државите кои отсекогаш се бореле за доминација во Европа: Англија, Франција,

24

Европското војувалиште е вклештено помеѓу морињата на запад и огромното копно

на исток кое припаѓа на Русија и другите посебни

војувалишта на државите кои не се членки на НАТО. Има

неповолна релјефна структура, бидејќи е испресечено со

голем број планински венци. Големата развлеченост го усложнува командувањето и стратегискиот распоред

на трупите, поради што северното и јужното крило се доста зависни од поморскиот

транспорт кој е доста бавен. На голем дел од војувалиштето нема потребна длабочина. Одејќи од исток кон запад,

просторот сè повеќе се стеснува, со што при општа

офанзива од исток нагло се смалува капацитетот на

фронтот за двете страни во евентуален судир, за што треба

да се води сметка

Page 25: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

25

Германија и Русија, што има и одредени индиректни рефлексии и кон соседното Јужноевропско воиште во кој простор се наоѓа и Република Македонија. Во нуклеарна смила ова воиште претставува најосетлив дел од светот поради споменатата сеопшта концентрација на воени, материјални и демографски ресурси. Како најважни просторни објекти во ова воиште се истакнуваат Лондон, Париз, Брисел, Рурската област, Чешка, Берлин, Варшава, Москва и др. Од овие причини ситуацијата на ова воиште (посебно катастрофалните последици кои се очекуваат при евентуална употреба на нуклеарен почетен удар) би имала силно влијание врз постапките и исходот на останатите воишта. Военогеографската положба и значењето на Централноевропското воиште упатува на заклучокот дека тоа е главно воиште на Европското војувалиште. Овој заклучок се базира и на погодноста на просторните услови за употреба на сите видови и родови на ВС и на сите современи конвенционални и неконвенционални борбени средства и техники. Во однос на приоритетот за извршување на нуклеарни удари врз одделни простори ова воиште е на прво место со исклучок само на некои посебни стратегиски објекти во длабочината на територијата на САД и Русија.

Средоземно воиштеОва воиште го зафаќа просторот на Средоземјето во потесна смисла и тоа: Средоземно Море, сите острови, сите рабни мориња, крајбрежјата и приморијата заедно со сите поморски и воздухопловни бази. Поради малата широчина, Апенинскиот и јужниот дел на Балканот припаѓаат истовремено кој Јужноевропското и кон Средоземното воиште. Поради многу важната геостратегиска положба, големината и значењето што го има Средоземното воиште често пати се класифицира и како засебно Средоземно поморско војувалиште. Сепак овој простор повеќе се смета како внатрешно поморско воиште во рамките на Европското војувалиште, бидејќи во потполност влегува во европското копно. Тоа заедно со Јужноевропското воиште и силите кои се разместени во тој простор ги сочинуваат јужното крило на посебното воиште на НАТО и посебните војувалишта на државите од регионот на Средоземјето кои не се членки на овој Сојуз. Ова воиште има исклучително важна геостратегиска положба. Неговата значајна улога не само што е потврдувана во двете светски војни, туку и во повоениот период таа уште повеќе е зголемена. Друга важна карактеристика на ова воиште е неговата затвореност и длабока вовлеченост меѓу копното на Европа, Африка и Азија и постоењето на двата строго контролирани излези на отворените мориња –

Гибралтарскиот Мореуз и Суецкиот Канал. Затвореноста и насоченоста на интерните поморски патишта е исто така специфична за ова воиште. Постојат само неколку сувоземни погодни проодни коридори низ кои водат и можните стратегиски правци на дејства и тоа во зафатот на долините на Рона, По, Вардар со Морава. Нил и други помали и тешко проодни правци.Ова воиште има голема интервоишна интегративна улога во рамките на Европското војувалиште, бидејќи се наоѓа во непосреден контакт со најголем број од европските воишта, а со останатите има директни поморски комуникации.Најважни просторни објекти на Средоземното поморско воиште се подрачјата на: Гибралтар, Сицилијанско-тунискиот Премин, Отрантската Врата, просторот Атина – Крит- Родос, мореузите Босфор и Дарданели, како и просторот помеѓу делтата на Нил – Суецки Канал – Кипар. Долж целото Средоземно Море, почнувајќи од Гибралтар кон Суец минува напореднички насочениот стратегиски поморски правец, од кој кон север и југ низ поважните рабни мориња водат голем број операциски поморско-копнени правци чии крилни тактички правци би опфаќале дејства на воздухопловни, поморски и копнени сили.

Д-р Мухамет Рацај, Сашо Јанев

Централноевропското воиште е најважниот оперативно-

стратегиски простор од европското војувалиште, бидејќи во овој простор се наоѓаат најголемиот

број на моќни економски, демографски, сообраќајни и административни центри од европското војувалиште. Од историско-политички апсект,

на тој простор се наоѓаат и државите кои отсекогаш

се бореле за доминација во Европа: Англија, Франција,

Германија и Русија, што има и одредени индиректни

рефлексии и кон соседното Јужноевропско воиште во кој простор се наоѓа и Република

Македонија

Page 26: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

26

Македонскиот идентитет мошне сликовито се изразувал преку пишаниот збор на бројни автори во XIX век. Во врска

со македонскиот идентитет учителoт Ѓорѓија Македонски од селото Радибуш – Крива Паланка во 1846 година изјавува: „Словенското писмо го научив од татко ми, Димитрија Македонски, којшто така се вика, зошто сме Македонци, а не Грци… И јас прекарот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми за да се знае оти сме Словени од Македонија.” Овој запис се наоѓа во Богослужбената книга „Општи Минеј“ во црквата во селото

Радибуш, на последната страница. Слична е и изјавата на јерејот Димитрија од истиот крај во 1848 година: „За моето назначување најмногу се заложи г-н Михаил Македонски, зошто сум роден Македонец и службата си ја терам по

МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ за време на

Oсманлиската државаЃорѓија Пулевски во 1874

година го подготвил својот втор „Речник од три јазика со македонски, албански

и турски”, што е објавен во Белград во 1875 година, каде

што авторот многу јасно напишал: „Нашето отечество се велит Македонија и мие

се именуваме с Македонци“, дека „и Македонциве се народ и местово нивно

је Македонија“, па и дека „Македонија била пофалена

у време цара великог Александра“, како и дека

„македонскиот јазик е најсроден со црковно-

славјанските книги и тој је старославјански“, па

дека и ние се „именуваме Старославјани“

Фељтон

Page 27: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

27

словенски. Од бога било пишано моето отечество Македонија да страда од Грците, па тие не ни даваат и денеска мир, иако сите знаат дека Македонија била постара држава и од нивното царство…“.Охридскиот дописник на „Цариградски весник“(3 март 1860) испраќа многу јасни податоци за македонскиот идентитет кога пишува: „Оваа земја е Македонија – и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ќе ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги составувале фалангите на Александар Македонски.” Во таа смисла и зборовите на учителот од Охрид што бил главен во Солун наместото на истераниот бугарски учител, кога гордо изјавувал: „Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин, јас сум чисто Македонец, какви што биле Филип и Александар Македонски и Аристотел филозофот.”Во истиот овој период Константин Миладинов спорел со еден Грк дека Филип и Александар не се Грци, туку Македонци. В. Мачуковски спори со друг Грк за припадноста на Македонија врз основа на монетите од Александар (19 јули 1865), а рускиот славист В. Григорович по патувањето низ Македонија во 1844-1845 година пишува

дека „низ сите краеви каде поминал не слушнал друго име, освен Александар (Велики) и Марко (Кралот). Тие имиња живеат во свеста на народот и не можат да се замислат без нив…“. На пишувањето на бугарскиот национален деец и писател П. Р. Славејков дека Македонците биле Бугари, а не дека потекнуваат од античките Македонци… одговор му дава Д. В. Македонски во статијата „По македонското прашање” (16 февруари 1871) во која меѓу другото наведува: „Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да велат, зашто, колку што знаеме ние - вели Македонски – тие не згрешиле некогаш, па да зине земјата и да ги голтне.”Во некои турски извори се наведува дека на македонскиот народ поради изложеност на силна пресија за асимилација на 11 март 1870 година му било дозволено да формира своја Македонска православна црква. Подоцна султанот ја поништил оваа одлука. Ѓорѓија Пулевски во 1874 година го подготвил својот втор „Речник од три јазика со македонски, албански и турски”, што е објавен во Белград во 1875 година, каде што авторот многу јасно напишал: „Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме с Македонци“, дека „и Македонциве се

Page 28: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

народ и местово нивно је Македонија“, па и дека „Македонија била пофалена у време цара великог Александра“, како и дека „македонскиот јазик е најсроден со црковно-славјанските книги и тој је старославјански“, па дека и ние се „именуваме Старославјани“.Оваа идеологија се изразувала и во пишаните документи од македонската револуционерна и ослободителна борба. Димитар Поп Георгиев Беровски водачот на Кресненското востание во 1878 година во насловот на неговата замисла и цели ќе запише: „Правила – Устав на Македонскиот востанички комитет“. Потоа пишува: „Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски ние служиме како Македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт“. Покрај ова, на знамето на Разловечкото и Кресненското востание, пред македонскиот грб, жолтиот некруниран лав, е напишан зборот Македонија, на печатот пишува „Печат на началникот на македонското востание”, а борците ги нарекувале „Македонска востаничка војска”. На 24 ноември 1878 година жителите на Малешевија напишале поопширно писмо до англискиот конзул во Солун во кое меѓу другото пишува: „Ваше превасходство! Гласот за доаѓањето на Вашето Превосходство во Џумаја ни даде добри надежи и нам, на Македонците, жителите на окружјето Малешево, кои постојано и најлошо страдат до денот денешен… Нашата македонска крв, со која што сме решени по невоља да ја крвавиме оваа од пред 2.000 години безмилосно осудена и презрена Македонија, дали ќе дојде крај при сегашните европски господаречки народи да и се одмаздува повеќе на големата и некогашна слава?... „Азиските народи можеби според нивните стари преданија го сакат бришењето на името Македонија во светот…“. Таквата идеологија била застапена и во протоколарното решение

на Македонската привремена влада (21 мај 1880) и во нејзиниот Манифест од 11/13 март 1881 година, како и во Уставот на Македонија и Воените инструкции на Македонската лига од 1880 година.Осознавањето на македонскиот национален идентитет особено започнува да се развива по Берлинскиот конгрес 1878 година, кога по одлука на големите сили соседните народи добиваат статус на независни држави, а македонскиот и албанскиот народ останале во рамките на Османлиската држава. Во тоа време македонскиот народ ги имал сите конститутивни елементи: историски континуитет на автохтона територија, посебен јазик, писмо, култура, обичаи, традиција, но интересите на големите сили го спречиле конституирањето на независна држава Македонија. Потоа, започнува проучувањето на македонскиот национален развиток со чувствителна острина и македонското прашање се поставило како национално и на внатрешени на меѓународен план. Во тој контекст е карактеристичен примерот со најмаркантните личности на македонската преродба и револуционерна дејност. Охриѓанецот Глигор Прличев прво бил „погрчен“ како Григориос Ставридес затоа што учел основно и средно грчко училиште. Кога на конкурсот на атинската Академија на науките и иметноста во 1860 година за епосот „Сердарот“, („О Арматолос“) го освоил првото место и го добил ловоровиот венец, восхитената Грција го прогласила за „втор Хомер“. Потоа, Прличев под влијание на бугарската пропаганда бил „побугарчен“, а на крајот на својот живот го нашол своето место во македонското духовно и национално течение. Димитар Поп Георгиев Беровски го започнал своето образование во Одеса како „Русин“, потоа се запишал во военото училиште во Белград како „Србин“, а по враќањето во Македонија го организирал бунтот против грчката патријаршија и организирал и водел три востанија за ослободување на Македонија: Разловечкото во 1876, Пијенечкото во јануари 1878, Кресненското во октомври 1878 – мај 1879 и останал главен советник на Гоце Делчев и Ѓорче Петров и учествувал во подготовките на Илинденското востание во 1903 година. Уште покарактеристичен е примерот со Даме Груев, Петар Попарсов, Крсте Мисирков и други кои учеле во солунската егзархиска гимназија. Тие можеле да се запишат во таа гимназија само како егзархисти, односно „Бугари“. Поради својата револуционерна промакедонска дејност биле исклучени од солунската гимназија, па се запишале во Белград во „Светосавското училиште“. Но тука морале да се декларираат како „Срби“. Со оглед дека ја продолжиле

Димитар Поп Георгиев Беровски водачот на

Кресненското востание во 1878 година во насловот на неговата замисла и цели ќе

запише: „Правила – Устав на Македонскиот востанички

комитет“. Потоа пишува: „Ние востанавме како

поборници на слободата. Со нашата крв што ја

пролеавме по планините и горите македонски ние

служиме како Македонска војска на Александар

Македонски за слободата со нашата девиза: „Слобода

или смрт“

Page 29: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

револуционерната дејност биле исклучени и од Светосавското училиште. Потоа, Груев и Попарсов заминале во Софија и повторно станале „Бугари“, а Мисирков го продолжил школувањето во Одеса, кадешто се запишал како „Русин“. Меѓутоа, целта на нивната идеја била ослободување на Македонија. Затоа Груев и Попарсов го формирале здружението „Лоза“ за да ја изучуваат лозата, односно „коренот“ и идентитетот на македонскиот народ. Тие ќе станат и основоположници на првата политичка партија на македонскиот народ, Македонската револуционерна организација (МРО). Крсте Мисирков го напишал најзначајното дело „За македонските работи“, кое има најсилен придонес во развојот на македонската национална свест. Сосема е јасно зошто Македонците морале да се декларираат со туѓо национално име, како што е јасно дека целиот нивен живот и сета нивна борба се посветени на Македонија, за

нејзиното ослободување и создавање самостојна и независна држава.Македонското револуционерно движење се појавило како процес чии корени се вдлабени во историјата и традициите на македонскиот народ. Тоа се појавило како културно-национално движење во средината на XIX век, а потоа се изразило како национално-револуционерно движење што највисоката доблест на зрелост и на дејност го доживеало во Македонското (Кресненско) востание и во создавањето на Програмата на Македонската лига. При крајот на XIX век еволуирало во политичко револуционерно национално-

ослободително движење. Со одлуките на Берлинскиот конгрес 1878 година, односно со членовите 23 и 62 со кои се овозможувала политичка и верска автономија за Македонија во рамките на Османлиската Империја, всушност, била дадена меѓународна политичка и правна рамка за создавање na македонска револуционерна политичка организација. Врз тие меѓународни политичко-правни основи на 23 октомври 1893 година во Солун се одржал основачки состанок на група македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Антон Димитров, Христо Батанџиев и Иван Хаџи Николов и ја основале Македонската револуционерна организација (МРО). Македонската револуционерна организација е основана на следните принципи: 1. Организацијата да биде револуционерна; 2. Револуционерната дејност да се спроведува строго конспиративно; 3. Да дејствува исклучително на територијата

на Македонија во нејзините природни и историски граници; 4. Во Организацијата да се примаат лица родени и кои живеат во Македонија, без разлика на народноста и верата; 5. организација да дејствува за остварување политичка автономија на Македонија. Веднаш по формирањето е напишан и Уставот на МРО.Македонската револуционерна организација со својата програмска определба за создавање автономија како преодна етапа кон создавањето на самостојна и независна македонска држава, МРО се јавува како политички субјект во остварувањето

на македонските национални интереси. При крајот на XIX век со засилувањето на пропагандите на соседните држави со поддршка на нивните влади биле формирани разни организации и здруженија кои ќе ја шират нивната пропаганда во Македонија и ќе дејствуваат на полето на бугаризирање, србизирање и грцизирање на македонскиот народ. Меѓу таквите особено влијание остварувал Македонскиот врховен комитет (МВК), основан во Софија 1895 година. Оваа организација со нејзината идеологија, автономија за Македонија како преодна етапа кон нејзиното присоединување кон Бугарија, дополнително ќе ја отежни борбата за национален идентитет на македонскиот народ. Поддржувана од бугарската влада со дејноста на МВК во Европа се стекнало мислење дека македонското прашање е бугарски проблем.

д-р Александар Стојчев

Македонската револуционерна организација

со својата програмска определба за создавање автономија како преодна етапа кон создавањето на

самостојна и независна македонска држава, МРО се јавува како политички

субјект во остварувањето на македонските национални

интереси

Page 30: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското
Page 31: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското
Page 32: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Плодна и континуирана соработка помеѓу Општинската организациона единица (ООЕ) на

ОРОРМ Тетово и Третиот пешадиски баталјон со седиште во овој град со кој командува потполковник Игор Спасеноски, се остварува уште од создавањето на автономниот одбранбен систем во 1992 година. Во прилог на ваквата оценка е и одржаното предавање на тема: „Местото и улогата на 3. механизиран пешадиски баталјон во АРМ“ на 5 април кое со внимание го проследија 30-ина активисти на ОРОРМ, како и претставници на Боречката организација. Носител на обработката на темата беше заменикот на командантот на Баталјонот, потполковник Изеир Ејупи. По завршувањето на излагањето, присутните резервни офицери активно се вклучија поставувајќи поголем број прашања. Како што нè информира претседателот на Извршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ резервниот капетан Зоран Кировски, планирано е во наредниот период на вежбовните активности на Баталјонот да бидат вклучувани претставници на ОРОРМ во Тетово.

Со повеќе содржини, на 3 април беше одбележан Денот на резервните офицери на Пробиштип, што се совпаѓа

со 3 април 1944 година, кога пред 73 години е извршен напад за ослободување на рудниците за олово и цинк „Злетово“, од страна на 3. македонска народноослободителна бригада. Во активностите, чиј покровител беше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, а ги организира и Ивршниот одбор на ООЕ на ОРОРМ од ова рударско градче во Источна Македонија, беа вклучени 80-ина млади резервни офицери од Пробиштип, Кратово и Крива Паланка. Традиционалниот кондиционо-едукативен марш се реализира на релацијата: Градски плоштад–Солиште во должина од 15 км, а централното одбележување на овој значаен историски настан, на кој покрај граѓани на Пробиштип и членови на Советот на Општината, учествуваа и резервни офицери од Злетово, Куманово и Свети Николе, се одржа во спомен-паркот „Братство и единство“. Пригодни обраќања до присутните имаа: претседателот на ОРОРМ проф.д-р Ѓорѓи Малковски, претседателот на Извршниот одбор на ООЕ Пробиштип, Злате Анчов и претседателот на Боречката организација Драган Миланов. На најдобрите автори на лични творби, ученици од основните училишта во Пробиштип и Злетово, претседателот Малковски им врачи награди, а во богатата културно-уметничка програма настапија членовите на рецитаторската секција при Домот на културата „Злетовски рудар“, како и фолклорниот ансамбл.

Слободарски традиции

Плодна соработка

На 7 април, во с. Ливоишта, Охридско, се одбележа 18-годишнината од загинувањето на професионалниот

војник на АРМ, Благојче Крстаноски. По овој повод, во близина на основното училиште беше поставена спомен-плоча на селската чешма, а покрај вечното почивалиште на храбриот бранител, претседателот на ОРОРМ проф.д-р Ѓорѓи Малковски го подигна државното знаме на 9-метарски јарбол. На овој достоинствен чин на чествување, пред семејството на Благојче Крстаноски, жители на с.Ливоиште и на околните населени места, како и претставници на повеќе здруженија на граѓани (Општинската организациона единциа на ОРОРМ Охрид, боречките организации на Охрид и на Дебарца, Здружението на бранители), се обратија: градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, претседателот на ООЕ на ОРОРМ Цветко Кузески и претседателот на ОРОРМ Малковски. Повеќе делегации положија свежо цвеќе пред спомен-чешмата, а во културно-уметничкиот дел од програмата, со лични творби настапија ученикот од основното училиште, Михаил Крстаноски, како и професорот Димче Донески.

Достоинствено чествување

ОРОРМ – активности

Живко Трајановски

Page 33: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

33

24 часа

На 13 април во касарната ,,Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод денот на Командата за обука и

доктрини (КОД). На свеченоста присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, генералите од АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и пензионирани старешини од составот на КОД, претставници од надворешните соработници, како и високи гости од локалната самоуправа.Денот на единицата

се одбележа со пригодна програма на која имаше обраќање од страна на командантот, полковник Љубенчо Петровски, кој кажа дека Командата за обука е формирана во 2001 година, а во 2006 година нејзиното седиште се префрла од Скопје во Велес. Во 2012 година, со најновата трансформација на Армијата, Командата добива нови, дополнителни содржини и се преименува во Команда за обука и доктрини. „Денес Командата за обука и доктрини, согласно мисијата која ѝ е доделена, задолжена е да реализира индивидуална обука на сите припадници на АРМ, преку центрите за индивидуална обука, за обука на

питомците и Центарот за странски јазици, а согласно потребите даваме и интензивна поддршка на колективната обука на сите команди и единици на АРМ. Капацитети во надлежност на КОД се: АП „Криволак“, Кампот за обука на вода и Кампот за обука во зимски услови кои станаа препознатлив знак за квалитет и во голема мерка се користат од припадниците на НАТО и партнерските држави“ – истакна во своето обраќање командантот Петровски. Низ системот за обука на Командата за обука и доктрини покрај регрутите од 1992-1996 година, поминаа и 31 генерација граѓани на доброволно служење воен рок. Голем број од нив го завршија курсот за професионални војници и работат како дел од АРМ. На свеченоста се прочитаа наредби за унапредување, се доделија стимулативни мерки, се доделија благодарници на надворешни соработници и беше прогласена најдобрата екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележување на денот. Крајот на оваа свеченост се одбележа со кратка културно-уметничка програма. На свеченоста присуствуваше и првиот регрут Панче Јамандиев, кој е примен во редовите на Армијата на 15 април 1992 година, на којшто началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски му врачи „Златна значка на АРМ за партнерство, координација и соработка“.

Кристина Илиевска

Ден на КОД

Со одлука на претседателот на Република Македонија за определување на денови на

единиците на Армијата на Република Македонија, 15

април е одреден, како ден на Командата за обука и доктрини.

Тоа е датумот кога во 1992 година пристигнаа првите

регрути од регуларниот состав на Армијата на Република

Македонија на отслужување воен рок во самостојна и независна Република

Македонија

Page 34: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

34

Јубилеи

Наместо на планината Лисиц која е прилично оддалечена од Велес, чествувањето на јубилејот, започна во месноста

Кула на локација покрај автопатот Велес-Скопје, каде се наоѓа споменикот во чест на седум борци и поддржувачи на НОПО „Димитар Влахов, кои биле убиени на 14 септември 1942 година на ова место. На споменикот се испишани нивните имиња: Андреја Басаров, Панзо Бурлевски, Перо Грков, Мишо Димитриевски, Атанас Домазетовски, сите од селото Рудник, Амет Лојков од село Крушје и Камка Тоцинова од Велес. ОРОРМ, во нивна чест и во чест на јубилејот, поставија и спомен-плоча, на која се испишани нивните имиња и слободарски пораки.Потоа во нивна чест и чест на сите загинати борци на одредот „Димитар Влахов“ и сите борци за слободна Македонија присутните делегации

положија букети цвеќе.Почит им оддадоа од ОРОРМ, од општинскиот Сојуз на борци, припадниците на АРМ од велешкиот гарнизон, од Здружението „Ѕвезда“ на Македонците од Егејска Македонија, од Општина Велес, а присуствуваа и ученици и наставник од ООУ „Рајко Жинзифов“ од село Горно Оризари, Велешко.Како што потсети, претседателот на ОРОРМ проф д-р Ѓорѓи Малковски во своето обраќање до присутните, овие седуммина поддржувачи на народноослободителното движење бугарската окупаторска војска ги земала од затвор и ги донела на ова место. „Беше кажано дека треба да им се суди и да бидат сослушани од бугарската полиција,но наместо тоа тие завршија со куршум в чело и со бајонет во срцето. Иако тој настан беше изведен во најголема тајност,ние не ги заборавивме.Тие беа убиени

Организацијата на резервни офицери на Р.Македонија од Велес во соработка со

општинскиот Сојуз на борци и претставници на АРМ од велешкиот гарнизон и Општина Велес, на 21

април, со богата програма го одбележа јубилејот - 75

години од формирањето на НОПО Народноослободителен партизански одред „Димитар

Влахов“ .Одредот бил формиран на 21 април 1942 година на планината Лисец,

Велешко

75 години од формирањето на одредот „Димитар Влахов“

Page 35: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

само заради тоа што го помагаа партизанското движење и одредот „Димитар Влахов“ и ја сакаа својата Македонија“,потенцираше Малковски во своето обраќање.Во нивна чест и во слава на сите Македонци од античка Македонија до денес на ова место кај Пуста Кула, на единаесетметарски јарбол проф д-р Ѓорѓи Малковски придружен од фанфари и труба од припадник на АРМ од Воениот оркестар високо го подигна да се вее македонското знаме.Свеченото одбележување потоа продолжи со Свечена академија која се одржа во Велес. Претседателот на ОРОРМ на Р.Македонија проф-д-р Ѓорѓи Малковски во своето обраќање до присутните на Свечената академија, потсети дека при неговото формирање НОПО „Димитар Влахов“ во тоа време во пролетта 1942, бил најголемата воена единица на

територијата на Македонија и имал исклучителна важност во текот на Втората светска војна за разгорување на Народноослободителното движење за ослободување на земјата. „Овие млади борци кои во просек имале по 22 години, а многу биле и помлади, се кренале со оружје в рака, голи и боси за да се борат за слобода на Македонија и македонскиот народ, а кој единствен им помагал да издржат во таа борба со 150-илјадната добро вооружена окупаторска војска, која била во тоа време на територијата на Македонија. Затоа им благодариме на овие млади борци и на сите Македонци од античка Македонија до денес, кои ги положија своите животи за денешна слободна Република Македонија,потенцираше проф. д-р Малковски.За историското значење на одредот свои реферати пред присутните имаа и доц д-р Александар Симоновски и доцент д-р Марјан Ивановски од Институтот за национална историја на Македонија од Скопје. Воедно ОРОРМ на свеченоста му додели признание на еден од преживеаните борци на НОПО „Димитар Влахов“ ,

сега 95-годишниот Никола Стојановски, кој на свои 18 години се приклучил уште при формирањето на одредот. Во негово отсуство, ОРОРМ признание му додели и на Раде Бурчевски, уште еден од живите борци од овој партизански одред,а кој успеал да се побегне и се спаси и да не биде меѓу стреланите на Пуста Кула.Признанието во негово име го примија од Општинскиот сојуз на борци на Велес.Свеченоста беше збогатена со доделување на награди по литературниот конкурс на тема за Одредот, на кој првото место го освоеи деветооделенката Адиса Авдовиќ од ООУ „Рајко Жинзифов“ од село Горно Оризари, Велешко.На крај на свеченоста Младинското драмско студио „Словото“ во режија на Весна Димитрова Бобевска, пред присутните го изведоа перформансот „Нашата Нонча“ посветена на Марија Нонча Камишова борец на Одредот, која во една од борбите на одредот на 19 години го дала својот млад живот за слобода на Македонија.

Антоанела Димитриевска

35

Page 36: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Вооружување

Оклопен транспортер

„ПАНДУР II“ПАНДУР II“ 6х6 и 8х8 фамилијата

на лесни оклопни возила е оклопен транспортер развиен и произведен од страна на ав-

стриската компанија „Steyr-Daimler-Puch“ и е варијанта на веќе успешниот оклопен транспортер „ПАНДУР I“. Официјалното име на овој оклопен транспортер е „Wheeled Armoured Personnel Carrier – APC Pandur II“. Оваа компанија беше голем производствен конгломерат со се-диште во градот „Steyr“ Австрија и беше распуштена по фази во периодот од 1987 и 2001 година. Оклопниот транспортер „ПАНДУР“ беше развиен во 1980-тите години како приватна инвестиција врз основа на дизајнот на „Pegaso BMR-600“. Во нСоември 2003 година компанијата „General Dynamics European Land Combat Systems“ ја презеде австриската

Page 37: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Оклопен транспортер

„ПАНДУР II“

37

компанија „Steyr-Daimler-Puch“ и сега е дел од една од најпознатите светски компании за прозиводство на специјални возила „General Dynamics European Land Systems (GD ELS)“, која исто така е матична компанија на „MOWAG“ од Швајцарија и „Santa Bárbara Sistemas“ од Шпанија. Основната верзија на „ПАНДУР II“ е пешадиско борбено возило 6х6 со конфигурација да носи возач, нишанџија и командир со шест целосно опремени војници. Останатите верзии од оваа фамилија се конфигурации на 6х6 и 8х8 кои вклучуваат командни возила од ниво вод до баталјон, целосно ам-фибиски оклопни возила, транспортери опремени со против тенковско водено вооружување, челни набљудувачки воз-ила, амбулантни возила за бојното поле

како и возила за обука на возачи. Возилата „ПАНДУР II“ кои се произве-дуваат во конфигурации од 6х6 и 8х8 се транспортери на тркала. Оваа серија содржи голем број на подобрувања: моделот 6х6 може да биде опремен со купола вооружена со топ до 90 mm, до-дека верзијата 8х8 може да има купола вооружена со топ до калибар 105 mm. И двете од овие серии на возила споде-луваат до 90 % заеднички компоненти за намалување на трошоците за произ-водство, се напојуваат со 405 hp (450 hp за 8х8) „Cummins“ дизел поврзан со ZF автоматска трансмисија. Со оглед на фактот дека теренското возило 6х6 веќе се обележани на техничко ниво во однос на мобилноста, флексибилноста и заштитата, новата фамилија на Пандур од компанијата „Steyr“ дефинира нови стандарди во секторот на оклопни транс-портери на тркала. Оклопниот транспортер „ПАНДУР II“ од верзијата 6х6 може да биде вооружен со оружје до калибар од 90 mm, додека „ПАНДУР II“ 8х8 може да биде опре-мен со ниско профилна купола 105 mm опслужувана од две лица испорачана од „GDELS (General Dynamics Land Systems)“. Останатото вооружување до калибар 105 mm може да се вгради така што да одговара на оперативните

побарувања. Опционалното вооружување одговара, вклучувајќи ја и куполата која е опслужувана од две лица со автомат-ско следење, дневен и ноќен систем за контрола на огнот, стабилизиран топ „Mauser“ 30 mm и коаксијален митралез 7,62 mm за општа намена, исти како што се монтирани на пешадиското борбено возило „Ulan“ распоредено во Австриска-та армија. Транспортерот „ПАНДУР II“ е придви-жуван од „Cummins ISLe HPCR“ серија на дизел мотори која развива 298 kW за 6x6 верзијата и 335 kW за 8x8 верзијата. Моторот е во комбинација со „ZF 6HP 602C“ целосно автоматски менувач со 6 брзини. Заедно со двофазниот преносен запчаник (кој е променлив во движење) му дава на „ПАНДУР II“ вкупно 12 брзи-ни. Максималната брзина на патот до-стигнува до 105 km/h при услови -35°C до +50°C. Подот на телото на возилото ги покрива и на тој начин ги штити пого-лемиот дел од погонските и управувачки компоненти. Ова ги заштитува наве-дените компоненти од оштетување од различни пречки кои може да се случат кога возилото оперира во тешки тере-ни. За намалување на дијаметарот на завртување на верзијата 8х8 е инстали-рана управувака кочница која ги успорува сите внатрешни тркала кога управувачки-

Оклопниот транспортер „ПАНДУР“ беше развиен во 1980-тите години како приватна инвестиција врз основа на дизајнот на „Pegaso BMR-600“. Во ноември 2003 година компанијата

„General Dynamics European Land Combat Systems“ ја презеде австриската компанија „Steyr-Daimler-Puch“ и сега е дел од една од најпознатите светски компании за прозиводство на

специјални возила „General Dynamics European Land Systems (GD ELS)“, која исто така е матична компанија на „MOWAG“ од

Швајцарија и „Santa Bárbara Sistemas“ од Шпанија

Page 38: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

те тркала целосно се свртени и брзината на возилото е доволно мала.

Дополнителни карактеристики поврзани со мобилноста:– суспензија на поединечни тркала;– две управувачки оски;– 100 % затворање на диференцијалите

(највисока влечна сила);– Automatic Drivetrain Management

(ADM), обезбедувајќи автоматски вклучување од погонот на сите тркала и сите управувачки оски во зависност од условите на возење резултира со намалување на трошење и абење на возните компоненти, намалување на напорот за обука ан возачот,

зголемување на безбедноста и супе-риорна мобилност на патот;

– низок притисок на тлото и добри пер-форманси на песок и мек терен со по-мош на CTIS(central tire inflation system), приспособување при движење;

– сите гуми се опремени со „run-flat“ елементи;

– хидродинамички примарен забавувач и вентилирани диск сопирачки на сите тркала за максимално забавување;

– систем за кочење против-лизгање;– макара за самоизвлекување;– висока амфибиска брзина и

маневрирање.Оклопната заштита е со модуларен си-стем на балистичка заштита која може

да се надградува и за идните системи на балистичка заштита (додаток на оклоп). Заштита од мини (посебен дизајн и компо-ненти на трупот на возилото, двоен под, заштита од мини под седиштата на по-садата). Има NBC заштита (пасивна, нат-притисок или вентилирани маски за лице). Челичниот оклоп на ова возило е соли-ден, на ниво на сличните оклопни возила. Оклопното тело е направено од заварени челични плочи од армиран челик. Овој оклоп обезбедува заштита на посадата од огнено оружје со калибар 7,62 mm со панцирно пробојно зрно, на предниот дел на возилото оклопот е појачан, така што може да ја заштити посадата од оган од оружје со калибар од 12,7 mm. Со подобрување на оклопот (додавањето на пасивен оклоп) може да се зголеми от-порноста на оклопот од оган од оружје со калибар од 14,5 mm со панцирно пробојно зрно. На возилото може да се постави и дополнителен оклоп за зголемена за-штита против мини. Спол-облогите ги намалуваат секундарните ефекти од пенетрирачки проектили. Опремен е со ситем за детекција и сузбивање на пожар во моторното одделение, како и со систем за детекција на експлозија и сузбивање во одделот на посадата.

Тактички карактеристики:– ниска силуета;– акустичните и термалните

отсликувања се сведени на минимум;– одличен поглед од возилото под полна

оклопна заштита, со оптимизирано уредување на оптичките уреди на воз-ачот и командирот;

– големи отвори за посадата кои овоз-можуваат персоналот комотно да ги носи заштитните елеци;

– задниот влез на возилото може да се имплементира како двојна врата, еди-нечна врата или солуција за рампа;

– поминување преку патишта и мостови со ниска носивост;

– голема автономија обезбедена од страна на високиот вграден капацитет на гориво и малата потрошувачка на гориво на моторот.

Можност за пренесување на транспортерот:– воздушна преносливост од страна на

тактичките транспортни авиони (C-130, C-160, An-12, An-70, A400M);

– железнички транспорт во согласност со меѓународните стандарди (на при-мер СТАНАГ 2382);

– патен транспорт со тешки воени при-колки и полуприколки;

– поморски транспорт.

Варијанти на возила:Поради големата носивост, значител-на зафатнина на одделот за мисијата, флексибилноста на изгледот на воз-

38

Page 39: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

илото, 6х6 и 8х8 верзиите може да се прилагодат на побарувањата на многу различни варијанти:– командни возила;– пешадиски борбени возила;– возила носачи на ATGW (anti-tank

guided weapon); – возила за огнена поддршка;– возила носачи на минофрлачи;– извидувачки возила; – возила за челно набљудување;– NBC извидувачки возила;– карго возила;– извидувачки возила;– „recovery“ возила;– инжинериски возила;– возила за обука на возачи;– „KRPAN 8х8“ возила произведени

под лиценца во Словенија, верзија на „ПАНДУР II“ со голем број на подобрувања.

Постои и посебен амфибиски модел, две водени млазници се поставени од

двете страни на задниот дел на трупот, туркајќи го возилото низ водата со брзи-на од 10 km/h. Подготовката за пловење е потполно автоматизирана и трае по-малку од една минута.Стандардната опрема вклучува и „run-flat“ гуми (гуми кои функционира-ат и издишани), централен систем за регулација на притисокот во гумите, како и систем за автоматско управување со погонскиот механизам - Automatic Drivetrain Management (ADM), со што автоматски се вклучуваат и исклучуваат надолжните и диференцијалните оски за да одговараат на теренот по кој ќе се по-минува (возење по теренски услови).Широк спектар на дополнителна опрема е достапна за транспортерот „ПАНДУР II“ вклучувајќи и систем за заштита од нуклеарно, хемиско и биолошко оружје, клима уред, дополнителна оклопна за-

штита, опрема за ноќно гледање и си-стем за земјена навигација. Спецификациите на овој транспортер се следни: – должина: 7,54 метри;– широчина: 2,68 метри;– висина: 2,08 метри;– тежина 22 тони;– носивост: 8,5 тони;– посада: 12 војници, 4+7 (Чешка Репу-

блика EXCALIBURARMY);– главно вооружување: 30 mm RCWS

SAMSON MKI /MK II/12.7mm MINI SAMSON/120mm MORTAR (Чешка Ре-публика EXCALIBURARMY);

– секундарно вооружување: 7.62 mm MK44 FN Hersta-EXCALIBURARMY;

– дополнително вооружување: ATGM SPIKE ракетен фрлач за димни гра-нати;

– мотор: Cummins ISC 350 diesel;– автономија на опсег: 700 km (435 mi);

– максимална брзина на пат:105 km/h;– максимална брзина при пловење: 10

km/h:– совладување на ров: 2,2 м;– совладување на вертикална препрека:

0,6 м.Оклопните транспортери 8х8 од типот „ПАНДУР II“ фамилијата ги има во след-ните земји: Чешка Република 199 воз-ила, Португалија 260 возила и Словенија 72 возила. На 24 ноември 2016 година индонезиска-та влада нарача необелоденет број на возила „Pandur II 8x8 APCs“ (вклучувајќи и ТАТРА камиони и М3 амфибиски воз-ила) за сума од 39 милиони долари од чешката група EXCALIBURARMY која има договор со „General Dynamics„ за производство, одржување и пазар на овие возила во Азија и Централна и Ис-точна Европа.

Идриз Идризоски

39

Основната верзија на „ПАНДУР II“ е пешадиско борбено возило 6х6 со конфигурација да носи возач, нишанџија и командир

со шест целосно опремени војници. Останатите верзии од

оваа фамилија се конфигурации на 6х6 и 8х8 кои вклучуваат

командни возила од ниво вод до баталјон, целосно амфибиски оклопни возила, транспортери опремени со против тенковско

водено вооружување, челни набљудувачки возила, амбулантни

возила за бојното поле како и возила за обука на возачи

Page 40: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

40

Руската компанија „Камов“ се специјализирала за изработка на коаксијални хеликоптери, погодни за поморска служба и

операции за кои е потребна поголема брзина. Историски гледано, оваа компанија главно е специјализирана за обезбедување хеликоптери во морнарицата. Денеска хеликоптерите на Камов се користат во: Министерството за одбрана, за вонредни ситуации, за внатрешни работи, Федералната служба за безбедност и други руски државни агенции.Како предности на коаксијалните хеликоптери се набројуваат: зголемена моќ на хеликоптерот поради непостоење на опашна вртешка (NOTAR – No Tail Rotor) затоа што опашната вртешка може да одземе до 30 % од вкупната сила што ја даваат моторите, зголемена безбедност на земјата со елиминирање на опашката која е главен извор на повреди и жртви на земјата како и лесна мета за погодоци од земја, голема компактност и потреба од помал терен за слетување проследен со помали маневри, хеликоптерот може да лета со големи брзини наназад до 90 км/час и странично до 80 км/час, можност за автоматско отфрлање на седиштето по

претходно отстранување на роторите, намалена бучава за разлика од конвенционалните хеликоптери каде доаѓа до интеракцијата на главниот и опашниот ротор, маневрибилни и акробатски способности, изведување на лупинг, валјак и слично. Како недостатоци на коаксијалните хеликоптери се набројуваат: зголемена механичка сложеност при изработка поради потребата да се вртат двата ротори во спротивна насока и сложеност на конструкцијата која е изложена на поголеми дефекти и комплицираност при одржувањето.

Развој на моделите на „Камов“Голем прогрес во дизајнот и производството бил воспоставен после Втората светска војна. Ка-8 „Иркутянин“ (Irkutyanin), бил мал советски коаксијален хеликоптер, со дрвени краци на двата ротори кој првпат полетал во 1947 година. Едносед во конструкцијата, а како гориво користел смеса од алкохол. Бил произведен само во три примероци. Коаксијалните трокраки ротори означувале пар на ротори поставени еден над друг, со иста оска на ротација и вртење во спротивна насока. Како замена за „Ka-8“ доаѓа

„Ка-10“ (НATO име „Hat“) со првиот лет во 1950 година. Од овој примерок биле направени 12 хеликоптери. После него биле изработени „Ка-11“, „Ка-12“, „Ка-14“, првиот двосед хеликоптер од оваа серија „Ка-15“, како и „Ка-18“ и „Ка-20“. Револуционерен прогрес бил направен во 1959 година со Ка-22 „Vin-tokryl“ (НАТО назив „Hoop“), хеликоптер

Вооружување

„Камов“„Камов“ (Kamov Design

Bureau) е руска компанија, основана од страна на

Николај Камов (Nikolai Il’yich Kamov). На почетокот во 1929 година, компанијата започнала конструкција и

производство на двокрилни авиони. Едно од најпознатите

остварувања, после четири години експериментирање, бил изумот на „Аutogyro“ (познат и како gyroplane, gyrocopter или

rotaplane)

Хеликоптери

Page 41: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

во комбинација со способностите на хеликоптер за вертикално полетување и слетување и авион за крстарење. На краевите на крилата биле поставени моторите. Осум светски рекорди во својата класа биле поставени од страна на Ка-22: за висина, брзина (356 км/час) и подигнат товар (16500 кг).Следниот во серијата „Камов“ хеликоптери е „Ка-25“ (НATO име „Hormone“) базиран за уништување на нуклеарни подморници. Развојот на океанската флота во СССР барал понатамошен развој на специјализирани хеликоптери, способни за извршување на морска одбрана, извидување, откривање на целта, спасувачки операции итн. Високите перформанси на хеликоптерот биле демонстрирани во 1974 година при расчистување мини во областа на Суецкиот Канал. Постоеле вкупно 18 надградени верзии кои биле изградени и извезени во Индија, Сирија, Бугарија, Виетнам и Југославија. „Ка-25“ и понатаму останал на должност во морнарицата повеќе од 30 години.Хеликоптерот „Камов Ka-50“ - „Black Shark“ (руски назив: „Чёрная акула“, НATO назив „Hokum A“) е едносед, јуришен борбен хеликоптер. Бил дизајниран во 1980 година, а руската

армија како потребен хеликоптер го прифатила во 1995 година. Кризата во Советскиот Сојуз доведува до редуцирање на програмата за производство на „Црната ајкула“ како планирана соодветна замена на хеликоптерот „Ми-24“. Својот ривал „Ми-28“, „Камов“ го надминал буквално во сите тестови во конкурсот за следен јуришен хеликоптер на Црвената армија. Втората дизајнирана двосед верзија е „Камов Ka-52“ - „Alligator“ (руски назив „Алигатор“, НATO назив: „Hokum В“), хеликоптер замислен како „интелектуална поддршка“ за водење на „Ка-50“, проследен со тимска

работа помеѓу нив. „Ка-50“ во однос на авиониката не е ништо помалку опремен во споредба со конкурентите и главните противници од западниот свет: AH-64 „Apache“ и „Eurocopter Tiger“. Интересен факт е дека овој хеликоптер е првиот кој е опремен со катапултирачко седиште. Секунди пред да се запали ракетата во седиштето К-37-800, кабината и роторните лопатки се исфрлаат од експлозивното

полнење во роторниот диск. Главното вооружување се состои од 12 ласерско наведувани антитенковски проектили со максимален дострел и особена ефикасност од околу 8-10 км. Fire con-trol system-от автоматски ја споделува состојбата на товарот и целта помеѓу сите „Ка-50“ хеликоптери во формација со способност за менаџирање на податоците за означените цели добиени од другите хеликоптери и специјалните сили од копно. Пилотската кабина е целосно оклопена.Таа може да издржи погодоци од автоматски оган од 12.7mm и 20мм. Камов Ка-31 е наменет за заштита на воздушниот и поморскиот простор и рано откривање на бродови или ниско летечки воздушни цели, вклучително и проектили, хеликоптери и авиони. „Kumertau Aviation Production Enter-prise“, дел од компанијата „Russian Helicopters“ достави девет „Ка-31“ хеликоптери за Индија во 2004 година. Шест од овие хеликоптери го направија својот прв редовен ремонт во 2015 година. Истата година компанијата на Кина и испорачува четири „Ка-32“ противпожарни хеликоптери, идеални за високите планински региони во Кина и во голема мера во урбаните центри, бидејќи не им треба многу простор за маневрирање, полетување и слетување.Најновата соработка од февруари 2016 година, се реализира помеѓу „Russian Helicopters“ и индиската компанија „Hindustan Aeronautics“ за дизајн на „Ка-226T“ повеќенаменски, лесен хеликоптер. Хеликоптерот е сертифициран во март 2015 година. Според договорот, околу 200 „Ка-226T“ хеликоптери и изведени модели ќе бидат произведени, од кои 60 во Русија, а останатите во Индија. Варијантата „Ка-226T“ е развиена како подобрување на моделите: „Ка-26“, „Ка-126“ и значително во однос на електрониката и авиониката од „Ка-226“.

Драган Павловски

Револуционерен прогрес бил направен во 1959 година

со Ка-22 „Vintokryl“ (НАТО назив „Hoop“), хеликоптер во

комбинација со способностите на хеликоптер за вертикално

полетување и слетување и авион за крстарење. На краевите на крилата биле поставени моторите. Осум светски рекорди во својата

класа биле поставени од страна на Ка-22: за висина, брзина

(356 км/час) и подигнат товар (16500 кг)

Page 42: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Ракетниот систем „9K31“ или „Стрела-1“ (НАТО кодификација „SA-9 – Gaskin“) претставува високомобилен систем за

ПВО со краток дострел. Наменет е за противвоздушна одбрана на мали височини. Системот „Стрела-1“ спаѓа во категоријата на самоодни ракетни системи земја-воздух (инфрацрвено наведување), кој е монтиран на оклопно возило на тркала од типот „BRDM-2“ (амфибиско возило). Првиот ракетен систем „Стрела-1“ е произведен во 1966 година, а во 1968 година достигнува оперативен статус.Ракетата за овој систем се развива заедно со сеприсутниот советски лесен преносен систем „Стрела-2“ во 1960 година. Првично, замислата била и двете ракети да бидат преносни, но како што станало очигледно дека системот „Стрела-2“ ќе биде далеку покомпактен, развојната цел на „Стрела-1“ се менува. Наместо тоа, целта е системот да биде самооден ракетен систем.Како резултат на оваа промена, се релаксираат ограничувањата во тежина

на ракетата, по што дизајнерскиот тим конструира четири пати потешка ракета од „Стрела-2“. Оваа овозможи помалку компромиси во дизајнот, за да се постигнат прифатливи кинематички перформанси. Најзначајната разлика е многу поголем дијаметар на ракетата и заоблена глава за самонаведување. Исто така, оваа ракета има боева глава потешка повеќе од два пати, има близинска запалка и подобра маневриабилност.Варијанти:– „9K31“ – основна варијанта,– „9K31М“ – подобрена варијанта и– „ROMARM TABC-79“: романска

варијанта – ракети поставени на шасија од локално производство.

Овој ракетен систем се состои од лансирна рампа со ознака „9P31“, монтирана на нормална купола на транспортер „BRDM-2“. Лансирната рампа овозможува поставување на максимум четири ракети кои се сместени во контејнери. Дополнување на системот со ракети се врши рачно и обично трае околу 5 минути. Во маршевска положба,

Руски ракетен систем

„Стрела-1“

Вооружување

42

Page 43: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

контејнерите со ракетите се во спуштена положба, со што се намалува висината на самиот систем. Возачот и командирот имаат перископи, со помош на кои имаат прегледност надвор од возилото, во услови кога возилото е затворено. Самите ракети во контејнерите во маршевска положба се спуштаат ниско помеѓу лансирната рампа, со што висината на возилото се намалува на минимум. Во оригиналната верзија на ракетниот систем „Стрела-1“, ракетите се познати како „9M31“ („Gaskin Мod 0“) и тие ја користат првата генерација на неладена инфрацрвена глава за самонаведување „9E41“ со олово сулфид. Таа работи во фрекфентно подрачје на зрачење од 1 до 3 µm. Оваа верзија беше модифицирана со што се доби верзијата со ознака „9M31M“ („Стрела-1M“ / „SA-9b“ / „Gaskin Мod 1“), која влезе во служба во советските вооружени сили во текот на 1970 година. Оваа ракета има подобрена глава за самонаведување со олово сулфид, со ознака „9E41“, која работи во фрекфентно подрачје на зрачење од 1 до 5 µm. Модификацијата е направена за да се обезбеди поголема чувствителност на ракетата, а со тоа и подобрена способност за зафат на целта. Во услови кога се гаѓа цел која се приближува (во долет), системот има значително намален домет (поради намален одраз на инфрацрвено зрачење). Ракетата за овој ракетен систем е опремена со 3 килограми високо фрагментирачка боева глава и близинска запалка. Боевата глава има смртоносен радиус од 5 метри, а во радиус од 7,6 метри предизвикува значителна штета на целта.Возачот и командирот имаат на располагање инфрацрвен систем за визирање. Возилото има стандардна

нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, вклучувајќи и заштита од преголем притисок. Во секоја ракетна батерија, едно од борбените возила „SA-9“, обично возилото на командирот на батерија („SA-9 Mod А“, „BRDM-2A1“ или „SA-9A TEL“) е опремено со радар со ознака „9S16“. Еднатата антена од радарот се наоѓа над предното тркало (под контејнерите со ракети), која е насочена нанапред и втората е монтирана на мала рамка над моторот, која е насочена наназад. Со помош на овие антени, радарот обезбедува слика за ситуација во воздушниот простор во радиус од 360º, по елевација до 40º и максимален досег за откривање до 30 км. Командното возило на единица вооружена со овој ракетен систем „BTR-60PU-12“, обично добива информации за ситуација во воздушен простор од страна на командно место на полк за ПВО. Овие информации содржат податоци за азимут на движење на потенцијалната цел, далечина и височина на лет. Оваа информација вообичаено се дополнува со податоци добиени од страна на сопствени визуелено набљудувачки станици и од страна на радарот на самиот ракетен систем. Потоа, командирот на единицата издава наредба, која единица за која цел е одговорна, по што издава

команда за лансирање на ракета на цел.Ракетниот систем „Стрела-1“, на ниво на батерија, вообичаено е ангажирал за противвоздушна одбрана на моторизирани и тенковски полкови. Најчесто една батеријата за ПВО се состоела од еден вод вооружен со четири топови „ZSU-23-4“ (Shilkas) и еден самооден вод вооружен со четири ракетни системи „Стрела-1“. Во борба, ракетите се лансираат секвенцијално (по две ракети на една цел), за да се зголеми веројатноста на уништување. Временското растојание помеѓу две ракети е 5 секунди. Дополнувањето со ракети се врши рачно и трае околу 5 минути за да се вооружи системот. Ракетата за ракетнот систем „Стрела-1“ може да се наведува на која било цел во воздух, од било кој правец на лет, во услови на ден, бидејќи таа има способност и за фотоконтрасно следење на целите во однос на позадината (позитивно или негативно).Првата употреба на овој ракетен систем е забележана за време на борбите во долината Бека во јужен Либан во 1981 година. Во декември 1983 година со помош на овие самоодни ракетни системи, беа соборени американски авиони од типот „А-6E“ и „A-7E“.

Трајче Денчевски

СПЕЦИФИКАЦИИ

Вооружување Оклоп на возило4 × „SA-9“ РАКЕТИ 5 - 14 ммЗемји корисници Ефективен дострел и виочина

Алжир, Ангола, Ерменија, Бенин, Бугарија, Чешка, Куба, Хрватска,

Босна и Херцеговина, Египет, Етиопија, Унгарија, Индија, Ирак, Либија,

Монголија, Мозамбик, Никарагва, Полска, Романија, Русија, Србија,

Словенија, Сирија, Уганда, Украина, Узбекистан, Виетнам, Јемен.

Дострел:(„9M31“) 1000 - 4200 метри(„9M31M“) 500 - 4200 метри

Висина:(„9M31“) 50 - 3000 метри(„9M31M“) 30 - 3500 метри

Наведување Радар(„9M31“) неладена инфрацрвена глава

за самонаведување, 1-3 µm Flat Box A

Боева глава Тежина на возило во борбена положба

3 кг експлозив со контактна и близинска запалка 7000 кг

Посада Димензии на возило (во маршевска положба)

3 лица (командир, оператор и возач) Должина - 5,8 м; Ширина - 2,4 м; Висина - 2,3 м.

43

Page 44: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

44

Истражувачите велат дека третирањето на сушите на ист начин како и ураганите би било од исклучителна

помош за ранливите области и региони. Тие се надеваат дека наскоро ќе бидат во ситуација да може да ги предвидат сушите, а воедно и да ги предвидат нивните треактории додека „поминуваат“ низ континентите. Сушата е голема природна катастрофа која полека се создава и се зголемува во едно место, а потоа полека почнува да се движи низ регионот, зголемувајќи ги интензитет и димензиите. Додека се шири, сушата ги уништува земјата и земјоделството, а има уништувачки ефект и врз заедниците и општеството во целост. Сушата, притоа може и да однесе многу човечки животи. Сепак тоа не е ураган, туку суша. Затоа, научниците во својата истражувачка работа веќе почнуваат да ги разгледуваат сушите како еден вид динамична сила, влевајќи надеж дека

наскоро тие ќе бидат мониторирани на ист или барем сличен начин како и ураганите. Воедно, научниците ќе бидат во можност да го предвидат нивниот развој и нивните патеки. Така, ќе се заштити сè што ќе се најде долж нивната траекторија, која според една неодамнешна студија изнесува од 1.400 до 3.100 километри кај барем 10 проценти од нив, Студијата, која опфаќа анализа на 1.420 суши во периодот помеѓу 1979 и 2009 година, идентификува повеќе „кризни жаришта“ за појава на сушите во светот, како и заедничките правци по кои се движат сушите. Така на пример, некои суши во југозападниот дел на САД имаат тенденција да се движат од југ кон север. Во Аргентина пак, тие обично мигрираат во спротивна насока. Во Централна Африка пак, сушите имаат тенденција да се движат југоисточно кон брегот. Сушата може да започне од некаде, да се движи низ целиот континент и

Глобал

Справување со сушата како природна непогода

Овој напис, кој е базиран на податоци од интересни и нови студии направени под покровителство на фондацијата „Томсон

Ројтерс“, се занимава со феноменот на сушата како

елементарна непогода. Во написот се пренесени

неколку основни појаснувања во врска со третманот и справувањето со сушите како природни непогоди, воедно споделувајќи ги

искуствата преку опис на еден актуелен пример на една држава погодена од оваа

елементарна непогода

Page 45: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

45

да предизвика штета долж нејзината траекторија. Некои научници велат дека сушите кои се „движат“, вообичаено се од поголем размер и прераснуваат во катастрофи. Тие имаат погубни ефекти врз земјоделството, флората и фауната, мочуриштата и човечкиот живот, велат од Националниот центар за ублажување на суши (во оригинал: National Drought Mitigation Center), со седиште во САД. Воедно, сушите се исто така и најскапите природни катастрофи со кои се соочуваат луѓето денес. Една од анализираните суши започнала во 2008 година во Украина и Русија, и се „придвижила“ околу 1.700 километри североисточно, завршувајќи во северозападниот дел на Русија, при што долж нејзината траекторија афектуирала и делови од Казахстан со должина на траење од речиси една година.Според фондацијата „Томсон Ројтерс“ луѓето досега не размислувале на овој начин за оваа природна појава. Тие најавуваат истражувања, кои би можеле да дадат придонес во правец на разјаснување на причините и механизмите поради кои некои суши се „движат“, како и на факторите односно причините кои имаат влијание долж нивните траектории. Велат дека ова може да се реализира само преку соработка помеѓу националните влади. Сепак, она што е од искулучителна важност е потребата да се има глобално или континентално разбирање во однос на „однесувањето“ на сушите. Научниците истакнуваат дека соработката е нешто од кое најголем бенефит ќе имаат луѓето, земјоделците, градовите, електраните и растенија на кои им треба вода. Затоа и препорачуваат соработка на меѓународно ниво.СОМАЛИЈАЕден таков свеж пример на потреба од соработка кога е во прашање справувањето со последиците од сушата е Сомалија. Таму сушата веќе однесе 110 живота, а недостигот на безбедна вода за пиење предизвика појава на колера во југозападна Сомалија. Сегашната суша започна во 2015 година, како резултат на четири последователни сезони со потпросечни врнежи. Другите земји во регионот, како Етиопија, Кенија и Јужен Судан се исто така многу силно погодени од сушата. Во Кенија и Етиопија, можеме да видиме дека нивните влади навистина добро реагираат, но дури и кога владите реагираат ефикасно сами по себе не се доволни па затоа има потреба и меѓународни организации каква

што на пример е „Спасете ги децата“ (во оригинал:Save the Children) да влезат во игра. Само во Сомалија, повеќе од 6 милиони луѓе се во криза и проблем е снабдувањето со храна и тие се зависни од надворешна помош. Ова е криза која Спасете ги децата[во оригинал:Save the Chil-dren] ја вбројуваат во највисоката категорија за кризи. На глобално ниво, само Сирија е во иста категорија. Посетите од познати меѓународни актери и институции, како и на генералниот секретар на ОН се многу важни за оваа криза да се стави на меѓународната сцена и да ѝ се даде вниманието што го заслужува. Сомалија, како што и

претседателот на Сомалија прогласи, не е во позиција да ги спречи смртните случаи во земјата. Тоа зависи од меѓународната заедница и потребни се повеќе финансиски средства. Тоа не е само обврска на ОН, туку и на други донатори треба да влезат во игра за да се обезбедат повеќе средства за регионот, а капацитетот на меѓуанродните организациите присутни во земјата, да се претвори во доволна помош за луѓето.

М-р Билјана Поповска (користени податоци од Geophysical

Research Letters,Фондација „Tомсон Ројтерс“

Page 46: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

46

Изучување на воената историја нуди готови лекции за борбеното искуство на претходниците, кои доколку

критички се стават во денешен контекст може да придонесат за подобра подготовка за војна. Сфаќање на тактичките постапки, карактеристики на вооружувањето и одлуките на воените лидери во минатото се индикатори за разбирање на врската меѓу воените

работи и општествените случувања во одредено време. Прашањето е како старите лекции да се стават во функција да бидат корисни за денешното војување. На пример, денес војната е поместена кон урбаните средини, но што влијае на тоа? Ако карактеристиките на вооружувањето во 19 век наметнале војната претежно да се води на бојно поле надвор од урбаните средини, тоа значи дека технологијата и

современите оружја денес, всушност се виновни за урбаното војување и со тоа ја комплицираат војната. Ако во современите војни цивилите многу повеќе страдаат отколку порано, дали тоа значи дека треба да се насочи воената доктрина кон повторно оддалечување на бојното поле надвор од населението? И дали воопшто тоа е возможно, или мора да се прифати дека идните војни ќе се водат претежно во урбана средина.

Историјата за оперативната вештина

Низ историјата

Page 47: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

47

Ако е така, како тоа да влијае врз урбанизацијата: дали во иднина секоја ново изградена стандбена зграда треба да има засолниште како во минатото и кој треба да донесе таква одлука на национално ниво?Клаузевиц и Жомини се служеле со лекции од минатото истражувајќи што ја сочинува борбата, што ги мотивира луѓето да се борат, кои се основите на лидерството и командувањето. Без оглед на периодот, постојат фундаментални правила во војна кои останале непроменети низ историјата. Потребно е да се оди наназад, да се сфатат промените низ времето, да се види како се променило боиштето, како вооружувањето влијаело на тактиката, стратегијата и понатаму на војната која го менува целото општество. Проучување на историјата

поттикнува прашања за настани кои се релевантни денес. Притоа, не се толку важни датумите и фактите, колку самите процеси. Војната има преголемо влијание на сите други аспекти во општеството за да се исклучи само како тактика. Обично колку воените практичари одат погоре низ кариерата, толку би требало пошироко да ги гледаат работите и како општеството влијае врз војничката професија. За да се сфати контекстот како во различни периоди луѓето се соочувале со новитетите и како се прилагодувале на нив, во предвид се земаат повеќе параметри: глобални, регионални и локални, технологија, психологија, социологија и сл. Не е лесно да се идентификуваат промените кои влијаеле на промени во војските во краток период. Постои тенденција да се проучуваат и анализираат само најновите искуства од последната војна, но тоа се искуства кои се временски кратки и ограничени. Една од често повторувана заблуда е дека „историјата се повторува“. Ова не е сосема точно бидејќи условите секогаш се различни. Треба да се пронајдат сличностите кои се навистина релевантни за сфаќање на процесот. На пример, како Фредерик победувал со помалку војници? Тоа е важно да се спореди денес, кога имаме помали актери кои успешно се спротивставуваат на многу поголеми противници.Во денешното море од информации на Интернет, не е само проблем да се утврди што е вистина, а што не, туку и колку вистинските информации се навистина корисни. Од безброј историски факти, не се сите воени искуства навистина корисни за да се извлечат принципи и идеи кои може да се применат во денешни услови. Додека историјата е запис на тоа што се случило во минатото, потребна е

теорија за да се објасни што тоа значи, т.е. потребно е да се развие теоретски пристап при анализирање на војната. Со проучување на историјата, се развива филозофија како гледаме на војната. Постојат сличности кои се безвременски, како на пример сличностите на мојот противник денес со некој друг во минатото. Метафората на Давид и Голијат денес е порелевантна од било кога: тероризмот наспроти најсовремените воени машинерии.Тешко е секој да се убеди дека вреди да се троши време на воената историја. Секогаш постои скептичност дали тоа навистина помага или релевантна е само моменталната пракса. Теориите се понекогаш погрешни, но секогаш во одреден временски контекст

Изучување на воената историја има големо

значење за војната, војската и војничката професија.

Иако во сите професии се учи од искуства, особено воената организација за

да се развива има потреба од ретроспектива. Многу познати и успешни воени лидери како Фредерик,

Наполеон и Патон се интресирале за историјата

Page 48: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

48

имаат своја вредност. Освен тоа, самиот начин како се доаѓа до нив е корисен. На пример, Жомини не е релевантен толку денес во буквална смисла, но релевантен е неговиот обид да се направи чек листа на принципи во војна, како зачеток на модерната теорија за војната, тактика и оператика. Исто така, книгата „За воените работи“ на римскиот теоретичар Вегетиус е вредна како пример за тоа како се пишуваат воени прирачници. Можеби најважна поента на изучување на историјата е како состојбите и условите влијаеле врз одлуките на воените лидери. Некои одлуки кои денес се чудни и нерелевантни, во тоа време, на тој простор, во тие

услови, биле логични, и покажува зошто одредено решение во тој контекст било прикладно и можеби единствено. Сè до 20 век траела ерата на ограничена војна. Ресурсите за војна биле ограничени, а државите во Европа имале мали војски кои не можеле да војуваат долго време и за големи стратегиски цели. Победничките држави во војна никогаш немале за намера целосно уништување, на пример убивање на кралот, бидејќи така целиот систем се рушел. Целта било да се одземе територија или колонија, но никако тотално да се онеспособи противникот. Модерното војување се смета дека започнало со општествените промени во 17 век поради внатрешната борба за моќ во државата, кога благородниците го финансирале кралот за да собере војска. Бидејќи тие имале голем удел во финансирањето на воените походи, тоа значело и стекнување право да влијаат на одлуките, дури и избор на целите во војна. Кој плаќа за војната е релевантно и денес, посебно во коалициските операции. Ако војната чини пари, тоа може да влијае врз сите во општеството, и доколку нема резултати, може да доведе до притисок на владите кои ја води војна да отстапат. Во време на тактиката на опсада, можело точно да се пресмета колку треба да се потроши за да се освои тврдината. Маневарската борба се наметнала токму од економски причини за да се избегне отворена борба, бидејќи губењето на војници значело губење на пари. Посебно значајна револуционерна промена на војските во Европа во периодот од 17-18 век била

Со проучување на историјата, се развива филозофија како гледаме на војната. Постојат сличности кои

се безвременски, како на пример сличностите на мојот

противник денес со некој друг во минатото. Метафората на Давид и Голијат денес е порелевантна од било

кога: тероризмот наспроти најсовремените воени

машинерии

Page 49: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

воведување на дрилот како алатка за градење на кохезија и дисциплина. Претходно, војските во Европа биле како глутници без контрола. Како подобрувањето на воената дисциплина влијаело врз општеството е евидентно од фактот што кога се ставила контрола врз професионалните војски кон крајот на 18 век, европските држави всушност зајакнале како колонијални сили. Кон крајот на 19 век Европјаните запоседнале дури две третини од планетата. Професионалните војски на Британците, Шпанците и французите успеале да контролираат огромни територии во Африка, Азија и Јужна Америка, бидејќи научиле на европските боишта дека дисциплината, организацијата и професионалноста е клуч за успех. Бидејќи историчарите не може да ја раскажат цела приказна за тоа што се случило, тие мора да го „насликаат“ минатото. Џон Луис Гадис е воен историчар кој тврди дека единствен начин да се „наслика“ минатото е преку користење на интердисциплинарни методи. Во неговата книга „Пејсаж на историјата“, тој вели дека историчарите може да го подобрат својот занает само доколку отворено ја прикажат својата методологија. На микро ниво, односот помеѓу причините е линеарен, додека на макро ниво односот е нелинеарен и мора да се гледа на системот во целина. Историјата е еден од оние системи кој истовремено може да биде и едноставен и комплексен. Времето и просторот се полето каде што историјата се случува. Гадис вели дека историчарите ги манипулираат овие две на различни начини: преку

метод на селективност со избор на одредени точки во минатото и истакнување само на нивното значење; преку симултаност кога разгледуваат повеќе точки во минатото одеднаш; и преку споредување на минати настани во однос на условите денес, за да се открие значењето на некои процеси кои порано не биле видливи. Затоа кога се чита некој историски текст, треба да се земе предвид пристрасноста на авторот, што е изоставено, а што е истакнато; кои се примарни, а кои секундардни историски извори и која е крајната цел, т.е. пораката која авторот ја праќа на читателот. Историјате е наука која не може да се провери во лабораторија. Таа се сведува на перцепција која за да биде што поточна, мора не само да се базира на факти туку тие да се стават во поширок контекст за сликата

да биде целосна. Денес претставува проблем не само да се открие што е точно, туку дали е тоа воопшто важно за разбирање на сликата. Редукционизмот се создава кога при историска форензика се фокусираме на независните варијабли. Тоа е верување дека може да се разбере нешто преку негово растурање на делови. Независната варијабла е онаа со која се манипулира за да се набљудуваат ефектите на други варијабли. Бидејќи историјата има премногу варијабли, Гадис нуди метод кој ги гледа односите меѓу варијаблите, без да се изолира независната варијабла. Според ова, денешницата е точка во време и простор низ која се пресекуваат линиите на минатото и иднината. Колку настаните се подалеку во минатото, толку се побледи, полесни за манипулација и потешки да се стават во вистински контекст. Од друга страна, колку подлабоко се гледа во иднината, толку е потешко да се предвиди што може да се случи. Со секое оддалечување од денешницата во двата правци се зголемува хаосот и комплексноста на системот. Ова е важно за оперативната вештина за да се одговори на прашањата „дали ги правиме вистинските работи“ и „дали вистинските работи ги правиме правилно“? Затоа е потребно изучување на воената историја, дури и кога изгледа дека е нерелевантна за денес. Предизвикот е како да знаеме дали ги донесуваме вистинските одлуки, кога за минатите одлуки е потребно време за да се покаже дали биле правилни или неправилни.

Ѓорѓи Вељовски

Проучување на историјата поттикнува прашања за настани

кои се релевантни денес. Притоа, не се толку важни датумите и

фактите, колку самите процеси. Војната има преголемо влијание

на сите други аспекти во општеството за да се исклучи

само како тактика. Обично, колку воените практичари одат погоре низ кариерата, толку би

требало пошироко да ги гледаат работите и како општеството

влијае врз војничката професија

49

Page 50: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

50

Седиштето на НАТО во Брисел е политички штаб на Алијансата и постојан дом на Северноатлантскиот

совет. Во него се сместени постојаните претставници, националните делегации, генералниот секретар, националните воени претставници, претседавачот на Воениот комитет и Меѓународниот воен штаб. Исто така тука се сместени и дипломатските мисии од земјите партнери, штабот на НАТО за консултации како и бројни агенции на НАТО.Во членот 9 од Северноатлантскиот договор на НАТО е предвидено „формирање совет во кој секоја членка ќе биде претставена“. Првично Советот бил составен од министрите за надворешни работи на членките на НАТО и заседавал на годишно ниво. По Лисабонската конференција, земјите-членки започнале со избор на личност кој ќе може да ја пополни улогата на генерален секретар. Првиот генерален секретар бил избран на 4 април 1952 година. Во тоа време, неговата одговорност била функционирањето на организацијата, нејзините активности, вклучувајќи ги и сите цивилни агенции.

Од тогаш дванаесет различни дипломати официјално биле генерални секретари. Тие биле избрани од осум земји и тоа од: Велика Британија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Шпанија, Данска и Норвешка. Како прашање на традиција, функцијата генерален секретар се одржува и номинира од страна на Европа. Оваа структура е наменета со цел да се балансира влијанието на САД кој го назначува врховниот командант на сојузничките сили во Европа (SACEUR) и повеќето високи воени офицери на НАТО. Врховниот командант ја остварува својата команда на НАТО во врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE), недалеку од Монс, Белгија. Генералниот секретар се избира со консензус помеѓу земјите-членки на НАТО и не постои формален процес за избор. Наместо тоа, дипломатите од земјите на НАТО неформално разговараат за ова прашање до изборот на кандидатот. Нема одлука сè додека не се постигне консензус за еден кандидат.Оваа процедура најчесто се одвива преку неформални дипломатски канали, но сепак може да се појават и спорни ситуации. На пример во 2009 година, се појавија контроверзии околу изборот

Генерален секретар на Н А Т О

Глобал

Page 51: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Генерален секретар на Н А Т О

51

на Андерс Фог Расмусен за генерален секретар поради противењето на Турција. Генералниот секретар обично има мандат од четири години, но може да биде продолжен со консензус на земјите-членки. На крајот од својот мандат, на актуелниот секретар може да му биде понудено да остане во петтата година од мандатот.Генералниот секретар е висок меѓународен државник номиниран од владите членки за претседавач на Северноатлантскиот совет (врховна организација на Алијансата за донесување одлуки) со исклучок на Воениот комитет на НАТО. Тој претседава со Комитетот за планирање на одбраната и со Групата за нуклеарно планирање. Генералниот секретар е титуларен претседавач и на други високи комитети на НАТО и извршен шеф на НАТО. Секретарот исто така е претседавач на Евроатлантскиот партнерски совет и на Медитеранската група за соработка, како и претседавач на Постојаниот здружен совет на НАТО и Русија. Заедно со украинскиот претставник тој е претседател на Комисијата на НАТО и Украина, како и претседател на Комисијата на НАТО и Грузија. Генералниот секретар нема никаква воено-командна улога, односно политичките, воените и стратешките одлуки се во рацете на земјите-членки. Заедно со претседавачот на воениот комитет на НАТО и врховен командант на силите во Европа, генералниот секретар е еден од најистакнатите претставници на НАТО. Одговорен е за унапредување и насочување на процесот на консултации и донесување одлуки кои се извршуваат ширум Алијансата. Тој може да предложи теми за дискусија и одлучување и има власт да посредува при несогласувања помеѓу две земји- членки. Генералниот секретар има обврска да му дава насоки на Меѓународниот штаб во надворешните односи, во комуникациите и контактите со владите на земјите-членки и со медиумите. Генералниот секретар е главен портпарол на Алијансата и ја претставува организацијата во јавноста во име на земјите-членки, како одраз на нивните

заеднички ставови за политички прашања. За таа цел, тој редовно одржува прес-брифинзи и конференции, јавни предавања и говори. Генералниот секретар има обврска да му дава насоки на Меѓународниот штаб како целина и под негова директна власт се наоѓаат личниот Кабинет и Кабинетот на генералниот секретар. Персоналот на Меѓународниот штаб доаѓа од земјите-членки и му служи на Советот, на комитетите и на нивните подредени работни групи. Генералниот секретар е

директно поддржан од личната Канцеларија и од заменик-генералниот секретар. Заменикот му помага на генералниот секретар при извршувањето на неговите функции и го заменува во негово отсуство, претседател е на голем број високи комитети, ад хок и работни групи.Во прилог на овие официјални надлежности и одговорности, генералниот секретар мора да одржува блиски односи со шефот на државата на секоја земја-членка на НАТО и да работи

формално и неформално со други дипломати по однос на прашања со кои се соочува Алијансата. Тој делува како олеснувач при донесување на одлуките, води насочување на процесот на градење консензус и одлучување во Алијансата. Генералниот секретар одржува директен контакт со шефовите на министрите за одбрана на држави и на влади со цел да се олесни целокупниот процес на функционирање. Ова вклучува редовни посети на НАТО и партнерските земји, како и билатерални средби со високи државни претставници при посетата на седиштето на НАТО. Неговата улога му овозможува да изврши влијание врз процесот на донесување одлуки, но со почитување на основниот принцип за донесување одлуки од самите влади на земјите членки на НАТО.Република Македонија во повеќе наврати беше цел на посетата на генералниот секретар на НАТО со главни теми на разговори за статусот на прогресот на Република Македонија во однос на имплементацијата на реформските процеси во земјата, евро-атлантската интеграција и забрзаното остварување на членството во НАТО.

Драган Павловски

Генералниот секретар е висок меѓународен државник

номиниран од владите членки за претседавач на

Северноатлантскиот совет (врховна организација на

Алијансата за донесување одлуки) со исклучок на

Воениот комитет на НАТО. Тој претседава со Комитетот за планирање на одбраната и со Групата за нуклеарно планирање. Генералниот

секретар е титуларен претседавач и на други високи комитети на НАТО и извршен

шеф на НАТО

Page 52: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

52

Scorpion „EVO 3 A1“ е развиен и се про-изведува од светски познатата компанија „Česká zbrojovka Uherský Brod“. Оружјето се карактеризира со голема прецизност, релативно мала тежина, добар баланс, компактни димензии кои овозможуваат негова лесна примена во тесни простори, голема безбедност при ракување и издр-жливост, кои се докажани при успешните тестирања во различни временски и те-ренски услови каде бил изложен на кал, вода, песок и мраз.Автоматот „Scorpion EVO 3 A1“ функцио-нира на принципот слободно тргнување на затворачот, а дејствува од таканаре-чена затворена позиција на затворачот, каде куршумот е во цевката, а слобод-ниот затворач лежи на задниот дел од чаурата. Откако ќе се испука последнот куршум затворачот останува во задната положба. Оружјето е изработено од полимер и челик. Од полимер се изработени дводелниот сандак (лев и десен дел кои се спојуваат со имбусни штрафови), кундакот, предниот ракофат, пиштолски-от ракофат, куќиштето во кое е сместен механизмот од чкрапалото и проѕирната рамка за муниција. Додека од челик се изработени цевката, затворачот, механиз-мот на чкрапалото, пружините и друго. Инаку растојанието помеѓу пиштолски-от ракофат и чкрапалото може да се подесува според големината на раката од корисникот. За автоматот се нудат 2 цевки, едната е стандардна, а втората има ребра со цел нејзино побрзо ладење. Цевката внатрешно има 6 жлеба со десен чекор на ротација чијшто круг се затвора на 250 mm. На врвот од цевката е поставен компензатор на истрел, а по потреба може да се постави придушувач на истрел. Градбата на автоматот овозможува лесно ракување со него, независно дали си деснак или левак, бидеќи селекторот за стрелба и утврдувачот на рамката за муниција се поставени од двете страни, а рачката за репетирање лесно може да се постави од десната или левата страна на автоматот. За разлика од претходно наведните команди, лостот за ослободување на затворачот е поставен само од левата страна на оружјето. Регу-латорот за стрелба поседува 4 позиции: закочено, единечна стрелба, рафал од 3

куршуми и рафална стрелба. Карактери-стично кај рачката за репетирање на за-творачот е што при стрелба не се движи и стои во предна позиција.Кундакот при склопување се позицио-нира од десната страна од сандакот и истиот по потреба може да се одвои од автоматот. Кога кундакот е склопен не пречи при стрелба со автоматот. Со цел прилагодување според потребите на ко-рисникот кундакот поседува 3 позиции за утврдување на неговата должина. Автоматот поседува 4 пикатини шини, од кои најдолгата е поставена на горниот дел од автоматот (оваа шина е дводелна и еден помал дел се наоѓа на горниот дел од ракофатот, а другиот дел на сандакот), додека другите 3 се поставени само на предниот ракофат (по 2 од страните и една на долниот дел). На горната шина можат да се постават механички нишани, но и различни модели на колиматор-ски, дневни и ноќни оптички нишани. На шините може да се постават и ласерски нишан, тактичко светло, дополнителна вертикална рачка и друго.Покрај стандардната воено/ полицика верзија „Scorpion EVO 3 A1“, за потребите на цивилниот пазар е развиена и полу-автоматска верзија која се води под оз-наката „Scorpion EVO 3 S1“. Моментално автоматот се користи во воени и безбед-носни служби на 13 држави во светот.

Ивица Дамески

Вооружување

Автомат „Scorpion EVO 3 A1“

1. Преден механички нишан2. Левата страна на сандакот3. Горна пикатини шина4. Ослободувач на затворачот5. Заден механички нишан6. Ослободувач на кундакот7. Цевкасто куќиште на кундакот8. Наслонот на раме од кундакот9. Позиционер за должина на кундакот10. Селектор за стрелба11. Пиштолски ракофат12. Чкрапало13. Проѕирна пластична рамка за муниција14. Двоиво куќиште во кое е сместен механизмот од чкрапалото, а водено е и прифаќач на рамката за муниција

1718

19

2022

27

28

26

Page 53: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

53

12

ТАКТИЧКО- ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА SCORPION EVO 3 A1

КАЛИБАР 9 mmМУНИЦИЈА 9х19 mm Parabellum

ДОЛЖИНА СО РАСКЛОПЕН КУНДАК 670 mm

ДОЛЖИНА СО СКЛОПЕН КУНДАК 410 mm

ШИРОЧИНА СО РАСКЛОПЕН КУНДАК 60 mm

ШИРОЧИНА СО СКЛОПЕН КУНДАК 85 mm

ВИСОЧИНА БЕЗ МЕХАНИЧКИ НИШАНИ 262 mmДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 196 mm

ДОЛЖИНА НА НИШАНСКА ЛИНИЈА 240 mmТЕЖИНА БЕЗ РАМКА ЗА МУНИЦИЈА И

РЕМЕН 2.720 gr

ТЕЖИНА СО ПРАЗНА РАМКА ЗА МУНЦИЈА И РЕМЕН 3.260 gr

ТЕЖИНА НА ПРАЗНА РАМКА ЗА МУНИЦИЈА 120 gr (со капацитет од 30 куршуми)

ТЕОРЕТСКА БРЗИНА НА СТРЕЛБА 1.150 куршуми во минутаПОЧЕТНА БРЗИНА НА ПРОЕКТИЛОТ 370 m/s

ЕФИКАСНО ДЕЈСТВО до 250 m

15. Долна пикатини шина16. Цевка со калибар од 9 mm17. Рачка за репетирање18. Ребра за ладење на цевката19. Компензатор на истрел20. Преден ракофат21. Затворач22. Ударна игла23. Повратна пружина со водиште24. Десната страна на сандакот25. Елемент за утврдување на позицијата меѓу кундакот и сандакот26. Механизам на чкрапалото27. Двостран утврдувач на рамката за муниција28. Метална чивија за спојување на сандакот и куќиштето од механизмот на чкрапалото

6

8

9

10

11

12

1516

13

14

7

3

23

24

25

Page 54: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

54

ДАНЕ ПЕТКОВСКИ, генерал-полковник, учесник во НОАВМВо НОАВМ се приклучил 1941г., и бил за-меник политички комесар на баталјон, 10.МНО бригада, а потоа политички комесар на дивизија. По ослободувањето завршува повеќе високи воени школи како што се: Виша политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“, Виша воена академија (ВВА) и Школа за народна одбрана (ШНО). Со чинови се стекнува по ослободувањето и тоа: 1945 потполковник,1952г. станува полковник, 1964 генерал-мајор, 1968г. генерал-потполковник и 1974г. генерал-полковник. По војната бил командант на дивизија и воено подрачје, на-чалник на управа во Сојузниот секретаријат за народна одбрана (ССНО) и помошник на сојузниот секретар за народна одбрана. Во периодот 1945-1947г. е комесар на Воениот округ во Штип. Во периодот 1964-1967г. е командант на 6.личка дивизија, по што заминува за командант на Скопско воено подрачје каде останува во период 1967-1969г. Потоа заминува за Белград каде врши повеќе функции. Носител е на „Партизанска споменица 1941“ и повеќе југословенски одликувања како што се: „Орден за хра-брост“ 1962г., „Партизанска ѕвезда од трет ред“ 1970г. и други. Почина во 2005г. во Белград.

МЕТОДИЈА СТЕФАНОСКИ, генерал-полковник По војната генерал-полковникот Методија Стефановски, напредува во воената кариера и последователно ги добива чиновите: 1945 поручник, 1946 капетан, 1950г., мајор, 1955 потполковник, 1965 полковник, 1970 генерал-мајор, 1976 генерал-потполковник,1985г. генерал-полковник. По ослободувањето бил на разни командни места. Така во периодот 1945-1949г., бил заменик на началникот на дивизија во контраразузнавачката служба (КОС). Во периодот 1949-1954г. е началник на отсекот на КОС во Скопје. Потоа бил: началник на 12 отсек во Корпусот 1954-1956г., началник на от-сек на Одделението за безбедност на 3. армиска област, 1956-1959, началник на отсек во одделение на Управата за без-бедност (ДСНО) 1959-1968г., началник на Одделението за безбедност на 1.армиска област во Белград во период 1968-1969г. Во периодот 1969-1975г., бил републички секретар за народна одбрана на СРМ и член на Комисијата за безбедност, народ-на одбрана и општествена самозаштита 1974г., бил републички секретар за народ-на одбрана на СРМ 1974г., член на Из-вршен совет на СРМ 1974г. Во периодот

1975-1980г. бил помошник секретар на МПВ и ПП на Првата армија. Во периодот 1980-1982г., бил претседател на Комите-тот на СКЈ при ЈНА во Белград, потоа во периодот 1982-1984г. бил заменик на началникот на ГШ на на ЈНА за ТО во Белград и во периодот 1984-1986г., бил помошник во ССНО за политичко-правен сектор во Белград. Во1986г. е пензиони-ран. Носител е на одликувањето „Парти-занска ѕвезда“ од втор ред во 1947г.

ЛАМБЕ МИХАЈЛОВСКИ, генерал-полковник, командант на баталјон во НОБ, командант на Третата скопска армиска област на ЈНА.Бил учесник во НОБ од 1942 година кога со Македонците од Белград на 7 декем-ври 1944 година го формира баталјонот „Јане Сандански“, во состав на 1. личка пролетерска бригада „Марко Орешковиќ” од составот на 6. личка пролетерска дивизија „Никола Тесла“.Ламбе Михајловски постапно напредува во воената служба на следниот начин: 1944 е унапреден во чин капетан, во 1949г. мајор, во 1955г. потполковник, во 1962г. полковник, во 1969г. генерал-мајор, во 1976г. генерал-потполковник и во 1982г. генерал-полковник.

МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЛИ во ЈНА и во ТО на Македонија

Фељтон

Page 55: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

МАКЕДОНСКИ ГЕНЕРАЛИ во ЈНА и во ТО на Македонија

55

Во периодот 1945-1961г. бил на повеќе воени должности во Белград, Скопје и Приштина, а во 1961г. станува помошник началник на Одделение за правила на Управата на оклопните единици (ОЈ), по-тоа во периодот 1963-1967г. е командант на Оклопната бригада во Загреб. По ова заминува за Бања Лука на должноста по-мошник началник за настава во Школски центар за оклопни единици (ШЦОЈ) 1967-1979г. Од таму заминува за Белград каде во периодот 1970-1973г. е началник на Одделението за ОНП во Командата на 3. армија во Скопје. Во периодот 1973-1975 година е во Скопје на должноста помош-ник командант на 3.армија за заднина, а во периодот 1975-1977г. станува начал-ник на Штабот на 3. и во периодот 1977-1984 година е командант на 3. армија во Скопје. Активната воена кариера ја завршува како командант на 3.скопска армиска област до 1985 година, кога е пензиониран.Автор и коавтор е на повеќе дела меѓу кои се: „Јане Сандански“, македонски баталјон во составот на 1. пролетерска бригада на 6.личка дивизија, „Моите пар-тизански бригади во војната“, „На гене-ралски должности во Скопската армиска област“ и други. Почина на18.10.2006г.

АЛЕКСАНДАР СПИРКОСКИ, генерал-полковник во ЈНАВо периодот 1948-1951г. завршува Во-ена академија, насока противавионска артилерија, по што е назначен на долж-носта командир на вод во гарнизонот во Ниш. Во 1960 година бил префрлен во Приштина и назначен за командант на Противавионска батерија. Во воената служба напредува последодателно и тое: поручник 1955, капетан 1959, капетан прва класа 1962, мајор 1967, потполков-ник 1970, полковник 1975, генерал-мајор 22.12.1980г., генерал-потполковник 22.12. 1985, и генерал-полковник на 22.12. 1989г. По завршувањето на Вишата воена академија, во 1967 година бил назначен за командант на Противавионскиот арти-лериски баталјон во 2.пролетерска пеша-диска дивизија. Подоцна бил назначен за началник на Штабот на полкот. По успеш-ното завршување на воен колеџ, бил на-значен за командант на полк, и по четири години, бил назначен за началник на Штабот на 2. пролетерска дивизија. Само седум месеци подоцна, бил назначен за командант на 9. далматинска дивизија во Книн каде останува до1980г. Бил и командант на 1.гардирска механизирана дивизија. Како успешен воен командант

во 1983 година, бил назначен за началник на Штабот на 2. армија во Ниш, по што, во 1986 година е поставен за командант на 1. армија во Белград. Во 1989 година станува командант на Првата воена об-ласт. Во ноември 1991 година, е назначен за потсекретар за кадровски прашања во ССНО, каде останува до 31 август 1992 година. Така по 41 години воена служба заминува во пензија. За својата успешна воена служба повеќепати е наградуван со медали од редот на воените заслуги и тоа: „Медал за воени заслуги“ 1956, „Ор-ден за воени заслуги со сребрени мечеви“ 1961, „Орден на народна армија со сре-брена ѕвезда“ 1970г., „Орден на народна армија со златна ѕвезда 1977“, „Орден југословенско знаме со златен венец“ 1983г., „Орден на народна армија со ло-воров венец“ 1988 и „Орден југословенско знаме со лента“ 1990г. Тој е добитник и на наградата „22 декември“ добиена во 1990г. Тој беше првиот повоен ЈНА офи-цер одликуван 1975г., со „Орден на брат-ство и единство“, кој дотогаш ексклузивно се доделува на офицери на ЈНА, кои беа учесници во НОБ. Почина на 31 март 2011 година во Белград.

д-р Марјан Димитријевскигенерал во пензија Борис Стојаноски

Македонските воени кадри, како впрочем и сите останати воени

кадри во СФРЈ, имаа можност да се школуваат и стручно да се усовршуваат во

поголем број тесно специјализирани воени училишта и академии

кои се наоѓаа на целата територија на тогашна

СФРЈ

Page 56: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

56

Филм

Поставете си едно хипотетичко прашање: Ако би требало да заминете во некоја исклучително крвава битка во војна, што би

понеле со себе за да ги зголемите шансите да се вратите живи? Многумина, одговорот на ова прашање би го барале во изборот на специфични оружја со кои би се шти-теле, но за младиот Дезмонд Дос, херојот на филмот за кој зборуваме во овој број на „Штит“, одговорот е јасен – „Библијата“ и вербата во Бога. Зошто Дезмонд Дос, човекот за чиe искуство како учесник во Втората светска војна е снимен овој филм е толку специјален? Затоа што овој човек успева не само да преживее во бруталната битка на Окинава против јапонската војска, туку и да стане воен херој, притоа без да испука ниту еден куршум или да повреди друг човек. Неверојатната и инспиративна приказна на несебичниот и скромен воен медицинар ни ја пренесува Мел Гибсон како режисер на двократниот овогодишен

Оскаровец – Гребенот Хексоу (Hacksaw Ridge).

Неверојатна вистинска приказна„Господе, те молам дај ми сила да пре-несам само уште еден!“ Со оваа молба, Дезмонд Дос со натчовечки напор упорно се враќа, повторно и повторно, среде опасното бојно поле барајќи преживеани војници и еден по еден, сам ги извлекува од смртоносната карпа т.н. „Гребен на спасените“. Одбивајќи да се повлече со остатокот од четата и да ги остави по-вредените, овој медицинар прави нешто невозможно – успева да спаси околу 75 припадници на американските трупи кои при повлекувањето останале на гребенот. Самиот Дос се сеќава дека спасил околу педесетмина, додека неговите собор-ци сметаат дека се двојно повеќе. Но, броењето било последна работа на која би помислил овој хуманист кој го ставил својот живот во ризик преку неговиот пож-

ртвуван акт. Она што е посебно интересно е што сето ова, Дезмонд Дос го остварува без притоа да допре оружје со неговите раце, а уште помалку да истрела барем еден куршум. Неговите лични убедувања се косат со употребата на оружје. Тогаш што бара еден човек со ваква морална филозофија во армијата, каква корист таа би имала од него? Незапирливата желба да помогне наместо да седи како набљудувач додека неговите пријатели ги остават коските бранејќи го мирот, а посеб-но испровоциран од случувањата со Перл Харбор, го мотивираат младиот Амери-канец да се вклучи во армиските редови. Но неговото присуство, веднаш повлекува низа контроверзии. Како може човек кој одбива да носи оружје да биде полезен во битка? Перципиран како најслаба алка, Дос е изложен на брутална и континуирана психичка и физичка тортура од страна на останатите војници и неговите претпоста-вени, со цел да се откаже. Сепак, волјата

„Гребенот Хексоу“

Page 57: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

57

на овој човек е челична, толку цврста што ќе истрпи секакво малтретирање. Иронич-но, истите тие кои ќе вложат максимални напори да го исфрлат од четата се оние кои подоцна ќе го преживеат со помош на храброста и несебичноста на Дезмонд Дос. Освен главниот протагонист, во филмот треба да се потенцираат мајката на Дос и таткото кој живее во пострауматски стрес како ветеран од минатата војна и кој истов-ремено има и конфликтен и под-држувачки однос кон синот, како и поручникот Хауел кој на Дос гледа со мешавина од емоции на сожалување и потценување за на крајот да сфати колку многу грешел во процената.

Вербата во господ е најцврст штитПознатата битка која е клучна за освојување на островот Окинава се одвива на ‘ртот Маеда, во април 1945 година. Овој гребен меѓу војниците го добива пре-карот „Гребен на спасените“ или „Гребенот Бонсек“токму поради случувањата и бруталноста кои се одвивале таму. Бојното поле кое било распространето на висока карпа над морето било пристапно само преку 150-метарски јажиња пуштени од работ на истата, а на самото поле е утврдена тешка јапонска артилерија и пешадиско оружје низ кои е речиси невозможно да се про-бие. Оваа битка се чини како невозможна мисија, но е единствениот пат до превласт на островот и поради тоа повлекувањето е последна опција, иако при првиот јуриш, американската војска има сери-озни загуби и се чини дека јапонскиот непријател е надмоќен. Вториот јуриш е посебна приказна. Малкумина успеваат

да се симнат од карпата пo наредбата за повлекување, а Дос не е еден од нив. Тој своеволно одлучува да остане на гребенот игнорирајќи ги инструкциите и да ја помине ноќта влечејќи ги еден по еден соборците и пренесувајќи ги на безбедно. По религиозно убедување адвентист на седмиот ден, главниот протагонист во „Гре-бенот Хексоу“ е прикажан како слабичок и кревок човек, со невообичаена скромност и доблест и со вистинска и длабока по-

светеност на Бога. Иако оддава впечаток на мошне наивен, Дос е повеќе од свесен за работите околу него, но добрината која го одликува едноставно не му дозволува да реагира поинаку. Ендру Гарфилд кој ја толкува ролјата на овој голем човек, врвно ја исполнува задачата. Како што вели и синот на вистинскиот Дезмонд Дос (Дос е заминат од овој свет пред повеќе од една деценија), целокупниот филм, вклучувајќи го и претставувањето на храбриот медици-нар, дава резултат од кој би бил навистина задоволен неговиот татко. Можеби на моменти филмот е премногу сликовит во прикажување на борбите гради в гради, но

оние кои биле таму тогаш велат дека тоа навистина била реалноста за најкрвавата битка на Пацификот и втора најкрвава во целата Втора Светска војна.

Слика на вистината Ако треба да кажеме збор-два за висти-нитоста на холивудската интерпретација и нејзината верификација согласно историските факти, веројатно е доволно ако потенцираме дека ова не е првиот

обид да се сними филм за неверојатната приказна на Дезмонд Дос. Неговиот син се присетува на многумина кои тропнале на нивната врата со желба да снимат филм или на-пишат книга за неговиот татко, но тој никогаш не покажал до-волно доверба и секогаш имал само едно барање кој никој не бил спремен да го исполни – приказната да биде прикажана на вистинит начин.Премиерата на филмот на Ве-нецискиот филмски фестивал буквално ја крена публиката на нозе. Критиката позитивно го поздравува, а неговиот успех е

дополнително потврден со шесте номина-ции за Оскар на последното доделување на награди на Академијата и триумф во две од нив – најдобра филмска монтажа и најдобра монтажа на звук. Филмот е исто така и враќање на Мел Гибсон како режи-сер во холивудскиот свет после десетго-дишна пауза. Филмот во светската турнеја помина и низ нашите кино сали, па докол-ку не сте имале можност да го погледнете изминатите месеци, тогаш ставете го на вашата листа за да го направите тоа во првата наредна прилика.

Елена Ѓорѓиевска

5757

Режија: Mel Gibson

Улоги: Andrew Garfield, Sam Worthington, Luke Bracey, Richard Pyros, Jacob Warner, Milo GibsonСценарио: Robert Schenkkan, Andrew Knight

Музика:Rupert Gregson-Williams

Кинематографија: Simon Duggan

Година: 2016

Земја: Австралија / САД

Времетраење: 139 минути

Награди: Шест номинации и два освоени Оскари, три номинации за „Златен глобус“, 5 номинации на BAFTA и една освоена награда за најдобра филмска монтажа

Page 58: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското

Неготино e град во средишниот дел на Македонија, сместен во Средното Повардарие, од двете страни на реката

Вардар и зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Од Скопје, Неготино е оддалечено 95 км, а најблизок град е Кавадарци, кој е на растојание од 10 км.Градот претставува административно седиште на истоимената општина, која опфаќа уште и 12 села.Климата и почвата се идеални за одгледување на грозје и добивање на вино.Името Неготино е словенизирано име на античката населба Антигонеја која што во 3 век п.н.е. ја формирал македонскиот владетел Антигон Гонат. Денес на

територијата на општина Неготино постојат огромен број на археолошки локалитети. Денешниот град Неготино е формиран во доцниот среден век како занаетчиска населба.Позната градба од отоманскиот период подигната во 1821 година е „Саат кула”, а биле изградени и џамија и безистен. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека Неготино (Тиквеш) имa една убава црква и едно мало училиште, две мошеи (џамии), едно медресе, часовник и други старини. Тука се собирал пазар од Велес, Штип, Прилеп, Дојран и Струмица

секој четврток, а тука седелe и управни чиновници како ајан, кадија и муфтија.Како ден на Општината се празнува 8 ноември, Ден на ослободувањето на Неготино од фашистичките окупатори во 1944 година. Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога прераснува во модерна градска населба со развиена инфраструктура.Позначајни манифестации кои се одржуваат во Општина Неготино се „Фестивалот на виното“ (14 февруари) кој се одржува по повод верскиот празник Св. Трифун (заштитник на лозарите), „Манастирска вечер“ и „Неготинскиот панаѓур“ (20-23 септември) кој се одржува по повод верскиот празник Мала Богородица.

58

Неготино град во срцето на Македонија

Убавините на Македонија

Page 59: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското
Page 60: Фестивалски ноти за - morm.gov.mkmorm.gov.mk/wp-content/uploads/2017/06/91-Shtit-1.pdf · роман од германски автор кој е ... херојското