40
БРОЈ 114 Година XXV 2018. ЈУЛИ – АВГУСТ SRPANJ – KOLOVOZ ISSN 1333-7769 Intervju Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден во Хрватска Летни училишта во Шибеник и Охрид Интервју со Зорана Костовска: Нитката на Македонците од Хрватска со Македонија не е прекината

Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

  • Upload
    others

  • View
    24

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

БРОЈ

114

Година XXV 2018.

ЈУЛИ – АВГУСТ SRPANJ – KOLOVOZ

ISSN 1333-7769

Intervju Vlatko Stefanovski

Etno, blues, rock i dobre vibracije

Достојно одбележан Илинден во Хрватска

Летни училишта во Шибеник и Охрид

Интервју со Зорана Костовска:

Нитката на Македонците

од Хрватска со Македонија не е прекината

Page 2: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден
Page 3: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Импресум 3

GLASILO ZAJEDNICE MAKEDONACA U

REPUBLICI HRVATSKOJ

СПИСАНИЕ НА ЗАЕДНИЦАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

Главна и одговорна уредничка: МИЛЕНА ГЕОРГИЕВСКАЗаменик на главната и одговорна уредничка: ЕЛИЗАБЕТА ПЕТРОВСКАУредништво: Компјутерска обработка: Владо Чакмак Превод и лектура: Лидија Георгиева Секретар и коректор: Елизабета ПетровскаРедакциски одбор: Васил Тоциновски Тинка Барбутов Крстева Мирјана МајиќРедакција: Елизабета Петровска – Загреб Јулијана Младеновска Тешија – Осиек Гордана Квајо – Риека Елена Кипровска Кнежиќ – Задар Марта Жаја – Сплит Михаела Златеска – ПулаOvo se glasilo tiska sredstvima iz Državnog proračuna RH posredstvom Savjeta za nacionalne manjine RH.Nakladnik: Zajednica Makedonaca u Republici Hrvatskoj, Zagreb, Masarykova 16/1 Matični broj: 3805760 OIB: 07739533563 Žiro račun: PBZ – IBAN: HR6023400091100038804 Теl./Fах: (01) 48 72 655 web: www.zmurh.hr e-mail: [email protected] [email protected]За издавачот: Илија Христодулов Печат: М-Принт д.о.о. Загреб Temeljem odredaba čl. 58. st. 3. Zakona o javnom informira-nju RH (N.N. br. 22/1992) novine su prijavljene i registrira-ne pod br. 421 u Ministarstvu kulture i prosvjete, Sektor infor-mi ranja, dana 14.7.1993Prema mišljenju Ministarstva kulture i prosvjete Repu b like Hr vat ske broj 532-03-1-7-94-01 od 10. svibnja 1994. ova tisko vina je oslobođena plaćanja poreza na promet.ЗАБЕЛЕШКА: Коментарите објавени на страниците на ова списание со потписи на авторите се мислења на истите и не секогаш го одразуваат мислењето на Уредништвото. Уредништвото е одговорно само за текстовите без потпис. Материјалите испратени на нашата адреса стануваат сопственост на списанието, освен ако за тоа претходно е пос тигната пои наква согласност.

ЕХО НА ВРЕМЕТО

Агол на уредникот Urednikov kutak

П омина летото, пред нас е уште една учи-лишна година, почнаа и часовите по ма-кедонски јазик и култура за ученици кои

предметот го изучуваат по моделот Ц. Можност за запознавање на Македонија, нејзината култу-ра, традиција, богата историја и прекрасна му-зика и фолклор.

Но, на 29 јули, само неколку дена по одбе-лежувањето на 55-тата годишнина од скопскиот катастрофален земјотрес, и само неколку дена пред најголемиот македонски празник Илинден, ние, хрватските Македонци, се соочивме со една драматична загуба! Имено, по тешко (релативно кратко) боледување, почина големиот музичар, филантроп, поет и не само искрен, туку и ненад-минлив пријател на Македонија и македонскиот народ, Оливер Драгоевиќ!

Македонија се поклонува на овој човек, шансониер, поет, софистициран пијанист... кој во својата кариера која траеше подолго од 50 годи-ни, секогаш ја поддржувал Македонија и маке-донскиот народ во сите сегменти... Заминување-то на Оливер претставува за нас Македонците од дијаспората во Хрватска не само загуба на драг пријател, туку и императив да ја задржиме и негуваме меморијата и сеќавањето на оваа ко-лосална личност која веќе денеска претставува парадигма на вистински културен и уметнички мост меѓу пријателските народи и држави, Ма-кедонија и Хрватска.

Генерации Македонци израснаа со неговите хитови, а често беше гостин и во повеќе градови во Македонија каде редовно одржуваше концер-ти.

Заедницата на Македонците во Република Хрватска изразува длабоко жалење за загубата на ненадминливиот „морски волк“ и изразува искрено сочувство до семејството.

Почивај во мир, драг наш Оливер!

Милена Георгиевска([email protected])

Page 4: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Актуелно4

Актуелно

Нов закон за избор на претставници на малцинстватаФормирана е работна група за изработка на предлог закон за избори на претставници и совети на националните малцинства со кој конечно, по прв пат, целосно и системски ќе се регулира ова навистина важно прашање на малцинската политика во хрватското општество, кое што уште

одамна го бараа самите претставници на националните малцинства

Пред почетокот на са-миот Семинар, органи-заторите на семинарот и претседателите на градската и жупани-ската Координација на совети и претстав-ници на националните малцинства, ги прими и сплитскиот градона-чалник, Андро Крсту-ловиќ Опара.

Во разговорот, тој истакна дека Град

Сплит и советите на на ционалните малцин-ства немаат отворени проблеми, но се сог-ласи дека простор за унапредување на сора-ботката секогаш има и во тој контекст посебно ја нагласи потребата на заедничката сора-ботка на позитивната перцепција на нацио-налните малцинства.

А. М.

Позитивна перцепција на малцинствата

С оветот за на ционал-ни те мал-

цинства на Репу-блика Хрватска во соработка со Канцеларијата за човечки пра-ва и правата на н а ц и о н а л н и т е малцинства при Владата на Ре пу-блика Хрват ска, на 7 септември во Сплит одржа Семинар за уло-гата и унапреду-вањето на рабо-тата на советите и претставниците на националните мал-цинства. Семинарот го отворија претседателот на Советот за нацио-налните малцинства на Р. Хрватска, Алексан-дар Толнауер и дирек-торот на Канцеларија-та за човечки права и правата на национал-ните малцинства при Владата на Р. Хрватска, Ален Тахири.

Отворајќи го Семи-нарот, претседателот на Советот за национал-ните малцинства на Р. Хрватска, Александар Толнауер, ги извести присутните дека е фор-мирана работна група за изработка на пред-лог закон за избори на претставници и совети на националните мал-цинства со кој коне чно, по прв пат, целосно и

системски ќе се регу-лира ова навистина ва-жно прашање на мал-цинската политика во хрватското општество, кое што уште одамна го бараа самите прет-ставници на национал-ните малцинства. Се очекува дека Владата овој предлог на нови-от закон ќе го испрати во Собраниска проце-дура до крајот на оваа

година за да може истиот да биде во функција веќе за избори те за мал-цинските ин сти-ту ции во 2019 го-дина.

Поквалитетна и поефикасна

работаНа семинарот

се расправаше за досегашната улога и работа на совети-те, претставниците и координациите на националните малцинства, при

што посебно се анали-зираа прашањата за информирањето и еду-цирањето на членовите на советите и претстав-ниците на национални-те малцинства за што поквалитетна и поефи-касна работа во приме-на на Уставниот закон за правата на нацио-налните малцинства, унапредување и зајак-

Page 5: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

С оработката и споделува-њето на искуства се ис-клучително важни за

дол горочен развој и дејству-вање. Седницата се одржа во проширен состав и со учество на Томе Апостолоски, претседа-тел на Советот на македонско-то национално малцинство за Град Загреб. Според востанове-ната традиција, претседателот на ЗМРХ, Илија Христодулов, на почетокот изрази благодар-ност до Советот за помошта и поддршката во реализацијата на активностите на ЗМРХ и Ма-кедонското културно друштво од Загреб. Томе Апостолоски даде предлог и останатите сове-ти и претставници да го следат нивниот пример и во рамките на своите можности да ги по-магаат активностите на остана-тите друштва во членството на ЗМРХ.

Својата седма седница ЗМРХ ја посвети на полугодиш-ниот извештај и на подготовки-те и утврдување на програмите до крајот на годината. По усвое-ниот дневен ред, разгледани се повеќе актуелности во надлеж-ност на УО и донесени се некол-ку одлуки – се усвоија записни-кот од 6. седница на УО на ЗМРХ и финансиските полугодишни извештаи на ЗМРХ за Советот за националните малцинства на РХ и за потребите на ЗМРХ, додека Финансискиот план на

приходи и расходи на ЗМРХ за 2018 година, беше дополнет со податоци од полугодишниот из-вештај.

Во продолжение, се дого-вараше извршувањето на про-грамите, пред сè за „Илинден 1903-2018“ и за „Летниот камп – училиште по македонски ја-зик со работилници – Луша 2018.“. Се донесе одлука да се одржи промоција на списанието „Македонски глас“ за јубилејот 25 години од печатењето на пр-виот број. Се извести за 3. сед-ница на хрватско-македон скиот Меѓу владин мешовит одбор за заштита на правата на маке-донското малцинство во РХ и хрватското во РМ, која беше одржана во Скопје, а на која

присуствуваше претставникот на ЗМРХ, Ангел Митревски. Се информираше и за одржана-та промоција на Агенцијата за исе леништво на РМ во Скопје, на трите проек ти: Прирачник за иселеници, Сликовница за изу чување на мајчин јазик за де цата на иселениците и но вата веб-страница на Агенцијата, на која присуствуваа Милена Зла-теска и Мирјана Мајиќ, како членки на УО на ЗМРХ. По по-вод таа пригода, ЗМРХ доби по еден примерок од Сликовницата и од неколку сисанија, буквари и книги за деца, за потребите на учениците од изборната допол-нителна настава по македонски јазик и култура во Хрватска.

Е. Петровска

Aktualno 5

Aktualno

Промоција за 25 години на списанието „Македонски глас“По низата успешни настани и активности кои го одбележаа изминатиот период, на 21 јули 2018 година во Загреб беше одржана и 7. редовна седница на Управниот одбор на Заедницата на Македонците во РХ, со цел да се анализира досегашното искуство и да се планираат идни актив-

ности кои ќе придонесат за остварување на зацртаните проекти

нување на соработката на мал-цинските институции со телата на локалната и регионалната самоуправа, за финансиските аспекти на функционирањето на малцинската самоуправа, из борите на совети, правниот ста тус на претставниците на на-цио налните малцинства и мно-гу други.

Покрај членовите на сове-тите и координациите, како и претставниците на национал-ните малцинства од Град Сплит и Сплитско-далматинската жу-панија, во работата на семина-рот активна улога имаа и по-мошничката во Канцеларија-та за човечки права и правата на националните малцинства при Владата на Р. Хрватска,

Бахрија Сејфиќ, советничката во Министерството на управа, Ивана Ферера, претставници на Град Сплит, Марина Кузманиќ-Петреш, советникот во Сплит-ско-далматинската жупанија, Марко Бекавац и членот на Со-ветот за националните малцин-ства на Р. Хрватска, Ангел Мит-ревски.

Ангел Митревски

Page 6: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Голубињак6

Културни манифестации

И линден е празник кој се слави по повод Илин-денското востание кое во

Македонија било кренато на 2 август 1903 година, на верскиот празник Илинден, против ос-манлиската власт. Македонците го одбележуваат Илинден како еден од најсветлите празници во историјата, а тоа го чинат и на-двор од својата матична држа-ва. Стотици Македонци од сите краишта на Хрватска и сосед-ните држави на 28 јули при-стигнаа во прекрасната Парк шума „Голубињак“ во Горски Котар да го прослават својот најголем национален празник – Илинден.

Пред присутните гости, меѓу кои беа претставници од Министерството за наука и об-разование на РХ, Македонската амбасада во Хрватска, од Град Загреб, од Координацијата на советите и претставниците на македонското национално мал-цинство во РХ, од Општината Локве, како и членови и прија-тели на Заедницата на Македон-

ците во РХ и македонските кул-турни асоцијации, претставници на верските заедници и остана-тите национални малцинства во Хрватска, по интонирањето на двете државни химни, се обра-ти претседателот на Заедницата на Македонците во РХ, Илија Христодулов.

ПоракаТој откако ги поздрави го-

стите, во името на ЗМРХ, МКД „Илинден“, Советот на МНМ во ПГЖ, Советот на МНМ за Град Риека и МПЦО „Св. цар Кон-стантин и царица Елена“, а и во свое лично име упати порака и поддршка до претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов.

„Во оваа прилика и од ова место испраќаме порака на безрезервна поддршка на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во напорите што ги прави за за­чувување на Уставното име „Ре публика Македонија“ за што безрезервно се залага и Заед ницата на Македонците

во Република Хрватска. А на сите оние кои што сакаат да ни го менуваат името им пора­чуваме од ова место, нека си ги менуваат своите имиња колку што сакаат, а Македонија нека ја остават веќе на мир. Наро­дот е предолго заложник на една непринципиелна и валка­на меѓународна политика. По­литичките партии не с меат да бидат непријатели кога се работи за националните ин­тереси на сопствената земја, туку мораат да бидат един­ствени и да се борат за иста цел, за признавање на Републи­ка Македонија под нејзиното Уставно име во целата меѓу­народна Заедница. Македонија веќе со децении е предмет на еден непринципиелен меѓуна­роден однос кој што ги разгра­дува нејзините државотворни темели.

Затоа денес од ова место гласно повикуваме на единство и обединување, еднакво силно како што е денес на ИЛИН­ДЕН обединета цела Македо­

Достојно одбележан Илинден во ХрватскаМакедонците го одбележуваат Илинден како еден од најсветлите празници во историјата, а тоа го

чинат и надвор од својата матична држава

Илија Христодулов Вид Арбанас

Томе Апостолоски Костадинка Велковска

Page 7: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

7Golubinjak

Kulturne manifestacije

нија. Нека ни е жива и здрава нашата татковина Република Македонија и како што вели песната: „Едно име имаме, во срцето го носиме и на никого и за ништо не го даваме...“

Нека ни живее и нашата татковина Република Хрват­ска, која подеднакво ја носиме во нашите срца. Во тој тон и од ова место и од сите нас нека е честит претстојниот праз­ник, Денот на победата, Денот на домовинската благодарност и Денот на хрватските брани­тели, 5 август.

БлагодарностНа крај, во името на Заед­

ницата на Македонците во Ре­публика Хрватска упатува ме голема благодарност до прет­седателката на Република Хр ватска, Колинда Грабар­Ки таровиќ, Советот за на ­цио налните малцинства на РХ, Приморско­горанската жу па нија, Градот Риека и Оп­

шти ната Локве, за нивното покровителство на овогодиш­ната Централна манифеста­ција „ИЛИНДЕН“ и редовно­то следење и финансирање на програмските активности на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Исто така, упатуваме голема благо­дарност до Советот на маке­донското национално малцин­ство за Град Загреб, „Алкалоид Загреб“ д.о.о., за несебичната помош и на сите оние кои што на било каков начин придоне­соа за успешна реализација на оваа манифестација.“

Потоа следуваа обраќања на Вид Арбанас, претставник на Општината Локве, на Томе Апостолоски во името на Коор-динацијата на советите и прет-ставниците на македонското национално малцинство во РХ, а во име на градоначалникот на Град Загреб, Милан Бандиќ, говореше Костадинка Велков-ска, најпознатата хрватска Ма-кедонка, пејачка и актерка. На

крајот се обрати и досегашниот вршител на должноста во Ам-басадата на Р. Македонија во Р. Хрватска, Мачеј Качоровски, кој е на заминување и со тоа тој ја искористи можноста да го честита празникот и воедно да се заблагодари за дружењето и убавите спомени кои ги има во досегашниот мандат.

По говорниците, бината ја зазеде македонската музич-ка група „Балканика бенд“ од Крањ, која веќе долги години ја збогатува атмосферата на про-славата.

Музиката ечеше на падини-те на Горски Котар со една мала пау за додека траеше заеднич киот ручек – традиционалниот грав, а потоа долго до навечер се пееја најубавите македонски песни.

Организатори на оваа кул-турна манифестација се Заед-ницата на Македонците во Ре публика Хрватска и Маке-дон ското културно друштво „Илин ден“ од Риека.

Гордана Квајо

Достојно одбележан Илинден во Хрватска

Page 8: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Веќе неколку години сте ак-тивен учесник во летното учи-лиште по македонски јазик што се одржува во „Еуроклуб“ цели 11 години на Шолта, а од ова лето во Луша, кај Бродарица, во Шибеник. Како учениците ја искористуваат оваа можност да ги продлабочат своите знаења по македонски јазик, бидејќи во текот на учебната година пого-лем дел од нив посетуваат на-става по македонски јазик?

Јас сум прво, пријатно изне-надена од големиот интерес на сите деца кој го покажуваат за изучување на македонски јазик. Дел од групата на овие посети-тели на Еуроклубот се деца со некакво потекло од Македонија, „влечат“ корени од дедо, баба, мајка, татко, што имаат некој македонски ген. Но, воодушеве-на сум од децата кои ништо не ги врзува со Македонија, едно-ставно дружејќи се со македон-ски деца или соседи пројавиле интерес и љубов за изучување

на македонскиот јазик. Еве сега еден куриозитет – хрватски деца да изучуваат македонски јазик и да чувствуваат толкава љубов за изучување на истиот.

Колку што гледам, доста внима-ние посветувате на интеракти-вен пристап кон активностите врзани за часовите, особено што наставата се одвива во природа.

Видете, тука треба малку да бидете како наставник, факти-чки нивни пријател за да ги раз-берете нивните потреби, бидејќи станува збор за лето, кога се на годишен училиштен одмор. И сега го правиме убавиот спој, преку разни интерактивни ин-тересни забавни игри да го изу-чуваме македонскиот јазик. Ис-клучиво на овие часови, на кои не ги оптоваруваме, туку како еден вид забава го учиме јази-кот преку разни тематски раз-говори. Учениците преку овие едукативни часови добиваат не само сознанија за македонскиот јазик, туку за сѐ што е врзано со Македонија.

Чувства за Македонија

Искуство со работа со деца има-те и од Австралија, каде рабо-тевте со деца од македонската дијаспора. Како и колку може да се црпат тамошните пози-тивни искуства овде во Хрват-ска, кога станува збор за учење на јазик? Може ли да се напра-ви паралела?

Некои искуства во начинот на предавање секако дека ги користам од таму, но можам да кажам дека овде кај децата по-стои многу поголема заинтере-сираност за сѐ што е врзано за РМ. Во Австралија се веќе трети

генерации на кои сѐ повеќе им се прекинува нитката со Маке-донија. И многу малку имаат чувства и емоции за Македо-нија, што не е случај со Маке-донците од Хрватска. Сите тие имаат некаква врска, баби, де-довци, тетки или други роднини и често доаѓаат во Македонија, и Хрватска е поблиску и на тој начин нитката со Македонија не е прекината. Најмногу ме ра-дува што во семејствата се го-вори македонскиот јазик, значи родителите се трудат да ја про-должат традицијата на нивниот јазик и така децата паралелно го говорат и хрватскиот јазик, бидејќи одат во училишта, но исто така, го зборуваат и маке-донскиот јазик.

Зорана, покрај организирање на става по македонски јазик, ле тово преокупација Ви е и Шол та, каде се занимавате со ту ризам. Од каде таа поврза-ност Скопје-Шолта?

Мојот татко пред доста го-дини дошол на годишен одмор на Шолта и прво го запознал мојот дедо по мајчина страна, а потоа и мајка ми во Стоморска каде по кратко време ја побарал за жена. Потоа, татко ми ја до-вел мојата мајка во Македонија, но таа исклучително сакала ние да се родиме во Сплит и така јас и мојот брат близнак, Зоран, сме родени во Сплит и секое лето сме доаѓале на гости кај дедото и бабата и делот од семејството по мајчина страна. Што се одне-сува до туризмот, мојот вујко го држи единствениот камп на ос-тровот Шолта „Мидо“ и е многу популарен, а гостите ги забавува нивниот домаќин, односно мојот вујко, кој извонредно свири на

Интервју

Интервју8

Нитката на Македонците од Хрватска со Македонија не е прекината

Зорана Костовска Хрватка и Македонка. Нејзиното име се врзува и за Македонија и за Хрват-ска, поточно Шолта, од каде потекнува и каде секое лето доаѓа од Скопје. Во последните неколку години е директен учесник во летниот камп „Еуроклуб“ каде одржува часови по македонски

јазик за ученици кои во Хрватска изучуваат македонски по моделот Ц

Page 9: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

9Intervju

Intervju

гитара, нормално репертоарот е далматински, а јас понекогаш се вметнувам со оглед на тоа што бев прв глас на Македонија во некое мое минато, презенти-рам и македонски песни на на-шите гости. Така сите ја з наат Јовано, Јованке, Македонско де војче и сите гости ми бараат да им направам гравче тавче, а воодушевени се и од штипската пастрмалија која ја нарекуваат македонска пица.

Хуманитарни активности

Важите за доста активна жена во секторот на невладините ор-ганизации. Можете ли нешто поконкретно да ни кажете?

Мене во Скопје секогаш ме врзуваат за жал, со покојната велика мајка Есма Реџепова. 12 години сум претседателка на Хуманитарната организа-ција на кралицата Есма и Стево Теодосиевски, која брои голем број на членови и е добитник за хуманитарна работа на држав-ната награда Мајка Тереза пред две години. Тоа го заслуживме благодарение на нашите актив-ности. Ние сме прва хуманитар-на организација која, по моја иницијатива, реализиравме по-сета на жените од затворот во Скопје. Донесовме подароци, се

подруживме со нив, ги слуш-навме нивните тажни судбини и на сите наши членки од ор-ганизацијата тоа им остави си-лен впечаток. Традиционално го организираме и фестивалот „Аплаузи“, на 3-ти декември на Светскиот ден на хендикепира-ните, со учество на ученици со посебни потреби. Организирав-ме прв фестивал на лебот, потоа прогласуваме најголемо велиг-денско јајце, правиме хумани-тарни модни ревии, осум пати е реализирана модната ревија на Есма Реџепова, каде преку бо-гатството на нејзините фустани ја раскажавме богатата био-графија на великата Есма. Таа има подарок од Ричард Бартон и Елизабет Тејлор, кога Бартон

го глумеше Тито на Битката на Неретва. И подарија свила која таа ја преточи во фустан, има подароци и од Индира Ганди. Сите ревии со нејзините фу-стани имале хуманитарен ка-рактер. Парите од продадените билети секогаш одат таму каде на некој му е потребно. Органи-зираме и изложби, перформан-си, посети, донираме храна на сиромашни семејства во Маке-донија. Веројатно заради оваa биографија нашата организа-ција ја доби државната награда Мајка Тереза. А добитници сме и на други бројни пофалници и благодарници.

Милена Георгиевска

Едно време бевте во допир и со политика. Каква е состој-бата со жените во политиката во Македонија? Во смисла на нивната застапеност на челни позиции како во државни ин-ституции, така и во приватниот сектор?

Не се разликува многу со-стојбата од Хрватска во Ма-кедонија во однос на ова пра-шање. Македонската жена ис-падна дека е храбра и се бори за своите права. Со оглед на тоа дека бев присутна на 56-тата Светска женска конференција во Њујорк, имав можност од

4 илјади жени да ги слушнам сите нивни потреби барања и резултати и видов дека ние како земја Македонија, не сме на опашката од светот. Жените во Македонија се изборија 30

проценти да имаат учество во локалната самоуправа, но тие не остануваат на 30 проценти, туку ќе продолжиме во борбата 50 со 50. Еднаквост на учество-то на жената во сите сегменти од општественото живеење. Па зар бројката 50:50 не е фор-мула за рамноправност. Често се бориме да имаме жени гра-доначалници, што се случи во минатото, во Собранието има-ме претставнички, тоа не се случува само на политичката сцена, туку тоа се случува и во општествениот живот. Се бо-риме за жени раководители на големи фирми и организации.

Македонската жена се бори за рамноправност

Page 10: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Културни манифестации

Шибеник10

Н а 5 август групи ученици од Пула, Риека, Загреб, Осиек и Сплит се упатија

на крајната дестинација „Еуро-клуб – Луша“ кај Бродарица, во Шибеник. Под дебелите сенки на боровите секојдневно учеа по нешто за Македонија. Под будното око на водителките и наставничката Зорана Костов-ска, беше реализирано уште едно незаборавно дружење, ле-тен одмор, за кој, како велат са-мите ученици ретко каде и кога можат да го доживеат.

И така поминаа седумте ко-рисни денови планирани за лет-ното училиште по македонски јазик. Збогатени со нови знае ња, незаборавни доживувања, нови пријателства, уче ниците на 12 август се упатија кон свои те до-мови.

Виолета Штерјова, водител-ка на групата ученици од Загреб, ни рече дека учениците покрај слободните активности на кои особено им се радуваат, со голе-ма леснотија ги проследуваат и часовите по македонски јазик, каде покрај вежбање на читање и пишување и секако говорење на македонски јазик, обработу-вале и одредени теми. „Плус цр-таат, покажуваат голем интерес

за дискусија и учење на нови нешта“, додава таа.

Учење, другарување, забава

- Имам 14 години и осум па-ти веќе доаѓам во летното учи-лиште по македонски јазик. За-доволна сум доста ми е забавно, учиме, се радуваме, се смееме... Секоја година запознавам нови пријатели и секогаш останува-ме во контакт и се договараме за идната година. Наставата е мно-гу интересна и поучна. И доста разбирам што се зборува на ма-кедонски јазик. Наставничката е многу комуникативна, вели Ева Колариќ, ученичка од Рие-ка.

А наставничката Зорана Костовска можете да ја видите насекаде со децата, покрај клу-пите за настава, во морето, во базенот, во диско, на брод или на спортските натпреварувања. Вели, уште една мисија е успе-шно завршена.

- Знаете, треба да им се приближите на децата и кога ќе ве прифатат, немате проблем. Тоа е принцип на мојата работа, да им бидам пријател. На часо-вите обработувавме теми од се-којдневието што ни се случува

во кампот. На пример, имавме термин лага. Како се вика лага на македонски јазик, што е за нив лага, колку пати лажеле во животот, зошто итн. И така за-почнува дискусија. Потоа имав-ме изучување на терминот дру-гарство, што е другарство, и се-кој ќе каже свое видување, свое размислување, тогаш јас ги на-дополнувам и водам, и целиот час е исклучиво на македонски јазик, објаснува Зорана.

Таа додава дека на овој креа тивен летен курс или на-става во природа, изучување-то на македонскиот јазик не е оптоварено со класично учи-лишно изучување.

- Мислам дека овој начин, преку тематски разни разгово-ри им е многу поинтересен на децата и никогаш не им е до-садно. Дури понекогаш темата ја наметнуваат самите ученици. Па така, имавме тема „Како се замислуваат во некоја идна про-фесија?“ И сега една од нашите девојчиња изјави дека сака да биде анестезиолог и темата беше отворена. Секој си го кажа свое-то мислење, а од мене добија на-дополнување. Така, осозна ваат и нови зборови и нови профе-сии. Значи тие не се само изучу-

Уште една успешно завршена мисијаКорисен летен микс од учење, другарување и забава во прекрасен природен амбиент во „Еуроклуб – Луша“ кај Бродарица, во Шибеник. По 12. пат за ученици кои го изучуваат македонскиот јазик во

Хрватска беше организирано летно училиште по македонски јазик што се одржува покрај море

Page 11: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

11Šibenik

Kulturne manifestacije

вачи на македонскиот јазик, тие добиваат и повеќе информации од секојдневието од Маке-донија. Имаме гатанки, погодуваме по што е познат градот Кочани, Прилеп, или друго ме-сто во Македонија, до-дава Костовска.

Летниот камп се реализира со средства од Министерството за наука и образование на Република Хрватска. Организатори се Заед-

ницата на Македонците во РХ и жупанискиот претставник на маке-донското национално малцинство за Сплит-ско-далматинската жу-панија, Ангел Митрев-ски.

Митревски вели дека летното училиште е одлично прифатено од децата, иако годи-нава дојде до промена на единаесетгодишната веќе добро позната ло-кација на Шолта. Но, и

Луша, кај Бродарица, во Шибеник се покажа како одличен погодок,

кој го подржаа и роди-телите на учениците.

Милена Георгиевска

Виолета Штер-јова, потпретсе-дател на МКД „Охридски би-сер“ од Загреб и водител на гру-пата ученици од Загреб:

- Децата од-лично се снајдоа

во новиот камп. Имаат доста ак-тивности и речиси цело време им е исполнето. Особено се задоволни со базенот, но и со морето каде имаат дел од активностите како што се разни натпревари. Добро е тоа што им се развива и натпре-варувачкиот дух каде низ разни игри се натпреваруваат со остана-тите учесници во кампот. Во доста дисциплини освоивме прво место.

Зара Елена Еф ре мова , ученичка од Осиек:

- Т р е т пат доаѓам во Еуроклуб. Ја посетувам на-ставата по ма-ке донски ја-

зик во Осиек. Овде ми е супер, со бите се супер, морето е уба-во, имаме базен каде се капеме. Најмногу се радувам на Олим-писките игри, кои се одржуваат секоја вечер. Имаме прекрасна забава, а она што е најважно е што немам време да се досаду-вам. Цел ден ни е исполнет.

Ирена Кола-риќ, водителка на групата уче-ници од Риека, родител на Ева и Тереза Кола-риќ:

- Ева годи-нава е во кам-пот, а нејзината

сестра Тереза со години доаѓаше на Шолта. Овде им е одлично на децата, и во поглед на храната и во поглед на сместувањето. Моите две ќерки изучуваат македонски јазик во Риека, бидејќи јас сум Македонка и сакам мојот мајчин јазик да им го пренесам на деца-та. А особено ме радува тоа што тие самите покажуваат интерес и активни се и во МКД во Риека.

Ена Грипа-риќ, уче ни чка од Пу ла:

- Втор пат сум овде. Друга-руваме и учиме. Најмногу ме ра-дува капењето, но и учењето ма-кедонски јазик.

Јас немам никаква поврзаност со Македонија по роднинска линија, а во контакт со македонски јазик дојдов преку моето основно учи-лиште кога беше поставено пра-шање кој сака да учи македонски јазик. И јас и мојот пријател се пријавивме и веќе трета година учам македонски јазик.

А у р о р а Кнежевиќ, ученичка од Сплит:

- Многу ми е убаво овде во кам-пот, нешто ново, поина-ку од Шол-

та. На Шолта бев два пати, оваа година сум во Шибеник. Запознав доста нови пријате-ли, но исто така, имав мож-ност да ги обновам врските со пријателите од минатата година. И секако ги збогатив моите знае ња за македон-скиот јазик и за Македонија. Секоја година со право едвај чекам да дојдам во Еуроклуб.

Бартул Чоге-ља, ученик од Загреб:

- Прв пат доаѓам во кам-пот и доста сум задоволен. За-по знав нови при јатели. А во доста спортски

дисциплини го освоив првото ме-сто (во нуркање, маскирање во најубава девојка...). Во текот на денот едвај чекам да дојде време за ручек. Интересно ми е и на ча-совите по македонски јазик, затоа што има и цртање. Македонски јазик во Загреб учам една година.

М. Г.

Натпреварувачки дух

Page 12: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Настани Događaji

Настани12

В о склоп на мани-фестацијата Пор­

то Етно фестивал на музика и гастроно­мија кој се одржа на 7 и 8 септември во Рие-ка, Македонците кои живеат во овој град го одбележаа својот голем државен празник – Ден на независноста на РМ.

МКД „Илинден“ и оваа година со своето учество на Фестивалот, на кој беа претставени 17 светски кујни, уште еднаш го покажа цело-то богатство на маке-донската кујна, со пре-красно подготвените тра диционални маке-дон ски јадења од стра-на на членките на МКД „Илинден“ и сето тоа проследено со звуците на македонската песна

во изведба на членови-те на Друштвото. На Фе сти валот у чествуваа малцинства од БиХ, Ср-бија, Италија, Албанија, Русија, Украина, Слове-нија, Словачка, Чешка, Украина, како и егзо-тичните Венецуела, Ма-дагаскар, Трини дад и Т обаго, како и Индија. Во музичкиот дел на двете вечери гостуваа позна-ти музичари од светот, Сенегал, Италија, Мек-сико, Словенија, БиХ, Унгарија, Сомалија, Ма-кедонија и Хрватска.

Фестивалот го за-творија одличните Есма Бенд, оригиналниот при дружен состав на по којната Есма Реџепо-ва, а Симеон Атанасов водител на составот, ги поздрави сите присут-

ни и на сите Македонци им го честита Денот на независноста на Репу-блика Македонија.

Организатори на Порто Етно се Град Риека, организацијата „Риека 2020“, како и колективот „Мануфак-тура“ како соорганиза-тори. Идејата на Фести-валот е малцинствата кои живеат во ПГЖ и

Риека, да го престават своето културно на-следство преку својата кујна и својата музи-ка. МКД „Илинден“ во права смисла на зборот се вистински амбасадо-ри и претставници на својата Македонија, и на овој начин најдобро го прославија овој го-лем празник.

Гордана Квајо

О бележувањето на Денот на независноста на Република

Македонија во Сплит за Ма-кедонското културно друштво „Македонија“ е традиција која опстанува заедно со самото постоење на Друштвото. Ма-кедонците кои живеат во овој далматински град, секоја годи-на со традиционално дружење го прославуваат овој национа-лен празник. Оваа година во просториите на Мажураниќево шеталиште 8/А членовите и го-стите на МКД „Македонија“ се собраа да се потсетат на овој

значаен датум од поновата ма-кедонска историја.

Претседателката на Дру-штвото, Венка Џанко, на поче-токот се обрати кон членовите со својот говор во кој го истакна значењето на Денот на незави-сноста на Македонија и обеле-жувањето на истиот помеѓу Ма-кедонците кои живеат надвор од неа. Таа со посебно задоволство им го честита празникот на Ма-кедонците, а потоа ги поздра-ви гостите кои беа присутни на овој за значаен настан, меѓу кои беа и Тончи Блажевиќ, претсе-

дател на Одборот за соработка со националните малцинства при Град Сплит, Перо Јуришин, советник во Град Сплит, претсе-дателот на српското национал-но малцинство, Момчило Ру-шич, како и Аника Триполски, претседателка на унгарското национално малцинство. При-сутни беа и членовите на Ма-кедонскиот културен центар во Сплит.

На прославата, хорот на МКД „Македонија“ – Сплит се претстави со неколку македон-ски традиционални песни, а по-себно песната „За многу години Македонци“ ги разгали душите и ги поттикна чувствата за при-падност на многумина присутни тој ден.

Дружењето беше неизоста-вен ден од прославата, песни, ора и веселба како и добро рас-положение помеѓу присутните членови направија пријатна и весела атмосфера.

Марта Жаја

На Етно фестивал за Денот на независноста

Одбележан 8-ми Септември во Сплит

Page 13: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Сплит

Сплит Split

13

И линден – големиот ма-ке донски национален и пра вославен празник кој

се одбележува на 2 август има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Како и секоја година, така и оваа по повод празникот, членови-те на Македонското културно друштво „Македонија“ – Сплит илинденската традиција ја про-славија со патриотски и фол-клорни симболи.

Во просториите на Дру-штвото се собраа околу 40-тина членови да го прослават праз-никот и уште еднаш да потврдат кое е неговото значење и надвор од границите на Македонија. По тој повод Љубинка Тасиќ, пот-претседателка на МКД „Маке-донија“ – Сплит, на почетокот се обрати кон присутните чле-нови и прочита реферат со кој

се обиде накратко да го објасни значењето на овој голем маке-донски празник, иако е тешко со зборови да се објасни опста-нувањето на македонскиот на-род низ времето.

ЗдружениПоздравен говор имаше и

претседателката на Друштвото, Венка Џанко, како и гостинот од Град Сплит, Перо Јуришин, советник. Тој се заблагодари за поканата и во неколку речени-ци ја објасни и потенцира вр-ската и односот помеѓу Маке-донците и Хрватите во Сплит на национално ниво. Истовремено на прославата Иринка Прусац со својот прекрасен глас ги по-чести присутните со неколку стари и традиционални песни.

На прославата беа присут-ни и членовите од Македон скиот

културен центар со што уште еднаш се потврдува значењето на овој национален празник – и покрај различните гледања на одржувањето на македонска-та култура и традиција на овие простори, Илинден е денот кој сите нѐ спојува, здружува во една целина и со тоа се истакну-ва неговата големина.

Истовремено присутните членови беа почестени со тра-диционална македонска трпеза која воедно беше и промоција пред гостите.

И оваа година прославата беше исполнета со звуците на традиционалните македонски инструменти, песна и ора како и желбата и меракот за обележу-вање на празникот со најголемо значење на македонскиот народ и историја.

Марта Жаја

Илинденско поврзувањеИлинден – празник кој го спојува македонскиот народ и надвор

од Македонија

Page 14: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Настани

Настани Događaji

14

М акедонски по-лицајци и го-ди нава беа дел

од странските ти мо ви во реализација на проектот „Сигурна ту ристичка сезона“ на Јад ранскиот брег. Од 2014 година, Република Македонија преку Министерството за внатрешни работи заедно со останатите европски земји од каде доаѓаат туристи во Хр-ватска п ридонесуваат гостите за време на лет-ната сезона да се чув-ствуваат сигурно и без-бедно во текот на својот летен одмор.

Ваков вид на сора-ботка е врз основа на Меморандумот за со ра-ботка помеѓу Република Хрватска и Република Македонија, а задача-та на странските поли-циски слу жбеници е да им помагаат на свои те хрватски колеги за вре-ме на секојдневното вр-шење на дол жноста на

подрачјето на Шибеник и Шибенско-книнска-та жупани ја, особено во делот на комуника-цијата и соработката со туристите од нивната земја.

Како што инфор-ми раше началникот на полициската управа на Шибенско-книнска-та жупанија, Ивица Ко ста ниќ, дејноста на стран ските полицајци, исто така, е насочена и кон превенција на кри-вични дела и прекршо-ци, како и унапреду-вање на безбедноста во сообраќајот.

Меѓународна соработка

Во јули, македон-скиот полицаец Столе Додевски од полици-ската станица Гази Баба од Скопје цел ме-сец беше вклучен во странски тим заедно со колеги од Чешка.

Со него се сретнавме во хотелскиот компекс Соларис, кај Шибеник, местото на неговото деј ствување.

„Изборот за доа ѓа-ње на македонски по-лицаец во странските тимови се реализира на начин така што Мини-стерството за внатреш-ни работи на РМ дава полициските станици да одберат нивни прет-став ници, кои се нај-компетентни за да мо-жат да ја претставуваат македонската полиција

во најдобро светло. На тој начин и јас се нај-дов овде во Хрватска, поточно во Шибеник“, ни рече Столе.

Тој додаде дека меѓународната соработ-ка е од огромно значење за нивната работа, може многу да се научи, би-дејќи Хрватска е земја на ЕУ и овде се работи по европски закони.

„Тоа е пред сѐ голе-мо искуство што може да го примениме и кај нас, во нашата рабо-та, особено во делот за развивање на туризмот, како да ги пречекаме туристите како што е принцип на хрватската полиција“, додава тој.

Столе особено е за-доволен од односот на хрватските колеги, кои стојат на располагање во секое време, но и од другите странски поли-цајци.

Во август претстав-ник на македонската по лиција беше Дарко Јо вановски, кој дојде по заминувањето на не-го виот скопски колега Столе Додевски.

М. Г.

Хрватско искуство за македонски полицајциВеќе петта година македонски полицајци се вклучени во странските тимови во реализација на проектот „Сигурна туристичка сезона во Хрватска“. Нивното дејствување е насочено кон превен-ција на кривични дела и прекршоци, како и на унапредувањето на безбедноста во сообраќајот

Page 15: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Изложби Izložbe

Изложби 15

В о организација на Музејот на При-горје и со поддр-

шка на Министерство-то за култура на РМ, на 5 јули 2018 година во галеријата Курија при Музејот на Пригорје во Сесвете се отвори ли-ковната изложба Ос­ми слувајќи го просто­рот на современиот македонски уметник На таша Милованчев. Ова е нејзина прва са-мостојна изложба пред хрватската јавност. При сутните ги поздра-ви директорката на музејот, Морена Жеља Желе, а за делата гово-реше Санда Станаќев Бајзек, историчар на уметноста.

Нова реалност„Своето уметничко

творе штво Наташа го посветила на истражу-вање на просторот. Тој за неа е илузија, праз-нина што ја исполну-

ваме, одраз на на шиот идеолошки и естетски став кој е врз основа на доживувањето на она што нè опкружува и на она што е во нас. Пора-ди тоа, платната на неј-зиниот ликовно-поет-ски простор се допир со нова реалност која ни нуди увид во скриените простори на битието на авторот, во која можеме да препознаеме и дел од

нашето сопствено ис-куство и доживување. Изложбата на Наташа Милованчев укажува на константа во претста-вувањето на нејзините уметнички дела, што е секогаш концепциски зао кружено креативно искуство базирано на осмислување и структу-рирање на просторот...“, истакна Станаќев Бај-зек.

ПризнанијаНаташа Милован-

чев (1967) живее во Ско-пје. Дипломирала на Архитектонскиот фа-култет, отсек проекти-ра ње и на Факултетот за ликовни уметности, сликарски отсек, каде и магистрирала. Работи како доцент на Архи-тектонскиот факултет. Освен со сликарство, се занимава и со театар-ски и графички дизајн. Учествува на бројни са мо стојни и групни из ложби, меѓународни ли ковни ра ботилници и семинари во Македо-нија, Франција, Герма-нија, Холандија, Шпа-нија, Австрија, Буга-рија, САД, Словенија, Србија, Црна Гора и Хр ватска. Член е на ДЛУМ од 1994 година и добитник на разни при-знанија и награди.

Е. Петровска

Осмислувајќи го просторот„Тајната е во визијата, во имагинацијата, во фантазијата, во тоа човекот да има моќ сето тоа да го направи видливо во внатрешната слика што ја дава неговото доживување...“ (Ернст Лудвиг Кирхнер)

PETKOM I SUBOTOM – GRUPA „MAKEDONSKA DUŠA“Na adresi Ilica 298, Zagreb – Kustošija, u ugodnom i toplom makedonskom ambijentu osjetite radost nepca, uzbuđenje

duše te veselje srca, o kojima ćete dugo pričatati.Na Vama preostaje samo da se opustite i zabavite, a za sve ostalo s radošću pobrinućemo se mi.

Organiziramo svake vrste obiteljske proslave, SVADBENE PROSLAVE, domjenke te poslovne susrete.Veselimo se vašem dolasku!

Page 16: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

16 Загреб

Настани

В о организација на загреп-ското Здружение за про-мо ција на културата

„KULTura sNOVA“ и претседа-телот Здравко Одорчиќ, на 29 и 30 јуни на неколку локации во Загреб се одржа 2. Меѓунаро-ден поетски фестивал под назив Загреб на дланка. Фестивалот беше посветен на познатата хрватска поетеса Весна Парун, а во програмата освен број-ните учесници од Хрватска и странство, гостуваа и актерите Миа Беговиќ и Зденко Јелчиќ, музичките кантавтори Влади-мир Георгев, Невен Дужевиќ и други. Учествуваа и Мирјана Мајиќ, претседателка на МКД „Билјана“ од Задар, и Милена

Златеска, потпретседателка на МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, со своја поезија на маке-донски јазик.

Течеше поезија низ текст и ноти. Учесниците со рецитирање и музика направија прекрасна атмосфера и оставија одличен впечаток кај сите присутни за да ја почувствуваат убавина-та на поезијата. Отворањето на фестивалот беше покрај споме-никот на Марија Јуриќ Загорка во Ткалчиќева улица, а потоа продолжи во библиотеката М. Ј. Загорка, во Старословен-скиот институт, во Културниот центар Месничка, во Цинкуш – Под старите кровови... во ду-хот на стариот град Загреб. На

фестивалот беше промовирана и фестивалската збирка пое-зија во која свое место најдоа и стиховите на нашите поетеси Мирјана Мајиќ и Милена Зла-теска.

Поезијата ги руши сите гра-ници меѓу народите. Ја бранува душата и ги повикува најуба-вите чувства да го облагородат нашиот живот. Таа е поттик што храбри и бодри, инспирација за добри и возвишени дела. Со многу емоции авторите ја пре-несоа пораката на поезијата и приредија вистинско уживање кое беше проследено со срдечни аплаузи од присутните.

Е. Петровска

Загреб на дланкаУчесниците со рецитирање и музика направија прекрасна ат-мосфера и оставија одличен впечаток кај сите присутни за да ја

почувствуваат убавината на поезијата

Page 17: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Zagreb

Događaji

17

Т уристичко-кулинарската ма ни фестација „Што јадеа

нашите стари“ („Kaj su jeli naši stari“), која веќе 38 години по ред се одржува во Врбовец, го-ди нава се одржа од 24 до 26 ав-густ и понуди традиционално подготвени гастрономски де-ли катеси кои биле наследени и пре несени низ годините „од ко-лено на колено“ и како такви се зачувани во книгите за рецеп-ти од регионот на Врбовец. Ве-

черите пак беа одбележени со разнообразна музичка програ-ма за која беа задолжени број-ни гости.

Музиката е универзална, но сепак се разликува. Во рамките на манифестацијата, во недела-та на 26 август, на летната сцена настапија и женската вокална етно-група Езерки и оркеста-рот 7/8 од Загреб. Воден од вир-туозниот виолинист Бруно Ур-лиќ, целовечерниот концерт ги

воодушеви граѓаните со маке-донска народна музика, со по-знатиот наш мелос и ритам низ безвременските песни и ора, и мамеше бурни аплаузи и ова-ции. Како и секогаш на нивните концерти, позитивната атмо-сфе ра и квалитетната музика ги инспирираше присутните и самите да запеат и заиграат, а задоволството и впечатоците душевно да ги исполнат.

Е. П.

Н а 3 септември 2018 година во киното

„Европа“ во Загреб, на 6. Фестивал на свет­ската книжевност кој се одржуваше од 2 до 8 септември во Загреб и Сплит, гостуваше Ли-дија Димковска, маке-донска поетеса, про-заист, есеист, теорети-чар на книжевноста и преведувач. Во двојниот портрет со познатиот новинар, водител и пи-сател Дражен Илинчиќ, кој го модерираше исто-ричарката на уметност и книжевна компара-тистка, Дуња Кучинац, се водеше интересен разговор, па публика-та можеше да дознае за тоа како нè гледаат однадвор, а како ние

се гледаме себеси, но и дали пишувањето може да го промени светот или само го опишува.

Димковска е добит-ничка на бројни кни-жевни награди, меѓу кои е и наградата за кни жевност на Европ-ската унија во 2013 го-дина. Нејзиниот најнов трет роман „Но-Уи“ (2016) е директно повр-зан со Хрватска, а на-станал како резултат на нејзиниот едноме-сечен престој во кни-жевната резиденција во Сплит, организирана од книжевното здруже-ние „Курс“. Напишан како дневнички запи-си во кои се вкрстува-ат историското време и современоста, Сплит

и Сицилија, животната приказна за една баба и една внука, романот промовира култура на сеќавањето, имплицира барање на идентитетот, дава слика за мигра-циската психологија и за копнежот за вдому-

вање во јазикот и кул-ту рата. Во романот се насликани и совреме-ните општествени слу-чувања во Хрватска. Наскоро се очекува и превод на романот на хрватски јазик.

Е. П.

„Што јадеа нашите стари“

Лидија Димковска на Фестивал во Загреб

Page 18: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

18 Охрид

Совет на МНМ за Град Загреб

„С екој нов научен јазик е уште еден отворен про-зорец кон светот“, вели

една стара мудра поговорка. Соодветно неа, изучувањето на нов јазик е тешко само докол-ку немате желба и не сте довол-но мотивирани. Со позитивен пристап, за кусо време ќе го по-чувствувате задоволството кое го носи владеењето на уште еден јазик. А ако се работи за уче-ници од дијаспората и за изу-чување на јазикот на нивните

корени, мајчиниот јазик, тогаш задоволството е немерливо.

За неколку ученици од За-греб што ја посетуваат изборна-та настава по македонски јазик и култура по моделот Ц, учеб-ната 2018 година продолжи и во текот на топлото лето. При-чина за тоа беше одржувањето на Летното училиште во Охрид, Македонија. Благодарејќи на редовната програма на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, два-

наесет ученици и нивните три водители, Ивица Ваљак, Марти-на Ваљак и Мартина Лебош-Ра-дош, од 26 јули до 1 август имаа прилика да го подобрат своето познавање на македонскиот ја-зик. Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија веќе 10 години по ред го организира ова Летно училиште, во кое преку најраз-лични забавни и едукативни активности, учениците се за-познаваат со македонскиот ја-зик, историја, традиција и кул-тура. Наставата ја водеше про-фесорката Милка Тримчевска, а учениците, како и изминатите години беа сместени во хотелот „Конгресен центар“, с. Коњско.

Чувство за припадностДиректорот на Агенцијата,

Никола Шалваринов, на свече-ното отворање посочи дека овој проект е од клучно значење за намалувањето на сè поброј-на та најмлада популација на исе леници кои не го позна ваат мајчиниот јазик, а со тоа и пот-тикнување на чувството за при-падност кон државата на поте-

Нов прозорец кон светотАгенцијата за иселеништво на Р. Македонија веќе 10 години по ред го организира ова Летно учи-лиште, во кое преку најразлични забавни и едукативни активности, учениците се запознаваат со

македонскиот јазик, историја, традиција и култура

ЛЕТНО УЧИЛИШТЕ ВО ОХРИД

Page 19: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

19Ohrid

Vijeće MNM Grada Zagreba

клото, Република Македонија. При своето обраќање, министе-рот во Владата на РМ задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, најави дека во наредните години ќе се продолжи и со други кул-турни и образовни содржини, со цел да се зајакне свеста кај помладите генерации на дија-спората за нивниот македонски национален и културен иденти-тет.

На Летното училиште го-динава учествуваа 45 ученици од Хрватска, Србија, Италија, Австрија, Турција, Германија, Англија и Данска, па средбата со оние што веќе се позна ваат од претходните години беше исполнета со радосни мигови и спонтани другарувања. Весе-лата атмосфера првиот ден до-полнително ја разубавија и ак-терите од „Театар Крик“ со из-ведба на театарската претстава „Принцот и жабата“.

Непроценливо богатство

Колку е убаво кога си млад и безгрижен! Ниту учењето не е проблем, особено кога е орга-низирано низ интересни и креа-

тивни работилници. А тука се и слободните часови, капењето и палавењето во бистрите охрид-ски води, спортските игри, за-должителните прошетки, раз-гледувањето на добро познатите охридски културно-историски знаменитости и локации на природни убавини како што се Музејот на вода – Заливот на коските, Самуиловата тврдина, Плаошник, Античкиот амфитеа-тар, црквите „Св. Софија“ и „Св. Јован Канео“, Вевчани и многу други. Вечерите пак, предвидени се за многу забава и дружење,

низ музика и игра, караоки, танц... Сè потребно на едно место за долги убави спомени. И плус доделените дипломи за успешно учество на Летното училиште!

Враќањето за Загреб со Хи-саровиот жолт автобус донесе и по некоја солза во очите, но и ветување за повторна сред-ба идната година. Знаењето и искуството, богатството кое се стекна за оваа недела е непро-ценливо, на учениците им отво-ри уште еден нов прозорец кон светот...

Е. Петровска

Нов прозорец кон светот

Page 20: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

20 Концерти

Концерти Koncerti

Н а 7 јуни во културниот цен-тар Травно во Загреб, а во

организација на Македонскиот културен форум од Пула и на КУЦ Травно, мешовитата пејач-ка група „Деспина“ од Пула одржа целовечерен концерт пред бројната загрепска публи-ка. На самиот почеток од кон-цертот под назив „Македонија во срцето“, свое обраќање имаа Мачеј Качоровски, врши тел на дол жно ста при Амбасадата на РМ во РХ, и Алдо Климан, прет-седател на Македонскиот кул-турен форум. Меѓу присут ните беа и бројни членови на загреп-ските македонски здруженија и асоцијации.

„Деспина“ која брои 15-ти-на изведувачи и солисти наста-пи во придружба на уметнич-киот музички ансамбл и под водство на Тони Перниќ, изве-дувајќи разновиден програм-ски репертоар на македонски народни песни од вардарскиот, егејскиот и пиринскиот дел на

Македонија. Бисерите како што се Јовано, Јованке, Елено, ќер­ко, Лихнида, Се посврши сер­без Донка, На Струга дуќан да имам, Што имала к’смет Стамена и други, предизвикаа воодушевување кај публика-та, а особено голем аплауз доби инструменталната изведба на орото Мариовска тресеница и

изведбата на солистот Миладин Миќановиќ со песната Зајко ко­корајко, која ја отпеа и на бис.

Со овој прекрасен двочасо-вен концерт мешовитата пејач-ка група „Деспина“ ја прослави и својата јубилејна 10-годиш-нина од нејзиното основање во 2008 година.

Е. П.

Т радиционални песни и тан-ци на пет земји беа дел од

програмата што посетители-те можеа да ја следат од 5 до 8 јули 2018 година во рамките на 18. Меѓународен фестивал на фолклор во Велика Горица, кој се одржува во организација на ФА „Туропоље“.

На ревијалната вечер на отворањето пред бројните при-сутни се претставија домаќини-те и нивните гости, фолклорни-те ансамбли „Хрватска зора“ од Мелбурн, Австралија, „Хоро“ од Софија, Бугарија, „Хелолдо Ви-лариа“ од Холцвир, Франција, „Вах“ од Пучова, Словачка и

„Плетенка“ од Битола, Македо-нија.

Како и секоја година, го сти-те на Фестивалот настапија и на главниот плоштад во Загреб пред мноштвото граѓани и ту-ристи. Публиката со голем ин-терес ги следеше живописните кореографии на фолклорните ансамбли и ги поддржуваше со аплаузи.

ФА „Плетенка“ од Битола е формиран 2001 година, за изу-чување, негување и презента-ција на македонскиот фолклор и култура. Главна цел им е за-познавање на помладите генера-ции со македонската традиција, обичаи, ентитет и сето она што го сочинува и карактеризира еден народ. „Плетенка“ со мно-губројните концертни настапи и гостувања ширум светот е до-стоен претставник на македон-ското фолклорно наследство.

Е. П.

„Македонија во срцето“ за 10 години постоење

Битолчани на гостување во Велика Горица

Page 21: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Осиек Osijek

Осиек 21

Н а 31 јули 2018 година, гра-доначалникот на Осиек,

Иван Вркиќ, во пригодна по-сета прими делегација на МКД „Браќа Миладиновци“.

Целта на посетата беше дружење по повод завршување-то на мандатот на вршителот на должноста во Македонската амбасада во Република Хрват-ска, Мачеј Качоровски. На со-станокот, тој беше придружуван од претставниците на македон-ското национално малцинство за Град Осиек, Јагода Тренеска Цветичанин и за Осиечко-ба-рањската жупанија, Драгољуб Сиљаноски.

Во пријатниот разговор, градоначалникот Вркиќ го ис-такна своето задоволство за

ак тивностите на МКД „Браќа Миладиновци“ и го истакна придонесот на ова Друштво кон културната различност на О сиек.

Од своја страна, Качоров-ски се заблагодари на поддрш-ката којашто Градот му ја дава на Друштвото и која овозможу-ва континуитет во активности-те и негување на македонската култура од 1994 година, кога Друштвото е основано, па сè до денес.

Меѓу другото, на состанокот беше истакната и желбата да се обнови пријателството помеѓу градовите Битола и Осиек кое датира од 1976 година.

Ј. Т.

П едесет и две години по одр-жувањето на првите, ово-

годишните Ѓаковечки везови беа своевидна кулминација на летото претставувајќи го во нај-добро светло она најубавото од славонската и барањската тра-диција, фолклор и народно тво-рештво.

Завршната манифестација се одржа на 8 јули на централ-ниот плоштад во Ѓаково. Во све-чената поворка, заедно со уште 60 фолклорни друштва и преку 3000 учесници од Хрватска, Австра-лија, Украина, Босна и Херце го-вина, Србија, се претстави и МКД „Браќа Миладиновци“ од Осиек.

Пред бројните гости меѓу кои градоначалникот на Ѓаково, Марин Мандариќ, застапничка-та во ЕУ парламентот, Маријана Петир, замениците на жупанот на Осиечко-барањската жупа-нија, Петар Лагатор и Горан Ива новиќ, и надбискупот монс. Ѓу ро Храниќ и други, боите на Македонија ги претставуваа членките и членовите на „Танец Осиек“ кои на ѓаковечката смо-тра беа амбасадори на македон-ската култура и традиција.

Ова е прв пат Друштвото да се претстави на овој значаен настан.

„Задоволни сме што бевме заедно со другите друштва и што бевме дел од Ѓаковечките везови кои се врвна манифе-стација на фолклорот и тради-цијата на источниот дел од Хр-ватска. За следната година пла-нираме поголем настап, но за тоа ќе треба посебно да се под-готвиме“, истакна Борис Траја-новски, претседател на МКД „Браќа Миладиновци“.

Ј. Т.

Македонците и културната различност во градот на Драва

Македонски ора на Ѓаковечките везови

Page 22: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

22 Македонија

Македонија

П о најавениот конкурс за 2. Традиционална манифе­

ста ција „Гордана Коцева“ пе-сните од поетесите Мирјана Мајиќ и Милена Златеска од Хрватска влегоа во тесниот круг на избор и зедоа учество во оваа манифестација, која се одржа на 7 јуни во библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип. Поетската ма нифестација ја организира Ми лица Паулус, родум од Штип, а живее и работи во Германија каде има издадено повеќе кни-ги на германски јазик, во чест на нејзината покојна пријател-ка, поетесата Гордана Коцева. Милица одлучила еден ден во годината да посвети на нејзи-ниот лик, настан проткаен со песни и поезија. На манифеста-цијата присуствуваа голем број поети од цела Македонија, како и гостинките од Хрватска, Мир-јана Мајиќ од Задар и Милена Златеска од Пула, кои на мани-фестацијата и дадоа предзнак

на меѓународна традиционална поетска манифестација.

Организаторката Милица Паулус ја отвори манифеста ци-јата и нагласи дека многу песни ќе зборуваат за ликот на Гор-дана, а синот на Гордана ги по-здрави присутните и им се за-благодари за учеството. Песните на првата одржана манифеста-ција биле посветени само на неј-зиниот лик, но годинава, темата беше слободна. Песната Сонувам од Мирјана Мајиќ ја доби првата награда за убава песна, а песна-та Око мое од Милена Златеска ја доби втората награда за убава

песна и беше прогласена за пе-сна најбогата со лирика. Покрај дипломите, беа доделени и книги на сите присутни. За поетесите од Хрватска, ова беше уште една можност за склучување на нови пријателства и соработка. Тие пишуваат двојазично и изда-ваат книги во земјата каде жи-веат, а нивните песни се дел од голем број зборници не само во Хрватска и Македонија, туку и пошироко, како Словенија, БиХ и други, па слободно можеме да речеме дека се амбасадори на македонскиот јазик.

Михаела Златеска

Д ел од членовите на МКД „Браќа Ми ла-

диновци“ од Осиек и ова лето заминаа – до ма. Не одеа секој за себе, туку заедно, со автобус. Рас-пеани и добро распо-ложени, по речиси два-наесет часа патување на 18 јули 2018 година пристигна во Охрид.

Целта на посета-та на Македонија беше настап на Друштвото во рамките на Меѓуна-родниот фестивал „Ох-ридски фолклорни де-нови“. Програмата на Фестивалот опфати по сета на културните зна менитости на Ох-рид, Струга и Вевчани,

дефиле низ центарот на Охрид и Струга, и настап на фолклорните секции и друштва.

Фестивалот „Ох-рид ски фолклорни де-но ви“ оваа година се одржа по десетти пат и опфати настапи на дет-ски и младински сек-ции и друштва, и на-стапи на возрасни тан-цувачи, како посебна категорија.

На Фестивалот МКД „Браќа Милади-новци“ се претстави со фолклорната секција „Та нец Осиек“ која ја из веде кореографијата „Иг ри од кумановско по ле“. Настапот беше на 20 јули во Охрид, на сцената којашто беше поставена покрај само-то езеро. Покрај МКД „Браќа Миладиновци“

во програмата на Фести-валот учество зедоа уште десетина друштва од Бугарија, Турција, Ал банија и Македонија.

По завршетокот на Фестивалот, МКД „Бра ќа Миладиновци“ со брод го посетија и Св. Наум, а уживаа и во стариот град Хера-клеа, крај Битола. На враќање прошетаа и низ Скопје, скопското Кале, а ја посетија и црквата „Св. Спас“.

Автобусот со умор-ните, но весели „Мила-диновци“, Македонија ја напушти на 22 јули носејќи со себе убави спомени.

До видување до след ната година!

Јулијана Тешија

Поетеси од Хрватска на поетска манифестација во Штип

Да видам Охрид, Струга да видам...

Page 23: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

23Makedonija

Makedonija

У ште подлабока врска со иселениците од Република Македонија и нивната ма-

тична држава се реализира пре-ку Агенцијата за иселеништво на РМ ова лето. Имено, преку трите проекти – израбо тка на При рачник за иселениците, по-тоа Сликовница за изучување на македонскиот јазик за децата на иселениците во дија спората и новата веб-страница, се овоз-можува остварување на потре-бите, целите и барањата на исе-лениците во земјите каде што живеат, работат и организирано дејствуваат. Новите проекти на Агенцијата за иселеништво кои се оценуваат дека се од суштин-ско значење за македонската дијаспора беа промовирани на 5 јули во Скопје, а на нивното претставување присуствуваа и Мирјана Мајиќ и Милена Зла-теска, членови на Управниот од-бор на Заедницата на Македон-ците во Република Хрватска.

Како што нагласуваат од Аген цијата за иселеништво, При рачникот за потребите на исе лениците на јасен и недво-смислен начин ги појаснува правата, обврските и потребите што можат да ги остварат исе-лениците од Македонија. Преку веб-страницата се овозмо жува лесен пристап до минатите, ид-ните и моменталните активности на Аген ци јата, давајќи соод ве-

тна слика за ра -ботењето што е од клучен ин те-рес и за исе ле ни-ците и за др жа-вата.

- Агенцијата изработи и соод-ветна Илустри-рана азбука во печатена и ди-гитална форма,

како помагало за изучување на мајчиниот јазик, наменета за децата на иселениците, при што Сликовницата е во изработка и издаваштво на Агенцијата, којашто на илустративен на-чин допира до најмладите и со-здава здрава основа за изучу-вање на мајчиниот јазик, истак-на директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалвари-нов на промоцијата.

Тој додаде дека и другите два проекта, Прирачникот за

иселеници и веб-страницата на Агенцијата, се во духот за ин-формирање и приближување на работата на Агенцијата до исе-лениците, а истите се изградени согласно актуелните законски прописи во земјата, сегашните општествени, политички и еко-номски состојби како и во насо-ка на можните идеи, планови и соодветни решенија.

На настанот, Мајиќ и Зла-теска остварија контакти со ос-танатите иселеници од светот, при што се воспоставија и мож-ности за натамошна соработка, а се сретнаа и со директорот на Агенцијата, Никола Шалвари-нов. Исто така, воспоставена е соработка и со печатницата Бранко Гапо од Скопје, која за потребите на ЗМРХ подари не-колку примероци сликовници, прирачници, списанија и работ-ни тетратки.

Михаела Златеска

Нови проекти на Агенцијата за иселеништво за приближување до дијаспората

Промоција во Скопје на Прирачник, Сликовница за изучување на мајчиниот јазик и нова веб-стра-

ница за подобра комуникација со иселениците

Министерот Едмонд Адеми задолжен за дијаспора

Меѓу гостите и Мирјана Мајиќ и Милена Златеска од ЗМРХ

Средба со директорот на Агенцијата, Никола Шалваринов

Page 24: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

24 Култура

Култура

Н а 22 јуни, на културниот фе стивал „КвартАрт“ кој

се одржа во Задар, свој настап имаа членовите на зд ружението

„Ријечи изнад свега“, кое ги спојува љубителите на поезија-та и на пишаниот збор. Ова е прво вакво здружение кое доби-ло покана да учествува на овој фестивал чии основач и претсе-дател е Емилија Мијатовиќ, пое теса од Задар.

На манифестацијата наста-пи и претседателката на МКД „Билјана“ од Задар, Мирјана Ма јиќ, како дел од здружение-то, а редовно настапува на кни-жевните вечери кои се органи-зираат во задарските локали. Таа се претстави со свои песни на хрватски и македонски ја-зик, што беше особено интере-сно за публиката.

Е. К. К.

О ваа година, по четврти пат, Книн беше домаќин на поет-

ската манифестација „Stijeg slobode – stina pradidova“, одр-жана во Книнската тврдина по повод празниците Ден на домо-винската благодарност, Ден на победата и Ден на хрватските бранители. Манифестацијата се одржа во организација на Хр-ватското книжевно друштво – огранок Задар со поддршка од Град Задар, Град Книн, Град Бје ловар, Задарската и Ши-бен ско-книнската жупанија, претседателката на Република Хрватска и Хрватската радио-телевизија. Оваа манифеста-ција која промовира патриотска поезија го освои срцето на Хр-ватите и на хрватските поети, а нејзин заштитен знак се секако емоциите кои ги буди додека се слушаат рецитациите од оваа посебна тема.

Улогата на водител на на-станот ја имаше кустосот на книнскиот музеј м-р Горан Мр-њавац, а за музичкиот дел на манифестацијата беше задол-жен задарскиот кантавтор До-нато Предован. На конкурсот за

поезии пристигнаа 273 песни, а жирито за вечерта на 3 август избра 12 најдобри кои беа реци-тирани од своите автори. Жири-то кое одлучуваше за трите нај-добри песни го сочинуваа: Анте Сикириќ, Јосо Некиќ, Никола Шимиќ-Тонин, д-р Драган Гли-гора, Фабијан Ловриќ, Давор Јашек, Марин Фузул, Мирјана Мајиќ, Андреја Малта и други.

Победник на четвртото из-дание на „Stijeg slobode – stina pradidova“ е Анте Надомир Та-диќ Шутра, второто место го

освои Динко Шкевин, а третото Драги Чондриќ. Наградата за најдобро читање поезија оваа година и припадна на Николина Мојиќ од Задар која е активна членка на МКД „Билјана“.

Наградите ги врачија Јосо Некиќ во име на Град Задар, Никола Блажевиќ, заменик жупан на Шибенско-книнската жупанија, Мато Ќурак во име на Град Бјеловар и Мирјана Мајиќ во име на Хрватското книжевно друштво – огранок Задар.

Е. К. К.

Македонска поезија на „КвартАрт“

„Stijeg slobode – stina pradidova“

Page 25: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

25Kultura

Kultura

Н а 24 август, на островот Паг, во Повљана се

одржа втората меѓуна-родна средба на поети под наслов „Поезија под смоква“. Оваа ма-нифестација која веќе втор пат бележи го-лем успех и посетеност беше во организација на Хрватското книжев-но друштво. Како што самото име на настанот впрочем кажува, сред-бата беше замислена како релаксирано чи-тање на поезија во при-рода, под смоква на имо-тот на Валерио Орлиќ, почесен претседател на Хрватското книжевно друштво. Меѓу поети-те кои земаа учество на оваа манифестација беше и Мирјана Мајиќ, претседателка на МКД „Билјана“ од Задар, која е препознатлива по својот стил и сен-зибилност на творбите кои ги чита на хрват-ски и македонски јазик. Останатите учесници кои настапија се Марин Фузул, Дамир Фенрич, Марија Кривокапиќ, Ерние Гиганте Дрешко-виќ, Анте Грегов, Иван

Добра Жирјанин, Жар-ко Јовановски, Јасенка Медведец, Валерио Ор-лиќ и други.

ПаралелиДен потоа, на 25 ав-

густ, повторно во орга-низација на Хрватско-то книжевно друштво се одржа деветтата по ред средба на поети под наслов „Во спомен на Анте Земљар“. Со оваа манифестација Хрватското книжевно друштво, а особено до-маќинот Валерио Ор-лиќ, сака да му оддаде почит на овој поет, па-тописец, писател, кри-тичар и сценарист чии дела се преведени на повеќе странски јази-ци. Манифестацијата беше поделена во три дела. Во првиот дел д-р Марија Кривокапиќ правеше паралела по-меѓу писателите Сте-фан Митровиќ и Анте Земљар. Во вториот дел беше организирана по-сета на родната куќа и спомен-плочата на Анте Земљар, додека пак вечерта беше пос-ветена на поетска сред-ба каде дваесетина пое-

ти читаа свои творби. Меѓу поетите беше се-како и Мирјана Мајиќ, која веќе традиционал-но настапува на оваа манифестација со своја поезија на хрватски и македонски јазик. За своето учество на овој настан Мајиќ доби бла-годарница.

Во вечерните часо-ви присутните имаа мож ност да уживаат во прекрасна уметност про следена со дегуста-ци ја на најдобриот каш-кавал.

Елена Кипровска Кнежиќ

Поетски средби

Page 26: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Настани26

Настани Događaji

Н а островот Паг во Повљане, од 7 до 10 јуни 2018 година

се одржа шестата меѓународна колонија на уметниците – „Збор во каменот“, во организација на Хрватското литературно друштво. Колонијата ја воде-ше почес ниот претставник на Друштвото и водител на коло-нијата, Валерио Орлиќ. Богата-та програма ја започна домаќи-нот Орлиќ, а по „виноградската тура“ и запознавање со произ-водството на вино и други земјо-делски производи, на Видикове-цот во Повљане се уживаше во прекрасниот залез на сонцето.

Во петокот наутро, во све-чената сала во Повљане се одр-жа свечено отворање на излож-бата на слики-минијатури од Емилија и Стојче Тоциновски „Откривајќи ги островите“, кои допатуваа од Скопје. Авторите вешто го навлекуваат гледачот во приказната на бои низ повеќе нивоа на ликовноста, откри-вајќи поврзаност и различност во мотивите помеѓу езерото и морето, помеѓу морската барка и охридската чунка, камените куќи како и карактеристичната архитектура на македонските и хрватските цркви.

Македонска речПосле отворањето на из-

лож бата следеше предавањето на домаќинот Орлиќ, на тема „Хаику поезија“ и претставу-вањето на книжевниот опус на

поетот Мајо Даниловиќ – Тра­гот на душата.

Во попладневните часови, учесниците на колонијата ја посетија градската библиоте-ка и прошетаа по Стариот град на Паг, а попат ја посетија и си-раната „Глигорa“. Вечерта низ шаманско патување ги водеше Весна Речник Шишко од Слове-нија.

Саботата беше „резервира-на“ за предавањето во врска со новинарството од гостинот Веле Митаноски, публицист и нови-нар од Охрид, а потоа следуваа претставување на книжевниот опус на Сафета Осмичиќ, како и новата збирка на песни на Ва-лерио Орлиќ „Молитва на па-стирите“.

Учесник на манифестација-та веќе неколку години по ред е и Мирјана Мајиќ, претседател-ка на МКД „Билјана“ од Задар, која читаше свои песни на маке-донски и хрватски јазик. Како претставници на МКД „Илин-ден“ беа Ивона Дуноски Ми-тев, која ја претстави работата и активностите на Друштвото, а музичките паузи ги пополнија Марјан Митев и Јуре Ружиќ. На сите учесници им беа доделени благодарници по кои следуваше дружење. Шестата меѓународ-на колонија заврши неделното утро на 10 јуни со читање пое-зија на домаќинот Валерио Ор-лиќ.

Г. К.

„В атрено“ се нави-ваше со денови во

просториите на МКД „Илинден“ во Риека за време на Cветското првенство во фудбал. Гласно, со жар, од срце за Хрватска.

Македонците кои живеат и работат во Риека со своите прија-тели и случајните ми-

нувачи кои се секогаш добредојдени во клубот, се веселеа на секоја по-беда на хрватските реп-резентативци, кои за жал не станаа светски прваци, но со златен сјај ги исполнија срца-та на сите верни нави-вачи со среброто кое го освоија.

Г. К.

„Збор во каменот“

„Ватрени“

Page 27: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

27Риека

Риека Rijeka

Н а 30 јуни, во про-сто риите на СКД

„Про света“ - Риека, под покровителство на При-морско-горанската жу-панија и градот Рие ка, организиран од Заед-ницата на народи на Босна и Херцеговина, се одржа шаховскиот турнир на национални-те малцинства.

Се натпреваруваа тимови на малцинства-та кои живеат во оваа

жупанија и градот Рие-ка (српското, бошњач-кото, црногорското, сло -вачкото и македон ско то малцинство).

Македонското мал-цинство успешно го прет ставуваа членови-те на МКД „Илинден“, Ванчо Милчов Кери и Звонко Таневски и ја ос-воија дипломата "ФЕР ПЛЕЈ ЕКИПА".

Г. К.

И ако летото е го-дишно време за

летување и рекреа-ција, време кога се намалени активно-стите во МКД „Илин-ден“, вратата за сите добронамерни посе-тители желни да го почувствуваат духот на Македонија, со мезе и чашка муа-бет, со звуците на македонскиот мелос, секогаш е отворена. Така во организација

на нашиот долгого-дишен член Здраве Зафиров, се одржа средба со неговите роднини Ванчо Мил-чов и Стојан Нико-лов со семејствата, и со други блиски пријатели, кои долги години се отселени од Риека. Во одлич-но расположение со песни и ора го одбе-лежаа своето пов-торно среќавање.

Г. К.

В о средината на август во просториите на МКД

„Илин ден“, на ул. Матачиќе-ва 5, отворена е самостојна изложба (акрил на платно) со наслов „Девојка во цвеќе“ на авторот Иво Кајзер.

Иво Кајзер (роден е 1947 год. во местото Вашка кај Сла-тина) живее во Риека од 1965 година. Јавно претставување со своите дела започнува во касните осумдесетти години на минатиот век. Учествува во разни ликовни манифе-стации и групни изложби со други автори. Паралелно со

сликањето тој се занимава со пишување на проза и пое-зија. Член е во Друштвото на хрватските литерати.

Има објавено две збир-ки поезија Случаен патник (1999 г.), Фестивал на по­вратници (ДХЛ, 2002 г.) и роман Хроника во периодот на пародијата (МХ Пазин, 2006 г.). Добитник е на повеќе награди и признанија за сли-карство. Своите дела ги има изложено на повеќе од 30 са-мостојни изложби во земјата и во странство.

Г. К.

Шаховски турнир за малцинствата

Средби

„Девојка во цвеќе“ на Иво Кајзер

Page 28: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

28 Интервју

Интервју

P ovod ovom razgovoru bio je nastup Vlatko Stefanovski Blues Tria na 11. po redu

Kastav Blues Festivalu.U subotu 4. kolovoza navečer,

Tomislav Goluban i Vlatko Ste­fanovski Blues Trio privukli su u Kastav ogroman broj publike koja je ispunila ne samo Forticu, Trg Matka Laginje, već i sve ugo-stiteljske objekte, pa se slobod-no može reći da je „Kastav disao blues i dobre vibracije punim plućima“.

Za nastup glazbenih virtuoza Vlatka Stefanovskog Blues Tria, dovoljno je reći da je trajao sko-ro dva sata, a vidljivo nadahnuti prostorom i publikom, dali su sve od sebe, na oduševljenje krcate Fortice. Kombinacija etna, blue-sa i rocka nikoga nije ostavila ravnodušnim, a sam Stefanovski je doživio ovacije kada je rekao: „Svirao sam puno puta u Opatiji, ali nisam znao da postoji ovako predivno mjesto iznad nje“. Neiz-mjerno je bio zahvalan i publici pa je tako Kastav Blues Festival završio fantastičnom sinergijom publike, glazbenika i ambijenta.

Sljedeće jutro u ugodnom ambijentu ovog malog primor-skog gradića, nakon što su se doj-movi slegnuli, razgovarala sam sa Vlatkom Stefanovskim.

Blues je to kada dobar čovjek pati

O Vlatku Stefanovskom i legen-darnoj grupi Leb i sol puno je to-

ga napisano i puno se toga zna, ali isto tako pamte se i koncerti sa Vlatko Stefanovski Triom 2001. godine u Svid Rock Caffeu u Rije-ci i Pogonu kulture prošle godine. Evo Vas u Kastvu na sinoćnjoj za-vršnoj večeri Kastav Blues Festiva-la. Što je za Vas blues i je li Trio još uvijek u istom sastavu?

Često sam u Rijeci i u Opatiji, ali za mene je Kastav otkrivenje. Ovaj ambijent je zaista čaroban i srce mi je bilo ispunjeno već od

prvog trenutka kada smo stigli dok sam gledao gdje ćemo svirati.

Jučer smo svirali na Kastav Blues Festivalu. Za mene je blues svaka glazba koja ima određenu emociju, pa je tako i make-donska glazba – blues, a ja sam u neprestanoj potrazi za tim nekim bluesom, bez razlike s koje strane do-lazi. Ima dosta definicija oko toga što znači blues, a jedna od njih je, blues je kada dobar čovjek pati. To je blues i mnogo je glazbe nastalo upravo iz tih nekih emocionalnih stanja. Tako je nastajala vjekovima i ma kedonska tradicional-na glazba.

Drugi dio pitanja bio je o Triu. Ja sam prvi Trio osnovao 1996. godine, pa do 2000., a od 2000. do da-nas, nastupam s ovim deč-kima koji su jučer svirali (Đoko Maksimovski – bas, Dino Milosavljević – bub-

njevi). Mi smo ekipa koja putuje već 18 godina, što je nevjerojatno pa se i sam ne mogu načuditi tom vremenu koje je prošlo i svim tim koncertima koje smo odsvirali i putovanjima koje smo zajedno prošli.

I, naravno, neizostavno pitanje. Kakvi su Vaši dojmovi o Kastav Blues Festivalu i Kastvu?

Bilo je fenomenalno. Prove-li smo prekrasnu večer; zvjezda-

Kako je blues došao u Kastav?Krajem ožujka 2007. godine put je doveo u

Kastav američkog blues glazbenika Philadelphia Jerry Ricksa kojem se nova sredina toliko svidjela da je odlučio nastaniti se u Kastvu odakle je narednih mjeseci odlazio na brojne nastupe u Hrvatskoj i inozemstvu. Jerry je uskoro postao omiljen među lokalnim stanovništvom i godilo mu je kada su ga u šali nazivali „črni Kastavac“. Nedugo nakon što mu je u ljeto 2007. godine dijagnosticirana teška bolest, Jerry Ricks umro je i

za posljednje je počivalište odabrao upravo Kastav. Budući da je Philadelphia Jerry Ricks bio jedan od najeksponiranijih predstavnika tradicionalnog bluesa (country-blues) i posljednja živuća veza sa tzv. prvom generacijom blues glazbenika, odnosno onom koja je izgradila temelje suvremene glazbe, rodila se ideja o organizaciji memorijalnog blues festivala koji bi u Kastav privlačio glazbene sladokusce, turiste i sve one znatiželjnike koji uobičajeno pohode slična zbivanja u svijetu.

Etno, blues, rock i dobre vibracijeNastup „Vlatko Stefanovski Blues Tria“ u Kastvu i razgovor nakon koncerta

Page 29: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Intervju

Intervju

29

no nebo, razdragana i nasmijana publika koja je nakon koncerta otišla svojim domovima sa zado-voljstvom. Onih nekoliko tehnič-kih problema ne bih uopće spo-minjao, uzalud su besprijekorni tehnološki uvjeti, uzalud i svjetla i razglasi, najvažnije je srce, ljudi to prepoznaju.

Novi album

Vi ste jedan od malobrojnih ma-kedonskih glazbenika (iako Ma-kedonija ima izvrsne glazbenike) koji nastupaju na hrvatskim po-zornicama i čije koncerte publika u Hrvatskoj rado posjećuje. Po Vašem mišljenju zašto je to tako?

Znate što? Imam dosta isku-stva u ovom poslu. Ja sam, kako se kaže, orao ove njive još dok je bila Jugoslavija i svirao u svakom manjem i većem mjestu u Hrvat-skoj. Nema mjesta u Hrvatskoj gdje nisam svirao. To se nekako urezalo u kolektivno pamćenje, to ljudi pamte. I dan danas mi dola-ze fanovi koji imaju sve te ploče koje smo objavljivali, i te prve al-bume, fotografije s nekih prošlih koncerata i upravo zato ja i da-nas dobro prolazim u Hrvatskoj. Surađivao sam i još surađujem s brojnim hrvatskim glazbenicima poput Gibonnija, Nikše Bratoša, s pokojnim Oliverom, ekipom iz Zagreba. Veliki je broj glazbenika s kojima sam dijelio iste projekte, razmjenjivao ideje, energiju. Dug

je to put i nije od jučer. Naravno, svi koji su mladi i talentirani, koji imaju što reći i pokazati, vjeru-jem da bi i oni dobro prošli u Hr-vatskoj, ako imaju što ponuditi. Publika je danas probirljiva, ne možete joj uvaliti bilo što. Ljudi nemaju vremena, gledaju u svoje mobilne telefone i ništa ih više ne zanima, tako da je vrlo teško na-metnuti se i na trenutak skrenuti pažnju na ono što radite. Svijet je postao vrlo kompetitivan. Trebate biti stvarno manijak da biste op-stali i uspjeli.

Koji su Vam budući planovi?Da se izvučem živ i zdrav iz

ovog paklenog ljeta koje je prilič-no gusto sa koncertima i da se po-

svetim malo radu u studiju. Odav-no se nisam posvetio ozbiljnije ne-kom snimanju, a u međuvremenu sam prikupio dosta ideja, motiva koji zaslužuju pažnju, zabilježio ih na svoj telefon, na rekordere, i polako, nisam preambiciozan. Do sada sam snimio 35, 36 albuma i trenutno sam u nekom dobu kada nema više tih ambicija da budem zvijezda pod svaku cijenu i da bu-dem primijećen, da se sve okreće oko mene... Meni je dovoljno da mogu svirati, da imam publiku i da mogu od toga živjeti.

Planovi? Da snimim neki novi materijal i da složim novi album. Kada smo kod diskografije, mogu Vam sa velikim zadovoljstvom najaviti da će „Croatia Records“ uskoro objaviti live DVD i CD s mog koncerta u dvorani Lisinski koji je održan u travnju ove godi-ne. Sretan sam i vrlo sam bio za-dovoljan koncertom, svaki ton je bio savršen i na mjestu i vjerujem da će to izdanje biti spektakular-no.

Makedonce koji žive u Hrvatskoj posebno veseli svaki Vaš koncert i zaista Vam od srca hvala što uvi-jek nalazite vremena za ovakve susrete i kratke razgovore.

Hvala Vama. Drago mi je vi-djeti sve te ljude kako pjevaju na koncertima i što ih na takav način bar na kratko vratim u domovinu Makedoniju.

Gordana Kvajo

Page 30: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Портрети

Портрети Portreti

30

Д ека соработката помеѓу Македонија и Хрватска на полето на културата и

уметноста започната со браќа-та Миладиновци и бискупот Штросмаер продолжува, дока-жуваат не само гостувањата на македонските поети, книжев-ници, преведувачи и уметници во Хрватска, туку и договорот за соработка кој Друштвото го потпиша со Уметничката ака-демија од Осиек во 2013 година, како и гостувањата на бројни хрватски уметници во Македо-нија.

Оваа година, во Македони-ја беше 23-годишниот Иван Бобиќ, пијанист од Вараждин и студент на Музичката ака-демија во Осиек, Хрватска. Тој учествуваше на 5. Меѓународен натпревар на класична музи-ка „Арт ин Велес 2018“, кој се одржа на 9 и 10 јуни во Велес, во организација на здружение-то „Арт ин орг“ од Кавадарци, во Музичкиот кабинет на ОУ „Блаже Конески“ во Велес.

„Заспано детство“Во конкуренција на околу

200 млади уметници од четири држави, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрват-ска, овој млад пијанист и ком-позитор ја доби Гранпри награ-дата.

Во разговорот за Македон­ски глас тој истакна дека оваа награда му значи многу, зашто таа е негов „поттик за поната-му“, за уште посериозно зани-мавање со музиката. „Награда-та ја добив во силна конкурен-ција на други добри пијанисти од регионот, со класични извед-би и со сонатата Заспано дет­ство“, рече Бобиќ.

Сонатата е негово авторско дело на кое работел шест ме-сеци пред да го изведе на овој

натпревар и „го симболизира преминот од детството код мла-доста. Во сонатата користам детски мелодии кои ги изведу-вам на модерен начин со про-ширени техники на свирење“, истакна Бобиќ кој посака на-скоро да има свој солистички концерт во Македонија.

ГостопримствоВо однос на организацијата

на настанот, Бобиќ му се забла-годари посебно на домаќинот Лазар Атанасов кој го вооду-шевил со топлината. Но, им се заблагодари на уште две мом-чиња, младите Роми Орхан и Абдула од Скопје, кои го при-миле на ноќевање во својот дом, зашто заради грешка немал каде да преноќи во Скопје, ден пред заминување во Хрватска.

„Една случајна грешка пре расна во убав настан: бра-ќата Орхан и Абдула ме сретнаа во Скопје и во неврзан разго-вор дознаа дека немам каде да преноќам зашто по грешка ре-зервирав авион за ден подоцна,

наместо кога требаше. И се нај-дов во небрано! Побарав од нив совет, а тие ме примија дома, ме нагостија и ме прошетаа низ Шутка! Тоа беше за мене едно од најинтересните искуства во Македонија, на што сум им по-себно благодарен“, воодушевено рече Бобиќ.

Македонија за него е ин-спиративна: Велес е прекра-сен убав град, Скопје необичен, жив, шарен, со многу спомени-ци, а кањонот на Матка – ретка природна убавина во која ужи-вал и одморајќи се и капејќи се. Додаде дека досега немал при-лика да ги проучува македон-ските композитори, но дека би сакал да им се посвети. „Моја инспирација досега беше Влат-ко Стефановски и македонска-та традиционална музика“. По-себно една песна му е омилена на младиот Вараждинец, а тоа е „Си заљубив едно моме...“

А ние му посакуваме уште многу слични успеси на полето на музиката и уште многу сред-би со Македонија.

Јулијана Тешија

Инспирација од Влатко Стефановски и македонската традиционална музика

Македонска награда во осиечки раце: Иван Бобиќ – добитник на Гранпри наградата на Меѓуна-родниот натпревар на класична музика во Велес

Page 31: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Македонија

Македонија Makedonija

31

С ветски познатата манифе-стација Струшки вечери на поезијата годинава го

одбележа својот 57. роденден. Со видни и признаени поети, свет-ски имиња од областа на пиша-ниот збор, а на задоволство на бројните учесници и публиката, секоја година ја одигрува своја-та улога во лето покрај брегот на реката Дрим. Со стиховите на вечната Константинова пе-сна „Т’га за југ“, палењето на фестивалскиот оган и садење-то на дрвца, се редеа поетските вечери од 22 до 27 август. Потоа следуваа неодминливите „Поет-ски меридијани“ – меѓународно поет ско читање, симпозиуми, ома жи, ноќи без интерпунк-ција... И секако, во меѓусебните дружења на учесниците сеќа-вање на минатите години, на пое тите кои веќе не се со нас, на колегите... И доделување на на-градите.

Годинешниот лауреат на Струшките вечери на пое­зијата е полскиот поет Адам

Загајевски, на кого му припад-на наградата „Златен венец на пое зијата 2018 г.“

- Ќе се онесвестев кога ја ви-дов листата на добитници на на-градата. Има легендарни поети, меѓу кои и неколку Нобеловци, изјави лауреатот Загајевски, по добивањето на наградата.

Тој е вториот полски поет добитник на „Златниот венец“. Во 1987 година оваа награда му припадна на неговиот сонарод-ник Тадеуш Ружевиќ.

Адам Загајевски е добар познавач на годинешната тема на фестивалот „Егзилот и пи-шувањето во егзил“, присутна воопшто во историјата на кни-жевноста и во судбината на многумина поети.

На прес-конференција тој изјави: „Бев протеран кога имав четири месеци, не се сеќавам на тој момент. Целиот мој живот е сеќавање на тоа што сум го из-губил заедно со другите што ги изгубија своите домови, села и градови. Кога ќе изгубите не што на четири месеци, значи дека кога ќе пораснете вие не сте дома. Тоа не е место што може да го наречете дом. Среќен сум што живеам во Краков, но мои-те пријатели забележуваат дека не сум од таму.“

Фестивалот Струшки ве­чери на поезијата ја преведе и објави поезијата на Загајевски на македонски, англиски и пол-ски јазик, во капитално издание на 800 страници.

М. Г.

Струшки вечери на поезијата по 57. патГодинешната тема на манифестацијата беше „Егзилот и пишувањето во егзил“, добро познато

искуство на лауреатот на „Струшките вечери на поезијата“, полскиот поет Адам Загајевски

Page 32: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Настани Događaji

Настани32

Ц ентарот Ројц, каде Маке-дон ското културно дру-

штво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ од Пула користи простор за работа и дејствување, и оваа година, на 16 јуни, ја организираше ма-нифестацијата „Акција Ројц“. Оваа манифестација, која се одржува неколку години, е за-мислена и се реализира како за-едничка манифестација на сите здруже нија во Центарот Ројц и тоа е добра можност за запозна-вање со активностите и нивното дејствување. Сите корисници на просториите се вклучени на разни начини во програмата. Со оваа акција и со разновидната и забавна програма се обрнува

внимание и на заеднички теми кои колективно се однесуваат на сите.

Намерата и желба е да се вклучи јавноста на креати-вен начин во програмите и ак-тивностите на здруженијата и уметниците од Ројц. Визија е по-сетителите низ акцијата од еден ден поминат во Ројц да отидат збогатени со знаење, искуство и разбирање за важноста на Ројц, како единствен простор на де-лење и креативност. За таа цел, внатрешниот двор се транс-формира во шарен плоштад на креативност каде низ музичко-сценска програма здруженијата ги преставуваа своите актив-ности. Покрај тоа, беа оживеани

и ходниците на Ројц, а беа от-ворени и вратите на здружени-јата.

Така, и МКД „Св. Кирил и Методиј“ им ги отвори своите врати на голем број посетите-ли кои со голем интерес и вни-мание ја слушаа македонската песна и оро. Темата беше „Вечер на македонската песна“ со ет-но-креативна изложба. Особен впечаток кај присутните оста-ви македонското оро „Седенка“ во изведба на Игор Јаневски и Магдалена Златеска. Вечерта продолжи со дружење низ пе-сна и оро.

М. З.

Н а 28 август во 18 часот, во црквата „Св. Фабијан и Се-

бастијан“ во која Македонската

православна црковна општина „Св. цар Константин и цари-ца Елена“ од Риека ги одржува

своите богослужби, верниците иако без својот парохиски све-штеник кој поради своите об-врски не можеше да присуству-ва, се собраа и во молитва и со запалена свеќа го прославија Успението на Пресвета Бого-родица или Голема Богородица – значаен празник кај христија-ните, посветен на смртта на Ма-рија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото.

Г. К.

Заедничка манифестација на здруженија во Центарот Ројц

Голема Богородица во Риека

Page 33: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Пула 33

Пула Pula

Н а 2 септември во црквата „Св. Фрањо“ беше одр-жана Богослужба пред-

водена од парохискиот свеште-ник на МПЦ протојереј ставро-фор Кирко Велински. Помеѓу многубројните верници кои беа дојдени да запалат свеќа за здравје и за своите покојни, имаше и доста нивни пријатели Хрвати и Истрани, како и Црно-горци, а меѓу присутните голема чест на Црковната општина со своето присуство и направи и Давид Темелков, познат маке-донски пејач на забавни песни, кој беше дојден со свои пријате-ли. Сите заедно со нашиот отец се молевме на светиот чин. Не изостана ни молитвата за уче-ниците, на кои на 3 септември им почна новата училишна го-дина.

Трпеза на љубовта и епитрафил

Потоа кумовите ја подгот-вија Трпезата на љубовта, за која, како што рече и на шиот отец, покрај духовната сила која ја храниме со молитви, на телото му треба и телесна која ја поткрепуваме токму со хра-ната. Така со молитва и благо-

слов на храната беше скршен и Славскиот колач подготвен од кумовите Игор, Сашка, Филип и Михаел Јаневски. За следната година оваа чест им припадна на сестрите Кристина и Горда-на и нивната мајка Виолета Ра-басовиќ. По завршувањето на Светата литургија, отец Кирко упати благодарност до верници-те и Управните тела на МПЦО од Пула, а претседателот на МПЦО „Св. Јоаким Осоговски“, Ратко Златески, обраќајќи се со неколку зборови до нашиот отец, меѓу другото рече: „Почи-тувани, неизмерно ценет и драг Оче, како знак на нашата бла-годарност за Вашето 15-годиш-но духовно залагање за зачу-вување, ширење и негување на нашата вера, духовна култура и традиција овде во Пула и Ис-тарска жупанија, Ви подарува-ме ЕПИТРАФИЛ – кој според традицијата ја означува благо-дата која свештеникот ја има. Токму со таа благодат Вие сте наш светилник, наш учител и духовен татко кој често ни вели Со Господа по патот животен е тешко, но без Бога е невоз­можно.

Несебична љубовНа овие ваши зборови, про-

должи претседателот Златески, никој не останува рамнодушен, ние верниците ја чувствуваме сите овие години Вашата пре-даност во работата, Вашата не-себична љубов кон нас, Вашата смиреност и кроткост, Вашето трпение и слушање на нашите исповеди. Вашите зборови нѐ закрепнуваат, нѐ поучуваат и ни даваат сила да продолжиме да чекориме низ трнливата жи-вотна патека со цврсто уверу-вање дека никогаш не сме сами, дека Бог Исус Христос секогаш е со нас.

Златески додаде „Драги Оче, достојно и гордо носете го овој ЕПИТРАФИЛ и секогаш нека Ве потсетува на наше-то заедничко пријателство кое ќе продолжиме да го негуваме и градиме“. Со овие завршни зборови Златески му го пода-ри ЕПИТРАФИЛОТ на нашиот отец.

Славењето и дружењето про должи со Трпезата на љу­бовта во Советот на македон-ското национално малцинство за Град Пула.

Михаела Златеска

Во духот на верата и традицијатаМакедонското национално малцинство на Истарската жупанија како секоја година, така и оваа, не си ги заборави обичаите и традицијата, благодарение на Македонската Православна Црковна Општина „Св. Јоаким Осоговски“ од Пула, која ги собра своите верници и нивните пријатели на

светите литургии по повод Голема Богродица и својот именден

Page 34: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

МПЦ во РХ34

Македонска православна црква во РХ

Д енот прекрасен сончев, ка пелата на „Св. Рок“ ис-капена во безброј сонче-

ви зраци кои продираа низ гранките на околните дрвја и ѝ даваа некаков посебен шарм и светост, како и тие да знаеја дека денес ја славиме Мајката Божја, Царицата Небеска, Онаа која е благословена меѓу жени-те затоа што Го роди Спасителот на нашите души, Спасителот на светот.

Иако работен ден, црквата беше полна верници кои сите со своите молитви кон Пресветата, верувајќи безрезервно во Неј-зината мајчина љубов кон нас, верувајќи дека Таа е наша Бр-зопослушница и наша застап-ница пред престолот Божји, беа дојдени да и се поклонат и да ја прослават.

На 28 август повторно се потсетивме на значењето на овој голем ден, на денот на неј-зиното Успение. Таа лежела на одарот и одеднаш се осветлила куќата со необична светлост од Божјата слава. Божјата Мајка Го видела Синот како ѝ се при-ближува. Загледувајќи го при-ближувањето на Синот, Божја-та Мајка радосно воскликнала: „Мојата душа го велича Госпо-

да, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој...“

Таа се подигнала од ода-рот како да оди во пресрет на Својот Син и Му се поклонила на Својот Бог. А Тој, приближу-вајќи се, и со неизмерна синов-ска љубов, гледајќи кон Неа, ре-кол: „Дојди Блиска моја, дојди Голабица моја, дојди најскапо-цен мој Бисер, и влези во живе-алиштето на вечниот живот“.

Богородица Му се поклони-ла и Му рекла да го прими Неј-зиниот дух и да ја заштити од власта на темнината. Таа мирно ја предала Својата света душа во рацете на Бога, без да почув-ствува болка, како да заспала. Во книгата за Нејзиното чесно упокојување се вели: „Бројот на годините кои непорочната Мајка Божја ги поживеа на земјата се точно педесет и девет“.

Вознесена на небоЗапочнал највеличестве-

ниот, најсвечениот погреб, во по ворка со многу христијани. Се слушало ангелското пеење. Апостолите го носеле на рамена одарот на Пресвета Богородица. А најнапред одел Св. Јован Бого-слов кој ја носел светлата рајска гранка. Но, еврејските првосве-штеници и книжници од завист

испратиле војници да ја спречат поворката и наредиле „телото на Марија да го изгорат“, а на апо-столите да ги претепаат. Но, Бог ги поразил со слепило злобните гонители, а на еврејскиот све-штеник Антониј, кој се обидел да го сврти сандакот, невидлив ан-гел му ги отсекол рацете.

Апостолите ја погребале Бо городица. Кога по три дена го от вориле гробот за да ѝ се поклони Св. апостол Тома, кој не бил присутен на нејзино-то погребение, „ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше во гробот“. Таа, како и Христос, д оживеала телесна смрт, но во третиот ден по погребувањето била воскресната од Синот и Својот Бог, и со телото земена на небото. Се вознела на небото.

Таа им се јавила на апосто-лите жива, светла и опкружена со ангели им рекла: „Радувајте се, зашто сум со вас во сите де-нови“.

Нашиот парохиски свеште-ник Кирко Велински ја водеше Светата Литургија, а потоа се обрати до верниците со многуб-ројни поздрави од родната Ма-кедонија, ни пренесе Благослов од неговото Високо преосвеш-тенство Владиката Охридски и Македонски г.г. Стефан, нѐ ин-

Успение на Пресвета БогородицаТрадиционално како и секоја година ние Македонците во Загреб, после летните одмори повтор-

но се среќаваме на Денот на Успението на Пресвета Богородица, на 28 август

Page 35: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

MPC u RH 35

Makedonska pravoslavna crkva u RH

* Кој ќе поверува и ќе се кр сти, ќе биде спасен (Мар ко 16:16)

* Така одејќи, направете ги сите народи Мои уче-ници крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Учејќи ги да пазат сѐ што сум за-поведал (Матеј 28:19).

Нашиот Господ и Спа-сител Исус Христос ни ги оставил овие зборови кои ветуваат вечно спасение и кои се за наша утеха и ра-дост во Славата и Љубовта Господова.

Крштевањето во хри-стијанството е темелна тај на на црквата. По при-меното крштевање лице-то може да биде нарече-но христијанин, станува полноправен член на хри-стијанската црква и се стекнува со права на сите останати тајни и Бого-служби на црквата, но и врз себе ги прима сите ос-

танати одговорности на црквата.

Водејќи се од овој те-мел на христијанството, Цветко по потекло од Кру-шево и Габриела од Загреб, на 25 август во Загреб, ги крстија своите дечиња, пет годишниот Матеј и три-годишната Јана.

Светата тајна Крште-вање ја одржа парохи-скиот свештеник Кирко Ве лински и кумовите кои за овој свечен чин допату-ваа од Крушево. Обврска-та на кумовите е голема, според народната изрека како што на небото се сла-ви Бог, на земјата се почи-тува кумот, со самата тајна крштевање и кумовите но-сат одговорност за духов-ниот раст на дечињата.

„Нека им биде името на Матеј и Јана благосло-вено од сега и до века.“

Бранкица Богатинов

формираше до каде е изградба-та на македонската православ-на црква во Загреб.

Иако градбата е во одмина-та фаза и сите сме среќни што веќе можеме да ја видиме црк-вата, сепак преостанува уште

многу работа за да биде готова. Затоа браќа и сестри да смогне-ме сили да донираме сите секој колку што е во можност за да си се прибереме што поскоро во свое, под свој кров на своја благословена земјичка. Оти Бог

трикратно ќе ја зголеми нашата мала жртва дадена за изградба на Неговиот дом.

Нека ни е честит денот и Слава, Чест и Поклонение на Мајката Божја.

Бранкица Богатинов

Крштевка на Матеј и Јана

Page 36: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

Нови книги36

Нови книги Nove knjige

В о него се поместе-ни 19 книжевно-историски студии

кои биле напишани во последниве три години и претставени на по-веќе меѓународни со-бири и публикувани во списанија и збор-ници. Станува збор за компаративни анализи во кои главна тема се вечно актуелните дво-домни писатели, а вре-менски проследени се автори и дела, пројави и манифестации од 17. век до денеска. Најго-лемиот дел од нив се однесуваат за македон-ско-хрватските јазич-ни, книжевни и култур-ни врски. Првите три студии се занимаваат со личноста и делото на Петар Канавелиќ, нај-големото поетско име на хрватскиот барок во 17. век. Интересно и мошне храбро авторот го интерпретира низ историски и книжевни димензии со македон-ските просветители од втората половина на 19. век, а тоа се Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Константин Ми-ладинов, Константин и Андреја Д. Петкович, Григор Прличев и Рајко Жинзифов. Твореч киот идентитет како мера на зближување е тема и во вториот текст во кој се вградува и етичката норма како карактер на Канавелиќ и Џинот. Во третата студија се коментираат делови од книжевното дело на Канавелиќ кои се ин-корпорирани како до-

кументарен материјал во неговото книжевно творештво.

Бележани како др-жавни непријатели хр-ватскиот Анте Земљар и македонскиот поет Венко Марковски со висока казна ќе платат одрекувања и омалова-жувања и во животот и во творештвото. Про-мената на политика-та долго ќе чека да им се врати барем малку нешто и да се забеле-жат во традицијата и континуитетот на свои-те национални литера-тури. Пишувајќи за не кои тајни врски

меѓу Јанко Полиќ Ка-мов и Ацо Караманов, неумор ниот истражу-вач извонредно луцид-но и аргументирано го истакнува заедничкото како судбина во живо-тот и во творештвото на овие секако најзна-чајни претставници на модерната во с воите книжевности. И маат заедничко начело оти животот е живот, а ли-тературата е литера-тура. Монографски ка рактер има текстот по светен на најстарото ма кедонско културно дру штво во Хрватска „Илин ден“ во Риека.

Сликата за другото и за другиот е повод за оп-стојна книжевна ела-борација на книгата раскази Сеќавања на Македонија од Јудита Реј Худечек публику-вана во 2016 година. Извонредно топло, ду-ховито и наместо ху-мористично, со голема љубов и доверба неко-гашната сту дентка пи-шува своевиден роман за животот и луѓето во Скопје по катастрофал-ниот зем јотрес во 1963 година.

Македонско-срп-ски те книжевни врски Ва сил Тоциновски ги расветлува со просле-дување на животот и книжевното дело на Ми лисав Антониевиќ-Дримколски. Четирите студии за него кои се своевидна монографија за овој отфрлен и не-гиран автор кој своите романи и раскази ги пишувал на српски ја-зик, а голема тема му биле Македонија и неј-зиниот народ и се епска приказна за македон-ската самобитност и не-покор. Два текста му се посветени на основопо-ложникот на совреме-ната македонска лите-ратура Кочо Рацин. То-циновски како научник ги признава и афир-мира научните факти, има извонреден јазик и стил, јасно и убаво ка-жување, децидни тол-кувања и вреднувања, па книгата Златоусно слово е вистинска кни-жевна наслада.

Е. Петровска

Златоусно слово за македонско-хрватските врскиНовото книжевно дело на познатиот универзитетски професор и писател Васил Тоциновски на-словено „Златоусно слово“ излезе во издание на Битолскиот книжевен круг и е закитено со

престижната награда „Книжевен круг 2018“ за книжевна критика

Page 37: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

37За македонскиот јазик

За македонскиот јазик O makedonskom jeziku

П оетесата Мирјана Мајиќ, Ма кедонка од Задар, од 31

август до 2 септември учеству-ваше на третата меѓународна средба на автори на реката Уна. Оваа манифестација ги зближу-ва поетите и авторите од целиот регион кои имаат прилика да ги презентираат своите дела во прекрасната природа која пле-ни. Организаторите понудија богата програма, а во зборникот на поезија насловен „Уна сти-хом загрљена“ покрај песните на Мајиќ, се најдоа и дела на авторката Милена Златеска, Македонка од Пула. Песните се објавени и на македонски и на хрватски јазик и ова се един-ствените две авторки чии пое-зии се објавени двојазично во зборникот.

На покана на организаторите во Бихаќ две свои поезии читаше

и Мирјана Мајиќ која воодушеви со своите дела на македонски и хрватски јазик. Златеска од оп-равдани причини не можеше да присуствува на настанот.

На манифестацијата се одржаа и тркалезна маса, про-моција на романи и збирка пое-зија, изложба, а третиот ден на

затварањето на настанот Мајиќ ја изведе монодрамата „Живот со силикони“, со што привлече внимание на публиката.

Мирјана Мајиќ и Милена Златеска добија благодарници за учеството на оваа манифеста-ција, која се одржа по трет пат.

Е. К. К.

„Уна стихом загрљена“

Г лаголите се полнозначни зборови со кои се означува дејство или состојба. Тоа дејство или

со стојба секогаш е поврзано со вршител или но-сител и со определено време. Дејства или состојби

можат да искажуваат и именките (спореди: одење, борба, грабеж, настинка), но тие само ги именуваат дејствата или состојбите, а не ги поврзуваат со кон-кретниот вршител или со времето на одвивањето.

Поголем дел од глаголите се изведени од дру-ги зборови – обично од именки, придавки, извици и глаголи, со суфиксно, со префиксно или в: -пре-фиксно-суфиксно образување.

1. Глаголи од именски основиа. со суфикси: -и (жени, соли, срами)\ -а (јуриша,

сон ча, чешла); -е (ветрее, умее, чемрее); -ува (дарува, мирува, царува); -оса (вароса, ‘рѓо-са, црвоса); -ира/-изира (дефилира, лакира, прогнозира) и др.

б. со префикси и суфикси: задоми, згрутчи, на-рами, раздени, спријатели и др.

2. Глаголи од придавски основиа. со суфикси: -и (бели, весели, хра бри); -ее (бе-

снее, живее, слабее); -ува (лудува, милува, мудрува); -изира (имунизира, нормализира, стабилизира) итн.

б. со префикси и суфикси: за цвр сти, избелее, надмудри, 1жз <не, отежне, подмлади, при-питоми, стемни и др.

3. Глаголи од извични и ономатопејски зборовиа. со суфикси: -а (ика, кива, штрака); -ка (грака,

кука, офка); -не (бапне, брбне, чапне); -оти (се ки ко ти, клокоти, шепоти); -ори (дрдо-ри, кркори, мр мо ри);

б. со префикси и суфикси: закукурига, промр-мори, раскикоти, раскрека итн.

4. Глаголи изведени од глаголиа. со суфикси: -ка (светка, тропка, трчка); -не

(викне, седне, чукне); -ува (влегува, купува, станува); -ава (венчава, решава, сеќава) и

б. со префикси: вгради, воспали, заврти, иско-па, насади, натпее, обгрне, одземе, постави, потсече, префрли, пристапи, раскине, удави итн.

в. со префикси и суфикси: довлечкува, изграду-ва, препродава, распознава и др.

ГЛАГОЛИ (Прв дел)

ОБРАЗУВАЊЕ НА ГЛАГОЛИТЕ

Лидија Георгиева Постојан судски преведувач од македонски на хрватски јазик и обратно

(Според Македонски јазик, Просветно дело АД, Скопје, 2001)

Page 38: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

38

R astanci nisu lijepa stvar, dana 3.7.2018. ispratili smo našu Dinku. „Mene

mi se padna“ što bi rekli Ma-ke donci, da kažem nekoliko op roštajnih riječi. Bile smo trostruke prijateljice. Trostruke? Da, upravo tako.

Iako ne istovremeno, diplo-mirale smo na istoj katedri Fi-lozofskog fakulteta u Skopju. Njemački je u Skopju studirao i Slavko Šimunić. Kostadinka Gajdova je postala Kostadinka – Dinka Šimunić i s mužem je pre-selila u Zagreb.

Slavko je u Skopje došao ne samo na studij germanisti-ke, nego je i želio pomoći make-donskom esperantskom pokretu. Bračni par Šimunić bili su espe-rantisti i svoju su aktivnost na-stavili u Zagrebu. Prevodili su na esperanto ne samo hrvatske,

nego i makedonske tekstove, a njihov je dom bio okupljalište brojnih prijatelja diljem svijeta.

U zagrebačkom esperant-skom krugu je pred 25 godina vrlo aktivna bila i grupa zaljub-ljenika u makedonski jezik i kulturu pa je i Hrvatsko-make-donsko društvo osnovano u es-perantskim prostorijama. Dvije godine nakon toga Lena Đa-pić okuplja grupu Makedonki i stvara žensku pjevačku skupinu Ezerki. Dinka je naravno bila njezina članica. Od tada pa do zadnjeg dana.

Pjevačka je skupina stvore-na bez velikih ambicija i preten-zija, a u međuvremenu se razvila u eminentnu pjevačku skupinu. Zagreb ima sluha i voli make-donsku pjesmu, a u Ezerkima bi danas mnoge i glazbeno obrazo-vane žene rado pjevale. Dinkino

će mjesto lako biti popunjeno, ali neće praznina koja ostaje iza nje.

S Dinkinim odlaskom osta-le smo bez žene ogromnog zna-nja i volje dijeliti ga s drugima. Naći ćemo vjerojatno i bolji glas od Dinkinog, ali nećemo nekoga koga možemo pitati kako se obi-lježavaju običaji, što znači neka arhaična riječ, kako se radi slat-ko od kore dunja, šljiva punjenih orasima. Doći će vrijeme ku-hanja ajvara i pindžura, a naše Dinke neće biti da nam kaže koja je paprika najbolja... Nedostajat će nam Dinka i da svakoj mladoj „Ezerčici“, kako ponekad od mi-lja zovemo naše mlade pjevačice, udjeli pepermint bombon čim začuje da neka malo kašljuca ili joj glasnice „štekaju“.

U Makedoniji sam na jed-nom pogrebu doživjela jedan lijepi običaj. Sućut se izražava-

la riječima „ja isprativte maj­čica“, obitelj je odgovarala „Bogu fala so red...“ Možda je naša Dinka i bila najstari-ja među nama, ali nekako ne osjećamo da je „bio red“. Još puno toga smo planirali. Din-ka je pokopana po katoličkom obredu. Ispratio ju je sveće-nik Afrikanac, Hrvatice i Ma-kedonke su pjevale... Koliko simbolike u tom ispraćaju. Jer Dinka je bila žena koja je u sebi objedinjavala sve to. Hr-vatsku je prihvatila kao svoju domovinu, a nikad nije presta-la biti Makedonka.

Hvala ti draga naša Din-ka. Tužni smo što si otišla, ali to ne znači da te i dalje nema-mo. Iza sebe si ostavila neiz-brisive tragove o kojima će se još čuti.

Judita Rey Hudeček

Ин мемориам

Ин мемориам In memoriam

Kostadinka Šimunić (1940 – 2018)

Page 39: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

39Кујна

Кујна Kuhinja

Почитувани читатели, времето на подготовка на зимници е пред нас. Во оваа прилика нудиме неколку добро познати и неизбежни рецепти од традиционалната македонска кујна кои се прак-

тикуваат во многу домови во Македонија

Потребно е: 1,5 кг црвени до-мати, 2 црвени пиперки, 2 зе-лени-жолти пиперки, 1 пого-лема главица кромид, ½ китка магдонос, 2-3 гранчиња целер, 10 зрна црн бибер, 3-4 листови лавор, 150 мл зејтин, 2 лажици сенф, 3 лажици шеќер и 1 ла-жица сол.

Подготовка: Во поголем сад се ставаат: доматите исе-чени на парчиња, пиперките исчистени од семето и исечени, кромидот, магдоносот, целерот, биберот и лаворовиот лист. Сите состојки се налеваат со вода и

се ставаат да се варат додека не омекнат. Сварени се цедат и пасираат низ цедалка или пре-са и се става смесата на оган да врие. Се додава зејтинот, шеќе-рот, солта и на крај сенфот. Се собира врело во помали тегли, се затвара со капачињата и тег-лите се замотуваат со весни-ци или ткаенина. Така треба да стојат до нивно оладување. Овој сос е многу вкусен и може да се користи буквално за секоја при-года и кон секој оброк, како до-даток кон јадења, разни манџи или како салца за тестенини.

Потребно е: 1 кг карфиол, 1 кг моркови, 1 кг краста-вички, 1 кг црвени пипер-ки, магдонос (количина по вкус), 250 г шеќер, 150 г сол, 500 мл масло, 500 мл бела киселина.

Подготовка: Карфио-лот го кинеме на парчиња, пиперките, краставичките и морковите ги сечеме на парчиња, но не многу сит-ни. Сите заедно ги мешаме во поголемо тенџере заедно со шеќерот и солта, и ги ос-

таваме да стојат 2-3 часа за да пуштат течност. Кога ќе има течност во тенџерето, во друг сад на оган ги зоврива-ме маслото и киселината и ја додаваме течноста од зелен-чукот и вариме околу 10 ми-нути. Ја оставаме течноста да се излади, а во меѓувреме зеленчукот го собираме во тегли и секоја тегла ја пол-ниме со оладеното солило. Убаво ги затвораме теглите. Може да се консумира веќе после неколку дена.

Потребно е: 3 кг црвени пиперки, 250 мл бела ки-селина, 250 мл масло, 200 г шеќер, 80 г сол, 1 китка магдонос и 1 главица лук.

Подготовка: Пипер-ките прво се печат, се лу-пат, па се оставаат да се исцедат. Магдоносот се сечка, а лукот се чисти и сечка. Во големо тенџере на оган се ставаат кисе-лината, маслото, шеќе-рот и солта да зовријат.

Потоа пиперките се сеч-каат или цепкаат со раце. Се додаваат во смесата која врие на оган, 10 ми-нути, од време на време се протресува тенџере-то. Се додаваат лукот и магдоносот, па смесата се остава на оган уште 5 минути. Топлите пипер-ки се ставаат во топли тегли. Се завиткуваат и оставаат до наредниот ден да се изладат.

М. Г.

Вкусовите на Македонија

Доматен сос, додаток кон јадења

Мешана салата

Цепкани пиперки

Page 40: Достојно одбележан Илинден во Хрватска · Vlatko Stefanovski Etno, blues, rock i dobre vibracije Достојно одбележан Илинден

бавите планински села низ Маке­донија ќе го привлечат секој љу­бител на природата. Селото Крапа

а едно од нив. Се наоѓа во областа Поре­че, во источниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, стиснато во пазувите помеѓу двата планински крака од планината Даутица. На надморска ви­сочина од 1.020 м и со мошне голем атар кој зафаќа простор од 44,4 км2, до него се доаѓа по патот кој се двои од регионал­ниот пат за Прилеп, во непосредна бли­зина на историското с. Барбарас.

Интересен и несекојдневен предел, вистински предизвик за туристи и пла­нинари. Раскошното зеленило, бујната живописна вегетација и брзите кри стал­но бистри води на Крапска Река овој предел го прават идеален за одмор од се­којдневието. Археолошкиот локалитет – некропола од римско време, трите цркви и Крапскиот манастир за секој посети­тел се неповторливо возвишено чувство.

За оние пак, со авантуристички дух, тука е пештерата Змејовица.

Змејовица се наоѓа на највисокиот дел на западната падина на планината Даутица, веднаш над селото Крапа, на надморска височина од 1.410 м, помеѓу манастирот Зрзе на југ и врвот Мовна­тец на исток. До неа се стигнува само одејќи пеш. Иако се наоѓа на тревно и непошумено место, тешко е забележли­ва бидејќи претставува пропаст при што нејзиниот отвор е дупка во земјата об­расната со трева.

Пештерата е од исклучително важно научно и археолошко значење. Долга е 68 м и има облик на голема сала која е ви­сока 15 м и широка 11 м. Непосредно на влезот, преку мал ходник се отвора и една помала сала, висока 3 м и широка 4 м, од која се отвора тесен и непрооден ходник кон југоисток. Од источниот ѕид на глав­ната сала се отвораат 4 ходници од кои 2 во источен и 2 во југоисточен правец,

кои најверојатно се спојуваат во голема сала на околу 15 м длабочина. Змејовица сè уште не е комплетно истражена.

Мештаните велат дека пештерските кладенци со вода се многу обилни и ле­ковити. Лечењето е сигурно со доаѓање на Дуовден или на Илинден. Според една легенда, во пештерата некогаш живеел змеј. Тој еднаш грабнал девојка од се­лото и ја однел во пештерата да живее со него. Таму ја држел цели три години, кога бил убиен со вода во која грабна­тата девојка, по совет на својата мајка, турила сол. Зашто солта значела смрт за змејот. Кога умрел змејот се скаменил, но ја скаменил и девојката. А камењата во пештерата навистина личат на змеј и на девојка.

Хармонијата на природата импресио­нира и остава без здив. Кој еднаш ќе ја почувствува убавината на овој крај, ќе ѝ каже довидување до следната средба.

Е. Петровска

Убавините на Македониjа Ljepote Makedonije

ОД КРАПА ДО ЗМЕЈОВИЦА