35
ПРЕДЛАГАЧ: Владата на Република Македонија ПРЕТСТАВНИЦИ: м-р Кирил Миноски, министер за финансии и Гзим Беадини, заменик на министерот за финансии ПОВЕРЕНИЦИ: Игор Димитров, државен секретар во Министерството за финансии, Виолета Стојановска Петровска, државен советник во Министерството за финансии и Ленче Тагасовска, раководител на сектор во Министерството за финансии П Р Е Д Л О Г - З А К О Н за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, по скратена постапка

Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

  • Upload
    others

  • View
    14

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

ПРЕДЛАГАЧ: Владата на Република Македонија

ПРЕТСТАВНИЦИ: м-р Кирил Миноски, министер за финансии и

Гзим Беадини, заменик на министерот за финансии

ПОВЕРЕНИЦИ: Игор Димитров, државен секретар во Министерството за финансии,

Виолета Стојановска Петровска, државен советник во Министерството за финансии и

Ленче Тагасовска, раководител на сектор во Министерството за финансии

П Р Е Д Л О Г - З А К О Нза изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи,

по скратена постапка

Скопје, октомври 2016 година

Page 2: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување
Page 3: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

ВОВЕДI. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Со Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија” бр.95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15 и 23/16) како услов за вршење на професијата сметководител и овластен сметководител се воведе задолжително полагање на т.н. влезен испит. `

Наспроти ваквите законски решенија, меѓународната пракса од областа на сметководството покажува дека статусот сметководител пред се се стекнува со искуство во вршење на професијата, континуирано надоградување и усовршување преку стручни обуки.

Поради тоа, се предлагаат измени на Законот за вршење на сметководствени работи со кои, наместо преку влезен испит во професијата, квалитетното и стручно извршување на професијата сметководител ќе се обезбеди преку континуирано усовршување и проверка на стекнатите знаења.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈАЦелта на измените е да се обезбеди континуирано усовршување и проверка на

знаењата на сметководителите и овластените сметководители.

Предлог-законот за вршење на сметководствени работи се заснова врз истите начела врз кои се заснова и постојниот закон.

Со измените на Законот за вршење на сметководствени работи се врши:-спроведување на испит за проверка на знаење за задржување на статус

сметководител/овластен сметководител, наместо спроведување на стручен испит на стекнување на статус сметководител/овластен сметководител.

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Законот чие донесување се предлага не повлекува обврска за обезбедување средства за неговото спроведување од Буџетот на Република Македонија.

IV. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИНОТ НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА ТОА, ДАЛИ СПРОВДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

Законот не повлекува обврска за обезбедување дополнителни финансиски средства за неговото спроведување и материјални обврски за одделни субјекти.

V. СКРАТЕНА ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Со оглед на тоа што се исполнети случаите утврдени во член 170 алинеја 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, односно не е во прашање донесување на сложен и обемен закон, се предлага Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи, да се донесе по скратена постапка. 

Page 4: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ

НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Член 1Во Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република

Македонија“ бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15 и 23/16), во членот 2 точката 5. се менува и гласи:

„„Испит за проверка на знаење” е испит што го организира и спроведува Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија согласно одредбите од овој закон.”

Член 2Во членот 6 точката 3) се менува и гласи:„организира и спроведува испит за проверка на знаење на сметководител односно

овластен сметководител.“.

Член 3Во членот 7 став (2) точката 4) се менува и гласи:„ја донесува програмата за полагање на испит за проверка на знаење на

сметководител односно овластен сметководител.“.Точката 6) се менува и гласи:„ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за проверка на

знаење на сметководител односно овластен сметководител.“.Во ставот (3) зборовите „точки 1), 2), 3), 4), 5), 6), 7), 8), 10), 11), 12), 13) и 14)“ се

заменуваат со зборовите „точки 1), 2), 4), 5), 10), 12), 13) и 14)“.По ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5) кои гласат:„(4) Институтот ги утврдува надоместоците од став (2) точки 3), 6), 7), 8) и 11) на

овој член со тарифник врз основа на реално направените трошоци.(5) Владата на Република Македонија дава согласност на тарифникот од став (4)

на овој член.“Ставовите (4), (5), (6) и (7) стануваат ставови (6), (7), (8) и (9).

Член 4Во членот 8 во ставот (2) зборот „ третина” се заменува со зборот „половина”.

Член 5Во членот 10 во ставот (3) во точката 5) по зборовите „испит за” се додаваат

зборовите „проверка на знаење на”.Точката 11) се менува и гласи:„ја предлага програмата за полагање на испит за проверка на знаењето на

сметководител односно овластен сметководител,”Во ставот (4) зборовите „две третини” се заменуваат со зборот „мнозинство”.Во ставот (5) зборовите „најмалку две третини” се заменуваат со зборот

„мнозинство”.Во ставот (8) зборовите „на секои три месеци” се заменуваат со зборовите „еднаш

годишно”.

Член 6Во членот 11 во ставот (5) зборовите „една петина” се заменуваат со зборот

„половина”.

Член 7Во членот 13 во ставот (1) во точката 3) зборовите „стекнување уверение за” се

заменуваат со зборовите „проверка на знаењето”.

Page 5: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Во ставот (2) зборот „испитите” се заменуваат со зборовите „испит за проверка на знаењето на сметководител и овластен сметководител”.

Член 8Членот 14 се менува и гласи:„Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое ги

исполнило условите од членовите 15 и 16 од овој закон и се стекнало со трајно уверение за сметководител односно овластен сметководител од Институтот.".

Член 9Во членот 15 во ставот (1) зборовите „полагање на испит“ се заменуваат со

зборовите „стекнување на уверение за сметководител односно овластен сметководител”.Ставот (2) се менува и гласи:„Кон барањето за стекнување уверение за сметководител задолжително се

доставува:1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа на сметководството, или2) доказ (уверение) за завршено тригодишно високо образование од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку две години од областа на сметководството, или 3) (доказ) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) и потврда од работодавач за работно искуство од најмалку една години од областа на сметководството и 4) доказ за уплата на надоместокот за добивање трајно уверение за сметководител.”.Во ставот (3) во воведната реченица зборовите „полагање на испит за” се бришатТочката 2) се брише.Точката 3) која станува точка 2) се менува и гласи:„потврда од работодавач за работно искуство од најмалку три години од областа

на сметководството.“Во точката 4) која станува точка 2) зборовите „полагање на испитот” се заменуваат

со зборовите „добивање уверение за овластен сметководител”.Ставот (5) се менува и гласи:„На лицето кое ги исполнува условите од ставот (2), односно ставот (3) од овој

член, Институтот му издава уверение за сметководител односно за овластен сметководител во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.”.

Ставовите (6) и (7) се бришат.Ставот (8) станува став (6).

Член 10Членовите 15-а, 15-б, 15-в, 15-г, 15-д, 15-ѓ, 15-е, 15-ж, 15-з, 15-ѕ, 15-и, 15-ј, 15-к, 15-

л, 15-љ, 15-м, 15-н, 15-њ, 15-о, 15-п и 15-р се бришат.

Член 11Во членот 16 ставот (1) се менува и гласи:„Лице кое добило лиценца за овластен ревизор може да се стекне со статус на

овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон.”.

Член 12Во членот 18 во ставот (4) зборот „три” се заменува со бројот „15”.Во ставот (5) зборот „три” се заменува со бројот „15”.Во ставот (6) зборот „два” се заменува со бројот „15”.

Page 6: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 13По членот 19 се додаваaт два нови члена 19-а и 19-б кои гласат:

„Член 19-а(1) По завршување на обуките од член 19 ставови (1) и (2) на овој закон,

сметководителот, односно овластениот сметководител полага испит за проверка на знаењето.

(2) Испитот од став (1) на овој член го организира Институтот најмалку еднаш годишно, а го спроведува Комисија за спроведување на испитот составена од:

1) две лица предложени од министерот за финансии,2) еден универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран

од Институтот по пат на јавен оглас и3) претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот. (3) Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби

(примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално усовршување. Секое прашање и вежба носи одреден број поени.

(4) Комисијата од став (2) на овој член ги подготвуваат испитните прашања и вежби, ги утврдуваат поените и ги оценуваат тестовите.

(5) Испитот се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени. (6) Начинот на спроведување и полагање на испитот поблиску ја пропишува

Институтот.

Член 19-б(1) Сметководителот односно овластениот сметководител кој нема да го положи

испитот за проверка на знаењето се брише од регистарот во кој е запишан.(2) Доколку лицето од ставот (1) на овој член го положи испитот во следните две

години, може да поднесе барање за повторно запишување во соодветниот регистар.(3) Институтот го одзема уверението на сметководител односно овластен

сметководител доколку не го положи испитот во рокот од став (2) на овој член. (4) Лицето од став (3) на овој член не може да поднесе барање за добивање

уверение во согласност со овој закон во следните три години.“

Член 14Во членот 21 во ставот (3) зборот „три” се заменува со бројот „15”.Во ставот (4) зборот „три” се заменува со бројот „15”.Во ставот (6) бројот „15” се заменува со бројот „30”.

Член 15Во членот 22 во ставот (2) зборот „два” се заменува со бројот „15”.

Член 16Во членот 30 став (1) точката 3) се менува и гласи:„доколку лицето не го положи испитот за проверка на знаење од член 19-а;“.

Член 17Членовите 46-а, 46-б, 46-в, 46-г и 46-д се бришат.

Член 18Во членот 47 зборовите „46-а, 46-б, 46-в, 46-г, 46-д” се бришат.

Член 19 (1) Лицата кои се стекнале со уверенија за сметководител односно овластен

сметководител согласно членовите 48, 49 и 50 од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12) и членовите 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14), можат во рок од 60 дена од денот на влегување во сила на овој закон да поднесат барање до Институтот за издавање на

Page 7: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

ново уверение за сметководител односно овластен сметководител согласно условите под кои ги стекнале уверенијата издадени од министерот за финансии.

(2) Кон барањето од став (1) на овој член до Институтот задолжително се доставува оригинал или копија заверена на нотар од уверението за сметководител односно овластен сметководител издадено од министерот за финансии.

(3) Институтот е должен на лицата од став (1) на овој член да им издаде ново уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето.

(4) Со денот на издавање на уверенијата од став (3) на овој член престануваат да важат уверенијата издадени од министерот за финансии.

(5) На лицата кои во рокот од став (1) на овој член нема да поднесат барање до Институтот за издавање на ново уверение за сметководител односно овластен сметководител им престанува важноста на постојните уверенија за сметководител или овластен сметководител издадено од министерот за финансии и врз основа на истите немаат право да вршат сметководствени работи.

Член 20Првиот испит за проверка на знаење за сметководител односно овластен

сметководител ќе се спроведе во рок од три месеци од завршување на првата обука за континуирано професионално усовршување од 90 часа за сметководител, односно 120 часа за овластен сметководител согласно член 19 од овој закон.

Член 21Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од

денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 22Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на

Република Македонија“.

Page 8: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ

Со членот 1 од Предлог на законот се врши измена на дефиницијата за испит во насока на нејзино усогласување со предложените измени и дополнувања. Имено, испитот за проверка на знаење е испит што го организира и спроведува Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Со членот 2 од Предлог на законот се менува членот 6 точка 3) од постојниот Закон. Согласно предложените измени Институтот ќе организира и спроведува испит за проверка на знаење на сметководител односно овластен сметководител наместо испит за стекнување на уверение за сметководител односно овластен сметководител.

Со членот 3 од Предлог на законот се менува членот 7 од постојниот Закон во насока на усогласување со предложените измени. Имено, Институтот ќе ги утврдува: надоместокот за полагање на испит за проверка на знаење за сметководител односно овластен сметководител, за издавање на уверение за сметководител односно овластен сметководител, за издавање на лиценца за работа, како и надоместокот за континуирано професионално усовршување. Надоместоците, Институтот ќе ги утврдува со Тарифник врз основа на реално направените трошоци на кој согласност ќе дава Владата на Република Македонија.

Со членот 4 од Предлог на законот се менува членот 8 од постојниот Закон и се уредува дека Претседателот на Институтот ги свикува седниците на Собранието на Институтот врз основа на писмено барање на најмалку една половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

Со членот 5 од Предлог на законот се менува членот 10 од постојниот Закон со кој се уредува дека, Управниот одбор на Институтот ја предлага програмата за полагање на испит за проверка на знаењето за сметководител односно овластен сметководител. Исто така, се уредува дека седница на Управниот одбор може да се свика на барање на мнозинство членови од вкупниот број на членови и дека за полноважност на одлуките на Управниот одбор е потребно наместо две третини, да присуствуваат мнозинство од вкупниот број на членови.

Со членот 6 од Предлог на законот се менува членот 11 од постојниот Закон со кој се уредува дека предлог за отповикување на Претседателот на Институтот може да поднесат една половина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

Измената на членот 7 од Предлог на законот е во насока на усогласување со предложените измени на законот.

Со членот 8 од Предлог законот се менува членот 14 од постојниот Закон и се уредува дека со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнуваат лицата кои ги исполнуваат условите од членовите 15 и 16 законот и се стекнале со трајно уверение за сметководител односно овластен сметководител.

Со членот 9 од Предлог на законот се менува членот 15 од постојниот Закон во насока на усогласување со предложените измени и дополнувања на законот, со кој се уредуваат условите кои треба да ги исполнат лицата кои сакаат да се стекнат со уверение за сметководител односно овластен сметководител.

Со членот 10 од Предлог на законот се бришат членовите 15-а, 15-б, 15-в, 15-г, 15-д, 15-ѓ, 15-е, 15-ж, 15-з, 15-ѕ, 15-и, 15-ј, 15-к, 15-л, 15-љ, 15-м, 15-н, 15-њ,

Page 9: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

15-о, 15-п и 15-р од постојниот Закон кои се однесуваа на начинот на организација и спроведувањето на испитот за стекнување на уверение за сметководител односно овластен сметководител.

Со членот 11 од Предлог на законот се менува членот 16 од постојниот Закон и со истиот се уредува дека и овластените ревизори може да се стекнат со статус на овластен сметководитeл.

Со членот 12 од Предлог на законот се менува членот 18 од постојниот Закон и е во насока на пролонгирање на роковите за постапување на овластеното службено лице од Институтот и Централниот регистар на Република македонија при постапката на упис во регистрите на Институтот.

Со членот 13 од Предлог на законот се додаваат два нови члена 19-а и 19-б со кои се уредува постапката за полагање на испит за проверка на знаењето. Со членот 19-а се уредува дека испитот најмалку еднаш годишно го организира Институтот, а го спроведува Комисијата за спроведување на испитот. Комисијата е составена од: две лица предложени од министерот за финансии, универзитетски професор од областа на економијата или бизнисот избран од Институтот по пат на јавен оглас, од претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот. Испитот се полага писмено во форма на тест со испитни прашања и вежби (примери на случај) подготвени врз основа на градивото од обуката за континуирано професионално усовршување. Испитот ќе се смета за положен доколку се постигнат 70% од можните поени. Со членот 19-б се уредува дека сметководителот односно овластениот сметководител кој нема да го положи испитот за проверка на знаењето се брише од регистарот во кој е запишан. Доколку сметководителот односно овластениот сметководител го положи испитот во следните две години, може да поднесе барање за повторно запишување во соодветниот регистар, во спротивно Институтот го одзема уверението на сметководител односно овластен сметководител, а лицето не може да поднесе барање за добивање уверение во следните три години.

Со членот 14 од Предлог на законот се менува членот 21 од постојниот Закон и е во насока на пролонгирање на роковите за постапување на овластеното службено лице од Институтот и Централниот регистар при постапката на упис во регистрите на Институтот, како и при постапката за издавање на лиценца за работа.

Со членот 15 од Предлог на законот се менува членот 22 од постојниот Закон со кој се пропишува рок од 15 дена, наместо досегашниот рок од два дена во кој Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар на трговците поединци-сметководители, трговците поединци-овластени сметководители и во регистарот на друштвата за вршење на сметководствени работи.

Со членот 16 од Предлогот на законот се менува членот 30 од постојниот Закон во насока на предложените измени и дополнувања на Законот. Имено сметководителот односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар доколку не го положи испитот за проверка на знаењето од членот 19-а од Законот.

Со членот 17 се бришат прекршочните одредби од законот кои се поврзани со организацијата и спроведувањето на испитот за стекнување на уверение за сметководител или овластен сметководител.

Со членот 18 од Предлог на законот се врши измена на членот 47 од Законот, во насока на усогласување со предложените измени.

Со членот 19 од Предлог на законот се уредува статусот на веќе издадените уверенија за сметководител односно овластен сметководител.

Page 10: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Со членот 20 од Предлог на законот се утврдува рокот во кој ќе се спроведе првиот испит за проверка на знаење за сметководител односно овластен сметководител.

Со членот 21 од Предлог на законот се уредува донесувањето на подзаконските акти кои се предвидени со овој закон.

Со членот 22 од Предлог на законoт се уредува влегувањето во сила на предложените измени.

II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ

Предложените одредби се меѓусебно поврзани и постои нивна поврзаност со одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи и како такви прават правна целина и се применливи.

III. ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИОТ ЗАКОНСо донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на

сметководствени работи се очекува на лицата кои сакаат да се стекнат со статус на сметководител/овластен сметководител да им се обезбеди полесен пристап до сметководствената професија.

Page 11: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

ИЗВОД НА ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ ШТО СЕ МЕНУВААТ И

ДОПОЛНУВААТ

Дефиниции

Член 2Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:1 .„Сметководствени работи“ се прибирање и обработка на податоци врз основа на

сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и составување на годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон,

2. „Обврзник за водење сметководство“ е физичко или правно лице кое има обврска да води трговски/деловни книги и да составува и презентира годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон,

3. „Сметководител“ е физичко лице кое има уверение за сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е регистрирано во Регистарот на сметководители согласно овој закон,

4. „Овластен сметководител“ е физичко лице кое има уверение за овластен сметководител од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и кое е регистрирано во Регистарот на овластени сметководители согласно овој закон,

5. „Стручен испит“ е испит кој се спроведува заради оценување на потребното стручно знаење за стекнување со статус на сметководител односно овластен сметководител,

6. „Трговец поединец – сметководител“ е физичко лице кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено уверение за сметководител и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на трговци поединци – сметководители согласно овој закон,

7. „Трговец поединец – овластен сметководител“ е физичко лице кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено уверение за овластен сметководител и лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на трговци поединци - овластени сметководители согласно овој закон,

8. „Друштво за вршење сметководствени работи“ е трговско друштво кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење сметководствени работи, има добиено лиценца за работа од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и е регистрирано во Регистарот на друштва за вршење сметководствени работи согласно овој закон,

9. „Вршител на сметководствени работи“ е сметководител и/или овластен сметководител,

10. „Регистар на сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за сметководителите која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

11. „Регистар на овластени сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за овластените сметководители која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

12.„Регистар на трговци поединци - сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за трговците поединци - сметководители која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

13.„Регистар на трговци поединци - овластени сметководители“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за трговците поединци - овластени сметководители која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

14. „Регистар на друштва за вршење сметководствени работи“ е книга за евиденција во која се содржани податоците за друштва за вршење сметководствени

Page 12: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

работи која се води во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

15. „Дисциплинска повреда“ е непостапување или постапување спротивно на одредбите од овој закон, законите со кои се регулира водењето на сметководството, Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC и актите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија,

16. „Институт на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија“ е професионално здружение на сметководители и овластени сметководители основано согласно овој закон,

17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување објавени во „Службен весник на Република Македонија“,

18. „МСФИ за МСС“ е Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти објавен во „Службен весник на Република Македонија“,

19. „IFAC“ е Меѓународна федерација на сметководители,20. „Континуирано професионално усовршување“ е постојано стручно

усовршување со цел надградување на теоретските и практичните знаења и вештини заради професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.

Член 6(1) Институтот особено ги врши следниве работи:1) води Регистар на сметководители, Регистар на овластени сметководители,

Регистар на трговци поединци-сметководители, Регистар на трговци - поединци овластени сметководители и Регистар на друштва за вршење сметководствени работи,

2) врши контрола на работењето на вршителите на сметководствени работи, трговците поединци - сметководители и трговците поединци - овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,

3) организира и спроведува испит за стекнување на уверение за сметководител односно уверение за овластен сметководител,

4) издава уверение за сметководител и уверение за овластен сметководител,5) издава и одзема лиценци за работа на трговците поединци – сметководители,

трговците поединци - овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи,

6) одлучува по барањата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

7) организира и спроведува испит одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

8) организира и спроведува обука за континуирано професионално усовршување, 9) ја следи примената на Кодексот на етика за професионални сметководители на

IFAC,10) ги преведува МСФИ и МСФИ за МСС,11) соработува со други соодветни професионални тела во Република Македонија

и во странство и12) врши други работи утврдени со овој закон.

Член 7(1) Собранието на Институтот го сочинуваат сите сметководители и овластените

сметководители. Во Собранието сметководителите и овластените сметководители ги претставуваат избрани претставници од подружниците на Институтот.

(2) Собранието на Институтот:1) го донесува статутот на Институтот ,2) ја утврдува висината на членарините,3) ја утврдува висината на надоместоците за издавање на лиценци за работа,4) ја донесува програмата за полагање на испит за добивање уверение за

сметководител односно овластен сметководител,5) ја донесува програмата за одобрување на квалификација за сметководител

односно овластен сметководител стекната во странство,6) ја утврдува висината на надоместокот за полагање на испит за сметководител

односно овластен сметководител,

Page 13: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

7) ја утврдува висината на надоместокот за издавање уверение за овластен сметководител без полагање испит,

8) ја утврдува висината на надоместок за полагање испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство,

9) ги избира и отповикува претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на комисиите,

10) ја донесува годишната програма за континуирано професионално усовршување,

11) го утврдува надоместокот за континуирано професионално усовршување,12) ја донесува годишната програма за контрола на работењето на вршителот на

сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи ,

13) ја донесува годишната програма за работа и развој и годишниот финансиски план на Институтот,

14) ги усвојува годишната сметка и годишниот извештајот за работа на Институтот,15) одлучува за формирање и престанок на подружниците на Институтот,16) го донесува актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во

стручната служба и17) одлучува за други прашања согласно овој закон.(3) Министерството за финансии дава согласност на актите од став (2) точки 1), 2),

3), 4), 5), 6), 7), 8), 10), 11), 12), 13) и 14) од овој член.(4) Собранието ги избира претседателот и членовите на Надзорниот одбор и на

комисиите по пат на јавен оглас и по претходно добиено позитивно мислење од министерот за финансии.

(5) Во случај на отповикување на претседателот и членовите на Надзорниот одбор Собранието по можност веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на отповикувањето избира нов претседател и нови членови на Надзорниот одбор.

(6) Актите на Собранието се објавуваат на интернет страницата на Институтот наредниот ден од денот на усвојување односно донесување.

(7) Работата на Собранието се уредува со деловник за работа.

Член 8(1) Собранието на Институтот редовно се состанува еднаш годишно, и тоа

најдоцна до 31 март. Седниците на Собранието се одржуваат доколку присуствуваат најмалку половина од вкупниот број на избрани претставници од подружниците на Институтот. Одлуките Собранието ги носи со просто мнозинство од присутниот број на членови на седницата.

(2) Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Институтот врз основа на одлука на Управниот одбор или на писмено барање на најмалку една третина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

(3) Претседателот на Институтот ќе свика седница на Собранието во рок од 30 дена од донесувањето на одлуката на Управниот одбор, односно од поднесеното писмено барање на избраните претставници од подружниците на Собранието.

(4) Доколку Претседателот на Институтот не свика седница на Собранието во рокот утврден во став (3) на овој член, седницата ќе ја свика претседателот на Надзорниот одбор во рок од седум дена по истекот на рокот од став (3) на овој член.

(5) Доколку претседателот на Надзорниот одбор не свика седница на Собранието во рокот од став (4) на овој член, седницата ќе ја свика министерот за финансии. Седницата ја води работно претседателство од три члена избрани од присутните членови на седницата на Собранието.

Член 10(1) Со Институтот управува Управен одбор.

(2) Управниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена со мандат од пет години.

(3) Управниот одбор на Институтот:1) ги подготвува и предлага Годишната програма за работа и развој и Годишниот

финансиски план на Институтот,

Page 14: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

2) ги подготвува годишната сметка и годишниот извештај за работењето на Институтот,

3) ја предлага висината на членарините,4) ја предлага висината на надоместокот за издавање на лиценци за работа,5) ја предлага висината на надоместокот за полагање на испит за сметководител

односно овластен сметководител,6) ја предлага висината на надоместокот за добивање уверение за овластен

сметководител без полагање испит, 7) ја предлага висината на надоместок за полагање испит за признавање на

професионална квалификација стекната во странство согласно член 16 од овој закон,8) одлучува за упис и бришење на членовите во регистрите на Институтот, 9) ја предлага годишната програма за континуирано професионално

усовршување,10) ја предлага годишната програма за контрола на работењето на вршителот на

сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи ,

11) ја предлага програмата за полагање на испитот за добивање уверение за сметководител односно овластен сметководител,

12) ја предлага програмата за одобрување на квалификација за сметководител односно овластен сметководител стекната во странство,

13) ги разгледува извештаите од извршената контрола на работењето на вршителот на сметководствени работи, трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи и покренува дисциплинска постапка или поднесува барање за поведување прекршочна постапка до надлежен суд,

14) издава и одзема лиценци за работа, 15) ги предлага членовите на комисиите,16) го предлага актот со кој се утврдува висината на платите за вработените во

стручната служба на Институтот,17) одлучува за прием на донации, 18) се грижи за наплата на членарините, 19) ги извршува одлуките на Собранието на Институтот,20) го донесува етичкиот кодекс на Институтот,21) дава предлози и соработува со надлежните институции во врска со прописите

од областа на сметководството и22) врши други работи согласно овој закон.(4) Седница на Управниот одбор свикува и со неа раководи претседателот на

Управниот одбор. Седница на Управниот одбор може да се свика и на барање на две третини од вкупниот број членови на Управниот одбор.

(5) За полноважност на одлуките на Управниот одбор потребно е на седницата да присуствуваат најмалку две третини од вкупниот број членови на Управниот одбор. Одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови на Управниот одбор.

(6) Во случај на спреченост на претседателот неговите должности ги врши најстариот член на Управниот одбор.

(7) Одлуките на Управниот одбор се објавуваат на интернет страницата на Институтот.

(8) Управниот одбор на секои три месеци до Надзорниот одбор поднесува извештај за своето работење.

Член 11 (1) Претседателот на Институтот истовремено е и претседател на Управниот одбор.

(2) Претседателот на Институтот:1) го претставува и застапува Институтот,

2) се грижи Институтот да работи согласно со закон, 3) ги спроведува одлуките на Собранието на Институтот, 4) потпишува налози за исплата од сметката на Институтот,

Page 15: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

5) одлучува по приговори по изречени мерки во дисциплинска постапка, 6) ја извршува одлуката донесена во дисциплинска постапка и 7) врши други работи предвидени со овој закон.

(3) За претседател на Институтот може да биде избрано лице кое ги исполнува следните услови:

1) има звање овластен сметководител;2)има најмалку пет години работно искуство во вршење на сметководствени

работи и3) е државјанин на Република Македонија.(4) Мандатот на претседателот е пет години. (5) Предлог за отповикување на Претседателот на Институтот до Надзорниот

одбор поднесува најмалку половина од членовите на Управниот одбор или една петина од избраните претставници од подружниците на Собранието на Институтот.

Член 13(1) Институтот средствата за финансирање на своето работење ги обезбедува од

следните извори:1) годишни членарини од вршители на сметководствени работи, 2) надоместоци за издавање на лиценци за работа, 3)надоместоци за полагање испит за стекнување уверение за сметководител и

овластен сметководител,4) надоместоци за издавање уверенија за овластен сметководител без полагање

испит согласно член 16 од овој закон,5) надоместоци за полагање испит за признавање на професионална

квалификација стекната во странство,6) надоместоци од спроведување на континуираното професионално

усовршување,7) приходи од продажба на стручни публикации,8) донации и9)наплатени парични казни за изречени дисциплински мерки. (2) Надоместоците од став (1) точки 2), 3), 4), 5) и 6) од овој член ќе се утврдат

согласно реално направените трошоци за печатење и издавање на лиценците за работа,уверенијата за овластен сметководител без полагање на испит, за организирање на полагањето на испитите и за организирање на континуираното професионално усовршување.

(3) Институтот обезбедените средства од став (1) на овој член ги користи согласно годишниот финансиски план.

(4) Нереализираните средства од годишниот финансиски план за тековната години се пренесуваат во годишниот финансиски план за наредната година.

Член 14Со статус на сметководител или овластен сметководител се стекнува лице кое

положило испит за сметководител или овластен сметководител.

Член 15(1) Лицето кое сака да се стекне со статус на сметководител или овластен

сметководител до Институтот поднесува писмено барање за полагање на испит. (2) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за сметководител

задолжително се доставува:1) доказ (уверение) за завршено средно економско образование или уверение за

завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) и

2) доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.(3) Кон барањето за полагање на испит за стекнување уверение за овластен

сметководител задолжително се доставува:

Page 16: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

1) уверение за завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) од областа на економијата или бизнисот, односно завршени студии според Болоњската декларација и има 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), 2) потврда од Агенцијата за вработување за работен стаж,

3) потврда од работодавач за најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи и

4) доказ за уплата на надоместокот за полагање на испитот.(4) Документите од ставовите (2) и (3) на овој член се доставуваат во оригинал или

во копија заверена на нотар.(5) Институтот со решение утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за

полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител. (6) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот, може

да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението. (7) На лицата кои го положиле испитот за стекнување уверение за сметководител односно овластен сметководител Институтот им издава уверение за сметководител односно овластен сметководител во рок од 15 дена од денот кога го положиле испитот.

(8) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член како и формата и содржината на уверението за сметководител односно овластен сметководител ги пропишува министерот за финансии.

Член 15-а (1) Испитот за сметководител или овластен сметководител се состои од два дела,

и тоа:1) прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите,

и 2) втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста од областа на

сметководството и примената на прописите во практиката.(2) Првиот дел од испитот од став (1) точка 1) на овој член се полага писмено по

електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

(3) Првиот дел од испитот за сметководител се полага по предметите: 1) Финансиско сметководство,2) Финансиско известување,3) Деловно право, даночен систем и професионална етика(4) Првиот дел од испитот за овластен сметководител се полага по предметите:1) Финансиско сметководство, 2) Финансиско известување,3) Управувачко сметководство,4) Финансиски менаџмент,5) Информациони системи,6) Ревизија и системи на внатрешна контрола,7) Деловно право, даночен систем и професионална етика. (5) Вториот дел на испитот за сметководител, односно овластен сметководител

се состои од:1)практичен пример и 2)прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на

практичниот пример и/или3)задачи кои треба кандидатот да ги реши врз основа на анализата на практичниот

пример.

Член 15-бИспитот за сметководител или овластен сметководител се полага според програма

во која се содржани градиво и прописи.

Член 15-в(1) Обуката за предметите од програмата за полагање на испит за сметководител

или овластен сметководител ја спроведуваат едукатори ангажирани од Институтот.

Page 17: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Едукатор може да биде лице кое има универзитетско образование и работно искуство од десет години од соодветната област за која ќе држи предавања. Во спроведувањето на обуката може да учествуваат и признати стручњаци од праксата од земјата и од странство.

(2) Базата на прашања и/или задачи за испитот за сметководител или овластен сметководител ја подготвуваат едукаторите од ставот (1) на овој член.

(3) Прашањата за испитот за сметководител или овластен сметководител ги верификува Комисија за спроведување на испит за сметководител или овластен сметководител (во натамошниот текст: Комисијата), составена од:

1) двајца претставници овластени од министерот за финансии; 2) еден универзитетски професор и 3) претседателот на Институтот и еден член од Управниот одбор на Институтот.(4) Начинот на формирање и работење на Комисијата од ставот (3) на овој член

поблиску го пропишува Институтот.(5) Комисијата од ставот (3) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базата

на прашања од членот 15-љ став (4) од овој закон најмалку двапати годишно.(6) При ревизијата Комисијата особено ги има предвид измените на прописите на

кои е засновано прашањето, бројот на кандидати кои го одговориле, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат да влијаат врз подобрувањето на квалитетот на базата на прашања.

(7) Врз основа на извршената ревизија на базата на прашања Комисијата одлучува најмалку 30% од прашањата да бидат изменети или целосно отстранети и заменети со нови од базата на прашања.

(8) Едукаторите и членовите на Комисијата од ставовите (1) и (3) на овој член имаат право на паричен надоместок што го определува претседателот на Институтот.

(9) Износот на паричниот надоместок од ставот (8) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања, како и сложеноста на материјата.

(10) Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (8) на овој член не го надминува износот на три просечни плати исплатени во Република Македонија во претходната година објавена од Државниот завод за статистика.

Член 15-г(1) Стручните и административните работи за потребите на спроведување на

испитот за сметководител или овластен сметководител ги врши Институтот, за што претседателот на Институтот определува одговорно лице кое утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар на Република Македонија избрано од Институтот.

(2) На одговорното лице од ставот (1) на овој член за секоја одржана испитна сесија му следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Инстититот донесува решение.

Член 15-д(1) Обуката и испитот за сметководител или овластен сметководител се

спроведуваат врз основа на констатирана потреба од страна на Институтот, но најмалку еднаш годишно.

(2) Институтот со оглас во дневен печат и на својата интернет страница ги известува заинтересираните кандидати за времето и местото на одржување на обуката, односно испитот.

(3) Доколку не се пријават најмалку пет кандидати, Институтот може да не ја спроведе обуката, односно испитот.

Член 15-ѓПостапката за спроведување на испитите по предметите од член 15-а ставови (3) и

(4) на овој закон, поблиску ја пропишува Институтот.

Page 18: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 15-еИспитот за сметководител или овластен сметководител се полага по завршување

на обуката за секој предмет пооделно.

Член 15-ж(1) На кандидатот мора да му се овозможи да го полага испитот во првиот нареден

термин од денот на одобреното барање за полагање на испит сметководител или овластен сметководител.

(2) Kандидатот е должен во рок од пет дена од добивањето на известувањето од став (1) на овој член, преку електронска пошта да го пријави учеството на испитот за сметководител или овластен сметководител.

Член 15-з(1) Испитот за сметководител или овластен сметководител се полага во просторија

за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето.

(2) Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на испитот и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на испитот, најмалку осум дена пред одржување на испитот преку веб страницата на Институтот и Јавниот радиодифузен сервис.

(3) Полагањето на испитот за сметководител или овластен сметководител се снима и во живо се емитува на интернет страницата на Институтот, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на интернет страницата на Институтот.

(4) Правното лице кое го спроведува испитот треба да ги исполнува просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на испитот кои услови поблиску ги пропишува Институтот.

(5) Во просторијата за полагање на стручниот испит, за време на полагање на испитот се присутни двајца овластени претставници од Институтот, членовите на Комисија од член 15-в став (3) на овој закон, еден претставник од Министерството за финансии, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија и еден информатичар предложен од Министерството за информатичко општество и администрација.

(6) На претставниците од ставот (5) на овој член за секоја одржана испитна сесија им следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Институтот донесува решение.

(7) Овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот е должно да го блокира радио френквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитните сесии.

(8) Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот текст: АЕК) врши постојан мониторинг на блокирањето на радио френкфенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот.

(9) АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења во траење од 30 дена, и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК.

(10) АЕК формира тричлена комисија која изготвува извештај врз основа на електронските записи складирани во централниот контролен систем на АЕК и истиот го доставува до Институтот најдоцна во рок од 15 дена од завршување на испитната сесија.

Page 19: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 15-ѕ(1) Пред почетокот на полагањето на испитот за сметководител или овластен

сметководител, овластен претставник од Институтот го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта или патна исправа.

(2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

(3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител, му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот, калкулатор и пенкало.

(4) На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот од членот 15-з став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот.

(5) Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

(6) Ако има проблеми со повеќе од пет компјутери и тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

(7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и му се изрекува забрана за полагање на стручниот испит во траење од три години, за што Институтот донесува решение против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

(8) Во случаите од ставот (7) на овој член, се смета дека кандидатот не го положил испитот и истото се констатира во записникот за полагање на испитот.

(9) Лицата од членот 15-з став (5), за време на полагањето на стручниот испит не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага стручниот испит, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути.

Член 15-и(1) Ако во текот на обуката и полагањето на испитот за сметководител или

овластен сметководител настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да присуствува, односно полага (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), обуката и испитот се одлагаат за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци.

(2) Решение за продолжување на испитот за сметководител или овластен сметководител донесува Институтот по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци.

(3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот за сметководител или овластен сметководител во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дека испитот не го положил.

(4) Против решението од ставот (2) на овој член кандидатот може да поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

(5) Во случајот од став (2) на овој член кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно го положил.

Page 20: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 15-ј (1) Испитот за сметководител или овластен сметководител започнува со полагање на првиот дел на испитот за сметководител или овластен сметководител. (2) Вториот дел испитот за сметководител или овластен сметководител се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот дел на испитот. (3) Начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител поблиску го пропишува Институтот.

Член 15-к (1) Првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител се полага по секој од предметите наведени во членот 15-a, ставови (3) и (4) на овој закон, со пет опции за заокружување од кои едната е точна, две се слични, и две се неточни. (2) Кандидатот мора да ги положи сите испити од првиот дел во најмногу три последователни сесии. (3) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно став (2) на овој член, ќе се смета дeка испитот не го положил. (4) Бројот на прашањата од првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител го пропишува Институтот.

Член 15-л(1) Бројот на прашањата и/или задачите и начинот на полагање на вториот дел од

испитот за сметководител или овластен сметководител поблиску го пропишува Институтот.

(2)Кандидатот мора вториот дел да го положи во две последователни сесии по завршувањето на теоретскиот дел.

(3) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот согласно став (2) на овој член, ќе се смета дека испитот за сметководител или овластен сметководител не го положил.

Член 15-љ(1) Полагањето на првиот дел од испитот за сметководител или овластен

сметководител се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

(2) Полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител се врши со проучување на практичен пример од областа на предметот и одговарање на прашања и/или решавање на задачи кои кандидатот треба да ги одговори, односно реши врз основа на практичниот пример, во вид на електронско софтверско решение. Задачите кои се составен дел на вториот дел од стручниот испит се решаваат писмено на хартија.

(3) Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, практичниот пример и прашањата кои произлегуваат од практичниот пример и нивните одговори, како и задачите и нивните решенија, доколку се во електронска форма, се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит.

(4) Електронскиот систем од став (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања од областа на предметите од член 15-а ставови (3) и (4) точки на овој закон за потребите на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител од кои најмалку 40% прашања се од стручната литература, како и јавно достапна база од најмалку 50 практични примери, прашања и задачи за потребите на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител.

(5) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот за

Page 21: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

сметководител или овластен сметководител и прописите за вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител.

(6) Резултатите од полагањето на првиот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител му се достапни на кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување.

(7) Резултатите од полагањето на вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител му се достапни на кандидатот најдоцна во рок од пет дена од денот на полагањето.

(8) Кандидатот кој не го положил вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител, како и кандидатот кој смета дека одговорите не му се соодветно бодувани, во рок од три дена може да изврши увид во својот испит и да испрати писмена забелешка до Институтот.

(9) Доставените писмени забелешки ги разгледува Комисијата од член 15-в став (3) на овој закон најдоцна во рок од седум дена од денот на приемот на забелешките и може да направи корекција на бројот на освоени бодови доколку утврди дека е настаната грешка при бодувањето.

(10) По истекот на рокот за разгледување на забелешките Институтот на својата интернет страница објавува официјална листа на кандидати кои го положиле испитот за сметководител или овластен сметководител.

(11) Институтот го воспоставува единствениот електронски систем за полагање на испитот за сметководител и овластен сметководител.

Член 15-м(1) На денот на полагањето на испитот за сметководител или овластен

сметководител, претставникот на Институтот му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 15-љ на овој закон.

(2) По одобрувањето на пристапот, кандидатот добива електронски тест за испитот за сметководител или овластен сметководител, компјутерски генериран, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на електронскиот систем од базите од членот 15-љ став (4) на овој закон.

(3)Првиот и вториот дел од испитот за сметководител или овластен сметководител содржат упатство за начинот на решавање на истиот, за кое претставникот на Институтот дава појаснување, пред да започне полагањето на испитот.

(4) Електронскиот систем за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител не може да дозволи постоење на идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно практичен пример и прашања и/или задачи за вториот дел од испитот во една сесија за повеќе од еден кандидат.

Член 15-н(1)Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот

за сметководител или овластен сметководител, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем од членот 15-љ од овој закон, полагањето на испитот се прекинува.

(2)Доколку причините од ставот (1) на овој член се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот за сметководител или овластен сметководител, истиот се продолжува веднаш по нивното отстранување.

(3)Доколку причините од ставот (1) на овој член не се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член, испитот за сметководител или овластен сметководител се презакажува за друг термин.

Член 15-њ(1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од

првиот дел од тестот за полагање на испитот за сметководител или овластен сметководител, изнесува 120 минути за секој од предметите наведени во членот 15-а ставови (3) и (4) на овој закон.

Page 22: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

(2) Се смета дека испитот за сметководител или овластен сметководител го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

Член 15-о(1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата и/или

решавање на задачите од практичниот пример од вториот дел испитот за сметководител или овластен сметководител, изнесува 120 минути.

(2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

Член 15-п(1) Тестовите, прашањата и задачите се користат и се даваат на кандидатот само за

време на полагањето на испитот за сметководител или овластен сметководител.(2) Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и

задачите за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и задачите, како и снимките од одржаните испитот за сметководител или овластен сметководител се чуваат во Институтот.

(3) Институтот формира Комисија за ревизија на одржаните испити за сметководител или овластен сметководител, која во својата работа ги користи материјалите од став (2) на овој член. Во Комисијата за ревизија, покрај другите членови, задолжително членуваат и две лица определени од Министерството за финансии.

(4) Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува по секоја одржана испитна сесија и врши ревизија на спроведување на испитот, вклучувајќи и дали испитот го полагале кандидати кои ги исполнуваат условите за полагање на испитот согласно членовите од овој закон, за што доставува извештај до Институтот.

(5) На членовите на комисијата од ставот (3) на овој член им следува паричен надоместок, кој на годишно ниво изнесува една просечна нето плата во Република Македонија, за што Институтот донесува решение.

(6) Доколку Комисијата за ревизија утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот за сметководител или овластен сметководител од страна на поединци во смисла на член 15-ѕ став (5) на овој закон, предлага одземање на уверението од член 15 став (7) на овој закон.

(7) Претседателот на Институтот донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата за ревизија во рок од три дена од приемот на предлогот.

(8) Против решението од став (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Член 15-р(1) За обуката и за полагање на стручниот испит, кандидатот плаќа надоместок.(2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува Институтот

врз основа на реално направените трошоци за обука и полагање на испитот, неопходни за спроведување на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија.

(3) Надоместокот од ставот (1) на овој член се уплатува на сметката на Институтот.

(4) Ако надоместокот не се уплати на сметката од став (3) на овој член најдоцна 15 дена пред денот определен за почеток на обуката и испитот, на кандидатот нема да му се дозволи полагање на испитот.

(5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на надоместокот не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон.

Page 23: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 16(1) По исклучок на член 14 од овој закон лицето кое добило лиценца за овластен

ревизор може да се стекне со статус на овластен сметководител без полагање испит за овластен сметководител на начин и услови утврдени со овој закон.

(2) Лицето од став (1) на овој член за стекнување на статус овластен сметководител до Институтот е должно да достави барање и:

1)лиценца за овластен ревизор во оригинал или копија заверена на нотар и 2)доказ за платен надоместок за издавање уверение за овластен сметководител. (3) Институтот на лицето од став (1) на овој член му издава уверение за овластен

сметководител во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.(4) Овластениот ревизор кој стекнал уверение за овластен сметководител не може

кај едно правно лице истовремено да врши работи на овластен сметководител и на овластен ревизор.

Член 18(1)Лицето кое добило уверение за сметководител односно овластен

сметководител стекнува право за вршење сметководствени работи со уписот во Регистарот на сметководители односно Регистарот на овластени сметководители.

(2) Уписот во регистрите од став (1) на овој член врши Институтот врз основа на барање поднесено на пропишан образец кон кое задолжително се приложуваат следните документи:

1) уверение за сметководител односно овластен сметководител во копија,2) потврда од Централен Регистар на Република Македонија дека не му е изречена

мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност, во оригинал или копија заверена на нотар и

3) доказ за уплата на членарина.(3) Документот од ставот (2) точка 1) на овој член се обезбедува од евиденцијата

на Институтот. (4) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за упис во

регистрите од ставот (1) на овој член е должно документот од ставот (2) точка 2) на овој член по службена должност да го побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

(5) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого е побаран документот е должно истиот да го достави до Институтот во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член.

(6) Институтот е должен да го изврши уписот во регистарот од став (1) на овој член во рок од два дена од денот на поднесување на барањето.

(7) Формата и содржината на барањето од став (2) на овој член ја пропишува министерот за финансии.

(8) Лицето од став (1) на овој член барањето за упис во регистарот го поднесува во рок од 60 дена од денот на стекнување на уверението за сметководител односно овластен сметководител, во спротивност истото го губи правото на упис во регистарот.

Член 19(1) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството

сметководителите се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.

(2) Заради надградување на знаењето во областа на сметководството овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година.

(3) Обуката од ставовите (1) и (2) на овој член ја организира и спроведува Институтот во соработка со други правни лица кои спроведуваат стручно усовршување и едукација од областа на сметководството, финансиите или даноците и физички лица со соодветни квалификации од наведените области.

Page 24: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

(4) Поблиските критериуми за избор на правните и физичките лица од став (3) на овој член ги утврдува Институтот.

Член 21(1) Трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен

сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да врши сметководствени работи по добивање на лиценца за работа од Институтот и запишување во соодветниот регистар.

(2) За добивање лиценца за работа субјектите од став (1) на овој член до Институтот поднесуваат барање на пропишан образец. Кон барањето задолжително се приложуваат следните документи:

1) решение за упис во Трговскиот регистар кај Централниот регистар на Република Македонија,

2) список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот,

3) потврда од Централен регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење на одделна дејност,

4) потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека не е евидентиран во Регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица кај Централниот регистар на Република Македонија,

5) доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (сметководствени работи), и тоа:

-за трговец поединец-сметководител на износ од минимум 2.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,

-за трговец поединец-овластен сметководител на износ од минимум 5.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

-за друштво за вршење сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан и

6) доказ за уплатен надоместок за издавање лиценца за работа.

(3) Овластеното службено лице од Институтот кое ја води постапката за издавање на лиценца за работа на трговец поединец-сметководител, трговец поединец-овластен сметководител и друштво за вршење на сметководствени работи е должно документите од ставот (2) точки 1), 3) и 4) на овој член по службена должност да ги побара од Централниот регистар на Република Македонија во рок од три дена од денот на приемот на барањето.

(4) Овластеното службено лице од Централниот регистар на Република Македонија од кого се побарани документите е должно истите да ги достави до Институтот во рок од три дена од денот на приемот на барањето од ставот (3) на овој член.

(5) Документите од став (2) на овој член се доставуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.

(6) Институтот е должен да издаде лиценца во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

(7) Институтот со решение го одбива барањето за издавање лиценца доколку барањето е некомплетно или не се исполнети условите од став (2) на овој член и член 20 став (8) од овој закон. Решението со кое се одбива барањето мора да биде образложено.

(8) Против решението од став (7) на овој член трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

(9) Формата и содржината на лиценцата за работа од став (1) на овој член и на барањето од став (2) на овој член ги пропишува министерот за финансии.

Page 25: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 22(1) Упис во регистарот на трговци поединци-сметководители, регистарот на

трговци поединци-овластени сметководители и регистарот на друштва за вршење сметководствени работи врши Институтот врз основа на барање на пропишан образец.

(2) Институтот е должен да го изврши уписот во соодветниот регистар од став (1) на овој член во рок од два дена од денот на поднесување на барањето.

(3) Формата и содржината на барањето од став (1) на овој член ја пропишува министерот за финансии.

Член 30 (1) Сметководителот односно овластениот сметководител се брише од соодветниот регистар: 1) на сопствено барање, 2) доколку при уписот во регистарот дал невистините податоци, 3) доколку професионално не се усовршува, 4) доколку не ја плати годишната членарина, 5) Одредбата е укината со Одлука на Уставниот суд на Република Македонија бр.141/12 „Службен весник на Република Македонија“ бр.102/13, 6)доколку му се изрече прекршочна санкција забрана за вршење на професија или дејност, 7)ако му е одземена деловната способност и 8)во случај на смрт на сметководителот односно овластениот сметководител. (2) Со бришење од регистарот сметководителот односно овластениот сметководител го губи правото за вршење на сметководствени работи, и тоа: 1) трајно во случаите од став (1) точки 1), 2) и 7) на овој член, 2) за период од три години во случаите од став (1) точки 3) и 4) на овој член и 3) за периодот додека траат правните последици на судската пресуда односно додека трае забраната во случајот од став (1) точки 5) и 6). (3) Одредбите од став (1) точки 3) и 4) и став (2) точка 2) од овој член нема да се применуваат доколку сметководителот или овластениот сметководител биде избран или именуван на јавна функција за периодот додека му трае мандатот. (4) За бришење од соодветниот регистар Управниот одбор на Институтот донесува решение, кое треба да биде образложено. (5) Против решението од став (4) на овој член сметководителот односно овластениот сметководител може да поведат управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

Член 46-а(1) Глоба во износ од 5000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на

овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот доколку не го снима, не го емитува во живо на интернет страницата на Институтот и доколку не ја постави снимката од целиот испит на интернет страницата на Институтот согласно член 15-з став (3) од овој закон.

(2) Глоба во износ од 5000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот, доколку не го прекине испитот согласно од член 15-ѕ ставови (5) и (6) на овој закон.

(3) Глоба во износ од 10.000 евра во денарска противредност ќе се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот, доколку не го блокира радио фрекфенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот.

(4) Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на овластениот претставник од членот15-з став (5) доколку постапи спротивно на член 15-ѕ став (9) на овој закон.

(5) Глоба во износ од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност ќе им се изрече на овластените претставници од членот 15-з став (5) од овој закон ако дозволат кандидатот да постапи спротивно на членот 15-ѕ ставови (2), (3) и (4) од овој закон.

Член 46-бГлоба во износ од 1000 до 1500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на

претседателот на Институтот ако не го донесе решението во рокот утврден во членот 15-п став (7) на овој закон.

Page 26: Целосен текст на материјалот · Web view17.„МСФИ“ се Меѓународни стандарди за финансиско известување

Член 46-вСо глоба од 2000 до 3000 евра денарска противвредност ќе се казни одговорното

лице од членот 15-г став (1) од овој закон кое ќе дозволи да полага кандидат кој не ги исполнува пропишаните услови од овој закон.

Член 46-гГлоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на

кандидатот кој постапува спротивно на членот 15-s ставови (2), (3) и (4) од овој закон.

Член 46-дСо глоба од 2000 до 3000 евра во денарска противвредност ќе се казнат членовите

на Комисијата за ревизија од членот 15-п став (3) на овој закон, доколку утврдат неправилности во спроведувањето на испитот, а тоа не го констатираат во извештајот до Институтот.

Член 47

За прекршоците утврдени во членовите 44, 45, 46, 46-а, 46-б, 46-в, 46-г, 46-д и 46-ѓ од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.