73
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Стефан Гулицоски Надлежностите на нотарот во делот на граданската постапка (магистерски труд) Кичево, 2017

Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

  • Upload
    others

  • View
    11

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Стефан Гулицоски

Надлежностите на нотарот во делот на граданската

постапка

(магистерски труд)

Кичево, 2017

Page 2: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

1

Ментор:

Проф. д-р / Доц. д-р Име Презиме

Членови на комисија:

1. Проф. д-р / Доц. д-р Име Презиме,

2. Проф. д-р / Доц. д-р Име Презиме,

НАУЧНА ОБЛАСТ:

Граѓанско право

Page 3: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

2

ИЗЈАВА

од кандидатот

Изјавувамдекаприизработкатанамагистерскиоттрудгипочитувавпозитивните

законски прописи на Република Македонија од областа на заштитатана

интелектуалната сопственост и не користевреченици или делови од трудови на

други автори без да ги почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил на

цитирање. Изјавата ја давам под полна морална, материјална и кривична

одговорност.

Изјавил:

Стефан Гулицоски

Page 4: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

3

Надлежностите на нотарот во делот на граданската

постапка

Апстракт:Во магистерскиот труд, длабински ќе се анализира нотаријатот, како

дел од правниот систем на секоја современа држава, нотарот како поединец кој ги

спроведува обврските на нотаријатот, како и конкретно законите во РМ кои го опфаќаат

работењето на нотаријатот и ги диктираат неговите надлежности и за дејствување.

Главниот акцент ќе биде ставен на работењето на нотарот во пракса, кои се актите кои

најчесто ги носи и за што секојдневно ги услужува странките.

Целта на изработка на овој магистерски труд, е да се доближи и запознае обичниот

граѓанин со институцијата нотаријат, да знае кога да се обрати кај нотар, и да си ги знае

своите права и обврски при упатување кај нотар.

Клучни зборови: Нотар,нотаријат, латински нотаријат, закон за нотаријат,

нотарска служба, нотарски акт,оставинска постапка.

Page 5: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

4

The powers of the notary in the civil procedure

Abstract:The master thesis will in-depth analyze the notary as part of the legal system of

every modern state, the notary public as an individual who carries out the obligations of the

notary public, as well as the laws in the Republic of Macedonia covering the operation of the

notary and dictating its competencies and activities .

The main emphasis will be placed on the work of the notary public in practice, which are the

acts that are most often carried by them and for which they daily serve the clients.

The purpose of this master's thesis is to bring the ordinary citizen closer to the notary's

institution, to know when to contact a notary public, and to know his rights and obligations

when referring to a notary public.

Keywords: notary, notary, Latin notary, notary law, notary service, notary act, legal

procedure.

Page 6: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

5

СОДРЖИНА

Page 7: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

6

I Вовед

Во овој магистерски труд, како што и самото име кажува, ќе се дефинира и анализира

нотарот, и нотаријатот како институција во правниот систем на Р.Македонија, исто така

и овластувањата на нотарот во граѓанската постапка. Најпрвин ќе се задржиме на

историскиот развој на нотаријатор, каде прв пат се јавил и во каков облик, односно

колку историски најстариот нотар, се разликува од денешниот современ тип на нотар.

Главниот дел во овај магистерски труд, ќе биде нотарот во Р.Македонија, кога за прв

пат се воспоставил во правниот систем на државава.

Опфатени ќе бидат сите закони врз кои нотарот ги црпи своите овластувања, тие ќе

бидат анализирани и споредени со сите претходни акти. Ќе се направи споредба на

овластувањата на нотарот со секој новодонесен акт со кој се дефинираат неговите

овластувањата. Ќе видиме дека нотарот има значајна улога во граѓанската област,

неговите овластувања се прошируваат со секој новодонесен акт кој го тангира нотарот.

Неговото значење е се поголемо.

Целта на овај магистерски труд е да се види влијанието на нотарот во граѓанската

област, какви се овластувања има и каков е неговиот однос со странките.

Тоа ќе биде анализирано и објаснато по пат на интервју со Нотар. Интервјуто ќе биде

направено така да добиеме јасна слика за работата на нотарот, колку е тој корисен во

граѓанската област, и ќе го запознаеме читателот со конкретни овластувања и случаи во

кои дејствува нотарот, кој се ја сочинува институцијата нотаријат и пред кого одговара

нотарот за својата работа.

Page 8: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

7

IIИсториски развој на нотаријатот

II.1.Стар Египет

Многу одамна во старите цивилизации, со појавата на првите писма, а со оглед дека

писменоста не била распространета кај населението, се појавила потреба за посебна

професија која ја вршеле писмени луѓе како државни службеници кои ги поставувал

владетелот. Тие покрај работите што ги вршеле за владетелот, бележеле и различни

правни работи кои ги склучувале поединци. Писарите, на пример, во Вавилон имале

значајна улога при составувањето на договорите врз основа на согласноста на

странките за битните елементи на договорот. Поради тоа што договорот се пишува,

писарот го покривал во нов слој на глина, за да неговата содржина да не биде достапна

на сите. На другиот слој се испишувало името на странките, предметот на договорот и

на крај се ставале печати од странките, сведоците и знак на самиот писар, како некој

вид на заверка на договорот. Писарите исто така, постоеле и во стариот Египет, а

зачуваните документи укажуваат на тоа дека најчеста работа на писарите во Египет

била сочинување на акти за располагање со имот во случај на смрт.

Староегипетските "сеши" или "книжници" биле основани во Старото Кралство и биле

најраните хроничари на официјалните комуникации во запишаната историја. Алатките

на нивниот занает се пигменти, саксии за вода и пишување спроведувања, кои често ги

носат преку рамената. Писарите сочинуваат цело ниво на античка бирократија и биле

единствените граѓани кои биле свесни за скоро секој значаен настан во империјата.

Лични писма, дипломатски комуникации,тестаменти и други правни документи,

службени прогласи, даночни списи, административни, економски и религиозни

документи и други документи се поминале низ нивните раце

Интересно е да се спомене дека сочуваната статуа на египетскиот писар стара околу

4.000 години, со потекло од 5. династија, која се чува во Лувр, како еден од неговите

највредни експонати денес претставува чест украс во нотарските канцеларии посебно

во Франција, што укажува колку е цврсто уверувањето дека уште египетските нотари

претставувале претходници на нотарите.Државните писари исто така постоеле и во

Page 9: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

8

старото еврејско право и имале слична улога како и писарите во Вавилон, покрај

работите кои ги извршувале за владетелот, воглавно сочинувале и договори. Писарите

тоа го правеле со голема брзина. Службеници во кои може да се најде сличност со

нотарите постоеле во стара Грција. Тие биле задолжени за регистрирање, чување, а

според некои извори и за заверување на поважни документи (астиноми). Тие морале да

бидат лица со високи морални вредности, а исправите кои се сочинувале пред нив

имале голема доказна вредност.

Може да констатираме, дека покрај римското право институтот нотар одредени корени

влече од древните цивилизации. Точно е, дека државниот писар неможе да се

поистовети со модерниот нотар, меѓутоа она што ги одликувало државните службеници

– писарите (висока морална вредност, исправи сочинети во нивно присуство кои биле

исправи со голема доказна сила), исто така, тоа треба да ги краси денешните нотари, и

затоа одреден број на автори, со извесни резерви изведуваат заклучок дека институтот

нотар своите корени ги влече од далечната историја од самите почетоци на правната

наука.

Page 10: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

9

II.2Нотарот во римското право

Во класичното време на римското право, во периодот од V век пред Христос до III век

по Христос, науката и вештината со која подоцна ке се занимават нотарите, се

формирале и се усовршиле, но сепак во услови кои ја спречувале појавата на нотарите

како автономна служба. До III век пред Христос со науката на римското право -

Jurisprudencija, како што самите Римјани ја нарекувале - која се однесувала на

приватното право, се занимавал колегиумот на државните свештеници (Saccerdotes

publici), чие значење и дејност немале никаков езотеричен карактер, бидејки тие

всушност вршеле служба паралелно со онаа која ја вршеле магистрите.

Понтификалната јуриспруденција билаформалистичка. Точноста на користените форми

биле во функција на извесен учинок, исто така и кај современите нотари.

Колегиумот на свештениците, секоја секоја година одредува од своите редови едно лице

кое давало совети на поединци. Тој посебно ги известувал за она што тие требало да го

напишат во своите тестаменти или за зборови кои требало да ги употребат во своите

усни акти мегу живите за да би можеле да го постигнат саканиот правен ефект. Таа

дејност одговарала на подоцнежната типична активност на римскиот правник, која

воопшто се состоела во давање одговори, во знаењето давање совети. Таа дејност

Римјаните ја означувале со ,,cavere”, глагол од кој произлегува на пример францускиот

збор,,cautle”. Cavere всушност значело: ,, упати на она што треба да се направи за да се

постигнат одредени ефекти во иднина”, односно да се карактеризира прогнозата.

,,Cavere” останала карактеристична ознака,чиј авторитет зависел само од јавното

признание на нивните професионални способности, редовно биле консултирани во

дворовите на нивните куки, но често и на улица. Мегу другото, тие давале совети и за

актите кои требало да се извршат. Тие консултации станувале се посложени, постапно и

во мера, со што римскиот правен состав се збогатувал и се усовршувал со работата на

сите тие правници така способни да формираат право поагајки од реалноста и да ги

прилагодуваат општите модели во исклучителни ситуации. Но римскиот

правникникогаш не бил нотар, како што никогаш не бил ни адвокат ни судија. Тој бил

јурисцонсултус, правник советник, оној што единствено бил способен тоа да го стори,

оној кој им давал на адвокатите - кои биле реторичари, магистрите - кои биле

Page 11: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

10

политичари, судиите кои биле обични поединци и табеллионесите - редактори на

правните акти, правни информации без кои тие не можеле да ги вршат своите служби.1

Римските tabellionesiне биле јавни писари од општа практика, биле специјализирани за

различни домени на пишување. Оние кои од нив се занимавале со редигирање на

правните акти, иако не биле jurisconsulti, сепак биле квалификувани juris studiosi, juris

periti (грчки nomokoi) (legisti). Тие значи биле навистина добри практичари, но зависни

од науката на јурисцонсулта, во која не се осмелувале да играат креативна улога.2

Во средината на III век по Христос, по смртта на Модестин, последниот

јурисконсулт, е прекината традицијата на римската јуриспруденција. Тој немал

ученици. Недостигот на јурисконсулти нужно се одразил и на другите правни

професии, за што биле присилени да го надоместат, секоја во својот домен, нивните

припадници морале да станат правници.

Таквиот развој довел и до појава на професијата, која би можело да се смета за

далечен предок на денешното јавно бележништво: tabellio на доцното Римско Царство,

пред се на Источното Римско Царство, чија јавна администрација била посолидна, и

кое имало бујна култура, всушност е прототип на модерниот нотар. Таа трансформација

не е само последица на фактите дека тие со завршувањето на класичната

јуриспруденција биле присилени да станат правници. За тоа има влијание уште една

причина. Со завршувањето на класичната јуриспруденција, судската процедура ја

променила својата форма: формуларниот процес, во суштина усмен, е напуштен а

преживеала само процедурата наречена когнитио, писмена постапка во која пишаниот

доказ набрзо преовладувал над доказот на сведоци. Во тој контекст, значењето

tabelliones многу се зголемило, па затоа нивната професија официјално е утврдена и тие

се организирале во корпорација која набрзо добила одреден сјај и углед. Уште во тоа

време е формиран поимот на автентичен акт, акт на јавната вера. Тоа се уште не е

нотарски акт, но веке од времето на царот Константин, во секоја значајна комуна,

одредени функционери добиле jus actorum conficiendorum. Тие биле надлежни да

препишуваат во јавните регистри (gesta) приватни акти кои им биле предавани ( и кои

пред препишувањето најчесто ги редигирале tabelliones ), и самите да редигираат

1https://www.docsity.com/sr/istoriski-razvo-na-notari-atot/630878/ - страна 3

2https://www.docsity.com/sr/istoriski-razvo-na-notari-atot/630878/ - страна 4

Page 12: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

11

записници за изјави кои усмено им ги давале поединци, кои исто така ги внесувале во

gesta.

Секогаш можело да се добие копија на она што било забележано во јавниот регистар и

таквиот документ бил непосреден доказ во судењето.

Актот кој го регидирал tabellio, а не бил внесен во gesta не можел да има во тоа

време иста вредност, бидејки тогаш не била родена идејата за чување на списи, значи за

формирање на нотарски архиви. Тоа не пречело доказната сила на јавнобележничкиот

акт постепено да расте, така што во Јустинијановото време се доближил до

современиот акт на јавна вера.

Правилата на Јустинијановото законодавство би можело да се збијат вака: ако една

странка во парница би едирала документ кој го редигирала спротивната странка без

јавна потврда, врз нејзе пагал товарот за докажување на потеклото на актот, и тоа по

пат на сведоци ако на исправата се наогале нивните потписи или со верификација на

писменото. Од друга страна, повикувањето на акт кој го редигирал tabellio го инвертира

товарот на доказот, бидејки тој акт не можел да биде оспорен, освен во посебна

парница поради материјален или интелектуален фалсификат. Иако е само копија која

потекнувала од чуварот на јавниот регистар, (exseptor pullicus) создала апсолутен доказ

со оглед на тоа дека била instrumentium publicum, сепак и актот кој би го составил

табеллио би имал значење на привилегиран доказ и би се нарекувал instrumentium

publice confectum.

Од многуте поими кои може да не доведат во врска со нотарите, ние ќе укажеме на

неколку од нив: scriba, notarius и tabellion.

Римјаните, покрај другите народи имале scribae (скриби). Скрибите биле обично

робови или ослободеници кои добро владееле со техниката на пишување. Тие ги

запишувале најважните настани, а потоа записите ги умножувале, за да подоцна, еден

дел од скрибите ги извршувале работите и за државните органи. Исправите кои ги

Page 13: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

12

составувале скрибите, немале карактер на јавни исправи, туку, само претставувале

доказ за завршената правна работа.3

Зборотnotariusсе сретнува и во римските извори од првиот век на новата ера и тоа го

означувало стенографот – записничарот. Имено, тогаш настанал нов,посебен стил на

брзо пишување, за кој е карактеристично користење на кратенки или notae (ноти), a

оние кои биле вешти во користењето на кратенките се нарекувале notarii

(нотари).Нотарите биле робови или ослободени робови, а само во исклучителни

ситуации имало од нив слободни луѓе.4

За да ја извршуваат својата дејност нотарите неморале да бидат познавачи на правото,

ниту пак, државата ја контролирала нивната работа. Освен нотаритеримските скриби

користеле скратен начин на пишување, меѓутоа нотите претставувале посебни знакови

за поединечните чести зборови или вообичаени реченици кои значајно придонесувале

во брзината на пишувањето. Благодарејќи на постоењето на нотарите, во Рим во 131

година на новата ера дошло до издвојување на првите новини под името Acta diurna. Од

лицата кои биле познати со брзото бележење на важните случувања, нотарите набрзо

станале специјализирани службеници кои извршувале разни дејности: водење на судки

регистри во провинциите, секретари на императорот, службеници на царската

канцеларија, препишување на документи од јавната државна архива и.т.н

Без оглед на тоа која дејност ја извршувале, нотарите не биле носители на јавните

овластувања. Како што кажавме, државата не ја контролирала нивната работа, а тие

немале влијание на содржината на документите кои ги запишувале, туку, едноставно

претставувале стручни записничари или препишувачи.

Извесно е, како такви нотарите што ги познава римското право секако дека неможат да

се поистоветат со денешните нотари, посебно не со латинскиот нотаријат, во кој

нотарите имале значајни овластувања и надлежност и поради tabelliones (табелионите),

римското право често се смета за колевка на нотаријатот. Парискиот историчар Jean-

Philippe Levy, во својата студија, римските табелиони ги нарекува директни

3Авторизирани предавања – Нотарско право – Проф. Д-р Арсе Петрески

4Авторизирани предавања – Нотарско право – Проф. Д-р Арсе Петрески

Page 14: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

13

претходници на нотарите, а исто тоа го прави и C. A. Cannat, кој исто така истакнува

дека tabellio од доцното римско царство станало прототип на модерните нотари.

Терминотtabellio прв пат се споменува во текстот на Улпијанус, а се смета дека води

потекло од зборовите tabella односноtabula, која ги претставува дрвените таблици

превлечени со слој од восок (tabulae cerate – восочни таблици), на кои се пишувало.

Табелионите биле посебен вид на писари, кои за разлика од нотарите имале одредено

правно знаење. Табелионите ги пружале своите услуги на физичките лица, со тоа што

им составувале документи и правни акти, а своите услуги ги пружале на јавни места

или како службеници и секретари во своите канцеларии. Во текот на историјата на

римското право правните работи се склучувале усмено, а кога се увидело дека за

постоење на еден договор полесно е да се докаже доколку постои пишан траг за

неговото склучување, и поради тоа табелионите добиле посебно значење. 5

Имено, иако државата на нив не делегирала јавни овластувања, табелионите биле

стручни лица, и својата работа ја извршувале на форумот јавно, пред народот

(instrumenta publice confesta – јавно составени исправи), исправите кои тие ги

составувале имале одредена доказна сила (поголема од онаа кога исправата ја

составувале скрибите). На табелионите им пружале помош одредени нотари, кои брзо

пишувале користејќи ноти, и составувале концепт врз основа на кој табелионот ја

составувал пишаната исправа, која потоа странките ја потпишувале, а табелионот

гарантирал за нејзината автентичност.

Исправите кои ги составувале табелионите немале карактер на јавни исправи, а исто

така не претставувале ниту пак извршни исправи, меѓутоа, овие исправи имале

одредена доказна сила. Во времето на Јустинијан табелионите почнале да полагаат

заклетва пред перфектите, а воведена е и контрола на нивната работа, што дало

дополнително значење на занимањето на табелионите и на доказната вредност на

нивните исправи.

Значи, табелионите со тек на времето добиле одредени елементи, и во многу нешта

потсетуваат на денешните нотари. Без оглед дали би ги нарекле директни претходници

5Авторизирани предавања – Нотарски право – Проф д-р Арсе Петрески

Page 15: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

14

на нотарите или не, табелионите без сомневање биле преодна фаза, која многу

придонела во настанокот на современиот нотаријат.

II.3Нотарот во Франција

Во Франција Људевит IX, востановил седумдесет кралевски нотари, кои својата дејност

ја извршувале во Париз. Нотарската исправа во Франција добива автентична сила за

време на Филип IV, кога нотарскиот акт добива и кралевски печат, за да во време на Луј

XIV нотарите добиле овластување да ставаат кралевски печат.

Народното уставотворно Собрание со заклучокот од 29 септември 1791 година, кој

истата година е потврден од законодавното Собрание, усвоиле нова организација на

нотаријат и на тој начин ја прекинале секоја врска помеѓу оваа установа и судството, а

исто така го укинале и наследувањето на службата. Нотарите се именуваат по пат на

конкурс и нотаријатот се засновува врз начелата на редот, еднаквоста и слободата.

Нотарската служба во Франција е укината во текот на француската буржоаска

револуција во 1789 година, за да во 1803 година, со донесувањето на новиот Закон за

нотарите, формиран е т.н. латински систем на нотаријат (систем кој преку законот се

пренесуваат јавните овластувања на нотарите).

Според законот од 1803 година, нотарската служба во Франција исто така не била

наследна, но, само формално бидејќи често нотарските канцеларии биле семејни

фирми во кои нотарот им го обезбедувал местото на своите блиски сродници. На

нотарите им е извршено делегирање на јавните овластувања, а тоа се засновува на

довербата која народот им ја полагал на претставниците на државната власт. Според

законот од 28 април 1816 година, нотарите имале право да одредат свои наследници во

службата.

Нотарите во Франција, покрај составувањето на исправите имале можност да

извршуваат и други работи во врска со тие исправи. Доколку се работело за

недвижности, тогаш нотарот често извршувал и низ други дејствија во врска со

Page 16: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

15

градењето (прибавувал урбанистичка дозвола, спроведувал укнижување кај органите

надлежни за евиденција на правата на сопственост над недвижности), а можел и да

посредува при продажбата на недвижностите.

Споменатиот француски закон од 1803 година, набрзо се извезува во окупираните земји

од страна на наполеоновите трупи или кои на роднински начин биле со нив поврзани,

посебно Италија (со исклучок на Сардинија и Сицилија), Шпанија, Холандија и

Германија што дополнително ја зајакнало прекуграничната функција на нотарот.

Денес во многу држави егзистира латинскиот тип на нотаријатот, меѓутоа, постојат

многубројни отстапувања и не постои модел кој е идентичен во сите земји кои го

прифатиле овој облик на организација на нотаријатот. Значајно е да се спомене дека

нотарите во Франција имаат единствено блиска врска со државата (која ја претставува

Министерството за правда), исклучително висок степен на професионална автономија,

невообичаено широк спектар на привилегии и прав потенцијал на завидно ниво на

просперитет.

Поради тоа што поминале низ економски неизедначен период во 19 век француските

нотари од Втората светска војна, станале вистинска просперитетна професија, во

главно поради големата поврзаност на професијата со пазарот на недвижности. Во 2005

година, нивната клиентела броела некои 20 милиони (или грубо, 1/3 населението на

земјата), а нивниот годишен промет бил околу 5,8 милиони евра.

Во јуни 2005. година, изданиетоL'Expansion објавило „вистини за слободните

професии“, наведувајќи дека нотарите имаат втор по ред највисок просечен приход од

сите слободни професии во Франција, далеку над адвокатите. Од 2002./2003. година,

нивото на нивниот приход пораснал за 17.1%, до национално просечниот нето приход

од 187.000,00 евра по нотар, во споредба со зголемувањето за 6.3% спрема

националниот просечниот приход од 62.605,00 евра за адвокатите во истата година.

Овие просечни цифри ги сокриваат огромните разлики помеѓу оние кои најповеќе

заработуваат во Париз и другите големи градови и оние со ниски заработки во

економски сиромашните рурални подрачја. Меѓутоа, ниту еден нотар никогаш не бил

доведен во стварна финансиска тешкотија и може да се рече дека професијата нотар

колективно финансира свој сопствен осигурителен систем како заштитна мрежа за

секој кој ќе западне во сериозна финансиска тешкотија, било поради лошото

Page 17: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

16

управување со финансиите, некои лични несреќи или економски назадувања на некоја

дотична регија.

II.4 Карактеристики на слободниот нотаријат од континентално-

европски тип (Латински нотаријат)

Меѓународната асоцијација на латинскиот нотаријат, ја дава следната

дефиницја: „Латински нотар по занимање е правник, кој врз основа на јавните

овластувања прима изјави на волја од странките и ги запишува во правна форма и за

истите издава релевантни документи, кои добиваат карактер на јавни исправи.

Оригиналот на тие документи ги чува нотарот и издава заверени преписи. Во неговата

надлежност е и јавното потврдување на фактите. Нотаријатот од латински тип го

карактеризира слична организација на службата во бројни земји, што овозможува

цврста меѓународна организираност и ефикасна правна комуникација во односите со

меѓународен елемент“.

Слободниот латински нотаријат е дел од либералниот- демократски правен

систем, втемелен врз следните начела:

- Начелото на правна држава и владеење на правото, кои пред се подразбираат

предвидливост на постапувањето на државните органи и правна сигурност

на граѓаните;

- Начело на заштита на правната слобода, односно право на индивидуално и

слободно изразување на своите права, особено правото на приватна

сопственост и правото на наследување;

- Начелото на социјална држава, што ја обврзува државата, правниот поредок

да го обликува така што граѓаните да се штитат од нанесување на штета и

нивно искористување и,

- начелото на супсидијарност, според кое општеството и државата треба да се

повлечат од оние подрачја каде организираните облици на граѓаните можат

добро да ги извршуваат поставените задачи и обврски и тоа како во

приватно- правната сфера преку друштва или задруги, така и во државно

организационата сфера преку комори-нотарски или адвокатски.

Page 18: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

17

Со оглед на вака поставените начела на демократскиот правен систем,

нотаријатот поставува одредени барања со цел заштита на правата на граѓаните

особено во граѓанското и трговското право. Притоа, имајќи го во предвид карактерот

на социјална држава, мора да се преземат мерки и за заштита на социјално загрозените

граѓани, што претставува значајна функција на нотаријатот. Оваа функција не е во

спротивност со задолжителното составување на јавните исправи од нотарите, бидејќи

при составувањето на нотарските исправи, нотарите на граѓаните им даваат и правни

совети особено во потешките и сложените правни работи. Исто така граѓаните имаат

право, на слободен и независен нотаријат, со можност слободно да го избираат нотарот

каде ќе го склучат своето правно дело. Државата има право, но и должност само да ги

регулира функциите и организацијата на нотаријатот и тоа преку спроведување на

нотарски испит како еден од условите за именување на нотар, ограничување на бројот

на нотари, надзор на работата на нотарите и спречување на судар на интереси.

Аналогно на ова и нотарите како носители на јавни овластувања имаат право на

сигурна егзистенција и независност од извршната власт изразена преку правото на

самоорганизирање во нотарска комора, која комора ги уредува и контролира правата и

обврските на нотарите. Овие главни карактеристики на слободниот нотаријат се

заеднички за сите европско- континентални нотарски служби и се во насока на

создавање на правна сигрност на граѓаните во остварувањето на нивните права и

правни интереси6.

Латинскиот тип на нотаријат постапува како независен и непристрасен носител

на јавна служба и ги извршува оние правни работи кои се уредени со законите

донесени од законодавната власт. Во такви случаи граѓанинот е должен да се обрати до

нотарот, а државата им гаратира дека неискусните и неуките граѓани се заштитени и во

тие правни работи ќе бидат советувани од нотарите. Државата исто така гарантира за

квалитет на извршените работи од страна на нотарите и за таа цел ги организира и

спроведува нотарските испити, а нивниот број е ограничен, внимавајќи притоа од една

страна на еднаквоста во регионалната застапеност на нотарите, а од друга страна да не

постои слободна конкуренција помеѓу нив. Крајно квалитетот на извршената правна

работа од нотарите е гарантирана и преку надзор над работата на нотарите, но и преку

самоорганизирањето на нотарите во нотарска комора која е нивна независна и

самостојна организација.

.

Page 19: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

18

Работата на нотарите правно се изразува во составувањето на јавните исправи,

кои нотарот ги составува врз основа на јавните овластувања. Овие исправи уживаат

јавна вера и во суштина овозможуваат директно спроведување на извршување, без

водење на долготрајни и скапи судски постапки. Државата со правните прописи,

одредува кои работи може да ги врши нотарот, а најчесто добива надлежност да

постапува на полето на обичајното и наследното право.

Од горенаведеното произлегува дека суштината и фунцкиите на нотарската

служба од латински тип е иста во сите земји кои го имат воведено овој тип на

нотаријат, но одредени надлежности зависат од правниот систем на односната држава.

II.4.1Начела на латинскиот нотаријат

Начело на јавна служба. Нотаријатот согласно со Законот за нотаријат е

дефиниран како јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања.

Ова начело произлегува од тоа што нотарот составува правни акти, заверува исправи,

издава изводи и преписи од исправи, констатира постоење на факти по барање на

странките, во форма која е предвидена со закон. Оваа законска форма му ја дава на

нотарските исправи потребната автентичност и одредено доказно дејство. Правните

работи за кои е предвидена задолжителна форма, составени пред нотарот, согласно со

прописите за формата имаат својство на јавни исправи, односно по закон уживаат јавна

доверба. Со оглед дека нотарот има обврска да ги подучи странките, тој постапува во

интерес на странките без наклонетост кон некоја странка, односно без пристрасност, па

затоа и странките имаат доверба во актот на нотарот.

Начело на професионалност. Нотарот jа извршува својата дејност исклучиво

како постојано и единствено занимање, се додека не му престане оваа дејност согласно

со законот. Законот занотаријат предвидува професионални услови за стекнување

својство на нотар, како што е диплома за завршен правен факултет, пет години работно

искуство, положен нотарски испит, да ужива углед за вршење на нотарската служба,

Page 20: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

19

како и други улови. Нотарот ја извршува својата дејснот во самостојна нотарска

канцеларија со потребна опрема и услови за чување на нотарските списи.

Начело на независност во остварувањето на нотарската дејност.

Согласно со Законот за нотаријат, Нотарот нотарските работи ги врши слободно,

независно, самостојно, стручно и непристрасно врз основа на Уставот, закон,

ратификувани меѓународни договори и други прописи и општи акти засновани врз

закон. Нотарот е правник, именуван од страна на министерот за правда, кој врз основа

на своите јавни овластувања ги прифаќа од стрaнките нивните правни работи, изјави на

волја и им ја дава потребната пишана (писмена) форма. Оваа дејност на нoтарот е

уредена со закон и други правни прописи. Поради тоа издадените исправи имаат

карактер на јавни исправи. Исто така ги чува оригиналите на тие исправи, издава

преписи, потврдува факти, дава правни совети за прашања од негова надлежност и

врши други работи определени со закон. Дејноста на нотарот е неспојлива со

адвокатурата и било која друга прфесионална дејност, односно функција. Доколку

нотарот биде избран или именуван на јавна функција која е неспојлива со нотарската

служба, службата за времетраење на функцијата му мирува.

Нотарот може слободно да врши уметнички, научни и слични дејности, или да

извршува функции и дејности во нотарската комора и во меѓународните здруженија на

нотарите.

Начело на заштита на приватните и јавните интереси. Нотарот е стручно

лице кое врз основа на јавните овластувања и согласно со закон ги прифаќа правните

работи на странките, изјавите на волја, давајќи им ја притоа потребната законска

форма, со што правните акти, односно исправи добиваат карактер на јавни исправи.

Заштитата на јавниот интерес, во состојба кога со закон е пропишана задолжителна

форма (конститутивна фомра) се остварува со почитување на императивната форма.

Приватните интереси на странките нотарот ги штити во случја кога законот пропишува

задолжителна форма со цел заштита на приватните интереси. Приватниот интерес се

штити и ако формата не е задолжителна, односно кога е склучен консенсуален договор,

па потоа простата согласност на волјата на договорните страни, односно

консенсуалниот договорот дополнително се склучува во форма на нотарски акт со што

договорот добива поголема доказна сила.

Начело на формалност. Нотарските исправи за правните работи кои се

составени од нотарите во форма на нотарски акт имаат карактер на јавни исправи. Од

Page 21: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

20

друга страна пак записниците за правните работи кои се преземени пред нотар, како и

потврдите за фактите кои ги утврдил нотарот, имаат карактер на приватни исправи. Во

овие случаи нотарот само го заверува потписот или исправата, односно ја заверува или

потврдува автентичноста на преписот или преводот.

Законот за нотаријат како нотарски исправи ги наведува: исправи за правни

работи и изјави што ги составува нотарот во форма на нотарски акт; записници за

правни работи што ги составил нотарот или биле составени во негово присуство, како

и потврди за факти кои нотарот ги утврдил со непосредно забележување или со помош

на исправи.

Понатаму Законот за нотаријат пропишува дека нотарски акт е задолжителен за:

а) договори за уредување на имотните односи меѓу брачните другари и меѓу

лицата кои живеат во вонбрачна заедница;

б) договори за подарок без предавање на предметот во владеење на

даропримачот;

в) секој акт за основање, организирање, престанок, статусни и промени на

правни лица кои вршат стопанска дејност, институции, фондации и други органи,

освен трговските друштва;

г) сите правни работи кои ги преземаат слепи или глуви лица кои не знаат да

читаат или неми лица кои не знаат да пишуваат и

д) договори за располагање со имот на малолетни лица и лица на кои им е

одземена или ограничена деловната способност.

Од вака наведените случаи кога договорот или актот треба да бидат склучени во

форма на нотарски акт, призлегува дека во одредени случаи постои конкурентска

форма, односно постои подеднакво дејство на нотарската и судската форма. Исклучок

постои кога со одреден закон изречно се бара нотарска форма. Случаи кога постои

конкурентност помеѓу судската форма и нотарската форма е договорот за доживотно

догледување, како и договор за отстапување на имотот за време на живот.

Исто така, законот определува дека во одредени случаи нотарската исправа има

карактер на извршна исправа.

Начело на законитост, совесност и чесност. Согласно Законот за

нотаријат, нотарот е должен да ја извршува својата дејност независно, самостојно,

стручно и непристрасно врз основа на Уставот, закон, ратификувани меѓународни

Page 22: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

21

договори и други прописи и општи акти засновани врз закон. Нотарот може да одбие

извршување на работите само од причини дозволени со закон и за својата работа

одговара во согласност со законот.

III .Нотаријат во РМ

III.1Општо за институцијата Нотар

Нотаријатот е институција – јавна служба со јавни овластувања чиј статус, согласно

Уставот, го утврдува законодавниот орган со закон, притоа, давајќи основна насока, тоа

уредување да биде врз основа на принципите на стручност и компетентност.

За нотаријатот неможе да се даде конкретна дефиниција со оглед на тоа што, од

неговото појавување па се до денес неговите овластувања и надлежности драстично се

променети.

Во Република Македонија, нотарот не е изрично предвиден со уставот како самостојна

и независна јавна служба туку најде основа и перспектива во уставните начела за

владеењето на правото, остварувањето и заштитата на човековите права и слободи,

прифаќање и почитување на општо прифатените норми на меѓународното право,

правна заштита на сопственоста и правото на наследување, слободата на пазарот и

претприемништвото со еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.

Амандман XXI и член 50 од Уставот со кој се дава можност за постоење на институции

со јавни овластувања

Член 58 од Уставот според кој учеството и одлучувањето во јавните установи и служби

се уредува со закон, врз основа на принципот на стручност и компетентност

Член 61 и 69 од Уставот, според кој Собранието, може со закон да уредува одделна

материја, односно одделни прашања од значење за остварување на правата и

интересите на граѓаните и другите правни субјекти, а во функција на нормално и

ефикасно одвивање на правниот промет и живот во државата„.

Нотаријатот во Република Македонија беше воведен со Законот за вршење на нотарски

работи од 16.10.1996 година, објавен во „Службен весник на РМ“ бр.59/96, од

Page 23: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

22

25.10.1996 година, кој влезе во сила осмиот ден од објавувањето, но со одложена

примена од 01.10.1997 година, како современа јавна служба во функција на

задоволување на потребите и правните интереси на граѓаните и другите правни

субјекти и позитивно се одрази врз целокупното функционирање на правниот систем,

а особено влијаеше врз унапредувањето на превентивната правна заштита и

зголемување на правната сигурност на граѓаните. а првите нотари започнаа со работа

од месец јуни 1998 година.

Според Законот за Нотаријат од 2016 година:

Нотарска служба е јавна служба што ја вршат нотари, кои се самостојни и независни

носители на таа служба.

Нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на

јавни овластувања, врз основа на закон.7

Нотарот е лице што врши јавни овластувања утврдени со закон, именувано од

Министерството за правда (во натамошниот текст: Министерството), кое нотарската

служба ја врши како единствено професионално занимање.

Нотарската служба опфаќа составување и издавање на јавни исправи за правните

работи во форма на нотарски акт, изјави и потврди за факти врз основа на кои се

востановуваат права или обврски, донесување решенија во постапка за издавање на

нотарски платни налози, потврдување на приватни исправи (солемнизација), издавање

на потврди, заверка на потпис и ракознак, на препис, на превод, примање на чување на

исправи, на пари и на предмети од вредност заради нивно предавање на други лица или

органи, како и вршење на доверени работи определени со закон.

Нотарската служба нотарот ја врши слободно, независно, самостојно, стручно и

непристрасно врз основа на Уставот, закон, меѓународни договори што се

ратификувани во согласност со Уставот на Република Македонија и други прописи и

општи акти засновани врз закон.

Нотарската служба се врши со примена на начелата за гарантирање на законито

вршење на работите, одговорност за причинетата штета во вршењето на нотарската

служба, неспорност на правниот однос, надзор над законитоста во вршењето на

7Закон за нотаријат – Член 2

Page 24: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

23

нотарската служба, угледно и достоинствено вршење на нотарската служба и

надоместок за извршената работа.8

Нотаријатот го олесни правниот поредок, ја унапреди правната заштита и допринесе за

поголема правна сигурност и одбегнување на спорови. Нотаријатот е голема

придобивка за правниот поредок. Нотаријатот е компромис помеѓу јавниот карактер на

оваа служба и нејзино вршење од страна на слободни, високо квалификувани лица,

како и организациска форма со државно значење. Нотарите вршат нормативно и

законско- цертификациска, легализациска, депозитна, комесаријална и конзилијарно-

мониторска, заштитувачка и обезбедувачка функција. Јакнењето на статусот на

нотарите како јавни и самостојни службеници и професионалци истовремено и

постојаното проширување на нивните јавни овластувања, ја проширува потребата и ја

заострува одговорноста на нотарите во вршење на нотарската дејност. Уште повеќе,

сторувањето на казнено дело, дисциплинска повреда или причинување на штета при

вршење на нотарска дејност не претставува само тешка злоупотреба на неговата лична

позиција, туку и атак врз самата нотарска професија, а го ослабнува и придонесот на

нотарската служба за сигурноста на правните односи во мера во која правните субјекти

и веруваат и ги користат услугите на оваа служба. Оттука, ја наоѓам потребата да ја

напишам оваа оваа статија, каде ќе ги разгледаме облиците на оговорност на нотарите,

а посебно ќе биде обработена кривично- правната одговорност на нотарите, како

најстрог облик на одговорност на нотарите, зошто само ефикасно поставен и спроведен

систем на одговорност на нотарите ќе дејствува превентивно и ќе создаде погоден

терен каде нотарите ќе можат законски исправно да ги извршуват своите должности, а

граѓаните како нивни странки ќе можат да ги добијат бараните услуги.

Согласно со Законот за нотаријат нотарите ги вршат следниве групи на работи:

составување на нотарски исправи за правни работи и појави (нормативно-

цертификациска функција) како и за факти на кои се засноваат правата (записничко-

цертификациска функција); службено заверување и потврдување на приватните

исправи(легализациско- цертификациска финкција); примање на чување на исправи,

8Закон за нотаријат – Член 3

Page 25: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

24

пари и хартии од вредност, заради нивно предавање на други лица или надлежни

органи(депозитна функција); вршење на работи (превземање на службени дејствија) по

барање на судовите или други органи или тела предвидени со закон (доверени работи-

комесаријална функција); со оглед на карактерот на работата која ја вршат и грижата за

лицата кои учествуваат во составувањето на нотарските исправи, како и фактот дека

нотарот е повереник на странките, нотарите имаат и советодавна функција

(конзилијарна-мониторна функција), а во надлежност на нотарите е и застапувањето на

странките во правните работи пред судовите или пред други органи, само доколку тие

работи се во директна врска со исправата што нотарот ја составил (застапувачка

функција).Со посебни закони на нотарите им се става во надлежност да вршат –

реализација на заложното право(продажба на подвижни предмети, на недвижности врз

кои има засновано хипотека). Исто така, според Законот за извршна постапка нотарите

имаат овластувања и во обезбедување на побарувањата на доверителите

(обезбедувачка функција). Нотаријатот врши исклучително значајна функција во

правната држава и во правосудниот систем. Неговата системска положба, како дел од

правосудниот систем има повеќе импликации врз облиците на одговорност,

детерминирани со фактот дека се работи за јавна служба што ја вршат нотарите, што

имаат со закон определен статус на лица што вршат работи од јавен интерес. Сосема

разбирливо е да нотарите службата ја вршат како основно занимање за времето за кое

се именувани, да лично се одговорни за вршењето на нотарската служба и повреда на

законот, на Кодексот на професионална етика на нотарите и на пропишаните акти на

Нотарската комора на Р.Македонија, како и за прекршоците и кривичните дела сторени

при вршење на нотарската дејност. Оттука произлегува дека кај нотарите може да ги

ретнеме следниве облици на одговорност:материјална , дисциплинска и кривична

одоговорност

III.2 Одговорност на нотарот

Од воспоставувањето на нотаријатот во Република Македонија, во 1998-та година, па

до денес, овластувањата и службените обврски на нотарите, константно се

зголемуваат. Тоа зголемување резултира со поголема концентрација на моќ во рацете

Page 26: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

25

на нотарите, па логично е и да се зголемува нивната одговорност за извршување на

работите од нивниот делокруг на работа. Со статусот на самостојна, независна јавна

служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања врз основа на закон по

барање на граѓаните, државните органи, правните лица и други заинтересирани

институции 6 , нотарите, за својата работа, гарантираат и одговараат со целиот свој

имот. Одговорноста на нотарите во Република Македонија, е детерминирана низ

неколку различни концепти. Имено, за штетата што при извршувањето на својата

работа ќе ја нанесат на странките или трети лица, нотарите одговараат материјално7 ,

елемент од одговорноста на нотарот, која е централна целина при изработката на овој

труд. Непочитувањето на законските норми, несовесното и нестручно работење – со

напомена, од полесен карактер, резултираат со дисциплинска одговорност на нотарот.

Истакнувам, од полесен карактер, затоа што посериозните повреди на Уставот,

законите и правниот поредок во Република Македонија 8 9 10 , во целост, можат да

продуцираат одговорност на нотарот на многу повисоко ниво. Таков пример е

кривичната одговорност, како нареден сегмент ододговорноста на нотарот. Нотарот

одговара кривично, доколку заради остварување на одредена корист (имотна и

неимотна), за себе или за друг, ја злоупотреби својата службена позиција и

овластувања. Материјалната, дисциплинската и кривичната одговорност, кои

меѓусебно не се исклучуваат и се комплементарни, можеме да ги квалификуваме како

елементи на т.н. “Професионална одговорност”. Постои уште и одговорност на нотарот

како раководител, за штета која ќе ја нанесе вработен во неговата канцеларија 11 и

одговорност на нотарот како даночен обврзник кон државата, за приходите остварени

од обезбедувањето на нотарските услуги.

III.2.1 Материјална одговорност на нотарот во Република Македонија

Материјалната одговорност на нотарот претставува одговорност на нотарот за негово

или дејствие на негов помошник, заменик, стручен соработник или приправник, кое е

поврзано со вршењето на службата и истото, намерно или од крајна небрежност12 ,

резултира со предизвикана штета13 на странката или на трето лице (ЗН, член 35, став 1

и став 5). Нотаријатот е значаен дел од Македонското законодавство и главна алка на

правниот промет во Република Македонија. Поради оскудноста на материјали од оваа

проблематика, потребно е темелно и детално истражување и елаборирање на

суштината на предметот на оваа магистерска теза. Имено, тоа значи подетално

Page 27: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

26

објаснување на правата и обврските на нотарот и одговорноста која произлегува од

истите.

III.2.2. Дисциплинска одговорност на нотарот во Република Македонија

Во однос на дисциплинската одговорност на нотарот, во кратки црти, битно е да се

напоменат неколку клучни елементи. Имено, во Законот за нотаријатот14 , изречно е

дефинирано дека нотарот е лично одговорен за нотарската служба. Нотарот, одговара

дисциплински, за прекршоци сторени со повреда на законот, Кодексот на

професионалната етика на нотарите и непочитување на одредбите од актите на

Нотарската Комора. Доколку при вршењето на работите од неговиот делокруг, нотарот

стори кривично дело, не е исклучена и дисциплинската одговорност, а со тоа и

евентуалното изрекување на дисциплинска мерка. Дисциплинската постапка се

поведува по предлог на Министерот, а ја води Дисциплинскиот совет при Нотарската

Комора. Дисциплински мерки, кои можат да му бидат изречени на нотарот за сторен

дисциплински прекршок, се: писмена опомена, јавна опомена, парична казна,

привремено одземање на правото на вршење нотарска служба и трајно одземање на

правото на вршење на нотарска служба. Поведувањето на дисциплинска постапка

застарува во рок од две години од денот на сторување, или во рок од една година од

дознавање за повредата при вршење на надзор. Ако дисциплинската повреда повлекува

и кривична одговорност, дисциплинската постапка за утврдување на одговорноста на

нотарот застарува во рок од две години од денот на дознавањето за повредата.

III.2.3 Кривична одговорност на нотарот во Република Македонија

Иако не се работи за државна функција, одговорноста во нотаријатот, како самостојна

и јавна служба, во нашиот законодавен систем е изедначена со одговорноста во

вршењето на службената должност на државните органи. Само накратко ќе ги спомнам

службените дејствија на нотарите кои, од различни причини, повлекуваат кривична

одговорност. Имено, кривичните дела поврзани со нотарските исправи, опфаќаат

значителен дел од кривичната одговорност на нотарот, доколку постои, сè разбира.

Најдобар пример за тоа е фалсификувањето на исправа (КЗ, член 379).

Page 28: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

27

III.3Анализа на законот за нотаријат

Законот за вршење на нотарските работи е донесен на 16 октомври 1996 година,

објавен е во „Службен весник на РМ“ бр.59/96 на 25 октомври 1996 година, а стапи на

сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“, но започна да

се применува од 01.10.1997 година. Овој Закон подоцна е менуван и дополнуван и тоа

со Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на нотарските работи

„Службен весник на РМ“ бр.25/98, бр. 6/2002 и бр.66/2006. Овој закон престана да

важи со донесување на Законот за нотаријатобјавен во „Службен Весник на Република

Македонија“ брoj 55 од 04.05.2007 година. Измени и дополнувања на законот се

објавени во „Службен весник на Република Македонија“ број 86 од 14 јули 2008

година и во број 139 од 19 ноември 2009 година. Со Одлука на Уставниот суд на

Република Македонија, У.бр. 134/2007 од 07.11.2007, објавена во „Службен весник на

Република Македонија “ број 134/07 се укинати членовите 103 став 1 точка б) и член

138 од Законот за нотаријатот. Со одлука на Уставниот суд на Република Македонија,

У.бр.125/2007 од 09.01.2008 објавена во „Службен весник на Република Македонија“

број 8/2008 укинат е член 14 став 1 точка г во делот „ ако е осуден со правосилна

судска одлука за кривично дело од користољубие за кое се гони по службена должност,

или“. Со одлука на Уставниот суд на Република Македонија, У.бр.170/2007 од

30.01.2008 година објавена во „Службен весник на Република Македонија“ број

21/2008 укинат е член 76 став 2 во делот „и истото не може да биде постаро од три

месеца“. Со одлука на Уставниот суд на Република Македонија, У.бр. 1752008 од

04.02.2009 година , објавена во „Службен весник на Република Македонија“ број

20/2009 укинат e членот 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за

нотаријатот објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 86/2008.

Овластен предлагач на Законот за нотаријат е Министерството за правда и

истиот е донесе од Собранието на Република Македонија. Овој закон ја задржува

правната концепција на нотаријатот воспоставена со претходниот Закон за вршење на

нотарските работи и го задржува латинскиот тип на нотаријат по примерот на земјите

од поранешната СФРЈ и тоа Хрватска која го воведе нотаријатот со Законот за јавното

бележништво објавен во „Народне новине“ бр.78/93 и 29/94 и Словенија која

Page 29: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

28

нотаријатот го воведе со Законот за нотаријат објавен во „Урадни лист“ бр.13-512/94,

48-1823/94 и 82-2977/94.

Латинскиот нотаријат подразбира самостојност и независност на нотарите од

државната власт и одвоеност од адвокатурата. Досегашната примена на овој тип на

нотаријат во земјите од опкружувањето укажуваат на негови бројни предности. Треба

да се нотира фактот, дека овој тип на нотаријат не е непознат за овие простори. Имено

ваков тип на нотаријат беше воведен во Кралството Југославија, а со тоа и во

Македонија со Законот за јавните бележници од 1930 година.

Законот за нотаријат содржи 151 член поделени во XVII Глави и тоа: I. Основни

одредби, II. Именување и разрешување на нотарите, III. Општи одредби за работењето

на нотарот, IV. Општи одредби за нотарските исправи, V. Посебни одредби за

овластувањата и работењето на нотарите, VI. Чување на исправи и водење на деловни

книги,VII. Постапка со нотарските списи по упразнувањето на нотарското место, VIII.

Нотарски приправници, стручни соработници, заменик нотар, нотар кој привремено ја

врши службата и помошник на нотарот, IX. Организација на нотаријатот и неговите

органи, X. Надзор над работењето на нотарската служба, XI. Спреченост за работење

на нотарот, XII. Дисциплинска одговорност на нотарите, XIII. Нотарите како

повереници на судовите и другите органи, XIV. Награда за работата и надоместок на

трошоците, XV. Мерки за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело

и финансирање на тероризам, XVI. Нотарски испит, XVII. Преодни и завршни одредби.

Co овој закон се уредуваат постапката за именување и разрешување на

нотарите, нивниот делокруг на работа и овластувања, составување на нотарски исправи

и постапувањето со нив по упразнување на нотарското место, организацијата на

нотаријатот и неговите органи, нотарите како повереници на судовите и другите

органи, надзорот врз работењето на нотарите и дисциплинската одговорност.

Согласно со овој закон, нотарот нотарските работи ги врши, независно,

слободно, самостојно, стручно и непристрасно во вид на основно занимање врз основа

на Закон, други прописи и општи акти засновани врз закон.

Законот, нотаријатот го дефинира како самостојна, независна јавна служба во

која се вршат работи од видот на јавните овластувања врз основа на закон, по барање

на граѓаните, државните органи, правните лица и другите заинтересирани институции9.

9Член 2 став 1 од Законот за нотаријат „Сл. Весник на РМ“ бр.55/07

Page 30: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

29

Нотарските работи согласно со Законот, нотарот ги врши врз основа на

начелото на законитост, одговорност за причинетата штета за вршењето на работите,

диспозицијата и неспорноста на правниот однос, надзор над законитоста во вршењето

на работите и надомест за извршената работа.

Централно прашање кое што е уредено со овој Закон е делекругот на дејностите

кои треба да ги вршат нотарите. Имено според овој Закон, нотарите ги вршат следните

групи на работи: 1) составување на нотарски акти за правни работи; 2) составување на

нотарски акти за изјавите за последна волја; 3) потврдување на приватни исправи; 4)

утврдување на факти и изјави; 5) издавање на изводи, потврди, преписи и извадоци и 6)

преземање на исправи, пари хартии од вредност заради чување и предавање.

Покрај претходно наведените надлежности, Законот, дава можност судот или

друг орган да може на нотарот да му ги довери сите работи што се утврдени со посебен

закон, па во овој случај, нотарот е повереник на судот или на друг орган.

Во првата група на работи, 1) нотарски акти за правни работи, кои спаѓаат во

делокругот на дејности кои треба да ги вршат нотарите, Законот во член 42 ги наведува

следните правни работи за кои е потребен нотарски акт: а) договори за уредување на

имотните односи меѓу брачните другари и меѓу лицата кои живеат во вонбрачна

заедница; б) договори за подарок без предавање на предметот во владеење на

даропримачот; в) секој акт за основање, организирање, престанок, статусни и промени

на правни лица кои вршат стопанска дејност, институции, фондации и други органи,

освен трговските друштва; г) сите правни работи кои ги преземаат слепи или глуви

лица кои не знаат да читаат или неми лица кои не знаат да пишуваат и д) договори за

располагање со имот на малолетни лица и лица на кои им е одземена или ограничена

деловната способност.

Потребно е да се нотира законското регулирање на нотарскиот акт како извршна

исправа (член 4 став 3). Имено согласно со Законот, нотарскиот акт е извршна исправа,

ако во него е утврдена определена обврска за чинење за која странките можат да се

договорат, иако содржи изјава на обврзникот за тоа дека врз основа на тој акт може

заради остварување на чинењето по втасување на обврската да се спроведе присилно

извршување10

.

10

Член 4 став 3 од Законот за нотаријат

Page 31: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

30

Нотарските акти, составени од нотарот според Законот за нотаријат

претставуваат нотарски исправи кои имаат својство на јавни исправи, ако при нивното

составување и издавање се исполнети потребните формалности предвидени со закон11

.

Вакво својство, имаат и нивните преписи издадени согласно со Законот. Од ова

својство на нотарските акти, произлегува и нивната доказна сила за вистинитоста на

она што е содржано во исправата, пришто дозволено е да се доведува во прашање

автентичноста на исправата, па доколку судот се посомнева во неа, може да побара за

тоа да се изјасни органот, односно нотарот од кого би требало да потекнува таа

исправа. Исто така, дозволено е да се докажува дека исправата е неправилно составена,

зошто не се почитувани формалностите предвидени со Законот или дека фактите

содржани во јавната исправа се невистинито утврдени. Меѓутоа ако јавната исправа

содржи одредено располагање, не би било дозволено докажување дека содржината на

правната работа не е онаква како што странките ја определиле. Во тој случај, странките

може да ја побиваат таа правна работа во парнична постапка, но се додека судот не

донесе одлука, нотарската исправа ќе важи и ќе ја има доказната сила за она што е со

неа регулирано12

.

Според Законот, посебно значење, имаат оние нотарски акти на кои покрај

својството на јавни исправи, им е признато и својство на извршни исправи. Ова

доведува до големи заштеди на време, средства, а истовремено и до зголемување на

правната сигурност на граѓаните.

Нотарските исправи можат да бидат и основ за спроведување уписи во

катастарската евиденција, доколку исправата содржи обврска за засновање,

престанување, ограничување, укинување, или пренесување на некое право, ако

странките изрично се согласни со тоа пришто во исправата треба да биде содржана

таквата клаузула.

Вторта група на работи кои според Законот можат да ги врши нотарите е

составување на нотарски акти за изјавите на последна волја. Овде е значајно да се

спомене дека, овие акти нотарот ќе ги составува според одредбите што важат за

составување на судски тестамент.

Третата група на работи кои според Законот спаѓаат во делокругот на

дејностите кои треба ги вршат нотарите е потврдување на исправите. Доколку законот

11

Член 4 став 2 од Законот за нотаријат „Сл. Весник на РМ“ бр.55/07. 12

Тумановски, Драган. Закон за вршење на нотарските работи, Академик, Скопје, 1996 година, стр.9.

Page 32: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

31

за одредени правни работа, не предвидува постоење на јавна нотарска форма,

странките можат исправата за правната работа да ја потврдат кај нотар. Во овој случај,

нотарот ја проверува согласноста на приватната исправа со Закон за нотаријат и

доколку не постојат пречки ќе ја потврди. Потврдувањето на приватната исправа се

состои во заверување на потписите на странките, односно потврдување на нивната

автентичност. Потврдената приватна исправа од страна на нотарот, кога таа е во

согласност со законот има важност на јавна исправа13

.

Четвртата група на надлежности кои согласно Закон за нотаријат ги врши

нотарот се утврдување на факти и изјави. Имено согласно со Законот, нотарите

издаваат потврди кои имаат сила на јавни исправи14

. Во оваа група на работи спаѓаат:

заверките на преписи, заверка на исправи од трговски деловни книги, заверка на

преводи, заверка на потписи. Исто така, во надлежност на нотарите е и издавањето

потврди за факти и тоа: потврда дека некој е жив; кога една исправа е поднесена (

време, од кого е поднесена и кому му е поднесена); потврда за другите факти од

регистарот (потврда за постоењето или седиштето на некое правно лице, за промената

на фирмата, за статусните промени или другите факти, ако тие произлегуваат од јавен

регистар); нотарот може да издаде потврда за дадена опомена, понуда, отказ и за други

изјави, кои едната страна и ги дава на другата, за да постигне некое правно дејство.

Нотарот, спрема другата странка може да изврши понуда за плаќање, преземање,

предавање на некоја исправа или други предмети.

Доколку странките побараат, нотарот е должен да состави записник и во него

целосно да ја наведе изјавата која треба да се соопшти, видот, предметот, времето и

местото на правното дејствие кое треба да се преземе. Исто така нотрот во одредени

случаи, ќе состави записник за одговорот даден од спротивната странка. Нотарот е

овластен да прима и изјави под заклетва од странката. За извршеното соопштение,

издава потврди на странката која побарала службено дејствие15

.

Нотарот согласно со закон е овластен да потврдува заклучоци на собранија и

седници на други органи. Покрај, горенаведените овластувања нотарот на барање од

заинтересираните лица, може да потврдува факти што се случиле во негово присуство,

како што се расправи за понуди, продажби и слично. Тој може да врши и протести на

чекови, меници и друг хартии од вредност.

13

Тумановски, Драган. Закон за вршење на нотарските работи, Академик, Скопје, 1996 година, стр.11. 14

Член 59 став 1 од Законот за нотаријат „Сл. Весник на РМ“ бр.55/07. 15

Тумановски, Драган. Закон за вршење на нотарските работи, Академик, Скопје, 1996 година, стр.11.

Page 33: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

32

Посебен делокруг на нотарите е издавањето на изводи, потврди, преписи и

извадоци.

Исто така, како посебна функција за која се надлежни нотарите, регулирана со

Законот за нотаријат, е депозитната функција. Оваа функција се состои во преземање

на исправи, пари, хартии од вредност заради чување и предавање16

. Депозитот вложен

кај нотар, има исто дејство како и судски депозит. Должност на нотарот е да ги чува

сите нотарски исправи што сам ги составил, како и исправите што ги презел.

Вака определениот делокруг на работа, што спаѓа во надлежност на нотарите не

е целосен, од причина што е како е претходно кажано, според законот, постои можност

тие да ја спроведуваат оставинската постапка, како и можност судот или друг орган да

им ги доверат сите работи што се утврдени со посебен закон.

Покрај одредбите со кои е уреден делокругот на работата, односно нивната

надлежност, во Законот се содржани одредби, со кои се регулира именувањето и

разрешувањето на нотарите, понатаму, одредби за работењето на нотарот, за

овластувањата на нотарите, за нотарските исправи, за постапката со нотарските акти по

упразнувањето на нотарското место, за чувањето на исправи и водење деловни книги,

за нотарските приправници и заменици, за организацијата на нотаријатот и неговите

органи,

III.4Анализа на Нотаријатот

во Република Македонија

Нотаријатот во Република Македонија се востанови во текот на 1996 година со

донесување на Законот за вршење на нотарска дејност како современа јавна служба

во функција на задоволување на потребите и интересите на граѓаните и другите

правни субјекти и позитивно се одрази врз целокупното функционирање на правниот

систем а особено влијајеше на унапредувањето на превентивната правна заштита и

зголемување на правната сигурност на граѓаните .

Со Законот за вршење на нотарските работи , се уреди вршењето на нотарските

работи, и се определуваа условите и постапките за основање на нотаријати и

именување на нотари и се утврдуваше делокругот на работата на нотаријатот. Набргу

16

Член 86 став 2 од Законот за нотаријат „Сл. Весник на РМ“ бр.55/07.

Page 34: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

33

после тоа се пристапи кон измени и дополнување на Законот за вршење на

нотарските работи и беа донесени уште три измени и објавени во Службен Весник

на Република Македонија бр. 25/1988, 6/2002 и 66/2006.

Со цел да се обезбеди натамошно унапредување и развивање на нотаријатот , се

пристапи кон подготвување на нова законска рамка со која се уреди натаријатот.

Но заради низа пропусти и недоречености на постојниот Законсе пристапи ко

донесување на нов Закон за Нотаријатот

Донесувањето на новиот Закон за нотаријатот произлегува од потребата за

натамошно доградување на нормативни решенија во нотаријатот и изнаоѓање на

инструменти со кои ќе се овозможи нотарот и нотарските дејствија да ги презема

законито совесно и чесно со што се овозможува поголема сигурност на граѓанинот во

остварување на своите права во правниот промет.

Уставен основ за донесување на Законот за Нотаријатот е содржан во

членот 68 став 1 алинеја втора од Уставот на Република Македонија , според кој

Собранието на Република Македонија донесува Закон.

Собранието на Република Македонија на 04.05.2007 година го донесе Законот за

Нотаријатот, а стапи во сила на 12 05.2007 година .

Со овој закон се уредуваат организацијата на нотаријатот како јавна служба и

неговите органи, постапката за именување и разрешување на нотарите, делокругот на

работа и службените дејствија на нотарите, овластувањата на нотарите,

составувањето на нотарски исправи, надзорот и дисциплинската одговорност на

нотарите, како и други прашања кои се однесуваат на нотаријатот.

Донесувањето на Законот за нотаријатот беше во насока на натамошно

имлементирае на современите достигнувања во областа на нотаријатот следејќи ги

компаративните искуства и европските стандарди во насока во однос на

модернизирање на граѓанското . законодавство. Новините во предложените законски

решенија ја зголемија одговорноста на нотарот во преземањето на дејствијата во

нотарската служба.

Со новите законски одредби се предвиде поголема правна сигурност и заштита

на граѓаните и правните лица во реализација на своите права пред се во правниот

промет и намалување на судските предмети.

Посебен акцент се става на одредбите кои го регулираат надзорот на нотарите и

нотарската комора .

Page 35: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

34

Примената на законот за Нотаријатот донесен во 2007 година, укажа на одреени

недоречености во неговата примена особено по однос на усогласувањето со други

закони, особено со Законот за Државно Правобранителство.

Уставниот Суд на Република Македонија укина некои одредби од Законот за

нотаријатот како неуставни (членот 132 )

Со измените на законот за нотаријатот Сл. Весник на РМ бр.86/2008 се зајакна

пложбата на нотарите во правниот систем наРепублика Македонија односно беа

предвидени критериуми за определување на наградите и надоместокот на

трошоците на нотарот.

Со поединечен акт на Министерот, се определи и формата и содржината на

печатот , сувиот и водниот жиг , штембилите и фирмата на нотарот. Како и трошоците

на нотарот за извршените службени дејствија се определуваат според реално

направените трошоци за изработка на одделни нотарски исправи,трошоците за

службените дејствија преземени надвор од нотарската канцеларија и трошоците за

превоз.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот Службен Весник

на Република Македонија бр. 139/09, се утврдија законски основи за донесување на

нотарската тарифа согласно критериумите пропишани во законот, а се прецизираа и

законските основи за донесување на подзаконските акти за пропишување на начинот

за поставување на нотарите при составувањето на нотарските акти водењето на ,

уписниците книгите и водењето на евиденцијата на нотарските списи, означувањето

на канцелариите и издавањето, одзмањето и употребата на печатите и сл.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот Службен Весник

на РМ бр. 135/11, се избриша обврската слепите лица да составуваат нотарски акти .

Исото така со овие измени се воведоа две деловни книги, Уписник за примени

предлози за донесување на решенија , и Именикот за извршни предмети кои што се

неопходни во работењето на нотарите. Понатака , се извршија и измени во начинот на

избор на членовите во дициплинските органи при Нотарската комора на Република

Македонија.и висината на дициплинските мерки за сторени дициплински повреди. Како

и утврдување на нотарската тарифа.

Меѓутоа имлементацијата и на овој Закон за нотаријатот покажа одредени

недоречености , кои предизвикуваа различно толкување кај нотарите и оставаа

простор за различно постапување. Воедно законот не ги уредуваше сите работи кои

нотарите треба да ги вршат. Законот за нотаријатот не ги следи во чекор и

современите текови и придобивки од областа на електронската комуникација , кои

Page 36: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

35

што се применливи во работењето на нотарите и воведувањето на полагање на

нотарски испит по електронски пат.

III.5 Нов закон за нотаријат

Причините за донесувањето на нов Закон за нотаријатот произлегуваат од неговата

практична примена. Во законот за нотаријатот се вели дека со унапредувањето на

функционирањето на нотаријатот во Република Македонија ќе се овозможат услови за

успешна примена на законот во пракса, ќе се овозможи воедначена примена на

законските одредби од страна на сите нотари во Република Македонија, ќе се обезбеди

побрз пристап на граѓаните до правдата, ќе се зголеми степенот на правната сигурност

во правниот промет, ќе се остане во чекор со современите текови во поразвиените

латински нотаријати, а истовремено ќе се влијае и врз понатомошно намалување на

бројот на судските предмети и растоварувањето на судството.

„Новина е присуството на адвокати при составувањето на нотарски исправи и

изготвувањето на приватни исправи од адвокати со адвокатски печат и потпис кои

потоа ќе се потврдуваат од нотар, кое учество на адвокати зависи од вредноста на

предметот на службеното дејствие кое се презема, изготвување на предлозите за

донесување на решение за нотарски платен налог како и редовните правни лекови од

страна на адвокати,како и присуството на адвокати во постапката за расправање

на оставина пред нотар. Ова се воведува со цел зголемување на правната сигурност

на странките во постапката пред нотар“,

Член 147

Расправање на оставина: „Овластувањата на нотарите за расправање на оставина се

уредуваат со законот кој ја уредува таа постапка. При расправањето на оставината

задолжително е присуство на адвокат во својство на полномошник за секоја од

странките“

Во законот за составување на нотарскиот акт, се пропишува дека нотарскиот акт се

смета дека е составен откако ќе го потпишат сите учесници, адвокатите како

полномошници, странки и нотарот, приватната исправа од ставот 1 на член 55,

Page 37: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

36

задолжително треба да биде составена од адвокат, а, меѓудругото, предлогот за

донесување на решение за издавање на нотарски платен налог врз основа на

веродостојна исправа задолжително ќе ги составува адвокат и тие треба да содржат

адвокатски печат и потпис.

Член 54, став 2:

„При составувањето на нотарскиот акт, кога вредноста на предметот на службеното

дејствие го надминува износот од 20.000 евра во денарска противвредност по средниот

курс на Народна банка на Република Македонија, задолжително е учество на адвокат

во својство на полномошник за секој од странките, како и употреба на адвокатски

печат и потпис на нотарскиот акт. Доколку една од странките е Република Македонија,

банка, осигурително друштво или лизинг компанија задолжително е присуство на

адвокат во својство на полномошник само за останатите странки. Доколку некоја од

странките не обезбеди адвокат во својство на полномошник, нотарот ќе побара од

Адвокатската комора на Република Македонија да назначи адвокат од листата на

адвокати која ја составува Адвокатската комора на Република Македонија“

Член 55, став2:

„Приватната исправа од ставот 1 на член 55, задолжително треба да биде составена од

адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис доколку се работи за правна работа со

вредност над 10.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на

Народна банка на Република Македонија“

Член 68, став 2,

Предлог за издавање на решение за нотарски платен налог: „Предлогот за донесување

на решение за издавање на нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа,

приговорот против решението со кое е издаден нотарски платен налог или по однос на

одлуката за трошоците, приговорот против решението на нотарот со кое се отфрла

предлогот како неуреден, предлогот за укинување на клаузулата на правосилност и

извршност, приговорот против решението на нотарот за укинување на клаузулата за

правосилност и извршност, приговорот против одлуката на нотарот со која се одбива

предлогот за укинување на потврдата на правосилност и извршност, жалбата против

Page 38: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

37

решението на судот, задолжително ги составува адвокат и содржат адвокатски печат и

потпис“

Во законското образложение, понатаму се опишуваат и конкретните новини во

законот:„Со новиот текст на Законот за нотаријатот ќе се надминат констатираните

слабости на постојниот закон, номотехнички и содржински ќе се преуреди структурата

на законот кој што моментално е во примена преку допрецизирање на законските

одредби, како и преку измена на најголемиот дел од постоечките законски одредби, а

водено ќе се уреди и надлежноста на нотарите во делот на постапувањето по

предлозите за донесување на решенија со кои се дозволува извршување врз основа на

веродостојна исправа (нотарски платен налог) и ќе се воведе значајна новина со

давањето на можноста нотарите да составуваат и издаваат електронска нотарска

исправа и електронски да ги архивираат нотарските списи.

Новиот закон со кој се уредува нотаријатот како јавна служба во Република

Македонија ќе понуди и решение на проблемот на архивирањето и чувањето на

нотарскиот архивски материјал преку неколку алтернативни можности за чување на

истиот, и тоа во специјализирана лиценцирана институција за чување на архивски

материјал, во заедничка архива која ја води Комората или пак во друга соодветна

просторија за чување на архивски материјал.

Исклучително значајна новина, а воедно и голема придобивка кон ефикасноста во

нотарското работење е новото законско решение кое ја предвидува можноста

уписниците како деловни книги нотарите да ги водат во електронска форма, што

досега не беше случај и ваква можност се предвидуваше само за Заедничкиот именик и

Именикот за извршни предмети, што значително ќе го олесни работењето на нотарите

имајќи ги предвид нивните големи надлежности. По однос пак на ставањето на

своерачните потписи на учесниците кои што се појавуваат како странки во постапките

пред нотар, предложениот текст на законот нуди ново решение, пропишувајќи нова

деловна книга – ,,Книга за потписи”, за која се предвидува исклучива писмена форма

во која ќе се потпишуваат учесниците во постапката пред нотар, а не како што досега

беше случај учесниците да се потпишуваат во Општиот деловен уписник во кој се

заведуваат нотарските акти и солемнизации изготвени од нотарите или пак во

Уписникот за заверки и потврди во кои се заведуваат сите потврди, заверки, преводи и

преписи кои ги издаваат нотарите. Во делот на организационата поставеност на

Page 39: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

38

нотаријатот во Република Македонија, посебна придобивка е пропишувањето на

законската можност во рамките на Нотарската комора на РМ да може да се основа

Нотарска академија, која би била одлична подлога и основа за иден избор на што

подобро и поквалитетно обучени нотари. Се врши и промена на составот на

Дисциплинскиот совет при Нотарската комора, кој ќе биде составен од двајца судии,

обвинител и двајца нотари и нивни заменици, со што се зајакнува стручноста и

компетентноста на овој орган за водење на дисциплинските постапки против нотарите.

Новина е воведувањето на нотарскиот платен налог односно се пропишува постапката

која ја спроведува нотарот за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа

на веродостојни исправи, како и правата на странките во постапката пред нотарот за

издавање на решение за нотарски платен налог. Се уредува и доставата која ќе ја вршат

нотарите за доставување на нотарскиот платен налог.

Новина во законската регулатива на нотаријатот во Република Македонија е и

воведувањето на испитот за заменик-нотар, помошник-нотар, нотарски стручен

соработник и стручен испит за проверка на знаењата на нотарите како и новиот начин

на полагање на нотарскиот испит, испитот за заменик-нотар, помошник нотар,

нотарски стручен соработник и стручен испит за проверка на знаењата на нотарите по

електронски пат заради поголема објективност во оценувањето како и на посебна глава

за прекршочни одредби, во кој што се предвидуваат прекршочни казни за сторени

прекршоци од страна на претседателот на Нотарската комора, и други лица кои не ги

почитуваат одредбите од законот“.

Вака донесениот закон предизвика потреба од измена на законот за извршување

Донесувањето на законот за нотаријатот предизвика и донесување на поединечни акти

(подзаконски прописи) кои треба да се донесат во рок од 6 месеци од влегување во

сила на овој закон.

Page 40: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

39

Со оглед на фактот што законот за нотаријатот Сл. Весник на РМ бр. 72/16, требаше

да започне да се применува по четири месеци од денот на неговото влегување во сила,

а заради низа поединечни акти кои што небеа донесени , се изврши пролонгирање на

рокот на неговата примена и со Законот за изменување на Законот за нотаријатот

Службен Весник на Република Македонија бр.142/16, почна да се применува од „1

јануари 2017 година".

III.6 Нотарска комора на РМ

Нотарите на територијата на Република Македонија се организираат во Нотарска

комора на Република Македонија.

Надзор над работата на нотарите врши Нотарската комора.

Основна задача на Комората е да ја штити самостојноста и независноста на нотарите

како јавни службеници, во вршењето на јавните овластувања, да ја брани и одбранува

честа и угледот на нотарот и нотарската професија воопшто.

Своите основни задачи Комората ги уредува и извршува во согласност со Уставот,

Законот за нотаријатот, Статутот и другите акти на Комората.

III.7 Помошник нотар

Помошник - нотар е лице кое има положено испит за помошник-нотар ги исполнува

условите за именување на нотар и е вработено во канцеларијата на нотарот и е запишан

во Именикот на помошници-нотари што го води Комората. Сите работи кои ги врши

помошник - нотарот имаат иста правна сила како непосредно да ги извршил самиот

нотар, за што покрај печатот на нотарот става свој печат со содржина „помошник-

нотар” и свој потпис. Нотарот може во секое време на својот помошник-нотар да му ги

одземе или ограничи дадените овластувања. Правниот однос помеѓу нотарот и

Page 41: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

40

помошник-нотарот се уредува со меѓусебен договор кој се склучува со денот на

именувањето на помошникот- нотар.

III.8 Заменик - нотар

Ако нотарот е отсутен, болен или од други оправдани причини е спречен да ја врши

својата служба, може да се именува заменик-нотар кој се запишува во Именикот на

заменици-нотари што го води комората. Заменик-нотар може да биде лице кое има

положено испит за заменик- нотар и ги исполнува другите условите за именување.

Заменик-нотарот ја води нотарската канцеларија за сметка и на товар на нотарот.

Заменик-нотарот ги врши сите работи кои според закон е овластен да ги врши нотарот.

При составување на актите, записниците и исправите мора да го назначи своето име,

презиме и својство, бројот на решението со кое е определен, како и името и презимето

на нотарот што го заменува, ги води нотарските деловни книги на нотарот, ги

употребува службениот печат, сув жиг, жиг за восок и штембилите на нотарот кај кој

работи, како и свој печат со назнака „заменик-нотар” и свој потпис. Исправите што тој

ги составува и заверува се чуваат во архивата на нотарот. Сите работи кои ги врши

заменик-нотарот имаат иста правна важност како да ги врши нотарот кој го замену

Нотарска комора на Република Македонија стана член на Советот на нотаријатите на

Европската унија (CNUE) со статус на набљудувач Советот на нотаријатите на

Европската унија (CNUE) на Генералното собрание одржано на 16 и 17.6.2017 година,

во Шпанија ја одобри апликацијата и ја прифати Нотарската комора на Република

Македонија за член со статус на набљудувач во CNUE. CNUE е тело основано во 1993,

со седиште во Брисел, а од 1 јануари 2006 добива статус на Совет на нотаријатите на

ЕУ и е официјално тело кое ја претставува нотарската професија во односите со

Европските институции и ги изразува заедничките одлуки на своите членови во

институциите на Европската унија.

III.9 Ангажирање Правен Застапник

Во врска со предлогот да се воведе законска обврска за ангажирање правен застапник

при склучување одредени договори пред нотар,имаше силна критика од страна на

Page 42: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

41

Меѓународната нотарска унија, кој го оквалификува процесот како законодавен

процес кој во основа се заснова на недоразбирање.

„Станува збор за недоразбирање, а нашата улога е да помогнеме на кој било начин

нотаријатот да ја изврши својата должност во полза на граѓаните во Македонија. Во

овој момент, не само во Македонија, туку и во други земји е забележана еден вид

конфузија помеѓу професијата на нотар и адвокат. Доколку двете професии се

помешаат во еден единствен акт би довело до конфузија, бидејќи на тој начин ќе се

ослабне самата служба“,

Од Нотарската комора на Македонија посочуват дека вакво законско решение не е

предвидено во ниту една земја во Европа, кои го имаат латинскиот нотаријат.

Меѓународната нотарска унија е организација во која членуваат 86 земји од светот од

кои 22 земјичленки на Европската унија и има за цел координирање и развивање на

функцијата и работата на нотарите во целиот свет врз принципите на латинскиот

нотаријат, чиј облик е најзастапен.

На 30 септември 2001 година на конгрес во Атина, Нотарската комора на Република

Македонија е примена во членството на Меѓународната нотарска унија под уставно

име и полноправно учествува во работата и состаноците на комисиите заа комисиите за

европски и медитерански прашања.

НОТАРСКА ТАРИФА 1. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со оваа тарифа се определува

наградата за работата и надоместокот на трошоците во вршењето на службените

дејствија од делокругот на работата на нотарот. Член 2 (1) Наградата на нотарот се

определува: а) според вредноста, сложеноста и видот на нотарската исправа и б)

според времето и местото потребно за подготовка и вршење на определени службени

дејствија. (2) За дејствијата за кои не може да се определи награда врз основа на ставот

(1) на овој член, се определува паушален износ, без оглед на вредноста или времето

потребно за преземање на определени службени дејствија. (3) Надоместокот на нотарот

за извршените службени дејствија се определува според реално направените трошоци

за изработка на одделни нотарски исправи, надоместокот за службените дејствија

преземени надвор од нотарската канцеларија, надоместокот за превоз, надоместокот за

Page 43: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

42

достава, како и надоместокот за писмени барања или известувања кои нотарот ги

упатува спрема учесниците во постапката или други државни органи и институции.17

III.10Ефектите на новиот закон за нотаријати новиот закон за

извршување врз работењето на деловните субјекти

Со новиот Закон за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“,

бр.72/2016, 142/2016) и новиот Закон за извршување („Службен весник на Република

Македонија“, бр. 72/2016, 142/2016) се воведоа повеќе измени кои се однесуваат на

работењето на деловните субјекти.

М-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на

Македонија, истакна дека компаниите-членки на Комората во повеќе наврати, во

процесот на донесување на овие закони, но и по започнувањето на нивната примена, ги

истакнаа своите забелешки и сугестии во однос на решенијата кои се воведуваат со

овие закони, како и дека за таа цел Комората организираше повеќе активности,

вклучувајќи и стручни расправи околу овие два значајни прописа, а до Комората беа

доставени и конкретни иницијативи за ревидирање на определени одредби во

наведените закони. М-р Милевска Штрбевска посочи дека генералната оценка на

компаниите е дека решенијата кои се воведени со овие два закона предизвикуваат

значајни импликации врз работењето на деловните субјекти, и тоа:

- промени од организациска природа, во делот на реструктуирање на правните служби

на компаниите, заради обврската за задолжително ангажирање адвокати во

составување на акти или преземање дејствија во рамките на постапките пред нотар или

17

http://www.pravda.gov.mk/documents/Notarska%20tarifa%20Sl.v.br.226.16.pdf

Page 44: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

43

извршител;

- финансиски импликации во смисла на зголемени издатоци во постапките кои се

спроведуваат согласно овие два закона, не само поради трошокот за адвокатска

награда, туку и со оглед на околноста дека издатоците уредени со новите тарифи

(Нотарска тарифа и Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата

на извршителите) се речиси непроменети во однос на претходно важечкото

уредување;

- одолговлекување на постапките за наплата на побарувањата, што директно се

одразува врз ликвидноста на компаниите (како што е случајот со воведената обврска за

вонсудска наплата на долг по основ на веродостојна исправа);

- постојат и други бројни специфичности на постапките кои се уредуваат со овие

закони, што за компаниите дополнително предизвикуваат и импликации од

организациски и технички аспект.

Новите законски решенија доведуваат до зголемување на вкупниот износ на издатоци

кои странките треба да ги направат во овие постапки, поради што бизнис заедницата

предлага вкупниот износ на трошоци во овие постапки (постапки за потврдување на

приватни исправи, за издавање на нотарски платен налог, односно при поведувањето

на постапката за извршување) да биде редефиниран, така што вкупниот финансиски

товар за деловните субјекти во секоја од овие постапки да не биде на повисоко ниво

отколку што изнесуваше тоа финансиско оптоварување за компаниите пред 31.12.2016

година. Во однос на вонсудската наплата на долгови по основ на веродостојна исправа,

беше посочено дека во однос на побарувањата од вршењето на комуналните услуги

треба да се има предвид околноста дека компаниите од овие дејности и досега самите

преземаа интерни дејствија, за да ги повикаат должниците доброволно да ги платат

своите долгови, кои не предизвикуваа дополнителни трошоци, при што постапката за

намирување на побарувањето се иницираше само ако овие активности биле без ефект,

со што се поставува прашањето на целисходноста на вонсудската наплата на долговите

во овие ситуации. Истовремено, беше укажано и на околноста дека некои побарувања

неоправдано се ставени во групата на побарувања од комунални услуги за кои

задолжително треба да биде спроведена оваа постапка за вонсудска наплата на

долгови, како што се на пример, побарувањата кои произлегуваат од вршењето на

дејноста на управување со станбени згради, која по својата суштина не претставува

Page 45: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

44

комунална услуга, во смисла на Законот за комунални дејности, туку комерцијално

базирана услуга која се врши според посебен закон. Исто така, беа посочени и

финансиските импликации кои ги предизвикуваат решенијата воведени со новиот

Закон за извршување, вклучувајќи ја обврската за авансирање на трошоците во

постапката за извршување и можноста оваа обврска за авансирање на трошоците да се

применува и на постапките за извршување кои се поведени според претходно

важечкиот закон, во ситуациите кога ќе биде преземено извршно дејствие во однос на

ново средство за извршување.

III.11 Именување на нотар

За нотар може да биде именувано лице кое:

а) е државјанин на Република Македонија;

б) има деловна способност и ги исполнува општите услови определени со закон за

засновање на работен однос во државен орган;

в) е дипломиран правник;

г) положило нотарски испит;

д) има работно искуство на правни работи најмалку пет години;

ѓ) ужива углед за вршење на нотарските работи и

е) ќе изјави дека ќе обезбеди опрема и простории за нотарска канцеларија сместена во

градежен објект со посебен влез и да не биде помала од 30 м2.18

Нотарот се именува со решение на министерот за правда врз основа на конкурс.

Конкурсот за именување на нотари го распишува министерот за правда, а го

спроведува Комората која за таа цел формира комисија составена од седум члена. Во

конкурсот мора да биде определено подрачјето за кое треба да се именува нотар. Ако

18

http://www.pravdiko.mk/potrebni-uslovi-za-imenuvanje-notar/

Page 46: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

45

истовремено се распишува конкурс за повеќе нотарски места, во конкурсот се

соопштува дека кандидатите можат да се пријават за сите нотарски места. Кандидатите

можат да го определат приоритетот на местата на кои сакаат да бидат именувани.

Конкурсот за именување на нотари се објавува во дневниот печат и во “Службен

весник на Република Македонија”. Рокот за пријавување на заинтересираните

кандидати не смее да биде пократок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот

во “Службен весник на Република Македонија”. Пријавите со прилозите со кои се

докажува дека се исполнети условите за именување на нотар , се поднесуваат писмено

до Нотарската комора.

По истекот на рокот, Комората е должна да ги достави до министерот примените

пријави со свое мислење, најдоцна во рок од 15 дена од денот на завршување на

конкурсот.

По именувањето нотарот е должен да даде свечена изјава пред министерот,

претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и претседателот на

Комората. Нотарската свечена изјава гласи:

“Изјавувам дека нотарската служба ќе ја вршам совесно, чесно и непристрасно, во

согласност со Уставот и законите на Република Македонија, ратификуваните

меѓународни договори и дека ќе ги заштитувам интересите на странките.”

По давањето на свечената изјава министерот, или од него овластеното лице, му

предава на нотарот повелба за поставување, а копија од повелбата се доставува

до Комората. Откако ќе биде доставена копијата од повелбата за поставување,

Комората е должна да го определи датумот кога нотарот ќе започне со работа и да го

објави во “Службен весник на Република Македонија”.

Ако нотарот не започне со работа во рок од три месеца од објавениот датум за

почетокот со работа во “Службен весник на Република Македонија” ќе се смета дека

воопшто не започнал со работа. Нотарот може пред истекот на рокот, да побара од

министерот продолжување на рокот за уште три месеца, поради оправдани причини.

Поставените нотари се запишуваат во Именикот на нотарите што го води Комората.

Page 47: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

46

III.12Нотарот во граѓанската постапка

Денес нотарот е надлежен да врши: заверка на потписи, заверка на преписи, заверка на

преводи, да потврдува определени изјави, да потврдува определени факти, да врши

солемнизација на приватни исправи и да им определува својство на извршност, да

спроведува оставинска постапка, да составува нотарски акти - договори за хипотека и

регистриран и владетелски залог на движни ствари, да става клаузула на извршност врз

основа на согласност на должникот, да врши реализација на заложно право, да

составува спогодби за обезбедување, да донесува решенија со кои се дозволува

извршување врз основа на веродостојна исправа, да составува задолжница, да

составува тестамент во форма на нотарски акт и други бројни активности што според

правните прописи ги презема при вршењето на својата дејност.

Нотарите не смеат да одбијат преземање службени дејствија, освен ако за тоа не

постојат оправдани причини, и тоа во следниве случаи: - ако барањето е спротивно на

прописите; - ако сметаат дека барањето е резултат на намерно преземање привидна

правна работа со цел избегнување на обврските или противправно нанесување штета

на трета страна; - кога поради недостиг на деловна способност или некоја друга

оправдана причина, учесникот не може валидно да склучува правни работи.

Исто така, нотарите не смеат да преземаат службени дејствија и да составуваат

нотарски акти што не се дозволени, односно кои се ништавни затоа што подучувањето

и предупредувањето на странките во вакви случаи немаат никаков ефект и смисла,

како на пример, продажба на недвижнини што не се во промет, составување на

тестамент од лице кое тестаментално не е способно итн. Нотарот тогаш мора да го

одбие преземањето на службеното дејствие.

Исправите, генерално, се поделени на јавни и на приватни исправи.

Page 48: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

47

III.12.1 Приватна исправа

Патна исправа е исправа, писмен договор, тестамент или друга исправа која ја

составиле странките или адвокат или друг правен консултант. Меѓутоа, законска

дефиниција за приватна исправа не постои. Ако тргнеме од логиката дека под приватна

- нејавна испрaва може да се подведе секоја исправа која не може да се подведе под

поимот јавна исправа, ќе кажеме дека тоа се исправи кои потекнуваат од поединци

(приватни исправи). Приватна исправа е секој договор во писмена форма. Но, под

приватна исправа (documenta privata), исто така, се подведуваат и сите исправи кои се

издадени од државен орган, установа или организација, надвор од делокругот на

нивните надлежности. За доказната вредност на приватните исправи не се содржани

посебни одредби, па нив судот ги цени поединечно во вкупноста на другите докази.

Меѓутоа, приватните исправи, исто така, можат да се стекнат со доказна вредност,

односно со својство на јавни исправи доколку исполнат одредени законски услови.

Така, писмениот договор составен од страните како приватна исправа, со

солемнизација од страна на нотарот, ќе се стекне со својство на јавна исправа.19

III.12.2 Јавна исправа

Јавна исправа е исправата која во пропишана форма ја издал државен орган или орган

на државната управа во границите на својата надлежност, како и исправа што во таква

форма ја издала организација или друга институција при вршење јавно овластување

што е доверено со закон или со одлука на орган на општината, заснована врз закон.

Притоа, во истиот став е предвидена и нејзината доказна сила, па се вели дека јавната

исправа ја докажува вистинитоста на она што се потврдува или определува во неа.

Нотарски исправи се јавни исправи кои нотарот ги составил во рамките на своите

надлежности предвидени во согласност со закон, и тоа: 1. Исправи за правни работи и

изјави што ги составува нотарот во форма на нотарски акт (нотарски акти); 2.

Записници за правни работи што ги составил нотарот или биле составени во негово

19

Улогата на нотарот во обезбедување на правната сигурност - Нотарска комора на РМ – Скопје 2013

Страна 19

Page 49: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

48

присуство (нотарски записници); 3. Потврди за факти кои нотарот ги утврдил со

непосредно забележување или со помош на исправи (нотарски потврди); 4. Приватни

исправи потврдени од нотарот (солемнизирани исправи). Нотарските исправи, нивните

преписи и изводи, издадени во согласност со Законот за нотаријатот, се јавни исправи

ако при нивното составување и издавање се исполнети потребните услови предвидени

со Законот за нотаријатот. Нотарскиот акт и солемнизираната приватна исправа имаат

сила на јавна исправа. Нотарската исправа, во случаите утврдени со Законот, е извршна

исправа. Нотарските исправи издадени во странство имаат иста правна важност како да

се издадени во согласност со овој закон, под услов на реципроцитет. Особено важно е

дека сите нотарски исправи немаат ист степен на доказна сила, иако во ст. 2 од чл. 4 се

вели дека нотарските исправи in abstracto имаат својство на јавни исправи. Степенот на

доказната сила на нотарската исправа зависи од нејзиниот вид, за што е пресудна

нејзината форма и постапката за нејзино сос тавување. Во таа насока, сите нотарски

исправи, под законски определени услов и, имаат формална доказна сила на јавна

исправа, што подразбира дека исп рав ата е издадена од нотар, во рамките на неговите

надлежности и дека се исп олнети законски пропишаните битни елементи на формата.

Меѓутоа, немаат сите нотарски исправи материјална доказна сила која подразбира дека

за такв ата исправа се врзува претпоставка за вистинитост на нејзината содржина.

Полна доказна сила (формална и материјална) имаат само нотарските акти и

изедначената солемнизација со нив, т.е. потврдената приватна исправа. За нив се

врзуваат две претпоставки, и тоа претпоставка на автентичност и претпоставка на

вистинитост20

.

III.12.3 Што е тоа заверка на исправа?

Заверки на исправи се заверки на потписи, преписи и преводи. Заверка на потпис -

нотарот потврдува дека странката своерачно ја потпишала исправата, односно го

потврдува потписот на странката, но не и содржината на исправата. Во врска со ова

прашање, многу често странките се доведуваат во забуна поради тоа што тие сметаат

дека доколку исправата е заверена од нотар, за веродостојноста на нејзината содржина

одговара нотарот. Меѓутоа, толкувањето е погрешно. Доколку имате исправа составена

20

Улогата на нотарот во обезбедување на правната сигурност - Нотарска комора на РМ – Скопје 2013

Страна 20

Page 50: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

49

од адвокат, правен консултант или вие лично сте ја составиле, а сакате да ја заверите

кај нотар, тогаш нотарот со својата заверка го потврдува само потписот на странките

кои своерачно се потпишале пред него, но не одговара за содржината (полномошно,

изјава, преддоговори и слично). Но, овде не станува збор за приватна исправа која

содржи правно дело. Заверка на препис – нотарот потврдува дека преписот на

исправата е идентичен со оригиналната (изворната) исправа. На пример, доколку

сакате од некој документ да имате повеќе примероци идентични на оригиналот, тогаш

потребно е оригиналниот документ да го однесете кај нотар и тој ќе ви направи препис

идентичен со оригиналот. Заверка на превод - нотарот го потврдува својството на

судскиот преведувач кој го извршил преводот врз основа на решение издадено од

министерот за правда. Нотарот својата заверка ја става на преводот извршен од

овластениот судски преведувач и ќе ја приложи со исправата која се преведува. На

пример, доколку имате некоја странска исправа, тогаш таа треба да биде преведена од

овластен судски преведувач. Преводот, заедно со исправата која е преведена, се носи

кај нотарот на заверка каде што тој го потврдува својството на судскиот преведувач.

Во сите случаи странката треба со себе да понесе документ за индентификација од

причина што нотарот мора да го утврди идентитетот на странката во согласност со

одредбите на законот.

III.12.4 Нотарски акт

Нотарскиот акт е во форма на јавна исправa и документ кој го изготвува самиот нотар

и за чија содржина одговара нотарот. При составувањето на нотарскиот акт, нотарот

мора да испита дали странките се способни и овластени за преземање на работите, да

им ги објасни целта и последиците и да се увери во нивната вистинска и сериозна

волја. Нотарот изјавите на учесниците целосно, јасно и одредено ќе ги состави писмено

и потоа сам ќе им ги прочита на странките и со непосредни прашања ќе се увери дали

содржината на нотарскиот акт одговара на волјата на странките. Прилозите секогаш се

читаат, освен ако странките не се одречат од тоа право и изјават дека се запознаени со

нивната содржина, а тоа мора да се утврди во нотарскиот акт. Нотарски акт се смета

дека е составен откако ќе го потпишат сите учесници и нотарот.

Формата на нотарски акт е определена за определени правни работи во самиот Закон за

нотаријатoт, како и во други посебни закони. Одредени правни работи се валидни само

Page 51: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

50

ако се составени во форма на нотарски обработен документ. Ова важи за сите правни

работи чијшто предмет е пренос или стекнување сопственост или друго стварно право

врз недвижен имот. Ако едната страна O вети нешто на другата, ако посака нешто да

подари, обврзана е со своето ветување само доколку тоа е дадено во форма на нотарски

обработена изјава. Кој и да вети нешто на некој друг, сака да му подари нешто, обврзан

е со своето ветување само ако е дадено во форма на нотарски обработена изјава. За

некои работи не е неопходен нотар, но тој може слободно, на барање на договорните

страни, да се вклучи. Ова особено се препорачува кај наследното и семејното право.

Нотарски акт е задолжителен за:

а) договори за уредување на имотните односи меѓу брачните другари и меѓу лицата кои

живеат во вонбрачна заедница;

б) договори за подарок без предавање на предметот во владеење на даропримачот;

в) секој акт за основање, организирање, престанок, статусни и промени на правни лица

кои вршат стопанска дејност, институции, фондации и други органи, освен трговските

друштва;

г) сите правни работи кои лично ги преземаат глуви лица кои не знаат да

читаат или

неми лица кои не знаат да пишуваат и

д) договори за располагање со имот на малолетни лица и лица на кои им е одземена или

ограничена деловната способност.21

Содржината на таков нотарски акт или запис може да се побива во парнична постапка

заради утврдување на валидноста на правното дело кое е содржано во нотарскиот акт. Во

причините заради кои може да се побива содржината на правното дело од нотарскиот акт

во кои спаѓаат недостатоци на волјата, прекумерно оштетување, недостатоци во поглед на

полномошното, застапувањето и др. Нотарот е должен да се грижи наведените причини за

побивање на содржината на правното дело да се елиминираат во текот на самата постапка

на составувањето на нотарскиот акт. Обврска на нотарот е да ја испита и да ја утврди

вистинската волја на странките и да состави акт што е во согласност со важечките прописи.

Доказната сила на нотарскиот акт се огледа и во тоа што во случаи предвидени со закон, тој

21

Закон за нотаријат – Член 2 став 1

Page 52: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

51

може да биде извршна исправа, а таа можност да стане извршна исправа се дава и за

солемнизираната приватна исправа на нотарскиот запис со што се потврдува приватната

исправа. Ако со овој закон не е поинаку предвидено, нотарските исправи се чуваат кај

нотарот кој ги составил, а на странките им се издаваат изводи. Изводот има иста важност

како и изворникот и тој се издава на странките, за што на крајот на оригиналот ќе се

забележи дека е издаден извод. Следните изводи ќе се издаваат по барање на странките, а

нотарот и тоа ќе го забележи на крајот на изводот и ќе стави реден број.

III.12.5 Солемнизација

Солемнизација значи потврдување приватна исправа од страна на нотарот, односно давање

правна сила на приватна исправа. Со солемнизација, во случаи предвидени со закон,

нотарот со своја заверка O дава на приватната исправа сила на јавна исправа, т.е. потврдува

дека содржината на исправата одговара на волјата на странките и дека странките своерачно

ја потпишале.

Нотарот ќе ја солемнизира приватната исправа единствено ако таа ги содржи елементите и

формата пропишани со закон. Нотарот нема да ја завери, солемнизира, исправата ако: 1.

содржината на исправата е недозволена според закон; 2. се сомнева дека нејзината

содржина е привидна или дека се презема заради избегнување законски обврски или

противправно оштетување на трето лице; 3. од исправите на лицата гледа дека страна на

правната работа е лице за кое знае или е должен да знае дека поради малолетство или друга

законска причина не може полноважно да заклучува правни дела, освен, по исклучок, кога

во постапката за заверка учествува законскиот застапник на тоа лице и ако постојат сите

други потребни согласности. Приватната исправа која е потврдена, солемнизирана од нотар

во согласност со закон, има сила на јавна исправа.

Постапката за потврдување приватна исправа во нашиот Зaкон за нотаријатот е пропишана

во члeнот 45 и таа може да се подели во две фази. Првата фаза на потврдување на

приватната исправа се состои во должноста и овластувањето на нотарот да ја испита

формата и содржината на приватната исправа. Во таа насока и чл. 45 став 2 конкретно

пропишува дека нотарот треба да испита дали приватната исправа е во согласност со чл. 26,

27, 28 и 44 од ЗН, односно дали е во согласност со позитивните прописи и моралот, дали

содржи коруптивни елементи, дали лицата се способни за преземање на таа правна работа

итн. Нотарот мора да внимава на ова при преземањето на секое негово службено дејствие.

При солемнизирањето на приватната испрaва мора да се испочитуваат, односно преземат

Page 53: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

52

истите дејствија како и кај составувањето на актот од страна на нотарот. Во таа насока, во

ст. 1 и 2 од чл. 44 е потенцирана конзилијарномониторната функција на нотарот, па и при

потврдувањето на исправата, нотарот, откако ќе се увери дека странките се способни и

овластени за преземање на правната работа, е должен да им ги објасни целта и последиците

од преземањето на таа работа, како и да се увери во нивната вистинска и сериозна волја. Со

цел да се постигне вистинската волја на страните (а која е во согласност со законот),

нотарот е должен гласно да ги прочита изјавите на странките и со непосредни прашања

уште еднаш да се увери дека содржината во приватната исправа одговара на нивната

вистинската волја. Доколку нотарот, по испитувањето на приватната исправа, утврди дека

нема никакви пречки за нејзино солемнизирање, тој ќе пристапи кон втората фаза, односно

кон потврдување на приватната исправа. Од начинот на потврдување на приватната

исправа зависи квалитетот на самата исправа. Во таа насока е и чл. 45 ст. 3, во кој се вели

дека ако приватната исправа ги има сите елементи кои се бараат и за нотарскиот акт,

односно ако е во согласност со одредбите за содржината на нотарскиот акт од чл. 55 од ЗН,

тогаш нотарот таквата исправа ќе ја потврди на начин што потврдата ќе го содржи сето она

што е утврдено во чл. 55. Доколку, пак, нотарот утврди дека приватната исправа според

формата и содржината не го содржи она што е предвидено и за нотарскиот акт во чл. 55,

тогаш потврдувањето на таквата исправа ќе се изврши со составување посебен нотарски

акт. Притоа, особено е важно дека приватната исправа мора да биде потпишана од страна

на учесниците и таа се смета за составен дел, заради што се пришива заедно со нотарскиот

акт. Во секој случај, потврдената приватна исправа од страна на нотарот, кога таа е во

согласност со закон, е изедначена со нотарскиот акт, односно се стекнува со својство на

јавна исправа.

III.12.6 Нотарот во оставинската постапка

Со донесувањето на Законот за вонпарнична постапка од јануари 2008 година се создаде

правен основ и законска можност нотарите, како повереници на судовите, да ја водат и

расправаат оставината според правилата на тој закон. Единствена цел на оваа новина беше

растоварување на судовите, односно намалување на бројот на предмети кои не се спорни

(не се судски во смисла на судење – правораздавање), која денес доследно се применува во

пракса. Оставинска постапка се отпочнува со изготвување и доставувањена предлог за

расправање оставина на починатиот. Предлогот се доставува до судот, па потоа судот го

распределува кај нотар кој постапува како судски повереник. Со поднесување на предлогот

за расправање оставинска постапка, предлагачот треба да достави и извод од матичната

Page 54: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

53

книга на умрените на оставителот, извод од матичната книга на родените за наследниците,

имотен лист за оставителот, доказ за платена судска такса во износ од 480,оо денари и

други докази со кои располага, а би придонеле за ефикасно и брзо расправање на

оставинската постапка. Обично постапките се брзи, во зависност од ангажманот на

адвокатот (изготвување на предлогот и неговото доставување) и нотарот (закажување

рочиште за распределба на оставината, во зависност од податоците за наследниците со кои

располага (на пример, име и презиме, адреса, изготвување решение и сл.). Во секој случај,

ако е сè во ред, не би требало да трае повеќе од 30-ина дена. Кога некое лице ќе умре или е

прогласено за умрено, матичарот надлежен да изврши упис на смртта во матичните книги

на умрените е должен, во рок од 30 дена од денот на смртта, да му достави смртовница на

оставинскиот суд. Ако матичарот не може да ги прибави сите податоци за составување на

смртовницата, ќе му достави на судот смртовница само со податоците со кои располага и

ќе ги изнесе причините поради кои не може да ја достави смртовницата, наведувајќи и

податоци кои би можеле да му послужат на судот за пронаоѓање на наследниците и имотот

на умрениот. Ако на оставинскиот суд му е доставена нецелосна смртовница или само

извод од матичната книга на умрените, судот може да состави смртовница или

составувањето на смртовницата да му го довери на надлежниот матичар. Смртовница се

составува секогаш кога некое лице ќе умре или е прогласено за умрено, без оглед дали има

или нема имот. Смртовницата се составува врз основа на податоците добиени од роднините

на умрениот, од лицата со кои умрениот живеел, како и од други лица кои можат да дадат

податоци што се внесуваат во смртовницата. Во смртовницата, по можност, се внесуваат

податоци и за местото каде што се наоѓа имотот што го оставил умрениот, дали има имот за

чие држење, чување и пријавување постојат посебни прописи, дали има готови пари,

хартии од

вредност, скапоцености, штедни книшки или други важни исправи, дали умрениот оставил

долгови и колку, дали оставил писмен тестамент или договор за доживотна издршка или

спогодба за отстапување и распределба на имотот за време на животот и каде тие се

наоѓаат, а ако умрениот направил устен тестамент, тогаш и името и презимето, занимањето

и престојувалиштето на сведоците пред кои е направен тој тестамент. Во смртовницата

посебно се назначува дали се очекува раѓање дете на умрениот, како и тоа дали неговите

деца или брачниот другар имаат старател. Ако пред оставителот умрел неговиот брачен

другар, неговото дете, или друго лице кое би било повикано на наследство, во

смртовницата ќе се назначи местото и датумот на нивната смрт. За расправање оставина на

Page 55: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

54

државјанин на Република Македонија во однос на неговиот имот кој се наоѓа во Република

Македонија, исклучително е надлежен суд на Република Македонија, односно нотар како

повереник на судот. Судот ќе му го довери на нотарот спроведувањето на оставинската

постапка и ќе му го достави оставинскиот предмет со сите списи, во рок од осум дена од

денот кога предметот ќе биде заведен. Суд, односно нотар во Република Македонија

исклучиво е надлежен за расправање оставина на државјанин на Република Македонија во

однос на неговиот движен имот што се наоѓа во странство, а во однос на неговиот

недвижен имот кој се наоѓа во странство ќе биде надлежен само ако според законите на

државата во која се наоѓа имотот не е надлежен странски орган. За расправање оставина

месно е надлежен судот, односно нотарот на чие подрачје оставителот во времето на

смртта имал постојано живеалиште, односно престојувалиште (оставински суд). Ако

оставителот во времето на смртта немал живеалиште или престојувалиште во Република

Македонија, за расправање на оставината месно е надлежен судот, односно нотарот на чие

подрачје оставителот има оставина, а неговите наследници поднеле барање за поведување

оставинска постапка. Ако ниту еден дел од оставината не се наоѓа во Република

Македонија, месно надлежниот суд ќе го определи Врховниот суд на Република

Македонија.

Разбрав дека нотарите постапуваат како повереници на судот во оставинска

постапка. Што значи тоа?

Во согласност со член 135 став 1 од Законот за вонпарнична постапка, судот (во кој е

оформен оставинскиот предмет) постапувањето по оставинските предмети им го доверува

на нотарите според службените подрачја на нотарите утврд ени со Законот за нотаријатот.

Но, кога на подрачјето на судот има повеќе нотари, предметите им се доделуваат

рамномерно според азбучен редослед на презимињата на нотарите кој се води во Именикот

на нотарите што го води Нотарската комора на Република Македонија. Нотарите, како

судски повереници, преземаат дејствија и донесуваат одлуки во оставинската постапка во

согласност со одредбите на Законот за вонпроцесна постапка и Законот за наследување. Во

постапката што се води пред нотарот,

учесникот може да биде застапуван според одредбите кои се применуваат за застапување

во парничната постапка. Веднаш по приемот на оставинскиот предмет од судот, нотарот

треба да изврши увид во списите и да провери: 1. Ако има смртовница, дали е целосна,

односно дали ги содржи сите податоци; 2. Ако во смртовницата ги нема сите податоци или

Page 56: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

55

има само извод од матичната книга на умрените, нотарот може составувањето на

смртовницата да му го довери на надлежниот матичар или сам да ја состави смртовницата

врз основа на податоците добиени од роднините на умрениот и од лица со кои живеел

умрениот и други; 3. Ако од податоците од смртовницата се гледа дека умрениот не

оставил имот, нотарот ќе одлучи да не се води постапка за расправање на оставината.

Нотарот ќе одлучи да не се води постапка за расправање на оставината и кога умрениот

оставил само подвижен имот, а ниту едно од лицата повикани на наследство не бара да се

спроведе расправа. Во постапката за расправање оставина се утврдуваат наследниците на

умренио т, имотот кој ја сочинува неговата оставина и правата од оставина што им

припаѓаат на наследниците, легатарите и други лица. За расправање на оставина нотарот

закажува рочиште. Заинтересираните лица се повикуваат на рочиштето со покана во која

нотарот ги известува за поведување на постапката и за постоење тестамент, ако таков има.

Во поканата нотарот ќе ги предупреди заинтересираните лица дека можат до завршувањето

на постапката да дадат изјава за прифаќање или откажување од наследство и дека ако не

дојдат на рочиштето или не дадат изјава, за нивното право ќе одлучи врз основа на

податоците со кои располага. На рочиштето за расправање на оставината нотарот расправа

за сите прашања кои се однесуваат на оставината, а особено за правото на наследство, за

големината на наследниот дел на секој наследник и за правото на легат. За овие прашања

нотарот одлучува откако, по правило, ќе земе изјава од заинтересираните лица. За правото

на лицата кои не дошле на рочиштето, а се уредно повикани, нотарот ќе расправа врз

основа на податоците со кои располага, земајќи ги предвид нивните писмени изјави што ќе

стигнат до донесувањето на одлуката. Наследничката изјава за прифаќање наследство или

за откажување од наследство, не мора да биде дадена во присуство на другите

заинтересирани лица и не е потребно во сите случаи на тие лица да им се даде можност да

се изјаснат за изјавата на другите заинтересирани лица. Ако на нотарот не му е познато

дали умрениот има наследници, со оглас ќе ги повика лицата кои полагаат право на

наследство да се јават во рок од една година од денот на објавувањето на огласот во

„Службен весник на Република Македонија“ и се става на огласната табла на судот. На ист

начин судот ќе постапи и кога на наследникот му е поставен привремен старател поради

тоа што не е познато негов ото живеалиште, односно престојувалиште, а тој нема свој

полномошник, како и тогаш кога наследникот или неговиот законски застапник се наоѓаат

во странство, а тој нема свој полномошник, така што доставувањето не можело да биде

извршено. По истекот на рокот од една година од објавувањето во „Службен весник на

Република Македонија“, ако заинтересираните лица не се јават и не ја дадат потребната

Page 57: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

56

изјава, нотарот ќе ја расправи оставината врз основа на изјавата на старателот и податоците

со кои располага. Ако на рочиштето настане спор помеѓу учесниците (наследниците) за тоа

кој имот влегува во оставинската маса на оставителот, нотарот ќе го упати учесникот со

помалку веројатно право на парница да докаже кој имот влегува во оставинската маса на

оставителот, така што нотарот ќе донесе решение за прекин на постапката.

По спроведената постапка, нотарот, како повереник на судот, откако ќе утврди на кои лица

им припаѓа правото на наследство, со решение ќе ги прогласи нас ледниците. Притоа, ако

во постапката за расправање на оставината сите наследници спогодбено предложат делба и

начинот на делбата, нотарот таквата спогодба ќе ја внесе во решението за наследување, ако

таквото располагање не е во спротивност со присилните прописи, со одредбите од

меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и во спротивност со

моралот. Решението за наследување нотарот им го доставува на сите наследници и

легатари, како и на лицата кои во текот на постапката истакнале барање за наследство.

Нотарот, кога ќе утврди дека нема наследници или не е познато дали има наследници, а во

пропишаниот рок не се јави никој кој полага право на наследство, ќе донесе решение

оставината да се предаде на Република Македонија. Ако по правосилноста на решението за

наследување дополнително се пронајде имот на оставителот, кој не бил познат кога е

донесено решението за наследување, нотарот новопронајдениот имот на оставителот ќе го

распредели со ново решение врз основа на порано донесеното решение. Ако наследник

порано дал изјава дека се откажал од наследството, нотарот ќе го повика да даде нова

наследничка изјава за новопронајдениот имот, која ќе ја земе предвид при донесувањето на

решението за новопронајдениот имот. По завршувањето на оставинската постапка, односно

по правосилноста на решението, оставинскиот предмет нотарот го враќа на судот кој му го

доверил, а за својата архива задржува фотокопија или скенирани списи на предметот во

електронска форма. Во зависност од вредноста на оставината ќе чини и нотарската награда,

односно нотарските трошоци. Трошоците во оставинската постапка нотарот ги определува

сразмерно на делот кој му припаднал на секој наследник.

Не сум задоволен од решението донесено од нотарот, како треба да постапам?

Против решението на нотарот кој постапува како повереник на судот, дозволен е приговор

во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението на учесниците во

оставинската постапка. Приговорот се доставува до нотарот кој е должен без одлагање,

нонајдоцна во рок од три дена, заедно со списите да го достави до надлежниот основен суд

Page 58: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

57

кој му го доверил постапувањето по оставинскиот предмет. По приговорот одлучува

судија-поединец. Ненавремениот, нецелосниот или недозволениот приговор, судот ќе го

отфрли. Одлучувајќи по приговорот против решението кое го донел нотарот, судот може во

целост или делумно да го потврди или да го укине решението. Кога судот решението

делумно ќе го укине или делумно ќе го потврди, самиот ќе одлучи за укинатиот дел на

решението со негово преиначување. Против решението на судот со кое решението на

нотарот во целост или делумно е укинато, во понапреднаведената смисла, дозволена е

жалба до апелацискиот суд, како второстепен суд. Решението по приговорот им се

доставува на учесниците и на нотарот. Врз решението на нотарот против кое е изјавен

приговор, а судот го отфрлил, клаузулата за правосилност ја става судот што одлучувал по

приговорот. Решението на нотарот против кое не е изјавен приговор е правосилно.

Клаузулата за правосилност на ова решение ја става нотарот. Наследниците можат да се

откажат од правото на приговор на записник, само доколку претходно е објавено

решението и доколку наследниците дале писмена изјава дека се откажуваат од приговорот

(по соопштувањето на решението) и тие се потпишале. Против решението на нотарот со

кое се запира оставинската постапка затоа што умрениот не оставил имот, како и против

решение со кое нотарот го прекинува расправањето на оставината поради спор за факти

меѓу учесниците од кои зависи некое нивно право, може да се поднесе приговор до

оставинскиот суд.

Дали нотарот може да одбие да ја води оставинската постапка?

Нотарот не може, освен во исклучително оправдани причини, да ја одбие доверената

работа, а за оправданоста на причините одлучува судот што му ја доверил работата.

Меѓутоа, и судот може, откако претходно му го доверил предметот на работа на нотарот, да

го одземе од нотарот натамошното спроведување на оставинската постапка и постапката

сам да ја спроведе или да му ја довери на друг нотар. Ова е така особено во случаи на

неможност на постапување на нотарот поради болест или други оправдани причини,

поради очигледно занемарување на службените дејствија, како и други причини според

оцена на судот. Против решението не е дозволена посебна жалба. На причините за

одземање предмет од постапување кај определен нотар може, пред сè, да укаже некој од

учениците во оставинската постапка. Но, до такво сознание може да дојде непосредно и

судот кој врши надзор над работата на нотарот како судски повереник во согласност со

членот 136 од Законот за нотаријатот. Ако нотарот ја одбие доверената работа или ако

судот му ја одземе доверената работа, судот ќе му нареди на нотарот да ги предаде списите.

Page 59: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

58

Доколку нотарот одбие да го изврши налогот на судот или одбие да ги предаде списите од

доверената работа, судот може да го казни нотарот со глоба на начин определен со Законот

за извршување. Против решението за казна нотарот има право на жалба до второстепениот

суд (апелациски), против чија одлука не се допуштени вонредни правни средства.

Каде се дава изјава за прифаќање наследство и во каква форма? Зошто и во кои

случаи таа изјава мора да се завери кај нотар?

Изјавата за прифаќање наследство се дава во суд пред самостоен судски советник, пред

судски советник и стручен соработник или кај нотар и во дипломатско-конзуларното

претставништво на Република Македонија во странство. Наследничката изјава ја

потпишува наследникот лично или неговиот законски застапник. Потписот на

наследничката изјава која не е дадена пред суд, пред нотар или пред дипломатско-

конзуларно претставништво на Република Мак едонија во странство, како и потписот на

полномошното за да се даде нас ледничка изјава, мора да биде заверен од нотар.

Полномошното со кое се овластува адвокат да даде негативна наследничка изјава, не треба

да биде завер ено од нотар. Наследникот во изјавата наведува дали го прифаќа или се

откажува од делот што му припаѓа врз основа на закон или тестамент, или изјавата се

однесува на нужниот дел. При давањето изјава со која се откажува од наследство,

наследникот мора да биде поучен дека може да се откаже од наследство само во свое име

или во името на своите потомци. За изјавата со која од наследство се откажува законскиот

застапник, мора да има согласност од Центарот за социјална работа.

Кога се врши попис и процена на имотот во оставинска постапка? Дали ова

може да му се довери на нотар?

Во случај кога не се знае за наследниците или за нивното престојувалиште, кога

наследниците се лица кои поради малолетство, душевна болест или други околности се

неспособни, или се неспособни целосно самите да се грижат за своите работи, кога

оставината треба да се предаде на Република Македонија, како и во други оправдани

случаи, попис и процена може да направи и нотар по одлука на судот. Пописот и процената

во овие случаи, по одлука на судот, ги врши службеник на судот или нотар.

Пописот и процената, кога тоа го бараат наследниците, легатарите или доверителите на

умрениот, ги врши нотар. Пописот и процената се вршат во присуство на двајца

полнолетни граѓани, а кога е потребно, и со учество на вешти лица. На пописот и

процената може да присуствува секое заинтересирано лице. Ако пописот и процената ги

Page 60: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

59

врши нотар, податоците од извршениот попис и процената нотарот ги доставува на

оставинскиот суд. Подвижните предмети се попишуваат според видот, родот, бројот,

мерата и тежината, или поединечно. Недвижностите се попишуваат поединечно со

назначување на местото каде што се наоѓаат, културата на земјиштето, податоците од

јавните книги во кои се запишуваат правата врз недвижностите и другите катастарски

податоци.

Page 61: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

60

IV Истражување

Надлежностите на нотарот во граѓанската постапка.

Метод на истражувањето: Интервју со нотар

1.Што е нотар а што нотаријат и како тој е организиран во Република

Македонија?

Во јавноста е присутно мислењето дека нотаријатот е една од

најстабилнитеинституции во државата која ефикасно и делотворно ги врши своите

јавниовластувања определени со закон и која за кратко време од нејзиното

настанувањесе афирмира како висока јавна служба.

Морам да повторам дека Нотаријатот како самостојна, независна јавна служба врши

работи од типот на јавни овластувања врз основа на закон, по барање на граѓаните,

државните органи, правните лица и други заинтересирани граѓани.

Нотарот е лице кое врши јавни овластувања утврдени со закон, именувано од

министерот за правда, кое нотарската служба ја врши како исклучиво занимање.

Нотарот ги врши нотарските работи слободно, независно, самостојно, стручно и

непристрасно, врз основа на Уставот, на законите, на ратификуваните меѓународни

договори и други прописи и општи акти засновани врз закон.Нотарите на територијата

на Република Македонија задолжително се здружуваат во Нотарската комора на РМ

која дејствува на целата територија на Република Македонија. Комората има својство

на правно лице и нејзиното седиште се наоѓа во Скопје

Нотарската комора на Република Македонија се грижи за законито работење на

нотарите, совесно и одговорно вршење на нотарската служба, чување на угледот и

честа на нотарите, ги штити нивните права и интереси, одлучува за нивните права,

обврски и одговорности.

Page 62: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

61

2.Кои се најчестите надлежности на нотарот?

Нотарот во Република Македонија има широки надлежности утврдени со закон,

и надлежен е да врши:

-заверка на потписи, заверка на преписи,заверка на преводи, да потврдува определени

изјави, да потврдува определенифакти,

-да врши солемнизација на приватни исправи и да им определува својствона

извршност,

-да спроведува оставинска постапка, да составува нотарски акти -договори за хипотека

и регистриран и владетелски залог на движни ствари,

-да става клаузула на извршност врз основа на согласност на должникот,

-да врширеализација на заложно право, да составува спогодби за обезбедување,

-дадонесува решенија со кои се дозволува извршување врз основа на

веродостојнаисправа, да составува задолжница,

-да составува тестамент во форма на нотарскиакт и други бројни активности што

според правните прописи ги презема привршењето на својата дејност.

Исто така морам да ви предочам и посебно да акцентирам дека Нотарски акт е

задолжителен за:

- договори за уредување на имотните односи меѓу брачните другари и меѓу лицата кои

живеат во вонбрачна заедница;

- договори за подарок без предавање на предметот во владеење на даропримачот;

- секој акт за основање, организирање, престанок, статусни и промени на правни лица

кои вршат стопанска дејност, институции, фондации и други органи, освен трговските

друштва;

- сите правни работи кои лично ги преземаат глуви лица кои не знаат да читаат или

неми лица кои не знаат да пишуваат и чија вредност надминува 5.000 евра во денарска

противвредност;

- договори за располагање со имот на малолетни лица и лица на кои им е одземена или

ограничена деловната способност;

Page 63: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

62

3. Каков надомест за извршената работа зема нотарот?

За својата работа нотарот има право на нотарска награда, како и надоместок на

трошоците за вршење на службените дејствија од неговиот делокруг. Наградата на

нотарите е иста на целата територија на Република Македонија, во согласност со

утврдена Нотарска Тарифа која ја носи министерот за правда по претходно прибавено

мислење од Нотарската комора на РМ и согласност на Владата на Република

Македонија

Наградата на нотарот се определува во зависност од вредноста, сложеноста и видот

нанотарската исправа, како и според времето и местото потребно за подготовка и

вршење определени службени дејствија. Нотарската тарифа се објавува во средството

за јавно информирање „Службен весник на РМ“ преку кое е достапна и јавна за сите

граѓани и правни субјекти во Република Македонија. Тарифата може да се најде и на

веб-страницата на Министерството за правда и на Нотарската комора на Република

Македонија

4.Конкретно на територијата на општина Струга, кои се најчестите акти кои ги

донесува нотарот?

На треиторијата на општината Струга , работат шест нотари во нотарски

канцеларии.

Најчести акти кои ги донесува нотарот се:

- заверка на купопродажни договори за недвижности и договори за движни ствари ,

донесува решенија со кои се дозволува извршување врз основа на

веродостојнаисправа,

- составува тестамент во форма на нотарскиакт, заверка на потписи, заверка на

преписи,заверка на преводи,

- врши солемнизација на приватни исправи и им определува својствона извршност,

- спроведува оставинска постапка, составува нотарски акти -договори за хипотека и

други активности.

5.Освен вие како нотар, кој се работи во вашата нотарска канцеларија?

Во мојата нотарска канцеларија работи Помошник Нотар а во одредени ситуациии

и Заменик-Нотар.

Page 64: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

63

Помошникот-нотар се именува со решение на министерот за правда по прет-ходно

барање и предлог од нотарот.Помошникот-нотар може да ги врши сите нотарски

работи, освен кога заполноважност на нотарската исправа со закон е предвидено

учество на двајцасведоци. Помошникот-нотар има свој печат со назив „помошник-

нотар“.

Во случај кога нотарот е отсутен, болен или од други причини е спречен подолгода ја

врши службата, може да именува и свој Заменик-Нотар, само за тој период.

Заменикот- нотар е лице кое ги исполнува условите за именување нотар и негого

именува претседателот на Нотарската комора или министерот за правда, возависност

од времетраењето на отсуството на нотарот. Заменикот-нотар има својпечат со назив

„заменик-нотар“.Сите работи кои ги врши помошникот или заменикот-нотар имаат

иста правнасила како да ги извршил самиот нотар. За евентуална штета која ќе ја

сторипомошникот-нотар или заменикот-нотар при преземање некое нотарско

дејство,одговара нотарот.

6. Што треба да содржи предлогот за извршување?

Предлогот за донесување решение за дозвола за извршување мора да содржи:

- Барање за донесување решение со кое должникот се задолжува да го платипаричното

побарување кое произлегува од исправата во определен рок;

- Барање за донесување решение со кое се дозволува извршување;

- Податоци за доверителот, должникот, видот и обемот на побарувањето,времето за

исполнување на обврската и нејзината пристигнатост.

Со поднесување на предлогот, доверителот е должен да приложи, како докази,

веродостојна исправа (во оригинал или заверен препис) и доказ за платена судска

такса за предлог и решение. Во согласност со член 16 – ж од Законот за извршување,

во постапката за донесување решение со кое се дозволува извршување, како и

по приговор против решението со кое се дозволува извршување врз основа на

веродостојна исправа, се плаќа судска такса според Законот за судските такси

(член 18 и тарифен бр. 1 точки 1 и 2) намалена за 75 % според Законот за нотаријатот

(член 144 точка 4).

При приемот на предлогот, нотарот внимава дали е платена судска такса за предлог

и решение и доколку не е платена во рок од осум дена од денот на поднесувањето

на предлогот, нотарот ќе постапи во согласност со член 417- а од ЗПП и ќе донесе

решение со кое предлогот се смета за повлечен.

Page 65: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

64

Според член 16 – е од Законот за извршување, за вршење на работите од пос тапката

за донесување решение со кое се дозволува извршување, нотарите има ат право на

награда и надоместок на трошоците во согласност со член 29 од Но тарската тарифа,

во постапка за донесување решение со кое се дозволува извршување врз основа

на веродостојна исправа, доверителот не може да бара од нотарот постапување по

неговиот предлог сe додека во целост не ги подмири нотарската награда и трошоците.

Во член 30 од Нотарската тарифа е предвидена награда на нотарот според

вредноста на предлогот за донесување решение, а според член 32 за сите дејствија

што нотарот ги презема при постапување по доверените извршни предмети му

припаѓа награда во висина од 50 % од наградата утврдена во член 30.

По приемот на предлогот за донесување решение за дозвола за извршување,

нотарот оценува дали тој е допуштен, основан и дали е уреден.

Ако предлогот не е уреден, нотарот ќе му го врати на доверителот да го уреди,

давајќи поконкретни насоки што треба да дополни, односно кои неуредности во

предлогот да ги отстрани, оставајќи му рок од осум дена од денот на приемот

на известувањето и со напомена дека ако доверителот не го достави уредениот

предлог во определениот рок, ќе се смета дека предлогот е повлечен. Доколку

предлогот е поднесен од полномошник, задолжително кон предлогот треба да

биде приложено и полномошно.

Ако доверителот го врати предлогот, но не го уреди во согласност со дадените

насоки, нотарот ќе донесе решение со кое ќе го отфрли предлогот како неуреден,

против што доверителот има право на жалба во рок од осум дена до надлежниот

основен суд на чие подрачје е седиштето на нотарот.

Ако кон предлогот не е приложена, односно недостасува веродостојна исправа,

нотарот ќе побара од доверителот да го уреди предлогот и, доколку доверителот

не го уреди, нотарот ќе постапува во согласност со член 16 – г ст. 3 и 4 од Законот

за извршување.

Ако предлогот, според оцената на нотарот, не е допуштен или не е основан,

нотарот, во согласност со член 16 – г став 2 од Законот за извршување, со писмо

ќе го препрати предметот до надлежниот суд за натамошно постапување и

одлучување како да е поднесена тужба.

За предлогот за извршување врз основа на веродостојна исправа кој е допуштен

и основан, нотарот ќе донесе решение со кое се дозволува извршување врз основа

на веродостојна исправа и ќе го достави до странките (должникот и доверителот).

Page 66: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

65

Решението за извршување врз основа на веродостојна исправа донесено од

страна на нотарот е во форма на посебно решение, со кое нотарот ќе го дозволи

предложеното извршување и ќе ги определи трошоците на постапката, ќе го

задолжи должникот да го плати пристигнатото парично побарување и ќе наведе

правна поука дека должникот може да поднесе приговор против решението, а

странките имаат право на жалба во делот на одлуката за трошоците, преку нотарот

до надлежниот суд.

Нотарските решенија за извршување врз основа на веродостојна исправа се

доставуваат до странките, според одредбите од Законот за парничната постапка

7.Дали и кога нотарот може да одбие изработка на нотарски документи?

Нотарите не смеат да одбијат преземање службени дејствија, освен ако за тоа не

постојат оправдани причини, и тоа во следниве случаи:

- ако барањето е спротивно на прописите;

- ако сметаат дека барањето е резултат на намерно преземање привидна правна работа

со цел избегнување на обврските или противправно нанесување штета на трета страна;

- кога поради недостиг на деловна способност или некоја друга оправдана причина,

учесникот не може валидно да склучува правни работи.

Исто така, нотарите не смеат да преземаат службени дејствија и да составуваат

нотарски акти што не се дозволени, односно кои се ништавни затоа што подучувањето

и предупредувањето на странките во вакви случаи немаат никаков ефект и смисла,

како на пример, продажба на недвижнини што не се во промет, составување на

тестамент од лице кое тестаментално не е способно итн. Нотарот тогаш мора да го

одбие преземањето на службеното дејствие.

8.Кога не сум задоволна од решението донесено од Нотарот , како да постапам

Против решението на нотарот кој постапува како повереник на судот, дозволене

приговор во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението

научесницитево оставинската постапка. Приговорот се доставува до нотарот које

долженбез одлагање, нонајдоцна во рок од три дена, заедно со списите даго достави до

надлежниот основен суд кој му го доверил постапувањето пооставинскиот предмет. По

приговорот одлучува судија-поединец. Ненавремениот,нецелосниот или недозволениот

Page 67: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

66

приговор, судот ќе го отфрли. Одлучувајќипо приговорот против решението кое го

донел нотарот, судот може во целостили делумно да го потврди или да го укине

решението. Кога судот решениетоделумно ќе го укине или делумно ќе го потврди,

самиот ќе одлучи за укинатиотдел на решението со негово преиначување. Против

решението на судот со коерешението на нотарот во целост или делумно е укинато, во

понапреднаведенатасмисла, дозволена е жалба до апелацискиот суд, како второстепен

суд. Решениетопо приговорот им се доставува на учесниците и на нотарот.Врз

решението на нотарот против кое е изјавен приговор, а судот го отфрлил,клаузулата за

правосилност ја става судот што одлучувал по приговорот.Решението на нотарот

против кое не е изјавен приговор е правосилно.Клаузулата за правосилност на ова

решение ја става нотарот.Наследниците можат да се откажат од правото на приговор

на записник, самодоколку претходно е објавено решението и доколку наследниците

дале писменаизјава дека се откажуваат од приговорот (по соопштувањето на

решението) и тиесе потпишале.Против решението на нотарот со кое се запира

оставинската постапка затоашто умрениот не оставил имот, како и против решение со

кое нотарот го прекинуварасправањето на оставината поради спор за факти меѓу

учесниците од кои зависинекое нивно право, може да се поднесе приговор до

оставинскиот суд.

ННННе бсум

9.Како се поведува оставинска постапка и дали нотарот е надлежен да расправа

за оставина?

Со донесувањето на Законот за вонпарнична постапка од јануари 2008 година се

создаде правен основ и законска можност нотарите, како повереници на судовите, да ја

водат и расправаат оставината според правилата на тој закон. Единствена цел на оваа

новина беше растоварување на судовите, односно намалување на бројот на предмети

кои не се спорни (не се судски во смисла на судење – правораздавање), која денес

доследно се применува во пракса. Оставинска постапка се отпочнува со изготвување и

доставувањена предлог за расправање оставина на починатиот. Предлогот се доставува

до судот, па потоа судот го распределува кај нотар кој постапува како судски

повереник. Со поднесување на предлогот за расправање оставинска постапка,

предлагачот треба да достави и извод од матичната книга на умрените на оставителот,

извод од матичната книга на родените за наследниците, имотен лист за оставителот,

Page 68: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

67

доказ за платена судска такса во износ од 480,оо денари и други докази со кои

располага, а би придонеле за ефикасно и брзо расправање на оставинската постапка.

Обично постапките се брзи, во зависност од ангажманот на адвокатот (изготвување на

предлогот и неговото доставување) и нотарот (закажување рочиште за распределба на

оставината, во зависност од податоците за наследниците со кои располага (на пример,

име и презиме, адреса, изготвување решение и сл.). Во секој случај, ако е сè во ред, не

би требало да трае повеќе од 30-ина дена. Кога некое лице ќе умре или е прогласено за

умрено, матичарот надлежен да изврши упис на смртта во матичните книги на

умрените е должен, во рок од 30 дена од денот на смртта, да му достави смртовница на

оставинскиот суд. Ако матичарот не може да ги прибави сите податоци за составување

на смртовницата, ќе му достави на судот смртовница само со податоците со кои

располага и ќе ги изнесе причините поради кои не може да ја достави смртовницата,

наведувајќи и податоци кои би можеле да му послужат на судот за пронаоѓање на

наследниците и имотот на умрениот. Ако на оставинскиот суд му е доставена

нецелосна смртовница или само извод од матичната книга на умрените, судот може да

состави смртовница или составувањето на смртовницата да му го довери на

надлежниот матичар. Смртовница се составува секогаш кога некое лице ќе умре или е

прогласено за умрено, без оглед дали има или нема имот. Смртовницата се составува

врз основа на податоците добиени од роднините на умрениот, од лицата со кои

умрениот живеел, како и од други лица кои можат да дадат податоци што се внесуваат

во смртовницата. Во смртовницата, по можност, се внесуваат податоци и за местото

каде што се наоѓа имотот што го оставил умрениот, дали има имот за чие држење,

чување и пријавување постојат посебни прописи, дали има готови пари, хартии од

вредност, скапоцености, штедни книшки или други важни исправи, дали умрениот

оставил долгови и колку, дали оставил писмен тестамент или договор за доживотна

издршка или спогодба за отстапување и распределба на имотот за време на животот и

каде тие се наоѓаат, а ако умрениот направил устен тестамент, тогаш и името и

презимето, занимањето и престојувалиштето на сведоците пред кои е направен тој

тестамент. Во смртовницата посебно се назначува дали се очекува раѓање дете на

умрениот, како и тоа дали неговите деца или брачниот другар имаат старател. Ако пред

оставителот умрел неговиот брачен другар, неговото дете, или друго лице кое би било

повикано на наследство, во смртовницата ќе се назначи местото и датумот на нивната

смрт. За расправање оставина на државјанин на Република Македонија во однос на

неговиот имот кој се наоѓа во Република Македонија, исклучително е надлежен суд на

Page 69: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

68

Република Македонија, односно нотар како повереник на судот. Судот ќе му го довери

на нотарот спроведувањето на оставинската постапка и ќе му го достави оставинскиот

предмет со сите списи, во рок од осум дена од денот кога предметот ќе биде заведен.

Суд, односно нотар во Република Македонија исклучиво е надлежен за расправање

оставина на државјанин на Република Македонија во однос на неговиот движен имот

што се наоѓа во странство, а во однос на неговиот недвижен имот кој се наоѓа во

странство ќе биде надлежен само ако според законите на државата во која се наоѓа

имотот не е надлежен странски орган. За расправање оставина месно е надлежен судот,

односно нотарот на чие подрачје оставителот во времето на смртта имал постојано

живеалиште, односно престојувалиште (оставински суд). Ако оставителот во времето

на смртта немал живеалиште или престојувалиште во Република Македонија, за

расправање на оставината месно е надлежен судот, односно нотарот на чие подрачје

оставителот има оставина, а неговите наследници поднеле барање за поведување

оставинска постапка. Ако ниту еден дел од оставината не се наоѓа во Република

Македонија, месно надлежниот суд ќе го определи Врховниот суд на Република

Македонија

10.Дали нотарот може да одбие да ја води оставинската постапка?

Нотарот не може, освен во исклучително оправдани причини, да ја одбие

доверената работа, а за оправданоста на причините одлучува судот што му ја доверил

работата. Меѓутоа, и судот може, откако претходно му го доверил предметот на работа

на нотарот, да го одземе од нотарот натамошното спроведување на оставинската

постапка и постапката сам да ја спроведе или да му ја довери на друг нотар. Ова е така

особено во случаи на неможност на постапување на нотарот поради болест или други

оправдани причини, поради очигледно занемарување на службените дејствија, како и

други причини според оцена на судот. Против решението не е дозволена посебна

жалба. На причините за одземање предмет од постапување кај определен нотар може,

пред сè, да укаже некој од учениците во оставинската постапка. Но, до такво сознание

може да дојде непосредно и судот кој врши надзор над работата на нотарот како

судски повереник во согласност со членот 136 од Законот за нотаријатот. Ако нотарот

ја одбие доверената работа или ако судот му ја одземе доверената работа, судот ќе му

нареди на нотарот да ги предаде списите. Доколку нотарот одбие да го изврши налогот

на судот или одбие да ги предаде списите од доверената работа, судот може да го казни

Page 70: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

69

нотарот со глоба на начин определен со Законот за извршување. Против решението за

казна нотарот има право на жалба до второстепениот суд (апелациски), против чија

одлука не се допуштени вонредни правни средства.

11. Кога се врши попис и процена на имотот во оставинска постапка и дали ова

може да ме се довери на нотар? се

Во случај кога не се знае за наследниците или за нивното престојувалиште,кога

наследниците се лица кои поради малолетство, душевна болест или дру-ги околности

се неспособни, или се неспособни целосно самите да се грижат засвоите работи, кога

оставината треба да се предаде на Република Македонија,како и во други оправдани

случаи, попис и процена може да направи и нотарпо одлука на судот. Пописот и

процената во овие случаи, по одлука на судот,ги врши службеник на судот или нотар.

Пописот и процената, кога тоа го бараат наследниците, легатарите или

доверителите на умрениот, ги врши нотар.

Пописот и процената се вршат во присуство на двајца полнолетни граѓани, акога е

потребно, и со учество на вешти лица.

На пописот и процената може да присуствува секое заинтересирано лице. Акопописот

и процената ги врши нотар, податоците од извршениот попис и проценатанотарот ги

доставува на оставинскиот суд.

Подвижните предмети се попишуваат според видот, родот, бројот, мерата итежината,

или поединечно.

Недвижностите се попишуваат поединечно со назначување на местото кадешто се

наоѓаат, културата на земјиштето, податоците од јавните книги во кои сезапишуваат

правата врз недвижностите и другите катастарски податоци.

Page 71: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

70

V Заклучок

Спроведеното истражување на еден нов институт кој има широк спектар на

дејствување како на правниот систем на државата така и на самите граѓани, се

докажало како еден голем значаен институт на нотарите за една правна држава како и

за јакнењето на правната држава. Низ еден историски приказ на професијата на

нотарите и на нотаријатот се настојувало да се прикаже еден тек на развојот на

нотарите од прастарата цивилизација до современиот нотаријат, како што денеска

функционира во нашата земја и во нашето блиско опкружување. Многу важно е да се

нагласи дека разгледувањето на развојот на нотаријатот, работата на нотарите во

старата цивилизација неможат да се поистоветат со современиот нотаријат, не само по

тежината туку и по значењето на нотарските исправи. Меѓутоа како и секоја професија,

така и нотаријатот има свои историски корени, кои допринесле за настанувањето за

денешниот нотаријат.

Низ историјата на нотаријатот се претставени незаобиколни правни институти во

сите европски држави. Кога ја гледаме организацијата на нотарската служба во другите

држави, може слободно да се утврди дека се меѓусебно различни и дека се темелат на

различни основи и традиции, меѓутоа за поголемиот број на европски држави

карактеристичен е принципот на латинскиот нотаријат, кој не е за сите земји

единствен, туку и тој има одредени модалитети.

Анализирајќи ја улогата и значењето на нотаријатот, во правниот систем на нашата

држава, може да се констатира дека нотаријатот допринесе видно растоварување во

правосудниот систем и во органите на државната управа. Исто така имплементацијата

иако е нова во нашиот правен систем, сепак впечатливо допринесе за побрз,

поедноставен и сигурен начин на решавање на правните прашања во областите кој со

закон се пропишани како дејност на нотарот.

Нотарите како стручни лица и лица со јавни овластувања треба да ги заштитуваат

позитивните законски прописи и со својата работа, да го штитат било кој обид за

злоупотреба на нотарските дејности.

Улогата на нотарот во остварувањето на превентивната заштита го сочинуваат

сузбивањето на негативните појави во областа на правните услуги. Пред почетокот на

работата на нотарите во прометната област на недвижностите и основање на

Page 72: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

71

стопанските друштва постоеше правна несигурност, неуредени јавни регистри,

неспроведени договори во катастарските книги, многу криминални афери во областа

на правниот промет на недвижностите и фантомските фирми во областа на

стопанските организации, измами, неплаќања на јавни приходи, перење на пари и

слично. Со воведувањето на нотарската служба и квалитетната соработка со

надлежните судови и државните органи, таквите негативни појави во голем број се

елиминирани.

Нотарската служба и нотарската комора е отворена за соработка, тие имаат

стручни и други ресурси активно да се вклучат во процесот на правосудните реформи,

и во целокупниот правен систем во Р.Македонија, што е услов за приближување на

Р.Македонија кон членството на Европската Унија.

Конечно, низ анализата која е направена, очигледно е дека нотаријатот во

Р.Македонија , како јавна институција е една од најуредените служби со јавни

овластувања, благодарение на нивната стручна работа која низ минатата работа има се

поголема доверба меѓу граѓаните и лицата кои користеле услуги на нотарите, која уште

повеќе го зајакнува нотаријатот.

Целта на магистерскиот труд беше да се истражи, институтот нотаријат, да се

докаже улогата и значењето на нотарот во правниот систем на Р.Македонија и на

читателите на овој труд да им се приближи, и објасни, смислата и големината на

работата на нотарите и нотарската служба, како и низ практичен пример да се

презентира работата на нотарот и актите кои тој го донесува.

Page 73: Надлежностите на нотарот во делот на ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/StefanGulico... · 2019-11-11 · колку историски најстариот

72

Користена литература

- Авторизирани предавања, нотарско право – Проф. Д-р Арсе Петрески

- Тумановски, Драган. Закон за вршење на нотарските работи, Академик,

Скопје, 1996 година

- Закон за Нотаријат

- Улогата на нотарот во обезбедување на правната сигурност - Нотарска

комора на РМ – Скопје 2013

- http://www.pravdiko.mk/se-podgotvuvaat-izmeni-vo-zakonot-za-notarijat/

- http://www.pravdiko.mk/predlozhen-nov-zakon-za-notarijatot-novi-nadlezhnosti-

na-advokatite/

- http://www.pravdiko.mk/razgleduvane-na-krivichna-odgovornost-na-notarite-vo-

r-makedonija/

- http://www.pravdiko.mk/profesionalna-etika-na-notarite-vo-r-makedonija/

- https://www.docsity.com/sr/istoriski-razvo-na-notari-atot/630878/

- http://www.jpacademy.gov.mk/upload/materijali%202015/%D0%A8%D1%82%

D0%B5%D1%82%D0%B0-

%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8.pdf

- http://www.pravdiko.mk/potrebni-uslovi-za-imenuvanje-notar/

- http://www.pravda.gov.mk/documents/Notarska%20tarifa%20Sl.v.br.226.16.pdf

-