54
International Labour Organization ТИМ ЗА ТЕХНИчКА ПОДДРШКА НА ПРИСТОЈНА РАБОТА И КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОчНА ЕВРОПА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА ПЕНЗИЈА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

  • Upload
    others

  • View
    7

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

InternationalLabourOrganization

ТИМ ЗА ТЕХНИчКА ПОДДРШКА НА ПРИСТОЈНА РАБОТА И КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОчНА ЕВРОПА

ВОДИЧЗАВАШИТЕ ПРАВА НА ПЕНЗИЈА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

Page 2: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА

НА ПЕНЗИЈА

Скопје, 2012

Page 3: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

Copyright © International Labour Organization 2012Прво издание 2012 година

Изданијата на Меѓународната организација на трудот се заштитени со авторски права во согласност со Протокол 2 од Универзалната конвенција за авторски права. Сепак, кратки извадоци од нив може да се преземаат без овластување, под услов да се наведе изворот на текстот. За правата за репродукција или превод, се доставува барање до Publications Bureau (Rights and Permissions), International Labour Office, CH-1211 Geneva 22, Switzerland или по е-пошта: Меѓународната канцеларија на трудот ги очекува таквите барања.

Библиотеките, институциите и другите корисници пријавени кај организациите за права за репродукција може да направат фотокопии во согласност со лиценците издадени за таа намена. Посетете ја страницата www.ifrro.org за да најдете список со организации за права за репродукција во вашата земја.

Ознаките вклучени во изданијата на МОТ, коишто се во согласност со практиката на Обе-динетите нации и презентацијата на материјалот содржан во нив не упатуваат на каков било став на Меѓународната канцеларија на трудот во поглед на правниот статус на која било земја, област или територија или на нејзините власти или во поглед на нејзините граници.

Одговорноста за изнесените ставови во потпишаните статии, студии и други делови ја сносат единствено нивните автори и изданието не вклучува одобрување на изнесените ми-слења.

Упатувањата до називите на фирмите и комерцијалните производи и процеси и не вклучу-ваат одобрување од страна на Меѓународната канцеларија на трудот и секое неспоменување на одредена фирма, комерцијален производ или процес не е знак на неодобрување.

Изданијата на МОТ може да се добијат во поголемите книжарници или во локалните кан-целарии на МОТ во многу земји или директно од ILO Publications, International Labour Office, CH-1211 Geneva 22, Switzerland. Каталозите или списоците со нови изданија се бесплатни и може да се нарачаат од горенаведената адреса или преку е-пошта: [email protected]

Посетете ја нашата интернет-страница: www.ilo.org/publns

ILO Cataloguing in Publication Data

Водич за вашето право на пензија / Меѓународна организација на трудот ; MOT - Технички тим за поддршка на пристојната работа и Канцеларија за Централна и Ис-точна Европа = Guide for your rights to pensions/ International Labour Organization ; ILO Decent Work Technical Support Team and Country Office for Central and Eastern Europe. - Budapest: MOT, 2011

1 v.

ISBN: 9789228257984 (print); 9789228257991 (web pdf)

International Labour Organization; ILO Decent Work Technical Support Team and Country Office for Central and Eastern Europe

old age benefit / pension scheme / social security / beneficiary / eligibility / benefit administration / Macedonia,former Yugoslav Republic

02.04.1

Page 4: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

3

Содржина

Предговор .................................................................................................................5

Вовед ........................................................................................................................7

1. Преглед на пензискиот систем на Република Македонија ................................8

1.1. Историски преглед .............................................................................................8

1.2. Демографска состојба .......................................................................................9

1.3. План за пензиски реформи .............................................................................11

1.4. Статистички податоци (соодветност на надоместоците) .............................11

1.5. Права на пензија .............................................................................................13

2. Прашања и одговори за пензискиот систем .....................................................14

2.1. Кои се основните закони со кои се регулира пензискиот систем во Македонија? ...................................................................................14

2.2. Која е основната структура на пензискиот систем? ......................................15

2.2.1. Структура од три столба ..............................................................................15

2.2.2. Институциите на пензискиот систем ...........................................................16

2.3. Кој е задолжително опфатен со системот? ...................................................19

2.4. Како може да се пријавам во системот? ........................................................20

2.5. Кој е износот на придонесите? Како се делат придонесите меѓу работодавачите и вработените? ..........................................................22

2.6. Кога може да се добие старосна пензија? .....................................................23

2.6.1. Услови (работен стаж, возраст) ...................................................................23

2.6.2. Услови за пензија според категорија ...........................................................23

2.6.3. Административна постапка (потребни документи итн.) ............................23

2.7. Која е висината на старосната пензија? ........................................................24

2.7.1 Механизам на акумулација на камата, надоместоци за управување и метод на плаќање .............................................................29

2.8. Кога може да се добие пензија за рано пензионирање? ..............................32

2.10. Кога може да се добие инвалидска пензија? ..............................................32

Page 5: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

4

2.10.1. Услови што треба да се исполнат за добивање инвалидска пензија ....................................................................................32

2.10.2. Да се објасни административната процедура .........................................33

2.11. Која е висината на инвалидската пензија? .................................................33

2.12. Кога може да се добие семејна пензија? .....................................................36

2.12.1. Услови ..........................................................................................................36

2.12.2. Административна постапка (потребни документи итн.) ..........................37

2.13. Колкав е износот на семејната пензија? ......................................................38

2.14. Како се усогласува пензијата секоја година? ..............................................39

2.15. Како може да добијам информации за моите сметки во задолжителното пензиско осигурување? .....................................................41

2.16. Како се инвестираат парите од мојата сметка? ..........................................41

2.17. Конвенција на МОТ за социјална сигурност? ..............................................45

2.18. Корисни информации ....................................................................................47

Министерство за труд и социјална политика .......................................................49

МАПАС .....................................................................................................................49

Пензиски фондови ..................................................................................................49

Други корисни информации ..................................................................................49

Користена литература ...........................................................................................50

Page 6: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

5

ПредговорПензиските системи играат важна улога во обезбедувањето сигурност на прихо-

дите во случај на различни ризици што имаат влијание врз работниците и нивните семејства.

Во 2006 година, поранешна југословенска Република Македонија спроведе струк-турна реформа во својот пензиски систем со воведување на задолжителен приватен пензиски систем. Шест години по оваа позначајна структурна реформа, пензиската реформа повторно стана приоритетно прашање за земјата.

Во моментот, пензиските системи во Централна и Источна Европа, вклучувајќи ја и поранешна југословенска Република Македонија, се соочуваат со притисокот од краткорочно консолидирање како последица на буџетските ограничувања што ре-зултираат од глобалната економска криза. Понатаму, стареењето на населението претставува структурален предизвик за нивната долгорочна финансиска одржливост. Справувајќи се со овие предизвици на краток и долг рок, земјите од Централна и Источна Европа спроведуваат – или ја разгледуваат опцијата за спроведување - на дополнителни пензиски реформи.

Социјалните партнери – организациите на работодавачи и на работници – играат суштинска улога во спроведувањето на пензиското законодавство и во осигурување-то ефикасна администрација на пензискиот систем. Со цел да имаат поактивна улога во обезбедувањето на добро управување со пензискиот систем, сите работници и ра-ботодавачи треба да бидат целосно информирани за постоечките пензиски одреди.

Овој водич има цел да обезбеди основни информации за обврските и права-та што произлегуваат од пензискиот систем. Не станува збор за сеопфатен водич, туку за водич приспособен кон потребите на работниците и работодавачите преку нетехнички и разбирливи објаснувања за постоечкото законодавство, со употреба на голем број конкретни примери.

Овој водич е изготвен од страна на д-р Јадранка Мршиќ, професор и декан на Правниот факултет при Универзитетот „Американ колеџ“, Скопје. Коментарите за на-црт-верзијата се од страна на Кеничи Хироше, виш специјалист за социјална сигур-ност, тим на МОТ за техничка поддршка за пристојна работа и национална канце-ларија за Централна и Источна Европа (ILO DWT/CO-Budapest). Емил Крстановски, националниот координатор на МОТ во поранешна југословенска Република Македо-нија помогна во уредувањето и финализирањето на водичот.

Се надеваме дека овој водич ќе биде корисно упатување во програмите за обука на синдикатите и организациите на работодавачи.

Марк Левин Кеничи ХирошеДиректор Виш специјалист за социјална сигурностILO DWT/CO-Budapest ILO DWT/CO-Budapest

Page 7: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

6

Page 8: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

7

ВоведПензискиот систем е клучен елемент на социјалната држава и на системот за

социјална заштита. Пензискиот систем е важен бидејќи вклучува голем број луѓе (1/5 од вкупното население во земјите во развој), речиси сите граѓани користат пензија (староста е „сигурна иднина“), расходите за пензија изнесуваат 10% до 15% од БДП.

Пензиските системи се тесно поврзани со економијата. Во рамки на пензиските системи, вработените плаќаат придонеси од нивните плати, додека резервирањата за пензии зависат од бројот на вработените, износот на платите и стапката на придо-несите. Задолжително капитално финансирани пензиски системи функционираат на различен начин: износот на пензии е определен од вложените средства и приносот од инвестиции. Но, во двата системи, висината на придонесите за пензија е поврзан со економската состојба на земјата и порастот на БДП.

Пензискиот систем во модерните држави треба да го обезбеди населението со пензиско осигурување за заштита од сиромаштија на постара возраст. Покрај тоа, модерните држави треба да ја покријат загубата на способноста за работа, да го предвидат олеснувањето за семејствата што го загубиле издржувачот поради смрт, да обезбедат валоризација на пензијата според инфлацијата и општиот пораст на животниот стандард.

Пензиските системи се соочуваат со прашањето за долгорочната финансиска одржливост предизвикана од демографските промени, пред сè поради стареењето на населението и економските фактори, како што се програмите за структурно прис-пособување или транзицијата кон пазарна економија. Во Македонија, повеќестолб-ниот пензиски систем се воведе во 2006 година, со комбинирано финансирање и диверзификација на демографските и економските ризици.

Вклучувањето на новиот повеќестолбен систем делумно ја префрла одговорнос-та за обезбедување приход по пензионирање од државата на поединците. Но, прене-сувањето на одговорноста на поединците значи дека тие треба да имаат задоволи-телно ниво на познавање на нивните права, обврски и можности.

Добро информираните или повисоко образованите работници може да играат важна улога преку нивните професионални организации во спроведувањето на пен-зиското законодавство и во обезбедувањето на ефикасна администрација на пенз-искиот систем.

Овој Водич на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во однос на правата на пензија, изготвен во рамки на приоритетите на Националната програма за пристој-на работа за периодот 2010-2013 година, a во насока на подобрување на работните услови што се реализираат со активна вклученост на социјалните партнери, содржи информации за нивните привилегии во однос на пензиските прашања.

Целта на презентациите на Водичот за групата на претставници на социјалните партнери (синдикати и работодавачи) е да започне континуиран процес на едукација на вработените за подигнување на свеста во однос на важноста на пензијата за нив-ната старост и за сигурноста на нивните семејства.

Page 9: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

8

1. Преглед на пензискиот систем на Република Македонија

Пензискиот систем е повеќестолбен систем што се состои од: јавна шема (те-ковно финансирање), приватна задолжителна капитално финансирана компонента (индивидуални сметки) и доброволно капитално финансирана компонента (лична/професионална). Реформираниот пензиски систем е наменет, пред сè, за новите учесници на пазарот на трудот и вработените кои работеле неколку години пред да влезат во вториот столб од пензискиот систем. За постарите вработени и вработе-ните со повеќе години стаж, постојат силни причини да останат во системот со еден столб; имајќи предвид дека во новиот систем би имале помалку време за акумули-рање средства на своите сметки пред пензионирање.

Стареењето на населението, зголемувањето на стапката на невработеност, како и избегнувањето да се плаќаат придонеси се клучни фактори што резултираат со зго-лемен број пензионери и намалување на бројот на обврзници, што пак следствено, го намалува соодносот - лица кои плаќаат придонес/пензионери и создаваат дефицит во пензискиот систем. Со цел да се обезбеди финансиска одржливост на системот на подолг рок, како и соодветни пензии, еднаква социјална сигурност за постојните и идните генерации на пензионери, македонскиот пензиски систем беше подложен на процес на детални суштински реформи во последните 16 години.

Во 2000 година, беше донесена законска рамка и беше воведена новата структу-ра на пензискиот систем во Македонија.

Во јануари 2006 година, почна да функционира задолжителниот приватен пенз-иски систем со првите уплати на придонеси на поединечните сметки и нивно инвес-тирање. Третиот столб се спроведе во април 2009 година.

1.1. Историски прегледМакедонскиот пензиски систем, како дел од социјалниот сектор, постои повеќе

од 50 години; и во текот на целиот период, системот се подобрува и развива во со-гласност со социјалната и економската состојба на земјата. Во последните години, под притисок на демографските и економските фактори, пензискиот систем претрпе промени, особено кога Македонија влезе во транзициски период кон пазарна еконо-мија. Сите овие промени доведоа до неурамнотеженост во расходите и приходите на пензискиот систем, прекинувајќи ја редовната исплата на пензиски надоместоци што води до итна потреба за реформа на пензискиот систем. Со цел да се обезбеди финансиска одржливост на системот, на долг и на краток рок, во периодот од 1994 до 2000 година, беа спроведени неколку важни параметриски реформи.

Интервенциите во системот вклучуваа зголемување на возраста за пензиони-рање, пресметката на пензиите врз основа на платите од целиот работен стаж, ин-дексирање на пензиите, намалување на стапката за замена итн. Сите овие пара-метриски реформи значат рационализација на системот со тековно финансирање и истовремено подготовка за надополнување на тековно финансираниот систем со капитално финансирана компонента, со цел да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот ситем.

Пензиската политика во последниот период беше главно насочена кон промена во регулативата за инвестирање на средствата на капитално финансираните столбо-

Page 10: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

9

ви. Следствено, направени се неколку интервенции преку измени, пред сè, во поли-тиката за инвестирање на средствата на пензиските фондови, од аспект на воведу-вање нови финансиски инструменти (вложување во општински обврзници, приватни пензиски фондови итн.) и олабавување на ограничувањата за вложување на сред-ствата на пензиските фондови. Целта на овие промени е да се зголеми можноста за поголема диверзификација на средствата на пензиските фондови и да се намалат ризиците од ограничениот број на дозволени инструменти.

Од 2009 година, има постепено намалување на стапката на придонесите, од 21,2% на 19% од бруто-платата. Стапката на придонесите за пензиско осигурување во 2010 и 2011 година изнесуваше 18%, и ќе остане иста во 2012 и 2013 година, а од 2014 ќе биде намалена на 17,6%.

1.2. Демографска состојбаНеповолните текови во економијата предизвикаа намалување на бројот на ак-

тивни обврзници и зголемување на бројот на активни пензионери. Демографскиот фактор има особено влијание врз пензискиот систем. Стареењето на населението како светски тренд ја погоди и Македонија. Анализите покажуваат дека животниот век ќе се зголеми за околу пет години во текот на следните 40 години. Луѓето живеат подолго, додека стапката на наталитет и бројот на новородени се намалуваат. Вакви-те демографски движења водат до зголемено учество на постарите лица во цело-купното население, т.е. зголемен број на пензионери што подолго користат пензија. Сите овие фактори имаат значително влијание, предизвикувајќи зголемен дефицит во пензискиот систем со текот на времето.

Слика 1: Однос осигурени лица/пензионери (2010-2080 г.)

Сооднос осигуреници/пензионери во трите сценарија

оптимистичко базично песимистичко

2010 2020 2030 2040 2050 2060 2070 2080

2,00

1,50

1,00

0,50

0,00

со

од

но

с

година

Извор: Статистички извештај за пензискиот систем во РМ, мај 2010 г. http://www.piom.com.mk/informacii/statistika/40.html

Page 11: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

10

Основни демографски претпоставки што се од важност за пензискиот систем се стапката на наталитет и очекуваното траење на животниот век. Очекуваната стапка на наталитет ќе изнесува меѓу 1,55 и 2,00 на долг рок (проектиран на 70 години). Оче-куваното траење на животен век ќе се зголеми на долг рок (проектиран на 70 години), како што е прикажано на табелата за животниот век при раѓање и при пензионирање.

Стапката на наталитет има влијание врз активното работоспособно население. Ниската стапка на наталитет денес ќе доведе до поголем број постари лица во однос со работното население во иднина. Од друга страна, ако има поголем број обврз-ници, ќе се зголемат и приходите. Табелата во продолжение ги покажува тековната стапка на наталитет и животниот век при раѓање и при пензионирање сега и претпо-ставките за иднина.

Табела 1: Основно сценарио за демографските претпоставки (2010-2080 г.)

Година Вкупна стапка на наталитет

Животен век (години)

При раѓање При пензионирање

Мажи Жени Мажи Жени

Основно сценарио

2010 1,50 71,5 76,0 15,3 18,5

2020 1,70 71,9 76,5 15,6 18,82030 1,80 72,4 77,1 15,9 19,32040 1,90 74,0 78,8 17,0 20,62050 2,00 75,0 80,0 17,7 21,52060 2,00 75,0 80,0 17,7 21,52070 2,00 75,0 80,0 17,7 21,52080 2,00 75,0 80,0 17,7 21,5

Извор: Статистички извештај за пензискиот систем во РМ, мај http://www.piom.com.mk/informacii/statistika/40.html г. Според овие износи, животниот век во текот на следните 70 години благо ќе се

зголеми за околу пет години. Во согласност со проекциите, разликата меѓу мажите и жените ќе остане на пет години во корист на поголем животен век на жените. След-ствено, при споредба на 2010 со 2080 година, животниот век ќе се движи од 71,5 години на почетокот до 75,0 години на крајот од периодот за мажите и од 75,9 на 80 години за жените. Очекуваниот подолг животен век ќе има влијание врз пензискиот систем преку продолжување на животниот век и по пензионирање. Табелата погоре покажува дека жените ќе бидат корисници на пензискиот систем подолго од мажите.

Page 12: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

11

Така што, во 2080 година, мажите ќе користат пензија во просек од 17,7 години, доде-ка жените ќе користат пензија 21,5 години.

1.3. План за пензиски реформиПланот за реформите се заснова за задржување и одржување на основните

принципи на тековниот пензиски систем: задолжително пензиско и инвалидско осигу-рување, одредување на правата во зависност од должината и износот на уплатените придонеси, социјална правда, усогласеност со конвенциите и препораките на Меѓу-народната организација на трудот.

Реформираниот систем е во согласност со Уставот на Република Македонија, според кој граѓаните имаат право на социјална сигурност врз основа на принципите на социјална правда. Тоа значи одржување на принципите за осигурување против сите ризици (старост, смрт и хендикеп). Исполнувањето на овие цели ќе резултира со долгорочни предности за поединечните учесници, како и за економијата во целост. Имено, предност за поединците е поголемата сигурност во обезбедување пензија, што ќе се финансира од повеќе од еден извор и затоа ризиците се диверзификуваат. Истовремено, реформата обезбедува зголемено ниво на транспарентност и инфор-мираност за членовите на пензиските фондови. Се очекува преку оваа реформа да се воспостави платежно способен пензиски систем на подолг рок.

Овие параметриски и структурни реформи на македонскиот пензиски систем во последните две децении резултираше со комбиниран повеќестолбен пензиски сис-тем. Се очекува дека со овие реформи системот ќе биде поотпорен на економските промени и демографските трендови, бидејќи е структуриран на тој начин што води до диверзификација на ризиците, како резултат на тоа, надминување и балансирање на сите идни ризици.

1.4. Статистички податоци (соодветност на надоместоците)Во рамки на пензиското осигурување, 290.000 лица, односно 13,7% од вкупниот

број жители во Македонија имаат право на пензиско и инвалидско осигурување а учеството на расходите за пензии во БДП изнесуваше 10,0% во 2010 година.

На крајот од 2010 г., бројот на осигурени лица изнесуваше 466.280, додека бројот на пензионери е 273.751, плус 1.817 земјоделски пензии и 2.161 воени пензии.

Page 13: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

12

Слика 2: Структура на пензионерите

Извор: Извештај за работата на ФПИО за 2010 година, стр. 12, март 2011 г., www.piom.com.mk

Минималниот износ на пензиите се заснова на принципот на социјална правда и се одредува без оглед на износот на пензијата што е пресметана врз основа на периодот на осигурување и висината на платите. Бројот на пензионери што примаат минимален пензиски надоместок на крајот од 2010 г., изнесуваше 115.094 или 42,0% од вкупниот број пензионери1.

При разгледување на соодветноста на пензискиот систем од аспект на спречу-вање на сиромаштијата кај постарите лица, се зема предвид финансиската моќ на сите пензиски категории, при што акцентот се става на висината на пензијата и бројот на корисници на најниска пензија. Статистичките податоци што укажуваат на веројат-носта од ризик за сиромаштија во поодмината возраст, всушност произлегуваат од споредбата меѓу просечната плата и просечната пензија.

За целите на анализата на ризикот од сиромаштија се користат трите вида пен-зии (старосна, семејна и инвалидска) и нивното учество во просечната плата.

____________________

1 Извештај за работата на ФПИО за 2010 година, стр. 18, март 2011 г., www.piom.com.mk,

Page 14: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

13

Слика 3: Просечна плата и просечна пензија (2010 година)

0,0

10,0

20,0

30,0

40,0

50,0

60,025.000,00

20.000,00

15.000,00

10.000,00

5.000,00

0,00

21.454,00 21.454,00 21.454,00 21.454,00

54,1

9.213,00 8.225,00 10.273,0011.615,00

42,9 38,3 47,9

Извор: Извештај за работата на ФПИО за 2010 година, стр. 23, март 2011 г., www.piom.com.mk

Односот меѓу просечната висина на сите пензии и просечните плати изнесува 47,9%. Корисниците на семејна пензија имаат најнизок удел од 38,3 %, инвалидски-те пензии 42,9%, додека односот на старосните пензии е поголем од половина, т.е. 54,1%. Најлош однос имаат минималните пензии, каде што висината на просечната најниска пензија (8.044 денари) изнесува 37,5% од просечната плата.

1.5. Права на пензија Пензиското и инвалидското осигурување (Законот за пензиско и инвалидско оси-

гурување) ги предвидуваат следните права: • Старосна пензија • Инвалидска пензија • Семејна пензија• Професионална рехабилитација • Надоместок за телесно оштетување • Најнизок износ на пензија

Сооднос

Староснапензија

Просечна плата

проц

ент

Просечна пензија

изно

с

Инвалидскапензија

Семејна пензија

Вкупнапросечна

Сооднос на просечната пензија и просечната плата

Page 15: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

14

2. Прашања и одговори за пензискиот систем

2.1. Кои се основните закони со кои се регулира пензискиот систем во Македонија?

Пензискиот систем во Македонија се регулира со следните закони:• Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на

Република Македонија“ бр. 80/93, 3/94, 14/95, 71/96, 32/97, 24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007, 152/2008, 161/2008, 81/2009, 156/2009, 83/2010,156/2010, 24/2011, 51/2011, 11/2012),

• Законот за матична евиденција за осигурениците и корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004 , 55/2007, 102 /2008 и 51/2011)

• Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 48/2009, 81/2009, 50/2010, 171/2010 и 36/2011),

• Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 07/2008, 124/2010 и 17/2011)

• Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување( „Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2012) и

• Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/2008, 64/2009, 156/2009, 166/10 и 185/2011).

Подзаконски акти за пензиско и инвалидско осигурување: • Правилник за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за

ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа.

• Упатство за одредување на техничките елементи на обрасците на пријави за матичната евиденција.

• Одлука за задолжително минимално ниво на медицинска документација во постапката каде што се одредени права поради инвалидност.

Барања за реализирање на правата што произлегуваат од пензиското и инва-лидското осигурување:

- Изјава за исплата на посмртната помош

- Барање за остварување право на старосна, семејна и инвалидска пензија

- Барање за утврдување својство на осигуреник и прием во пензиско осигурување

- Барање за оценка на работната способност (податоци за работното место)

Page 16: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

15

- Барање за оценка на работната способност (молба)

- Барање за утврдување на пензиски стаж навршен до 31.12.1969 год

- Барање за исплата на пензиско давање

- Барање за преземање на исплата на воена пензија

- Барање за утврдување на пензиски стаж поминат во странство

- Барање за определување нов износ на пензија

- Барање за утврдување на телесно оштетување

Со подзаконските акти за задолжително и доброволно капитално финансира-но пензиско осигурување се регулираат: пензиските друштва, пензиските фондови, членството, рекламирањето и огласувањето и одлуките. Сите документи може да се најдат на интернет-страницата на MAPAS: www.mapas.gov.mk.

Законите и другите дополнителни прописи и документи може да се најдат во поврзаните Службени весници на Република Македонија, како што е претходно на-ведено и на следните интернет-страници: www.mtsp.gov.mk, www.piom.gov.mk, www.mapas.gov.mk.

2.2. Која е основната структура на пензискиот систем?

2.2.1. Структура од три столба

Структурата на реформираниот пензиски систем е како што следува: • Прв столб - систем на тековно финансирање, осигурување засновано на

генерациска солидарност;

• Втор столб – задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;

• Трет столб – доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;

Со реформата се воведе повеќестолбен пензиски систем, којшто нуди комби-ниран начин на финансирање и диверзификација на демографските и економски-те ризици што имаат цел обезбедување пензија за тековните и идните генерации на пензионери и финансиска стабилност на пензискиот систем на долг рок. Првиот столб се однесува на задолжителниот државен пензиски фонд што функционира спо-ред принципот на генерациска солидарност, врз основа на тековно финансирање, што значи дека придонесите на тековните обврзници се користат за финансирање на пензиските надоместоци за тековните пензионери. Овој столб функционира на ос-нова на дефинирани пензии, што значи дека износот на резервирањата за пензии се пресметува со претходно утврдена формула. Старосните, инвалидските, семејните и минималните пензиии се исплаќаат од првиот столб. Сите тековни вработени се чле-нови на првиот столб, а некои од нив се членови на вториот столб што е задолжите-лен за определена категорија вработени – сите вработени по 1 јануари 2003 година.

Во капитално финансираниот пензиски фонд, секој член на фондовите има по-себна сметка на која се евидентираат неговите средства. Овој вид осигурување обез-

Page 17: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

16

бедува тесна врска и зависност меѓу обемот на средствата уплатени во системот – придонесите и идните пензии што ќе ги стекне секое лице, врз основа на пазарни-те принципи. Овој начин на осигурување се заснова на принципот на акумулирање на средствата на поединечни сметки и нивно инвестирање. Стапката на принос од инвестициите, намалена за провизијата на пензиското друштво, целосно се префр-ла на акумулираните средства на поединечните сметки. Идната пензија зависи од акумулираните средства и животниот век по пензионирање, т.е. очекуваниот период на користење на пензијата. Важно е да се нагласи дека пензиската заштеда е долго-рочна заштеда, во текот на која средствата постепено и постојано ќе се зголемуваат. За оние вработени кои ќе останат во пензискиот систем со еден столб, пензиското и инвалидско осигурување се покрива единствено од првиот столб и нема промени во начинот на добивање на пензијата. Лицата кои ќе се приклучат кон двостолбниот пен-зиски систем, со зачленување во приватен пензиски фонд, ќе добиваат комбинирана пензија од првиот столб и од акумулираните средства од вториот столб на нивната индивидуална сметка, по пензионирањето. Фондот за пензиско и инвалидско осигу-рување (ФПИО) и понатаму ќе ги покрива инвалидските и семејните пензии, како и минималната пензија што се загарантирани за сите вработени, без оглед на системот во кој членуваат.

Целта на реформата е да се обезбедат повисоки примања, одржливи пензии и подобар животен стандард по пензионирањето на лицата што се опфатени со првиот и вториот столб и на лицата што се подготвуваат и се во можност да издвојат допол-нителни средства заради поголема материјална сигурност и за обезбедување пого-лем пензиски надоместок за лицата што не се опфатени со задолжителното капитал-но финансирано пензиско осигурување, вклучувајќи ги невработените сопружници, долгорочно невработените лица и лицата вработени на проекти, во странски мисии.

2.2.2. Институциите на пензискиот системМинистерство за труд и социјална политика - Социјалната сигурност на

граѓаните на Македонија е уставна обврска на Владата. Пензиското и инвалидското осигурување претставуваат клучни елементи на осигурителниот систем. Министерството за труд и социјална политика е одговорно за креирање политика за пензиско и инвалидско осигурување, како и за следење и контрола на спроведување на овие видови осигурување. Истовремено, Министерството го подобрува и следи развојот со единствена цел, осигурување, сигурност и стабилност на пензискиот систем на долг рок.

Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИО)- Спроведувањето на пензиското и инвалидското осигурување се врши преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Во новиот систем, ФПИО не само што го претставува првиот столб, туку е одговорен и за следните нови функции:

- прибирање на сите придонеси за пензиско и инвалидско осигурување заедно со Управата за јавни приходи;

- споредба на платените придонеси со добиените информации;

Page 18: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

17

- пренос на придонесите на сметките на членовите во избраните пензиски фондови;

- обезбедување информации за друштвата за извршените трансфери.

Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС- Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигу-рување е основана заради супервизија на работата на пензиските друштва и пен-зиските фондови, со цел заштита на интересите на членовите на пензискиот фонд (осигурени лица). Агенцијата има својство на правно лице што одговара пред Влада-та на Република Македонија. Агенцијата е одговорна за организирање на тендерска постапка и за доделување и повлекување лиценци за друштвата што управуваат со новите приватни пензиски фондови. Агенцијата го следи работењето на пензиски-те друштва и пензиските фондови, но и активностите на чуварите на имот или на странските менаџери на средствата и ги следи нивните финансиски сметки, осигу-рувајќи дека тие работат во согласност со локалните прописи и закони. Агенцијата, исто така, соработува со Министерството за финансии, Народната банка на Репу-блика Македонија, Комисијата за хартии од вредност и други институции, со цел да се осигури ефективна супервизија на капитално финансираниот систем за пензиско осигурување во Македонија. Покрај Годишниот извештај за своите активности што го поднесува до Владата и Собранието, Агенцијата, исто така, објавува Годишен из-вештај за прашањата поврзани со капитално финансираното пензиско осигурување, што обезбедува транспарентност во овој сектор.

Пензиски друштва- Пензиските друштва се акционерски друштва со конкретна функција за управување со пензиските фондови. Основачите на пензиските друштва за управување со пензиските фондови се финансиски институции со солиден капи-тал и искуство. Основна функција на овие друштва е да инвестира средства на пен-зиските фондови, заради зголемување на нивната вредност. Пензиските друштва се одговорни за водење точна евиденција за поединечните сметки и редовно обезбеду-вање информации за Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за состојбата на средствата, трошоците и другите неопходни податоци за членовите и управувачките тела.

Приватните пензиски друштва управуваат со средствата на задолжителните и доброволните пензиски фондови. Во Македонија, издадени се две лиценци за ос-новање на пензиско друштво по меѓународен тендер. Во согласност со измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, може да се основаат повеќе од две пензиски друштва, но до сега нема интерес за основање на трето пензиско друштво. Основачите на пензиските друштва за управување со пенз-иските фондови, во согласност со прописите, се финансиски институции со солиден капитал и искуство во работењето. Пензиските друштва за управување со пензиските фондови се акционерски друштва чија единствена дејност е управување на пензиски-те фондови. Секое пензиско друштво може да управува со еден пензиски фонд.

Page 19: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

18

Табела 2: Пензиски друштва и фондови

Пензиски друштва Пензиско друштво „Нов пензиски фонд“, АД Скопје

Пензиско друштво „КБ Прво“, АД Скопје

Задолжителни пензиски фондови

НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД – Отворен пензиски фонд

КБ „Прв отворен пензиски фонд“ - Скопје

Доброволни пензиски фондови

Отворен доброволен пензиски фонд – „НЛБ пензија плус“- Скопје

КБ „Прв отворен доброволен пензиски фонд“ – Скопје

Основачи на пензиските друштва

Тутунска банка АД Скопје, Република Македонија и – Нова Љубљанска банка АД Љубљана, Република Словенија

Комерцијална банка, АД Скопје, Република Македонија и Прво пензиско друштво АД Љубљана, Република Словенија

Извор: МАПАС, www. mapas.gov.mk

Пензиски фонд - Пензискиот фонд е отворен инвестициски фонд што нема својство на правно лице. Пензискиот фонд се состои од придонеси за пензиско осигу-рување на членовите и принос од инвестираните средства од придонеси. Пензиските фондови се во сопственост на нивните членови. Секој член има посебна сметка на која се евидентираат платените придонеси и приносите од инвестиција. Пензиските друштва за управување со пензиските фондови ги инвестираат овие средства во со-гласност со строга законска постапка што обезбедува голема заштита на интересите и средствата на членовите.

Средствата од пензискиот фонд се целосно одвоени од средствата на пензиски-те друштва што управуваат со односниот фонд. Ваквото одвојување на средствата е од исклучителна важност, со цел да се постигне високо ниво на сигурност на сред-ствата од фондовите.

Банки-чувари на имот - Средствата од пензиските фондови се чуваат во банка-чувар на имот. Банката-чувар на имот е одговорна за чување на средствата на пенз-иските фондови, одвоено од сопствените и средствата на другите клиенти и мора да води посебна евиденција за секој пензиски фонд. Банката-чувар на имот осигурува и ги контролира инвестициските договори на пензиските друштва во согласност со законот. До 2009 година, улогата на банка-чувар на имот ја извршуваше Централната банка како дел од институционалната инфраструктура на системот за капитално фи-нансирано пензиско осигурување. Тоа се должеше на непостоењето и неможноста на другите адекватни институции за извршување на овие услуги (комерцијални банки и депозитари). Во моментот, две банки (Комерцијална банка, АД Скопје и НЛБ Тутунска банка, АД Скопје) ја извршуваат улогата на банка-чувар на имот на македонскиот пензиски пазар и третата (Стопанска банка, АД Скопје) е технички подготвена и со соодветен персонал за брзо да влезе во овој бизнис.

Page 20: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

19

Слика 4: Институционална шема на пензискиот систем

Извор: Билјана Петровска, МАПАС, презентација на Меѓународната конферен-ција за пензиски реформи и идни предизвици (Скопје, 2011 г.)

2.3 Кој е задолжително опфатен со системот?Сите вработени кои плаќаат придонеси се опфатени со пензискиот систем и се

членови на првиот столб. Осигуреници во рамки на задолжителното пензиско и инва-лидско осигурување се:

1) лица во работен однос во претпријатие и друго правно лице кое врши сто-панска дејност, во институции и правни лица или вработени во јавните служби, во државните органи, како и во единиците на локалната самоуправа и во домашни и странски правни лица;

2) индивидуални земјоделци – обврзници на данок од приход од земјоделска дејност, на кои земјоделската дејност им е единствено занимање;

3) самовработени лица; 4) невработени лица што добиваат парични надоместоци итн.

Постојат две општи категории на обврзници во вториот столб: • Задолжителни членови – вработени обврзници т.е. оние кои за првпат се

пријавени во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување по 1 јануари 2003 година;

• Доброволни членови – обврзници кои за првпат се вработени пред 1 јануари 2003 година.

Page 21: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

20

Сите обврзници вработени пред 1 јануари 2003 година, имаа можност да одлучат дали да го изберат двостолбниот пензиски систем и да изберат пензиски фонд во кој ќе членуваат. Сите нововработени обврзници се обврзани да се вклучат во вториот столб, со можност да избираат меѓу пензиските фондови. Сите обврзници што ќе се пријават во двостолбниот пензиски систем имаат право да се префрлат од еден во друг пензиски фонд. Реформираниот пензиски систем е наменет, пред сè, за младите вработени и вработените со неколку години работен стаж пред влезот во вториот столб од пензискиот систем. За постарите вработени и вработените со повеќе годи-ни стаж, постојат силни причини да останат во системот со единствен столб; имајќи предвид дека во новиот систем би имале помалку време за акумулирање средства на своите сметки пред пензионирање.

Вработените со бенифициран стаж во Министерството за внатрешни работи, по-правно-казнените установи, Македонската армија и слично, како и индивидуалните земјоделци не може да бидат членови на вториот столб. По исклучок, ако лицата што припаѓаат на горенаведените категории го променат својот статус, тие може да склу-чат договор со пензиски фонд по нивен избор, во рок од три месеци по промената на статусот. Лицата што веќе се приклучиле кон вториот столб и потоа го промениле својот статус во една од горенаведените категории, имаат право да се вратат во сис-темот со единствен столб, во рок од три месеци по промената на статусот.

Доброволната капитално финансирана компонента од пензискиот систем (тре-тиот столб) е дел од повеќестолбната структура на пензискиот систем, каде што сите граѓани на возраст од 18 до 70 години, може да станат членови на доброволна осно-ва. Тоа значи дека лицето што е веќе пријавено во задолжителното пензиско осигуру-вање може да се пријави во доброволното пензиско осигурување. Исто така, лицето што не е опфатено со задолжителното пензиско осигурување, може да биде член на доброволното пензиско осигурување. Понатаму, секое лице има право на членство во професионалната пензиска шема финансирана од страна на работодавачот или здружението. Секој член на третиот столб може да има две сметки, каде што се аку-мулираат средствата, при што едната е индивидуална сметка, а другата е професи-онална сметка.

2.4. Како може да се пријавам во системот?

(а) Државна пензијаПочетокот на осигурителниот период се одредува со поднесување на форму-

ларот М1 во Агенцијата за вработување. Осигурениците ги поднесуваат овие фор-мулари до Агенцијата за вработување. Осигурениците (вработени во дипломатски и конзуларни претставништва, вработени во странски друштва, продолжено осигуру-вање, физички лица како вршители на дејност кои немаат даночен број, работници кои примаат паушал и преработувачи) ги поднесуваат нивните барања до најблиска-та регионална единица на фондот, врз основа на последните датуми на осигурување. Тие треба да го потврдат нивниот статус на осигурување со приложување документи за доказ кон барањето.

Податоците што се пропишани со Законот за матична евиденција за осигурени-ците и корисниците на на правата од пензиското и инвалидското осигурување (лични

Page 22: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

21

податоци, податоци за степенот на образование, датумот на вработување итн.) за осигуреникот ги потврдува ФПИОМ. Податоците ги обезбедуваат:

1. Работодавачите – за нивните вработени;2. Физичките лица кои вршат дејност – за себе и за нивните вработени;3. Индивидуалните земјоделци – за себе;4. Агенцијата за вработување на РМ – за невработените лица што примаат па-

рични надоместоци;5. Oбврзниците за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување

- за лицата од членот 11 став 1, точките 11 и 12, членовите 14 и 15 од ЗПИО ;6. Фондот – за инвалидите на труд со намалена т.е. преостаната работна спо-

собност и7. Центарот за социјални работи – за осигурениците кои примаат паричен надо-

месток за нега на тешко хендикепирани деца.

(б) Задолжителна приватна пензијаОбврзникот станува член на задолжителниот пензиски фонд со склучување на

договор за членство или со негово распределување во фонд по случаен избор од страна на МАПАС и ФПИОМ, во случаите кога осигуреникот спаѓа во категоријата на задолжителни членови, но осигуреникот нема склучено договор за членство во законски пропишаниот рок (во рок од три месеци од датумот на прво вработување). Договорот за членство во задолжителен пензиски фонд, во стандардизирана фор-ма, го склучуваат обврзникот, лично и продажниот агент што го застапува пензиското друштво. При потпишување на договорот за членство, пензиското друштво е заста-пувано од продажниот агент, кој е регистриран во Регистарот на агенти на МАПАС. Во случаите кога обврзникот склучува договор за членство за прв пат и никогаш пре-тходно не бил член на пензиски фонд, тој има право на еднострано повлекување на договорот со поднесување на писмено известување до пензиското друштво во рок од осум дена од датумот на склучување на договорот. Продажниот агент е обврзан да го запознае членот со можноста за барање за поништување на склучениот договорот за членство. Членството во еден пензиски фонд трае до префрлањето во друг пензиски фонд или до стекнувањето право на пензија. Во случај кога членот има прекини во работниот стаж или не плаќа придонеси, лицето и понатаму ќе биде член на пен-зискиот фонд и ќе ги има сите права, како и другите членови кои редовно плаќаат придонеси.

(в) Доброволна пензијаОбврзникот станува член на доброволен пензиски фонд на следниот начин:1) Со потпишување договор за членство во доброволен пензиски фонд со пенз-

иско друштво и со отворање индивидуална сметка.2) Со потпишување договор за членство во доброволен пензиски фонд меѓу:

лицето кое ќе стане член на пензискиот фонд, лицето кое ќе ги плаќа придонесите во фондот во име и за сметка на пензиското друштво и со отворање индивидуална сметка.

3) Со учество во професионална пензиска шема организирана од страна на ра-ботодавачот или здружението во кое членува и со отворање професионална сметка.

Page 23: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

22

Едно лице може да отвори само една доброволна и една професионална сметка.

2.5. Кој е износот на придонесите? Како се делат придонесите меѓу работодава-чите и вработените?

Во задолжителниот пензиски систем, придонесите ги покриваат само вработени-те. Обврзани лица за пресметка и плаќање на придонесите се:

1. Работодавачите – за нивните вработени и 2. Самовработените лица – за себе и 3. ФПИОМ, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за вработување – за

другите видови осигуреници.Висината на придонесите се одредува со Законот за придонеси за задолжител-

ното социјално осигурување. Тековната стапка на придонесите за пензиско осигу-рување изнесува 18%, и ќе остане иста во 2012 и 2013 година, а од 2014 ќе биде намалена на 17,6%.

Работодавачот плаќа во име на вработените 18% од нивната месечна бруто-плата во ФПИОМ. За осигурениците што се членови само на првиот столб, вкупниот износ останува во ФПИОМ. За осигурениците што се членови во вториот столб, 65% од платените придонеси или 11,7% остануваат во ФПИОМ, додека 35% или 6,3% се пренесуваат на посебната сметка на секој член во приватниот пензиски фонд. ФПИ-ОМ го префрла утврдениот износ веднаш или најдоцна во рок од 5 работни дена по приемот на придонесите.

Табела 3: Пример на пресметка на придонесите за пензиско осигурување

Ставка Износ во денари

Бруто-плата 35.000

Придонеси за пензиско осигурување 18% 6.300

Придонеси за пензиско осигурување за членовите од првиот и вториот столб

Придонеси за пензиско осигурување 18% 6.300

Придонеси во првиот столб 11,7% 4.095

Придонеси во вториот столб 6,3% 2.205

Извор: Информатор (2010), Пресметка на платите во 2011 година, PROagens, Скопје и пресметки на авторот

Плаќањето на придонесите за доброволното осигурување го врши членот на доброволниот пензиски фонд, трето лице или спонзор за учесниците во професио-налната пензиска шема (работодавач или здружение). Овие лица може по сопствен избор да одлучат за времето и висината на придонесите што ќе ги уплатат во третиот столб.

Page 24: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

23

2.6. Кога може да се добие старосна пензија?

2.6.1. Услови (работен стаж, возраст)Општите услови за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задол-

жителниот пензиски систем (прв и втор столб): возраст од 64 години за мажи, 62 годи-ни за жени и минимум 15 години пензиски стаж. Во случај на инвалидност, правото на пензија може да се стекне пред навршување 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во случај на смрт на осигуреникот, правото на пензија може да се стекне за минимум 5 години осигурување или за најмалку 10 години пензиски стаж. Пензискиот надоместок од доброволната пензиска шема не може да се повлече порано од 10 години пред достигнување на законската возраст за пензионирање за задолжител-ниот систем (54 години старост за мажи, 52 години старост за жени), со исклучок на инвалидност или смрт.

Повлекувањето на средствата од индивидуалната сметка во задолжителните пензиски фондови од вториот столб, пред возраста за пензионирање не е дозволе-но, со исклучок во случаите на инвалидност или смрт. Во случај на инвалидност или смрт на членот, средствата од индивидуалната сметка се префрлаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ), којшто е овластен за исплата на ин-валидски и семејни пензии. Доколку нема корисници на семејна пензија, средствата од индивидуалната сметка може да ги наследат наследниците на починатото лице.

2.6.2. Услови за пензија според категорија

Општи работнициВозраст од 64 години за мажи и 62 години за жени со минимум 15 години работен

стаж.

Работници на опасни работни местаЗа осигурениците кои работат на исклучително тешки и опасни работни места и

оние на работните места каде по одредена возраст не може да ги исполнуваат своите професионални активности, се пресметува бенефициран стаж. Стапката на бенефи-циран стаж зависи од сериозноста на опасноста на работа, и се дели на шест групи, при што секои 12 месеци ефективна работа се пресметуваат како 13, 14, 15, 16, 17 и 18 месеци на пензиски стаж.

Пензискиот бенифициран стаж се пресметува за вработени осигуреници со пол-но работно време со минимум 70% попречености, воени инвалиди, слепи лица, лица заболени од: дистрофија и слични мускулни нарушувања, церебрална и детска па-рализа и мултиплекс склероза. Осигурениците споменати погоре за секои 12 месеци ефективен стаж имаат 15 месеци пензиски стаж и возраста за пензионирање се на-малува за една година на секои пет години ефективен стаж.

2.6.3. Административна постапка (потребни документи итн.)

Постапката за остварување на правото на пензија се отпочнува со барање од:• Пензискиот осигуреник за остварување старосна пензија;

Page 25: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

24

• Член на семејството на починат осигуреник или корисник на пензија за добивање семејна пензија;

• Осигуреникот или по препорака на лекарот на осигуреникот, т.е. лекарската комисија за стекнување инвалидска пензија.

Барањето за остварување на правото што произлегува од пензиското и инвалидското осигурување се поднесува во писмена форма на формуларот ЕР-10 (барање за покренување пензиско и инвалидско осигурување) до регионалната канцеларија на ФПИО, каде што осигуреникот бил осигурен за последен пат.

Потребни документи за остварување на правото од пензиското и инвалидското осигурување:

• Барање за старосна пензија;• Работна книшка и доказ за пензиски стаж што не е евидентиран во неа

(решенија, потврди и друго);• Извод од матичната книга на родените со впишан матичен број или лична

карта на барање;• Решение за прекинување на работниот однос (М2 формулар);• Потврда за отслужен воен рок;• Доказ за работа во странство;• Писмена изјава и друго.

На 17 ноември 2011 година, ФПИОМ го промовираше новиот софтвер за елек-тронско одобрување на барањата за остварување на правата што произлегуваат од пензиското и инвалидското осигурување и за исплата на пензиите. Овој проект, на-речен „Одобрување и исплата“ ќе ја олесни постапката за граѓаните да го добијат нивното решение за пензија. За секое барање ќе се креира електронско досие, со што се поедноставуваат трансакциите и се избегнува хартиената документација. Ис-товремено, врз основа на податоците на осигуреникот за стажот и платите, се издава и електронски се контролира решението и се отпочнува со исплата на пензиите.

2.7. Која е висината на старосната пензија?

За членовите на едностолбниот системЗа оние вработени кои ќе останат во пензискиот систем со еден столб, пензи-

ското и инвалидско осигурување го покрива единствено ФПИОМ и нема промени во начинот на добивање на пензијата. Пензијата од првиот столб се пресметува како де-финирана пензија според претходно одредена формула за заменска стапка (процент според работниот стаж помножен со пензиската основа одредена преку валоризира-ните плати за целиот период на осигурување). Платите од претходната година што се користат за одредување на пензиската основа се индексираат со стапките прес-метани врз основа на флуктуацијата на платата на сите вработени во Македонија. За тековните вработени/пензионери во првиот столб на пензискиот систем, заменската стапка изнесува 80%, што за четириесет години ќе се намали на 72%.

Page 26: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

25

Табела 4: Заменски стапки за мажи и жени според работниот стаж

Пензиски стажПроцент

Мажи Жени15 години 35 4015 години и 6 месеци 35,9 41,316 години 36,8 42,616 години и 6 месеци 37,7 43,917 години 38,6 45,217 години и 6 месеци 39,5 46,518 години 40,4 47,818 години и 6 месеци 41,3 49,119 години 42,2 50,419 години и 6 месеци 43,1 51,720 години 44,0 53,020 години и 6 месеци 44,9 53,921 години 45,8 54,821 години и 6 месеци 46,7 55,722 години 47,6 56,622 години и 6 месеци 48,5 57,523 години 49,4 58,423 години и 6 месеци 50,3 59,324 години 51,2 60,224 години и 6 месеци 52,1 61,125 години 53,0 62,025 години и 6 месеци 53,9 62,926 години 54,8 63,826 години и 6 месеци 55,7 64,727 години 56,6 65,627 години и 6 месеци 57,5 66,528 години 58,4 67,428 години и 6 месеци 59,3 68,329 години 60,2 69,229 години и 6 месеци 61,1 70,130 години и 62,0 71,030 години и 6 месеци 62,9 71,931 години 63,8 72,8

Page 27: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

26

31 години и 6 месеци 64,7 73,732 години 65,6 74,632 години и 6 месеци 66,5 75,533 години 67,4 76,433 години и 6 месеци 68,3 77,334 години 69,2 78,234 години и 6 месеци 70,1 79,135 години 71,0 80,035 години и 6 месеци 71,936 години 72,836 години и 6 месеци 73,737 години 74,637 години и 6 месеци 75,538 години 76,438 години и 6 месеци 77,339 години 78,239 години и 6 месеци 79,140 години 80,0

Извор: Закон за пензиско и инвалидско осигурување, член 193-б, ПИОМ, www.piom.gov.mk

Најнизок износ на пензијаНајнискиот износ на пензија врз основа на генерациска солидарност и пензија

стекната од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување зависи од должината на пензискиот стаж. Износот не може да биде понизок од утврдената просечна плата за сите вработени во Македонија во 2002 година, како што следува:

• За осигуреник со повеќе од 35 години работен стаж за мажи и 30 години за жени изнесува 41%;

• За осигуреник со повеќе од 25 години работен стаж за мажи и 20 години за жени изнесува 38% и

• За осигуреник со помалку од 25 години работен стаж за мажи и 20 години за жени изнесува 35%;

Највисок износ на пензијаНајвисокиот износ на пензија врз основа на генерациска солидарност не може да

биде повисок од 2,7 пати од утврдената просечна плата на сите вработени во Маке-донија во 2002 година. Нема највисок износ на пензија од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

Page 28: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

27

Износот на пензијата што се пресметува врз основа на просечната плата од 2002 година се индексира како останатите пензии до пензионирањето на осигуреникот.

За членовите на двостолбниот пензиски систем Лицата кои ќе се зачленат во двостолбниот пензиски систем ќе добијат комбини-

рана пензија од ФПИОМ и од акумулираните средства на своите индивидуални смет-ки во моментот на пензионирање. Како форма на заштеда, пензиите од приватните пензиски фондови, директно зависат од уплатените придонеси. Приносите од инвес-тираните средства, по одбивање на трошоците за работењето на фондот, целосно се пренесуваат на секој поединечен член. Идната пензија ќе зависи од акумулираните средства, успешноста на инвестирањето и очекуваната должина на животниот век при пензионирањето. Важно е да се нагласи дека пензиите се долгорочни заштеди, при што средствата постепено, но постојано се зголемуваат. Не е дозволено повлеку-вање на пензиите пред возраста за пензионирање, освен во случаи на инвалидност или смрт. Доколку износот на пензијата од тековното финансирање и од капиталното финансирање е помал од минималната пензија, дополнителниот износ до најниска пензија се плаќа од Фондот за тековно финансирање. ФПИОМ ќе продолжи да ги покрива инвалидските и семејните пензии, како и гаранцијата за најниска пензија за сите вработени без разлика на кој систем се членови.

Старосната пензија од првиот столб за задолжителните членови на двостолбни-от пензиски систем се одредува како процент од пензиската основа во зависност од траењето на пензискиот стаж (0,75% за мажи и 0,86% за жени за пензиски стаж за секоја година од пензискиот стаж), а за пензиски стаж од 6 месеци е 0,375% за мажи и 0,43% за жени.

Старосната пензија од првиот столб за доброволните членови на двостолбниот пензиски систем се одредува како процент од пензиската основа за секоја година од пензискиот стаж, до 1 септември 2011 процентот е 2,33% за мажи и 2,60% за жени и за пензиски стаж од 6 месеци е 1,165% за мажи и 1,30% за жени, но вкупниот мак-симум е 11,65% за мажи и 13,00% од пензиската основа за жени. За секоја наредна година на пензиски стаж пензијата се одредува како процент од 0,75% за мажи и 0,86% за жени и за пензиски стаж од 6 месеци е 0,375% за мажи и 0,43% од пензис-ката основа за жени.

За обврзниците кои се дел од двостолбниот систем и кои имаат, на пример, 20 години платени придонеси, процентот којшто ќе се користи за пресметка на пензијата од првиот столб е 15% за мажи и 17,2% за жени. За придонеси од 30 години, процен-тот е повисок, и изнесува 22,5% за мажи и 25,8% за жени, што значи дека пензијата ќе биде поголема. Највисокиот процент за пресметка на пензија е 30% за работен стаж од 35 години за жени и работен стаж од 40 години за мажи. Остатокот од пензијата ќе се плаќа од вториот столб. Во пензискиот систем со определени придонеси, износот на пензиите зависи од акумулираните средства на индивидуалните сметки, по основ на уплатените придонеси и успешноста на инвестициите во фазата на акумулирање.

Page 29: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

28

Табела 5: Проценет износ на пензии за 30 години работен стаж во едностолбниот и двостолбниот систем за двата пола

Едностолбен систем Двостолбен систем

Од едностолбниот систем

Од првиот столб Од вториот столб

Реална стапка на принос0% 2% 4%

Мажи ЗС во 2011

ЗС во 2040

Заменска стапка (ЗС) 62.0% 54.44%

22.5% 14.6%

(37.1%)*

22.0%

(44.5%)

33.5%

(56.0%)

Пензија (денари во 2011)

19.04316.721

6.9114.470

(11.381)*

6.745

(13.656)

10.298

(17.209)Жени

Заменска стапка (ЗС) 71.0% 62.34%

25.8% 14.6%

(40.4%)

22.0%

(47.8%)

33.5%

(59.3%)

Пензија (денари во 2011)

21.80819.148

7.9244.470

(12.395)

6.745

(14.669)

10.298

(18.222)

Извор: Податоци од ФПИОМ и пресметки на авторот

Белешка: Износите во заграда ја вклучуваат пензијата од првиот столб. Случаи- Износите во заграда ја вклучуваат пензијата од првиот столб. Случаи-Износите во заграда ја вклучуваат пензијата од првиот столб. Случаи- Случаи-Случаи-те со * ќе примаат најниска пензија од 38% (11.672 денари).

Во табела 5 прикажан е проценетиот износ на пензија за 30 години работен стаж во едностолбниот и двостолбниот систем за двата пола. Треба да се забележи дека резултатите од процената значително се разликуваат врз основа на претпоставките. Во горенаведените пресметки, се направени следните претпоставки.

- Се претпоставува дека референтната плата е еднаква на просечната бруто-плата 30.715 денари (август 2011 г.).

- За корисниците на пензија од првиот столб, реалната стапка на замена (80%) за 30 години работен стаж изнесува 62,0% за мажи и 71,0% за жени,

Page 30: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

29

додека во 2040 година, стапката (72%) за 30 години работен стаж ќе изнесува 54,44% за мажи и 62,34% за жени.

- За корисниците од двостолбниот систем, пензијата од првиот столб се пресметува врз основа на стапка на замена од 22,5% за мажи и 25,8% за жени.

- За корисниците од двостолбниот систем, акумулираните средства на посебните сметки на членовите во задолжително капитално финансираниот систем се пресметуваат врз основа на следните претпоставки: пораст на плата по годишна номинална стапка од 3%, пензиски придонес од 6,3% од бруто платата, надомест од придонеси од 4,5%, провизија за инвестирање од 0,6% годишно и 30 години период на акумулирање. Трите варијанти се засноваат на реална каматна стапка (нето зголемување на платата).

- Членот на капитално финансираниот пензиски фонд, на возраст за пензионирање може да купи доживотен пензиски ануитет од осигурително друштво со акумулираните средства или да избере програмирани месечни повлекувања што ги обезбедува пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд на денот на пензионирањето. Во овој пример, се претпоставува дека корисникот ќе го прима акумулираниот износ со програмирани повлекувања за 15 години (т.е. фиксен ануитет).

2.7.1 Механизам на акумулација на камата, надоместоци за управување и метод на плаќање

Износот на делот за обезбедување пензии од пензиските фондови од вториот столб се пресметуваат врз основа на акумулираниот износ на придонеси плус прихо-дот од инвестиции остварен за време на целиот период на акумулација. Во соглас-ност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, пензиските друштва наплатуваат надоместоци од придонесите, од средствата и за премин од еден во друг фонд за пократок период на членство.

Надоместокот од придонеси се одзема од секој износ на придонеси платени на сметката на секој член. Овој надоместок е регулиран со закон како највисок износ за секоја година. Придонесите што се плаќаат на индивидуалните сметки се акумули-раат и инвестираат за зголемување на средствата на фондот за идните пензии на членовите.

Надоместокот на средствата што се управуваат се одзема од нето-средствата на пензискиот фонд од страна на пензискиот фонд на месечна основа. Надоместокот на средствата што се управуваат се регулира со закон како максимален износ.

Преносот на средства од поединечна сметка од еден во друг фонд се наплатува со фиксен износ за период на членство пократок од 2 години.

Page 31: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

30

Табела 6: Надоместоци на задолжителните пензиски фондови во 2010 и 2011 година

Надоместок НПФ КБПРВО

2010 2011 2010 2011

Надоместок од придонеси 5.5% 4.5%* 5.5% 4.5%*

Надоместок од средства 0.6% 0.6% 0.6% 0.6%

Надоместок за премин

<720 дена

15 евра 15 евра 15 евра 15 евра

>720 дена Бесплатно Бесплатно Бесплатно Бесплатно

Извор: МАПАС, www.mapas.gov.mk* Максимален износ на надоместокот за влез според Законот

Табела 7: Надоместоци на задолжителните пензиски фондови во 2010 во избра-ни земји од Централна и Источна Европа

Надоместок Бугарија Хрватска Полска Романија

Надоместок од придонеси

0,25% од плата Макс. 0,8% 4.013% 2.5%

Надоместок од средства 1.00% 0.65 0.404% 0.6%

Надоместок за пре-мин 20 BGN

0.8% <12m

0.4%<24m

0.2%<36m

160 PLN (app. $54) for <12 m

80 PLN (app. $27)

for>12m<24

Без надоместок за премин >36m >24m

Извор: FIAP.

Page 32: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

31

Табела 8: Провизии за доброволните пензиски фондови во 2011 година

Надоместок НПФ КБПРВО

2010 2011 2010 2011

Надоместок од придонеси 5.25% 3.8% 4.0% 4.0%

Надоместок од средства 0.15% 0.1% месечно 0.15% 0.075%

месечно

Надоместок за премин

<360 дена10 евра 10 евра 10 евра 10 евра

>360 дена Бесплатно Бесплатно Бесплатно Бесплатно

Извор: МАПАС, www.mapas.gov.mk

Доброволните системи имаат повисоки надоместоци (како резултат на трошо-ците за рекламирање итн.), а државно регулирање на тие надоместоци не е вооби-чаена практика. Пензиските друштва ја одредуваат висината на надоместоците во согласност со нивните политики и во зависност од износот на платените придонеси, па споредбата на провизиите со друштва од други земји е несоодветна.

Членовите на вториот столб за начинот на добивање старосна пензија може да одберат една од следниве опции:

- Пензиски ануитет од вкупниот износ на акумулирани средства на индивидуал-ната сметка; ова е доживотен ануитет што се плаќа од посебно овластена институ-ција; или

- Програмирани повлекувања обезбедени од пензиското друштво кое управува со пензискиот фонд на осигуреникот во којшто таа/тој е член на денот на пензиони-рање.

Начинот на исплата на пензии од задолжително капитално финансирано пенз-иско осигурување и пензиски надоместоци од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување е регулиран со Закон за исплата на пензии и пензиски надо-местоци од капитално финансирано пензиско осигурување.

Доколку осигуреник се стекне со инвалидска пензија и тој/таа е член на вториот столб, тогаш вкупниот износ на средства на сметката на членот се префрла во ФПИ-ОМ и исплатата на вкупниот износ на инвалидската пензија, којашто се пресметува според претходно наведениот начин, ја врши ФПИОМ. Во одредени случаи, доколку износот на средствата на сметката на членот е поголем од законски утврдениот износ за инвалидска пензија тогаш членот може да одбере наместо пензија да добие или исплата на ануитет или програмирани повлекувања.

Доколку член на вториот столб почине и неговото/нејзиното семејство има право да бара семејна пензија, вкупниот износ на средства на сметката на членот се пре-

Page 33: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

32

фрлува во ФПИОМ и исплатата на вкупниот износ на семејната пензија, којашто се пресметува врз основа на горенаведениот начин, ја врши ФПИОМ. Во одредени слу-чаи, доколку износот на средствата на сметката на членот е поголем од износот на семејната пензија во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, корисникот на семејната пензија може да одбере да добива исплата на ануитет или програмирани повлекувања.

Исплатата на пензиски надоместоци од доброволните пензиски фондови во третиот столб е слична на пензиските исплати од задолжителните капитално фи-нансирани шеми. Единствената разлика е во тоа што членовите на доброволните пензиски шеми може да одлучат да ги повлечат одеднаш акумулираните средства од индивидуалните сметки од третиот столб, но најрано 10 години пред навршување на возраста за пензионирање.

2.8. Кога може да се добие пензија за рано пензионирање?Законот за пензиско и инвалидско осигурување не нуди можност за пензија во

случај на рано пензионирање.

2.10. Кога може да се добие инвалидска пензија?

2.10.1. Услови што треба да се исполнат за добивање инвалидска пензија Инвалидноста може да се јави како последица од заболување, повреда надвор

од работно место, повреда на работа или професионална деформација. Инвалидска пензија може да се добие:

• кога здравствената состојба е намалена за повеќе од половина во споредба со здраво лице и осигуреникот е постар од 50 години (и за мажи и за жени).

• кога здравствената состојба е до тој степен нарушена што не може да се третира со лекување, и доаѓа до постојана загуба на работните способности, без разлика на возраста.

Друг начин на добивање инвалидска пензија е:• кога инвалидноста е предизвикана од повреда на работа или професионална

деформација, без разлика на должината на пензискиот стаж.

• кога инвалидноста е предизвикана со повреда надвор од работно место или со болест, под услов пред настанувањето на инвалидноста лицето да има наполнет пензиски стаж кој му покрива најмалку една третина на периодот од навршени најмногу 20 години живот до денот на настанување на инвалидноста (работен век), сметајќи го работниот век на полни години.

Помлади осигуреници кај кои инвалидноста настанала пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работно место или болест, доби-ваат инвалидска пензија ако на денот на настанување на инвалидноста се осигурени и ако инвалидноста настанала:

• До 20-годишна возраст и ако лицето има најмалку шест месеци стаж на осигурување;

Page 34: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

33

• До 25-годишна возраст и ако лицето има најмалку 9 месеци стаж на осигурување;

• До 30-годишна возраст и ако лицето има најмалку 12 месеци стаж на осигурување;

2.10.2. Да се објасни административната процедура Потребни документи за остварување на правото на инвалидска пензија се:• Барање за инвалидска пензија;

• Работна книшка и докази за пензискиот стаж што не е впишан во работната книшка (решенија, уверенија и др.);

• Извод од матичната книга на родените со впишан единствен матичен број или лична карта на увид;

• Образец бр.3 издаден од матичниот лекар (предлог за утврдување на инвалидност со наод и мислење за здравствената состојба и работната способност на осигуреникот);

• Медицинска документација пропишана со Одлуката за задолжителен минимум на обемот и содржината на медицинската документација во постапката за остварување права по основа на инвалидност (Службен весник на РМ, бр. 88/04);

• Пријава за повреда на работа (ако осигуреникот е повреден на работа);

• Потврда за отслужен воен рок;

• Доказ за работен стаж надвор од државата;

• Писмена изјава и друго.

2.11. Која е висината на инвалидската пензија?

(а) Инвалидност настаната како последица од повреда во текот на работа-та или професионална деформација

Износот на пензијата стекната како резултат на инвалидност настаната како по-следица на повреда во текот на работата или професионална деформација се одре-дува како 80% од пензиската основа реализирана до 2015 година, достигнувајќи 72% од пензиската основа во 2040 година и инвалидската пензија стекната по 2015 година се одредува во проценти, како што следува:

Page 35: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

34

Табела 10: Процент на пензиски основи за инвалидска пензија по 2015 година

Година Процент2016 79.682017 79.362018 79.042019 78.722020 78.402021 78.082022 77.762023 77.442024 77.122025 76.802026 76.482027 76.162028 75.842029 75.522030 75.202031 74.882032 74.562033 74.242034 73.922035 73.602036 73.282037 72.962038 72.642039 72.322040 72.00

Извор: Закон за пензиско и инвалидско осигурување, член 65, ПИОМ, www.piom.gov.mk

Пример: Ако инвалидноста настане во 2010 година, инвалидската пензија за мажи и жени што имаат просечни плати во текот на 30 години работен стаж ќе изне-сува 11.066 денари за мажи и 12.673 за жени.

(б) Инвалидност настанат како последица од болест или повреда надвор од работното место

Износот на пензијата стекната како резултат на инвалидност настаната поради болест или повреда надвор од работното место се одредува според истите проценти,

Page 36: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

35

како процент од редовната пензија за осигурениците што остануваат во првиот столб и имаат минимум 15 години работен стаж.

• Износот на пензијата стекната како резултат на инвалидност настаната поради болест или повреда надвор од работното место пред возраст од 64 години за мажи и 62 за жени, се пресметува според работниот стаж со користење на заменските стапки наведени во табела 4 и овој процент не може да биде понизок од процентот одреден за годината кога се остварува правото на пензија:

Табела 11: Процент за инвалидска пензија во годините кога осигуреникот нема постигнато возраст за пензионирање

Година Проценти Мажи Жени

2010 40.00 47.00 2011 39.60 46.40 2012 39.20 45.80 2013 38.80 45.202014 38.40 44.60 2015 38.00 44.00 2016 37.60 43.402017 37.20 42.80 2018 36.80 42.20 2019 36.40 41.60 2020 36.00 41.00

Извор: Закон за пензиско и инвалидско осигурување, член 65, ПИОМ, www.piom.gov.mk Пример: Ако инвалидноста настапи во 2010 година, кога женскиот осигуреник е

на возраст од 58 години со 17 години работен стаж, стапката е 45,2%, инвалидската пензија не може да биде пониска од 47,00% од нејзината пензиска основа.

• Износот на инвалидската пензија стекната како резултат на инвалидност настаната поради болест или повреда надвор од работното место пред возраст од 64 години за мажи и 62 за жени, не може да биде пониска од процентот одреден за годината кога се остварува правото на пензија.

Page 37: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

36

Табела 12: Процент за инвалидска пензија во годините кога осигуреникот постиг-нува возраст за пензионирање

Година Проценти

Мажи Жени

2010 29.67 33.83

2011 29.13 33.22

2012 28.60 32.60

2013 28.07 31.98

2014 27.53 31.37

2015 27.00 30.75

Извор: Закон за пензиско и инвалидско осигурување, член 65, ПИОМ, www.piom.gov.mk Пример: Ако инвалидноста настапи во 2010 година, кога машкиот/женскиот оси-

гуреник е на возраст од 64/62, инвалидската пензија не може да биде пониска од 29,67%, односно 33,83% од пензиската основа.

2.12. Кога може да се добие семејна пензија?

2.12.1. УсловиСемејна пензија може да добие: 1) сопружникот и/или сопружникот од разведен брак, ако со судска одлука му е

утврдено право на издржување; 2) децата;3) родителите.Семејна пензија може да се добие ако починатиот осигуреник има најмалку пет

години стаж на осигурување или најмалку 10 години пензиски стаж или ако смртта на осигуреникот настанала како последица од повреда на работа или од професионал-на болест, или тој ги исполнил условите за старосна или инвалидска пензија, или бил корисник на старосна или инвалидска пензија.

Вдовица или вдовец стекнува право на семејна пензија ако: 1) до смртта на сопружникот наполнил/а 50/55 години; 2) до смртта на сопружникот бил/а неспособна за работа или таква неспособност

настанала во рок од една година од денот на смртта на сопружникот; 3) по смртта на сопружникот останале едно или повеќе деца кои имаат право на

семејна пензија, а вдовецот/вдовицата ги врши родителските должности; 4) до смртта на сопружникот имал/а наполнето 45/50 години, кога ќе наполни

50/55 години или ако во тие години станал/а неспособна за работа.

Page 38: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

37

Вдовицата/вдовецот кој/а во текот на користењето на правото по основа на роди-телска должност стане неспособен/неспособна за работа или наполни 50/55 години трајно го задржува правото на семејна пензија.

Кога правата за семејна пензија врз основа на родителска должност ќе се изгу-бат на возраст од 45/50 години, правото на семејна пензија се стекнува на возраст од 50/55 години.

Дете стекнува право на семејна пензија: 1) до навршени 15 години, а ако се школува до навршени 26 години, или;2) ако пред смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија кој го издржу-

вал било неспособно за работа или таквата неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на осигуреникот/корисникот на пензија.

Ако школувањето на детето се прекинува поради болест, правото на семејна пен-зија може да се стекне односно му припаѓа и за време на боледувањето до навршени 26 години живот, како и над тие години, но најмногу за толку време колку што е изгу-бено од редовното школување поради болест.

Детето го задржува правото на семејна пензија доколку станало неспособно за работење за време на користење на правото на семејната пензија.

Родителите кои биле издржувани од страна на осигуреникот, односно корисникот на пензија, до неговата/нејзината смрт, се стекнуваат со право на семејна пензија ако:

1) до смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија, наполнил 45 (мајка) и 55 (татко) години, и;

2) е помлад од 45 години, односно 55 години, и ако до смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија, бил неспособен за работа.

2.12.2. Административна постапка (потребни документи итн.)

Документи за остварување семејна пензија:

• Барање за семејна пензија;• Доказ за пензиски стаж за семејна пензија која се остварува од активен

осигуреник;• Извод од матичната книга на родените со впишан матичен број за починатиот

осигуреник или корисник на пензија;• Извод од матичната книга на родените за барателот на семејната пензија; • Извод од матичната книга на умрени;• Извод од матичната книга на венчани, ако барателот е вдовец/вдовица на

починатото лице;• Потврда за редовно школување, ако барателот е дете на починатиот;• Решение за престанок на работниот однос во одредени случаи;• Образец бр. 3 од општ лекар (предлог за утврдување на инвалидност со

медицински наоди и мислење за здравствената состојба и работната способност на осигуреникот), кога се доставува барање за семејна пензија по основ на инвалидност;

Page 39: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

38

• Медицинска документација кога се поднесува барање за семејна пензија по основ на инвалидност;

• Потврда за отслужен воен рок, само во случаите кога починатиот е активен осигуреник од машки пол;

• Доказ за стажот навршен во странство;• Писмена изјава и друго.

2.13. Колкав е износот на семејната пензија?Семејната пензија се определува од старосната или инвалидската пензија што

би му припаѓала на осигуреникот или му припаѓала на корисникот на пензија во вре-мето на смртта.

Висината на семејната пензија се определува како процент од пензиската основа врз основа на должината на пензискиот стаж.

Висината на семејната пензија се определува во процент од основата што ја со-чинуваат старосната или инвалидската пензија, и тоа 70% за еден член на семејство-то, и по 10% за секој на нареден член, но не повеќе од 100% од основата.

На децата без двајца родители, семејната пензија остварена по едниот родител им се зголемува за дел од пензијата што ја користел или би ја користел другиот ро-дител, и тоа:

• За 2 деца 20%;• За 3 деца 30%, и;• За 4 или повеќе деца 40%.

Кога семејната пензија ја користат тројца или повеќе членови на семејството, висината на семејната пензија не може да изнесува помалку од 40% од пензиската основа на починатиот осигуреник.

Како основа за определување семејна пензија од осигуреник кој има пензиски стаж помалку од 15 години, а не ги исполнува условите за инвалидска пензија, се зема старосната пензија пресметана за пензиски стаж од 15 години.

Табела 13: Пример на пресметка на семејна пензија

Членови на семејството што имаат право на семејна пензија

Мажи Жени

Семејна пензија во % од пензиската основа на осигуреникот

Семејна пензија во денари

Семејна пензија во % од пензиската основа на осигуреникот

Семејна пензија во денари

Еден член 70% 7.746,2 70% 8.871,1

Два члена 80% 8.852,8 80% 10.138,4

Три члена 90% 9.959,4 90% 11.405,7

Четири члена 100% 11.066,0* 100% 12.673,0**

Page 40: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

39

Извор: Пресметки на авторот*Износ на пензија за мажи што примаат официјална просечна плата за 30 години

работен стаж *Износ на пензија за жени што примаат официјална просечна плата за 30 години

работен стаж

2.14. Како се усогласува пензијата секоја година?Формулата за усогласување на пензиите од првиот столб вклучува 50% од ин-

дексот на трошоците за живот и 50% од промената на просечната плата исплатена во Македонија (швајцарска формула). Усогласувањето се врши два пати годишно (ја-нуари/јуни) со додавање на збирот на движењето на индексот на трошоците за живот и процентот на движењето на просечно исплатена нето плата на сите вработени во претходното полугодие во однос на полугодието што му претходи. Стапките на усо-гласување за последните 10 години се прикажани во Табела 14.

Табела 14. Стапки на индексирање на пензијата, 2001-2010 година

Година Индексирање на 1 јануари

Индексирање на 1 јули

Вкупно индексирање

2001 1,79% - 1,79%

2002 0,63% 5,90% 6,56%

2003 2,97% 2,68% 5,72%

2004 0,80% 0,41% 1,21%

2005 - 0,40% 0,40%

2006 0,48% 2,18% 2,67%

2007 0,64% 1,04% 1,69%

2008 13,00% 7,65% 21,66%

2009 3.50% 2,02% 5,59%

2010 0,30% 1,10% 1,40%

Извор: Извештај за работата на ФПИОМ за 2010 година, стр.21, март 2011 г., www.piom.com.mk

Податоците за индексирање на пензијата во 2011 година се претставени во та-белата подолу.

Page 41: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

40

Табела 15: Индексирање на пензијата во 2011 година

Индексирање на 01.01.2011 г.

Јули/декември 2011 г.

(во денари)

Јануари/јуни 2010 г.

(во денари)

Јули/декември 2011 г. (во %)

Јануари/јуни 2010 г.

променa (во %)

Бруто-плата 30.393 30.057 101.1% 1.1

Индекс на трошоците за живот

0.4%

Индексирање

50% од бруто-платата

0.55%

50% од индексот на трошоците за живот

0.2%

Вкупно индексирање

0.75%

Индексирање на 01.07.2011 г.

Јануари/јуни 2011 г. (во денари)

Јули/декември 2010 г. (во денари)

Јануари/јуни 2011 г. (во %)

Јули/декември

2010 г. променa (во

%)Бруто-плата 30.507 30.393 100.4% 0.4%

Индекс на трошоците за живот

3.8%

Индексирање

50% од бруто-платата

0.2%

50% од индексот на трошоците за живот

1.9%

Вкупно индексирање

2.1%

Вкупно индексирање во 2011 г.

2.85%

Извор: Податоци од ФПИОМ

Page 42: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

41

2.15. Како може да добијам информации за моите сметки во задолжителното пензиско осигурување?

Пензиските друштва законски се обврзани редовно да ги информираат своите членови за нивните сметки во писмена форма, најмалку еднаш годишно за:

• Податоци за платените придонеси и преноси за време на соодветниот период, наплатени надоместоци,

• Конверзија на придонесите и пренесените средства во сметководствени единици и,

• Состојбата на сметката.

Најмалку еднаш годишно, пензиските друштва до своите членови доставуваат податоци за вредноста и учеството на средствата на пензискиот фонд инвестирани во поединечен вид средство, како и податоци за емитентите и за брокерските прови-зии.

Исто така, пензиските друштва еднаш годишно објавуваат информативни про-спекти коишто содржат податоци за пензиското друштво и пензискиот фонд, за над-зорниот и управниот одбор на друштвото, главните принципи на инвестирање, надо-местоците што се наплатуваат, инвестициите, нето-средствата, остварениот принос, итн.

Исто така, пензиските друштва им овозможуваат на членовите на пензиските фондови интернет пристап до нивните лични сметки, и на тој начин членовите може да добијат информации на секојдневна основа за износот на средствата.

2.16. Како се инвестираат парите од мојата сметка?Како форма на заштеда, пензиите од приватните пензиски фондови, директно

зависат од уплатените придонеси. Приносите од инвестиција на средствата на фон-дот, по одбивање на трошоците за работењето на фондот, целосно се пренесуваат на поединечните членови. Идната пензија ќе зависи од акумулираните средства, ус-пешноста на инвестицијата и очекуваниот животен век при пензионирање. Важно е да се нагласи дека пензиите се долгорочни заштеди, при што средствата постепено, но постојано се зголемуваат. Значајна карактеристика на вториот столб е тоа што се управува приватно и конкурентно и притоа пензиските друштва за управување со пензиски фондови ги инвестираат придонесите уплатени во пензиските фондо-ви. Оттука, економските цели ја одредуваат инвестициската стратегија, поттикнувајќи максимално зголемување на целокупниот принос за остварување најдобар интерес на членовите.

Приносот на пензискиот фонд е разликата (порастот) во процентот меѓу вреднос-та на сметководствената единица на последниот ден од месецот и нејзината вред-ност на последниот ден од месецот којшто му претходи на 12, 24, 36-месечен период, зависно од секој поединечен случај. Вообичаено, повратот се пресметува за послед-ните три години, пресметан на годишна основа. Само во текот на првите години, кога пензиските фондови постоеја помалку од три години, повратот се пресметуваше за една, односно две години.

Page 43: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

42

Задолжителните пензиски фондови постојат само пет години во Република Ма-кедонија и во својата кратка историја, нивните средства беа погодени од глобалната економска криза. На табела 16 има приказ на работата на приватните пензиски фон-дови:

Табела 16: Поврат на задолжителните пензиски фондови на годишно ниво по периоди

Период НЛБ КБП

31.12.2007 - 31.12.2010 2,67% 3,97%

31.03.2007 – 31.03.2010 3,99% 4,84%

30.06.2008 - 30.06.2011 6,52% 6,25%

30.09.2008 - 30.09.2011 6,11% 4,83%

31.12.2008 - 31.12.2011 8,80% 6,86%

Почеток – 31.12.2011 4,34% 4,56%

Извор: МАПАС, Статистички извештај бр. 24, 31 декември 2011 г., www.mapas.gov.mk

Сметководствената единица се користи за водење евиденција на средствата во пензиските фондови. Една сметководствен единица претставува пропорционално учество во вкупните нето-средства на пензискиот фонд. Вредноста на сметковод-ствената единица е еднаква на вредноста на нето-средствата поделени со вкупниот број сметководствени единици на сите индивидуални сметки и потсметки. Почетна-та вредност на сметководствената единица во 2006 година изнесуваше 100 дена-ри, и оттогаш нејзината вредност постојано се менува, независно од инвестициите и плаќањата на надоместоците и провизиите. Годишните промени во вредноста на сметководствената единица од 2006 до 2011 година се прикажани во продолжение:

Табела 17: Вредност на сметководствената единица на пензиските фондови 2006 - 2011 година

Период Вредност на сметководствена единица

НЛБ КБП

31.12.2006 105,929336 106,265900

31.12.2007 115,511364 115,303221

31.12.2008 100,155213 107,116421

31.12.2009 116,874672 120,667142

31.12.2010 125,009446 129,590887

31.12.2011 129,003093 130,697013

Page 44: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

43

МАПАС, Годишни статитстички извештаи за 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и Статистички извештај бр. 24, 31 декември 2011 г., www.mapas.gov.mk

Значајна карактеристика на вториот столб е тоа што се управува приватно и конкурентно и притоа пензиските друштва за управување со пензиски фондови ги инвестираат уплатените придонеси. На овој начин, економските цели ја одредуваат стратегијата за инвестирање, создавајќи можности за максимално зголемување на вкупниот принос во интерес на членовите. Диверзификацијата на ризиците од ин-вестирање (вклучително и меѓународната диверзификација) е исто така значајна ка-рактеристика на системот. Друга значајна карактеристика на системот е правото на поединечен избор и поединечна иницијатива.

Во рамките на ограничувањата со Законот, пензиските друштва одлучуваат каде и како ќе ги инвестираат средствата на пензиските фондови со цел да се оствари најдобар принос за членовите на фондот.

Средствата на пензиските фондови мора да се инвестираат во согласност со Законот за задолжително капитално пензиско осигурување, со цел да се генерира најдобар принос за членовите на фондовите, и врз основа на следниве начела:

- безбедност на средствата на пензискиот фонд;- диверзификација на ризиците од инвестирање;- одржување на соодветна ликвидност.Со цел да се остварат наведените начела, потребно е да се регулира инвести-

рањето на средствата. Затоа, Законот за задолжително капитално пензиско осигуру-вање прецизно ги дефинира средствата во кои може да се инвестираат средствата на пензиските фондови; максималниот износ којшто може да се инвестира во одре-дени инструменти подлежи на ограничувања; исто така, се утврдуваат и видовите финансиски средства во коишто не смеат да се инвестираат средствата на пензиски-те фондови.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) го контролира работењето на пензиските друштва за управување со пенз-иски фондови и на пензиските фондови. Над банката-чувар на имот се врши контро-ла и надзор дали инвестициските контакти остварени од пензиските друштва се во согласност со законските процедури.

Page 45: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

44

Табела 18: Список на ограничувања за инвестирање за задолжителни пензиски фондови

Вид инвестиција Ограничување во %

Странски инвестиции (ЕУ, ОЕЦД) - Хартии од вредност издадени од невладини странски друштва, банки и инвестициски фондови

50 %

30 %

Хартии од вредност под гаранција на Владата на ПЈР Македонија или Народната банка на ПЈР Македонија 80 %

Потврди за депозит, трговски записи, обврзниции или хипотекарни хартии од вредност издадени од домашни банки 60 %

Банкарски депозити 30 %

Обврзници или трговски записи издадени од локалната самоуправа и од страна на домашни акционерски друштва 40 %

Акции издадени од домашни акционерски друштва 30 %Удели или акции издадени од домашни инвестициски фондови

Единици за учество или акции издадени од фондови на ризичен капитал

5 %

1.5 %

Извор: МАПАС, www.mapas.gov.mk/regulation

Табела 19: Список со ограничувања за инвестирање на доброволни пензиски фондови

Вид инвестиција Ограничување во %

Странски инвестиции (ЕУ, ОЕЦД)

- Хартии од вредност издадени од невладини странски друштва, банки и инвестициски фондови

- Обврзници и други хартии од вредност издадени од странски влади, централни банки, ЕЦВ, ЕИБ и СБ

50 %

30 %

50 %

Хартии од вредност со гаранција на Владата на Македонија или Народната банка на Република Македонија

80 %

Банкарски депозити, потврди за депозит, комерцијални записи, обврзниции или хипотекарни хартии од вредност издадени од домашни банки.

60 %

Обврзници или комерцијални записи издадени од домашни акционерски друштва

40%

Акции издадени од домашни акционерски друштва 30 %

Обврзници од локалната самоуправа 10 %

Извор: МАПАС, www.mapas.gov.mk/regulation

Page 46: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

45

2.17. Конвенција на МОТ за социјална сигурностСо Конвенцијата бр. 102 за социјална сигурност (минимални стандарди) од 1952

година се дефинираат деветте гранки во социјалното осигурување: медицинска нега, надоместоци во случај на болест, надоместоци во случај на невработеност, надомес-тоци за старост, надоместоци во случај на повреда на работното место, надоместоци за семејство, надоместоци за мајчинство, надоместоци за инвалидност и надомес-тоци за членовите на семејството и се утврдуваат минималните стандарди за овие надоместоци, во поглед на покриеноста, видот на надоместоците, нивното времетра-ење и условите.

Актуелните стандарди на МОТ за социјлна сигурност ги сочинуваат:• Конвенцијата за социјална сигурност (минимални стандарди) од 1952 година

(бр. 102), со која се опфаќаат сите девет гранки во социјалното осигурување и се утврдуваат минималните стандарди за тие девет гранки;

Со останатите актуелни конвенции и препораки, донесени по Конвенцијата бр. 102 (1952), се утврдуваат повисоки стандарди за конкретни гранки од социјалното осигурување. Врз основа на моделот на Конвенцијата бр. 102, тие нудат високо ниво на заштита, во поглед на опфатеното население и висината на надоместоците, како што следува:

• Конвенција за медицинска нега и надоместоци во случај на болест, 1969 година (бр. 130) и Препорака за медицинска нега и надоместоци во случај на болест, 1969 година (бр. 134) се применуваат кај медицинската нега и надоместоците во случај на болест;

• Конвенција за унапредување на вработеноста и заштита во случај на невработеност, 1988 година (бр. 168) и Препорака за унапредување на вработеноста и заштита во случај на невработеност, 1988 година (бр. 176) се однесуваат на надоместоците во случај на невработеност;

• Конвенцијата за надоместоци во случај на инвалидност, старост и за членови на семејството, 1967 година (бр. 128) и Препорака за надоместоци во случај на инвалидност, старост и за членови на семејството, 1967 година (бр. 131) ги покриваат надоместоците за старост, надоместоците во случај на инвалидност и надоместоците за членовите на семејството;

• Конвенција за надоместоци во случај на повреда на работното место, 1964 година (бр. 121) и Препорака за надоместоци во случај на повреда на работното место, 1964 година (бр. 121) се применуват кај надоместоците за повреда на работното место;

• Конвенција за мајчинска заштита, 2000 година (бр. 183) и Препорака за мајчинска заштита, 2000 година (бр. 191) ги покриваат надоместоците за мајчинство; и

• Конвенција за еднаков третман (социјална сигурност), 1962 година (бр. 118), Конвенција за одржување на правата што произлегуваат од социјaлна

Page 47: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

46

сигурност, 1982 година (бр. 157) и Препорака за одржување на правата што произлегуваат од социјaлна сигурност, 1983 година (бр. 167), со којашто се предвидува засилена заштита на мигрантските работници.

Македонија ги има ратификувано следните конвенции на МОТ за социјална си-гурност:

• Конвенција за социјaлна сигурност (минимални стандарди), 1952 година (бр. 102), ратификувана на 11/17/1991 г.;

• Конвенција за надоместоци во случај на повреда на работното место, 1964 година (бр. 121) и Препорака за надоместоци во случај на повреда на работното место, 1964 година (бр. 121), ратификувана на 17/11/1991 г.;

Земјите кои ја имат ратификувано Конвенцијата бр. 102 се обврзани да ги применуваат одредбите во поглед на гранките на социјална сигурност што ги имаат прифатено и да обезбедат заменски стапки за ратификуваните гранки, во најмала рака до нивото пропишано со Конвенцијата. За оние земји кои го имаат ратификувано и прифатено Дел V – надоместоци за старост, Конвенцијата бр. 102 треба да претста-вува важна заштита за правото на пензија за лицата што се заштитени и да служи како алатка за гарантирање дека се обезбедени минималните нивоа.

Page 48: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

47

2.18. Корисни информации

- ФПИОМ

• Именик на централни и локални канцеларии

Специјалистичко одделение – главна канцеларија – Скопјеул. Владимир Комаров бб, 1000 Скопје, Р. Македонијател: +389 2 3250100, факс: +389 2 3162275Комисии за инвалидносттел: +389 2 3065184, 3065215, факс 399 2 3065223

Регионални единици

СКОПЈЕЦентрала: +389 (2) 3250-100

Телефакс: + 389 (2) 3162-422

БИТОЛАЦентрала: + 389 (47) 231-480; + 389 (47) 231-664 + 389 (47) 231-665 Телефакс: + 389 (47) 231-662

ПРИЛЕПЦентрала: + 389 (48) 427-361 Телефакс: + 389 (48) 435-323

ВЕЛЕСЦентрала: + 389 (43) 231-145 + 389 (43) 231-203 Телефакс: + 389 (43) 223-595

КУМАНОВОЦентрала: + 389 (31) 415-478 Телефакс: + 389 (31) 426-024

ТЕТОВО Централа: + 389 (44) 331-034 Телефакс: + 389 (44) 336-093

СТРУМИЦАЦентрала: + 389 (34) 324-911 + 389 (34) 324-984 Телефакс: + 389 (34) 343-731

ОХРИД Централа: + 389 (46) 257-840 + 389 (46) 258-740 Телефакс: + 389 (46) 250-205

ШТИП Централа: + 389 (32) 393-074 Телефакс: + 389 (32) 393-483

ГОСТИВАРЦентрала: + 389 (42) 214-305 Телефакс: + 389 (42) 216-484

СТРУГАЦентрала: + 389 (46) 786-022 + 389 (46) 781-895 Телефакс: + 389 (46) 784-713

КАВАДАРЦИЦентрала: + 389 (43) 412-513 Телефакс: + 389 (43) 412-107

Page 49: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

48

КРИВА ПАЛАНКАЦентрала: + 389 (31) 375-577 Телефакс: + 389 (31) 375-907

ГЕВГЕЛИЈАЦентрала: + 389 (34) 213-670 Телефакс: + 389 (34) 211-929

ПРОБИШТИПЦентрала: + 389 (32) 484-730 Телефакс: + 389 (32) 482-730

ДЕЛЧЕВОЦентрала: + 389 (33) 410-928 Телефакс: + 389 (33) 413-152

КОЧАНИ Централа: + 389 (33) 274-155 + 389 (33) 278-449 Телефакс: + 389 (33) 274-255

РЕСЕНЦентрала: + 389 (47) 451-104 Телефакс: + 389 (47) 452-964

БЕРОВОЦентрала: + 389 (33) 470-511 Телефакс: + 389 (33) 470-281

КИЧЕВОЦентрала: + 389 (45) 225-314 Телефакс: + 389 (45) 223-667

ДЕБАРЦентрала: + 389 (46) 832-127 Телефакс: + 389 (46) 832-248

СВЕТИ НИКОЛЕЦентрала: + 389 (32) 443-922 Телефакс: + 389 (32) 443-921

НЕГОТИНОЦентрала: + 389 (43) 361-522 Телефакс: + 389 (43) 360-020

РАДОВИШЦентрала: + 389 (32) 635-358 Телефакс: + 389 (32) 630-033

ВАЛАНДОВОЦентрала: + 389 (34) 382-022 Телефакс: + 389 (34) 383-422

КРАТОВОЦентрала: + 389 (31) 481-133 Телефакс: + 389 (31) 482-990

ДЕМИР ХИСАРЦентрала: + 389 (47) 276-319 Телефакс: + 389 (47) 276-437

ВИНИЦАЦентрала: + 389 (33) 363-136 Телефакс: + 389 (33) 360-426

КРУШЕВОЦентрала: + 389 (48) 476-595 Телефакс: + 389 (48) 477-059

МАКЕДОНСКИ БРОДЦентрала: + 389 (45) 274 135 Телефакс: + 389 (45) 274-120

Извор: ПИОМ, www.piom.gov.mk

Page 50: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

49

Министерство за труд и социјална политика ул. Даме Груев 14, 1000 СкопјеЕ-пошта: [email protected]

+389 2/ 3 106 651

МАПАСАгенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување

ул. Васил Главинов бб, INTEX 2 1000 Скопје Република Македонија + 389 2 3224 229, 3217 573, 3166 452 [email protected]

Пензиски фондови1. АД за управување со задолжително и доброволно финансирани пензиски

фондови: „НЛБ НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД“, Скопје НЛБ Нов пензиски фонд, АД Скопјеадреса: ул. Водњанска 1, 1000 Скопјетелефон: 02/ 15500; 02/5100266; е-пошта: [email protected] Задолжителен пензиски фонд Отворен задолжителен пензиски фонд – „НЛБ Пензиски фонд“, Скопје - Доброволен пензиски фонд Отворен доброволен пензиски фонд – „НЛБ Пензија плус“, Скопје 2. АД за управување со задолжително и доброволно финансирани пензиски фондови „КБ Прво пензиско друштво“, Скопјеадреса: бул. Илинден 1, 1000 Скопје, Република Македонијател: + 389 2 3243 777, факс. + 389 2 3243 789; е-пошта: [email protected] Инфо број: 02 / 32 43 777 - Задолжителен пензиски фонд КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје - Доброволен пензиски фонд КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд –Скопје

Други корисни информации Министерство за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mkПИОМ www.piom.gov.mkМАПАС: www.mapas.gov.mkПензиско друштво Нов пензиски фонд www.npf.com.mkПензиско друштво КБ Прво: www.kbprvo.com.mkMOT: www.ilo.com

Page 51: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

50

Користена литература Kulke, U. (2006) Up-to-date ILO social security standards and their status of ratifi-cation, ILO, Social Security DepartmentСтанка Трајкова, Олгица Костова (2006) Закон за пензиско и инвалидско осигурување – со коментари и прилози, ЈП Службен весник на РМ, Скопје МАПАС (2011) Извештај за промените во капитално финансираното пензиско осигурување во 2010 година МАПАС (2011) Статистика-квартални извештаи и месечни билтениПИОМ (2011) Извештај за работата на ФПИО за 2010 година ПИОМ (2011) Статистички извештај за пензискиот систем во РМ за 2010 годинаПИОМ (2011) Краток статистички извештај за пензискиот систем во РМ за 2010 година Закон за пензиско и инвалидско осигурување, www.piom.gov.mkЗакон за основна евиденција на осигурените лица и корисниците на пензиското и инвалидското осигурување, www.piom.gov.mkЗакон за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.gov.mkЗакон за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување www.mapas.gov.mkЗакон за придонеси за задолжително социјално осигурување www.vesnik.com.mkC102 Social Security (Minimum Standards) Convention, 1952, www.ilo.org. Информатор бр.12 (2010), PROagens, Скопјеwww.piom.gov.mkwww.mtsp.gov.mkwww.mapas.gov.mkwww.ujp.gov.mkwww.ilo.orghttp://www.iopsweb.org/document/59/0,3746,en_35030657_35030420_39051707_1_1_1_1,00.htmlhttp://www.fiap.cl/prontus_fiap/site/artic/20110915/asocfile/20110915185055/bi_yearly_report_no_29.pdfhttp://www.socialprotection.eu/www.npf.com.mk

Page 52: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

51

www.kbprvo.com.mkhttp://www.fsc.bghttp://www.fsc.bg/public/upload/files/menu/SocialInsuranceCode_2011.pdfhttp://www.hanfa.hr/http://narodne-novine.nn.hr/clanci/sluzbeni/270675.htmlhttp://www.csspp.ro/http://www.csspp.ro/uploads/files/law-204_f7n8.pdfhttp://www.knf.gov.pl/en/index.htmlhttp://www.knf.gov.pl/en/Images/o_funduszach_emerytalnych_eng_tcm81-28377.pdf

Page 53: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

52

Page 54: СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВОДИЧ ЗА ВАШИТЕ ПРАВА НА …orm.org.mk/images/documents/vesnici/... · 7 Вовед Пензискиот систем е клучен

InternationalLabourOrganization

ТИМ ЗА ТЕХНИчКА ПОДДРШКА НА ПРИСТОЈНА РАБОТА И КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ЦЕНТРАЛНА И ИСТОчНА ЕВРОПА

ВОДИЧЗАВАШИТЕ ПРАВА НА ПЕНЗИЈА

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА