46
План за час по англиски јазик Одделение седмо одделение Наставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики! Наставна единица 1. Презентирање на текстот “Прашањето на Рики! Датум 14.11.2011 Цели на часот Ученикот да може: да го разбере прочитаниот текст и да одговара на кратки прашања во врска со истиот да искаже сопствени ставови и мислења во врска со текстот да го чита дијалогот со клучните зборови по улоги Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците. Тој поставува прашања за да провери колку учениците се сеќаваат на претходната епизода од приказната (Who's the DJ? Who's doing the publicity? Where and when is Jeff's first job? Who's Ricky? Where's he from? What does Karen think about Ricky? и сл.) Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата од текстот и бара од учениците да му објаснат што гледаат на сликата и дали можат да претпостават што се случува во оваа епизода. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат текстот и да го прочитаат, а вториот пат и да го повторат слушнатото. Наставникот поставува прашања за да утврди колку учениците го разбрале текстот (Where are Tina and Ricky? What are they doing? What's Ricky's question? Who do they meet? Who do they ask for directions?). Учениците одговараат на прашањата. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

дневни подготовки-VII odd.- тема бр.2

Embed Size (px)

Citation preview

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 1. Презентирање на текстот “Прашањето на Рики! “Датум 14.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го разбере прочитаниот текст и да одговара на кратки прашања во врска со истиот

да искаже сопствени ставови и мислења во врска со текстот да го чита дијалогот со клучните зборови по улоги

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Тој поставува прашања за да провери колку учениците се сеќаваат на претходната епизода од приказната (Who's the DJ? Who's doing the publicity? Where and when is Jeff's first job? Who's Ricky? Where's he from? What does Karen think about Ricky? и сл.)

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата од текстот и бара од учениците да му објаснат што гледаат на сликата и дали можат да претпостават што се случува во оваа епизода. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат текстот и да го прочитаат, а вториот пат и да го повторат слушнатото. Наставникот поставува прашања за да утврди колку учениците го разбрале текстот (Where are Tina and Ricky? What are they doing? What's Ricky's question? Who do they meet? Who do they ask for directions?). Учениците одговараат на прашањата. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Учениците го читаат дијалогот поделени по улоги и се обидуваат да го драматизираат истиот најдобро што можат.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст- читање и слушање со разбирање, комуникативен метод, метод на драматизација, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците го преведуваат дијалогот.

Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот (читање,

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

преведување), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците го читаат текстот и одговараат на прашањата поврзани со истиот.

Рефлексија на часот Учениците глобално го разбраа слушнатиот текст и можеа да го препознаат значењето на новите зборови од контекстот на речениците во кои беа употребени. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час и не беа забележани некои посебни потешкотии, освен кај двајца ученици кои имаа потреба од помош при читањето на дијалогот. Најинтересна активност на учениците им беше читањето по улоги, а кога би го повторила истиот час би можела да применам интерактивен квиз.

План за час по англиски јазикНаставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 2. Читање со разбирање и превод на текстот “Прашањето на Рики! “Датум 16.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

чита текстот и да одговара на кратки прашања во врска со истиот

да искаже сопствени ставови и мислења во врска со текстот да го преведува дијалогот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.1/стр.21 во учебникот и од учениците бара без да гледаат во текстот да ги подредат дадените настани по нивниот точен редослед. Учениците ги проверуваат нивните одговори со партнерот, а неколку ученици ги кажуваат одговорите за останатите од одделението.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ја погледнат вежба бр.2 и да ги преведат дадените изрази на македонски јазик. Тој бара од учениците да се потсетат кој ги кажува овие фрази во текстот, но без да гледаат во истиот. Учениците ја пишуваат вежба бр.2 во нивните тетратки.Наставникот бара од учениците да го читаат текстот поделен по улоги, а потоа и да го преведат истиот.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува неколку зборови на таблата и од учениците бара да состават реченица употребувајќи ги овие зборови. Истата постапка наставникот ја повторува неколку пати.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст- читање и преведување, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците одговараат на прашања поврзани со текстот.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, преведување, составување реченици од познати зборови), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците го читаат и преведуваат текстот и одговараат на прашањата поврзани со истиот.

Рефлексија на часот Учениците го читаа и го преведуваа текстот кој е веќе познат од Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

претходниот час. На мал дел од нив им беше потребна помош при читањето и преведувањето на истиот, а послабите ученици имаа потешкотии и при одговарање на прашања поврзани со текстот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности. Кога би го одржала истиот час повторно би применила драматизација на текстот од страна на учениците.

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Наставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 3. Комуникативен модел: градби и давање насокиДатум 18.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги препознава и разбира комуникативните модели за прашување за објекти (buildings) и давање упатства

да ги употребува соодветно комуникативните модели за прашување за објекти (buildings) и давање упатства

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Потоа, наставникот го пушта аудиозаписот за учениците даго слушнат дијалогот бр. 3 (стр. 21) на касета и да го повторат.

Главен дел (20 мин) Наставникот дава упатства за составувањето на дијалози според дадениот комуникативен модел. Учениците разговараат по дадениот модел прашувајќи за другите објекти на картата. Додека разговараат, наставникот шета низ училницата, следејќи го напредокот и помагајќи каде што е потребно. Учениците го слушаат дијалогот бр. 4 на касета и повторуваат. Наставникот им поставува прашања за разбирање (За што служи прашањето во дијалогот? –за давање упатства. Доколку има непознати зборови се објаснуваат). Учениците разговараат по дадениот модел, со користење на дадените фрази, прашувајќи го својот партнер како да стигнат до одреден објект на картата и соодветно одговарајќи.

Завршен дел (10мин) Во парови , учениците презентираат свои дијалози со давање упатства пред одделението. Тие користат познати објекти од нивната околина.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст- слушање со разбирање, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците користат мапа на град и даваат инструкции како да се стигне до одредена локација.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (слушање со разбирање, составување кратки дијалози, давање насоки), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги разбираат комуникативните модели за прашување за објекти (buildings) и давање упатства и соодветно ги применуваат.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија предвидените

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

комуникативни модели и ги увежбаа истите преку активности во парови. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, а најинтересна активност им беше следењето на дадени упатства како да се стигне до одредена локација на дадена мапа. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам наставно ливче поврзано токму со овие содржини.

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Наставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 4. Изговор на гласовите /s/ и /z/ во зборовитеДатум 21.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои и увежба изговорот на гласовите /s/ и /z/ да ги препознава гласовите /s/ и /z/ во слушнати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот со покажување кон мапа на град бара од учениците да му дадат насоки како да стигне до одредена локација. Учениците со кревање рака даваат насоки и упатства.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги запишува симболите /s/ и /z/ на таблата и им објаснува на учениците дека ке слушнат зборови во кои на крајот се слуша еден од овие гласови кои се означуваат со графемите /s/ и /z/.Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат гласовите /s/ и /z/ и да ги препознаат во слушнатите зборови. Наставникот го пушта аудиозаписот уште еднаш за учениците да ги слушнат зборовите и да ги повторат. Наставникот црта на таблата табела со две колони и во неа ги запишува зборовите кои ги слушнаа учениците. Потоа, го пушта вториот дел од аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги препознаат гласовите /s/ и /z/. Тие ги повторуваат слушнатите зборови и ги запишуваат во соодветната колона. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот ја пушта брзозборката за учениците да ја слушнат и да се обидат се побрзо и побрзо да ја изговорат реченицата.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да се потсетат на зборови во кои се среќаваат овие гласови и истите да ги запишат во соодветната колона во табелата. Потоа, бара од учениците да отворат online речник и да пронајдат уште неколку зборови со овие гласови.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, изговор)

Додатна активност Наставникот запишува зборови на таблата кои имаат измешан редослед на буквите и кои се веќе познати. Потоа, бара од учениците за време од 2 минути да се обидат да ги препознаат зборовите и правилно да ги напишат.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на

Постојано следење на активноста на ученикот (изговор на гласовите /s/ и /z/, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

работата на ученицитеОчекуван исход Учениците ги изговараат и ги препознаваат гласовите /s/ и /z/ во

дадени зборови.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија гласовите /s/ и /z/ и го увежбаа нивниот изговор во кратки зборови. Тие се потрудија да се сетат на зборови кои ги содржат овие гласови и да пронајдат слични зборови во речник кое беше доста успешно. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше брзозборката и барањето на зборови во online речник. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам игра за збогатување на вокабуларот на учениците.

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделение

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Наставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 5. Past Continuous Tense- потврдна и одречна формаДатум 25.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на глаголот “сум” во Past Simple Tense

да ги усвои и увежба формите (потврдна и одречна) на глаголот во Past Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот ги потсетува учениците на формата на глаголот “сум” во Past Simple Tense и на употребата на –ing наставката која се употребува за искажување на трајно дејство.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги поучува потврдната и одречната форма на глаголот во Past Continuous Tense и истите ги запишува на таблата. Наставникот ја појаснува употребата на ова граматичко време преку практични примери. Вежба бр.2/стр.22. Учениците ги дополнуваат речениците со точната форма на глаголот во Past Continuous Tense. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да запишат неколку реченици во кои ќе употребат Past Continuous Tense- потврдна или одречна форма, а кои ќе бидат вистинити искази. Учениците ги пишуваат речениците и ги читаат нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците решаваат интерактивни вежби од Интернет (http://www.englishgrammarsecrets.com/past simpleorcontinuous/exercise2.swf , http://www.englishgrammarsecrets.com/ pastsimpleorcontinuous/exercise3.swf )

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (употреба на Past Continuous Tense- потврдна и одречна форма, вежби ), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија формите на глаголот во Past Continuous Tense- потврдна и одречна форма и нивната употреба.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија формите на глаголот во Past Continuous Tense- потврдна и одречна форма и нивната употреба во едноставни реченици. Дел од учениците делуваа несигурно при употребата на овие форми во едноставни реченици и мислам дека ќе имаат потреба од дополнително увежбување на истите. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше пишувањето на вистинити искази. Кога би го повторила истиот час би применила интерактивни вежби од Интернет за учениците подобро да ја увежбаат употребата и формите на глаголот во Past Continuous Tense (потврдна и одречна форма).

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 6. Past Continuous Tense- прашална формаДатум 28.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ја усвои и увежба прашалната форма на глаголот во Past Continuous Tense

да се потсети на потврдната и одречната форма на глаголите во Past Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот запишува реченици со неколку глаголи дадени во нивната основна форма и од учениците бара да ги запишат истите во Past Continuous Tense.

Главен дел (20 мин) Наставникот ја поучува прашалната форма на глаголот во Past Continuous Tense и кратките одговори на gа/не прашањата во ова граматичко време. Наставникот ги чита дадените примери во вежба бр.3/стр.22. Во парови, учениците ги увежбуваат овие кратки дијалози и го дополнуваат правилото .Вежба бр.4/стр.22. Учениците го читаат дадениот пример и составуваат прашални реченици во Past Continuous Tense. Тие ги запишуваат прашањата и одговорите во нивните тетратки. Неколку ученици со нивните партнери ги презентираат нивните одговори во вид на кратки дијалози.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.5. Учениците пришуваат прашања и вистинити одговори на истите кои се однесуваат на нив самите, нивните пријатели или на членовите од нивните семејства. Тие ги читаат нивните прашања и одговори за останатите од одделението.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците решаваат интерактивни вежби од Интернет (http://www.englishgrammarsecrets.com/ pastsimpleorcontinuous/exercise4.swf , http://www.englishgrammarsecrets.com/pastcontinuous/exercise3.swf)

Методи, форми и инструменти за оценување и

Постојано следење на активноста на ученикот (употреба на Past Continuous Tense- прашална, вежби ), усни одговори на прашања од

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

вреднување на работата на учениците

наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ја усвоија прашалната форма во Past Continuous Tense и правилно ја применуваат истата.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците го усвоија начинот на образување прашања во Past Continuous Tense и соодветните кратки одговори на овие прашања. Тие ги решаваа предвидените вежби за овој час и не беа забележани некои потешкотии во текот на часот освен кај двајца ученици кои имаа потреба од помош при решавањето на вежбите. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час и сите активности им беа подеднакво интересни. Кога би го одржала овој час повторно, би применила некој квиз или игра за да го поттикнам натпреварувачкиот дух кај учениците.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 7. Вежби- Past Continuous TenseДатум 30.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ја увежба прашалната форма на глаголот во Past Continuous Tense

да ги увежба потврдната и одречната форма на глаголите во Past Continuous Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот запишува неколку глаголи во нивната основна форма на таблата и од учениците бара да ги запишат истите во Past Simple Tense и во Past Continuous Tense. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Главен дел (20 мин) Наставникот запишува неколку реченици на таблата во кои глаголот е даден во основната форма, а учениците траба да го запишат во Past Continuous Tense. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот запишува неколку зборови и од учениците бара да ги подредат зборовите за да добијат точни реченици напишани со глагол во Past Continuous Tense. Учениците ги запишуваат нивните одговори во тетратка, а неколку ученици ги запишуваат речениците и на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот запишува на таблата потврдни реченици во Past Continuous Tense и од учениците бара да ги трансформираат истите во одречни и во прашални реченици. Ученици доброволци ги читаат нивните одговори за останатите од одделението. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот ги дели учениците во групи и на таблата запишува неколку букви. Учениците треба да состават колку што можат повеќе зборови од дадените букви. Групата која ќе запише најмногу зборови е победник во оваа игра.

Методи, форми и инструменти за оценување и

Постојано следење на активноста на ученикот (употреба на Past Continuous Tense во кратки реченици, вежби ), усни одговори на

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

вреднување на работата на учениците

прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги увежбаа формите на глаголот во Past Continuous Tense и правилно ги применуваат истите во кратки реченици.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија и ги увежбаа формите на глаголот во Past Continuous Tense. Тие пишуваа едноставни реченици употребувајќи го ова граматичко време. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и не беа забележани некои посебни потешкотии во текот на часот. Најинтересна активност на учениците им беше играта, а кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам наставно ливче со формите на глаголот во Past Continuous Tense.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 8. Употреба на предлози за местоДатум 02.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои и увежба предлозите за место да искаже местоположба на предмети, животни или лица со

употреба на предлози за место во едноставни исказиФази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Учениците ги разгледуваат сликите од вежбата бр.6/стр.23 во учебникот и се обидуваат да го откријат значењето на предлозите за место дадени во оваа вежба преку поврзување на слика со реченица.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.6. Учениците ги читаат нивните одговори, а доколку има потреба наставникот им помага. Вежбата се чита,а новите зборови кои се непознати за учениците се запишуваат на таблата. Наставникот ги запишува и предлозите за место заедно со нивното значење, а учениците ги копираат истите во нивните тетратки. Наставникот ги охрабрува учениците да дадат свои примери кои се однесуваат на предмети и лица во училницата. Учениците ги запишуваат речениците во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Во парови, учениците прашуваат и искажуваат местоположба на предмети и лица во училницата. Тие составуваат кратки дијалози и потоа ги презентираат пред нивните соученици. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Вежби бр.8 и 9 од учебникот. Учениците го читаат дадениот текст и одговараат на дадените прашања поврзани со текстот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (употреба на предлози за место во кратки реченици, вежби ), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ја усвоија и увежбаа употребата на предлози за место.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Тие составуваат едноставни искази искажувајќи местоположба на предмети, лица, животни и сл.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на предлозите за место кои ги имаа среќавано порано, а усвоија и нови предлози за место и ја увежбаа нивната употреба во едноставни реченици. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а најинтересна активност им беше искажувањето местоположба на предмети и лица во училницата. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам интерактивни вежби (http://home.nordnet.fr/~rmaufroid/pupitre/prepositions/prepositions.htm http://www.englishexercises.org/makeagame/viewgame.asp?id=17 )

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 9. Усвојување на нов вокабулар- градови и објектиДатум 05.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои и увежба зборовите со кои се именуваат објекти во градот

да искаже местоположба на објекти дадени на мапа со употреба на предлози за место

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот ги прашува учениците дали знаат некои објекти кои се среќаваат во градот и кои се тие. Учениците именуваат познати објекти, а наставникот ги запишува на таблата.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1/стр24. Учениците го слушаат аудиозаписот и ги повторуваат зборовите со кои се именуваат објекти во градот. Наставникот ги запишува новите поими на таблата и од учениците бара да ја погледнат сликата и да му го кажат нивниот превот на македонски јазик. Вежба бр.2. Учениците го читаат дадениот пример. Потоа, во парови ја решаваат вежбата откривајќи кои се објектите чија локација е опишана со едноставни искази. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Во парови, учениците прашуваат за местоположбата на објекти дадени на мапата и одговараат на истите прашања.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.4. Наставникот бара од учениците да го откријат значењето на дадените зборови користејќи Интернет пребарувачи или речници. Учениците ги запишуваат зборовите и нивното значење во тетратките.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, Интернет, компјутери и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците играат игра на меморија. Тие се обидуваат со затворени учебници да ги запишат зборовите кои беа поучувани во текот на овој час. Учениците работат во групи, а победник е групата која точно ќе напише најмногу зборови.

Методи, форми и Постојано следење на активноста на ученикот (употреба на

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

предлози за место во кратки реченици, усвоеност на вокабуларот), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија и увежбаа зборовите со кои се именуваат објекти во градот.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците без некои потешкотии ги усвоија и ги увежбаа зборовите со кои се именуваат некои објекти во градот. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, а најинтересна активност на учениците им беше играта на меморија. Кога повторно би го одржала овој час би можела да применам видеозапис со објекти во градот (http://www.youtube.com/watch?v=z3mopjueqps )

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 10. Култура:Римски градовиДатум 07.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да може глобално да го разбере прочитаниот текст да може да ги вметне одредени зборови кои недостасуваат во

текстот според смислата

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот низ дискусија ги запознава учениците со историјата на Римската империја и нејзините остатоци, учениците кажуваат што знаат или што прочитале во врска со неа.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1/стр.25. Учениците го читаат текстот и ги вметнуваат зборовите што недостасуваат. Откако ќе завршат, си ги проверуваат одговорите во парови. Доколку има непознати зборови, учениците ги наоѓаат со помош на он-лајн речник www. rechnik.on.net.mk. Во меѓувреме, наставникот се движи низ училницата, го следи напредокот и помага каде што е потребно. На крај, одговорите се проверуваат заедно со наставникот.Вежба бр. 2. Учениците го слушаат аудиозаписот и кажуваат каде се одвиваат разговорите.

Завршен дел (10мин) Учениците ги читаат и ги преведуваат деловите од текстот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, Интернет, компјутери и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) со историја (градови во римско време)

Додатна активност Наставникот поставува прашања поврзани со текстот, а учениците одговараат на истите со кревање рака.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање со разбирање, преведување, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците се стекнаа со информации од областа на историјата, читаа даден текст и усвоија нови зборови кои се среќаваат во

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

текстот.Рефлексија на часот Учениците усвоија нови зборови и го збогатија нивниот речник. Тие

го читаа и дополнуваа текстот со дадените зборови. Учениците имаа повеќе нови зборови и употребија online речник за откривање на нивното значење. Потоа, се обидуваа да го преведат текстот и истото беше доста успешно иако понекогаш имаа потреба од мала помош. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше вежба бр.2. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам квиз поврзан со овој текст.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 11. Вештини:Читање, слушање со разбирање и конверзација на тема

“Некогаш и сега!”Датум 09.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го разбере прочитаниот текст да одговори на прашања во врска со текстот да идентификува одредени информации врз основа на

слушани разговори

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот низ дискусија ги прашува учениците што знаат за Лондон и за неговите знаменитости.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1/стр.26. Учениците ги читаат информациите на картата и ги одговараат дадените прашања. Доколку има непознати зборови, учениците ги наоѓаат со помош на он-лајн речник www.rechnik.on.net.mk . Во меѓувреме, наставникот шета низ одделението, го следи напредокот и помага каде што е потребно. На крај, одговорите се проверуваат заедно со наставникот.Вежба бр. 2. Учениците го слушаат аудиозаписот и кажуваат кои места ги посетиле туристите во Лондон.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Учениците замислуваат дека посетиле три места дадени на мапата во вежба бр.1, а нивните партнери преку прашања треба да откријат кои места тие ги имаат одбрано.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, Интернет, компјутери и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст-слушање и читање со разбирање, аудио-лингвален метод, природен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) со географија (Лондон и неговите знаменитости)

Додатна активност Наставникот прикажува краток видеозапис со знаменитости кои се среќаваат во Лондон. http://www.youtube.com/watch?v=Wcv0udqWZIw

Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (читање со разбирање, конверзација, слушање со разбирање), усни одговори на

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

оценување и вреднување на работата на учениците

прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците се стекнаа со информации за знаменитостите во Лондон и ги развиваа јазичните вештини-читање, слушање со разбирање и конверзација.

Рефлексија на часот Учениците го збогатија својот вокабулар со уште неколку нови зборови и се стекнаа со повеќе информации поврзани со знаменитостите во Лондон. Тие ги разбраа слушнатите искази од аудиозаписот и го читаа дадениот текст во вежба бр.1. Сите ученици учествуваа во предвидените активности најдобро што можеа и сите активности им беа подеднакво интересни. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам виртуелно разгледување на знаменитостите на Лондон (www.360cities.net ).

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 12. Вештини: пишување краток состав на тема “Една туристичка

атракција која би сакал да ја посетам!”Датум 12.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да може да напише кус состав за опис на туристичка атракција

да собира информации од Интернет кои ќе ги искористи при пишување на краток состав

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот низ дискусија ги прашува учениците дали сакаат да посетат некои туристички атракции кои се познати во цел свет и кои туристички атракции би ги посетиле.

Главен дел (30 мин) Учениците го разгледуваат дадениот модел за пишување состав заедно со наставникот кој им дава упатства, а потоа пишуваат краток состав со наслов: “A Tourist Attraction that I’d like to visit!”. Учениците можат да користат Интернет за да најдат повеќе податоци за атракцијата за која ќе пишуваат. Во меѓувреме, наставникот се движи низ училницата, го следи напредокот, и помага каде што е потребно.

Завршен дел (5мин) Откако ќе ги напишат кратките состави и откако ќе прикачат соодветна слика учениците ги праќаат нивните изработки на e-mail адресата на наставникот за тој да ги прочита и да ги оцени нивните изработки.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, Интернет, компјутери и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст-пишување на дадена тема, учење преку истражување, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) со географија (познати туристички атракции)

Додатна активност Учениците ги читаат составите кои ги напишаа во текот на часот. Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (пишување на краток состав), усни одговори на прашања од наставникот, холистичка

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

оценување и вреднување на работата на учениците

листа за оценување на пишување на краток состав, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците ги искористија собраните информации од Интернет за да напишат краток текст за туристичката атракција која би сакале да ја посетат.

Рефлексија на часот Учениците преку сопствено истражување на Интернет се стекнаа со информации кои ги искористија при пишување на краток состав на тема “A Tourist Attraction that I’d like to visit!” Од направениот увид во нивните изработки може да се заклучи дека учениците напишале состави кои ги содржат потребните информации, но добар дел од учениците искористиле текст од Интернет иако беше нагласено текстот да биде напишан од нив самите, а не копиран од Интернет. Сепак сите ученици имаа свои изработки и беа оценети според критериумите дадени во холистичка листа за оценување на краток состав.

План за час по англиски јазик

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 13. Потсетување на градбите во римските градовиДатум 14.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на градбите во римските градови да пополни листа за самооценување на краток состав

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот дистрибуира листа за самооценување и учениците ја пополнуваат истата оценувајќи ги нивните изработки од претходниот час.

Главен дел (20 мин) Наставникот дистрибуира графички мапи (Brainstorming graph map) и бара од учениците да ги пополнат истите работејќи во групи. Учениците ги пополнуваат истите со поими кои ги асоцираат на римските градови. Наставникот ги запишува најчестите одговори на таблата.Наставникот поставува прашања поврзани со текстот за римските градови, а учениците одговараат на истите. Наставникот дистрибуира работно ливче- Венов дијаграм во кое учениците треба да ги впишат карактеристиките на римските градови и карактеристиките на модерните англиски градови, а во пресекот да бидат наведени нивните заеднички особености и градби.Учениците ги презентираат нивните одговори.

Завршен дел (10мин) Учениците решаваат квиз поврзан со текстот за римските градови http://www.makeaquiz.net/share.php?qui z=32923&k=953bc775578faa01fbb939a47d98d5fc&emailsent=true Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, Интернет, компјутери и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, техника на учење- Венов дијаграм, техника на учење- графичка мапа, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) со географија (туристички атракции)

Додатна активност Учениците именуваат познати поими поврзани со римските градови. Методи, форми и инструменти за

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација,

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

оценување и вреднување на работата на учениците

листа за самооценување на ученикот и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат поими поврзани со римските градови и прават споредба помеѓу модерните англиски градови и римските радови наведувајќи ги и заедничките особености.

Рефлексија на часот Учениците ги пополнуваа Веновиот дијаграм и графичката мапа и покажаа интерес за ваквиот начин на учење иако прво беа збунети од графичката мапа и од начинот на пополнување на истата. Сите ученици учествуваа во предвидените активности , а најинтересна активност им беше квизот за римските градови кој го поттикна натпреварувачкиот дух кај нив. Кога би го одржала истиот час повторно не би менувала ништо бидејќи часот беше интересен за учениците и целите поставени на почетокот од часот беа постигнати.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 14. Песничка: “Лето во градот!”Датум 16.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да може глобално да го разбере прочитаниот текст - песничка да може да одговори на прашања во врска со слушан текст -

песничка да може ги подреди дадените реченици по точен редослед во

песничката

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот го насочува вниманието на сликата од песничката и ги прашува учениците што мислат за насловот на песната и на што ги асоцира овој наслов.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги замолува учениците да ја разгледаат песничката и да побараат помош доколку има непознати зборови.Им кажува дека дадените реченици во рефренот се смешани и дека тие треба да ги подредат во точниот редослед. Следи прво слушање на песничката и подредување на речениците. Доколку не успеат од ова првично слушање да ги подредат сите реченици, песничката се слуша уште еднаш. Потоа одговорите се проверуваат усно со наставникот.Вежба бр.2. Наставникот ги прашува учениците за значењето на зборовите “baby/babe” кои се среќаваат во текстот на песната и бара учениците да се обидат да ја преведат песничката.

Завршен дел (10мин) Наставникот ги прашува учениците дали знаат за некои други наслови на песни кои ги содржат зборовите summer, autumn/fall, winter, spring или зборовите city, town, country. Учениците, во групи, составуваат листа на омилени песни и го презентираат нивниот избор.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст-читање со разбирање, метод на песна, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) со музичко образование (песна)

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Додатна активност Учениците ја играат играта погоди ја песната при што преку прашања треба да ја погодат песната која му е омилена на нивниот соученик. Ученикот може да одговара само со gа/не.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (слушање со разбирање, читање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација и сл.

Очекуван исход Учениците го разбираат прочитаниот текст и можат да одговорат на прашања во врска со слушан текст-песничка.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ја разбраа слушнатата песничка и одговараа на прашања поврзани со истата. Тие го читаа дадениот текст од песничката и го преведуваа истиот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а најинтересна активност им беше составувањето на листа со омилени песни. Кога ги го одржала истиот час повторно би можела да искористам некоја друга песна која им е омилена на учениците.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 15. Потсетување на содржините од темите бр.1 и 2Датум 19.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да може да го искаже своето знаење и расудување преку различни вежби од граматика и вокабулар

да се оспособи за самостојна работа, логичко мислење и расудување, заклучување, правилно толкување на поимите и нивна примена

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава со целите и содржините предвидени за овој час. Наставникот диктира краток текст со познати зборови, а учениците го запишуваат истиот на лист хартија притоа внимавајќи на спелувањето на зборовите и на интерпункциските знаци кои ги употребуваат.

Главен дел (20 мин) Наставникот во кратки црти ги потсетува учениците на клучните граматички содржини од Unit 1 и 2. Наставникот накратко ги запишува важните работи на таблата.Вежба бр.1/стр.28. Учениците го дополнуваат текстот со формите на глаголите во Past Simple Tense. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.Вежба бр.2. Учениците го читаат примерот и потоа ги запишуваат речениците со глаголи во Past Continuous Tense.Вежба бр.3. Учениците ги запишуваат точните форми на глаголот одбирајќи помеѓу Past Simple Tense и Past Continuous Tense. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира чек листа за самооценување на учениците на содржините од тема бр.2. Учениците ја пополнуваат листата и ја враќаат кај наставникот.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки,училишен прибор, табла, креда, хартија, чек- листа и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на практична работа, комуникативен метод, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Вежби бр.4 и 5/стр.29 во учебникот.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, диктат, холистичка листа за оценување диктат и сл.

Очекуван исход Ученикот да го искаже своето знаење и расудување преку различни вежби од граматика и вокабулар.

Рефлексија на часот Учениците ги решаваа вежбите предвидени за овој час, но при решавање на вежбата бр.3 беа забележани потешкотии кај неколку ученици и несигурност при употребата на соодветната форма на глаголот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а според увидот направен во диктатите на учениците може да се заклучи дека учениците треба да вежбаат пишување на познати поими. Кога би го одржала истиот час повторно би можела да применам интерактивни вежби со содржини од овие две теми.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.2- Прашањето на Рики!Наставна единица 16. Писмена работаДатум 21.12.2011Цели на часот Ученикот да може:

да може да го искаже своето знаење и расудување преку различни вежби од граматика и вокабулар

да го утврди своето познавање на содржините од темите бр.1 и 2

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Во кратки црти наставникот ги потсетува учениците на содржините

кои беа поучувани во склоп на темите бр.1 и 2. Тој дистрибуира тестови за учениците да ги разгледаат вежбите и ги објаснува критериумите за оценување на писмената работа.

Главен дел (20 мин) Наставникот дава објаснување на зададените задачи на тестот за сите ученици и одговара на прашања на учениците во врска со тестот. Учениците ги решаваат тестовите индивидуално.

Завршен дел (10мин) Учениците ги враќаат тестовите со решени вежби кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори и да ги оцени истите.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, тест изготвен во две групи и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, метод на практична работа, комуникативен метод, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Решавање на крстозбор во учебникот на страница бр.29.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Писмена работа со дадена бодовна скала, писмена повратна информација и сл.

Очекуван исход Ученикот да го искаже своето знаење и расудување преку различни вежби од граматика и вокабулар.

Рефлексија на часот Од направената анализа на писмената работа може да се заклучи дека усвоеноста на содржините од овие две теми е доста добра. Најусвоена содржина е вокабуларот, а најтешко за решавање за учениците е примената на Past Simple. Средна оцена на писмената работа е 3,6.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

ПЛАН НА ЧАС ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Наставна тема: бр.2 “Прашањето на Рики!”Наставна единица:

17. и 18. Проектна активност на тема “Прославување на Божиќ во светот”

Одделение VII (седмо) Времетраење на активноста:

2 наставни часа

Датум: 23.12.2011 и 26.12.2011год.

Цели на часот: Учениците да можат:Преку свои сопствени истражувања да го збогатат својот вокабулар и да ги применат стекнатите јазични вештини (читање/слушање со разбирање, пишување, комуникација) при изработка на презентацијаДа се стекнат со дополнителни информации од областа на музикатаДа ги развијат своите вештини од областа на ИКТ и да ги применат при изработка на презентацијаОбјективно да го оценат својот труд и трудот на своите соученици според дадени критериуми

Фази на часот: Активности:а) Вовеgен gел:

Наставникот ги прашува учениците дали понекогаш се имаат запрашано како некои луѓе во други земји во светот го прославуваат Божиќ и дали би сакале да дознаат нешто повеќе за други култури и традиции во светот. Наставникот ги прашува учениците дали веќе располагаат со некои информации на оваа тема или не.

б) Главен gел: На самиот почеток наставникот ги поставува целите кои треба да се постигнат во текот на часот. Наставникот бара од учениците да го разгледаат Web quest-от кој тој им го дистрибуира.Учениците го читаат Web quest-от во кој се дадени нивните задачи, а кои изгледаат вака:Тие се поделени во три групи. Учениците одбираат земја која ќе ја истражуваат. Потоа, меѓусебно си ги распределуваат задачите и прават план за изработка на нивната презентација.Секој во групата прибира информации кои вклучуваат некоја од следниве точки

o Традиција и обичаиo Традиционален оброкo Песниo Рецепти

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

o Како е Дедо Мраз на нивниот јазикo Како велат “Честит Божиќ!” и др. Информации

поврзани со прославувањето на Божиќ во таа земја

Откако сите ќе ги изнајдат потребните информации и слики поврзани со овие податоци, учениците ја изработуваат нивната презентацијаУчениците одбираат кој од групата ќе ја презентира нивната заедничка презентација пред останатите во одделението.

в) Завршен gел: Откако ќе ги видат презентациите и на останатите две групи, учениците ги оценуваат истите според дадените критериуми. Оценувањето на презентациите на останатите две групи учениците усно го образложуваат. Потоа го анализираат и вреднуваат трудот и придонесот на нивните соученици во групата според дадена листа на критериуми. На самиот крај ги потсетувам учениците на целите кои беа поставени на почетокот од часот и заедно ги разгледуваме повторно давајќи мислење дали тие цели се постигнати или не.

Наставни средства, помагала и материјали:

компјутери, Internet конекција, глувчиња, проектор, екран, табла, креда, учебници, тетратки, моливи, Web quest, Word документи (Сооценување на учениците во групи според дадена листа со критериуми за оценување, Листа за оценување на индивидуалниот придонес на учениците во групата според дадени критериуми), USB, хартија и сл.

Методи и форми на работа:

Метод на истражување со примена на Web quest, комуникативен метод, метод на презентација, природен метод, метод на работа со текст (читање со разбирање), фронтална работа, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети:

со македонски јазик (значење на зборовите)со географија (земји во светотсо историја (традиции и обичаи)информатика (изработка на презентација во Impress)

Додатна активност

Учениците даваат свое мислење за реализацијата на часот со примена на ИКТ и даваат предлози како часот да биде поинтересен а во исто време и едукативен.

Методи, форми и постапки на оценување и вреднување:

постојано следење на активноста на ученикот од страна на наставникот, сооценување на учениците во групи според дадена листа со критериуми за оценување , Листа за оценување на индивидуалниот придонес на учениците во групата според дадени критериуми , усна повратна информација од страна на наставникот за нивните изработки и давање насоки за нивно подобрување во иднина.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово

Очекуван исход:

Учениците го збогатија својот вокабулар со новоусвоени зборови, се стекнаа со повеќе информации од областа на културата кои успешно ги применија при изработка на презентација развивајќи ги своите вештини во областа на ИКТ. Тие објективно ги вреднуваа трудовите на нивните соученици според однапред дадени критериуми.

Рефлексија на часот:

На првиот час учениците ги систематизираа собраните податоци од Интернет одбирајќи што би можеле да искористат при изработката на нивната групна презентација. Тие заеднички го осмислуваа дизајнот и ефектите кои ќе бидат употребени при изработката на презентацијата. Во текот на овој час беа прибрани и последните информации кои им недостасуваа поврзани со зададената проектна задача и учениците заеднички ја изработуваа презентацијата во група допринесувајќи секој на свој начин. Во текот на вториот час учениците ги презентираа нивните трудови обидувајќи се тоа да го направат на еден интересен и разбирлив начин.Сите три групи изработија добри презентации кои имаа интересен дизајн, добро напишан текст и кои ги содржеа бараните информации. Оценувањето на презентациите и на индивидуалниот придонес на ученикот во групата беше сосема коректно и објективно, иако кај некои ученици можеа да се забележат мали отстапки.Сепак може да се заклучи дека целите поставени на почетокот од првиот час беа постигнати, а во иднина би можела да посветам повеќе внимание на самиот начин на презентирање на финалните продукти на учениците.

Наставник: Билјана Влахова Караgачки ООУ “Гоце Делчев”- Босилово