28
Европа во движење Европска Унија Борба против климатските промени ЕУ го предводи патот

ЕУ го предводи патот - okno.mk · земјата ја зрачи назад. Овој природен процес, наречен „ефект на стаклена

  • Upload
    others

  • View
    31

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Европа во движење

Европска Унија

Борба против климатските промениЕУ го предводи патот

Оваа брошура и други куси, јасни објасненија за ЕУ можете да најдете он-лајн, на:ec.europa.eu/publications

Европска КомисијаГенерален директорат за комуникацииПубликацииB-1049 Брисел

Ракописот е завршен во септември 2007 и ажуриран во септември 2008

Илустрација на насловната страница: © iStockPhoto

Луксембург: Канцеларија за официјални публикации на Европските Заедници, 2008

ISBN 978-92-79-13823-2DOI 10.2775/14494

© Европски Заедници, 2008Репродукцијата е дозволена

Печатено во Поранешна Југословенска Република Македонија

Европска Комисија

Борба против климатските промениЕУ го предводи патот

Серијал Европа во движење

2008 – 24 pp. – 16.2 3 22.9 cm

Борба против климатските промени ЕУ го предводи патот

Закана и предизвик 3

Патот напред: интегриран одговор 5

Надградување врз наште постигања 10

Придонес на енергетската политика 13

Улогата на технологијата 21

Намалување на својот јаглероден отпечаток 22

За натамошно читање 24

Содржина

2

3

Закана и предизвик

Климатските промени се една од најголемите закани со кои се соочу-ва планетата. Доколку температура-та на Земјата се покачи за повеќе од 2°C над пред-индустриските нивоа, последиците може да се несоглед-ливи. Областите на ниски надмор-ски височини, вклучувајќи големи делови од бројни европски земји, би можеле на крајот да исчез-нат под растечкото ниво на море-то. Понатаму, во бројни делови од светот нема да има доволно свежа вода. Екстремните временски непо-годи, кои предизвикуваат физичка и економска штета, ќе станат поче-сти, а економиите може да опаднат, заради трошоците за справување со инаквата клима.Просечната температура на земјата беше, во најголема мерка, стабилна

во текот на изминатите 10 000 годи-ни, сè до индустриската револуција. Од 1850, првиот датум од кој има конзистентни точни мерења, тем-пературата порасна за 0.76°C. Ако не преземеме нешто, веројатно е дека таа ќе порасне и за натамош-ни 1.8–4.0°C во текот на овој век, а можеби дури и до 6.4°C, според меѓународен панел на научници свикан од страна на Обединетите нации (ОН). Во тек е трката да се спречи светот да ја достигне точ-ката за којашто се верува дека е пресвртна, пораст од 2°C. Таа трка најверојатно ќе се загуби, докол-ку глобалните емисии не се стаби-лизираат најдоцна до приближно 2020, а потоа да се намалат на око-лу половина од нивните нивоа од 1990, најдоцна до 2050.

Со поекстремни клими, Венеција не е единстве-на која ќе мора да ја подо-бри својата заштита од поплави

© B

elga

Зошто се менува климата?

Атмосферата содржи водена пареа, јаглерод диоксид и други природно присутни гасо-ви, коишто овозможуваат сончевата светлина да продре, но ја апсорбираат топлината која земјата ја зрачи назад. Овој природен процес, наречен „ефект на стаклена градина“ ја одржува Земјата на температура која поддржува живот. Без него, глобалната просечна тем-пература би изнесувала неподносливи – 18°C.

Сепак, човековите активности, како што е горењето на фосилни горива и уништувањето на шумите за да се создаде обработлива почва, го зголемуваат нивото на јаглерод диоксид и другите супстанци кои задржуваат топлина во атмосферата. Додатокот на овие стакленич-ки гасови го зајакнува природниот ефект, со што земјата станува сè потопла и климата се менува.

Решението лежи во намалувањето на глобалните емисии на стакленички гасови, особе-но јаглерод диоксидот. Тоа значи дека треба подобро да се користат природните ресурси. Фосилните горива – нафта, гас и јаглен за електрична енергија, греење, ладење и транспорт – се главни извори на емисиите на стакленички гасови. Треба да согоруваме помалку од нив, а и да ги гориме поефикасно. Истовремено, важно е да се спречи јаглерод диоксидот да исте-че во атмосферата, на пример, така што тој ќе се ‘зафати’ штом ќе се произведе, а потоа да се чува под земја, во осиромашени гасни полиња или во пештери за сол.

Исто така, суштествено за справувањето со климатските промени е да се сврти текот на обесшумувањето, особено исчезнувањето на тропските шуми, кои делуваат како одводи за јаглеродот. Шумите го впиваат јаглерод диоксидот кога растат, но го испуштаат кога ќе се исечат.

Има и други нешта коишто придонесуваат за глобалното затоплување, како што се метанот испуштен од земјоделието, како и фрлањето ѓубре на депониите или емисиите предизвика-ни од прекумерното користење на ѓубрива, но главни виновници се користењето гориво и обесшумувањето.

4

Борба против климатските промени

5

Патот напред за ЕУ се интегрира-ни политики за енергетика и кли-матски промени, зашто горењето на фосилни горива е главен фак-тор којшто придонесува кон кли-матските промени. Лидерите на ЕУ одобрија такви политики уште во март 2007. Со ова се покажува гло-балното лидерство на Европа во справувањето со климатските про-мени, а истовремено се поплочува патот за ЕУ да ја зголеми безбедно-ста на снабдувањето и да ја зајакне својата конкурентност.

Интегрираната политика за енерге-тика и климатски промени сигнали-зира почеток на нова индустриска револуција, за да се трансформи-ра начинот на којшто ја произведу-ваме и користиме енергијата, како и типовите на енергија коишто ги користиме. Целта е да преминеме во економија која е пријателска за климата, еколошка, врз основа на комбинација на нискојаглеродни технологии и извори на енергија.

За да се ограничи глобалното затоплување на 2°C, глобалните

емисии на стакленички гасови ќе треба да престанат да растат во рок од 10 до 15 години, а потоа да се смалат на приближно полови-на од нивото од 1990 до 2050. ЕУ се стреми кон нов светски дого-вор за да се постигнат овие цели. Како прв чекор, таа смета дека индустријализираните земји треба колективно да ги намалат своите емисии на стакленички гасови на 30% под нивоата од 1990 до 2020. Земјите во развој, како Кина и Индија, исто така, треба да почнат да го ограничуваат растот на свои-те емисии.

За да ја потцрта својата решеност и да даде пример кој нејзините пар-тнери ќе го следат, ЕУ се согласи да ги намали своите емисии на ста-кленички гасови за најмалку 20% до 2020, без оглед што ќе напра-ват другите земји. ЕУ планира да го постигне ова намалување преку акциите програмирани во новата интегрирана политика за енергија и клима, заедно со мерките коиш-то се веќе воведени.

Патот напред: интегриран одговор

Согорувањето јаглен за производство на електрична енергија е особено штетно за климата.

© V

an P

arys

Med

ia

Повеќе информа-ции за интегрирани-от одговор на ЕУ на : http://ec.europa.EU/climateaction/

6

Лидерите на ЕУ одлучија:

• да се заштедат 20% од потрошу-вачката на енергија во според-ба со проекциите за 2020, пре-ку подобрување на енергетската ефикасност;

• до 2020 да се зголеми за 20%уделот на обновливи енергии во севкупната потрошувачка на енергија со што речиси тројно би се зголемило сегашното ниво;

• до2020дасезголемидесеткрат-но — на најмалку 10% — уделот на обновливите горива вклучувајќи ги и биогоривата, во севкупната потрошувачка на бензин и дизел. Сите биогорива – без оглед дали се произведени во ЕУ или увезе-ни – мора да се произведени на одржлив начин. Ќе бидат даде-ни стимулации за развој на био-горива од отпад, остатоци и други непрехранбени извори;

• дасеразвијатипромовирааттех-нологии со ниска или дури и нул-та емисија, вклучувајќи фаќање и чување на јаглеродот за да се спречи CO2 да влезе во атмос-ферата, преку негово фаќање и чување под земја во осиромаше-ни гасни полиња или во стари руд-

Борба против климатските промени

ници за сол – за со тоа да се даде голем придонес во намалувањето емисии до 2020;

• подобродасеинтегрираатенер-гетските пазари на ЕУ, односно да се премине кон поконкурентни пазари на струја и гас на ниво на цела Европа;

• енергетската политика на ЕУ дасе интегрира подобро со други-те политики; не само со полити-ката за животна средина, туку и со политиките како истражување, земјоделие и трговија;

• да се зголеми меѓународнатасоработка: доколку ЕУ може да заземе заеднички пристап кон енергетиката и да го артикулира со заеднички глас, таа може да ја предводи глобалната дебата.

Побрзо и почи-сто е со воз: намалувањето еми-сии од возилата е клучно во борбата против климатски-те промени. © D

euts

che

Bahn

Во јануари 2008, Европската Комисија презентираше специфич-ни предлози за политиките за горе-наведените решенија, за ЕУ — како и нејзините граѓани — да се поста-ват на вистинскиот колосек во бор-бата против климатските проме-ни, во зголемувањето на сигурно-ста на снабдувањето со енергија и промовирањето на континуиран економски растеж.

7

Што велат научниците

Во изминатите 100 години просечната температура порасна за речиси 0.74ºC ширум светот. Европа се загрева побргу од глобалниот просек: температурата порасна за око-лу 1ºC. Дванаесет од 13-те најтопли години на светско ниво, од кога започна прецизно-то документирање, во 1850, беа меѓу 1995 и 2007. Ефектите од растечките температури сега може да се согледаат преку топењето на глечерите и арктичкиот мраз, промените кај обрасците на дожд и снежните врнежи, посуровите суши и жешки бранови, како и пого-лемиот интензитет на тропските циклони. Бројни експерти веруваат дека глобалното затоплување мора да се ограничи на не повеќе од 2ºC над пред-индустриската температура за да може да се спречи климатските проме-ни да имаат неповратни ефекти. Доколку не се преземе нешто, консензус во науката е дека веројатно просечната температура во светот ќе порасне за 1.8ºC до 4ºC над денеш-ните нивоа во текот на овој век, а во најлош случај дури и за 6.4 ºC.

Меѓу 1970 и 2004 дојде до 70% зголемување на емисиите на стакленичките гасови. Во секторот на снабдување со енергија, порастот беше 145%. Порастот од сообраќај беше 120%, а од индустријата 65%. Имаше и 40% зголемување поради намалениот капацитет на шумите да ги задржат емисиите на јаглерод диоксид, а и како резултат на промените во користењето на земјиштето.

Меѓународен форум одговорен за проценка на научните докази за климатските проме-ни и нивните ефекти е Меѓувладиниот панел за климатски промени, основан во 1988. Панелот, заедничка иницијатива на Програмата за животна средина на Обединетите нации и Светската метеоролошката организација ги проценува научните, техничките и социоекономските информации релеватни за разбирање на ризикот од климатски про-мени предизвикани од човекот. Во изготвувањето проценка се вклучени стотици водечки експерти од целиот свет. Од 1990, Меѓународниот панел изготви четири извештаи за про-ценките, од кои најскорешниот во 2007. Неговата увереност дека стакленичките гасови се виновни за промените во климата постојано растеше, со секој извештај.

8

За доброто на идните генерации

Борбата против климатските про-мени веројатно ќе предизвика зна-чителни промени во нашите сти-лови на живеење, но тоа не зна-чи жртвување на нашиот животен стандард. Промените се совршено компатибилни со приоритетите на ЕУ - работни места и растеж, како и со одржливиот развој.

Трошоците на оваа акција ќе бидат мошне ограничени, а во секој случај многу пониски од трошоците на штетата којашто ќе ја предизви-каат климатските промени докол-ку не се преземе ништо. Доколку развиените земји се согласат да

ги намалат своите вкупни емисии за 30% до 2020, годишниот еко-номски растеж би се намалил за помалку од 0.2%.

Ова би било ниска цена која би се платила за да се одбегнат потенцијалните долгорочни трошо-ци на климатските промени; покрај ова, тука и не е земена предвид вредноста на другите придобив-ки, како што е намалената зага-деност на воздухот, безбедноста на снабдувањето со енергија по предвидливи цени и подобрена-та конкурентност преку иновации. Во пракса, економските трошоци од намалувањето на емисиите ќе бидат повеќе од надоместени со овие придобивки.

Борба против климатските промени

Без акција сега, за идните генерации скијањето може да стане само дел од историјата.

© B

ilder

box

9

Емисии на стакленички гасови по глава на жител во земјите-членки на ЕУ, 1990 и 2006

Извор: ЕК

10

ЕУ не започнува од нула во справувањето со климатските промени. Таа веќе бројни годи-ни сè повеќе ги јакне своите мер-ки за зголемување на енергетска-та ефикасност, ограничување на емисиите од фабриките и автомо-билите, како и поттикнување на заштедите на енергија. Правилата за рециклирање и ограничување на користењето на локациите на депониите, исто така, придонесу-ваат кон намалување на количе-ството јаглерод емитирано од ЕУ, познато како „јаглероден отпеча-ток“. Седмата рамковна програ-ма за истражување и технолошки развој е последна во низата истра-жувачки програми на ЕУ кои става-ат зголемен акцент на животната средина, чиста и ниско-јаглеродна енергија и климатските промени.

Над сè, ЕУ е веќе длабоко навлезе-на во програма осмислена за да ги намали емисиите за 8% до 2012. ЕУ се обврза на оваа цел во рам-ки на таканаречениот Протокол од Кјото - Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

Протоколот од Кјото

Протоколот од Кјото е договорен во 1997. Тој утврди цел за развие-ниот свет како целина, да ги нама-ли своите емисии на стакленички гасови просечно за 5.2% меѓу 1990 и 2012. Петнаесетте земји кои беа членки на ЕУ во тоа време отидоа и подалеку и се обврзаа колектив-но на 8% намалување на нивни-те емисии. Протоколот, исто така, создаде флексибилни пазарни механизми, вклучително трговија со емисиите, за да се помогне на индустријализираните земји да ги постигнат овие намалувања со најмали трошоци и да се поттикнат инвестиции во чисти енергетски проекти во земјите во развој и еко-номиите во транзиција.

Иако САД го немаат ратификува-но протоколот, па оттука и не при-донесуваат формално кон целта, ЕУ отпочна конкретни мерки за да ги постигне своите количини на емисии, коишто го земаат предвид нивото на индустриски и економ-ски развој на секоја од земјите. Повеќето земји кои се придружија на ЕУ од 2004 наваму, имаа инди-видуални таргети договорени спо-ред Протоколот од Кјото, кога тие сè уште беа надвор од ЕУ.

Борба против климатските промени

Надградување врз нашите постигања

11

Инсталирањето турбини на ветер ќе стане сé поче-ста глетка во иднина.

© V

an P

arys

Med

ia

Досегање на целите

Програмата за помош на ЕУ и нејзините земји - членки да ги досегнат своите зацртани количи-ни на емисии според Протоколот од Кјото се нарекува Европска програма за климатски проме-ни. Управувана од Европската комисија, Програмата досега дове-де до разработка на околу 40 поли-тики на европско ниво и мерки за намалување на емисиите на ста-кленички гасови. Тоа ги надопол-нува активностите коишто ги пре-земаат поединечните земји-членки на внатрешно рамниште. Мерките на ниво на ЕУ опфаќаат енергет-ски стандарди за градба и закони за ограничување на користењето на определени индустриски гасо-ви со мошне висок ефект врз гло-балното затоплување. Далеку

најважната политика разработена од Европската програма за кли-матски промени е шемата на ниво на ЕУ за тргување со емисии на ста-кленички гасови (видете текст на страна 12). ЕУ успеа да ја раскине врската меѓу економскиот растеж и емиси-ите на стакленички гасови. Додека економијата на ЕУ порасна меѓу почетната година 1990 и 2006, сев-купните емисии на нејзините 27 земји членки паднаа за 10.8%. За 15-те ‘постари’ земји-членки (ЕУ-15), падот во емисии изнесуваше 2.7%. Ова охрабрува, но треба да се стори уште многу за да се досег-не целта на ЕУ-15 за намалување од 8%. Најновите проекции на идни-те емисии покажуваат дека оваа цел може да се досегне, под услов земјите на ЕУ навистина да ги спро-ведат сите планирани акции.

12

Иновативен механизам

Камен темелник на стратегијата на ЕУ за борба со климатските промени е Аранжманот на ЕУ за тргување со емисии, покренат во јануари 2005. Тоа беше прв меѓународен систем за тргување со емисии на CO2 и тој стана главен двигател зад рапидната експанзија на тргување со јаглерод ширум светот. Тргувањето со емисии помага да се обезбеди намалување на емисии по најниска цена.

Овој Аранжман во моментов опфаќа околу 11 600 инсталации во секторите енергетика и индустрија, кои се заедно одговорни за близу половина од емисиите на CO2 на ЕУ. Со дефинирање на цена на јаглеродните емисии на овие инсталации, аранжманот создава постојан поттик компаниите – учеснички да ги минимизираат емисиите во најголема мож-на мерка.

Под овој аранжман, националните власти во секоја земја - членка на ЕУ определуваат број на „дозволи“ за емисии за секоја инсталација. „Врвот“ или лимитот на вкупниот број дозволи ја создава неопходната недостатност за пазарот да функционира. Компаниите кои ги држат своите емисии под нивото на нивните дозволи може да ги продадат дозволи-те коишто не им требаат. Оние кои се соочуваат со тешкотии во придржувањето кон сво-ите дозволи мора или да преземат мерки да ги намалат сопствените емисии (на пример, преку инвестирање во поефикасна технологија или користење на помалку јаглеродно-интензивни извори на енергија), или дополнително потребните дозволи да ги купат на пазарот – со што, всушност, плаќаат на друга компанија за тоа што ги намалува емисии-те на нивна сметка.

Компаниите опфатени со Аранжманот, исто така, можат да користат кредити на еми-сии генерирани од проекти за заштеда на емисии во земји кои не се членки на ЕУ. Ова е организирано според механизмот за чист развој според Протоколот од Кјото, како и Инструментот за заедничка примена. Побарувачката за вакви кредити е силен двигател за инвестиции во идеи коишто ги намалуваат емисиите во други земји.

Инсталациите во секторите енергетика и индустрија не се единствените виновници кои го зголемуваат нивото на CO2 во атмосферата. Како последица на ова, Европската Комисија предложи од 2011 Аранжманот да се прошири за да ги вклучи и се побрзо растечките емисии од авијацијата. Покрај ова, ревизијата на аранжманот, којашто е во тек, може да доведе до опфат на повеќе сектори и гасови.

Борба против климатските промени

Емисиите на стакленички гасови доаѓаат главно од користењето и производството на енергија. Оттука, енергетските политики се од клучна важност за да се досег-нат целите за климатски промени. Заедничкото делување во енерге-тиката не е ново. ЕУ имаше един-ствена рамка на политики за енер-гетика долги години. Ниту заед-ничкиот одговор на ЕУ на енер-гетска криза не е нов. На пример, ЕУ има координирана политика за стратешките резерви на нафта и петролејни производи, како резул-тат на кризата со снабдувањето во раните седумдесети години од минатиот век. Како што предупредувањата на научниците за ефектите од кли-матските промени стануваат сè посериозни, ЕУ ја препозна итна-та потреба да обедини разни ниш-ки во единствена интегрирана климатска и енергетска полити-ка за Европа. Оваа политика ќе обезбеди снабдување со енергија којашто е конкурентна, одржлива и сигурна, а воедно и интегрира-на со добрите еколошки практики, со што ќе се намалат емисиите на CO2 и другите стакленички гасови.

Клучните елементи на енергетската политика на ЕУ за достигањето на овие таргети се следниве:• поефикасни пазари на енергијаи гас;•диверзификација;• амбициозна политика за обнов-лива енергија;•заштеданаенергија;•меѓународнасоработка.

Нашите избори како потрошува-чи имаат стварни ефекти врз еми-сиите на стакленички гасови од користењето и производството на енергија. Речиси сите потро-шувачи во ЕУ сега имаат слобо-да да го купуваат својот гас или електрична енергија од било кој добавувач, вклучително и од оние кои се специјализирани за обнов-лива енергија. Ефикасните паза-ри прават енергијата да е попри-стапна и помагаат да се отстра-нат бариерите за постигање на пониски емисии на стакленички гасови. Истовремено, тие помага-ат индустријата во ЕУ да ја зад-ржи својата конкурентна острица. Сепак, сè уште постои простор за подобрување, за да се обезбеди дека секој ќе добие фер можност, дека новите компании во оваа сфе-ра не се во понеповолна положба и дека електричната енергија и гасот течат слободно преку границите во ЕУ. Прекуграничната трговија е витална за пазарите да станат кол-ку што е можно поконкурентни.

13

Придонес на енергетската политика

Кредити на емисии се достапни за инвестирање во ваква алтернатив-на енергија, пријателска за животната средина, за производство на тули во Индија.

© W

orld

Ban

k ph

oto/

CDCF

Indi

a ca

rbon

fina

nce

proj

ect V

SBK

Поефикасни пазари на енергија и гас

14

Борба против климатските промени

Берлин е само еден од неколкуте градови во ЕУ каде возат авто-буси на хидрогенски погон, со помош на средствата од ЕУ.

Диверзификација

© B

erlin

er V

erke

hrsb

etrie

be, B

VG

Потрошувачка на енергија според тип на гориво, 2006 Поголемата безбедност на снабдувањето не се однесува на потпирање врз една форма на енергија или на грст земји – добавувачи над-вор од ЕУ. Таа значи произведување на повеќе енергија во рамки на ЕУ, а онаму каде е неоп-ходно, да се обезбеди снабдување од други ста-билни региони во светот. Исто така, тука ста-нува збор за договор да се дели набавената енергија во време на криза, зашто нивото на увозна зависност на различните земји на ЕУ варира во значителна мерка.

Околу 80% од енергијата којашто ја троши ЕУ е од фосилни горива – нафта, природен гас и јаглен – од кои сите се големи извори на еми-сии на CO2. Технологијата помага да се нама-лат овие емисии, а „чистата“ технологија на јаглен би требало да е оперативна во рамки на наредната деценија или приближно тогаш. Сепак, фосилните горива се ограничен ресурс, којшто ќе биде значително исцрпен до средина-та на овој век. Намалувањето на користењето на фосилните горива, оттука, придонесува кон подобрување на енергетската безбедност на ЕУ, а воедно помага и да се ограничат климат-ските промени.Понатаму, сопствените ресурси на фосилни горива на ЕУ осиромашуваат побргу од оние во светот во целина. Таа станува сè позавис-на од увозот, па оттука и ранлива на шокови во снабдувањето и цените. Зависноста од увозна-та нафта може да порасне и до 95%, а од увоз-ниот гас до 84% до 2030, доколку не се заузда

потрошувачката на енергија и не се смени составот на горивата. Во моментов, ЕУ добива околу 50% од гасот којшто таа го троши од само три извори – Русија, Норвешка и Алжир - а увезува околу две трети-ни од своите потреби од нафта од организацијата на земји - извоз-нички на петролеј (ОПЕК) и Русија. Севкупното ниво на зависност на ЕУ од увозна енергија во 2006 изнесуваше 53.8%. Диверзификацијата кон повеќе енергија од домашно производ-ство ќе бара поголема употреба на ниско-јаглеродни или нулта-јаглеродни технологии, врз основа на обновливи извори на енергија, како што се ветер, сонце, воде-на енергија и биомаса, бидејќи во ЕУ недостасуваат сопствени ресурси од фосилно гориво. Во крајна линија, веројатно е дека во комбинација ќе влезе и водо-родот. Некои земји - членки на ЕУ ќе користат и нуклеарна енергија како дел од својот енергетски збир на решенија. Во догледна иднина, оваа енергија ќе доаѓа од нукле-арна фисија, зашто не е веројатно дека технологијата на нуклеарна фузија ќе биде на располагање во првата половина од веков.

15

Потрошувачка на енергија според тип на гориво, 2006

Извор:Еуростат

16

Борба против климатските промени

Ако не ја користиме енергијата помудро, глечерите ќе се топат и натаму

© C

orbi

s

Амбициозна стратегија за обновлива енергија

Од деведесетите години на мина-тиот век, ЕУ развиваше и про-мовираше користење и произ-водство на обновлива енергија. Промовирањето на обновлива-та енергија ја заменува потрошу-вачката на фосилно гориво. Тоа го диверзифицира користењето на извори на енергија и придонесува кон обезбедувањето на енергија. Исто така, промовирањето на обновлива енергија развива нови индустрии и технологии.

Земјите на ЕУ првпат се договорија

околу индикативна цел за снабдување со 12% од енергијата од обновливи извори до 2010. За да се оствари ова, беа донесени нови закони со кои се утврдија национални цели за обновлива електрична енергија и биогорива во транспортот, за да се подигне нивото на обновлива енергија во земјите - членки на ЕУ. Покрај ова, приватниот сектор беше поттикнат да ги направи неопходните инве-стиции.

Во 2007, лидерите на ЕУ зазедоа уште поцврст став, со утврдување на целта да се постигнат 20% од нашата енергија од обновли-ви извори до 2020. Оттогаш беа

17

Како се очекува да расте производството на зелена електрична енергија во ЕУ

Извор: ЕК

Произведена енергија во терават-часови годишно

предложени различни национал-ни таргети за секоја земја, за да се достигнат 20% за ЕУ како цели-на. Овој таргет од 20% за обновли-ви извори опфаќа и нова обврзна цел - да се покријат 10% од наши-те транспортни горива од обнов-ливи горива, вклучувајќи ги био-горивата, до 2020. Користењето на обновлива енергија како резул-тат на овие цели ќе порасне дра-матично.

Со користењето на биомаса (дрво), биогас и биоотпад, на пример, ќе растат енергетските постројки. Исто ќе биде и со когенерацијата, каде пареата генерирана при про-изводството на струја нема да се

губи, туку ќе се користи, на при-мер, во локални системи за греење. Исто така, повеќе ќе се користат бојлери на биомаса во зградите, особено кога тие ќе ги заменува-ат системите за греење на нафта или струја. Се очекува пораст и кај добивањето топлина од почва-та (геотермални извори), како и користењето на соларна енергија. Најголем растеж во производство-то на струја ќе дојде од генерато-рите на ветер, преку побројни и сè поефикасни турбини на ветер. Со очекуваниот пораст на обновливи горива за транспорт, овој брзора-стечки сектор ќе има начини да ги намали своите емисии на CO2.

18

Борба против климатските промени

Штедење енергија

Најлесен начин да се зголеми сигурноста на снабдувањето и да се помогне на климата е да се намали побарувачката на енергија. Ова значи користење на енергијата поефикасно, за помал-ку да се губи залудно. Ова може да се постигне преку технологии за заштеда на енерија или преку промена на нашето однесување, или комбинација од двете. Над сè, штедењето енергија има и економска смисла: целта на ЕУ за користење на 20% помалку енергија до 2020 од досегашно-то ниво ќе ги намали трошоците за енергија за 100 милијарди евра годишно.

Оваа цел може да звучи како нешто тешко достижно, но во пракса постои голем простор за користење на енергијата многу поефикасно, понекогаш со многу мал напор. На пример, енергетски-те етикети, минимални стандарди на ефикасност и доброволни спо-годби на производителите на куќни апарати веќе ја намалија потрошу-вачката на енергја на просечен нов фрижидер или замрзнувач за речи-си 50% од 1990. За неколку други апарати, како машини за перење и машини за миење садови, постиг-нати се заштеди од над една чет-вртина. Меѓународната програ-ма „Eнергетска ѕвезда“ дава насо-ки за повеќето канцелариска и компјутерска опрема која штеди енергија.

Нова улога за земјоделието и шумарството

Биоенергијата од земјоделието и шумарството игра клучна улога во борбата против кли-матските промени и зајакнувањето на сигурноста на испораката на енергија. Тоа е обнов-лив извор на енергија, меѓу другите како што се ветер, соларна, хидраулична и геотер-мална енергија.

Биоенергијата се произведува од цврста биомаса, биогас или течни биогорива кои се достапни ширум Европа. Биомасата се обезбедува преку шумарство, земјоделие и орган-ски отпад и остатоци, додека течните биогорива во моментов доаѓаат главно од житни-те посеви. Биомасата, биогасот и биогоривата генерално може да се складираат лесно, што значи дека биоенергијата може од нив да се произведува по потреба. Тие генерира-ат струја, даваат директна топлина и се користат како гориво за транспорт. На биомаса отпаѓа околу половина од сета обновлива енергија потрошена во ЕУ.

Биогоривата се во моментов единствените масовно достапни расположливи замени за бензил и дизел гориво во транспортот. Поттикнувањето на користењето на биогорива помага да се намалат емисиите, па значи и поширок избор на добавувачи на гориво.

ЕУ има значителен земјоделски потенцијал за производство на биогорива. Во блиска иднина, биогоривата ќе се произведуваат од многу поширок спектар на земјоделски и шумарски производи и органски отпад, а не само од посеви кои се користат и за произ-водство на човечка и сточна храна. Без оглед дали се произведени во ЕУ или не, мора да се погрижиме производството на биогоривата да е одржливо, односно да не доведе до обесшумување или губење на биодиверзитетот, ниту да го поткопа производството на храна.

19

Тој треба да ја објасни потрошувач-ката на енергија;Црвената, жолта и зелена ЕУ енергетска налепница е тука да помогне.

© V

an P

arys

Med

ia

Транспортот е област каде има голем неискористен потенцијал за енергетска ефикасност, така што ЕУ работи со автомобилската и индустријата на гориво за да го реализира тој потенцијал и да ги намали емисиите на CO2 од воз-илата. Таа, исто така, работи на инфраструрата и политиките за да се намали сообраќајниот метеж. Застоите во сообраќајот значат залудно трошење гориво.

На зградите отпаѓаат околу 40% од потребите од енергија во ЕУ. Заострените стандарди за згради и нивно греење и системи за топ-ла вода ќе го намалат количество-то енергија кое тие го користат и ќе ги намалат емисиите преку рас-трошното греење и ладење. Исто така, истражувањата ќе помогнат да се дојде до нови и подобри материјали за изолација. Мерки како оваа, имаат потенцијал да ја намалат потрошувачката на енергија во зградите за 28% до 2020. Ова е еквивалент на заштеда од над 10% од севкупната потрошу-вачка на енергија на ЕУ.

Големо количесто енергија се троши од неефикасни уреди. Оттука, ЕУ притиска за енергет-ски уште поефикасни уреди со спроведување на енергетските ети-кети и фиксирање на минимални барања за работењето. Поголемото користење на енер-гетски ефикасно осветлување на нашите улици, во нашите канце-ларии и домови може да се оства-ри релативно лесно, па веројатно е дека новите ЕУ стандарди за ова ќе стапат во сила пред крајот на деценијата. Преминот од ‘обич-ни’ на ’штедливи’ светилки, на пример, ја намалува потрошу-вачката на енергија за над 75%. Купувањето на светилката е тро-шок, но пониските сметки за струја повеќекратно го надоместуваат почетното вложување.

Голем број од нас трошат енергија непотребно, без да сфатат колку е растрошно нашето однесување. Подобрите информации за наша-та потрошувачка од пософистици-рани мерачи во нашите автомо-

20

Борба против климатските промени

Штедливата светилка е на долг рок поевтина ©

Car

ofot

o

били и нашите домови во идни-на ќе ни овозможат енергијата да ја користиме поинтелигентно. Но, тоа бара промена во наше-то однесување. Кампањата на ЕУ „Одржлива енергија Европа“ дава пионерски примери.

Веројатно е дека во нашите гра-дови ќе се изнајдат нови и инова-тивни идеи за борба против гло-балното затоплување. Но успе-хот во оваа сфера може да се постигне само преку активно уче-ство на граѓаните. Ова е принци-пот кој лежи во основа на „Пактот на градоначалници“ во кој гра-довите учесници се обврзуваат на безусловна посветеност да се оди и подалеку од целите на ЕУ во намалувањето на емисиите на CO2.

Меѓународна соработка

Зависноста од увозот ќе се нама-ли, но ќе остане стварност. Оттука, добрите односи со земјите - про-

изводители на енергија, како и со земјите низ кои минува енергијата, се приоритети. Ова значи соработ-ка со земјите од истокот и југот - Русија, земјите од Источна Европа кои имаат заеднички граници со ЕУ, земјите од Централна Азија, Каспиското и Црното Море, околу Средоземното Море.

Соработката со другите нации - потрошувачи е подеднак-во важна, без оглед дали тие се индустријализирани или во развој, со цел заеднички да се догово-рат мерки за намалување на ста-кленичките гасови, поефикасно користење на енергијата, развој на обновливи и ниско-емисиони енергетски технологии, особе-но зафаќање и складирање на јаглеродот. Истражувањето тука ќе игра клучна улога, поддржувајќи ја распространетоста на енергет-ски технологии кои се истовремено ценовно достапни и чисти.

21

Улогата на технологијата

Иако ограничувањето на користе-ње на фосилни горива може да значи дека во иднина ќе живееме поинаку, тоа не значи жртвување на нашиот животен стандард сега, ниту во иднина. Технологијата може да даде огромен придонес кон поефикасното користење на енергијата во нашиот секојдневен живот, во индустријата, во транс-портот и во одржливиот развој.

Тоа што е прва во светот во сферата на еко-иновациите и на одржлива-та енергија ѝ дава на индустријата на ЕУ предност на предводник и генерира работни места и рас-теж. Европската индустрија е веќе добро поставена. Со околу една третина од светскиот пазар на еко-индустрии и одржливи енер-гетски системи, европските ком-пании се лидери во одржливоста во речиси една четвртина од сите главни индустриски сектори, а еко-индустриите, системите и сервиси-те за одржлива енергија обезбеду-ваат стотици илјади работни места.

Промовирање на чисти иновации

Акционата програма на ЕУ за еко-лошка технологија опфаќа спектар на активности за промовирање на еко-иновациите и прифаќањето на еколошките технологии. Таа про-мовира истражување и развој, мобилизира фондови и ги подо-брува пазарните услови. Во рам-ки на Седмата рамковна програма за финансирање за развој и тех-нолошки развој за 2007–13, зна-чителен дел од средствата е наме-

нет за истражување на ниско или нулта-јаглеродна технологија. Исто така, има средства за енер-гетски истражувања и промоција на заштеда на енергија во рам-ки на програмата на ЕУ за конку-рентност и иновација. Тука е вклу-чена и потпрограмата наречена “Интелигентна енергија Европа“.

Голем дел од ова финансирање ќе оди за проекти коишто дирек-тно или индиректно ќе се занима-ваат со климатските промени. Тука се опфатени и: развој на хидро-генски и горивни ќелии на кои во сè поголема мерка ќе мора да се потпираме за енергија, како што ќе го намалуваме користењето на фосилните горива; зафаќање и чување на CO2; енергетска ефи-касност; чист и ефикасен транс-порт и еколошки материјали.

Понатаму, ЕУ помага во распростра-нувањето на најдобрите практи-ки и обезбедување платформа за водечките научници да го разме-нуваат знаењето. Меѓу овие актив-ности е и стратешки план за енер-гетски технологии, осмислен да ѝ помогне на ЕУ да го предводи патот во целосна промена на наши-от пристап кон снабдувањето, про-изводството и дистрибуцијата на енергија. Тие, исто така, опфаќаат и технолошки платформи, како што е Европската платформа на хидро-генски и горивни ќелии.

22

Борба против климатските промени

Намалување на својот јаглероден отпечатокНамалувањето на јаглеродниот отпечаток на ЕУ не е само некоја оддалечена одлика на носителите на политики и големите инвестиции во индустријата. Тука е во игра и личниот придонес и информираноста. Малите промени може да направат голема разлика.

Во својот дом

Седумдесет проценти на енергијата која се користи од домаќинствата во ЕУ се троши на греење на домовите, а уште 14% на греење на водата. Со преземање на следниве мерки, може да ги намалите емисиите, а често истовремено и да заштедите пари.• Намалете ја температурата на централното греење за само 1°C; поставете го термостатот

на уште пониско ниво кога сте излезени и ноќе, за сметките за енергија да ги намалите дури и до една четвртина.

• Изолирајте ги цевките за централно греење и шупливите ѕидови. На загубите на топлина преку ѕидовите, кровот и подот обично отпаѓаат над 70% од севкупните топлински загуби. Искористете ја можноста на реновирање за да ги подобрите енергетските перформанси на својот дом.

• Одвојте го фрижидерот од шпоретот или од бојлерот, за топлината да не го принудува фрижидерот да работи повеќе. Не дозволувајте да фати мраз; храната нека се излади пред да ја ставите во фрижидер.

• Размислете пред да ги користите апаратите: вклучете ја машината за перење или за садо-ви само кога се полни, размислете кој температурен циклус да го користите, а маши-ната за сушење користете ја само кога е апсолутно неопходно. Кога си правите чај или кафе, загрејте го само количеството вода коешто ви е потребно. Ако секој од нас одбег-не непотребно зовривање на еден литар вода дневно, заштедената енергија би можела да напојува една третина од уличните светилки во Европа.

• Изгасете. Гасењето на пет светилки во ходниците и собите во вашиот дом, кога не ви требаат, може да заштеди околу 60 евра годишно. Исклучете го и компјутерот во ваша-та канцеларија, а извадете го од ѕидниот приклучок и полначот на вашиот мобилен теле-фон, кога не го користите.

• Не ги оставате апаратите на стенд-бај. Исклучете ги домашните електронски уреди, компјутерот, модемот и др.– целосно, не оставајќи ги во стенд-бај мод. Тоа може да ви заштеди и до 100 евра годишно.

• Затворете ја чешмата додека ги четкате забите, а туширајте се наместо да се капете во када. Стандардното туширање користи и до четири пати помалку вода од капењето во када.

• Сортирајте за рециклирање. Рециклирањето на една алуминиумска конзерва заштедува 90% од енергијата потребна за да се произведе нова. Органскиот отпад рециклирајте го како компост. Намалете го отпадот со користење на помалку пакувања и производи за еднократна употреба и купувајте интелигентно: шише од 1.5 литри бара помалку енергија за да се произведе, а создава и помалку отпад од три шишиња од половина литар.

• Преминете на ‘зелена’ електрична енергија. Искористете го пазарот за да одберете кому-нални услуги кои нудат чиста енергија и поголем квалитет.

Во вашиот автомобилЕколошки свесното возење може да ја намали потрошувачката на гориво и до 5%. Примери на еко-возење се следниве:• Почнете да возите наскоро по палењето на моторот. Загревањето на моторот користи

повеќе гориво. Потоа тргнете без да ја користите педалата за гас и поминете на повисока брзина колку што е можно поскоро. Повисоките брзини поефикасно го користат гориво-то. Исклучете го моторот кога стоите подолго од една минута.

• Проверете го притисокот на гумите. Доколку е 0.5 бари понизок, вашиот автомобил кори-сти 2.5% повеќе гориво.

• Користете моторно масло со ниска вискозност. Најдобрите масла може да ја намалат потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 за повеќе од 2.5%.

• Затворете ги прозорците, особено при високи брзини, и симнете го багажникот од кро-вот. Дури и празниот багажник може да ја зголеми потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 и до 10%.

• Забавете и возете рамномерно. Возењето побрзо од 120 километри на час троши 30% повеќе гориво по километар отколку возење со 80 километри на час. И возете со постојана брзина, со тоа се троши помалку гориво.

На друго место• Патувајте со воз. Едно лице во воз емитува две третини помалку јаглерод диоксид отколку

едно лице само во автомобил.• Испитајте алтернативи за летањето. Летањето е најбрзо растечкиот извор на CO2 емисии

во светот. Доколку летате, тогаш размислете за „надоместување“ на своите јаглеродни емисии преку организација којашто ќе го инвестира малиот износ наплатен од вас во обновлива енергија или во садење дрвја.

• Возете велосипед, одете пеш, организирајте се за заеднички превоз со автомобил, кори-стете јавен транспорт или работете од дома.

• Купувајте интелигентно. Определете се за апарати кои се означени како енергетски ефи-касни, со малку амбалажа и за производи кои може да се рециклираат, локална и сезон-ска храна и автомобили со ефикасна потрошувачка на гориво со најниски нивоа на еми-сии на CO2 по километар.

© V

an P

arys

Med

ia

Залудното трошење вода е залудно трошење енергија.

23

За натамошно читањеClimate action: Energy for a changing world:ec.europa.eu/climateactionClimate change:ec.europa.eu/environment/climat/home_en.htm‘EU action against climate change: Leading global action to 2020 and beyond’ (brochure): ec.europa.eu/environment/climat/pdf/bali/post_2012.pdfThe ‘Sustainable energy Europe’ campaign:www.sustenergy.orgThe ‘ManagEnergy’ initiative:www.managenergy.netMore details about climate change from the European Environment Agency (data and reports): eea.europa.eu/themes/climate

24

Европската Унија

Земји членки на Европската Унија (2008)

Земји кандитатки

Расте меѓународниот консензус дека планетата се соочува со иреверзибилни климатски промени, доколку итно не се

преземе нешто. ЕУ веќе формулираше јасен одговор, во форма на интегрирана политика за енергетика и климатски промени, посветеност да се намалат емисиите на стакленичките гасови за најмалку 20% до 2020, како и ветување да се биде предводник во меѓународните преговори за да се усвојат уште поамбициозни цели. Ова ќе помогне да се спречи температурата во светот да порасне за повеќе од 2°C, ниво за кое научниците сé повеќе сметаат дека е точка од која нема враќање. За да се постигне оваа цел, треба енергетските ресурси да ги користиме поодржливо и да преминеме на повеќе обновливи форми на енергија, зафаќање и складирање на јаглерод диоксидот и посериозно свртување на текот на обесшумувањето. За ова може да е потребна промена на нашите животни навики, но не мора да се загрози животниот стандард, ниту нашиот, ниту оној на идните генерации.

MK-80-09-954-M

K-CISSN 1022-8233

MK

ec.e

urop

a.eu

/clim

atea

ctio

n